© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ КИПАР против ТУРЦИЈА
(Жалба бр. 25781/94)
ПРЕСУДА
(Правичен надоместок)
СТРАЗБУР
12 мај 2014
Оваа пресуда е конечна. Може да биде предмет на редакциски измени.
Во случајот Кипар против Турција
Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет составен од:
Хосеп Касадевал (Josep Casadevall),
Франсоаз Тилкен (Françoise Tulkens),
Гвидо Рајмонди (Guido Raimondi),
Нина Вајиќ (Nina Vajić),
Марк Вилигер (Mark Villiger),
Корнелиу Бирсан (Corneliu Bîrsan),
Боштјан М. Зупанчиќ (Boštjan M. Zupančič),
Алвина Гјилимјан (Alvina Gyulumyan),
Давид Тор Бјоргвинсон (David Thór Björgvinsson),
Жорж Николау (George Nicolaou),
Андраш Сајо (András Sajó),
Мирјана Лазарова Трајковска (Mirjana Lazarova Trajkovska)
Леди Бианку (Ledi Bianku),
Ан Пауер-Форде (Ann Power-Forde),
Исил Каракаш (Isil Karakaş),
Небојша Вучиниќ (Nebojša Vučinić),
Пауло Пинто де Албакерки (Paulo Pinto de Albuquerque),судиии,
и од Мајкл О’Бојл (Michael O’Boyle), заменик секретар на судот,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на судскиот совет на 14 март и 27 јуни и 12 март 2014 г,
Ја донесе следната пресуда, која беше усвоена на последниов датум:
ПОСТАПКА
0. С.лучајот му бил доставен на Судот, согласно одредбите кои се применувале пред стапувањето на сила на Протоколот бр.11 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“), од страна на владата на Република Кипар („владата жалител“) на 30 август 1999 г., и од Европската комисија за човекови права („Комисијата“) на 11 септември 1999 г. (член 5 став 4 од Протоколот бр. 11 и поранешни членови 47 и 48 од Конвенцијата).
0. Во текот на постапката за основаноста на случајот, претседателот на Судот се сретнал на 27 октомври 1999 со агентот на владата жалител и со оној на владата на Република Турција („тужената Влада“) за да дискутираат за одредени прелиминарни процедурални прашања. Агентите признале дека, доколку Судот утврдел постоење на повреда, требало да има посебна постапка за разгледување на побарувањата по основ на член 41 од Конвенцијата.
0. Со писмо од 29 ноември, 1999 г., Судот им ги дал следниве упатства на двете страни:
„Владата жалител не е должна да поднесе барање за правичен надоместок согласно член 41 од Конвенцијата во оваа фаза на постапката. Друга постапка ќе биде посветена на ова прашање врз основа на заклучокот што Судот ќе го донесе за основаноста на случајот.“
0. Со пресуда донесена на 10 мај 2001 година (Chypre c. Turquie [GC], бр. 25781/94, CEDH 2001‑IV – „главната пресуда“), Судот (Големиот судски совет) заклучи дека Турција починила бројни повреди на Конвенцијата поради воените операции што оваа земја ги спровела во северен Кипар во јули и август 1974 г., континуираната поделба на територијата на Кипар и активностите на „Турската република на Северен Кипар“ („ТРСК“). Што се однесува до правичниот надоместок, Судот одлучи, едногласно, дека прашањето за можната примена на член 41 од Конвенцијата не било зрело за одлука и го одложил неговото разгледување.
0. Постапката за извршување на пресудата во главната постапка во моментов е поднесена пред Комитетот на министри на Советот на Европа.
0. На 31 август 2007 година владата жалител го информирала Судот дека има намера да поднесе „барање до Големиот судски совет за повторно разгледување на прашањето за можната примена на член 41 од Конвенцијата.“ На 11 март 2010 година, таа доставила барање до Судот за правичен надомест за исчезнатите лица во однос на кои Судот заклучил дека имало повреда на членовите 2, 3 и 5 од Конвенцијата (видете Поглавје II, член 2, 4 и 7, од пресудата во главната постака и соодветните ставови на кои овие упатуваат.) Таа изјавила дека прашањето за правичен надоместок во врска со другите основи за повреда, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на домовите и имотите на кипарските Грци, се уште останува да важи, и дека можеби би му се навратиле подоцна. Како владата жалител така и тужената влада потоа доставиле забелешки.
0. На 7 април 2011 година, претседателот на судот со влечење го утврдил составот на Големиот судски совет кој требал да одлучува за примената на членот 41 од Конвенцијата (член 24 и 75 § 2 од деловникот на Судот - „Деловникот“). Претседателот на Судот последователно спровел уште едно влечење ждрепка за да се комплетира составот на Големиот судски совет (член 24 § 2 д) од деловникот).
0. На 25 ноември 2011 година, владата жалител доставила до Судот документ под наслов „Барање за правичен надоместок (член 41) поднесено во име на Република Кипар“, во врска со постапката за извршување на пресудата во главната постапка од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа и во кое се барало од Судот да преземе одредени мерки за олеснување на извршувањето на оваа пресуда.
0. По расправата од 14 март 2012 година, Судот, со писмо од 21 март 2012 година, ја повикал владата жалител да одговори на дополнителни прашања и да ја достави конечната верзија на своето барање за правичен надоместок. Како одговор, на 18 јуни 2012 година, владата жалител поднела изменетата верзија на своите првобитни побарувања според членот 41 од Конвенцијата во врска со исчезнатите лица и доставила нови барања кои се однесувале на повредите на човековите права (попрецизно на членовите 3, 8, 9, 10 и 13 од Конвенцијата и членот 2 од Протоколот бр. 1) кои биле извршени против кипарските Грци затечени во енклавата на полуостровот Карпас (Karpas) (видете поглавје IV, точки 4, 6, 11, 12, 15 и 19, од главната пресуда и релевантните ставови на кои тие се повикуваат). На 26 октомври 2012 година, тужената влада ги поднела своите забелешки за овие побарувања.
ПРАВО
0. Согласно членот 41 од Конвенцијата,
„ Ако Судот изјави дека имало непочитување на Конвенцијата и на нејзините Протоколи, и ако националното право на Високата договорна страна овозможува само делумно бришење на последиците од ова непочитување, Судот ѝ доделува на оштететената страна, доколу е потребно, правичен надоместок.“
0. Релевантниот дел од членот 46 од Конвенцијата гласи :
„1.Високите договорни страни се обврзуваат дека ќе се придржуваат кон конечните пресуди на Судот, во сите предмети во кои тие се страни на спорот.
2. Конечната пресуда на Судот ќе се достави до Советот на Министрите, кој ќе го надгледува нејзиното извршување.
0. Член 60 од деловникот предвидува:
„1. Секој жалител што сака Судот да му додели правичен надоместок согласно членот 41 од Конвенцијата во случај на утврдување на повреда на неговите права кои произлегуваат од истата мора да поднесе посебно барање за таа цел.
2. Освен ако не е поинаку определено од страна на претседателот на судскиот совет, жалителот мора да ги поднесе своите побарувања, наведени во бројки и расчленети по категорија со релевантните придружни документи, во рамките на времето што му било распределено за претставување на неговите забелешки за основаноста.
3 Ако жалителот не ги исполнува барањата опишани во ставовите погоре, судскиот совет може да ги отфрли сите негови побарувања или дел од нив.
4. Побарувањата на жалителот се доставуваат на Тужената договорна страна за забелешки.“
I. ЗА БАРАЊЕТО ЗА ПРАВИЧЕН НАДОМЕСТОК ФОРМУЛИРАНО ОД ВЛАДАТА ЖАЛИТЕЛ
A. Допуштеност
1. За прашањето за тоа дали барањето на Владата жалител е задоцнето
a) Аргументите на страните
i. Кипарската влада
0. Кипарската влада признава дека таа го поднела побарувањето за правичен надомест само на 11 март 2010 година, речиси девет години по донесувањето на главната пресуда. Сепак, таа смета дека нејзиното недејствување од 2001 до 2010 г. е совршено оправдано. Таа потсетува најпрво, дека во мериторна пресуда, Судот го одложил sine die прашањето за можната примена на членот 41 од Конвенцијата, оставајќи го така отворено. Пред и по изрекувањето на пресудата, таа едноставно чекала на инструкции од Судот, кој, во согласност со својот деловник, требало да ја утврди понатамошната постапка. Второ, по изрекувањето на главната пресуда, Кипар искрено очекувал дека таа ќе биде извршена правилно преку вообичаениот механизам под надлежност на Комитетот на министри на Советот на Европа. Дури неколку години подоцна, откако станало јасно дека Турција не била подготвена да го реши ова прашање преку политички средства (односно, со усвојување на општи и посебни мерки), Кипарската влада сфатила дека таа немала друга алтернатива освен да се обрати повторно до Судот за да добие правилно извршување на пресудата по пат на доделување на правичен надоместок. Особено, дивергентните толкувања кои произлегле од одлуката Demopoulos et autres c. Turquie (déc.) [GC], бр. 46113/99, 3843/02, 13751/02, 13466/03, 10200/04, 14163/04, 19993/04 и 21819/04, ЕСЧП 2010) довеле до безизлез. Кипарската влада всушност мисли, за разлика од Турција, дека таа одлука не може да се толкува така што од неа ќе се изведе дека Турција ги исполнила своите обврски произлезени од главната пресуда. Според неа, од релевантните наоди утврдени од страна на Комитетот на министри произлегува меѓу другото дека не биле преземени истражните мерки побарани во пресудата.
0. Владата жалител објаснува дека, со оглед на тоа дека е свесна дека голем број на индивидуални барања кои го потврдуваат овој меѓудржавен случај биле во постапка пред Судот, таа оценила дека на овие индивидуални барања требало да им се даде приоритет. Сепак, со оглед на „новата формулација на временските ограничувања“ наведена во пресудата Varnava et autres c. Turquie ([GC], бр. 16064/90, 16065/90, 16066/90, 16068/90, 16069/90, 16070/90, 16071/90, 16072/90 и 16073/90, ЕСЧП 2009), тaa се нашла обврзана да го формулира своето барање за да не ги изгуби своите права согласно член 41.
0. Што се однесува до тоа дали времето поминато од усвојувањето на главната пресуда не го спречува Судот да ги разгледува барањата за правичен надоместок, кипарската влада смета дека принципите на меѓународното право применливи во оваа област се шест: гаснење на правото, откажување и согласност, перклузија, res judicata, обврска за одржување на statu quo и начелото за добри намери. Меѓутоа, според неа, ниту еден од овие принципи не го оправдува отфрлањето на случајот заради причини кои имаат врска со истекувањето на времето. Главните аргументи наведени од страна на владата жалител во однос на шесте принципи можат да бидат сумирани на следниот начин. Прво, во главната пресуда, Судот јасно навел дека прашањето е едноставно одложено - тоа јасно било оставено отворено на неодредено време. Покрај тоа, откажувањето од дадено право требало да биде јасно и недвосмислено, и тоа не би можело во ниту еден случај да се претпостави; но меѓутоа Кипар не дал никаква изјава, експлицитна или имплицитна, ниту пак се однесувал на начин да покаже дека тој ќе се откаже од своето право да бара правичен надоместок. Напротив, во 2007 година, Кипар експлицитно му јавил на Судот дека има намера да го оствари тоа право, и никаков приговор не биле покренат од кого и да е во овој поглед. Кипарската влада проценува дека всушност Турција е онаа која сега го загубила правото да се повикува на перклузија, бидејќи не го сторила тоа во 2007 година.
0. Кипарската влада смета истекувањето на времето не и нанело никаква штета на турската влада во однос на доказите, бидејќи, според неа, фактите не се промениле, туку останале во суштина исти какви што биле во 2001 година. Таа, исто така, смета дека Турција не можела разумно да верува дека Кипар ќе се откаже од поднесување барање за правичен надоместок. Конечно, таа потсетува дека во 2001 година, Судот одлучил дека страните требало да почекаат додека да се донесе конечна одлука по прашањето за правичен надоместок и дека начелото на добри намери ги обврзувало да ја одржуваат колку што е можно ситуацијата онаква каква што е, за да не се наруши конечната одлука. Таа заклучила дека би било спротивно на начелото на ефективност, Турција, во спротивност со пресудата, да може да го спречи донесувањето на таква конечна одлука.
0. Кипарската влада, исто така, се повикува на легитимните очекувања на индивидуалните жртви. Таа го наведува членот 55 од Конвенцијата, со кој договорните страни „се откажуваат (...) да се повикуваат на договорите, конвенциите или декларациите кои се на сила меѓу нив, со цел да поднесат, по пат на жалба, барање за решавање на спор што произлегува од толкувањето или од примената на (...) Конвенцијата однесувајќи се на поинаков начин на решавање од предвидените во Конвенцијата.“ Според неа би било спротивно на принципот на легитимно очекување да се одбие соодветен правен лек во случај меѓу две држави, кога двете држави јасно прифатиле да ја почитуваат надлежноста на Судот и да исклучат кој и да е друг начин на решавање.
ii. Турската влада
0. Тужената влада смета дека барањето за правичен надомест од страна на владата жалител е задоцнето. Помеѓу 2001 и 2010 година, освен писмото испратено до Судот во август 2007 година, ништо или скоро ништо не се случило. Дури и под претпоставка дека членот 41 од Конвенцијата се применува во меѓудржавен случаи, владата жалител останува обврзана на минимална ефикасност согласно членот 60 од Деловникот на Судот, кој бара барањето за правичен надоместок според членот 41 да биде поднесено без непотребно одлагање. Во овој случај, владата жалител е виновна за неприфатливо доцнење.
0. Турската влада потсетува дека кипарската влада не поднела никакво барање за правичен надоместок во текот на постапката за основаност. Во своите писмени забелешки од 22 ноември 1994 година, владата жалител не барала правичен надоместок, туку напротив изјавила дека меѓудржавната жалба бил поднесена „без да нанесе штета на индивидуалните жалби против Турција согласно член 25 [сега член 34] од Конвенцијата кои веќе биле поднесени или ќе бидат во иднина.“ Кипар така одбрал да даде приоритет на функцијата на надзор што ја вршел Комитетот на министри, и да не бара правичен надоместок од Судот. Тоа бил изборот што Кипар го направил на времето, но тој исто така можел да направи друг избор. Всушност, со оглед на тоа што членовите 41 и 46 од Конвенцијата имале различни цели, ништо не ја спречувало кипарската влада да поднесе навремено барање за правичен надоместок заедно со постапката спроведена под надзор на Комитетот на министри. Турската влада смета дека во секој случај кипарската влада била должна да го иницира процесот кратко време по изрекувањето на главната пресуда, без да се чека Судот да ја утврди процедурата ex officio. Со оглед на тоа дека владата жалител не го направила тоа, таа не направила сé што разумно било во нејзина моќ за да ги обзнани своите побарувања. Оттука, однесувањето на владата жалител би требало да се толкува како имплицитно откажување од какво било побарување поденесено според член 41 во овој случај.
0. Тужената Влада додава дека барањата за правичен надоместок биле поднесени до Судот само по усвојувањето од негова страна на пресудата на Големиот судски совет Varnava et autres (претходно наведена), која се однесувала на серија на индивидуални жалби поднесени согласно член 34, и дека сумите што првично ги барала кипарската влада во овој случај изнесувале 12 000 ЕУР за секој од случаите, односно соодвествувале на износот доделен на секој поединец жалител во случајот Varnava et autres. За тужената влада, тоа значи дека пресудата Varnava et autres, која според неа рече ги ограничила шансите за успех на поединечните жалители, дејствувала како знак за тревога за владата жалител и ја натерала да се врати пред Судот. Меѓутоа, како начелото на bona fide, така и почитувањето на res judicata и забранувале на кипарската влада одново да го отвори тоа прашање: евентуалните барања за правичен надоместок требало да се поднесат во рамките на поединечните жалби (како во случајот Varnava et autres) наместо во оние на овој меѓудржавен случај.
0. Турската влада смета дека со оглед на тоа што Комитетот на Обединетите Нации за исчезнати лица многу напреднал во својата работа од изрекувањето на главната пресуда, примената на членот 41 не е оправдана. Спротивно на она што го тврдела кипарската влада, бил постигнат голем напредок во однос на локализирањето и идентификувањето на остатоците на жртвите, на што Судот оддал експлицитно признание (Charalambous et al. c. Turquie (déc.), бр. 46744/07 et autres, 3 април 2012). Оттука, прашањето на „исчезнатите лица“ постепено станува прашање на „починати лица“, што според пресудата донесена од Судот во случајот Brecknell c. Royaume-Uni (бр. 32457/04, 27 ноември 2007), создадава по својата суштина нови процедурални обврски со нови рокови. Така ја има, од една страна, постапката за надзор пред Комитетот на министри, која останува во сила и, од друга страна, ги има семејствата на исчезнатите лица, кои сега треба да го чекаат обновувањето на процедуралната обврска, според правилото Брекнел (Brecknell), за да се заштитат нивните легитимни интереси.
0. Турската влада тврди дека специфичните привремени одредби на Конвенцијата (како што се протолкувани во пресудата Varnava et autres) треба да преовладаат над општите принципи на меѓународното право. Поточно, во меѓудржавен случај не е можно да се поднесат побарувања кои, кога би биле доставени во рамките на поединечна жалба поднесена според членот 34, ќе се сметале за задоцнети. За тужената влада, Турција би претрпела огромна штета доколку задоцнети поединечни побарувања сепак можат да бидат поднесени преку барање за правичен надоместок речиси девет години по изрекувањето на пресудата за основаноста.
б) Оценка на судот
0. Судот потсетува дека одредбите на Конвенцијата не може да се толкуваат и применуваат во празно. И покрај нејзиниот посебен карактер како инструмент за заштита на човековите права, Конвенцијата е меѓународен договор кој треба да се толкува во согласност со нормите и принципите на меѓународното јавно право, особено во светлината на Виенската конвенција од 23 мај 1969 за договорното право („Виенската конвенција“). Згора на тоа, Судот никогаш не ги сметал одредбите на Конвенцијата за единствена референтна рамка за толкување на правата и слободите содржани во неа. Напротив, таа исто така мора да ги земе во предвид секое правило и секој принцип на меѓународното право кои се применливи во односите меѓу Договорните страни (видете, меѓу многу други, Loizidou c. Turquie (основаност), 18 декември 1996, § 43, Збирка на пресуди и одлуки 1996‑VI, Al-Adsani c. Royaume-Uni [GC], бр. 35763/97, § 55, ЕСЧП 2001‑XI, Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi c. Irlande [GC], бр. 45036/98, § 150, ЕСЧП 20105‑VI, Demir et Baykara c. Turquie [GC], бр. 34503/97, § 67, ЕСЧП 2008, и членот 31 § 3 c) од Виенската конвенција).
0. Судот прифаќа дека општото меѓународно право ја признава во принцип обврската на владата жалител, во меѓудржавен спор, да дејствува веднаш за да ја гарантира правната сигурност и за да не предизвика несразмерна штета на легитимните интереси на тужената држава. Така, во случајот на Certaines terres à phosphates à Nauru ((Nauru c. Australie, Exceptions préliminaires, C.I.J. Recueil,, 1992, стр. 240), Меѓународниот суд на правдата рече:
„32 Судот прифаќа дека, дури и во отсуство на конвенционална применлива одредба, доцнењето на држава подносител може да ја направи жалбата недопуштена. Сепак, тој забележува дека меѓународното право не наметнува одредено временско ограничување во однос на ова. Судот потоа треба да си постави прашање во светло на околностите на секој случај дали истекувањето на времето ја прави жалбата недопуштена.
(...)
36 (...) Судот смета дека, имајќи ги предвид како природата на односите меѓу Австралија и Науру така и вака преземените чекори, истекувањето на времето не ја направило жалбата на Науру недопуштена. Сепак, Судот ќе биде оној кој ќе треба, кога ќе дојде времето за тоа, да се осигура дека одложувањето од страна на Науру да му се обрати во никој случај не ја оштетува Австралија како во однос на утврдувањето на фактите така и на определувањето на содржината на применливиот закон.“
0. Пред се, Судот потсетува дека оваа жалба била поднесена во 1994 година пред поранешната Европската комисија за човекови права, во согласност со одредбите кои се применувале пред влегувањето во сила на Протоколот бр. 11 од Конвенцијата (видете став 1 погоре). Според правилникот на Комисијата тогаш во сила, ниту Владата жалител во меѓудржавен случај нити индивидуалните жалители не биле обврзани да го изложат во општи црти во жалбениот образец нивното барање за правичен надоместок. Судот понатаму потсетува дека во писмото од 29 ноември 1999 година кое го испратил до владите на двете земји, тој изрично ја упатил владата жалител да не достави барање за правичен надоместок согласно член 41 од Конвенцијата во фазата на испитувањето на основаноста на жалбата (видете параграф 3 погоре). Оттука, разбирливо е што таа не го сторила тоа. Судот, исто така, забележува дека, во својата пресуда од 10 мај 2001 година, тој рекол „дека сеуште е рано да се постави прашањето за можната примена на членот 41 од Конвенцијата и дека тој ќе го одложи неговото разгледување“ (Поглавје VIII од пресудата) Никаков рок не им бил даден на страните за да ги поднесат своите барања за правичен надомест (видете ставови 2-4 погоре). Заради тоа, Судот мора да утврди дали, без оглед на недостатокот на даден рок, фактот дека кипарската влада ги поднела своите барања сдури на 11 март 2010 година не го прави нејзиното барање недопуштено во однос на критериумите дефинирани во случајот Nauru.
0. Судот смета дека тоа не е случај. Прво, спротивно на доцнењето во прашање во случајот Nauru разгледуван од страна на Меѓународниот суд на правдата, спорното доцнење во овој случај не се случило пред поднесувањето на меѓудржавната жалба, туку меѓу пресудата од страна на Судот за основаноста на случајот и контролата на извршувањето на оваа пресуда од страна на Комитетот на министри. Во овој временски интервал, двете влади можеле да веруваат дека прашањето дали да се досуди правичен надоместок било суспендирано во очекување на понатамашниот след на настани. Во својство на странки во постапката, двете влади имале тогаш релативно ограничен простор за маневрирање бидејќи морале да се усогласат со инструкциите на Судот. Покрај тоа, прашањето за правичен надоместок било споменато неколку пати во текот на постапката за основаноста на случајот (видете ставови 2-3 погоре). Во главната пресуда, прашањето дали да се додели правичен надоместок било одложено, што совршено јасно значи дека судот не ја отфрлил можноста да продолжи со негово разгледување во догледно време. Оттука, ниту едната, ниту другата страна не можела разумно да мисли дека ова прашање нема повеќе да биде предмет на разгледување или дека истекувањето на времето ќе доведе до негово згаснување или застарување. Конечно, како што со право го посочува, кипарската влада никогаш не дала никаква изјава во која експлицитно или имплицитно се наведувало дека таа се откажала од правото да бара правичен надоместок. Напротив, нејзиното писмо од 31 август 2007 година треба да се смета како јасна и недвосмислена потврда на нејзината намера да го оствари ова право. Во овие околности, тужената влада нема добри причини да тврди дека одновото разгледување на побарувањата на владата жалител би наштетило на нејзините легитимни интереси, со оглед на тоа што таа разумно требало да очекува дека прашањето одново ќе се прокрене пред судот во даден миг. Во светло на пресудата Nauru претходно наведена, Судот смета дека, во овој контекст, „штетата“ во прашање е пред се поврзана со процедуралните интереси на тужената влада („утврдувањето на фактите [и] определувањето на содржината на применливото право“) идека обвинетата влада е онаа која треба да покаже на убедлив начин дека ваква штета непосредно се заканува или дека е веројатна. Меѓутоа, Судот не гледа доказ за тоа во овој случај.
0. Во онаа мера во која турската влада се повикува на постапката за надзор пред Комитетот на министрите, Судот потсетува дека наодите за повреди изнесени во неговите пресуди во суштина се од декларативни природа и дека, според членот 46 од Конвенцијата, Високите договорни страни се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои тие се страни, додека Комитетот на министри е одговорен за следење на спроведувањето на овие пресуди (Verein gegen Tierfabriken Schweiz (VgT) c. Suisse (бр. 2) [GC], бр. 32772/02, § 61, ЕСЧП 2009). Во овој поглед, не треба да се измеша, од една страна, постапката пред Судот, којшто е надлежен за утврдување на повреда на Конвенцијата во своите конечни пресуди кон кои што Договорните страни се должни да се придржуваат (член 19 во комбинација со член 46 § 1 од Конвенцијата) и за доделување, доколку е потребно, на правичен надоместок (член 41 од Конвенцијата), и, од друга страна, механизмот за надзор на извршувањето на пресудите кој е под одговорност на Комитетот на министри (член 46 § 2 од Конвенцијата). Според членот 46, државата страна е должна не само да им ги исплаќа на засегнатите износите доделени од страна на Судот како правичен надоместок, туку исто така да преземе, во рамките на својот домашен правен поредок, поединечни мерки и/или, каде што е потребно, општи мерки за да и се стави крај на повредата утврдена од страна на Судот и да се избришат нејзините последици, со тоа што целта е да се стави жалителот во позиција што е можно поблиска до онаа во која би се наоѓал ако немало непочитување на барањата од Конвенцијата (Verein gegen Tierfabriken Schweiz (VgT), претходно наведена, § 85).. Иако се поврзани една со друга, обврската да се преземат индивидуални и / или општи мерки и обврската да се исплати сумата доделена како правичен надоместок претставуваат две различни форми на обесштетување, со тоа што првата не ја исклучува со ништо втората.
0. Што се однесува до промените кои се случиле меѓу 2001 и 2010 година, во рамките на постапката за надзор пред Комитетот на министри или во врска со неа, Судот смета дека тие без сомнение се релевантни за проценка на основаноста на барањето за правичен надоместок поднесено од страна на владата жалител. Сепак, тие никако не го спречуваат него да го разгледа ова барање.
0. Во однос на горенаведеното, Судот не наоаѓа оправдана причина да смета дека барањето за правичен надоместок поднесено од кипарската влада е задоцнето и да го прогласи за недопуштено по овој основ. Затоа, тој го отфрла приговорот на турската влада во овој поглед.
0. Судот понатаму потсетува дека на 14 Март 2012 тој ја повикал владата жалител да ја достави „конечната“ верзија на своите побарувања според членот 41 и дека забелешките дадени во одговорот на наведената влада на 18 јуни 2012 година, треба ефективно да се сметаат за конечни. Оттука, тој смета дека сегашната пресуда му става крај на разгледувањето на прашањето.
2 За применливоста на членот 41 од Конвенцијата во конкретниот случај
a) Аргументи на страните
i. Кипарската влада
0. Владата жалител тврди дека членот 41 од Конвенцијата е применлив на меѓудржавните случаи воопшто и особено на овој случај. Таа прво објаснува дека самиот текст на членот 41 не прави никаква разлика меѓу индивидуалните и меѓудржавните случаи и дека последниве не се експлицитно исклучени од опсегот на правилото за правичен надоместок. Таа потоа се повикува на принципот на ефикасноста на индивидуалните права заштитени со Конвенцијата. Таа предлага да се разгледа овој принцип во светлината на двата други стандарди утврдени во судската пракса на Судот: од една страна, статусот на Конвенцијата која како инструмент на меѓународното јавно право треба да се толкува во согласност со правилата и принципите кодификувани во Виенската конвенција од 1969 година за договорното право и, од друга страна, специфичните цел и предмет на Конвенцијата како меѓународен договор за заштита на човековите права. Според кипарската влада, овие принципи се особено релевантни кога се зборува за способноста на Судот да досуди правичен надоместок според член 41 од Конвенцијата, кој според него е ефикасен начин за да се обезбеди спроведувањето на Конвенцијата и да се охрабрат Договорните страни да не ги игнорираат пресудите и одлуките на Судот. Со други зборови, би требало да се смета членот 41 како важна алатка со која Судот располага за да го гарантира почитувањето на сопствените одлуки, без разлика дали тие се однесуваат на поединечни жалби поднесени согласно член 34 на Конвенцијата или на меѓудржавни жалби поднесени согласно членот 33.
0. Владата жалител исто така се потпира на членот 32 § 1 од Конвенцијата, според кој „надлежноста на Судот се однесува на сите прашања во врска со толкувањето и примената на Конвенцијата и незините протоколи кои ќе му бидат доставени во согласност со членовите 33, 34, 46 и 47“. Според неа, овие четири члена, заедно со членот 32 § 1, треба да се смета дека припаѓаат на една структурирана целина: членовите 33, 34, 46 и 47 утврдуваат различни начини на обраќање до Судот, но тие не дефинираат различни сфери или видови на надлежност на Судот. Без оглед на начинот на кој тој би бил свикан по основ на жалба против некоја држава, Судот ќе задржи исти надлежности, вклучително и онаа да досуди правичен надоместок. Нема ниту една добра причина да се мисли поинаку, бидејќи основните права во прашање се истите, па дури и посериозни, во меѓудржавен случај одошто во поединечен случај; покрај тоа, авторите на Конвенцијата не ја ограничуваат експлицитно во текстот на членот 41 надлежноста на Судот во однос на меѓудржавните жалби; конечно, не постои никаква индикација дека самата логика на оваа одредба (или членот 33) имплицитно вклучува ограничување. Затоа, не може да се каже дека Судот има помалку овластувања во случаите за кои му се обратиле со меѓудржавна жалба, отколку за оние кои произлегуваат од поединечна жалба.
0. Кипарската влада додава дека самиот Суд секогаш имплицитно го сметал членот 41 за применлив во меѓудржавен случаи, а тоа се одразува како во неговиот деловник така и во неговата судска пракса. Во оваа смисла, таа го наведува членот 46 д) од Деловникот на Судот, според кој владата жалител, во меѓудржавен случај, мора да поднесе жалба во која ќе бидат наведени „главните црти на барањето или барањата за правичен надоместок кои се евентуално формулирани според членот 41 од Конвенцијата во име на страната, односно страните кои се наводно оштетени“, како и членовите 60 и 75 § 1 од деловникот, што според неа не прават разлика помеѓу индивидуалните жалби и меѓудржавните жалби.
0. Во однос на судската пракса на Судот, кипарската влада смета дека самиот Суд признава, иако имплицитно, но сосема јасно, дека правилото на правичниот надоместок се однесува на меѓудржавни случаи. Така, во случајот >Irlande c. Royaume-Uni (18 јануари 1978, §§ 244-246, серија A бр. 25), Судот не го прогласил поранешниот член 50 за неприменлив туку само проценил дека „ немало простор за негова примена.“ Исто така, во овој случај, тој не го отфрлил прашањето за правичен надоместок, туку едноставно го одложил неговото разгледување.
0. Конечно, Владата жалител тврди дека член 41 му дава на Судот дискреционо право. Како судската пракса на Судот, така и доктрината секогаш нагласувале дека, што се однесува на правичниот надоместок, примената на членот 41 е дискреционо право на Судот за сите случаи, вклучувајќи ги и меѓудржавните случаи. Во овој случај, барањето за правичен надоместок поднесено од кипарската влада не се однесувало на материјална штета што му била предизвикана директно на Кипар како држава, туку се однесувало повеќе на доделувањето на надоместок на оштетени лица од оваа земја за повреди кои веќе биле утврдени од Судот.
ii. Турската влада
0. Турската влада смета дека, општо, членот 41 не се применува на меѓудржавни случаи. Прво, главната пресуда не може да се толкува како признавање, макар и имплицитно, на применливоста на правилото на правичен надоместок за меѓудржавните случаи. Во оваа пресуда, Судот зборува само за „евентуалната“ примена на членот 41. Турската влада тврди исто така дека пресудата донесена од страна на Големиот судски совет на Судот во случајот Varnava et autres (претходно наведен § 118) треба да се разбере како признание дека Судот нема надлежност да досуди правичен надоместок во меѓудржавен случај. Таа, исто така, предлага да се разгледа членот 41 од Конвенцијата, во контекст на правото на меѓународната одговорност, на правото на дипломатската заштита и на принципите на меѓународната заштита на човековите права. Додека членот 33 од Конвенцијата би соодветсвувал во основа на класичната логика на дипломатската заштита (директна одговорност од држава до држава), членот 34 би претставувал исклучок од оваа логика: поединците би можеле, преку индивидуални жалби, директно да дејствуваат против држава која наводно извршила прекршувања и да бараат правичен надоместок без да треба да бараат дипломатска заштита од државата чии тие се државјани. За турската влада, овој опис е доволен да се заклучи дека членот 41 од Конвенцијата не се применува на меѓудржавните процедури, освен, можеби, во случаите каде што повредата предизвикала директна штета на државата жалител. Со други зборови, опсегот на членот 41 како таков во принцип би бил ограничен на механизмот на индивидуални жалби.
0. Во поткрепа на своето тврдење дека членот 41 не се применува на меѓудржавни жалби, тужената влада исто така тврди дека ваквите жалби не се мотивирани од личниот интерес на жалителот. Таа се повикува во овој поглед на судската пракса на Европската комисија за човекови права, од која произлегува дека државата жалител во меѓудржавен случај не ги брани своите права или оние на нејзините државјани туку повеќе го брани европскиот јавен ред (одлука на Комисијата за допуштеноста на жалбата бр.788/60, Autriche c. Italie, 11 јануари 1961, Annuaire, том 4, стр. 167-169). Така, меѓудржавните жалби би имале за цел да укажат на официјални практики кои доведуваат до континуирани повреди на Конвенцијата. Жалбените наводи покренати во меѓудржавна жалба по дефиниција би требало да бидат пошироки од оние кои можат да бидат содржани во индивидуални жалби, и тие би требало да се однесуваат на системски прекршоци наместо на поединечни повреди. Во овој поглед, утврдувањето на повреда би соодветствувало само по себе на целта на еден меѓудржавен случај. Кој и да е поединечен жалител би ја имал од друга страна можноста да поднесе жалба до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата и да добие правичен надоместок. Би било значи погрешно да се измешаат овие две постапки со толку различни цели.
0. Повикувајќи се на судската пракса на Судот, тужената влада смета дека правичниот надоместок предвиден со членот 41 од Конвенцијата е наменет за покривање на физичките или психолошките траума, болките и страдањата, очајот, вознемиреноста, фрустрацијата, чувството на неправда или понижување, продолжената несигурност, животните пресврти итн. Меѓутоа, овие фактори би се однесувале исклучиво на повреди што можат да бидат претрпени од поединечни жалители, односно, од страна на физички лица, и тие би немале значење во меѓудржавна жалба. Во однос на Деловникот на Судот, тужената влада тврди дека користењето во член 60 § 1 на англиската верзија на текстот на личните заменки „his“ и „her“ (а не на заменката "its") покажува дека оваа одредба се однесува само на поединци, а не на држави.
б) Оценка на судот
0. Судот забележува дека досега тој се задржал само еднаш, во случајот Irlande c. Royaume-Uni (претходно наведен), на разгледување на прашањето за применливоста на правилото на правичен надоместок во меѓудржавен случај. Тој тогаш оценил дека немало потреба да се применува ова правило (поранешниот член 50 од Конвенцијата), со оглед на тоа што владата жалител експлицитно навела дека „немало да бара од Судот да додели (...) правичен надоместок, во облик на отштета, на дадено лице кое било жртва на повреда на Конвенцијата“ (Irlande c. Royaume-Uni, претходно наведена, §§ 245-246).(
0. Судот потсетува од друга страна дека општата логика на правилото на правичниот надоместок (наведено во член 41 и претходно во член 50 од Конвенцијата), а тоа е и намерата на неговите автори, произлегува директно од принципите на јавното меѓународно право кое раководи со одговорноста на државата и треба да се толкува во овој контекст. Ова е потврдено од страна на подготвителните работи за Конвенцијата, според кои
„оваа одредба е во согласност со меѓународното право во сила во однос на прекршување на меѓународна обврска од страна на држава. Судската пракса на Европскиот суд нема да понуди во однос на оваа точка ниту еден нов елемент или пак елемент кој би бил спротивен на меѓународното право. (....) „(извештај на Експертскиот комитет до Комитетот на министри на Советот на Европа, 16 март 1950 г. (doc. CP/WP 1(50) 15)).
0. Најважното начело од меѓународното право во однос на прекршувањето од страна на една држава на обврска која произлегува од договор вели дека „прекршувањето на договорот повлекува обврска за обесштетување во соодветна форма“ (видете ја пресудата донесена од Постојаниот суд на меѓународна правда во Affaire relative à l’usine de Chorzów (compétence), пресуда бр. 8, 1927, серија A бр. 9, стр. 21) И покрај специфичниот карактер на Конвенцијата, глобалната логика на членот 41 не се разликува во основа од онаа која раководи со обештетувањата во јавното меѓународно право, „добро утврдено правило на меѓународното право е дека оштететна држава има право да биде обесштетена, од страна на државата која извршила меѓународно незаконска постапка, за штетите кои произлегуваат од истата“ (видете ја пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот Projet Gabčikovo-Nagymaros (Hongrie c. Slovaquie), C.I.J. Recueil 1997, стр. 81, § 152) Исто така е утврдено дека меѓународен суд која има надлежност да одлучува по однос на тврдење за наводна одговорност на држава има овластување, согласно оваа надлежност, да додели надоместок за претрпената штета (видете ја пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот Compétence en matière de pêcheries (République fédérale d’Allemagne c. Islande), fond, C.I.J. Recueil 1974, стр. 203-205, §§ 71-76).,
0. Во овие услови, имајќи ја во предвид специфичноста на членот 41, како lex specialis во споредба со општите правила и принципи на меѓународното право, Судот не може да ја толкува оваа одредба во тесна или рестриктивна смисла исклучувајќи ги меѓудржавните жалби од својот делокруг. Напротив, широко толкување кое ги покрива различните видови на жалби е потврдено со формулацијата на членот 41, во која е наведено дека „Судот и доделува на оштетената страна (на англиски „to the injured party“) (...) правичен надоместок“, со тоа што зборот „страна“ (со мало с) треба да се сфати како однесувајќи се на една од страните во постапката пред Судот. Во овој поглед, повикувањето на сегашната формулација на членот 60 § 1 извршено од страна на тужената влада (ставови 12 и 38 погоре) не може да се смета за убедливо. Всушност, овој текст, кој има нормативна вредност што е помала од онаа на самата Конвенција, само ја одразува реалноста, а тоа е дека во пракса сите износи доделени од страна на Судот како правичен надоместок досега им биле доделувани директно на поединечните жалители.
0. Според тоа, Судот смета дека членот 41 од Конвенцијата се применува, како таков, во меѓудржавни случаи. Сепак, прашањето за тоа дали е оправдано да и се додели правичен надоместок на државата жалител треба да биде разгледано и одлучено од страна на Судот од случај до случај, земајѓи ги предвид меѓу другото видот на жалбен навод наведен од страна на жалителот, можноста да се идентификуваат жртвите на повредите и главната цел на постапката, во онаа мера во која оваа цел е јасно воочлива во жалбата првично поднесена до Судот. Судот прифаќа дека поединечна жалба што била поднесена пред него согласно членот 33 на Конвенцијата може да содржи различни типови на жалбени наводи кои се однесуваат на различни цели. Во такви случаи, секој жалбен навод мора да се испита одделно за да се утврди дали треба да се додели правичен надоместок.
0. Така, договорна страна жалител може, на пример, да се жали на општи проблеми (системски проблеми и недостатоци, административна пракса итн.) кои се однесуваат на друга договорна страна. Главната цел на владата жалителот тогаш е да го брани европскиот јавен ред во рамките на колективната одговорност на државите согласно Конвенцијата. Во такви случаи, може да не биде пожелно да се додели правичен надоместок согласно член 41 дури и ако владата жалител поднесува барање за таа цел.
0. Исто така постои и друга категорија на меѓудржавни жалби, каде државата жалител тврди дека друга Договорна страна ги повредува основните човекови права на нејзините државјани (или на други лица). Всушност, ваквите жалбени наводи се слични по својата суштина не само на оние наведени во индивидуална жалба поднесена според членот 34 од Конвенцијата, туку исто и на оние кои можат да бидат поднесени во контекст на дипломатската заштита, дефинирана како „повикувањето од страна на држава, преку дипломатско делување или други средства за мирно решавање, на одговорноста на друга држава за штета предизвикана од меѓународно незаконска постапка на наведената држава врз физичко или правно лице кое е државјанин на првата држава и со цел на спроведување на оваа одговорност“ (член први од нацрт членовите за дипломатска заштита усвоени од страна на Комисијата за меѓународно право во 2006 г. - видете Assemblée générale, documents officiels, soixante et unième session, supplément бр. 10 (A/61/10), како и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот Ahmadou Sadio Diallo (République de Guinée c. République démocratique du Congo), exceptions préliminaires, C.I.J. Recueil 2007, стр. 599, § 39). Ако Судот усвојува жалбени наводи од овој вид и утврди повреда на Конвенцијата, може да биде соодветно да се додели правичен надоместок со оглед на конкретните околности на случајот и на критериумите утврдени во ставот 43 погоре.
0. Сепак, никогаш не треба да се заборави дека, поради самата природа на Конвенцијата, поединецот, а не на државата, е оној кој е директно или индиректно засегнат и главно „оштетен“ со повредата на едно или на неколку од правата гарантирани со Конвенцијата. Оттука, доколку е доделен правичен надоместок во меѓудржавен случај, тој секогаш мора да биде во корист на поединечните жртви. Во однос на ова, Судот забележува дека членот 19 од предлогот членови за дипломатска заштита претходно наведен препорачува „да му се префрли на оштетеното лице секој надоместок за штетата добиен од страна на одговорната држава, со заддршка на разумни одбивања“ (ibid). Освен тоа, во случајот Diallo претходно наведен, Меѓународниот суд на правдата експлицитно потсети дека „надоместокот доделен на државата жалител во извршувањето од страна на истата на дипломатската заштита во однос на г-дин Диало, бил наменет за обесштетување на штетата што тој ја претрпел“ (Ahmadou Sadio Diallo (République de Guinée c. République démocratique du Congo), indemnisation, C.I.J. Recueil 2012, стр. 324, § 57).
0. Во овој случај, Судот утврдува дека кипарската влада поднела барања за правичен надоместок за обесштетување на повредите на Конвенцијата извршени против две групи на доволно прецизни и објективно препознатливи лица, имено, од една страна, 1456 исчезнати лица и, од друга страна, кипарските Грци во енклавата на полуостровот Карпас. Со други зборови, бараното обесштетување не е наменето да ја обесштети државата заради прекршување на нејзините права, туку за да се обесштетат индивидуалните жртви како што тоа било изложено во ставот 45 погоре. Во овие услови, и што се однесува на исчезнатите лица и жителите на Карпас, Судот смета дека владата жалител има право да поднеср барање согласно членот 41 од Конвенцијата и дека доделувањето на правичен надоместок е оправдано во овој случај.
Б Побарувања на кипарската влада за правичен надоместок
1. Аргументите на страните
а) Побарувања кои се однесуваат на исчезнатите лица
i. Кипарската влада
0. Кипарската влада вели дека, со оглед на исходот што случаите Varnava et autres (претходно наведен) et Karefyllides et autres c. Turquie ((déc.), бр. 45503/99, 1ви декември 2009), „отсега со оглед на неодамнешната судска пракса на Судот во однос на допуштеноста, поединците кои сакаат да добијат обесштетување за континуирани повреди во врска со исчезнувањето на членови на нивното семејство не можат повеќе да поднесуваат барања до Судот (освен ако постојат нови докази или информации кои можат да создадат обврска кај властите да преземат дополнителни истражни мерки).“ Владата жалител признава дека треба да се исклучат некои од 1485-те исчезнати лица наведени во ставот 119 од главната пресуда. Прво, случајот на девет од нив веќе бил обработен во рамките на индивидуалните жалби кои биле предмет на случајот Varnava et autres. Второ, биле ексхумирани и идентификувани остатоците од дваесет и осум лица,без притоа да може да се утврди дали тие починале заради операциите на Турција; оттука, не би било можно да се поднесе барање за нив. Од друга страна, владата жалител инсистира на точноста на листата на исчезнати лица, а турската страна патем никогаш не ја оспорила валидноста на оваа листа. Оттука, таа бара правичен надоместок за тие 1456 лица.
0. Кипарската влада додава дека, во своите почетни забелешки, таа барала 12 000 ЕУР по исчезнато лице, износ што одговарал на износот доделен од страна на Судот за секој поединечен случај во случајот Varnava et autres но дека во финалната верзија на своите забелешки таа се откажала од ова барање, едноставно барајќи од Судот да досуди правичен надоместок „со стандардна стапка соодветна на принципот на правичност.“ Во овој поглед, кипарската влада смета дека сумата од 12.000 ЕУР по лице доделени во случајот Varnava et autres не соодветствува на многу повисоките износи доделени понеодамна во случаи кои се споредливи правно гледано. Таа исто така смета дека нејзе Судот би требало да и ги исплати сумите доделени како правичен надомест, оставајќи и ја обврската потоа да им ги исплати истите на индивидуалните жртви, односно на роднините на исчезнатите лица.
ii. Турската влада
0. Турската влада тврди дека во мериторната одлука Судот не формулирал никаква прецизна констатација за бројот на исчезнати лица. Оттука, владата жалител нема право да поднесува хипотетички барања во име на неидентификувани корисници. Во согласност со принципите утврдени во пресудата Brecknell (претходно наведена), роднините на исчезнатите лица отсега би требало да чекаат повторно да се создаде процедуралната обврска. Со оглед на истекувањето на времето, бројот на потенцијални корисници може да се сменил, правниот интерес на некои од може да исчезнал итн. Покрај тоа, би било биде тешко да се направи прецизна пресметка на штетата. Ситуацијата била влошена поради отсуството на каква и да е акција во текот на речиси девет години од изрекувањето на мериторната пресуда, а вината за тоа не би можела да и се префрли на Турција.
б) Побарувања за жителите на Карпас
i. Кипарската влада
0. Во своите забелешки од 18 јуни 2012 година, кипарската влада бара правичен надоместок не само за исчезнатите лица, туку исто така и за повредите на човековите права што Големиот судски совет пресудил дека биле извршени против кипарските Грци од полуостровот Карпас. Таа појаснува дека овие нови побарувања се однесуваат на прекршувањата на членовите 3, 8, 9, 10 и 13 од Конвенцијата и на членот 2 од Протоколот бр. 1 што Судот ги утврдил, и таа нагласува дека тие не се однесуваат на повредата на сопственички права гарантирани со членот 1 од Протоколот бр. 1.
0. Во овој поглед, кипарската влада го бара следново:
„Со оглед дека луѓето од Карпас не само што биле жртви на уникатни и изолирани повреди на нивните права (како во горенаведените случаи), но и дека тие трпеле во текот на многу години повторувани повреди, покриени од страна на државата и мотивирани од нивната расна припадност, се чини дека критериумите наведени погоре предлагаат скромен надомест за морална штета од најмалку 50 000 фунти по лице. Во однос на ова треба да се потсети дека Судот заклучил дека дејствувањата на Турција ја повредиле достоинственоста на членовите на заедницата од Карпас и го прекршиле самиот принцип на почитување на човечко достоинство. .
1) Судот би требало да и нареди на Турција да му исплати сума на Кипар од 50 000 фунти по кипарски Грк кој живеел на полуостровот Карпас во периодот меѓу јули 1974 г. и датумот на пресудата донесена од страна на Големиот судски совет во мај 2001 година (Кипар ќе им ги исплати потоа обештетувањата на жртвите или на нивните наследници (...));
2) Бројот на засегнати жители би требало да се утврди со взаемен договор меѓу страните во рок од шест месеци по одлуката на Судот и, во отсуство на договор, да биде утврден од страна на претседателот на Судот врз основа на докази и писмени забелешки во врска со бројот и локализирањето на жителите и на нивните наследници.“
ii. Турската влада
0. Турската влада истакнува уште веднаш дека на кипарската влада и требало повеќе од единаесет години по изрекувањето на главната пресуда за да ги поднесе барањата. Таа додаде дека кипарската влада не направила никаков напор за да го утврди бројот на потенцијалните корисници. Конечно, таа укажува дека наводите на кипарската влада во врска со настани кои датираат уште од 1974 година, а дека поранешната Комисија беше изјавила во својот извештај дека можела да ги испита само наводите за прекршоци кои наводно биле извршени за време на шестте месеци пред датумот на поднесување на жалбата .
0. Турската влада понатаму објаснува дека условите за живот во Карпас се подобрени и дека „ТРСК“ има функционален судски систем кој е достапен за кипарските Грци кои живеат во северниот дел на Кипар.
0. Турската влада тврди дека членот 41 не создава право на правичен надоместок, и додава дека самата формулација на оваа одреба предвидува простор за дискрециско право на одлучување. Во контекст на овој случај, Судот би требало според неа да води сметка за тековниот процес на извршување пред Комитетот на министри. Конечно, Конвенцијата не гарантира право на казнени отштети: Судот секогаш ги отфрлал ваквите барања. Во овој случај, Судот би требало да каже дека утврдувањето на повреда содржано во мериторната пресуда е доволен надоместок.
Оценка на Судот
0. Судот ја повторува општата изјава што ја дал во пресудата Varnava et autres (претходно наведена) и која е исто така релевантна за доделувањето на отштета во меѓудржавен случај:
„224 Судот забележува дека ниту една одредба изрично не предвидува исплата на надоместок за морална штета. Во неговиот пристап кон доделувањето на правичен надоместок, кој варира од случај до случај, Судот прави разлика меѓу ситуациите каде што жалителот претрпел очигледна траума, физичка или психолошка, болки и страдања, очај, вознемиреност, фрустрација, чувство на неправда или понижување, продолжена несигурност, нарушување во неговиот живот или вистинска загуба на можностите (...) и ситуациите каде што јавното признавање, во обврзувачка пресуда за државата договорничка, на штетата претрпена од страна на жалителот само по себе претставува ефикасна форма на обесштетување. Во многу случаи, утврдувањето на Судот на неусогласување со нормите на Конвенцијата на некој закон, постапка или практика е доволно за да има обесштетување (...). Меѓутоа, во некои ситуации, може да се смета дека последиците од прекршокот се од таков вид и степен што предизвикале врз моралната благосостојба на жалителот таква повреда што ова обесштетување повеќе не е доволно. Овие елементи не можат да се пресметаат или квантифицираат прецизно. Исто така, Судот нема за улога да дејствува како национален суд кој е повикан, во граѓанската материја, за да ја утврди одговорноста и да додели отштета. Тоj е воден од принципот на правичност, што првенствено подразбира одредена флексибилност и објективно разгледување на она што е праведно, фер и разумно, водејќи сметка за сите околности на случајот, односно, не само за состојбата на жалителот, туку, исто така, за општиот контекст во кој се случила повредата. Надоместоците кои тој ги доделува за нематеријална штета го имаат за цел признавањето на тоа дека одредена повреда на основно право предизвикала нематеријална штета и нивните износи се пресметуваат на начин да ја одразуваат сериозноста на штетата. Тие не се наменети и не треба да имаат за намена да му обезбедат на жалителот, како израз на сочувство, финансиска удобност или збогатување на сметка на засегнатата договорна страна.“
Судот, исто така, истакна дека „жалителите во овој случај беа останале со децении во незнаење, што сигурно им оставило длабок белег“ (Varnava et autres, претходно наведена, § 225)..
0. Судот на ова само ќе додаде дека не постои никаков сомнеж дека жителите од Карпас за коишто главната пресуда оценила дека биле жртви на повреди на нивните права според членовите 3, 8, 9, 10 и 13 од Конвенцијата и членот 2 од Протоколот бр. 1 имале чувство на беспомошност, очај и вознемиреност во текот на многу години.
0. Имајќи ги предвид сите релевантни околности на случајот, Судот, одлучувајќи правично, цени дека е разумно да и се доделат на кипарската влада вкупните износи од 30 000 000 ЕУР за нематеријалната штета претрпена од преживеаните роднини на исчезнатите и од 60 000 000 ЕУР за нематеријалната штета претрпена од страна на жителите од енклавата во Карпас, плус кој и да е износ кој може да биде засметан како данок или такса на овие износи. Овие износи треба да бидат распределени од страна на владата жалител на индивидуалните жртви на повредите на овие две обвиненија утврдени во главната пресуда (видете ја, mutatis mutandis пресудата на Меѓународниот суд на правдата во случајот Diallo (надоместок), претходно наведена).
0. Судот освен тоа потсетува дека, во согласност со членот 46 § 2 од Конвенцијата, Комитетот на министри е задолжен да го надгледува извршувањето на пресудите на Судот. Во конкретните околности на овој случај, тој смета дека владата на Кипар е онаа којае задолжена, под надзор на Комитетот на министри, да воспостави ефикасен механизам за распределбата на горенаведените суми на индивидуалните жртви. Оваа распределба ќе треба да биде направена од страна на тужената влада во рок од осумнаесет месеци од денот на исплата или во кој и да е друг таков рок што Комитетот на министри ќе го смета за соодветен.
В. Затезни камати
0. Судот смета за соодветно да ги заснова стапките на затезните камати на најниската стапка на позајмување од Европската централна банка зголемени за три процентни поени.
II. БАРАЊЕТО НА КИПАРСКАТА ВЛАДА ЗА ИЗРЕКУВАЊЕ НА „ДЕКЛАРАТИВНА ПРЕСУДА“
0. Во своето барање од 25 ноември 2011 година, кипарската влада бара од Судот да се донесе „декларативна пресуда“ велејќи:
„i) дека Турција треба, согласно со членот 46, да се усогласи со пресудата во случајот Chypre c. Turquie воздржувајќи се притоа од тоа да ги дозволи или да ги толерира нелегалните продажба и користење на домовите и имотот на кипарските Грци во северниот дел на Кипар, да учествува во овие практики или да биде, на кој и да е начин, соучесник во однос на ова;
ii) дека овие обврски кои произлегуваа од членот 46 не згаснале поради одлуката за неодопуштеност донесена од страна на Судот во случајот Demopoulos. “
0. Судот забележува дека според членот 46 и оттука според нејзините меѓународни обврски тужената држава е должна да се усогласи со главната пресуда. Тој го потврдува општиот принцип кој вели дека тужената држава останува слободна да ги избере средствата за да си ја изврши законската обврска согласно таа одредба и дека надзорот над извршувањето на пресудите на Судот е одговорност на Комитетот на министри .
0. Судот смета дека штом е јасно е дека тужената влада е во секој случај формално врзана со релевантните одредби од главната пресуда, нема потреба да се разгледа прашањето дали Конвенцијата му дава надлежност за изрекување на „декларативна пресуда“ како што тоа го бара владата тужител. Тој потсетува во овој поглед дека утврдил постоење на континуирана повреда на членот 1 од Протоколот бр 1 по основ на тоа дека на кипарските Грци сопственици на имот во северниот дел од Кипар им бил одбиен пристапот до нивниот имот, управувањето, користењето и уживањето на истиот, како и каков и да е надоместок за мешањето во нивните имотни права (дел III, точка 4 од главната пресуда). Затоа, Комитетот на министри е должен да обезбеди тужената влада да го испочитува заклучокот, кој е обврзувачки според Конвенцијата и со која се уште не се усогласил. За Судот, спроведувањето на заклучокот е неспоиво со било каква форма на дозволување, учество, согласување или соучество во однос на незаконски дејствија на продажба или користење на домовите или друг имот на кипарските Грци во северниот дел на Кипар. Понатаму, одлуката Demopoulos et autres (претходно наведена), во која Судот заклучи дека жалбите поднесени од страна на поединци за да се жалат на повреда на нивните права на сопственост морале да бидат одбиени поради неисцрпување на домашните правни лекови, не може да се смета сама по себе како решение на прашањето на почитувањето од страна на Турција на делот III од главната пресуда донесена во овој меѓудржавен случај.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучи, со шеснаесет гласови против еден, дека времето што поминало од изрекувањето, на 10 мај 2001, на главната пресуда не ги направило недопуштени барањата поднесени од страна на владата жалител согласно членот 41 од Конвенцијата;
2. Одлучи со шеснаесет гласови против еден, дека членот 41 е применлив во овој случај во онаа мера во која исчезнатите лица се засегнати;
3. Одлучи, со петнаесет гласови против два, дека членот 41 е применлив во овој случај во онаа мера во која кипарските Грци во енклавата на полуостровот Карпас се засегнати;
4. Одлучи со петнаесет гласови против два,
а) дека тужената држава треба да и исплати на владата, во рок од три месеци, 30 000 000 ЕУР (триесет милиони евра), плус кој и да е износ кој би можел да биде засметан како данок или такса, за нематеријалната штета нанесена на семејствата на исчезнатите лица;
б) дека по истекот на наведениот рок па се до исплатата, овој износ ќе се зголеми со обична камата со стапка еднаква на најниската стапка за позајмување на Европската централна банка применлива за тој период, плус три процентни поени;
в) дека овој износ ќе им биде распределен од страна на владата жалител на индивидуалните жртви, под надзор на Комитетот на министри, во рок од осумнаесет месеци од денот на исплата или во кој и да е друг рок што Комитетот на министри ќе го смета за соодветен ;
5.Одлучи, со петнаесет гласови против два,
а) дека тужената држава треба да и плати на владата жалител, во рок од три месеци, 60 000 000 ЕУР (шеесет милиони евра), плус кој и да е износ кој би можел да биде засметан за данок или такса, за нематеријалната штета нанесена на кипарските Грци во енклавата на полуостровот Карпас;
б) дека по истекот на наведениот рок па се до исплатата, овој износ ќе се зголеми со обична камата со стапка еднаква на најниската стапка за позајмување на Европската централна банка применлива за тој период, плус три процентни поени;
в) овој износ ќе им биде распределен од страна на владата жалител на индивидуалните жртви влада, под надзор на Комитетот на министри, во рок од осумнаесет месеци од денот на исплата или во кој и да е друг период што Комитетот на министри ќе го смета за соодветен .
Изготвено на англиски и француски јазик, и потоа прочитано на јавна расправа во Палатата на човекови права, во Стразбур, на 12 мај 2014 година.
Мајкл О’БојлХосеп Касадевал
Заменик секретарПретседател
Кон оваа пресуда прикачено е, согласно членот 45 став 2 од Конвенцијата и членот 74 став 2 од Деловникот, експозето на следните издвоени мислења:
– заедничко согласно мислење на судиите Зупанчиќ, Гјилимјан, Давид Тор Бјоргвинсон, Николау , Сајо, Лазарова Трајковска, Пауер-Форде, Вучинчиќ и Пинто де Албукерке ;
- согласно мислење на судијата Пинто де Албукерке со кое се согласува судијата Вучинчиќ;
- делумно согласно мислење на судиите Тулкен, Вајиќ, Рајмонди и Бијанку, со кое се согласува судијката Каракаш ;
– делумно согласно и делумно издвоено мислење на судијата Касадевал ;
- издвоено мислење на судиката Каракаш.
J.C.M.
М.О’Б.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2014.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy