© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот, бр. 149
Јануари 2012
Hirsi Jamaa и други против Италија - 27765/09
Пресуда 23.2.2012 [Голем совет]
Член 3
Протерување
Враќање на мигранти пресретнати на отворено море во земјата од која тргнале: повреда
Член 13
Немање правен лек достапен на мигрантите пресретнати на отворено море и вратени во земјата од која тргнале: повреда
Член 4 од Протокол бр. 4
Забрана на колективно протерување на странци
Враќање на мигранти пресретнати на отворено море во земјата од која тргнале: Член 4 од Протоколот бр. 4 е применлив; повреда
Факти – Апликантите, единаесет државјани на Сомалија и тринаесет државјани на Еритреја, биле дел од група од околу двесте лица кои заминале од Либија во 2009 со три пловила, со цел на стасаат до италијанскиот брег. На 6 мај 2009, кога пловилата биле во рамки на појасот на одговорност на Малтешката служба за потрага и спасување, тие биле пресретнати од бродови на италијанската финансиска полиција (Guardia di finanza) и Крајбрежната чуварска служба. Патниците од пресретнатите пловила биле префрлени на италијански воени бродови и вратени во Триполи. Апликантите изјавиле дека во тек на патувањето италијанските власти не ги информирале за нивната дестинација и не презеле никакви чекори да ги идентификуваат. По пристигањето во пристаништето Триполи, по десетчасовно патување, мигрантите биле предадени на либиските власти. Според кажувањата на апликантите, тие се спротивставиле на предавањето на либиските власти, но биле принудени да ги напуштат италијанските бродови. На прес конференција одржана наредниот ден, италијанскиот Министер за внатрешни работи изјавил дека операцијата за пресретнување на бродовите на отворено море и за истиснување на мигрантите назад во Либија било последица на стапувањето во сила, во февруари 2009, на билатерални спогодби склучени со Либија, и дека тоа претставувало важна пресвртна точка во борбата против прикриената имиграција. Двајца од апликантите умреле под непознати околности по односните настани. На четиринаесет од апликантите им бил доделен статус на бегалец од страна на Високиот комесаријат за бегалци (UNHCR) во Триполи, меѓу јуни и октомври 2009. По револуцијата што избувна во Либија во февруари 2011, квалитетот на контакт меѓу апликантите и нивните застапници се влоши. Адвокатите се во моментов во контакт со шестмина од апликантите, од кои четиримина живеат во Бенин, Малта или Швајцарија, каде некои од нив чекаат одговор на нивното барање за меѓународна заштита. Еден од апликантите е во бегалски камп во Тунис и планира да се врати во Италија. Во јуни 2011 на еден од апликантите му беше доделен статус на бегалец во Италија, каде тој влегол незаконски.
Право
Член 1: Италија прифати дека бродовите на кои биле пренесени апликантите биле целосно под италијанска јурисдикција. Судот го посочил принципот на меѓународното право содржан во италијанскиот Закон за навигација, согласно кој пловило кое плови на отворено море е предмет на ексклузивна надлежност на државата под чија земја плови. Судот не го прифатил владиниот опис на настаните како „операција на спасување на отворено море“ или наводното минимално ниво на контрола вршена врз апликантите. Настаните се одиграле целосно на бродовите на италијанските оружени сили, чиј екипаж бил составен исклучиво од италијански воен персонал. Во периодот меѓу качувањето на овие бродови и предавањето на либиските власти, апликантите биле под континуирана и исклучива de jure и de facto контрола на италијанските власти. Соодветно, настаните што даваат простор да се зборува за повреда спаѓаат под јурисдикција на Италија во смисла на Член 1 од Конвенцијата.
Заклучок: во рамки на јурисдикцијата (едногласно).
Член 3
(a) Ризик од злоставување во Либија – Иако свесни за притисокот на кој се изложени државите со постојано растечкиот прилив на мигранти, ситуација што е особено комплексна во поморското опкружување, Судот, сепак, посочи дека таа ситуација не ги ослободува од обврската да не отстранат поединец кој е под ризик да биде изложен на третман спротивен на Член 3 во земјата – примател. Забележувајќи го влошувањето на ситуацијата во Либија по април 2010, Судот, со цел да ги испита предметот, се повикува само на ситуацијата што претежнувала во Либија во односното време. Во таа смисла, тој забележува дека вознемирувачките заклучоци на бројни организации во врска со третманот на прикриените мигранти се поткрепени со извештајот на CPT* објавен во 2010. Не се прави разлика меѓу ирегуларните мигранти и барателите на азил, кои се систематски апсени и задржувани во околности што посматрачите ги имаат опишано како нечовечки, известувајќи, особено, за случаи на тортура. Прикриените мигранти се под ризик да бидат вратени во матичните земји во секое време, а, ако успеат да ја повратат својата слобода, тие се изложени на нестабилни животни услови и расизам. Како одговор на аргументот на италијанската Влада дека Либија била безбедна дестинација за мигрантите и дека таа земја би се придржувала кон своите меѓународни обврски во врска со азилот и заштитата на бегалците, Судот воочи дека постоењето на домашните закони и ратификацијата на меѓународни спогодби кои гарантираат почитување на фундаменталните права не е, само по себе, доволно за да се обезбеди соодветна заштита од ризикот на злоставување, кога веродостојни извори известуваат за практики што се спротивни на принципите од Конвенцијата. Понатаму, Италија не можела да ја одбегне сопствената одговорност, согласно Конвенцијата, со потпирање на своите последователни обврски што произлегувале од билатералните спогодби со Либија. Канцеларијата на UNHCR во Триполи никогаш не била признаена од либиската влада. Бидејќи таа состојба во Либија била добро позната и лесно проверлива во односното време, италијанските власти знаеле или требало да знаат, дека кога ќе ги отстранат апликантите , тие ќе бидат изложени на третман спротивен на Конвенцијата. Понатаму, фактот што апликантите не побарале азил изрично, не ја ослободува Италија од исполнувањето на својата обврска. Судот забележува дека обврските на државите што произлегуваат од меѓународното бегалско право, вклучувајќи го и принципот на невраќање (the “principle of non-refoulement”), се вградени и во Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија. Судот, земајќи, понатаму, предвид дека споделената ситуација на апликантите и на многу други прикриени мигранти во Либија не го прави наведениот ризик помалку индивидуален, заклучи дека со трансфер на апликантите во Либија, италијанските власти, со целосно познавање на фактите, ги изложиле на третман забранет со Конвенцијата.
Заклучок: повреда (едногласно).
(b) Ризик од злоставување на апликантите во земјите на потекло – Индиректното отстранување на странец сепак ја остава одговорноста на земја – потписничка на Конвенцијата недопрена, а од таа држава се бара да се погрижи дека земјата – посредник понудила доволни гаранции против арбитрарна репатријација, особено доколку таа држава не е потписник на Конвенцијата. Сите информации во посед на Судот јасно покажаа дека состојбата во Сомалија и Еритреја се одликуваше со широко распространета несигурност – постоеше ризик од тортура и притворање во нечовечки услови и само заради тоа што земјата е напуштена нерегуларно. Апликантите може, оттука, со право да тврдат дека нивната репатријација би го прекршила Член 3. Судот, потоа, утврдил дали италијанските власти можеле да имаат разумни очекувања од Либија да даде доволни гаранции против арбитрарна репатријација. Согледувајќи дека државата ја нема ратификувано Женевската конвенција за статусот на бегалците и забележувајќи го отсуството на било каква форма на процедура за азил или заштита за бегалците во Либија, Судот не го прифаќа аргументот дека активностите на UNHCR во Триполи претставувале гаранција против арбитрарна репатријација. Human Rights Watch и UNHCR осудиле неколку присилни враќања на баратели на азил и на бегалци, во земји со висок ризик. Оттука, фактот што некои од апликантите добиле бегалски статус во Либија е далеку од охрабрувачки, туку претставува дополнителен доказ за ранливоста на односните странки. Судот заклучил дека кога апликантите биле префрлени во Либија, италијанските власти знаеле или требало да знаат дека постоеле недоволни гаранции што би ги штителе од ризикот да бидат арбитрарно вратени до нивните односни матични земји.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 4 од Протоколот 4
a) Допуштеност – Судот беше повикан за прв пат да испита дали Член 4 од Протокол 4 важи за предмет којшто опфаќа отстранување на странци во трета земја, извршено надвор од националната територија. Тој се стремеше да утврди дали трансферот на апликантите во Либија претставувал „колективно протерување на странци“ во смисла на таа одредба. Судот воочи дека ниту Член 4 од Протокол 4, ниту подготвителните трудови (the travaux préparatoires) од Конвенцијата не спречуваат екстратериторијална примена на тој Член. Понатаму, ограничувањето на примената на колективно протерување од националната територија на земји – членки би значело дека значителна компонента од современите обрасци на миграција не би потпаднала под опфатот на таа одредба и би ги лишило мигрантите кои пошле по море, често ризикувајќи си ги животите, а кои не успеале да стасаат до границите на државата, од испитување на нивните лични околности пред да се протераат, за разлика од оние кои патуваат по копно. Концептот на протерување е првенствено територијален, како што е и концептот „јурисдикција“. Сепак, онаму каде, како во овој случај, Судот утврдил дека држава – потписничка, по исклучок, ја извршувала својата јурисдикција надвор од националната територија, тој може да прифати дека извршувањето на екстратериторијалната јурисдикција на таа држава добила форма на колективно протерување. Понатаму, специјалната природа на поморското опкружување не може да оправда област надвор од правото, каде поединци не се покриени со ниеден правен систем што може да им дозволи да ги уживаат правата и гаранциите заштитени со Конвенцијата. Член 4 од Протоколот 4, оттука, се применува на овој случај.
Заклучок: допуштено (едногласно).
(b) Меритум – Трансферот на апликантите во Либија е извршен без никакво испитување на индивидуалната ситуација на секој од апликантите. Апликантите не минале низ никаква процедура на идентификација од страна на италијанските власти кои се ограничиле само на тоа да ги натоварат и истоварат во Либија. Отстранувањето на апликантите било со колективна природа, што е кршење на Член 4 of Протокол 4.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 13 во врска со Член 3 од Конвенцијата и со Член 4 од Протокол 4: Италијанската Влада призна дека не се погрижила за проценка на личните околности на апликантите – патници на воените пловила. Немало преведувачи, ниту правни советници меѓу персоналот на бродовите. Апликантите наведувале дека не им биле дадени никакви информации од страна на италијанскиот воен персонал, кои ги навеле да веруваат дека ги носат во Италија, а не ги информирале за процедурата што треба да ја следат за да одбегнат да ги вратат во Либија. Таа верзија на настаните, иако оспорувана од страна на Владата, е поткрепена со мошне голем број изјави на сведоци, прибрани од UNHCR, CPT и Human Rights Watch, а Судот им придаде особена тежина. Судот ја повтори важноста секому кој е субјект на мерка за отстранување, чии последици се потенцијално неповратни, да му се гарантира правото да добијат доволно информации за да им се овозможи делотворен пристап КОН релевантните процедури и да ги поткрепат своите наводи. Дури и ако вакво правно средство е достапно во пракса, јасно е дека барањата од Член 13 од Конвенцијата не се исполнети со кривичната постапка поведена против воениот персонал на армиските бродови, поради тоа што не го задоволи критериумот на суспензивно дејство вграден во Член 13. Апликантите се лишени од секој правен лек што би можел да им овозможи да поднесат жалба согласно Член 3 од Конвенцијата и Член 4 од Протокол 4 до надлежен орган и да добијат темелна и ригорозна проценка на нивните барања, пред да се изврши мерката на отстранување.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 46: Италијанската влада морала да ги преземе сите можни чекори за да добие уверување од властите на Либија дека апликантите нема да се изложени на постапување некомпатибилно со Член 3 или на арбитрарна репатријација.
Член 41: EUR 15,000 секому за нематеријална штета.
* Европски комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy