ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Жалба бр. 68039/14) ПРЕСУДА СТРАЗБУР 14 јуни 2018 Оваа пресуда станува конечна во околностите дефинирани во 44 § 2 од Конвенцијата. Може да подлежи на редакциски измени. ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА Во случајот Еуромак Метал v. Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Прв Оддел), заседавајќи во Совет составен од: Linos-AlexandreSicilianos,Претседател, Kristina Pardalos, AlešPejchal, Krzysztof Wojtyczek, ArmenHarutyunyan, Tim Eicke, Jovan Ilievski,судии, иAbel Campos, Секретар на Одделот, Расправаше на нејавна седница на 22 мај 2018 година, и Ја донесе следнава одлука која беше усвоена на истиот датум: ПОСТАПКА 1. Случајот беше инициран со жалба (бр. 40676/11) против Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од страна на Еуромак Метал, друштво со ограничена одговорност со регистрирано седиште во Скопје („фирмата-жалител“) на 16 октомври 2014 година. Фирмата-жалител беше застапувана од г- дин И. Спировски, адвокат кој работи во Скопје. По бришењето на фирмата-жалител од регистарот на компании на 2 февруари 2017 година (види параграф 22 подолу), г-ѓата и г-динот Павловски, како единствени акционери во неа,изразија интерес да ја продолжат жалбата во нејзино име и го назначија истиот адвокат да ги застапува. 2. Македонската Влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот претходен агент, г-дин К. Богданов, а потоа и од нејзиниот сегашен агент, г-ѓа Д. Џонова. 3. Фирмата-жалител тврдеше дека имала легитимни очекувања да добие одбивки од данокот на додадена вредност („ДДВ“) од државата.Фирмата се жалеше дека државата не ги испочитувала одбивките поради околности кои биле надвор од контролата на фирмата-жалител.Жалителот се повика на членот 1 од Протоколот бр. 1. 4. На 5 септември 2016година, жалбата била доставена до Владата. 2 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА ФАКТИ I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ A. Историјат на случајот 5. Фирмата-жалител била основана во 1998 година како друштво со ограничена одговорност. Нејзините основачи и единствени акционери беа г-ѓа Жанета Павловска и г-дин Рашко Павловски. Била наменета за трговија со старо железо и за таа цел купувала отпаден алуминиум, бакар, железо и други метали, ги преработувала, а потоа го нудела производот за продажба. 6. Фирмата-жалител била регистрирана за целите на Законот за данокот на додадена вредност („Законот за ДДВ“) и пријавувала ДДВ на сите издадени фактури. Исто така, ДДВ-то било пријавувано на сите дојдовни фактури. Со ова ѝ било овозможено на фирмата-жалител периодично да бара одбивки за ДДВ-то од државата, што ѝ го правела (во согласност со Правилата на системот на „претходен данок“). Б. Ревизија на ДДВ и последователни постапки 7. До подоцнежните настани, фирмата-жалител поднесувала редовни даночни пријави до даночните власти, известувајќи ја државата за своите пресметки, исплати и одбивки на ДДВ. државата ги разгледала даночните пријави без да укаже на некакви неправилности или дополнителни суми од страна на фирмата-жалител. 8. На 22 септември 2009 година, Управата за јавни приходи, регионална дирекција - Скопје(„УЈП“) издала наредба за ревизија на фирмата-жалител за целите на ДДВ. Ревизијата се одвивала неколку дена во текот на октомври и ноември 2009 година и го зела в предвид периодот помеѓу 1 јануари 2005 година и 30 јуни 2009 година. 9. На 6 ноември 2009 година била спроведена даночна проценка од страна на УЈП. Било востановено дека снабдувачите на фирмата- жалител биле регистирани за целите на ДДВ, но некои од нив немале пријавено или платено ДДВ на државата, иако очигледно било пријавено во фактурите испратени на фирмата-жалител. Таквиот наод бил заснован на претходните ревизии на тие фирми, што останало без понатамошни спецификации.Со ревизијата понатаму било востановено дека некои од фактуритене ги содржеле адресите на снабдувачите. Конечно, со ревизијата било најдено дека сите фактури од снабдувачите биле платени во целост од страна на фирмата-жалител и дека ДДВ-то било пријавено на сите фактури од фирмата-жалител. Во однос на горенаведените прашања поврзани со снабдувачите на ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА фирмата-жалител, со ревизијата било заклучено дека фирмата-жалител не ги исполнила неопходните услови за да ги ужива придобивките од одбивките на ДДВ-то кои ги примала. 10. Потпирајќи се на даночните проценки спроведени претходно, на 20 ноември 2009 година УЈП донела две одлуки во однос на неисправната пресметка на ДДВ, наредувајќи ѝ на фирмата-жалител да плати дополнителни 3.827.546 денари (околу 62.000 евра) во ДДВ. Според УЈП, толкава била сумата која фирмата-жалител незаконски ја добила во вид на одбивки од своите даночни обврски во текот на периодот од 2005 до 2007 година. Жалбата поднесена против тие одлуки немала суспензивно дејство. 11. Фирмата-жалител поднела претставка до министерот за финансии против одлуките од 9 декември 2009 година. Во претставката било наведено дека ги задоволила сите обврски во однос на ДДВ-то кои потекнувале од фактурите на снабдувачите и дека не треба да сноси одговорност за грешките на снабдувачите. 12. На 8 февруари 2010 година министерот за финансии ја отфрлил претставката, потврдувајќи ги истите наоди и заклучувајќи го истото како и ревизорскиот извештај. 13. На 22 март 2010 година, фирмата-жалител добила писмена опомена од УЈП. Опомената ја пропишувала целокупната сума, вклучувајќи ја и каматата која требало да биде платена од страна на фирмата-жалител. Истата изнесувала 6.050.124 денари (околу 100.000 евра). 14. На 23 април 2010 година, фирмата-жалител поднела тужба пред Управниот суд. 15. На 29 април 2010 година УЈП ја блокирала банкарската сметка на фирмата-жалител поради одлуките во врска со исплатите. 16. Со одлуката од 28 март 2011 година, Управниот суд го вратил случајот кај министерот за финансии, откако заклучил дека второстепената одлука била донесена од неовластено лице кое дејствувало во име на министерот. 17. На 26 мај 2011 година, Министерството за финансии повторно ја отфрлило претставката од фирмата-жалител, повторувајќи ги наодите од ревизијата. 18. На 22 јули 2011 година фирмата-жалител поднела уште една тужба до Управниот суд. 19. На 1 март 2013 година, Управниот суд ја отфрлил тужбата. Релевантниот дел од пресудата гласи: „...кумулативните услови за да се добие одбивка ... не биле задоволени. Поточно, приходот на фирмата-жалител бил сочинет од фирми кои не ги задоволиле своите законски обврски во однос на плаќањето на ДДВ... При разгледувањето, судот ги зел в предвид тврдењата на жалителот дека бил неправедно лишен од правото на одбивки од ДДВ-то бидејќи грешките најдени 4 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА при даночните проценки им припаѓале на други [фирми]...Овие тврдења беа отфрлени од судот...inter aliaимајќи в предвид дека во интерес на секој даночен обврзник е да знае и да биде свесен за оние со кои се впушта да работи.“ 20. На 17септември 2013 година, фирмата-жалител поднела жалба до Вишиот управен суд. 21. Во конечната пресуда од 13 март 2014 година, Вишиот управен суд ги потврдил наодите и заклучоците на даночните власти и го изјавил следното: “...Жалителот не ги задоволил кумулативните услови пропишани во членовите 33 и 34 од Законот за данокот на додадена вредност за добивање на одбивка од ДДВ посебно затоа што монетарниот прилив на жалителот како даночен обврзник бил направен од други даночни обврзници кои не ги задоволиле своите обврски да пријават или платат данок. ... Судот ја разгледа жалбата во која се вели дека сите нерешени прашања од ревизијата одразувале грешки извршени од трети странки и дека жалителот не треба да биде присилен да ги сноси одговорностите на третите странки...но ги отфрли...имајќи на ум дека секој даночен обврзник има интерес да стапува во работни односи со други субјекти.“ 22. На 2 февруари 2017 година фирмата-жалител била избришана од Централниот регистар и престанала да постои. Според документ издаден од регистарот на компании, била избришана во согласност со членот 552-Б од Законот за трговски друштва, посебно затоа што не поднела завршна сметка до надлежните за 2014 година. 23. Банкарската сметка на фирмата-жалител останала блокирана до 10 април 2017 година, кога била затворена. Поради недостаток на средства на сметката, УЈП не добила пари од фирмата-жалител. В. Други релевантни факти 24. На 9 декември 2011 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покренало тужба против неколку лица за криминално претпријатие, злоупотреба на положба и затајување на данок. Тужбата ги вклучувала лицата одговорни за некои, но не сите, снабдувачи на фирмата-жалител. Се претпоставувало дека лицата ги користеле фирмите-снабдувачи за да издаваат лажни фактури кои не биле резултат на никакво постоечко трговско дејство.Фирмите-снабдувачи како правни лица не биле директно тужени. Домашните судови ги прогласиле обвинетите за виновни за прекршоците со пресудата од 29 март 2013 година, која станала конечна на 9 јануари 2014 година. ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО A. Закон за данок на додадена вредност, пречистен текст, Службен весник на РМ бр. 177/2014. 25. Според членот 33 од Законот, даночниот обврзник има право да го намали ДДВ-то што е обврзан да го плаќа одреден временски период, од него одземајќи ја сумата која веќе била платена во трансакција од други даночни обврзници во синџирот на снабдување. 26. Според членот 34 од Законот, правото за добивање на одбивки за ДДВ-то зависи од тоа дали даничниот обврзник добил фактура издадена во согласност со Законот или царинска декларација. Правото за добивање на одбивка постои ако се задоволат сите услови пропишани во членот 33. Б. Закон за трговските друштва, Службен весник на РМ бр. 28/2004 со дополнувања 27. Членот 552-А предвидува Централниот регистар, кој од друга страна е одговорен за регистарот на компании, на својата веб-страна може да ги објави деталите за која било фирма која станала неактивна или ги задоволила критериумите специфицирани според членот 552-Б, со тоа отпочнувајќи постапка за нејзино бришење од регистарот. Објавата на веб-страната му овозможува на секој доверител да дејствува во рамките на временската граница од една година и да отпочне стечајна постапка против фирмата. 28. Членот 552-Б преедвидува дека фирмата може да биде избришана од трговскиот регистар во согласност со членот 552-А ако не поднела завршна сметка за претходната работна година. ПРАВО I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛОТ БР. 1 КОН КОНВЕНЦИЈАТА 29. Фирмата-жалител, повикувајќи се на членот 1 од Протоколот бр. 1 се жалеше дека и покрај сета усогласеност со сопствените обврски за ДДВ, домашните власти ја лишиле од правото за одбивка на ДДВ-то што го платила при купување на добрата, бидејќи нејзините снабдувачи не ги задоволиле сопствените обврски за пријавување на ДДВ.Згора на тоа, како резултат на одбивањето да се овозможи гореспоменатата одбивка, на фирмата-жалител неправедно ѝ било 6 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА наредено да го плати ДДВ-то при купувањето на добрата што претходно подлежело на законска одбивка, овој пат заедно со камата. членот 1 од Протоколот бр. 1 гласи: „Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на сопственоста. Никој не треба да биде лишен од неговата сопственост, освен кога се работи за јавен интерес и според условите предвидени со законот и општите начела на меѓународното право. Сепак, претходните одредби на никој начин нема да го нарушуваат правото на државата да спроведе такви закони кои ги смета за неопходни заради контрола на користењето на сопственоста во согласност со општиот интерес или за да го осигура плаќањето на даноците или други придонеси или казни.“ A. Допуштеност 1. Некомпатибилностratione personae (a) Тврдења на страните 30. Владата го повикала Судот да ја отфрли жалбата како недопуштен ratione personae врз основа на фактот дека фирмата- жалител престанала да постои. Таа тврди дека благодарение на бришењето на фирмата од регистарот на компании, наредбата за плаќање на данокот повеќе не била применлива и не постоела закана за нејзина примена. Освен тоа, фирмата-жалител била свесна дека постапката за нејзино бришење од регистарот на компании била во тек, но не го известила Судот. Исто така, Владата приговара дека прекинот на работата на фирмата-жалител не бил поврзан со даночната проценка или последователните даночни налози. 31. Фирмата-жалител тврдела дека навистина ја прекинала работата од моментот кога нејзината банкарска сметка била блокирана. За сметка на гореспоменатото блокирање, не можела да продолжи со понатамошна работа и како последица на тоа престанала да постои од 2 февруари 2017 година. Сепак, според неа, тоа не го спречило Судот за понатамошна анализа на случајот, со оглед на тоа што двајцата акционери, г-ѓа и г-дин Павловски, биле единствените акционери и имале легитимен интерес да продолжат со случајот. (б) Оценка на Судот 32. Судот забележува дека фирмата-жалител постоела во времето кога била поднесена жалбата, односно на 16 октомври 2014 година, а престанала да постои на 2 февруари 2017 година. Понатаму, Судот забележува дека фирмата била семеен бизнис на г-ѓа и г-дин Павловски кои биле нејзини единствени основачи и акционери во времето кога била поднесена жалбата, како и на датумот кога била избришана од регистарот на компании. Судот исто така забележува ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА дека наводната повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1 во актуелниот случај се однесува на даночната проценка, а постапките поврзани со даноците првенствено вклучувале парично побарување кон паричните интереси на г-ѓа и г-дин Павловски како единствени акционери на фирмата од интерес. 33. Според тоа, Судот забележува дека дури и во смисла на домашното право, обврските и тврдењата на фирмата-жалител биле официјално згаснати по нејзиното бришење од регистарот на компании, спорот пред Судот според Конвенцијата останува нерешен, а г-ѓа и г-дин Павловски кои изразија желба да продолжат со постапките пред Судот, имаат легитимен интерес да добијат конечна одлука за случајот пред Судот (види, на пример,Uniya OOO and Belcourt Trading Companyv. Russia, бр.4437/03 и 13290/03, § 263, 19јуни 2014 година, со понатамошни референци).Оттука, приговорот на Владата мора да биде одбиен. 2. Неисцрпување на домашните правни лекови (а) Тврдења на странките 34. Владата предложила дека Судот треба да ја отфрли жалбата врз основа на неисцрпеност на домашните правни лекови, бидејќи фирмата-жалител не се приклучила кон кривичните постапки против своите снабдувачи, ниту пак покренала граѓанска тужба за да ги поврати средствата кои ѝ ги наплатиле истите тие фирми. 35. Фирмата-жалител ги отфрлила тие тврдења изјавувајќи дека кривичните постапки биле насочени кон физички лица, од кои мноштвото не ни биле основачи или раководители на компаниите кои биле снабдувачи. Освен тоа, во согласност со наредбите за ДДВ-то, фирмата-жалител на крај не платила никаква сума, така што не постоела конкретна сума која би се барала од тие странки. (б) Оценка на Судот 36. Судот прво би повторил дека постојат голем број на домашни правни лекови кои жалителот може да ги исцрпи, дека личноста има право да избере правен лек кој се однесува на неговата или нејзината суштинска поплака. Со други зборови, кога се исцрпува правен лек, искористувањето на друг правен лек, кој во суштина ја има истата цел, не е потребно (види, на пример,Popovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, бр. 12316/07, § 80, 31 октомври 2013 година).Освен тоа, правото на исцрпување на домашни правни лекови содржано во членот 35 § 1 од Конвенцијата мора да се примени за да ја одрази практичната фактичка состојба на жалителот со цел да осигура успешна заштита на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата(видиHilal v. the United Kingdom (dec.), бр. 45276/99, 8 февруари 2000 година). 8 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 37. Во овој случај, Судот забележува дека фирмата-жалител поднела жалба против даночната проценка, како и против одлуката да плати дополнителен данок, ги изнела своите аргументи пред домашните даночни власти и управните судови и им дала можност да ја спречат или исправат наводната повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1. 38. Според ставот на Судот, не било потребно фирмата-жалител, покрај административните даночни постапки, да бара други правни лекови за истиот проблем. Од аспект на горенаведеното, Судот заклучува дека фирмата-жалител ги исцрпила достапните домашни правни лекови во однос на жалбата поднесена до Судот. 3. Заклучок 39. Судот забелжува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 § 3 (a) при Конвенцијата. Исто така забележува дека не е недопуштена на ниту една друга основа. Според тоа, мора да се прогласи за допуштена. Б. Основаност 1. Тврдења на странките 40. Фирмата-жалител тврдела дека ѝ биле наметнати дополнителни суми за данок. Тоа биле одбивките за ДДВ-то кои законски ги добила во минатото. Фирмата-жалител ги задоволила сите свои даночни обврски и немала обврска или можност да знае дали нејзините снабдувачи ги задоволиле своите обврски за ДДВ или некако да влијае на нивнитедејства во оваа смисла.Мешањето во нејзината сопственост не било законско, а казнувањето на фирмата-жалител со наметнување на дополнителен ДДВ ставило несразмерен товар на неа. Конечно, фирмата-жалител изјавила дека околностите на случајот биле слични со оние од случајот “Bulves” ADv. Bulgaria(бр. 3991/03, 22 јануари 2009 година) и дека според тоа, Судот треба да утврди повреда. 41. Владата изјавила дека во овој случај не може да се каже дека постои некакво мешање од страна на државата, бидејќи фирмата- жалител фактички никогаш не ги платила сумите кои ѝ биле назначени. Освен тоа, изјавила дека дури и да се најде дека постои некакво мешање, истото било сразмерно. Според широката маргина на уважување на државата, фирмата-жалител била обврзана да ја сподели одговорноста за криминалните дејства на своите снабдувачи, што било поддржано преку согласување да ги користи и да се потпира на фактурите кои тие ги издавале. Конечно, Владата соопштила дека во поглед на широката маргина на уваженување на државата, фактот што прдвидениот данок државата сè уште не го добила, претставувал ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА доволна причина овој случај да се разликува од случајот“Bulves” AD (цитиран погоре). 2. Оценка на Судот (a) Општи принципи 42. Судот забележува дека овој случај не може да се разгледува според вториот параграф на членот 1 од Протоколот бр. 1 кон Конвенцијата, бидејќи мешањето за кое се работи очигледно имало за цел „да осигура плаќање на даноците“. Во таа смисла, Судот повторува дека иако државата има широка маргина на уважување во областа на даночењето, примерот на мешање мора да воспоставува „правична рамнотежа“ помеѓу барањата на општиот интерес на заедницата и потребата за заштита на основните права на поединецот (види GasusDosier und Fördertechnik GmbH v. the Netherlands, 23 февруари 1995 година, §§ 59-60, Серија А бр. 306-БиKhodorkovskiy and Lebedevv. Russia, бр.11082/06 и 13772/05, § 870, 25 јули 2013 година). (б) Примена во конкретниот случај 43. Судот на почетокот забележува дека, без сомнение, фирмата- жалител има право да бара одбивка најмалку во висина на „легитимните очекувања“ за постигнување на правото на успешно уживање во сопственоста во висина на „сопственоста“ во смисла на првата реченица од членот 1 (види “Bulves” AD, цитирано погоре, § 57). Исто така забележува дека даночната проценка во однос на фирмата-жалител (види параграф 9 погоре) претставувала мешање во нејзината сопственост (види Khodorkovskiy and Lebedevv. Russia, цитирано погоре, § 873). 44. Во конкретниот случај, Судот забележува дека фирмата-жалител пријавила ДДВ на сите фактури кои ги издала (види параграф 6 погоре). Инаку ги исполнила сите свои обврски во однос на ДДВ со плаќањето на ДДВ на државата и добивањето на надоместоци врз основа на фактурите од нејзините снабдувачи за кои бил пријавен ДДВ. Овие наоди го поткрепуваат фактот дека, со години,фирмата- жалител поднесувала формулари за данок до државата, кои биле обработувани без никакви забелешки (види параграф 7 погоре). Извлечените заклучоци во однос на снабдувачите на фирмата-жалител (имено, дека не пријавувале или плаќале данок на државата) биле засновани на претходните даночни ревизии спроведени врз тие фирми, што не ѝ биле достапни на фирмата-жалител (види параграф 9 погоре). Според тоа, Судот забележува дека фирмата-жалител не знаела и не можела да знае дали нејзините снабдувачи ги задоволиле своите обврски во однос на ДДВ-то; ниту било наведено дека учествувала во некакви криминални дејства кои тие ги извршиле, ако имало такви. 10 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 45. Судот забележува дека во случајот “Bulves” AD (цитиран погоре) била најдена повреда на правото на мирно уживање на сопственоста на фирмата-жалител, под слични околности. Гласеше на следниот начин: „71. Со оглед на навременото и целосно исполнување на обврските со пријавата на ДДВ од страна на фирмата-жалител, нејзината неспособност да осигура сообразност со нејзиниот снабдувач и неговите обврски за пријавување на ДДВ и фактот дека не постоела измама во однос на системот на ДДВ за која фирмата-жалител имала сознание, или пак средства за постигнување на такво сознание, Судот утврди дека не треба да ги сноси целосните последици поради тоа што нејзиниот снабдувач благовремено не ги исполнил обврските со поднесувањето на формулар за пријава на ДДВ, со тоа што ќе ѝ се одземе правото за одбивка за ДДВ-то при купувањето на добрата и, како резултат на тоа, ќе ѝ биде наредено да плати ДДВ по втор пат, заедно со камата. Судот смета дека ова претставува претеран индивидуален товар врз фирмата-жалител кој ја нарушил правичната рамнотежа кој мора да се одржува помеѓу барањата на заедницата и потребите за заштита на правото на сопственост.“ 46. Под овие околности, Судот утврди дека истите размислувања се применливи и во конкретниот случај. 47. Судот забележа дека единствената релевантна разлика помеѓу овој случај и случајот “Bulves” AD е фактот што во конкретниот случај фирмата-жалител не ги подмирила соите обврски кон државата кои потекнувале од оспорените одлуки (види параграф 9 од погоре). Во врска со тоа, Судот забележа дека банкарската сметка на фирмата- жалител била блокирана во согласност со оспорените одлуки за даночна проценка и на крај престанала да постои, со што објективно станало невозможнода ги исполни своите обврски според тие наредби. Под овие околности, со оглед на тоа што нема сомнение дека оспорената даночна проценка ги нарушила правата на сопственост на фирмата-жалител, оваа разлика нема одлучувачко значење за оценката на Судот според членот 1 од Протоколот бр. 1 (споредиBusiness Support Centre v. Bulgaria, бр.6689/03, § 23, 18 март 2010 година). 48. Покрај тоа, што се однесува до можноста фирмата-жалител да поднесе граѓанска тужба против снабдувачите, како што било предложено од Владата (види параграф 34 погоре), што би можело да биде важно за проценката на сразмерноста на Судот (видиSulejmani v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, бр. 74681/11, § 41, 28 април 2016 година), Судот забележа дека во контекст на управните постапки, домашните власти никогаш не сугерирале дека постои таква можност отворена за фирмата-жалител за да го олесни товарот ставен врз неа. Во врска со тоа, исто така забележа дека Владата не покажала дека граѓанската тужба би бил ефективен и достапен правен лек во релевантното време (види “Bulves” AD, цитирано погоре, § 50, и mutatis mutandis Andonoski v. the Republic of Macedonia, бр. 16225/08, § 39, 17септември 2015 година). Истите ставови важат и во однос на ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА можноста фирмата-жалител да се вклучи во кривичните постапки, како што предложила Владата (види параграф 34 погоре). 49. На крајот, Владата не изложила ниту еден факт или аргумент со кој би го убедила Судот да донесе поинаков заклучок за конкретниот случај отколку за случајот “Bulves” AD (цитирано погоре). 50. Ова е доволно за Судот да заклучи дека постои повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1 II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 51. Членот 41 од Конвенцијата гласи: „Ако Судот утврди дека имало повреда на Конвенцијата, а според тоа и на Протоколите и ако внатрешното право на засегнатата Високо договорна страна овозможува само делумен надомест на штетата, ако е неопходно Судот ќе ѝ пружи правичен надоместок на оштетената страна.“ A. Штета 1. Тврдења на странките 52. Фирмата-жалител побара 111.816 евра како материјална штета. Сумата се состои од профитот кој ќе го заработела во периодот од блокирањето на банкарската сметка до нејзиното бришење од регистарот на компании, заедно со загубите на кои била изложена во истиот период. Освен тоа, менаџерот на фирмата, г-дин Павловски, побара 19.590 евра за истиот период, кои ги претставуваат неговите неостварени заработки и бенефиции. За нематеријалната штета, фирмата-жалител побара 500.000 евра. 53. Владата ги оспори сите побарани суми како претерани и непотврдени. 2. Оценка на Судот 54. Судот не откри никаква причинско-последична врска помеѓу најдената повреда и материјалната штета наведена од фирмата- жалител и г-динот Павловски.Потсетува дека најдената повреда не се однесува на бришењето на фирмата-жалител од регистарот на компании или загубата на заработката на менаџерот на фирмата. Впрочем, пред овој Суд во прашање беше само за претераниот индивидуален товаркој морала фирмата да го сноси поради несоодветна проценка на нејзините обврски во врска со ДДВ-то. Оттука, Судот ги отфрла двете барања на ова име. 55. Во однос на сумата побарана на име на нематеријална штета и имајќи ја предвид својата судска пракса (види Centro Europa 7 S.r.l. и Di Stefano v. Italy [GC], бр. 38433/09, § 221, ЕСЧП 2012 година,иRock 12 ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОOv. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА Ruby Hotels Ltd v. Turkey (правичен надоместок),бр. 46159/99, § 36, 26 октомври 2010 година), Судот смета, одлучувајќи на правична основа, дека треба да се даде награда од 4.000 евра. Оваа сума треба да им се плати на г-ѓа и г-дин Павловски, како единствени акционери на фирмата-жалител (види, mutatis mutandis, Holy Synod of the Bulgarian Orthodox Church (Metropolitan Inokentiy) и Others v. Bulgaria, бр.412/03 и 35677/04, § 39, 22 јануари 2009 година). Б. Трошоци и давачки 56. Фирмата-жалител побара 3.184 евра за трошоците и давачките на кои се изложила пред Судот. Г-ѓа и г-дин Павловски, како единствени акционери во фирмата-жалител во време на нејзиното бришење од регистарот на фирми, побараа која било сума на ова име да им биде платена и префрлена ним. 57. Владата го оспори барањето како претерано. 58. Според судската пракса на Судот, жалителот има право на надомест на трошоците и давачките само кога ќе се утврди дека истите навистина и неизбежно настанале и се разумни во однос на квантумот. Во овој случај кој се однесува на документите кои ги поседува и горенаведените критериуми, Судот смета дека е разумно да се додели награда во висина од 1.500 евра покривајќи ги трошоците за сите дознаки.Што се однесува до фактот дека фирмата-жалител престанала да постои, оваа сума треба да се исплати во целост и да им се префрли на нејзините акционери, г-ѓа и г-дин Павловски. В. Затезна камата 59. Судот смета дека е соодветно затезната камата да биде заснована на најниската каматна стапка за позајмици на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат трипроцентни поени. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО, 1. Одлучува дека акционерите на фирмата-жалител, г-ѓата и г-динот Павловски, имаат locus standiво постапките; 2. Ја прогласуважалбата за допуштена; ЕУРОМАК МЕТАЛ ДОО v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 3. Утврдува дека бил повреден членот1 од Протоколот бр.1 при Конвенцијата; 4. Смета, (a) дека тужената држава треба да им ги исплати на акционерите на фирмата-жалител, во рок од три месеци од датумот на кој пресудата станува конечна во согласност со членот 44 § 2 од Конвенцијата, следните суми претворени во македонски денари според курсот кој важи на датумот на спогодбата: (i) 4.000 евра (четири илјади евра), заедно со каков било данок кој подлежи на плаќање, на име на нематеријалната штета; (ii) 1.500 евра (илјада и петстотини евра), заедно со каков било данок кој може да подлежи на плаќање од страна на жалителот, на име на трошоците и давачките; (б) дека од истекувањето на гореспоменатите три месеци до спогодбата на горните суми ќе се плаќа проста камата со стапка еднаква на најниската каматна стапка при позајмување на Европската Централна Банка за односниот период, плус трипроцентни поени; 5. Ги отфрла останатите барања на фирмата-жалител за правичен надоместок. Изготвено на англиски јазик и објавено во писмена форма на 14 јуни 2018 година, согласно Правилото 77 §§ 2 и 3 од Правилата на Судот. Abel Campos Linos-Alexandre Sicilianos Секретар Претседател
Full & Egal Universal Law Academy