© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ DEMİR И BAYKARA против ТУРЦИЈА
(Жалба бр. 34503/97)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
12 ноември 2008
Оваа пресуда е конечна но може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Demir и Baykara п. Турција,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем судски совет, во состав:
Christos Rozakis, Претседател,
Nicolas Bratza,
Françoise Tulkens,
Josep Casadevall,
Giovanni Bonello,
Rıza Türmen,
Kristaq Traja,
Boštjan M. Zupančič,
Vladimiro Zagrebelsky,
Stanislav Pavlovschi,
Lech Garlicki,
Alvina Gyulumyan,
Ljiljana Mijović,
Dean Spielmann,
Ján Šikuta,
Mark Villiger,
Päivi Hirvelä, судии,
и Michael O’Boyle, Заменик секретар на Судот,
Расправајќи на затворени седници на 16 јануари 2008 и 15 октомври 2008,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на второнаведената дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот е инициран по жалба (бр. 34503/97) против Република Турција поднесена пред Судот согласно стариот член 25 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од двајца турски државјани, г-н Kemal Demir и г-ѓа Vicdan Baykara („жалителите“), второнаведената како претседател на синдикатот Tüm Bel Sen, на 8 октомври 1996.
2. Жалителите, беа застапувани од страна на г-н S. Karaduman, адвокат од Анкара. Турската влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот ко-агент, г-ѓа Deniz Akçay.
3. Жалителите се жалеа дека, спротивно на член 11 од Конвенцијата земен во врска со член 14, домашните судови не им го признале, прво, правото да основаат синдикати, и, второ, правото да се вклучат во колективно преговарање и да склучат колективни договори.
4. Жалбата беше префрлена на Судот на 1 ноември 1998, кога Протоколот бр. 11 од Конвенцијата влезе во сила (член 5 § 2 од Протокол бр. 11).
5. Жалбата беше распределена на Третиот оддел на Судот (правило 52 § 1 од Правилникот на Судот). Во рамките на тој оддел, како што е предвидено со правило 26 § 1 беше конституиран Судкски совет за да го разгледа случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата).
6. Судскиот совет со одлука од 23 септември 2004 ја прогласи жалбата за делумно допуштена и делумно недопуштена.
7. На 1 ноември 2004 Судот го промени составот на своите оддели
(правило 25 § 1). Овој случај беше распределен на новиот состав на Вториот оддел (правило 52 § 1).
8. На 21 ноември 2006 Судскиот совет, во состав J.-P. Costa, Претседател, I. Cabral Barreto, R. Türmen, M. Ugrekhelidze, A. Mularoni, E. Fura-Sandström, D. Popović, судии, и S. Dollé, Секретар на оддел, ја донесе својата пресуда. [Судскиот совет] заклучи, едногласно, дека имало повреда на член 11 од Конвенцијата во делот во кој домашните судови одбиле да го признаат синдикатот Tüm Bel Sen како правен субјект и го сметале за ништовен колективниот договор склучен помеѓу тој синдикат и Општинскиот совет во Газиантеп, и дека немало потреба за одвоено испитување на жалбите по член 14 од Конвенцијата. Издвоеното мислење на г-н Türmen, г-ѓа Fura-Sandström и г-н Popović беа приклучени кон пресудата.
9. На 21 февруари 2007 Владата побара доставување на случајот до Големиот судски совет во согласност со член 43 од Конвенцијата и правило 73.
10. Панел [на судии] на Големиот судски совет го одобри тоа барање на 23 мај 2007.
11. Составот на Големиот судски совет беше определен според одредбите на членот 27 §§ 2 и 3 од Конвенцијата и правило 24.
12. И жалителите и Владата доставија поднесоци.
13. Расправа се одржа јавно во Зградата на човековите права, Стразбур, на 16 јануари 2008 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за Владата
г-ѓаD. Akçay,Ко-агент,
г-ѓа E. Demir,
г-ѓа Z.G. Acar,
г-ѓа İ. Altintaş,
г-ѓа E. Esin,
г-ѓаÖ. Gazialem,
г-нK. Afşin,
г-нL. Savran,Советници;
(б) за жалителите
г-ѓаV. Baykara, жалител и претседател на синдикатот Tüm Bel Sen,
г-ѓаS. Karaduman, од Адвокатсата комора во Анкара.
Судот слушна обраќања од г-ѓа S. Karaduman, г-ѓа V. Baykara и г-ѓа D. Akçay.
ФАКТИ
14. Жалителите, Kemal Demir и Vicdan Baykara, се родени во 1951 и 1958 и живеат во Газиантеп и Истанбул соодветно. Првиот жалител бил член на синдикатот Tüm Bel Sen а вториот жалител негов претседател.
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
15. Синдикатот Tüm Bel Sen бил основан во 1990 од државни службеници од различни општини чие вработување било регулирано со Законот за јавна служба (Закон бр. 657). Според член 2 од неговиот устав, целта на синдикатот била да се промовира демократско синдикално здружување и на тој начин да се помага на неговите членови во нивните аспирации и барања. Неговото главно седиште било во Истанбул.
16. На 27 февруари 1993 Tüm Bel Sen склучил колективен договор со Општинскиот совет на Газиантеп за период од две години почнувајќи од 1 јануари 1993. Договорот се однесувал на сите аспекти на условите за работа на вработените во Општинскиот совет на Газиантеп, како што се плати, надоместоци и социјални услуги.
17. Затоа што Општинскиот совет на Газиантеп не исполнил одредени обврски од договорот, посебно финансиски обврски, вториот жалител, како претседател на синдикатот, повела граѓанска постапка против него [Општинскиот совет] пред Окружниот суд во Газиантеп („Окружниот суд“) на 18 јуни 1993.
18. Со пресуда од 22 јуни 1994 Окружниот суд одлучи во полза на Tüm Bel Sen. Општинскиот совет на Газиантеп поднел ревизија.
19. На 13 декември 1994 Касациониот суд (Четврти граѓански оддел) ја укинал пресудата на Окружниот суд. Тој нашол дека иако не постоела правна пречка која ги спречува државните службеници да основаат синдикат, секој синдикат на тој начин основан, немал овластување да склучува колективни договори според тогашниот закон.
20. Донесувајќи го овој заклучок, Касациониот суд го зел во предвид посебниот однос помеѓу државните службеници и јавната администрација во однос на вработувањето, природата и опсегот на работата во прашање, и привилегиите и гаранциите достапни на службениците по основ на нивниот статус. Тој сметал дека тој однос бил различен од оној што постоел помеѓу работодавачи и обични работници по договор (тоа значи, работници во приватниот сектор заедно со мануелни работници вработени во јавната администрација). Како последица, Законот бр. 2322, кој регулира колективни договори и правото на штрајк или правото работодавецот да го запре процесот на работа [lock-out action], не можеле да се применат на односите помеѓу државните службеници и јавната администрација. Секој договор од „колективна“ природа помеѓу синдикати на државните службеници и јавната администрација морал да биде заснован на посебен закон.
21. Со пресуда од 28 март 1995 Окружниот суд во Газиантеп ја повторил својата прва пресуда на основа на тоа дека, покрај немањето на изречни законски одредби кои го признаваат правото на синдикати основани од државни службеници да склучуваат колективни договори, ова празнина морала да биде пополнета преку повикување на меѓународни договори како што се конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои веќе биле ратификувани од Турција и кои врз основа на Уставот, била директно применливи во домашното право.
22. Помеѓу останатото, Окружниот суд навел, прво, дека синдикатот Tüm Bel Sen бил законски основан ентитет кој го имал претходно доставено својот устав до канцеларијата на гувернерот на регионот и кој, оттогаш, ги извршувал своите активности без и најмала интервенција од страна на надлежните власти. Судот додал дека, по ова прашање, немало разлика помеѓу неговата пресуда и таа на Четвртиот граѓански оддел на Касациониот суд.
23. Што се однесува на правото на државните службеници да склучуваат колективни договори, судот сметал дека, иако имало пропуст во турското право по ова прашање, судот до кој спорот бил поднесен имал обврска, според член 1 од Граѓанскиот законик, да го поправи пропустот и да одлучи по случајот. Според судот, истата обврска произлегувала од член 36 од Уставот, според кој секој имал право на пристап до суд. Во овој контекст релевантните одредби на меѓународните конвенции на трудот на МОТ ратификувани од Турција морале да се применат во случајот, иако конкретните домашни закони не биле сѐуште донесени од законодавецот. Применувајќи ги директно одредбите на овие меѓународни инструменти ратификувани од Турција, судот сметал дека синдикатот жалител имал право да склучува колективни договори.
24. Што се однесува на прашањето дали валидноста на колективниот договор во прашање била засегната од фактот што не бил предвиден со било каков закон во времето кога бил склучен, судот сметал дека, затоа што се однесувал на односите работодавач-работник, договорот бил од приватно-правна природа. Во контекст на лимитите наметнати од членовите 19 и 20 од Законикот за облигации, имено почитувањето на законски одредби, обичајното право, моралот и јавниот ред, страните биле слободно овластени да ја одредат содржината на колективниот договор. Анализата на текстот на конкретниот колективен договор не покажала било каква спротивност со тие услови. Последователно, судот заклучил дека колективниот договор помеѓу синдикатот жалител и Општинскиот совет на Газиантеп бил валиден правен инструмент со обврзувачко дејство за странките.
25. Судот му доделил на г-н Kemal Demir износ кој одговара на зголемување на платата и надоместоци предвидени со конкретниот колективен договор.
26. Со пресуда од 6 декември 1995 Касациониот суд (комбинирани граѓански оддели) ја укинал пресудата на Окружниот суд од 28 март 1995. Заклучил дека определени права и слободи споменати во Уставот биле директно применливи на тужителите, додека некои други не биле. Всушност, Уставот, со изразот „употребата на ова право ќе биде регулирана со закон“ јасно ги означувал правата и слободите кои, за да бидат употребени и применети, наложувале донесување на посебен закон. Во отсуство на таков закон, тие права и слободи, кои го вклучувале правото да се членува во синдикат и на колективно преговарање, не можеле да бидат употребени.
27. Касациониот суд понатаму сметал дека принципот на слободна волја на поединецот не бил апсолутен во однос на основањето на правни субјекти. Тие можеле да стекнат правен субјективитет, различен од лицата кои ги основале, само преку почитување на формалните услови и постапки пропишани со закон за таа цел. Создавањето на правен субјект не било ништо повеќе од последица дадена преку законот, на изразувањето на слободната волја на неговите основачи.
28. Касациониот суд посочил дека правото на основање здруженија, синдикати и политички партии, дури и да било предвидено со Уставот, не можело да биде употребено преку едноставно изразување на слободната волја на поединци. Затоа што немало конкретен закон за материјата, постоењето на таков субјект не можело да биде признаено. Според Касациониот суд, овој заклучок не бил спротивен со принципите на „владеење на правото“ и „демократија“ споменати во Уставот, со оглед на тоа што надзорот на правните субјекти од страна на државата, со цел се осигура јавна полезност, бил неопходен во секој демократски правен систем.
29. Касациониот суд понатаму посочил дека законот во сила во времето кога синдикатот бил основан не дозволувал државните службеници да основаат синдикати. Тој додал дека измените на Уставот направени покасно, кои го признале правото на државните службеници да основаат синдикати и да преговараат колективно, не биле такви да го направат невалиден заклучокот дека Tüm Bel Sen не стекнал правен субјективитет и, дека како последица, немал способност да поведе или да се брани во судска постапка.
30. Предлогот на претставниците на синдикатот за ректификација на таа пресуда бил отфрлен од Касациониот суд на 10 април 1996.
31. После ревизија на сметките на Општинскиот совет на Газиантеп од страна на Ревизорскиот суд, членовите на синдикатот Tüm Bel Sen морале да го надоместат дополнителниот приход кој го примиле како последица на неважечкиот колективен договор. Ревизорскиот суд, во повеќе одлуки кои ги донел како суд од последна инстанца во однос на колективни договори склучени од синдикати, посочил дека правилата кои важат за државни службеници, вклучително и платите и надоместоците на кои тие имаат право, биле поставени со закон. Тој понатаму сметал дека од измените од 23 јули 1995 на член 53 од Уставот и донесувањето на 25 јуни 2001 на Законот бр. 4688 за синдикати на државни службеници, таквите синдикати реално имале право да се вклучат во колективни преговори под одредени услови на застапување, но немале право да склучуваат валидни колективни договори директно со конкретните органи, за разлика од синдикати на обични работници вработени по договор кои можеле да склучат такви договори со работодавачите. Ако договор бил склучен помеѓу орган работодавач и конкретен синдикат, тој можел да стане правно-обврзувачки после одоборение од страна на Советот на министри. Ревизорскиот суд, откако заклучил дека колективниот договор склучен од страна на синдикатот жалител не ги исполнувал овие услови, одлучил дека сметководителите кои дозволиле исплата на износи повисоки од тие предвидени со закон треба да го надоместат исплатениот вишок во државниот буџет.
32. Ревизорскиот суд одбил да го примени членот 4 од Законот бр.
4688, кој го наложувал прекинувањето на сите управни, финансиски или судски постапки поведени против сметководители кои биле одговорни за таквите исплати. Сметал дека таа одредба не ги правела колективните договори валидни и не ги ослободувала сметководителите во прашање од обврската да и ги надоместат на државата сите загуби претрпени како последица на исплати направени по основ на тие договори.
33. Засегнатите сметководители од своја страна повеле постапки против државните службеници кои биле членови на синдикатите и кои имале корист од дополнителните исплати одобрени според неважечките колективни договори.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО И МЕЃУНАРОДНО ПРАВО
А. Домашно право
34. Релевантните одредби на турскиот Устав предвидуваат како што следи:
Член 51
(во релевантниот период)
„Обичните работници вработени по договор (işçi) и работодавачите ќе имаат право да основаат синдикати и унии на синдикати, без претходно одобрение, со цел да се зачуваат и развиваат економските и социјалните права и интереси во контекст на нивните работни односи.
За да се создаде синдикат или унија на синдикати, доволно ќе биде да се достават податоци и документи пропишани со закон до надлежниот орган предвиден со закон. Ако тој најде дека податоците или документите не се во согласност со законот, надлежниот орган ќе се обрати до надлежниот суд за да се одложат активностите на синдикатот или унијата на синдикати.
Секој ќе има право да се приклучи или да се откаже од членство во синдикат.
Никој нема да биде принуден да стане член, да остане член, или да се откаже од членство во синдикат.
Обичните работиници вработени по договор и работодавачите нема да имаат право да членуваат во повеќе од еден синдикат во исто време.
Вработувањето на одредено работно место нема да биде условено од членување или нечленување во синдикат на обични работиници вработени по договор.
За да се има управувачка позиција во синдикат или унија на синдикати на обични работинци вработени по договор, потребно е да се биде вработен во тоа својство најмалку десет години.
Уставот, управувањето, и функционирањето на синдикатите и униите на синдикати нема да бидат неконзсистентни со карактеристиките на Републиката или со демократските принципи дефинирани со Уставот.“
Член 51
(изменет со Закон бр. 4709 од 3 октомври 2001)
„Работниците и работодавачите ќе имаат право да основаат синдикати и унии на синдикати, без претходно одобрение, со цел да се зачуваат и развиваат економските и социјалните права и интереси на нивните членови во контекст на работните односи, да се зачленат или да повлечат од такви субјекти по нивна словодна волја. Никој нема да биде присилен да се зачлени или да се откаже од членство во синдикат.
Правото да се основа синдикат може да биде ограничено само кога е предвидено со закон во интерес на националната безбедност или јавниот ред, за спречување на криминал, за заштита на јавното здравје или моралот или за заштита на правата и слободите на другите.
Формалностите, условите и постапките кои важат за правото да се основа синдикат ќе бидат предвидени со закон.
Членување во повеќе од еден синдикат во истиот сектор на дејност ќе биде забрането.
Опсегот на правата од оваа сфера на јавните службеници освен оние кои имаат статус на обични работинци вработени по договор, и исклучоците и ограничувањата кои важат за нив, ќе бидат пропишани со закон на начин соодветен на природата на услугите кои тие ги даваат.
Уставот, управувањето, и функнционирањето на синдикатите и униите на синдикати нема да бидат неконзсистентни со карактериситките на Републиката или со демократските принципи.“
Член 53
(во релевантниот период)
„Обичните работници вработени по договор и работодавачите ќе имаат право ... да склучуваат колективни договри со цел да се регулира нивната економска и социјална положба и условите за работа.
Колективните договори се склучуваат во согласност со законска процедура.
Забрането е да се склучува или применува повеќе од еден колективен договор за едно работно место во исто време.“
Член 53
(изменет со Закон бр. 4121 од 23 јули 1995)
„Обичните работници вработени по договор и работодавачите имаат право ... да склучуваат колективни договори со цел да се регулира нивната економска и социјална положба и условите за работа.
Колективните договри се склучуваат во согласност со законска процедура.
Синдикатите и униите на синдикати во кои јавните службеници на кои се повикува првиот параграф од членот 128, имаат право да основаат, и кои не спаѓаат во опсегот на првиот и вториот параграф од овој член, ниту на член 54, имаат право да поведат или да се бранат во судска постапка и да водат колективни преговори со јавната администрација во согласност со нивните цели и во име на нивните членови. Ако договор е постигнат како резултат на колективни преговори, текстот на договорот ќе биде потпишан од страните. Текстот ќе биде поднесен до Советот на министри за да можат да бидат преземени правни или админстративни мерки за негова имплементација. Ако таков договор не биде постигнат преку колективно преговарање, записник од точките на согласност и несогласност ќе биде изработен и потпипан од релевантните страни и поднесен на разгледување до Советот на министри. Постапката за имплементација на овој параграф ќе биде уредена со закон.
Забрането е да се склучува или применува повеќе од еден колективен договор за едно работно место во исто време.“
Член 90
„... Меѓународните договори кои се во сила се директно применлвии во домашното право. Нивната уставност не може да биде поднесена [на оценување] пред Уставниот суд.
Во случај на судир во однос на опсегот на основните права и слободи помеѓу меѓународен договор кој е во сила и домашен закон, одредбите на меѓународниот договор ќе имаат предимство.“ (втор подпараграф додаден на Закон бр. 5170 од 7 мај 2004).
Член 128
„Есенцијалните и постојани должности наложени од јавните услуги кои државата, јавните економски претпријатија и други јавно-правни субјекти се обврзани да ги даваат, во согласност со општите принципи на јавната администрација, ќе бидат извршувани од државни службеници и други јавни службеници.
Квалификациите, назначувањето, должностите и овластувањата, и платите и надоместоците на државните службеници и други јавни службеници, и други прашања поврзани со нивниот статус, ќе бидат регулирани со закон.
Постапката и принципите со кои се уредува обуката на државни службеници од повисок ранг ќе бидат посебно предвидени со закон.“
35. Член 22 од Законот за јавна служба (Закон бр. 657 од 14 јули 1965) предвидувал дека државните службеници имаат право да основаат и да членуваат во синдикати и професионални организации, во согласност со условите поставени со посебен закон. Вториот подпараграф на тој член предвидувал дека споменатите организации биле овластени да ги бранат интересите на навните членови пред надлежните власти.
Член 22 бил укинат со Законска уредба бр. 2 од 23 декември 1972. Бил повторно внесен во член 1 од Законот бр. 4275 од 12 јуни 1997. Текстот сега гласи:
„Во согласност со одредбите на Уставот и на посебни закони, државните службеници ќе имаат право да основаат синдикати и да се зачленат во синдикати и унии на синдикати.“
36. Законот за синдикати на државни службеници (Закон бр. 4688 –кој беше донесен на 25 јуни 2001 и стапи во сила на 12 јули 2001) се применува, според член 2, на јавни службеници освен оние кои имаат статус на обични работници вработени по договор, кои работат за владини агенции и други јавно-правни субјекти кои даваат јавни услуги, организации кои функционираат на општ, дополнителен или специјален буџет, јавната администрација и општинските власти во регионите и поврзаните со нив служби, претпријатија во јавна сопственост, банки и други претпријатија и институции поврзани со нив, и сите други јавни организации и институции.
Член 30 од Законот предвидува како што следува:
„Синдикатот со најголем број на членови во секоја гранка на јавната администрација и униите со кои тие синдикати се поврзани ќе имаат способност да преговараат колективно. Делегат од најрепрезентативниот синдикат ќе претседава со делегацијата коај учествува во преговорите.“
Определувањето кои синдикати и унии на синдикати на државни службеници се овластени да преговараат колективно се врши од Министерот за труд и социјална сигурност врз основа на листи кои се потпишани и презентирани од јавната администрација и синдикатите (член 30 од Законот бр. 4688).
Во текот на колективните преговори, работдавачот е претставен од Комитетот на работодавачи од јавниот сектор. Државните службеници и други јавни службеници се претставени од синдикатот кој е признат како компетентен и унијата [на синдикати] со која тој е поврзан.
Комитетот на работодавачи од јавниот сектор и синдикатите и униите во прашање се обврзани да се состанат на 15 август секоја година. Страните тогаш доставуваат свои предлози, кои ќе бидат почетна точка на дневниот ред на колективните преговори. Принципите кои ги регулираат преговорите се утврдуваат од страните (член 32 од Законот бр. 4688).
Колективните преговори мора да бидат завршени во рок од петнаесет дена. Ако договор е постигнат во тој рок, конкретните страни потпишуваат колективен договор кој се испраќа до Советот на министри за да се овозможи правните и административни мерки потребни за негова имплементација да бидат преземени. Советот на министри презема соодветни мерки во рок од три месеци и го презентира својот нацрт-закон на Големото народно собрание на Турција (член 34 од Законот бр. 4688).
Ако засегнатите страни не можат да постигнат договор во предвидениот рок, секоја од нив може да го достави случајот до Арбитражниот одбор, кој е составен од академици кои не се членови на политички партии. Ако сеуште нема договор, страните потпишуваат записник во кој се посочени точките за кои тие се согласиле или не се согласиле. Тој записник исто така се испраќа до Советот на министри (член 35 oд Законот бр. 4688).
Б. Меѓународно право
1. Универзални инструменти
(а) Правото на здружување и државните службеници
37. Член 2 од Конвенцијата бр. 87 на Меѓународната огранизација на трудот за слободата на здружување и заштита на правото на организирање (усвоена во 1948 и ратификувана од Турција на 12 јули 1993) предвидува како што следи:
„Работниците и работодавачите, без било каква разлика, ќе имаат право да основаат и, подложни само на правилата на конкретната организација, да членуваат во организации по нивен избор без претходно одобрение.“
38. Во својата Индивидуална опсервација до турската влада во однос на Конвенцијата бр. 87, усвоена во 2005, Комитетот на експерти за примена на конвенции и препораки изјави како што следи:
„Комитетот нагласува дека членот 2 од Конвенцијата предвидува дека работниците без било каква разлика треба да имаат право да основаат и да членуваат во организации по нивен избор и дека единствениот исклучок кој е допуштен со Конвенцијата се однесува на оружените сили и полицијата. ...“[1]
39. Комитетот за слобода на здружување го декларирал следното во однос на општинските државни службеници (види Кус приказ на одлуки 1996, параграф 217):
„Вработените во локалните јавни служби треба да можат ефикасно да основаат организации по нивен избор, и тие организации треба да уживаат полно право да ги исполнуваат и штитат интересите на работниците кои ги претставуваат.“[2]
40. Член 22 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права предвидува како што следи
„1. Секој ќе има право на слобода на здружување со другите, вклучително и право да основа и да членува во синдикати за заштита на неговите интереси.
2. Никакви ограничувања не може да бидат наметнати на користењето на ова право освен оние кои се предвидени со закон и кои се неопходни во демократско општество во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, јавниот ред (ordre public), заштитата на јавното здравје или моралот или заштитата на правата и слободите на другите. Овој член нема да го спречи воведувањето законски ограничувања на членовите на оружените сили и полицијата во употребата на ова право.“
41. Член 8 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права предвидува како што следи:
„1. Државите страни на овој Пакт се обврзуваат да го обезбедат:
(a) Правото на секој да основа синдикати и да се зачлени во синдикати по свој избор, подложно само на правилата на засегнатата организација, за промоција и заштита на неговите економски и социјални интереси. Никакви ограничувања не може да бидат наметнати на користењето на ова право освен оние кои се предвидени со закон и кои се неопходни во демократско општество во интерес на националната безбедност или јавниот ред или заштитата на правата и слободите на другите.
...
(в) Правото на синдикатите да функционираат слободно без да бидат предмет на било какви ограничувања освен тие предвидеии со закон и кои се неопходни во демократско општество во интерес на националната безбедност или јавниот ред или за заштита на правата и слободите на другите;
...
2. Овој член нема да го спречи воведувањето законски ограничувања на употребата на ова право од припадниците на оружените сили и полицијата или државната администрација.“
(б) Колктивни преговори и државните службеници
42. Релевантните членови од Конвенцијата на МОТ бр. 98 во однос на примената на принципите на правото на организирање и колективно преговарање (усвоена во 1949 и ратификувана од Турција на 3 јануари 1952) гласи како што следи:
Член 4
„Мерки кои одговараат на националните услови ќе бидат преземени, кога е потребно, да се охрабри и промовира целосниот развој и користење на механизмите на доброволни преговори помеѓу работодавачите или организациите на работодавачите и организациите на работниците, со цел да се уредат условите и околностите на работа преку колективни договори.“
Член 5
„1. Обемот во кој гаранциите предвидени со оваа Конвенција ќе се применуваат на оружените сили и полицијата ќе бидат утврдени со национални закони или уредби.
2. Во согласност со принципот поставен во параграф 8 од член 19 од Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот ратификацијата на оваа Конвенција од било која држава членка нема да се смета дека влијае на било кој постоечки закон, награда, обичај или договор по основ на кој членовите на оружените сили или полицијата уживаат било кое право гаранатирано со оваа Конвенција.“
Член 6
„Оваа Конвенција не ја регулира положбата на државните службеници ангажирани во државната администрација, ниту ќе биде толкувана дека ги доведува во прашање нивните права или статус на било кој начин.“
43. Комитетот на експерти на МОТ ја толкуваше оваа одредба дека ги исклучува од опсегот на Конвенцијата само оние службеници кои се директно вработени во администрирањето со државата. Со тој исклучок, сите други лица вработени во владата, јавните претпријатија или автономните јавни институции би требало да имаат ги уживаат погодностите, според Комитетот, од гаранциите предвидени во Конвенцијата бр. 98 на ист начин како и останатите работници, и последователно треба да бидат во можност да се вклучат во колективни преговори во однос на условите за работа, вклучувајќи и плати (Општ преглед 1994, слобода на здружување и колективни преговори за Конвенцијата бр.87 и бр. 98 [МОТ, 1994a], § 200).
44. Релевантните одредби на Конвенцијата на МОТ бр. 151 (усвоена во 1978 и ратификувана од Турција на 12 јули 1993) во однос на заштитата на правото на организирање или постапките за определување на условите за работа во јавната служба гласи како што следи:
Член 1
„1. Оваа Конвенција се применува на сите лица вработени во јавни органи, доколку за нив не важат поповолни одредби од други меѓународни конвенции за работни односи.
2. Степенот до кој гаранциите предвидени со оваа Конвенција ќе се применуваат на работници од повисоки нивоа чии функции не се сметаат вообичаено како донесување политики или раководни, или работниците чии должности се од строго доверлива природа, ќе се определи со домашни закони или прописи.
3. Степенот до кој гаранциите предвидени со оваа Конвенција ќе се применуваат на оруженте сили и полицијата ќе биде утврден со домашни закони или прописи.“
Член 7
„Мерки кои одговараат на националните услови ќе бидат преземени, кога е потребно, да се охрабри и промовира целосниот развој и користење на механизмите за преговарање за условите и околностите за работа помеѓу јавните органи во прашање и организациите на работниците од јавните органи, или на други такви методи кои ќе овозможат претставниците на работниците од јавниот сектор да учествуваат во утврдувањето на овие прашања.“
Општата конференција на Меѓународната организација на трудот, во преамбулата на Конвенцијата бр. 151, ги воочила „условите на Конвенцијата за слобода на здружување и заштита на правото на организирање, 1948, [и] Конвенцијата за правото на организирање и колективни преговори, 1949“ и ги зела во предвид:
„посебните проблеми кои произлегуваат од опсегот на, и дефинициите за целта на, било кој меѓународен иснтрумент, како резултат на разликите во многу земји помеѓу работата во приватниот и јавниот сектор, како и тешкотиите во толкување кои произлегоа од примената на релевантните одредби од Конвенцијата за правото на организирање и колективни преговори, 1949, на државни службеници, и опсервациите на надзорните тела на МОТ во голем број на прилики дека некои влади ги применуваат тие одредби на начин кој исклучува големи групи на работници од јавниот сектор од опсегот на Конвенцијата.“
2. Европски инструменти
(а) Правото на организирање и државните службеници
45. Член 5 од Европската социјална повелба (ревидирана), кој не е сѐуште ратификуван од Турција, предвидува како што следи:
Член 5 – Право на организирање
“Со цел да ја гарантираат или да ја промовираат слободата на работниците и работодавачите да формираат локални, национални или меѓународни организации за заштита на нивните економски и социјални интереси и да се зачленат во овие организации, страните договорнички се обврзуваат, со националното законодавство да не ја повредуваат оваа слобода, ниту да го применуваат [законодавство] на начин според кој истата се повредува. Обемот во кој гаранциите предвидени во овој член ќе се применуваат врз полицијата, ќе биде утврден според националните закони или прописи. Принципот според кој се раководи примената на овие гаранции за припадниците на оружените сили и обемот во кој тие ќе се применуваат за оваа категорија лица, исто така, ќе бидат утврдени со националните закони или прописи.“
46. Начелото бр. 8 од Препораката бр. R (2000) 6 на Комитетот на министри на Советот на Европа за статусот на јавните службеници во Европа гласи како што следи:
„Јавните службеници треба, во принцип, да уживаат исти права како сите граѓани. Сепак, користењето на тие права може да биде регулирано со закон или преку колективен договор со цел да се направат компатибилни со нивните јавни должности. Нивните права, особено политичките и синдикалните права, треба да бидат законски ограничени само во онаа мерка во која е неопходно за правилно изврпување на нивните јавни функции.“
47. Член 12(1) од Повелбата за фундаментални права на Европската унија предвидува како што следи:
„Секој има право на слобода на мирно собирање и слобода на здружување на сите нивоа, посебно за политички, синдикални и граѓански прашања, што го имплицира правото на секој да основа и да се зачлени во синдикати за заштита на неговите или нејзините интереси.“
48. Што се однесува до европската пракса, може да се забележи дека правото на државните службеници да се зачленат во синдикати е сега признаено од сите држави договорнички. Ова право важи за државните службеници по систем на кариера или по договорен систем, и за работниците во индустриски или комерцијални претпријатија во јавна сопственост, без разлика дали се национални или општински. Државните службеници, без разлика дали работат за централната власт или за локален орган, генерално имаат право да се зачленат во синдикат по нивен избор. Бројноста на членството на синдикати е генерално поголема во јавниот сектор отколку во приватниот, што претставува очигледна индикација на поволна правна и административна средина создадена од државите членки. Во мнозинството на држави членки, неколкуте ограничувања кои постојат се ограничени на судските органи, полицијата, и пожарните служби, а најстрогите ограничувања, кулминирајќи во забрана на членство во синдикати, се резервирани за оружените сили.
(б) Правото на колективни преговори и државните службеници
49. Членот 6 од Европската социјална повелба (ревидирана), кој сѐуште не е ратификуван од Турција, ја содржи следната одредба во однос на правото на колективно преговарање:
„Со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правото на колективно преговарање, страните договорнички се обврзуваат:
1. да ги промовираат заедничките консултации меѓу работниците и работодавачите;
2. да го промовираат, кога е тоа потребно и корисно, механизмот на слободни преговори меѓу работодавачите или организациите на работодавачите, од една страна, и организациите на работниците, од друга страна, со цел со колективни договори да се уредат условите за вработување;
3. да го промовираат воведувањето и примената на соодветни механизми за доброволно мирење и арбитража при решавањето на работните спорови;
и им го признаваат:
4. правото на работниците и работодавачите на заеднички акции во случај на судири на интересите, вклучувајќи го и правото на штрајк, предмет на обврските што би можеле да произлезат од важечките колективни договори.
50. Според значењето дадено на член 6 § 2 од Повелбата од страна на Комитетот на независни експерти на Повелбата (сега Европски комитет за социјални права – ЕКСП), кој всушност во целост важи за јавните службеници, државите кои воведуваат ограиичувања на колективното преговарање во јавниот скетор имаат обврска, за да ја исполнат оваа одредба, да го организираат вклучувањето на претставници на работниците во подготвувањето на релевантните прописи за работа (види, на пример, во однос на Германија, Заклучоци III, стр. 34-35).
51. Членот 28 од Повелбата за фундаментални права на Европската унија предвидува како што следи:
Право на колективно преговарање и [заедничка] акција
„Работниците и работодавачите, или нивните соодветни организации, имаат, во согласност со правото на Заедницата и националните закони и пракса, право на преговарање и склучување колективни дговори на соодветните нивоа и, во случај на конфликт на интереси, да преземаат заеднички акции да ги бранат нивните интереси, вклучително и мерки на штрајк.“
52. Што се однесува на праксата на европските држави, може да се воочи дека, во големото мнозинство од нив, правото на јавните службеници да преговараат колективно со властите е признаено, и е предмет на различни исклучоци за да се исклучат одредени области (дисциплински постапки, пензии, здравствено осигурување, плати на државни службеници од повисок ранг) или одредени категории на државни службеници кои се носители на ексклузивни овластувања на државата (припадници на оружените сили и на полицијата, судии, дипломати, државни службеници по систем на кариера на федерално ниво). Правото на државните службеници кои работат за локалните власти и кое не се носители на државни овластувања на колективно преговарање со цел да утврдат нивните плати и услови за работа е признаено од големото мнозинство на држави договорнички. Преостанатите исклучоци можат да бидат оправдани со посебни околности.
ПРАВО
I. ПРЕТХОДНИ ПРИГОВОРИ НА ВЛАДАТА
53. Владата поднесе два приговори на допуштеност пред Големиот судски совет: еден дека било невозможно жалителите да се повикуваат на други меѓународни инструменти освен Конвенцијата, посебно не на инструменти кои Турција ги нема ратификувано; а друг дека член 11 од Конвенцијата не бил применлив на жалителите затоа што тие биле државни службеници, а не обични работници вработени по договор.
54. Што се однесува на првиот приговор, Владата тврдеше дека Судот, преку толкување на Конвенцијата, не можел да создава нови обврски за државите договорнички кои не биле предвидени со Конвенцијата. Посебно, со оглед на тоа што Судскиот совет дал голема важност на Европската социјална повелба (чиишто членови 5 и 6 не се ратификувани од Турција) и на праксата на нејзиниот надзорен орган, тие побараа Големиот судски совет да ја прогласи жалбата за недопуштена затоа што е некомпатибилна ratione materiae со Конвенцијата, со оглед на тоа дека е невозоможно да се повикува на меѓународни инструменти кои Турција ги нема ратификувано [во аргументите] против Владата.
55. Во однос на вториот приговор, Владата, повикувајќи се во најголем дел на ограничувањето предвидено во последната реченица на членот 11 од Конвенцијата во однос на применувањето на оваа одредба на „припадниците .... на државната администрација“, тврдеше дека на турските државни службеници, вклучувајќи ги и општинските државни службеници, се однесувал специфичен и многу детален систем на правни правила според Законот за јавна служба (Закон бр. 657), и на тој начин се разликувале од останатите работници. Владата побара Судот да ја одбие жалбата затоа што била некоматиблна ratione materiae со одредбите на член 11.
56. Жалителите ги оспорија приговорите поднесени од Владата.
57. Судот воочува дека приговорот на Владата во однос на тоа што Судот ја зел во предвид Европската социјална повелба, не може да се смета за претходен приговор. Дури и ако се претпостави дека приговорот на Владата е основан, една жалба не станува недопуштена само како последица на инструментите во светло на кои еден Оддел на Судот ја проценил нејзината основаност. Всушност, овој приговор на Владата повеќе е поврзан со анализата на суштинските прашања кои произлегуваат од овој случај и ќе биде разгледан во тој контекст.
58. Што се однесува на приговорот во однос на опсегот на Конвенцијата ratione materiae, Судот најпрво воочува дека Владата не го изгубила правото да го истакне затоа што поднеле пред Судскиот совет, пред испитувањето на допуштеноста, во супптина сличен аргумент. Земајќи го тоа во предвид, Судот воочува дека, дури и таа [Владата] да го изгубила правото, тој не би можел да го избегне испитувањето на ова прашање, кое е поврзано со неговата надлежност, а чиј обем е утврден со самата Конвенција, посебно со член 32, а не со поднесоците на странките во одреден случај (види, mutatis mutandis, Blečić v. Croatia [GC], no. 59532/00, §§ 63-69, ECHR 2006‑....).
Овој приговор на Владата сепак налага Судот да го анализира поимот „припадници ... на државната администрација“, кој се појавува во последната реченица на член 11. Судот затоа заклучува дека е соодветно да го приклучи кон испитувањето на основаноста на жалбата.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 11 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
59. Жалителите се жалеа дека домапните судови им го ускратиле правото да основаат синдикати и да склучуваат колективни договори. Во овој дел тие се повикаа на член 11 од Конвенцијата, кој гласи како што следи:
„1. Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување со други, вклучувајќи го и правото да основа синдикати и да се зачленува во синдикатите за заштита на своите интереси.
2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на криминал, заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на други. Со овој член не се забранува наметнување законски ограничувања во користењето на овие права за припадниците на оружените сили, полицијата или државната администрација.“
A. Толкување на Конвенцијата во светло на други меѓународни инструменти
60. Судот погоре одлучи да го анализира во делот за основаност, аргументот на Владата дека, при пресудување за случајот, било незвозможно да се потпре против Турција на други меѓународни инструменти освен Конвенцијата, посебно не на инструменти кои Турција ги нема ратификувано. Затоа што е поврзан повеќе со методологијата што треба се користи при анализа на основаноста на жалбите поднесени по член 11 од Конвенцијата, Судот смета за потребно да одлучи по овој аргумент пред да се посвети на било кое друго прашање.
1. Аргументи на странките
(а) Владата
61. Владата тврдеше дела Судот немал право да создава, преку толкување, било какви нови обврски кои не се веќе предвидени со Конвенцијата. Таа тврдеше, помеѓу другите аргументи, дека не е можно повикување, против една држава, на меѓународен договор кон кој конкретната страна не пристапила. Додека Владата прифати дека Судот секогаш земал во предвид, кога е неопходно, „било кои релевантни правила на меѓународното право применливи на односите помеѓу странките“ (види Al‑Adsani v. the United Kingdom [GC], no. 35763/97, § 55, ECHR 2001‑XI), таа сметаше дека овој пристап бил легитимен само ако е во согласност со критериумите поставени во член 31 § 3 од Виенската конвенција за договорно право, а посебно, ако се земеле во обзир само оние инструменти со кои засегнатата држава бил обврзана.
62. Турција не била потписничка на членот 5 (право на организирање) или членот 6 (право на колективно преговарање) од Европската социјална повлеба, која ја ратифкувала во 1989. Толкување кое на индиректна основа ги правело овие одредби обврзувачки било уште повеќе проблематично кога, како во конкретниот случај, непостоењето во Конвенцијата на изречна одредба која го гарантира правото на склучување колективни догвори имало противтежа во земањето во предвид на други инструменти на кои засегнатата држава не била [договорна] страна.
(б) Жалителите
63. Жалителите го критикуваа начинот на кој Владата го истакна ова прашање во однос на толкувањето на Конвенцјата. Тие посочија дека Судскиот совет не ги применил гореспоменатите одредби на Социјалната повелба во конкретниот случај, туку имал земено во предвид, во своето толкување на член 11 од Конвенцијата, мислење на Комитетот на независни епскерти во однос на врската помеѓу правото на организирање и колективно преговарање.
2. Судскиот совет
64. Судскиот совет немал повод да одлучува по приговорот во прашање. Тој се повикал, како дополнителен аргумент, на мислењето на Комитетот на независни епскерти на Социјалната повелба кога ја посочувал врската помеѓу слободата на здружување и слободата на колективни преговори (пресуда на Судскиот совет, § 35). Во својата пресуда, Судскиот совет користел референци на конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ) при анализата дали обжалената мерка била неопходна во демократско општество, и посебно дали синдикатот Tüm Bel Sen се однесувал во добра вера кога одбрал колективно преговарање како средство за заштита на интересите на неговите членови (ibid., § 46).
3. Пракса на толкување на одредби од Конвенцијата во светло на други меѓународни текстови и инструменти
(а) Основни елементи
65. За да го утврди значењето на термините и фразите користени во Конвенцијата, Судот се раководи воглавно од правилата на толкување предвидени во Виенската конвенција за договорно право од член 31 до 33 (види, на пример, Golder v. the United Kingdom, 21 February 1975, § 29, Series A no. 18; Johnston and Others v. Ireland, 18 December 1986, §§ 51 et seq., Series A no. 112; Lithgow and Others v. the United Kingdom, 8 July 1986, §§ 114 and 117, Series A no. 102; и Witold Litwa v. Poland, no. 26629/95, §§ 57-59, ECHR 2000‑III). Според Виенската конвенција Судот е обврзан да го утврди обичното значење кое треба да им се даде на зборовите во нивниот контекст и во светло на предметот и целта на одредбата од која произлегуваат (види Golder, цитиран погоре, § 29; Johnston and Others, цитиран погоре, § 51; и член 31 § 1 од Виенската конвенција). Исто така може да се употребат дополнителни средства на толкување, или за да се потврди значење утврдено според горенаведените чекори, или за да се утврди значење кога без тоа [толкување] би било двосмислено, нејасно, или очигледно апсурдно или неразумно (член 32 од Виенската конвенција; види Saadi v. the United Kingdom [GC], no. 13229/03, § 62, ECHR 2008‑....).
66. Со оглед на тоа што Конвецијата е пред сѐ и над сѐ систем за заштита на човековите права, Судот мора да ја толкува и применува на начин кој ги чини правата во неа практични и ефикасни, а не теоретски и илузорни. Конвенцијата мора да се чита во целина, и да се толкува на начин да промовира внатрешна конзистентност и хармонија на различните одредби во неа (види, помеѓу многу други претходни одлуки, Stec and Others v. the United Kingdom (dec.) [GC], nos. 65731/01 and 65900/01, §§ 47-48, ECHR 2005‑X).
67. Понатаму, Судот никогап не ги разгледувал одредбите на Конвенцијата како единствен референтен систем за толкување на правата и слободите изразени во неа. Напротив, мора исто така да ги земе во обзир сите релевантни правила и начела на меѓународното право применливи на односите помеѓу државите договорнички (види Saadi, цитиран погоре, § 62; Al-Adsani, цитиран погоре, § 55; и Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], no. 45036/98, § 150, ECHR 2005‑VI; види исто така член 31 § 3 (в) од Виенската конвенција).
68. Судот понатаму воочува дека секогаш се повикувал на „живиот“ карактер на Конвенцијата, која мора да биде толкувана во светло на сегашните услови, и дека при своето толкување на одредби на Конвенцијата ги земал во предвид нормите на домашното и меѓународното право кои се развиваат (види Soering v. the United Kingdom, 7 July 1989, § 102, Series A no. 161; Vo v. France [GC], no. 53924/00, § 82, ECHR 2004‑VIII; и Mamatkulov and Askarov v. Turkey [GC], nos. 46827/99 and 46951/99, § 121, ECHR 2005‑I).
(б) Разновидност на меѓународни текстови и инструмени кои се користат при толкување на Конвенцијата
(i) Општо меѓународно право
69. Прецизните обрвски кои материјалните одредби од Конвенцијата ги наметнуваат на државите договорнички може да бидат толкувани, прво, во светло на релевантните меѓународни договори кои важат во одредена сфера (така, на пример, Судот го толкува член 8 од Конвенцијата во светло на Конвенцијата на Обединетите нации од 20 ноември 1989 за правата на детето и Европската конвенција за посвојување на деца од 24 април 1967 – види Pini and Others v. Romania, nos. 78028/01 and 78030/01, §§ 139 and 144, ECHR 2004‑V; и Emonet and Others v. Switzerland, no. 39051/03, §§ 65-66, ECHR 2007‑...).
70. Во друг случај во кој има повикување на други меѓународни договори освен Конвенцијата, Судот, за да ја утврди позитивната обврска на државата во однос на „забраната на домашно ропство“ ги зел во предвид одредбите од универзалните меѓународни конвенции (Конвенцијата на МОТ за принудна работа, Дополнителната Конвенција за укинување на ропството, трговијата со робови, и институции и практики слични на ропство, и Меѓународната конвенција за правата на детето – види Siliadin v. France, no. 73316/01, §§ 85-87, ECHR 2005‑VII). Откако се повикал на релевантни одредби од овие меѓународни инструмени, Судот сметал дека ограничување на прашањето за почитување на член 4 од Конвенцијата само на директно дејствие на државните власти би било неконзистентно со меѓународните инструменти кои посебно се однесуваат на ова прашање и би го направило неефикасен (ibid. § 89).
71. Дополнително, како што Судот посочил во случајот Golder (цитиран погоре, § 35), релевантните правила на меѓународното право кои се применувале на односите помеѓу странките исто вклучуваат „општи принципи на правото признаени од цивилзираните народи“ (види член 38 § 1 (в) од Статутот на Меѓународниот суд на правдата). Правниот комитет на Консултативното собрание на Советот на Европа предвидел во август 1950 дека „Комисијата и Судот нужно [ќе мораат да] ги применуваат таквите принципи“ во извршувањето на нивните должности и тзатоа сметал за „неопходно“ да се воведе посебна клаузула за таа цел во Конвенцијата (Документи на , Консултативното собрание, работни документи од сесијата во 1950, Том. III, бр. 93, стр. 982, пара.5).
72. Во пресудата Soering (цитирана погоре), Судот ги зел во предвид принципите предвидени со текстови од универзална примена во развивањето на својата судска пракса во однос на член 3 од Конвенцијата кои се однесуваат на екстрадиција во трети земји. Прво, сметал, повикувајќи се на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права од 1966 и Американската Конвенција за човекови права од 1969, дека забраната на постапување спротивно на член 3 од Конвенцијата станала меѓународно прифатен стандард. Второ, сметал дека фактот што Конвенцијата на Обеднитетите нации против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување ја забранувала екстрадицијата на лице во друга држава каде би постола опасност да биде подложно на тортура не значело дека суштински слична обврска не била веќе инхерентна во општиот поим на член 3 од Европската Конвенција.
73. Понатаму, Судот најде во својата пресуда Al-Adsani, повикувајќи се на универзалните инструменти (член 5 од Универзалната декларација за човекови права, член 7 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, членовите 2 и 4 од Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување) и толкувањето на тие инструменти од страна на меѓународните кривични судови (пресуда на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Furundzija, 10 December 1998) и домашни судови (пресуда на Домот на Лордовите во случајот ex parte Pinochet (No. 3)), дека забраната на тортура стекнала статус на перемпторна норма на меѓународното право, или jus cogens, која ја инкорпирал во својата судска пракса во оваа област (Al-Adsani, цитиран погоре, § 60).
(ii) Инструменти на Советот на Европа
74. Во голем број на пресуди Судот користел, за потребите на толкување на Конвенцијата, по себе необврзувачки инструменти на органите на Советот на Европа, посебно препораки и резолуции на Комитетот на министри и Парламентарното собрание (види, помеѓу многу други претходни одлуки, Öneryıldız v. Turkey [GC], no. 48939/99, §§ 59, 71, 90 and 93, ECHR 2004‑XII).
75. Овие методи на толкување го наведоа Судот да ги поткрепи своите образложенија со норми кои произлегуваат од други органи на Советот на Европа, иако тие органи немаат улога на претставување на држави договорни страни на Коненцијата, било да се надзорни механизми или експертски тела. Со цел да се толкува точниот опсег на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата. Судот, на пример, ја употребил работата на Европската комисија за демократија преку правото или „Венецијанска комисија“ (види, помеѓу други претходни одлуки, Russian Conservative Party of Entrepreneurs and Others v. Russia, nos. 55066/00 and 55638/00, §§ 70-73, ECHR 2007 ‑...; Basque Nationalist Party – Iparralde Regional Organisation v. France, no. 71251/01, §§ 45-52, ECHR 2007‑...; и Çiloğlu and Others v. Turkey, no. 73333/01, § 17, 6 March 2007) на работата на Европската комисија проти расизам и нетолеранција (види, на пример, Bekos and Koutropoulos v. Greece, no. 15250/02, §§ 33‑36, ECHR 2005‑... ; Ivanova v. Bulgaria, no. 52435/99, §§ 65-66, ECHR 2007‑...; Cobzaru v. Romania, no. 48254/99, §§ 49-50, 26 July 2007; и D.H. and Others v. the Czech Republic [GC], no. 57325/00, §§ 59-65, 184, 192, 200 and 205, ECHR 2007‑...) и на извештаите на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КЗТ) (види, на пример, Aerts v. Belgium, 30 July 1998, § 42, Reports of Judgments and Decisions 1998‑V; Slimani v. France, no. 57671/00, §§ 22 et seq., ECHR 2004‑IX; Nazarenko v. Ukraine, no. 39483/98, §§ 94-102, 29 April 2003; Kalashnikov v. Russia, no. 47095/99, § 97, ECHR 2002‑VI; и Kadiķis v. Latvia (no. 2), no. 62393/00, § 52, 4 May 2006).
(iii) Оцена на Судот
76. Судот неодамна потврди, во пресудата Saadi v. the United (цитирана погоре, § 63), дека кога го разгледува предметот и целта на одредбите на Конвенцијата, исто така ја зема во предвид меѓународно-шравната основа на правното прашање кое е поставено пред него. Создадени од збир на правила и принципи кои се прифатени од големото мнозинство на држави, заедничките меѓународни и домашни правни стандарди на европските држави одразуваат реалност која Судот не може да ја занемари кога е повикан да го појасни опсегот на една одредба од Конвенцијата кој поконвенционални средства на толкување не му овозможиле да го утврди со доволен степен на сигурност.
77. Како за пример, наоѓајќи дека правото на организирање имало негативен аспект кој исклучувал договори според кои работодавачот вработува само членови на синдикатот, кои од своја страна не смеат да се откажат од членство во конкретниот синдикат за да останат во работен однос [closed-shop agreements], Судот сметал, воглавно врз основа на Европската социјална повелба и праксата на нејзините надзорни органи, заедно со други европски и универзални инструменти, дека постоел растечки степен на согласност по тоа прашање на меѓународно ниво (види Sigurður A. Sigurjónsson v. Iceland, 30 June 1993, § 35, Series A no. 264; и Sørensen and Rasmussen v. Denmark [GC], nos. 52562/99 and 52620/99, §§ 72-75, ECHR 2006‑...).
78. Судот воочува во тој поглед дека кога бара општа согласност помеѓу нормите на меѓународното право никогаш не правел разлика помеѓу изворите на правото според тоа дали тие биле или не биле потпишани или ратификувани од тужената држава.
79. Така, во случајот Marckx v. Belgium, кој се однесува на правниот статус на дете родено вон брак, Судот го засновал своето толкување на две меѓународни конвенции од 1962 и 1975 кои Белгија, како и други држави договорни страни на Конвенцијата, не ги имала ратификувано во тоа време (Marckx v. Belgium, 13 June 1979, §§ 20 and 41, Series A no. 31). Судот сметаше дека не можело да се потпира на малиот број на ратификации на тие инструменти во спротивност на континуираната еволуција на домашното право на големото мнозинство на држави членки, заедно со релевантни меѓународни инструменти, кон потполно судско признавање на максимата „mater semper certa est“.
80. Дополнително, во случаите Christine Goodwin v. the United Kingdom ([GC], no. 28957/95, ECHR 2002‑VI), Vilho Eskelinen and Others v. Finland ([GC], no. 63235/00, ECHR 2007‑...) и Sørensen and Rasmussen v. Denmark (цитиран погоре), Судот се раководел од Повелбата на Европската унија за фундаментални права, иако тој инструмент не бил обврзувачки. Понатаму, во случаите McElhinney v. Ireland ([GC], no. 31253/96, ECHR 2001‑XI), Al-Adsani v. the United Kingdom (цитиран погоре) и Fogarty v. the United Kingdom ([GC], no. 37112/97, ECHR 2001‑XI), Судот ја зел во предвид Европската конвенција за имунитет на државите, која во тоа време била ратификувана од само осум држави.
81. Дополнително, во својата пресуда Glass v. the United Kingdom, Судот ги зел во обзир, кога го толкувал членот 8 од Конвенцијата, стандардните содржани во Конвенцијата од Олведо за човекови права и биомедицина од 4 април 1997, иако тој инструмент не бил ратификуван од сите држави договорни страни на Конвенцијата (види Glass v. the United Kingdom, no. 61827/00, § 75, ECHR 2004‑II).
82. Со цел да утврди критериуми за државна одговорност по член 2 од Конвенцијата во однос на опасни активности, Судот, во пресудата Öneryıldız v. Turkey, се повикал помеѓу други тесктови на Конвенцијата за граѓанска одговорност за штета која потекнува од активности опасни за околината (ETS no. 150 – Лугано, 21 јуни 1993) и Конвенцијата за заштита на животната средина преку кривично право (ETS no. 172 – Стразбур, 4 ноември 1998). Мнозинството на држави членки, вклучувајќи ја и Турција, ниту ги имале потпишано, ниту ратификувано овие две конвенции (види Öneryıldız, цитиран погоре, § 59).
83. Во случајот Taşkın and Others v. Turkey, Судот се надоврзал на својата судска пракса во однос не член 8 од Конвенцијата во прашања на заштита на животната средина (аспект на [тој член], кој се смета дека е дел од приватниот живот на поединецот) воглавно врз основа на принципите содржани во Архуската конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правдата за прашања поврзани со животната средина (ECE/CEP/43) (види Taşkın and Others v. Turkey, no. 49517/99, §§ 99 and 119, 4 December 2003). Турција не ја имаше потпишано Архуската Конвенција.
84. Судот забележува дека Владата понатаму се повикуваше на отсуството на политичка поддршка на дел од државите членки, во контекстот на работата на Управувачкиот комитет за човекови права, за создавањето на дополнителен протокол за проширување на системот на Конвенцијата [и вклучување на] на определени економски и социјални права. Судот сепак забележува, дека ова стојалиште на државите членки били придружено, како што е потврдено и од Владата, со желба за зајакнување на механизмот Социјална повелба. Судот го гледа ова како аргумент во поддршка на постоењето на консензус помеѓу државите договорнички за промоција на економски и социјални права. Тој не е спречен да ја земе во предвид оваа општа желба кога ги толкува одредбите на Конвенцијата.
4. Заклучок
85. Судот, кога ги дефинира термините и поимите во текстот на Конвенцијата, може и мора да ги земе во предвид другите елементи на на меѓународното право покрај Конвенцијата, толкувањето на такви елементи од страна на надлежни органи, и праксата на европските држави која ги одразува нивните заеднички вредности. Консензусот кој се појавува од специјализираните меѓународни инструменти и од праксата на државите членки мозе да претставува релевантно размислување за Судот кога тој толкува одредби на Конвенцијата во специфични области.
86. Во овој контекст, не е неопходно тужената држава да има ратификувано цела група на инструменти кои се применливи во однос на прецизната содржина на конкретниот случај. За Судот ќе биде доволно да релевантните меѓународни инструменти означуваат континуирана еволуција на нормите и начелата применувнаи во меќународното или домашното право на мнозинството на држави членки на Советот на Европа и да покажуваат, во точно определена област, дека има општа согласност во модерните општества (види, mutatis mutandis, Marckx, цитиран погоре, § 41).
Б. Право на општинските државни службеници да основаат синдикати
1. Пресуда на Судскиот совет
87. Судскиот совет сметал дека не било докажано дека апсолутната забрана за формирање на синдикати воведена за државни службеници со турскиот закон, како што важел во релевантниот период, одговарала на „неодложна општествена потреба“. Заклучил дека самиот факт што „законодавството не предвидува[ло] таква можност“ не бил доволен да налага мерка толку радикална како распуштање на синдикат.
88. Повикувајќи се на пресудата во Tüm Haber Sen and Çınar v. Turkey (no. 28602/95, §§ 36-39, ECHR 2006‑...), Судскиот совет сметал дека, во отсуство на било каков конкретен доказ кој покажува дека активностите на синдикатот Tüm Bel Sen претставувале закана за општеството или државата, тужената држава, одбивајќи да го признае правниот субјективитет на синдикатот жалител, не ја почитувала својата обврска да го обезбеди уживањето на правата гарантирани со член 11 од Конвенцијата. Заклучил дека имало повреда на членот 11 од Конвенцијата по ова прашање.
2. Аргументи на странките
(а) Владата
89. Владата пред Големиот судски совет поднесе приговор на некомпатибилност ratione materiae со одредбите на Конвенцијата: затоа што членот 11 од Конвенцијата не важел за „припадници... на државната администрација“, не можел да биде применет на жалителите во конкретниот случај затоа што тие спаѓале во таа категорија на работници. Судот одлучи да го спои овој приговор со одлучувањрто за основаноста. (види параграф 56 погоре).
90. Во поддршка на нејзиниот аргумент, Владата воочи дека сите јавни службенци во Турција биле предмет на специфичен систем на правила. Ситуацијата на општинските државни службеници не била ништо поразлична од таа на останатите државни службеници, затоа што органите на локалната самоуправа јасно биле владини организации кои вржат јавни должности.
91. Владата беше на мислење дека било невозможно да се направат неефикасни, преку толкување или употреба на судска пракса, изречните услови на член 11 in fine, кои ги овластувале државите да воведат, во однос на припадниците на оружените сили, полицијата или државната администрација, други ограничувања освен оние кои мора да го поминат тестот на неопходност во демократско општество.
92. Владата понатаму тврдеше пред Големиот судски совет дека касационата пресуда од 6 декември 1995 немала никакви последици на интензивните синдикални активности на синдикатот Tüm Bel Sen, затоа што покасно покажал неоспорна организациона ефикасност и можел да склучува стотици колективни догвори, моментално во полза на околу десет илјади општински работници.
(б) Жалителите
93. Што се однесува на фактот дека им било забрането на државните службеници да основаат синдикати, жалителите се согласија со ставот на Судскиот совет, но посочија дека нивната главен жалбен навод се однесувал на поништувањето на колективниот договор. Тие посочија дека забраната како што била применета во конкретниот случај не земала во предвид дека некои државни службеници вршеле потполно иста работа како и работниците од приватниот сектор.
94. Што се однесува на последиците кои касационата пресуда од 6 декември 1995 ги имала за синдикатот Tüm Bel Sen, жалителите посочија на прво место дека Министерството за внатрешни работи повело кривични и граѓански постапки, за злоупотреба на положба, против градоначалници кои склучиле колективни договори со синдикати. Иако, понеодамна, таквите постапки биле прекинати, општинските власти, плашејќи се од нови постапки, престанале да се ангажираат во колективни преговори со синдикатите. Активностите на синдикатот Tüm Bel Sen така биле значително лимитирани.
95. Жалителите исто така тврдеа, во врска со тоа, дека Ревизорскиот суд, после касационата пресуда од 6 декември 1995, ги поништил колективните договори потпишани од синдикатот Tüm Bel Sen и дека државните службеници кои припаѓале на синдикатот морале да ги надоместат сите дополнителни плати или надоместоци како резултат на неважечките договори. Овој развој на настаните, кој сам по себе претставувал мешање со активностите на синдикатот. Исто така го спречил синдикатот да ги убеди останатите општински власти да потпишат нови колективни договори.
3. Оценка на Судот
(a) Дали може на жалителите, како општински државни службеници, да им бидат дадени гаранциите од член 11 од Конвенцијата?
96. Судот сега мора да одлучи по приговорот на Владата дека жалбата била некомпатибилна ratione materiae со одредбите на Конвенцијата како што важат за „припадници ... на државната администрација“.
Точно е дека параграфот 2 in fine од оваа одредба јасно покажува дека државата е обврзана да ја почитува слободата на здружување на работниците, подложно на можното воведување на законски ограничувања на шрипаднците на оружените сили, полицијата или државната администрација во користењето на правата заштитени со тој член (види Swedish Engine Drivers’ Union v. Sweden, § 37, Series A no. 20).
97. Во врска со тоа, Судот смета дека ограничувањата воведени за трите групи споменати во членот 11 треба да се толкуваат строго и затоа треба да бидат ограничени на „користењето“ на правата во прашање. Овие ограничувања не смеат да ја ослабат самата суштина на правото на организирање. По ова прашање судот не се согласува со ставот на Комисијата дека терминот „законски“ во втората реченица на членот 11 § 2 не наложува ништо повеќе од тоа да ограничувањето во прашање има основа во националното право, и да не е арбитрерно, и дека не наметнува било каков услов на пропорционалност (види Council of Civil Service Unions and Others v. the United Kingdom, no. 11603/85, Commission decision of 20 January 1987, Decisions and Reports 50, p. 241). Дополнително, според Судот, засегнатата државата е должна да ја покаже легитимноста на било какви ограничувања на правото на такви лица на организирање. Судот понатаму смета дека општинските државни службеници, кои не се ангажирани во државната администрација како таква, не можат во принцип да бидат третирани како „припадници на државната администрација“ и, затоа, да бидат подложни по таа основа на ограничување на нивното право на организирање и на формирање синдикати (види, mutatis mutandis, Tüm Haber Sen and Çınar, cited above, §§ 35-40 and 50).
98. Судот смета дека овие размислувања наоѓаат поддршка во поголемиот број релевантни меѓународни инструменти и праксата на европските држави.
99. Додека параграф 2 од членот 8 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, кој се однесува на истото прашање, вклучува припадници на државната администрација помеѓу категориите на лица кои може да бидат подложни на органичувања, членот 22 од Меѓународниот пакт за за граѓански и политички права, чија формулација е слична со таа во членот 11 од Конвенцијата, предвидува дека државата е овластена да го ограничи користењето на правото на слобода на здружување само на припадниците на оружените сили и полицијата, без да се повикува на припадници на државната администрација.
100. Судот посочува дека главниот инструмент кој гарантира, на меѓународно ниво, право на јавните службеници да основаат синдикати е Конвенцијата бр. 87 на МОТ за слободата на здружување, чиј член 2 предвидува дека сите работници, без било каква разлика, имаат право да основаат и да се зачленат во организации по нивен избор (види параграф 37 погоре).
101. Судот воочува дека правото на јавните службеници да се зачленат во синдикати било потврдено во повеќе прилики од Комитетот на експерти за примена на конвенции и препораки. Овој Комитет, во својата Индивидуална опсервација до турската Влада во однос на Конвенцијата бр. 87, сметал дека единствениот допуштен исклучок на правото на организирање како што е замислено со тој инструмент се однесувал на оружените сили и полицијата (види параграф 38 погоре).
102. Судот воочува дека МОТ Комитетот за слобода на здружување го усвоил истото образложение во однос на општинските државни службеници. Според Комитетот, вработените во локалните јавни служби би требало да можат ефикасно да основаат организации по нивен избор, и тие организации треба да имаат полно право да ги остваруваат и бранат интересите на работниците кои ги претставуваат (види параграф 39 погоре).
103. Инструментите кои произлегуваат од европските организации исто така покажуваат дека принципот според кој државните службеници го уживаат основното право на здружување е широко прифатен од државите членки. На пример, членот 5 од Европската социјална повелба ја гарантира слободата на работниците и работодавачите да основаат локални, национални и интернационални организации за заштита на нивните економски и социјални интереси и да се зачленат во тие организации. Националното законодавство може да воведе делумни ограничувања на полицијата и потполни или делумни ограничувања на припадниците на оружените сили, но не е предвидена никава можност за ограничување на другите припадници на државната администрација.
104. Правото на здружување на државните службеници е исто така признаено од Комитетот на министри на Советот на Европа во неговата Препорака R (2000) 6 за статусот на јавните службеници во Европа, чие Начело бр. 8 декларира дека јавните службеници треба, во принцип, да ги уживаат истите права како сите граѓани, и дека нивните синдикални права треба да се ограничат со закон само колку што е неопходно за правилно извршување на нивните должности (види параграф 46 погоре).
105. Уште еден европски инструмент, Повелбата за фундаментални права на Европската унија, има усвоено отворен пристап кон правото на организирање, декларирајќи, во својот член 12(1), помеѓу останатото, дека „секој“ има право да основа и да се зачлени во синдикати за заштита на неговите или нејзините интереси (види параграф 47 погоре).
106. Што се однесува до европската пракса, Судот повторува дека правото на државните службеници да се зачленат во сидникати е сега признаено од сите држави догворнички (види параграф 48 погоре). Тоа право важи за државни службеници по систем на кариера или по договорен систем и на сите работници на индустриски или комерцијални претпријатија во јавна сопственост, национални или општински. Државните службеници, без разлика дали работат за централната власт или локалната власт, генерално имат право да се зачленат во синдикат по нивен избор. Судот исто така го зема во предвид фактот дека бројноста на членството на синдикат е генерално поголема во јавниот сектор отколку во приватниот сектор, што претставува очигледна индикација на поволната правна и административна средина создадена од државите членки. Во мнозинството на држави членки, неколкуте ограничувања кои постојат се ограничени на судските органи, полицијата, и пожарните служби, а најстрогите ограничувања, кулминирајќи во забрана на членство во синдикати, се резервирани за оружените сили.
107. Судот од тоа заклучува дека „припадниците на државнта администрација“ не можат да бидат икслучени од опсегот на член 11. Националните власти најмногу се овластени да воведат „законски ограничувања“ на тие припадници, во согласност со членот 11 § 2. Во конкретниот случај, сепак, Владата не покажа како природата на должностите извршувани од жалителите, како општински државни службеници, наложува тие да бидат сметани како „припадници на државната администрација“ подложни на такви органичувања. Затоа, жалителите можат легитимно да се повикаат на член 11 од Конвенцијата. и било какво мешање со користењето на правото во прашање мора да ги исполни условите од параграф 2 од тој член.
108. Затоа, жалителите можат легитимно да се повикаат на член 11 од Конвенцијата и приговорот истакнат од Владата по ова прашање мора да биде одбиен.
(б) Општи принципи
109. Судот повторува дека членот Article 11 § 1 ги презентира синдикатите како една форма или посебен аспект на слободата на здружување (види National Union of Belgian Police v. Belgium, 27 October 1975, § 38, Series A no. 19; и Swedish Engine Drivers’ Union, цитиран погоре, § 39). Конвенцијата не прави разлика помеѓу функциите на државата договорничка како носител на јавна власт и нејзините обврски како работодавач. Членот 11 не е исклучок од тоа правило. Напротив, параграфот 2 in fine на оваа одредба јасно покажува дека државата е обврзана да ја почитува слободата на мирно собирање и здружување, подложна на можно воведување на „законски ограничувања“ во случајот на припадниците на оружените сили, полицијата или администрацијата (види Tüm Haber Sen and Çınar, цитиран погоре, § 29). Членот 11 е затоа обврзувачки за „државата како работодавач“, без разлика дали нејзините односи со своите работници се регулирани со јавно или приватно право (види Swedish Engine Drivers’ Union, цитиран погоре, § 37).
110. Судот понатаму повторува дека, иако суштинскиот предмет на член 11 е да го заштити поединецот од арбитрерно мешање на јавните власти со користењето на заштитените права, може дополнително да има и позитивни обврски на државата да обезбеди ефикасно уживање на таквите права. Во специфичниот контекст на конкретниот случај, одговорноста на Турција би била активирана ако фактите на кои жалителите се жалат – што значи, главно, непризнавањето на нивниот синдикат од страна на државта во релевантниот период – резултирала од пропуст од нејзина страна да им ги обезбеди на жалителите со своето домашно право правата предвидени со членот 11 од Конвенцијата (види Wilson, National Union of Journalists and Others v. the United Kingdom, nos. 30668/96, 30671/96 and 30678/96, § 41, ECHR 2002-V; и Gustafsson v. Sweden, 25 April 1996, § 45, Reports 1996-II).
111. Сепак, како што Судот има посочено во контекст на членот 8 од Конвенцијата, дали случајот е анализиран во смисла на позитивна обврска на државата да преземе разумни и соодветни мерки за да ги обезбеди правата на жалителот по тој член или во смисла на мешање од јавна власт, кое треба да биде оправдано во согласност со параграф важечките принципи се воглавно слични (види Hatton and Others v. the United Kingdom [GC], no. 36022/97, § 98, ECHR 2003‑VIII).
(в) Последици од дејствија или пропуштања на државата врз активностите на Tüm Bel Sen
112. Судот мора најпрво да утврди дали аргументот на Владата дека касационата пресуда од 6 декември 1995 немала никави последици врз синдикалните активности на Tüm Bel Sen е потврден од фактите на случајот.
113. [Судот] воочува во врска со тоа дека споменатата пресуда, во делот во кој било заклучено дека синдикатот жалител не стекнал правен субјективитет кога бил основан и, затоа, дека немал право да поведува или да се брани во правни постапки, имала две последици на активностите на синдикатот, една ретроспектвно, а друга во иднина.
114. Пресудата во прашање имала ретроактивна последица да ги направи ништовни ab initio сите активности кои Tüm Bel Sen ги имал преземено помеѓу 1991 и 1993 во однос на Општинскиот совет во Газиантеп со цел да се заштитат интересите на неговите членови, вклучително колективните договори инволвирани во конкретниот случај. Таа последица била зајакната со одлуките на Ревизорскиот суд кои наложуваат надоместок на поволностите кои ги добиле членовите на синдикатот како резултат на преговорите со органот кој ги вработувал.
115. Што се однесува на идните последици од касационата пресуда во прашање, Судот го смета за кредибилен аргументот на жалителите дека активностите на синдикатот Tüm Bel Sen биле значително ограничени како резултат на колебањето на раководителите на локалните власти да стапат во преговори со него. Може да се забележи од списите на предметот, прво, дека раководителите на општинските власти кои се согласиле да одобрат поволности на државните службеници според колективните договори се соочиле со управни, финансиски и судски постапки пред донесувањето на Законот бр. 4688 од 25 јуни 2001, и, второ, дека дури и после таа дата тие самите биле обврзани да и ја надоместат на државата секоја дополнителна сума која што била исплатена во релевантниот период и потоа од своја страна тие повеле постапки против државните службеници кои тие суми ги добиле.
116. Како што е воочено погоре (параграф 88), Судскиот совет не само што сметал дека имало неоправдано мешање со правата на жалителите по член 11 туку дека, со одбивањето да го признае правниот субјективитет на синдикатот на жалителите, државата не ја почитувала својата позитивна обврска да го обезбеди уживањето на правата содржани во тој член. Како и Судскиот совет, Големиот судски совет смета дека конкретниот случај може да биде анализиран или како мешање со [правата од] членот 11 или дека државата не ја почитувала својата обврска да ги обезбеди правата на жалителите од таа одредба. Во посебните околности на конкретниот случај Судот смета дека двата пристапи се можни со оглед на комбинацијата на дејствувањето и пропуштањето од страна на властите со кои е соочен. Затоа тој ќе продолжи по основот дека овој дел од случајот треба да биде анализиран од гледна точка на тоа дали имало мешање со правата на жалителите но правејќи го тоа исто така ќе ги има во предвид позитивните обврски на државата
(г) Почитување на член 11
(i) Предвидено со закон и остварување на легитимна цел
117. Мешање [во користење на правата] ќе претставува повреда на член 11 освен ако е „предвидено со закон“, следи една или повеќе легитимни цели и е „неопходно во демократско општество“ за остварување на тие цели.
118. Судот воочува дека обжаленото мешање било предвидено со домашен закон како што бил толкуван од страна на комбинираните граѓански оддели на Касациониот суд. Дополнително, не е спорно дека пресудата во прашање, во онаа мерка во која настојувала да избегне дискрепанца помеѓу законот и праксата, била со цел да се спречи безредие (види Tüm Haber Sen and Çınar, цитиран погоре, §§ 33-34).
(ii) Неопходност во демократско општество
119. Што се однесува на неопходноста на таквото мешање во демократско општество, Судот повторува дека законски ограничувања може да бидат воведени на користењето на синдикалните права на припадници на оружените сили, полицијата или државнта администрација. Сепак, мора да се има на ум дека исклучоците наведени во член 11 треба да се сфатат строго, само исклучително убедливи причини може да оправдаат ограничување на слободата на здружување на странките. Кога утврдуваат во такви случаји дали постои „неопходност“ – и затоа и „неодложна општествена потреба“ – во смисла на членот 11 § 2, државите имаат само ограничено поле на слободна оцена, кое оди паралелно со ригорозниот европски надзор кој го вклучува и законот и одлуките во кои тој закон се применува, вклучително и тие донесени од независни судови (види, на пример, Sidiropoulos and Others v. Greece, 10 July 1998, § 40, Reports 1998‑IV). Судот исто така мора да провери дали обжаленото мешање во светло на случајот како целина било „пропорционално на легитимната цел која треба да ја оствари“ и дали причините наведени од домашните власти за да го оправдаат биле „релевантни и доволни“. Правејќи го тоа, Судот мора да утврди дека националните власти примениле стандарди кои се во согласност со принципите изразени во соодветните одредби на Конвенцијата и, дополнително, дали тие ги засновале нивните одлуки на прифатлива оцена на релевантните факти (види, на пример, Yazar and Others v. Turkey, nos. 22723/93, 22724/93 and 22725/93, § 51, ECHR 2002‑II).
120. Што се однесува на тоа дали, во конкретниот случај, непризнавањето на синдикатот на жалителите било оправдано со „неодложна општествена потреба“, Големиот судски совет ја потврдува следната оцена на Судскиот совет:
„Не беше покажано пред него [Судот] дека апсолутната забрана за основање на синдикати воведена за државни службеници ... со турскиот закон, како што важел во релевантниот период, одговарала на’неодложна општествена потреба’. Самиот факт што законот не предвидел таква можност не е доволна да наложи толку радикална мерка каква што е распуштање на синдикатот.“
121. Судот понатаму смета дека во релевантниот период имало повеќе дополнителни аргументи во поддршка на идејата дека непризнавањето на правото на жалителите, како општински државни службеници, да основаат синдикати не одговарало на „неопходност“.
122. Прво, правото на државните службеници да основаат и да се зачленат во синдикати веќе било признаено со инструменти на меѓународното право, и универзални (види параграфи 98-102 погоре) и регионални (види параграфи 103-105 погоре). Дополнително, анализата на европската пракса покажува дека слободата на здружување на јавните службеници била генерално признаена во сите држави членки (види параграф 106 погоре).
123. Второ, Турција веќе, во релевантниот период, ја имала ратификувано (преку инструмент депониран на 12 јули 1993) Конвенцијата на МОТ бр. 87, основниот текст кој го обезбедува, на меѓународно ниво, правото на јавните службеници да основаат синдикати. Овој инструмент веќе бил, врз основа на турскиот Устав, директно применлив во домашното право (види параграф 34 погоре).
124. Конечно, Турција ја потврди со идната пракса својата подготвеност да го признае правото на организирање на државните службеници – подготвеност веќе изразена со ратификацијата на Конвенцијата на МОТ бр. 87 во 1993 – со измената на Уставот во 1995 и со праксата на судските органи од раните деведесети па натаму. Таа пракса е илустрирана со одлуките донесени во конкретниот случај од страна на Окружниот суд и Четвртиот граѓански оддел на Касациониот суд. Дополнително, во 2000 Турција потпиша две конвенции на Обединетите нации со кои се признава правото во прашање (види параграфи 40 и 41 погоре).
125. Судот воочува дека, и покрај овој развој во меѓународното право, турските власти не можеле да им го обезбедат на жалителите правото да основаат синдикати, главно од две причини. Прво, турското законодавно тело, после ратификацијата во 1993 на Конвенцијата на МОТ бр .87, не направило ништо повеќе сѐ до 2001, годината во која го донело Законот за синдикати на државните службеници (Закон бр. 4688), кој ја регулира практичната примена на тоа право. Второ, во текот на преодниот период, комбинираните граѓански оддели на Касациониот суд одбиле да го следат решението предложено од страна на Окружниот суд во Газиантеп, кој се раководел од развојот на меѓународното право, и давале рестриктивно и формалистичко толкување на домашниот закон во однос на основањето на правни субјекти. Ова толкување ги спречило комбинираните граѓански оддели од оценување на специфичните околности на случајот и од утврдување дали била воспоставена правична рамнотежа помеѓу интересите на жалителите и на органот работодавач, Општинскиот совет во Газиантеп (види, mutatis mutandis, Sørensen and Rasmussen, цитиран погоре, § 58).
126. Судот затоа смета дека комбинираниот ефект на рестриктвното толкување од страна на Касациониот суд и неактивноста на законодавното тело помеѓу 1993 и 2001 ја спречило државата да ја почитува својата обврска да им обезбеди на жалителите уживање на нивните сидникални права и не може да биде оправдана како „неопходно во демократско опшество“ во смисла на членот 11 § 2 од Конвенцијата.
127. Затоа, има повреда на членот 11 од Конвенцијата како резултат на непризнавањето на правото на жалителите, како општински државни службеници да основаат синдикат.
В. Поништување на колективниот договор помеѓу синдикатот Tüm Bel Sen и [општинскиот] орган, применуван во претходните две години
1. Пресуда на Судскиот совет
128. Судскиот совет го анализирал ова прашање одвоено од жалбата во однос на одбивањето на Касациониот суд да го признае правото на државните службеници да основаат синдикати.
129. Што се однесува на прашањето дали имало повреда на синдикалните права на жалителите, Судскиот совет сметал дека судската пракса на Судот не ја икслучувала можноста дека правото да се склучуваат колективни договори би можело да претставува, во посебните околности на даден случај, едно од главните средства п дури главното такво средство – за синдикалците во заштита на нивните интереси. Ја воочил органската врска помеѓу слободата на здружување и слободата на колективни преговори, како што била претходно спомената од страна на Комитетот на независни експерти на Социјалната повелба.
130. Судскиот совет, откако воочил дека во конкретниот случај, синдикатот Tüm Bel Sen го убедил органот да стапи во колективни преговори и да склучи колективен договор, и дека тој договор ги регулирал во период од две години сите работни односи помеѓу вработените на општинскиот совет и нивниот работодавач, сметал дека тој колективен договор претставувал за синдикатот главно, ако не и единствено, средство за промоција и заштита на интересите на неговите членови (вид §§ 30-40 од пресудата на Судскиот совет).
131. Советот исто така сметал дека мешањето кое е во прашање било предвидено со закон и дека спречувањето на дискрепанца помеѓу праксата и важечкиот домашен закон можело да смета за легитимна цел со смисла на параграф 2 од членот 11 (види § 42 од пресудата на Судскиот совет). Што се однесува на оправдувањето за мешањето, Судскиот совет заклучил дека не била покажана било каква неодложна потреба во врска со тоа од страна на Владата. Исто така заклучил дека Турција не ја почитувала својата позитивна обврска по член 11 да му помогне на синдикатот на жалителите во одбрана на интересите на неговите членови.
2. Аргументи на странките
132. Странките се согласија дека Големиот судски совет мора да ја испита жалбата во однос на поништувањето на колективниот договор одделно од жалбата во однос на правото на жалителите да основаат синдикати.
(а) Владата
133. Владата тврдеше дела жалбениот навод кој се однесува на поништувањето на колективниот договор мора да биде испитан одделно, во онаа мерка, според нејзиното мислење, во која покренувал одделни правни прашања од тие кои прозилегувале од правото на жалителите да основаат синдикат.
134. Според мислењето на Владата, не било соодветно да се менува судската пракса востановена во седумдесетите, затоа што правото да се склучат колективни договори не било право гарантирано како такво со член 11. Освен во раните класични случаји National Union of Belgian Police v. Belgium или Swedish Engine Drivers’ Union v. Sweden, оваа судска пракса била повторена понеодамна во одлуки за недопуштеност (види Francesco Schettini and Others v. Italy (dec), no. 29529/95, 9 November 2000; и UNISON v. the United Kingdom (dec.), no. 53574/99, ECHR 2002‑I).
135. Владата посочи во врска со тоа дека синдикалните права можеле да се имплементираат во повеќе други облици и тврдеше дека државата имала слобода да ги одбере оние кои треба да бидат користени од синдикатите. Таа тврдеше дела не било на Судот да наметне било каков одреден облик за целите на членот 11.
136. Таа сметаше, дополнително, дека било невозможно да се утврди заедничка европска пракса во однос на правото на државните службеници да склучуваат колективни договори. Во одредени држави договорнички, само државните работници по договор (наспроти државните службеници по систем на кариера) уживале такво право, додека во други само оние државни службеници кои имале високи позиции биле исклучени.
137. Конечно, Владата сметаше дека конвенциите на МОТ ратификувани од Турција не биле релевантни во контекст на член 11 од Конвенцијата. Таа тврдеше деа Судот не треба да ги употребува за да создава нови права на кои не е можно повикување според Конвенцијата.
(б) Жалителите
138. Жалителите објаснија дека нивниот главен жалбен навод се однесувал на поништувањето на колективниот договор помеѓу нив и Општинскиот совет во Газиантеп. Тие изјавија дека се согласувале со анализата на Судскиот совет на ова прашање, во исто време посочувајќи дека позицијата на Касациониот суд сосема ги занемарувала нивните права во тој поглед.
139. Тие понатаму се согласија со издвоеното мислење на тројца судии од Судскиот совет кои навеле дека правото на колективно преговарање треба да се смета во денешно време како еден од суштинските елементи на правото на основање синдикати, во смисла на членот 11 од Конвенцијата.
3. Дали имало мешање
(a) Општи принципи во однос на суштината на правото на здружување
(i) Развој на судската пракса
140. Развојот на судската шракса на Судот во однос на конститутивните елементи на правото на здружување може да се резимира како што следи: Судот отсекогаш сметал дека членот 11 од Конвенцијата ја штити слободата да се заштитат работните интереси на членови на синдикатите преку заеднички акции на синдикатот, чие извршување и развој државите договорнички мора и да го дозволат и овозможат (види National Union of Belgian Police, цитиран погоре, § 39; Swedish Engine Drivers’ Union, cited above, § 40; и Schmidt and Dahlström v. Sweden, 6 February 1976, § 36, Series A no. 21).
141. Што се однесува на суштината на правото на здружување загарантирано со членот 11 од Конвенцијата, Судот го има ставот дека првиот параграф на тој член им дава право на членовите на еден синдикат, со цел да ги заштитат нивните интереси, синдикатот да биде сослушан, но и оставил на секоја држава слободен избор на средства за остварување на таа цел. Конвенцијата налага, според Судот, дека според домашниот закон синдикатите треба да имаат можност, под услови кои не отстапуваат од член 11, да се се борат за заштита на интересите на нивните членови (види National Union of Belgian Police, цитиран погоре, § 39; Swedish Engine Drivers’ Union, цитиран погоре, § 40; и Schmidt and Dahlström, цитиран погоре, § 36).
142. Што се однесува на правото на склучување на колективни договори, Судот на почетокот сметал дека член 11 не обезбедувал било каков посебен третман на синдикатите, како што е правото да склучуваат колективни договори (види Swedish Engine Drivers’ Union, цитиран погоре, § 39). Тој понатаму навел дека тоа право на никој начин не претставувало елемент кој е нужно инхерентен на некое право гарантирано со Конвенцијата (види Schmidt and Dahlström, цитиран погоре, § 34).
143. Покасно, во случајот Wilson, National Union of Journalists and Others, Судот сметал дека дури и ако колективното преговарање не било неопходно за ефикасното уживање на синдикалните слободи, тоа можело да биде еден од начините на кои синдикатите можеле да ги штитат интересите на нивните членови. Синдикатот морал да има слобода, на еден или друг начин, да настојува да го убеди работодавачот да слушне што тој има да каже во име на неговите членови (Wilson, National Union of Journalists and Others, цитиран погоре, § 44).
144. Како последица на претходно кажаното, еволуцијата на судската пракса во однос на суштината на правото на здружување загарантирано со член 11 е обележана од два водечки принциши: прво, Судот ја зема во предвид целината на мерки преземени од страна на засегнатата држава со цел да обезбеди синдикална слобода, предмет на нејзината слободна оценка; второ, Судот не прифаќа ограничувања кои влијаат на суштинските елементи на синидкалната слобода, без кои на таа слобода би и била одземена суштината. Овие два принципи не се контрадикторни туку се взаемно поврзани. Оваа взаемна врска имплицира дека државата договорничка која е во прашње, иако е во принцип слободна да одлучи какви мерки сака да преземе со цел да обезбеди почитување на членот 11, има обврска да ги земе во предвид елементите кои се сметаат за суштински во судската пракса на Судот.
145. Следните суштински елементи на правото на здружување може да се утврдат од судската пракса на Судот каква што е во моментот: правото да основаат и членуваат во синдикат (види, како скорешна одлука, Tüm Haber Sen and Çınar, цитиран погоре), забраната за closed-shop договори (види, на пример, Sørensen and Rasmussen, цитиран погоре) и правото да основаат синдкат кој ќе настојува да го убеди работодавачот да слушне што има да каже во име на неговите членови (Wilson, National Union of Journalists and Others, цитиран погоре, § 44).
146. Оваа листа не е ограничена. Напротив, таа е предмет на развој во зависност од посебниот развиток во работните односи. Во врска со тоа соодветно е да се потсети дека Конвенцијата како жив инструмент кој мора да биде толкуван во светло на условите во сегашноста, и во согласност со развојот на меѓународното право, за да го одрази сѐ повисокиот стандард кој се бара во областа на заштита на човековите права, и затоа налага поголема строгост во оценувањето на повреди на фундаменталните вредности на демократските општества. Со други зборови, ограничувањата на правата мора да се сфатат рестриктивно, на начин кој дава ефикасна и практична заштита на човековите права (види, mutatis mutandis, Refah Partisi (the Welfare Party) and Others v. Turkey [GC], nos. 41340/98, 41342/98, 41343/98 and 41344/98, § 100, ECHR 2003‑II; и Selmouni v. France [GC], no. 25803/94, § 101, ECHR 1999‑V).
(ii) Правото на колективно преговарање
147. Судот воочува дека во меѓународното право, правото на колективно преговарање е заштитено со Конвенцијата на МОТ бр. 98 во однос на правото на организирање и колективно преговарање. Усвоен во 1949, овој текст, кој е еден од фундаменталните инструменти во однос на меѓународните стандарди на трудот, беше ратификувана од Турција во 1952. Наведува во членот 6 дека не се однесува на положбата на „јавните службеници анагажирани во државната администрација“. Сепак, Комитетот на експерти на МОТ ја толкуваше оваа одредеба дека ги исклучува само оние службеници чии активности биле специфични за државната администрација. Освен тој исклучок, сите други лица вработени од владата, јавните претпријатија или автономни јавни институции треба имаат можност да ги користат, според Комитетот, гаранциите предвидени со Конвенцијата бр. 98 на ист начин како сите други работници, и следствено треба да можат да се вклучат во колективно преговарање во однос на нивните услови на работа, вклучително и платите (види параграф 43 погоре).
148. Судот понатаму воочува дека Конвенцијата на МОТ бр.151 (која беше усвоена во 1978, стапи во сила во 1981 и која Турција ја има ратификувано) за работни односи во јавните служби („Конвенција во однос на заштита на правото на организирање и постапките за определување услови на работа во јавната служба“) им остава на државите слобода на избор дали на припадниците на оружените сили или полицијата треба или не треба да им биде дадено право да учествуваат во определувањето на условите за работа, но предвидува дека ова право важи за сите други сектори во јавните служби, ако е потребно и под посебни услови. Понатаму, одредбите на Конвенцијата бр. 151, според нејзиниот член 1 § 1, не можат да се користат за да биде намален обемот на гаранциите предвидени со Конвенцијата бр. 98 (види параграф 44 погоре).
149. Што се однесува на европските инструменти, Судот заклучува дека Европската социјална повелба во својот член 6 § 2 (кој Турција го нема ратификувано) им дава на сите работници, и на сите синдикати право на колективно преговарање, така наметнувајќи на јавните власти соодветна обврска да промовираат активно култура на дијалог и преговори во економијата, за да обезбедат широко покриеност за колективните договори. Судот воочува, сепак, дека таа обврска не ги обврзува властите да склучат колективни договори. Според значењето кое е дадено на членот 6 § 2 од Повелбата од страна на Европскиот комитет за социјални права (ЕКСП), кој всушност е целосно применлив на јавнуи службеници, држави кои воведуваат ограничувања на колективното преговарање во јавниот скетор имаат обврска за да ја почитуваат оваа одредба, да овозможат вклучување на претставници на вработените во пишувањето на прописите за работни односи кои ќе се применуваат за нив
150. Што се однесува на Повелбата за фундаментални права на Европската унија, која е еден од најновите европски инструменти, таа предвидува во членот 28 дека работниците и работодавачите, или нивните организации, имаат, според правото на Заедницата и домашните закони п пракса, право да преговараат и склучуваат колективни договори на соодветните нивоа.
151. Што се однесува на праксата на европските држави, Судот повторува дека, во големото мнозинство, правото на државните службеници на колективно преговарање со органите е признаено, под услов на различни исклучоци со кои се исклучуваат одредени области кои се сметаат за чувствителни или одредени категории на државни службеници кои се носители на извршна власт на државата. Посебно, правото на државните службеници вработени во локалните власти и кои не се носители на државна власт да се вклучат во колективни преговори со цел да се утврдат нивните плати и услови за работа е признаено од мнозинството на држави договорнички. Преостанатите исклучоци може да бидат оправдани само со особени околности (види параграф 32 погоре).
152. Прикладно е исто така да се земе во предвид равојот на ситуацијата во Турција откако е поднесена жалбата. После ратификацијата од страна на Турција на Конвенцијата бр. 87 за слободата на здружување и заштита на правото на организирање, Турција го измени, во 1995, членот 53 од Уставот преку внесување на параграф во кој се предвидува правото на синдикати основани од јавни службеници да поведат или да се бранат во судски постапки и да се вклучат во колективни преговори со властите. Покасно, Законот бр. 4688 од 25 јуни 2001 ги поставува условите кои го регулираат користењето на правото на колективно преговарање од страна на државните службеници.
153. Во светло на овој развој, Судот смета дека неговата судска пракса дека правото на колективно преговарање и на склучување колективни договори не претставува инхерентен елемент на член 11 (Swedish Engine Drivers’ Union, цитиран погоре, § 39, и Schmidt and Dahlström, цитиран погоре, § 34) треба да биде повторно разгледана, за да се земе во предвид воочливиот развој во таквите прашања, и во меѓународното право и во домашните правни системи. Додека е во интерес на правната сигурност, на предвидливоста и на еднаквоста пред заонот, тоа дека Судот не треба да отстапи, без добри причини, од прецеденти поставени во претходни случаи, пропуст на Судот да одржи динамичен и еволутивен пристап би довел до ризик тој [Судот] да се претвори во пречка за реформи или подобрување (види Vilho Eskelinen and Others, цитиран погоре, § 56).
154. Следствено на тоа, Судот смета дека, со оглед на развојот на трудовото право, и меѓународно и национално, и на праксата на државите договорнички по вакви прашања, правото на колективно преговарање со работодавачот, во принцип, е веќе станато дел од суштинските елементи на „право[то] да основа и зачлени во синдикати за заштита на [своите] интереси“ предвидено со член 11 од Конвенцијата, при што се подразбира дека државите остануваат слободни да ги организираат нивните системи за да, ако е соодветно, им доделат посебен статус на претставниците на синдикатите. Како и другите работници, така и државните службеници, освен во многу специфични случаи, треба да уживаат такви права, но без да бидат доведени во прашање последиците од било какви „законски ограничувања“ кои може да е потребно да се воведат за „припадници на државната администрација“ во смисла на член 11 § 2 – категорија на која жалителите во конкретниот случај, сепак, не припаѓаат (види параграф 108 погоре).
(б) Примена ва горенаведеиите принципи во конкретниот случај
155. Во светло на горенаведените принципи, Судот смета дека синдикатот Tüm Bel Sen, уште во релевантниот период, го уживал правото да се вклучи во колективно преговарање со органот работодавач, и кој не го ни оспори тој факт. Ова право претставувало еден од инхерентните елементи на правото на вклучување во синдикални активности, гарантирано на тој синдикат со член 11 од Конвенцијата.
156. Што се однесува на оспорениот колективен договор склучен после колективни преговори, Големиот судски совет, како и Судскиот совет, ги зема во предвид следните факти:
„Најпрво, синдикатот Tüm Bel Sen го убедил работодавачот, Општинскиот совет во Газиантеп, да стапи во колективни преговори за прапања кои ги сметал за важни за интересите на своите членови и да постигнат договор со цел да утврдат взаемни обврски и должности..
Покасно, после тие преговори, колективен договор бил склучен помеѓу работодавачот и синдикатот Tüm Bel Sen. Сите права и обврски на неговите членови биле предвидени и заштитени со тој договор.
Дополнително, колективниот договор бил имплементиран. Во период од две години, со исклучок на одредени финансиски одредби кои биле спорни меѓу страните, колективниот договор ги регулирал сите односи работодавач-работник во Општинскиот совет во Газиантеп.“
157. Затоа, Судот забележува дека колективните преговори во конкретниот случај и колективниот договор кој произлегол од нив претставувале, за засегнатиот синдикат суштинско средство за промоција и обезбедување на интересите на неговите членови. Непостоењето на закон потребен да им даде правно дејство на одредбите од меѓународните конвенции за работни односи кои се веќе ратификувани во Турција, пресудата на Касациониот суд од 6 декември 1995 која е заснована на тоа непостоење [на домашен закон], и со de facto поништувањето на колективен договор кое од тоа произлегол, претставува мешање со синдикалната слобода на жалителите заптитена со член 11 од Конвенцијата.
158. Што се однесува на аргументите на жалителите во однос на тоа дека новиот закон бил недоволен во однос на синдикалните права на државните службеници, Судот посочува дека предметот на сегашната жалба не се однесува на фактот дека новиот турски закон не воведува обврска за властите да склучуваат колективни договори со синдикати на државни службеници, или на фактот дека тие синдикати немаат право на штрајк ако нивните колективни преговори авршат неуспешно.
4. Дали мешањето било оправдано
159. Судот смета дека конкретното мешање, имено поништувањето
ex tunc на колективниот договор кој синдикатот Tüm Bel Sen го склучил после колективни преговори со органот во кој биле вработени жалителите, треба да се смета дека го повредува членот 11, освен ако може да се покаже дека било „предвидено со закон“, дека следело една или повеќе легитимни цели, во согласност со параграфот 2, и дека било „неопходно во демократско општество“ за да ги оствари тие цели.
(a) Предвидено со закон
160. Владата и жалителите со согласија со заклучокот на Судскиот совет дека мешањето кое било во прашање било предвидено со закон. За целите на конкретниот случај, Големиот судски совет може да прифати дека мешањето било предвидено со закон, како што и било толкувано од страна на комбинираните граѓански оддели на Касациониот суд, највисокиот судски орган кој има одлучувано во случајот.
(б) Остварување на легитимна цел
161. Судот може исто така да прифати, како и Судскиот совет и самите странки, дека мешањето во прашање, во делот во кој било насочено кон спречување на дискрепанца помеѓу законот и праксата, остварувало легитимна цел: превенција на безредие. Што се однесува на фактот дека ризикот за таква дискрепанца бил последица на времето кое му било потребно на законодавното тело да го адаптира своето законодавство на меѓународните обврски на Турција од сферата на меѓународните стандарди на трудот, Судот смета дека неговата оцена мора исто така да се однесува и на прашањето дали таквата мерка била неопходна во демократско општество.
(в) Неопходност во демократско општество
162. Судот се повикува во овој дел на својата судска пракса наведена погоре во однос на негативните и позитивните обврски наметнати на Владата со член 11 од Конвенцијата (види параграфи 109 и 110 погоре).
163. Што се однесува на примената на тие принципи на конкретниот случај, Судот воочува дека Владата пропуштила да покаже како оспореното ограничување било неопходно во демократско општество, бранејќи го нивниот главен аргумент дека жалителите како државни службеници, немале право да преговараат колетивно или да склучуваат колективни договори.
164. Судот, правејќи ја својата сопствена анализа, смета дека во релевантниот период голем број на елементи покажале дека одбивањето да се прифати дека жалителите, како општински државни службеници, имале право на колективни преговори и така да го убедат органот работодавач да склучи колективен догвор, не одговарало на „неодложна општествена потреба“.
165. Прво, правото на државните службеници да можат, во принцип, колективно да преговараат, било признаено со меѓународни правни инструменти, и универзални (види параграфи 147-148 погоре) и регионални (види параграфи 149-150 погоре). Дополнително, анализата на европската пракса покажува дека тоа право било признаено од мнозинството на држави членки (види параграфи 52 и 151 погоре).
166. Второ, во 1952 Турција ја ратификува Конвенцијата на МОТ бр. 98, главниот инструмент кој, на меѓународно ниво, го заштитува правото на работниците да преговараат колективно и да склучуваат колективни договори (види параграфи 42-43 и 151 погоре). Нема докази во списите на предметот кои покажуваат дека синдикатот на жалителите претставувал „јавни службеници ангажирани во државната администрација“, што значи, според толкувањето на Комитетот на експерти на МОТ, службеници чии активности се специфични за државната администрација и кои спаѓаат во исклучокот предвиден со член 6 од Конвенцијата на МОТ бр.98.
167. Во овие околности, Големиот судски совет, го дели следното размислување на Судскиот совет:
„Судот не може да прифати дека аргументот заснован на празнина во законот – предизвикана од одложување од страна на законодавното тело – бил доволен сам по себе да го направи поништувањето на колективниот договор кој бил применуван во претходните две години, да биде во согласност со условите за било какво ограничување на слободата на здружување.“
168. Дотолку повеќе, Големиот судски совет воочува дека Владата не изнела докази за било какви посебни околности кои би можеле да го оправдаат исклучувањето на жалителите, како општински државни службеници, од правото, инхерентно во нивната синдикална слобода, да преговараат колективно со цел да го склучат конкретниот колективен договор. Објаснувањето, дека државните службеници, без било каква дистинкција, уживаат привилегирана позиција во однос на другите работници не е доволно во овој контекст.
169. Судот така заклучува дека обжаленото мешање, имено поништувањето ex tunc на колективниот договор склучен од синдикатот на жалителите после колективно преговарање со органот [работодавач] не било „неопходно во демократско општество“, во смисла на членот 11 § 2 од Конвенцијата.
170. Затоа има повреда на член 11 од Конвенцијата и по ова прашање, во однос и на синдикатот на жалителите и на самите жалители.
III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
171. Жалителите тврдеа дека ограничувањето наметнато на нивната
слобода да основаат синдикати и да склучуваат колективни договори претставувала дискриминирачко разликување, за целите на членот 14 од Конвенцијата земен во врска со член 11.
172. Сепак, со оглед на заклучоците по член 11, Судот, како и Судскиот совет, не смета дека е нопходно посебно да се испита оваа жалба.
IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
173. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.“
A. Штета
174. Г-н Kemal Demir тврдеше пред Судскиот совет дека претрпел материјална штета од 551 евра (EUR), по основ на дополнителната плата која тој би ја добивал во период од тринаесет години ако колективниот договор не бил поништен. Тој исто така побара 14,880 евра (EUR) за нематеријална штета кој настанала од неговата разочараност од тоа што му биле оневозможени средства за остварување на неговите права.
175. Г-ѓа Vicdan Baykara, од име на синдикатот кој го застапува, и неговите членови, бараше надомест на нематеријална штета во износ од EUR 148,810.
176. Судскиот совет додели EUR 20,000 во однос на нематеријална штета на г-ѓа Vicdan Baykara, како застапник на синдикатот Tüm Bel Sen, која треба да се распредели помеѓу членовите на синдикатот, заедно со EUR 500 за г-н Kemal Demir по сите основи на штета земени заедно.
177. Жалителите побараа Големиот судски совет да им ги додели потполно истите износи.
178. Владата ги оспори овие барања. Таа наведе дека дека немало причинска врска помеѓу материјалната штета наведена од двајцата жалители и конкретната касациона пресуда, која се однесувала на деловната способност на синдикатот Tüm Bel Sen. Таа дополнително посочи дека никакви материјални докази не биле доставени во поткрепа на барањата поднесени по овој основ. Таа на крај тврдеше дека г-ѓа Vicdan Baykara, како претседател на синдикатот, само ја вршела својата должност како застапник и по тој основ не можела да добие надоместок на нематеријална штета.
179. Што се однесува на барањето поднесено од г-н Kemal Demir во однос на материјална штета, Судот смета дека износот кој жалителот бил обврзан да и го врати на државата после поништувањето на релевантниот колективен договор мора да му биде вратен. Точно, барањето не е целосно поткрепено со материјални докази. Сепак, пресметките направени во поедноставена форма од страна на жалителите овозможуваат да се потврди неговата точност. Правејќи ја својата оценка на правична основа, Судот му доделува на г-н Kemal Demir EUR 500 за сите основи на штета заедно.
180. Што се однесува на барањето поднесено во однос на нематеријална штета од страна на г-ѓа Vicdan Baykara во име на синдикатот кој го застапува, Судот обрнува внимание на неговата судска пракса дека фрустрацијата почувствувана од страна на членови на орган кој бил распуштен или спречен да дејствува може да биде земена во предвид во овој дел (вид, на пример, Dicle for the Democratic Party (DEP) of Turkey v. Turkey, no. 25141/94, § 78, 10 December 2002; и Presidential Party of Mordovia v. Russia, no. 65659/01, § 37, 5 October 2004). Судот воочува дека дека во релевантниот период синдикатотт Tüm Bel Sen бил главниот синдикат на вработените во општинскиот совет. Неговото распуштање и поништувањето на колективниот договор со Општинскиот совет во Газиантеп мора да предизвикал длабоки чувства на фрустрација кај неговите членови, затоа што на тој начин ним им било одземено главното средство за одбрана на нивните работни интереси.
181. Правејќи ја својата оценка на правична основа, Судот го доделува износот од EUR 20,000 за нематеријална штета на синдикатот Tüm Bel Sen. Tој износ ќе биде платен на г-ѓа Vicdan Baykara, која ќе биде одговорна да го направи достапен на синдикатот кој го застапува.
Б. Трошоци и надоместоци
182. Жалителите пред Големиот судски совет, како ни пред Судскиот совет, не поднесоа било какво барање за трошоци и надоместоци. Затоа Судот смета дека нема причина да додели било каква награда по овој основ.
В. Затезна камата
183. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресмета согласно најниската каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ги спојува со одлучувањето за основаноста претходните приговори на Владата и ги одбива;
2. Одлучи дека има повреда на член 11 од Конвенцијата поради мешање со правото на жалителите, како општински државни службеници, да формираат синдикат;
3. Одлучи дека има повреда на член 11 од Конвенцијата заради поништувањето ex tunc на колективниот договор склучен од синдикатот Tüm Bel Sen после колективно преговарање со органот работодавач;
4. Одлучи дека не е неопходно да се испита посебно жалбата поднесена по член 14 од Конвенцијата;
5. Одлучи
(а) дека тужената држава треба да ги плати, во рок од три месеци, следните износи, кои ќе се конвертираат во турски лири по курс кој важи на денот на исплата:
(i) на г-ѓа Vicdan Baykara, застапник на синдикатот Tüm Bel Sen, 20,000 ЕУР (дваесет илјади евра) во однос на нематеријална штета, кои треба да се распределат меѓу неа и споменатиот синдикат;
(ii) на г-н Kemal Demir, 500 ЕУР (петстотини евра) во однос на сите основи на штета заедно;
(iii) било кој данок кој може да биде пресметан на гореспоменатите суми;
(б) дека по истекот на гореспоменатиот рок од три месеци до исплата, ќе се исплати камата на гореспоменатите износи еднаква на најниската каматна стапка на Европската централна банка, за односниот период плус три процентни поени.
6. Го одбива останатиот дел од барањето на жалителите за правичен надоместок.
Изработена на англиски и на француски, и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 12 ноември 2008.
Michael O’BoyleChristos Rozakis
Заменик секретарПретседател
Во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и правило Rule 74 § 2 од Правилникот на Судот, следните мислења се приклучени кон пресудата:
(a) Издвоено мислење на судијата Zagrebelsky;
(б) Издвоеното мислење на судијата Spielmann кон кое се придружија и судиите Bratza, Casadevall и Villiger.
C.L.R.
M.O.B.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC датабазата на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
[1].
[2]
Full & Egal Universal Law Academy