© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 143
јули 2011
Al-Skeini and Others v. the United Kingdom - 55721/07
Пресуда 7.7.2011 [GC]
Член 1
Надлежност на државите
Територијална надлежност во врска со наводно убивање на ирачки државјани од страна на припадници на британските оружени сили во Ирак
Член 2
Член 2-1
Делотворна истрага
Неспроведувањето целосно независна и делотворна истрага за смртта на ирачките државјани во тек на окупацијата на јужен Ирак од страна на британските оружени сили: повреда: повреда
Факти – На 20 март 2003 оружените сили на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и нивните коалициони партнери влегоа во Ирак со цел да го симнат од власт режимот од Ba’ath. На 1 мај 2003 се прогласи завршеток на главните воени операции и Соединетите Држави и Обединетото Кралство станаа окупаторски сили. Тие создадоа Времени коалициони власти „за времено да ги извршуваат овластувањата на влада“. Во овие овластувања спаѓаше и обезбедувањето сигурност во Ирак. Улогата за сигурност преземена од страна на окупаторските сили беше признаена од Советот за безбедност на Обединетите Нации во Резолуцијата 1483, усвоена на 22 мај 2003. Окупацијата завршила на 28 јуни 2004, кога целосните овластувања за раководење со Ирак преминаа на времената ирачка влада, а Времените коалициони власти престанаа да постојат.
Во тек на окупацијата, Обединетото Кралство имаше команда врз воената дивизија – Мултинационалната дивизија (југоисток) – што ја вклучуваше провинцијата Al-Basra. Од 1 мај 2003 натаму, британските сили во провинцијата Al-Basra презедоа одговорност за одржување на безбедноста и поддршка на цивилната администрација. Апликантите беа блиски роднини на шест ирачки државјани кои биле убиени во Басра во 2003 во тек на овој период на окупација.
Роднините на првиот, вториот и четвртиот апликант добиле фатални рани од истрели со пиштол кога британските војници отвориле оган, наводно верувајќи дека тие самите се цел на напад или во непосреден ризик. Сопругата на третиот апликант била убиена откако наводно била фатена во вкрстен оган во тек на престрелка меѓу британска патрола и непознат стрелец. Во секој од овие четири случаи било одлучено – во првите три случаи од страна на командните офицери на војниците, а во случајот на четвртиот апликант, од страна на Специјалната истражна служба на Кралската воена полиција (the Royal Military Police Special Investigation Branch, SIB) – дека инцидентите потпаѓале под Правилата на служба* на британските сили и дека не е потребна натамошна истрага.
Синот на петтиот апликант бил претепан од британските војници кои го осомничиле за кражба, па бил со сила натеран да влезе во река, каде се удавил. Иако SIB отворила истрага и четиримина војници биле судени на воен суд за убиство, тие добиле ослободителна пресуда кога клучниот сведок на обвинителството не можел да ги идентификува.
Синот на шестиот апликант, Baha Mousa, умрел од задушување во британска воена база, за повеќекратни повреди на телото. SIB била веднаш повикана да го истражи случајот. Шестиот апликант повел граѓанска постапка против Министерството за одбрана, којашто завршила во јули 2008 со формално и јавно признавање на вината и исплата на GBP 575,000 како обештетување. Министерот најавил дека ќе има јавна истрага за смртта на Baha Mousa.
Во 2004 државниот секретар за одбрана решил да не води независни истраги за шесте смртни случаи и да не прифаќа одговорност, ниту да плаќа обештетување. Апликантите побарале судска ревизија на таа одлука. Предметот конечно дојде пред Горниот дом, којшто прифати дека случајот на Baha Mousa потпаѓа под надлежност на Обединетото Кралство, зашто злоставувањето се случило во рамки на британска воена база. Предметот, беше, оттука, пренесен на првостепен суд, за повторно да се разгледа прашањето дали имало соодветна истрага за неговата смрт. Што се однесува до другите смртни случаи, Горниот дом се сметал обврзан со одлуката на Европскиот суд во предметот Banković and Others v. Belgium and Others ((dec.) [GC], no. 52207/99, 12 декември 2001) да утврди дека Обединетото Кралство немало надлежност.
Право – Член 1 (територијална надлежност): Обврската на земја – потписник да ги обезбеди правата и слободите од Конвенцијата е ограничена на лица во рамки на нејзината “надлежност”, што е првенствено територијален концепт. Делата извршени надвор од територијата на државата, или коишто произведуваат последици надвор од неа, може да претставуваат остварување на надлежност само во исклучителни околности. Судската пракса на Судот укажува дека такви околности може да постојат кога претставниците на државата остваруваат власт и контрола над поединец надвор од територијата. Во оваа категорија спаѓаат постапките на дипломатските и конзуларните претставници, извршувањето на екстратериторијалните јавни овластувања, во договор, по покана или со согласност на засегнатата странска влада или, на крајот, користење на сила од страна на претставници на држава, екстратериторијално, за да стават поединец под своја контрола. Може да се јават исклучителни околности и кога, како последица на законито или незаконито воено дејствие, земјата – потписничка врши ефективна контрола на област надвор од националната територија, било директно, преку своите оружени сили, биле преку подреден локална управа.
Во случајот на апликантите, по симнувањето на власт на режимот од Ba’ath, а до воспоставувањето на времената ирачка Влада, Обединетото Кралство (заедно со САД) го презеде во Ирак извршувањето на некои од јавните овластувања што нормално ги остварува суверена влада. Особено, таа презеде власт и одговорност за одржувањето на сигурноста во југоисточен Ирак. Во тие исклучителни околности, бединетото Кралство, преку своите војници, се вклучи во безбедносните операции во Басра во тек на односниот период, извршуваше власт и контрола над поединците убиени во тек на овие безбедносни операции. Сите роднини на апликантите загинаа во тек на релевантниот период. Со исклучок на сопругата на третиот апликант, не беше спорно дека нивната смрт била предизвикана од дејствија на британски војници во тек на безбедносните операции во градот Басра или во врска со нив. Оттука, во нивните случаи постоеше врска со надлежностa. Иако не беше познато која страна го испукала куршумот што резултираше со смрт на сопругата на третиот апликант, таа загина во тек на безбедносна операција на Обединетото Кралство кога британските војници вршеле патрола во близина на домот на третиот апликант и се приклучиле во фаталната престрелка, така што и во нејзиниот случај имало врска со надлежноста.
Заклучок: во рамки на надлежноста (едногласно).
Член 2 (процедурален аспект): Процедуралната должност согласно Член 2 мора да се применува реалистично, за да се земат предвид практичните проблеми со коишто се соочуваат истражителите во странски и непријателски регион во времето непосредно по инвазија и војна. Сепак, фактот дека Обединетото Кралство беше окупатор, исто така повлекува дека, доколку евентуалната истрага за дејствијата наводно извршени од британски војници треба да биде делотворна, особено е важно истражниот орган да е, и да се гледа дека е независен.
Беше јасно дека истрагите за застрелувањето на роднините на првиот, вториот и третиот апликант не ги исполниле условите од Член 2, бидејќи истражниот процес останал целосно во рамки на воениот синџир на команда и бил ограничен на земање изјави од вклучените војници. Слично, иако имало истрага на SIB за смртта на братот на четвртиот апликант и синот на петтиот апликант, тоа не било доволно за да се задоволат барањата на Член 2, бидејќи SIB не беше, во релевантниот период, оперативно независен**. Покрај ова, постоеше и висок ризик на контаминирани и неверодостојни докази во предметот на четвртиот апликант, поради долгите доцнења додека целосно независен истражител да ги интервјуира клучните сведоци. Навистина, некои наводни очевидци воопшто не се појавија за да сведочат пред целосно независниот истражител. Делотворноста на истрагата за смртта на синот на петтиот апликант се чини дека беше исто така сериозно поткопана со долгите доцнења, што резултираше со тоа што на некои од војниците обвинети за вмешаност веќе не можеше да им се влезе во трага. Покрај ова, тесниот фокус на кривичната постапка беше несоодветен: во конкретните околности на случајот, каде се чини дека има најмалку prima facie докази дека малолетниот син на апликантот се удавил како резултат на злоставување додека бил држен од британските војници кои и’ помагале на ирачката полиција да се бори против кражбите. Член 2 бара независна истрага, достапна за семејството на жртвата и за јавноста, околу пошироките прашања на одговорноста на државата за смртта, вклучувајќи ги и инструкциите, обуката и надзорот за војниците што преземаат задачи како оваа, во периодот по инвазијата. Како контраст на ова, целосна, јавна истрага, за околностите на смртта на Baha Mousa се ближеше кон завршница. Во светлина на таа истрага, шестиот апликант веќе не беше жртва на повреда на процедуралните обврски според Член 2. Соодветно, тужената држава не спровела делотворна истрага за смртта на роднините на првите пет апликанти.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41: EUR 17,000 за секој од првите пет апликанти за непарична штета.
(Види и Al-Jedda v. the United Kingdom, Член 5 § 1 , страна 5)
* Правилата на служба пропишуваат, меѓу другото, дека огнено оружје може да се користи само во крајна нужда, за да се заштити човечки живот и дека, пред пукањето, треба да се издаде предупредување, освен ако тоа не го зголеми ризикот од смрт или повреда на оние кои се загрозени.
** Секоја истрага почната од SIB по нивна сопствена иницијатива може да се затвори по барање на воениот синџир на команда. По заклучувањето на истрагата, извештајот на SIB беше испратен до командниот офицер, кој потоа решава дали да го проследи случајот до обвинителските органи.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy