© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 139
март 2011
Giuliani and Gaggio против Италија - 23458/02
Пресуда 24.3.2011 [Голем совет]
Член 2
Позитивни обврски
Член 2-1
Живот
Делотворна истрага
Член 2-2
Употреба на сила
Фатално застрелан демонстрант од страна на припадник на безбедносните сили на самитот на G8: нема повреда
Факти – Во тек на одобрени демонстрации на самитот на G8 во Џенова, избија исклучително насилни судири меѓу активистите против глобализацијата и органите на редот. На џип со тројца карабиниери му се изгасна моторот и беше нападнат од демонстрантите. Еден од карабиниерите, кој страдаше од последиците на солзавец, доби дозвола од својот командант да се качи во џипот за да ги избегне судирите. Повреден и во паника, тој истрела двапати надвор од возилото и Карло Џулијани беше застрелан во лице и смртно ранет. Обидувајќи се да го придвижи возилото, возачот двапати помина преку неподвижното тело на младичот. Италијанските власти веднаш отворија истрага. Беше покрената кривична постапка за убиство без предумисла против офицерот кој ги испука истрелите и против возачот на возилото. Обдукцијата покажа дека смртта била предизвикана од истрел. Јавниот обвинител наложил три експертски извештаи и одобрил кремирање на телото. Истражниот судија ја прекинал постапката.
Во својата пресуда од 25 август 2009 (види Информативна белешка бр. 122), a Советот на Судот едногласно сметал дека немало повреда на Член 2 во однос на прекумерна употреба на сила. Со пет наспрема два гласа сметал дека немало повреда на Член 2 во однос на позитивната обврска на Државата да го штити животот, а со четири наспрема три гласа дека имало повреда во однос на процедуралните обврски на државата согласно тој Член.
Право – Член 2: (a) Аспект на материјалното право
(i) Користење на смртоносна сила: Моментите непосредно пред и по употребата на смртоносна сила од страна на карабиниерот биле фотографирани и снимени. Материјалот јасно покажува дека имало незаконит и мошне насилен напад против возилото на органите на редот, кое едноставно се обидувало да замине од местото и не претставувало никаква закана за демонстрантите. Во ваквата исклучително напната ситуација, Карло Џулијани решил да подигне апарат за гаснење пожар којшто лежел на земјата и го подигнал во висина на градите со очигледна намера да го фрли кон патниците во возилото. Неговите постапки можеле разумно да се протолкуваат од страна на карабиниерот како индикација дека, и покрај тоа што тој издал усни предупредувања и го покажал пиштолот, нападот врз џипот немало да престане, ниту ќе се намалел по интензитет. Натаму, изгледало дека големо мнозинство од демонстрантите и натаму продолжуваат со нападот. Искреното уверување на офицерот дека неговиот живот и животите на колегите се во опасност можело само да се зајакне како резултат од ова. Тоа служело како оправдание за посегнувањето по потенцијално смртоносно средство за одбрана, како што е испукувањето истрели. Покрај ова, насоката на истрелите не е утврдена со сигурност. Карабиниерот можел само да пука, за да се одбрани, во тесниот простор меѓу резервното тркало и покривот на џипот. Фактот што истрел испукан во тој простор ризикувал да предизвика повреда на еден од напаѓачите, па дури и да го убие, што за жал се случило, не значело само по себе дека одбранбената постапка била прекумерна или непропорционална. Оттука, користењето смртоносна сила било апсолутно неопходно „во одбрана на лице од незаконито насилство“, во смисла на Член 2 § 2 (a).
Заклучок: нема повреда (тринаесет наспрема четири гласа).
(ii) Законодавната рамка што ја уредува употребата на смртоносна сила, како и оружјето издадено на органите на редот: Формулацијата на одредбите со кои се уредува употребата на сила во овој случај не е целосно идентична на онаа во Член 2, но, сепак, го одразува, а разликата во формулација може да се надмине со толкувањето од страна на домашните судови. Аргументот дека на органите на редот требало да им биде издадено несмртоносно оружје на ненадеен и насилен напад кој претставувал непосредна и сериозна закана по животите на тројцата карабиниери.
Заклучок: нема повреда (десет наспрема седум гласа).
(iii) Дали организирањето и планирањето на операциите било компатибилно со обврската да се штити животот: Ненадејниот напад врз џипот, неколку минути пред фаталните истрели, се случил во релативно мирен момент и не можел да се предвиди. Понатаму, за чување на настанот бил распореден голем број персонал кој или припаѓал на специјализирани единици или добил специјална обука. Имајќи го предвид нивниот број, не можело од сите нив да се бара да имаат долгогодишно искуство, односно да биле обучувани во тек на неколку месеци или години. Ваквото барање би можело да се наметне само во сличај органите на редот да имале работа со прецизна цел/мета којашто може да се идентификува Соодветно, не може да се утврди повреда на Член 2 само врз основа на изборот, за самитот на G8 во Џенова, на карабиниер кој во тој момент бил на возраст од само дваесет години и единаесет месеци и кој бил во служба само десет месеци. Понатаму, потапките на карабиниерот во тек на нападот врз џипот не претставувале повреда на Член 2 во неговиот материјален аспект. Последно, одлуките донесени од карабиниерите веднаш пред нападот врз џипот, во врска со изборот на возилото, одбраната патека и тоа што оружје поседувал повреден офицер за кого се сметало дека не е способен да остане на должност не биле предмет на критика. Што се однесува до настаните кои следеле по фаталното застрелување, нема докази дека помошта дадена на Карло Џулијани била несоодветна или задоцнета, или дека џипот намерно преминал преку неговото тело. Во секој случај, како што покажал извештајот од обдукцијата, повредите на мозокот биле толку сериозни што резултирале со смрт за неколку минути. Оттука, италијанските власти не потфрлиле во својата обврска да сторат се’ што разумно може да се очекува од нив за да обезбедат ниво на заштитни мерки потребни во тек на операции кои потенцијално содржат употреба на смртоносна сила.
Заклучок: нема повреда (десет наспрема седум гласа).
(b) Процедурален аспект– Домашната истрага била доволно делотворна за да утврди дали употребата на смртоносна сила била оправдана и дали организиацијата и планирањето на полициските операции било компатибилно со обврската да се штити животот. Иако е вистина дека апликантите (родителите и сестрата на Карло Џулијани) не можеле да се приклучат во псотапката како граѓански странки, тие, сепак, имале права и овластувања како оштетени лица, а тие права и ги оствариле во тек на истрагата. Понатаму, иако известувањето за обдукцијата одвај три часа пред почетокот на испитувањето може да направи да е тешко, па дури и неможно оштетените странки да го остварат своето право да именуваат вешто лице по свој избор и да осигураат негово присуство при судско-медицинските иследувања, Член 2 не бара, сам по себе, на роднините на жртвите да им се дозволи таква можност. Што се однесува до неуспехот на форензичарите да го извадат и документираат фрагментот од куршум заглавен во главата на жртвата, употребата на сила сеедно би била оправдана, како што се гледа од перспектива на материјалниот аспект на Член 2. Следи дека односниот метален фрагмент не бил клучен за делотворноста на истрагата. Судот натаму забележува дека кремирањето на телото, што направило да е неможна никаква натамошна форензичка истрага, било одобрено по барање на апликантите.
Доказите собрани од органите на обвинителството, а особено снимката на нападот врз џипот, воделе до заклучок надвор од разумно сомневање дека карабиниерот постапувал во самоодбрана, што е основа за оправданост според италијанското кривично право. Не може да се каже дека органите на обвинителството ја прифатиле без прашање верзијата дадена од органите на редот вмешани во настаните. Фактот што на карабиниерите им била дадена задача да изврат определени објективни технички тестови не влијаела негативно врз непристрасноста на нивната истрага. Поделикатни прашања се јавиле во однос на именувањето, од страна на обвинителството, на балистичар кој отворено го бранел гледиштето, во напис напишан за специјалистичко списание, дека карабиниерот делувал во самоодбрана. Земајќи предвид дека извештајот на вешто лице наложен во контекст на истрагата бил осмислен, меѓу другото, да даде докази за или против тоа гледиште, присуството на вештак кој имал однапред формулирани идеи за тоа прашање било далеку од охрабрувачко. Сепак, односниот вештак бил само еден во тимот од четиримина вештаци и тестовите што тој требало да ги изврши за потребите на балистичарскиот извештај биле од суштествено објективна и техничка природа. Соодветно, неговото присуство не можело, само по себе, да ја компромитира непристрасноста на домашната истрага. Натаму, не е утврдено од страна на апликантите дека во истрагата недостигале непристрасност и независност. На крајот, истрагата била водена со потребната ревносност и не може да с екаже дека била обременета со прекумерни доцнења или застои.
Заклучок: нема повреда (десет наспрема седум гласа ).
Големата порота исто така сметала, со тринаесет наспрема четири гласа, дека немало повреда на Член 13 и, едногласно, дека немало повреда на , Член 38.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy