© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 190
Ноември 2015
Ебраимиан (Ebrahimian) против Франција - 64846/11
Пресуда 26.11.2015 [Оддел V]
Член 9
Член 9-1
Изразување на својата религија или убедување
Необновување на договорот на вработена во болницата поради нејзиното одбивање да ја отстрани својата марама: нема повреда
Факти – Во 1999 година, жалителката била ангажирана со договор на одредено време како договорен службеник на јавната болничка служба на работно место социјален работник во рамките на одделението за психијатрија во јавна установа. Во 2000 година, таа била информиранq за необновување на нејзиниот договор. Оваа одлука била мотивирана од нејзиното одбивање да ја симне марамата и била донесена по поплаките од некои пациенти на центарот. На истата и претходел разговор во текот на кој на жалителката не и била префрлена нејзината религиозна припадност, туку едноставно таа била потсетена на правата и обврските на државните службеници, односно забраната да ја покаже јавно таквата припадност. Необновување на договорот било врз основа на посебно мислење на Државниот совет кое укажува дека принципот на секуларност на државата и на неутралноста на државните и јавните служби се однесува на сите јавни служби. Тој нагласува дека службеникот треба да ја ужива слободата на совеста, но дека оваа слобода мора да се усогласи, од аспект на нејзиното изразување, со принципот на неутралност на службата, што го попречува носењето на симбол наменет за одбележување на верска припадност. Исто така, во случај на повреда на обврската за неутралност, тој појаснува дека дисциплинските мерки кои треба да се преземат треба да бидат оценети од случај до случај, во зависност од конкретните околности. Жалбите на жалителката биле одбиени.
Исто така, во 2001 жалителката била пријавена од страна на институцијата која ја ангажирала на државниот испит за социо-едукативни работници. Таа не се појавила на испитот.
Право - Член 9: Необновувањето на договорот на жалителката претставува мешање во нејзиното право да ја изразува својата религија. Мешањето било пропишано со закон и имало легитимна цел, имено заштита на правата и слободите на другите. Во овој случај се работело за тоа да се зачува почитувањето на сите верски убедувања и духовните ориентации на пациентите, корисниците на јавните услуги и крајни корисници на барањето за неутралност наметнато на жалителката, обезбедувајќи им строга еднаквост. Целта била, исто така, да се обезбеди овие корисници да уживаат еднаков третман без оглед на религијата. Оттука, оваа рестрикција имала за цел да ги заштити правата и слободите на другите и не морала нужно да биде дополнително мотивирана со ограничувања кои се однесуваат на јавната безбедност или на заштитата на редот.
Што се однесува до неопходноста на оваа мерка, треба да се забележи дека администрацијата и укажала на жалителката зашто овој принцип оправдувал посебна примена во однос на социјална работничка во психијатрискиот оддел на болницата. Администрацијата ги имала идентификувано проблемите што нејзиниот став во рамките на засегната служба ги предизвикал и се обидела да ја поттикне да се откаже од изразувањето на своите религиозни уверувања. Освен тоа, надлежните судови сметале дека барањето за неутралност наметнато на жалителката било дотолку повеќе задолжително со оглед на тоа што таа била во контакт со пациенти во состојба на ранливост или зависност. Од предметот произлегува дека токму императивот на заштитата на правата и слободите на другите, односно почитувањето на слободата на религија на сите, биле во основата на спорната одлука, а не нејзините верски уверувања. Во оваа смисла, може да се смета дека неутралноста на болничката јавна служба е врзана со однесувањето на нејзините службеници и со барањето пациентите да не можат да се посомневаат во нивната непристрасност.
Во Франција, вработените во јавната служба го уживаат правото на почитување на нивната слобода на совеста кое забранува особено каква и да е дискриминација врз основа на верата во пристапот до службата или во одвивањето на кариерата. Сепак, ним им е забрането да ги изразат своите верски убедувања при вршењето на должностите. Тоа што националните судови дале поголема тежина на принципот на секуларност-неутралност и на интересот на државата отколку на интересот на жалителката да не го ограничи изразувањето на своите верски убедувања не претставува проблем во однос на Конвенцијата. Се работи за строга обврска која потекнува од традиционалниот однос што го имаат секуларизмот на државата и слободата на совеста, онака како што е наведено во членот 1 од Уставот. Според францускиот модел, што Судот не е нaдлeжен да го оценува како таков, неутралноста на државата им се наметнува на службениците кои ја претставуваат. Сепак, управниот судија е оној кој е задолжен да осигура дека администрацијата не направила непропорционално мешање во слободата на совеста на јавните службеници кога се работи за неутралноста на државата.
Жалителката, за која било важно да ја изрази својата религија со видливото носење на марама поради нејзините верски убедувања, се изложувала на тешката последица на дисциплинска постапка. Меѓутоа, не постои сомневање дека, по објавувањето на мислењето на Државниот совет од 3 мај 2000 година, таа знаела дека била должна да се усогласи со обврската за неутралност во облекувањето при вршењето на нејзините должности. Поради нејзиното одбивање да ја испочитува обврската жалителката била официјално известена за поведувањето на дисциплинска постапка, независно од нејзините професионални квалитети. Таа тогаш имала право на гаранциите на дисциплинската постапка како и на правните лекови пред управните судови. Таа, од друга страна, се откажала од тоа да се јави на испитот за социјални работници иако била на листата на кандидати што оваа установа ја изготвила при целосно познавање на состојбите. Во овие околности, домашните органи не го пречекориле својот простор за слободна проценка кога утврдиле дека не е можно усогласување меѓу верските убедувања на жалителката и обврската да не ги изразува истите и кога потоа одлучиле да дадат предност на барањето за неутралност и непристрасност на државата.
Освен тоа, од извештајот на Опсерваторијата на секуларизмот дека споровите кои произлегуваат од изразувањето на верските убедувања на луѓето кои работат во болничките служби се оценуваат од случај до случај, со тоа што помирувањето на интересите во прашање се прави од страна на администрацијата со цел да се најде мирно решение. Оваа желба за помирување е потврдена со реткоста на овој вид на спорови поднесени пред судовите. Конечно, болницата е место каде што, исто така, се бара од корисниците, кои, меѓутоа, ја имаат слободата да ги изразат своите религиозни верувања, да придонесат за спроведување на начелото на секуларизмот со воздржување од секаков прозелитизам и со почитување на организацијата на службата и особено на здравствените и хигенските императиви; со други зборови, регулaтивата на засегнатата држава им дава предност на правата на другите, на еднаквиот третман на пациентите и на функционирањето на службата во однос на изразувањето на религиозни верувања.
Заклучок: нема повреда (шест гласови против еден).
(Видете ја исто тематската фиша Верски симболи и облека)
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
Кликнете тука за да пристапите до Информативна белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe ()). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy