© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 190
Ноември 2015
Кудерк и Ашет Филипаки Соработници (Couderc et Hachette Filipacchi Associés) против Франција [ГС] - 40454/07
Пресуда 10.11.2015 [ГС]
Член 10
Член 10-1
Слобода на пренесување на информации
Осуда за објавување на статија и на фотографии кои го откриваат постоењето на скриено дете на монарх: повреда
Факти – На 3 мај 2005 г, во британскиот весник Дејли Мејл билo објавено сведоштвото на г-ѓа К. во врска со нејзиниот син за којшто таа тврдела дека бил син на владејачкиот принц на Монако. Написот се повикувал на публикација која требало да излезе во списанието Пари Мач и ги преземал нејзините основни елементи како и фотографиите, меѓу кои една покажувајќи го Принцот како го држи детето во своите раце. Интервјуто со г-ѓа К. и спорните фотографии исто така биле објавени во германскиот неделник Бунте од 4 мај 2005 г.
Жалителките се, соодветно, уредничката и фирмата издавач на неделникот Пари Мач. На 6 мај 2005 година, во истиот била објавена статија во која г-ѓа К. дала појаснувања за околностите во кои таа се сретнала со Принцот, нивните средби, нивните интимни односи, нивните чувства, начинот на кој Принцот одговорил на веста за бременоста на г-ѓа К. и начинот на кој тој се однесувал кога се среќавал со детето. Принцот поднел тужба против жалителките до основниот суд за да добие надомест заради повредата која била нанесена на неговиот приватен живот и на неговата сопствена слика. Француските судови го одобриле неговото барање и му доделиле 50 000 евра отштета и наредиле објавување на осудата врз една третина од насловната страница на списанието.
Со пресуда од 12 јуни 2014 година (видете Информативна белешка 175), Судскиот совет на Судот одлучил со четири гласови против тројца дека имало повреда на членот 10. На 13 октомври 2014 година, предметот бил доставен пред Големиот судски совет по барање на Владата.
Право - Член 10: Осудата на жалителките претставувала мешање во нивното право на слобода на изразување. Тоа било предвидено со закон и имало легитимна цел која била заштитата на правата на другите. Прашањето е дали мешањето било неопходно во едно демократско општество.
а) Што се однесува до прашањето за придонесот кон дебата од општ интерес- Јавниот интерес не може да се сведе на очекувањата на јавноста која е лакома за детали од приватниот живот на другите, ниту наклонетоста на читателите кон сензационалното, а понекогаш дури и кон воајеризмот. Но интервјуто со г-ѓа К. содржело многу детали за интимноста на принцот и за неговите вистински или претпоставени чувства кои не се однесувале директно на дебата од општ интерес. Сепак, потребно е прво да се истакне дека иако раѓањето е настан од интимна природа, тоа не спаѓа само во рамките на приватната сфера на засегнатите лица, туку, исто така, има јавна димензија, бидејќи тоа е придружено во принцип со јавна изјава (изводот од матична книга на родените) и утврдувањето на татковството. На чисто приватниот и семејниот аспект што го содржи сродството на едно лице се додава јавниот аспект поврзан со системот на социјална и правна организација на сродството. Оттука, информација која се однесува на раѓање не може да се смета, сама по себе, како обелоденување поврзано исклучиво со детали од приватниот живот на другите, чија цел би била само да се задоволи јавната љубопитност. Покрај тоа, раѓањето на синот на Принцот не било лишено, во тоа време, од евентуални импликации во однос на династијата и наследството: прашањето на легитимирањето со брак можело да се постави, дури и ако таков исход бил малку веројатен. Импликациите на ова раѓање во однос на сукцесијата, исто така, биле споменати во написот. Оттука, спорната информација не била лишена од секакво политичко влијание и можела да го привлече интересот на јавноста во врска со правилата за сукцесија во сила во кнежевството (кои ги исклучувале децата родени надвор од брак од сукцесијата на тронот). Слично на тоа, односот на Принцот, кој сакал да ја чува тајната на неговото татковство и одбивал јавно признание, можел, во наследна монархија чија иднина е тесно поврзана со постоењето на потомство, да го предизвика вниманието на јавноста. Ова исто така било случај со неговото однесување во однос на мајката на детето и на самото дете, овие информации можат да биде показател за личноста на Принцот, особено во однос на неговиот начин на пристапување и на преземање на одговорностите. Во овој контекст, важно е да се потсети на симболичната улога на наследната монархија, систем во кој ликот на принцот и неговата лоза, исто така, сведочат за континуитетот на државата. Покрај тоа, придонесот на печатот кон дебата од општ интерес не може да се ограничи само на актуелните настани или на претходно постоечките дебати. Печатот е, секако, вектор на дифузија на дебати од општ интерес, но тој, исто така, има улога да обелодени информации и да ја запознае јавноста со информациите кои можат да разбудат интерес и да потикнат таква дебата во општеството. Затоа, домашните судови требало да ја оценат целокупноста на публикација за да го утврдат предметот точно, а не да ги разгледаат исказите кои се однесувале на приватноста на Принцот надвор од нивниот контекст. Но тие одбиле да го земат во предвид интересот што можела да го поседува за јавноста централната информација на публикацијата и се фокусирале на деталите во врска со приватноста на двојката. Притоа, тие го лишиле од секаква ефикасност аргументот за оправданост кој произлегувал од општиот интерес на кој се повикувале жалителките.
б) Ноторноста на целната личност и предметот на репортажата - Националните судови требало да водат сметка за последиците на својството на шеф на државата на Принцот, и да се обидат да утврдат, во тој контекст, што спаѓало во строго личната сфера и што можело да спаѓа во јавната сфера. Но, иако тие потсетиле дека можело да се направи исклучок од принципот на заштита на приватниот живот кога обелоденетите факти можеле да поттикнат дебата, заради нивното влијание со оглед на статусот и функциите на засегнатото лице, тие од ова не извлекле никаков заклучок.
Покрај тоа, написот го немал за предмет само приватниот живот на Принцот, туку, исто така, се однесувал и на оној на г-ѓа К. и нејзиниот син. Г-ѓа К. воопшто не била обврзана да молчи и била слободна да се искаже за елементите кои се однесувале на нејзиниот приватен живот. Не може да се игнорира во овој поглед дека спорниот напис бил средство за изразување на интервјуираната и за нејзиниот син. Интервјуто се однесувало, исто така, на конкурентни приватни интереси. Секако, правото на слобода на изразување на г-ѓа К.за неа и за нејзиниот син не е директно во прашање во овој случај, меѓутоа, мешавината на елементи кои спаѓаат во рамките на приватниот живот на г-ѓа К. и на оној на Принцот требало да се земе во предвид при оценувањето на заштитата што требало да ја ужива последниов.
в) Претходното однесување на засегнатото лице - Елементите на предметот не се доволни за да се согледа минатото однесување на Принцот во однос на медиумите.
г) Начинот на добивање на информациите и нивната вистинитост - По избор, што се чини личен, доброволен, и информиран, г-ѓа К. самата стапила во контакт со Пари Мач. Вистинитоста на изјавите за татковството на Принцот не била оспорена од страна на жалителот, кој самиот јавно го признал набргу по објавувањето на статијата во прашање. Што се однесува до фотографиите што ја илустрираат статијата, тие му биле дадени доброволно и бесплатно на Пари мач. Тие не биле снимени без знаење на Принцот, ниту во околности кои го прикажувале во негативно светло.
д) Содржината, формата и влијанието на оспорениот напис - Должностите и одговорностите на новинарите подразбираат дека мора да го земат во предвид влијанието на информациите што имаат намера да ги објават. Особено, некои настани се предмет на посебно внимателна заштита според членот 8 од Конвенцијата и, оттука, новинарите во однос на нив треба да бидат внимателни и претпазливи. Тонот на интервјуто со г-ѓа К. се чини смирен и несензационалистички. Нејзините зборови се препознатливи како цитати и нејзината мотивација е, исто така, јасно изложена за читателите. Исто така, тие можат лесно да направат разлика меѓу фактите и нивната перцепција од страна на интервјуираната, нејзините мислења и лични чувства. Секако, интервјуто има наративна рамка придружена со графички ефекти и поднаслови, чија цел е да го привлечат вниманието на читателот и да го трогнат. Сепак, оваа наративна рамка не ја менува содржината на информацијата и не ја искривува, туку треба да се смета за нејзино транспонирање или илустрирање. Нема потреба да се обвинува списанието за илустрирањето на написот и за барањето на атрактивна презентација со оглед на тоа дека тие не ја менуваат ниту искривуваат објавената информација и не се од природа да го наведат читателот на погрешни заклучоци.
Згора на тоа, иако е јасно во овој случај дека фотографиите се однесувале на приватниот живот на Принцот и дека тој не се согласил на нивното објавување, врската што тие го имале со спорната статија во не била незабележлива, вештачка или произволна. Нивното објавување можело да се оправда со оглед на тоа што тие го зајакнувале кредибилитетот на раскажаните случувања. Така, г-ѓа К. не расоплагала со ниту еден друг елемент кој ќе и овозможел да ја потврди својата приказна. Според тоа, иако имало како ефект да го изложи на јавноста приватниот живот на Принцот, објавувањето на овие фотографии ги поткрепувало наводите содржани во статијата.
Конечно, во однос на реперкусиите од оспорената статија, набргу по објавувањето на овој напис, Принцот јавно го признал татковството. Овие реперкусии мора да се релативизираат во однос на публикациите кои биле претходно објавени во странските весници. Меѓутоа, во овој случај, се чини дека домашните судови не ги разгледале истите во поширокиот контекст на меѓународното медиумското покривање на кое настаните опишани во статијата веќе биле предмет претходно. Така, тие не дале тежина на фактот дека тајната на татковството на Принцот веќе била поткопана од публикации претходно објавени и во други медиуми.
ѓ) Сериозноста на казната - Санкциите изречени за фирмата жалител, односно 50 000 евра отштета, како и мерка за објавување на судско соопштение, не може да се сметаат за незначителни.
Со оглед на сите овие согледби, изнесените аргументи за заштитата на приватниот живот на Принцот и неговото право на сопствената слика, иако релевантни, не може да се сметаат за доволни за да го оправдаат мешањето во прашање.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41 : барање за материјална штета одбиено.
(Видете исто Von Hannover c. Allemagne (бр° 2) [ГС] (40660/08 и 60641/08) и Axel Springer AG c. Allemagne [ГС] (39954/08), пресуди од 7 февруари 2012 г. резимирани во Информатвната белешка 149)
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
Кликнете тука за да пристапите до Информативна белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe ()). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy