© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 181
Јануари 2015 г.
Елберте против Летонија - 61243/08
Пресуда 13.1.2015 [Секција IV]
Член 3
Понижувачко постапување
Емоционално страдање предизвикано со отстранувањето на ткиво од покојниот сопруг на жалителката без нејзино знаење или согласност: повреда.
Член 8
Член 8-1
Почитување на приватниот живот
Домашните закони не биле доволно јасни во однос на согласноста на блиските роднини при отстранувањето на ткиво од мртво тело: повреда.
Факти – По смртта на сопругот на жалителката во сообраќајна несреќа, ткиво било отстрането од неговото тело за време на аутопсијата во Центарот за судска медицина и испратено на фармацевтска компанија во Германија за да се изработат био-импланти, согласно договор одобрен од државата. Кога телото ѝ било вратено на жалителката по завршената аутопсија неговите нозе биле врзани една со друга. Жалителката дознала за отстранувањето на ткивото две години подоцна, во текот на кривична истрага по наводи zа незаконско отстранување на органи и ткиво од мртви тела од големи размери. Меѓутоа, никогаш не биле покренати обвиненија заради тоа што истекол временскиот рок.
Право – Членот 8: Тоа што домашните власти не успеале да обезбедат правни и практични услови за да ѝ овозможат на жалителката да ги изрази своите желби во врска со отстранувањето на ткиво од нејзиниот покоен сопруг претставувало попречување на нејзиното право на почитување на приватниот живот.
Што се однесува до законитоста на тоа попречување, прашањето било дали домашниот закон бил формулиран со доволна прецизност и нудел адекватна правна заштита против своеволност во отсуство на релевантен административен пропис.
Во однос на првиот аспект домашните власти не се согласувале во однос на опсегот домашното законодавство, при што центарот за судска медицина и полицијата сметале дека постоел систем на „претпоставена согласност“, додека истражните лица сметале дека летонскиот правен систем се потпирал на концептот на „информирана согласност“ каде отстранувањето било можно само со согласност на донаторот (додека бил жив) или на роднините. Додека полицијата го прифатила толкувањето на обвинителите и одлучиле дека била неопходна согласност на жалителката, тие веќе немале време да покренат кривично обвинение.
Ваквото несогласување меѓу властите неизбежно означувало недостаток на доволна јасност. Навистина, иако летонско право ја утврдила правната рамка за давање согласност или одбивање да се отстрани ткиво, таа јасно не го дефинирала опсегот на соодветната обврска или дискреционото право што им било дадено на стручните лица или на другите власти во оваа смисла. Судот забележал дека релевантните европски и меѓународни материјали во однос на ова прашање давале посебна важност на утврдувањето на ставот на роднините преку разумно распрашување. Начелото на законитост исто така барало од државите законски и практични услови за спроведување на нивните закони. Меѓутоа, жалителката не била информирана како и кога нејзините права како најблизок роднина можеле да бидат остварени или да добие појаснување.
Што се однесува до тоа дали домашното право нудело адекватна правна заштита против своеволност, било важно, со оглед на големиот број на луѓе од кои било земено ткиво, да се воспостават адекватни механизми за да се избалансира правото на роднините да ги изразат своите желби против широкото дискреционо право дадено на стручните лица да вршат отстранување по сопствена иницијатива, но ова не било направено. Во отсуство на некаков административен или законски пропис по ова прашање жалителката не можела да предвиди како да го оствари своето право да ги изрази своите желби во врска со отстранувањето на ткиво од нејзиниот сопруг.
Последователно попречувањето на нејзиното право на почит на нејзиниот приватен живот не било во согласност со законот во рамките на значењето на членот 8 § 2.
Заклучок: повреда (едногласно).
Членот 3 (материјален аспект): Страдањето на жалителката го надминало страдањето нанесено од болката по смртта на близок член на семејството. Жалителката морала да се соочи со долг период на несигурност, болка и тага во однос на тоа кои органи или ткива биле отстранети, и начинот и целта на нивното отстранување. По започнувањето на општата кривична истрага, жалителката била оставена подолго време да се мачи околу причините зошто нозете на нејзиниот сопруг биле врзани една со друга кога неговото тело ѝ било вратено за погребот. Имено, таа ја открила природата и количеството на ткиво кое било отстрането дури за време на постапката пред Европскиот суд.
Недоволно јасната регулаторна рамка во однос на барањето за согласност можело само да ја интензивира нејзината болка, со оглед на интрузивната природа на дејствијата извршени врз телото на нејзиниот сопруг, и неуспехот на самите власти за време на кривичната истрага да се согласат дали тие делувале законски или не при отстранувањето на ткиво и органи од мртви тела.
Конечно, никакво обвинение не било покренато заради прописот и несигурноста околу тоа дали дејствијата на властите можеле да се сметаат за незаконски. Со ова жалителката била лишена од обесштетување заради повреда на нејзините лични права во врска со многу чувствителен аспект на нејзиниот приватен живот, имено правото на согласност или спротивставување на отстранување на ткиво од мртвото тело на нејзиниот сопруг.
Во специјализираното поле на трансплантација на органи и ткива било општо прифатено дека со човековото тело и понатаму требало да се постапува со почит дури и после неговата смрт. Навистина, меѓународните договори вклучително и Конвенцијата за човекови права и биомедицина и Дополнителниот протокол биле подготвени на таков начин за да ги штитат правата и на живите и на мртвите донатори на органи и ткиво. Исто така, почитувањето на човечкото достоинство било вградено во самата суштина на Европската конвенција. Последователно, страдањето што ѝ било нанесено на жалителката несомнено достигнало ниво на понижувачко постапување.
Заклучок: повреда (едногласно).
Членот 41: 16.000 евра за нематеријална штета.
(Види исто така Petrova v. Latvia, 4605/05, 24 June 2014, Информативна белешка 175; Svinarenko and Slyadnev v. Russia [GC], 32541/08 and 43441/08, 17 July 2014, Информативна белешка 176; Salakhov and Islyamova v. Ukraine, 28005/08, 14 March 2013, Информативна белешка 161; и Листата со факти за здравство)
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
Кликнете овде за информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights ( ) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy