© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 143
јули 2011
Ал-Џеда против Обединетото Кралство - 27021/08
Пресуда 7.7.2011 [GC]
Член 5
Член 5-1
Законито апсење или притворање
Континуирано превентивно притворање на државјанин на Ирак од страна на Британските оружени сили во Ирак, врз основа на Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации: повреда
Член 1
Јурисдикција на државите
Територијална јурисдикција во врска со задржувањето на државјанин на Ирак од страна на Британските оружени сили во Ирак
Факти – Во март 2003, коалицијата предводена од Соединетите американски држави, вклучувајќи ги и Британските оружени сили, изврши инвазија врз Ирак. Поголемите борбетни дејствија во Ирак беа прогласени за завршени во мај 2003. Од тој датум натаму, Обединетото Кралство стана окупаторска сила, согласно релевантните одредби на регулативата којашто е анекс на Хашката конвенција од 1907 и на Четвртата женевска конвенција од 1949. Беше основана Мисијата на Обединетите нации за помош за Ирак (United Nations Assistance Mission for Iraq, UNAMI). Во своите Резолуции 1511 (2003) и 1546 (2004), Советот за безбедност на Обединетите нации ја опиша улогата на UNAMI, потврдувајќи го своето овластување за мултинационални сили под обединета команда и одлучи „дека мултинационалните сили имаат овластување да ги преземат сите неопходни мерки да придонесат кон одржување на безбедноста и стабилноста во Ирак”.
Апликантот е државјанин на Ирак. Во октомври 2004 тој е уапсен под сомнеж за вмешаност во тероризам и потоа е притворен над три години во притворската установа во Басра (Ирак), раководена од британски војници. Неговото интернирање се сметало за потребно заради императивни причини на безбедноста во Ирак. Разузнавачките податоци во прилог на наводите не му биле обелоденети и не е поднесена кривична пријава против него. Неговото притворање било предмет на периодични ревизии од командантот на мултинационалната дивизија. Во јуни 2005 тој поведе постапка за судска ревизија во Обединетото Кралство, оспорувајќи ја законитоста на својот континуиран притвор и одбивањето на Владата да го врати во Обединетото Кралство. За предметот во последен степен решаваше Горниот дом (the House of Lords) на 17 декември 2007. Иако прифати дека постапките на британските војници во Ирак се припишуваат на Обединетото Кралство, а не на Обединетите Нации, така што според меѓународното право Обединетото Кралство е одговорно за интернирањето на апликантот, Горниот дом натаму утврди дека Резолуцијата 1546 всушност ги обврза/овласти британските сили во рамки на меѓународните сили да го користат интернирањето „кога тоа е неопходно за врховните причини на безбедноста во Ирак“ и дека обврските наметнати со резолуциите на Советот за безбедност уживаат супремација во однос на сите други меѓународни обврски, дури и оние кои произлегуваат од Европската конвенција.
Право – Член 5 § 1: Владата наведе дека интернирањето се припишувало на Обединетите Нации, не на Обединетото Кралство, па, оттука, апликантот не бил под јурисдикција на Член 1 од Конвенцијата. Алтернативно, интернирањето било извршено согласно Резолуцијата 1546, што создаде обврска за Обединетото Кралство да го притвори апликантот, што, согласно Член 103 од Повелбата на Обединетите Нации, има супермација над нејзините обврски според Конвенцијата.
(a) Јурисдикција – Резолуциите на Советот за безбедност треба да се толкуваат не само во светлина на употребените формулации, туку и во контекстот во кој биле усвоени*. Во време на инвазијата во март 2003, не постоела резолуција што предвидува распределба на улоги во Ирак доколку се отстрани постојниот режим. Во писмо до претседателот на Советот за безбедност, со датум 8 мај 2003, постојаните претставници на Соединетите американски држави и на Обединетото Кралство објасниле дека, по отстранувањето на претходниот режим, тие создале коалициона привремена влада за да ги извршува владините овластувања, вклучувајќи го осигурувањето на безбедност во Ирак, привремено. Тие оддале признание на Обединетите Нации за виталната улога што ја играат во обезбедувањето хуманитарна помош, поддршка за реконструкцијата на Ирак и помошта во формирањето на преодна влада на Ирак.
Првата резолуција на Советот за безбедност по инвазијата – Резолуцијата 1483, усвоена на 22 мај 2003 – не назначува никаква безбедносна улога на Обединетите Нации. Иако Резолуцијата 1511, усвоена на 16 октомври 2003, ги овласти “мултинационалните сили под обединета команда да ги преземат сите неопходни мерки за да придонесат кон одржување на безбедноста и стабилноста во Ирак”, Судот не сметаше дека ова значи дека постапките на војниците во рамки на Мултинационалните сили се припишуваат на Обединетите нации или пак дека веќе не се припишуваат на нациите кои испраќаат војска во нив. Особено, Обединетите нации немаат преземено никаков степен на контрола врз мултинационалните сили ниту било кои други извршни функции на во Коалиционата преодна влада. Во Резолуцијата 1546, усвоена на 8 јуни 2004, околу четири месеци откога апликантот бил одведен во притвор, Советот за безбедност го потврди овластувањето за Мултинационалните сили, но немаше индикација дека тој имал намера да преземе некој поголем степен на контрола или команда над силите од она што претходно го извршувал. Понатаму, фактот што Генералниот секретар на ОН и УНАМИ повеќепати протестираа во врска со обемот во кој интернирањето од безбедносни причини се користи од страна на Мултинационалните сили направи да е тешко да се замисли дека притворањето на апликантот можело да се припише на Обединетите нации. Како резиме, Советот за безбедност ниту имал делотворна контрола, ниту врховен авторитет и контрола над постапките и пропустите на војниците во рамки на Мултинационалните сили. Притворот на апликантот, оттука, не може да се припише на Обединетите Нации.
Притворањето се одвивало во притворска установа под исклучива контрола на британските сили, па апликантот, оттука, бил под севкупен авторитет и контрола на Обединетото Кралство. Одлуката тој да се држи затворен била донесена од британски офицер кој командувал со притворската установа. Фактот што неговиот притвор бил предмет на ревизија од комитети во кои биле вклучени и ирачки службени лица и претставници на Мултинационалните сили кои не биле од Обединетото Кралство не спречува притворот да се припише на Обединетото Кралство, во смисла на Член 1 од Конвенцијата.
Заклучок: во рамки на јурисдикцијата (едногласно).
(b) Аспект на материјалното право – Владата не сметала дека притворот бил оправдан согласно било кој од исклучоците дефинирани во алинеите (a) до (f) од Член 5 § 1, или пак под дерогација согласно Член 15. Наместо тоа, тие тврделе дека, по сила на Член 103** од Повелбата на Обединетите Нации, обврските создадени со Резолуцијата 1546 на Советот за безбедност претежнуваат над дожностите на Обединетото Кралство според Конвенцијата.
Судот, сепак, забележадека Обединетите Нации се создадени не само да ги одржуваат меѓународните мир и безбедност, туку и за да „остварат меѓународна соработка во... промовирањето и поттикнувањето почитување на човековите права и фундаменталните слободи“. Член 24(2) од Повелбата бара од Советот за безбедност, при вршењето на своите должности во однос на првенствената одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност, „да делува согласно Целите и принципите на Обединетите Нации“. Имајќи го предвид ова, морало да постои претпоставка, при толкувањето на Резолуциите на Советот за безбедност, дека Советот за безбедност немал намера да им наметне на земјите-членки обврска да ги кршат фундаменталните принципи на човековите права. Во случај на било каква двосмисленост во термините на таква Резолуција, Судот, оттука, требало да го одбере толкувањето што е најмногу во согласност со барањата на Конвенцијата и коешто одбегнува каков и да е конфликт на обврски. Во светлина на важната улога на Обединетите Нации во промовирањето и поттикнувањето на почитување за човековите права, требало да се очекува дека ќе се користи јасна и експлицитна формулација доколку Советот за безбедност има намера државите да преземат особени мерки коишто би биле во конфликт со нивните обврски согласно меѓународното право за човекови права.
Интернирањето не беше експлицитно споменато во Резолуцијата 1546, којашто ги овласти Мултинационалните сили „да ги преземат сите неопходни мерки за да придонесат кон одржувањето на безбедноста и стабилноста во Ирак”. Интернирањето, сепак, беше наведено во писмо од Државниот секретар на САД коешто е анекс кон Резолуцијата, како пример за “широкиот спектар на задачи” кои Мултинационалните сили се подготвени да ги преземат. Според ставот на Судот, терминологијата на Резолуцијата им го остави на земјите-членки во рамките на Мултинационалните сили изборот на средствата што ќе ги користат за да придонесат кон одржувањето на безбедноста и стабилноста во Ирак. Понатаму, во Преамбулата кон Резолуцијата, беше набележана преземената обврска на сите сили да делуваат во согласност со меѓународното право, а Конвенцијата е дел од меѓународното право. Во отсуство на јасна одредба која ќе определи спротивно, претпоставката морала да биде дека Советот за безбедност имал намера државите во рамки на Мултинационалните сили да придонесуваат кон одржувањето на безбедноста на Ирак, истовремено придржувајќи се кон своите обврски согласно меѓународното право за човекови права.
Понатаму, тешко беше да се помири аргументот дека Резолуцијата 1546 им даде на земјите-членки обврска да го користат итнернирањето со приговорите повеќепати повторени од страна на Генералниот секретар на ОН и на УНАМИ за користењето на интернирањето од страна на Мултинационалните сили. Според Резолуцијата 1546, Советот за безбедност ги задолжи и Генералниот секретар, преку неговиот Специјален претставник, и УНАМИ да „ја промовираат заштитата на човековите права... во Ирак“. Во своите квартални извештаи во тек на целиот релевантен период, Генералниот секретар на ОН повеќепати го опишува степенот во кој ваквото интернирање од безбедносни причини се користи од Мултинационалните сили како „актуелно загрижувачко прашање од човековите права“. УНАМИ на секои неколку месеци известуваше за состојбата со човековите права во тек на истиот период и повеќепати изрази загриженост за големиот број на луѓе држени интернирани на неопределен период, без судски надзор.
Како заклучок, судот смета дека Резолуцијата 1546 го овласти Обединетото Кралство да преземе мерки да придонесе кон одржувањето на безбедноста на стабилноста во Ирак. Сепак, ниту таа ниту друга резолуцијата експлицитно или имплицитно бара Обединетото Кралство да ги смести поединците за кои се смета дека претставуваат безбедносен ризик во притвор со неопределено траење, без подигнување обвинение. Во вакви околности, во отсуство на задолжителна обврска за користење на интернирање, немало конфликт меѓу обврските на Обединетото Кралство согласно Повелбата на ОН и неговите обрски согласно Член 5 § 1 од Конвенцијата. Одредбите на Член 5 § 1, соодветно, не беа пренебрегнати.
Заклучок: повреда (шеснаесет гласа наспрема еден).
Член 41: EUR 25,000 во однос на непарична штета.
(Види, исто така, и Al-Skeini and Others v. the United Kingdom, Член 1 погоре, страница 1)
* Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата: „Правни последици по државите поради континуираното присуство на Јужна Африка во Намибија, без оглед на Резолуцијата 276 (1970) на Советот за безбедност”.
**Член 103 предвидува дека обврските на земјите-членки на ОН согласно Повелбата претежнуваат во случај на обврски согласно било која друга межународна спогодба.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy