© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈОТ НА ДЕЛ РИО ПРАДА против ШПАНИЈА
(Жалба бр. 42750/09)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
21 октомври 2013 год.
Оваа пресуда е конечна но може да подложи на уредничка ревизија.
Во случајот на Дел Рио Прада против Шпанија,
Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет составен од:
Диан Шпилман (Dean Spielmann), претседател,
Гвидо Раимонди (Guido Raimondi),
Инета Зиемеле (Ineta Ziemele),
Марк Вилигер (Mark Villiger),
Изабел Беро-Лефевр (Isabelle Berro-Lefèvre),
Елизабет Штајнер (Elisabeth Steiner),
Јоргос Николау (George Nicolaou),
Луиз Лопез Гера (Luis López Guerra),
Леди Бјанку (Ledi Bianku),
Ан Пауер-Форде (Ann Power-Forde),
Ишил Каракаш (Işıl Karakaş),
Пол Леменс (Paul Lemmens),
Пол Махони (Paul Mahoney),
Алеш Пејчал (Aleš Pejchal),
Јоханес Силфис (Johannes Silvis),
Валериу Гритско (Valeriu Griţco),
Фарис Вехабовиќ (Faris Vehabović), судии,
и Мајкл О’Бојл (Michael O’Boyle), заменик секретар,,
Откако го разгледа случајот на затворени седници на 20 март 2013 г. и на 12 септември 2013 г.,
Ја донесе следнава пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 42750/09) против Кралството Шпанија поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од страна на шпанската државјанка г-а Инес дел Рио Прада („жалителката“) на 3 август 2009 година.
2. Жалителката беше застапувана од г-динот С. Сварооп, г-динот М. Мулер и г-динот М. Иверс, адвокати со пракса во Лондон, г-диот Д. Руже, адвокат со пракса во Бајон, г-ата А. Изко Арамендиа, адвокат со пракса во Памплона и г-динот У. Аиерца Азурца, адвокат со пракса во Сан Себастијан. Шпанската Влада („Владата“) беше застапувана од нивниот агент, г-динот Ф. Санз Гандасеги, и нивниот ко-агент, г-динот Салама Салама, државен адвокат.
3. Жалителката тврдеше дека од 3 јули 2008 г. нејзиниот продолжен престој во затвор не бил ниту “законски“ ниту „во согласност со постапка пропишана со закон“ согласно членот 5 § 1 од Конвенцијата. Повикувајќи се на членот 7, таа исто така се жалеше дека таа сметала дека ретроактивната примена на нов пристап усвоен од Врховниот суд откако по правосилна пресуда нејзината затворска казна ѝ била продолжена за речиси девет години.
4. Жалбата ѝ беше доделена на Третата секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). На 19 ноември 2009 г. претседателот на Третата секција одлучи да ја извести Владата за жалбата. Исто така било одлучено во исто време да одлучи и за допуштеноста и основаноста на жалбата (член 29 § 1 од Конвенцијата). На 10 јули 2012 г. Судскиот совет на таа секција, составен од Хосеп Касадевал (Josep Casadevall), претседател, Корнелиу Бирсан (Corneliu Bîrsan), Алвина Ѓулумјан (Alvina Gyulumyan), Егберт Мијер (Egbert Myjer), Јан Шикута (Ján Šikuta), Луиз Лопез Гера (Luis López Guerra), Нона Цоцориа (Nona Tsotsoria), судии и Сантиаго Квесада (Santiago Quesada), секретар на Секцијата, пресудија. Тие едногласно ги прогласија жалбите по основ на членот 7 и членот 5 § 1 од Конвенцијата за допуштени, а остатокот на жалбата за недопуштена, и потоа продолжија и утврдија повреда на тие одредби.
5. На 4 октомври 2012 г. Судот доби барање од Владата за случајот да биде упатен до Големиот судски совет. На 22 октомври 2012 г. панел на Големиот судски совет одлучи да го упати случајот на Големиот судски совет (членот 43 од Конвенцијата).
6. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите од член 26 §§ 4 и 5 од Конвенцијата и правилото 24 од Деловникот на Судот.
7. И жалителката и Владата поднесоа дополнителни забелешки на писмено (правило 59 § 1) во однос на основаноста.
8. Исто така, коментари на трета странка беа примени од г-ата Роисин Пилај, во име на Меѓународната комисија на правници (ИЦЈ), на која претседателот ѝ даде дозвола да интервенира во писмената постапка (член 36 § 2 од Конвенцијата и правилото 44 § 3).
9. Расправата беше јавна и се одржа во Зградата на човековите права во Стразбур на 20 март 2013 година (правило 59 § 3).
Пред Судот се појавија:
(a) за Владата
Г-динИ. Салама Салама (I. Salama Salama), ко-агент,
Г-динФ. Санз Гандасеги (F. Sanz Gandásegui), агент,
Г-динХ. Рекела Јулиани (J. Requena Juliani),
Г-динХ. Нистал Бурон (J. Nistal Buron), советници;
(б) за жалителката
Г-динМ. Мулер (M. Muller),
Г-динС. Сварооп (S. Swaroop),
Г-динМ. Иверс (M. Ivers),адвокат,
Г-динД. Руже (D. Rouget),
Г-аА. Изко Анамедиа (A. Izko Aramendia),
Г-динУ. Аиарца Азурца (U. Aiartza Azurtza), советници.
Судот ги сослуша обраќањата на г-динот Мулер, г-динот Сварооп, г-дин Иверс и г-динот Салама Салама, како и одговорите на г-динот Мулер, г-динот Сварооп, г-динот Иверс и г-динот Санз Гандасеги на неговите прашања.
ФАКТИТЕ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
10. Жалителката е родена во 1958 г. Таа служи затворска казна во регионот на Галиција.
11. Во осум посебни групи на кривични постапки пред Националниот суд (Audiencia Nacional)[1], жалителката била осудена на следниов начин:
- со пресудата бр. 77/1988 од 18 декември 1988 г.: за тоа што била припадник на терористичка организација на казна затвор од осум години; за незаконско поседување на оружје на казна затвор од седум години; за поседување на експлозивни средства на казна затвор од осум години; за фалсификување на казна затвор од четири години; и за користење на фалсификувани лични документи на казна затвор од шест месеци;
- со пресудата бр. 8/1989 од 27 јануари 1989 г.: за оштетување на имот, поврзано со шесте точки за тешки телесни повреди, една за предизвикување на телесна повреда и девет за нанесување на полесно повреди, на казна затвор од шеснаесет години;
- со пресудата бр. 43/1989 од 22 април 1989 г.: за напад со смртни последици и за убиство на казна затвор од дваесет и девет години за секоја точка поединечно;
- со пресудата бр. 54/1989 од 7 ноември 1989 г. за напад со смртни последици на триесет години затвор; за единаесет убиства на казна затвор од дваесет и девет години за секое убиство; за седумдесет и осум обиди за убиство на казна затвор од дваесет и четири години за секоја точка; и за оштетување на имот на казна затвор од единаесет години. Националниот суд наложил согласно членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. максималниот период што ќе требала да го отслужи (condena) да биде триесет години;
- со пресудата бр. 58/1989 од 25 ноември 1989 г.: за напад со смртни последици и две убиства на казна затвор од дваесет и девет години за секоја точка од обвинението. Националниот суд наложил согласно членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. максималниот период што ќе требала да го отслужи (condena) да биде триесет години;
- со пресудата бр. 75/1990 од 10 декември 1990 г.: за напад со смртни последици на казна затвор од триесет години; за четири убиства на казна затвор од триесет години за секоја точка од обвинението; за единаесет обиди за убиство на казна затвор од дваесет години за секоја точка од обвинението; и за обвинението за тероризам на казна затвор од осум години. Пресудата посочила дека во однос на затворските казни треба да се земе во предвид максималната казна затвор предвидена во членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. ;
- со пресудата бр. 29/1995 од 18 април 1995: за напад со смртни последици на казна затвор од дваесет и осум години; и за обид за убиство на казна затвор од дваесет години и еден ден. Судот повторно упати на ограничувањата предвидени во членот 70 од Кривичниот законик;
- со пресудата бр. 24/2000 од 8 мај 2000 г.: за напад со намера за убиство на триесет години затвор; за убиство на дваесет и девет години затвор; за седумнаесет обиди за убиства на дваесет и четири години затвор за секоја точка од обвинението; и за оштетување на имот на единаесет години затвор. Во пресудата се вели дека казната што требала да ја отслужи го надминувала лимитот предвиден во членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. При утврдувањето кој кривичен закон важел (Кривичниот законик од 1973 г., кој важел во материјалното време, или Кривичниот законик од 1995 г.), Националниот суд сметал дека Кривичниот законик од 1973 бил поблаг, заради максималната казна согласно членот 70.2 од Законикот, комбинирана со намалувањата на казната за работата сработена во затвор согласно членот 100.
12. Сè на сè, времетраењето на затворската казна на која жалителката била осудена за овие кривични дела, извршени меѓу 1982 и 1987 година, достигнало 3.000 години.
13. Жалителката била притворена пред судењето од 6 јули 1987 г. до 13 февруари 1989 г. и започнала да ја отслужува својата прва казна откако била осудена на 14 февруари 1989 г.
14. Со одлука од 30 ноември 2000 г. Националниот суд ја известил жалителката дека правната и хронолошката поврзаност на делата за кои била осудена овозможиле нивно групирање (acumulación de penas) согласно членот 988 од Законот за кривична постапка (Ley de Enjuiciamiento Criminal) поврзано со членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г., кој бил на сила кога делата биле извршени. Националниот суд го определил максималниот период што жалителката требала да го отслужи во однос на сите затворски казни сведени на триесет години.
15. Со одлука од 15 февруари 2001 г. Националниот суд го одредил 27 јуни 2017 г. како датум на кој жалителката целосно ќе била ослободена од нејзината казна (liquidación de condena).
16. На 24 април 2008 г. земајќи го во предвид намалувањето од 3.282 дена на кое имала право за она што одработила од 1987 г., властите од Затворот Мурсиа, каде жалителката ја служела својата затворска казна, доставиле предлог со Националниот суд дека таа требала да биде ослободена на 2 јули 2008 г. Документите поднесени до Судот од страна на Владата покажуваат дека на жалителката и биле доделени редовни и вонредни намалувања на казната врз основа на одлуки на судиите одговорни за извршување на казните (Jueces de Vigilancia Penitenciaria, првостепени и Audiencias Provinciales, по жалба) во 1993, 1994, 1997, 2002, 2003 и 2004 г., за чистење на затворот, на нејзината ќелија и на комуналните делови и за универзитетските студии.
17. Меѓутоа на 19 мај 2008 г. Национаниот суд го одбил предлогот и побарал од затворските власти да поднесат нов датум за ослободување на жалителката, заснован на нов преседан (познат како „Доктрината на Парот“) утврден од Врховниот суд во неговата пресуда бр. 197/2006 од 28 февруари 2006 г. Според овој нов пристап, прилагодувањето на казната (beneficios) и намалувањата повеќе не се применувале за максималниот временски рок на затворските казни од триесет години, туку сукцесивно за секоја изречена казна (види „Релевантното домашно право и пракса“, параграфи 39-42 долу).
18. Националниот суд објаснил дека овој нов пристап се применувал само за лица осудени согласно Кривичниот законик од 1973 г. за кои и важел членот 70.2. Бидејќи таков бил и случајот на жалителката, датумот за нејзино ослободување соодветно на тоа бил променет.
19. Жалителката поднела жалба (súplica) против одлуката. Таа тврдела меѓу другото дека примената на пресудата на Врховниот суд претставувала повреда на принципот да не се применуваат ретроактивно одредби од кривичното право кои не се во корист на обвинетиот, бидејќи наместо да се применуваат на максималниот временски рок кој требала да го отслужи, а кој бил триесет години, намалувањата на казната за сработеното во затвор во овој случај ќе се примениле на секоја изречена казна. Таа тврдела дека последицата била зголемување на времетраењето на затворската казна, која таа ја служела, за речиси девет години. Судот не беше известен за исходот од оваа жалба.
20. Со судски налог од 23 јуни 2008 г., заснован на нов предлог од затворските власти, Националниот суд го одредил датумот за конечното ослободување на жалителката (licenciamiento definitivo) за 27 јуни 2017 г.
21. Жалителката поднела жалба súplica против судската одлука од 23 јуни 2008 г. Со одлука од 10 јули 2008 г. Националниот суд ја одбил жалбата на жалителката, објаснувајќи дека не било прашање на ограничување на затворските казни, туку повеќе како да се применат намалувањата на казната за да се одреди датумот за ослободување на затвореникот. Таквите намалувања од тој момент натаму требале да се применуваат на секоја казна поединечно. Конечно Националниот суд сметал дека начелото да не се применува ретроактивно не било прекршено затоа што кривичниот закон што бил применет во овој случај бил истиот што бил на сила во времето на неговата примена.
22. Потпирајќи се на членовите 14 (забрана на дискриминација), 17 (право на слобода), 24 (право на делотворна судска заштита) и 25 (начелото на законитост) на Уставот, жалителката поднела amparo жалба до Уставниот суд. Со одлуката од 17 февруари 2009 г. Уставниот суд ја прогласил жалбата за недопуштена по основ дека жалителката не ја покажала уставната релевантност на нејзините жалби.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА
...
ПРАВОТО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 7 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
56. Жалителката тврдеше дека она што таа го сметала за ретроактивна примена на отстапување од судската пракса на Врховниот суд кој откако била осудена ѝ го продолжил нејзиниот престој во затвор за речиси девет години, со што бил повреден членот 7 од Конвенцијата кој го вели следново:
„1. Никој нема да се смета за виновен за кривични дела на сметка на некаков чин или пропуст кој не претставува кривично дело согласно националното или меѓународното право во времето кога било сторено. Ниту пак ќе се изрече потешка казна од онаа што можела да се примени во времето кога кривичното дело било извршено.
2. Овој член нема да ја прејудицира пресудата или казната за лице кое е виновно за дело или пропуст, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично дело според општите правни начела признати од цивилизираните народи.“
А. Пресудата на Судскиот совет
57. Во својата пресуда од 10 јули 2012 г. Судскиот совет одлучил дека имало повреда на членот 7 од Конвенцијата.
58. Тој дошол до таа одлука откако забележал, најпрво дека иако одредбите од Кривичниот законик од 1973 г. кои се однесувале на намалувањата на казната и максималното времетраење на затворската казна што едно лице може да ја служи – имено триесет години согласно членот 70 од Законикот – биле во одредена мерка двосмислени, во праксата затворските власти и шпанските судови имале обичај да го третираат максималното законско времетраење на затворската казна како нова, независна казна на која требало да се применат прилагодувањата како што е намалувањето за сработеното во затвор. Тој заклучил дека во времето кога биле извршени делата и во времето кога било одлучено да се обединат казните (на 30 ноември 2000 г.), релевантното шпанско право, земено во целина, вклучително и судската пракса, биле формулирани со доволна прецизност која можела да ѝ овозможи на жалителката да го раздвои до разумен степен опсегот на изречената казна и начинот на нејзиното извршување (§ 55 од пресудата, со упатување, за споредба, на Kafkaris v. Cyprus [GC], no 21906/04, § 150, ECHR 2008).
59. Второ, Судскиот совет забележал дека во случајот на жалителката новото толкување од страна на Врховниот суд во 2006 г. на начинот на примена на намалувањата на казната довело, ретроактивно, до продолжување на престојот на жалителката во затвор за речиси девет години, со тоа што била лишена од намалувањата на казната за работата сработена во затвор на што во спротивно ќе имала право. Во тој контекст, се сметало дека оваа мерка не само што се однесувала на извршувањето на казната од страна на жалителката, туку истата имала и одлучувачки последици и врз опсегот на „казната“ за потребите на членот 7 (§ 59 од пресудата).
60. Трето, Судскиот совет забележал дека промената на пристапот од страна на Врховниот суд немала никаква основа во судската пракса, и дека самата Влада признала дека претходната пракса на лицата и судовите ќе биле понаклонети кон жалителката. Тој посочил дека напуштањето на претходната пракса се случило по стапувањето на сила на новиот Кривичен законик од 1995 г. кој ги укинал намалувањата на казните за работата сработена во затвор и воспоставил нови – построги – правила на примена на прилагодувањето на казните на затворениците осудени со по неколку долги затворски казни. Тој нагласил дека домашните судови не смееле ретроактивно и на штета на засегнатото лице да ја применуваат кривичната политика што стои зад законските промени усвоени после извршеното дело (§ 62 од пресудата). Тој заклучил дека било тешко, па дури и невозможно, за жалителката да замисли во материјалното време, како кога и казните ѝ биле обединети и максималниот временски рок на затворската казна утврден, дека Врховниот суд во 2006 г. ќе ја напушти својата претходна судска пракса и ќе го промени начинот на примена на намалувањата врз казните, дека ова отстапување од судската пракса ќе било применето во нејзиниот случај и времетраењето на нејзиниот престој во затвор последователно ќе бил продолжен (§ 63 од пресудата).
Б. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
1. Жалителката
61. Жалителката се изјасни дека максималната казна затвор од триесет години утврдена со одлуката од 30 ноември 2000 г. за обединување на казните и поставување на горна граница на затворската казна која требала да се отслужи достигнала ниво на нова казна и/или на конечно утврдена казна. Таа се согласи со одлуката на Судскиот совет дека праксата во тоа време и дала легитимно очекување, додека ја служела својата затворска казна, дека намалувањата на казната на кои имала право за она што го сработила од 1987 г. ќе се однесувале на максималниот законски временски рок на затворската казна од триесет години.
62. Во тој контекст, таа се изјасни дека примената на отстапувањето на Врховниот суд од судската пракса со неговата пресуда бр. 197/2006 во нејзиниот случај достигнало ниво на ретроактивно наметнување на дополнителна казна која не можела чисто да се опише како мерка поврзана со извршување на казната. Како резултат на оваа промена во пристапот, триесет годишната казна утврдена со одлуката од 30 ноември 2000 г., за која таа била известена истиот ден, престанала да се третира како нова, независна и/или како конечна казна и различните казни што и биле изречени меѓу 1988 г. и 2000 г. (кои достигнувале вкупна бројка од три илјади години затвор) во осум судски процеси, на некој начин, биле вратени. Жалителката се изјаснила дека преку примената на намалувањата на казната на секоја од нејзините казни поединечно шпанските судови ја лишиле од намалувањата на казната која таа ги заработила и ѝ додале девет години на нејзината затворска казна. При тоа, засегнатите судовите не ги смениле само правилата што се применувале за намалувања, туку исто така ја редифинирале и/или значително за измениле „казната“ за која била информирана дека ќе треба да ја отслужи.
63. Жалителката тврдеше дека отстапувањето на Врховниот суд од судската пракса во својата пресуда бр. 197/2006 не било разумно предвидливо во контекст на претходната пракса и судската пракса, и ги лишила намалувањата на казните за работата сработена во затвор уредени со Кривичниот законик од 1973 г. од секакво значење за луѓето во нејзина ситуација. Според изјаснувањето на жалителката пресудата во прашање резултирала со примена во нејзиниот случај на кривичната политика што е во основата на новиот Кривичен законик од 1995 г., и покрај фактот дека намерата на оние што го изготвиле Законикот била да се задржат намалувањата на казната уредени со Кривичниот законик од 1973 г. за сите кои биле осудени согласно тој законик.
64. Од другата страна никој не порекуваше дека во времето кога жалителката ги сторила делата шпанското право не било формулирано со доволна прецизност за да ѝ се овозможи да направи разлика, до степен кој бил разумен во околностите, меѓу опсегот на изречената казна и начинот на нејзиното извршување (жалителката упати на Кафкарис, цитиран горе, § 150). Според изјаснувањето на жалителката, Кривичниот законик од 1973 г. бил двосмислен во однос на тоа дека тој не специфицирал дали максималниот период од триесет години затвор била нова, независна казна, дали поединечните казни и понатаму постоеле и по нивното здружување и на која казна треба да се применат намалувањата на казната за работата сработена во затвор. Пресудата бр. 197/2006 не го појаснила прашањето за утврдувањето на казната со оглед дека Врховниот суд изречно не ја укинал својата одлука од 25 мај 1990 г. според која комбинирањето на казните предвидено во членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. се однесувало на утврдувањето на казната.
Покрај тоа, доколку таа одлука и понатаму била на сила Националниот суд морал да избере меѓу различните казни за кои намалувањата на казната можеле потенцијално да се применат, имено максималниот период од триесет години или поединечните казни. Согласно пресудата во случајот на Скопола против Италија (Scoppola v. Italy (no. 2) judgment ([GC], no. 10249/03, 17 September 2009)), Националниот суд би бил обврзан да го примени поблагиот кривичен закон, при тоа имајќи ги во предвид конкретните околности на случајот.
65. Исто така, разликата меѓу казната и нејзиниот извршување не секогаш е јасна во пракса. Владата е таа, кога се потпира врз разликата, да покаже дека било применливо во конкретниот случај, имено кога отсуството на јасност се должело на начинот на кој државата ги изготвила или применила своите закони. Треба да се направи разлика меѓу актуелниот случај и случаите во врска со дискреционите мерки за рано ослободување или мерките кои не резултирале со редефинирање на казната (жалителката упатила на Hogben, цитиран горе, Hosein v. the United Kingdom, no. 26293/95, Commission decision of 28 February 1996; Grava, цитиран горе; и Uttley v. the United Kingdom (dec.), no. 36946/03, 29 November 2005). Во алтернативата, од гледиште на квалитетот на законот актуелниов случај повеќе наликува на Кафкарис во смисла на несигурноста што се однесува на опсегот и суштината на казната, што делумно се должи на начинот на кој правилата за намалувањата на казната се толкувале и применувале. Во секој случај, од пресудата во случајот Кафкарис јасно е дека условот за „квалитет на законот“ се однесувал како на опсегот на казната така и на начинот на нејзиното извршување, особено кога суштината и извршувањето на казната се тесно поврзани.
66. Конечно, во врска со судската пракса во однос на кривичните прашања, дури и под претпоставка дека било легитимно за судовите да го изменат својот пристап за да бидат во тек со општествените промени, Владата не успеала да објасни зошто новиот пристап бил применет ретроактивно. Во секој случај, ниту Владата ниту судовите не тврделе дека новиот пристап од 2006 г. бил применет во случајот на жалителката како одговор на „новите општествени реалности“.
2. Владата
67. Владата повтори дека жалителката била припадник на криминалната организација ЕТА и дека учествувала во бројни терористички напади од 1982 г. па сè до нејзиното притворање во 1987 г. Тие додадоа дека за своите кривични дела жалителката била осудена во периодот меѓу 1988 и 2000 г. на казни затвор во вкупно времетраење од 3.000 години, за дваесет и три убиства, педесет и седум обиди за убиство и други прекршоци. Тие се изјаснија дека различните пресуди со кои е осудена жалителката биле засновани врз основа на Кривичниот законик од 1973 г., кој бил на сила во времето кога кривичните дела биле извршени и кои дале многу јасна дефиниција за различните дела и казни кои се предвидени за истите. Пет од пресудите со кои била осудена жалителката, како и одлуката од 30 ноември 2000 г. за обединување на казните и утврдување на максималниот временски рок на затворската казна, изречно ја информирале жалителката дека согласно членот 70.2 од Кривичниот законик, вкупното времетраење на затворската казна која што ќе морала да ја одлежи било триесет години. Тие исто така посочиле дека на 15 февруари 2001 г., датумот на одлуката на Националниот суд со која е утврден 27 јуни 2017 г. за датумот на кој жалителката ќе завршела со служење на својата казна, жалителката веќе имала акумулирано четири години намалување на казната со работата што ја сработила во затвор. И со оглед дека таа не ја обжалила оваа одлука, се сметало дека таа се согласила со датумот за ослободување одреден од Националниот совет.
68. Било сосема јасно согласно одредбите од Кривичниот законик од 1973 г. дека максималната казна од триесет години не се сметала за нова казна туку за мерка со која се утврдувала горната граница на вкупното времетраење на затворската казна во однос на различните изречени казни кои требале да се одлежат последователно а со цел да се намали строгоста, преостанатите казни биле соодветно на тоа повлечени. Единствената причина за обединувањето и поставувањето на горна граница на казните била да се ограничи времетраењето на реалниот период што требал да се одлежи како резултат на сите изречени казни во различни групи на постапки. Покрај ова, членот 100 од Кривичниот законик од 1973 г. сосема јасно посочил дека намалувањата на казните за работа сработена во затвор се применувале на „изречените казни“, со други зборови на секоја од изречените казни поединечно, додека не се достигнел максималниот период.
69. Иако беше точно дека пред усвојувањето од страна на Врховниот суд на пресудата бр. 197/2006 шпанските затвори и судови имале тенденција, во пракса, да ги применуваат намалувањата на казните за работата сработена во затвор на максималната затворска казна од триесет години, оваа пракса не го засегала утврдувањето на казната туку нејзиното извршување. Исто така, оваа праксата немала никаква основа во судската пракса на Врховниот суд во отсуство на секаков воспоставен принцип што се однесувал до начинот на примена на намалувањата на казната за работата сработена во затвор. Единствената пресуда изречена по ова прашање на Врховниот суд во 1994 г. не била доволна за да се утврди авторитативен преседан согласно шпанското право. Судската пракса на Врховниот суд во однос на ова прашање не била утврдена до моментот кога неговиот Кривичен оддел не ја усвоил пресудата 197/2006. Исто така Владата тврдеше дека судската пракса била одобрена од Уставниот суд во полн состав со неколку пресуди усвоени на 29 март 2012 г., кои содржат бројни упатувања на судската пракса на Судот во врска со разликата меѓу „казната“ и нејзиното „извршување“.
70. Според гледиштето на Владата Судскиот совет погрешно сметал дека примената на „Доктрината на Парот“ ги лишила од секаква целисходност намалувањата на казната за работа сработена во затвор од страна на осудените затвореници согласно Кривичниот законик од 1973 г. Намалувањата на казната и понатаму продолжиле да се применуваат, но за секоја од казните поединечно, сè до достигнување на максималниот период. Само во случајот на најсериозните кривични дела, како што се оние извршени од страна на жалителката, лимитот од триесет години би бил постигнат пред намалувањата на казната што биле доделени за работата сработена во затвор значително да ги намалат изречените казни. Слично на ова Судскиот совет погрешно сметал дека Врховниот суд ретроактивно ја применил политиката која била во суштината на реформите од 1995 и 2003 г. Беше лесно да се види дека реформите во прашање во ниеден случај не споменувале начини за примена на намалувањата на казната за работа одработена во затвор, бидејќи Кривичниот законик од 1995 г. ги укинал. Доколку кривичната политика зад законот од 2003 г. била применета ретроактивно, жалителката ќе подложела на максимален период на казна затвор од четириесет години.
71. Во својата пресуда Судскиот совет отстапил од судската пракса на Судот во врска со разликата меѓу мерките кои достигнале ниво на „казна“ и оние поврзани со „извршувањето“ на казната. Согласно таа судска пракса мерка во врска со намалувањето на казна или промена во системот на привремено ослободување со дозвола не била интегрален дел од „казната“ во рамките на значењето на членот 7 (Владата упати на случајот Грава, цитиран горе, § 51; Атли, цитиран горе; Кафкарис, цитиран горе, § 142; како и одлуката во случајот Хогбен, цитиран горе). Во случајот Кафкарис Судот потврдил дека затворската правна реформа која била применета ретроактивно, а со која затворениците кои биле осудени на доживотна казна затвор биле исклучени од системот на заработување на намалувања на казната за работа сработена во затвор, се однесувала на извршувањето на казната, а не на изречената „казна“ (§ 151). Во овој случај Владата се изјасни дека немало никакви измени во затворското право. Единствената последица од пресудата на Врховниот суд бр. 197/2006 во однос на намалувањата на казната за работа сработена во затвор имала за цел да спречи датумот за ослободување на жалителката да се помести девет години порано, а не да ѝ се зголеми изречената казна.
72. Овој случај се разликува од случаите кои јасно се однесуваат на казната наспроти нејзиното извршување (Владата ги цитираше Скопола (бр. 2); Гургикиани; и М. против Германија, сите цитирани горе). Оспорената мерка се однесувала на намалувања на казната или „порано ослободување“, не на максималното време што може да се одлежи во однос на изречената казна, кое не било променето. Намалувањата на казната за работата сработена во затвор немале исти цели како самата казна како таква, туку претставувале мерки поврзани со нејзиното извршување со тоа што им овозможувале на затворениците да бидат ослободени пред истекување на сите казни што ги служеле, под услов тие да демонстрираат волја да се вратат во главните општествени текови преку работа или други платени активности. Во такви услови, намалувањата на казната за работа сработена во затвор не можат да се споредат со мерките изречени по осудувањето за „кривично дело“; наместо тоа тие биле мерки поврзани со однесувањето на затвореникот додека ја отслужувал казната. Во секој случај не било во прашање никаква „строгост“ бидејќи тие секогаш му биле од корист на засегнатиот затвореник затоа што му го приближувале датумот за ослободување.
73. Владата понатаму се изјасни дека пресудата на судскиот совет била недоследна со судската пракса на Судот по прашањето до која мерка едно лице би требало да може, кога извршува прекршок, да го предвиди точното времетраење на затворската казна која тој или таа би ја добил/а. Бидејќи намалувањата на казната за работа сработена во затвор биле чисто затворско прашање, Врховниот суд не можел да биде критикуван за тоа што се оддалечил од претходната пракса во однос на примената на намалувањата на казната со оглед дека промената немала никаква последица по правата вградени во членот 7. Судот никогаш не одлучил дека условот за предвидливост се однесувал на точното времетраење на казната што требало да се отслужи земајќи ги во предвид прилагодувањата, намалувањата, помилувањата или некои други фактори кои влијаат врз извршувањето на казната. Таквите фактори било невозможно да се предвидат и да се пресметаат ex ante.
74. Конечно, Владата се изјасни дека импликациите од пресудата на Судскиот совет биле отворени за оспорување бидејќи тие фрлале сомнеж врз вредноста и целта која самиот Суд ги придал на судската пракса во однос на кривичните и затворските прашања (Streletz, Kessler and Krenz v. Germany [GC], nos. 34044/96, 35532/97 and 44801/98, § 50, ECHR 2001‑II). Судскиот совет сметал дека една единствена одлука од 1994 г. – грешна иако потврдена од административната пракса – треба да надвладее над судската пракса утврдена од Врховниот суд и да биде прифатена од Уставниот суд, иако вторава судска пракса била повеќе во согласност со формулацијата на законот на сила во материјалното време. Судско толкување кое го почитува она што се вели во законот што се применува не може, како прашање на принцип, да се каже дека било непредвидливо.
В. Забелешки на третата странка
75. Меѓународната комисија на правници посочи дека принципот на неказнување без закон кој е вграден во членот 7 од Конвенцијата и во други меѓународни договори претставува суштинска компонента на владеењето на правото. Тие се изјаснија, во согласност со тој принцип, и со целите и намерите од членот 7, со кој се забранува секаква произволност во примената на законот, дека автономните концепти на „законот“ и „казната“ мора да се толкуваат доволно широко за да се исклучи притаена ретроактивна примена на кривичниот закон или казна на штета на осуденото лице. Тие тврдеа дека кога промените во законот или толкувањето на законот влијаат врз казната или намалувањето на казната на начин на кој сериозно се менува казната, на начин кој не бил предвидлив во времето кога првично била изречена, а на штета на осуденото лице или неговите или нејзините права согласно Конвенцијата, тие промени, по својата природа, се однесуваат на суштината на казната, а не на процедурата или аранжманите за нејзино извршување, и соодветно на тоа потпаѓаат под опсегот на забраната на ретроактивност. Меѓународната комисија на правници се изјасни дека одредени правни одредби класифицирани на домашно ниво како правила кои ја регулираат кривичната постапка или извршувањето на казната имале сериозни, непредвидливи последици на штета на правата на лицето и по својата природа биле споредливи или еквивалентни на кривичен закон или казна со ретроактивна примена. Од оваа причина забраната за ретроактивност треба да важи за таквите одредби.
76. Во поткрепа на својот аргумент дека принципот на не-ретроактивност треба да важи за процедурални правила или правила кои раководат со извршувањето на казни, а што сериозно влијаело врз правата на обвинетото или осуденото лице, Меѓународната комисија на правници упати на самите извори на меѓународното и компаративното право (статутите и деловниците на меѓународните кривични судови, португалското, француското или холандското законодавство и судска пракса).
Г. Оценка на Судот
1. Принципи утврдени од судската пракса на Судот
(a) Nullum crimen, nulla poena sine lege
77. Гаранцијата вградена во членот 7, која е суштински елемент на владеењето на правото, зазема важно место во системот на заштита на Конвенцијата како што е нагласено од фактот дека никаква дерогација од таму не е можна согласно членот 15 за време на војна или друга катастрофа која и се заканува на нацијата. Треба да се анализира и примени, како што следи од нејзиниот предмет и цел, на начин кој обезбедува делотворни заштити од своеволно гонење, осудување и казнување (види S.W. v. the United Kingdom and C.R. v. the United Kingdom, 22 November 1995, § 34, Series A no. 335-B, and § 32, Series A no. 335-C, и во таа смисла и Кафкарис, цитиран горе, § 137).
78. Членот 7 од Конвенцијата не е ограничен на забраната за ретроспективна примена на кривичното право на штета на обвинетиот (во врска со ретроспективната примена на казната види Welch v. the United Kingdom, 9 February 1995, § 36, Series A no. 307‑A; Jamil v. France, 8 June 1995, § 35, Series A no. 317‑B; Ecer and Zeyrek v. Turkey, nos. 29295/95 and 29363/95, § 36, ECHR 2001‑II; и Mihai Toma v. Romania, no. 1051/06, §§ 26-31, 24 January 2012). Тој, поопшто, исто така го отелотворува и начелото дека само законот може да дефинира едно кривично дело и да пропише казна (nullum crimen, nulla poena sine lege) (види Kokkinakis v. Greece, 25 May 1993, § 52, Series A no. 260-A). Иако ова особено забранува проширување на опсегот на постоечките прекршоци на дела кои претходно не претставувале кривични прекршоци, тој исто така го воспоставува и начелото дека кривичниот закон не смее да биле нашироко анализиран на штета на обвинетиот, на пример по пат на аналогија (види Coëme and Others v. Belgium, nos. 32492/96, 32547/96, 32548/96, 33209/96 and 33210/96, § 145, ECHR 2000-VII; на пример за примената на казна по пат на аналогија, види Başkaya and Okçuoğlu v. Turkey [GC], nos. 23536/94 and 24408/94, §§ 42‑43, ECHR 1999‑IV).
79. Следи дека прекршоците и релевантните казни мораат да бидат јасно дефинирани со закон. Овој услов е задоволен кога поединецот може да знае од формулацијата на релевантната одредба, дали има потреба од помош за негово толкување од судовите и после добивањето на соодветен правен совет, какви дела или пропусти ќе го направат кривично одговорен и со каква казна ќе се соочи заради тоа (види Cantoni v. France, 15 November 1996, § 29, Reports of Judgments and Decisions 1996‑V, и Кафкарис, цитиран горе, § 140).
80. Оттука Судот мора да потврди дека во времето кога обвинетото лице го извршило делото кое довело до негово обвинување и осудување на сила била законска одредба согласно која делото било казниво, и дека казната што му била изречена не ги надминала границите утврдени со таа одредба (види Coëme and Others, цитиран горе, § 145, и Achour v. France [GC], no. 67335/01, § 43, ECHR 2006‑IV).
(б) Концептот на „казна“ и неговиот опсег
81. Концептот на „казна“ во член 7 § 1 од Конвенцијата е, како и поимите за „граѓанските права и обврски“ и „кривичното обвинение“ во членот 6 § 1, автономен концепт на Конвенцијата. За да се оствари заштитата понудена со членот 7 Судот мора да е слободен да отиде подалеку од она што е на површината и самиот да процени дали одредена мерка во својата суштина достигнува ниво на „казна“ во смисла на значењето на оваа одредба (види Велч, цитиран горе, § 27 и Џамил, цитиран горе, § 30).
82. Формулацијата од членот 7 § 1, втората реченица, посочува дека почетната точка во секоја проценка за постоењето на казна е дали мерката во прашање е изречена откако бил осуден за „кривично дело“. Други фактори што можат да се земат во предвид како релевантни во врска со ова се природата и целта на мерката; неговото карактеризирање согласно националното право; процедурите што се инволвирани во изработката и спроведувањето на мерката; и неговата строгост (види Велч, цитиран горе, § 28; Џамил, цитиран горе, § 31; Кафкарис, цитиран горе, § 142; и М. против Германија, цитиран горе, § 120). Меѓутоа строгоста на одлуката сама по себе не е одлучувачка, бидејќи многу мерки кои не се казни туку се од превентивна природа може да имаат суштинско влијание врз засегнатото лице (види Велч, цитиран горе, § 32, и Van der Velden v. the Netherlands (dec.), no. 29514/05, ECHR 2006‑XV).
83. И Комисијата и Судот во својата судска пракса прават разлика меѓу мерката која во суштина ја прави „казната“ и мерката што се однесува на „извршувањето“ или „спроведувањето“ на „казната“. Како последица, кога природата и целта на една мерка се поврзани со намалувањето на една казна или промена во режимот за рано ослободување, ова не формира дел од „казната“ во рамките на значењето на членот 7 (види, меѓу другите извори, Хогбен, цитиран горе; Хосеин, цитиран горе; L.-G.R. v. Sweden, no. 27032/95, Одлука на Комисијата од 15 јануари 1997; Грава, цитиран горе, § 51; Атли, цитиран горе; Кафкарис, цитиран горе, § 142; Monne v. France (dec.), no. 39420/06, 1 April 2008; M. против Германија, цитиран горе, § 121; и Giza v. Poland (dec.), no. 1997/11, § 31, 23 October 2012). Во случајот Атли (Uttley), на пример, Судот одлучи дека промените во правилата за раното ослободување после осудувањето на жалителот не му биле „наметнати“ туку биле дел од општиот режим што се применувал врз затворениците, и далеку од тоа дека имал намера да казни, туку природата и целта на „мерката“ биле да се овозможи рано ослободување за да не се сметаат за суштински „строги“. Судот, согласно тоа одлучи дека примената на новиот режим за рано ослободување врз жалителот не била дел од „казната“ што му била изречена.
84. Во случајот на Кафкарис, во кој промените во затворската законска регулатива ги лишиле затворениците кои служеле доживотна казна затвор – вклучително и жалителот – од правото на намалувања на казната, Судот сметал дека промените се однесувале на извршувањето на казната, а не на казната изречена за жалителот, која и понатаму останала доживотна казна затвор. Тој објаснил дека иако промените во затворската законска регулатива и во условите за ослободување можеле да го направат затворот на жалителот потежок, овие промени не можеле да се толкуваат како да наметнуваат потешка „казна“ од онаа што му била изречена на судењето. Тој повтори дека во врска со ова прашањата поврзано со политиките за ослободување, начинот на нивното спроведување и размислувањето зад нив потпаѓало во рамките на овластувањата на земјите потписнички на Конвенцијата да ги утврдат сопствените кривични политики (види Ашур, цитиран горе, § 44, и Кафкарис, цитиран горе, § 151).
85. Меѓутоа, Судот исто така призна дека во пракса разликата меѓу мерка која претставува „казна“ и мерка кој се однесува на „извршувањето“ или „спроведувањето“ на „казната“ не секогаш е јасна и прецизна (види Kафкарис, цитиран горе, § 142; Гургикиани, цитиран горе, § 31; и M. против Германија, цитиран горе, § 121). Во случајот на Кафкарис се прифаќа дека начинот на кој Затворските правила во врска со извршувањето на казните биле сфатени и применети во однос на затворската казна што жалителот ја отслужувал отишле подалеку од чисто извршување на казната. Со оглед на фактот дека судот го казнил жалителот на доживотна казна затвор, Затворските правила појаснувале дека тоа значело дваесет години казна затвор на што затворските власти можеле да применат секакви намалувања на казната. Судот сметал дека „разликата меѓу опсегот на доживотната казна затвор и начинот на нејзиното извршување оттука не била веднаш евидентна“ (§ 148).
86. Во случајот на Гургукиани Судот сметал дека замената на затворската казна – додека истата ја служел – со протерување комбинирано со десетгодишна забрана за влез во земјата достигнало ниво на казна како таа што му била изречена кога жалителот бил осуден.
87. Во случајот на М. против Германија Судот сметал дека продолжувањето на превентивниот притвор за жалителот од страна на судовите одговорни за извршување на казните, согласно суштината на законот кој бил донесен после извршувањето на делото од страна на жалителот, достигнало ниво на ретроспективно изрекување на дополнителна казна.
88. Судот нагласи дека терминот „изрече“ што се користи во неговата втора реченица не може да се толкува како да е исклучен од опсегот на сите мерки од членот 7 § 1 воведени после прогласувањето на казната. Тој повтори во врска со ова дека е од клучна важност Конвенцијата да се толкува и применува на начин кој ги прави неговите права практични и делотворни, а не теоретски или илузорни (види Hirsi Jamaa and Others v. Italy [GC], no. 27765/09, § 175, ECHR 2012, и Скопола (no. 2), цитиран горе, § 104).
89. Во контекст на претходно кажаното, Судот не ја исклучува можноста дека мерките што ги преземаат законодавецот, административните власти или судовите по изрекувањето на конечната казна или додека се служи казната може да резултираат со редефинирање или модифицирање на опсегот на „казната“ изречена од судечкиот суд. Кога ќе се случи тоа, Судот смета дека засегнатите мерки треба да потпадната во рамките на опсегот на забраната на ретроактивна примена на казните што е вградено во член 7 § 1 in fine од Конвенцијата. Во спротивно, државите ќе бидат слободни – преку измени на законот или повторно толкување на воспоставените правила, на пример – да усвојат мерки кои ретроактивно го редефинираат опсегот на изречената казна, на штета на осуденото лице, кога второво не можело да замисли таков развој на настаните во времето кога делото било извршено или казната била изречена. Во такви услови членот 7 § 1 би бил лишен од секакви корисни последици за осудените лица на кои опсегот на казната им бил променет ex post facto на нивна штета. Судот посочува дека таквите промени мораат да се разликуваат од промените што се прават во начинот на извршување на казната, што не потпаѓа под опсегот на членот 7 § 1 in fine.
90. Со цел да се утврди дали една мерка што се презема за време на извршувањето на казната се однесува само на начинот на извршување на казната или, напротив, влијае и на нејзиниот опсег, Судот мора да го испита во секој случај, што изречената „казна“ всушност вклучувала согласно домашното право на сила во материјалното време, или со други зборови, која била нејзината суштинска природа. При тоа треба да се земе во предвид домашното право како целина и начинот на кој било применето во материјалното време (види Кафкарис, цитиран горе, § 145).
(в) Предвидливост на кривичното право
91. Кога зборуваме за „правото“ членот 7 алудира на истиот концепт како тој на кој Конвенцијата упатува на друго место кога го користи истиот термин, концепт кој ги вклучува статутарното и прецедентното право и имплицира квалитативни услови, имено оние на достапност и предвидливост (види Кокинакис, цитиран горе, §§ 40-41; Кантони, цитиран горе, § 29; Коеме и други, цитиран горе, § 145; и E.K. v. Turkey, no. 28496/95, § 51, 7 February 2002). Овие квалитативни услови мора да бидат задоволени што се однесува до дефиницијата на делото и казната што е предвидена за истото.
92. Логична последица на принципот дека законите мораат да бидат од општа примена е дека формулацијата на законите не секогаш е прецизна. Една од стандардните техники на регулирањето со правилата е да се користат општите категоризации наспроти исцрпни листи. Соодветно на тоа многу од законите содржат поими кои, во поголема или помала мерка се нејасни и чие толкување и примена се прашања на пракса (види, Кокинакис, цитиран горе, § 40, и Кантони, цитиран горе, § 31). Но колку и да е јасно напишана една правна одредба, во кој и да е систем на правото, вклучително и кривичното право, неизбежно постои елемент на судско толкување. Секогаш ќе има потреба од објаснување на делови кои се сомнителни или прилагодување на околностите што се менуваат. Повторно, иако секако многу посакувано, сепак може да наметне претерана ригидност, а законот мора да може да држи чекор со околностите кои постојано се менуваат (види, Кокинакис, цитиран горе, § 141).
93. Улогата на носењето судската одлука што ја имаат судовите е токму да ги разбие таквите толкувачки сомнежи што останале (ibid.). Напредниот развој на кривичното право преку судски развој на правото е добро втемелен и неопходен дел од правната традиција во државите потписнички на Конвенцијата (види Kruslin v. France, 24 April 1990, § 29, Series A no. 176‑A). Членот 7 од Конвенцијата не може да се толкува како правно исклучување на постепеното разјаснување на правилата на кривичната одговорност преку судско толкување случај по случај, под услов развојот на резултантата да е доследен на суштината на делото и да може разумно да се предвиди (види S.W. and C.R. v. the United Kingdom, цитиран горе, § 36 и § 34 во таа смисла; Streletz, Kessler and Krenz, цитиран горе, § 50; K.-H.W. v. Germany [GC], no. 37201/97, § 85, ECHR 2001-II (извадоци); Korbely v. Hungary [GC], no. 9174/02, § 71, ECHR 2008; и Kononov v. Latvia [GC], no. 36376/04, § 185, ECHR 2010). Отсуството на достапно и разумно предвидливо судско толкување може да доведе дури и до утврдување на повреда на правата на обвинетиот согласно членот 7 (види, во врска со составните елементи на делото, Pessino v. France, no. 40403/02, §§ 35-36, 10 October 2006, и Dragotoniu and Militaru-Pidhorni v. Romania, nos. 77193/01 and 77196/01, §§ 43-44, 24 May 2007; што се однесува до казната, види Alimuçaj v. Albania, no. 20134/05, §§ 154-162, 7 February 2012). Доколку не е таков случајот, предметот и целта на оваа одредба – имено дека никој не треба да биде подложен на произволен прогон, осудување или казна – би биле поразени.
2. Примена на горенаведените принципи во актуелниот случај
94. Судот забележува на самиот почеток дека законската основа за различните осудителни пресуди против жалителката и затворската казна била Кривичниот законик од 1973 г., кривичниот закон кој важел во времето кога биле извршени кривичните дела (1982-1987), што жалителката не ги оспори.
95. Судот забележува дека изјаснувањата на странките главно се однесуваат на пресметката на вкупното времетраење на затворската казна што жалителката треба да ја отслужи во согласност со правилата што се однесуваат на максималниот временски рок на затворската казна во однос на обединетите затворски казни, од една страна, и системот на намалувања на казната за работата што е сработена во затворот согласно предвиденото во Кривичниот законик од 1973 г., од друга страна. Судот забележува дека во врска со ова со одлуката усвоена на 30 ноември 2000 г. врз основа на членот 988 од Законот за кривична постапка и членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г., Националниот суд го фиксирал максималниот временски рок на затворска казна што требало да ја отслужи жалителката за сите нејзини затворски казни на триесет години (види параграф 14 горе). Понатаму забележува дека, откако ги одзеле од максималниот временски рок на затворска казна од триесет години намалувањата на казната што на жалителката ѝ биле доделени за нејзината работа во затворот, на 24 април 2008 г. властите од Затворот Маруциа на Националниот суд му го предложиле 2 јули 2008 г. како датум за конечно ослободување на жалителката (види параграф 16 горе). На 19 мај 2008 г. Националниот суд побарал од судските власти да го променат предложениот датум и да пресметаат нов датум за ослободување на жалителката согласно новиот пристап – т.н. „Доктрината на Парот“ – усвоена од Врховниот суд со пресудата бр. 197/2006 од 28 февруари 2006 г., согласно која секое применливо прилагодување и намалувања на казната треба да се применува сукцесивно за секоја поединечна казна до оној момент додека затвореникот не заврши со отслужувањето на триесетте години како максимален временски рок на затворската казна (види параграфи 17, 18 ...). Конечно, Судот забележува дека при примената на оваа нова судска пракса Националниот суд го определил датумот за конечно ослободување на жалителката на 27 јуни 2017 г. (види параграф 20 горе).
(а) Опсегот на изречената казна
96. Задача на судот во актуелниов случај е да утврди што вклучувала „казната“ изречена за жалителката согласно домашното право, засновано особено врз формулацијата на правото, прочитано во контекст на придружната толкувачка судска пракса. При тоа исто така мора да го земе во предвид домашното право како целина и начинот на кој било применето во материјалното време (види Кафкарис, цитиран горе, § 145).
97. Точно е дека кога жалителката ги сторила делата, членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. упатувал на ограничувањето од триесет години затворска казна како максимален период што требал да се отслужи (condena) во случај на повеќекратни казни ... Оттука се чини дека постои разлика меѓу концептот на „времето што треба да се отслужи“ (condena) и поединечните казни (penas) кои всушност се прогласени или изречени во различни пресуди со кои е осудена жалителката. Истовремено, членот 100 од Кривичниот законик од 1973 г., за намалување на казната за работата што е сработена, утврди дека при укинувањето на „изречената казна“ затвореното лице има право на еден ден намалување за секои два дена што ќе ги одработи ... Меѓутоа, членот не содржи никакви конкретни насоки за тоа како да се применат намалувањата на казната кога повеќекратни казни ќе се обединат согласно членот 70.2 од Кривичниот законик и максималниот вкупен временски период од затворска казна е утврден, како во случајот на жалителката, каде вкупното време на сите затворски казни достигнува три илјади години и истите се сведени на триесет година со примена на оваа одредба. Судот забележува дека дури со воведувањето на членот 78 од новиот Кривичен законик од 1995 г. законот изречно вели, во однос на примената на прилагодувањата на казната, дека во вонредни случаи вкупното времетраење на изречените казни може да се земе во предвид, а не максималниот период предвиден со закон ...
98. Судот исто така мора да ја земе во предвид судската пракса во врска со толкувањето на релевантните одредби од Судскиот законик од 1973 г. Тој забележува, како што призна Владата, пред одлуката на Врховниот суд бр. 197/2006, кога на едно лице му биле изречени неколку затворски казни и било одлучено за се обединат и да се утврди максимален период што ќе требало да го отслужи, затворските власти и шпанските судови ги примениле намалувањата на казната за работата сработена во затвор на максималниот период што требало да се отслужи согласно членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. Затворските и судските власти на тој начин го зеле во предвид максималниот законски период од триесет години затвор при примената на намалувањата на казната за работата сработена во затвор. Во пресудата од 8 март 1994 г. (неговата прва пресуда по ова прашање- ...) Врховниот суд упатил на максималниот законски рок од триесет години затворска казна како „нова, независна казна“ за која можностите за прилагодување предвидени со закон, како што е привремено ослободување со дозвола и намалувања на казната, требале да важат. Шпанските судови, вклучително и Врховниот суд, го зазеле истиот пристап при споредувањето на казните што требале во таа смисла да се отслужат согласно Кривичниот законик од 1995 г. и претходниот Законик, земајќи ги во предвид сите намалувања на казната кои веќе се доделени согласно претходниот Законик, со цел да се утврди кој е најблагиот кривичен закон. Конечно, до пресудата на Врховниот суд бр. 197/2006 овој пристап се применувал на бројни затвореници осудени согласно Кривичниот законик од 1973 г. чии намалувања за работа сработена во затвор биле одземени од максималниот временски период од триесет години затворска казна ...
99. Како и Судскиот совет, така и Големиот судски совет смета дека и покрај двосмисленоста на релевантните одредби од Кривичниот законик од 1973 г. и фактот дека Врховниот суд не ги разјаснил сè до 1994 г., јасна била праксата на шпанските затворски и судски власти да го третираат времетраењето на затворската казна што треба да се отслужи (condena), односно триесетте години максимален временски рок на затворската казна предвидени во членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г., како нова, независна казна на која требале да се применат одредени прилагодувања, како што се намалувањата на казната за работата сработена во затвор.
100. Во такви услови, додека таа ја служела својата затворска казна – и особено по одлуката на Националниот суд од 30 ноември 2000 г. за обединување на нејзините казни и нивно фиксирање на максималниот временски рок на затворската казна – жалителката имала причини да верува дека изречената казна ѝ била триесет години, од која би се одзеле секакви намалувања на казната за работата сработена во затвор. Навистина, во својата последна пресуда со која жалителката, на 8 мај 2000 г. била осудена, а усвоена пред донесувањето на одлуката за обединување на казните, Националниот суд го зел во предвид максималниот временски период на затворската казна предвидена со Кривичниот законик од 1973 г., искомбиниран со системот за намалувања на казната за работа сработена во затвор, а предвиден со членот 100 од истиот Законик, при утврдување кој Кривичен законик – тој што бил на сила во материјалното време или Кривичниот законик од 1995 г. – бил понаклонет кон ситуацијата на жалителката (види параграф 11 горе). Во овие околности, спротивно на она што Владата сугерираше, фактот дека жалителката не ја оспорила одлуката на Националниот суд од 15 февруари 2001 г. за одредување на датумот на кој таа ќе требала да заврши со служењето на затворската казна (liquidación de condena) за 27 јуни 2017 г. не е одлучувачка, со оглед дека таа одлука не ги зела во предвид намалувањата на казната кои веќе биле заработени и оттука не биле поврзани со прашањето како требале да се применат намалувањата на казната.
101. Судот понатаму забележува дека намалувањата на казната за работата сработена во затвор биле изречно предвидени со статутарното право (член 100 од Кривичниот законик од 1973 г.), а не од регулативата (спореди Кафкарис, цитиран горе). Исто така, во истиот Законик стоело дека казните биле пропишани и дека намалувањата на казната биле предвидени. Судот исто така забележува дека таквите намалувања на казната исто така произлегувале од значителните намалувања на затворскиот рок што се служел – до една третина од вкупната казна – за разлика од привременото ослободување со дозвола, кое предвидувало подобрени и поблаги услови за извршување на казните (види на пр., Хогбен и Атли, обата цитирани горе; види исто така, мислењето на несогласување на судијата А. Асуа Батарита (A. Asua Batarrita) приложено со пресудата бр. 40/2012 на Уставниот суд, ...). После одземањето на намалувањата на казната за работата сработена во затвор периодично одобрувани од судијата одговорен за извршување на казните (Juez de Vigilancia Penitenciaria), казната била целосно и конечно спроведена на датумот на ослободување одобрен од судот што ја изрекол. Исто така, за разлика од другите мерки кои влијаеле врз извршувањето на казната, правото на намалувања на казната за работа сработена во затвор не подложело на дискреционото право на судијата одговорен за извршување на казните: неговата задача била да ги одреди намалувањата на казната едноставно со примена на законот врз основа на предлозите усвоени од затворските власти, без да се земат во предвид критериумите како што е за колку опасен се смета затвореникот, или неговите или нејзините шанси за реинтегрирање (...; спореди Boulois v. Luxembourg [GC], no. 37575/04, §§ 98-99, ECHR 2012, и Macedo da Costa v. Luxembourg (dec.), no. 26619/07, 5 June 2012) Треба да се забележи дека во врска со ова членот 100 од Кривичниот законик од 1973 г. предвидувал автоматско намалување на времетраењето на затворската казна за работата сработена во затвор, освен во два посебни случаи: кога затвореникот ќе избега или ќе се обиде да избега, и кога затвореникот има лошо поведение (што согласно членот 65 од Затворските правила од 1956 г., значи извршување на две или повеќе сериозни или многу сериозни повреди на дисциплината;...). Дури и во овие случаи, намалувањата на казната кои веќе биле дозволени од судијата не можеле да бидат одземени ретроактивно, како денови на намалување на казната кои веќе биле доделени и се сметале за отслужени, па така претставувале составен дел од законски стекнатите права на затвореникот ... Треба да се направи разлика меѓу овој случај и случајот на Кафкарис, каде намалувањето од пет години на казната им било доделено на затвореници на доживотна казна затвор на почетокот од нивното затворање и било условено од нивното добро однесување (види Кафкарис, цитиран горе, §§ 16 и 65).
102. Судот исто така смета дека е важно дека, иако Кривичниот законик од 1995 г. ги исфрлил намалувањата на казните за работа одработена во затвор за лицата што ќе бидат осудени во иднина, неговите преодни одредби им дозволуваат на затворениците осудени согласно стариот Кривичен законик од 1973 г. – како што е жалителката – да продолжат да ги уживаат бенефициите на шемата доколку тоа оди во нивна корист ... Законот бр. 7/2003, од друга страна, воведува построги услови за привремено ослободување со дозвола, дури и за затвореници осудени пред истиот да стапи на сила... Судот од ова заклучува дека при одлучувањето, како преодна мерка, за да се задржат ефектите од правилата за намалувањата на казната за работа сработена во затвор и со цел да се одреди најблагиот кривичен закон, шпанскиот законодавец ги сметал овие правила за дел од материјалниот кривичен закон, односно од одредбите кои влијаат на реалното утврдување на казната, а не само на нејзиното извршување.
103. Во контекст на горенаведеното Големиот судски совет смета, како и Судскиот совет, дека во времето кога жалителката ги извршила кривичните дела кои довеле до нејзиното обвинение и кога била донесена одлуката за обединување на казните и за фиксирање на максималната затворска казна, релевантното шпанско право, земено во целина, вклучително и судската пракса, било формулирано со доволна прецизност за да ѝ овозможи на жалителката да го согледа, до степен што бил разумен во околностите, опсегот на казната што ѝ била изречена, имајќи го на ум максималниот временски рок од триесет години предвиден во членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. и намалувањата на казната за работата сработена во затвор предвидени со членот 100 од истиот Законик (наспроти тоа Кафкарис, цитиран горе, § 150). Со ова казната што ѝ била изречена на жалителката го достигнала максималниот временски рок од триесет години во затвор, и секакво намалување на казната за работа сработена во затвор би било одземено од таа максимална казна.
(б) Дали примената на „Доктрината на Парот“ во случајот на жалителката ги изменила само средствата за извршување на казната или всушност и нејзиниот опсег
104. Судот мора сега да одреди дали примената на „Доктрината на Парот“ во случајот на жалителката само се однесувала на начинот на извршување на изречената казна или, спротивно на тоа, влијаела и на нејзиниот опсег. Тој забележува дека во своите одлуки од 19 мај и 23 јуни 2008 г. судот што ја осудил жалителката - односно, Националниот суд – го одбил предлогот на затворските власти за одредување на 2 јули 2008 г. за датум кога жалителката требала да биде конечно ослободена, врз основа на стариот метод на примена на намалувањата на казната (види параграфи 17, 18 и 20 горе). Потпирајќи се на „Доктрината на Парот“ воспоставена со пресудата бр. 197/2006, усвоена од Врховниот суд на 28 февруари 2006 г. – долго време по извршување на делата, обединувањето на казните и фиксирањето на максималниот временски рок на затворската казна – Националниот суд ја поместил датата на 27 јуни 2017 г. (види параграф 20 горе). Судот забележува дека во пресудата бр. 197/2006 Врховниот суд се оддалечил од толкувањето што го усвоил во една претходна пресуда од 1994 г. ... Мнозинството во Врховниот суд сметале дека новото правило според кое намалувањата на казната за работата сработена во затвор требале да се применат за секоја поединечна казна – а не на максималниот период од триесет години како претходно – било повеќе во согласност со формулација на одредбите од Кривичниот законик од 1973 г., кој правел разлика меѓу „казната“ (pena) и „времето што требало да се одлежи“ (condena).
105. Иако Судот лесно прифаќа дека домашните судови се во најдобра позиција да го толкуваат и применуваат домашното право, тој повтори дека нивното толкување сепак мора да е во согласност со принципот отелотворен во членот 7 од Конвенцијата, дека само законот може да дефинира едно кривично дели и да пропише казна.
106. Судот исто така забележува дека пресметувањето на намалувањата на казната за работата сработена во затвор од страна на жалителката – односно, бројот на денови одработени во затвор и бројот на денови на намалувања кои можат да се одземат од нејзината казна – никогаш не било оспорено. Како што било утврдено од затворските власти, времетраењето на овие намалувања на казната – вкупно 3.282 дена – биле прифатени од страна на сите судови кои работеле на случајот. На пример, во својата одлука за примена на „Доктрината на Парот“ на Врховниот суд, Националниот суд не го сменил квантумот на намалувања на казната доделени на жалителката за работата сработена во затвор. Одлуката не се занимавала со тоа дали таа ги заслужила намалувањата, на пример со оглед на нејзиното однесување или околности во врска со извршувањето на нејзината казна. Целта на одлуката била да се утврди елементот на казната на кој намалувањата на казната требале да се применат.
107. Судот забележа дека примената на „Доктрината на Парот“ во ситуацијата на жалителката ги лишила од секаков корисен ефект намалувањата на казната за работата што ја одработила во затвор на што имала право по закон и во согласност со конечните одлуки на судиите одговорни за извршување на казните. Со други зборови, жалителката првично била казнета на повеќе долги затворски казни кои биле обединети и ограничени на правосилна казна затвор од триесет години, на која намалувањата на казната на кои требало да има право немале никаков ефект. Важно е да се спомене дека Владата не беше во можност да посочи дали намалувањата на казната кои ѝ биле доделени на жалителката за работата што ја сработила во затвор имале – или ќе имаат – некаков ефект воопшто на времетраењето на нејзиниот престој во затвор.
108. Во такви услови Судот се согласува со Владата дека аранжманите за доделување на прилагодувања на казните како такви потпаѓаат надвор од членот 7, тој смета дека начинот на кој одредбите од Кривичниот законик од 1973 г. биле применети во актуелниов случај отишле подалеку од чиста затворска политика.
109. Земајќи го во предвид претходното и шпанското право генерално, Судот смета дека рекурсот на актуелниот случај на новиот пристап во примената на намалувањата на казната за работа сработена во затвор воведен со „Доктрината на Парот“ не можат да се сметаат за мерка поврзана исклучиво со извршувањето на казната изречена за жалителката како што тврдеше Владата. Оваа мерка преземена од судот што ја осудил жалителката исто така довела до редифинирање на опсегот на изречената „казна“. Како резултата на „Доктрината на Парот“, максималниот период од триесет години затвор престанал да претставува независна казна на која намалувањата на казната за работа сработена во притвор биле применети и наместо тоа станала казна од триесет години за која не важеле ефективно никакви намалувања.
110. Оваа мерка во прашање соодветно на тоа потпаѓа под опсегот на последната казна од членот 7 § 1 од Конвенцијата.
(в) Дали „Доктрината на Парот’ била разумно предвидлива
111. Судот забележува дека Националниот суд го применил новиот метод на намалувања на казната за работа сработена во затвор воведен со „Доктрината на Парот“ наместо методот што се применувал во времето кога биле извршени делата и кога жалителката била осудена со што ја лишил од секаква реална можност да има корист од намалувањата на казната на кои сепак имала право согласно законот.
112. Оваа промена во системот за примена на намалувањата на казната била резултат на отстапувањето на Врховниот суд од претходната судска пракса, наспроти промената во законодавството. Во такви услови се чини дека е утврдено дали новото толкување на релевантните одредби од Кривичниот законик од 1973 г. толку долго време по извршување на истите и осудувањето на жалителката – па дури и после одлуката од 30 ноември 2000 г. за обединување на казните и утврдување на максималниот временски рок на затворската казна - било разумно предвидливо за жалителката, имено, дали ќе можело да се смета дека ја отсликува очигледната линија на развој на судската пракса (види S.W. and C.R. v. the United Kingdom, ...). За да се утврди тоа, Судот мора да испита дали жалителката можела да предвиди во времето кога била осудена, и исто така кога била известена за одлуката за обединување на казната и утврдување на максималниот период на престој во затворот – доколку има потреба, по добивањето на соодветен правен совет - дека изречената казна може да стане навистина триесет години престој во затвор, без намалување со примена на намалувањата на казната за работата сработена во затвор кои што биле предвидени во член 100 од Кривичниот законик од 1973 г.
При тоа мора да се земе во предвид законот што важел во тоа време, и особено судската и административната пракса пред „Доктрината на Парот“ која била воведена со пресудата на Врховниот суд од 28 февруари 2006 г. Судот забележува во врска со ова дека единствениот релевантен преседан цитиран во таа пресуда е пресудата од 8 март 1994 г. во која Врховниот суд зазел спротивен став, имено дека максималната затворска казна од триесет години била „нова, независна казна“ на која сите намалувања на казната предвидени со закон се применувале. Според гледиштето на Судот, фактот дека една единствена пресуда не служи како авторитет во шпанското право ... не може да биде одлучувачки. Исто така, како што забележале судиите кои не се согласувале со пресудата од 28 февруари 2006 г., одлуката договорена од Врховниот суд кој заседавал во полн состав на 18 јули 1996 г. утврдила дека намалувањата на казните доделени согласно Кривичниот законик од 1973 г. требале да бидат земени во предвид при споредбата на казните што требале да се отслужат согласно новите и старите Кривични законици во таа смисла ... По стапувањето на сила на Кривичниот законик од 1995 г., од шпанските судови се барало да го применат овој критериум, за секој случај поединечно, за да утврдат кој кривичен законик бил поблаг, земајќи ги во предвид ефектите на системот за намалувања на казната за работа сработена во затвор врз изречените казни.
113. Самата Влада призна дека било пракса на затворските и судските власти пред „Доктрината на Парот“ да применат намалувања на казната за работа сработена во затвор и за максималната затворска казна од триесет години, иако првата одлука на Врховниот суд по ова прашање не била усвоена сè до 1994 г.
114. Судот исто така му дава важност на фактот дека Врховниот суд не ја напуштил својата судска пракса до 2006 г., десет години по укинувањето на засегнатиот закон. Постапувајќи на тој начин Врховниот суд дал ново толкување на одредбите од закон кој повеќе не бил на сила, имено Кривичниот законик од 1973 г., кој бил наследен од Кривичниот законик од 1995 г. Дополнително, како што беше посочено горе (види параграф 102), преодните одредби од Кривичниот законик од 1995 г. биле наменети да ги одржат ефектите од системот на намалувања на казната за работа сработена во затвор воспоставени од Кривичниот законик од 1973 г. во однос на лицата осудени согласно тој законик – како на пример жалителката – токму заради придржување на правилата со кои се забранува ретроактивна примена на построгиот кривичен законик. Меѓутоа новото толкување на Врховниот суд, кој ги направил сите намалувања на казната кои веќе биле доделени неефективни, што во пракса ја довело жалителката и други лица во слична ситуација со тоа што биле лишени од бенефициите на системот на намалувања.
115. Исто така, Судот не може да го прифати аргументот на Владата дека толкувањето на Врховниот суд било предвидливо бидејќи било поусогласено со Кривичниот законик. Судот повторува дека неговата задача не е да утврди како одредбите од тој законик треба да бидат протолкувани во домашното право, туку повеќе дали новото толкување било разумно, предвидливо за жалителката согласно „законот“ што се применувал во материјалното време. Тој „закон“ – во материјалната смисла во која се користи терминот во Конвенцијата, кој го вклучува и непишаното право или судска пракса – се применувал доследно од страна на затворските и судските власти многу години сè додека „Доктрината на Парот“ не утврдила нов курс. За разлика од судските толкувања во случајот на С.В. и Ц.Р против Обединетото Кралство, цитиран горе, отстапувањето од судската пракса во актуелниов случај не достигнало толкување на кривичниот закон следејќи ја очигледната линија на развој на судската пракса.
116. Конечно, Судот смета дека размислувањата за кривичната политика на кои се потпирал Врховниот суд не можат да се доволни за да оправдаат такво отстапување од судската пракса. Иако Судот прифаќа дека Врховниот суд не го применувал Законот бр. 7/2003 ретроактивно со кој бил изменет и дополнет Кривичниот законик од 1995 г., сосема е јасно од образложението дадено од Врховниот суд дека неговата цел била иста како таа на гореспоменатиот закон, имено да се гарантира целосно и делотворно спроведување на максималниот законски период на затворската казна од лица кои служат неколку долги затворски казни. Во врска со ова, иако Судот прифаќа дека државите се слободни да ја утврдат својата сопствена кривична политика преку зголемување на казните што важат за кривични дела (види, Ашор, цитиран горе, § 44), тие при тоа мораат да се придржуваат на условите од членот 7 (Maktouf and Damjanović v. Bosnia and Herzegovina [GC], nos. 2312/08 and 34179/08, § 75, 18 July 2013). Во однос на ова прашање, Судот повторува дека членот 7 од Конвенцијата безусловно забранува ретроспективна примена на кривичното право кога тоа оди на штета на обвинетиот.
117. Во контекст на претходно кажаното, Судот смета дека во времето кога жалителката била осудена и во времето кога била известена за одлуката за обединување на нејзините казни и утврдување на максималното времетраење на затворската казна, немало никакви индикации за никаков очигледен развој на судската пракса во придржувањето на пресудата на Врховниот суд од 28 февруари 2006 г. Оттука жалителката немала причини да верува дека Врховниот суд би отстапил од својата претходна судска пракса и дека Националниот суд, како резултат на тоа би ги применил намалувањата на казната што ѝ биле одобрени во однос на максималното времетраење на затворската казна од триесет години што требала да ги отслужи, туку на секоја казна што ја добила поединечно. Како што Судот горе забележа (види параграфи 109 и 111), ова отстапување од судската пракса имало ефект на модифицирање на изречената казна на штета на жалителката.
118. Следи дека имало повреда на членот 7 од Конвенцијата.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 5 § 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
119. Жалителката тврдеше дека од 3 јули 2008 г. таа била држена во затвор спротивно на условите за „законитост“ и „процедура пропишана со закон“. Тој се потпираше на членот 5 од Конвенцијата, чии релевантни делови го велат следново:
„1. Секој човек има право на слобода и безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во следниве случаи и во согласност со постапка уредена со закон:
(а) ако издржува казна затвор по пресуда на надлежен суд;
...”
А. Пресудата на Судскиот совет
120. Во својата пресуда Судскиот совет се изјасни, во контекст на размислувањата од кои се водел при утврдувањето на повреда на членот 7 од Конвенцијата, дека во материјалното време жалителката не можела да предвиди до разумен степен дека делотворното времетраење на нејзината затворска казна би се зголемило за речиси девет години и дека по отстапувањето од судската пракса во нејзиниот случај ќе се применел нов метод на примена на намалувањата на казната. Судскиот совет согласно ова утврдил дека од 3 јули 2008 г. престојот во затвор на жалителката бил „незаконски“ и оттука имало повреда на членот 5 § 1 од Конвенцијата (§ 75 од пресудата).
Б. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
1. Жалителката
121. Жалителката се изјасни дека членот 5 § 1 од Конвенцијата исто така ги вградувал и условите што се однесуваат на квалитетот на законот што значи дека домашниот закон кој дозволува некој да биде лишен од слобода требало да биде доволно јасен и предвидлив во однос на неговата примена. Таа понатаму се изјасни дека членот 5 се однесувал на правото на осуденото лице на рано ослободување, додека законските одредби со кои било утврдено правото не го правеле условно и дискреционо туку важечко за секој што ќе ги исполнел законските услови за да добие право на тоа (Грава, цитиран горе, §§ 31-46), без разлика дали мерките се однесувале на самата казна или на нејзиното извршување за потребите на членот 7. Таа тврдеше дека продолжувањето на казната и/или на неговото делотворно времетраење не било разумно предвидливо и, како алтернатива, дека суштината на казната што била изречена и/или начинот на нејзиното извршување и/или нејзиното ефективно времетраење не биле разумно предвидливи.
2. Владата
122. Владата се изјасни дека пресудата на Судскиот совет отстапила од судската пракса на Судот во врска со членот 5 од Конвенцијата, особено во пресудите во случаите Кафкарис и М. против Германија кои се цитирани горе. Тие тврдеа дека во актуелниот случај немало совршена каузална врска меѓу изречените казни за бројните сериозни кривични дела што жалителката ги извршила и времето што таа го поминала во затвор. Пресудите со кои таа била осудена велеле дека таа требала да помине триесет години во затвор, како што бил случајот и со одлуката од 2000 г. за обединување на казните и фиксирање на максималниот период на траење на казната и одлуката од 2001 г. со која бил утврден датумот за ослободување на жалителката за 27 јуни 2017 г.
В. Оценка на Судот
1. Принципи утврдени со судската пракса на Судот
123. Потстав (а) до (ѓ) од членот 5 § 1 од Конвенцијата содржат исцрпна листа на дозволени основи за лишување од слобода, никакво лишување од слобода нема да биде законско освен ако не потпадне под еден од овие основи (види М. против Германија, цитиран горе, § 86). Членот 5 § 1 (а) дозволува „законски да издржува казна затвор по пресуда на надлежен суд“. Упатувајќи на францускиот текст, зборот „пресуда“, за потребите на членот 5 § 1 (а), мора да се сфати со значење како на утврдување на вина по што било утврдено во согласност со законот дека имало повреда (види Guzzardi v. Italy, 6 November 1980, § 100, Series A no. 39), така и на изрекување на казна или друга мерка која вклучува лишување од слобода (види Van Droogenbroeck v. Belgium, 24 June 1982, § 35, Series A no. 50).
124. Исто така, зборот „по“ во потставот (а) не значи само дека затворот мора да следи по „пресудата“ во временска смисла: дополнително „затворската казна“ мора да произлезе, „следи и зависи од“ или да се случи „по основ“ на „пресудата“. На кратко, мора да постои доволна каузална врска меѓу двете (види Weeks v. the United Kingdom, 2 March 1987, § 42, Series A no. 114, § 42; Stafford v. the United Kingdom [GC], no. 46295/99, § 64, ECHR 2002‑IV; Кафкарис, цитиран горе, § 117; и М. против Германија, цитиран горе, § 88). Меѓутоа со минување на времето врската меѓу првичната пресуда и времетраењето на затворската казна постепено станува помалку силна (види Ван Дроогенброк, цитиран горе, § 40). Каузалната врска што се бара согласно потставот (а) може конечно да биде скината доколку се заземе став според кој одлуката едно лице да не се ослободи или повторно да се затвори, се заснова на основи кои биле недоследни со целите на судот што го осудил, или врз основа на проценка која била неразумна во смисла на тие цели. Во таквите случаи затворот што бил законски на почетокот се претворил во произволно лишување од слобода и оттука некомпатибилен со членот 5 (види Викс, цитиран горе, § 49, и Grosskopf v. Germany, no. 24478/03, § 44, 21 October 2010).
125. Добро е утврдено во судската пракса на судот во однос на членот 5 § 1 дека сите лишување од слобода не смеат да се засноваат на еден од исклучоците наведени во потстав (а) до (ѓ), туку исто така мора да бидат и законски. Кога „законитоста“ на притворот е проблем, вклучително и прашањето дали „една постапка пропишана со закон“ е следена, Конвенцијата упатува во основа на националното право и ја поставува обврската да се придржува на материјалните и процедуралните правила на националното право. Ова пред сè бара секое апсење или затворање да има законска основа во домашното право но исто така е поврзано и со квалитетот на законот кој бараа да е компатибилен со владеењето на правото, концепт кој е во суштината на сите членови на Конвенцијата (види Кафкарис, цитиран горе, § 116, и M. против Германија, цитиран горе, § 90). „Квалитетот на законот“ подразбира дека кога националниот закон дозволува лишување од слободата тоа мора да е доволно достапно, прецизно и применливо во однос на неговата примена за да се избегнат сите ризици за произволност (види Amuur v. France, 25 June 1996, § 50, Reports 1996‑III). Стандардот на „законитост“ поставен со Конвенцијата, бара целиот закон да биде доволно прецизен за да му дозволи на лицето – доколку е потребно, со соодветен совет – да ги предвиди, до степен што би бил разумен во околностите, последиците кои дадено дејствие може да ги предизвика (види Baranowski v. Poland, no. 28358/95, § 52, ECHR 2000‑III; M. против Германија, цитиран горе, § 90; и Oshurko v. Ukraine, no. 33108/05, § 98, 8 September 2011). Кога се работи за лишување од слобода, од суштинска важност е домашниот закон јасно да ги дефинира условите за затворање (види Creangă v. Romania [GC], no. 29226/03, § 120, 23 February 2012).
126. Конечно, Судот повторува дека иако членот 5 § 1 (а) од Конвенцијата не гарантира, сам по себе, право на затвореникот на рано ослободување, било условно или конечно (види see İrfan Kalan v. Turkey (dec.), no. 73561/01, 2 October 2001, и Çelikkaya v. Turkey (dec.), no. 34026/03, 1 June 2010), ситуацијата може да е различна кога надлежните власти, кои немаат дискрециони овластувања, се обврзани да применуваат таква мерка за секое лице кое ќе ги исполни условите за да добијат право на такво нешто согласно законот (види Грава, цитиран горе, § 43; Pilla v. Italy, no. 64088/00, § 41, 2 March 2006; и Şahin Karataş v. Turkey, no. 16110/03, § 37, 17 June 2008).
2. Примена на горенаведените принципи во актуелниот случај
127. Судот забележува најпрво дека како што жалителката со право посочи, разликата која е направена за потребите на членот 7 од Конвенцијата меѓу „казната“ и „извршувањето“ на казната не е одлучувачка во врска со членот 5 § 1 (а). Мерките поврзани со извршување на казната или на нејзиното прилагодување може да влијаат врз правото на слобода заштитено од членот 5 § 1, бидејќи реалното времетраење на лишувањето од слобода зависи од нивната примена, меѓу другите работи (види, на пример, Грава, цитиран горе, §§ 45 и 51, и, во врска со трансферот на затворениците меѓу државите, Szabó v. Sweden (dec.), no. 28578/03, ECHR 2006-VIII). Додека членот 7 се однесува на „казната“ како што е изречена од судот што ја изрекува казната, членот 5 се однесува на лишувањето од слобода што ќе произлезе од неа.
128. Во актуелниот случај Судот нема сомнеж дека жалителката била осудена од надлежен суд во согласност со постапката пропишана со закон, во рамки на значењето на членот 5 § 1 (а) од Конвенцијата. Навистина жалителката не оспоруваше дека нејзиното затворање било незаконско до 2 јули 2008 г., датумот првично предложен од затворските власти за нејзиното конечно ослободување. Затоа, Судот мора да утврди дали продолжениот затвор на жалителката после тој датум бил „законски“ во рамки на значењето на членот 5 § 1 од Конвенцијата.
129. Судот забележува дека во осум различни групи на постапки Националниот суд ја прогласил жалителката за виновна за дела поврзани со терористички напади. Со примената на Кривичниот законик на сила во времето кога делата биле извршени жалителката добила затворски казни кои вкупно изнесувале 3.000 години (види параграфи 11-12 горе). Во повеќето од овие пресуди како и во неговата одлука од 30 ноември 2000 г. за обединување на казните и за одредување на максималното времетраење на затворската казна, Националниот суд посочил дека жалителката требала да отслужи максимум триесет години затвор во согласност со членот 70.2 од Кривичниот законик од 1973 г. (види параграфи 11 и 14 горе). Судот забележува дека жалителката сè уште не го одлежала максималниот период на затворската казна. Постои јасна каузална врска меѓу пресудите на жалителката со кои била осудена и нејзиното останување во затвор после 2 јули 2008 г., што резултирало во таа смисла од тоа дека била прогласена за виновна и максималниот период од триесет години затвор што ѝ бил одреден на 30 ноември 2000 г. (види, mutatis mutandis, Kafkaris, § 120).
130. Меѓутоа Судот мора да испита дали „законот“ кој дозволил жалителката да остане во затвор и после 2 јули 2008 г. бил доволно предвидлив во својата примена. Придржувањето на условот за предвидливост мора да се испита во однос на „законот“ на сила во времето кога за првпат била осудена и во текот на времето додека била во затвор после тоа. Во контекст на размислувањата кои го наведоа да одлучи дека имало повреда на членот 7 од Конвенцијата, Судот сметаше дека во времето кога жалителката била осудена, кога таа работела во затворот и кога била известена за одлуката за обединување на казните и за одредување на највисоката казна затвор, таа не можела да предвиди до разумен степен дека методот употребен за примена на намалувањата на казната за работата сработена во затвор ќе се променел како резултат на оддалечување од судската пракса на Врховниот суд во 2006 г., и дека овој пристап ќе се применел и во нејзиниот случај.
131. Судот забележува дека примената на оддалечувањето од судската пракса во случајот на жалителката ефективно го одложил датумот за нејзиното ослободување за речиси девет години. Затоа таа служела подолга казна затвор отколку што требала да служи согласно домашното законодавство што било на сила во времето кога била осудена, земајќи ги во предвид намалувањата на казната што таа веќе ги добила во согласност со законот (види, mutatis mutandis, Грава, цитиран горе, § 45).
132. Судот заклучи дека од 3 јули 2008 г. жалителката „незаконски“ била затворена, со што бил повреден членот 5 § 1 од Конвенцијата.
III. ЧЛЕНОТ 46 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
133. Релевантните делови од членот 46 од Конвенцијата го велат следново:
„1. Високите страни договорнички се обврзуваат да се придржуваат кон конечната пресуда на Судот во споровите во кои се странки.
2. Конечната пресуда на Судот му се доставува на Комитетот на министрите којшто го надгледува нејзиното извршување.“
...”
А. Пресудата на Судскиот совет
134. Земајќи ги во предвид специфичните околности на случајот и итната потреба да се стави крај на повредата на членот 7 и членот 5 § 1 од Конвенцијата, Судскиот совет сметал дека тужената држава имала обврска са овозможи жалителката да биде ослободена што е можно поскоро (§ 83 од пресудата).
Б. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
1. Жалителката
135. Жалителката тврдеше дека фактот дека Судот никогаш не ги искористил своите вонредни овластувања во сличен случај за да посочи индивидуални мерки било нерелевантно. Таа се изјасни дека Судот имал моќ да ги посочи мерките што требале да се преземат и дека кога природата од утврдената повреда не оставила „никаков вистински избор за мерките што биле потребни за да се поправи тоа“, можел да одлучи да посочи само една таква мерка. Таа исто така ја критикуваше Владата дека не посочила кои правни лекови освен нејзиното ослободување биле достапни доколку Судот утврдел повреди на членовите 5 и 7 од Конвенцијата.
2. Владата
136. Владата се изјасни дека во слични случаи во врска со ретроактивната примена на законодавните промени од кои произлегувало продолжување на престојот во затвор на осудено лице Судот никогаш не ги користел своите вонредни овластување за да посочи индивидуални мерки за извршување на својата пресуда (тие го цитираа М. против Германија, цитиран горе). Во врска со ова тие посочија дека иако тој утврдил повреда на членот 7 во случајот на Кафкарис (цитиран горе) затоа што законодавството не успеало да ги исполни потребните стандарди, Судот не посочил некаква мерка во врска со ослободување на жалителот, кој сè уште бил во затвор кога пресудата била усвоена (Владата исто така упати на Kafkaris v. Cyprus (dec.), no. 9644/09, 21 June 2011).
В. Оценка на Судот
137. Согласно членот 46 од Конвенцијата високите страни договорнички имаат преземено обврска да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во секој случај во кој тие се странка, при што извршувањето е под надзор на Комитетот на министри. Ова значи дека кога судот ќе утврди повреда, тужената држава има законска обврска не само да ги плати сумите што им се доделени на засегнатите како правичен надоместок согласно членот 41, туку исто така да преземе поединечни и/или доколку е соодветно општи мерки во својот домашен правен поредок за да стави крај на повредата утврдена од Судот и да ги обесштети последиците, со цел да го стави жалителот, онолку колку што е тоа возможно во позицијата во која ќе бил доколку не била повредена Конвенцијата (види, меѓу другите извори, Scozzari and Giunta v. Italy [GC], nos. 39221/98 and 41963/98, § 249, ECHR 2000‑VIII; Verein gegen Tierfabriken Schweiz (VgT) v. Switzerland (no. 2) [GC], no. 32772/02, § 85, ECHR 2009; и Скопола (бр. 2), цитиран горе, § 147).
138. Точно е дека во принцип тужената држава и понатаму е слободна да ги избере средствата со кои ќе ја исполни својата законска обврска согласно членот 46 од Конвенцијата, под услов таквите средства да се компатибилни со заклучоците утврдени во пресудата на Судот (види Скоцари и Џунта, цитиран горе, § 249). Меѓутоа, во одредени специфични ситуации, со став да ѝ се помогне на тужената држава да ги исполни своите обврски согласно членот 46, Судот може да се обиде да го посочи видот на поединечни и/или општи мерки коишто можат да бидат преземени со цел да се стави крај на ситуацијата поради која било одлучено дека имало повреда (види Broniowski v. Poland [GC], no. 31443/96, § 194, ECHR 2004‑V, and Stanev v. Bulgaria [GC], no. 36760/06, §§ 255-258, ECHR 2012). Во други вонредни случаи природата на повредата која била утврдена може да била таква што не оставила вистински избор во однос на мерките потребни за да се поправи тоа, а Судот може да одлучи да посочи само една таква мерка (види Assanidze v. Georgia [GC], no. 71503/01, §§ 202-203, ECHR 2004‑II; Aleksanyan v. Russia, no. 46468/06, §§ 239-240, 22 December 2008; и Fatullayev v. Azerbaijan, no. 40984/07, §§ 176-177, 22 April 2010).
139. Големиот судски совет се согласува со наодот на Судскиот совет и смета дека актуелниот случај ѝ припаѓа на оваа последно-спомената категорија. Земајќи ги во предвид специфичните околности на случајот и итната потреба да се стави крај на повредите на Конвенцијата што биле утврдени, тој смета дека е должност на тужената држава да обезбеди ослободување на жалителката што е можно поскоро.
IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
140. Членот 41 од Конвенцијата уредува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините Протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока страна договорничка дозволува само делумно обесштетување, Судот и доделува на оштетената страна, доколку е потребно, правичен надоместок.“
141. Жалителката бараше надоместок за нематеријална штета која наводно ја претрпела, како и надоместок за трошоците и издатоците кои настанале. Владата го оспори побарувањето во однос на нематеријалната штета.
А. Пресудата на Судскиот совет
142. Во својата пресуда Судскиот совет и додели на жалителката 33.000 евра (ЕУР) за нематеријална штета. Исто така и додели 1.500 евра за трошоци и издатоци кои настанале за време на постапките пред него.
Б. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
1. Жалителката
143. Жалителката бараше 60.000 евра за нематеријална штета што наводно ја претрпела и обесштетување за трошоците и издатоците кои настанале за време на постапката пред Големиот судски совет покрај оние кои веќе ѝ биле доделени од страна на Судскиот совет. Таа немаше поднесено никакви сметки за трошоците и издатоците кои настанале во текот на постапките пред Големиот судски совет.
2. Владата
144. Владата се изјасни дека доделувањето на надоместок од страна на Судот на лице осудено за дела на убиства како тие извршени од страна на жалителката – која била прогласена за виновна во судски процеси кои ги исполниле сите услови за едно правично судење – ќе било тешко да се разбере. Тие тврдеа дека во пресудата во случајот на Кафкарис (цитиран горе), ‘откако биле разгледани сите околности на случајот’, Судот сметал дека наодот за повреда на членот 7 од Конвенцијата сам по себе претставувал доволен правичен надоместок во однос на нематеријална штета што ја имал претрпено.
В. Оценка на Судот
1. Нематеријална штета
145. Судот прифаќа дека во пресудата во случајот на Кафкарис тој сметал дека наодот за повреда претставувал сам по себе доволен правичен надоместок во однос на секаква претрпена нематеријална штета. Меѓутоа во таа пресуда не била утврдена повреда на членот 5 § 1, а одлуката за повредата на членот 7 се однесувала само на квалитетот на законот. Актуелниов случај е различен, со тоа што Судот одлучи дека тоа што жалителката останала во затвор после 2 јули 2008 г., со што бил повреден членот 5 § 1, и дека таа морала да служи потешка казна од онаа што ѝ била изречена, значело непочитување на членот 7 од Конвенцијата (види, mutatis mutandis, M. против Германија, цитиран горе, § 141). Ова и предизвикало нематеријална штета на жалителката која не може да се надомести исклучиво со одлуката за повреда.
146. Земајќи ги во предвид сите околности на случајот и правејќи ја својата проценка на правична основа, Судот ѝ доделува на жалителката 30.000 евра за ова побарување.
2. Трошоци и издатоци
147. Според судската пракса на Судот, трошоците и издатоците нема да бидат доделени согласно членот 41 ако не се утврди дека тие навистина настанале, и тоа настанале неопходно и исто така биле разумни во однос на количеството (види, на пример, Iatridis v. Greece (just satisfaction) [GC], no. 31107/96, § 54, ECHR 2000‑XI).
148. Големиот судски совет забележа дека на жалителката ѝ биле доделени 1.500 евра за трошоци и издатоци кои настанале во рамките на постапките пред судскиот совет. Со оглед дека не поднела никакви документарни докази за трошоците и издатоците кои настанале во постапките пред Големиот судски совет (спореди Tănase v. Moldova [GC], no. 7/08, § 193, ECHR 2010), треба да ѝ се доделат 1.500 евра за сите трошоци и издатоци.
3. Казнена камата
149. Судот смета дека е соодветно казнената каматна стапка да се заснова на маргиналната стапка за позајмување на Европската Централна Банка на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучи со петнаесет гласа наспроти два дека имало повреда на членот 7 од Конвенцијата;
2. Одлучи, едногласно, дека од 3 јули 2008 г. натаму престојот во затвор на жалителката бил „незаконски“, со што бил повреден членот 5 § 1 од Конвенцијата;
3. Одлучи, со шеснаесет гласа наспроти еден, дека тужената држава треба да ја ослободи жалителката колку што е можно поскоро;
4. Одлучи со десет гласа наспроти седум, дека тужената држава треба да ѝ плати на жалителката, во рок од три месеци 30.000 евра (триесет илјади евра) плус сите давачки на кои може да подлежи, за нематеријална штета;
5. Одлучи, едногласно, дека тужената држава треба да ѝ исплати на жалителката, во рок од три месеци, 1.500 евра (илјада и петстотини евра) плус сите давачки на кои може да подлежи жалителката, за трошоци и издатоци;
6. Одлучи, едногласно, дека од истекувањето на гореспоменатите три месеци до исплатата ќе се наплаќа проста камата на гореспоменатите износи посочени горе во точка 4 и 5 по стапка еднаква на маргиналната стапка за позајмување на Европската Централна Банка во текот на казнениот период плус три процентни поени;
7. Едногласно ги отфрли останатите побарувања на жалителката за правичен надоместок.
Изготвена на англиски и француски јазик, и усвоена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 21 октомври 2013 г.
Мајкл О’БојлДин Шпилман
Заменик секретарПретседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, кон оваа пресуда се приложени следниве издвоени мислења:
(а) Мислење на согласување на судијата Николау;
(б) Заедничко мислење на делумно несогласување на судиите Вилигер, Штајнер, Пауер-Форде, Леменс и Гритско;
(в) Заедничко мислење на делумно несогласување на судиите Махони и Вехабовиќ;
(г) Заедничко мислење на делумно несогласување на судијата Махони.
Д.С.
М.О.Б.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2014.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
[1] Суд со јуриздикција за терористички случаи, меѓу другите, со седиште во Мадрид.
Full & Egal Universal Law Academy