© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 182
Февруари 2015
Бочан против Украина (бр. 2) [ГСС] - 22251/08
Пресуда 5.2.2015 [ГСС]
Член 6
Граѓански постапки
Член 6-1
Пристап до суд
Граѓански права и обврски
Правичен претрес
Крајно своеволно презентирање на пресудата на Европскиот суд од страна на Врховниот суд при отфрлањето на вонредната жалба: Членот 6 § 1 се применува; повреда
Факти – Жалителката била инволвирана во долготрајна, но на крајот неуспешна парница околу сопственоста на земјиште во домашните судови. Во 2001 г. таа поднела жалба до Европскиот суд во која се жалела на неправичноста на домашните постапки. Во пресуда од 3 мај 2007 г.* Судот утврдил повреда на членот 6 § 1 од Конвенцијата по основ дека одлуките на домашните судови биле усвоени во постапки кои не ги почитувале гаранциите од членот 6 § 1 за независност и непристрасност во еден правичен судски претрес, за правна сигурност, како и барањето да се даде доволно образложение. Тој на жалителката ѝ доделил 2.000 евра за нематеријална штета.
Повикувајќи се на пресудата на Европскиот суд, жалителката потоа поднела „жалба во контекст на вонредните околности“ („вонредна жалба“), во која таа побарала од украинскиот Врховен суд да ги укине одлуките на домашните судови во нејзиниот случај и во целост да ги одобри нејзините побарувања. Во март 2008 г. Врховниот суд ја отфрлил нејзината жалба откако утврдил дека домашните пресуди биле правилни и добро засновани. Во јуни 2008 г. тој ја прогласил дополнителната вонредна жалба поднесена од жалителката за недопуштена.
Во својата жалба до Европскиот суд во актуелниот случај, жалителката се жалела согласно членот 6 § 1 од Конвенцијата и членот 1 од Протоколот бр. 1 дека при отфрлањето на нејзината вонредна жалба Врховниот суд во неговата пресуда од 3 мај 2007 г. не ги зел во предвид наодите на Европскиот суд во неговата пресуда од 3 мај 2007 г.
Право - Член 6 § 1: Судот морал да утврди три прашања: (а) дали членот 46 од Конвенцијата го спречувала да се занимава со жалбите на жалителката со оглед дека Комитетот на министри на Советот на Европа сè уште вршел надзор на извршувањето на пресудата од 3 мај 2007 г., (б) дали за домашните постапки во однос на вонредната жалба на жалителката требале да се применат гаранциите на Конвенцијата и, доколку било така, (в) дали имало жалба во однос на условите од членот 6 § 1.
(а) Дали членот 46 од Конвенцијата го спречувала Судот да ги разгледа жалбите – Големиот судски совет повторил дека улогата на Комитетот на министри во сферата на извршувањето на пресудите на Судот не го спречувала Судот да разгледа нова жалба во врска со мерките преземени од тужената држава во извршувањето на една пресуда доколку жалбата содржи релевантни нови информации во врска со прашања за кои не е одлучувано во првичната пресуда.
Некои од барањата на жалителката во актуелниот случај може да се сфатат како жалби за наводен недостаток на соодветно извршување на пресудата на Судот од 3 мај 2007 г.. Меѓутоа жалбите за неизвршување на пресудите на Судот или за тоа дека не била обесштетена повредата која веќе била утврдена од Судот биле надвор од надлежноста на Судот. Жалбите на жалителката во врска со пропустот да се коригира првичната повреда на членот 6 § 1 од нејзиниот претходен случај биле оттука недопуштени.
Меѓутоа, жалителката исто така покренала и нов проблем во врска со водењето и правичноста на постапките за кој одлучувал Врховниот суд во март 2008 г. Таа тврдела конкретно дека образложението дадено од Врховниот суд во таа одлука било евидентно спротивно на релевантните наоди на Судот во неговата пресуда од 2007 г. Овој нов проблем оттука бил околу начинот на кој одлуката од март 2008 г. била донесена во постапките во врска со вонредната жалба, а не за исходот од тие постапки како такви или ефективноста на спроведувањето на пресудата на Судот од страна на националните судови. Ова се однесува на ситуација која што се разликува од таа разгледана во пресудата од 2007 г. и содржела нови релевантни информации во врска со прашања за кои не било одлучено со таа пресуда. Соодветно на тоа, Судот не бил спречен од членот 46 од Конвенцијата да ја разгледа новата жалба на жалителката за неправичноста на постапките кои кулминирале со одлуката на Врховниот суд од март 2008 г.
(б) Дали може да се примени членот 6 во постапките во врска со вонредната жалба на жалителката - Иако членот 6 § 1 не е вообичаено применлив за вонредни жалби кои бараат повторно отворање на прекинатите судски постапки, природата, опсегот и специфичните одлики на постапките за одредена вонредна жалба во одреден засегнат правен систем може да се такви што ќе ги вклучат постапките за таквиот вид на жалба во опсегот на членот 6 § 1 и заштитата на правично судење што им го обезбедува на учесниците во парницата. Затоа Судот мора да ја испита природата, опсегот и специфичните одлики на вонредната жалба во прашање во дадениот случај.
Важечката национална законска рамка на жалителката ѝ го направила достапен правниот лек со кој се овозможува судско разгледување на нејзиниот граѓански случај од страна на Врховниот суд во контекст на наодот на Европскиот суд дека првичните домашни одлуки биле погрешни. Врз основа на видот на судското ревидирање кое е предвидено, на вонредната жалба поднесена од страна на жалителката може да се гледа како на продолжување на првичната (прекината) граѓанска постапка, сродна на касационата постапка како што е дефинирана со украинското право. Во вакви услови, иако специфичните одлики на оваа постапка слична на касационата може да влијае на начинот на кој пропишаните процедурални гаранции на членот 6 § 1 функционираат, Судот сметал дека тие гаранции би требале да се применат на ист начин како што се применувале за касационите постапки кај граѓанските прашања генерално.
Овој заклучок, извлечен од важечките домашни законски одредби, е поткрепен од референца за опсегот и природата на „проверката“ која всушност е спроведена од страна на Врховниот суд во март 2008 г. пред да ја отфрли вонредната жалба на жалителката, оставајќи ги оспорените одлуки непроменети. Врховниот суд ги разгледал материјалите од случајот и судските одлуки од првичните постапки во контекст на новите поднесоци на жалителката засновани главно на пресудата на Судот од 2007.
Оттука, во контекст и на релевантни одредби на украинското законодавство и на природата и опсегот на постапките кои кулминирале со одлуката на Врховниот суд од 14 март 2008 г. во врска со вонредната жалба на жалителката, по што следела одлуката за потврда од јуни 2008 г., Судот смета дека тие постапки биле одлучувачки за да се утврдат граѓанските права и обврски на жалителката. Последователно, релевантните гаранции од членот 6 § 1 важеле за тие постапки.
Заклучок: прелиминарниот приговор бил отфрлен (едногласно).
(в) Придржување на членот 6 § 1 – Судот повторил дека тој немал улога според која можел да делува како четврта инстанца и да ги преиспита пресудите на националните судови во однос на членот 6 § 1, освен ако нивните наоди се сметаат за своеволни или евидентно неразумни.
Во овој случај, Врховниот суд во својата одлука од март 2008 г. во голема мерка погрешно ги презентирал наодите на Европскиот суд во неговата пресуда од 3 мај 2007 г. Поконкретно тој пренесол дека Европскиот суд утврдил дека одлуките на домашните судови биле законски и добро засновани и дека доделил правичен надоместок за повредата на гаранцијата на „разумен рок“ (кога всушност жалбата била одбиена како евидентно погрешно основана). Тие тврдења биле крајно неточни. Образложението на Врховниот суд не достигнува ниво на чисто различно читање на правниот текст. Судот ова може да го протолкува единствено како „крајно своеволно“ или дека во себе носи „попречување на правдата“ во смисла дека искривеното претставување на пресудата од 2007 г. имало поразувачки ефект во обидот на жалителката нејзиното имотно побарување да биде разгледано во контекст на пресудата во рамите на постапка слична на касациона постапка предвидена со домашното право. Оспорените постапки оттука не одговориле на условот за „правично судење“ согласно членот 6 § 1.
Заклучок: повреда (едногласно).
Членот 41: 10.000 евра за нематеријална штета.
* Бочан против Украина, 7577/02, 3 мај 2007 г.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
Кликнете овде за информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights ( ) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy