© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 179
Ноември 2014
Жалуд (Jaloud) против Холандија [ГС] - 47708/08
Пресуда 20.11.2014 [GC]
Член 1
Јурисдикција на државите
Територијална јурисдикција во врска со наводното убивање на ирачки државјанин од страна на холандиски војник, член на Силите за стабилизација во Ирак
Член 2
Позитивни обврски
Член 2-1
Ефективна истрага
Неуспех да се изведе ефективна истрага за наводно фатално пукање од страна на холандските сили на контролен пункт за возила во јужниот дел на Ирак: повреда
Факти - Од јули 2003 до март 2005 година холандските војници учествувале, во баталјони, во Силите за стабилизација во Ирак (SFIR). Тие биле стационирани во југо-источен Ирак како дел од мултинационалната дивизија Југо-Исток (MND-SE) под команда на офицер на вооружените сили на Обединетото Кралство. Учествотото на холандиските сили во MND-SE билo раководено со Меморандум за разбирање помеѓу Обединетото Кралство и Кралството на Холандија, на кој биле додадени во прилог Правила за употреба на сила. Обата документи биле класифицирани како доверливи.
Жалителот е татко на ирачкиот државјанин кој починал во април 2004 година од рани од куршуми што ги добил кога автомобилот со кој патувал како патник бил застрелан откако во брзина поминал преку контролен пункт за возила. Контролниот пункт го надгледувале во тоа време членовите на ирачкиот корпус за цивилна одбрана (ICDC) на кои им се придружила патрола на холандски војници кои дошле откако врз контролниот пункт било пукано од друго возило неколку минути пред инцидентот во кој синот на жалителот бил убиен. Еден од холандските војници признал дека испукал неколку куршуми во автомобилот во кој синот на жалителот се возел, но тврдел дека тоа го сторил во самоодбрана, мислејќи дека врз него било пукано од возилото. По спроведената истрага од страна на Кралската воена полиција (гранка на холандските вооружени сили), воениот јавен обвинител заклучил дека синот на жалителот најверојатно бил погоден од страна на ирачки куршум и дека холандскиот војник постапувал во самоодбрана. Поради тоа, тој ја затворил истрагата. Таа одлука била потврдена од страна на Воениот совет на Апелациониот суд, кој утврдил дека војникот одговорил на пријателски оган, погрешно заклучувајќи дека истрелите доаѓале од внатрешноста на автомобилот. Со оглед на околностите, тој постапил во рамките на границите на неговите инструкции и одлуката да нема кривично гонење против него била оправдана.
Во неговата жалба до Европскиот суд, жалителот се жалел според членот 2 од Конвенцијата дека истрагата не била доволно независна или ефективна. На 9 Јули 2013 г., Совет на Судот одлучил да се откаже од надлежноста во корист на Големиот судски совет.
Право - Член 1 (надлежност): Владата поднела прелиминарен приговор тврдејќи дека жалбените наводи не спаѓале под територијалната јурисдикција на Холандија со оглед на тоа дека други земји ја вршеле раководната функција: било да се тоа САД и Обединетото Кралство, кои биле назначени како „окупаторски сили“ со Резолуцијата 1483 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, било да е тоа само Обединетото Кралство како „водечка нација“ во југо-источниот дел на Ирак, имајќи ја командата над холандскиот контингент на SFIR.
Отфрлајќи го тој аргумент, Судот забележал дека извршувањето на одлука или наредба издадена од надлежен орган на странска држава не било само по себе доволно за да се ослободи држава договорничка од нејзините обврски согласно Конвенцијата. Холандија не била ослободена од „јурисдикцијата" само заради тоа што ја прифатила оперативната контрола на команден официр од Обединетото Кралство. Иако силите кои припаѓале на други нации од „водечките нации" ги добивале нивните редовни инструкции од странски команданти, дефинирањето на клучните насоки - вклучувајќи го, во рамките на договорените ограничувања во облик на Правилата за користење на сила дво прилог на релевантните Меморандуми за разбирање, изготвувањето на посебни правила за употребата на сила - останувало област за која била надлежна секоја држава која испраќала војници. Холандија ја презела одговорноста за осигурување на безбедноста во областа каде биле стационирани нејзините трупи, со исклучок на други земји-учеснички, и задржала целосна команда над својот контингент таму. Ниту пак било релевантно тоа што контролниот пункт каде се случило пукањето номинално бил обезбедуван од страна на членовите на ICDC, затоа што ICDC бил под супервизија и надлежност на офицери од коалиционите сили. Холандските војници оттука не биле на располагање на која и да е странска сила ниту пак под исклучиво раководство или контрола на која и да е друга држава.
Фаталното пукање се случило на контролен пункт обезбедуван од страна на персонал кој бил под директна команда и супервизија на офицер на холандската армија, додека самиот контролен пункт бил формиран во рамките на извршување на мисијата на SFIR во согласност со резолуцијата 1483 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Оттука, тоа се случило во рамките на „јурисдикцијата" на Холандија.
Заклучок: Прелиминарен приговор отфрлен (едногласно).
Член 2 (процедурален аспект): Судот не ги прифатил наводите на жалителот дека истрагата не била доволно независнa. Нема докази дека тоа што единицата на Кралската воена полиција, која ја водела првичната истрага, ги делела касарните со членовите на армијата кои наводно биле одговорни за смртта на починатиот, само по себе влијаело на нејзината независност до точка да го загрози квалитетот на нејзината истрага. Ниту, пак, тоа што јавниот обвинител се потпирал во голема мера на извештаите на Кралската воена полиција покренувало прашање, со оглед на тоа што јавните обвинители неизбежно се потпираат на полицијата за информации и поддршка. Што се однесува, пак, до вклученоста на воен офицер во служба како судија на Воениот совет на Апелациониот суд кој ја потврдил одлуката да нема кривично гонење на офицерот на холандската армија кој пукал во автомобилот, советот бил составен од два цивилни члена на Апелациониот суд и еден воен член. Воениот член бил висок офицер квалификуван за судиска функција кој не бил подреден на воена власт и дисциплина и чија функционална независност и непристрасност биле исти како оние на цивилните судии. Воениот совет, оттука, нудел доволно гаранции за целите на членот 2 од Конвенцијата.
Сепак, во однос на ефикасноста на истрагата, Судот утврдил дека таа се карактеризирала со голем број на недостатоци. Особено, воениот совет на Апелациониот суд се ограничил на тоа да утврди дека офицерот кој пукал постапил во само-одбрана, по грешка одговорајќи на пријателските истрели од другата страна на патот, без притоа да разгледа одредени аспекти кои биле релевантни за пропорционалноста на употребената сила, особено, дали било пукано повеќе одошто било неопходно и дали пукањето престанало веднаш штом тоа ситуацијата го дозволила. Документите со информации кои биле потенцијално релевантни за тие прашања не биле ставени на располагање на Воениот совет во тоа време. Особено, записникот со изјавите од членовите на ICDC кои го чувале контролниот пункт во времето на пукањето и листата на имиња на членовите на ICDC кои отвориле оган од своето оружје не биле додадени во предметот.
Покрај тоа, офицерот кој беше бил отворил оган бил испрашан дури шест часа после инцидентот. Иако ниту еден елемент не сугерирал дека имало каква и да е манипулација, фактот дека не биле преземени соодветните мерки за да се намали ризикот тој да може да се договори и усогласи со другите сведоци е уште еден недостаток на истрагата. Што се однесува до обдукцијата, таа биле извршена без да биде присутен ниту еден квалификуван холандски официјален претставник. Извештајот од патологот бил исклучително краток, не бил детален и во него не биле вклучени дури ни фотографии. Конечно, фрагменти од метал идентификувани како фрагменти од куршуми кои биле земени од телото - потенцијално важни материјални докази - не биле складирани или испитани во соодветни услови и потоа исчезнале во непознати околности.
Накусо, истрагата за околностите на смртта не успеала да ги исполни стандардите утврдени со членот 2 од Конвенцијата поради тоа што некои документи кои содржеле важни информации не им биле доставени на судските органи и на жалителот; не биле преземени никакви мерки на претпазливост за да се спречи офицерот кој отворил оган, пред да биде испрашан, да се договори со другите сведоци на настаните; не бил направен никаков напор обдукцијата да биде извршена под услови кои се соодветни за истрага за можна кривична одговорност на претставник на државата, пришто извештајот од обдукцијата бил исто така несоодветен; и важни материјални елементи биле загубени во неразјаснети околности. Не може да се каже дека овие недостатоци биле неизбежни, дури и во контекст на особено тешките услови кои владееле во Ирак во времето на настаните.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41: 10.000 евра за нематеријална штета.
(Видете исто: Al-Skeini and Others v. the United Kingdom [ГС], 55721/07, 7 јули 2011, Информативна белешка 143; Hassan v. the United Kingdom [ГС], 29750/09, 16 септември 2014, Информативна белешка 177; и информативниот лист за Екстра-територијалната јурисдикција на земјите страни на Конвенцијата)
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме од страна на Секретаријатот не обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy