© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 102
ноември 2007
Hamer против Белгија - 21861/03
Пресуда 27.11.2007 [Секција II]
Член 6
Кривична постапка
Член 6-1
Кривично обвинение
Постапка која резултирала со уривање на куќа изградена без градежна дозвола: применлив член 6
Член 1 од Протоколот бр. 1
Член 1 став 1 од Протоколот бр. 1
Имот
Викендица чие уривање било наложено дури по неколку децении откако било утврдено дека е изградена без градежна дозвола: применлив член 1 од Протоколот бр. 1
Член 1 став 2 од Протоколот бр. 1
Контрола на користење имот
Налог за уривање викендица изградена во шума во која важела забрана за градба: нема повреда
Факти: Во 1967 година родителите на апликантката изградиле куќа на парцела без градежна дозвола. По смртта на мајката на апликантката, во тапијата за сопственост што се однесувала на поделба на имотот со нејзиниот татко, изрично било споменато постоење објект и тоа било евидентирано од властите, кои наплатиле такса за регистрација. По смртта на таткото на апликантката, во нотарското решение за сопственост експлицитно била спомената куќа како куќа за одмор и апликантката го платила соодветниот данок за наследство. Секоја година таа плаќала аконтативен данок за недвижен имот и данок на имот што се плаќа за поседување втора куќа. Претпријатието за водоснабдување, делумно контролирано од владата, ја поврзало куќата со водоводната мрежа без никаква реакција од властите.
Дури во 1994 година полицијата составила два извештаи, еден за сечење дрвја на имотот, што претставувало повреда на шумските прописи, и еден за градба на куќа без градежна дозвола во шумската област каде не можело да се издаде дозвола за градба.
Во 1999 година апликантката била повикана од страна на јавниот правобранител поради тоа што има викендица изградена без дозвола и поради сечење на околу 50 борови стебла, што претставувало повреда на Уредбата за шумарство. Кривичниот суд ја ослободил апликантката од обвинение. Органите на прогон поднеле жалба и Апелациониот суд ја потврдил пресудата што се однесува до нејзиното ослободување од обвинение за сечење дрвја. Меѓутоа, ја сметал за виновна што задржала куќа која била изградена без дозвола, врз основа на декретот за организирање на регионалниот просторен план. Забележувајќи дека постапката траела подолго отколку што е основано потребно, Апелациониот суд едноставно ја прогласил апликантката за виновна и ѝ наложил да го врати местото во првична состојба, што значело уривање на куќата. Апликантката поднела барање за ревизија на пресудата, но без успех. Касацисиониот суд не ја сметал обврската за враќање на локацијата во првична состојба за казна, туку за граѓанска мерка. Куќата била урната во согласност со решение за извршување.
Право: Член 6 став 1 (разумен рок) – Тоа што Апелациониот суд едноставно прогласил вина на апликантката со оглед на прекумерната должина на постапката, не ја направило ништо помала „жртва“ во мерка во која судот ѝ наложил во исто време да го врати местото во првична состојба.
Член 6 беше применлив во согласност со кривичниот аспект на членот, со тоа што мерката за уривање можеше да се смета како „казна“ во смисла на Конвенцијата.
Иако должината на постапката за основаноста на предметот не изгледаше неоснована (беа потребни малку повеќе од три ипол години за три степени на јурисдикција), полицискиот извештај во кој е забележана незаконската природа на градбата го означува времето од кога апликантката била „обвинета“ во смисол на судската пракса и од кога почнало да тече основаното време. Според тоа, за постапката биле потребни меѓу 8 и 9 години за три степени на јурисдикција, вклучувајќи 5 години во фазата на истрага, иако предметот не бил особено сложен.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 1 од Протоколот бр. 1 – Спорната градба постоела 27 години пред домашните органи да пријават кривично дело. Пријавување повреда на законот за просторно планирање неспорно била одговорност на органите, како што било и ставањето на располагање на потребните ресурси за да се направи тоа. Судот дури можеше да смета дека властите биле свесни за постоењето на спорната градба со оглед дека биле плаќани соодветните даноци. Накусо, властите ја толерирале состојбата дваесет и седум години и немало никаква промена уште десет години по пријавувањето на кривично дело. По толку долг временски период, сопственичкиот интерес на апликантката за користење на викендицата беше доволно голем и почна да претставува материјален интерес, а со тоа и „имот“, и таа имаше „легитимно очекување“ дека ќе може да продолжи да го користи својот имот. Попречувањето на правото на апликантката за мирно уживање на нејзиниот имот кое резултираше од уривањето на нејзината куќа со решение од органите е предвидено со закон, а со цел контрола на користење имот во согласност со општиот интерес, со усогласување на предметниот имот со планот за користење земја со кој е утврдена шумската зона во која не може да се дозволи никаква градба.
Што се однесува до пропорционалноста на попречувањето, Судот укажа дека животната средина има вредност и дека економски императиви, па дури и одредени основни права, како што се имотните права, не би требало да имаат предимство над еколошките аспекти, особено со оглед на тоа дека Државата донела закони за тој предмет. Јавните органи, значи, имале одговорност во соодветно време да ги преземат потребните чекори за да обезбедат мерките за заштита на животната средина што тие решиле да ги применат да не станат неделотворни. Според тоа, ограничувањата на имотните права биле дозволиви, секако, под услов да се постигне разумна рамнотежа меѓу поврзаните индивидуални и заеднички интереси.
Со оспорената мерка била спроведена легитимна цел - заштита на шумска област каде не е дозволена градба. Сопствениците на викендицата биле во можност да уживаат во неа во мир непрекинато 27 години. Официјалните документи, платените даноци и извршената работа укажуваат дека властите знаеле или дека требало да знаат за постоење на куќа подолг временски период, и откако било пријавено делото, тие дозволиле да поминат уште пет години пред да спроведат гонење, со што помогнале да се продолжи состојбата, која можела да биде само на штета на заштитата на шумската област што со законот требаше да се заштити.
Меѓутоа, во белгиското право не постоеја одредби за регулирање градби изградени во такви шумски области. Делото не беше предмет на ограничување според законот на Белгија и властите беа слободни да решат во секое време да го спроведат законот. Ниту една друга мерка освен враќање на местото во првичната состојба не изгледаше соодветна поради неспорното попречување на интегритетот на шумската област во која не е дозволено градење. Исто така, за разлика од ситуацијата во предмети кога постоела имплицитна согласност од страна на властите, оваа куќа била изградена без какво било официјално одобрение. Поради овие причини попречувањето не беше непропорционално.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 41 – 5.000 ЕУР во однос на нематеријална штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy