© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 174
Мај 2014
Кипар против Турција (правичен надоместок) [ГС] - 25781/94
Пресуда 12.5.2014 [ГС]
Член 41
Правичен надоместок
Доделување на државата жалител на надоместок во врска со нејзините исчезнати и отсечени граѓани во енклава во северен Кипар
Факти – Во својата пресуда на Голем судски совет донесена на 10 мај 2001 г., Судот заклучи дека Турција починила бројни повреди на Конвенцијата поради воените операции што оваа земја ги спровела во северен Кипар во јули и август 1974 г., континуираната поделба на територијата на Кипар и на активностите на „Турската република на Северен Кипар“ ( „ТРСК“). Што се однесува на прашањето за правичен надоместок, Судот одлучи, едногласно, дека прашањето не било зрело за одлука и го одложил неговото разгледување. Процедурата за извршување на пресудата во главната постапка била сеуште во тек пред Комитетот на министри на Советот на Европа на датумот на усвојувањето на пресудата за правичниот надоместок.
Право – Член 41
a) Допуштеност
i. За прашањето за тоа дали поднесокот е задоцнет - И покрај нејзиниот посебен карактер како инструмент за заштита на човековите права, Конвенцијата е меѓународен договор кој треба да се толкува во согласност со нормите и принципите на меѓународното јавно право. Општото меѓународно право ја признава во принцип обврската на владата жалител, во меѓудржавен спор, да дејствува веднаш за да ја гарантира правната сигурност и за да не предизвика штета која е диспропорционална во однос на легитимните интереси на тужената држава.
Оваа жалба била поднесена во 1994 година пред поранешната Европска комисија за човекови права, во согласност со одредбите кои се применувале пред влегувањето во сила на Протоколот бр.11 од Конвенцијата. Според правилникот на Комисијата тогаш во сила, ниту Владата жалител во меѓудржавен случај нити индивидуалните жалители не биле обврзани да го изложат во општи црти во жалбениот образец нивното барање за правичен надоместок. Во писмото од 29 ноември 1999 година кое го беше испратил до владите на двете земји, Судот изрично и дал упатство на владата жалител да не достави барање за правичен надоместок во фазата на испитување на основаноста на жалбата. Во својата пресуда од 10 мај 2001 година, Судот го одложил разгледувањето на евентуалната примена на членот 41 од Конвенцијата и не им дал никаков рок на страните за поднесувањето на нивните побарувања за правичен надоместок.
Спорното доцнење во овој случај се случило меѓу пресудата од страна на Судот за основаноста на случајот и контролата на извршувањето на оваа пресуда од страна на Комитетот на министри. Во овој временски интервал, двете влади можеле да мислат дека прашањето дали да се досуди правичен надоместок било суспендирано во очекување на понатамашниот след на настаните. Покрај тоа, прашањето за правичен надоместок било споменато неколку пати во текот на постапката за основаноста на случајот.
Во главната пресуда, прашањето за тоа дали да се додели правичен надоместок било одложено, што сосема јасно значи дека судот не ја отфрлил можноста да продолжи со негово разгледување кога ќе дојде време. Ниту едната, ниту другата страна не можела значи разумно да мисли дека ова прашање нема да биде предмет на разгледување или дека истекувањето на времето ќе доведе до негово згаснување или застарување. Конечно, како што со право го посочува, кипарската влада никогаш не дала никаква изјава во која експлицитно или имплицитно се наведувало дека таа се откажала од правото да бара правичен надоместок. Напротив, нејзиното писмо од 31 август 2007 година треба да се смета како јасна и недвосмислена потврда на нејзината намера да го оствари ова право. Во овие околности, тужената влада нема основа да тврди дека одновото разгледување на побарувањата на владата жалител би наштетило на нејзините легитимни интереси. Во светло на пресудата Naur** претходно наведена, Судот смета дека, во овој контекст, „штетата“ во прашање е пред се поврзана со процедуралните интереси на тужената влада и дека тужената влада е онаа која треба да покаже на убедлив начин дека ваква штета непосредно се заканува или дека е веројатна. Меѓутоа, Судот не гледа доказ за тоа во овој случај.
Во онаа мера во која тужената влада се повикува на постапката за надзор пред Комитетот на министрите, Судот потсетува дека наодите за повреди изнесени во неговите пресуди во суштина се од декларативна природа и дека, според членот 46 од Конвенцијата, Високите договорни страни се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои тие се страни, додека Комитетот на министри е одговорен за следење на извршувањето на овие пресуди. Во овој поглед, не треба да се измеша, од една страна, постапката пред Судот, којшто е надлежен за утврдување на повреда на Конвенцијата во своите конечни пресуди кон кои што Договорните страни се должни да се придржуваат (член 19 во комбинација со член 46 § 1) и за доделување, доколку е потребно, на правичен надоместок (член 41), и, од друга страна, механизмот за надзор на извршувањето на пресудите кој е под одговорност на Комитетот на министри (член 46 § 2). Што се однесува до промените кои се случиле меѓу 2001 и 2010 година, во рамките на постапката за надзор пред Комитетот на министри или во врска со неа, Судот смета дека тие без сомнение се релевантни за проценка на основаноста на барањето за правичен надоместок поднесено од страна на владата жалител. Сепак, тие никако не не го спречуваат да го разгледа ова барање
Во светлината на горенаведеното, Судот не наоаѓа оправдана причина да смета дека барањето за правичен надоместок поднесено од кипарската влада е задоцнето и да го прогласи за недопуштено по овој основ.
Заклучок: прелиминарниот приговор е отфрлен (едногласно).
ii.Применливост - Имајќи ја во предвид специфичноста на членот 41 од Конвенцијата како lex specialis во споредба со општите правила и принципи на меѓународното право, оваа одредба се применува, како таква, во меѓудржавните случаи. Сепак, прашањето за тоа дали е оправдано да и се додели правичен надоместок на државата жалител треба да биде разгледано и одлучено од страна на Судот од случај до случај, земајќи ги предвид, меѓу другото, видот на жалбен навод наведен од страна на жалителот, можноста да се идентификуваат жртвите на повредите и главната цел на постапката, во онаа мера во која таа е јасно воочлива во жалбата првично поднесена до Судот. Кога некоја жалба поднесена до Судот согласно член 33 содржи различни видови на жалбени наводи кои имаат различни цели, секој жалбен навод мора да се испита одделно за да се утврди дали треба да се додели правичен надоместок.
Кога една Договорна страна жалител се жали заради општи проблеми во врска со друга Договорна страна, нејзината главна цел е да го брани европскиот јавен ред во рамките на колективната одговорност на државите согласно Конвенцијата. Во такви случаи, може да не биде пожелно да се додели правичен надоместок согласно дури и ако владата жалител поднесува барање за таа цел. Меѓутоа, кога Договорната држава и префрла на друга Договорна страна дека ги крши човековите права на нејзините граѓани (или на други лица), нејзините жалбени наводи се споредливи во суштина не само со оние покренати во индивидуална жалба поднесена според членот 34 од Конвенцијата, туку и со оние кои можат да бидат поднесени во рамките на дипломатската заштита. Ако Судот ги усвои жалбените наводи од овој вид и утврди повреда на Конвенцијата, може да биде соодветно да се додели правичен надоместок со оглед на конкретните околности на случајот и на критериумите изложени погоре. Сепак, никогаш не треба да се заборави дека, поради самата природа на Конвенцијата, поединецот, а не на државата, е оној кој е директно или индиректно засегнат и главно „оштетен“ со повредата на едно или на неколку од правата гарантирани со Конвенцијата. Оттука, доколку е доделен правичен надоместок во меѓудржавен случај, тој секогаш мора да биде во корист на поединечните жртви.
Во овој случај, кипарската влада поднела барања за правичен надоместок за обештетување на повредите на Конвенцијата извршени против две групи на доволно прецизни и објективно препознатливи лица, имено, од една страна, 1456 исчезнати лица и, од друга страна, кипарските Грци во енклавата на полуостровот Карпас. Со други зборови, бараното обештетување не е наменето да ја обештети државата заради прекршување на нејзините права, туку за да се обештетат индивидуалните жртви. Во овие околности, било оправдано да се поднесе барање согласно членот 41 од Конвенцијата.
Заклучок:членот 41 е применлив на исчезнатите лица (шеснаесет гласови против еден); членот 41 е применлив на граѓаните во енклавата (петнаесет гласови против два).
б) Нематеријална штета - Не постои никаков сомнеж дека жителите од Карпас за коишто главната пресуда оценила дека се жртви на повреди на нивните права гарантирани со членовите 3, 8, 9, 10 и 13 од Конвенцијата и членот 2 од Протоколот бр. 1 имале чувства на беспомошност, очај и вознемиреност во текот на многу години.
Судот и доделува значи на кипарската влада 30 милиони евра за нематеријалната штета претрпена од преживеаните роднини на исчезнатите и 60 милиони евра за нематеријалната штета претрпена од страна на жителите од енклавата во Карпас. Овие износи мора да им бидат распределени од страна на Влада барател на индивидуалните жртви на повредите на овие двa елемента утврдени во главната пресуда.
Заклучок: 90 000 000 ЕУР за нематеријална штета (петнаесет гласови против два).
(Видете исто Irlande c. Royaume-Uni, 5310/71, 18 јануари 1978)
* Certaines terres à phosphates à Nauru (Nauru c. Australie), прелиминиарни преговори, пресуда, МСП Збирка 1992
** Во случајот Nauru разгледуван од страна на Меѓународниот суд на правдата (МСП), спорното одложување се случило пред поднесувањето на меѓудржавната жалба.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2014
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy