© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 176
Јули 2014 г.
Харакчиев и Толумов против Бугарија - 15018/11 и 61199/12
Пресуда 8.7.2014 [Секција IV]
Член 3
Понижувачка казна
Нечовечна казна
Режим за казна доживотен затвор без замена кој нуди неадекватни можности за рехабилитација за да може да добие намалување на казната. повреда.
Факти – Двајцата жалители служеле казна доживотен затвор, првиот жалител без замена, а вториот со замена. Обајцата жалители биле држени под строг затворски режим што се применувал за доживотните затвореници, којшто вклучувал постојано заклучени ќелии во поголемиот дел од денот и изолација од други затвореници. Во своите жалби до Европскиот суд, тие се жалеле на условите во затворот (член 3 од Конвенцијата) и отсуството на делотворен домашен правен лек (член 13).
Исто така, првиот жалител се жалел дека неговата казна доживотен затвор без замена и отсуството на изгледи за рехабилитацијата достигнувале ниво на нечовечно и понижувачко казнување со што бил повреден членот 3. Казната доживотен затвор без замена била воведена во Бугарија во декември 1998 г. по укинувањето на смртната казна. Постои напоредно со „простата“ казна доживотен затвор која може да биде заменета. На 13 октомври 2006 г. стапило на сила дискреционото право на бугарскиот претседател да помилува некого, а кое вклучувало и право да ги замени сите казни доживотен затвор вклучително и оние изречени без можност за замена. Во 2012 г. бугарскиот Уставен суд* одлучил дека правото за помилување не смеело да се применува на своеволен начин, што подложело на обврската да се стават на сила уставните вредности и начела и да се земе во предвид правичноста, човечноста, милоста, здравјето и семејната состојба на осуденото лице и сите позитивни промени во личноста на осуденикот. Комисијата за помилување била формирана во 2012 г. за да дава совети во врска со правото да се помилува некого, и имало утврден деловник за нејзината работа.
Право – Член 3
(а) Условите под кои се држеле во затвор (двајцата жалители) – Жалителите и понатаму останале главно заклучени во ќелиите и изолирани од останатиот дел од затворската популација во текот на целиот период од нивниот престој во затвор. Тие биле затворени во своите ќелии меѓу 21 и 22 часа на ден, и не можеле да комуницираат со другите затвореници, дури и оние што биле сместени во нивниот оддел. Автоматската сегрегација на затворениците осудени на казна доживотен затвор од останатата затворска популација и едни од други, особено ако не се достапни сеопфатни активности надвор од ќелијата, сама по себе може да претставува валидно прашање во однос на членот 3 од Конвенцијата. Немало никакви докази дека било кој од жалителите можеле да се сметаат за опасни до таа мерка што би биле потребни такви строги мерки. Навистина, изолацијата на жалителите се чинела дека во голема мерка била резултат на автоматската примена на домашните законски одредби кои го регулирале затворскиот режим наместо безбедносните прашања поврзани со нивното однесување. Исто така жалителите имале ограничен пристап до прошетки надвор и разумни активности, и бидејќи им било дозволено да одат во тоалет надвор од својата ќелија три пати на ден тие морале да користат кофи.
Маката и тешкотиите што ги трпеле жалителите како резултат на кумулативниот ефект на условите во кои биле затворени и временскиот периодот на престој во затвор (12 и 14 години) го надминале неизбежното ниво на страдање својствено за престојот во затвор и бил надминат минималниот праг на суровост којшто е потребен за да се смета дека имало повреда на членот 3. Тоа претставувало нечовечно и понижувачко постапување.
Заклучок: повреда (едногласно).
(б) Казна доживотен затвор без замена (првиот жалител) – Судот повтори дека изрекувањето на казна доживотен затвор која не можела да биде намалена можело да потпадне под членот 3. Меѓутоа, една казна доживотен затвор не станувала „ненамалива“ заради чистиот факт дека во пракса можела да се отслужи во целост: било доволно за потребите на членот 3 таквата казна да може да се намали de jure и de facto.** За да остане компатибилна со членот 3 казната доживотен затвор мора да понуди и изглед за ослободување и можност за ревидирање бидејќи затвореникот не можел да биде затворен ако не постоеле легитимни пенолошки основи кои вклучувале рехабилитација за време на својот престој во затвор. Затвореник осуден на казна доживотен затвор без замена има право да знае од самиот почеток на служење на казната што мора да направи за да може да побара да биде ослободен и под кои услови, вклучително и кога ќе има или кога може да побара ревидирање на неговата казна.***
Иако било јасно дека казната на првиот жалител de jure можела да биде намалена по измените на законот во 2006 г., ставот пред тој датум бил помалку јасен. Но без разлика на прашањето за de jure можноста за намалување, Судот не беше убеден дека во текот на релевантниот период казната de facto можела да биде намалена или дека првиот жалител можел да знае дека механизмот постоел за да му дозволи да му биде разгледано барањето за ослободување или замена.
Од времето на кога казната на првиот жалител станала правосилна во ноември 2004 г. до почетокот на 2012 г. начинот на кој се остварувало претседателското право да даде помилување бил нетранспарентен без политики кои биле достапни за јавноста и без да се дадат причините за поединечните одлуки за помилување. На процесот му недостасувале формални или дури и неформални заштити и немало никакви конкретни примери на лице кое служело казна доживотен затвор без замена а кое можело да добие измени на казната во тоа време.
По воведувањето на реформите во 2012 г. како резултат на одлуките на новиот претседател, праксата на Комисијата за помилување и одлуката на Уставниот суд од 11 април 2012 г., станало значително појасно како ќе се применува претседателското право на помилување, така што за првиот жалител сега можело да се смета дека постоел механизам кој ќе му овозможел да му биде разгледано барањето за ослободување или замена.
Меѓутоа Судот исто така морал да земе во предвид дали првиот жалител добил вистинска шанса да се реформира. Иако Конвенцијата, како таква не гарантира право на рехабилитација, и иако членот 3 не им наметнува на властите апсолутна обврска на затворениците да им обезбедат програми и активности за рехабилитација или реинтеграција, сепак властите требале да им дадат шанса на доживотните затвореници, колку и да била далечна, за некогаш да си ја повратат слободата. За таа шанса да биде вистинска и опиплива, властите исто така морале да им дадат на доживотните затвореници вистинска можност да се рехабилитираат. Иако државите уживале широка маргина на дискреционо право во оваа сфера, режимот и условите во кои се држеле доживотните затвореници во затвор не можеле да се третираат на индиферентен начин Првиот жалител бил подложен на особено строг затворски режим, со речиси целосна изолација и многу малку можности за социјален контакт. Штетните последици на тој осиромашен режим, проследен од незадоволувачките материјални услови во кои бил држен, мора сериозно да ја намалиле шансата за негово реформирање и со тоа и потхранувањето на некаква реална надеж дека еден ден тој можел да постигне и покаже напредок и да добие намалување на казната. На тоа треба да се додаде отсуството на доследна периодична проценка на неговиот напредок кон рехабилитација. Соодветно на тоа неговата казна не можела да се смета дека de facto можела да биде намалена во периодот после реформите во 2012 година.
Заклучок: повреда (едногласно).
Судот исто така утврди (едногласно) повреда на членот 13 на сметка на недостатокот на делотворен правен лек согласно бугарското право за жалителите да се жалат на условите на нивниот престој во затвор.
Член 46: За правилно спроведување на пресудата Бугарија треба да ја реформира, по можност по законодавен пат, правната рамка која го регулира затворскиот режим за лицата осудени на казна доживотен затвор со или без можност за условен отпуст осврнувајќи се особено на автоматското изрекување на многу рестриктивен затворски режим и изолирање на сите затвореници осудени на казна доживотен затвор.
Член 41: 4.000 евра за првиот жалител и 3.000 евра за вториот жалител за нематеријална штета што произлегува од условите под кои биле затворени; утврдената повреда се сметала за доволен правичен надоместок за секаква нематеријална штета што првиот жалител ја претрпел како резултат на неможноста да добие намалување на својата казна доживотен затвор без замена.
* Одлука бр. 6 од 11 април 2012 г.
** Кафкарис против Кипар [ГСС], 21906/04, 12 февруари 2008, Информативна белешка 105.
*** Винтер и други против Обединетото Кралство [ГСС], 66069/09, 130/10 и 3896/10, 9 јули 2013, Информативна белешка 165.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy