© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 128
март 2010
Al-Saadoon и Mufdhi v. the United Kingdom - 61498/08
Пресуда 2.3.2010 [Секција IV]
Член 3
Нечовечко постапување
Позитивни обврски
Трансфер на притвореници пред ирачките власти, и покрај ризикот од смртна казна: повреда
Член 13
Делотворен правен лек
Жалбата до Горниот дом станала неделотворна поради трансферот на притворениците до ирачките власти пред да се решава по жалбата: повреда
Член 34
Оневозможување на извршувањето на правото на претставка
Трансфер на притвореници до ирачките власти, спротивно на времената мерка, наводно поради „објективни тешкотии“ што прави усогласеноста да е неможна: повреда
Член 46
Член 46-2
Извршување на пресуда
Индивидуални мерки
Од тужената Влада се барало да ги преземе сите можни чекори да добие уверување од ирачките власти дека над апликантите нема да биде извршена смртна казна
Факти – Овој предмет се однесува на жалба од двајца ирачки државјани дека британските власти во Ирак ги предале во притвор во наделжност на Ирак, што претставувало кршење на времената мерка посочена од Европскиот суд според Правилото 39 од Правилникот на Судот, изложувајќи ги така на стварен ризик од неправично судење, проследено со егзекуција со бесење.
Апликантите биле уапсени од британските сили во 2003 по инвазијата на мултинационалните сили врз ирак. Тие биле првично притворени во притворска установа раководена од британците, како „безбедносно интернирани“ под сомневање дека се високи членови на партијата Ba’ath под поранешниот режим и дека го оркестрирале насилството против коалиционите сили: Во октомври 2004 британската воена полиција којашто ја истражувала смртта на двајца британски војници во заседа во јужен Ирак на 23 март 2003, заклучила дека има докази за вмешаност на апликантите во убиството. Во декември 2005 британските власти формално го предале предметот за убиство против апликантите на надлежност на ирачките кривични судови. Во мај 2006 бил издаден налог за апсење против нив согласно Ирачкиот кривичен законик и издадена наредба со која се одобрува нивниот континуиран притвор од страна на Британската армија во Басра. Британските власти го рекласифицирале статусот на апликантите од „безбедносно интернирани“ во „кривично притворени“. Во 2006 предметите биле префрлени во Кривичниот суд во Басра, којшто решил дека наводите против апликантите претставувале воени злосторства за коишто надлежен е ирачкиот Висок трибунал, којшто имал овластување да донесе пресуда со смртна казна. Ирачкиот Висок трибунал повеќе пати поднел барања за трансфер на апликантите во негов притвор. Апликантите побарале судска ревизија во англиските судови, во врска со законитоста на предложениот трансфер. Дивизиониот суд (the Divisional Court) го огласил трансферот за законит на 19 декември 2008 и неговата одлука била потврдена од Апелациониот суд на 30 декември 2008. Иако прифатил дека постои реален ризик дека апликантите ќе бидат егзекутирани, Апелациониот суд сметал дека, дури и пред истекувањето на мандатот на ОН на 31 декември 2008, Обединетото кралство не извршувало, во врска со апликантите, автономни овластувања како суверена држава, туку делувало како агент на ирачкиот суд. Тие немале сопствени дискрециони овластувања да ги држат, ослободат или вратат апликантите. Во суштина, тие ги држеле во притвор само по барање и наредба на ирачкиот Висок трибунал и биле обврзани да ги вратат во надлежност на тој трибунал согласно аранжманите меѓу Обединетото Кралство и Ирак. Ова било вака дотолку повеќе со истекот на мандатот, зашто по тој датум британските сили немало да уживаат законско овластување да задржуваат Ирачани. Во секој случај, дури и ако Обединетото Кралство извршувало јурисдикција, тоа, сепак, имало обврска според меѓународното право да ги префрли апликантите на надлежност на Високиот трибунал на Ирак, а таа обврска морала да се почитува, освен доколку би ги изложила апликантите на злосторство против човештвото или на тортура. Смртната казна со бесење не спаѓала во ниедна од овие категории. Оттука, Апелациониот суд ја отфрлил жалбата. Тој, исто така, одбил да дозволи жалба до Горниот дом или на апликантите да им одобри времена мерка.
Набргу откако бил информиран за пресудата на Апелациониот суд, Европскиот суд укажал, согласно Правилото 39 дека апликантите не треба да се отстранат или да се префрлат од надлежноста на Обединетото Кралство се’ додека не се добие наредно известување. Сепак, Владата на 31 декември 2008 одговорила дека, бидејќи мандатот на ОН истекува на полноќ, тие, по исклучок, не можеле да се придржуваат кон укажувањето и ги префрлиле апликантите на надлежност на Ирак претходно во тек на денот. Судењето на апликантите пред Високиот трибунал на Ирак почнало во мај 2009 и завршило во септември 2009 со пресуда со која се укинуваат обвиненијата против нив и се наредува нивно итно ослободување. По жалба на обвинителот, ирачкиот Касационен суд ги вратил предметите на натамошна истрага од страна на ирачките власти и на повторно судење. Апликантите остануваат во притвор.
Во својата одлука за допуштеност, од 30 јуни 2009 (види Информативна белешка бр. 120), Европскиот суд утврди дека, имајќи ја предвид тоталната и исклучива de facto, а потоа, исто така, и de jure контрола што ја извршувале властите на Обединетото Кралство над притворските капацитети во Басра, апликантите биле под јурисдикција на Обединетото Кралство се’ до нивниот физички трансфер на надлежност на властите на Ирак на 31 декември 2008.
Право – Член 3: Иако не се сметало дека смртната казна ги крши меѓународните стандарди во време кога е изготвена Конвенцијата, оттогаш е дојдено до еволуција кон нејзино целосно de facto и de jure укинување во рамки на сите земји – членки на Советот на Европа. Оттука, стапија во сила два протоколи кон Конвенцијата, укинувајќи ја смртната казна во време на војна (Протокол 6) и во сите околности (Протокол 13), а Обединетото Кралство ги има ратификувано обата. Сите, освен две земји – членки го имаат потпишано Протокол 13 и сите освен три држави коишто го имаат потпишано, го имаат ратификувано. Овие бројки и доследната пракса на државите во почитувањето на мораториумот на смртна казна беа силно укажување дека Член 2 од Конвенцијата е изменет и дополнет така што ја забранува смртната казна во сите околности. Соодветно, веќе немаше пречка да се смета смртната казна – којашто не предизвикува само физичка болка, туку и интензивно психолошко страдање како резултат на очекувањето на смртта – како нечовечко и понижувачко постапување или казнување во смисла на Член 3.
Имајќи ја предвид природата на доказите и наводите против нив, од август 2004, кога смртната казна е повторно воведена во Ирак, постоела значителна основа да се верува дека апликантите би биле под стварен ризик да бидат осудени на смрт доколку се судени и осудени од ирачки суд. Самите апликанти мора да биле свесни за тој ризик. Според Судот, најмалку од мај 2006, кога ирачките кривични судови ја прифатиле надлежноста врз нивните предмети, па наваму, апликантите биле изложени на основан и постојан страв од егзекуција, а било разумно да се претпостави дека тоа им предизвикало интензивно психолошко страдање што несоменено се интензивирало од нивниот трансфер во надлежност на Ирак, на 31 декември 2008.
Што се однесува до тврдењето на Владата дека, согласно добро воспоставените принципи на меѓународното право, тие немале друга опција освен да го почитуваат суверенитетот на Ирак и да ги префрлат апликантите на надлежност на ирачките судови кога тоа било побарано, Судот повторува дека не е дозволено држава – потписничка на Конвенцијата да стапува во договор со друга држава, ако тоа е во конфликт со нејзините обврски според Конвенцијата, особено во случај во кој се работи за смртна казна и ризик од тешка и непоправлива штета. Понатаму, иако британските судови се сметале за обврзани со принципите на меѓународното право што ја ограничувало нивната должност да дадат „дипломатски азил“ во случаите каде односниот поединец бил под ризик од постапување толку сурово што би претставувало злосторство против човештвото, Судот сметал дека ситуацијата на апликантите била јасно разграничена. Апликантите не барале засолниште кај властите на Обединетото Кралство, туку биле активно доведени, преку нивното апсење и притворање од страна на британските оружени сили, под јурисдикција на Обединетото Кралство. Во такви околности, тужената држава имала врховна обврска да обезбеди дека апсењето и притворот на апликантите нема да завршат на начин што би ги прекршил нивните права.
Во секој случај, Судот не бил уверен дека потребата да се осигураат правата на апликантите согласно Конвенцијата неизбежно би барала кршење на суверенитетот на Ирак. Не се чини дека е направен никаков вистински напор да се преговара со ирачките власти за да се спречи ризикот од смртна казна. На пример, иако доказите покажуваат дека ирачките обвинители најпрвин како да се стеснувале сами да го поведат случајот, зашто прашањето било со толку висока видливост, се чини како да не се искористила можноста да се побара согласност од ирачката влада за алтернативен аранжман, при што апликантите би биле судени од британски суд, било во Ирак, било во Обединетото Кралство. Слично, не било упатено барање до ирачките власти, пред да биде донесена одлуката за пренесување на предметите на апликантите на надлежност на ирачките судови, да се добие обврзувачко уверување дека, во случај на пренесување, апликантите нема да се соочат со ризик од смртна казна. Навистина, вакво уверување никогаш не е добиено.
Во отсуство на вакво уверување, предавањето на предметите на апликантите на ирачките судови и нивниот физички трансфер на надлежност на ирачките власти и нивниот физички трансфер во притвор на ирачките власти не ги зел правилно предвид обврските на Обединетото Кралство согласно Член 2 и Член 3 од Конвенцијата и Член 1 од Протоколот бр. 13. Соодветно, иако исходот на нивните предмети пред Високиот трибунал на Ирак останува неизвесен, апликантите се подложени, барем од мај 2006, на нечовечко постапување, поради стравот од егзекуција од страна на ирачките власти.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 6: Судот го прифати наодот на националните судови дека не било утврдено, на датумот на нивен трансфер пред ирачките власти, дека пп се соочувале со ризик од флагрантно неправично судење пред Високиот трибунал на Ирак. А ниту сега, откога судењето се одигра, нема пред Судот докази што би фрлиле сомевање на таа проценка.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Членs 13 и 34: Владата тврди дека имала „објективна спреченост“ да се придржува кон укажувањето според Правилото 39 зашто трансферот на апликантите пред ирачките власти бил единствена можна постапка што била конзистентна со почитувањето за сувереноста на Ирак. Судот, сепак, сметал дека тужената држава била одговорна за ситуацијата во која се нашла, зашто, прво, не добила обврзувачко уверување во врска со смртната казна пред да ги предаде предметите на апликантите на надлежност на ирачките судови и пред нив физички да ги предаде во притвор на ирачаните и второ, таа стапилз во аранжмани со друга држава, што довело до конфликт со нејзините обврски согласно Конвенцијата, да ги штити фундаменталните човекови права на апликантите. Тој, исто така, не утврди дека немало реалистични или практични средства што и’ биле на располагање за да ги обезбеди овие права.
Понатаму, Владата не го увери Судот дека ги има преземено сите разумни мерки, или пак било какви мерки, за да се стреми да го почитува укажувањето согласно Правилото 39. Тие не го информирале Судот, на пример, за каков и да е обид да им ја објаснат ситуацијата на ирачките власти и да дојдат до привремено решение. Обраќањата на Владата кон ирачките власти пред трансферот на апликантите на 31 декември 2008 не бил доволен за да обезбеди обврзувачко уверување дека нема да се примени смртна казна, а нивните последователни напори дошле откако апликантите ја напуштиле нивната јурисдикција, односно во време кога британските власти загубиле секаква реална и сигурна моќ да се погрижат за нивната безбедност. Се’ на се’, тужената држава не ги има преземено сите разумни мерки за да се придржува кон времената мерка и, со тоа, ги изложила апликантите на сериозен ризик од тешка и непоправлива штета. Ова, исто така, имало за последица и неоправдано поништување на делотворноста на секоја евентуална жалба до Горниот дом.
Заклучок: повреди (шест наспрема еден глас).
Член 46: Од Владата се барало да се стреми да стави крај на страдањата што стравот од егзекуција го предизвикал кај апликантите што е можно поскоро, со добивање на уверување од ирачките власти дека над нив нема да биде извршена смртна казна.
Член 41: Наодот за повреда на членовите 3, 13 и 34, заедно со укажувањето од Член 46, претставува доволна праведно задоволување во однос на сета нематеријална штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy