© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈОТ НА ХАМАЛАИНЕН против ФИНСКА
(Жалба бр. 37359/09)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
16 јули 2014 г.
Оваа пресуда е конечна но може да подложи на уредничка ревизија.
Во случајот на Хамалаимен против Финска,
Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет составен од:
Диан Шпилман (Dean Spielmann), претседател,
Хосеп Касадевал (Josep Casadevall),
Гвидо Раимонди (Guido Raimondi),
Инета Зиемеле (Ineta Ziemele),
Марк Вилигер (Mark Villiger),
Изабел Беро-Лефевр (Isabelle Berro-Lefèvre),
Канлар Хаџијев (Khanlar Hajiyev),
Дануте Јочиене (Danutė Jočienė),
Паиви Хирвела (Päivi Hirvelä),
Андраш Шају (András Sajó),
Линос-Александер Сицилианос (Linos-Alexandre Sicilianos),
Ерик Мосе (Erik Møse),
Хелен Келер (Helen Keller),
Андре Потоцки (André Potocki),
Пол Леменс (Paul Lemmens),
Валериу Гритско (Valeriu Griţco),
Фарис Вехабовиќ (Faris Vehabović), судии,
и Јохан Калеваерт (Johan Callewaert), заменик секретар на Големиот судски совет,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на 16 октомври 2013 година и 11 јуни 2014 г.,
Ја донесе следнава пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнува од жалба (бр. 37359/09) против Република Финска поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од страна на финската државјанка, г-ата Хели Маарит Ханеле Хамалаинен („жалителката“), на 8 јули 2009 година. Откако на почетокот беше означена само со иницијалот Х., жалителката подоцна се согласи да го обелодени своето име.
2. Жалителката беше застапувана од г-динот Константин Кожокариу, адвокат со пракса во Лондон. Финската Влада („Владата“) беше застапувана од својот агент, г-динот Арто Косонен, од Министерството за надворешни работи.
3. Жалителката тврдеше, конкретно, во однос на членовите 8 и 14 од Конвенцијата дека нејзиното право на приватен и семеен живот било повредено кога целосното признавање на нејзиниот род било условено со трансформирање на нејзиниот брак во регистрирано партнерство.
4. Жалбата ѝ биле доделена на Четвртата секција на Судот (Правило 52 § 1 од Деловникот на Судот). На 13 ноември 2012 година Судскиот совет во состав од Лех Гарлицки, Паиви Хирвела, Јоргос Николау, Леди Бјанку, Здравка Калајџиева, Небојша Вучиниќ и Винсент А. де Гаетано, како и Лоренс Иерли, секретар на секцијата, ја усвои својата пресуда. Тој едногласно одлучи да ги прогласи жалбите во однос на членовите 8, 12 и 14 од Конвенцијата за допуштени, а остатокот од жалбата за недопуштена, и одлучи дека немало повреда на членот 8 од Конвенцијата, немало повреда на членот 14 разгледан заедно со членот 8 од Конвенцијата и дека немало потреба да се разгледа случајот во однос на членот 12 од Конвенцијата.
5. На 13 февруари 2013 г. жалителката побара случајот да биде упатен до Големиот судски совет согласно членот 43 од Конвенцијата, а панелот на Големиот судски совет го прифати барањето на 29 април 2013 г.
6. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите од член 26 §§ 4 и 5 од Конвенцијата и правилото 24 од Деловникот на Судот. На последната расправа Дануте Јочиене и понатаму присуствуваше на случајот по истекувањето на нејзиниот мандат (член 23 § 3 од Конвенцијата и правило 24 § 4).
7. И жалителката и Владата поднесоа дополнителни забелешки на писмено (правило 59 § 1) во однос на основаноста. Исто така беа примени коментари од Амнести Интернешнал (Amnesty International) и Трансродова Европа (Transgender Europe) на кои претседателот им дозволи да интервенираат во писмената постапка (член 36 § 2 од Конвенцијата и правилото 44 § 3).
8. Расправата беше јавна и се одржа во Зградата на човековите права во Стразбур на 16 октомври 2013 година (правило 59 § 3).
Пред Судот се појавија:
(a) за Владата
Г-динА. Косонен (A. Kosonen), директор, Министерство за надворешни работи, агент,
Г-аС. Силвола (S. Silvola), виш советник, Министерство за правда,
Г-аМ. Фаурие (M. Faurie), виш референт, Министерство за социјални прашања и здравство,
Г-аК. Фокин (K. Fokin), правник, Министерство за надворешни работи, советници;
(б) за жалителката
Г-дин Ц. Кожокариу (C. Cojocariu), адвокат, Interights, адвокат,
Г-аВ. Вандова (V. Vandova), директор за правни прашања, Interights, советник.
И жалителката беше присутна.
Судот ги сослуша обраќањата на г-динот Косонен, г-динот Кожокариу и г-ата Силвола како и нивните одговори на прашањата поставени од судиите Хирвела, Шају и Леменс.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
9. Жалителката е родена во 1963 година и живее во Хелсинки.
10. Жалителката се родила како машко. Таа секогаш чувствувала дека е женско во машко тело но решила да се справи со ситуацијата. Во 1996 г. се венчала за жена и во 2002 година им се родило дете.
11. Жалителката почнала да се чувствува полошо во 2004 г., и во 2005 г. одлучила да побара лекарска помош. Во април 2006 г. била дијагностицира како трансексуална. Од тогаш наваму живеела како жена. На 29 септември 2009 г. направила операција за промена на полот.
12. На 7 јуни 2006 г. жалителката си ги сменила личните имиња и ги обновила пасошот и возачката дозвола но не можела да го смени својот матичен број. Матичниот број и понатаму означува дека е машко, како и нејзиниот пасош.
А. Постапки за промени на матичниот број
13. На 12 јуни 2007 г. жалителката побарала локалната матична служба (maistraatti, magistraten) да го потврди нејзиниот статус на жена и да го промени нејзиниот машки матичен број во женски со оглед дека истиот повеќе не кореспондирал на актуелната реалност.
14. На 19 јуни 2007 г. локалната матична служба го одбила барањето на жалителката. Тие одлучиле дека согласно членовите 1 и 2 од Законот за трансексуални личности (потврда на родот) (laki transseksuaalin sukupuolen vahvistamisesta, lagen om fastställande av transsexuella personers könstillhörighet) за потврдувањето на таквиот статус потребно било лицето да не е во брак или брачниот другар да даде своја согласност (види параграф 29 долу). Со оглед дека сопругата на жалителката не дала согласност за трансформирање на нивниот брак во регистрирано партнерство (rekisteröity parisuhde, registrerat partnerskap), новиот род на жалителката не можел да биде регистриран во матичната книга на населението.
15. На 6 јули 2007 г. жалителката започнала постапка во Хелсиншкиот управен суд (hallinto-oikeus, förvaltningsdomstolen) каде се жалела меѓу другото дека одлуката на нејзината сопруга да не даде согласност, на што сосема имала право бидејќи и двајцата претпочитале да останат во брак, значело дека жалителката не можела да биде регистрирана како женско. Разводот би бил против нивните религиозни убедувања. Регистрираното партнерство не ја обезбедувала истата безбедност како и бракот и меѓу другото би значело дека нивното дете би се наоѓало во ситуација различна од децата родени во брак.
16. На 5 мај 2008 г. Хелсиншкиот управен суд ја отфрлил жалбата на жалителката по истиот основ како и локалната матична служба. Исто така тој утврдил, меѓу другото, дека оспорената одлука од 19 јуни 2007 г. не била спротивна на членот 6 од Уставот со оглед дека партнери од ист пол имале можност со регистрирање на својата врска да потпаднат под заштитата на законот за семејство на начин делумно споредлив со бракот. Исто така, членовите 1 и 2 од Законот за трансексуални личности (потврда на родот) не ги повредувале уставните права на детето на жалителката.
17. На 8 мај 2008 г. жалителката се жалела пред Врховниот управен суд (korkein hallinto-oikeus, högsta förvaltnings-domstolen), повторувајќи ги основите поднесени пред локалната матична служба и Управниот суд. Таа исто така побарала од судот да поднесе барање за прелиминарна пресуда до Судот на правдата на Европските заедници, и поконкретно толкување на член 8 од Европската конвенција за човекови права. Упатувајќи на членовите 8 и 14 од Конвенцијата, жалителката тврдела дека државата не требала да ѝ каже дека регистрираното партнерство било соодветно за неа, особено кога ова барало од нејзината сопруга да стане лезбејка. Нивниот сексуален идентитет бил приватно прашање кое не можело да биде услов за потврдување на родот. Трансродовата состојба е медицинска состојба која потпаѓа во опсегот на приватниот живот. Државата го кршела нејзиното право на приватност секој пат кога нејзиниот матичен број откривал дека е трансексуална личност. Исто така таа тврдела дека доколку нејзиниот брак бил трансформиран во регистрирано партнерство, тоа би значело дека таа повеќе немала да може да му биде татко на своето дете, а истовремено немало да може да му биде мајка, бидејќи едно дете не може да има две мајки.
18. На 3 февруари 2009 г. Врховниот управен суд го одбил барањето на жалителката да побара прелиминарна пресуда и ја отфрлил нејзината жалба. Тој утврдил дека со усвојувањето на Законот за трансексуални личности (потврда на родот) законодавецот немал намера да го смени фактот дека само маж и жена можат да стапат во брак, а партнерите од ист пол имаат врска која е судски потврдена со нејзиното регистрирање. Европскиот суд за човекови права утврдил согласно членот 12 од Конвенцијата дека немало никаква прифатлива основа за оспорување на правото на трансексуалците да се венчаат туку дека маргината на дискреционото право во однос на ова прашање е широка. Не било возможно согласно финското право за лица од ист пол да се венчаат, но во ваков случај можеле да стапат во регистрирано партнерство. Што се однесува до правните и економските последици едно регистрирано партнерство во суштина можело да се спореди со брак. Прашањето на трансформирањето на институцијата брак во родово неутрална институција вклучувало бројни битни етички и религиозни вредности и барало Парламентот да усвои закон. Актуелната состојба на законот била во рамките на маргината на дискреционото право што ѝ е дадено на државата со Европската конвенција.
Б. Вонредни постапки
19. На 29 октомври 2009 г. жалителката поднела вонредна жалба пред Врховниот управен суд, со барање да ја отфрли својата претходна одлука од 3 февруари 2009 година. Таа изјавила дека таа направила операција за промена на полот на 29 септември 2009 г. и повеќе не можела да докаже дека таа била машко како што било назначено во нејзиниот матичен број и пасош. Иако за потребите на бракот таа и понатаму била сметана за машко, факт е дека не требала да биде дискриминирана по основ на нејзиниот род.
20. На 18 август 2010 година Врховниот управен суд ја отфрлил вонредната жалба.
В. Други постапки
21. На неутврден датум жалителката исто така поднела жалба до Народниот правобранител за еднаквост (Tasa-arvovaltuutettu, Jämställdhets-ombudsmannen) со жалба, меѓу другото дека имала погрешен матичен број.
22. На 30 септември 2008 г. Народниот правобранител за еднаквост изјавила дека не можела да заземе став во однос на прашањето поврзано со матичниот број со оглед дека ова прашање веќе било решено во Управниот суд, а народниот правобранител не бил надлежен да врши надзор на судовите. Исто така истото прашање чекало на одлука и пред Врховниот управен суд.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
А. Уставот
23. Членот 6 од Уставот (Suomen perustuslaki, Finlands grundlag; Закон бр. 731/1999) уредува:
„Секој е еднаков пред законот.
Со никој нема, без прифатлива причина, да се постапува на начин различен од постапувањето со други лица врз основа на пол, возраст, потекло, јазик, вероисповед, убедување, мислење, здравје, хендикеп или друга причина која се однесува на неговата или нејзината личност. Со децата ќе се постапува како со еднакви и како со личности и ќе им се дозволи да влијаат на прашањата кои се однесуваат на нив самите до степен кој кореспондира на нивното ниво на развој.
Ќе се промовира еднаквост на половите во општеството и работниот живот, особено при утврдување на платите и другите услови за вработување како што е предвидено во детали во Законот [што се применува].“
Б. Закон за брак
24. Членот 1 од Законот за брак (avioliittolaki, äktenskapslagen; Act no. 411/1987) уредува дека бракот е заедница меѓу маж и жена.
25. Членот 115 од истиот Закон (согласно измените со Законот 226/2001) го предвидува следново:
„Брак склучен меѓу жена и маж во странска држава пред службен орган на таа држава ќе важи во Финска доколку истиот е валиден во државата во која е склучен или во држава чиј државјанин е еден од сопружниците или во која некој од сопружниците имал вообичаен престој во времето на склучување на бракот.“
В. Закон за регистрирано партнерство
26. Согласно член 1 од Законот за регистрирано партнерство (laki rekisteröidystä parisuhteesta, lagen om registrerat partnerskap; Закон бр. 950/2001), партнерство меѓу две лица од ист пол и постари од 18 години може да се регистрира согласно одредбите од Законот.
27. Член 8, потстав 1 од истиот Закон предвидува дека:
„регистрираното партнерство ќе ги има истите правни последици како и склучен брак освен ако не е поинаку уредено.“
Г. Закон за трансексуални личност (потврда на родот)
28. Членот 1 од Законот за трансексуални личности (потврда на родот) (laki transseksuaalin sukupuolen vahvistamisesta, lagen om fastställande av transsexuella personers könstillhörighet; Закон бр. 563/2002) уредува дека ќе се утврди дека едно лице му припаѓа на спротивниот пол од оној што е забележан во матичната книга на населението доколку тој или таа
„1) обезбеди медицинска потврда дека тој или таа апсолутно се чувствува дека му припаѓа на спротивниот род и живее на начин кој кореспондира на улогата на тој род и дека тој или таа бил/а стерилизиран/а или од некоја друга причина не може да репродуцира;
2) е постар/а од 18 години;
3) не е во брак или регистрирано партнерство; и
4) е државјанин на Финска или има жителство во Финска.“
29. Членот 2 од Законот предвидува исклучоци од условот за брачниот статус. Брак или регистрирано партнерство не спречува да се добие потврда на родот доколку брачниот другар или партнер лично ја даде својата согласност за тоа пред локалната матична служба. Кога припадноста на спротивниот пол е потврдена, бракот се претвора автоматски, без дополнителни дејствија во регистрирано партнерство, а регистрираното партнерство во брак. Оваа промена е забележана во матичната книга на населението.
30. Travaux préparatoires на Законот за трансексуалци (потврда на родот) (Законски нацрт на Владата HE 56/2001 vp) вели, меѓу другото, дека утврденото татковство не може да се поништи по основ дека еден маж последователно станал жена. Слично на тоа една жена која родила дете законски останува мајка на детето дури и ако подоцна стане маж. Обврските околу старателството, грижата и издржувањето на едно дете пред сè се засноваат на родителството. Оттука промената на родот на еден родител не влијае на тие права и обврски.
III. КОМПАРАТИВНО ПРАВО
31. Од информациите достапни на Судот се чини дека десет земји-членки на Советот на Европа дозволуваат истополов брак (Белгија, Данска, Франција, Исланд, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска, Холандија и Обединетото Кралство (само Англија и Велс)).
32. Исто така се чини дека дваесет и четири земји членки (Албанија, Андора, Азербејџан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Естонија, Грузија, Грција, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, поранешната југословенска Република Македонија, Молдавија, Монако, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија и Словачка) немаат јасна правна рамка за препознавање на правниот род или никакви правни одредби кои конкретно се занимаваат со статусот на лицата во брак кои ќе се подложат на менување на родот. Отсуството на правна регулатива во овие земји-членки остава многу неодговорени прашања меѓу кои е и судбината на бракот склучен пред операцијата за промена на родот. Во шест земји-членки (Унгарија, Италија, Исланд, Малта, Турција и Украина) постои релевантното законодавство за признавање на родот. Во тие земји законската регулатива конкретно бара лицето да не е во брак или да е разведено или постојат општи одредби во граѓанските закони или одредбите од законот за семејство во кои се вели дека по промената на полот секој постоечки брак ќе се поништи и прогласи за неважечки или раскине. Исклучоци кои дозволуваат едно лице што е во брак да добие правно признавање на неговиот или нејзиниот соодветен род без да се стави крај на претходно постоечкиот брак постојат само во три земји-членки (Австрија, Германија и Швајцарија).
33. Оттука се чини дека кога не е дозволен истополов брак, само три земји-членки дозволуваат исклучок што ќе му овозможи на лицето што е во брак да му биде правно признат неговиот или нејзиниот стекнат род без да стави крај на својот постоечки брак. Во дваесет и четири земји-членки ставот е доста нејасен со оглед на отсуството на конкретна законска регулатива.
ПРАВОТО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
34. Жалителката се жалеше согласно членот 8 од Конвенцијата дека нејзиното право на приватен и семеен живот било повредено кога целосното признавање нејзиниот нов род било условено со трансформирањето на нејзиниот брак во регистрирано партнерство.
35. Членот 8 од Конвенцијата го вели следново:
„1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.
2. Јавните власти не смеат да се мешаат во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање не е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, или економската благосостојба на земјата, спречување на нереди или кривично дело, заштитата на здравјето или моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество.“
А. Пресудата на Судскиот совет
36. Во својата пресуда на 13 ноември 2012 г. Судскиот совет одлучи дека фактите во случајот потпаѓале под опсегот на членот 8 од Конвенцијата и во рамките на опсегот на „приватниот живот“. Имало мешање во правото на жалителката на почитување на нејзиниот приватен живот во однос на тоа дека не ѝ бил доделен нов матичен број за жена. Ова мешање имало основ во националниот закон, имено, во член 2, потстав 1, од Законот за трансексуалци (потврда на родот). Мешањето оттука било „во согласност со законот“ и се водело од легитимната цел за заштита на „здравјето и моралот“ и „правата и слободите на другите“.
37. Во однос на тоа дали оспорените мерки биле неопходни во едно демократско општество, Судскиот совет забележа дека жалителката и нејзината сопруга биле законски венчани согласно домашното право и дека сакале да останат венчани. Согласно домашниот закон брак бил дозволен меѓу лица од спротивен пол, а истополов брак не бил дозволен. Жалителката можела да добие нов матичен број како жена само доколку нејзината сопруга се согласела нивниот брак да биде трансформиран во регистрирано партнерство. Доколку не била добиена таква согласност, жалителката можела да избира меѓу тоа да остане во брак и да ги толерира непријатностите заради машкиот матичен број или да се разведе од својата сопруга.
38. Судскиот совет сметаше дека ова биле две спротивставени права кои требале да бидат избалансирани, имено, правото на жалителката на почитување на приватниот живот преку обезбедување на нов женски матичен број и интересот на државата за одржување на традиционалната институција на бракот како таква. Остварувањето на првото при што би останала во брак би значело истополов брак меѓу жалителката и нејзината сопруга, што не било дозволено со актуелното законодавство што било на сила во Финска. Судскиот совет повтори дека согласно судската пракса на Судот, членот 12 од Конвенцијата не ја наметнува обврската за земјата договорничка да им дозволи брак на парови од ист пол. Ниту пак членот 8, одредба од поопшта намена и опсег, би се толкувала дека наметнува таква обврска. Судот исто така одлучи дека прашањето на регулирање на ефектите од промената на родот во контекст на бракот потпаѓа во рамките на дискреционото право на земјата договорничка.
39. Судскиот совет забележа дека консензус за истополовите бракови еволуирал во европски контекст, и дека некои земји-членки на Советот на Европа веќе имаат вклучено таква можност во своите законодавства. Меѓутоа во Финска оваа можност не постоела, иако во моментот се разгледувала од Парламентот. Од друга страна, правата на истополовите парови биле заштитени со можноста да регистрираат партнерство. Иако е точно дека жалителката секојдневно се соочувала со ситуации во кои погрешниот матичен број ѝ креирал непријатности, Судскиот совет сметал дека жалителката имала вистинска можност да ја смени состојбата: нејзиниот брак можел во секој момент, ex lege, да биде трансформиран во регистрирано партнерство со согласноста на нејзината сопруга. Доколку немало таква согласност, жалителката имала можност да се разведе.
40. За Судскиот совет не било несразмерно да се бара сопругата да даде согласност за таквата промена со оглед дека и нејзините права биле засегнати. Ниту пак било несразмерно бракот на жалителката да биде трансформиран во регистрирано партнерство со оглед дека истото претставувало вистинска можност со оглед дека обезбедувало правна заштита за истополовите парови што била речиси идентична на брак. Исто така, иако во бракот имало дете, во ниеден момент не се сугерирало дека ова дете или кое и да било друго лице би било погодено на негативен начин доколку бракот на жалителката бил трансформиран во регистрирано партнерство. Правата на жалителката и обврските кои произлегуваат било од татковството или родителството не би се смениле доколку нејзиниот брак бил трансформиран во регистрирано партнерство. Судскиот совет затоа сметаше дека не било покажано дека последиците од финскиот систем биле несразмерни, и дека била постигната правична рамнотежа меѓу спротивставените интереси. Соодветно на тоа нема повреда на членот 8 од Конвенцијата.
Б. Изјаснување на странките
1. Жалителката
41. Жалителката тврдеше дека согласно домашното право, таа била принудена да избере меѓу две основни права признати со Конвенцијата, имено, нејзиното право на сексуално самоопределување и нејзиното право да остане во брак, со последица дека таа била ефективно натерана да одбере едно од нив. Таквото законодавство ја ставило во дилема. Во таа смисла таа упатила на пресуда на Германскиот сојузен уставен суд од 27 мај 2008 г. Целта на жалбата не била да ги пренесе правата од бракот на истополовите парови туку да го сочува својот претходен брак со нејзината сопруга. Во нејзиниот случај истополовиот брак бил ненамерен и случаен исход од правното признавање на родот. Таа барала заштита на претходно стекнато право, а не на пресумптивното право да се венча со жена.
42. Жалителката тврдеше дека имало повреда на нејзиниот приватен и семеен живот. Следејќи го размислувањето на Судот во случаите Пери против Обединетото Кралство (Parry v. the United Kingdom (dec.), no. 42971/05, ECHR 2006‑XV) и Дадуш против Малта (Dadouch v. Malta, no. 38816/07, 20 July 2010) аспектот на семејниот живот во случајот не може да се исклучи. Маргината на дискреционото право треба да биде потесна кога особено важен аспект од постоењето или идентитетот на лицето бил во прашање. Во нејзиното изјаснување Судот треба дополнително да го стесни и да се насочи кон отстранување на условот за развод во контекст на правното признавање на родот. Дискреционото право не може да се прошири во насока да им се дозволи на државите да го прекинат бракот по свој избор.
43. Жалителката се изјасни дека условот за развод наметнат од Законот за трансексуални личности бил непотребна и несразмерна повреда на нејзините права согласно членот 8. Балансирањето од страна на Судскиот совет било суштински погрешно заради неколку причини.
44. Најпрво Судскиот совет не успеал да го измери при балансирањето стекнатото право на жалителката и на нејзиното семејство да бидат во брак. Доколку жалителката изберела да ѝ се признае родот ова ќе значело прекин на нејзиниот брак било со развод или со негова трансформација во регистрирано партнерство. Обете сценарија вклучувале прекин на бракот. Конвертирањето во регистрирано партнерство било слично на развод со оглед дека последиците од конвертирањето важеле само за во иднина Бидејќи била потребна согласност на сопругата, разводот во овие услови бил „наметнат“ од државата. Задолжителното прекинување на бракот на жалителката битно ќе ги поткопало нејзините права согласно Конвенцијата како и правата на нејзината сопруга и ќерка. Таквото поништување на важечки брак би ја оспорил суштинската заложба за постојаноста на бракот, по што се разликува од другите односи. Бракот и понатаму се квалификувал за највисок степен на заштита согласно членот 8 од Конвенцијата. Жалителката и нејзината сопруга биле во брак седумнаесет години, сè уште живееле заедно и имале дете заедно. Преживувањето на нивната врска и покрај промената на родот на едниот брачен другар демонстрирало висок степен за заемна предаденост на сопружниците. Важна дистинкција и понатаму постои меѓу бракот и регистрираното партнерство: кога женскиот партнер во регистрирано партнерство родила дете, двајцата родители автоматски не стануваат родители како што е во случај на брак. Ниту пак посвојување е можно доколку ниеден од родителите не бил биолошки родител на детето што треба да се усвои. Жалителката и нејзиното семејството ќе ги изгубиле овие права кои не биле незначителни, доколку се согласеле да стапат во регистрирано партнерство. Исто така постоел сомнеж до која мерка правниот однос родител-дете меѓу жалителката и нејзиното дете ќе преживеале бидејќи немало никакви одредби во врска со тоа во Законот за трансексуални личности. Сопружниците го склучиле бракот со мисла, инспирирана од нивните длабоки религиозни убедувања дека ќе им трае цел живот. Тие не сакале да се откажат од својот брак под никакви услови. Промената на родот на жалителката не значело трансформација на парот во хомосексуален пар. Сопругата на жалителката која влегла во хетеросексуална врска пред седумнаесет години, и понатаму била хетеросексуална. Соодветно на тоа, намалувањето на важноста на врската на жалителката на регистрирано партнерство не ја отсликувало актуелната реалност на позицијата на сопругата на жалителката. Таа била принудена да направи невозможен избор меѓу тоа да ја поддржи жалителката или да го сочува бракот. Нивното дете би се нашло во состојба слична на вонбрачно родено дете.
45. Второ, жалителката тврдеше дека Судскиот совет не придал доволна важност на нејзиното право на полово самоопределување. Отсуството на правно признание на женскиот род на жалителката имало длабоки импликации врз нејзиниот секојдневен живот. Таа ефективно била присилена да ја открие својата трансексуална состојба на непознати во секојдневни ситуации кои многу луѓе ги земале здраво за готово. На пример жалителката патувала многу заради својата работа, но нејзиниот пасош и понатаму покажувал дека таа била маж. Кога патувала со својот актуелен пасош била принудувана да купува авионски карти на кои стоело „г-дин“. Нејзиниот изглед со женски одлики на аеродромот, а со пасош на кој стоело дека му припаѓа на машкиот род неизбежно доведувало до наметливи прашања, задржување, забуни и непријатности. Со оглед дека Финска ѝ дозволила на жалителката да го смени личното име за истото да кореспондира на нејзиниот женски идентитет, било нелогично да не ѝ се дозволи правно да ѝ биде признаен нејзиниот род во оваа фаза со што се остава заглавена на територијата меѓу двата пола на потенцијално неодредено време. Жалителката избрала да стане трансексуалец и за тоа не требала да биде казнета со тоа што би била лишена од нејзиниот брак. Условот дека правното признавање на нејзиниот род зависел од прекинот на нејзиниот брак не им дозволувало на финските судови да носат индивидуализирани проценки земајќи ги во предвид околностите специфични за жалителката. Во случајот на Шлумф против Швајцарија (Schlumpf v. Switzerland, no. 29002/06, 8 January 2009) Судот утврдил повреда во слични околности. Домашните судови исто така не ги земале во предвид другите алтернативи кои не барале прекин на бракот.
46. Трето, жалителката тврдела дека претпоставката на Судскиот совет дека интересот на државата за заштита на бракот би бил фатално поткопан доколку на трансексуалните личности им се дозволело да стапат во брак било неточно. Судскиот совет погрешно претпоставил дека единствениот интерес од јавна вредност во случајот била заштитата на хетеросексуалниот карактер на бракот. Жалителката конкретно не ја оспори важноста да се сочува хетеросексуалниот брак, но тврдеше дека присилувањето таа да се разведе за да се стекне со правно признавање на родот било непотребен и несразмерен начин да се постигне целта на државата. Да им се дозволи на трансексуалците да се венчаат само маргинално има последици по хетеросексуалниот брак со оглед дека таквите случаи биле крајно ретки. De facto или de jure истополовите бракови може веќе и постојат во Финска со оглед дека брак на лица во иста ситуација како жалителот креирал појава на истополов брак. Исто така правното признавање на родот добиено во странска држава важело и во Финска.
47. Дополнително, жалителката тврдеше дека Судскиот совет не успеал соодветно да ги согледа најновите меѓународни трендови за напуштање на задолжителниот услов за развод, законската рамка за истополов брак и развод со слободна согласност. Напуштањето на условот за задолжителен развод било постигнувано или со експлицитна дозвола за трансексуалците да стапат во брак или со закон за истополови бракови. Жалителката упати на компаративните правни студии во врска со правното признавање на родот и условите за брачен статус.
48. Во Финска исто така имало тренд во насока на укинување на задолжителниот услов за развод. Народниот правобранител за еднаквост во 2012 предложил дека еднаквите права за брак за сите би можеле да бидат решение кога би се дозволило продолжување на бракот кога еден од сопружниците бил трансродов. Комесарот за човекови права на Советот на Европа исто така апелирал да се укине условот за развод по неговата посета на Финска во 2012 година. Во тој контекст финската Влада ја презела обврската да формира работна група за проверка на можноста за реформирање на оспорената законска рамка. Исто така постоел и европски и меѓународен тренд во насока на овозможување на истополови бракови. Десет европски држави во моментов дозволувале истополов брак. Состојбата во Финска исто така се очекувало да се смени во блиска иднина. Во февруари 2013 година Парламентарната законодавна комисија изгласала нацрт подзаконски акт со тесно мнозинство од девет наспроти осум гласови. Јавната поддршка за истополов брак исто така пораснала од 45% во 2006 г. на 58% во март 2013 г.
2. Владата
49. Владата се согласи со размислувањето и заклучокот на Судскиот совет во смисла дека немало повреда на членот 8 од Конвенцијата во актуелниот случај. Тие забележале дека оспореното законодавство било усвоено со цел да се спречи нееднаквоста предизвикана од административните пракси низ целата земја и со цел да се постават кохерентни предуслови за правно признавање на родот. Подзаконскиот акт првично барал лицето кое бара правно признавање на родот да не биде во брак или да не биде во регистрирано партнерство и не дозволувал неговиот или нејзиниот брак или регистрирано партнерство да продолжи во друга законски призната форма. На ова се гледало како неразумно во текот на законската постапка и затоа бил воведен механизмот за конверзија во одредбата. Од стапувањето на сила на Законот најмалку петнаесет бракови биле трансформирани во регистрирани партнерства и шеснаесет регистрирани партнерства во бракови. Во девет случаи сопружниците имале заеднички деца и во ниеден од тие случаи немало промена на правниот однос меѓу родителот и детето.
50. Владата забележа дека жалителката во повеќе прилики во своите забелешки погрешно упатила на задолжителна законска обврска за развод. Меѓутоа доколку била добиена дозвола од брачниот другар, бракот автоматски, ex lege, би бил трансформиран во регистрирано партнерство. Изразот „се трансформира“ во членот 2 од Законот експлицитно се користи за да се илустрира фактот дека законската врска продолжила само со промена во називот и помали измени во содржината на врската. Овој континуитет ги задржал одредени произлезени права како што е пензија за вдовецот/вдовицата и не креирал право или обврска за поделба на имотот меѓу сопружниците. Времетраењето на врската се сметало од почетокот на врската, а не од промената во називот. Исто така правата и обврските во однос на родителството не зависеле од родот на родителот. Последователно немало задолжителен развод во Финска, туку, напротив, можноста за развод била дискреционо право на жалителката. Финското законодавство нудело шанса за помирување на правото на сексуално самоопределување и правото да се стапи во брак, во форма на регистрирано партнерство.
51. Владата посочи дека единствените разлики меѓу бракот и регистрираното партнерство се јавувале во две инстанци: одредувањето на татковство врз основа на брак не важело за регистрираните партнерства, ниту одредбите од Законот за усвојување или Законот за имиња во однос на семејното име на брачниот другар. Меѓутоа регистрираниот партнер можел да го усвои детето на другиот партнер. Овие исклучоци важеле само во оние случаи во кои родителството не било утврдено претходно. Татковството утврдено врз основа на брак или утврдено татковство не можело да се поништи по основ дека мажот подоцна се подложил на операција за промена на родот и станал жена. Ниту пак промената на родот на таткото имала некакви правни последици во однос на неговата обврска за грижа, старателство или издржување на детето, бидејќи таквата обврска се засновала на родителството, без разлика на полот или обликот на партнерството. Жалителката не ни тврдела дека нејзините законски права и обврски би биле намалени доколку нејзиниот брак бил трансформиран во регистрирано партнерство, туку се потпирала на социјалното и симболичкото значење на бракот. Владата нагласи дека законските права и обврски на жалителката виз-а-ви нејзиното дете кои произлегувале или од татковството или од родителството немале да се сменат, а жалителката не обезбедила никакви докази во спротивна насока. Финскиот закон не наметнувал задолжителен развод на жалителката ниту поништување или раскинување на бракот. Ниту пак имало докази за можни импликации по приватниот или семејниот живот на жалителката бидејќи можела да продолжи со семејниот живот без проблеми.
52. Владата забележа дека иако Сојузниот уставен суд на Германија во својата пресуда од 27 мај 2008 утврдил дека слична ситуација била неуставна, му оставил на законодавецот да одлучи на кој начин ќе ја поправи ситуацијата. Според тој суд еден брак може да се трансформира во регистрирано граѓанско партнерство или законски обезбедено партнерство sui generis но правата што парот ги стекнал и обврските што му се наметнати со бракот останувале непроменети. Финските одредби биле во согласност со споменатата пресуда на Сојузниот уставен суд на Германија.
53. Владата заклучила дека сè уште не постоел европски консензус кој дозволувал трансексуален брак да постои по постоперативното правно признавање на родот или кој дозволувал истополови бракови. Последователно, дискреционото право на државата треба да биде широко и треба да може да ги регулира последиците од промената на родот кај претходно склучени бракови.
3. Забелешките на третата странка
(а) Амнести интернешнал (Amnesty International)
54. Амнести интернешнал забележаа дека сите договори за човекови права, колку што е можно, треба да се толкуваат усогласено со целта да се поттикне единствена група на компатибилни обврски. Ова е добро утврдено во меѓународното право за човекови права дека општата забрана на дискриминацијата вклучува и забрана на дискриминација по основ на сексуалната ориентација. И родовиот идентитет и сексуалната ориентација биле поврзани со крајно субјективни сфаќања за себе. Честопати дискриминацијата заснована на сексуална ориентација или родов идентитет го нашла својот израз во семејните односи. Кај многу од овие случаи, судските органи имаат заклучено дека државите немаат изнесено разумни, убедливи, објективни или издржани аргументи за да ја оправдаат дискриминацијата на поединци по основ на нивната сексуална ориентација. Стереотипи формирале одредена форма на дискриминација кога тие резултирале со различно постапување кое го поништувало или попречувало уживањето на човековите права или основните слободи. Многу разлики во постапувањето засновани на сексуалната ориентација имале свои корени во стереотипи за родовите улоги.
55. Истополовите врски се правно признати како еднакви на паровите од различен пол во многу јурисдикции, но законите во многу земји и понатаму правеле многу разлики. Доколку двајца поединци во еден пар се идентификувани како жени се сметаат за лезбејки. Ова поврзување влијаело на достоинството и правата на личноста преку наметнување на родова дефиниција која може да не е усогласена со тоа како лицето гледа на себе. Таквото поврзување исто така било непотребно доколку законот го доделувал истиот статус и истите права на сите парови. Државите не можеле да наметнат некое одредено гледање на правата на оние кои не ја споделувале таа визија. Традициите и вредностите не можеле да ги оправдаат ограничувањата на правата дури и ако овие традиции и вредности се споделени од мнозинството во општеството.
(б) Трансродова Европа
56. Трансродова Европа поднесе во своите забелешки компаративни информации за состојбата во различни земји-членки на Советот на Европа што се однесува до правното признавање на новиот род на трансродовите лица. Во некои земји-членки на Советот на Европа трансродовите лица не можеле да се стекнат со никакво правно признавање на нивниот род додека во други земји-членки правното признавање на родот се правело на повеќе различни начини. Некои од земјите-членки или дозволувале истополови парови да стапат во брак или нуделе опција за регистрирано партнерство. Од државите кои нуделе мислење за регистрираното партнерство, некои држави во моментов барале задолжително прекинување на бракот додека други не. Генерално, постоела силна тенденција меѓу земјите-членки на Советот на Европа да го ревидираат својот пристап како резултат на Препораката (2010)5 на Комитетот на министри за мерките за борба против дискриминацијата по основ на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, усвоена на 31 март 2010 г. Повеќето од новите закони, ревизии и актуелни политички дискусии покажаа дека земјите-членки повеќе го земале во предвид правото на самоопределување на трансродовите поединци при креирањето на законската рамка.
В. Оценка на Судот
1. Применливоста на членот 8 од Конвенцијата
57. Во овој случај жалителката ја формулираше својата жалба под член 8 од Конвенцијата и Владата не ја оспори применливоста на таа одредба.
58. Судот забележува дека жалителката барала да ѝ биде сменет матичниот број од матичен број за маж во матичен број за жена откако се подложила на операција за промена на родот, со што нејзиниот стар машки матичен број веќе не кореспондирал на реалноста.
59. Судот одлучил во повеќе прилики дека после операцијата трансексуалците можат да тврдат дека се жртви на повреда на неговото или нејзиното право на почитување на приватниот живот спротивно на член 8 од Конвенцијата заради отсуство на правно признавање на нејзиниот или неговиот род (види на пример, Grant v. the United Kingdom, no. 32570/03, § 40, ECHR 2006-VII; и L. v. Lithuania, no. 27527/03, § 59, ECHR 2007‑IV). Во актуелниот случај не е спорно дека состојбата на жалителката потпаѓа под сфаќањето за „приватен живот“ во рамките на значењето на член 8 од Конвенцијата.
60. Судот забележува дека актуелниов случај исто така вклучува и прашања кои може да имаат импликации по семејниот живот на жалителката. Согласно домашното право, конвертирањето на постоечкиот брак на жалителката во регистрирано партнерство бара согласност од неговата сопруга. Исто така жалителката и нејзината сопруга имаат дете заедно. Соодветно на тоа, Судот смета дека врската на жалителката со нејзината сопруга и дете потпаѓа под поимот „семеен живот“ во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата.
61. Членот 8 од Конвенцијата оттука се применува на овој случај и во однос на приватниот и во однос на семејниот живот.
2. Дали случајот вклучува позитивна обврска или мешање
62. Иако суштинскиот предмет на членот 8 е да се заштитат поединците од своеволното мешање од страна на јавните власти, тој исто така може да ѝ наметне на државата одредени позитивни обврски за да се обезбеди делотворно почитување на правата заштитени со членот 8 (види, меѓу другото, X and Y v. the Netherlands, 26 March 1985, § 23, Series A no. 91; и Söderman v. Sweden [GC], no. 5786/08, § 78, ECHR 2013).
63. Судот претходно има одлучено дека членот 8 им наметнува на државите позитивна обврска на своите граѓани да им го обезбедат правото на делотворно почитување на нивниот физички и психолошки интегритет (види на пример Nitecki v. Poland (dec.), no. 65653/01, 21 March 2002; Sentges v. the Netherlands (dec.) no. 27677/02, 8 July 2003; Odièvre v. France [GC], no. 42326/98, § 42, ECHR 2003‑III; Glass v. the United Kingdom, no. 61827/00, §§ 74-83, ECHR 2004‑II; и Pentiacova and Others v. Moldova (dec.), no. 14462/03, ECHR 2005‑I). Исто така оваа обврска може да вклучува и усвојување на конкретни мерки, вклучително и одредба за делотворни и достапни средства за заштита на правото на почитување на приватниот живот (види Airey v. Ireland, 9 October 1979, § 33, Series A no. 32; McGinley and Egan v. the United Kingdom, 9 June 1998, § 101, Reports of Judgments and Decisions 1998‑III; и Roche v. the United Kingdom [GC], no. 32555/96, § 162, ECHR 2005‑X). Таквите мерки можат да ги вклучат обете одредби на регулаторната рамка на судството и органите на прогонот за заштита на правата на поединците и за спроведување на овие мерки во различен контекст онаму каде ќе може (види A, B and C v. Ireland [GC], no. 25579/05, § 245, ECHR 2010).
64. Судот забележува дека постои нешто за што двете страни се согласуваат, а тоа е дека имало мешање во правото на жалителката на почитување на нејзиниот приватен живот во однос на тоа што не ѝ бил доделен нов – женски – матичен број. Судскиот совет исто така го испита случајот и од таа гледна точка. Меѓутоа Големиот судски совет смета дека прашањето што треба да го утврди Судот е дали почитувањето на приватниот и смеен живот вклучува и позитивна обврска за државата да обезбеди делотворна и достапна процедура што на жалителката ќе ѝ дозволи нејзиниот нов пол да ѝ биде признат правно, а при тоа да остане и во брак. Оттука Големиот судски совет смета дека е посоодветно да се анализира жалбата на жалителката во односот на позитивниот аспбнект на членот 8 од Конвенцијата.
3. Општи принципи кои се применуваат во оценката на позитивните одредби на државата
65. Принципите што се применуваат за проценка на позитивните и негативните обврски согласно Конвенцијата се слични. Мора да се има на ум и правичната рамнотежа која мора да се постигне меѓу конкурентните интереси на поединецот и на заедницата како целина, целите во вториот став од членот 8 кој има одредена релевантност (види Gaskin v. the United Kingdom, 7 July 1989, § 42, Series A no. 160; и Roche v. the United Kingdom [GC], цитиран горе, § 157).
66. Поимот „почит“ не е апсолутно јасен особено што се однесува до позитивните обврски: имајќи ја во предвид разновидноста на праксите што се следат и ситуациите во земјите договорнички барањата на поимот ќе варираат значително од случај до случај (види Christine Goodwin v. the United Kingdom [GC], no. 28957/95, § 72, ECHR 2002‑VI). Сепак, одредени фактори се сметаа за релевантни за проценка на содржината на овие позитивни обврски за државите. Некои од нив се поврзани со жалителката. Тие се однесуваат на важноста на интересот што е во прашање и дали „основните вредности“ или „суштинските аспекти“ на приватниот живот се во прашање (види X и Y против Холандија, цитиран горе, § 27; и Гаскин против Обединетото Кралство, цитиран горе, § 49) или влијанието врз жалителката на неусогласеноста на социјалната реалност и законот, кохерентноста на административните и правните пракси во рамките на домашниот систем кои се сметаат за важен фактор во проценката спроведена согласно членот 8 (види B. v. France, 25 March 1992, § 63, Series A no. 232‑C; и Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе, §§ 77-78). Други фактори се поврзани со влијанието на наводната позитивна обврска во прашање во засегнатата држава. Прашањето овде е дали наводната обврска е тесна и прецизна или широка и неопределена (види Botta v. Italy, 24 February 1998, § 35, Reports 1998‑I) или во опсегот на секој товар што ќе го наметне државата (види Rees v. the United Kingdom, 17 October 1986, §§ 43-44, Series A no. 106; и Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе, §§ 86-88).
67. При спроведувањето на нивните позитивни обврски согласно членот 8 државите уживаат одредено дискреционо право. Бројот на фактори мора да се земе во предвид кога се утврдува духот на таа маргина. Кога е во прашање особено важен аспект од постоењето или идентитетот на поединецот, маргината што ѝ е дозволена на државата ќе биде ограничена (види, на пример, X и Y против Холандија, цитиран горе, §§ 24 и 27; Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [GC], цитиран горе, § 90; види исто така Pretty v. the United Kingdom, no. 2346/02, § 71, ECHR 2002‑III). Меѓутоа, кога нема консензус меѓу земјите-членки на Советот на Европа, било како релативна важност на интересот во прашање или како најдобри средства за заштита, особено кога случајот покренува чувствителни морални или етички прашања, маргината на дискреционото право е поширока (види X, Y and Z v. the United Kingdom, 22 April 1997, § 44, Reports 1997-II; Fretté v. France, no. 36515/97, § 41, ECHR 2002-I; и Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе, § 85). Вообичаено ќе има поширока маргина ако од државата се бара да постигне рамнотежа меѓу спротивставените приватни и јавни интереси или правата согласно Конвенцијата (види Фрете против Франција, цитиран горе, § 42; Одиевр v. France [GC], цитиран горе, §§ 44-49; Evans v. the United Kingdom [GC], no. 6339/05, § 77, ECHR 2007‑I; Dickson v. the United Kingdom [GC], no. 44362/04, § 78, ECHR 2007‑V; и S.H. and Others v. Austria [GC], no. 57813/00, § 94, ECHR 2011).
68. Судот веќе ги има разгледано неколку случаи поврзани со непризнавањето на операцијата за промена на родот (види на пример Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе; Van Kück v. Germany, no. 35968/97, ECHR 2003‑VII; Грант против Обединетото Кралство, цитиран горе; и Л. Против Литванија, цитиран горе, § 56). Иако им се дозволува на државите одредено дискреционо право на ова поле, тој одлучи дека од државите се бара, во согласност со нивната позитивна обврска согласно членот 8, да ја признаат промената на родот на која се подложиле постоперативни трансексуални личности преку, меѓу другото, можноста за промена на податоците што се однесуваат на нивниот граѓански статус и настанатите последици (види, на пример, Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе, §§ 71-93; и Грант против Обединетото Кралство, цитиран горе, §§ 39-44).
4. Примена на општите принципи во случајот на жалителката
69. Судот забележува најпрво дека жалителката и нејзината сопруга биле законски венчани согласно домашното право во 1996 година и дека тие сакале да останат венчани. Согласно домашното право, бракот бил дозволен само меѓу лица од спротивен пол. Истополовите бракови во моментов не биле дозволени во Финска, иако таа можност во моментов се разгледува од Парламентот. Од друга страна правата на истополовите парови во моментов се заштитени од можноста да склучат партнерство.
70. Судот е свесен за фактот дека жалителката не се залага за истополови бракови, генерално само сака да го сочива сопствениот. Меѓутоа тој смета дека барањето на жалителката, доколку се прифати, во пракса ќе доведе до ситуација во која лица од ист пол би можеле да бидат венчани еден за друг. Како што веќе беше наведено горе, такво право во моментов не постои во Финска. Затоа Судот мора најпрво да провери дали признавањето на таквото право е неопходно во таквите околности согласно членот 8 од Конвенцијата.
71. Судот повтори дека судската пракса согласно членот 8 од Конвенцијата не може да се толкува како да наметнува обврска за земјите договорнички да им дозволат на истополовите парови пристап до брак (види Schalk and Kopf v. Austria, no. 30141/04, § 101, ECHR 2010). Судот исто така има одлучено дека регулирањето на последиците од промената на родот во контекст на бракот потпаѓа во голема мерка, иако не во целост, во рамките на маргината на дискреционото право на земјите договорнички (види Кристин Гудвин против Обединетото Кралство [ГСС], цитиран горе, § 103). Исто така, Конвенцијата не бара никакви дополнителни специјални аранжмани за ситуација како оваа. Судот одлучи во 2006 г. во случајот на Пери против Обединетото Кралство ((одлука), цитиран горе) дека дури и ако истополовите бракови во тоа време не биле дозволени во англиското право, жалителите можеле да си ја продолжат врската во сите свои суштински елемент и исто така можело да ѝ се даде сличен правен статус ако не и идентичен како на бракот преку граѓанското партнерство кое предвидувало речиси идентични правни права и обврски. Судот оттука го сметал граѓанското партнерство како адекватна можност.
72. Судот забележа дека овој случај вклучува прашања кои се предмет на постојаните промени во земјите-членки на Советот на Европа. Оттука ќе се испита ситуацијата во други земји-членки на Советот на Европа во однос на проблемите во прашање во актуелниот случај.
73. Од информациите што му беа достапни на Судот (види параграф 31 горе), се чини дека во моментов десет земји-членки дозволуваат истополов брак. Исто така во мнозинството земји-членки кои не дозволуваат истополов брак или не постои јасна правна рамка за правно признавање на родот или нема никакви правни одредби кои конкретно се занимаваат со статусот на венчаните лица кои се подложиле на промена на родот. Само во шест земји-членки кои не дозволуваат истополов брак постои релевантно законодавство за признавање на родот. Во тие држави или законската регулатива конкретно бара едно лице да биде самец или разведено или постојат општи одредби дека после промената на полот секој постоечки брак се прогласува за поништен или неважечки или раскинат. Исклучоци кои дозволуваат едно венчано лице да се здобие со правно признание на својот стекнат род без да се прекине претходно постоечкиот брак постојат само во три земји-членки (види параграфи 31-33 горе).
74. Оттука не може да се каже дека постои некаков европски консензус за да се дозволат истополови бракови. Ниту пак постои консензус во тие држави кои не дозволуваат истополови бракови за тоа како да се справат со признавање на родот во случај на претходно постоечки брак. Мнозинството на земјите-членки немаат никаква законска рамка за признавање на родот. Покрај Финска таквото законодавство се чини дека постои само во шест други држави. Исклучоците дозволени на трансексуалците во брак се уште помалку. Оттука нема никакви знаци дека ситуацијата во земјите-членки на Советот на Европа значително се сменила по последните пресуди на Судот во однос на тие прашања.
75. Во отсуство на европски консензус и земајќи во предвид дека случајот во прашање несомнено покренува чувствителни морални и етички прашања, Судот смета дека маргината на дискреционото право која ѝ се дозволува на тужената држава и понатаму мора да биде широка (види X, Y и Z против Обединетото Кралство, цитиран горе, § 44). Маргината во принцип мора да се однесува како на одлуката на државата дали да ја спроведува законската рамка во врска со правното признавање на новиот род на постоперативните трансексуалци или не, така и на правилата, по интервенцијата, кои ги поставува со цел да се постигне рамнотежа меѓу конкурентните јавни и приватни интереси.
76. Осврнувајќи се сега на домашниот систем, Судот утврди дека финското домашно право во моментов на жалителката ѝ нуди неколку опции. Најпрво таа може да го задржи статусот кво на својата правна ситуација со тоа што ќе остане во брак и да ги толерира непријатностите предизвикани од нејзиниот машки матичен број. Судот смета дека во финскиот систем е утврдено дека законски склучениот брак кај паровите од спротивен пол не се поништува или раскинува на сметка на фактот дека еден од сопружниците се подложил на операција за промена на полот и со тоа последователно е од ист пол со својот брачен партнер. Спротивно на состојбите во некои други земји, во Финска претходно склучените бракови не можат унилатерално да бидат поништени или раскинати од страна на домашните власти. Соодветно на тоа ништо не ја спречува жалителката да продолжи да биде во брак.
77. Второ, доколку жалителката сака да се стекне и со правно признание на својот нов род и да ја заштити правно својата врска со својата сопруга, финското законодавство нуди можност за трансформирање на нивниот брак во регистрирано партнерство со согласност на сопругата на жалителката. Согласно домашното право, доколку се добие согласност од брачниот другар за промена на родот, бракот автоматски се трансформира, ex lege, во регистрирано партнерство, а регистрираното партнерство во брак во зависност од ситуацијата.
78. Третата опција што се обезбедува со домашното право е разводот. Како и за секој друг венчан пар, оваа опција е исто така отворена и за жалителката доколку таа го сака тоа. Спротивно на тврдењата на жалителката, Судот смета дека нема ништо во финското право што би можело да се сфати дека би значело дека жалителката ќе морала да се разведе спротивно на својата волја. Напротив, Судот утврди дека во финскиот правен систем можноста за развод е по сопствена одлука на жалителката.
79. Оставајќи ги на страна можностите за одржување на статус кво или развод, жалбата на жалителката е пред сè насочена кон втората опција: обезбедување на законско признавање на новиот род при што во исто време законски се штити постоечката врска. Оттука, клучното прашање во овој случај е дали финскиот систем во моментов ја исполнува позитивната обврска на државата во однос на ова или дали на жалителката треба да ѝ се дозволи да остане во брак додека во исто време ќе се стекне со признание на својот нов род дури и ако таа опција би значела истополов брак меѓу жалителката и нејзината сопруга.
80. Судот забележува дека спротивно на мнозинството земји-членки на Советот на Европа, во Финска постои правна рамка дизајнирана да обезбеди правно признавање на промената на родот. Судот забележува дека целта на оспореното законодавство, како што е појаснето од Владата, била да се унифицираат различните пракси што се применуваат во различни делови од земјата и да се воспостават кохерентни услови за правно признавање на родот. Доколку се добие согласност од брачниот другар, системот обезбедува и правно признание на новиот род и законска заштита на врската. Системот функционира и во двата случаи и со тоа обезбедува не само бракот да се конвертира во регистрирано партнерство туку исто така и регистрираното партнерство да биде конвертирано во брак, во зависност од тоа дали со операцијата за промена на родот постоечката врска станала истополово или хетеросексуално партнерство. Според информациите обезбедени од Владата, триесет и една таква конверзија настанале до тој момент во рамките на гореспоменатите ситуации во речиси еднаква мерка.
81. При смислувањето на оваа правна рамка, финското законодавство се одлучи бракот да го резервира за хетеросексуалните парови, каде нема исклучоци на ова правило. Затоа останува Судот да утврди дали, во околностите на случајот, финскиот систем во моментов постигнал правична рамнотежа меѓу спротивставените интереси и го задоволува тестот на сразмерност.
82. Една од работите што ја загрижуваат жалителката се однесува на согласноста на сопругата на што таа гледа како на „присилен“ развод. Меѓутоа Судот смета дека со оглед на тоа дека конверзијата е автоматска согласно финскиот систем, согласноста на сопругата за да се евидентира промената на родот е елементарно барање креирано за да се заштити секој брачен другар од последиците на унилатералните одлуки преземени од другиот. Барањето за согласност со тоа претставува јасна и важна заштита која го штити брачниот другар кој не бара признавање на родот. Во овој контекст вредно е да се спомене дека исто така е потребна согласност кога регистрирано партнерство треба да се конвертира во брак. Ова барање исто така се применува и во корист на институцијата брак.
83. Исто така жалителката е загрижена заради разликите меѓу бракот и регистрираното партнерство. Како што објасни Владата овие разлики се однесуваат при утврдувањето на татковството, посвојувањето надвор од семејството и за семејното име. Но овие исклучоци се применуваат само доколку овие работи не биле претходно решени. Затоа тие не се применуваат во актуелниот случај. Последователно Судот смета дека разликите меѓу бракот и регистрираното партнерство не се такви за да вклучуваат суштинска промена во правната ситуација на жалителката. Оттука жалителката би можела да продолжи во суштина и во пракса да ја ужива истата правна заштита и во рамките на регистрираното партнерство како онаа обезбедена со бракот.
84. Исто така жалителката и нејзината сопруга нема да изгубат ниедно друго право доколку нивниот брак би бил конвертиран во регистрирано партнерство. Како што убедливо објасни Владата, изразот „се трансформира“ во членот 2 од Законот за трансексуални личности (потврда на родот) експлицитно се користи за да се илустрира фактот дека првичната законска врска продолжила само со промена во називот и помали измени во содржината на врската. Времетраењето на партнерството притоа се пресметува од датумот на кој бил склучен, а не од промената на неговиот назив. Ова може да е важно во ситуации во кои времетраењето на врската е релевантно во домашното законодавство, на пример кога се пресметува пензијата на вдовицата/вдовецот. Судот оттука не може да ја поддржи жалбата на жалителката дека конверзијата на бракот во регистрирано партнерство би била слична на развод.
85. Понатаму, Судот смета дека напорите за конвертирање на бракот на жалителката во регистрирано партнерство би биле минимални или непостоечки што се однесува до семејниот живот на жалителката. Судот нагласува дека членот 8 исто така го штити и семејниот живот на истополовите партнери и нивните деца (види Шалк и Копф против Австрија, цитиран горе, §§ 91 и 94). Затоа не е важно од аспект на заштитата на семејниот живот дали врската на жалителката со нејзиното семејство се заснова на брак или регистрирано партнерство.
86. Аспектите на семејниот живот исто така постојат и во врската на жалителката со нејзината ќерка. Татковството на жалителката на нејзината ќерка веќе е валидно утврдено за време на бракот, Судот е задоволен дека согласно финското право последователната конверзија на бракот во регистрирано партнерство нема да влијае врз татковството на детето на жалителката. Со тоа за неа и понатаму би се сметало дека била родена во брак. Исто така Владата забележа дека во финскиот систем татковството што е утврдено врз основа на брак или докажано татковство не може да се поништи врз основа на тоа дека мажот подоцна се подложил на промена на родот и станал жена. Ова е потврдено и со фактот дека, како што забележа Владата, во ниеден од случаите на конверзија кои веќе се случиле во Финска немало промени во правниот однос меѓу родителот и детето. Ниту пак промената на родот на таткото имала некакви правни последици во однос на неговата обврска за грижа, старателството или издржувањето на детето бидејќи во Финска таквата обврска се засновала на родителството, без разлика на полот или обликот на партнерството. Судот затоа смета дека е утврдено дека конвертирањето на бракот на жалителката во регистрирано партнерство нема да има импликации по нејзиниот семеен живот, согласно заштитата во членот 8 од Конвенцијата.
87. Иако е жалосно дека жалителката е соочена со секојдневни ситуации во кои погрешниот матичен број ѝ создава непријатности, Судот смета дека жалителката има вистинска можност да ја смени својата состојба: нејзиниот брак може да се трансформира во секое време, ex lege, во регистрирано партнерство со согласност на нејзината сопруга. Доколку не се добие таква согласност, можноста за развод, како и во секој брак секогаш постои како опција. Според ставот на Судот не е несразмерно да се бара како предуслов на правното признавање на стекнатиот род, бракот на жалителката да биде конвертиран во регистрирано партнерство со оглед дека тоа е вистинска опција која обезбедува правна заштита за истополовите парови што е речиси идентична на таа на бракот (види Пери против Обединетото Кралство (одлука), цитиран горе). Со оглед на главните разлики меѓу овие два правни концепти не може да се смета дека финскиот систем не ја исполнува својата позитивна обврска.
88. Како заклучок, Судот смета дека актуелниот фински систем како целина не се покажал како несразмерен во своето делување на жалителката и дека била постигната правична рамнотежа меѓу спротивставените интереси во овој случај.
89. Соодветно на тоа нема повреда на членот 8 од Конвенцијата.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 12 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
90. Жалителката на почетокот не се повика на членот 12 од Конвенцијата во својата жалба до Судот. Меѓутоа на 23 март 2010 година Судскиот совет одлучи, по сопствено видување да ја подведе жалбата и под членот 12 од Конвенцијата.
91. Членот 12 од Конвенцијата го вели следново:
„Од моментот кога ќе станат способни за брак, мажот и жената имаат право да стапат во брак и да создадат семејство според националните закони со кои се регулира остварувањето на ова право.“
А. Пресудата на Судскиот совет
92. Во својата пресуда од 13 ноември 2012 г. Судскиот совет забележа дека проблемот во прашање во овој случај како таков не вклучува никаков проблем согласно членот 12 од Конвенцијата кој го гарантира правото на брак. Жалителката била законски во брак од 1996 година. Проблемот во прашање повеќе се однесувал на последиците од промената на родот од страна на жалителката за постоечкиот брак меѓу неа и нејзината сопруга кој веќе бил разгледан согласно членот 8 од Конвенцијата. Со оглед на овие наоди Судскиот совет одлучи дека е непотребно да ги разгледува фактите на случајот посебно во однос на членот 12 од Конвенцијата.
Б. Изјаснување на странките
1. Жалителката
93. Жалителката тврдеше дека Судскиот совет усвоил пристап на „пребирање“ во однос на членот 12 од Конвенцијата. Би било значајно да се направи анализа во однос на членот 12 бидејќи се бара различен тест од членот 8, имено дали задолжителното прекинување на бракот влијаело врз „суштината на правото на брак“ во согласност со судската пракса на Судот. Исто така може да се коригира пропустот да се земат во предвид семејните права на жалителката во однос на членот 8 од Конвенцијата.
94. Жалителката тврдеше дека членот 12 од Конвенцијата треба да биде или толкуван на рестриктивен начин така што ќе го опфати само склучувањето на брак или пошироко да го опфати и континуираното постоење на брак. Во претходниот случај членот 12 не би бил релевантен за состојбата на жалителката со оглед дека нејзината сопруга склучила брак кога тие биле разнополов пар. Но во вториот случај тестот дали „присилниот“ развод ѝ наштетил на „самата суштина на правото на склучување на брак“ би морал да биде задоволен. Согласно изјаснувањето на жалителката второто толкување важело со оглед дека можноста на Владата да се меша во бракот на начин како што е во овој случај би го направило правото на брак неделотворно. Оттука сметала дека членот 12 од Конвенцијата би важел за овој случај и барала истиот да биде разгледан согласно тој член.
2. Владата
95. Владата го делеше гледиштето на Судскиот совет дека е непотребно да ги разгледува фактите на случајот посебно во однос на членот 12 од Конвенцијата. Судската пракса на Судот не ја штитела желбата на жалителката да остане во брак со својата сопруга по потврдата на нејзиниот нов род и прашањето за тоа како да се регулираат последиците од промената на родот во рамките на маргината на дискреционото право на земјата договорничка. Врховниот управен суд одлучил во овој случај дека домашното законодавство немало за цел да го промени фактот дека само еден маж и една жена можат да стапат во брак, туку повеќе дозволил врската да продолжи како регистрирана врска која била законски заштитена и споредлива со брак. Трансформацијата на институцијата брак во родово неутрална барала усвојување на законски акт на Парламентот.
В. Оценка на Судот
1. Општи принципи
96. Судот повторува дека членот 12 од Конвенцијата е lex specialis за правото на брак. Тој го обезбедува основното право на еден маж и една жена да се венчаат и да формираат семејство. Членот 12 изречно уредува регулирање на бракот во националното право. Тој го негува традиционалниот концепт на бракот како заедница на маж и жена (види Рис против Обединетото Кралство, цитиран горе, § 49). Иако е точно дека некои држави договорнички го прошириле бракот и на истополови партнери, членот 12 не може да се толкува како да наметнува обврска на земјите договорнички да дозволат пристап до брак на истополовите парови (види Шалк и Копф против Австрија, цитиран горе, § 63).
2. Примена на гореспоменатите принципи во овој случај
97. Проблемот во прашање повеќе се однесува на последиците од промената на родот од страна на жалителката за постоечкиот брак меѓу неа и нејзината сопруга. Големиот судски совет одлучи како и Судскиот совет дека ова прашање веќе било разгледано горе согласно членот 8 од Конвенцијата и резултирало со наод дека немало повреда на тој член. Во овие околности Судот смета дека никакво посебно прашање не произлегува во однос на членот 12 од Конвенцијата и соодветно на тоа не усвои посебна одлука во однос на тој член.
III. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 14 РАЗГЛЕДАН ЗАЕДНО СО ЧЛЕНОВИТЕ 8 И 12 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
98. Жалителката се жалеше во однос на членот 14 од Конвенцијата дека со одбивањето да ѝ се додели женски матичен број кој би кореспондирал на нејзиниот реален род, државата ја дискриминирала. Фактот дека не ѝ бил доделен женски матичен број значело обелоденување на доверливи информации дека таа била трансексуална личност, бидејќи за разлика од секој друг таа морала да ја објаснува разликата секаде каде што барале матичен број.
99. Членот 14 од Конвенцијата го вели следново:
„Уживањето на правата и слободите, утврдени во [оваа] Конвенција, ќе биде обезбедено без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.“
А. Пресудата на Судскиот совет
100. Во пресудата од 13 ноември 2012 година, Судскиот совет забележа дека членот 14 од Конвенцијата разгледан заедно со членот 8 од Конвенцијата можел да се примени.
101. Судскиот совет забележа дека поплаките на жалителката во однос на членот 14 од Конвенцијата биле поврзани со неможноста да добие женски матичен број. Жалителката ја споредила својата ситуација со таа на секое лице, вклучително и оние што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање и трансексуалните личности кои не биле во брак. За Судскиот совет овие состојби не биле доволно слични за да бидат меѓусебно споредувани. Жалителката затоа не можела да тврди дека била во иста ситуација како и другата категорија на лица на кои се потпирала.
102. Исто така Судскиот совет забележал дека во суштина проблемот во овој случај бил предизвикан од фактот дека финскиот закон не дозволувал истополови бракови. Според судската пракса на Судот, членовите 8 и 12 од Конвенцијата не наметнувале обврска на земјите договорнички да им дадат на истополовите парови пристап до брак. Ниту пак членот 14 од Конвенцијата разгледан заедно со членот 8 од Конвенцијата бил толкуван како да им наметнува обврска на земјите договорнички да им се даде право на истополовите парови да останат во брак. Оттука не може да се каже дека жалителката била дискриминирана виз-а-ви другите лица кога таа не можела да се стекне со женски матичен број, дури и под претпоставка да се сметало дека таа била во слична позиција со нив. Судскиот совет одлучи дека немало повреда на членот 14 од Конвенцијата разгледан заедно со членот 8 од Конвенцијата .
Б. Изјаснување на странките
1. Жалителката
103. Жалителката тврдеше дека согласно членот 14 од Конвенцијата таа била дискриминирана по два основи.
104. Најпрво таа морала да се придржува на дополнителното барање за прекин на нејзиниот брак со цел да се стекне со правно признавање на родот. Оттука таа била дискриминирана виз-а-ви лицата што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање, кои добивале правно признавање на родот автоматски при раѓање без никакви дополнителни услови. Таа секојдневно била соочена со проблеми на сметка на таквата разлика во постапувањето.
105. Второ, жалителката, нејзината сопруга и дете ќе имале помала заштита од лицата во хетеросексуалните бракови заради стереотипните ставови поврзани со родовиот идентитет на жалителката. Браковите на лицата што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање не биле соочени со ризикот од „присилен“ развод на начинот со кој бил соочен бракот на жалителката. Меѓутоа, родовиот идентитет сега бил општо признат како основ кој привлекувал заштита заради забрана на дискриминацијата.
2. Владата
106. Владата се согласи дека членот 14 од Конвенцијата може да се примени овде со оглед дека случајот потпаѓал под опсегот на членот 8 од Конвенцијата но тврдеше дека не постоело никакво посебно прашање согласно членот 14. Доколку Судот имал друго мислење Владата посочила дека лицата што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање не биле во слична ситуација со таа на жалителката бидејќи тие не барале промена на нивниот род. Во секој случај имало објективно и разумно оправување. Финскиот правен систем забранувал дискриминација заснована врз трансексуализам.
В. Оценка на Судот
1. Општи принципи
107. Судот забележува дека членот 14 од Конвенцијата се надоврзува на другите материјални одредби на Конвенцијата и нејзините протоколи. Нема никакво независно постоење бидејќи делува само во врска со „уживањето на правата и слободите“ кои се штитат со овие одредби. Иако примената на членот 14 не претпоставува повреда на тие одредби, и до ова ниво е автономно, не може да постои простор за негова примена освен ако фактите во прашање не потпаѓаат во границите на еден или повеќе од нив (види, на пример E.B. v. France [GC], no. 43546/02, § 47, 22 January 2008; и Vallianatos and Others v. Greece [GC], nos. 29381/09 and 32684/09, § 72, ECHR 2013).
108. Судот во својата судска пракса има утврдено дека со цел едно прашање да потпадне под членот 14 мора да постои разлика во постапувањето со лицата во слични релевантни ситуации. Таквата разлика во постапувањето е дискриминирачко доколку нема објективно и разумно оправдување; со други зборови, доколку не се води од легитимна цел или доколку нема разумен однос на сразмерност меѓу средствата што се користат и целта што се сака да се постигне. Земјите договорнички уживаат одредено дискреционо право во оценувањето дали и до која мерка разликите во инаку слични ситуации го оправдуваат различното постапување (види Burden v. the United Kingdom [GC], no. 13378/05, § 60, ECHR 2008).
109. Од една страна Судот има одлучувано дека разликите засновани на родовата или сексуалната разлика бараат особено сериозни причини како еден вид на оправдување (види Smith and Grady v. the United Kingdom, nos. 33985/96 and 33986/96, § 90, ECHR 1999‑VI; L. and V. v. Austria, nos. 39392/98 and 39829/98, § 45, ECHR 2003‑I; Karner v. Austria, no. 40016/98, § 37, ECHR 2003‑IX; Konstantin Markin v. Russia [GC], no. 30078/06, § 127, ECHR 2012 (extracts); X and Others v. Austria [GC], no. 19010/07, § 99, ECHR 2013; и Vallianatos and Others v. Greece [GC], цитиран горе, § 77). Од друга страна широка маргина на дискреционото право вообичаено ѝ се дозволува на една држава согласно Конвенцијата кога на пример се работи за општи мерки на економска или социјална стратегија (види, на пример, Stec and Others v. the United Kingdom [GC], nos. 65731/01 and 65900/01, § 52, ECHR 2006‑VI). Опсегот на дискреционото право варира во зависност од околностите, предметот и неговата позадина; во оваа смисла еден од релевантните фактори може да биде постоењето или непостоењето на заеднички однос меѓу законите на државите договорнички (види Petrovic v. Austria, 27 March 1998, § 38, Reports 1998‑II).
2. Примена на гореспоменатите принципи во овој случај
110. Во актуелниот случај не е спорно дека состојбата на жалителката потпаѓа под сфаќањето на „приватниот живот“ и „семејниот живот“ во рамките на значењето на член 8 од Конвенцијата како и во рамките на членот 12 од Конвенцијата. Последователно, се применува членот 14 разгледан заедно со членовите 8 и 12 од Конвенцијата.
111. Судот забележува дека поплаките на жалителката во однос на членот 14 од Конвенцијата се поврзани со нејзиното барање за женски матичен број и проблемите што ги искусила во таа смисла. Во нејзините поплаки жалителката ја споредила својата состојба со лицата што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање, а кои се стекнале со правно признание на родот при раѓање и чии бракови според жалителката не биле соочени со ризик од „присилен“ развод на начин на кој бил нејзиниот брак.
112. Големиот судски совет се согласува со Судскиот совет дека состојбата на жалителката и состојбите на лицата што се идентификуваат според родот што го имале од раѓање не се доволно слични за да се споредат едни со други. Жалителката оттука не можела да тврди дека била во иста ситуација со лицата што се идентификувале според родот што го имале од раѓање.
113. Последователно Судскиот совет одлучи дека немало повреда на членот 14 од Конвенцијата разгледан заедно со членовите 8 и 12 од Конвенцијата.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучи, со четиринаесет гласа наспроти три, дека немало повреда на членот 8 од Конвенцијата;
2. Одлучи, со четиринаесет гласа наспроти три, дека немало потреба да го разгледа случајот во однос на членот 12 од Конвенцијата;
3. Одлучи, со четиринаесет гласа наспроти три, дека немало повреда на членот 14 разгледан заедно со членовите 8 и 12 од Конвенцијата.
Изготвена на англиски и француски јазик, и усвоена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 16 јули 2014 г.
Јохан КалеваертДин Шпилман
Заменик секретарПретседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, кон оваа пресуда се приложени следниве издвоени мислења:
(а) мислење на согласување на судијата Зиемеле;
(б) заедничко мислење на несогласување на судиите Шају, Келер и Леменс.
Д.С.
Ј.К.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy