Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ ПРЕДМЕТ: ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ РАДКО & ПАУНКОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Апликација бр. 74651/01) ПРЕСУДА (забелешка: пресудата не е конечна) СТРАЗБУР 15 Јануари 2009 Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во член 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање. 2 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Во предметот на Здружението на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет во состав: Peer Lorenzen, претседател, Rait Maruste, Karel Jungwiert Renate Jaeger, Mark Villiger, Isabelle Berro-Lefèvre, Мирјана Лазарова Трајковска, судии, и Claudia Westerdiek, секретар на одделот, Одлучувајќи на затворена седница на 19 Јуни 2008 и на 9 Декември 2008, Ја донесоа следнава Пресуда, која беше усвоена на подоцнежниот датум: ПОСТАПКА 1. Предметот потекнува од жалбата (no. 74651/01) против Република Македонија поднесена пред Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата”) од Здружението на граѓани “Радко” (“Здружението”) и Г-дин В. Паунковски (“вториот жалител”), Претседател на Здружението на 30 Јули 2001. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 2. Жалителите, на кои им беше одобрена правна помош, беа застапувани од Г-дин Ј.Грозев, адвокат кој работи во Софија. Македонската Влада (“Владата”) беше застапувана од нејзиниот Агент, Г-ѓа Р.Лазареска Геровска. 3. Жалителите, тврдеа особено дека распуштањето на Здружението преставувало повреда на Член 11 од Конвенцијата. Вториот жалител се жалеше исто така дека таквото распуштање ги повредило неговите права загарантирани со член 10 од Конвенцијата 4. На 3 Ноември Советот го комуницираше предметот до тужената влада и постави дополнителни прашања на 9 Јули 2007 година (Правило 54 § 2 (б)). Странките писмено одговорија на меѓусебните обсервации. Во дополнение, беа примени коментари на Владата на Бугарија која искористувајќи го своето право да интервенира (член 36 § 1 од Конвенцијата и Правило 44 § 1 (б) се јави како заинтересирана страна. Странките одговорија на тие коментари (Правило 44 § 5). 5. На 19 јуни 2008 година во зградата на Судот за човекови права во Стразбур беше одржана јавна расправа за допуштеноста и основаноста на жалбата (Правило 54 § 3). Пред Судот се појавија: (a) за Македонската Влада Г-ѓа Р.ЛАЗАРЕСКА ГЕРОВСКА, Aгент, 4 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија (б) за жалителите г-дин Y. GROZEV, Адвокат г-ца N. DOBREVA, Советник. (c) за Бугарската Влада г-ца S. ATANASOVA, Кo-Aгент. Вториот жалител исто така беше присутен. На Судот му се обратија г-ѓа Лазареска Геровска, г-дин Грозев и г-ца Атанасова. 6. Со Одлука од 8 Јули 2008, Судот ја прогласи жалбата за допуштена. 7. На 20 Август 2008 Жалителите ги доставија нивните барања за правичен надомест согласно член 41 од Конвенцијата. На 22 Септември 2008 тужената Влада ги достави своите коментари во тој поглед. ФАКТИ I. ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ 8. Вториот жалител е роден 1954 и живее во Охрид, Република Македонија. 9. На 24 Мај десет македонски граѓани вклучувајќи го и вториот Жалител, го основале здружението во градот Охрид. На Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 19 Јуни 2000 Основниот суд Охрид го регистрирал Здружението во регистарот на здруженија и фондации, под следново име „Здружение на граѓани Радко - Охрид“. A. Членовите на Статутот на Здружението 10. Членот 3 од Статутот на Здружението(“Статутот“) го дефинираат Здружението како самостојна, непартиска и општествена организација, за изучување и промовирање на Македонското освободително движение („Движењето“), преку општо прифатени демократски принципи и стандарди. 11. Членот 7 ги утврдува целите и задачите како што следи: “Здружението ги има следните цели и задачи: - - - ќе се залага за издигнување и афирмација на македонскиот културен простор; ќе се залага за воспоставување на традиционалните морални човечки доблести; ќе се залага за афирмација на целите, задачите и идеите на македонското Ослободително Движење, преку издавање на сопствен весник, книгоиздавачка дејност, библиотека, преку сопствени електронски медиуми, семинари, конференции, трибини и други културни форми на делување.” 12. Членот 8 утврдува дека Здружението своите цели и задачи ќе ги остварува преку: “- индивидуално и колективно дејствување на членовите, органите и телата на Здружението, 6 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија - соработка на Здружението со соодветни здруженија и структури од земјата и странство”. 13. Членот 9 утврдува дека секој граѓанин кој ги прифаќа програмските цели на Здружението може да стане негов член. 14. Членот 10 § 1 утврдува : “Член на Здружението може да биде секој државјанин на Република Македонија, како и државјанин на странска држава, кој има навршено 18 години, со потпишување на пристапница кон Здружението”. Б. Програма на Здружението 15. Програмата за работа на Здружението од 24 Мај 2000 се состои од два става. Тие гласат: “Здружението се формира како невладина, непартиска и неполитичка организација, заради издигнување и афирмација на македонскиот културен простор, за воспоставување на традиционалните морални и човечки доблести, афирмирани во идеите на Македонското Ослободително Движење, преку издавање на сопствен весник, издавачка дејност, библиотека, преку сопствени електронски медиуми, семинари, конференции, трибини и други културни форми на делување. За горните цели Здружението ќе организира и Јавни трибини, со учество на афирмирани културни и научни работници од земјата и странство, преку месните комитети.” Ц. Промотивна брошура на Здружението 16. На 27 октомври 2000 година, официјално било промовирано Здружението кое се случувало во хотел во Скопје, главниот град на Република Македонија. Промотивна брошура на Здружението (која била пратена заедно со поканите за Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија цереминјата на промовирање) била објавена на почетокот на Октомври. Во неа имало податоци за името на Здружението, целите и начинот на кој што тие ќе се реализираат. Тие гласат: “a. Име на Здружението Основачите на Здружението за свое име го земаа најчесто употребуваниот псевдоним на Ванчо Михајлов- РАДКО.Иван Михалов Радко, неговото име, неговиот живот, неговата револуционерна дејност и особено неговата културна и литературна активност се непремено вткаени во историјата на Македонија. Ценет, но исто така и негиран од неговите идеолошки противници, тој стана и останува легенда за неговите идеолошки следбеници, вклучувајќи ги и основачите на Здружението. И покрај тоа што неговото дело допрва ќе се оценува, неспорен е фактот дека под негово раководтство Македонското освободително движение прерасна во грандиозен пример за слободољубието на човечкиот дух. На тој начин тој остави обврска за идните генерации да го довршат целосното ослободување.И.М. РАДКО најдолго стоеше на чело на движението (1925-1990) опстојувајќи и дејствувајќи како морален и интелектуален столб на револуционернатата борба на Болгарите во Македонија. Тоа ни позволува да констатираме дека неговите публикации се најавтеничниот и најрелевантниот доказ за идејната содржина на македонското освободително движение. Заради нивната фактичка релевантност тие стануваат историски докази со неспорната научна вредност. Неговата писмена оставштина на денешните и идните поколенија им ги приопштува најсигурните доказателства за револуционерната и културната борба на Болгарите во Македонија. Од неговото наследство, најзначајно дело е четвртиот том од „Мемоарите„ кои претставуваат национално богатство од непроценлива вредност во поновата историја на Македонија.” б. Целите на Здружението: • ќе се залага за издигнување и афирмација на македонскиот културен простор имајќи ги како приоритетни културниот и 8 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија историскиот идентитет на Словените од Македонија кои се сметаат за Бугари низ вековите; • • ќе се залага за воспоставување на традиционалните морални човечки доблести; ќе се залага за афирмација на целите, задачите и идеите на македонското Ослободително Движење, ц. Здружението ќе ги реализира своите цели преку: • • • преку издавачка дејност, издавање на сопствен весник, и преку сопствени електронски медиуми, организирање на конференции, семинари и трибини со афирмирани културни и научни работници од земјата и соработка со научни, културни и научни институции, и слични здруженија и организации од земјата и странство.” 17. По промотивниот говор на Претседателот на Здружението и изведувањето на химаната на Тодор Александров, три млади момчиња фрлиле димна бомба во конференциската сала што предизвикало привремен прекин на настанот. Некои од учесниците започнале да го тепаат и клоцаат момчето. Тоа успеало да се извлече, но пензиниран новинар бил повреден. Според весникот „Утрински весник“ од 30.10.2000, тој „претрпел фактура на левата рака и лицето му било раскрвававено“ 18. На 7.Октомври 2007 Осовниот суд Скопје 1 осудил две лица за предизвикување на тешки телесни повреди и им изрекол казна затвор во траење од 3 месеци. Тој утврдил дека сторителите го повредиле новинарот буткајќи го, при што тој Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија претрпел фрактура на надлактица. Еден од сторителите бил член на Здружението 19. Постоела јака медиумска кампања пред и по промоцијата на Здружението, осудувајќи ги основањето и работењето како спротивни на Македонскиот национален идентитет. Здружението било опишано како “фашистичко“ кое ги рехабилира “тероризмот и фашизмот, кои биле основните карактеристики на Хитлеровиот соработник Ванчо Михајлов” (извадоци од весникот “Утрински весник”, споменат погоре од 24 Октомври 2000). Д. Постапка пред Уставниот суд и дополнителни настани 20. Во или околу Октомври 2000 тројца адвокати од Скопје, заедно со политичка партија и Сојузот на борците од II Светска вoјна поднеле иницијативи пред Уставниот суд за оценка на Статутот и Програмата на Здружението од аспект на член 20 на Уставот. Тие исто така ја спореле и законитоста на одлуката на Основниот суд Охрид за регистрација на Здружението. 21. Подносителите, inter alia, изнеле дека: “...целите на Здружението се инфилтрација на Бугарските јазички елементи во Македонкиот јазик и азбука..” 22. Подносителите забележале дека сите документи на Здружението го носат знамето на Ванчо Михајлов. продолжиле: Тие “Здружението ја промовира идеологијата на Ванчо за промена на националната свест на Македонскиот народ за сметка на друга, со што се нарушува Македонското национално чувство и води кон поттикнување 10 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост.Здружението ги рехабилитира и легализира тероризмот и фашизмот како круцијални карактеристики на Хитлеровиот соработник Ванчо Михајлов, како акт на “целосно ослободување“ и како наследство кое е оставено некому да го заврши...Словени од Македонија кои се сметаат себеси за Болгари низ вековите се непознати во Република Македонија. Тие не постојат како нација, националност или било каков законски ентитет. Во Македонија има Македонци, а може да има и Бугари, Срби.... како припадници на друг народ и нација. Во никој случај нема Славјани од Македонија- Болгари”. 23. На 8 Ноември 2000 Уставниот Суд ја проследил иницијативата на произнесување до вториот Жалител како Претседател на Здружението. Здружението ги оспорило аргументите на подносителите бидејќи нивниот Статут и Програма не содржат било какви елементи кои би потикнале национална, религиозна или расна омраза или нетрпеливост или би иницирало насилно рушење на уставниот поредок. 24. На 17 Јануари 2001 Уставниот суд донел решение за поведување на постапката за оценување. Судот нашол, inter alia, дека постојат: “добро основани сомневања дека одредбите на Статутот и Програмата се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и потикнување на нацинална, расна омраза и нетрпеливост, и дека како такви тие не се во склад со Уставот на Република Македонија”. 25. Тој понатаму се нашол себеси за ненадлежен да ја цени уставноста на одлуката за регистрација на Охридскиот суд, бидејќи со закон не е надлежен да одлучува за таквата одлука. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 26. На 21 март 2001 Уставниот суд ги прогласил Статутот и Програмата на Здружението за ништовни, бидејќи тие биле насочени кон насилно рушење на уставниот поредок и потикнување на национална или религиска омраза и нетрепеливост. 27.Уставниот Суд својата одлука ја темелел на следното образложение: “според учењето на Иван Михајлов "Радко", македонскиот етнос никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија и дека со неговото признавање бил направен најкрупниот престап во болшевичката централа за времето на нејзиното суштествување. Имено, според неговото учење, процесот на дебугаризација на Македонија, насилно спроведен после втората светска војна, претставува србо-комунистичко ропство, а оваа србокомунистичка доктрина и по осамостојувањето на Република Македонија од 1991 година, продолжувала да биде официјална доктрина во државата. Поведени од тие причини, основачите на Здружението "Радко" си поставиле основни цели содржани во Програмата на Здружението: издигнување и афирмација на македонското културно пространство со прироитет на културноисторискиот идентитет на славјанското население од Македонија, кое што низ вековите ја пројавувало својата болгарска етничка припадност; воспоставуање на традиционални етички и човекови вредности;незаборавањето на бугарско етничкото потекло на македонскиот народ, што инаку би значело одрекување од неговата традиција и од неговата култура Афирмацијата, пак, на идеите на македонското ослободително движење, според Здружението, всушност значи ослободување од "македонизмот", како србо-комунистичка доктрина и од " измислената македонска нација" која била искористена како отворена врата за влегување на целокупна Македонија во рамките на Југославија., Судот оцени дека Статутот и Програмата на Здружението на граѓани "Радко ", се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална 12 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија или верска омраза или нетрпеливост, поради што изрази сомневање за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.“ 28. По однос на слободата на здружување Уставниот суд спорел дека: “...При завземањето на овој став, Судот имаше предвид дека слободата и правото на здружување и дејствување на граѓаните, како дел од корпусот на слободите и правата на човекот и граѓанинот, е темелна вредност за опстојување и развивање на демократските односи во вршењето на власта во Република Македонија, во чија основа се граѓаните со своите слободи, права, стремежи и интереси, односно за остварување на уставната определба на Република Македонија како демократска држава, поради што оваа слобода и право е изречно гарантирана во член 20 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија. Меѓутоа, според мислењето на Судот, слободата и правото на здружување, организирање и дејствување не може да се сфати и одобри во целите и изборот на средствата за нивно остварување. Имено, принципите и гаранциите на остварувањето на слободата на здружување и дејствување недвосмислено се определени во член 20 став 3 од Уставот, со забраната програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување и разгорување на национална омраза или нетрпеливост, како и во членовите 1,3 и 8 од Уставот, кои обврзуваат на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.” 29. Применувајќи ги овие критериуми на конкретниот предмет, Уставниот суд смета дека: “Понатаму, според мислењето на Судот, во оценката на Програмата и Статутот на Здружнието , од аспект на забраните што се утврдени во член 20 став 3 од Уставот, треба да се земат предвид како оние програмски цели кои директно и експлицитно повикуваат на уривање на уставниот поредок, односно изречо поттикнуваат разгорување на национална омраза и нетрпеливост, така и оние определби и активности кои објективно значат насоченост кон она што Уставот не го дозволува. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Во овој контекст, Судот ја имаше предвид и Преамбулата на Уставот на Република Македонија во која се поаѓа од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ и секое дејствување усмерено кон негирање на неговата самобитност, всушност е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, кон поттикнување или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост и кон негирање на слободното изразување на неговата национална припадност Имајќи го ова предвид, Судот најде дека Програмата и Статутот на Здружението на граѓани “Радко”- Охрид се насочени кон насилно рушење на државниот поредоку; преставуваат пречка за слободното изразување на националаната припадност на македонскиот народ, односно негација на неговиот идентит, нетрпеливост.” и потикнуваат национална и верска омраза и 30. На 10 Април 2001 Уставниот суд ја објави одлуката во Служебн весник на Република Македонија” со што стана конечна и извршлива. 31. На 16 Јануари 2002 Основниот суд Охрид ex officio со Решение утврдил престанок на работата на Здружението. 32. На 29 Јануари 2002 година жалителите ја обжалиле таквата одлука. Тие спореле дека Решенито се заснова на Одлуката на Уставниот суд која пак не е конечна, бидејќи требало да се сочека ставот на Судот во Стразбур по однос на нивната жалба. 33. На 11 Февруари 2002 Апелациониот суд Битола ја одбил жалбата на предлагачот како неоснована. Судот нашол Здружението на граѓани престанува да постои ipso jure доколку Уставниот суд донел одлука дека програмата и статутот на 14 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија здружението на граѓани не се во согласност со Уставот. Бидејќи Одлуката на уставниот суд била објавена во Службен весник таа, е конечна и произведува правно дејство, Апелациониот суд ја потврдил одлуката на првостепениот суд II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО A. Устав на Република Македонија 34. Преамбулата на Уставот во предметниот период гласела inter alia: “...историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на Македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност со трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија...” 35. Аманадманот 4 на Уставот од 2001 ја менува Преамбулата и таа гласи, inter alia, како што следи: “Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел на албанскиот народ,турскиот народ, влашкиот народ,српскиот народ, ромскиот народ,бошњачкиот народ и другите ...” 36. Важечките одредби на Уставот по однос на слободата на здружување и Уставниот суд гласат: Член 20 “На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост. Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.” Член 50 “Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита. Член 110 §§ 3 и 7 “Уставниот суд на Република Македонија: - ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална припадност; и политичка - одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните....” Член 112 §§ 2 и 3 “Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. .” 16 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Б. ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИТЕ (“Законот”) 37. Релевантните одредби на Закон за здруженијата на граѓани и фондациите утврдуваат: Член 2 “Граѓаните слободно можат да се здружуваат во здруженија на граѓани и да основаат фондации заради остварување и заштита на економски, социјални, културни, научни, стручни, технички, хуманитарни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот. Здруженијата на граѓани и фондациите се непрофитабилни организации.” Член 4 “Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓани и фондациите не можат да бидат насочени кон: - насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, - поттикнување или повикување на воена агресија и - разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.” Член 52 “ Здружението на граѓани престанува: - ...ако Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука дека програмата и статутот на здружението на граѓани не се во согласност со Уставот; Лицето овластено за застапување на здружението на граѓани е должно да го извести основниот суд за околностите утврдени во став 1 во рок од 15 дена “ ПРАВО Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија I. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕН 11 НА КОНВЕНЦИЈАТА 37. Жалителите се жалеа согласно Член 11 од Конвенцијата дека со одлуката на Уставниот суд која ги прогласила за ништовни Статуто и Програмата на Здружението, дошло до распуштање на Здружението со што членовите биле лишени од можноста заеднички да ги реализираат целите утврдени во Статутот и Програмата. Како Релевантен, Членот 11 утврдува: “1. Секој има право на слободно, мирно собирање и на здружување со други, . . . . . . . 2. Остварувањето на овие права може да се ограничи само со закон и само доколку тоа е неопходно во едно демократско општетство, во интерес на нациналната безбедност или јавната сигурност, за спречување на неред или кривично дело,, за заштита на здравјето и моралот или за заштита на правата и слободите на другите ...” A. Произнесувања на страните 1. Жалителите 38. Жалителите тврдеа дека вмешувањето на Државата било неоправдано и не било неопходно во демократско општество. Тие изјавија дека немало легитимна цел која би го оправдала распуштањето на Здружението, ниту пак дека образложението на Уставниот суд е релевантно и доволно. Имајќи ја предвид Судската пракса, тие спореа дека Судот нашол дека ограничувања на слободата на изразување и здружување биле неопходни од страна на Државите Договорнички само во два типа на случаи: доколку постои закана за употреба на насилство и во случаи на потврдена употреба на насилство. 18 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 39. Тие изјавија дека Одлуката на Уставниот суд е заснована само на два основа: прво, дека Програмата на Здружението го негира концептот на „Македонскиот идендитет“ па соодветно на тоа би можело да предизвика силна реакција во јавноста која би можела да резултира со етнички насилства и, како второ, дека избирајќи го како свое име псевдонимот на Иван Михајлов, Здружението ги промовира “фашизмот” и “тероризмот“. Тие негираа дека Здружението или неговите членови било кога сугерирале било што што би можело да биде протолкувано како подржување на политичко насилстви или тероризам. Ништо во Статутот на Здружението или пак во биографиите на неговите водачи или членови не би можело да биде протолкувано дури ни како бледа закана за демократската форма на власта, нејзините принципи или институции. Тие спореа дека нивната агенда за “соодветна интерпретација на историјата на Македонија и етничките Бугари во Македонија”, иако може да се смета за навредлива за многумина во тужената држава, не може да го оправда распуштањето на Здружението. Ваквото читање на историјата на регионот, од страна на Здружението, иако може од некого да се смета како “загрозување на националниот идентитет”, има право на легитимна дискусија во рамки на слободно општество, кое што не смее да биде замолчена во рамки на демократска власт. 40. Тие тврдеа деа нивните цели се целосно легитимни, да се промовира традиционалната кутура и историските сознанија преку издавање на книги, весници и списанија и преку електронските медиуми. Тие доставија копии од статии и интервјуа со вториот жалител, оригинално публикувани во Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Бугарски весници, во прилог на овие аргументи. Тие заклучија дека здружението не претставува закана за демократијата. 41. Тие изјавија дека нивните ставови не би можеле да предизвикаат непријателска реакција кај одредени сегменти на популацијата. Тие спореа дека ставовите, како оние на Здружението, кои се однесуваат на заштита на основните права на етничка група и нивниот културен и политички идентитет, се од суштинска важност во демократско општетсво и дека би требала да им биде овозможена унапредена заштита. Дури и доколку таквите ставови би можеле да бидат шокантни и вознемирувачки за делови од јавноста или за општата јавност, тоа не би требало да се смета како валидна основа за ограничување на дисеминацијата на таквите ставови. 42. Жалителите понатаму спореа дека Здружението било „фашистичко“ и „терористичко“ продолжувајќи дека опишувањето на Иван Михајлов како „фашист“ или „терорист“ било спротивно на историските факти. Тие изјавија дека не постојат докази кои би го поврзувале со било какви терористички акти, ниту пак дека Уставниот суд обезбедил било каква потврда на врската помеѓу Иван Михајлов и фашизмот како и на заклучокот дека употребата на неговото име автоматски имплицира подршка на фашизмот. Тие тврдеа дека, според ставовите на Михајлов, голем дел од Македонската популација има Бугарско етничко потекло, и дека кон крајот на Втората Светска Војна тој сметал дека е можна соработка со Нацистичка Германија. Како и да е, Иван Михајлов не би можел да се смета за јасен симбол на фашизмот. Тие признаа дека личноста која била политички активна на Балканот помеѓу двете светски војни 20 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија би можела да предизвика силни чувства, но дека неприфатливо е ставање на забрана за Здружението, како драматична мерка, врз основа на дубиозни историски толкувања. Тие понатаму доставија експертски ставови на историчари од Софискиот Универзитет за историското значење и политичката активност на Иван Михајлов. 43. Жалителите понатаму изјавија дека Уставниот суд ја засновал својата одлука на претпоставката дека целта на Здружението е негирање на „Македонскиот идентитет“ без притоа да обезбеди доволно докази дека Здружението подржувало употреба на насилство или било какви недемократски средства за постигнување на неговите цели. Тие тврдеа дека од страна на Уставниот суд не била направена никаква анализа за неопходноста на мерката, постоењето на неопходна општествена потреба или пак пропорционалноста. 44. На јавната расправа жалителите повторија дека нивната интерпретација на историјата на Славјаните во Македонија, зналително се разликува од званичната историја на државата. Државната заштита на историјата, дури и доколку оваа е од круцијално значење за националниот идентитет на државата, преку забранување на други алтернативни историски сметки, е нешто што е спротивно со најосновните принципи на слободата на изразување и здружување. Иако толкувањето на историјата на Македонија од страна на жалителите би можело да бида навредувачко за многумина во Македонија, тоа во себе не содржи било какви јасни елементи на напад на демократските принципи или пак промовирање на насилни средства. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 2. Владата 45. Владата изјави дека вмешувањето на државата во слободата на апликантите за здружување е пропишано со закон. Тие изјавија дека членот 20 од Уставот предвидува одредени ограничувања во практицирањето на слободата на здружување. Истите ограничувања биле предвидени и со членот 4 од Законот. Тие уверуваа дека Уставниот суд, врз основа на овие одредби, утврдил дека називот на Здружението и идеологијата на Ванчо Михајлов која што тој ја следел, потикнувале и повикувале на национална омраза и нетрепеливост, и дека тоа водело кон негирање на слободата на изразување на Македонската национална припадност. Тие изнесоа дека афирмирањето на идеите на Движењето, како терористичка организација, во пракса би значело убивања, терористички активности и поддржување на фашизмот и неговата идеологија. Тоа веќе предизвикало немири и јавни реакции, што резултирале со два инцидента на церемонијата на промоција на Здружението. Тие презентираа бројни документи кои се однесуваа на животот и активностите на Иван Михајлов; активностите на организацијата викана ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) под негово раководство, особено во периодот од 1924-1934, и неговата наводна приклонетост кон фашистичкиот режим за време на Втората светска војна. Темелејќи се на тие материјали, тие тврдеа дека Иван Михајлов – Радко бил сметан за личност која користела терористички методи за да ги наметне фашистичките идеи за негирањето на идентитетот на Македонскиот народ и истите да ги промовира во фикција и непостоечки народ, викан „Македонски Болгари„. Тие изјавија дека при ширење на таа 22 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија идеја, тој и неговите следбеници убиле и масакрирале значителен број на македонци кои што се бореле за националната слобода на својот народ. Владата изјави дека создавањето и работењето на Здружението, називот, платформата и програмските активности кои биле инспирирани од името и имиџот на Иван Михајлов, несоменено биле насочени кон потикнување на национална омраза или нетолеранција, спротивно на членот 20 § 3 од Уставот, нешто што можело да резултира со судири помеѓу Македонскиот народ и граѓаните - членови на Здружението. Тие тврдеа дека негирањето на идентитетот на Македонскиот народ била основна смисла на работата на Здружението. Соодветно на тоа, насилното рушење на уставниот поредок била фуднаментална цел на Здружението. Како што изјави Владата, реакциите на јавноста на промоцијата на Здружението претставувале јасен доказ дека Здружението ќе иницира национална омраза. Членовите на Здружението со примена на груба физичка сила спрема нивните опоненти, предизвикале повреди за кои што дополнително биле обвинети пред суд и осудени на казна затвор. Владата изнесе дека постоењето на Здружението би требало да се третира како злоупотреба на правото на здружување, и дека неговата цел не била да се изразат слободата на мислата и уверувањето, туку негирање на идентитетот на Македонскиот народ преку промоција на фашистичките идеи на Иван Михајлов, кои се однесувале на “Македонските Болгари”, кои пак не ги познава историјата, правната наука и пракса. Ултимативната цел на Здружението била да иницира национална омраза, верски немири и оживување на теророт на Иван Михајлов, кој тој го спроведувал во своето време, кога ликвидирал стотици свои опоненти. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 46. Владата понатаму тврдеше дека распуштањето на Здружението би требало да цени од аспект на политичките околности на Република Макеоднија, кога некои соседни земји (1) го негираат националниот идентитет, културата и азбуката на Македонскиот народ (Бугарија); (2) го негираат името на државата (Грција); и (3) ја оспоруваат афтокефалноста на Македонската православна црква (Србија). Тие сметаа дека формирање на Здружение со такво име, цели и програмски активности биле индикација дека од државата се бара, како неодложна општествена потреба, да преземе одредени мерки да оневозможи било какви провокации од самиот почеток. 47. Тие понатаму изјавија дека определувањето на широчината на маргините, за тоа што е национален интерес, како и мерките неопходни за заштитата на истиот, се работа на државата. Распуштањето на Здружението немало за цел да ги ограничи членовите на Здружението, вклучувајќи го тука и вториот жалител, да се декларираат себеси за Македонски Болгари и да формираат здружение за таа цел. Постоењето на „Здружение на Бугарите од Република Македонија„ „Здружението за Македонско Бугарска соработка„ , и „Здружението на Македонците со Славо-Бугарско потекло„ ги потрдуваат таквите тврдења. Целите на Здружението немале ништо заедничко со слободата на здружување и изразување, туку напротив да провоцира меѓуетничка омраза и нереди. Во такви околности Државата не само што имала за право, туку имала и обврска, да ги презме неопходните мерки во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, територијалниот интегритет, јавната безбедност и 24 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија заштитата на редот и спречување на злочини, како и за угледот и правата на другите. Тие заклучија дека инсинуациите содржани во основачките акти на Здружението не се однесуваат на мала група луѓе, туку напротив прераснале во навреда за целата македонска нација. 48. На јавната расправа од 19 Јуни 2008, Владата додаде дека жалбата би требало да се разгледува од аспект на членот 17 од Конвенцијата, бидејќи целите на Здружението се движат кон негирање на правата и слободите на другите. Во тој контекст, тие изјавија дека негирањето на идентитетот на целиот Македонски народ било обид за организиран терор врз него, што нема ништо заедничко со човековите слободи и права. Тие понатаму изнесоа дека инсинуациите изнесени во актите на Здружението и употребата на името на Михајлов не е насочена кон мала популација во Државата, туку напротив претставуваат навреда за целиот Македонски народ, чија самобитност се негира. Тие заклучија дека во конкретниот случај не се работи за негирање на правото, на основачите на Здружението, подразбирајќи го тука и вториот жалител, слободно да го изразат своето уверување дека тие се Македонски Болгари. 3. Вмешувачот како трета страна 49. Во писменото произнесување, Бугарската Влада изјави дека секоја иницијатива од граѓани и нивните здруженија која би можела да донесе промени во рамки на државата, би била легитимна доколку бараните цели се компатибилни со основните демократски принципи, а употребените средства се легални и демократски. Тие спореа дека, како најдрастична Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија можна мерка, распуштањето на здружението не било „неопходно во демократско општество и дека нека немало општествена потреба„ бидејќи единствениот аргумент кој го подржал Уставниот суд е врската помеѓу претпоставените идни активности и историскиот лик, Иван Михајлов-Радко. Тие понатаму продолжија дека Уставниот суд нашол дека целите на Здружението не биле во склад со уставниот поредок, едноставно арбитрерно сместувајќи го во рамкте на одреден историски и идеолошки контекст. Не биле дадени „релевантни и доволни докази“ за распуштањето на Здружението. Тие понатаму изјавија дека никакви докази не биле презентирани дека било кој од раководтсвото или членството на Здружението повикале на употреба на насилство, или пак ги отфрлиле принципите на демократијата. Во дополнение, немало никакви докази дека Здружението во пракса преземало било какви средства со кои ефективно му запретиле на уставниот поредок. Практичните активности на Здружението не биле никогаш предмет на разгледување од страна на Уставниот суд, со оглед на неговото кратко постоење. 50. На крајот, тие заклучија дека иако некаква интерпретација на историските настани, како што е личноста и делувањето на Иван Михајлов, не би требало да бидат релевантни за Судот, идеите потпаѓаат под заштита на членовите 10 и 11 од Конвенцијата, без оглед на тоа колку шокантни или неприфатливи тие би можеле да бидат за властите и/или за поголемиот дел на општествената заедница . 51. На расправата Бугарската Влада го додаде фактот дека уверувањата на жалителот и целите на Здружението кои се 26 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија сметани за некомпатибилни со тековната официјална политичка доктрина на Македонија, не ги прави нив некомпатибилни со правилата и принципите на демократијата. Б. Оценка на Судот 1. Дали постоело вмешување во правата на жалителот загарантирани со Член 11 од Конвенцијата? 52. Судот е задоволен дека имало вмешување во правата на жалителот од член 11 од Коненцијата за сметка на Одлуката на Уставниот суд, која што довела, ipso jure, до распуштање на Здружението. Дотолку повеќе што тужената Влада смета дека поништувањето на актите на Здружението претствува вмешување (види став 46 понапред). 2. “Пропишано со Закон” 53. Како што е утврдено во судската пракса, нормата не може да биде третирана како закон, доколку не е формулирана со доволна прецизност која ќе им овозможи на граѓаните- доколку е потребно, со соодветен совет - да предвидат, до степен кој е разумен во околностите, за последиците кои одредена активност може да ги предизвика. Понатаму, степенот на прецизност кој се бара од домашната легислатива - неможе под никакви околности да претставува евентуалност- зависи во значителен степен од содржината на средствата кои се во прашање, основот за кој се создадени да го покријат, и статусот на оние кому тие се наменети.(види Refah Partisi (the Welfare Party) and Others v. Turkey [GC], nos. 41340/98, 41342/98, 41343/98 and 41344/98, § 57, ECHR 2003-II). Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија 54. Искуствата покажуваат дека, како и да е, невозможно е да се постигне апсолутна прецизност во изработката на законите (види, mutatis mutandis, Ezelin v. France, 26 April 1991, § 45, Series A no. 202). Тоа е, пред се, примарна задача за националните власти да го интерпретираат и применуваат домашното право (види Vogt v. Germany, 26 September 1995, § 48, Series A no. 323). 55. Во дополнение, колку и да е јасно прикажана законската норма, примената го вклучува очекуваниот елемент на судска имплементација, заради што секогаш ќе има потреба од доразјаснувања на спорните точки и за адаптирање на одредени околности. Улогата на пресудување врзана за судот е, прецизно да ги разрешува таквите двојби при толкувањето, доколку ги има, земајќи ги предвид промените во секојдневната пракса. (види Gorzelik and Others v. Poland [GC], no. 44158/98, § 65, 17 February 2004). 56. Навраќајќи се на конкретниот предмет, Судот забележува дека спорот според домашното право се однесува на уставноста на основачките акти на Здружението, и дека потпаѓа под јурисдикција на Уставниот суд. Најрелевнатното пишано право за прашањето дали има “вмешување“ е Уставот. 57. Владата изјави дека правна основа за оспорените мерки се утврдени во член 20 § 3 од Уставот, кој ги дефинира ограничувањата на спроведување на слободата на здружување. Истите рестрикции биле утврдени и во член 4 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (види “Релевантно домашно 28 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија законодатвтсво“ цитирано понапред). Жалителите не ги спореа овие изјави. 58. Судот забележува дека овие одредби јасно предвидуваат, inter alia, дека програмата и активностите на здруженијата на граѓани не смеат да бидат насочени кон насилно уништување на уставниот поредок, ниту пак да потикнуваат или повикуваат на воена агресија, или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост. Уставниот суд сметал дека “негирањето на Македонскиот етнички идентитет, како вистинска цел на Здружението, имала за цел насилно урување на уставниот поредок и иницирање на национална или верска омраза или нетрпеливост, бидејќи .....Македонија е конститутирана како национална држава на Македонскиот народ и..... секоја активност насочена кон негирање на нејзиниот идентитет е всушност насочена кон насилно уривање на ......” (види став 29 понапред). Судот забележува дека Уставниот суд, очекувано и вообичаено, ја имал улогата да одлучува и за двете работи, и за интерпретирање на ставот „насилно уривање на....или потикнување или повикување на....“ од аспект на уставното значење, и за проценката на тоа дали Статутот и Програмата на Здружението биле во склад со Уставот. 59. Судот заради тоа смета дека понепред цитираните одредби создале доволно прецизна основа за предметното вмешување, кое што според тоа било “предвидено со закон“. 3. Легитимна цел 60. Владата тврдеше дека оспореното вмешување е сторено заради бројни легитимни цели: обезбедување на националната Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија безбедност и јавна сигурност, спречување на нереди и заштита на правата и слободите на другите. 61. Проценувајќи ја легитимната цел заради која е сторено вмешувањето, Судот реферира на основите на кои се потпрел и Устваниот суд поништувајќи ги Статутот и Програмата на Здружението. Во врска со ова, тој смета дека, согласно тој суд, вистинската цел на Здружението го повредува, inter alia, “слободното изразување на националната припадност на Македонскиот народ” (види став 29 понапред). Судот заради тоа смета дека распуштањето на Здружението тежнее барем кон една “легитимна цел“ утврдена во член 11, имено заштита на “правата и слободите на другите“. 4. “Неопходна во демократско општество” (a) Општи принципи кои произлегуваат од судската пракса 62. Наспроти неговата автономна улога и неговата специфична сфера на примена, Членот 11 од Конвенцијата треба исто така да се гледа од аспект на Членот 10. Заштитата на мислењето и на слободата на неговото изразување е една од целите на слободата на собирање и здружување, утврдени во Член 11 (види Partidul Comunistilor (Nepeceristi) and Ungureanu v. Romania, no. 46626/99, § 44, ECHR 2005; and Freedom and Democracy Party (ÖZDEP) v. Turkey [GC], no. 23885/94, § 37, ECHR 1999-VIII). 63. Слободата на изразување е применлива не само за “информација“ или “идеа“ која е општо прифатена или се смета за ненавредлива или рамнодушна, туку исто така и за онаа која 30 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија повредува, шокира или вознемирува. Такви се барањата на плурализмот, толеранцијата и слободоумноста без кои нема “демократско општество” (види Stankov and the United Macedonian Organisation Ilinden v. Bulgaria, nos. 29221/95 and 29225/95, § 86, ECHR 2001-IX; Handyside v. the United Kingdom, 7 December 1976, § 49, Series A no. 24; and Gerger v Turkey [GC], no. 24919/94, § 46, 8 July 1999). 64. Иако Судот препознава дека е можно таа тензија да се создаде во ситуација кога општеството станува поделено, тој смета дека тоа е една од неизбежните последици на плурализмот. Улогата на властите во такви околности е не да ја отстранат причината за таквата тензија со елиминирање на плурализмот, туку да обезбедат дека спротиставените групи ќе се толерираат меѓусебно (види, mutatis mutandis, Ouranio Toxo and Others v. Greece, no. 74989/01, § 40, ECHR 2005; Serif v. Greece, no. 38178/97, § 53, ECHR 1999-IX). 65. Очекувањата на правилото за слобода на здружување се, да се создадат строги, и само реални и убедителни причини кои би ги оправдале ограничувањата на таа слобода. Било какво вмешување мора да соодветствува со “неопходната општествена потреба”. Тоа најнапред е оставено на националните власти да проценат дали има “неопходна општествена потреба” да се применат рестрикциите во општ интерес. Додека Конвенцијата им остава на властите да ја одредат широчината на маргините за проценка во врска со ова, нивната проценка е предмет на супервизија од страна на Судот, како по однос на правото, така и на одлуките во кои се применува правото, вклучувајќи ги одлуките донесени од страна Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија на независните судови (види Gorzelik and Others v. Poland, цитирани понапред, §§ 95, 96). 66. Кога Судот ги спроведува своите анализи, негова задача не е со свои ставови да ги дополнува оние на релевантните домашни власти туку да ги ревидира согласно Член 11, одлуките кои тие ги донеле спроведувајќи го своето дискреционо право. Тоа не значи дека Судот мора себеси да се врзе само за утврдување дали тужената Влада своето дискреционо право го спровела разумно, внимателно и со добра воља; тој мора да погледне во оспореното вмешување, од аспект на предметот во целина и да одлучи дали било „пропорционално на следената легитимна цел“ и дали причините изнесени од националните власти за тоа се“релевантни и доволни“” (види Sidiropoulos and Others v. Greece, 10 July 1998, § 40, Reports of Judgments and Decisions 1998-IV; United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey, 30 January 1998, §§ 46 and 47, Reports 1998-I,). (б) Примена на овие принципи на конкретната жалба 67. Судот најнапред забележува дека Здружението било формално регистрирано на 19 Јуни 2000 (види, a contrario, Sidiropoulos and Others v. Greece, cited above, § 31 and The United Macedonian Organisation Ilinden and Others v. Bulgaria, no. 59491/00, § 53, 19 January 2006, кое се однесува на одбивањето на националните власти да регистрираат здруженија на „Македонците„). Неговата јавна работа започнала на 27 Октомври 2000. 68. На 21 Март 2001 Уставниот суд ги прогласил за ништовни Статутот и Програмата на Здружението. Според Уставниот суд, 32 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија вистинската цел на Здружението била оживување на идеологијата на Иван Михајлов Радко, според која “...Македонската нација никогаш не постоела..., туку им припаѓа на Бугарите (Болгари) од Македонија и дека нејзиното признавање (i.e. Македонската нација) била најголемиот криминал на Болшевичката централа за времето на нејзиното суштествување” (види став 27 понапред). Тој суд понатаму сметал дека основачите на Здружението, како идејни следбеници на Иван Михајлов Радко (види став 16 понапред), барале да ја воспеваат и да ја продолжат неговата работа. Тој ги прогласил Статутот и Програмата на Здружението за неуставни бидејќи “секоја активност насочена кон негирање на неговиот [Македонски] идентитет е всушност насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон потикнување или разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост и кон попречување на слободното изразување на својата национална припадност”. 69. Во овој контекст Судот смета дека овој предмет би требал да се разграничи од предметот Stankov (Stankov and the United Macedonian Organisation Ilinden v. Bulgaria, cited above, § 10) во кој што жалителите барале “признавање на Македонското малцинство во Бугарија”, како спротивен на предметниов случај во кој што националниот идентитет на одреден народ е доведен во прашање. 70. Судот потсетува дека слободата на здружување не е апсолутна, и како и да е, тој мора да прифати дека кога здружение, низ своите активности или намери експлицитно или имплицитно декларирани во неговите програми, ги загрозува Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија државните институции или правата и слободите на другите, Членот 11 не ја лишува државата од нејзината моќ да ги штити тие институции и лица. Дотолку повеќе, Статутот и програмата не можат да бидат земени предвид како единствен критериум за одредување на неговите цели и намери. Програмата на Здружението може ги прикрива целите и намерите од оние кои што во нив се прокламираат. За потврда дека тоа не е така, содржината на програмата мора да се спореди со дејствувањата на членовите на Здружението и гледиштата кои тие ги застапуваат. Земени заедно, овие дејствувања и гледишта би можеле да бидат релевантни во постапките за распуштање на Здружението, обезбедувајќи дека тие во целина ги откриваат нивните цели и намери (види Gorzelik and Others, cited above, § 58 and Refah Partisi (the Welfare Party) and Others, cited above § 101). 71. Судот, сепак, забележува дека Уставниот суд не сугерирал дека Здружението или неговите членови би користеле нелегални или недемократски средства за постигнување на нивните цели. Уставниот суд не обезбедил никакви објаснувања за тоа зошто негирањето на Македонскиот идентитет е еднаков на насилство, особено на насилно уривање на уставниот поредок. Дури и во постапката пред овој Суд, тужената Влада не презентираше докази дека Жалителите употребиле или би можеле да употребат такви средства. Наспроти Владините гледишта за одредени историски околности, Уставниот суд не го окарактеризирал Здружението како “терористичко“. Навистина ништо во основачките акти на Здружението не укажува дека тоа ќе застапува насислтво. Дотолку повеќе што судот не направил 34 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија ниту една рефернца (повикување) на инцидентот кој настанал на церемонијата за промовирање на партијата. 72. Заради тоа се чини дека клучен елемент во прогласувањето на основачките акти за ништовни било името на Здружението и учењето на Иван Михајлов Радко кое тој го ширел за време на неговиот живот. Тоа е имплицитно потврдено и од Владата во нејзините обсервации 73. Неспорно е дека формирањето и регистрацијата на Здружението под псевдонимот на Иван Михајлов “Радко“, генерирал извесен степен на тензија, имајќи ја предвид особената чувствителност на јавноста за неговата идеологија, која што се чини за Македонскиот народ, не само како навредлива и деструктивна, туку и како негирачка за нивните права на нациналниот идентитет. Дури иако Жалителите се согласиле дека нивните идеи “во врска со соодветното толкување на историјата на Македонија и етничките Бугари во Македонија“ би можеле да се сметаат за непријателски и навредливи за многу граѓани на Поранешната Југословенска Република Македонија“. Висок степен на интерес на јавноста бил манифестиран преку медиумска кампања и тензијата станала евидентна на церемонијата за промовирање на Здружението, кога биле фрлени димните бомби, а новинарот бил тешко повреден. 74. Под овие околности, Судот неможе да прифати дека името “Радко” и неговите или идеите на неговите следбеници биле одговорни за нараснатите непријателски чувства кај популацијата, имајќи предвид дека имало импликации за можна Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија повреда на ставовите на мнозинството на популацијата. Сепак Судот смета дека именувањето на Здружението според поединец кој негативно се третира кај мнозинството од полулацијата, не би можело самото по себе да се смета обвинувачко, или да претставува самото по себе во сегашноста, идна закана за јавниот ред. Во отсаство на некаков конкретен доказ кој ќе покаже дека со изборот на Здружението да се вика себеси “Радко“, се предодредил за политика која ќе претставува реална закана за Македонското општество или Државата, Судот смета дека произнесувањето засновано на називот на Здружението, само по себе, не го оправдува неговото распуштање. (види, mutatis mutandis, Ouranio Toxo and Others, цитирани понапред, § 41 and United Communist Party of Turkey and Others, цитирани понапред, § 54). 75. Судот ја повторува својата пракса, според која од државата не се бара да чека со интервенцијата, се додека Здружението не преземе конкретни чекори за имплементација на политиката која е некомпатибилна со стандардите на Конвенцијата и демократијата (види, mutatis mutandis, Refah Partisi (the Welfare Party) and Others, цитирани понапред, § 102). Сепак, прекумерни мерки од превентивна природа за спречување на слободата на здружување и изразување, освен во случаите на иницирање на насилство или отфрлање на демократските принципи- колку и да се чинат шокантни и неприфатливи одредени ставови или искористени зборови за властите, и колку и да се нелегитимни направените барања- ја повредуваат демократијата и често дури и ја загрозуваат. Една од основните карактеристики на демократијата е можностите кои таа ги нуди за решавање на проблемите низ дијалог, без да се 36 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија применува насилство, дури иако проблемите се иритирачки. Демократијата успева во слободата на изразување. Од тоа гледиште, неможе да има оправдување за распуштање на група, само затоа што таа бара јавно да дебатира одредени прашања, и да најде согласно демократските принципи, решенија (види Çetinkaya v. Turkey, no. 75569/01, § 29, 27 June 2006; Stankov and the United Macedonian Organisation Ilinden, cited above, §§ 88 and 97; and United Communist Party of Turkey and Others, цитирана понапред, § 57). Судејќи врз основа на основачките акти, Судот смета тоа биле вистинските цели на Здружението. Во дополнение, Здружението се обврзало себеси за реализација на тие цели да издава публикации, држи конференции и да соработува со слични организации. Изборот на средствата на Здружението, тешко може да се оспорат од некои преземени практични дејствија, бидејќи тоа било распуштено непосредно по формирањето, и соодветно на тоа немало време да преземе дејствија. Заради тоа било казнето за однесувањето, единствено на основа на практицирање на слободата на изразување. Во тој контекст, Судот нагласува дека тој не е во позиција, ниту пак неговата улога е да се завзема страна на некоја од странките за коректноста на идеите на Жалителите. Заради тоа, без важност е тоа дека Жалителите не се дистанцирале себеси експлицитно од она што Уставниот суд го утврдил како вистинска цел на Здружението. 76. Судот исто така смета дека нема потреба да се земе предвид Членот 17 за разгледување, бидејќи ништо во Статутот и Програмата на Здружението, не ги загрозува заклучоците кои се утврдени во Конвенцијата да се вклучи во некоја активност или да изврши некој друг акт со цел е да се уништи било кое од Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија правата и слободите определени во Конвенцијата (види United Communist Party of Turkey and Others, цитирани понапред, § 60). 77. Наспроти ваквата позадина, Судот смета дека причините на кои се повикуваат властите за распуштање на Здружението биле нерелевантни и недоволни. Ограничувањето применето во конкретниот предмет, соодветно, не претставува “неопходна оптествена потреба”. Ако е така, вмешувањето не може да се третира како неопходно во демократско општество. Следува дека мерките го повредиле Членот 11 од Конвенцијата.. II. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕН 10 ОД Конвенцијата 78. Вториот Жалители се жалеше исто така и согласно член 10 дека распуштањето на Здружението, прераснало во повреда на неговото право на слобода на изразување бидејќи Здружението претставувало место за изразување на неговите ставови (и тие на останатите членови на Здружението) по однос на етничкото потекло на одредени сегменти од популацијата. Во овој контекст, тој ја забележа медиумската кампања и изјавата на Претстдателот на тужената држава, кој наводно рекол дека „нема место за човек која тврди дека Македонците се (етнички) Бугари“. Вториот Жалител заклучил дека таа изјава се однесувала на него. Члкенот 10 од Конвенцијата, утврдува дека: “Член 10 “1. Секој има право на слобода во изразувањето..... 2. Спроведувањето на овие слободи бидејќи повлекува зад себе должности и одговорности, може да се подложи на формалности, услови, ограничувања и казни, определени со закон и се неопходни во едно демократското општество, во интерес на националната безбедност, 38 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија територијалниот интегритет или јавната сигурност, за заштита од немири или кривично дело, на здравјето или моралот, репутацијата или правата на другите, за заштита од откривање на доверливи информации, или заради одржување на авторитетот и непристрасноста на судството.” 79. Судот смета дека жалбените наводи на вториот Жалител по овој основ се тесно поврзани со фактите и тешко може да се раздвојат од оние на кои се темелат на членот 11, што во околностите на конкретниот предмет се lex specialis во однос на член 10 од Конвенцијата. Заради тоа заклучи дека не е неопходно да ги земе предвид тие одредби засебно (see Ezelin v. France, cited above, §§ 35 and 37). III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 80. Член 41 од Конвенцијата утрдува дека: ″Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумен надомест на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот. ″ A. Штета 81. Жалителите, во име на сите членови на Здружението, бараа 10,000,000 Евра (EUR) во поглед на нематеријална штета за емоционална болка и страдање. Овој износ беше формиран од EUR 5,000,000 за распуштање на Здружението и EUR 5,000,000 за повреда на нивните права за слободно изразување. Жалителите понатаму бараа Судот да и наложи на тужената Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија држава да ја регистрира „политичката партија Здружение на граѓани Радко“. 82. Владата ги оспори овие барања како неосновани и прекумерни. Тие ја спореа бројката на членови на Здружението наводно повредени со негото распуштање, бидејќи таа никогаш не била специфицирана, ниту пак постоела причинско последична врска помеѓу наводната повреда и бараната одштета. Во врска со ова тие реферираа на веб страната на Здружението и изјавија дека Здружението сеуште функционира во пракса без било какви рестрикции или забрани од страна на властите. 83. Судот прифаќа дека Жалителите претрпеле нематеријална штета како последица на повредата на нивните права за слобода на здржување. Одлучувајќи на правични основи и имајќи ја предвид својата пракса за слични случаи, Судот им доделува на единствен износ од 5.000 Евра на Жалителите зголемен за давачките кои би можеле да бидат наплатени на овој износ. 84. Судот забележува дека Жалителите барале од него да и се наложи на тужената држава да ја регистрира „политичката партија Здружение на граѓани Радко“. Во врска со ова, нејасно е дали Жалителите барале Здружението да биде регистрирано како “политичка партија“, за што се применуваат посебни прописи. Во дополнение, имајќи ја предвид праксата на Судот по однос на член 11 од Конвенцијата, како и членот 46 од Конвенцијата, според кои Комитетот на Министри го надгледува извршувањето на судските пресуди, Судот не гледа причина да 40 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија издаде посебен налог по барањето на Жалителите за регистрација. Б. Трошоци и надоместоци 85. Жалителите бараа EUR 5,240 за трошоци и надоместоци појавени во постапувањата пред Судот. Износот се однесува на адвокатска награда за 65,5 часови за правна работа. Временскиот распоред и исплатите беа доставени. Според последново, Жалителите се согласиле наградата да му биде исплатена директно на нивниот адвокат. Жалителите не бараа поврат на патните и трошоците за сместување по однос на јавната расправа, бидејќи тие веќе беа покриени од Советот на Европа согласно правилата за правна помош. 86. Владата ги оспори овие барања како неосновани. 87. Судот повторува дека само трошоците и надоместоците доколку тие биле навистина сторени и неопходни во постапувањето во врска со најдената повреда, и доколку тие се разумни по обем, се надоместуваат согласно член 41 (види Kyrtatos v. Greece, no. 41666/98, § 62, ECHR 2003-VI (извадоци). Во конкретниот предмет, имајќи ги предвид информациите со кои располага Судот и напред наведените критериуми, Судот смета дека износот баран од страна на Жалителите е прекумерен и наместо тоа им досудува износ од EUR 4,000 за покривање на трошоците и надоместоците. Овој износ треба да се уплати на банкарската сметка на застапникот на Жалителите, зголемен за давачките кои би можеле да се наплатат на овој износ. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Ц. Затезна камата 88. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се заснова на најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат три процентни поени ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ 1. Со шест гласа спрема еден, Смета дека има повреда на Членот 11 од Конвенцијата; 2. Со шест гласа спрема еден, Смета дека не е неопходно засебно да се одлучува за предметот на вториот Жалител по член 10 од Конвенцијата 3. Со шест гласа спрема еден, Смета дека (a) одговорната држава, треба да им плати на Жалителите во рок од 3 месеци од датумот на правосилноста на пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, (i) 5.000 ЕВРА (пет илјади евра) за нематеријална штета, плус било каква такса која би била засметана за Жалителот, во поглед на нематеријална штета, конвертирани во националната валута на одговорната држава, по курсната листа во моментот на исплатата, зголемен за давачките кои би можеле да се наплатат на овој износ; (ii) EUR 4,000 (четири илјади евра) по однос на трошоци и надоместоци, на банкарската сметка, на застапникот на 42 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Жалителите, конвертирани во националната валута на државата чиј жител е застапникот, по курсот во моментот на исплатата зголемен за давачките кои би можеле да се наплатат на овој износ. (б) дека по истекот на наведените три месеци па се до исплатата, ќе се пресметува камата на горенаведеите износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската Централна Банка, за периодот до исплатата на која треба да се додадат три процентни поени 4. Го одбива остатокот од барањето на жалителите за правична отштета. Изготвено на англиски и објавено на 15 Јануари 2009 година, согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот. Claudia Westerdiek Peer Lorenzen Секретар Претседател Согласно Член 45 § 2 од Конвенцијата и Правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, издвоеното мислење на Судијата М.Лазарова Трајковска е приложено кон оваа пресуда. P.L. C.W. Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИЈА ЛАЗАРОВА ТРАЈКОВСКА Јас, длабоко не се согласувам со мнозинството на моите колеги, при прогласувањето на предметот за допуштен и наоѓањето на повредата на Членот 11. Моето издвоено мислење се темели на две главни забелешки: првиот е формален, и има врска со исцрпувањето на домашните преавни средства; вториот контра аргумент е во врска со интерпретацијата на целите и активностите на Здружението на граѓани Радко. Мнозинството во Советот прифати дека овој предмет се однесува на распуштањето на Здружението засновано на Одлуката на Уставниот суд од 21 Март 2001 година која ги прогласила Статуот и Програмата на Здружението за неуставни. Од фактите на овој предмет, јасно е дека распуштањето на Здружението е резултат на конечната одлука на Апелациониот суд Битола од 11 Февруари 2002 година кога решението на Основниот суд Охрид од 16 јануари 2002 било потврдено. Тоа значи дека Здружението било избришано 10 месеци по Одлуката на Уставниот суд и 7 месеци откако Жалбата била доставена до Европскиот суд за човекови права (на 30 Јули 2001). Мнозинството од моите колеги го игнорираше фактот дека во времето на поднесувањето на жалбата, Здружението сеуште било регистрирано и активно и дека распуштањето на Здружението се случило дури седум месеци по поднесувањето на жалбата. Во тие околности неприфатлив е основот за повреда на Членот 11. 44 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија По донесување на Одлуката на Апелациониот суд Битола, Жалителите го имале на располагање правното средство за заштита на човековите права и слободи, кое што тие не го искористиле, туку наместо тоа поднеле жалба пред Европскиот суд за човекови права. Жалителите не поднеле барање за заштита пред Уставниот суд, пропишано домашно правно средство со членот 110 § 3 од Уставот на Република Македонија. На тој начин, игнорирајќи ги домашните правни средства и неискористувајќи ги, Жалителите одлучиле директно да аплицираат пред Европскиот суд за човекови права, пред воопшто Здружението да биде избришано. На мислење сум дека во овој предмет уставното барање било единствено и екстремно важно ефективно домашно правно средство по однос на членовите 11 и 10 од Конвенцијата. Заради тоа, домашните судови не биле во можност да се произнесат по барањата на Жалителите кои биле поднесени пред Европскиот суд за човекови права. Членот 35 од Европската Конвенција за човекови права утврдува: “1. Судот може да разгледа едно барање само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни лекови, согласно на општо прифатените правила на меѓународното право и доколку тоа барање го добие во рок од шест месеци од донесувањето на конечната одлука.” Која е идејата која стои зад одредбите на член 35? Да ги обврзе Жалителите да ги користат расположивите домашни правни средства во рамки на јасно пропишаниот период (6 месеци од датумот на донесување на конечната одлука). Во предметот Nielsen Комисијата била јасна по овој основ, Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија утврдувајќи дека “тужената држава најнапред мора да има можност со свои сопствени средства во рамки на домашниот правен систем да ги разгледа грешките наводно сторени спрема поединецот” (Nielsen v. Denmark, no. 343/57, одлука на Комисијата oд 2 Септември 1959, Годишник 2, p. 438). Овој пристап на Комисијата бил прифатен и натаму надграден од страна на Судот каде што чврсто е утврдено (види Azinas v. Cyprus [GC], no. 56679/00, § 38, ECHR 2004-III) следното гледиште: “Предмет на правилото за исцрпување на домашните правни средства, е да им се дозволи на националните власти (пред се на судските) да се произнесат по наводните повреди на правата од Конвенцијата и кога тоа е соодветно, да им овозможи надомест пред наводите да бидат доставени до Судот.” Мојата втора грижа се однесува на пристапот спрема одлуката на Уставниот суд. Одлуката на тој суд е поврзана само со уставноста на двата правни акта на Здружението, а оваа одлука е пропишана со закон. Член 4 од Законот гласи “Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓани и фондациите не можат да бидат насочени кон: насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, поттикнување или повикување на воена агресија;....- разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.” Уставот во својот член 20 став 3 утврдува: „Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или 46 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.“ Во Одлуката на Уставниот суд, главен аргумент е дека Статутот и програмата на Здружението „експлицитно повикуваат на национална омраза поттикнуваат и и нетрпеливост и како такви се третираат како определби и активности кои објективно значат насоченост кон она што е забрането со Уставот”. Судот одлучил дека негирањето на постоењето на Македонската нација (главна цел на Здружението) викајќи го својот народ како Славо Македонци од Бугарско потекло било серизна и низ историјата употребувана основа за насилство и национална нетрпеливост. Во тој поглед Уставниот Суд ја играл улогата на заштитник на Уставот и демократијата во демократско општество и за заштита на правата и слободите на останатите. Логиката е дека никому не може да се дозволи да ја злоупотребува слободата на здружување со цел да промовира идеи за непочитување и дискриминација на правата на останатите. Жалителите биле регистрирани и биле во можност да ја спроведуваат слободата на здружување. При спроведувањето на својата слобода на здружување, било утврдено дека преку нивните активности тие провоцирале насилно однесување и непочитување на човековите права на другите граѓани. Уставниот суд пресудил дека основите на таквото однесување се утврдени во Прогарамата и Статутот на Здружението. Јас ја гледам оваа пресуда како легитимна и во склад со Уставот на Републиката, и во склад со судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Почнувајќи од Handyside v. the United Kingdom (7 December 1976, § 49, Series A no. 24) овој Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Суд, веќе, како и во многу други случаи, утврдил дека правото на слобода за мирно собирање и здружување е “применливо не само за информации или идеи кои се општо прифатени или се сметаат за ненавредлива или рамнодушна, туку исто така и за онаа која ја повредува, шокира или вознемирува Државата или било кој друг сегмент од популацијата”. Сепак, овој широк и отворен пристап не го покрива говорот на омаразата кој е навредлив за останатите, или пак потикнува насилство. Навистина е тешко да се прифати дека политиката на Здружението за негирање на националниот идентитет на луѓето во сопствената држава е во склад со Конвенцијата и вредностите на демократското општество. Слободата на здружување не е апсолутна. Членот 11 не ја лишува Државата од моќта да ги штити институциите и лицата од здруженија кои низ своите активности или намери (било да се експлицитно или имплицитно декларирани во нивните програми) ги загрозуваат институциите на државата или правата и слободите на останатите. Судот во Gorzelik and Others v. Poland (no. 44158/98, § 65, 20 December 2001) го изрекол следното: “Жалителите лесно ќе можеле да ги отстранат двојбите изразени од властите, особено со едноставна промена на името на Здружението и со жртвување или едноставно дополнување на еден член од меморандумот за здружување.....Тие алтернативи не би, според гледиштето на Судот, имале штетни последици за постоењето на Унијата како здружение и не би ги спречувало своите членови од постигнување на целите кои тие самите си ги утврдиле.” Големиот Совет дополнително дошол до истиот заклучок како и Советот во тој предмет. 48 Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Во овој конкретен предмет, националните власти утврдиле дека постоело “неопходна општествена потреба“ од јавен интерес да се изречат рестрикциите. Резонот на Одлуката на Уставниот суд се водел од фактот дека не би биле изречени рестрикциите за спроведување на правото за слободно и мирно здружување со другите, освен ако тие не биле пропишани со закон и не биле неопходни во демократско општетство во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, за спречување на неред или кривично дело, за заштита на здравјето и моралот или за заштита на правата и слободите на другите Во конкретниов случај неопходната општествена потреба била да се заштити правото на членовите на Здружението за слободно изразување и здружување, едновремено заштитувајќи го правото на мнозинството од граѓаните на Република Македонија слободно да го уживаат нивните човекови права за самоидентификација како македонска нација. Уставниот суд правно резонирал дека Статутот и Програмата, применети во пракса, значеле и биле разбрани како негирање на Уставната одредба дека Државата Република Македонија е конституирана како национална дтржава на македонскиот народ. Негирањето на овој историски факт се движи наспроти аргументите на Судот изградени во предметот Gorzelic v. Poland (цитиран понапред, § 66), каде го утврдил следното: “Судот исто така би укажал дека плурализмот и демократијата се, по природата на нештата, засновани на компромис кој бара различни отстапки на поединците и групите на поединци. Овие вторите понекогаш мора да бидат спремни на ограничување на своите права заради обезбедување ма поголема стабилност на земјата во целина.” Здружение на граѓани Радко & Паунковски против Република Македонија Во светлото на таа пресуда, по свое убедување ја прифаќам како легитимна и во склад со Конвенцијата, Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија да ги интерпретира Програмата и Статутот на Здружението Радко како основа на национална нетрпеливост и омраза, и заради тоа да ги декларира како неуставни. Жалителите ги злоупотребиле правата за слободно здружување и собирање спротивно на текстот и духот на Уставот и Конвенцијата. Заради тоа вмешувањето на Уставниот Суд било неопходно во демократско општетство во смисла на Конвенцијата . Од причините прикажани понапред, кои ги потврдуваат моите две главни грижи, мое мислење е дека жалбата бр. 74651/01, Здружение на граѓани Радко и Паунковски против Република Македонија требаше да биде прогласена за недопуштена.
Full & Egal Universal Law Academy