Асани против Република Македонија, Ж. бр. 27962/10, пресуда од 1 фев- руари 2018 Член 6 став 1 и 3 (г) (право на правично судење и право на повикување и сослушување на сведоци) Факти: Жалителите Рамиз Асани и Наим Асани, пред ЕСЧП истакнаа наводи дека не биле во можност да ги испрашаат клучните сведоци за нивната осу- да за кривично дело убиство во 2008 година. Тие биле лишени од слобода во 2007 година во врска со инцидент кои се случил во текот на 2006 година пред интернет-кафе, при што од истрели од огнено оружје три малолетни лица го изгубиле животот, а шест други лица биле тешко повредени. Во текот на домашната постапката против жалителите во која тие биле прог- ласени за виновни и осудени на казна доживотен затвор, од страна на двај- ца заштитени сведоци со прикриен идентитет, кој се стекнале со ваквиот статус поради стравување за нивната безбедност, жалителите биле инде- тификувани како сторители на делото, но на одбраната и било дозволено овие сведоци во текот на судењето пред домашните судови, единствено да им постави писмени прашања. Судечкиот суд исто така дозволил да се изведе со читање како доказ, изјавата дадена во истрагата од друг сведок, кој не се појавил на судењето иако бил поканет. Право: Во случајот ЕСЧП го примени трослојниот тест равиен во судската пракса и посебно се осврна на следниве три прашања посебно, како при оценката на наводите за повреда на правата на одбраната поради сослу- шувањето на анонимните сведоци, така и во однос на изведувањето како доказ на изјавата дадена во истрагата од страна на на сведокот Б. Х. I. Наводите за повреда на правата на одбраната поради сослушување- то на анонимните сведоци 1. дали постоеле добри причини за прикривање на идентитетот на све- доците Во однос на сведоците со прикриен идентитет, ЕСЧП зазеде став дека ис- тите биле анонимни во смисла на судската пракса на ЕСЧП имајќи предвид дека нивните лични податоци не биле достапни на обвинетите и нивната одбрана и дека тие во постапката се појавуваат под пвседонимите Кораб и Водно. ЕСЧП заклучи дека употребата на исказите на анонимните сведоци во случајот може разумно да се смета за оправдано, но имајќи ги предвид притоа аргументите на Владата изнесени во одбраната и фактот дека ис- тите останале неоспорени од страна на жалителите. Сепак, ЕСЧП потсетува дека иако сведоците сакале да останат анонимни поради страв од одмазда, нивното субјективно чуство на страв не е доволно само посебе, зошто до- машните судови имаат обврска да утврдат и да оценат дали во случајот има објективни причини за страв и дали постојат докази за тие причини, што во случајот не било сторено. 2. дали изјавите на анонимните сведоци биле единствена или клучна ос- нова за осуда на жалителите ЕСЧП заклучи дека изјавите на сведоците со прикриен идентитет, не биле единствен доказ во постапката. Сепак, имајќи предвид дека „Кораб“ и „Водно“ биле единствените очевидци кои ги идентификувале жалителите како сторители на кривичното дело и дека судечкиот суд врз основа на изја- вите на овие сведоци го утврдил „присуството на жалителите на местото на настанот, развојот и динамиката на настаните“, ЕСЧП заклучил дека изјави- те на сведоците со прикриен идентитет, биле со голема тежина и без нив, шансите за осуда на жалителите би биле барем значително намалени, од- носно дека анонимните сведочења на „Кораб“ и „Водно“ треба да се смета- ат за одлучувачки докази во конкретниот случај. 3. дали постоеле фактори за контрабалансирање или за воспоставу- вање на рамнотежа Факторите на противтежа треба да овозможат правична и правилна оценка на веродостојноста на доказите изнесени од анонимните сведоци. ЕСЧП за- клучил дека можноста понудена на жалителите да им поставуваат писмени прашања на сведоците со прикриен идентитет, не може да се смета како доволна процедурална заштитна мерка за постигнување на потребниот ба- ланс поради ограничувањата со кои биле соочени обвинетите (а подоцна и осудените) во остварувањето на нивното право на одбрана особено имајќи ги предвид посебни услови во кои биле сослушани сведоците што вклучу- вало не само целосна заштита на нивната анонимност, туку и исклучување на одбраната од нивното сослушување, вклучувајќи ја и неможноста да имаат пристап до материјали добиени од технички уреди за пренос на сли- ка и тон. II. Прифаќање на изјавата на сведокот Б.Х. дадена во истрагата 1. Дали постоела добра причина за неговото отсуство ЕСЧП констатираше дека во случајот домашните судови не дале солидни причини за отсуството на Б.Х. од судењето. За ваквиот заклучок ЕСЧП зел предвид дека: сведокот бил очевидец на кривично-правниот настан, и дека бил солушан во присуство на истражниот судија и јавниот обвинител, а на предлог на последноспоменатиот во рана фаза од постапката; дека жали- телите во текот на судењето побарале негово солушување; дека судот без- успешно направил обид да го обебеди сведокот; но и дека поклонил верба на известувањето од страна на МВР дека сведокот е недостапен на орагните на прогонот поради бегство и дека се бара со меѓународна потерница, при донесувањето н одлуката да се изведе како доказ неговата изјава даадена во истрагата со читање во текот на судењето. При оценката на тоа дали во случајот биле преземени сите разумни позитивни чекори од страна на до- машните судови за обезбедување на сведокот, ЕСЧП особено зел предвид дека домашниот суд ја донел одлуката да се прочита изјавата на Б.Х. три месеци по добиеното известување од МВР, без било какви други обиди во меѓуврме за обезбедување на неговото присуство и без обид да ги прове- ри наводите на жалителите дадени во завршен збор во однос на тоа дека сведокот Б.Х. е во државата и е во рацете на полицијата поради наводна вмешаност во друго кривично дело, пристап што го следеле и повисоките судови во државата кои одлучувале во предметот. 2. Дали доказите бил единствен или решавачки ЕСЧП констатирал дека во својата изјава дадена пред истражниот судија и пред судењето, а прифатена на главниот претрес како доказ, Б.Х. не ги иден- тификувал жалителите како сторители, но дека судечкиот суд се потпрел на изјавата на Б.Х. за да го утврди мотивот за кривичното дело. Оттука, ЕСЧП утврдил дека домашните судови утврдиле важен елемент во однос на кри- вичната одговорност на жалителите врз основа на предметното сведочење. Иако тоа не било единствен доказ во тој поглед и не бил од директна важ- ност, за ЕСЧП пресудно било дека останува фактот дека овој исказ имал зна- чителна тежина во утврдувањето на вината на обвинетите, а прифаќањето на ваквата изјава за доказ можело да претставува хендикеп за одбраната. 3. Дали имало доволно фактори на противтежа При оценка на овој аспект од утврдениот тест, ЕСЧП во случајот ги анализи- рал критериумите утврдени во неговата судска пракса: пристапот на судеч- киот суд до непроверените докази, расположливоста и доказната сила на други инкриминирачки докази и процедуралните мерки преземени за да се компензира отсуството на можност сведоците директно да бидат испра- шани во текот на судењето. ЕСЧП констатирал дека во пресудите на домашните судови не постои ништо од што би можело да се заклучи дека тие кон изјавата на Б.Х. пристапиле со посебна претпазливост, ниту дека фактот што станувао забор за отсутен сведок ги поттикнал домашните судови да ѝ дадат помала тежина на него- вата изјава. Понатаму, ЕСЧП констатирал дека незвисно од тоа што сведочењето на Б.Х. послужило како посреден доказ (со оглед на тоа дека не можело директно да инкриминира било кој од жалителите), сепак имајќи го предвид хенди- кепот на одбраната во однос на истиот, неговотата доказна сила не можела да се смета за доволен фактор на противтежа. Конечно, ЕСЧП утврдил дека жалителите имале можност да дадат своја соп- ствена верзија на настаните и да го оспорат кредибилитетот на Б.Х. како сведок, чиј идентитет им бил познат. Сепак, одбраната немала можност да го испита Б.Х., а ниту судечкиот судија имал можност да го набљудува не- говото однесување со цел да направи своја проценка за веродостојноста на улогата што му ја дал. Отсуството на јасен приговор на жалителите во однос на изјавата на Б.Х. која била прочитана на претресот, ЕСЧП заклучил дека не може да се толкува како недвосмислено откажување од право да се испита овој сведок. Заклучок: ограничувањата на правoто на одбрана на жалителите, во однос на сведоците со прикриен идентитет и сведокот Б.Х. биле спротивни на га- ранциите за правично судење и довеле до повреда на членот 6 став 1 и 3 (г) од Конвенцијата - едногласно. Судот го одби барањето на жалителите за правичен надомест на штета по- ради отсуство на причинско поледична врска помеѓу причините поради кои се бараше надоместот и констатираните повреди на ЕКЧП.
Full & Egal Universal Law Academy