© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 116
февруари 2009
Andrejeva v. Latvia - 55707/00
Пресуда 18.2.2009 [GC]
Член 14
Дискриминација
Одбивање да се земат предвид годините кога апликантката била вработена во поранешниот Советски Сојуз, при пресметувањето на нејзиното право на пензија, зашто немала латвиско државјанство: повреда
Факти: Апликантката првпат влегла на територијата на Латвија во 1954 на возраст од 12 години, кога земјата била дел од Советскиот Сојуз. Оттогаш, таа била постојано жител таму. Бидејќи претходно била државјанин на поранешниот СССР, таа во моментов има статус на постојан жител не-државјанин на Латвија. Во 1966 таа почнала да работи во постројка за рециклирање во хемискиот комплекс Olaine, поранешно јавно тело под надлежност на Министерството за хемиска индустрија на СССР. Комплексот бил сместен на територија што била во тогашната СССР, а оттогаш станала територија на Латвија. Од 1981 таа била под надлежност на државно претпријатие чие седиште било во Киев. Подоцна била ставена под надлежност на филијала на истото претпријатие, чие седиште било во Москва. Иако платата на апликантката била исплаќана преку поштенски трансфер на жиро сметка, првично од Киев, а потоа од Москва, нејзините последователни прераспределувања не предизвикале некои значајни промени во нејините работни услови, зашто таа продолжила да ги извршува своите должности во постројката за рециклирање. По прогласувањето на независноста на Латвија, во ноември 1990 апликантката дошла под директна надлежност на управата на потројката. При пензионирањето во 1997 таа побарала од локалниот одбор за социјално осигурување да ја пресмета висината на нејзината пензија. Била информирана дека, согласно став 1 од преодните одредби на Законот за државни пензии, само периодите на работа во Латвија може да се земат предвид при пресметувањето на пензиите на странските државјани или лицата без државјанство кои се жители на Латвија од 1 јануари 1991. Бидејќи апликантката била вработена од 1 јануари 1973 до 21 ноември 1990 кај правни лица со седиште во Киев и Москва, Одборот ја пресметал нејината пензија исклучиво врз основа на времето во кое таа работела пред и по тој период. Како резултат на ова, и’ била доделена месечна пензија од 20 латвиски лати (приближно EUR 35). Апликантката повела управна и судска постапка за оспорување на оваа одлука. На крајот, жалбата врз основа на примена на правото поднесена до Сенатот на Врховниот суд од страна на јавниот обвинител, којашто била испитана на јавна седница на 6 октомври 1999, била отфрлена. Сенатот ги потврдил наодите на окружниот и регионалниот суд дека периодот во тек на кој апликантката била вработена од украинско и руско претпријатие не може да се земе предвид при пресметувањето на нејзината пензија. Тој, понатаму, сметал дека, бидејќи тие претпријатија не биле даночни обврзници во Латвија, немало причина таа да биде опфатена со латвискиот аранжман за задолжително социјално осигурување. Апликантката побарала да се преиспита нејзиниот предмет, бидејќи не била во можност да присуствува на седницата на 6 октомври 1999, зашто таа започнала порано од закажаното време. Тоа барање било исто така отфрлено. Во февруари 2000 таа била информирана дека, врз основа на постигнат договор меѓу Латвија и Украина, нејзината пензија е пресметана одново, со важност од 1 ноември 1999, за да се земат предвид годините во кои работела за работодавачите со седиште во Украина.
Право: Член 14 во врска со Член 1 од Протоколот 1 – Во поглед на применливоста на Член 1 од Протоколот 1, Владата придаде значителна важност на разликата меѓу советските пензии, што ги плаќа државата од заедничките буџетски ресурси согласно принципот на солидарност, од една страна, и системот постапно воведен од 1991 натаму, што е заснован на поединечните придонеси на секој корисник, од друга страна. Судот посочи, сепак, дека кога државата решава да воспостави пензиски аранжман, поединечните права и интереси што произлегуваат од него спаѓаат во опфатот на Член 1 од Протоколот 1, независно од плаќањето на придонесите и начините на кои се финансира пензискиот аранжман. Понатаму, кога држава по своја иницијатива решава да плаќа пензии на поединци во врска со периоди на вработеност надвор од нејзината територија, со тоа создавајќи доволно јасна правна основа во своето домашно право, претпоставените права на такви бенефиции исто така спаѓаат во делокругот на Член 1 од Протоколот 1. Во случајот на апликантот, преодните одредби на латвискиот Закон за државни пензии создадоа право на пензија во поглед на вкупните периоди на вработеност пред 1991 на територијата на поранешен СССР, без оглед на плаќањето било кој вид придонеси, но го резервираше тоа право за државјаните на Латвија. На апликантката, оттука, и’ беше одбиена односната пензија само зашто таа немаше латвиско државјанство. Ова беше доволно за да се смета дека паричното побарување на апликантката спаѓа во опфатот на Член 1 од Протоколот 1.
Што се однесува до меритумот на предметот, Судот уште еднаш потврди дека откако еднаш апликантката утврдила постоење на разлика во третманот, било задача на Владата да покаже дека таквата разлика била оправдана. Во случајот на апликантката, разликата во третманот се стремела кон најмалку една легитимна цел, компатибилна со општите цели на Конвенцијата, имено – заштита на економскиот систем на земјата. Судот продолжил со испитување на пропорционалноста на таа цел и средствата употребени за таа да се постигне. Одбивањето на националните власти да ја земат предвид работата на апликантката „надвор од латвиската територија“ почива исклучиво врз нејзината националност, зашто не било оспорено дека лативски државјанин во иста положба како апликантката, којшто работел во истото претпријатие во тек на истиот период, би го добил оспорениот дел од пензијата. Понатаму, странките е согласиле дека доколку апликантката стане натурализирана државјанка на Латвија, таа автоматски ќе ја добие пензијата пресметана врз основа на нејзиниот целокупен работен век. Судот воочил дека треба да се изнесат мошне сериозни причини пред да може разликата во третманот заснована исклучиво врз државјанството да се смета за компатибилна со Конвенцијата; тој не најде вакви причини во предметот на апликантката. Прво, не било утврдено, дури ни наведено, дека апликантката не ги исполнувала другите законски услови што и’ давале право на пензија во однос на сите нејзини години работен стаж. Оттука, таа била во објективно слична ситуација како лицата кои имале идентична или слична кариера но кои, по 1991, биле признаени како државјани на Латвија. Второ, немало докази дека во тек на советската ера имало некаква разлика во третманот на државјаните на поранешниот СССР во поглед на пензиите. Трето, апликантката не била во моментот државјанка на ниедна држава, но го уживала статусот на „постојана жителка која не е државјанка“ на Латвија, единствена држава со која имала стабилни правни врски, па, оттука, единствена држава што објективно можела да преземе одговорност за неа во смисла на социјалната сигурност. Во овие околности, аргументите поднесени од Владата не биле доволни да го уверат Судот дека постоел „разумен однос на пропорционалност“ во предметот на апликантката што правел нападнатата разлика во третманот да е компатибилна со барањата на Член 14. Без оглед на гледиштето на Владата дека пресметувањето на периодите на вработеност е во суштина прашање на кое треба да се одговори преку билатерални меѓудржавни договори, Судот повторил дека, со ратификацијата на Конвенцијата, Латвија се обврзала да ги обезбеди „за секого во рамки на [својата] јурисдикција“ правата и слободите гарантирани со Конвенцијата. Соодветно, државата Латвија не можела да биде ослободена од својата одговорност согласно Член 14 врз основа на тоа што не била обврзана со меѓудржавни договори за социјална сигурност со Украина и Русија. Ниту пак можел Судот да го прифати аргументот на Владата дека би било доволно апликантката да стане натурализирана државјанка на Латвија за да го добие полниот износ на својата пензија. Забраната на дискриминација во Член 14 имала значење само доколку личната ситуација на апликантката се земе предвид токму онаква каква што била во моментот.
Заклучок: повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 6 – Судот забележал, меѓу другото, дека жалбите по однос на примената на правото се поднесени не од страна на самата апликантка или нејзиниот адвокат, туку од страна на јавниот обвинител при Регионалниот суд во Рига. Владата тврдела дека поволната позиција што ја зазел јавниот обвинител го ослободила Сенатот од обврската да и’ даде на апликантката можност самата да присуствува на седницата. Судот не бил уверен од тој аргумент, особено зашто не се покажало дека согласно правото на Латвија јавниот обвинител можел да застапува една од странките или можел да ја замени таа странка да седницата. Апликантката била странка во управна постапка којашто е поведена по нејзино барање. Соодветно, како главен протагонист во таа постапка, нејзе требало да и’ е овозможен целиот спектар заштитни механизми изведени од принципот на страначка постапка. Фактот што жалбата по однос примена на правото е поднесен од страна на обвинителството, на ниеден начин не го ограничува правото на апликантката да биде присутна на седницата по нејзиниот предмет, право коешто не била во можност да го оствари и покрај тоа што сакала.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41 – EUR 5,000 за сета претпрпена штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy