Хоинес (Høiness) против Норвешка - Ж.бр. 43624/14, Пресуда од 19 март 2019 година [Оддел II] Факти – Жалителката била позната адвокатка од Норвешка. По објаве-ни написи во весник во врска со нејзиниот однос со една постара вдо-вица од која ќе добиела наследство, еден новински интернет портал отворил дискусија на оваа тема. Форумот можел да се пристапи преку интернет весник. Таму имало, меѓу другото, вулгарни, сексистички за-белешки за жалителката. Откако бил известен за тоа, еден од неговите модератори по сопствена иницијатива ги избришал коментарите. По неуспешната домашна постапка, жалителката се жалела до Судот дека имало повреда на нејзиното право на почитување на приватниот жи-вот. Право – Член 8: Прашањето било дали државата постигнала правична рамнотежа помеѓу правото на жалителката да се почитува нејзиниот приватен живот согласно со член 8 и правото на слобода на изразување на новинската агенција на интернет и на форумот кое е загарантирано со член 10. Не било потребно детално да се испита природата на спор-ните коментари затоа што тие, во секој случај, не претставувале говор на омраза или поттикнување на насилство. Немало причина да се оспо-рат наводите на жалителката дека би се соочила со значителни пречки во обидот да поднесе тужби против анонимно физичко лице или лица кои ги напишале коментарите. Што се однесува на контекстот во кој биле направени коментарите, Судот забележал дека новинскиот портал бил голем и работел комер- цијално, а дебатните форуми биле популарни. Меѓутоа, од пресудите на домашните судови не се чинело дека дебатните форуми биле осо-бено интегрирани во презентацијата на вести и на тој начин можеле да се сметаат за продолжување на статиите на редакцијата. Во однос на мерките усвоени од страна на новинскиот портал, се чинело дека има-ло воспоставен систем на модератори кои ја надгледувале содржината. Читателите можеле да кликнат на копчињата за „предупредување“ на веб-сајтот со цел да реагираат на коментари. Исто така се чинело дека можело да се даде одговор на предупредувањата на друг начин, како што е електронската пошта. Два од спорните коментари не биле прочитани од страна на модера-торите, но тринаесет минути откако биле известени за загриженоста, бранителот на жалителката добил електронска пошта во која се велело дека коментарите биле избришани. Уште еден коментар бил избришан по сопствена иницијатива на модераторите. По севкупно испитување и проценка на мерките кои биле воведени со цел да се следат комента-рите на форумот и конкретните одговори на известувањата од страна на жалителката, домашните судови утврдиле дека новинскиот портал и неговиот уредник реагирале соодветно. Случајот на жалителката бил разгледуван во врска со неговата основа- ност од страна на две судски инстанци на домашно ниво пред Врховни-от суд да ја одбие жалбата. Домашните судови ги разгледале релевант-ните аспекти на случајот и постапувале во рамки на нивната слобода на сопствена процена кога барале да воспостават рамнотежа помеѓу правата на жалителката и оние на новинскиот портал и домаќинот на дебатните форуми. Судот го забележал значителниот износ на трошоците за судската по-стапка кој ѝ бил наметнат на жалителката. Сепак, имајќи ја предвид природата на барањето кое било поднесено пред националните судо-ви и предметот на спорот, не сметал дека тоа би можело да ја доведе во прашање проценката на домашните судови во однос на наметну-вањето на трошоците. Заклучок: нема повреда (едногласно). (Види исто така Делфи АС против Естонија (Delfi AS v. Estonia ) [ГСС], 64569/09, 16 јуни 2015 година, Информативна белешка бр. 186; Маѓар Тарталомзолгалтаток Еѓешулете и Индекс. ху ДОО про- тив Унгарија (Magyar Tartalomszolgáltatók Egyesülete and Index. hu Zrt v. Hungary), 22947/13, 2 февруари 2016 година, Информативна белешка бр. 193; и Пил против Шведска (Pihl v. Sweden ) (dec.), 74742/14, 7 фев-руари 2017 година, Информативна белешка бр. 205)
Full & Egal Universal Law Academy