© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 126
јануари 2010
Gillan and Quinton v. the United Kingdom - 4158/05
Пресуда 12.1.2010 [Секција IV]
Член 8
Член 8-1
Почитување за приватниот живот
Овластување да се запрат и претресат поединци без разумно сомневање дека сториле нешто лошо: повреда
Факти – Согласно секциите 44-47 од Законот против тероризам од 2000 повисок полициски офицер може, доколку смета дека тоа е „експедитивно за спречување на тероризам“ да издаде одобрување со кое му се дозволува на секој неуниформиран полициски офицер во рамки на дефинирана географска област да запре и претресува пешаци и возила и нивни патници. Овластувањето морало да биде потврдено од државниот секретар во рок од четириесет и осум часа, а доколку тоа не се случи, му престанува важноста. Овластувањето не може да биде на период подолг од дваесет и осум дена, иако периодот може да биде обновен. Овластувањата доделени со вакво одобрување може да се само за целите на барање „предмети од вид каков што може да се користи во врска со тероризам“ но односниот офицер не мора задолжително да има основа за „сомневање во присуство на предмети од тој вид”. Офицерот може да побара претресуваното лице да го отстрани шапката, шамијата или она што го носи на главата, обувките, палтата и ракавиците, а, ако е разумно неопходно, може да му стави рака в џеб, да ги опипа внатрешноста на јаката, чорапите и чевлите и да му ја пребара косата. Претресите се одвиваат во јавност или близу местото каде е запрено лицето. Одбивањето согласност за претрес е дело казниво со затворска или парична казна или со обете. Извештај од страна на независен ревизор, во врска со функционирањето на Законот, се поднесува до Парламентот најмалку еднаш годишно.
Овластувањето за запирање и претрес беше во сила ширум Полицискиот округ на Метрополата (Лондон и околината) уште од стапувањето во сила на законот, во февруари 2001, согласно „обновлива програма“ на последователни овластувања и потврдувања. Меѓу 2004 и 2008 бројот на годишни претреси евидентиран од Министерството за правда постојано растеше, од 33,177 на 117,278. Независниот ревизор во своите најскорешни извештаи беше се’ покритичен околу начинот на кој се користи овластувањето, наведувајќи проблеми на „лошо или ненужно користење“ и доведувајќи ја во прашање потребата од континуирано овластување што го покрива целиот Полициски округ на Метрополата, наместо овластување ограничено на „значајни локации“.
Апликантите во овој предмет биле запрени и претресени од полицијата во одделни инциденти додека биле на пат кон демонстрациите што протестирале против саем на оружје што се одржувал во близина. Г-дин Gillan возел велосипед и носел ранец. Г-а Quinton, новинарка, била запрена и претресена и покрај тоа што ги покажала своите прес картички. Ниеден од апликантите не бил запрен на подолго од триесет минути. Апликантите подоцна поднеле неуспешно барање за судска ревизија. Заседавајќи како конечна жалбена инстанца, Горниот дом сметал дека е неуверливо дека за обичен површен претрес на лице може да се каже дека покажува непочитување за приватниот живот, за да би се покренал Член 8 од Европската конвенција, а, дури и кога тој би се применувал, овластувањето за запирање и пребарување е усогласено со барањето за законитост во Конвенцијата, зашто офицерите немале слобода да делуваат арбитрарно. Апликантите, исто така, повеле и постапка за надомест на штета пред регионален суд. Нивното барање било отфрлено, а тие не се жалеле.
Право
(a) Допуштеност – Владата тврдеше дека апликантите не ги исцрпеле целосно домашните правни лекови, зашто не ја прифатиле понудата за затворена седница пред Високиот суд за да се определи дали овластувањето и неговото потврдување биле оправдани и зашто не се жалеле против пресудата на регионалниот суд. Судот забележал, сепак, дека апликантите не спореле дека мерките за запирање и претресување употребени врз нив биле во согласност со одредбите на Законот против тероризам. Нивните поплаки, всушност, се фокусирале на општата компатибилност на овластувањето за запирање и претресување со Конвенцијата. Соодветно, правните лекови идентификувани од Владата не би биле ниту релевантни, ниту делотворни во врска со поплаките изнесени пред Судот.
Заклучок: прелиминарниот приговор е отфрлен (едногласно).
(b) Меритум – Член 8: Користењето на овластување за присилба, одобрено со законодавството против тероризам, коешто бара поединец да се согласи на детален личен претрес на телото, облеката и личните предмети претставува јасно попречување на правото на почитување на приватниот живот. Јавната природа на попречувањето, со нелагодата на личните информации изложени на увид на јавноста, може, дури, во некои случаи да ја засили сериозноста на попречувањето поради елементот на понижување и срам. Попречувањето не може да се спореди со пребарувањата на патниците на аеродромите или посетителите на јавни згради. Може да се смета дека патниците со авион се согласуваат на претресот со тоа што одбираат да патуваат и со тоа што се слободни да ги остават личните предмети или да си заминат од местото без да бидат подложени на претресување. Овластувањето за претресување согласно Законот против тероризам е квалитативно различно, зашто поединците може да се запрат на било кое место и во било кое време, без известување и без избор дали ќе се согласат на претресувањето или не.
Во однос на тоа дали мерката била „согласно закон“, не е спорно дека овластувањата за запирање и пребарување употребени во случајот на апликантите имале основа во членовите 44-47 од Законот против тероризам, заедно со релевантниот Кодекс на праксата, којшто бил јавен документ. Прашањето било дали овие одредби даваат несоодветно широка дискреција на полицијата, и во смисла на одобрувањето на овластувањето за запирање и претрес, и неговата примена во праксата. Според Судот, не било покажано дека заштитните механизми пропишани со домашното право понудиле соодветна заштита против произволното попречување.
Прво, што се однесува до фазата на овластување и одобрување, Судот забележа дека повисоките полициски офицери може да ја одобрат употребата на овластувањата за запирање и пребарување доколку сметаат дека тоа е „експедитивно“ (наспроти „неопходно“) за спречување на акти на тероризам, така што нема задолжување да се оцени пропоционалноста на мерката. Понатаму, иако овластувањето е предмет на потврда од Државниот секретар во рок од четириесет и осум часа, Државниот секретар не можел да го измени географскиот опфат, а во пракса, се чини дека ниеднаш не одбил потврда или не го намалил траењето на овластувањето. Законските временски и географски ограничувања на овластувањата не делувале како никаква вистинска проверка, како што било покажано со фактот дека овластувањето за Полицискиот округ на Метрополата било постојано обновувано во рамки на „револвинг програма“. На крајот, немало многу изгледи да се оспори овластувањето: иако судска ревизија била на располагање, широчината на законските овластувања била таква што апликантите се соочувале со огромни препреки за да покажат дека некое овластување или потврда биле ultra vires или пречекорување на овластувањата, додека овластувањата на независниот ревизор биле ограничени на известување за општото функционирање на законските одредби, а тој немал право да укинува или менува одобрувања.
Што се однесува до овластувањата на индивидуалните полициски офицери, широчината на дискрецијата што им е дадена предизвикува уште поголема загриженост. Иако офицерот бил обврзан, при вршењето на претресот, да се придржува кон Кодексот на пракса, Кодексот во суштина го уредува начинот на кој се врши запирањето и претресувањето, а не пропишува ограничувања околу одлуката на офицерот да запре и да претресе. Одлуката е заснована исклучиво на „осетот“ или „професионалната интуиција“ на односниот офицер. Не само што за него не би било неопходно да покаже постоење на некое разумно сомневање, од него не се барало дури ни субјективно да се посомнева во нешто кај лицето кое го запира и претресува. Единствен услов е претресот да е со цел да се најдат предмети што би можеле да се користат во врска со тероризам, мошне широка категорија што би можела да опфати бројни предмети што вообичаено ги носат луѓето на улица. Под услов односното лице да се запре за цел на барање вакви предмети, полицискиот офицер дури не мора ни да има основа да се сомнева во присуство на такви предмети.
Во врска со ова, статистичките и другите податоци што го покажуваат обемот во којшто полициските офицери се служат со овластувањата за запирање и претрес е впечатлив. Бележејќи го големиот број на вакви претреси, како и извештаите на независниот ревизор што укажуваат дека овластувањата се користат без потреба, Судот смета дека постои јасен ризик од арбитрарност при давањето ваква широка дискреција на полициски офицер. Ризикот од дискриминаторно користење на овластувањата против етничките малцинства е мошне реален, а статистичките податоци покажуваат дека Црнците и Азијатите се непропорционално засегнати. Постои, исто така, ризик дека ваквите широко врамени овластувања може да се злоупотребат против демонстранти или лица кои протестираат. Слично, како што беше покажано во случајот на апликантите, не е веројатно дека ќе се успее, со судска ревизија или со парница за обештетување, да се оспори извршувањето на овластувањата за запирање и пребарување од страна на полициски офицер во поединечен случај, зашто отсуството на било каква обврска од страна на офицерот да покаже разумна основа за сомневање, прави да е речиси неможно да се докаже дека овластувањата се извршувале несоодветно.
Како заклучок, ниту овластувањата за одобрување и потврдување, ниту овластувањата за запирање и претресување согласно член 44 и 45 од Законот против тероризам, не се доволно ограничени, ниту предмет на соодветна правна заштита против злоупотреба. Соодветно, тие не се „во согласност со закон”.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41: Наодот дека е сторена повреда претставува доволно праведно задоволување во поглед на непарична штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy