© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот, бр. 150
март 2012
Aksu v. Turkey [GC] - 4149/04
Пресуда 15.3.2012 [GC]
Член 8
Член 8-1
Право на почитување на приватниот живот
Публикации кои наводно ја навредуваат ромската заедница: нема повреда
Факти – Во 2000 година Министерството за култура објави книга насловена Циганите од Турција, чиј автор е вонреден универзитетски професор. Апликантот протестирал, тврдејќи дека книгата содржи забелешки и изрази кои ги понижуваат Циганите, и подоцна повел постапка за обештетување против Министерството и авторот на книгата. Првостепениот суд ја одбил тужбата откако утврдил дека книгата е резултат на академско истражување, дека е заснована на научни податоци, ги испитува социјалните структури на Циганите во Турција и дека оспорените изрази не го навредиле апликантот. Пресудата била потврдена и во жалбената постапка.
Во меѓувреме, апликантот повел и граѓанска парница против невладиното здружение кое, со финансиска помош од Министерството за култура, објавило два речника, насловени Турски речник за ученици и Турски речник кои, според наводите на апликантот, содржеле одредени термини кои се навредувачки и дискриминаторски во однос на Ромите. Домашните судови ја одбиле и оваа тужба, откако утврдиле дека дефинициите и изразите во речникот се базираат на историската и на социолошката реалност и дека не постоела намера да се понижи некоја етничка група. Исто така, тие навеле дека во речниците и енциклопедиите можат да се најдат и други слични изрази во турскиот јазик кои се однесуваат на други етнички групи.
Во пресудата од 27 јули 2010 година (видете Информативна белешка бр. 132), Советот со четири наспрема три гласа утврди дека нема повреда на член 14, во врска со член 8 од Конвенцијата.
Право – Член 8:
(а) Применливост – Наспроти фактот дека Советот го испитал предметот во однос на член 14 во врска со член 8, Големиот совет смета дека предметот не се однесува на разлика во третманот или на етничка дискриминација, бидејќи апликантот не дал prima facie доказ дека оспорените публикации имаат дискриминаторска намера или ефект. Покрај тоа, случајот не може да се спореди со други апликации што порано ги поднесувале припадници на ромската заедница. Според тоа, главното прашање кое треба да се испита е дали оспорените публикации несразмерно го попречуваат правото на апликантот на почитување на неговиот приватен живот. Според тоа, случајот треба да се испитува во однос на член 8.
(б) Допуштеност (статус на жртва) – Големиот совет прифати дека, иако апликантот не бил лична цел на оспорените забелешки и изрази, тој можел да се почуствува навреден од забелешките кои се однесуваат на етничката група на која ѝ припаѓа. Според овој заклучок, како и според фактот дека во однос на ставот на апликантот никогаш не бил покренат никаков спор во домашна постапка, апликантот може да тврди дека е жртва на фактите на кои се жали во смисол на член 34 од Конвенцијата.
Заклучок: прелиминарниот приговор одбиен (едногласно).
в) Мериторност
(i) Aпликација која се однесува на книгата: Главно прашање во предметот на апликантот е да се утврди дали тужената Влада ја исполнила својата позитивна обврска за да го заштити приватниот живот на апликантот од наводното попречување од страна на авторот на книгата. Во случаи како овој, кога жалбата се однесува на повреда на заштитени права според член 8 како последица на остварување на правото на слобода на изразување на други лица, Судот требаше да ги избалансира правата на апликантот според член 8 со јавниот интерес за заштита на слободата на изразување. Одбивајќи ја жалбата на апликантот на две нивоа на судската надлежност, турските судови се базирале на извештај подготвен од страна на седуммина универзитетски професори, кои ја окарактеризирале книгата како академска студија заснована на научно истражување и сметале дека забелешките и изразите во неа се од општа природа, не се однесуваат на сите Роми и не претставуваат напад врз идентитетот на апликантот. Овие заклучоци не се неосновани и не се базираат на погрешно толкување на релевантните факти. Така, на пример, иако авторот укажува на некои нелегални активности на дел од некои Роми кои живеат во одредени области, никаде во книгата тој не дава негативни забелешки за Ромите воопшто и не тврди дека сите Роми се занимаваат со нелегални активности. Освен тоа, во предговорот, воведот и во заклучокот на книгата, авторот јасно нагласува дека неговата намера е да фрли светлина на непознатиот свет на ромската заедница, која е исклучена од општеството и, главно, е предмет на предрасуди. Во отсуство на какви било докази кои би го оправдале заклучокот дека изјавите на авторот не се искрени, не е неосновано тоа што домашните судови зазеле став дека тој вложил труд во своето дело и дека не бил воден од расистички намери. Апликантот имал можност да ги изложи своите тези за случајот и притоа добил образложени одлуки во врска со неговата тужба. При балансирањето на спротивставените основни права според членовите 8 и 10 од Конвенцијата, турските судови направиле проценка заснована врз принципите на добро воспоставената судска пракса на Судот, и не ја пречекориле својата маргина на дискреција во проценката, односно не ја занемариле својата позитивна обврска да му обезбедат на апликантот ефикасно почитување на неговиот приватен живот.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
(ii) Апликација која се однесува на речниците: Ако речник се смета за извор на информации во кој се наведени зборови од некој јазик кој им дава различни значења – во основа дескриптивни, но и фигуративни, алегорични или метафорични – негова главна цел е да го одразува јазикот кој се користи во оштеството. Спорните речници се обемни и намерата е да го опфатат целиот турски јазик. Тие содржат објективна дефиниција на зборот „Цигани“, но и метафорички значења на зборот, како и одредени други изрази кои се користат во говорниот турски јазик како што се „Цигански пари“ и „Циганско розово“. Би било пожелно изразите кои го означуваат секојдневниот говор да се означат како „пејоративни“ или „навредливи“ – особено во речник наменет за ученици – бидејќи такво предупредување би било и во согласност со ECRI General Policy Recommendation No. 10* (генерална препорака за политиките), којашто предвидува обврска на државите да го унапредуваат критичкото размислување кај учениците. Меѓутоа, само овој елемент не е доволен Судот да го замени сопственото гледиште со она на домашните судови, имајќи го предвид фактот дека спорниот речник не е училишен учебник кој е дел од официјалната наставна програма. Како заклучок, домашните власти не ја пречекориле својата маргина на дискреција при проценката, ниту ја занемариле својата позитивна обврска да му обезбедат на апликантот делотворно почитување на неговиот приватен живот.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
* Препорака бр. 10 за општите политики на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ECRI) која се однесува на борбата против расизмот и расната дискриминација во и низ училишното образование, усвоена на 15 декември 2006 година од Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ECRI).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy