© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
CЛУЧАЈ CATAN И ДРУГИ против МОЛДОВА И РУСИЈА
(Жалби бр. 43370/04, 8252/05 и 18454/06)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
19 октомври 2012
Оваа пресуда е конечна, но може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Catan и други против Молдова и Русија,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем судски совет во состав:
Nicolas Bratza, Претседател,
Françoise Tulkens,
Josep Casadevall,
Nina Vajić,
Dean Spielmann,
Lech Garlicki,
Karel Jungwiert,
Anatoly Kovler,
Egbert Myjer,
David Thór Björgvinsson,
Ján Šikuta,
Mark Villiger,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Mirjana Lazarova Trajkovska,
Ledi Bianku,
Mihai Poalelungi,
Helen Keller, судии,
и Michael O’Boyle, Секретар на Големиот судски совет,
Откако расправаше на затвворени седници на 25 јануари и 5 септември 2012 година,
Ја донесува следната пресуда, којашто беше усвоена на вториот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со три жалби (бр. 43370/04, 8252/05 и 18454/06) поднесени против Република Молдова и Руската Федерација согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на повеќе молдавски државјани („жалителите“) на 25 октомври 2004.
2. Жалителите, на еден од кои му беше доделена правна помош, беа застапувани од г-н Alexandru Posticăи и г-н Ion Manole, адвокати од Кишинев и г-н Padraig Hughes и г-ѓа Helen Duffy, правници од Interights, организација за човекови права со седиште во Лондон. Владата на Република Молдова ја застапуваа нејзините агенти, г-н Vladimir Grosu и г-н Lilian Apostol, а Владата на Руската Федерација ја застапуваше, г-н Georgy Matyushkin, претставник на Руската Федерација пред Европскиот суд за човекови права.
3. Жалителите, Молдавци кои живееле во Приднестровие и кои во моментот на поднесување на жалбата биле ученици во три училишта во кои наставен јазик е молдавскиот и нивните родители (види го анексот кој е приклучен кон пресудата), се жалеа по член 7 од Протокол бр. 1 од Конвенцијата и член 8 од Конвенцијата земен сам по себе или заедно со член 14 за затворањето на нивните училишта и нивното вознемирување од страна на властите на Приднестровие.
4. Жалбите беа распределени на Четвртиот оддел на Суот (правило 52, став 1 oд Правилата на Судот). На 10 јуни 2010, после јавна расправа за допуштеноста и основаноста на жалбите (правило 54, став 3), тие беа споени и прогласени за делумно допуштени од страна на Судски совет на тој Оддел составен од следните судии: N. Bratza, L. Garlicki, A. Kovler, L. Mijović, D. Björgvinsson, J. Šikuta, M. Poalelungi, како и T.L. Early, Секретар на оддел. На 14 декември 2010 Судскиот совет ја отстапи надлежноста на Големиот судски совет, а ниту една од странките не приговори на тоа отстапување (член 30 од Конвенцијата и правило 72).
5. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите на член 26, став 4 и став 5 од Конвенцијата и правило 24 од Правилата на Судот.
6. Жалителите и секоја од тужените Влади доставија дополнителни писмени опсервации (правило 59, став 1) за основаноста на жалбата.
7. Јавна расправа се одржа во Зградата на човековите права, Стразбур на 25 јануари 2012 (правило 59, став 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за Владата на Република Молдова
г-н V. Grosu, Агент,
г-нL. Apostol, Советник;
(б) за Владата на Руската Федерација
г-нG. Matyushkin, Агент,
г-ѓаO. Sirotkina,
г-ѓаI. Korieva,
г-ѓаA. Dzutseva,
г-нN. Fomin,
г-ѓаM. Molodtsova,
г-ѓаV. Utkina,
г-нA. Makhnev,Советници;
(в) за жалителите
г-нP. Hughes,
г-ѓаH. Duffy,Застапници,
г-нA. Postica,
г-нI. Manole,
г-н P. Postica, Советници.
Судот слушна обраќања од г-н Hughes, г-н A. Postica, г-н Grosu и
г-н Matyushkin.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
A. Историска позадина на случајот
8. Земјата која покасно стана Република Молдова беше основана како Молдавска Советска Социјалистичка Република на 2 август 1940 од дел од Бесарабија и парче земја од источниот брег на Днестар (види Tănase v. Moldova [GC], no. 7/08, §§ 11-17, ECHR 2010-...). Овој источен регион, сега познат како Приднестровие, од 1924, заедно со повеќе територии кои се сега дел од Украина, беше дел од Молдавската Автономна Советска Социјалистичка Република. Населението на Приднестровие на почетокот било составено од Украинци и Молдавци/Романци, но почнувајќо од 1920-те дошло до значителна имиграција од страна на индустриски работници од други места од Советскиот Сојуз, особено Руси и Украинци. На пописот организиран во Советскиот Сојуз во 1989, населението на Приднестровие беше оценето дека изнесува 679,000, составено етнички и јазично од 40% Молдавци, 28% Украинци, 24% Руси и 8% други.
9. Според Уставот на Молдавската Советска Социјалистичка Република од 1978, имаше два службени јазика: руски и „молдавски“ (молдавски/романски напишан на кирилична азбука).
10. Во август и септември 1989 беше воведена латиницата во Молдова за пишаниот молдавски/романски јазик, кој стана прв службен јазик.
11. На 23 јуни 1990 Молдова го прогласи својот суверенитет, на 23 мај 1991 го промени името во Република Молдова, а на 27 август 1991 молдавскиот Парламент ја усвои Декларацијата за независност на Република Молдова, во чија територија спаѓаше и Приднестровие.
Б. Конфликтот во Приднестровие
12. Фактите во врска со оружениот конфликт од 1991-1992 и периодот до крајот на 2003 се наведени подетално во Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], no. 48787/99, §§ 28-183, ECHR 2004‑VII и овде е дадено само резиме на клучните настани заради олеснување на цитирањето. Судот воочува дека во нејзините опсервации, руската Влада истакна дека фактите во врска со оружениот конфликт не биле релевантни за прашањата кои се отвораат во овој случај.
13. Од 1989 па натаму, почна да се формира движењето за отпор против молдавска независност во Приднестровие. На 2 септември 1990 сепаратистите од Приднестровие го прогласија создавањето на „Молдавската Република Приднестровие“ („МРП“). На 25 август 1990 „Врховниот совет на МРП“ усвои „декларација на независност“ на „МРП“. На 1 декември 1991 беа организирани „претседателски избори“ во регионите на Приднестровие кои беа прогласени за незаконити од молдавските власти и г-н Igor Smirnov тврдеше дека бил избран за „Претседател на МРП“. До денес, „МРП“ не е призната од меѓународната заедница.
14. Во времето на декларацијата на независност на Молдова, таа немала своја армија. Четиринаесеттата армија на СССР, чиј генералштаб беше во Кишинев од 1956 остана на молдавска територија, иако од 1990 па натаму почна повлекување на опрема и персонал. Во 1991, четиринаесеттата армија беше составена од неколку илјади војници, единици на пешадија, артилерија (особено ракетен систем земја-воздух), оклопни возила и воздухопловни објекти (вклучително авиони и хеликоптери за напад). Имала повеќе магацини за муниција, вклучително и еден од најголемите во Европа во Колбашна во Приднестровие.
15. Со декрет бр. 234 од 14 ноември 1991 Претседателот на Молдова прогласи дека муницијата, оружјето, воени транспортни средства, воени бази и друг имот кој припаѓал на советските оружени сили стационирани на молдавска територија биле сопственост на Република Молдова. На овој декрет не му беше дадено правно дејство во Приднестровие.
16. Со декрет од 5 декември 1991, г-н Smirnov одлучи воените единици на четиринаесеттата армија распоредени во Приднестровие да ги стави под команда на „Одделот за национална одбрана и безбедност на Молдавската Република Приднестровие“. Г-н Smirnov го именува командантот на четиринаесеттата армија, генерал-потполковник Iakovlev, како раководител на „Одделот за национална одбрана и безбедност“ на „МРП“. Во декември 1991 генерал-потполковник Iakovlev, беше уапсен од молдавските органи, кои го обвинија дека им помагал на сепаратистите од Приднестровие да се вооружат со користење на залихите на оружје на четиринаесеттата армија. Сепак, тој беше покасно ослободен после интервенција на Владата на Руската Федерација.
17. На крајот на 1991 и почетокот на 1992 дојде до насилни судири помеѓу сепаратистите на Приднестровие и молдавските безбедносни сили, во кои животот го изгубија неколку стотици лица.
18. На 6 декември 1991, во повик до меѓународната заедница и Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, молдавската Влада протестираше против окупацијата на 3 декември 1991 од страна на четиринаесеттата армија под команда на генерал-потполковник Iakovlev, на молдавските градови Григориопол, Дубосари, Слобозиа, Тираспол и Рибница, ситуирани на левиот брег на Днестар,. Таа ги обвини властите на СССР, особено Министерството за одбрана, дека ги поттикнале тие акти. Војниците на четиринаесеттата армија беа обвинети дека делеле воена опрема на сепаратистите од Приднестровие и за сепаратистите во воени едници кои го тероризирале цивилното население.
19. Во 1991-92 повеќе воени единици на четиринаесеттата армија се приклучија на сепаратистие од Приднестровие. Во пресудата Ilaşcu Судот најде дека е утврдено надвор од основано сомнение [beyond reasonable doubt] дека сепаратистите од Приднестровие со помош на персонал од четиринаесеттата армија успеале да се вооружат со оружје земено од магацините на четиринаесеттата армија стационирани во Приднестровие. Покрај тоа, голем број на руски државјани кои не беа од регионот, особено Козаци, отидоа во Приднестровие да се борат со сепаратистите против молдавските сили. Со оглед на поддршката на сепаратистите од страна на трупи на четиринаесеттата армија и масовното пренесување на оружје и муниција од магацините на четиринаесеттата армија, молдавската армија беше во инфериорна позиција што ја спречи да ја врати контролата над Приднестровие. На 1 април 1992 Претседателот на Руската Федерација, г-н Boris Yeltsin, официјално ја пренесе командата на четиринаесеттата армија под руска команда, и после тоа таа стана „Руска оперативна група во регионот Приднестровие на Молдова“ или „РОГ“. На 2 април 1992 генерал Netkachev, новиот командант на РОГ им нареди на молдавските сили кои го обиколија градот Тигина (Бендер) кој бил држен од сепаратистите, да се повлечат веднаш, во спротивно руската армија би презела контра мерки. Во мај РОГ почна со напади врз молдавските сили, и ги натера надвор од некои села од левиот брег на Днестар. Во јуни РОГ официјално нтервенираше во полза на сепаратистите кои го губеа градот Тигина и ги истераа молдавските сили.
В. Договорот за примирје, Меморандумот од 1997 и Ветувањата од Истанбул
20. На 21 јули 1992 Претседателот на Република Молдова, г-н Mircea Snegur, и г-н Yeltsin потпишаа пријателско решавање на оружениот конфликт во регионот Приднестровие на Република Молдова („договорот за примирје“).
21. Со договорот се воведе принципот на безбедносна зона која ќе се формира со повлекување на армиите на „страните на конфликтот“ (член 1, став 2). Согласно член 2 од договорот, беше формирана Заедничка контролна комисија („ЗКК“) составена од претставници на Молдова, Руската Федерација и Приднестровие со седиште во Тигина. Договорот исто така предвидуваше мировни сили одговорни да осигураат почитување на примирјето и безбедносните мерки, составени од пет руски баталјона, три молдавски баталјона и два баталјона на Приднестровие под контрола на заедничка воена командна структура кој и самата беше потчинета на ЗКК. Согласно член 3 од договорот, градот Тигина бепе прогласен за регион подложен на безбедносен режим, а неговата администрација беше ставена во рацете на „органите на локална самоуправа, ако е потребно дејствувајќи заедно со контролната комисија“. На ЗКК ѝ беше дадена задача да го одржува редот во Тигина, заедно со полицијата. Член 4 наложуваше руските трупи стационирани на територија на Република Молдова да останат строго неутрални. Член 5 забрануваше санкции или блокади и ја предвиде целта отстранување на сите пречки на слободно движење на стоки, услуги и лица. Мерките предвидени во договорот беа дефинирани како „многу важен дел од решавањето на конфликтот со политички средстца“ (член 7).
22. На 29 јули 1991 Молдова донесе нов Устав. Со него се предвидуваше, меѓу другото, дека Молдова е неутрална, дека забранува стационирање на нејзина територија на трупи кои припаѓаат на друга држава и дека може да биде даден облик на автономија на некои региони во кои имало мали области на левиот брег на Днестар. Согласно член 13 од Уставот, национален јазик е молдавскиот, кој ќе се пишува на латиница.
23. Во повеќе прилики од 1995 па натака молдавските власти се жалеа дека армијата на РОГ и рускиот контингент на мировните сили на ЗКК го прекршиле принципот на неутралност предвиден со договорот за примирје и дека, меѓу другото, Приднестровјаните успеале да се стекнат со дополнителна воена опрема и помош од страна на РОГ. Овие наводи беа силно негирани од руските органи. Покрај тоа, молдавската делегација во ЗКК тврдеше дека Приднестровјаните создале нови воени одредишта и пунктови за царинска контрола во рамките на безбедносната зона, спротивно на договорот за примирје. Во пресудата Ilaşcu Судот најде дека е докажано со доказите содржани во официјални документи на ЗКК, дека во повеќе области во Приднестровие под контрола на руските мировни сили, како што е Тигина, Приднестровските сепаратистички сили го прекршувале договорот за примирје.
24. На 8 мај 1997 во Москва, г-н Petru Lucinschi, Претседателот на Молдова, и г-н Smirnov, „Претседател на МРП“, потпишаа меморандум со кој се поставува основ за нормализација на односите помеѓу Република Молдова и Приднестровие („Меморандумот од 1997“). Согласно текстот на Меморандумот од 1997, за одлуките кои се однесуваат на Приднестровие требало да има согласност од двете страни, овластувањата морало да се делат и делегираат, а гаранциите требало да се обезбедат со реципроцитет. На Приднестровие морало да му се дозволи да учествува во водењето на надворешната политика на Република Молдова во прашања кои се однесуваат на негови интереси дефинирани со заеднички договор. Приднестровие би имало право унилатерално да воспоставува и одржува меѓународни контакти во економски, научни, технички, културни и други области, кои ќе се определат со заеднички договор. Страните се обврзаа да го решат конфликтот со преговори, со помош кога е потребно на Руската Федерација и Украина, како гаранти на почитувањето на постигнатите договори, и на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Заедницата на независни држави (ЗНД). Меморандумот од 1997 беше парафиран од претставници на државите гаранти, имено г-н Yeltsin за Руската Федерација и г-н Leonid Kuchma за Украина и г-н Helveg Petersen, Претседавачот на ОБСЕ.
25. Во ноември 1999 ОБСЕ го одржа својот шести самит во Истанбул. Во текот на самитот, 54 држави членки ја потпишаа Повелбата за европска безбедност и Декларацијата од самитот во Истанбул и 30 држави, вклучувајќи ги Молдова и Русија ја потпишаа Спогодбата за адаптација на договорот за конвенционални оружени сили во Европа („адаптираниот КОС договор“). Во Адаптираниот КОС договор се наведува, меѓу другото, принципот дека странски трупи не треба да се стационираат на молдавска територија без согласност на Молдова. Согласноста на Русија да се повлече од Приднестровие (едно од „Ветувањата од Истанбул“) беше наведена во анекс на Завршниот акт на адаптираниот КОС договор. Покрај тоа, Декларацијата од самитот во Истанбул, во параграф 19, ја регистрира, меѓу другото, обврската на Руската Федерација да ги повлече своите сили од Приднестровие до крајот на 2002:
„19. Потсетувајќи на одлуките од самитите во Будимпешта и Лисабон и Министерскиот состанок во Осло, ги повторуваме нашите очекувања за брзо, мирно и целосно повлекување на руските сили од Молдова. Во овој контекст, го поздравуваме неодамна постигнатиот напредок во отстранување и уништување на руска воена опрема чувана како залиха во регионот Приднестровие на Молдова и завршувањето на целосното уништување на муниција која не може да се транспортира.
Го поздравуваме ветувањето на Руската Федерација да го заврши повлекувањето на руските сили од територијата на Молдова до крајот на 2002. Исто така ја поздравуваме подготвеноста на Републија Молдова и на ОБСЕ да го олеснат тој процес, согласно нивните можности, до договорениот краен рок.
Потсетуваме дека меѓународна мисија за проценки е подготвена да биде испратена без одложување да го истражи отстранувањето и уништувањето на руска муниција и вооружување. Со цел да се обезбеди процесот на повлекување и уништување, ние ќе му дадеме инструкции на Постојаниот совет да размисли за проширување на мандатот на Мисијата на ОБСЕ во Молдова во смисла на обезбедување на транспарентност на процесот и координација на финансиска и техничка помош дадена за олеснување на повлекувањето и уништувањето. Понатаму, се согласуваме да земеме предвид основање на фонд за доброволна меѓународна финансиска помош која ќе ја администрира ОБСЕ.“
Во 2002, во текот на Министерската конференција на ОБСЕ во Лисабон, на Русија ѝ беше дадено продолжување од една година за отстранување на трупите, до крајот на декември 2003.
26. Русија не ги исполни ветувањата дадени на самитот на ОБСЕ во Истанбул и Министерската конференција на ОБСЕ во Лисабон да повлече воени сили од Приднестровие до крајот на 2003. На Министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2003, беше невозможно да се постигне заедничка позиција за Приднестровие и во објавената изјава стои дека:
„Повеќето Министри ги воочија напорите направени од Руската Федерација да ги исполни ветувањата дадени на самитот на ОБСЕ во Истанбул во 1999 да го заврши повлекувањето на руски сили од територијата на Молдова. Тие го воочија конкретниот напредок постигнат во 2003 во повлекување/уништување на определен дел од муницијата и друга воена опрема која припаѓа на Руската Федерација. Тие ги ценат напорите на сите држави на ОБСЕ кои придонесоа кон Доброволниот фонд основан за поддршка на овој процес. Тие сепак беа длабоко загрижени дека повлекувањето на руските сили нема да биде завршено до 31 декември 2003. Тие ја нагласија потребата за исполнување на ова ветување без понатамошно одложување.“
Државите членки на Северно-Атлантскиот Пакт (НАТО) одбија да го ратификуваат адаптираниот КОС договор сѐ додека Русија не ги исполни ветувањата од Истанбул.
Г. „Меморандумот Козак“
27. Во 2001 Комунистичката партија победи на избори и стана владејачка партија на Молдова. Новиот Претседател на Молдова, г-н Vladimir Voronin, стапи во директни преговори со Руската Федерација за иднината на Приднестровие. Во ноември 2003, Руската Федерација предложи предлог за решавање, „Меморандум за основните принципи за државната структура на обединетата држава“ (викан „Меморандумот Козак“), според рускиот политичар г-н Dimitry Kozak, кој работел на него). Меморандумот Козак предложи нова федерална структура на Молдова, според која органите на „МРП“ би имале значителен степен на автономија и гарантирано претставување во новото „федерално законодавно тело“. Меморандумот Козак содржеше преодни одредби согласно кои до 2015, ќе биде потребно за да се потврдат сојузни органски закони тричетвртинско мнозинство во новоформираниот втор законодавен дом, составен од четворица претставници од Гагаузија, девет од Приднестровие и тринаесет од новиот прв законодавен дом. Тоа би им дало на претставниците на „МРП“ во вториот дом практично вето на секој закон кој се однесува на цела Молдова до 2015. На 25 ноември 2003, откако претходно покажа подготвеност да ги прифати овие предлози, г-н Voronin одлучи да не го потпише Меморандумот Козак.
Д. Зајакнати гранични и царински контроли
28. Во декември 2005, Мисија на Европската унија за гранична помош беше основана за да помогне во борбата против нелегална трговија помеѓу Украина и Молдова. Во март 2006 Украина и Молдова почнаа со имплементација на царинска спогодба од 2003 согласно која компании од Приднестровие кои вршат прекугранична трговија мора да бидат регистрирани во Кишинев за да им се издадат документи во кои се посочува земјата на потекло на стоките, согласно протоколите на Светската трговска организација. Украина се обврза да одбие да дозволи стоки без такви документи за извоз да ја преминат нејзината граница.
29. Во она што беше сфатено како одговор на новите царински мерки, претставниците на Приднестровие одбија да продожат со разговорите во формат 5+2 . Понатаму, во февруари и март 2005, “како одговор на мерките преземени од молдавската Влада насочени кон влошување на ситуацијата околу Приднестровие“, Руската Дума усвои резолуции барајќи од руската Влада да воведе забрана за увоз на алкохолни и тутунски продукти од Молдова, да извезува енергија во Молдова (освен во Приднестровие) по меѓународни цени, и да наложи визи за молдавски државјани кои ја посетуваат Русија, освен за жители на Приднестровие.
30. Во април 2005 руските власти забранија увоз на месни производи, овошје и зеленчук од Молдова, од причина што домашните хигиенски стандарди не биле почитувани при производството на тие продукти. Помеѓу март 2006 и ноември 2007 беше воведена забрана за увоз на молдавско вино. Меѓународниот монетарен фонд одлучи дека овие мерки имале комбиниран негативен ефект врз економскиот раст на Молдова од 2-3% годишно во 2006-2007.
31. Во јануари 2005 г-н Viktor Yushchenko беше избран за Претседател на Украина. Во мај 2005 украинската Влада предложи нов предлог за решавање на конфликтот во Приднестровие, „Кон решавање преку демократизација“ (резимиран во извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, види параграф 64 подолу). Во јули 2005, повикувајќи се на украинскиот план, молдавскиот Парламент донесе закон, „За основните принципи за посебниот правен статус на Приднестровие“. Формалните преговори продолжија во октомври 2005, а Европската Унија и Соединетите Американски Држави учествуваа како набљудувачи (викани „разговори 5+2“).
Ѓ. Руска воена опрема и персонал во Приднестровие
32. На 20 март 1998 спогодба во однос на воените средства на РОГ беше потпишана во Одеса од г-н Viktor Chernomyrdin, Премиер на Руската Федерација и г-н Smirnov, „Претседател на МРП“. Согласно распоредот прикучен кон спогодбата, повлекувањето и уништувањето на определени залихи, кои треба да се уништат со експлозии или друг механички процес, требало да се заврши до 31 декември 2001. Повлекувањето (трансфер и уништување) на лесна муниција и друга руска воена опрема и персонал кои не се дел од мировните сили се планирало да се случи најкасно до 31 декември 2002. Повеќе композиции на возови со руска воена опрема го напуштија Приднестровие од 1999 до 2002.
33. Во октомври 2001 Руската Федерација и „МРП“ потпишаа уште една спогодба за повлекување на руските сили. Согласно таа спогодба, како надомест за повлекување на дел од руската воена опрема стационирана во Приднестровие, „МРП“ добила намалување од сто милиони американски долари (УСД) на неговиот долг за гас увезен од Руската Федерација и трансфер од руската армија на дел од опремата која може да се стави во цивилна употреба.
34. Според соопштението за печат на ОБСЕ, 29 вагони кои носат опрема за градење мостови и монтажни кујни биле отстранети од Колбашна од руските органи на 24 декември 2002. Во истото соопштение за печат се цитира декларација на командантот на РОГ, генералот Boris Sergeyev, дека најновите повлекувања биле овозможени со спогодба со Приднестровјаните според која „МРП“ требало да добие половина од невоената опрема и залихи кои се повлекувале. Генералот Sergeyev го споменал примерот на повлекување на 16 декември 2002, на 77 камиони што било следено со трансфер на 77 руски воени камиони на Приднестровјаните.
35. Согласно доказите изведени пред Судот во случајот Ilaşcu, во 2003 најмалку 200,000 тони руско оружје и муниција останале во Приднестровје, главно во Колбашна, зедно со 106 воени тенкови, 42 оклопни возила, 109 оклопни носачи на персонал, 54 оклопни извиднички возила, 123 камиони и минофрлачи, 206 антитенковски оружја, 226 противвоздухопловни пушки, девет хеликоптери и 1,648 возила од различен тип (види ја пресудата Ilaşcu цитирана погоре, параграф 131). Во 2003, ОБСЕ го набљудуваше и потврди повлекувањето од Приднестровје на 11 воза со руска воена опрема и 31 воз натоварен со повеќе од 15,000 тони муниција. Сепак, следната година, во 2004, ОБСЕ извести дека само еден воз со приближно 1,000 тони муниција бил отстранет.
36. Од 2004 нема потврдени повлекувања на руско оружје и опрема од Приднестровје. Судот најде во Ilaşcu дека, на крајот на 2004, останале приближно 21,000 тони муниција, заедно со повеќе од 40,000 парчиња огнестрелно оружје и приближно десет илјади тони различна воена опрема. Во ноември 2006, на делегација на ОБСЕ ѝ беше дозволен пристап до локациите со муниција и таа извести дека над 20,000 тони муниција останувале таму (види параграф 68 подолу). Командантот на РОГ извести дека во мај 2005 вишок на залихи од 40,000 парчиња огнестрелно оружје и лесно оружје биле уништени, но ниту еден независен набљудувач не добил пристап за да ги потврди овие тврдења. Во нивните опсервации во овој случај, руската Влада истакна дека најголемиот дел од оружјето, муниција и воен имот биле отстранети помеѓу 1991 и 2003 и дека сѐ што останувало во складиштата биле гранати, рачни гранати, мини за ракетни фрлачи, и муниција за огнестрелно оружје.
37. Странките на овој случај се согласија дека приближно 1,000 руски војници биле стационирани во Приднестровје за да ги чуваат складиштата на оружје. Покрај тоа, странките се согласија дека имало приближно 1,125 руски војници стационирани во безбедносната зона како дел од меѓународно договорените мировни сили. Безбедносната зона била долга 235 км и широка 20-25 км.
Е. Наводна руска економска и политичка поддршка на „МРП“
38. Повторно, треба да се воочи дека Руската Влада истакна дека настаните во Приднестровје пред кризата со училиштата не биле релевантни за прашањата во овој случај.
39. Во пресудата Ilaşcu, Судот најде дека е неспорно дека воената индустрија, која била еден од столбовите на економијата на Приднестровје, била директно поддржана од руски фирми меѓу кои Росвооружениеи и Електромаш. Руската фирма Итерра го купила најголемото претпријатие во Приднестровје, Рабница инженеринг, и покрај спротивставувањето на молдавските власти. Покрај тоа, руската армија била еден од главните работодавачи и купувачи на стоки од Приднестровје.
40. Според жалителите во овој случај, во Русија бил 18% од извозот на „МРП“ и 43.7% од неговиот увоз, воглавно на енергија. „МРП“ плаќала за помалку од 5% од гасот кој го трошела. На пример, во 2011 Приднестровје потрошило гас во вредност од 505 милиони долари, но платила за само 4% (20 милиони долари). Руската Влада објасни дека затоа што „МРП“ не била призната како посебен субјект според меѓународното право, не можело да има свој суверен долг и Русија не ефектуирала посебни залихи на гас за Молдова и Приднестровје. Сметката за обезбедување гас до Приднестровје затоа била дадена на Молдова. Доставата на гас во регионот била организирана преку руското јавно претпријатие Газпром и акционерското друштво Молдовагаз, кое било во заедничка сопственост на Молдова и „МРП“. Долгот на Молдовагаз кон Русија надминувал 1,8 милијарди долари од кои 1,5 милијарди за гас конзумиран во Приднестровје. Газпром не можел едноставно да одбие достава на гас во регионот, затоа што му биле потребни гасоводи за достава до балканските држави.
41. Жалителите исто така тврдеа дека Русија давала директна хуманитарна помош на Приднестровје, главно во вид на придонеси за старосни пензии. Жалителите тврдеа дека официјални руски извори изјавиле дека помеѓу 2007 и 2010 вкупниот износ на финансиска помош за Приднестровје била 55 милиони долари. Молдавската Влада истакна дека во 2011 „МРП“ примила финансиска помош од Русија во вкупен износ од 20,64 милиони долари Руската Влада истакна дека износот на помош дадена на руски грѓани во регионот за хуманитарни цели, како што е исплатата на пензии и помош за одржување на училишта, затвори и болници, бил целосно транспарентен и можел да се спореди со хуманитарната помош дадена од Европската унија. Покрај давање помош на населението кое живее во Приднестровје, Русија давала помош и за оние кои живеат во други делови на Молдова.
42. Покрај тоа, жалителите тврдеа дека на околу 120,000 лица кои живеат во Приднестровје им било дадено руско државјанство. Во нив спаѓале многу од лидерите на „МРП“. Судот смета дека ова треба да се стави во контекст на наодите од пописот спроведен во 2004 од „Владата на МРП“, кој покажал, во областа под нејзина контрола, население од приближно 555,347 лица, од кои приближно 32% биле од молдавската заедница, 30% биле Руси а 29% Украинци, и мал процент на други национални и етнички групи.
Ж. Кризата со училиштата и фактите кои се однесуваат на случаите на жалителите
43. Согласно член 12 од „Уставот“ на МРП, службени јазици во МРП се „молдавски“, руски и украински. Член 6 од „Законот за јазици на МРП“, кој бил усвоен на 8 септември 1992, наведува дека за секоја намена, „молдавскиот јазик“ мора да биде напишан со кирилична азбука. „Законот“ предвидува понатаму дека употребата на латиницата може да претставува прекршок, и член 200-3 oд „Законот за прекршоци на МРП“, усвоен на 19 јули 2002, наведува дека:
„Непочитувањето од страна на лица на јавни функции и други лица во извршната власт и државната администрација, во јавни здруженија, како и во други организации, без оглед на нивниот правен статус и облик на сопственост, а кои се на територија на МРП, на законите на МРП за функционирање на јазиците на територија на мРТ....повлекува одговорност во форма на парична казна која може да изнесува до 50 (педесет) минимални плати,“
44. На 18 август 1994 властите на „МРП“ ја забраниле употребата на латинското писмо во училиштата. Со одлука од 21 мај 1999, „МРП“ наредила дека сите училишта кои припаѓаат на „странски држави“ и кои работат на „нејзина“ територија да се регистрираат кај органите на „МРП“, во спротивно на што тие нема да бидат признати и ќе им бидат одземени нивните права.
45. На 14 јули 2004 органите на „МРП“ почнале со мерки за затворање на сите училишта кои користат латинско присмо. На датумот на донесување на одлуката за допуштеност, останале само шест училишта во Приднестровје кои користат молдавски/романски јазик и латинско писмо.
1. Catan и други (жалба бр. 43370/04)
46. Жалителите се 18 деца кои учеле во училиштето Еврика во Рибница во текот на периодот за кој станува збор и 13 родители (види го анексот кон оваа пресуда).
47. Од 1997 училиштето Еврика користело простории кои се наоѓале на улицата Гагарин изградени со јавни фондови на Молдова. Училиштето било регистрирано во молдавското Министерство за образование и користело латинско писмо и наставна програма одобрена од тоа Министерство.
48. После „одлуката на МРП“ од 21 мај 1999 (види параграф 44 погоре), училиштето Еврика одбило да се регистрира, затоа што регистрација би му наложила да користи кирилично писмо и наставна програма одобрена од режимот на „МРП“. На 26 февруари 2004 зградата која ја користело училиштето била пренесена од органите на „МРП“ на „Одделот за образование на Рибница“. Во јули 2004, после повеќе затворања на училишта кои користат латинично писмо, учениците, родителите и наставниците од училиштето Еврика почнале самите да го чуваат училиштето и дење и ноќе. На 29 јули 2004 полицијата на Приднестровје упаднала во училиштето и ги отстранила жените и децата кои биле внатре. Следните неколку дена локалната полиција и службени лица од „Одделот за образование на Рибница“ ги посетиле родителите на децата запишани во училиштето, барајќи од нив да ги отпишат децата од училиштето и да ги запишат во училиште кое е регистрирано кај режимот на „МРП“. На родителите им било наводно кажано дека ако не го сторат тоа, ќе бидат отпуштени од нивните работни места и дека дури ќе им бидат одземени нивните лични права. Како резултат на овој притисок, родители ги отпишувале нивните деца и ги запишувале во друго училиште.
49. На 29 септември 2004, после интервенција на Мисијата на ОБСЕ во Молдова, училиштето можело да се регистрира во „Комората за регистрација во Тираспол“, како странска установа на приватно образование, но не можело да продолжи со работа затоа што немало простории. На 2 октомври 2004 режимот на „МРП“ му дозволил на училиштето повторно да работи во друга зграда, во која претходна имало детска градинка. Зградата е земена под наем од „МРП“ и молдавската Влада плати за да биде реновирана. Постојаните барања на училиштето да му биде дозволено да се врати во зградата на улицата Гагарин, која е поголема и посоодветна биле отфрлени од причина што сега друго училиште ја користело таа зграда. Жалителите тврдат дека изнајмените простории се несоодветни за средно училиште, со тоа што коридорите и училниците не се целосно адаптирани и нема лаборатории или спортски сали. Со училиштето раководи молдавското Министерство за образование, кое ги исплаќа платите на наставниците и обезбедува образовен материјал. Тоа користи латинска азбука и молдавска наставна програма.
50. Жалителите изјавиле бројни претставки и жалби до властите на Руската Федерација. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација одговорило со генерални јавни изјави за ескалацијата на конфликтот околу училиштата кои користат молдавски/романски јазик во Приднестровје. Изјавувајќи дека главниот проблем бил продолжениот конфликт помеѓу Молдова и „МРП“, руското Министерство за надворешни работи го свртело вниманието на Молдова и „МРП“ на фактот дека употребата на сила за решавање на конфликтот можела да ја загрози безбедноста во регионот и ги повикала да употребат различни видови на преговори за да го решат конфликтот. Жалителите исто така се жалеле за ситуацијата до молдавските власти.
51. Училиштето станало цел на систематски вандализам, вклучувајќи скршени прозорци. Жалителите тврдат дека таа кампања почнала во 2004, молдавската Влада тврди дека почнала есента 2007. На 10 април 2008 молдавското Министерство за реинтеграција побарало од Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа да интервенира за да се обиде и да стави крај на нападите. Жалителите исто така тврдат дека децата била исплашени од локаното население кое зборува руски јазик и се плашеле да зборуваат молдавски надвор од училиштето.
52. На 16 јули 2006 молдавското Министерство за реинтеграција побарало помош од Мисијата на ОБСЕ во Молдова за транспортирање на наставен и градежен материјал и пари за платите на наставниците преку „граница“ со „МРП“.
53. Имало 682 ученици во училиштето во текот на учебната 2002‑2003 година. Во текот на 2008-2009 тој број се намалил на 345.
2. Caldare и други (жалба бр. 8252/05)
54. Жалителите се 26 деца кои учеле во училиштето Александру кел Бун во Тигина, Бендер во текот на периодот за кој станува збор и 17 родители (види го анексот). Училиштето користело простории кои биле на улицата Космодемјанскаја, изградени со јавни средства на молдавските власти. Училиштето било регистрирано во молдавското Министерство за образование и затоа користело латинично писмо и наставна програма одобрена од Министерството за образование.
55. На 4 јуни 2004, „Министерството за образование на МРП“, го предупредило училиштето дека ќе биде затворено ако не се регистрира кај тој орган, и дека ќе бидат преземени дисциплиски мерки против директорот. На 18 јули 2004 на училиштето му била исклучена струјата и водата и на 19 јули 2004 училишната управа била известена дека не можела повеќе да ги користи просториите на улица Космодамјанскаја. Сепак, наставници, ученици и родители ја окупирале зградата, одбивајќи да си одат. Полицијата на Приднестровје безуспешно се обидела да ги заземе просториите и на крај ја оставила зградата. Тие се повлекле на 28 јули 2004. На 20 септември 2004, и после повеќе преговори со меѓународни набљудувачи, вклучувајќи претставници на Советот на Европа, на училиштето му била уклучена повторно струја и вода.
56. Режимот на „МРП“ му дозволил на училиштето повторно да почне со работа во септември 2004, но во други простории, изнајмени од властите на „МРП“. Училиштето во моментот користи три згради лоцирани во различни делови од градот. Главната зграда нема кафетерија, простории за наука или спорт и до неа не може да се дојде со јавен транспорт. Молдавската Влада му обезбеди на училиштето автобус и компјутери. Таа исто така платила за реновација на санитарните јазли во една од зградите.
57. Жалителите поднесле повеќе претставки и жаби до руските и молдавските власти.
58. Имало 1751 ученици во учебната 2002-2003 година и 901 2008‑2009.
3. Cercavschi и други (жалба бр. 18454/06)
59. Жалителите се 46 деца кои учеле во училиштето Штефан кел Маре во Григориопол во текот на релевантниот период и 50 родители (види го анексот приклучен кон пресудата).
60. Во 1996, на барање на родителите и нивните деца, училиштето, кое користело наставна програма со кирилична азбука, поднесло повеќе претставки до режимот на „МРП“ барајќи да му се дозволи користење на латинско писмо. Како последица на тоа, помеѓу 1996 и 2002, „МРП“ започнала кампања на непријателски медиумски извештаи, заплашување и закани од безбедносните сили. Овие мерки го достигнале максимумот на 22 август 2002 кога полицијата на Приднестровие влегла во училиштето и ги избркала наставниците, учениците и нивните родители кои биле внатре. На 28 август 2002 претседателот на Комитетот на ученици бил уапсен и потоа осуден на 15 дена администравен затвор. После овие инциденти, 300 ученици го напуштиле училиштето.
61. Соочено со окупацијата на зградата од страна на режимот на „МРП“, молдавското Министерство за образование одлучило дека училиштето треба привремено да биде пренесено во зграда во Дороцкаја, село на околу 20 км од Григориопол и кое е под молдавска контрола. Секој ден, ученици и наставници биле носени во Дороцкаја со автобуси обезбедени од молдавската Влада. Тие биле подложувани на претреси на чанти и проверки на идентитет од страна на службени лица на „МРП“ и исто така, наводно, на акти на вознемирување како што се плукање и вербална злоупотреба.
62. Претставници на училиштето поднесле повеќе претставки и се жалеле за ситуацијата до ОБСЕ, Организацијата на Обединетите нации, како и до руските и молдавските органи. Руските органи одговориле повикувајќи ги и Молдова и „МРП“ да користат повеќе видови на преговори за да го решат конфликтот. Молдавските органи ги информирале жалителите дека тие не можеле да сторат ништо повеќе за да помогнат.
63. Имало 709 ученици во училиштето во учебната 2000-2001 година и 169 во 2008‑2009 година.
II. ИЗВЕШТАИ НА МЕЃУВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ
A. Парламентарно собрание на Советот на Европа
64. На 16 септември 2005 Комитетот за почитување на обврски и ветувања од држави членки на Советот на Европа (Комитет за мониторинг) на Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) издаде извештај за „Функционирањето на демократските институции на Молдова“. Делот кој е посветен на Приднестровие гласи:
„31. Беа постигнати поголеми нови промени во текот на последните месеци кои Собранието мора внимателно да ги следи и да ги придружува на најдобар можен начин.
32. После интензивни дипломатски контакти помеѓу Молдова и Украина, на ГУАМ самитот во Кишинев на 22 април, украинскиот Претседател Yushchenko објави иницијатива од 7 точки за решавање на прашањето со Приднестровие. ...
Главната цел на овој нов план е да се постигне долготрајно решение преку демократизација на Приднестровие. Тоа би вклучувало:
– создавање на услови за развој на демократијата, граѓанското општество, и повеќепартиски систем во Приднестровие;
– одржување на слободни и демократски избори за Врховниот совет на Приднестровие, набљудувани од Европската унија, ОБСЕ, Советот на Европа, Русија и Соединетите Американски Држави, и други демократски држави вклучувајќи ја Украина;
– трансформирање на сегашниот формат на мировна операција во меѓународна мисија на воени и цивилни набљудувачи под закрила на ОБСЕ и зголемување на бројот на украински воени набљудувачи во регионот;
– примање од страна на властите на Приднестровие на меѓународна набљудувачка мисија, која ќе вклучува украински експерти, во воено-индустриските претпријатија во регионот на Приднестровие;
– краткотрајна набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина за верификација на движењето на стоки и лица преку украинско-молдавската граница.
33. Целосниот текст на украинскиот план беше презентиран на 16-17 мај на состанок на претставници на посредниците и Молдова и Приднестровие во Виница, Украина откако украинскиот Секретар на Советот за безбедност Pyotr Poroshenko и молдавскиот советник на претседателот Mark Tkachuk поминаа речиси еден месец вршејќи „шатл дипломатија“.
34. Реакциите беа различни, но воглавно позитивни.
35. На 10 јуни молдавскиот Парламент усвои „Декларација за украинската иницијатива за решавање на конфликтот во Приднестровие“ како и два повици, за демилитиразација и за промоција на критериумите за демократизација на регионот Приднестровие на Република Молдова....
36. Со декларацијата се поздравува иницијативата на Претседателот Yushchenko, со надеж дека ќе стане „важен фактор за постигнување на територијално и граѓанско единство на Молдова’. Парламентот сепак жалеше што украинската иницијатива не се однесува на некои важни принципи за решавање, на прво место повлекување на руските трупи, демилитиризација, принципите и условите за демократизација на регионот и воспоставување на транспарентна и правна контрола над приднестровскиот регион од молдавско-украинската граница. Со неа се повикува на дополнителни напори на меѓународната заедница и Украина во тој поглед.
37. Парламентот исто така критикуваше повеќе одредби кои може „да го повредат суверенитетот на Република Молдова“, како што е учеството на Приднестровие во водењето на надворешната политика на Република Молдова и предлогот да се создаде таканаречениот комитет за помирување. Парламентот инсистираше на решавање на конфликтот во рамките на молдавскот Устав преку дијалог со ново, демократски избрано раководство на Приднестровие. Затоа има повеќе разлики помеѓу украинската иницијатива и пристапот на имплементација кој е избран од Молдова.
38. Посредниците во конфликтот во Приднестровие (ОБСЕ, Русија и Украина) изјавија дека планот давал конкретн поттик кон постигнување решение. На сите нивни најнови состаноци тие повикаа на продолжување со директен, континуиран дијалог за резолуција на конфликтот.
39. Позицијата на Русија е поделикатна. Јасно е преку нејзиното воено и економско присуство и благодарение на силните културни и јазични врски со Приднестровие дека Русија ќе сака да го задржи своето силно влијание над територијата. Медиумите неодамна известија за постоење на „Акционен план за задржување на руското влијание во Република Молдова“, чии детали се држат во тајност. Русија е сѐ уште силно приврзана на таканаречениот „Меморандум Козак“ од 2003, со кој се предлага федерално решение за Молдова. Молдова замалку го прифати планот, но одби да го потпише во последен момент, наводно под влијание на Западот.
40. Во текот на последните месеци, имаше неколку знаци на тензија На пример, на 18 февруари Државната Дума на Руската Федерација усвои со големо мнозинство резолуција со која се бараат од руската Влада повеќе економски и други санкции против Молдова, со исклучок на Приднестровие, ако молдавските власти не ја променат „економската блокада на Приднестровие“. Санкциите вклучувале забрана за увоз на молдавски алокохол и тутунски производи, светски пазарни цени за извозот на руски гас во Молдова и визи за Молдавци за влез во Русија.
41. И двата повици усвоени од молдавскиот Парламент повикаа за поддршка на Советот на Европа и во однос на демократизацијата на Приднестровие, да се вклучи активно во тој процес. Во текот на посетата на Кишинев нашите соговорници постојано ја нагласуваа важноста која тие ја даваат на експертизата и искуството на нашата организација во овој поглед. Документите усвоени од молдавскиот Парламент беа официјално поднесени до Претседателот на Комитетот за мониторинг „за да се разгледаат во рамките на мониторингот над Молдова“ и за анализа, коментари и препораки, како и за мислења од Парламентарното собрание кои би можеле да придонесат кон демократизација на регионот на Приднестровие и конечно решавање на конфликтот“.
42. На прв поглед, планот треба да биде внимателно следен од Советот на Европа, како водечка организација во областа на демократија, човекови права и владеење на правото. Комитетот затоа ни даде одговорност да одиме во Киев, Москва, Букурешт и Брисел за да се сретнеме со главните фигури одговорни за украинскиот план и да се запознаеме со неговите детали. Врз основа на тие информации ние ќе дадеме конкретни предлози за Собранието да земе ефикасно учество во напредокот на планот.
43. Остануваат повеќе прашања за имплементацијата на украинскиот план и условите поставени од молдавскиот Парламент. Сепак, за разлика од сите неуспешни дипломатски обиди, има една силна предност. Со планот се комбинираат дипломатски напори со конкретни мерки за демократизација, во Приднестровие но, исто така и во Молдова, кои мора да служат како пример. Иницијативата исто така доаѓа во вистински момент со голема борба за демократизација и европска интеграција на целиот регион.
44. Не само Молдова, чиј територијален интегритет и суверенитет се повредени, туку и Европа како целина повеќе не може да дозволи да ја има оваа „црна дупка“ на своја територија. Приднестровие е центар на секаков вид на нелегална трговија и, на прво место, нелегална трговија со оружје и сите форми на криумчарење. Политичкиот живот сз уште е доминиран од тајната полиција, основните слободи се ограничени.
45. Се чини дека еден од најтешките елементи е можноста да се организираат демократски избори во Приднестровие. За тоа на регионот му се потребни да има политички партии, медиуми и граѓанско општество кои слободно функционираат. Локалните избори во Приднестровие од 27 март (за избори на совети на села, населби, градови и региони, како и за претседатели на селски и месни совети) покажаа дека сѐ уште недостасува вистиснки силна опозиција. Патем овие избори се сметаа за тест за изборите закажни за декември 2005 за Врховниот совет на Приднестровие.
46. Сепак, има некои ннтереси промени, особено во однос на група на членови на Врховниот совет водени од Заменик претседателот Evgeny Shevchuk.[1] На 29 април оваа група иницираше амбициозни нацрт измени на „уставот“ на Приднестровие насочени кон јакнење на улогата на „парламентот“ наспроти „претседателот“ и извршната власт – на пример, преку давање на право за гласање на недоверба на „министрите“ и други функционери именувани од „претседателот“, или правото на контрола над работата и трошоците на извршната власт. Некои поскромни промени, како и нацрт закон за локална управа, во кој се предвидува дека претседателите на совети на регион и градови, мора да бидат избрани од советите со тајно гласање, беа усвоени на 18 мај по првата расправа за нив. Г-н Shevchuk исто така промовира законодавна иницијатива официјалната „ТВ МРП“ на регионот да се трансформира во јавна радиодифузна установа.
47. На 22 јуни Врховниот совет препорача „претседателот“ Smirnov да го смени „министерот“ за правда, Victor Balala. Balala, кој е еден од најблиските сојузници на „претседателот“, и неодамна одлучи да пренесе функции за регистрирање од „министерството“ на квази-комерцијална „комора на експерти“.
48. На 22 јули молдавскиот Парламент го усвои по две расправи Законот за главни одредби за специјалниот правен статус на населените области на левиот брег на Днестар (Приднестровие). Со законот се основа автономна територијална единица која е неделив ден од Молдова и – во рамките на пленарните надлежности утврдени со Уставот и законите на Молдова – одлучува за прашања во нејзина надлежност. Со законот се стипулира дека населените места на левиот брег на Днестар може да се приклучат кон Приднестровие или да се отцепат врз основа на локални референдуми и во согласност со молдавските закони“.
65. Во светло на овој извештај, PACE усвои резолуција во која реши, меѓу другото, дека:
„10. Собранието го поздравува продолжувањето на преговорите после оптимистичната иницијатива на Украина за решавање на конфликтот во Приднестровие со давање приоритет на демократизацијата. Се надева дека од моменталниот петчлен формат, во кој се Молдова, регионот Приднестровие, Русија, Украина и ОБСЕ, ќе биде проширен за да се вклучи и Советот на Европа. Собранието ја нагласува потребата за ефикасен надзор над границата помеѓу Молдова и Украина, над залихите на оружје и фабриките за производство на оружје. Со оглед на собраната експертиза, Собранието сака неговите известувачи да бидат запознаени со овие промени.
11. Секое решавање на конфликтот во Приднестровие мора да бидат засновано на неповредливиот принцип за целосно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Молдова, во согласност со владеењето на правото, секое решение мора да е во согласност со волјата на народот изразена на целосно слободни и демократски избори раководени од меѓународно признати авторитени организации.“
Б. Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ)
66. Во својот Годишен извештај за 2004, ОБСЕ се осврна на настаните во Приднестровие на следниот начин:
„...Највознемирувачкиот настан, сепак, бепе одлуката на Приднестровие во средина на јули да ги затвори молдавските училишта на територија на Приднестровие во кои наставата е со латинско писмо. Во одговор, молдавската страна го прекина учеството во петстраните преговори за политичко решавање.
Заедно со ко-посредници од Руската Федерација и Украина, Мисијата направи вонредни напори од средина на јули до есента за да се подобри училишната криза и да се најде и спроведе решение. Мисијата исто така настојуваше да ги ублажи тензиите помеѓу страните во однос на слободата на движење, змејдоелски земјишта и железниците. “
Во 2004 ОБСЕ исто така забележа дека:
„Само еден воз со приближно 1,000 тони муниција беше отстранет од складовите на Оперативната група на руските сили во Приднестровие во 2004. Приближно 21,000 тони на муниција останува да бидат отстранети заедно со повеќе од 40,000 парчиња огнестрелно оружје и лесно оружје и приближно десет композиции на возови на различна воена опрема. Мисијата продолжи да ја координира техничката и финансиска помош за Руската Федерација за овие активности.“
67. Во Годишниот извештај за 2005 се наведува:
„Мисијата ги насочи своите напори кон повторно почнување на преговорите за политичко решение, кои се во прекин од летото 2004. Посредниците од Руската Федерација, Украина и ОБСЕ имаа консултации од претставници од Кишинев и Тираспол во јануари, мај и септември. На средбата во мај, Украина го претстави планот за решение на Претседателот Victor Yushchenko, Кон решение преку демократизација. Оваа инцијатива предвидува демократизација на регионот Приднестровие преку меѓународно организирани избори за регионалното законодавно тело, заедно со чекори за промоција на демократизацијата, транспарентноста и поголема доверба.
Во јули, молдавскиот Парламент, повикувајќи се на украинскиот план донесе Закон за основните принципи за посебниот правен статус на Приднестровие. Во текот на консултациите во септември во Одеса, Кишинев и Тираспол се согласија да ги поканат ЕУ и САД да учествуваат како набљудувачи во преговорите. Формалните преговори продолжија во изменет формат во октомври после петнаесет месечна пауза и продолжија во декември после Министерскиот совет на ОБСЕ во Љубљана. На 15 декември, Претседателите на Украина и Руската Федерација, Victor Yushchenko и Vladimir Putin, објавија заедничка изјава со која се поздравува продолжувањето на преговорите за решавање на конфликтот во Приднестровие.
Во септември, претседателите Voronin и Yushchenko заедно побараа од Претседавачот на ОБСЕ да се размисли за испраќање на Меѓународна мисија за проценка (ММП) за да се анализираат демократските услови во Приднестровие и неопходните мерки за спроведување демократски избори во регионот. Во исто време, Мисијата на ОБСЕ спроведе технички консултации и анализа за основни мерки за демократски избори во регионот Приднестровие, согласно она што е предложено со планот на Yushchenko. На рундата преговори во октомври, од Претседателството на ОБСЕ беше побарано да продолжи со консултација за можноста за организирање на ММП во регионот Приднестровие.
Заедно со воени експерти од Руската Федерација и Украина, Мисијата на ОБСЕ заврши со изработка на пакет за предложени мерки за доверба и безбедност, кој беше претставен на тојцата медијатори во јули. Мисијата потоа почна со консултации за пакетот со претставници на Кишинев и Тираспол. Рундата на преговори во октомври го поздрави можниот напредок во зајакнување на транспарентноста преку заедничка размена на воени информации, како што е предвидено во елементите на овој пактет.“
Во врска со прашањето за руското воено повлекување, ОБСЕ забележа:
„Немаше повлекување на руско оружје и опрема од регионот Приднестровие во текот на 2005. Приближно 20,000 тони муниција останува да се отстранат. Командантот на Оперативната група на руските сили извести во мај дека вишок на залихи на 40,000 парчиња огнестрелно оружје и лесно оружје чувани од руските сили во регионот Приднестровие биле уништени. На ОБСЕ не му беше дозволено да ги провери овие тврдења.“
68. Во 2006, ОБСЕ го извести следното:
„Референдумот за „независност“ од 17 септември и „претседателските“ избори од 10 декември во Приднестровие – ниту еден од нив признати или набљудувани од ОБСЕ – ја обликуваа политичката средина на овој извештај....
За да ги поттикне разговорите за решение, Мисијата на почетокот на 2006 подготви извештаи со кои се сугериа можна поделба на надлежности помеѓу централните и регионалните органи, механизам за мониторирање на фабриките во воено-индустрискиот комплекс во Приднестровие, план за размена на воени информации, и мисија за проценки која ќе ги процени условите и ќе даде препораки за демократски избори во Приднестровие. Приднестровската страна, сепак, одби да продолжи со преговорите после воведувањето на нови царински правила за извоз од Приднестровие во март и затоа не можеше да се постигне напредок, вклучително и во овие проекти. Обидите да се одблокира застојот преку консултации помеѓу посредниците (ОБСЕ, Руската Федерација и Украина) и набљудувачите (Европската унија и Соединетите Американски Држави) во април, мај и ноември и консултации на посредниците и набљудувачите со секоја од страните посебно во октомври не помогнаа. ...
На 13 ноември, група од 30 шефови на делегации на ОБСЕ, заедно со припадници на Мисијата на ОБСЕ добија пристап за прв пат од март 2004 до складот на муниција на Руската Федерација во Колбашна во близина на молдавско-украинската граница на север на Приднестровие. Сепак, немаше повлекувања на руска муниција или опрема од Приднестровие во текот на 2006, и повеќе од 21,000 тони муниција остануваат во регионот. ...“
69. Во Годишниот извештај од 2007 се вели:
„Посредниците на процесот на решавање за Приднестровие, Руската Федерација, Украина и ОБСЕ, и набљудувачите, Европската унија и Соединетите Американски Држави, се сретнаа четири пати. Посредниците и набљудувачите се сретнаа неформално со молдавската и приднестровската страна еднаш во октомври. Сите средби беа насочени кон изнаоѓање начини за да се продолжи со формалните преговори за решавање, кои и покрај тоа не продолжија. ...
Мисијата сведочеше дека немало повлекувања на руска муниција или опрема во текот на 2007. Доброволниот фонд сѐ уште има доволно средства за да ги заврши задачите за повлекување.“
70. Во 2008, ОБСЕ забележа:
„Молдавскиот Претседател Vladimir Voronin и лидерот на Приднестровие Igor Smirnov се сретнаа во април за прв пат во седум години и имаа уште една средба на 24 декември. Посредниците од ОБСЕ; Руската Федерација и Украина и набљудувачите од Европската унија и Соединетите Американски Држави се состанаа пет пати, а неформални средби на страните со посредниците и набљудувачите се одржаа пет пати. И покрај овие и други дополнителни напори за „шатл“ дипломатија на Мисијата, формалните преговори во формат ‘5+2’ не продолжија. ...
Немаше повлекувања на руска муниција или опрема од регионот на Приднестровие во текот на 2007. Доброволниот фонд сѐ уште има доволно средства за да ги заврши задачите за повлекување.“
В. Меѓународни невладини организации
71. Во својот извештај од 17 јуни 2004, „Молдова: регионални тензии за Приднестровие“ (Извештај за Европа бр.157), Меѓународната кризна група (МКГ) го утврди следното (извадок од извршното резиме):
„Поддршката на Русија за самопрогласената и непризната Днестарска Молдавска Република (ДМР) го спречи решавањето на конфликтот и го попречи напредокот на Молдова кон поширока интеграција во европските политички и економски структури. Во своите последни и воглавно унилатерални обиди да го реши конфликтот во Приднестровие, Русија демонстрира начин на размислување кој е речиси како во Студената војна. И покрај смирувачка реторика во врска со односите помеѓу Русија и САД, соработка во решавањето на конфликтот и мировна мисии во Новите независни држави на поранешниот Советски Сојуз (ННД), се чини дека старите навики тешко умираат. Русија сѐ уште е неволна да види дека ЕУ, САД, Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) играат активна улога во решавање на конфликтот затоа што на Молдова сѐ уште се гледа од многумина во Москва како сфера на исклучиво руски геополитички интерес.
Не е тешко за Русија да ја користи политичката и економска нестабилност на Молдова во свои интереси. И покрај тоа што има прифатено конкретни рокови за повлекување на своите трупи, Русија постојано го уназадува процесот додека се обидува да наметне преку политичко решение кои би било осигурано преку неурамнотежени уставни мерки, потврдено руско влијание над водењето политика во Молдова и продолжување на нејзиното воено присуство затскриено како мировна мисија. Досега не беше подготвена да го употреби своето влијание над водството на ДМР [„МРП“] за да промовира пристап кон решавање на конфликтот со кој се урамнотежени легитимните интереси на сите страни.
Украинските и молдавски бизнис кругови станаа вешти во користењето на паралелната економија на ДМР за нивни цели, редовно учествувајќи во реизвоз и други илегални практики. Некои имаат употребено политичко влијание за да спречат, одложат или попречат одлуки кои би ставиле притисок над водството на ДМР за компромис. Тука спаѓаат укинување на прописи за данок и царина кои се поволни за бизнисите на реизвоз, спроведување на ефикасна гранична и царинска контрола и собирање на царина и даноци на внатрешните „граници“.
Со поддршката на руските, украинските и молдавските економски елити, водството на ДМР стана посигурно. Сфаќајќи дека не е веројатно меѓународно признавање, се фокусира на зачувување на де факто независност преку слаба конфедерација со Молдова. За жал, лидерите на ДМР – искористувајќи го судирот на даночните и царински системи на Молдова и ДМР – продолжува да добива голем профит од легални и нелегални економски активности вклучително реизвоз, криумчарење и производство на оружје.
ДМР стана самосвесен актер со свои интереси и стратегии, имајќи ограничен опсег за независен политички маневар но, широка мрежа на економски и други врски низ Русија, Молдова и Украина. Сепак, останува многу зависно од руска политичка и економска поддршка и не сака да се стави во позиција во која мора да дејствува спротивно на руската политика. Руските и интересите на ДРМ често се поклопуваат но, во некои случаи лидерите на МДР успеаа да изработат и имплементираат стратегии за да избегнат руски притисок, да ги одложат преговорите, да ги попречи руските иницијативи и да ги поткопаат руските политики преку создавање на несогласност помеѓу медијаторите и користејќи ги алтернативните извори на поддршка.
Најновиот обид на Русија да спроведе решение – Меморандумот Козак во октомври и ноември 2003 – покажа дека нејзиното влијание, иако е силно, има јасни граници. Русија не може да истурка решение без поддршка на Молдова и меѓународната заедница, особено клучните играчи како ОБСЕ, ЕУ и САД. Темелно политичко решение бара пристап со кој може да се надминат разликите помеѓу Русија и другите клучни меѓународни актери додека во исто време правично се земаат предвид интересите и на молдавската Влада и ДМР.
И покрај сфаќањето дека Русија не треба да се антагонизира, решеноста кон европски интеграции е силна во Молдова. Неодамна, дури и нејзиното комунистичко раководство ја нагласи потребата да се прави повеќе за да се постигне таа цел. Земјата ретко е на радар на Западот во текот на последната деценија, сепак, и ќе е потребна поочигледна поддршка од ЕУ и САД, за да се одбрани од руската политичка и материјална поддршка за ДМР и попречувањето на Приднестровие на процесот на преговори. Меѓународните актери мора исто така да ѝ помогнат на Молдова да ги обезбедува нејзините граници од нелегални економски активности кои го одржуваат Приднестровие и и исто така влијаат врз нејзините европски соседи.
Конфликтот може да се реши само ако меѓународната заедница го употреби своето влијание врз Русија билатерално и во рамките на ОБСЕ. Само тогаш и со значително поодлучна посветеност за политички, економски и административни реформи од своја страна, Молдова ќе може да ги реализираа своите европски аспирации. Сеопфатна стратегија кон Молдова, Украина и Русија во рамките на пошироката европска политика на ЕУ ќе биде првиот исклучително важен чекор.“
72. Во својот извештај од 17 август 2006, „Несигурната иднина на Молдова“ (Европски извештај бр. 175), МКГ забележа (извадок од извршното резиме):
„Со очекуваниот влез на Романија во Европската унија во 2007, ЕУ ќе дели граница со Молдова, слаба држава поделена со конфликт и зафатена со корупција и организиран криминал. Раководството на Молдова ја има искажано својата желба за приклучување кон ЕУ, но неговата посветеност кон европските вредности е сомнителна, а напорите за решавање на спорот со регионот Приднестровие не успеаа да стават крај на штетниот застој кој трае петнаесет години. Младите луѓе имаат малку верба во иднината на земјата и ја напуштаат во алармантен број. За Молдова да стане стабилен дел од соседството на ЕУ, ќе треба да има далеку поголема меѓународна ангажираност, не само во решавање на конфликтот туку во поттикнување домашни реформи да се помогне земјата да стане поатрактивна за нејзините граѓани.
Две неодамнешни иницијативи на ЕУ и Украина дадоа надежи дека рамнотежата на сили во сепаратистчкиот спор значително се променила. Мисија на ЕУ за гранична помош (EUBAM) започната на крајот на 2007 помогна во ограничувањето на криумчарење во делот на Приднестровие на молдавско-украинската граница, клучен избор на приходи за властите во Тиразпол, главен град на Приднестровие. Во исто време, имплементацијата на значаен царински режим од страна на Киев за да ѝ помогне на Молдова во регулирање на извозот на Приднестровие ја намали способноста на бизниси во сепаратистичкиот регион да работат без молдавски надзор, задавјќи голем психолошки удар.
Но, оптимизмот дека овие мерки на крај ќе го примораат Приднестровие да направи дипломатски отстапки се чини дека беше погрешен. Иако EUBAM имаше значителен успех, особено со оглед на малата големина и буџет, продолжува широко распростанетото кримчарење. Ни украинскиот граничен режим немаше одлучувачки ефект на бизнисите во Приднестровие, кои и натаму можат да вршат профитабилна легална трговија како и порано. Понатаму, домашната политичка несигурност отвори прашања за тоа дали Киев ќе продолжи да ги проведува новите прописи.
Русија ја зголеми својата поддршка за Приднестровие, давајќи економска помош и преземајќи казнени мерки против Молдова, вклучувајќи забрана за извоз на вино, еден од нејзините главни извори на приход. Москва одбива да ги повлече трупите кои се во Приднестровие од советско време, чие присуство служи за зачувување на статус кво. Со руска поддршка, лидерот на Приднестровие, Igor Smirnov, има малку мотивација за компромис во неговата желба кон независност. Меѓународно посредуваните преговори помеѓу двете страни не водат никаде, и покрај присуството на ЕУ и САД како набљудувачи од 2005. Иако е постигнато некое разбирање за степенот на автономија при решавање, Молдова ја заостри својата позиција за да одговори на тврдоглавоста на Приднестровие.“
73. Во својот извештај насловен „Слобода во светот 2009“, Фридом хаус [Freedom House] коментираше, меѓу другото:
„Молдова одби план поддржан од Русија за федерализација во ноември 2003 откако тоа предизвика јавни протести. Последната рунда на формални мултилатерални преговори пропадна на почеток на 2006, а гласачите на референдумот во Приднестровие во 2006 во најголем дел поддржаа насока на независност со цел на крај да се приклучат кон Русија, иако легитимноста на гласањето не е призната од Молдова и меѓународната заедница.
Во отуство на активни 5+2 преговори, Voronin презеде билатерални разговори со Русија и направи повеќе чекори за да ја усогласи надворешната политика на Молдова со таа на Кремлин. Голем дел од 2008, тој ја повикуваше Русија да прифати предлог според кој Приднестровие би добила значителна автономија во рамките на Молдова, силно и унитарно присуство во молдавскиот Парламент, и право да се отцепи ако Молдова се обедини со Романија во иднина. Руските сопственички права би биле почитувани а руските трупи би биле заменети со цивилни набљудувачи. Voronin ги бранеше неговите посебни „консултации“ со Русија велејќи дека било какво решение ќе биде финализирано во 5+2 формат.
Прашањето за Приднестровие стана уште поитно во август 2008, откако Русија имаше краток конфликт со Грузија и ја призна независноста на сепаратистичките региони таму. Руски фунционери рекоа дека немале план да ја признаат ПМР [„МРП“] но, ја предупредија Молдова да не го заземе ставот на конфронтирање на Грузија. Молдавската Влада од своја страна отфрли секаква споредба и ја повтори својата посветеност на мирни преговори. Некои експерти изразија загриженост дека Русија би можела да наметне грубо решавање на Молдова во билатералните разгговори и потоа да ја признае ПМР ако планот биде одбиен.
Односите на Претседателот на Приднестровие, Igor Smirnov со Voronin останаа напнати во текот на годината, затоа што молдавскиот лидер практично преговарал за главата на Smirnov и изразил јасна фрустрација за водството на ПМР. Тие двајца се сретнаа во април за прв пат од 2001, и повторно во декември, Неколку дена после средбата во април, романскиот Претседател Traian Basescu индиректно го отвори изгледот за делба во која Украина би го зела Приднестровие, а Романија би ја анексирала Молдова, поради што Voronin го обвини дека ги саботира преговорите. Во меѓувреме, рускиот Претседател Dmitri Medvedev се сретна одвоено со Voronin и Smirnov во текот на годината ...
Политички права и граѓански слободи
Жителите на Приднестровие не можат да ги изберат демократски нивните лидери, и не можат слободно да учествуваат на молдавски избори...
Корупцијата и организираниот криминал се сериозни проблеми во Приднестровие ...
Медиумскиот простор е рестриктивен ...
Слободата на религијата е ограничена ...
Иако неколку илјади студенти учат во Молдова користејќи латинично писмо, оваа пракса е ограничена. Молдавскиот јазик и латиницата се поврзуваат со поддршка на единство со Молдова, додека пак рускиот јазик и кирилицата се поврзуваат се сепаратистичките цели. Родителите кои ги пуштаат нивните деца во училишта кои користат латинично писмо, и самите училишта, се соочија со рутинско вознемирување од страна на безбедносните сили.
Властите сериозно ја ограничуваат слободата на мирно собирање и ретко ги издаваат потребните дозволи за јавни протести. ...
Судството е потчинето на извршната власт и генерално ја спроведува волјата на властите ...
Властите ги дискриминираат етничките Молдавци, кои сочинуваат 40 проценти од населението. Се верува дека Русите и Украинците заедно чинат тесно мнозинство, и една третина од жителите на регионот имаат руски пасоши.“
III. РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО
A. Документи од меѓународно право во врска со државна одговорност за незаконити акти
1. Нацрт членови за одговорност на државите за меѓународни незаконити акти на Комисијата за меѓународно право [International Law Commission’s Draft Articles on the Responsibility of States for Internationally Wrongful Acts]
74. Комисијата за меѓународно право (КМП) усвои нацрт членови за одговорност на државите за меѓународни незаконити акти („Нацрт членовите“) во август 2001. Член 6 и 8 од Глава II од Нацрт членовите предвидуваат:
„член 6: Постапување на органи ставени на располагање од една на друга држава
Постапувањето на орган кој е ставен на располагање од една на друга држава ќе се смета за акт на првата држава согласно меѓународното право ако органот дејствува во вршеење на делови на власт на Владата од државата на чие располагање е даден.
член 8: Постапување раководено или контолирано од држава
Постапувањето на едно лица или група на лица ќе се смета за акт на држава според меѓународното право ако тоа лице или група на лица всушност дејствуваат по инструкции или под раководство или контрола на таа држава во вршењето на актот“
2. Судска пракса на Меѓународниот суд на правдата (МСП)
75. Во своето советодавно мислење „Правни последици за државите од продолженото присуство на Јужна Африка во Намибија, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност 276 (1970)“, МСП одлучил, за обврската според меѓународното право да се стави крај на илегална ситуација:
„117. Откако ги донесе овие заклучоци, Судот сега ќе се осврне на правните последици кои настануваат за државите од продолженото присуство на Јужна Африка во Намибија, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност 276 (1970). Обврзувачка одлука дадена од надлежен орган на Организацијата на Обединети нации дека некоја ситуација е нелегална не може да биде без последици. Штом Судот е соочен со таква ситуација, тој не би ги исполнувал своите судски функции ако не декларира дека има обврска, особено за членките на Организацијата на Обединети нации, да стават крај на таа ситуација. Како што овој Суд има одлучувано, во однос на една од неговите одлуки со која се прогласува ситуација за спротивна на владеењето на меѓународното право: „Оваа одлука повлекува правна последица, имено последицата да се стави крај на незаконитата ситуација“(I.C.J. Reports 1951, стр. 82).
118. Јужна Африка, затоа што е одговорна за создавање и одржување на ситуација за која овој Суд најде дека е валидно прогласена за незаконита, има обврска да стави крај на таа ситуација. Затоа таа има обврска да ја повлече својата администрација од теиторијата на Намибија. Со одржување на моменталната незаконита ситуација, и окупирајќи ја територијата без основ, Јужна Африка сноси меѓународни одговорности кои настануваат од продолжената повреда на меѓународна обврска. Таа исто така останува одговорна за сите повреди на нејзините меѓународни обврски, или на правата на народот на Намибија. Фактот што Јужна Африка повеќе нема основ за да управува со територијата не ја ослободува од нејзините обврски и одговорности според меѓународното право кон други држави во однос на вршењето на нејзините овластувања во врска со оваа територија. Физичка контрола над територија, а не суверенитет или легтимитет на држењето на територија, е основа за државна одговорност за акти кои влијаат на други држави.“
76. Во Случајот во врска со примена на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид (Босна и Херцеговина против Србија и Црна Гора), пресуда од 26 февруари 2007, МСП одлучи, за прашањето за државна одговорност:
„391. Првото прашање кое се поставува со овој аргумент е дали е можно во принцип да се припише на една држава однесување на лица – или групи на лица – кои иако немаат правен статус на државни органи, всушност дејствуваат под толку строга контрола на државата да мора да бидат третирани како нејзини органи заради неопходно припишување кое води кон одговорност на државата за меѓународен незаконит акт. Судот всушност веќе се има осврнато на ова прашање, и со оглед на одговорот за него во принцип, во неговата пресуда од 27 јуни 1998 во случајот кој се однесува на Воени и паравоени активности во и против Никарагва (Никарагва против Соединетите Американски Држави) (мериторно одлучување, пресуда I.C.J. Reports 1986, стр. 62-64). Во параграф 109 од таа пресуда Судот кажал дека морало да
‘одлучи ..... дали односот на бунтовниците кон Владата на Соединетите Американски Држави бил до толку однос на зависност од една страна и контрола од друга да било правилно да се изедначат бунтовниците, во правна смисла, со орган на Владата на Соединетите Американски Држави, или дека дејствуваат во име на таа Влада (стр. 62).
Затоа, оценувајќи ги фактите од аспект на информациите со кои располага, Судот забележа дека нема јасни докази дека Соединетите Американски Држави фактички вршеле таков степен на контрола во сите области за го оправдаат третирањето на бунтовниците како да дејствуваат во нејзино име“ (параграф 109) и потоа заклучил дека „доказите со кои Судот располага...се неодоволни за да ја докажат целосната зависност на бунтовниците од Соединетите Американски Држави, така што Судот не можел да одлучи дека бунтовничките сили може да се изедначат во правна смисла со силите на Соединетите Американски Држави (стр. 62-63, пара. 110).
392. Цитираните пасуси покажуват дека според јуриспруденцијата на Судот, лица, или групи на лица или ентитети може во смисла на меѓународна одговорност, да се изедначат со државни органи дури ако тој статус не произлегува од домашното право, под услов, лицата, групите на лица или ентитети фактички да дејствуваат во „целосна зависност“ од државата на која на крај се само инструмент. Во таков случај, соодветно е да се погледне надвор од правниот статус сам по себе, за да се сфати реалноста на односот помеѓу лицето кое презема дејствија и државата кон кој тој е толку приврзан да се чини дека не е ништо повеќе од службено лица: секое друго решение би им дозволило на државите да избегнат меѓународна одговорност одбирајќи да дејствуваат преку лица или ентитети чија наводна независност ќе биде целосна фиктивна.
393. Сепак, на тој начин да се изедначат лица или ентитети со држави органи когга немаат таков статус во домашното право мора да биде по исклучок, затоа што наложува доказ од особено висок степен на државна контрола над нив, однос кој пресудата на Судот цитирана погоре го опишува како ‘целосна независност’. ...“
МСП потоа одлучи дека Србија не била директно одговорна за геноцид во текот на војната во Босна 1992-1995. Тој сепак одлучи дека Србија ја повредила својата позитивна обврска да спречи геноцид, согласно Конвенцијата за спречување и казнување на кривичното дело геноцид, преку непреземање на сите мерки во нејзина моќ да го спречи геноцидот до кој дојде во Сребреница во јули 1992 и со непредавање на Ratko Mladić, обвинет за геноцид и соучество во геноцид, за судење од Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија.
Б. Одредби на меѓународни договори за правото на образование
1. Универзална декларација за човекови права од 1948
77. Член 26 од Универзалната декларација за човекови права предвидува:
„(1) Секој има право на образование. Образованието треба да биде бесплатно, барем во основните нивоа. Основното образование е задолжително. Техничкото и стручното образование треба да бидат достапни на сите подеднакво, а пристапот кон високото образование ќе биде достапен за сите врз основа на нивниот успех.
(2) Образованието ќе биде насочено кон целосен развој на човековата личност и на зајакнување на почитувањето на човековите права и основни слободи. Образованието ќе промовира разбирање, толеранција и пријателство помеѓу нациите, расните или верските групи, и ќе ги унапредува активностите на Организацијата на Обединети нации за одржување на мирот.
(3) Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието за своите деца “
2. Конвенција против дискриминација во образованието од 1960
78. Оваа Конвенција, којашто беше усвоена од Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Организацијата на Обединети нации на нејзината 11-та седница во октомври-декември 1960, предвидува во членовите 1,3 и 5:
„члем 1
1. Во смисла на оваа Конвенцијата, поимот „дискриминација“ вклучува секаква разлика, исклучување, ограничување или преферирање кое, засновано на раса, боја на кожа, пол, вера, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, има за цел или последица поништување или оштетување на еднаквоста во постапувањето во образованието и особено:
(a) Оневозможување на лица лли група на лица на пристап до образование од било кој вид или од било кој степен;
(б) Ограничување на лице или група на лица на образование од понизок стандард;
(в) Под услов на одредбите на член 2 од оваа Конвенција, за основање или одржување одвоени образовни системи или институции за лица или групи на лица; или
(г) Намстнување на било кое лице или група на лица услови кои се неспојливи со човековото достоинство.
2. Во смисла на оваа Конвенција, поимот „образование“ се однесува на сите видови и степени на образование, и вклучува пристап до образование, стандардот и квалиетот на обрзаованието, и условите под кои тоа се дава.
член 3
Со цел да се елиминира и спречи дискриминација во смисла на оваа Конвенција државите договорнички се обврзуваат:
(a) Да укинат било какви законски одредби и било какви административни инструкции и да престанат со било какви административни практики кои вклучуваат дискриминација во образованието;
...
член 5
1.Државите договорни страни на Конвенцијата се согласуваат дека:
(a) Образованието ќе биде насочено кон целосен развој на човековата личност и на зајакнување на почитувањето на човековите права и основни слободи. Образованието ќе промовира разбирање, толеранција и пријателство помеѓу нациите, расните или верските групи, и ќе ги унапредува активностите на Организацијата на Обединети нации за одржување на мирот....“
3. Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права од 1966
79. Член 13 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права предвидува:
“1. Државите договорнички на овој Пакт го признаваат правото на образование на секое лице. Тие се согласни дека образованието ќе биде насочено кон целосен развој на човековата личност и чувството на неговото достоинство, како и кон јакнење на почитта за човековите права и основни слободи. Тие, исто така, се согласни дека образованието мора секому да му овозможи практично да учествува во слободното општество да го унапреди разбирањето, толеранцијата и пријателство помеѓу сите нации и сите расни, етнички или верски групи, и ќе ги унапредува активностите на Организацијата на Обединети нации за одржување на мирот
2. Државите договорнички на овој Пакт потврдуваат дека за постигнување на целосно остварување на ова право:
(a) основното образование ќе биде задолжително и бесплатно за сите;
(б) средното образование во своите различни форми, вклучувајќи ја тука и средно техничката и стручна настава, ќе биде општо и достапно за сите преку сите достапни средства, а особено со воведувањето на бесплатна настава;
(в) Високото образование ќе биде подеднакво достапно за секого според неговите способности преку сите достапни средства, особено со постепено воведувањето на бесплатна настава;
(г) Основното образование ќе се поттикнува или интензивира колку што е можно повеќе за оние кои воопшто не се стекнале со или не го завршиле целото основно образование;
(д) Активно ќе се настојува да ја развиваат училишната мрежа на сите степени, да се установуваат стипендии и постојано да ги подобруваат материјалните услови на наставниот кадар
3. Државите договорнички на овој Пакт се обврзуваат да ја почитуваат слободата на родителите и, во случај на потреба на законски старатели, да изберат за своите деца други образовни институции од оние што ги основала јавната власт, доколку се во согласност со најнужните прописи кои можат да бидат донесени или одобрени од страна на државата во областа на образованието заради обезбедување на верско и морално воспитување на нивните деца согласно нивните сопствени убедувања.
4. Ниедна одредба од овој член не смее да се толкува како да се меша во слободата на поединецот и правните лица да основаат и да управуваат со образовни установи, под услов да бидат почитувани начелата изнесени во првиот став на овој член и образованието кое се нуди во тие установи да биде во согласност во најнужните прописи кои би можела да ги донесе државата.“
4. Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација од 1966
80. Член 5 од Конвенцијата на Организацијата на Обединети нации наведена погоре, предвидува (во делот кој е релевантен):
„Во осгласност со основните обврски предвидени со член 2 од оваа Конвенција, државите договорники се обврзуваат да ја забранат и елиминираат расната дискриминација во сите нејзини облици и да гарантираат секому, без разлика на раса, боја на кожа, национални или етничко потекло, еднаквост пред законот, особено во уживањето на следните права:
...
(e) Економски, социјални и културни права, особено:
...
(v) Правото на образование о обука;“
5. Конвенцијата за правата на детето од 1989
81. Член 28 и член 29 од Конвенцијата на Организацијата на Обединети нации наведена погоре предвидуваат:
„член 28
1. Државите договорнчки го признаваат правото на детето на образование, и со цел постепено да се постигне тоа право и врз основа на еднакви можности, тие посебно ќе:
(a) Го направат основното обрзавоание задолжително и бесплатно за сите;
(б) Го поттикнуваат развојот на различните облици средно обрезование, вклучувајќи го општото и стручното образование кое им е достапно на сите деца, и преземаат соодветни мерки, како што се воведувањето и давањето финансиска помош во случај на потреба.
(в) На сите им овозможуваат добивање на високо образование врз основа на способности, користејќи ги сите погодни средства;
(г) Образовните и стручните информации и услугите за професионална ориентација да ги стават на располагање и да ги направат достапни за сите деца;
(ѓ) Преземаат мерки за поттикнување на редовното посетување на училиштата и за намалување на бројот на исписи од училиштата.
2. Државите договорнички ги преземаат сите соодветни мерки дисциплината во училиштата да може да се спроведува на начин кој е во согласност со човечкото достоинство на детето и со оваа Конвенција
3. Државите договорнички ја унапредуваат и ја поттикнуваат меѓународната соработка за прашањата кои се однесуваат на образованието особено поради придонесот во елиминирањето на незнаењето и неписменоста во светот и олеснувањето на пристап кон науката, техничкото знаење и современите методи на наставата. Во тој поглед особено внимание ќм се посветува на потребите на земјите во развој.
член 29
1. Државите договорнички се согласни дека образованието на детето треба да биде насочено кон:
(a) Развојот на личноста на детето и развојот на неговите таленти та и менталните и физички способности до крајни граници;
(б) Развивање на почитувањето на правата на човекот и основните слободи како и почитувањето на принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации;
(в) Развивање на почитувањето кон родителите на детето, неговиот или нејзиниот културен идентитет, јазик и вредности, кон националните вредности на земјата во која детето живее и на земјата од која тој или таа има потекло, како и цивилизациите кои се различни од сопствената.
(г) Подготвување на детето за одговорен живот во слободното општество во дух на разбирање, мир, толеранција, еднаквост на половите и пријателство меѓу сите народи, меѓу етничките, национални и верски групи и лица од домородно потекло.
(д) Развој на почитувањето на природната средина
2. Ниту една одредба на овој член како ни од член 28 на смее да се толкува како ограничување на слободата на поединците и на телата да формираат и да управуваат со образовните установи секогаш имајќи го во вид почитувањето на принципите изложени во точка 1 на овој член и под услов дека образованието во таквите институции е во согласност со минималните стандарди кои може да се пропишани од државата.“
ПРАВО
82. Жалителите се жалеа за насилното затворање на нивните училишта од страна на органите на „МРП“ и мерките преземени од тие органи за да ги вознемируваат и заплашат заради нивниот избор да го водат и следат образованието на децата во училишта каде наставен јазик е молдавскиот/романскиот. Судот мора прво да одлучи дали, во однос на прашањата кои се предмет на жалба, жалителите влегуваат во надлежност на една или двете тужени држави, во смисла на член 1 од Конвенцијата.
I. НАДЛЕЖНОСТ
A. Аргументи на странките
1. Жалителите
(a) Надлежност на Република Молдова
83. Жалителите изјавија дека иако Молдова немала практична контрола над Приднестровие, регионот јасно останал дел од националната територија и заштитата на човековите права таму останала одговорност на Молдова.
84. Жалителите сметаа дека позитивните обврски на Молдова кон нив дејствувале на неколку меѓусебно поврзани нивоа. Молдова имала одговорност да ги преземе сите изводливи мерки за да го врати владеењето на правото и нејзината суверена власт во Приднестровие. Таа исто така имала позитивна обврска да ги преземе сите изводливи мерки конкретно да ја поправи ситуацијата на жалителите и да ја заштити нивната слобода да учат и нивните деца да учат во училишта кои го користат молдавскиот државен јазик. Жалителите тврдеа дека и покрај тоа што Молдова нема севкупна контрола во Приднестровие, таа имала значителни средства на располагање во политичката и економската област кои можеле да влијаат на нејзиниот континуиран однос со органите на „МРП“.
(б) Надлежност на Руската Федерација
85. Жалителите посочија дека затворањето на училиштата се случило во 2004, кратко време откако Судот ја донесол пресудата во Ilaşcu (цитирана погоре). Тие истакнаа дека заклучоците на Судот во однос на фактите во Ilaşcu, кои го навеле да најде дека Русија вршела одлучувачко влијание врз „МРП“, важеле подеднакво и во овој случај.
86. Жалителите нагласија дека од 2004 немало потврдени повлекувања на руско оружје и опрема. Тие тврдеа дека Русија склучила тајни договори со лидерите на „МРП“ во врска со раководењето со складовите на оружје. Во 2005 бројките на самата руска Влада покажувале дека имало 2,200 руски трупи стационирани во регионот и немало докази да покажат дека таа бројка значително се намалила. Нивното присуство било оправдувано од Русија дека е потребно за чување на маггацините со оружје. Жалителите истакнаа дека присуството и на оружјето и на трупите било спротивно на меѓународните обврски на Русија. Жалителите исто така истакнаа дека немало индикации дека има јасна посветеност за отстранување на трупите и оружјето. Напротив, официјалните руски изјави посочувале дека повлекувањето било условено со постигнување на политичко решение. Според жалителите, продолженото руско воено присуство претставувало латентна закана за идна воена интервенција, што дејствувало да ја заплаши молдавската Влада и противниците на сепаратистчкиот режим во Приднестровие.
87. Жалителите тврдеа дека Приднестровие зависело од увозот на енергија од Русија и од руски инвестиции, помош и трговија. 18% од извозот на „МРП“ биле во Русија и 43.7% oд увозот, особено на енергија. „МРП“ плаќала не повеќе од 5% од гасот кој го користела, но Русија на преземала мерки да го наплати долгот. Русија давала директна хуманитарна помош на Приднестровие, воглавно во форма на придонеси за старосни пензии, спротивно на молдавскиот закон. Жалителите тврдеа дека официјални руски извори изјавиле дека помеѓу 2007 и 2010 вкупниот обем на финансиска помош на Приднестровие бил 55 милиони УСД.
88. Жалителите истакнаа дека рускиот политички естаблишмент гледал на Приднестровие како на огранок на Русија. Тие дадоа примери на изјави на членови на Думата во поддршка на независноста на „МРП“ од Молдова и се повикаа на повици од Igor Smirnov, Претседателот на „МРП“, до јануари 2012, Приднестровие да биде припоено кон Руската Федерација. Тие исто така нагласија дека на околу 120,000 лица кои живеат во Приднестровие им било дадено руско државјанство. Во февруари и март 2005 „во одговор на мерките преземени од молдавската Влада насочени кон влошување на ситуацијата во Приднестровие“, Думата усвоила резолуции со кои бара од руската Влада да воведе забрана за увоз на молдавски алкохолни и тутунски производи, извоз на енергија во Молдова (освен Приднестровие) по меѓународна цена, да наложи виза за молдавски државјани кои влегуваат во Русија, освен за жители на Приднестровие. Жалителите се повикаа на заклучоците на Меѓународниот монетарен фонд, дека тие мерки имале комбиниран негативен ефекн врз економскиот раст на Молдова од 2-3% годишно во 2006-2007.
2. Молдавската Влада
(a) Надлежноста на Република Молдова
89. Молдавската Влада истакна дека според образложението на пресудата во Ilaşcu (цитирана погоре), жалителите биле во надлежност на Молдова затоа што тврдејќи дека територијата ѝ припаѓа и обидувајќи се да ги обезбеди правата на жалителите, молдавските органи презеле позитивни обврски во однос на нив. Молдавската Влада остана на тврдењето дека тие сепак немале надлежност, во смисла на власт и контрола над територијата на Приднестровие, сепак таа продолжила да ги исполнува позитивните обврски започнати со Ilaşcu. За молдавската Влада, главното прашање во однос на Молдова било колку таква позитивна обврска може да дејствува во ангажирањето на надлежноста на државата. Таа се повика, во тој поглед, на делумно спротивставеното мислење на судијата Сер Nicolas Bratza кон кое се придружија судиите Rozakis, Hedigan, Thomassen и Panţîru во пресудата Ilaşcu.
(б) Надлежноста на Руската Федерација
90. Молдавската Влада сметаше дека, со оглед на принципите наведени во Al-Skeini and Others v. the United Kingdom [GC], no. 55721/07, 7 July 2011, фактите на овој случај влегувале во надлежност на Русија поради контиунираното воено присуство кое го спречувало решавањето на конфликтот.
91. Молдавската Влада нагласи дека таа немала пристап до магацинот за оружје во Колбашна и затоа ниту реално знаење за квантитетот на оружје кое сѐ уште го чувала Руската Федерација во Приднестровие. Таа сметаше дека било тешко да се направи јасна ралика меѓу руските војници кои биле дел од мировните сили согласно договорот за примирје и руските војници во рамките на Руската оперативна група („РОГ“), стационирани во Приднестровие за чување на залихите на оружје. Владата истакна дека ако се тргнат настрана командантите на високи позиции кои најверојатно биле директно регрутирани од Русија, многу од обичните војници од двете сили биле руски државјани од Приднестровие кои го поддржувале сепаратистичкиот режим. На крај, Владата нагласи дека воениот аеродром во Тиразпол бил под руска контрола и дека службени лица на „МРП“ можеле слободно да го користат.
92. Молдавската Влада истакна дека присуството на руски војници и оружје во Приднестровие ги блокирало напорите за решавање на конфликтот и помагало да се одржи на власт сепаратистичкиот режим. Молдавската Влада била во неповолна ситуација и не можела да преговара слободно без закана дека ќе се прекине со руското воено повлекување, како што се случило кога Молдова го одбила Меморандумот Козак (види параграф 27 погоре). Противењето на „МРП“ на отстранувањето на оружје, според Владата, не дало прифатливо оправдување за не отстранување или уништување, а руската Влада не требала да прифати да се повикува на такво противење. Молдавската Влада била подготвена да соработува на секој начин, освен кога соработката подразбирала несоодветно тешки услови, како оние содржани во „Меморандумот Козак“. Активното учество на други меѓународни партнери во процесот на преговори исто така требало да дејствува за да ублажи каков било прекумерен товар врз Русија кој настанува од практичните мерки за уништување на залихите на оружје.
93. Молдавската Влада изјави дека економијата на „МРП“ била насочена кон извоз на стоки кон Русија и Украина; немало вистински трговски врски меѓу „МРП“ и Молдова. Сепак, само 20% од населението биле економски активни и регионот преживувал заради економската поддршка од Русија во облик на отпишување на долговите за гас и донации. На пример, во 2011 „МРП“ добила финансиска помош од Русија во вкупен износ од 20.64 милиони УСД. Во 2011 Приднестровие потрошила гас во вредност ос 505 милиони УСД, но платила само 4% (20 милиони УСД).
94. На крај, Молдавската Влада истакна дека политиката на „МРП“ била целосно ориентирана кон Русија и далеку од Молдова. Имало многу посети на високо ниво помеѓу Русија и Приднестровие и изјави на поддршка од важни руски политичари. Сепак, политичката ситуација константно се менувала и тешко било да се направи обемна проценка.
3. Руската Влада
(a) Надлежноста на Република Молдова
95. Руската Влада не коментираше во однос на позицијата за надлежност дадена од Република Молдова во овој случај.
(б) Надлежноста на Руската Федерација
96. Руската Влада не се согласи со пристапот на Судот за надлежност во пресудите Ilaşcu и Al-Skeini (двете цитирани погоре). Таа истакна дека било волја на државите договорнички, како што е изразена во член 1 од Конвенцијата, дека во отсуство на изречна декларација според член 56, надлежноста на секоја држава треба да биде ограничена на нејзините територијални граници. Во спротивно, пристапот прифатен од Судот во Banković and Others v. Belgium and 16 Other Contracting States (dec.) [GC], no. 52207/99, ECHR 2001‑XII било поточно толкување, затоа што потврдувал дека надлежноста можела да се прошири вон територија, само во исклучителни случаи. За руската Влада, надлежноста по исклучок можела да се прошири вон територија кога државата договорничка вршела ефективна контрола над друга територија, еквивалентна на степенот на контрола кој го врши над своја територија во време на мир. Тоа може да вклучува случаи во кои државата договорничка на долг рок окупирала или кога територијата била ефективно контролирана од влада којашто правилно се сметала за орган на релевантната држава договорничка, согласно тестот употребен од Меѓународниот суд на правдата во Случајот во врска со примената на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид (Босна и Херецеговина против Србија и Црна Гора (види параграф 76 погоре). Не можело да се каже дека Русија имала надлежност во овој случај, каде територијата била контролирана од де факто Влада која не била орган или инструмент на Русјија.
97. Како уште една алтернатива, руската Влада изјави дека овој случај требало да се разликува од претходни случаи затоа што немало докази на било каквов вонтериторијален акт на руските органи. Спротивно на тоа, во Al-Skeini, на пример, Суодт одлучил дека роднините на жалителите биле во надлежност на Обединетото Кралство затоа што биле убиени од британски војници. Дури и во Ilaşcu Судот ја засновал својата одлука на два аргументи за да утврди руска надлежност: прво, дека „МРП“ била предмет на доминантно влијание на Русија, но исто така дека жалителите биле уапсени и пренесени во притвор на „МРП“ од страна на руски војници. Во Ilaşcu одлуката на Судот била заснована на фактот што Русија била директно инволвирана во апсењето и после ратификација на Конвенцијата, не направила доволно напори да го обезбеди нивното ослободувње. Во овој случај, руската Влада нагласи дека немало причинско-последична врска помеѓу присуството на руските сили во Приднестровие и постапувањето со училиштата на жалителите. Напротив, руската Влада се обидела да ја реши училишната криза постапувајќи како посредник. Понатаму, руската Влада изјави дека немало докази дека Русија вршела ефективна воена или политичка контрола во Приднестровие. Ако Судот најдел руска надлежност во овој случај, тоа практично би значело дека Русија би била одговорна согласно Конвенцијата за секоја повреда која настанува во Приднестровие, и покрај незначителната големина на руското воено присуство таму. Затоа, Судот требало да најде дека фактите кои се предмет на жалба се надвор од надлежноста на Русија согласно член 1 од Конвенцијата.
98. Руската Влада не даде било какви бројки во однос на количината на оружје кое сѐ уште се чува во Колбашна во Приднестровие. Сепак, таа инсистираше дека тоа оружје, муниција и воен имот биле отстранети помеѓу 1999 и 2003. Во 2003, молдавската Влада одбила да го потпише Меморандумот за воспоставување на обединета молдавска држава („Меморандумот Козак“), „МРП“ го блокирала повлекувањето на сите други парчиња. Според руската Влада, соработката на молдавските органи било исто така потребна, затоа што тие ја блокирале употребата на железницата од „МРП“ кон територијата контролирана од Молдова. Во моментот само гранати, рачни гранати, мини за минофрлач и огнестрелно оружје биле чувани во складовите. Над 60% од оваа опрема ќе биле уништени на крајот на периодот на гаранцијата, но руската Влада не прецизира кога тоа ќе биде. Понатаму, неговото уништување би било можно само кога ќе се постигне договор за безбедност по околината. Руската Влада нагласи дека таа имала одговорност да ги чува залихите на оружје и да ги штити од кражби Руската Влада нагласи дека таа имала одговорност да ги чува залихите оружје и да ги штити од кражба, но дека сепак се чувствувала под притисок да ги отстрани 1,000 војници кои биле во Приднестровие за ги чуваат. Покрај овој мал контингент, имало приближно 1,125 руски војници стационирани во безбедносната зона како дел од меѓународно договорените мировни сили. Безбедносната зона била долга 225 км и широка 12-20 км. Според руската Влада, очигледно било дека присуството на неколку стотини руски војници кои чуваат воени складови и извршуваат мировни функции не би можеле да бидат инструмент на практична севкупна контрола врз Приднестровие.
99. Руската Влада негираше дека таа давала било каква економсна поддршка на „МРП“. Што се однесува на доставата на гас, таа објасни дека затоа што „МРП“ не била призната како посебен ентитет според меѓународното право, таа не можела да има свои суверени долгови кон Русија и Русија не правела одвоена достава на гас до Молдова и Приднестровие. Сметката за достава на гас до Приднестровие, затоа била припишана на Молдова. Доставата на гас во регионот била организирана преку руската јавна корпорација Газпром и акционерското друштво Молдовагаз, кое било во заедничка сопственост на Молдова и „МРП“. Долгот на Молдовагаз кон Русија надминувал 1.8 милијарди УСД, од кои 1.5 милијарди во врска со гас потрошен во Приднестровие. Газпром не можел едноставно да одбие достана на гас во регионот, затоа што му биле потребни гасоводите низ Молдова за достава до балканските држави. Сложени преговори помеѓу Газпром и Молдовагаз биле во тек во врска со враќањето на долгот. Во 2003-2004 било предложено решение според кое „МРП“ би дозволила на Русија да ја отстрани воената опрема во вредност од 1 милион УСД за возврат на што Русија би отпишала еквивалентна сума од долгот за гас, но, ова решение не било никогаш спроведено затоа што во тој момент односите меѓу Молдова и „МРП“ се влошиле и ниту една страна не била подготвена да се согласи. Руската Влада негираше дека имало одвоени договори за достава на гас во Молдова и Приднестровие и истакна дека било невозможно Газпром да има различни цени за потрошувачите во секој дел од земјата. Од 2008 Молдова требала да плаќа гас по европски цени, а не по поволни домашни цени.
100. Во однос на финансиската помош, руската Влада изјави дека износот на помош дадена на руски граѓани кои живеат во регионот за хуманитарни цели, како што е исплата на пензии и помош за одржување на училипта, затвори и болници бил целосно транспарентен и можел да се спореди со хуминатарната помош дадена од Европската унија. Покрај тоа што давала помош за населението кое живее во Приднестровие, Русија давала помош и за тие кои живеат во други делови на Молдова. Покрај тоа, руската Влада негираше дека Молдова била подложена на економски санкции заради нејзината позиција во однос на „МРП“ и нагласи дека Претседателот и Владата, а не Думата, биле одоговорни за економската политика. Во март 2006 биле воведени ограничувања на увозот на вино од Молдова заради тоа што биле откриени прекршувања на санитарните норми. Увозот на молдавско вино продолжил од 1 ноември 2006 после експертски извештај. Органите на Руската Федерација ја сметале Република Молдова како единствена држава и немале одвоени трговски и економски аранжамани со Приднестровие.
101. Во врска со политичката поддршка, руската Влада тврдеше дека, како прашање на меѓународното право, дури и ако можело да се утврди дека Русија политички ги поддржувала органите на „МРП“ на било кој начин, тоа не би покажало дека Русија е одговорна за повреди на човековите права направени од нив. Според неа, било апсурдно да се каже дека кога локална влада има демократски мандат, секоја надворешна власт која ја поддржувала станувала одговорна за незјините повреди на човекови права.
Б. Оцена на Судот
1. Општи принципи кои се релевантни за надлежност согласно член 1 од Конвенцијата
102. Член 1 од Конвенцијата гласи:
„Високите страни договорнички им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенцијата“
103. Судот има воспоставено повеќе јасни принципи во неговата судска пракса по член 1. Така, како што е предвидено со тој член, обврската која е преземена од една држава договорничка е ограничена на „признавање“ (“reconnaître” во текстот на француски јазик) на наброените права и слободи на лица под нејзина „надлежност“ (види Soering v. the United Kingdom, 7 July 1989, § 86, Series A no. 161; Banković and Others v. Belgium and Others [GC] (dec.), no. 52207/99, § 66, ECHR 2001- XII). „Надлежноста“ согласно член 1 е критериум на праг. Вршењето на надлежност е неопходен услов за една држава договорничка да може да се смета за одговорна за акти или пропуштања кои ѝ се припишуваат и кои доведуваат до навод за повреда на правата и слободите предвидени со Конвенцијата (види Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], no. 48787/99, § 311, ECHR 2004-VII; Al-Skeini and Others v. the United Kingdom [GC], no. 55721/07, § 130, 7 July 2011).
104. Надлежноста на една држава согласно член 1 е пред сѐ територијална (види Soering, цитирана погоре, параграф 86; Banković, цитирана погоре, параграфи 61; 67; Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 312; Al-Skeini, цитирана погоре параграф 131). Вообичаено, се претпоставува дека надлежноста се врши врз целата територија на државата (Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 312; Assanidze v. Georgia [GC], no. 71503/01, § 139, ECHR 2004-II). Наспроти тоа, актите на држави договорнички кои се преземени, или кои имаат последици, надвор од нивна територија, може да претставуваат вршење надлженост во смисла на член 1 само во исклучителни случаи (Banković, цитирана погоре, параграф 67; Al-Skeini, цитирана погоре, параграф 131).
105. До денес, Судот има потврдено повеќе исклучителни околности кои може да доведат до вршење на надлежност од страна на држава договорничка надвор од нејзините територијални граници. Во секој случај, прашањето дали постојат исклучителни околности кои наложуваат и оправдуваат заклучок на Судот дека државата вршела надлежност вон својата територија мора да биде утврдено во однос на конкретните факти (Al‑Skeini, цитирана погоре, параграф 132).
106. Еден исклучок од принципот дека надлежноста по член 1 е ограничена на територијата на самата држава настанува кога, како последица на законита или незаконита воена акција, држава договорничка врши практична контрола над област надвор од нејзината национална територија. Обврската да се признаат, во таа област, правата и слободите предвидени во Конвенцијата, произлегува од фактот на таа контрола, без разлика дали се врши директно, преку оружените сили на државата договорничка или преки потчинета локална адмиистрација ( Loizidou v. Turkey (preliminary objections), 23 March 1995, § 62, Series A no. 310; Cyprus v. Turkey [GC], no. 25781/94, § 76, ECHR 2001-IV, Banković, цитирана погоре, параграф 70; Ilaşcu, цитирана погоре, параграфи 314-316; Loizidou (merits), цитирана погоре, параграф 52; Al-Skeini, цитирана погоре, параграф 138). Кога фактот на таа доминација врз територијата е утврден, не е потребно да се утврди дали државата договорничка врши детална контрола над политиките и постапките на потчинетата локална администрација. Фактот дека локалната администрација опстојува како последица на воената и друга поддршка од страна на државата договорничка ја повлекува одговорноста на таа држава за политиките и постапките на локалната администрација. Државата која има контрола има одговорност согласно член 1 да ги обезбеди во областа под нејзина контрола, целата низа на материјални права шредвидени со Конвенцијата и тие дополнителни протоколи кои ги има ратификувано. Таа ќе биде одговорна за секоја повреда на тие права (Cyprus v. Turkey, цитирана погоре, параграиф 76-77; Al-Skeini, цитирана погоре, параграф 138).
107. Дали една држава договорничка врши практична контрола над област надвор од нејзина територија е фактичко прашање. При одлучувањето дали постои ефективна контрола, Судот пред сѐ ќе земе предвид колку е силно военото присуство на државата во таа област(види Loizidou (merits), цитирана погоре, параграфи 16 и 56; Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 387). Други индикатори може исто така да бидат релевантни, како што е степенот до кој нејзината воена, економска и политичка поддршка за потчитената локална администрација ѝ дава влијание и контрола над регионот (види Ilaşcu, цитирана погоре, параграфи 388-394; Al-Skeini, цитирана погоре, параграф 139).
2. Примена на овие принципи на фактите на овој случај
108. Пригодно е во овој момент да се потсети на главните факти на случајот. Жалителите се деца и родители од молдавската заедница во Приднестровие кои се жалат на последиците врз нивното и образованието на нивните деца и врз нивните семејни животи настанати од јазичната политика на сепаратистичките органи. Суштината на нивните наводи се однесува на дејствијата преземени од органите од „МРП“ во 2002 и 2004, за спроведување на одлуките донесени неколку години претходно, со кои се забранува употреба на латиницата во училиштата и со кои се наложува сите училишта да се регистрираат и да почнат да применуваат наставна програма одобрена од „МРП“ и кирилично писмо. Така, на 22 август 2002, полицијата на „МРП“ насилно ги исфрлила учениците и наставниците од Штефан кел Маре училиштето во Григориопол. На училиштето не му било дозволено повторно да работи во истата зграда и потоа било преселено во други простории на околу 20 км подалеку на територија контролирана од Молдова. Децата и персоналот биле избркани од училиштето Еврика во Рибница во јули 2004. Истиот месец, училиштето Александру кел Бун во Тигина добило закана за затворање и му била исклучена струјата и водата. И двете училишта требало да се преселат во понепогодни и понеопремени простории во нивните родни градови на почетокот на следната учебна година.
(a) Република Молдова
109. Судот мора прво да одлучи дали случајот влегува во надлежност на Република Молдова. Во врска со тоа, тој воочува дека сите три училишта во секој момент биле ситуирани на молдавска тертиторија. Точно е, а и странките прифаќаат, дека Молдова нема власт над делот од нејзината територија на исток од реката Днестар, кој е контролиран од „МРП“. Сепак, во пресудата Ilaşcu, цитирана погоре, Судот одлучи дека лицата лишени од слобода во Приднестровие биле во надлежност на Молдова затоа што Молдова била територијалната држава, иако немала практична контрола над регионот Приднестровие. Обврската на Молдова по член 1 од Конвенцијата, да „ги признае на сите лица под нејзина надлежност правата и слободите [од Конвенцијата]“, била, сепак, ограничена во околностите на позитивна обврска да ги преземе дипломатските, економски, судски и други мерки кои биле и во нејзина власт да ги преземе и во согласност со меѓународното право (види Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 331). Судот донесе сличен заклучок и во Ivanţoc and Others v. Moldova and Russia, no. 23687/05, §§ 105-111, 15 November 2011.
110. Судот не гледа ниту една причина поради која овој случај треба да се разликува. Иако Молдова нема ефективна контрола над актите на „МРП“ во Приднестровие, фактот што регионот е признат согласно меѓународното јавно право како дел од територијата на Молдова доведува до обврска, по член 1 од Конвенцијата, да ги користи сите правни и дипломатски средства со кои располага за да продолжи да го гарантира уживањето на правата и слободите дефинирани со Конвенцијата на лицата кои живеат таму (види Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 333). Судот подолу ќе анализира дали Молдова ја исполнила оваа позитивна обврска.
(б) Руската Федерација
111. Судот следно мора да одлучи дали жалителите исто така влегуваат во надлежност на Руската Федерација или не. Како почетна точка тој го зема фактот што клучните настани во овој случај, имено насилното иселување на училиштата, се случиле помеѓу август 2002 и јули 2004. Тие две години влегуваат во периодот кој Судот го анализирал во пресудата Ilaşcu (цитирана погоре), која беше донесена во јули 2004. Точно е дека во тој случај Судот сметаше дека е релевантно за прашањето дали руската надлежност била ангажирана што г-н Ilaşcu, г-н Leşco, г-н Ivanţoc и г-н Petrov-Popa биле уапсени, притворени и злоупотребувани од војници на четиринаесеттата армија во 1992, која потоа ги пренесла во притвор на „МРП“. Судот сметал дека овие акти, иако се случиле пред Русија да ја ратификува Конвенцијата на 5 мај 1998, биле дел од континуирана и непрекината серија на одговорност од страна на Руската Федерација за притворениците. Судот исто така заклучил, дека во текот на востанието во Приднестровие 1991-1992, органите на Руската Федерација придонесувале и воено и политички во воспоставувањето на сепаратистичкиот режим (види Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 382). Понатаму, во текот на периодот помеѓу мај 1998, кога Русија ја ратификувала Конвенцијата, и мај 2004, кога Судот ја донесе пресудата, Судот одлучи дека „МРП“ опстојувала преку воената, економска, финаниска и политчка поддршка која ја давала Руската Федерација и дека останувала под нејзина ефективна власт, или во најмала рака под одлучувачко влијание на Русија (Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 392). Судот затоа заклучил дека жалителите биле во „надлежност“ на Руската Федерација во смисла на член 1 од Конвенцијата (Ilaşcu, цитирана погоре, параграфи 393-394).
112. Во овие околности, каде Судот веќе има заклучено дека Руската Федерација има надлежност за некои настани во Приднестровие во текот на релевантниот период, смета дека сега товарот е на Руската Федерација да докаже дека Русија немала надлежност во врска со настаните за кои се жалат жалителите во овој случај.
113. Руската Влада негираше дека Русија имала надлежност во Приднестровие во текот на релевантниот период. Таа нагласи, прво, дека овој случај јасно се разликува од Ilaşcu, цитиран погоре, каде Судот одлучил дека руските војници го извршиле првичното апсење и лишување од слобода на жалителите, и Al-Skeini, исто така цитиран погоре, каде Судот нашол дека Обединетото Кралство имало надлежност во однос на ирачки цивили убиени во текот на безбедносни операции спроведени од британски војници.
114. Судот потсетува дека тој има одлучено дека една држава може, во исклучителни околности, да врши надлежност вон своја територија преку вршењето на власт и контрола од страна на службени лица на таа држава над лице или лица, како што на пример се случило во Al-Skeini (цитирана погоре, параграф 149). Сепак, Судот има исто така одлучено дека една држава може да остварува надлежност вон своја територија кога како последица на законита или незаконита воена акција, државата договорничка врши ефективна контрола над област надвор од националната територија (види параграф 106 погоре). Судот прифаќа дека нема докази за било каква директна инволвираност на руски службени лица во мерките преземени против училиштата на жалителите. Сепак, жалителите тврдат дека Русија имала ефективна контрола над „МРП“ во текот на релевантниот период и Судот мора да утврди дали тоа било случај.
115. Владата на Руската Федерација изјави дека Судот можел само да заклучи дека Русија има ефективна контрола само ако утврдел дека „Владата“ на „МРП“ може да се смета за орган на руската држава согласно пристапот заземен од Меѓународниот суд на правдата во Случајот во врска со примена на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид (Босна и Херцеговина против Србија и Црна Гора),(види параграф 76 погоре). Судот потсетува дека во пресудата на која се повикува Руската Федерација, Меѓународниот суд на правдата се занимавал со одлучување на тоа кога постапката на едно лице или група на лица можела да се припише на држава, така што државата може да се зема на одговорност според меѓународното право во однос на таа постапка. Сепак, Судот разгледува друго прашање, имено, дали фактите на кои се жалат жалителите влегуваат во надлежност на тужената држава во смисла на член 1 од Конвенцијата. Како што резимето на судската пракса на Судот наведена погоре покажува, тестот за утврдување на постоење на „надлежност“ според член 1 од Конвенцијата никогаш не бил изедначен со утврдувањето на одговорност на една држава за меѓународен незаконит акт согласно меѓународното право.
116. Во околностите на овој случај, Судот мора да утврди дали, фактички, Русија вршела ефективна контрола над „МРП“ во текот на периодот август 2002-јули 2004. При правењето на оваа оцена, Судот како основа ќе ги земе сите документи кои се изведени пред него, ако е потребно и документи добиени по негова иницијатива (види, mutatis mutandis, Saadi v. Italy [GC], no. 37201/06, § 128, ECHR 2008).
117. Руската Влада нагласи дека нејзиното воено присуство во Приднестровие во текот на релевантниот период било незначително, и се состоело само од приближно 1,000 војници на РОГ за чување на залихите на оружје во Колбашна и упте 1,125 војници стационирани во Безбедносната зона како дел од меѓународно договрените мировни сили. Во пресудата Ilaşcu Судот најде дека имало приближно 1,500 војници на РОГ кои чуваат залихи на оружје (цитирана погоре, параграф 131). Бројот на руски трупи не е оспорен од другите страни на овој случај (види параграф 37 погоре). Што се однесува на складот на оружје во Колбашна, невозможно е прецизно да се утврди неговата големина и што во него се чувало за периодот 2002-2004, затоа што руската Влада не му достави на Судот детални информации кои ѝ беа побарани и затоа што на ниту еден независен набљудувач не му бил дозволен пристап. Сепак, во пресудата Ilaşcu (цитирана погоре, параграф 131), Судот се повика на докази дека во 2003, РОГ имала најмалку 200,000 тони воена опрема и муниција таму, и исто така 106 воени тенкови, 42 оклопни возила, 109 оклопни носачи на персонал, 54 оклопни извиднички возила, 123 камиони и минофрлачи, 206 антитенковски оружја, 226 противвоздухопловни пушки, девет хеликоптери и 1,648 возила од различен тип.
118. Судот прифаќа дека, до 2002-2004, бројот на рускиот воен персонал стациониран во Приднестровие значително се намалил (види Ilaşcu, цитирана погоре, параграф 387) и бил мал во однос на големината на територијата. Сепак, како што Судот одлучи во Ilaşcu (цитирана погоре, параграф 387), со оглед на големината на арсеналот на оружје кој се чувал во Колбашна, важноста на военото присуство на руската армија во регионот и неговото застрашувачко влијание и натаму опстојувале. Понатака, во врска и со складовите на оружје и со трупите, Судот смета дека историската позадина има значително влијание врз позицијата во текот на периодот кој се разгледува во овој случај. Не може да се заборави дека во пресудата Ilaşcu Судот одлучи дека сепаратистите успеале да дојдат до власт во 1992 само како последица на помошта од руската војска. Складот за оружје во Колбашна првично бил имот на четиринаесеттата армија на СССР и Судот најде дека е утврдено вон основано сомнение [beyond reasonable doubt] дека во текот на оружениот конфликт сепаратистите успеале, со помош на војниците на четиринаесеттата армија да се опремат со оружје од складот. Судот понатаму најде дека масовниот трансфер на оружје и муниција на сепаратистите од магацините на четиринаесеттата армија бил клучен во спречувањето на молдавската армија да ја врати контролата над Приднестровие. Покрај тоа, Судот најде дека, од почетокот на конфликтот, голем број на руски државјани кои не се од регионот, особено Козаци, отишле во Приднестровие да се борат на страна на сепаратистите против молдавските сили. На крај, најде дека во април 1992 руската армија стационирана во Приднестровие (РОГ) интервенирала во конфликтот, овозможувајќи им на сепаратистите да го освојат градот Тигина.
119. Руската Влада не му достави на Судот било какви докази за да покаже дека овие заклучоци донесеени во пресудата Ilaşcu биле неверодостојни. Според Судот, со оглед на неговиот заклучок дека сепаратистичкиот режим бил првично поставен како резултат на руска воена помош, фактот што Русија држела склад за оружје на молдавска територија, спротивно на нејзините меѓународни ветувања и обвиено во тајност, заедно со 1,000 трупи за да го чуваат, испраќал силен сигнал на продолжена поддршка за режимот на „МРП“.
120. Како што е споменато погоре, Судот во пресудата Ilaşcu исто така најде дека „МРП“ опстојувала во текот не периодот за кој станува збор само преку, меѓу другото, економската поддршка на Русија (види параграф 111 погоре). Судот не смета дека руската Влада се ослободи од товарот на докажување и не докажа дека овој заклучок е погрешен. Посебно, руската Влада не негира дека руската јавна корпорација Газпром доставувала гас во регионот и дека „МРП“ плаќала само за многу мал дел од гасот кој бил потрошен, и од поединечни домаќинства и од големи индустриски комплекси основани во Приднестровие, за многу од кои Судот има утврдено дека се во руска сопсвеност (види параграфи 39-40 погоре). Руската Влада прифаќа дека троши милиони американски долари секоја година за хуманитарна помош за Приднестровие, вклучувајќи исплата на старосни пензии и финансиска поддршка за училишта, болници и затвори. Со оглед на овие статистички податоци, доставени од молдавската Влада и неоспорени од руската Влада, дека само околу 20% од населението на Приднестровие е економски активно, важноста за локалната економија на руските пензии и останата помош може подобро да се оценат. На крај, Судот воочува дека руската Влада не покажа несогласност со статистичките податоци на жалителите во однос на државјанство според кои на речиси една петтина од оние кои живеат во регионот контролиран од „МРП“ им било дадено руско државјанство (види параграфи 41-42 погоре).
121. Накусо, затоа, руската Влада не го убеди Судот дека заклучоците донесени во 2004 во пресудата Ilaşcu (цитирана погоре) биле неточни. „МРП“ била основана како резултат на руска воена помош. Продолженото присуство на руска војска и оружје во регионот испраќало силен сигнал, до лидерите на „МРП“, молдавската Влада и меѓународните набљудувачи, за продолжената воена поддршка на Русија за сепаратистите. Покрај тоа, населението било зависно од бесплатната или многу субвенционирана достава на гас, пензии и друга финансиска помош од Русија.
122. Судот, затоа, останува на заклучоците во пресудата Ilaşcu (цитирана погоре), дека во текот на периодот 2002-2004 „МРП“ успеала да продолжи да постои, издржувајќи ги молдавските и меѓународните напори да се реши конфликтот и да се воведе демократија и владеење на правото во регионот, само поради руската воена, економска и политичка поддршка. Во овие околности, вискиот степен на зависност на „МРП“ од руска поддршка дава силна индикација дека Русија вршела ефективна контрола и одлучувачко влијание над администрацијата на„МРП“ во периодот на училишната криза.
123. Следува дека жалителите во овој случај влегуваат во надлежност на Русија согласно член 1 од Конвенцијата. Судот сега мора да утврди дали имало било каква повреда на нивните права од Конвенцијата која доведува до одговорност на тужените држави.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 2 ОД ПРОТОКОЛ Бр. 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
124. Член 2 од Протокол бр. 1 од Конвенцијата предвидува:
„Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања.“
A. Аргументи на странките
1. Жалителите
125. Жалителите истакнаа дека Судот треба да ја искористи приликата да ја развие својата судска пракса по член 2 од Протокол бр. 1, земајќи ги предвид меѓународните стандарди за правото на образование. На пример, и член 26 од Универзалната декларација за човекови права, член 13, став 1 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и член 29, став 1, потстав а од Конвенцијата за правата на детето, предвидувале дека образованието треба да е насочено кон „целосен развој на човечката личност“. Судот веќе ја имал потврдено важноста на образованието за развојот на детето, повикувајќи се на овие инструменти: Timishev v. Russia, nos. 55762/00 and 55974/00, § 64, ECHR 2005‑XII). Според жалителите, понатамошна цел на образованието била да се овозможи децата да фуккционираат и учествуваат во општеството, како деца и во иднина како возрасни. Образованието кое не успеало да ги постигне овие цели би можело да го попречи пристапот на детето кон можности и неговата или нејзината способност да се спаси од сиромаштија и да ги ужива другите човекови права. Според жалителите, употребата на јазикот била неделиво врзана со овие образовни приоритети.
126. Жалителите истакнаа дека главните инциденти на кои се повикуваат се случиле од 2002 до 2004, кога училиштата биле принудени да престанат со работа и повторно да започнат во други простории. Тие доставија сведочења со кои се објаснува како дејствијата на „МРП“ против училиштата влијаеле врз нив индивидуално. Летото 2004, училиштата биле затворени и просториите заземени и покасно во нив упаднала полицијата на „МРП“. Наставниците биле уапсени и притворени, а материјали напишани на латиница биле одземени и уништени. Некои родители ги изгубиле нивните работни места заради нивната одлука да ги испратат нивните деца во училишта со молдавски наставен јазик.
127. Жалителите нагласија дека немало значителна промена во нивната ситуација оттогаш. Законот со кој се забранува латиничното писмо останал во сила и предавањето на молдавски/романски носело ризик од вонземирување и кривично гонење. После настаните од 2002 и 2004, многу родители се откажале од борбата нивните деца да следат настава на молдавски/романски. Оние кои опстоиле морале да прифатат дека квалитетот на образованието ќе биде засегнат поради немање на соодветни простории, долгото патување до и од училиште, недостаток на наставен материјал, немање пристап кон вонучилишни активности и континуирано вознемириување, заплашување и вербална злоупотреба. Алтернативата понудена од властите на „МРП“ на оние кои зборуваат молдавски/романски била настава на „молдавски“ (молдавски/романски напишан со кирилично писмо). Сепак, затоа што овој јазик не е признат никаде надвор од Приднестровие и не се користел ниту од администрацијата на „МРП“, а наставните материјали биле од советско време и можностите за понатамошно и повисоко образование биле намалени.
128. Пропуштањето на властите на „МРП“ да обезбедат континуирано обрзаование на доминантниот и службен јазик на територијалната држава јасно влијаел врз суштината на правото на образование. Покрај тоа, немало обид од страна на „МРП“ да го приспособи етничкото молдавско население со слободно дозволување на пристап до приватни училишта каде децата би можеле да се образуваат на нивниот јазик. Жалителите ја споредија нивната позиција со таа на грчкото население во Cyprus v. Turkey, цитирана погоре, параграф 278. Понатаму, жалителите родители се жалеа на мешање во нивното право на почитување на нивните филозофски убедувања во обезбедувањето на образование од државата, особено нивното убедување дека најдобрите интереси на нивните деца биле во настава на молдавски јазик.
129. Жалителите истакнаа дека Молдова имала позитивна обврска да ги преземе сите разумни и соодветни мерки потребни за одржување и заштита на настава на молдавски јазик на целата нејзина територија. Што се однесува на исполнувањето на позитивните обврски од страна на Молдова, жалителите истакнаа дека постапувањето со училиштата кои користат латинично писмо не било услов за решавање на конфликтот во текот на мултилатералните преговори и се чинело дека не фигурирало при комуникација со властите на „МРП“ и руската Влада. На службени лица на „МРП“ им било дозволено да патуваат низ Молдова без проблеми, наспроти мерките преземени од ЕУ за забрана на влез на високи членови на естаблишментот на „МРП“ на територија на ЕУ, меѓу другото, изречно поради начинот на третирање на училиштата кои користат латинично писмо. Жалителите исто така тврдеа дека молдавската Влада не направила доволни напори за да осигура дека децата се вратени во соодветни образовни простории и да ги заштити од вознемирување.
130. Жалителите истакнаа дка повредите во овој случај имале директна и непрекината врска со естаблишментот на Руската Федерација и континуираната поддршка за администрацијата на „МРП“. Немало индикација дека било какви мерки биле преземени од Русија да се спречат повредите или да изрази противење. Напротив, Русија ја поддржувала образовната политика на „МРП“ преку обезбедување наставни материјали за училипта со настава на руски јазик во регионот, признавање на дипломите од училипта со настава на руски јазик и отворање на руски установи за високо образование во Приднестровие без да ја консултира молдавската Влада.
2. Молдавската Влада
131. Молдавската Влада немала детални информации за деталите на продолжената ситуација на жалителите. Сепак, тие можеле да потврдат дека иако се чинело дека почетната фаза на кризата завршила и дека ситуацијата се „нормализирала“, бројот на деца во секое од овие училишта продолжил да се намалува. На пример, бројот на деца во училиштата Александру кел Бун и Еврика речиси се преполовил од 2007 д0 2011, иако бројките во Штефан кел Маре останале релативно стабилни. Сѐ на сѐ, бројот на деца кои учат на молдавски/романски јазик во Приднестровие се намалил од 2,545 во 2009 на 1,908 во 2011.
132. Молдавската Влада истакна дека тие ги презеле сите разумни чекори за да ја подобрат ситуацијата, генерално во однос на конфликтот во Приднестровие и конкретно, во однос на нивната поддршка за училиштата. Таа изјави дека сепаратистичкиот режим на Приднестровие никогаш не бил поддржан или одржуван од Молдова.. Единствена цел на молдавската Влада била да го реши спорот, да стекне контрола над територија и да воспостави владеење на правото и почитување на човековите права.
133. Што се однесува на самите учлишта, молдавската Влада платила за закупнината и реновацијата на зградите, платите на наставниците, наставни материјали, автобуси и компјутери. Според молдавското право, овие жалители, како и сите кои завршувале од училишта во Приднестровие имале посебни привилегии при пријавување за места на молдавски универзитети и установи за високо образование. Понатаму, молдавската Влада го отворила прашањето за училиштата во Приднестровие на меѓународно ниво и побарала меѓународна помош и посредување, на пример, на конференција одржана под покровителство на ЕУ и ОБСЕ во Германија во 2011. Не можело да се очекува од молдавската Влада да направи повеќе за да ја исполни својата позитивна обврска во однос на жалителите, со оглед на тоа дека немала фактичка власт или контрола над територијата за која станува збор.
134. Чекорите кои Молдова ги направила за подобрување на позицијата на жалителите можела да се земе како имплицитно признавање дека нивните права биле повредени. Молдавската Влада не тврдеше, затоа, дека немало повреда на правото на образование во овој случај. Напротив, таа побара Судот внимателно да ја оцени соодветната одговорност на секоја од тужените држави во однос на било каква повреда на правата на жалителите.
3. Руската Влада
135. Рсуката Влада која негираше било каква одговорност за актите на „МРП“, поднесе само кратки опсервации во однос на основаноста нс лучајот. Сепак, таа нагласи дека Русија не можела да се земе за одговорна за актите на полицијата на „МРП“ која упаднала во училишните згради или на локалните органи на „МРП“ за исклучувањето на водата и струјата. Таа нагласи дека Русија била инволвирана во училишната криза само како посредник. Заедно со украинските и посредниците на ОБСЕ, тие настојувале да им помогнат на страните да го решат спорот. Понатаму, таа посочи дека од септември-октомври 2004 после меѓународно посредништво, проблемите биле решени и децата од трите училишта можеле да продолжат со нивното образование.
Б. Оцена на Судот
1. Општи принципи
136. Во толкувањето и применувањето на член 2 од Протокол бр. 1, Судот мора да го земе предвид фактот дека неговиот контекст е меѓународен договор за ефективна заштита на поединечни човекови права и дека Конвенцијата мора да се чита како целина, и да се толкувв на начин да промовира внатрешна усогласеност и хармонија помеѓу различните одредби (Stec and Others v. the United Kingdom (dec.) [GC], nos. 65731/01 and 65900/01, § 48, ECHR 2005-X; Austin and Others v. the United Kingdom [GC], nos. 39692/09, 40713/09 and 41008/09, § 54, 15 March 2012). Двете реченици од член 2 од Протокол бр. 1 затоа мора да се читаат не сако во светло на еден кон друг, туку, особено од аспект на член 8, член 9 и член 10 од Конвенцијата кои го прогласуваат правото на сите, вклучително на родителите и децата, „на почитување на приватниот и семејниот живот“ , на „слобода на мислата, совеста и религијата“ и на „слобода на примање и пренесување информации и идеи“ (види Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen v. Denmark, judgment of 7 December 1976, Series A no. 23, § 52; Folgerø and Others v. Norway [GC], no. 15472/02, § 84, ECHR 2007‑III; Lautsi and Others v. Italy [GC], no. 30814/06, § 60, ECHR 2011 (extracts); види исто така Cyprus v. Turkey [GC], no. 25781/94, § 278, ECHR 2001‑IV). При толкувањето и примената на оваа одредба, мора да се земат предвид сите релевантни правила и принципи од меѓународното право кои се апликативни на односите помеѓу државите договорнички и Конвенцијата колку е можно повеќе да се толкува во склад со други правила од меѓународното право од кое е дел (види Al-Adsani v. the United Kingdom [GC], no. 35763/97, § 55, ECHR 2001-XI; Demir and Baykara v. Turkey [GC], no. 34503/97, § 67, ECHR 2008; Saadi v. the United Kingdom [GC], no. 13229/03, § 62, ECHR 2008-...; Rantsev v. Cyprus and Russia, no. 25965/04, §§ 273-274, ECHR 2010 (extracts)). Одредбите кои се однесуваат на правото на образование наведени во Универзалната декларација за човекови права, Конвенцијата против дискриминација во образованието, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација и Конвенцијата за правата на детето затоа се релевантни (види параграфи 77-81 погоре, види исто така Timishev v. Russia, nos. 55762/00 and 55974/00, § 64, ECHR 2005‑XI). На крај Судот нагласува дека целта и намената на Конвенцијата како инструмент за заштита на индивидуални човечки суштества, наложуваат нејзините одредби да се толкуваат и применуваат на начин нејзините заштитни механизми да се направат практични и ефективни (види, меѓу другото, Soering v. the United Kingdom, 7 July 1989, § 87, Series A no. 161; и Artico v. Italy, 13 May 1980, § 33, Series A no. 37).
137. Обврзувајќи се, во првата реченица на член 2 од Протокол бр. 1, да не го „негираат правото на образование“, државите договорнички гарантираат на сите под нивна надлежност право на пристап до образовни установи кои постојат во даден момент (види Case “relating to certain aspects of the laws on the use of languages in education in Belgium”, judgment of 23 July 1968, Series A no. 6, §§ 3-4). Ова право на пристап претставува само дел од правото на образование наведено во првата реченица. За правото да биде ефективно, понатаму е потребно, меѓу другото, лицето кое го ползува да има можност да добие профит од добиеното образование, што значи, право да добие согласно правилата во сила во секоја држава, во една или друга форма и официјално признавање на студиите кои тоа лице ги завршило (Case “relating to certain aspects of the laws on the use of languages in education in Belgium”, цитирана погоре, параграф 4). Понатаму, иако текстот на член 2 од Протокол бр. 1 не го прецизира јазикот на која наставата мора да е спроведува, правото на образование би останало без смисла ако не подразбирало во полза на носителите на тоа право, право на образование на својот национален јазик или на еден од националните јазцци (Case “relating to certain aspects of the laws on the use of languages in education in Belgium”, цитирана погоре, параграф 3).
138. Правото наведено во втората реченица на тој член е придружно на основното право на образование наведено во првата реченица. Родителите ја имаат примарната одговорност за образование и воспитување на нивните деца и затоа тие може да бараат од државата да ги почитува нивните верски и филозофски убедувања (види Case “relating to certain aspects of the laws on the use of languages in education in Belgium”, цитирана погоре, параграфи 3-5 и Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen v. Denmark, judgment of 7 December 1976, Series A no. 23, § 52). Втората реченица е насочена кон штитење на можноста за плурализам во образованието која можност е суштинска за зачувување на „демократското општество“ замислено со Конвенцијата. Таа подразбира дека државата во исполнувањето на својата функција преземена во однос на образованието и наставата, мора да внимава дека информациите или знаењето вклучено во наставната програма се пренесуваат на објективен, критички и плуралистички начин. На државата ѝ е забрането да остварува цел на индоктринација за која може да се смета дека не ги почитува верските и филозофски убедувања на родителите (Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen, цитирана погоре параграфи 50 и 53; Folgerø, цитирана погоре, параграф 84; Lautsi, цитирана погоре, параграф 62).
139. Правата наведени во член 2 од Протокол бр. 1 важат во однос и на државните и приватните установи (Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen, цитирана погоре, параграф 50). Покрај тоа, Судот има одлучено дека одредбата се применува на основно и на повисоките нивоа на образование (види Leyla Şahin v. Turkey [GC], no. 44774/98, §§ 134 and 136, ECHR 2005-XI).
140. Судот сепак потврдува дека, и покрај неговата важност, правото на образование не е апсолутно, туку може да биде предмет на ограничувања. Под услов да нема повреда на суштината на правото, овие ограничувања се имплицтно дозволени затоа што правото на пристап по самата своја природа бара регулирање од страна на државите (види Case “relating to certain aspects of the laws on the use of languages in education in Belgium”, цитирана погоре, параграф 3). За да осигура дека ограничувањата кои се наметнати не го ограничуваат правото за кое станува збор до тој степен да ја повредуваат неговата суштина и му ја одземаат ефективноста, Судот мора да се убеди дека тие се предвидливи за оние кои се засегнати и дека со нив се остварува легитимна цел. Сепак, за разлика од позицијата во однос на членовите 8, 9, 10 и 11 од Конвенцијата, Судот не е обврзан со исрцпна листа на „легитимни цели“, според член 2 од Протокол бр. 1 (види, mutatis mutandis, Podkolzina v. Latvia, no. 46726/99, § 36, ECHR 2002-II). Понатаму, едно ограничување ќе биде спојливо со член 2 од Протокол бр. 1 ако постои разумен однос на сразмерност помеѓу употребените средства и целта која треба да се оствари (Leyla Şahin, цитирана погоре, параграф 154). Иако конечната одлука во однос на почитувањето на Конвенцијата е на Судот, државите договорнички уживаат определена слобода на оценување [margin of appreciation] во оваа област. Слободата на оценување се зголемува со нивото на образование, обратнопропорционално со важноста на тоа ниво на образование за засегнатите лица и на целото општество (види Ponomaryovi v. Bulgaria, no. 5335/05, § 56, ECHR 2011).
2. Дали имало повреда на правото на жалителите на образование во овој случај
141. Судот воочува дека ниту една од тужените Влади не ги оспори наводите на жалителите за затворање на училиштата. Всушност, клучните настани од 2002 и 2004 биле набљудувани и документирани од повеќе меѓународни организации, вклучувајќи го ОБСЕ (види параграф 66 погоре). Следниот навод на жалителите е дека, иако на училиштата покасно им било дозволено повторно да работат, нивните згради биле преземени од властите на „МРП“ и дека тие морале да се преселат во нови простории кои бил помалку опремени и на помалку погодни локации. Жалителите тврдеа дека тие биле подложени на систематска кампања на вознемирување и заплашување од претставници на режимот на „МРП“ и приватни лица. Децата биле вербално злоупотребувани по патот за училиште и застанувани и претресувани од страна на полицијата на „МРП“ и гранични службеници кои им ги конфискувале книгите на латинично писмо кога ќе ги најделе. Покрај тоа, двете училишта лоцирани на територија под контрола на „МРП“, биле цел на постојани акти на вандализам. Жалителите истакнаа дека алтернативата за родителите и децата од молдавската заедница, била или да го трпат тоа вознемирување или да се запишат во училиште со настава на руски, украински или „молдавски“, што значи молдавски/романски напишан на кирилично писмо. „Молдавскиот“ јазик не бил јазик кој се користи или е признат на било кое друго место во светот, иако бил еден од службените јазици на Молдова во советско време. Тоа значело дека единствените наставни материјали кои биле достапни во „молдавски“ училишта во современо Приднестровие биле од советско време. Немало колеџи или универзитети на „молдавски“ јазик така што децата од тие училишта кои сакале да запишат високо образование морале да учат нова азбука или јазик.
142. Иако е тешко Судот детално да ги утврди фактите поврзани со искуствата на жалителите, после повторното отворање на училиштата, тој сепак го воочува следното. Прво, член 6 од Законот за јазици на „МРП“ бил во сила, а употребата на латиницата била прекршок во „МРП“(види параграф 43 погоре). Второ, јасно е дека училиштата морале да се преселат во нови згради, училиштето Александру кел Бун било поделено во три згради, а учениците во училиштето Штефан кел Маре морале да поминуваат 40 км секој ден. Трето, според бројките дадени од молдавската Влада, бројот на ученици запишани во двете училишта кои се сѐ уште на територија контролирана од „МРП“ приближно се преполовил помеѓу 2007 и 2011 исто така имало значително намалување на бројот на деца кои учат на модавски/романски во цело Приднестровие. Иако се чини дека Приднестровие има население кое старее и дека Молдавците особено емигрирааат (види параграфи 8 и 42 погоре), Судот смета дека намалување од 50% на запишани деца во училиштата Еврика и Александру кел Бун е превисоко за да биде објаснето само со демографски фактори. За Судот, овие неспорни факти служат да го потврдат генералниот аргумент на наводите содржани во 81 писмени изјави поднесени од родителите и децата жалители, во кои се опишува константното вознемирување кое го трпеле.
143. Училиштата цело време биле регистрирани кај молдавското Министерство за образование, користеле наставна програма одобрена од тоа Министерство и обезбедувале настава на првиот службен јазик на Молдова. Судот затоа смета дека насилното затворање на училиштата засновано на „Законот за јазици на „МРП“ (види параграфи 43-44 погоре) и потоа мерките на вознемирување претставувале мешање во правата на учениците на пристап до образовни устанои кои постоеле во тоа време и да бидат школувани на нивниот национален јазик (види параграф 137 погоре). Понатаму, Судот смта дека тие мерки претставувале мешање во правата на жалителите родители да осигураат дека образованието и воспитувањето на нивните деца е во согласност со нивните филозофски убедувања. Како што е наведено погоре, член 2 од Протокол бр. 1 мора да се чита од аспект на член 8 од Конвенцијата, кој помеѓу останатото го штити правото на почитување на приватниот и семејниот живот. Жалителите родители во овој случај сакале нивните деца да бидат образовани на службениот јазик на нивната земја, кој исто така бил нивен мајчин јазик. Наместо тоа, тие биле ставени во позиција да изберат, од една страна, да ги пуштат нивните деца во училишта во кои би се соочиле со неповолноста да го следат нивното средно образование на комбинација од јазик и писмо кои тие ги сметаат за вештачки и кои не се признати на било кое друго место во светот, со наставни материјали произведени во советско време или, да ги подложат нивните деца на долги патувања и/или супстандардни услови, вознемирување и заплашување.
144. Пред Судот нема докази кои сугерираат дека мерките преземени од органите на „МРП“ во однос на тие училипта имале легитимна цел. Всушност, се чини дека јазичната политика на „МРП“, како што била применета во овие училишта, била со намера да се спроведе русификација на јазикот и културата на молдавската заедница која живее во Приднестровие, согласно вкупните политички цели на „МРП“ за обединување со Русија и отцепување од Молдова. Со оглед на фундаменталната важност на основното и средното образование за личниот развој на секое дете и понатамошен успех, било недозволиво да се прекине образованието на овие деца и да се принудат децата и нивните родители да донесуваат тешки одлуки со единствена цел на вкоренување на сепаратистичка идеологија.
3. Одговорност на тужените држави
(a) Република Молдова
145. Судот следно мора да испита дали Република Молдова ја исполнила својата обврска да преземе соодветни и доволни мерки за обезбедување на правата ма жалителите од член 2 од Протокол бр. 1 (види параграф 100 погоре). Во пресудата Ilaşcu цитирана погоре, параграф 339-340), Судот одлучи дека позитивните обврски на Молдова се однесувале и на мерките кои требало да се преземат за да ја врати контролата над територијата на Приднестровие, како израз на нејзина јурисдикција, и на мерките за да осигура почитување на правата на индивидуалните жалители. Обврската да ја врати контролата над Приднестровие наложувала Молдова, прво да се воздржи од поддржување на сепаратистичкиот режим и второ, да дејствува со преземање на сите политички, судски и други мерки кои ѝ се на располагање да ја врати контролата над таа територија.
146. Што се однесува на исполнувањето на овие позитивни обврски, Судот во Ilaşcu понатаму најде дека од почетокот на непријателствата во 1991-92 до датумот на таа пресуда, Молдова ги презела сите мерки во нејзина моќ за да воспостави контрола над територијата на Приднестровие (цитирана погоре, параграфи 341 до 343). Нема докази пред Судот кои сугерираат дека треба да донесе поинаков заклучок во овој случај..
147. Во пресудата Ilaşcu Судот одлучи дека Молдова на ја испочитувала својата позитивна обврска во делот во кој не ги презела сите мерки кои ѝ биле достапни во текот на преговорите со властите на „МРП“ и Русија за да се стави крај на повредата на правата на жалителите (цитирана погоре, параграфи 348-353).Во овој случај, напротив, Судот смета дека молдавската Влада направила значителни напори за да ги поддржи жалителите. Посебно, после одземањето на старите згради на училиштата од страна на „МРП“, молдавската Влада плаќала за закупнината и реновацијата на новите простории како и за опрема, плати на вработените и трошоци за транспорт, на тој начин овозможувајќи им на училиштата да продолжат со настава на молдавски, иако во услови кои биле далеку од идеални (види параграфи 49-53, 56 и 61-63 погоре)
148. Со оглед на претходно наведеното, Судот смета дека Република Молдова ги исполнила своите позитивни обврски во однос на овие жалители, Затоа не наоѓа дека имало повреда на член 2 од Протокол бр. 1 од страна на Република Молдова.
(б) Руската Федерација
149. Судот воочува дека нема докази за било какво директно учество на руски службени лица во мерките преземени против жалителите. Нема ниту докази за руска инволвираност во или одобрување на јазичната политика на „МРП“ генерално. Всушност, преку напори направени од руските посредници, кои дејствувале заедно со посредници од Украина и ОБСЕ, органите на „МРП“ дозволиле училиштата повторно да работата како „странски установи на приватно образование“ (види параграфи 49, 56 и 66 погоре)
150. Сепак, Судот утврди дека Русија вршела ефективна контрола над „МРП“ во текот на периодот за кој станува збор. Со оглед на овој заклучок, и во согласност со судската пракса на Судот, не е потребно да се утврди дали Русија вршела детална контрола над политиките и постапките на потчинетата администрација (види параграф 106 погоре). Преку нејзината континуирана воена, економска и политичка поддршка на „МРП“ која поинаку не можела да опстои, Русија сноси одговорност според Конвенцијата за повреда на правата на жалителите на образование. Како заклучок, Судот одлучува дека имало повреда на член 2 од Протокол бр. 1 од Конвенцијата во однос на Руската Федерација.
V. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
161. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.“
162. Жалителите побараа надомест за нематеријална штета и за трошоци и издатоци.
...
166. Сепак, јасно е дека жалителите, и родителите и децата, претрпеле нематеријална штета како последица на јазичната политика на „МРП“ за која наоѓањето на повреда од страна на Судот не е доволно обештетување. Понатаму, износите кои жалителите ги бараат се превисоки. Одлучувајќи на правична основа, Судот ја проценува нематеријалната штета претрпена од секој од жалителите на 6,000 ЕУР.
...
ОД ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучува, едногласно дека фактите на кои се жалат жалителите влегуваат во надлежност на Република Молдова;
2. Одлуува со шеснаесет гласа против еден дека фактите на кои се жалат жалителите влегуваат во надлежност на Руската Федерација, и го одбива претходниот приговор на Руската Федерација;
3. Одлучува, едногласно, дека немало повреда на член 2 од Протокол бр. 1 во однос на Република Молдова;
4. Одлучува, со шеснаесет гласа против еден дека има повреда на член 2 од Протокол бр. 1 во однос на Руската Федерација;
...
7. Одлучува, со шеснаесет гласа против еден
,
(a) дека Руската Федерација треба да им ги плати на жалителите во рок од три месеци, следните износи;
(i) ЕУР 6,000 (шест илјади евра), плус секој данок кој може да биде пресметан, за нематеријална штета на секој жалител именуван во Распоредот кој е приклучен кон пресудата;
(ii) ЕУР 50,000 (педесет илјади евра), плус секој данок кој може да им биде пресметан на жалителите, во однос на трошоци и издатоци, на сите жалителит заедно;
(б) дека од истекот на гореспоменатите три месеци до исплата, ќе се пресмета камата еднаква на најниската каматна стапка на Европската централна банка во текот на тој период плус три процентни поени;
8. Го одбива, едногласно, останатиот дел од барањето на жалителите за правично задоволување.
Изработена на англиски и француски јазик, и објавена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 19 октомври 2010.
Michael O’BoyleNicolas Bratza
СекретарПретседател
Согласно член 45, став 2 од Конвенцијата и правило 74, став 2 од Правилата на Судот, следните издвоени мислења се приклучени кон пресудата:
(a) Делумно спротивставеното мислење на судиите Tulkens, Vajić, Berro-Lefèvre, Bianku, Poalelungi и Keller;
(б) Делумно спротивставеното мислење на судијата Kovler.
N.B.
M.O.B.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
[1] Забелешка од Секретаријатот на Судот: г-н Shevchuk беше избран за „Претседател“ на „МРП“ во декември 2011.
Full & Egal Universal Law Academy