© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 131
јуни 2010
Gäfgen v. Germany - 22978/05
Пресуда 1.6.2010 [Голем совет]
Член 34
Жртва
Признавање на нечовечко однесување од страна на национални органи, но без надоместок или соодветна казна на извршителите: потврден статус на жртва
Член 3
Нечовечко постапување
Закани со физичко повредување од страна на полицијата за да го утврди местото каде се наоѓа исчезнато дете: повреда
Член 6
Кривична постапка
Член 6-1
Фер расправа
Користење докази на судење добиени под принуда: нема повреда
Факти – Во 2002 година апликантот задушил единаесетгодишно дете и го скрил неговиот труп во близина на рибник. Во меѓувреме побарал откуп од родителите на момчето и бил уапсен набргу откако ги земал парите. Бил приведен во полициска станица, каде што бил сослушуван за местото каде се наоѓа жртвата. Следниот ден заменикот началник на полицијата му наредил на еден од подредените полицајци да му се закани на апликантот со физичка болка и, доколку е потребно, да го подложи на таква болка за да го натера да го каже местото каде се наоѓа момчето. Следејќи ги наредбите, полицаецот му се заканил на апликантот дека ќе го подложи на голема болка што ќе му ја предизвика лице посебно обучено за таа цел. По десетина минути, поради страв дека ќе биде изложен на таков третман, апликантот кажал каде го скрил телото на жртвата. Потоа во придружба на полицијата бил одведен до местото, каде полицијата го пронашла телото на момчето, а подоцна и докази против апликантот, како што се траги од гумите од неговиот автомобил. Во подоцнежната кривична постапка регионалниот суд утврдил дека ниту едно од неговите признанија дадени за време на истрагата не може да се употреби како доказ бидејќи биле добиени под принуда, во спротивност на член 3 од Европската конвенција. На судењето апликантот повторно го признал убиството. Наодите на судот се базирале на тоа признание и на други докази, вклучувајќи докази добиени како резултат на изјави извлечени од апликантот за време на истрагата. Апликантот на крај бил прогласен за виновен и осуден на доживотна казна затвор, а неговите последователни жалби се одбиени, иако Федералниот уставен суд, сепак, признал дека извлекувањето на неговото признание под присила за време на истражната постапка претставувало забранет метод на испрашување како според домашното право, така и според Конвенцијата. Во 2004 година двајцата полицајци кои му се заканувале на апликантот биле осудени за принуда и поттикнување на принуда додека биле на должност, и им била изречена условна парична казна од 60 евра за 60 дена, односно 90 евра за 120 дена. Во 2005 година апликантот побарал правна помош за да започне постапка против властите за надоместок поради траума што кај него предизвикале истражните методи на полицијата. Судовите првично го отфрлиле неговото барање, но подоцна во 2008 година Федералниот уставен суд ги поништил нивните решенија. Во време на пресудата на Европскиот суд, во регионалниот суд сè уште е во тек обновената постапка.
Право – член 34: Националните власти признаа повреда на Конвенцијата како во кривичната постапка против апликантот, така и во подоцнежната осуда на полицајците. Меѓутоа, беше неопходно да се утврди дали тие му овозможиле на апликантот соодветно и доволно обештетување за повредата што ја претрпел. Иако кривичната постапка против полицајците, која траела околу две години и три месеци, не била доволно брза и експедитивна, полицајците се осудени на мошне скромни и условни парични казни бидејќи домашниот суд зел предвид голем број олеснителни околности, вклучувајќи и итна потреба за спасување на животот на жртвата. Иако предметот на апликантот не може да се спореди со други предмети поврзани со чин на арбитрарна бруталност од страна на државни агенти, нивна осуда на речиси симболична парична казна не може да се смета за соодветен одговор на повредата на член 3. Таквата казна, која е очигледно несразмерна со повредата на едно од суштествените права на Конвенцијата, го нема потребниот ефект на одвраќање за да се спречат повреди на тоа право во идни тешки ситуации. Исто така, иако двајцата полицајци првично биле преместени на работни места што повеќе не се директно поврзани со истрага на кривични дела, еден од нив подоцна бил именуван за началник на својот оддел, што предизвикало сериозни сомневања за тоа дали реакцијата на властите соодветно ја одразила сериозноста на повредата на член 3. На крај, што се однесува до постапката за надомест, барањето на апликантот за правна помош сè уште е во постапка и по повеќе од три години. Последователно, не е одржана никаква расправа и не е донесена пресуда за мериторноста на неговото барање. Во такви околности, нерешавањето на домашните судови за мериторноста на барањето за надомест на апликантот без потребата експедитивност ја довело во прашање ефективноста на тие постапки. Како заклучок, Судот смета дека со различните мерки преземени од домашните органи целосно не било испочитувано барањето за обештетување како што е утврдено со неговата судска пракса и дека, апликантот сè уште можел да тврди дека е жртва на повреда на неговото право од Конвенцијата.
Заклучок: статусот на жртва поддржан (единаесет наспрема шест).
Член 3: Меѓу страните било неспорно дека полицаецот му се заканил на апликантот дека ќе го подложи на неподнослива болка што ќе му ја предизвика лице посебно обучено за таа цел, ако одбие да го обелодени местото каде што се наоѓа жртвата. Бидејќи заменикот началник неколку пати им наложил на своите подредени службеници да му се заканат на апликантот или, доколку е потребно, да употребат сила против него, неговата наредба не можела да се смета за спонтан чин, туку за чин извршен со предумисла, кој бил пресметан. Испрашувањето под закана од малтретирање траело околу десет минути во атмосфера на вжештена напнатост и емоции, кога полицајците мислеле дека животот на жртвата сè уште можел да се спаси. На апликантот му биле ставени лисици, што значи дека бил ранлив, поради што заканата што ја добил сигурно кај него предизвикала голем страв, болка и психичко страдање. Наспроти мотивите на полицајците, Судот повтори дека тортурата и нечовечко или понижувачко постапување не смее да се нанесува дури и во околности кога е во опасност животот на поединец. Како заклучок, се смета дека методот на испрашување на кој бил подложен апликантот е доволно сериозен за да претставува нечовечко постапување забрането со член 3.
Заклучок: повреда (единаесет наспрема шест гласови).
Член 6: Користењето докази добиени со повреда на член 3 предизвика сериозни прашања во однос на праведноста на кривичната постапка. Поради тоа, од Судот е побарано да одреди дали постапката против апликантот, поради користење такви докази, во целина била неправедна. На почетокот на судењето, апликантот бил информиран дека неговите поранешни изјави нема да се користат како доказ против него бидејќи биле добиени со сила. Сепак, тој за време на судењето повторно го признал злосторството, нагласувајќи дека слободно го дава признанието поради каење и за да ја преземе одговорноста за злосторството што го направил. Според тоа, Судот немаше причина да претпоставува дека апликантот не би признал ако домашните судови на почетокот решеле да ги исклучат спорните докази. Со оглед на овие размислувања, Судот заклучи дека, во посебните околности на предметот на апликантот, неисклучувањето на доказите добиени по признание извлечено со нечовечко постапување од страна на домашните судови немало влијание на прогласувањето на апликантот за виновен и на неговата осуда, или не севкупната праведност на неговото судење.
Заклучок: нема повреда (единаесет наспрема шест гласови).
Член 41: Не е поднесено барање во однос на обештетување.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy