© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 105
февруари 2008
Kafkaris против Кипар - 21906/04
Пресуда 12.2.2008 [Голем совет]
Член 3
Понижувачко постапување
Нечовечко постапување
Задолжителна доживотна казна без можност за отпуштање поради добро однесување, по измените на законодавството: нема повреда
Член 7
Член 7-1
Nullum crimen sine lege
Конфликтни статутарни одредби во врска со значење на казната доживотен затвор, во смисла на утврдување право на помилување: повреда
Промена на законот за помилување за добро однесување во случај на осуденик на доживотен затвор кој на почетокот бил информиран од страна на судечкиот суд дека неговата осудителна пресуда значи затворање до крајот на животот: нема повреда
Факти: Во 1989 апликантот беше огласен за виновен за три дела на убиство со предумисла и му беше дадена задолжителна казна доживотен затвор согласно Кривичниот законик. Во тоа време (општите) затворски прописи, со измените и дополнувањата, пропишуваа дека осудениците на доживотен затвор имаат право на намалување од најмногу една четвртина од нивната казна. За таа цел, беше дефинирано дека доживотната затворска казна значи затворска казна од дваесет години. На седницата за изрекување на казната во случајот на апликантот, обвинителството го повика судечкиот суд да појасни дали доживотниот затвор во неговиот случај ќе значи престој во затвор до крајот на животот или на период од дваесет години, како што се споменува во затворската регулатива, зашто ако е случај второто, обвинителството сакало да побара казните да течат консекутивно. Судот сметал дека казната значела престој во затвор до крајот на животот на осуденикот. Сепак, по неговото доаѓање во затвор, апликантот бил известен од затворската управа дека со добро однесување тој може да се квалификува за отпуштање во 2002. Последователно, Врховниот суд изјавил во друг предмет дека регулативата во однос на намалувањето на казната е неуставна и ultra vires и дека е донесено ново законодавство што оневоможува осудените на доживотен затвор да бараат намалување на казната поради добро однесување. Апликантот не бил отпуштен на датумот за кој бил известен од затворските власти и поднел жалба до Врховниот суд, со барање за habeas corpus. Сепак, и неговото барање и последователната жалба биле одбиени. Единствени изгледи за отпуштање што сега им се достапни на осудениците на доживотен затвор на Кипар се под уставните овластувања на Претседателот за суспензија, намалување или конвертираање на казната по препорака на Јавниот правобранител или статутарни овластувања да нареди условно отпуштање со согласност на правобранителот.
Право: Член 3 – (a) Должина на лишувањето од слобода: Иако изгледите за отпуштање на осудениците што служат доживотни затворски казни на Кипар се ограничени, тоа не значи дека доживотните казни на Кипар е неможно да се намалат и нема можност за отпуштање. Напротив, ваквите казни е и де факто и де јуре можно да се намалат. Извесен број осуденици кои служеле задолжителни доживотни казни биле отпуштени согласно уставните овластувања на Претседателот, а доживотните затвореници можат да ги користат и релевантните одредби во било кој момент, без да мора да отслужат минимален период затворска казна. Соодветно, иако имало недостатоци во применуваната процедура и реформи биле во тек, апликантот не можел да тврди дека му била ускратена секаква можност за отпуштање, или дека неговата континуирана лишеност од слобода – иако долга– претставувала нечовечко или понижувачко постапување.
(b) Лишеност од слобода и по датумот дефиниран од затворската управа: Иако промената на важечките закони и соодветното изјаловување на неговите очекувања за отпуштање мора да предизвикала немир кај апликантот, тоа не достигнало ниво на суровост потребно за да потпадне под опфатот на Член 3. Имајќи ја предвид хронологијата на настаните, апликантот не можел оправдано да негува вистински очекувања дека ќе биде ослободен во 2002, зашто судот бил јасен околу природата на казната што ја изрекол, а релевантните промени на домашното право биле воведени околу шест години пред датумот на отпуштање што му го најавиле затворските власти. Сите надежи што апликантот можел да ги има за предвремено отпуштање оттука би се намалиле, зашто станало јасно, со промените на домашните закони, дека тој ќе ја отслужи доживотната казна. Иако доживотната казна без неопходно минимално траење нужно предизвикува анксиозност и несигурност во врска со затвореничкиот живот, таа е инхерентна на природата на изречената казна и, земјаќи ги предвид изгледите за отпуштање во рамки на сегашниот систем, не оправдува да се заклучи дека постапувањето е нечовечко и понижувачко.
Заклучок: нема повреда (десет наспрема седум гласа).
Член 5 § 1 – Судечкиот суд јасно стави до знаење дека апликантот е осуден на затворска казна за остатокот од својот живот, а не за период од дваесет години. Подоцнежното известување од затворските власти за датумот за условно отпуштање не можел да се одрази, ниту се одразил врз таа казна и не го направил неговото лишување од слобода по 2002 незаконито.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 7 – (a) Квалитет на правото: Околу прашањето на достапноста и предвидливоста, Судот забележа дека, иако во времето кога апликантот го сторил делото Кривичниот законик јасно пропишувал дека за убиство со предумисла е пропишана казна доживотен затвор, било подеднакво јасно дека потпирајќи се на затворските правила, и извршните и административните органи работеле под претпоставка дека таа казна е еквивалентна на дваесет години затворска казна и дека сите затвореници, вклучувајќи ги и оние осудени на доживотен затвор, имаат право на намалување на казната поради добро однесување. Иако Судот прифати дека прописите се однесуваат на извршувањето на казната – а не на самата казна – разликата меѓу опфатот на доживотната казна и начинот на нејзино извршување не бил веднаш очигледен. Соодветно, во време кога апликантот го сторил делото, кипарскиот закон, земен како целина, не бил формулиран со доволна прецизност за да му овозможи на апликантот да разграничи, доколку е потребно и со соодветен совет, до степен во којшто тоа било разумно во дадените околности, кој е делокругот на доживотната затворска казна и начинот на нејзино извршување.
Заклучок: повреда (петнаесет наспрема два гласа).
(b) Ретроактивна примена на потешка казна и загуба на можноста за намалување на казната: Судот не прифати дека на апликантот му е ретроактивно наметната потешка казна, зашто, имајќи ги предвид материјалните одредби од Кривичниот законик, не можело да се каже дека во релевантното време казната доживотен затвор јасно изнесувала дваесет години затворска казна. Фактот што апликантот, како осуденик на доживотен затвор, веќе немал право неговата казна да се намали е поврзано со извршувањето на пресудата, а не со „казната“ што му е наметната, која и натаму останува доживотен затвор. Иако промените на законодавството за затворите и условите на отпуштање можеби направиле затворањето ефективно да е посурово за апликантот, не може да се толкуваат како нешто што наметнува потешка „казна“ од онаа што веќе е изречена од судечкиот суд. Прашањата поврзани со политиките на отпуштање, начинот на нивно спроведување и образложенијата зад нив се дел од кривичната политика што се определува на национално ниво.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 14, во врска со Членовите 3, 5 и 7 – (a) Наводна дисмкриминација меѓу апликантот и осудениците на доживотен затвор кои се отпуштени: Односните осуденици на доживотен затвор не се отпуштени врз основа на затворските правила или на нивната осудителна пресуда, туку од страна на Претседателот на Републиката при извршување на неговите дискрециони уставни овлстувања. ПОнатаму, во случајот на апликантот, судечкиот суд изрично се осврнал на соодветното толкување на доживотната казна и донел пресуда за затворска казна што ќе трае остатокот од животот на апликантот. Имајќи ги на ум разновидните фактори земени предвид при извршување на дискреционите овластувања на Претседателот, како што се природата на делото и јавната доверба во системот на кривична правда, не може да се каже дека извршувањето на оваа дискреција создало прашање според Член 14.
(b) Наводна дискриминација меѓу апликантот како осуденик на доживотен затвор и другите затвореници: Имајќи ја предвид природата на доживотната казна, апликантот не може да тврди дека е во аналогна или релевантно слична положба како другите затвореници кои не отслужуваат доживотни казни.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 41 – Наодот дека постоела повреда претставува сам по себе доволно задоволување за секоја непарична штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy