© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот, бр. 102
ноември 2007
D.H. and Others v. the Czech Republic [GC] - 57325/00
Пресуда 13.11.2007 [GC]
Член 14
Дискриминација
Запишување на ромски деца во „специјални“ училишта: повреда
Член 35
Од апликантите не се бара од страна на највисокиот навионален суд да ги исцрпат мерките што тужената Влада смета дека требало да ги користат: прелиминарниот приговор е отфрлен
Член 46
Член 46-2
Извршување на пресуда
Мерки од општа природа
Потребата од општи мерки не е покажана со оглед на укинувањето на нападнатото законодавство и препораките на Комитетот на министри: барањето е отфрлено
Факти: Апликанти се 18 чешки граѓани со ромско потекло. Предметот се однесува на нивно запишување во специјални училишта поради, како што наведуваат тие, нивното ромско потекло. Меѓу 1996 и 1999 апликантите, тогаш се’ уште малолетници, биле запишани во специјални училишта за деца со интелектуални попречености, неспособни да посетуваат обични училишта. Согласно законодавството за училишта, одлуката да се смести дете во специјално училиште ја донесува директорот, врз основа на резултатите на тестови за мерење на интелектуалниот капацитет на детето, спроведени во центар за образовна психологија, а е условена со согласноста на законскиот старател на детето. Досието на предметот покажува дека родителите на апликантите се согласиле, а во некои случаи и изрично побарале нивните деца да бидат сместени во специјално училиште. Одлуките за сместување биле тогаш донесени од директорите на односните специјални училишта по повикување на препораките на центрите за образовна психологија каде апликантите биле подложени на психолошки тестови. Писмената одлука во врска со сместувањето била пратена на родителите на децата. Таа содржела поука за правото на жалба, право кое не го остварил ниеден од апликантите.
Спорејќи ја веродостојноста на тестовите и тврдејќи дека нивните родители не биле соодветно информирани за последиците на тоа што се согласиле на нивно сместување, 14 од апликантите побарале образовните власти да ги разгледаат, надвор од формална жалбена постапка, административните одлуки за нивно сместување во специјални училишта. Образовните власти заклучиле дека нападнатите одлуки се во согласност со законодавството.
Во исто време, потпирајќи се врз Член 3 и 14 од Конвенцијата и Член 2 од Протокол 1, меѓу другите одредби, 12 од апликантите поднеле уставни жалби во кои се жалеле на de facto дискриминација во општото функционирање на специјалниот образовен систем и на тоа дека не биле соодветно информирани за последиците од нивното сместување во специјални училишта. Тие тврделе дека нивото сместување во специјални училишта е општа пракса што резултира со сегрегација и расна дискриминација, одразена во постоењето, рамо до рамо, на два одделно организирани образовни системи, имено специјални училишта за Ромите и „обични“ основни училишта за мнозинството население. Уставниот суд ги отфрлил жалбите, делумно врз основа на тоа што немал надлежност да ја разгледува и делумно врз основа на тоа што биле очигледно неосновани.
Право: Прелиминарен приговор за неисцрпеност на мерките одбиен – Владата тврдела дека апликантите пропуштиле да ги исцрпат домашните правни лекови. Чешкиот Уставен суд решил да не го земе предвид тој пропуст. Оттука, би било непотребно формалистички да се бара од апликантите да користат правен лек за којшто дури и највисокиот суд во земјата сметал дека не се обврзани да го користат.
Мериторност – Советот сметаше со шест наспрема еден глас дека немало повреда на Член 14 од Конвенцијата во врска со Член 2 од Протокол 1. Според нивното гледиште, чешката Влада успеала да докаже дека системот на специјални училишта не е воведен за да ги опфати исклучиво ромските деца и дека се вложени значителни напорти во тие училишта да им се помогне на определени категории ученици да се стекнат со основно образование. Советот воочи дека правилата со кои се уредува сместувањето на децата во специјални училишта не се повикуваат на етничкото потекло на децата, туку се стремат кон легитимната цел, да се адаптира образовниот систем кон потребите, можностите и попреченостите на децата.
Големиот совет најнапред забележа дека како резултат на нивната турбулентна историја и постојаното движење, Ромите станале специфичен тип на малцинство кое во неповолна состојба и ранливо и поради тоа им треба посебна заштита, вклучително во сферата на образованието.
Презумпција на индиректна дискриминација: Апликантите тврдеа дека со сместувањето во специјални училишта тие, без објективна и разумна оправданост, биле третирани понеповолно од не-ромските деца во споредлива ситуација и дека ова претставувало „индиректна“ дискриминација. Тие поднеле статистички докази врз основа на информациите поднесени од директорите, коишто покажувале дека над половина од учениците сместени во локалните специјални училишта се деца – Роми, додека на ромските деца отпаѓаат само 2.26% од основошколците во градот.
Големиот совет прифати, во отсуство на официјална национална статистика за етничката припадност на децата, дека статистиката поднесена од апликантите може да не е целосно веродостојна. Сепак, тој сметаше дека овие бројки откриваат доминантен тренд што е потврден и од тужената Држава и од независни надзорни тела. Во нивните извештаи поднесени согласно Член 25 § 1 од Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства, чешките власти признале дека во 1999 ромските ученици сочинуваат меѓу 80% и 90% од вкупниот број ученици во некои специјални училишта и дека во 2004 „голем број” ромски деца се’ уште се сместуваат во специјални училишта. Според извештајот објавен од ECRI (the European Commission against Racism и Intolerance, Европска комисија против расизмот и нетолеранцијата) во 2000, ромските деца беа „многу прекумерно застапени” во специјалните училишта. Иако и натаму беше тешко да се утврди точниот процент на ромски деца во специјалните училишта во односното време, бројката е непропорционално висока, а ромските ученици претставуваа мнозинство од учениците во специјалните училишта. И покрај тоа што биле обвиткани во неутрални термини, релевантните статутарни одредби, оттука, de facto, имаа значително поголемо влијание врз ромските деца отколку врз неромските деца.
Во овие околности, доказите поднесени од апликантите може да се сметаат за доволно веродостојни и значајни за да укажат на силна претпоставка за индиректна дискриминација, во сфера каде не е неопходно да се докаже никаква дискриминирачка намера од страна на релевантните власти. Товарот на докажување, оттука, лежи кај Владата, да покаже дека разликата во ефектите на законодавството е резултат на објективни фактори што не се поврзани со етничкото потекло.
Објективно и разумно образление: Судот прифати дека одлуката на чешките власти да го задржат системот на специјални училишта е мотивиран од желбата да се најде решеие за децата со специјални образовни потреби. Сепак, тој ја сподели вознемиреноста на другите институции на Советот на Европа кои исто така изразија загриженост за поедноставната наставна програма што се следи во тие училишта и, особено, за сегрегацијата предизвикана од системот.
Што се однесува до тестовите користени да се евалуираат интелектуалните способности на децата, сите деца кои биле испитани полагале исти тестови, независно од нивното етничко потекло. Самите чешки власти признаа во 1999 дека „ромски деца со просечен или натпросечен интелект“ се често сместени во вакви училишта врз основа на резултатите на психолошките тестови и дека тестовите се осмислени за мнозинското население и не ги земаат предвид спецификите на Ромите. Покрај ова, различни независни тела на Советот на Европа (Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, ECRI и Комесарот за човекови права) изразија сомневање околу соодветноста на тестовите. Судот сметаше дека постои опасност дека тестовите биле необјективни и дека резултатите не биле анализирани во светлина на особеностите и и дека Комесарот за човекови права изразил сомневања околу соодветноста на тестовите. Судот сметал дека постои опасност тестовите да биле необјективни и дека не биле анализирани во светлина на посебните карактеристики на ромските деца кои ги полагале. Во вакви околности, таквите тестови не може да служат како оправдание за нападнатата разлика во третманот.
Што се однесува до родителската согласност, којашто, според Владата, била решавачки фактор, Судот не е уверен дека родителите на ромските деца, кои се припадници на заедница во неповолна состојба и често со слабо образование, биле способни да ги одвагаат сите аспекти на ситуацијата и последиците на тоа што ја даваат својата согласност децата да им бидат сместени во специјални училишта. Имајќи ја предвид фундаменталната важност на забраната на расна дискриминација, Голмиот совет сметаше дека, дури и претпоставувајќи дека условите за откажување од право гарантирано со Конвенцијата се исполнети, не може да се прифати откажување од правото да не се биде субјект на расна дискриминација.
Како заклучок, Чешката Република не е единствена којашто има тешкотии да обезбеди образование за ромските деца: и други европски земји имале слични тешкотии. За разлика од некои други земји, Чешката РЕпублика се стремела да се справи со проблемот. Сепак, аранжманите за школување на ромските деца не биле придружени со заштитни механизми што би обезбедиле дека, при остварувањето на својата маргина на дискреција во проценката во сферата на образованеито, државата ги зема предвид нивните посебни потреби, како на припадници на класа во неповолна состојба. Понатаму, како резултат на аранжманите, апликантите се сместени во училишта за деца со ментална попреченост, каде се следи поедноставна наставна програма од онаа во редовните училишта, и каде се тие изолирани од деца од поширокото население. Како резултат, тие се стекнале со образование кое придодало на нивните тешкотии и го загрозило нивниот иден личен развој, наместо да се зафати со реалниот проблем, да им помогне да се интегрираат подоцна во редовните училишта и да ги развијат вештините што ќе го потпомогнат нивното живеење меѓу мнозинското население.
Во овие околности, а признавајќи ги напорите вложени од чешките власти да се погрижат ромските деца да се школуваат и тешкотиите со кои тие соочувале, Судот не бил уверен дека разликата во третманот на ромските деца и не-ромските деца е објективно и разумно оправдана и дека постоел разумен однос на пропорционалност меѓу користените средства и посакуваната цел. Бидејќи било утврдено дека релевантното законодавство, онака како што е применето во материјалното време имало влијание кое внесувало диспропорционални предрасуди кон ромската заедница, апликантите, како припадници на таа заедница, нужно страдале од истиот дискриминаторен третман.
Заклучок: повреда (тринаесет наспрема четири гласа).
Член 41 – EUR 4,000 за секој апликант, за непарична штета. Апликантите побарале на национално ниво да се преземат општи мерки за да се отстрани попреувањето на остварувањето на нивните права. Сепак, нападнатото законодавство било укинато, а Комитетот на Министри неодамна дал препораки за земјите членки за образованието на ромските/циганските деца во Европа.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy