© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 128
март 2010
Carson and Others v. the United Kingdom - 42184/05
Пресуда 16.3.2010 [GC]
Член 14
Дискриминација
Непостоење право на врзување на пензиите за индексот на трошоците за живот за пензионери кои живеат во држави кои немаат склучено договори за реципроцитет со Обединетото Кралство: нема повреда
Факти – Овој предмет се однесува на наводните дискриминаторски прописи со кои се регулира правото на врзување на државната пензија за индексот на трошоците за живот. Во согласност со овие прописи, пензиите се индексно врзани само доколку корисникот има вообичаено место на живеење во Обединетото Кралство или во држава која има договор за реципроцитет со Обединетото Кралство за зголемување на пензиите според зголемувањето на животните трошоци. Оние лица кои живеат на други места продолжуваат да ја примаат основната државна пензија, но таа е замрзната на стапката според која пензијата им била исплатена на денот кога тие заминале од Обединетото Кралство. Тринаесетте апликанти го поминале поголемиот дел од својот работен век во Обединетото Кралство, каде целосно ги плаќале националните придонеси за осигурување пред да емигрираат или да се вратат во Јужноафриканската Република, Австралија или во Канада, држави од кои ниту една нема склучено договор со Обединетото Кралство за зголемување на пензиите според зголемувањето на животните трошоци. Согласно тоа, нивните пензии биле замрзнати на стапката според која им биле исплатени пензиите на денот на нивното заминување. Сметајќи дека ова претставува неоправдана разлика во третманот, првата апликантка побарала судска ревизија на одлуката за неврзување на нејзината пензија за индексот на трошоците за живот. Меѓутоа, нејзината апликација била отфрлена во 2002 година, како и подоцна по жалба пред Горниот дом во 2005 година, меѓу другото, под образложение дека таа не се наоѓа во аналогна, релевантно слична положба со пензионерите резиденти во Обединетото Кралство или во држава во која, преку договор за реципроцитет е достапно зголемување на пензиите според зголемувањето на животните трошоци.
Во пресудата од 4 ноември 2008 година (видете Информативна белешка бр. 113), Советот со шест наспрема еден глас утврди дека нема повреда на член 14 од Конвенцијата, а во врска со член 1 од Протоколот бр. 1.
Право – Член 14 од Конвенцијата во врска со член 1 од Протоколот бр. 1: (а) Опсег – Големиот совет се согласи со Советот дека предметот на апликантите потпаѓа под опсегот на двете одредби од Конвенцијата. Прво, неспорно е дека кога една држава, како што е овде случајот, ќе одлучи да донесе закон со кој се предвидува плаќање во однос на правото на социјален надоместок или на пензија, треба да се смета дека тој закон создава сопственички интерес кој потпаѓа под опсегот на член 1 од Протоколот бр. 1 за лицата кои ги задоволуваат неговите барања. Во однос на член 14, иако само разликите во третманот врз основа на личните карактеристики (или „статусот“) може да бидат еквивалент на дискриминација, листата на таквите карактеристики во таа одредба е илустративна, а не исцрпна, и на зборовите „друг статус“ им е дадено широко значење од страна на институциите на Конвенцијата. Согласно тоа, местото на живеење во смисла на член 14 претставува аспект на личен статус.
(б) Релевантно слична положба – Главниот аргумент на апликантите дека, поради тоа што работеле во Обединетото Кралство и плаќале задолжителни надоместоци во Националниот фонд за осигурување, тие се наоѓаат во релевантно слична состојба со пензионерите кои добиваат зголемување на пензиите според зголемувањето на животните трошоци е погрешно разбран. За разлика од приватните пензиски планови каде премиите се плаќаат во посебен фонд и се директно поврзани со очекуван поврат од придонесите, придонесите што се плаќаат во Националниот фонд за осигурување немаат исклучива врска со пензиите туку претставуваат дел од приходот што се плаќа за различни надоместоци за социјална заштита. Кога е потребно, Националниот фонд за осигурување може да биде дополнет со пари добиени од вообичаено оданочување на лицата кои се жители на Обединетото Кралство, вклучувајќи ги и пензионерите. Различните начини на финансирање на социјалните надоместоци и поврзувањето на природата на надоместоците со системите на оданочување оневозможува плаќањето на придонесите за национално осигурување да се изолира како задоволителна основа за изедначување на положбата на пензионерите кои добиваат зголемување според зголемувањето на животните трошоци и оние, како што се апликантите, кои не добиваат.
Исто така, во однос на споредбата со пензионерите кои живеат во Обединетото Кралство, не смее да се заборави дека системот на социјална заштита, всушност, е национален според карактерот и има за цел да обезбеди одредени минимални стандарди на живеење за жителите во државата. Ова го отежнува обидот да се направи вистинска споредба со положбата на пензионерите кои живеат на други места, што се должи на различните променливи економски и социјални услови – како што се стапката на инфлација, компаративните животни трошоци, каматните стапки, стапката на економскиот раст, курсните разлики, договорите за социјална заштита и даночниот систем – кои имаат влијание врз вредноста на пензиите од една до друга држава. Како што навеле домашните судови, врзувањето на пензиите за индексот на зголемување на трошоците за живот за сите пензионери, без оглед каде тие избрале да живеат, неизбежно би имало варијабилни ефекти, додека, за разлика од пензионерите кои живеат во Обединетото Кралство, оние кои не се негови жители не придонесуваат во економијата на Обединетото Кралство со плаќање даноци за да го компензираат трошокот од зголемувањето на пензиите.
Исто така, Судот не го зеде предвид фактот дека апликантите се во релевантно слична положба со пензионерите кои живеат во држави со кои Обединетото Кралство има склучено билатерални договори за зголемување на пензиите според зголемувањето на индексот на трошоците за живот. Оние кои живеат во државите со договор за реципроцитет се третирани различно од оние кои живеат на други места поради тоа што постои склучен договор; а договорот е склучен затоа што Обединетото Кралство сметало дека тоа е во интерес на државата. Билатералните договори за социјална заштита се склучуваат врз основа на процената од двете страни во однос на нивните соодветни интереси и може да зависат од различни фактори, меѓу кои од бројот на лицата кои се селат од едната во другата држава, надоместоците кои се достапни според планот за социјална заштита на другата држава, степенот до кој е можен реципроцитетот и степенот до кој поволностите што се постигнуваат со договорот ги надминуваат дополнителните трошоци на кои веројатно ќе бидат изложени двете држави при неговото договарање и спроведување. Кога постои договор, текот на средствата може да биде различен во зависност од нивото на надоместоците на секоја од двете држави и од бројот на лицата кои се движат во една од двете насоки. Неизбежен резулат од таквиот процес е во секоја држава да се применуваат различни услови во зависност од тоа дали и под какви услови е склучен договор. Би било невообичаено кога фактот за склучување билатерални договори во сферата на социјалната заштита би имал за последица создавање обврска за пренесување на истите поволности врз сите други лица кои живеат во сите други држави. Таквиот заклучок всушност би го загрозил правото на државите да склучуваат договори за реципроцитет, како и нивниот интерес да го прават тоа.
Сè на сè, апликантите не се во релевантно слична положба со лицата со живеалиште во Обединетото Кралство или во државите кои се страна во таквите договори.
Заклучок: нема повреда (единаесет наспрема шест гласови).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy