Бегал (Beghal) против Обединетото Кралство - Ж.бр. 4755/16, Пре- суда од 28 февруари 2019 година [Оддел I] Факти – Жалителката, француска државјанка, имала постојано живеа-лиште во Обединетото Кралство. Нејзиниот сопруг, исто така француски државјанин, се наоѓал во притвор во Франција во врска со терористички напади. По една посета на нејзиниот сопруг, жалителката била запрена на аеродромот во Источен Мидлендс и била испрашувана согласно со Анекс 7 од Законот за анти-тероризам од 2000 година. Таа и нејзиниот багаж биле претресени. Жалителката одбила да одговори на повеќето од прашањата кои ѝ биле поставени. Подоцна била обвинета, меѓу дру-гото, за намерно неисполнување на обврска согласно со Анекс 7. Анекс 7 ги овластувал полицијата, службениците за имиграција и на- значените царински службеници да запираат, испрашуваат и претресу-ваат патници на пристаништа, аеродроми и терминали на меѓунардни железници. Испрашувањето морало да биде со цел да се утврди дали лицето се чинело дека е или било засегнато со сторувањето, подгот-вувањето или поттикнувањето на терористички акт. Не било потребно претходно овластување и надлежноста за запирање и испрашување можела да се врши без постоење на сомнение за вклученост во теро-ризам. Право – Член 8: Главното прашање било дали заштитните механизми кои ги давало домашното право доволно ги ограничувале овласту- вањата согласно со Анекс 7 за да ѝ понудат на жалителката соодветна заштита од произволно мешање во правото да се почитува нејзиниот приватен живот. (a)Географскиот и времеснкиот опсег на олвастувањата – Овласту- вањата од Анекс 7 имале широк опсег, со тоа што постојано се приме- нувале на сите пристанишни и гранични контроли. Тоа, само по себе, не било спротивно на начелото на законитост. Пристанишните и гра- ничните контроли неизбежно претставувале клучна точка за откривање и спречување на движењето на терористите и/или спречување на те- рористички напади. Всушност, сите држави управувале со системи за имиграција и царинска контрола на нивните пристаништа и граници, и додека таквите контроли по својата природа се разликувале од ов- ластувањата предвидени во Анекс 7, сепак, сите лица кои ги минувале меѓународните граници можеле да очекуваат да бидат подложени на одреден степен на контрола. (б)Дискрециското право дадено налавстите при одлучувањето на тоа дали иокга да ги извршуваатлоавстувањата – Службениците кои го вршеле испитувањето уживале многу широко дискрециско пра- во, бидејќи „тероризмот” бил широко дефиниран и овластувањата од Анекс 7 можеле да се извршуваат без оглед на тоа дали постоеле објек- тивни или субјективни основи за сомнение. Барањето за постоење на разумно сомнение било значаен аспект при оценувањето на законитос- та на овластувањето за запирање и испрашување или претрес на лице. Сепак, ништо не укажувало на тоа дека постоењето на разумно сом- нение, само по себе, било неопходно за да се избегне произволноста. Всушност, тоа било проценка што требало да се направи ако се земе предвид функционирањето на шемата како целина, а непостоењето на барање за разумно сомнение само по себе не го правело извршување- то на овластувањето во случајот на жалителката незаконито. Постоел јасен доказ дека овластувањата од Анекс 7 имале реална вред- ност за заштитата на националната безбедност. Ако се барало постоење на „разумно сомнение”, терористите можеле да ја избегнат заканата за нивно одвраќање од Анекс 7 со користење на луѓе кои претходно не го привлекле вниманието на полицијата, а самиот факт за нивно запи- рање можел да го предупреди лицето дека е следено. Важно било да се прави разлика меѓу две различни овластувања според Анекс 7, а тоа се овластувањето за испрашување и претрес на лице и овластувањето за притворање на лице. Бидејќи жалителот не бил фор- мално притворен, испитувањето од страна на Судот било ограничено на законитоста на овластувањето и претресот во прашање. Релевантно било тоа дека овластувањето од Анекс 7- а особено овластувањето за испрашување и претрес - било прелиминарно овластување за истрага кое било изрично предвидено со цел да им се помогне на службеници- те стационирани на пристаништата и на границите да спроведат истра- ги за борба против тероризмот на кое било лице што влегува или изле- гува од земјата. Иако немало барање за постоење на „разумно сомне- ние”, сепак биле предвидени упатства за службениците кои го вршеле испитувањето. Одлуката да се вршат овластувањата од Анекс 7 требало да се базира на заканата предизвикана од различни активни терорис- тички групи и да се базира на голем број други аспекти, како што се, на пример, познати или суспектни извори на тероризам и можни сегашни, нови и идни терористички активности. (в) Какво и да било ограничување на мешањето предизвикано со вршењето на овластувањата – Во времето кога жалителката била испитана, Анекс 7 предвидувал дека лицето лишено од слобода со- гласно со таквото овластување требало да се ослободи најдоцна до крајот на периодот од девет часа од започнувањето на испитувањето. На почетокот на испитувањето, службеникот кој го вршел испитувањето требало да му објасни на засегнатото лице или усно или во писмена форма дека тоа се испитува според Анекс 7 и дека службениците имаат овластување да го притворат доколку одбие да соработува и инсисти- ра да си замине. Требало да се направи записник од испитувањето; на пристаништето, ако испитувањето траело помалку од еден час, или, во централата, ако тоа траело подолго. Сепак, и покрај фактот дека лицата кои се испитувале биле принудени да одговорат на поставените пра- шања, ниту Законот за анти-тероризам ниту Кодексот за добра пракса кои биле во сила во релевантниот период не предвидувале никакви одредби според кои лицето (кое не било притворено) требало да се испитува во присуство на адвокат. Следствено, лицата можеле да би- дат подложени на испитување за период до девет часа, без какво и да било барање за постоење на основано сомнение, без притоа да бидат формално притворени и без пристап до адвокат. (г) Можноста за судско преиспитување на постоењето на овласту- вањата – И покрај тоа што било можно да се бара судско преиспиту- вање на постоењето на овластувањата од Анекс 7, од домашните слу- чаи се чинело дека непостоењето на каква било обврска според која службеникот кој го вршел испитувањето требало да покаже постоење на „разумно сомнение” им го отежнало на луѓето судското преиспиту- вање на законитоста на одлуката за вршење на овластувањето. (д) Каков и да било независен надзор на користењето на овласту- вањата – Користењето на овластувањата било предмет на независен надзор од страна на Независен ревизор на законодавството за анти-те- роризам. Значењето на неговата улога било во неговата целосна неза- висност од власта, заедно со пристап заснован на многу висок степен на дозвола за пристап до тајни и чувствителни информации во врска со националната безбедност и персоналот. Сепак, неговите ревизии биле секогаш вршени ad hoc и доколку бил во можност да разгледа избор од записи од испитувањето, не би бил во позиција да ја оцени закони- тоста на целта на запирањето. Покрај тоа, додека неговите извештаи биле анализирани на највисоко ниво, голем број на важни препораки не биле имплементирани. Поконкретно, независен ревизор постоја- но повикувал на воведување на барање за сомнение за да се вршат одредени овластувања според Анекс 7, вклучувајќи го овластувањето за притворање и преземање на содржини од телефон или лаптоп, и го критикувал фактот дека одговорите дадени под принуда не се сметале изрично за недопуштени во кривичната постапка. Затоа, иако бил од значителна вредност, надзорот на независниот ревизор не можел да ги надомести недоволните заштитни механизми кои се применувале за функционирањето на режимот од Анекс 7. (ѓ) Заклучок – Во времето кога жалителката била запрена, овластувањето за испитување на лица според Анекс 7 ниту било доволно ограничено ниту пак било предмет на соодветни правни механизми против злоупо- треба. Додека отсуството на какво било барање за постоење на „разум- но сомнение” само по себе не било фатално за законитоста на режимот, ако се разгледувало заедно со фактот дека испитувањето можело да трае до девет часа, за кое време лицето би било принудено да одговори на прашања без право на присуство на адвокат, и дека можноста за судско преиспитување на вршењето на овластувањата била ограничена, овлас- тувањата од Анекс 7 не биле „во согласност со законот”. Судот не ги разгледал амандманите кои произлегувале од Законот за антисоцијално однесување, криминал и одржување ред од 2014 годи- на и ажурираниот Кодекс на добра пракса, ниту, пак, го разгледувал овластувањето за притворање согласно со Анекс 7 кое имало потен- цијал да резултира со многу поголемо мешање во правата на лицето согласно со Конвенцијата. Заклучок: повреда (едногласно). Член 41: утврдувањето на повреда претставувало доволен правичен надомест за каква било нематеријална штета. (Види исто така Гилан и вКинтон против Обединетото Кралство (Gillan and Quitnon v. the Unietd Kingdom,)4158/05, 12 јануари 2010 го- дина, Информативна белешка бр. 126)
Full & Egal Universal Law Academy