© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 128
март 2010
Depalle v. France [GC] - 34044/02
Пресуда 29.3.2010 [GC]
Член 1 од Протоколот 1
Член 1 став 2 од Протоколот 1
Контрола врз користењето имот
Обврска сопствениците да урнат, на свој трошок и без надомест, куќа што законито ја купиле на крајбрежно јавно земјиште: нема повреда
[Ова резиме ја опфаќа и пресудата во предметот Brosset-Triboulet and Others v. France, no. 34078/02, 29 март 2011]
Факти – Во предметот Depalle апликантот и неговата сопруга купиле куќа за живеење што била делумно изградена на земјиште на брегот што спаѓало во категоријата крајбрежно јавно земјиште. Низа одлуки коишто одобрувале времен посед на крајбрежното јавно земјиште, со исполнување на одредени услови, коишто биле редовно обновувани се’ до декември 1992, им дале на апликантите законит пристап до имотот. Предметот Brosset-Triboulet се однесува на слични факти. Во 1945 мајката на апликантите стекнала куќа за живеење што спаѓала во категоријата на крајбрежен јавен имот. Сукцесивните држатели на земјиштето ја користеле префекторската одлука што одобрувала посед и што била систематски обновувана од септември 1909 до декември 1990. Во септември 1993 префектот ги информирал странките во двата предмети, дека стапувањето во сила на Законот за крајбрежни појаси (развој, заштита и подобрување) – понатаму во текстот „Закон за крајбрежни појаси“ - веќе не му дозволува да го обновува одобрувањето под исти услови, бидејќи Законот исклучува секакво приватно користење на крајбрежниот јавен имот, вклучувајќи и куќи за живеење. Сепак, тој предложил да склучи договор со нив што ќе овозможи ограничено и исклучиво лично користење и ќе им забрани да ги пренесуваат на други лица или да ги продаваат земјиштето и куќите и да извршуваат било какви работи на имотот, освен одржување, а ќе вклучи и опција државата, на истекот на одобрувањето, да го врати имотот во првобитна состојба или да ги користи објектите. Странките ја одбиле понудата и, во мај 1994, поднеле барање до Управниот суд за укинување на одлуката на префектот. Во декември 1995 префектот поднел барање до Управниот суд, наведувајќи ги странките како тужени лица во поглед на делото незаконито попречување на автопатот, зашто тие и натаму незаконито користеле јавен имот. Тој, исто така, побарал наредба против нив, барајќи да го вратат крајбрежниот појас во првобитна состојба, пред изградбата на куќите за живеење, на нивен трошок и без надомест. Како последна жалбена инстанца, Conseil d’Etat заклучил, во март 2002, дека односниот имот бил дел од крајбрежното јавно земјиште, дека странките не можеле да се потпираат на никакво право in rem над односното земјиште или над зградите и дека обврската да го вратат земјиштето во првобитна состојба без претходен надомест не е мерка забранета со Член 1 од Протоколот 1 кон Европската конвенција за човекови права.
Право – Член 1 од Протоколот 1: a) Применливост – Строго применувајќи ги принципите со коишто се уредува јавниот имот – што одобруваат само временo и отповикливо приватно владение– домашните судови исклучија било како признавање на право in rem над куќите во полза на апликантите. Фактот што апликантите имале владение над нив мошне долго време нема никаков ефект врз класификацијата на имотот како неотуѓив и непрепишлив крајбрежен јавен имот. Во околностите, а без оглед на фактот дека куќите биле стекнати во добра верба, зашто одлуките со коишто се одобрувало владението не претставувале права in rem над јавен имот, Судот се сомневал дека тие би можеле разумно да очекуваат мирно да го плодоуживаат имотот исклучиво врз основа на одлуките со коишто се одобрува владение. Сите префекторски одлуки ја споменувале обврската, во случај на укинување на одлуката со којашто се одобрува владение, да ја вратат локацијата во првобитна состојба, доколку тоа го побааат властите. Сепак, фактот што домашните закони на државата не признаваат дека некој одреден интерес претставува право на сопственост, не го спречува нужно односниот интерес, во некои околности, од тоа да се смета како владение во смисла на Член 1 од Протоколот 1. Во сегашниот случај, времето што протекло имало ефект да им даде на апликантите сопственички интерес за мирно уживање на нивните куќи што бил доволно воспоставен и тежински за да биде еквивалент на поседување.
Заклучок: Член 1 од Протоколот 1 се применува.
b) Меритум – Водејќи сметка за принципите со кои се уредува оваа категорија имот, како и за фактот дека мерката рушење не е извршена се’ до денес, не дошло до лишување од поседување. Необновувањето на одлуките со коишто се одобрува приватно владение врз јавен имот, а коишто апликантите мора да очекувале дека еден ден ќе се одразат врз нив, како и наредбата што резултирала од ова – да се урнат куќите, може да се анализира како контрола врз користењето на имотот согласно општиот интерес. Понатаму, причините дадени од Префектот за тоа што одбил да го обнови одобрението се засновани врз одредбите на Законот за крајбрежни подрачја. Попречувањето се стремело кон легитимна цел којашто била во општ интерес: да се унапреди неограничениот пристап кон брегот. Оттука, остана да се определи дали, имајќи го предвид интересот на апликантите да ги задржат своите куќи, наредбата за враќање на земјиштето во првобитна состојба била мерка пропорционална на посакуваната цел. Политиките на регионално планирање и заштита на животната средина, каде најважен е општиот интерес на заедницата, и’ даваат на Државата широка маргина на дискреција во проценката. Откако апликантите се стекнале со имотите, или можеби откога биле изградени куќите, властите биле свесни за постоењето на куќите, зашто тие биле земени во владение врз основа на одлука што специфицирала дека насипите мора да се достапни за јавноста во секое време. Секоја префекторска одлука што одобрувала владение ја пропишала и должината на одобрувањето и правото на властите да го изменат или повлечат одобрувањето, доколку го сметаат тоа за неопходно, по било која основа, без со тоа корисникот на одобрувањето да стекне право да бара каков и да е надомест. Понатаму, пропишано е дека корисникот на одобрувањето мора, доколку тоа се побара, да го врати земјиштето во првобитна состојба, со уривање на градбите изградени на јавно земјиште, вклучувајќи ги и оние коишто постоеле на датумот на кој е потпишано решението. Соодветно, апликантите секогаш знаеле дека одлуките со кои се одобрува владението се времени и отповикливи и, оттука, не можело да се смета дека властите придонеле кон одржување на несигурност во поглед на правниот статус на имотот. Навистина, апликантите имале мирно уживање на имотот долго веме. Но Судот, сепак, не нашол небрежност на властите, туку поскоро, толерирање на тековното владение коешто, дополнително, било и предмет на определени правила. Соодветно, нема докази во прилог на тезата на апликантите дека одговорноста на властите за неизвесноста во поглед на статусот на куќите растела со тек на времето. Дури во 1986 се сменила состојбата на апликантите, по донесувањето на Законот за крајбрежни области, којшто ставил крај на политиката на заштита на крајбрежните области само преку примена на правилата што го уредувале користењето јавен имот во време кога грижите околу планирањето и животната средина не стасале до денешното ниво. Во секој случај, претходно споменатата толеранција не може да резултира со легализација ex post facto на затекнатата состојба. Во поглед на соодветноста на мерката, во смисла на општиот интерес за заштита на крајбрежните појаси, изборот на мерката што ќе биде пропишана е пред се’ право на наионалните власти. Одбивањето да се обнови одобрувањето за владение и мерката со којашто им се наредува на апликантите да ја вратат локацијата во состојбата пред изградбата на куќите коренсподирало со грижата правото да се применува доследно и построго. Имајќи ја предвид привлечноста на брегот и степенот во којшто тој е посакуван, потребата од контрола во планирањето и неограничен пристап на јавноста кон брегот предизвика неопходност од усвојување поцврста политика на управување со овој дел од земјата. Истото важи за сите европски крајбрежни области. Дозволување исклучок од законот во случајот на апликантите, кои не можеле да се потпираат на стекнатите права, би било спротивно на целите на Законот за крајбрежни области и би ги поткопало напорите да се постигне подобра оргранизација на односите меѓу приванто користење и јавното користење. Понатаму, апликантите го одбиле компромисното решение и предлогот на Префектот да продолжат да ги плодоуживаат куќите под определени услови, коишто можеле да дадат решение што ќе ги помири спротивставените интереси и кое не се чини неразумно. На крајот, имајќи ги предвид правилата со кои се уредува користењето на јавен имот и, имајќи предвиде дека апликантите не може да не биле свесни за принципот дека не постои можност за исплата на надомест, што било јасно искажано во секоја одлука издадена од 1961, односно 1951, недавањето надомест не можело, според Судот, да се посматра како мерка непропорционална на контролата врз користењето на имотот на апликантите, извршена заради целите на општиот интерес. Апликантите не би сноселе личен и прекумерен товар во случај на уривање на нивните куќи без надомест. Соодветно, балансот меѓу интересите на заедницата и интересите на апликантите не е нарушен.
Заклучок: нема повреда (тринаесет наспрема четири гласа).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy