© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка на судската пракса на Судот бр. 159
јануари 2013 година
Eweida и други против Обединетото Лракство - 48420/10, 36516/10, 51671/10 et al.
Пресуда 15.1.2013 [Оддел IV]
Член 9
Член 9, став 1
Изразување на религија или уверување
Дисциплински мерки против работници поради носење на верски симболи (крст) на работно место или одбивање на исполнување на должности за кои жалителите сметале дека не се спојливи со нивните верски уверувања: повреда во еден случај, нема повреди во трите останати.
Член 14
Дискриминација
Дисциплински мерки против работници поради носење на верски симболи (крст) на работно место или одбивање на исполнување на должности за кои жалителите сметале дека не се спојливи со нивните верски уверуавања: повреда во еден случај, нема повреди во трите останати..
Факти – Сите четворица жалители се христијани кои се жалеле дека домашното право не ги штитело адекватно нивните права на изразување на нивните верски уверувања. Првата жалителка, г-ѓа Eweida, вработена во Бритиш ервејз [British Airways], a втората жалителка, г-ѓа Chaplin, медицинска сестра на геријатриско одделение, се жалеле дека нивните работодавачи наметнале ограничувања на носењето на христијански крстови на видлив начин околку вратот на работа. Третата жалителка, г-ѓа Ladele, матичар за родени, умрени и венчани, и четвртиот жалител, г-н McFarlane, терапевт во установа за доверлива сексуална терапија и советување за лични односи, се жалеа дека тие биле отпуштени заради нивното одбивање да извршуваат некои од нивните должности, за кои сметале дека со нив се поддржува хомосексуалноста, практика за која тие чувстувуале дека е неспојлива со нивните верски уверувања.
Право – Член 9 самостојно и/или во врска со член 14: Постоела судска пракса на Судот и Комисијата која посочува дека, ако лицето можело да преземе мерки за да избгне ограничување наметнато на неговата или нејзината слобода на изразување на религијата или уверувањето, нема мешање во правото од член 9, став 1, и затоа ограничувањето не мора да биде оправдано согласно член 9, став 2. Сепак, со оглед на важноста во едно демократско општество на слободата на религија, Судот сметал дека кога едно лице се жали на ограничување на слободата на религија на работното место, наместо да се одлучи дека можноста да се промени работата би исклучила мешање во правото, подобар бил пристапот да се оцени таа можност во севкупната рамнотежа кога се оценува дали ограничувањето било пропорционално.
Кога, како во случаите на првата жалителка и четвртиот жалител, актите кои се предмет на жалба се преземени од страна на приватни компании и затоа не можеле директно да се припишат на тужената држава, Судот морал да ги разгледа прашањата во смисла на позитивна обврска на државните органи да ги обезбедат правата од член 9 на лицата кои се под нивна надлежност.
Што се однесува на принципите кои се применливи по член 14 од Конвенцијата, иако генерално за да дојде до проблематично прашање мора да има разлика во постапувањето на лица во аналогни, или релевантно слични ситуации, правото да не се биде дискриминиран било исто така повредено кога државите, без објективно и разумно оправдување, не постапуваат на различен начин со лица кои се во значително различни ситуации. Таквите постапки биле дискриминаторски ако немаат објективно и разумно оправдување, со други зборови, ако тие не остваруваат легитимна цел или ако нема разумен однос на пропорционалност помеѓу употребените средства и целта која треба да биде постигната.
(a) Првата жалителка – Судот бил убеден дека инсистирањето на првата жалителка да носи крст на видлив начин на работа било изразување на нејзиното верско уверување и дека одбивањето на Бритиш ервејз од септември 2006 до февруари 2007 да ѝ дозволи да остане на работното место додека на видлив начин носи крст претсавувало мешање во нејзиното право да ја изразува нејзината религија. Со оглед на тоа дека тоа мешање не можело директно да се припише на државата, Судот испитал дали државата ја исполнила својата позитивна обврска од член 9.
Судот не сметал дека тоа што немало изречна одредба во правото на Обединетото Кралство за регулирање на носењето на облека од верски карактер и верски симболи на работно место, само по себе значело дека правото на изразување на религија било повредено, затоа што прашањата можеле да бидат и биле анализирани од домашните судови во контекст на тужбени наводи за дискриминација поднесени од страна на жалителката.
Целта на кодексот на облекување на Бритиш ервјез, имено да се претстави определен имиџ на компанијата и да се промовира препознатливост на нејзиниот бренд и персонал, била легитимна. Сепак, домашните судови на таа цел ѝ придале преголема важност. Крстот на првата жалителка бил дискретен и не можел да влијае врз нејзиниот професионален изглед. Немало докази дека носењето од страна на други работници на други претходно одобрени парчиња облека со верски карактер, како што се турбани и хиџаби, имало негативно влијание врз брендот и имиџот на Бритиш ервејз.
Понатаму, фактот што компанијата можела да го измени кодекост на облекување и да дозволи носење на верски симболичен накит на видлив начин покажува дека претходната забрана не била од клучна важност.
Затоа, со оглед на тоа што немало докази за било какво повредување на интересите на другите, домашните органи не го заштитиле во доволен обем правото на првата жалителка да ја изразува нејзината религија, спротивно на позитивната обврска од член 9. Не било потребно одделно испитување на нејзиниот жалбен навод по член 14 во врска со член 9.
Заклучок: повреда во однос на првиата жалителка (пет гласа за и два против).
(б) Втората жалителка – Судот бил убеден дека решеноста на втората жалителка да носи крст на работа била изразување на нејзиното верско уверување и дека одбивањето на надлежниот орган да и дозволи да остане на работното место на медициснка сестра додека носи крст било мешање во нејзината слобода на изразување на нејзината религија.
Ограничувањето за кое станува збор имало легитимна цел која била да се заштити здравјето и безбедноста на медицинските сестри и пациентите. Согласно доказите раководителите на втората жалителка сметале дека имало ризик вознемирен пациент да го фати и да го повлече ланецот, со ризик од повреда или дека крстот би можел да се заниша нанапред и би можел, на пример, да дојде во контакт со отворена рана. Исто така имало докази дека од друга медицинска сестра христијанка било побарано да го отстрани крстот и ланецот, дека на две медицински сестри следбенички на сикизмот им било кажано да не носат бразлетна или кирпан, и дека биле забранети широки хиџаби. На втората жалителка ѝ била понудена можноста да го носи крстот како брош на нејзината униформа, или под блуза со висока јака која се носи под нејзината туника, но таа сметала дека тоа не било доволно за да ги почитува своите верски уверувања.
Ова било област во која на домашните органи морало да им се дозволи широко поле на слободна оцена [margin of appreciation]. Раководителите на болницата биле во подобра позиција да носат одлуки за безбедноста на клиниката отколку еден суд, особено меѓународен суд пред кој директно не се изведуваат докази. Следувало, дека Судот не можел да заклучи дека мерките за кои станува збор биле непропорционални, и дека мешањето во слободата на втората жалителка на изразување на нејзината религија било неопходно во демократско општество. Затоа немало повреда на член 9 земен самостојно или во врска со член 14.
Заклучок: нема повреда во однос на втората жалителка (едногласно).
(в) Tретата жалителка – Јасно било дека противењето на третата жалителка да учестува во склучувањето на граѓански партнерства помеѓу двојки од ист пол било директно мотивирано од нејзините верски уверувања. Настаните за кои станува збор затоа влегувале во досегот на примена на член 9 и член 14 бил затоа применлив. Релевантната споредба во овој случај била матичар кој нема верски приговор кон заедници од ист пол. Судот прифатил дека обврската на локалниот орган сите матичари на родени, венчани и умрени лица да бидат назначени како матичари и за граѓански партнерства особено негативно влијаело на неа поради нејзините верски уверувања. Обврската имала легитимна цел на заштитување на еднаквите можности на лицата со поинаква сексуална ориентација. При анализата на пропорционалноста на мерките, било воочено дека последиците за третата жалителка биле сериозни, таа сметала дека немала друг избор освен да се соочи со дисциплински мерки, а насместо да биде назначена како матичар за граѓански партнерства, и на крајот, ја изгубила работата. Понатаму, не можело да се каже дека кога таа го склучила договорот за вработување таа посебно се откажала од правото да го изразува нејзиното верско уверување прику противење да учестува во склучување на граѓански партнерства, затоа што таа обврска била воведена од работодавачот после склучувањето на договорот.
Oд друга страна, сепак, политиката на локалниот орган била насочена кон обезбедување на правата на другите кои се исто така заштитени со Конвенцијата. И Судот генерално им дозволувал на државните органи широко поле на слободна оцена кога станува збор за воспоставување на правична рамнотежа помеѓу спротивставени права од Конвенцијата. Во овие околности, Судот не сметал дека локалниот орган работодавач кој ја започнал дисциплинската постапка, а исто така и домашните судови кои го одбиле тужбениот навод на жалителката за дискриминација, го пречекориле полето на слободна оцена кое им е дозволено. Затоа немало повреда на член 14 во врска со член 9.
Заклучок: нема повреда во однос на третата жалителка (пес гласа за и два против).
(г) Четвртиот жалител – Додека работел во приватна компанија која имала политика да бара од работниците да даваат услуги подеднакво и на хетеросексуални и на хомосексуални двојки, четвртиот жалител одбил да се обврзе да дава психолошко-сексуална терапија на двојки од ист пол. Како последица на тоа, била поведена дисциплина постапка против него.
Судот прифатил дека противењето на четвртиот жалител било директно мотивирано од неговите ортодоксни христијански уверувања за бракот и сексуалните врски, и дека одбивањето да се обврзе да советува хомосексуални двојки било изразување на неговата религија и уверување. Државата затоа имала позитивна обврска од член 9 да ги обезбеди неговите права.
При одлучувањето дали позитивната обврска била исполнета со воспоставување на соодветна рамнотежа помеѓу спротивставените интереси, Судот зел превид дека губењето на работата било строга санкција со сериозни последици за четвртиот жалител. Од друга страна, тој доброволно се запишал на постдипломската програма на работодавачот за обука за психолошко-сексуална терапија, знаејќи дека работодавачот има политика за еднакви можности и дека избирањето на клиенти по основ на сексуална ориентација не би било возможно.
Иако одлуката на едно лице да склучи договор за вработување и да преземе должности за кои тоа знаело дека ќе имаат влијание врз неговата слобода на изразување на неговото верско уверувањо не била одлучувачка по прашањето дали имало мешање во правата од член 9, ова било прашање кое треба да се земе предвид при оценувањето дали била воспоставена правична рамнотежа.
Сепак, најважниот фактор кој требало да се земе предвид бил дека постапката на работодавачот била со намера да се обезбеди имплементација на неговата политика на давање на услуги без дискриминација. Затоа државните органи имале широко поле на слободна оцена при одлучувањето дали била воспоставена правична рамнотежа помеѓу правото на четвртиот жалител да го изразува неговото верско уверување и интересот на работодавачот да ги обезбеди правата на другите. Во овие околности, Судот не сметал дека полето на слободна оцена било пречекорено. Затоа немало повреда на член 9 самостојно или во врска со член 14.
Заклучок: нема повреда во однос на четвртиот жалител (едногласно).
Член 41: 2,000 евра на првата жалителка за нематеријална штета.
© Coвет на Европа/Eвропски суд за човекови права Ова резиме подготвено од Секретаријатот на Судот не го обврзува Судот
Кликнете тука за Case-Law Information Notes (Информативни белешки за судската пракса)
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy