© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 115
Јануари 2009
Güveç против Турција - 70337/01
Пресуда 20.1.2009 [Секција II]
Член 3
Понижувачко постапување
Нечовечко постапување
Притвор на малолетник во затвор за возрасни: повреда
Член 5
Член 5-3
Должина на притворот
Притвор на малолетник во затвор за возрасни во траење од четири и пол години: повреда
Член 6
Кривична постапка
Член 6-1
Правично судење
Неможноста на малолетно обвинето лице да учествува делотворно во кривичната постапка и немање на соодветен правен застапник: повреда
Факти: Во 1995 година, апликантот, кој тогаш бил петнаесетгодишно момче, бил уапсен под сомневање дека е поврзан со PKK. Иако тој бил малолетен, судијата за државна безбедност наредил тој да биде притворен во затвор за возрасни пред да се покрене кривична постапка против него, а потоа тој бил обвинет за подривање на територијалниот интегритет на државата, кривично дело кое во тоа време било казниво со смртна казна и за кое дело одлучувал исклучиво судот за државна безбедност. Во текот на првите шест и пол месеци по апсењето на апликантот, тој немал правен застапник. Адвокатот кој го застапувал со-обвинетиот ги известил судот дека ќе го застапува и апликанотот, но сепак тој не присуствувал на повеќето од рочиштата. По 18 месеци откако бил уапсен, обвинението против апликантот биле изменето, поради диспаритет во случајот што го застапувал обвинението, и тој се товарел за дело за кое не била пропишана најтешката смртна казна - учество во нелегална организација и штета нанесена со кривично дело. Во октомври 1997, апликантот бил огласен за виновен според обвинението и му била изречена затворска казна. Меѓутоа, по жалба, осудителната пресуда била укината од страна на Касациониот суд и предметот бил вратен на повторно судење. Поради лошото здравје, апликантот не успеал да присуствува на голем број од рочиштата. Поради отсуството на неговиот адвокат, другите затвореници во јули 2000 му пишале на судот, со цел да го информираат за состојбата, а кон писмото приложиле белешка од затворскиот лекар со која се потврдува дека апликантот бил примен во психијатриска болница. Здравјето на апликантот продолжило да се влошува, затворскиот лекар повторно известил за сериозните психички проблеми на апликантот и за неговите два обида за самоубиство, при што во едниот останал со сериозни изгореници, укажувајќи дека на апликантот му е потребен специјален третман во болница. Откако се сменил адвокатот, апликантот конечно бил пуштен со гаранција врз основа на наредба донесена во јули 2000. Во следниот психијатриски извештај се констатирало дека тој страда од мошне интензивна депресија, состојба која започнала да се развива и која се влошила откако апликантот бил притворен. На повторното судење, апликантот бил огласен за виновен за учество во нелегална организација и му била изречена казна затвор во траење од осум и пол години. Пресудата била потврдена по жалба.
Практиката да се притвораат малолетни лица пред почетокот на постапката, во затвори за возрасни во Турција е критикувана во многу извештаи на меѓународни мониторинг тела, вклучително и Комитетот на Обединетите нации за правата на детето, Европскиот комитет за социјални права и Европскиот комитет против тортура. Во Член 37 од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето се бара притворот на децата да се користи како последна опција, таа мерка да се спроведува во што е можно пократок временски период, како и се бара детето да е одделено од возрасните, освен доколку е во негов интерес да не е издвоено. Исто така, конвенцијата им гарантира на притворените деца право брзо да добијат правна помош.
Закон: Член 3 – (a) Допуштеност (исцрпување на домашните лекови): Не само што владата не ја покажала делотворноста на предложените лекови, туку и апликантот во конкретниот случај се наоѓал во посебни околности што го ослободува од обврската да ги исцрпи сите достапни лекови и тоа поради акутните здравствени проблеми, фактот што тој немал правен застапник за подолг временски период и што судството целосно ги занемарило правилата кои се однесуваат на малолетни лица.
Заклучок: приговорот е одбиен (едногласно).
(b) Меритум: Апликантот бил притворен на возраст од 15 години во затвор за возрасни, спротивно на домашното право и на меѓународните обврски што ги презела Турција. Психолошкиот проблем на апликантот започнал во затворот и постојано се влошувал. По притворањето, апликантот поминал пет години во затвор во друштво на возрасни. Тој немал пристап до правна помош во текот на првите шест и пол месеци, ниту имал свој правен застапник за време од околу пет години. Овие околности, заедно со фактот што за период од околу 18 месеци, тој бил обвинет за дело за кое е пропишана смртна казна, извесно дека кај него предизвикале целосна неизвесност и дека тоа довело до психолошките проблеми поради кои тој се обидел два пати да си го одземе животот. Националните власти се директно одговорни за проблемите на апликантот и тие не му обезбедиле соодветна медицинска нега. Имајќи ја предвид возраста на апликантот, должината на притворот заедно со возрасни лица и пропустот да му се обезбеди соодветна медицинска грижа или да преземат мерки да ги спречат обидите за самоубиство, Судот утврдил дека апликантот бил изложен на нечовечно и понижувачко постапување.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 5 § 3 – Должината на притворот го вклучува времето од кога апликантот бил уапсен па се до неговата прва осуда, како и периодот од укинувањето на првостепената одлука од страна на Касациониот суд до неговото пуштање на слобода со гаранција, која должина вкупно надминувала четири и пол години. Апликантот го задржал статусот на „жртва“ во смисла на Конвенцијата, без оглед на фактот што времето поминато во притвор му било одземено од казната затвор што ја издржал. Судот оценил дека не постои општ интерес кој може да ја оправда ваквата должина на притворот и нема индикации дека судовите ги разгледале другите алтернативни и дека притворот го користеле како последна можна мерка, како што се бара со домашното и меѓународното право. Во најмалку три претходни пресуди против Турција, Судот утврдил повреда на Член 5 § 3 за значително пократки периоди од должината на притворот во овој случај. Оттаму, должината на притворот била прекумерна.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 6 § 1 во врска со Член 6 § 3 (c) – Во случајот на апликантот се покренуваат битни прашања во врска со правото на малолетните лица делотворно да учествуваат во судењето и со правото на правна помош. И покрај малата возраст, апликантот првично бил осуден на најтешката, смртна казна, во време кога според важечкото законодавство не се дозволувало да му суди суд за малолетници или да му се назначи бранител од страна на државата. Не би можело да се рече дека тој активно учествувал во постапката, бидејќи тој немал правен застапник кога бил испрашуван од полицијата, обвинителството и судијата, а поради здравствената состојба тој не можел да присуства на повеќето од судењата.
Фактот што подоцна на апликантот му е назначен правен застапник не би можело да го измени заклучокот дека адвокатот кој првично му бил доделен да го брани не присуствувал на повеќето рочишта и тој бил без правна помош во клучни фази на повтореното судење, се додека вториот адвокат не ја презел одбраната. Судот прифаќа дека вообичаено државата не може да се смета за одговорна за однесувањето на адвокатот на обвинетиот, освен доколку тој е назначен по службена должност и покажал дека не може делотворно да пружи правна помош. Меѓутоа, иако првиот бранител на апликантот не му бил назначен по службена должност, сепак Судот смета дека во случајот на апликантот постојат голем број на фактори – неговата возраст, сериозноста на обвинението, контрадикторностите во обвинението, очигледниот пропуст на првиот адвокат соодветно правно да го застапува и големиот број на отсуства на апликантот од рочиштата – врз основа кои првостепениот суд можел да заклучи дека на апликантот веднаш му била неопходна правна помош. Немањето соодветен правен застапник ги потенцирало последиците од неспособноста на самиот апликант делотворно да учествува во судењето и со тоа го повредило неговото право на правично судење.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41 – Досуден е износ од 45.000 EUR на име нематеријална штета, поради посебно тешките околности во случајот и повеќекратните повреди.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy