© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 96
април 2007
Evans v. the United Kingdom [GC] - 6339/05
Пресуда 10.4.2007 [Голем совет GC]
Член 8
Член 8-1
Почитување на приватниот живот
Барање согласност од таткото за континуирано чување и имплантирање на оплодени јајце-клетки: нема повреда
Факти: Во јули 2000 апликантката и нејзиниот партнер J. почнаа со третман за зголемување на плодноста. Во октомври 2000, во тек на преглед на клиниката, кај апликантката беше дијагностицирана претканцерозна состојба на јајниците и и’ беше понуден еден циклус на третмани за ин-витро фертилизација (IVF) пред хируршкото отстранување на нејзините јајници. Во тек на консултациите таа и Ј. беа информирани дека секој од нив ќе треба да потпише формулар преку којшто се согласуваат на третманот и дека, согласно одредбите на Законот за хумана фертилизација и ембриологија од 1990 (“Закон од 1990”), ќе биде можно секој од нив да ја повлече својата согласност во било кој момент пред ембрионите да се имплантираат во матката на апликантката. Апликантката размислуваше дали да испита и други можности за фертилизација на своите преостанати јајце-клетки, за да се обезбеди од можноста нејзината врска со Ј да се прекине. Ј. Ја увери дека тоа нема да се случи. Во ноември 2001 двојката посетуваше третман во клиниката, што резултираше со создавање на шест ембриони коишто беа складирани. Две седмици подоцна, апликантката беше подложена на операција за отстранување на јајниците. И’ беше кажано дека треба да чека две години пред имплантација на ембрионите во нејзината матка. Во мај 2002 врската меѓу апликантката и Ј. заврши и, последователно, согласно законот од 1990, тој ја информираше клиниката дека не се согласува таа сама да ги користи ембрионите или да се продолжи со нивното складирање. Апликантката поведе постапка пред Високиот суд барајќи, меѓу другото, времена мерка со која ќе се задолжи Ј. да даде своја согласност. Нејзината апликација беше одбиена во октомври 2003, при што се утврди дека J. постапувал со добра намера, зашто влегол во третманот под претпоставка дека неговата врска со апликантката ќе продолжи. Во октомври 2004 Апелациониот суд ја потврдил пресудата на Високиот суд. Право на жалба не беше дозволено.
Апликантката се жали дека домашното право му дозволило на нејзиниот поранешен партнер ефективно да ја повлече својата согласност за складирање и користење на ембрионите и со тоа да спречи таа воопшто било кога да има дете со кое е генетски сродна.
Право: Член 2 – Од причините изнесени од Советот во својата пресуда од 7 март 2006, имено, дека прашањето на тоа кога почнува правото на живот, спаѓа во маргината на проценка на Државата (види Информативна белешка бр. 84), ембрионите создадени од апликантката и J. немале право на живот.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 8 – Природа на правата: “Приватен живот” го содржи и правото на почитување на обете одлуки – и одлуката да се стане родител и одлуката да не се стане родител. Сепак, апликантката не се жалеше дека била на бил кој начин спречена да стане мајка во социјална, правна, па дури ни физичка смисла, зашто во домашното право не постои правило, ниту пракса, којашто ќе ја спречи да посвои дете или дури и да роди дете оригинално зачнато ин витро од донирани гамети. Нејзината поплака била, попрецизно, дека одредбата за согласност од Законот од 1990 ја спречила да ги користи ембрионите што таа и J. ги создале заедно, па оттука, имајќи ги предвид нејзините специфични околности, било кога да има дете со кое е генетски во роднинска врска. Ова поограничено прашање, во врска со правото на почитување на одлуката да се стане родител во генетичка смисла, спаѓа во опфатот на Член 8. Дилемата во сржта на овој предмет е тоа што тој е во врска со конфликт меѓу правата согласно Член 8 на две приватни лица: апликантката и J. Понатаму, интересот на секое од лицата е целосно непомирлив со оној на другиот, зашто ако на апликантката би и’ се дозволило да ги користи ембрионите, Ј би бил принуден да стане татко, додека ако би се потврдило одбивањето или повлекувањето на согласноста на J., на апликантката би и’ се ускратила можноста да стане генетички родител. Во тешките околности на овој предмет, кое и решение да го усвоеле националните власти, тоа би резултирало со целосно неисполнување на интересите на една од странките. Законодавството, исто така, служи и на бројни пошироки, јавни интереси, како што е потврдување на принципот на супремација на согласноста и промовирање на правната јаснотија и сигурност..
Позитивна обврска или попречување: Беше соодветно да се анализира предметот како предмет во врска со позитивни обврски. Главното прашање беше дали законодавните одредби, како што се применети во овој предмет, одмеруваат правична рамнотежа меѓу конкурентските јавни и приватни интереси. Во оваа смисла, наодите на домашните судови дека J. никогаш не се согласил апликантката сама да ги користи заеднички создадените ембриони биле прифатени.
Маргина на проценка; Прашањата покренати во овој предмет беа несомнено од морално и етички деликатна природа. Покрај ова, нема изедначен европски пристап во оваа сфера. Некои држави имаат донесено закони или подзаконски акти со кои се контролира користењето на третманот IVF, додека во други тоа е прашање препуштено на медицинската пракса и упатства. Иако Обединетото Кралство не е единствена земја којашто дозволува складирање на ембриони и која на обајцата даватели на гамети им дава право слободно и делотворно да ја повлечат својата согласност се’ до моментот на имплантирање, во други делови на Европа се применуваат поинакви правила и практики. Не може да се каже дека постоел некаков консензус околу фазата во третманот IVF кога согласноста дадена од давателот на гамети станува неотповиклива. Додека апликантката сметала дека нејзините поголеми физички и емотивни трошења во тек на процесот на IVF и нејзината неплодност што уследила потоа, и’ даваат право нејзините права според Член 8 да имаат предимство над оние на J., се чини дека не постои јасен консензус ни околу таа поента. Како заклучок, оттука, бидејќи користењето на третманот IVF повлекува чувствителни морални и етички прашања, врз подлога на забрзан медицински и научен развој, а бидејќи прашањата покренати во предметот допираат области каде нема јасна заедничка основа меѓу земјите-членки, маргината на проценка дадена на тужената држава мора да биде широка и во принцип да ги опфаќа и одлуката на државата дали да донесе или не законодавство коешто го уредува користењето на третманот IVF и, откога еднаш интервенирала, на деталните правила кои ги поставила за да оствари рамнотежа меѓу спротивставените јавни и приватни интереси.
Почитување на правилата: Преостанатото прашање, оттука, беше дали, во посебните околности на овој предмет, примената на правото коешто му дозволува на J. ефективно да го повлече или ускрати својата согласнст за имплантирање на заеднички создадените ембриони во матката на апликантката создава праведна рамнотежа меѓу спротивставените интереси. Фактот што е станато технички можно да се чуваат човечки ембриони складирани во замрзнувач создаде суштествена разлика меѓу IVF и фертилизацијата преку сексуален однос, имено можност да се дозволи проток на време, коешто може да е и значително долго, меѓу создавањето на ембрионот и имплантацијата во матката. Оттука, легитимно и пожелно е државата да создаде законска шема која ја зема предвид можноста за одложување. Одлуката во врска со принципите и политиките што се применуваат во оваа чувствителна сфера е првенствено оставена за да ја определи секоја од државите. Законот од 1990 беше кулминација на исклучително детално испитување на социјалните, етичките и правните импликации на новините во сферата на хумана фесртилизација и ембриологија, и е плод на многу размислување, консултации и дебата. Тој постави законска обврска на секоја клиника што врши третмани IVF да ги објасни одредбите за согласност на лице кое отпочнува ваков третман и да добие негова или нејзина писмена согласност. Ова се случи во случајот на апликантката, и апликантката и J. потпишаа формулари за согласност пропишани со закон. Сепак, Законот исто така дозволува давателите на гамети да ја повлечат својата согласност во било кое време, се’ до моментот додека ембрионот се имплантира во матката. Иако итната природа на медицинската состојба на апликантката бараше од неа да донесе одлука брзо и под исклучителен стрес, таа знаеше, кога се согласи сите нејзини јајце-клетки да бидат оплодени со спермата на J., дека тоа се последни јајце-клетки што таа ги има на располагање, дека ќе измине определено време пред да заврши нејзиниот третман против канцер и дека, од законски аспект, Ј ќе е слободен да ја повлече својата согласност за имплантирање во секој момент. Иако апликантката ги критикуваше националните правила за согласност, за фактот што тие не може да се заобиколат во ниедни околности, апсолутната природа на правото не е, сама по себе, нужно неконзистентна со Член 8. Почитувањето на човечкото достоинство и слободна волја, како и желбата да се обезбеди праведна рамнотежа меѓу страните во третманот IVF се во подлога на одлуката на законодавецот да донесе одредби што не дозволуваат исклучок, за да се обезбеди дека секое лице кое донира гамети за цели на третман IVF ќе знае однапред дека не може да се користи неговиот или нејзиниот генетски материјал без негова или нејзина континуирана согласност. Покрај тој принцип, апсолутната природа на правилото служи за да се промовира правна сигурност и да се одбегнат проблеми на арбитрарност и неконзистентност инхерентни кога од случај до случај би се вагало она што од страна на домашните судови е опишано како „целосно неизмерливи” интереси. Тие генерални интереси се легитимни и конзистентни со Член 8. Имајќи ги предвид овие размислувања, вклучувајќи го и недостигот на европски консензус околу оваа поента, Судот не сметаше дека на правото на апликантката да се почитува нејзината одлука да стане родител во генетска смисла треба да му се даде поголема тежина отколку на правото на J.да се почитува неговата одлука да нема генетски сродно дете со неа.
Заклучок: нема повреда (тринаесет наспроти четири гласа).
Член 14 – Не беше неопходно да се одлучи дали апликантката може правилно да се жали на разлика во третманот во споредба со друга жена во аналогна положба, зашто образложенијата дадени за наодот дека немало повреда на Член 8 истовремено даваат и разумно и објективно оправдрување согласно Член 14.
Заклучок: нема повреда (тринаесет наспроти четири гласа).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy