Кангерс (Kangers) против Латвија - Ж.бр. 35726/10, Пресуда од 14 март 2019 година [Оддел V] Факти – Во февруари 2009 година жалителот добил двегодишна за- брана за возење поради сторен прекршок на возење под дејство на алкохол. Во јули 2009 година полицијата изготвила извештај за админи-стративен прекршок во кој се наведувало дека жалителот управувал со автомобил додека сè уште му важела забраната за возење. Жалителот поднел жалба. Пред да биде одлучено по жалбата, полицијата, во септември 2009 го- дина, изготвила извештај за уште еден административен прекршок во кој се наведувало дека жалителот управувал со автомобил додека му важела забраната за возење и дека прекршокот е сторен во неколку наврати во текот на една година. Жалбата на жалителот била отфрлена. Право – Член 6 став 2: Во третата група на постапки за административен прекршок домашните судови утврдиле дека жалителот неколку пати сторил прекршок на возење додека имал забрана за возење во текот на една година. Притоа судовите изрично упатиле на извештајот за ад-министративен прекршок од јули 2009 година во однос на кој жалбата сè уште била во тек. Заклучокот дека првичниот прекршок претставувал основа за повторливост неминовно подразбирал дека жалителот исто така го сторил тој првичен прекршок. Фактичките и правните претпоставки функционирале во секој правен систем и Конвенцијата начелно не ги забранувала. Сепак, од државите се барало да ги ограничат истите во разумни граници што ја земале предвид важноста на она што било во прашање и ги одржувале права-та на одбрана. Во случаи кога Судот анализирал фактички или правни претпоставки во контекст на кривичната постапка, тој особено ги зел предвид процесните гаранции и средствата за одбрана со кои распола-гал обвинетиот за побивање на таквите претпоставки. Кога се сметало дека недостигаат процесни гаранции достапни за побивање на прет-поставки, утврдено било дека е повредена презумпцијата на невиност. Жалителот бил прогласен за виновен за повторување на прекршокот наместо за обично возење додека имал забрана за возење, и како та-ков, тој не само што добил повисока парична казна, туку, исто така, до-бил и затворска казна од пет дена што требало да ја отслужи пред да биде завршена постапката во врска со првичниот прекршок. Презумп-цијата во случајот на жалителот се однесувала на фактот дека тој сторил прекршок кој бил предмет на различна група на постапки. Домашните судови се сметале себеси за законски обврзани со извештајот за адми-нистративниот прекршок во однос на првичниот прекршок, без оглед на фактот дека тој бил обжален. Следствено, жалителот бил оставен без никакви средства за одбрана во однос на таа презумпција. Заклучок: повреда (шест гласа наспроти еден). Член 41: утврдувањето на повреда претставувало доволно правично задоволување во однос на каква било нематеријална штета. Барањето за материјална штета е одбиено.
Full & Egal Universal Law Academy