СОВЕТ НА ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ГОЛЕМ СОВЕТ
СЛУЧАЈ КАРАЧОЊИ и ДРУГИ против УНГАРИЈА
(Апликација бр.42461/13 и 44357/13)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
17 Maj 2016
Оваа пресуда е конечна
Совет на Европа
Во случајот Карачоњи и Други против Унгарија,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем совет, составен од:
Луис Лопез Гера, претседател,
Андрес Сахо,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Ангелика Нушбергер,
Марк Вилигер,
Боштјан М. Зупанчиќ,
Канлар Хаџиев,
Јан Шикута,
Винсент А. Гаетано,
Линос-Александре Сицилијанос,
Ерик Месе,
Хелена Једерблом,
Јоханес Силвис,
Валериу Грицо,
Ксенија Турковиќ,
Бранко Лубарда
Јонко Грозев, судии
и Јохан Калеверт, заменик секретар на Големиот совет,
По заседавање зад затворени врати на 8-ми јули 2015 и 27-ми април 2016 година,
Ја донесе на тој датум следната пресуда:
ПОСТАПКА
1. Случајот произлегува од две апликации (бр. 42461/13 и 44357/13) против Унгарија поднесени до Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) на 14-ти јуни и 5-ти јули 2013 година, соодветно. Првата апликација (бр. 42461/13) ја поднесоа четворица унгарски државјани, г-дин Гергели Карачоњи, г-дин Петер Силагиј, г-дин Давид Дорош и г-ѓа Ребека Каталин Сабо, и втората (бр. 44357/13) ја поднесоа тројца унгарски државјани, г-ѓа Бернадет Шел, г-ѓа Агнес Остоликан и г-ѓа Силвија Ленгиел („апликантите“).
2. Апликантите ги застапуваше г-дин Д. Карсаи, адвокат кој работи во Будимпешта. Унгарската влада („Владата“) беше застапувана од нивниот агент-претставник, г-дин З. Талоди, од Министерството за правда.
3. Апликантите, членови на парламентот, тврдат дека со одлуките за казнување заради нивното однесување во Парламентот било прекршено нивното право на слобода на изразување, односно повреда на членот 10 од Конвенцијата. Тие, исто така, се жалеа според членот 13 од Конвенцијата дека не им бил достапен правен лек за обжалување на оспорените одлуки.
4. Апликациите беа распределени кај Втората Секција на Судот (Правило 52 став 1 од Деловникот на Судот). На 16-ти септември 2014 година, Советот на таа Секција составен од Гвидо Рајмонди, претседател, Ишил Каракаш, Андрис Сајо, Небоја Вучиниќ, Егидиус Карис, Роберт Спано, Јон Фридрик Кјелбро, судии и Стенли Нејсмит, секретар на Секцијата, ги донесе своите пресуди во двата случаи. Во секој од случаите, едногласно ги прогласи апликациите според Членот 10 и Членот 13 во контекст на Членот 10 за допуштени а остатокот од апликациите за недопуштени. Советот едногласно заклучи дека постоела повреда на членот 10 и дека постоела повреда на членот 13 во контекст на членот 10. Кон пресудите беа прикачени заедничкото согласно мислење на судиите Рајмонди, Спано и Кјалбро и делумно спротивставеното мислење на судијата Карис.
5. На 15-ти декември 2014 година, Владата побара упатување на предметите до Големиот Совет во согласност со Член 43 од Конвенцијата. На 16-ти февруари 2015 година, бордот на Големиот Совет го одобри тоа барање.
6. Составот на Големиот Совет беше одреден според одредбите на Член 26 ставови 4 и 5 од Конвенцијата и Правило бр. 24.
7. Апликантите и Владата поднесоа забелешки за мериторноста.
8. Дополнително, беа примени коментари од трети страни од владите на Чешка и Обединетото Кралство, на кои од Претседателот им беше дадена дозвола да интервенираат во писмената постапка (Член 36 став 2 од Конвенцијата и Правило 44 став 3).
9. Сослушување се одржа јавно во Зградата за човекови права, Стразбур, на 8-ми јули 2015 година (Правило 59 став 3).
Пред Судот се појавија:
(а) за Владата
Г -дин Б. БЕРКЕ, државен секретар, Министерство за правда,
Г -дин З. ТАЛЛИДИ, агент-преставник,
Г -ѓа Á. БРУСТ, правен советник, Министерство за правда,
Г -дин Т. БЕРИНИ, заменик директор, Парламентарна канцеларија,
Г -ѓа З.ТОТ, раководител, оддел за кодификација,
Парламентарна канцеларија,
Г -дин А. ВЕГИ, правен советник, оддел за кодификација
Парламентарна канцеларија, советници;
(б) за апликантите
Г -дин Д. КАРСАИ, застапник
Г -дин В. КАЗАИ,
Г -ѓа Ф. КОЛАРИЧ, советници.
Присуствуваа и двајца од апликантите, г-ѓа Ленгиле и г-ѓа Шел. Судот ги слушна обраќањата на г-дин Карсаи и г-дин Телоди, како и нивните одговори на прашањата поставени од судиите Нунбергер и Лопез Гуера.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
А. Апликантите во случај бр. 42461/13
10. Апликантите, г-дин Карачоњи, г-дин Силаги, г-дин Дорош и г-ѓа Сабо, се родени соодветно во 1975, 1981, 1985 и 1977 година и живеат во Будимпешта.
11. Во материјалното време апликантите биле членови на парламентот на опозициската партија Párbeszéd Magyarországért (Дијалог за Унгарија). Г-дин Силаги бил исто така еден од нотарите во Парламентот.
Факти во врска со г -дин Карачоњи и г-дин Силаги
12. На 30-ти април 2013година, на пленарна седница, за време на говорот пред дневниот ред, пратеник од опозицијата од Унгарската социјалистичка партија ја критикувал Владата и ја обвинил за корупција во врска со, меѓу другото, реорганизацијата на пазарот на тутун. Г-дин Золтан Чефалвеј, додека државнниот секретар за национална економија, одговарал во име на Владата, г-дин Карачоњи и г-дин Силаги внеле во центарот салата голем плакат со натписи „ФИДЕС [владеачката партија] крадете, лажете и мамите“. Потоа, тие го поставиле плакатот до седиштето на државниот секретар.
13. Записникот од седницата гласи како што следува:
„Золтан Чефалвеј, државен секретар за национална економија: ... Кажете им дека порастот на субвенициите за надомест за платите особено ги погодува оние со минимален приход, бидејќи минималниот приход е зголемен за 5,4 %, што е невозможно да се држи чекор со инфлација помала од 3,5%. И кажете им исто така... (Гергели Карачоњи и Петер Силаги покажуваат плакат со натпис „ФИДЕС, крадете, лажете и мамите“. Интервенции од владините пратеници: Деловник! Претседателе! Спикерот sвони на ѕвончето.)
Спикерот: Почитуван Парламент! (Постојани интервенции од владините пратеници. Гергели Карачоњи и Петер Силаги го ставаат плакатот веднаш до говорницата на Спикерот на Парламентот.) Го молам г-дин Гергели Карачоњи да го отстрани плакатот на ист начин како што го донесоа. (Гергели Карачоњи и Петер Силаги не го тргаат плакат покрај говорницата на Спикерот. Постојани интервенции од владините пратеници. Спикерот sвони на ѕвончето.) Ги молам редарите да го отстранат плакатот. (Дофрлувања од владините пратеници, меѓу другите: Тоа е сè што можете да направите.) Ги молам редарите да го отстранат плакатот. (Плакатот е отстранет.)
Ви благодарам многу. Ве молам, продолжете господине државен секретар! (Интервенции од владините пратеници: Како можеа да го внесат внатре? [Спикерот]sвони на ѕвончето.) "
14. На 6-ти мај 2013 година, Спикерот доставил предлог за казнување на г-дин Карачоњи со 50.000 унгарски форинти ((HUF); еквивалентно на 170 евра (EUR)) и г-дин Силаги со 185.520 HUF (600 EUR) за нивното однесување, како што е запишано во записникот што се смета за сериозно навредливо за парламентарниот ред, во примена на деловите 49 (4) и 49 (7) од Законот за Парламентот. Спикерот предложил максимална парична казна (една третина од неговиот месечен надомест) да се примени за г-динот Силаги, бидејќи тој бил избран за функционер во Парламентот и не бил само обичен пратеник. Во предлогот не биле наведени други причини. Одлуката за одобрување на предлогот на Спикерот била усвоена од пленарниот состав на 13-ти мај 2013 година, без расправа.
2. Факти во врска со г-дин Дорош и г-ѓа Сабо
15. На 21-ви мај 2013 година, за време на последното гласање за Предлог-законот бр. Т/10881 за изменување и дополнување на одредени законски акти сврзани со тутунот, г-дин Дорош и г-ѓа Сабо внеле во салата за седници и таму го покажале големот транспарент на кој биле напишани зборовите „Тука оперира националната мафија за тутун“.
16. Записникот од седницата гласи како што следува:
Спикерот: ... Го прашувам почитуваниот Парламент дали го усвојува Предлог -законот Т/10881 во согласност со консолидираниот предлог како што е изменет сега. Ве молиме гласајте! (Гласање)
Ја објавувам одлуката: Парламентот (Давид Дорош и Ребека Сабо покажуваат транспарент со натписи „Тука оперира националната мафија за тутун“) го усвои Предлог-законот со 222 гласа „за“, 81 „против“ и 1 воздржан. (Аплауз од пратениците на ФИДЕС.)
Им го предочувам на двајцата пратеници на парламентот фактот дека нивното однесување претставува сериозно нарушување на пленарната постапка. Соодветно Ве известувам дека Деловникот и делот 49 (4) од Законот за Парламентот (континуиран аплауз од членовите на Унгарската социјалистичка партија) го санкционираат таквото однесување. (Иштван Јожа, Сакаме законодавство против мафијата!) . Ги молам колегите да го одврзат и отстранат транспарентот. (Давид Дорош и Ребека Сабо не го предаваат транспарентот на редарот. Кратка пауза. Гласна бучава од пратениците од опозицијата.) Ве молиме помогнете им на дамата и господинот, пратеници во парламентот, да го тргнат транспарентот. (Давид Дорош и Ребека Сабо ја напуштаат седницата.) Ви благодарам многу “.
17. На 24-ти мај 2013 година, Спикерот поднел предлог за казнување на г-дин Дорош и г-ѓа Сабо, за казна во висина HUF 70.000 (EUR 240) за нивното однесување, запишано во записникот и се смета дека е сериозно навредливо за парламентарниот ред, во примена на деловите 49 (4) и 49 (7) од Законот за Парламентот. Во предлогот се наведува дека е неопходна зголемена казна, бидејќи претходно се случило слично сериозно нарушувачко однесување. Во предлогот не биле наведени други причини. Пленарниот состав го усвоил предлогот на 27-ми мај 2013 година, без расправа.
Б. Апликантите во случајот бр. 44357/13
18. Апликантите, г-ѓа Шел, г-ѓа Остоликан и г-ѓа Ленгиел, се родени во 1977 година, 1974 и 1971 година и живеат во Будакези, Будимпешта и Гадала, соодветно.
19. Во материјалното време апликантите биле членови на парламентот на опозициската партија Lehet Más a Politika (LMP) (Политиката може да биде поинаква).
20. На 21-ви јуни 2013 година Парламентот го спровел конечното гласање за новиот закон, Предлог-законот бр. Т/7979 за пренос на земјоделско и шумско земјиште. Законодавниот предлог бил доста контроверзен и предизвикал жестоки реакции кај членовите на опозицијата. Во знак на протест, за време на последното гласање за предлог -законот, г-ѓа Ленгил поставила мала, златна количка, исполнета со земја, на масата пред Премиерот, додека г-ѓа Шел и г-ѓа Остоликан развеале транспарент со натписи „Распределба на земјиштето наместо кражба на земјиште!" пред говорницата на Спикерот; во меѓувреме, г-ѓа Ленгил користела мегафон за да зборува. Таа претходно одржала два говори за време на деталната расправа и еден говор за време на последната расправа за предлог-законот, поднела три амандмани за изменување и изнела два амандмани непосредно пред конечното гласање.
21. Записникот од седницата гласи како што следува.
„Спикерот: Следната точка на Дневниот ред е гласање за амандманите поднесени пред конечното гласање за Предлог-законот за трансфер на земјоделско и шумско земјиште и конечно гласање. Пратениците во парламентот го добија Предлог -законот под број Т/7979 и пречистен текст на Предлог -законот под број Т/9797/2610.
Прво ќе гласаме за амандманите. Нивното усвојување бара апсолутно мнозинство.
(Континуирано нарушување на седницата.) ...
Бидејќи членовите на Јобик [опозициската партија] не ми дозволуваат да ја заземам мојата позиција на говорницата на Спикерот, ќе продолжам да претседавам со седницата оттука. (Силен аплауз од владејачката пратеничка група.). Бидејќи членовите на Јобик не дозволуваат левичар, член на опозициската партија и нотар да седат на [говорницата на Спикерот] за време на гласањето со прозивка и да го спроведат гласањето и да ги објават резултатите (континуирана врева), барам од пратениците да ги заземат своите места и да ме слушаат! Барам од Парламентот да потврди дека, бидејќи членовите на Јобик не дозволуваат гласање со прозивка, ние да го дадеме својот глас по електронски пат. (Силен аплауз од владејачката пратеничка група. Интервенции од иста страна: Ура!)
Почитувани пратеници! Ве замолувам сите што се согласувате, со оглед на невообичаените околности, да го дадете својот глас преку електронско гласање, наместо да гласате со прозивка. (Членовите на парламентарната група „Јобик“ го заземаат седиштето на Спикерот, скандирајќи „Предавници, предавници“ неколку минути. Силвија Ленгиел поставува мала златна количка, исполнета со земја, на масата пред Премиерот. Бернадет Шел и Игнес Оштоликан [апликантите] рашируваат транспарент со зборовите „Распределба на земјиштето наместо грабеж на земјиште!“ пред говорницата на Спикерот.)
Барам техничка помош за да се овозможи гласањето да се одржи. (Кратка пауза. Членовите на групата „Јобик“ постојано скандираат „Предавници“. Силвија Ленгиел користи мегафон за да зборува. Андрес Шифер аплаудира. Интервенција од групата ФИДЕС: Каде е парламентарното обезбедување? Смеа.)
Г-ѓо пратеничка! Морам да ве предупредам, исто така, дека вашите методи се неприфатливи според Деловникот. Затоа ве замолувам да го прекинете говорот користејќи го мегафонот. Повторно, барам техничка помош за надминување на овој проблем за да можат пратениците во парламентот да го остварат своето право на глас, бидејќи сум попречен во пристапот до мојата персонална картичка за гласање. ”
22. На 25-ти јуни 2013 година, Спикерот го доставил предлогот за казнување на г-ѓа Шел и г-ѓа Ленгиел за казна во висина од по HUF 131.400 (EUR 430) и г-ѓа Остоликан со HUF 154.000 (EUR 510) за нивното однесување, како што е запишано во записникот и истото се смета дека е сериозно навредливо за парламентарниот ред, во примена на деловите 49 (4) и 49 (7) од Законот за Парламентот.
23. Спикерот предложил ја предложил максималната парична казна, со оглед на вонредната ситуација што се создала за време на процесот на гласање и дека пратениците пројавиле сериозно навредливо однесување кон парламентарниот ред со покажување на својот транспарент и користење мегафон. Одлуката за одобрување на предлогот на спикерот била усвоена од Пленарниот состав на 26-ти јуни 2013 година ,без расправа.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКТИКА
А. Уставното право 24. Уставот на Унгарија, кој стапил на сила на 1-ви јануари 2012 година, го обезбедува следново, дотаму каде што е применливо. Член В „1. Функционирањето на унгарската држава ќе се заснова на принципот на поделба на власта “. Член I„1. Ќе се почитуваат неприкосновените и неотуѓивите основни права на човекот. Примарна обврска на државата е да ги заштити овие права. 2. Унгарија ќе ги признае основните индивидуални и колективни човекови права. 3. Правилата за основните права и обврски се утврдени со Закон. Основното право може да се ограничи само за да се овозможи ефективна употреба на друго основно право или да се заштити уставната вредност, до степен што е апсолутно неопходен, пропорционален на целта што се следи и со целосно почитување на суштинската содржина на таквото основно право “. Член IX „1. Секој има право на слобода на говор. 2. Унгарија ќе ја признае и заштити слободата и разновидноста на печатот и ќе обезбеди услови за бесплатно ширење на информации неопходни за формирање на демократско јавно мислење.... 4. Правото на слобода на говор не смее да се остварува со цел да се наруши човечкото достоинство на другите “.
Член XXVIII
“7. Секој има право да бара правен лек против секој суд, орган или друга административна одлука што ги крши неговите права или легитимни интереси “.
Член 5
“7. Парламентот ги утврдува правилата на своето работење и редоследот на расправата во одредбите од Деловникот на Парламентот [Házzzabály] усвоени со гласови од две третини од присутните пратеници. Со цел да се обезбеди непречено функционирање на Парламентот и да се зачува неговото достоинство, Спикерот на парламентот ќе спроведува и дисциплински овластувања, како што е утврдено во Деловникот на Парламентот “.
25. Ставот 5 од изменетите завршни и разни одредби од Уставот, кои стапија на сила на 1-ви април 2013 година, предвидува:
„Одлуките на Уставниот суд донесени пред влегувањето во сила на Уставот се укинуваат. Оваа одредба не е во спротивност со правните ефекти што произлегуваат од тие одлуки “.
Б. Законот за Парламентот
26. Законот за Парламентот (бр. XXXVI од 2012 година), кој стапил на сила на 20-ти април 2012 година, во материјалното време, го обезбедил како релевантно следново.
1.Спикерот на Парламентот
Дел 2
„Спикерот ќе ...(2) (ѓ) ги отвора седниците, ги води седниците непристрасно и ќе ги затвора; ги повикува членовите на парламентот да зборуваат, обезбеди почитување на Деловникот на Парламентот, објавува резултатите од гласањето и го чува го редот и однесувањето во текот на седниците. ... “ 18. Одржување ред и дисциплински овластувањаДел 46„(1) Претседавачот[1] со седницата ќе им нареди на сите членови кои јасно се оддалечуваат од точката без никаква причина за време на својот говор, или бесмислено ги повторуваат своите или говорите на говорниците за време на истата дебата, да се држат до точката и истовремено да ги предупредат за последиците од непочитување. (2) Претседавачот со седницата може да го повлече правото на членовите да зборуваат доколку за време на нивниот говор продолжат да се однесуваат на начин наведен во член 46 став (1) откако ќе бидат предупредени по втор пат “. Дел 47 „Претседавачот со седницата може да го повлече правото на говор на членовите, образложувајќи ги причините, доколку го искористиле времето што ѝ било доделено на нивната пратеничка група“. Дел 48 „(1) Претседавачот со седницата ќе им се обрати говорниците, да го почитуваат редот, доколку користат непристојни или навредливи изрази, за авторитетот на Парламентот или за личност или група, особено за секоја национална, етничка, расна или верска заедница, истовремено предупредувајќи ги за последиците од повторното користење на навредливи или непристојни изрази. (2) Претседавачот со седницата ќе го повлече правото на говор на членовите доколку тие продолжат да користат навредливи или непристојни изрази откако ќе бидат опоменати да го почитуваат редот. (3) Ако за време на свое обраќање од говорницата некој пратеник користи израз што е сериозно навредлив за авторитетот на Парламентот или за кое било лице или група, особено за секоја национална, етничка, расна или верска заедница, или навредливиот израз што го користи предизвикува сериозни нарушувања, претседавачот со седницата може да предложи, без забелешка или издавање предупредување/опомена, исклучување на пратеникот од остатокот од седницата на тој ден и изрекување парична казна против него. (4) Парламентот одлучува за предлогот за исклучување без расправа. Доколку Парламентот нема кворум, претседавачот со седницата одлучува за исклучувањето. Претседавачот со седницата го известува Парламентот на следната седница за исклучувањето и причините. Парламентот последователно ќе одлучи, без расправа, дали одлуката на претседавачот на седницата била легална. (5) Пратеникот што бил исклучен од седницата не може повторно да зборува за време на таа седница. Пратеникот исклучен од седницата нема право на надомест за денот на исклучувањето. (6) Претседавачот со седницата, во отсуство на предлог за примена на каква било санкција од потточка (3), може да предложи изрекување парична казна против членот во рок од пет дена по неговото или нејзиното користење на сериозно навредлив израз. (7) Парламентот одлучува за предлогот за изрекување глоба наведен во потточките (3) и (6) за време на седницата по предлогот, без расправа. Висината на казната не смее да надмине една третина од месечниот надомест на пратеникот“. Дел 49 „(1) Претседавачот со седницата може да го повлече правото на говор на пратениците доколку се противат на каква било одлука на претседавачот со седницата или на неговото или нејзиното претседавање со седницата, освен за процедурални предлози. Говорникот чие право на збор е повлечено од претседавачот со седницата без предупредување, може да побара индивидуално решавање на случајот од Комисијата надлежна за толкување на Деловникот на Домот. (2) Правото на збор на пратеникот не се повлекува ако претседавачот со седницата не го предупредил за последиците од повикот за ред. (3) Секој чие право на говор е повлечено согласно потточка (1), дел 46 (2) или дел 48 (2), не може повторно да зборува во текот на истиот ден на седницата за истото прашање. (4) Ако однесувањето на пратеникот е сериозно навредливо за авторитетот или редот во Парламентот, или ги прекршува одредбите од Деловникот на Парламентот по редослед на расправа или гласање, претседавачот со седницата може да предложи исклучување на пратеникот до крајот на денот на седницата без да го повика на ред или предупредување и изрекување парична казна за него. Предлогот ја содржи причината за мерката и ... одредбата од Деловникот на Парламентот што е прекршена. (5) Парламентот одлучува за предлогот за исклучување без расправа. Доколку Парламентот нема кворум, претседавачот на седницата одлучува за исклучувањето. Претседавачот со седницата го известува Парламентот на следната седница за исклучувањето и причините. Парламентот последователно ќе одлучи без расправа дали одлуката на претседавачот на седницата била легална. (6) Пратеникот исклучен од седницата не смее повторно да зборува во текот на тој ден. Пратеникот исклучен од седницата нема право на надомест за целиот ден на исклучувањето. (7) Претседавачот со седницата, во отсуство на предлог за каква било санкција од потточка (4), може да предложи изрекување парична казна за пратениикот во рок од пет дена од денот кога ќе се впушти во однесување наведено во потточка (4). (8) Парламентот одлучува за предлогот за изрекување парична казна од потточките (4) и (7) за време на седницата по предлогот, без расправа. Висината на казната не смее да надмине една третина од месечниот надомест на пратеникот“. Дел 50 „(1) Ако некој пратеник изврши физичко насилство за време на седницата на Парламентот, се закани дека ќе употреби директно физичко насилство или повика на употреба на насилство, претседавачот со седницата може да предложи исклучување на пратеникот од денот на седницата, суспензија на остварувањето на неговите права и изрекувањето парична казна против него. (2) Парламентот одлучува за предлогот за исклучување без расправа. Доколку Парламентот нема кворум, претседавачот со седницата одлучува за исклучувањето. Ако пратеникот е исклучен од денот на седницата согласно потточката (1), тој или таа не смеат да учествуваат на седницата на Парламентот или во работата на парламентарните комисии и нема да имаат право на надомест за време на периодот на исклучување. Претседавачот со седницата го известува Парламентот за исклучувањето и причините во текот на следната седница. Парламентот последователно ќе одлучи без расправа дали одлуката на претседавачот со седницата била легална. (2а) Претседавачот со седницата, во отсуство на предлог за примена на какви било санкции наведени во потточка (1), може да предложи суспензија на правата на пратеникот и/или изрекување парична казна против пратеникот во рок од пет дена по неговото или нејзино впуштање во однесување наведено во потточка (1). (3) Парламентот одлучува за суспендирање на правата на пратениците откако ќе побара одлука од Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите, со гласови од две третини од присутните членови. Правата на пратеникот може да бидат суспендирани најмногу три дена. (4) Парламентот одлучува за предлогот за изрекување глоба наведен во потточките (1) и (2а) за време на седницата по предлогот, без расправа. Висината на глобата не смее да надмине една третина од месечниот надомест на пратеникот. (5) Парламентот може да ги суспендира правата на пратеникот со две третини од гласовите на присутните пратеници, ако тој или таа продолжи да се впушта во однесување одредено во потточка (1) за време на истата седница. (а) шест заседавачки дена во втората прилика, (б) девет заседавачки дена во третата и секоја наредна прилика. (6) Ако правата на пратеникот се суспендирани, тој или таа не смеат да учествуваат на седницата на Парламентот или работата на парламентарните комисии во периодот помеѓу првиот и последниот ден на суспензијата и немаат право на надомест. (7) Првиот ден на седницата на суспензијата е седницата по денот на одлуката за суспендирање на пратеникот. При пресметување на периодот на суспензија, паузата помеѓу седниците не се зема предвид. (8) Ако членот се впуштил во однесување определено во потточка (1) на состанок на комисија, овој факт исто така ќе се земе предвид при примената на потточката (5). “ Дел 51 „Ако со недозволено однесување дојде до нарушување на текот на седницата на Собранието што го оневозможува продолжувањето на постапката, претседавачот со седницата може да ја прекине седницата на определено време или да ја затвори. Кога седницата е затворена, претседавачот со седницата свикува нова седница. Ако претседавачот со седницата не може да ја соопшти својата одлука, тој или таа ќе го напушти седиштето на претседавач, со што се прекинува седницата. Кога седницата е прекината, истата може да продолжи само ако повторно ја свика претседавачот “. 27. Дел 52 од Законот пропишува дисциплински санкции што можат да се применат во однос на одредени форми на изразување или однесување на состаноците на комисиите. В. Измена на Законот за Парламентот 28. На 13-ти февруари 2014 година Парламентот усвои измена на Законот за Парламентот, со кој се изменети правилата за дисциплинска постапка за пратениците (Закон бр. XIV од 2014 година, инкорпорирање на нов дел 51/А во Законот за Парламентот). Амандманот, меѓу другото, ја воведе можноста казнетиот пратеник да побара правен лек пред комисија. Стапил во сила на 4-ти март 2014 година.29. Новиот дел 51/А гласи како што следува, релевантно. Дел 51/А „(1) Врз основа на предлог на кој било од неговите членови, Комисијата на Претставничкиот дом [Házbizottság [2]] - во отсуство на какви било други правни последици - може да нареди намалување на надоместокот на пратеникот во рок од петнаесет дена од однесувањето наведено во деловите 48 (3 ), 49 (4) и 50 (1). Одлуката ги содржи причините за мерката и, доколку однесувањето ги прекрши правилата за дебатирање, гласање или ..., одредбата од Деловникот на Парламентот се смета за прекршена. ...(3) Спикерот веднаш го известува засегнатиот пратеник за одлуката донесена согласно потточка (1). (4) Доколку пратеникот не се согласи со одлуката донесена согласно потточка (1), тој или таа може да побара во рок од пет дена од известувањето наведено во потточка (3) Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите да ја поништи одлуката донесена согласно потточка (1). Доколку пратеникот не побара укинување на одлуката во определениот рок, неговиот надоместок ќе се намали за износот наведен во решението.... 6) Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите одлучува по барањето поднесено во согласност со потставката (4) ... во рок од петнаесет дена. Доколку пратеникот побара сослушување, Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите ќе го сослуша пратеникот лично. (7) Доколку Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите го поддржи барањето на пратеникот, неговиот надоместок нема да се намали и постапките наведени во потточка (1) ќе се прекинат. (8) Доколку Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите го отфрли барањето на пратеникот или не донесе одлука во рокот наведен во потточка (6), надоместокот на членот ќе се намали за износот наведен во одлуката донесена согласно потточка (1). (9) Доколку Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите го отфрли барањето на пратеникот поднесено во согласност со потточката (4) или не одлучи во рокот определен во потточка(6), пратеникот може да побара од Парламентот да ја поништи одлуката донесена согласно потточка (1)....(11) Претседателот на Комисијата за имунитет, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите веднаш ги известува засегнатиот пратениик и Комисијата на Претставничкиот дом за одлуката донесена согласно потточка (8) ... или за истекот на временскиот рок. (12) Барање според потточка (9) се поднесува во рок од пет работни денови од известувањето дадено од претседателот на Комисијата за имунитети, судир на интереси, дисциплина и верификација на ингеренциите согласно потточка (11).(13) Парламентот одлучува по одлуката донесена во согласност со потточка (1) за време на седницата по барање под потсекција (9), без расправа. Висината на казната не смее да надмине (а) една третина од месечниот надомест на пратеникот доколку намалувањето се должи на однесувањето наведено во дел 48 (3) или 49 (4), (б) месечениот надомест на пратеникот доколку намалувањето се должи на однесувањето наведено во делот 50 (1) “. Г. Закон за Уставниот суд 30. Законот за Уставен суд (бр. CLI) стапил на сила на 1-ви јануари 2012 година. Тој ги предвидува следниве видови уставни жалби. Дел 26 „(1) Во согласност со членот 24 став 2 (в) од Уставот, лица или организации засегнати од конкретен случај можат да поднесат уставна жалба до Уставниот суд доколку, поради примена на правна регулатива спротивна на Уставот во нивните судски постапки, (а) повредени се нивните права утврдени со Уставот, и (б) можностите за правни лекови се веќе исцрпени или не постои можност за правен лек. (2) По исклучок од потточка (1), уставната судска постапка може да се поведе и во исклучителни околности, ако (а) поради примена на законска одредба спротивна на Уставот, или кога таквата законска одредба ќе стапи на сила, правата се директно повредени, без судска одлука, и (б) не постои постапка за добивање правен лек уреден така за да ја поправи повредата, или подносителот на барањето веќе ги исцрпил можностите за добивање правен лек.... “Дел 27 „Во согласност со членот 24 став 2 (г) од Уставот, лица или организации засегнати од судски одлуки спротивни на Уставот можат да поднесат уставна жалба до Уставниот суд доколку одлуката донесена во врска со суштината на случајот или друга одлука со која се прекинува судската постапка (а) ги крши нивните права утврдени во Уставот и (б) можностите за добивање правен лек се веќе исцрпени од подносителот или не му е достапна можност за добивање правен лек. “ 31. Дел 30(4) од Законот за Уставниот суд предвидува: Ниту една уставна судска постапка не смее да се започне повеќе од 180 дена по соопштувањето на одлуката, повредата на правото загарантирано со Уставот и, во случаи дефинирани во 26 (2), стапување во сила на законската регулатива што е во спротивност со Уставот “. Д. Пресуда на Уставен суд бр. 3206/2013 (XI.18) АБ од 04.11.2013 г. 32. Г-дин Е.Н., пратеник на опозициската партија, Јобик, поднел уставна жалба според дел 26(2) од Законот за Уставниот суд против голем број одредби од Законот за Парламентот. Тој тврдел дека оспорените одредби неоправдано ја ограничуваат слободата на изразување на пратениците и не предвидуваат правен лек против одлуките на Парламентот. Уставниот суд ја испита уставноста на деловите 50 (1)[3] и 52 (2) (а) од Законот за Парламентот и го прогласи остатокот од жалбата за недопуштен.33. При разгледување на уставноста на членот 52 (2) (а)[4], Уставниот суд забележал дека парламентарната слобода на говорот претставува важен елемент на слободата на изразување, заштитена со член IX став 1 од Уставот. Парламентот, како форум за одлучување за прашања од директна важност за животот на нацијата, е од особено значење за остварување на слободата на изразување. Уставниот суд забележал дека во однос на слободата на изразување на пратениците, треба да се направи разлика помеѓу слободата на изразување како таква и формата или начинот на кој тој израз е соопштен. Во врска со второто, Парламентот имал право да донесе правила со кои се гарантира неговото достоинство и непречено функционирање.34. Според член 5 став 7 од Уставот, Спикерот на Парламентот ги спроведува полициските и дисциплинските овластувања како што е пропишано со Деловникот на Собранието со цел да се обезбеди непречено функционирање на Парламентот и да се зачува неговото достоинство. На овој начин Уставот ја создава уставната основа за парламентарното спроведување на законот, што неизбежно ги ограничува правата на пратениците, вклучително и нивното право на слобода на изразување. Уставниот суд понатаму се осврнал на автономијата на Парламентот, која е заштитена со Уставот. Според мислењето на Уставниот суд, ефективното функционирање на Парламентот и зачувувањето на неговиот авторитет и достоинство би можело да условува уставно оправдани ограничувања на правото на пратениците на слобода на изразување.35. Уставниот суд забележал дека намалувањето на платата на пратениците и нивното исклучување од работата на Парламентот се најстрогите дисциплински санкции, и дека се познати историски и во меѓународните пракси. Се сметало дека правилото содржано во член 52(2)(а) од Законот за Парламентот не може да се смета за несразмерно ограничување на правото на слобода на изразување.36. Уставниот суд, исто така, го испитал и процедуралниот аспект од членот 52 (2) (а), кој, слично на однесувањето наброено во делот 48 (3), ги регулира најтешките случаи на „сериозно навредлив“ израз. Тој утврдил дека ако се искористи таков израз (наспроти „навредливите или непристојните“ изрази споменати во делот 48 (1)) или се предизвика сериозно нарушување, можноста за примена на најстрогите дисциплински санкции, дури и без да се повика ред во седницата или издаде предупредување, не може да се смета за неуставно. Уставниот суд забележал дека во вакви случаи не може да се очекува, а понекогаш ниту да се предвиди ситуацијата пратеникот да биде навремено предупреден за последиците.37. Второ, Уставниот суд го испитал аргументот дека оспорените делови од Законот за Парламентот не предвидуваат правен лек против дисциплинските одлуки. Тој забележа дека членот XXVIII § 7 од Уставот го утврдува правото на правен лек против одлуките на судскиот орган, државната управа или управниот орган. Меѓутоа, бидејќи дисциплинските одлуки на Парламентот не спаѓаат во ниту една од горенаведените категории, немањето правен лек против нив само по себе не беше противуставно. Тој забележал дека членот XXVIII став 7 од Уставот го утврдува правото на правен лек против одлуките на судскиот орган, државната управа или управниот орган. Меѓутоа, бидејќи дисциплинските одлуки на Парламентот не спаѓаат во ниту една од горенаведените категории, немањето правен лек против нив само по себе не било противуставно. Покрај тоа, од историска и компаративна перспектива, дисциплинските овластувања во однос на пратениците се сметаат за дел од автономијата на Парламентот. Имајќи го предвид погоре наведеното, Уставниот суд утврдил дека дисциплинските овластувања на Парламентот се однесуваат на внатрешното функционирање на Парламентот и со тоа и однесувањето на пратениците во извршувањето на нивниот мандат. Така, никаква обврска за обезбедување правен лек против таквите одлуки не може да произлезе од членот XXVIII став 7 од Уставот.38. Претседателот на Уставниот суд изразил спротивставено мислење, кон кое се приклучиле уште двајца судии[5]. Тој сметал дека правото на слобода на говор на пратениците не потекнува од слободата на изразување бидејќи таа слобода е основно право на граѓаните против државата. Основата на слободата на говорот на пратениците е во пратеничкото право на слободен мандат/избор предвидено во Уставот. Сепак, тој сметал дека, доколку прописите го ограничат користењето на слободата на говорот, разумно е да се повика и на повреда на слободата на изразување. Претседателот на Уставниот суд истакнал дека Уставот ја содржи основата за моќта-правото на Парламентот да воведе санкции во интерес на непречено функционирање на Парламентот. Сепак, тоа не значи дека правото на Парламентот да креира свои правила, исто така, му дозволува да го занемари суштинскиот елемент на правото на слобода на изразување. Претседателот на Уставниот суд утврдил дека оквалификувањето на изразот како „сериозно навредлив“ или „навредлив“, што повлекува сериозно нарушување и исклучување на пратеник, може да се смета за сразмерно само ако му претходи повикување на ред и предупредување за правните последици. Тоа сега не било случај ниту на состаноците на комисиите (дел 52 (2) (а)) ниту на пленарна сесија (дел 48 (3)). Ѓ. Пресуда на Уставниот суд бр. 3207/2013 (XI.18) АБ од 4 ноември 2013 година 39. Истиот подносител, г-дин Е.Н., поднел уставна жалба против деловите 48 (3) и (4) и 48 (7) од Законот за Парламентот. Во својата пресуда од 4 ноември 2013 година, Уставниот суд ја отфрлил неговата уставна жалба во врска со делот 48 (3) 6[6] и го прогласил остатокот од жалбата за недопуштен.40. При разгледување на делот 48 (3), Уставниот суд забележал дека при интервенција во Парламентот, пратеник не ги искажал своите ставови како „приватно лице“, туку како пратеник, односно член на врховниот претставнички орган на земјата. Со оглед на овој капацитет на претставник, границите на изразување се сметаат за различни од оние што се однесуваат на приватни лица: поради имунитетот на пратеникот, тие граници од една страна се пошироки, а од друга страна потесни, со оглед на собраниските дисциплински правила. Дел од изразите на пратениците се регулирани со парламентарните дисциплински правила токму поради големиот имунитет што го имаат пратениците во нивните парламентарни активности. Затоа било оправдано Спикерот да има прерогативи во вакви случаи за да може да спречи злоупотреба на правото на слобода на изразување од страна на пратениците. Понатаму, Уставниот суд забележал дека правото на говор во Парламентот не е само лично право што му припаѓа на пратеник; исто така, тоа претставува основен елемент на парламентарната дебата што требало да се регулира од перспектива на ефективното функционирање на Парламентот.41. Уставниот суд утврдил дека образложението за регулирање на правото на пратениците да зборуваат е да се обезбеди соодветна рамнотежа помеѓу правата на поединечните пратеници и гаранцијата за ефективна парламентарна активност. Судот одлучил дека членот 48 (3) од Законот за Парламентот не ја ограничува несразмерно уставната слобода на изразување бидејќи ги регулира најекстремните случаи коишто спаѓаат во дисциплинските овластувања на Парламентот. Оваа одредба, заедно со претходните потточки од тој дел, соодветно го отсликувала принципот на постепена примена на санкциите (колку е потешка дисциплинската повреда, толку е построга санкцијата што може да се примени). III РЕЛЕВАНТНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ А. Парламентарното собрание на Советот на Европа 42. Членот 28 од Статутот на Советот на Европа предвидува, како релевантен: „а. Консултативното (парламентарно) собрание го усвојува својот деловник и од членовите избира претседател, кој останува на функцијата до следната редовна седница. б. Претседателот ја контролира постапката, но нема да учествува во расправата или во гласањето. 43. Правилото 22 од Деловникот за работа на Собранието (Резолуција бр. 1202 (1999) усвоена на 4-ти ноември 1999 година) со последователни измени на Деловникот за одржување на редот гласи како следи. 22.1. Претседателот ќе го повика секој секој член на Собранието што предизвикува нарушување за време на постапката да го почитува редот. Ако прекршокот се повтори, Претседателот повторно ќе го повика членот да го почитува редот, и тоа ќе се запише во извештајот од дебатите. Во случај и на понатамошно прекршување на редот, Претседателот ќе му наложи на сторителот да замине на своето место или може да го исклучи од Советот до крајот на седницата. Во сериозни случаи, Претседателот може да му предложи на Собранието предлог за цензура, што вклучува итно исклучување од Советот за два до пет дена заседавање. Членот за кој се однесува предлогот за цензура, има право да зборува најмногу две минути пред Собранието да одлучи. Гласањето за предлог за цензура се одвива без расправа.Не смеат да се користат зборови или изрази што го нарушуваат човечкото достоинство, го поткопуваат правото на почитување на приватниот живот или кои можат да ја загрозат уредната дебата. Претседателот може да нареди да се отфрлат таквите зборови од извештајот за дебати. Тој или таа може слично да ги избрише од извештајот зборовите изговорени од член што не го повикал тој. Во извештајот од дебатите се запишува секоја таква одлука “. 44. Дополнителните текстови на Деловникот за работа на Собранието кои се однесуваат на собраниските дебати (со изменување и дополнување) го даваат следново. “viii. - Однесување на членовите на Парламентарното собрание за време на расправата во Собранието (Правило 22 од Деловникот) 1. Согласно правилата 20.1. и 22 од деловникот, Претседателот на Собранието одржува ред и правила и обезбедува дебатите да се водат на пристоен и уреден начин, во согласност со правилата и практиките во сила. 2. Членовите на Парламентарното собрание се однесуваат учтиво, пристојно и со почит еден кон друг и спрема претседателот на Собранието или кое било друго лице што претседава. Тие ќе се воздржат од какви било дејствија што може да ја нарушат постапката. Оваа одредба ќе се применува mutatis mutandis за состаноците на Бирото и комисиите. 3. Во однос на дисциплината на членовите на Собранието и почитувањето на правилата на однесување, ќе се применуваат ставовите 17 до 21 од Кодексот на однесување за членовите на Парламентарното собрание“. 45. Во својата Резолуција 1965 (2013) за дисциплината на членовите на Парламентарното собрание, Собранието го наведе следново. „1. Парламентарното собрание ја потврдува својата посветеност кон правото на слобода на изразување, што е најважната парламентарна привилегија и суштински предуслов за независност на избраните претставници на народот. Постојат различни начини да се изрази својата позиција во контекст на политичка дебата, вклучително и со прикажување симболи или логоа или носење одредена облека или костум, кои се заштитени со правото на слобода на изразување. Како и да е, кој и да ја користи својата слобода на изразување има и должности и одговорности, чиј опсег ќе зависи од ситуацијата и употребените средства “. 46. Во став 5 од истата Резолуција, Собранието забележува дека има право, според член 28 од Статутот на Советот на Европа, да ги усвои своите правила и да управува со своите внатрешни работи; и дека затоа има право да ги дисциплинира своите членови за недолично однесување и надлежност да изрекува казни за какво било реметење на неговите правила.47. Во својата Резолуција 1601 (2008) за процедурални насоки за правата и одговорностите на опозицијата во демократскиот парламент, Собранието го забележа следново. „5. Давање статус на парламентарната опозиција според кој таа има права, придонесува за ефективноста на претставничката демократија и почитувањето на политичкиот плурализам, а со тоа и за поддршката и довербата на граѓаните за доброто функционирање на институциите. Воспоставување правична правна и процедурална рамка и материјални услови кои ќе му овозможат на парламентарното малцинство да ја исполни својата улога е предуслов за добро функционирање на парламентарната демократија. Членовите на опозицијата треба да можат да го искористат својот мандат во целост и под барем исти услови како и оние пратеници што ја поддржуваат владата; тие ќе учествуваат на активен и ефективен начин во активностите на Парламентот и ќе ги уживаат истите права. Треба да се обезбеди еднаков третман на пратениците во сите нивни активности и привилегии“. Б. Европската комисија за демократија преку право (Венецијанска комисија) 48. Во својот Извештај за улогата на опозицијата во демократскиот парламент (Студија бр. 497/2008)[7], Венецијанската комисија, меѓу другото, го забележа следното. „88. Како општ принцип, основните правила за парламентарната опозиција и правата на малцинствата треба по можност да се регулираат во форма што мнозинството не може да ја промени или измени по сопствена дискреција, барем не без одредено одложување.... 147. Основна обврска на политичката опозиција е да ги извршува своите функции во рамките на законот, вклучувајќи го националниот устав, обичното граѓанско и кривично право и парламентарниот деловник. Опозициските партии може да заговараат измени на законот, но сè додека не се изгласаат, тие се должни да го почитуваат законот, како и сите други. Во зависност од измените на пратеничкиот имунитет, опозицијата може да одговара за каква било незаконска активност, како и секоја друга организација и поединец. Повеќето парламенти, исто така, имаат дисциплински внатрешни санкции за партиските групи и пратениците кои го прекршуваат деловникот, и тоа е соодветно сè додека тие се легитимно оправдани и пропорционални. ...... 149. Во парламентарна демократија што добро функционира постои рамнотежа помеѓу мнозинството и малцинството, што создава форма на меѓусебна игра која обезбедува ефективно, демократско и легитимно управување. Ова не може да се земе здраво за готово, а има и многу земји во Европа кои прикажуваат поинаква слика. ...... 153. Во својот Кодекс на добри практики на полето на политичките партии од 2009 година, Венецијанската комисија укажа на рамнотежата помеѓу правата и одговорностите на опозициските партии: 53. ... Опозициската функција подразбира внимателна темелна контрола, контрола и проверки на однесувањето и политиките на властите и функционерите. Сепак, доброто владеење советува партиите во опозиција (како и владејачките партии) да се воздржат од практики што можат да ја уништат демократската дебата што на крајот може да ја поткопа довербата на граѓаните во политичарите и партиите “. 49. Во Извештајот за обемот и укинувањето на пратеничките имунитети (Студија бр. 714/2013)[8], Венецијанската комисија, меѓу другото, го истакна следното. „55. Правилата за неодговорност мора да се разликуваат од правилата за внатрешни дисциплински мерки во самиот парламент, кои се од различна природа и кои вообичаено не се вклучени во концептот на пратенички имунитет. Повеќето парламенти имаат внатрешен деловник или кодекс на однесување (куќен ред) според кои пратениците можат да бидат замолчени или дисциплински санкционирани за одредени форми на ставање забелешки или однесување, иако природата на таквите санкции се разликува во голема мера, од повик до наредба или скратување на време за зборување до намалување на платата, привремено исклучување, или во неколку случаи дури и построги санкции, повеќе од казнена природа. ......100. Венецијанската комисија забележува дека дури и ако членовите на парламентот се заштитени од надворешни правни дејствија за нивните мислења и забелешки, тие сепак може да бидат предмет на внатрешни дисциплински санкции од самиот парламент. Ова е така во повеќето национални парламенти и е легитимно сè додека санкциите се релевантни и пропорционални и не се злоупотребени од парламентарното мнозинство за да се повредат правата и слободите на политичките противници “. IV. РЕЛЕВАНТНИ ДОКУМЕНТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА A. Деловникот за работа на Европскиот парламент 50. Правилото 11 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Европскиот парламент (8-ми парламентарен мандат, септември 2015 година) го обезбедуваат следново. „2. Однесувањето на пратениците се карактеризира со меѓусебно почитување, се заснова на вредностите и принципите утврдени во основните документи врз кои е основана Европската унија, го почитува достоинството на Парламентот и не го загрозува непреченото водење на парламентарна работа ниту пак го нарушува мирот и тишина во која било просторија на Парламентот. Членовите ќе ги почитуваат правилата на Парламентот за постапување со доверливи информации. Неусогласеноста со тие стандарди и правила може да доведе до примена на мерки во согласност со правилата 165, 166 и 167. 3. Примената на ова правило во никој случај нема да ја наруши живоста на парламентарните дебати ниту да ја поткопа слободата на говорот на пратениците. Примената се заснова на целосно почитување на прерогативите на пратениците, како што е утврдено во примарното право и Статутот за пратениците. Таа ќе се заснова на принципот на транспарентност и ќе се практикува така што релевантните одредби ќе бидат јасни за пратениците, кои ќе бидат поединечно информирани за нивните права и обврски“. 51. Поглавје 4 за Мерките што треба да се преземат во случај на непочитување на стандардите за однесување на пратениците ги опишува релевантните дисциплински санкции што се применуваат на пратениците за нивното однесување во парламентот. Релевантните одредби гласат на следниов начин.Правило 165Итни мерки „1. Претседателот ќе го повика на почитување на редот секој член што го нарушува непреченото одвивање на постапката или со чие однесување не се почитуваат релевантните одредби од Правило 11. 2. Доколку прекршокот се повтори, Претседателот повторно ќе го повика пратеникот на почитување на редот и фактот ќе се запише во записникот. 3. Доколку нарушувањето продолжи, или ако се стори понатамошен прекршок, на сторителот може да му се ускрати правото на збор и претседателот може да го исклучи од Домот до крајот на седницата. Во исклучително сериозни случаи, Претседателот, исто така, може да прибегне кон последната мерка веднаш и без втор повик за почитување на редот. Генералниот секретар, без одлагање, ќе се погрижи да се спроведат таквите дисциплински мерки, со помош на редарите и, доколку е потребно, на Службата за безбедност на Парламентот. 4. Доколку нарушувањата се закануваат да го попречат работењето на Претставничкиот дом, претседателот ќе ја затвори или ќе ја прекине седницата на одредено време за да го воспостави редот. Ако претседателот не може да се слушне, тој ќе го напушти столчето; ова ќе има ефект на прекинување на седницата. Претседателот повторно ќе ја свика седницата. 5. Овластувањата предвидени во ставовите 1 до 4, им се дадени, mutatis mutandis, на претседавачите на телата, комисиите и делегациите, како што е предвидено во Деловникот. 6. Онаму каде што е соодветно, и имајќи ја предвид сериозноста на кршењето на стандардите на однесување на пратениците, пратеникот што претседава може, најдоцна до следната делумна седница или следниот состанок на засегнатото тело, комисија или делегација, да побара од Претседателот да го примени правилото 166 “. Правило 166Казни „1. Во исклучително сериозни случаи на нарушување или нарушување на Парламентот со кршење на принципите утврдени во Правило 11, Претседателот, откако ќе го сослуша засегнатиот пратеник, ќе донесе образложена одлука со која се утврдува соодветната казна, за која ќе го извести засегнатиот пратеник и претседавачите на телата, комисиите и делегациите во кои членува пратеникот, пред да ја објави на пленарна седница. 2. При оценување на предметното однесување, се зема предвид неговата исклучителна, повторувачка или постојана природа и неговата сериозност, врз основа на упатствата приложени кон овој Деловник за работа. 3. Казната може да се состои од една или повеќе од следниве мерки: (а) опомена; (б) одземање на правото на дневниот додаток (дневница) за период од два до десет дена; (в) без да се нарушува правото на глас на пленарна седница, и подлежејќи, во оваа инстанца, на строго почитување на стандардите на однесување на пратениците, привремена суспензија од учество во сите или некои од активностите на Парламентот во период од два до десет последователни дена во кои се состанува Парламентот или некое од неговите тела, комисии или делегации; (г) поднесување до Конференцијата на претседатели, во согласност со Правило 21, предлог за суспензија или отстранување на пратеникот од една или повеќе функции што ги има пратеникот во Парламентот “. Правило 167Внатрешни постапки за жалба „Засегнатиот пратеник може да поднесе интерна жалба до Бирото во рок од две недели од известувањето за казната изречена од претседателот. Таквата жалба ќе има ефект на суспендирање на примената на таа казна. Бирото може, најдоцна четири недели по поднесувањето на жалбата, да ја поништи, потврди или намали изречената казна, без да ги наруши надворешните права на жалба отворени за засегнатиот пратеник. Доколку Бирото не донесе одлука во предвидениот рок, казната ќе се прогласи за ништовна “. 52. Анекс XV (Насоки за толкување на стандардите за однесување на пратениците) на Деловникот на Европскиот парламент, прочитан, за релевантно, како што следува. „1. Треба да се прави разлика помеѓу визуелните дејства, кои може да се толерираат под услов да не се навредливи и/или клеветнички, да останат во разумни граници и да не водат до конфликт, и оние кои активно ја нарушуваат секоја парламентарна активност. 53. Тужба за поништување во врска со, меѓу другото, изрекување мерка на пратеник за одземање на правото на дневен надоместок за десет дена, беше поднесен пред Општиот суд на Европската Унија. На 5-ти септември 2012 година Судот ја отфрли тужбата, меѓу другото, затоа што не била поднесена на време[9]. Б. Повелбата за основните права на Европската унија 54. Членот 41 став 1 од Повелбата гласи: „1. Секое лице има право на непристрасна, чесна и навремена постапка по неговите или нејзините работи од страна на институциите и телата на Унијата.. Членот 41 став 2 предвидува: „2. Ова право ги опфаќа: – правото на секое лице да биде ислушано, пред да биде преземена каква било поединечна мерка што може неповолно да влијае врз него или неа; ... “ Судот на правдата на Европската унија (СПЕУ) оцени дека правото на сослушување му гарантира на секој човек можност ефективно да ги каже своите ставови за време на административна постапка и пред донесување на каква било одлука што може негативно да влијае на неговите интереси (пресуда на СПЕУ од 22-ри ноември 2012 година во ММ против Министерот за правда, еднаквост и реформа на правото и други, C-277/11, ЕУ: C: 2012: 744, § 87, референците за судската практика се испуштени; види исто така пресудата на СПЕУ од 3-ти јули 2014 година во Kamino International Logistics и Datema Hellman Worldwide Logistics, C-129/13 и C-130/13, EU:C:2014:2041, и пресудата на СПЕУ од 5-ти ноември 2014 година во Софи Мукарубега против Полициската префектура и Префектурата на Сена-Сен Дени, C-166/13, ЕУ: C: 2014: 2336). V. СПОРЕДБЕН ПРАВЕН МАТЕРИЈАЛ 55. Судот спроведе споредбено-правна анкета за дисциплинските мерки што се применуваат за пратениците во парламентот за нарушување на однесувањето во Парламентот во законот на четириесет и четири од четириесет и седумте земји-членки на Советот на Европа[10]. Сите анкетирани земји-членки имаат утврдено такви правила во Деловникот/Статутот на парламентот и/или одреден статут. Во некои земји-членки, Уставот експлицитно го овластува Парламентот да ги утврди своите деловнички правила и да обезбеди нивно почитување. На пример, во Германија, согласно Деловникот за работа на Бундестагот, претседателот на Бундестагот, меѓу другото, има овластување да прозива и да повикува да се почитува редот, пратеници кои ќе го нарушат редот или не го почитуваат достоинството на Бундестагот. (Правило 36). Правилата 37 и 38 дефинираат санкции во случај на поблаго или грубо „кршење на редот или достоинството на Бундестагот“. Во Холандија, според Деловникот за работа на Претставничкиот дом, спикерот може да преземе мерки против пратеник кој, меѓу другото, „предизвикува нарушување“ (Правила 58 став 2 и 59).57. Природата и обемот на дисциплинските мерки што се применуваат за пратениците значително се разликуваат од една до друга држава. Овие дисциплински мерки може да се групираат во следниве категории:(а) прозивка за почитување на редот и/или предупредување, ова е најчестата мерка што постои во триесет и три земји-членки (Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка) , Данска, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Република Молдавија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, поранешна југословенска Република Македонија, Турција и Украина);(б) негирање или одземање на правото на говор, применливо во дваесет и шест земји-членки (Ерменија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Данска, Финска, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Латвија, Лихтенштајн, Луксембург, Република Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска (долна комора), Португалија, Русија, Србија, Шпанија, Шведска, Поранешна Југословенска Република Македонија и Обединетото Кралство);(в) најстрогата санкција кај мнозинството (дваесет и осум) од испитаните земји-членки е привремено исклучување, кое може да варира од исклучување од остатокот на седницата или заседавања (Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Грузија, Грција, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија, Србија, Словенија, Швајцарија и Поранешна Југословенска Република Македонија) до исклучување од голем број парламентарни седници или заседавања (Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Латвија, Луксембург, Република Молдавија и Турција). Исклучувањето пратеник од седницата нужно подразбира неможност за зборување за време на дебата. 58. Други видови дисциплински мерки може да вклучуваат: извинување (Чешка и Словачка), изоставање на член (Ирска, Малта и Обединетото Кралство) или опомена (на пример, Естонија, Италија и Турција).59. Во однос на различните форми на парични санкции што се применуваат за пратениците за нарушување на однесувањето, тие се предвидени со законот на осумнаесет од четириесет и четирите земји-членки што беа испитани (Албанија, Чешка, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Луксембург, Република Молдавија, Црна Гора, Романија (Пратеничка комора), Полска, Србија, Шпанија (Конгресот на пратениците), Словачка и Обединетото Кралство)[11] Во Германија (Бундестагот), Грузија, Унгарија и Словачка, паричните санкции постојат како казна сами по себе. Во преостанатите четиринаесет од анкетираните земји-членки, наметнувањето одредени дисциплински санкции подразбира, како дополнителна санкција, намалување на платата на пратеникот за одреден период. Се чини дека нема парични санкции во другите дваесет и шест земји-членки.60. Што се однесува до органот кој може да изрече дисциплински мерки во анкетираните земји-членки, се чини дека пред сè паѓа на претседателот на Парламентот да одржува дисциплина и ред во Парламентот. Во некои земји-членки дисциплинските овластувања се поделени помеѓу претседателот и Парламентот или друго парламентарно тело (на пример, Бирото или соодветната комисија).61. Што се однесува до важечките правни лекови, дваесет и четири земји-членки очигледно не предвидуваат правен лек за оспорување на дисциплинските мерки изречени на пратениците за непристојно однесување во Парламентот (Ерменија, Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Естонија, Финска, Франција, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Република Молдавија, Црна Гора, Холандија, Русија, Србија, Шведска, Поранешна Југословенска Република Македонија, Турција и Обединетото Кралство). Во следните четиринаесет анкетирани земји-членки (Белгија (Сенат), Бугарија, Хрватска, Грузија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Украина) пратениците, во принцип, имаат правен лек да оспорат изречени дисциплински мерки кои им се одредени за непристојно однесување во Собранието. Во повеќето од гореспоменатите земји-членки правото се состои од некаква внатрешна постапка за приговор. Во шест земји-членки (Чешка, Германија, Литванија, Словачка, Шпанија и Украина) во принцип е достапен судски лек (жалба до Уставниот суд) против дисциплинската мерка изречена на пратеник за неговото или нејзиното однесување во парламентот како додаток или како алтернатива за внатрешните правни лекови. Во голем број земји-членки пратениците уживаат одредени процедурални заштитни мерки, особено, можноста за давање објаснувања, главно пред, но понекогаш и по изрекувањето на дисциплинските мерки. ЗАКОНОТ I. СПОЈУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ 62. Со оглед на нивната слична фактичка и правна позадина, Судот одлучува дека двете апликации треба да се спојат во согласност со правилото 42 став 1 од Деловникот на Судот. II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 63. Апликантите се жалеа дека одлуките за нивно казнување заради нивното однесување за време на парламентарната седница го прекршиле нивното право на слобода на изразување како што е предвидено во член 10 од Конвенцијата. Оваа одредба гласи како што следува.
„1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.“
Прелиминарниот приговор на Владата
64. Владата приговори дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови како што се бара со член 35 став 1 од Конвенцијата во однос на нивната жалба според член 10. Тие можеле да ги оспорат релевантните одредби од самиот Закон за парламентот преку уставна жалба.
Пресуди на Советот
65. Советот забележа во двете пресуди дека уставната жалба во врска со слична работа („тешко навредливо изразување“, регулирана во член 48(3) од Законот за Парламентот) веќе била отфрлена од Уставниот суд (види ставови 32-41 погоре). Уставниот суд заклучи дека ограничувањата од овој вид се како такви компатибилни со Уставот. Според тоа, не можеше да се очекува од апликантите да поднесат уставна жалба, што би било залудно. Како заклучок, Советот го отфрли приговорот на Владата.
2. Поднесоци на странките
(а) Владата
66. Владата приговори пред Големиот судски совет дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови во форма на уставна жалба предвидена во член 26(2) од Законот за Уставниот суд („ЗУС“).67. Тие поднесоа дека институтот уставни жалби како правен лек за отстранување на повреда на уставните права бил донесен од првиот демократски избран Парламент истовремено со формирањето на Уставниот суд. Уставниот суд во првите години од своето работење го потврди овој карактер на уставни жалби. Тој ги поддржа истите принципи по влегувањето во сила на Уставот и новиот ЗУС. Во својата пресуда бр. 3367/2012 (XII.15), Уставниот суд потврди дека, согласно член 24 став 2) од Уставот, примарната цел на уставната жалба била да се заштитат индивидуалните субјективни права и да се поправи штетата предизвикана од законска регулатива што е спротивна на Уставот. Уставниот суд во повеќе наврати се занимавал со претставки за повреда на индивидуалните права преку конкретни резолуции на Парламентот (на пример, пресуда бр. 65/1992 (XII.17), во која пратеник побарал од Уставниот суд да ја укине одлуката за укинување на неговиот имунитет). Владата се повика и на пресудите на Уставниот суд бр. 3206/2013 и 3207/2013 од 4 ноември 2013 година.68. Владата остана на ставот дека уставната жалба според член 26(2) од ЗУС би била прифатена на мериторно испитување бидејќи ги исполнувала сите формални и суштински барања наведени во ЗУС. Особено, што Уставниот суд сè уште не го разгледал делот 49 (4) од Законот за Парламентот, кој бил применет во случајот на апликантите.69. Владата тврдеше дека уставната жалба според членот 26 (2) од ЗУС била ефективен лек, кој се однесува, меѓу другото, на пресудите на Уставниот суд бр.3206/2013 и 3207/2013 од 4-ти ноември 2013 година (види ставови 32-41 погоре). Како општо правило, одлуката на Уставниот суд со која се прогласува правна регулатива спротивна на Уставот резултираше со поништување на таа регулатива од денот на објавувањето на релевантната одлука (член 45(1) од ЗУС). Меѓутоа, во одредени ситуации наведени во член 45(4) од ЗУС, Уставниот суд може да го прогласи спорното законодавство за неуставно ex tunc. Во таквите случаи се барало враќање на status quo ante. Уставниот суд ја искористил оваа опција во одлуката бр. 33/2012 од 16-ти јули 2012 година во кој ги прогласил за неуставни одредбите за задолжителна возраст за пензионирање на судиите и го укинал соодветниот пропис со ретроактивно дејство. Таа одлука го отворила патот за судски лек и последователно тројца судии погодени од неуставното законодавство се потпреле на одлуката на Уставниот суд и успеале во нивното барање за враќање на функцијата.70. Владата изјави дека понатамошни индивидуални последици би можеле да произлезат од одлуката за прогласување правна регулатива спротивна на Уставот. ЗУС не содржел конкретни одредби поврзани со поединечните последици од уставна жалба според член 26(2) од ЗУС, но практиката покажала дека Уставниот суд обезбедил правни лекови приспособени на карактеристиките на уставниот жалител. Владата се потпира на четири примери од практиката на Уставниот суд: Одлука бр. 32/1990 (XII.22) АБ; Одлука бр. 22/1991 (IV.26) АБ; Одлука бр. 34/1991 (VI.15) АБ); а особено Одлуката бр. 57/1991 (XI.8) АБ со која Уставниот суд наредил да се врати името на А.Ј како татко на дете во матичната книга на родените. Со последната одлука се утврди дека во поединечни случаи Уставниот суд морал да го определи начинот на обезбедување правен лек за штетата, дури и во отсуство на законски одредби кои ги опишуваат конкретните правни последици. Така, успешната уставна жалба во случајот на апликантите можела да доведе до поништување на казните што им биле изречени или да им овозможи да побараат тие да бидат поништени. (б) Апликантите 71. Апликантите изјавија дека новиот ЗУС, кој стапил во сила на 1-ви јануари 2012 година, воспоставил нови постапки пред Уставниот суд. Според тоа, во случајот на апликантите не можело да се потпре на претходната судска практика на тој суд. Со новиот ЗУС се вовеле, меѓу другото, три типа на уставни жалби. Постапките за уставна жалба регулирани во членовите 26(1) и 27 од ЗУС не биле применливи во случајот на апликантите бидејќи тие можеле да се користат само против законска одредба применета во судска постапка или против правосилна судска одлука, соодветно. Единствениот вид на уставна жалба што би можел да биде релевантен за случајот на апликантите бил оној регулиран во член 26(2) од ЗУС.72. Во две пресуди (бр. 3206/2013 и бр. 3207/2013 од 4-ти ноември 2013 година), Уставниот суд разгледал уставна жалба според член 26(2) од ЗУС против Законот за Парламентот. Ова била прва одлука во која Уставниот суд воопшто постапувал по уставна жалба во однос на собраниското дисциплинско право. Уставниот суд утврдил дека Законот за Парламентот е во согласност со Уставот. Затоа, според мислењето на апликантите, уставната жалба според член 26(2) од ЗУС била тестирана во пракса и не обезбедила ни теоретски надомест за повреда на правото на слобода на изразување.73. Апликантите тврдеа дека уставната жалба според дел 26(2) не го исполнувала условот за ефективност од повеќе причини. Тие, меѓу другото, се повикаа на нејасниот праг предвиден во делот 29 од ЗУС, имено, дека Уставниот суд може да ги разгледува уставните жалби само доколку случајот покрене „уставно-правни прашања од фундаментално значење“.74. Понатаму, уставната жалба според член 26(2) од ЗУС била неефективна, особено во однос на нејзиниот несоодветен поправен карактер како правен лек. Повикувајќи се на одлуката во Шот-Мединска и други против Полска (бр. 47414/99, 9-ти октомври 2003 година) во врска со ефективноста на полските уставни жалби, апликантите се изјасниле дека успешната уставна жалба според членот 26 (2) не би довела до тоа казните да се поништат ниту пак би отворила можност за поведување постапка со цел казните да бидат поништени. Дури и ако уставната жалба би била успешна, таа немала да има поголем ефект од поништувањето на соодветните одредби од Законот за Парламентот. Апликантите понатаму тврдат дека, за разлика од Кодексот за кривична, граѓанска и административна постапка, Законот за Парламентот или Деловникот на Парламентот не содржат никакви прописи во врска со последиците од утврдувањето на неуставноста во контекст на парламентарните дисциплински санкции. Немаше ниту судска пракса за оваа цел. Оттука, тврдењето дека можело да се поведе постапка со цел да се поништат дисциплинските санкции била обична шпекулација. 2. Проценка на Судот 75. Големиот судски совет има јурисдикција да го испита прелиминарниот приговор бидејќи Владата претходно го покрена истиот приговор пред Советот во нивните забелешки за допуштеноста на жалбата (види ставови 32 и 30 од пресудите на Советот од 16-ти септември 2014 година во Карачоњи и други против Унгарија, бр. 42461/13, и Шел и други против Унгарија, бр. 44357/13 соодветно), во согласност со правилата 54 и 55 од Деловникот на Судот (види, меѓу другото, Гафен против Германија [ГС], бр.22978/05, став 141, ЕСЧП 2010 година, со дополнителни упатувања).76. Судот, пред сè, како прво повторува дека според Член 35 став 1 може да постапува само откако ќе се исцрпат сите домашни правни лекови. Апликантите морале да им обезбедат на домашните судови можност, во принцип наменета да им се даде на Договорните држави, да ги спречат или исправат прекршоците што се тврдат против нив. Тоа правило се заснова на претпоставката дека постои ефикасен правен лек во домашниот систем во однос на наводното прекршување. Единствените правни лекови за кои член 35 став 1 бара да се исцрпат, се оние кои се однесуваат на наводната повреда и кои се во можност да ја отстранат наводната повреда. Постоењето на такви правни лекови мора да биде доволно сигурно не само во теоријата, туку и во практиката, во спротивно ќе им недостига потребната пристапност и ефективност: тужената држава треба да утврди дека овие услови се исполнети (види, меѓу многу други авторитети, Мекфарлејн против Ирска [ГС], бр. 31333/06, став 107, 10 септември 2010; Вучковиќ и други против Србија (прелиминарен приговор) [ГС] бр. 17153/11 и 29 други, ставови 69-77, 25-ти март 2014; и Париљо против Италија [ГС], бр.46470/11, став 87, ЕСЧП 2015).77. Судот забележува дека уставната жалба според член 26 (2) од ЗУС е исклучителен вид на жалба применлив само во случаи кога правата на подносителот се повредени преку примена на неуставна одредба и во отсуство на судска одлука или правен лек за да се поправи наводната повреда. Дополнително, ваквата жалба мора да се поднесе во рок од 180 дена од влегувањето во сила на законската регулатива спротивна на Уставот. Другите два типа на уставни жалби не биле достапни за апликантите. Стандардната уставна жалба регулирана во член 26 (1) од ЗУС може да се користи само кога се применувала неуставна одредба во судските постапки. Уставната жалба според делот 27 од ЗУС е жалба против конечни судски одлуки.78. При отфрлањето на приговорот на Владата, Советот се повика на пресудите на Уставниот суд бр. 3206/2013 и 3207/2013 од 4-ти ноември 2013 година, во кои тој суд ја отфрлил уставната жалба поднесена од друг пратеник за случај во врска со „искажување тешка навреда кон авторитетот и редот во Собранието“ регулирано во член 48 (3) од Законот за Парламентот (види Карачоњи и други, цитиран погоре, ставови 32-33, и Шел и други, цитиран погоре, ставови 30-31).79. Големиот Совет забележува дека уставната жалба поднесена од пратеникот Е.Н. во јуни 2013 година била истовремена со настаните што произлегле во конкретниот случај. Дополнително, таа жалба не ја оспорила уставноста на членот 49 (4) од Законот за Парламентот, што ја сочинува правната основа за санкциите изречени против апликантите. Прашањето, дали во овие околности пресудите на Уставниот суд бр. 3206/2013 и 3207/2013 од 4-ти ноември 2013, би можеле да претставуваат преседан кој го одредува исходот од која било уставна жалба што би можеле да ја поднесат апликантите, може да се остави отворено, бидејќи, во секој случај, одлучувачко прашање е прашањето за последиците од успешна жалба според член 26 (2), имено, онаа за ефективноста на предложениот правен лек. Во случај на успешна уставна жалба поднесена според член 26 (2), Уставниот суд ќе ја прогласи дадената одредба за неуставна, но нема овластување да ја поништи поединечната одлука врз основа на таа неуставна одредба.80. Владата поднесе дека ЗУС не содржи конкретни одредби поврзани со индивидуалните последици од успешната уставна жалба според член 26 (2), но практиката на Уставниот суд сепак покажала дека судот обезбедил исправка за успешните подносители. Судот не е убеден во овој аргумент. Тој забележува дека одлуките на Уставниот суд на кои се повика Владата датираат од раната судска практика на тој суд кој, во тоа време, имал различни овластувања и дека ниту една од тие одлуки не се однесувала на прашања поврзани со парламентарната дисциплинска постапка. Дополнително, со изменетите завршни одредби од Уставот се укинале одлуките на Уставниот суд донесени пред стапувањето на сила на Уставот (види став 25 погоре).81. Понатаму, случајот на апликантите треба да се разликува од случајот што се однесува на возраста за задолжително пензионирање на судиите (одлука на Уставниот суд бр. 33/2012 од 16-ти јули 2012 година), на која се повика Владата, бидејќи Законот за судска служба содржел специфични правила при што би можело да се бара враќање на работното место во случаи на незаконско отпуштање. Спротивно на тоа, во случајот на апликантите, не постоела процедура пропишана во Законот за парламентот со која апликантите можеле да добијат (во или надвор од Парламентот) поништување или преиспитување на казните што им биле изречени. Во овој контекст треба да се истакне дека самиот Уставен суд во пресудите бр. 3206/2013 и 3207/2013 од 4-ти ноември 2013 година забележал дека Уставот ја исклучува можноста за надворешно преиспитување на дисциплинските одлуки донесени од Парламентот (види став 37 погоре). Според тоа, успешниот исход на таквата постапка не им понудил на апликантите можност да побараат каква било форма на корекција на дисциплинските одлуки бидејќи во унгарското право немало прописи за таа цел.82. Имајќи го предвид горенаведеното, Судот утврди дека уставната жалба според дел 26 (2) од ЗУС не може да се смета за ефективен лек за целите на членот 35 став 1 од Конвенцијата, бидејќи, дури и ако бил успешен, не можел да ја поправи наводната повреда (види Вучковиќ и други, цитирана погоре, ставови 69-77, и, mutatis mutandis, Унгарската христијанска менонитска црква и други против Унгарија, бр. 70945/11 и 8 други, став 50, април 2014 година).83. Судот заклучува дека приговорот на Владата за не-исцрпување на домашните правни лекови мора да се отфрли. Б. Усогласеност со член 10 1. Пресуди на Советот[12] 84. Советот, едногласно, одлучи дека постои повреда на член 10 од Конвенцијата. Тој забележа дека апликантите биле казнети поради изразувањето на своето мислење и утврди дека овие мерки претставуваат мешање во нивното право заштитено според член 10. Странките не се согласија дали мешањето е „пропишано со закон“, но Советот смета дека е непотребно да се одлучува по ова прашање со оглед на неговиот заклучок за неопходноста од замешување. Советот прифати дека мешањето во прашање ги следело легитимните цели за заштита на правата на другите и спречување на неред.85. При оценувањето на пропорционалноста на мешањето, Советот разгледа четири аспекти на случајот: (а) природата на говорот, (б) влијанието на спорниот израз врз редот во Парламентот и авторитетот на Парламентот, (в) применетиот процес и (г) изречените санкции. Советот утврди дека мешањето, кое се однесувало на политичко изразување, било лишено од убедлива причина, бидејќи интересите на авторитетот на Парламентот и редот во Парламентот не биле очигледно сериозно засегнати, ниту пак било покажано дека во премерување на овие интереси, овие интереси го надвладуваат правото на слобода на изразување на опозицијата. Санкциите биле наметнати без да се земат предвид полесни мерки, како што се предупредувања или опомени. Згора на тоа, мешањето се состоело во примена на санкции со застрашувачки ефект врз парламентарната опозиција, во постапка каде што процедуралните гаранции и оние на појавата на непартиско ниво биле недоволни. Затоа, мешањето не може да се смета за „неопходно во едно демократско општество“ во смисла на член 10 став 2 од Конвенцијата. 2. Поднесоци на странките (а) апликантите 86. Апликантите поднесоа дека доаѓањето на власт на владеачката коалиција (ФИДЕС-КДНП) во 2010 година го означил почетокот на јасен тренд на слабеење на позицијата и правата на парламентарната опозиција. Владината коалиција, која уживала двотретинско мнозинство, се обидела да го минимизира ефективното учество на опозицијата во процесот на донесување одлуки. Ова беше илустрирано, меѓу другото, со употребата, од страна на коалицијата, на исклучително итната постапка, со која би можеле да се носат важни статути во исклучително кратка временска рамка и во услови кои оневозможуваат какво било значајно испитување на законскиот предлог. Не само домашните и меѓународните невладини организации, туку и меѓународните организации и тела како што се Венецијанската комисија, Комесарот за човекови права на Советот на Европа и различни тела на Европската унија, ја критикувале унгарската влада за промена на правилата на демократијата и за создавање на политичко опкружување непријателски настроено кон секоја критика.87. Дополнително, владината коалиција ги заострила правилата за парламентарна дисциплинска постапка. Апликантите поднесоа, меѓу другото, дека измените на Законот за Парламентот донесени во 2012 година ја исклучиле Комисијата за пратенички имунитет од дисциплински постапки. Членството на таа комисија било составено врз основа на паритет и претставувало независен елемент во дисциплинските постапки. Со тие измени, дополнително, овластувањето за изрекување казни на пратениците, се префрлило од Комисијата на пленарниот состав на парламентот, каде што мнозинството можело да одлучува без расправа. Другите измени предвидувале построги казни или го прошириле опсегот на казниви дела (на пример, дел 49 (4) од Законот за Парламентот).88. Апликантите останаа на ставот дека слободата на говорот на пратениците од опозицијата треба да биде заштитена не само од надворешни, туку и од внатрешни ограничувања. Парламентарното мнозинство не можело да се сокрие зад поимот парламентарен суверенитет при ограничувањето на правата од Конвенцијата права на пратениците од опозицијата, бидејќи тоа би претставувало јасна злоупотреба на тој поим. Според нив, воспоставувањето ограничувања на Конвенцијата за парламентарното дисциплинско право не влијаело врз суштината на парламентарниот суверенитет. Според поднесокот на апликантите, овој случај се однесува на прашањето дали во ситуација кога пратениците од опозицијата биле систематски лишувани од нормалните средства за изразување на своите ставови во Парламентот, според членот 10 им било дозволено да го изразат своето мислење за теми од висок јавен интерес со користење на симболичен говор (прикажување плакати), додека истиот не предизвикува значителни нарушувања во функционирањето на Парламентот.89. Апликантите се согласуваат дека мешањето било формално засновано на Законот за парламентот, но истакнаа дека во материјалното време, релевантните одредби сè уште не биле применети. Одредбите што ја регулираат дисциплинската постапка биле значително изменети во 2012 година и стапиле на сила на 1-ви јануари 2013 година. Дефиницијата на дисциплинскиот престап во член 49 (4) од Законот била проширена за да вклучи „навредливо однесување кон власта и наредбата на Парламентот“, што апликантите го сметаат за нејасно. Апликантите не се согласуваат со наодот на Советот дека значењето на тие термини последователно ќе стане доволно јасно низ парламентарната практика.90. Тие прифатија дека спорното мешање ја следело целта „да се одржи правилното функционирање на Парламентот“ и дека соодветствува со заштитата на правата на другите.91. Апликантите тврдеа дека спорното мешање не го исполнило барањето за неопходност во едно демократско општество. Тие нагласија дека нивното изразување бара најголема заштита поради неколку фактори и дека соодветната маргина на уважување на државата се намалува. Прво, случајот задира во слободата на изразување, коешто, според Конвенцијата, е исклучително важно право и има силна врска со демократијата, една од основните вредности на Конвенцијата. Второ, се однесува на политичкиот говор, кој според Конвенцијата е најзаштитениот вид на изразување. Апликантите сакале да го изразат своето мислење во Парламентот за многу контроверзни политички прашања и да го соопштат на гласачкото тело. Трето, апликантите биле политичари, за кои слободното изразување на политичките мислења е од особено значење. Четврто, политичкото изразување се случило во Парламентот, кој е најважниот форум на политичка дебата во парламентарната демократија. Петто, изразувањето на апликантите заслужува најголема заштита бидејќи припаѓале на парламентарната опозиција чие ефективно учество во политичкиот процес е предуслов за правилно функционирање на модерната демократија.92. Апликантите тврдат дека акцентот треба да се стави на ефектите од изразувањето на нивното мислење. Нив им било потребно да користат некакво посебно средство за комуникација, за нивните приговори да бидат објавени во медиумите и да допрат до пошироката публика. Нивните средства за комуникација (плакати и транспаренти) биле невообичаени, но не навредливи, штетни, опасни ниту пак постоела веројатност да предизвикаат сериозни нарушувања во Парламентот. Апликантите активно ги користеле обичните средства за парламентарна комуникација. Меѓутоа, владината коалиција ја направила употребата на тие средства неефикасна, што, пак, ги поттикнало апликантите да прибегнат кон спорните начини. Употребата на говор со симболи бил единствениот начин на кој апликантите можеле на видлив начин да го изразат своето несогласување со постапките на владата. Апликантите истакнаа дека нивниот протест бил поврзан со многу контроверзни политички прашања и дека нивните дејства предизвикале само мали, доколку имало, нарушување на работата на Парламентот. Нивните постапки не ги лишиле другите пратеници од правото да зборуваат или да гласаат. Записниците од соодветните седници јасно покажале дека по краток временски период останатите пратеници можеле да продолжат со говорите и да гласаат.93. Апликантите, повикувајќи се на пресудите на Советот, истакнаа дека политичкиот говор во Парламентот ужива зајакната заштита и дека автономијата на Парламентот, сама по себе, не е причина да се исклучи надзорот на Судот во оваа област. Тие истакнаа дека во едно демократско општество, Парламентот, освен што носи закони, е и местото каде што идеите и политиките се презентираат и се конфронтираат во демократскиот натпревар меѓу политичките партии. Тие нагласија дека нивните постапки не биле насочени само кон убедување на другите пратеници, туку што е уште поважно, да им го соопштат своето мислење на гласачите.94. Тие понатаму укажаа на улогата на опозицијата во Парламентот, потпирајќи се на пресудите на Советот и на Извештајот на Венецијанската комисија за улогата на опозицијата во демократски парламент. Во согласност со европските стандарди, правилното функционирање на Парламентот претпоставува ефикасна заштита на парламентарната опозиција бидејќи во спротивно Парламентот не може да ги исполни своите уставни функции. Без соодветни формални гаранции или високо ниво на политичка култура, парламентарното мнозинство може да се претвори во тиранија и да ја потисне опозицијата. Потребна била засилена заштита на опозицијата за да се спротивстави на доминацијата на парламентарното мнозинство.95. Апликантите тврдеа дека паричните казни се строги мерки за професионални политичари чиј единствен приход е нивната плата од Парламентот. Ваквите казни, кои им биле наметнати, и покрај малото влијание на постапките на апликантите врз работата на Парламентот, и во отсуство на претходно предупредување, биле непропорционални и имале ефект на заплашување. Освен тоа, не била разгледана примената на поблаги санкции.96. Како заклучок, тие поднесоа дека е повредено нивното право на слобода на политичко изразување, бидејќи државата непропорционално ја пречекорила нејзината маргина на уважување кога ги казнила - пратениците од опозицијата - за користење говор со симболи за време на парламентарната дебата за прашања од висок општествен интерес, иако тоа не предизвикало значително нарушување на работата на Парламентот. (а) Владата 97. Владата на самиот почеток посочи дека парламентарното дисциплинско право било за првпат испитувано од Судот во пресудите на Советот. Тие тврдат дека случајот во прашање не треба да се разгледува изолирано, туку со должно внимание на сличните регулаторни принципи што се применуваат во другите земји - членки на Советот на Европа и европските организации. Иако може да постојат разлики во однос на деталите, ниту едно од дисциплинските правила на земјите-членки не толерира однесување на пратениците што претставува закана за работата на Парламентот. Владата ги отфрли обвиненијата на апликантите во врска со функционирањето на унгарската парламентарна демократија.98. Владата нагласува дека, при разгледувањето на дисциплинските прописи на земјите-членки и на европските дисциплински прописи, контролата од Судот не треба да се ограничува на парламентарните правила со кои се одобрува изрекување парична казна. Тие посочија дека дисциплинските закони на земјите-членки, на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и на Европскиот парламент дозволуваат, покрај изрекувањето парична казна, и примена на санкции со кои, за разлика од парична казна изречена ex post facto, е можно веднаш да се спречи пратеник да го искаже своето мислење. Негирањето на правото да зборува за време на дебата го ограничува правото на пратеникот на слобода на изразување, но, одредени построги санкции може да го спречат пратеникот уште подолг временски период да ги користи правата што произлегуваат од неговиот мандат. Вакви построги санкции - имено, исклучување од седница и/или суспензија на правата на пратеникот - биле применети во мнозинството земји-членки[13], како и во ПССЕ и во Европскиот парламент. Важно е да се забележи дека ваквите построги санкции наметнале општо ограничување, за одредено време, на правата на пратениците и во однос на сите парламентарни работи, а го суспендирале правото на пратеник на изразување само во однос на прашањето поврзано со дисциплинскиот прекршок. Покрај вистинските и непосредните ефекти од ваквите санкции, може да се појават и финансиски последици. Во поголемиот дел од земјите -членки[14] привремената суспензија на правата на пратеникот може, ipso jure или по таква одлука, исто така, да повлече целосно или делумно одземање на паричниот надоместок на пратеникот. Покрај наведните земји-членки, санкцијата за директна парична казна била предвидена и во дисциплинските правила на Чешка, Унгарија, Германија и Словачка.99. Владата аргументираше дека во доменот на парламентарното право, на земјите-членки им била оставена широка маргина на уважување (се однесува на Карт против Турција [ГС], бр. 8917/05, ставови 81-82, ЕСЧП 2009 година). Широката маргина на уважување произлгува од суверенитетот на земјите-членки и функционирањето на Парламентот што е тесно поврзано со прашањето за суверенитетот. Во однос на сите прашања поврзани со ефективно функционирање на националните парламенти и организацијата на нивната работа, земјите-членки треба да уживаат најширока можна маргина на уважување. Затоа, секое мешање во дисциплинските работи на парламентите на земјите-членки треба да се ограничи само на случаи кога тоа било крајно неопходно.100. Владата изјави дека пратениците учествувале во извршувањето на уставните функции на Парламентот (како што се донесување закони и контрола на владата) и дека нивните права и можните ограничувања на тие права се поврзани со таквите цели. Ограничувањата на слободата на говорот на пратениците бара поинаква проценка од онаа што се применува за слободата на изразување како основно право. Постапувајќи во рамките на својата маргина на уважување, државата може да го одреди типот на однесување што се смета за незаконско и соодветните санкции. Во врска со регулативите на различните земји-членки, како и на ПССЕ и на Европскиот парламент, како што е и унгарскиот Деловник на парламентот во кој е содржано „тешко навредливо однесување“, Владата не обезбеди исцрпна листа на дејства што ги опфаќа овој поим.101. Според мислењето на Владата, однесувањето на апликантите немало никаков придонес во дискусијата за работи од јавен интерес или обезбедување информации за електоратот и директно го попречило ефективното носење закони. Бидејќи горенаведените средства се користеле додека другите пратеници го користеле своето право на глас и говор, пратениците апликанти всушност му попречиле на електоратот да добие информации за ставовите на другите пратеници кои го искажале своето мислење во согласност со Деловникот. Целта на однесувањето на апликантите била да го искажат своето мислење со потиснување на мислењата на другите пратеници. Апликантите имале можност да го изразат своето мислење во согласност со Правилата, но повеќето од нив не го сториле тоа. Наместо тоа, тие одбрале да го привлечат вниманието кон себе преку спектакуларни постапки на протест со кои ја прекинале тековната дебата. Тие свесно ги користеле таквите форми на изразување, при што медиумско покривање добило нивното однесување во спротивност со Деловникот, а не содржината на она што сакале да го искажат. Според мислењето на Владата, спорното однесување неоправдано ја нарушило работата на Парламентот.102. Владата ја изрази својата длабока загриженост за охрабрувањето на слично однесување. Преседан, со кој би се обезбедил висок степен на заштита на демонстративни протестни чинови, може да доведе до тенденции кои негативно ќе влијаат на квалитетот на парламентарната дебата и на ефикасноста на парламентарната работа. Покрај тоа, екстремното однесување на пратениците може да резултира со поткопување на довербата на Парламентот во јавноста. Парламентот е многу важен, но не и единствен, форум за политичка комуникација.103. Владата признава дека има многу начини за изразување мислење во Парламентот; сепак, релевантните правила за собранискиот ред се применливи за сите форми на комуникација и затоа, невообичаените, или симболичните изрази, не уживаат повисоко ниво на заштита од говорите на пратениците. Тие посочија дека мнозинството земји-членки не толерираат невербални форми на политичко изразување и дадоа одредени примери од практиката на германскиот Бундестаг и ПССЕ. Тие, исто така, му посочија на Судот да обрне вниманието на Извештајот за дисциплината на членовите на ПССЕ, подготвен од Комисијата за деловнички, имунитетни и институционални прашања на ПССЕ на 22-ри октомври 2013 година, кој потоа бил усвоен од Собранието во неговата резолуција 1965 (2013).104. Владата прифати дека спорното мешање имало две легитимни цели, како што се посочени во пресудата на Советот, имено, заштита на правата на другите, што ги опфаќа правата на другите пратеници, и спречување на неред.105. Владата остана на ставот дека мешањето во прашањето било пропорционално. Тие изјавија дека однесувањето на апликантите сериозно ја нарушило работата на Парламентот со предизвикување прекини на процесот на гласање и на обраќањата на пратениците. Господинот Карачоњи и г-дин Силаги го прекинале говорот на владиниот претставник, додека другите апликанти го спречиле продолжувањето на процедурата за гласање. Според мислењето на Владата, средствата што ги користеле апликантите, дури и ако првенствено за цели на протест, јасно го нарушиле нормалното функционирање на Парламентот.106. Владата ги оспори наодите на Советот во врска со наводната партизација на спикерот во постапката и политичката ориентација на Парламентот. За разлика од унгарските регулативи, во повеќето земји-членки, Спикерот не само што предага примена на санкција, туку ја наметнува таквата санкција по сопствено дискреционо право. Одлуката за тоа кое, и какво однесување го нарушува авторитетот на Парламентот, спаѓа во дискреционо право на Спикерот (претседателот на Парламентот). Во овој поглед, тие се повикаа, меѓу другото, на дисциплинските одредби во Деловникот на Бундестагот кои се слични на унгарските прописи. Понатаму, според Деловникот за работа на ПССЕ, одлука за исклучување носи претседателот на ПССЕ или, во потешки случаи, ПССЕ, по предлог на Претседателот, а против таквата одлука нема расположлив правен лек.107. Владата го побива наодот на Советот дека санкцијата е изречена без претходно предупредување. Во секој случај, Претседавачот со седницата побарал, безуспешно, од засегнатите пратеници да престанат со нарушувачкото однесување. Редот на седницата се вратил дури по неколку повици за воспоставување на ред. Г-ѓа Сабо и г-дин Дорош не биле волни да го отстранат транспарентот раширен на средината на салата, иако Спикерот ги предупредил за правните последици, и прекинале со таквото однесување дури по пристигнувањето на обезбедувањето на парламентот. Г-дин Карачоњи и г-дин Силаги го поставиле плакат до говорницата и на тој начин го прекинале владиниот претставник кој се обрачал од неа. Бидејќи тие не сакале да го тргнат плакатот и покрај тоа што тоа од нив неколку пати било побарано, тој бил отстранет од редарската служба на парламентот. На санкционирањето на г-ѓа Шел, г-ѓа Оштоликан и г-ѓа Ленѓел, исто така, му претходел повик за ред и предупредување издаден од Спикерот. Според тоа, мислење на Владата е дека санкциите се применувале постепено. Во овој поглед, Владата забележува дека регулативите на неколку земји-членки му дозволуваат на Претседателот или, по предлог на Претседателот, на Парламентот, да наметне строга санкција без претходно предупредување или претходна примена на помалку рестриктивна мерка кога се случува одредено незаконско однесување. Во случај на сериозно нарушување, итно исклучување може да се примени во парламентите на Хрватска, Грузија, Германија, Грција, Италија Литванија, Малта и Обединетото Кралство.108. Владата понатаму изјави дека засегнатите пратеници можеле да ги оспорат мерките предложени од Претседателот/Спикерот пред неколку форуми, како што се пленарниот парламент, Претставничкиот дом или Комисијата одговорна за толкување на Деловникот на Парламентот (Комисија за деловнички прашања). Понатаму, во европското парламентарно право, на дисциплинска санкција не ѝ претходи расправа на пленарна седница. Ова е оправдано, бидејќи санкција што се изрекува за однесување со кое се прекршуваат Правилата, има за цел да ја врати работата на Парламентот во редовна состојба, па оттаму и потребата тоа да се стори веднаш по појавата на таквото однесување.109. Владата тврди дека, спротивно на наодот на Советот, предметните санкции немале ефект на заплашување. Казните изречени на апликантите, за разлика од исклучувањето или суспензијата, всушност не ги спречиле да го кажат своето мислење. Покрај тоа, казните за кои станува збор не спречиле некои од апликантите слободно да го изразат своето мислење за време на следните седници на Парламентот. Покрај тоа, во однос на некои од апликантите, Парламентот се воздржал од наметнување на највисока можна казна според законот. Во повеќето земји-членки паричните санкции кои можат да се изречат, покрај суспензијата, се многу повисоки од казните што им биле изречени на апликантите. Владата даде примери од унгарската парламентарна практика во која невербалната комуникација на пратениците само во мала мера ја нарушувала работата на Парламентот и не била санкционирана. (а) Третострани интервенти(i) Чешката Влада
110. Чешката влада обезбеди информации за домашната регулатива на парламентарните дисциплински постапки. Во однос на Долниот дом на Парламентот ова прашање било регулирано со Законот бр. 90/1995 и Деловникот за работа на Долниот дом во кој се разликуваат процесни мерки и дисциплински постапки[15].
111. Кога пратеник се впуштил во таканаречено „непристојно однесување“ за време на пленарна седница, Претседавачот може да примени една од следниве процедурални мерки: опомена или, во случај на повторено однесување, исклучување од Домот до крајот на седницата тој ден (член 19 од Правилникот). Засегнатиот пратеник може да поднесе жалба против таквата одлука до пленарниот состав, кој одлучи за неа без расправа. Во пракса, овие процедурални мерки ретко се користеле.
112. Дополнително, може да се поведе дисциплинска постапка против пратеник чиј говор во Советот може да доведе до негово кривично гонење (член 13 став 1). Истото важи и за говор на пратеник кој навредил друг пратеник (член 13 став 2). Дисциплинската постапка формално ја води Комисијата за мандатно-имунитетски прашања на пратеничкиот Дом. Во текот на тие постапки, Комисијата ја спроведува потребната истрага, а засегнатиот пратеник има право да го каже своето мислење и да се брани. Комисијата може да нареди пратеникот да се извини или да плати казна во износ до неговиот месечен надомест. Пратеникот може да оспори која било од тие мерки пред Домот, кој потоа отвара расправа и гласа по жалбата.
113. Процедуралните или дисциплинските мерки што ги донел Домот не можат да се разгледуваат од страна на административните судови. Дополнително, Уставниот суд, во неодамнешна одлука, заклучил дека не е надлежен да преиспитува – во постапка по уставна жалба – парламентарна дисциплинска одлука, освен во случаи кога Парламентот јасно ги надминува своите овластувања[16].
(ii) Владата на Обединетото Кралство
114. Владата на Обединетото Кралство забележа дека во Долниот дом, однесување слично на она на апликантите ќе се смета, од страна на Спикерот, за сериозно нарушувачко и несоодветно. Доколку таквото однесување продолжува, тоа може да доведе до привремена суспензија од Долниот дом и одземање на платата за периодот на суспензијата. Тие тврдат дека националниот законодавен дом има право, во рамките на неговата маргина на уважување, да одлучи дека: (а) политичкиот говор во Парламентот треба да биде ограничен на јасна усна расправа и гласање, под контрола на Спикерот; (б) забранета е употребата на мегафони за засилување на говорот, како и употребата на плакати, билборди и знаци; (в) треба да се регулираат обвинувањата за намерна нечесност и друг навредлив јазик; и (г) правилата на однесување против членовите би можеле да се спроведуваат со пропорционални, но одвраќачки финансиски казни и санкции за суспензија.
115. Владата на Обединетото Кралство обезбеди информации за законите и практиката на Обединетото Кралство во врска со правото на слобода на говор во Парламентот, почнувајќи од членот 9 од Законот за правата 1689[17]. Членот 9 од Законот за права има две комплементарни цели. Прво, обезбедува гаранција за правото на пратениците на парламентот на слобода на говор за време на дебатите. Со него, тие добиваат имунитет од сите граѓански или кривични постапки за сè што е кажано во остварувањето на нивното право на слобода на говор. Второ, за да се осигура дека правото нема да биде злоупотребено, пратениците се потчинуваат на авторитетот, надлежноста и дисциплината на Парламентот. Слободата на говор во Парламентот ја регулира самиот Парламент, кој пак ја контролира сопствената процедура. Суштински елемент на доктрината за поделба на власта е националните судови да не се обидуваат да го регулираат однесувањето на законодавецот.
116. Во однос на членот 10, Владата на Обединетото Кралство тврди дека се применуваат два комплементарни принципи и дека и двата се суштински за правилно функционирање на парламентарната демократија. Прво, слободниот говор, заштитен од секаков страв од судски спорови или надворешни санкции, е од суштинско значење доколку пратениците треба да го претставуваат народот и да дебатираат за важни прашања. Во спротивно, тоа би имало ефект на заплашување врз дебатата во законодавниот дом. Парламентот мора да ја има слободата да организира и да уреди сопствена процедура и да слуша тешка дебата на која било тема, без страв од надворешно мешање. Второ, како противтежа, мора да постои систем на парламентарна дисциплина, според кој однесувањето на пратениците ќе се контролира од самиот Парламент, за да се осигура дека правото на слобода на говор на неговите членови не се злоупотребува и дека работата на законодавниот дом се одвива ефективно. Владата тврди дека Судот ги признал двата горенаведени принципи во А. против Обединетото Кралство (бр. 35373/97, ЕСЧП 2002-X) и Карт против Турција (цитиран погоре). Широката маргина на уважување се однесува, според Владата, на тоа дали да се забрани употребата на предмети како што се банери, билборди и мегафони, како и на националните проценки за сериозноста на таквото однесување.
117. Долниот дом на Обединетото Кралство има долга историја на слободна, образложена усна дебата под контрола на Спикерот. Пратениците се целосно слободни да се вклучат во симболични јавни политички протести, вклучувајќи маршеви, митинзи и демонстрации, надвор од Парламентот. Таквиот политички говор доби високо ниво на заштита според членот 10. Но, во Долниот дом, сите пратеници се ограничени при своето политичко изразување на образложена усна аргументација. Слободниот говор не е забранет: сите пратеници уживаат подеднакво право да зборуваат, прашуваат, интервенираат и гласаат. Но, неопходно било да се наметне разумно ограничување на времето, местото и начинот на политичко изразување за сите пратеници, со цел дебатите што се одржуваат во Парламентот да се засновани на фер основа и еднаквост. Владата нагласи дека таквите правила се од суштинско значење за да се осигури дека сите страни на аргументот биле праведно слушнати. Доколку се дозволи употреба на билборди, банери, мегафони и други такви уреди, тоа би можело да доведе до ескалација меѓу пратениците заради ефект на потиснување на нечија слобода на изразување. Воведена е пропорционална, но одвраќачка казна за да се обезбедат услови парламентарната дебата да биде ограничена на фер и аргументирана усна дебата, дискусија и гласање. Ваквите правила промовирале висок стандард на политичка дебата и обезбедиле сите пратеници да бидат третирани подеднакво и правично. Би било спротивно на овој принцип да се дадат посебни привилегии на било кој пратеник да предизвика нарушување, без разлика дали е дел од мнозинството или малцинството. Сите избрани пратеници треба да бидат третирани со еднаква почит од страна на Спикерот, и истите правила на однесување треба да важат за секој од нив.
118. Владата на Обединетото Кралство не знае за некој национален парламент што би дозволил вознемирувачко однесување како она што го пројавиле апликантите. Националното законодавно тело беше во рамките на својата широка маргина на уважување со одлуката дека соодветниот форум за симболични политички демонстрации е надвор од Парламентот. Постои исклучително важен општествен интерес да се обезбеди уредно водење на постапките во Парламентот.
119. Владата на Обединетото Кралство понатаму тврди дека постои силна аналогија на постапките пред овој Суд или пред национален суд. Надвор од судот, парничарите би можеле да се вклучат во симболичен, нарушувачки и навредлив протест. Во рамките на судот, за да може за прашањата да се дебатира фер според основаноста, мора да се примени рамка на правила што ја регулираат усната дебата.
3. Проценката на Судот
(а) Постоење на мешање
120. Советот утврди дека казните изречени на апликантите претставуваат мешање во нивното право на слобода на изразување, предвидено во Член 10 од Конвенцијата. Ова прашање не беше оспорено од страните и Големиот судски совет не гледа причина да донесе поинаков заклучок по оваа точка. Големиот судски совет само ќе додаде дека начинот на изразување на апликантите главно се состоел од невербални средства за комуникација, имено, истакнување на плакат и транспаренти, соодветно. Тој подоцна ќе се врати на специфичните околности што се создаваат во овој случај.121. Ваквото мешање во правото на жалителите за слобода на изразување мора да биде „пропишано со закон“, да следи една или повеќе легитимни цели во духот на став 2 од Членот 10 и да биде „неопходно во демократско општество“. (а) Дали мешањето било пропишано со закон 122. Во овој случај мислењата на странките се разликуваа во однос на тоа дали мешањето во слободата на изразување на жалителите било пропишано со закон. Апликантите тврдат дека термините употребени во дел 49(4) од Законот за парламентот („се однесува сериозно навредливо за власта или авторитетот на Парламентот“) се нејасни. Понатаму, немало претходна примена на дел 49(4), како што е изменет, бидејќи изменетата верзија на таа одредба стапила на сила дури во јануари 2013 година. Владата остана на ставот дека мешањето се засновало на одредбите од Законот за Парламентот.123. Судот повторува дека изразот „пропишано со закон“, во вториот став од член 10, не само што бара оспорената мерка да има правна основа во домашното право, туку се однесува и на квалитетот на предметниот закон, кој треба да биде достапен за засегнатото лице и предвидлив во однос на неговите ефекти (види, меѓу другите органи, Ротару против Романија [ГС], бр. 28341/95, став 52, ECЧП 2000-V, и Маестри против Италија [ГС], бр.39748/98, став 30, ЕСЧП 2004-I). Сепак, првенствено е за националните органи, особено судовите, да го толкуваат и применуваат домашното право (види, меѓу другите авторитети, Вејт и Кенеди против Германија [ГС], бр. 26083/94, став 54, EСЧП 1999-I Корбели против Унгарија [ГС], бр. 9174/02, ставови 72-73, ЕСЧП 2008 година; и Centro Europa 7 S.r.l. и Ди Стефано против Италија [ГС], бр. 38433/09, став 140, ЕСЧП 2012 година).124. Едно од барањата што произлегуваат од изразот „пропишано со закон“ е предвидливоста. Така, нормата не може да се смета за „закон“ во смисла на член 10 став 2, ако не е формулирана со доволна прецизност за да му овозможи на граѓанинот да го прилагоди своето однесување; тој или таа мора да биде способен – доколку е потребно со соодветен совет – да ги предвиди, до степен што е разумен во околностите, последиците што може да ги донесе одредена постапка. Тие последици не мора да се предвидат со апсолутна сигурност. Иако сигурноста е пожелна, таа може да резултира со прекумерна ригидност, а законот мора да е способен да ги следи променливите околности. Според тоа, многу закони неизбежно се напишани со термини кои, во поголема или помала мера, се нејасни и чие толкување и примена се прашања на практиката (види, на пример, Линдон, Отчаковски-Лоренс и Жили против Франција [ГС], бр.21279/02 и 36448/02, став 41, ЕСЧП 2007-IV; Centro Europa 7 Srl и Ди Стефано, цитирани погоре, 1 141; и Delfi AS против Естонија [ГС], бр. 64569/09, став 121, ЕСЧП 2015).125. Нивото на прецизност што се бара од домашното законодавство - кое не може да се обезбеди за секоја евентуалност - зависи во значителен степен од содржината на поединечниот законот, областашто треба да ја покрие неговото уредување и бројот и статусот на оние за кои се однесува (види Centro Europa 7 Srl и Ди Стефано, став 142, и Delfi AS, став 122, двата цитирани погоре). Судот утврди дека од лицата кои вршат професионална дејност, кои се навикнати да мораат да постапуваат со висок степен на претпазливост кога го практицираат своето занимање, може да се очекува да се особено внимателни при проценката на ризиците што ги носи таквата активност (види Линдон, Отчаковски - Лоренс и Жули, цитиран погоре, став 41, со дополнителни референци).126. Судот забележува дека изменетиот дел 49(4) од Законот за Парламентот го регулирал однесувањето на пратениците во Парламентот. Се чини дека апликантите учествувале во расправата за амандманот во парламентото. Поради нивниот специфичен статус, вообичаено се очекува членовите на парламентот да се свесни за дисциплинските правила кои имаат за цел да обезбедат уредно работа на Парламентот. Неспорно дека тие правила содржат елемент на нејасност („сериозно навредливо однесување“) и се предмет на толкување во парламентарната практика. Правилата слични на оние во Унгарија постојат во многу европски држави и сите тие се изнесени со релативно нејасни термини (види примери во став 56 погоре). Судот смета дека апликантите, поради нивниот професионален статус на парламентарци, морале да се способни да ги предвидат, до разумен степен, последиците што може да ги предизвика нивното однесување, дури и во отсуство на претходна примена на спорната одредба (види Кудревичиус и други против Литванија, март 2012 година, со понатамошните референци).127. Според тоа, Судот утврди дека изменетиот дел 49(4) од Законот за Парламентот го поседувал потребното ниво на прецизност и дека, соодветно, мешањето било „пропишано со закон“. (а) Дали мешањето следело легитимна цел 128. Страните имаа, донекаде, различни ставови во однос на целта на спорното мешање. Апликантите се согласија дека мешањето ја следело целта на „одржување на правилното функционирање на Парламентот“ и на тој начин одговарало на целта за заштита на правата на другите. Владата остана на ставот дека мешањето имало две легитимни цели, имено заштита на правата на другите и спречување на неред. Во однос на првото, тие тврдат дека оваа цел ги опфаќа правата на другите членови на парламентот.129. Судот е убеден дека мешањето имало две легитимни цели во смисла на член 10 став 2 од Конвенцијата. Прво, тоа имало за цел да спречи нарушување на работата на Парламентот за да се обезбеди негово ефикасно функционирање, и на тој начин ја следело легитимната цел - „спречување на неред“. Второ, тоа имало за цел да ги заштити правата на другите членови на парламентот и со тоа ја следело целта на „заштита на правата на другите“. (а) Дали мешањето било неопходно во едно демократско општество 130. Апликантите тврдеа дека спорното мешање не го исполнувало барањето за неопходност во едно демократско општество, додека Владата тврдеше дека тоа било пропорционално со легитимните цели што ги следело.131. Во овој случај, Судот за прв пат е повикан да ја испита усогласеноста на внатрешните дисциплински мерки изречени на пратениците за начинот на кој тие се изразиле во Парламентот, со членот 10 од Конвенцијата. Според тоа, во испитувањето на овој случај, Судот ќе ги земе предвид принципите кои ја регулираат слободата на изразување воопшто и оние кои се однесуваат на практикувањето на слободата на изразување во Парламентот. (i) Општи принципи(α) За слободата на изразување
132. Општите принципи, во врска со прашањето дали мешањето во слободата на изразување е „неопходно во едно демократско општество“, се добро утврдени во судската пракса на Судот и се сумирани на следниов начин (види, меѓу последните власти, Animal Defenders International против Обединетото Кралство [ГС], бр.48876/08, став 100, EСЧП 2013, и Delfi AS, цитиран погоре, став 131).
„(i) Слободата на изразување претставува еден од суштинските основи на едно демократско општество и еден од основните услови за неговиот напредок и за самоисполнување на секој поединец. Предметот на став 2 од Членот 10, кој не се применува само за „информации“ или „идеи“ кои се поволно примени или се сметаат за ненавредливи или се примаат со рамнодушност, туку и за оние што навредуваат, шокираат или вознемируваат. Такви се барањата за плурализам, толеранција и широкоумие без кои нема „демократско општество“. Како што е наведено во Член 10, оваа слобода подлежи на исклучоци, кои ... сепак, мора строго да се толкуваат и потребата за какви било ограничувања мора да се утврди доволно убедливо ...
(ii) Придавката „неопходно“, во смисла на Член 10 став 2, подразбира постоење на „итна општествена потреба“. Државите договорнички имаат одредена маргина на уважување при проценката дали постои таква потреба, но тоа оди рака под рака со европскиот надзор, опфаќајќи го и законодавството и одлуките со кои се применува, дури и оние донесени од независен суд. Според тоа, Судот е овластен да ја донесе конечната одлука за тоа дали „ограничувањето“ е усогласено со слободата на изразување заштитена со Членот 10.
(iii) Задача на Судот, при вршењето на својата надзорна надлежност, не е да ги заземе местата на надлежните национални органи, туку да ги преиспита одлуките според Член 10, донесени според нивната моќ за уважување. Ова не значи дека надзорот се ограничува само на утврдување дали тужената држава ја искористила својата дискреција разумно, внимателно и со добра волја; она што Судот треба да го направи е да го разгледа мешањето за кое се аплицира, во светлината на случајот како целина, и да утврди дали тоа било „пропорционално со легитимната цел“ и дали причините наведени од националните власти за да го оправдаат мешањето се „ релевантни и доволни“... Притоа, Судот треба да се увери дека националните власти примениле стандарди кои биле во согласност со начелата отелотворени во член 10 и, дополнително, дека тие се потпирале на прифатлива проценка на релевантните факти. ..”
(β) За процедурални гаранции за слободата на изразување
133. Освен горенаведените фактори, правичноста на постапките и дадените процесни гаранции се фактори кои во некои околности можеби ќе треба да се земат предвид при оценувањето на пропорционалноста на мешањето во слободата на изразување (види Здружение Екин против Франција, бр. 39288/98, став 61, ECЧП 2001-VIII; Steel and Morris против Обединетото Кралство, бр. 68416/01, став 95, ECЧП-2005 II; Киприану против Кипар [ГС], бр. 73797/01, ставови 171 и 181, ЕСЧП-2005 XIII, Сајгили и Сејман против Турција, бр. 51041/99, ставови 24-25, 27-ми јуни 2006 година, Кудешкина против Русија, бр. 2009 година; Ломбарди Валаури против Италија, бр. 39128/05, став 46, 20-ти октомври 2009 година; Sanoma Uitgevers BV против Холандија [ГС], бр. 38224/03, став 100, 14 септември 2010; Џумхуриет Вакфи и други против Турција, бр.28255/07, став 59, 8-ми октомври 2013 година и Морис против Франција [ГС], бр.29369/10, став 155, ЕСЧП 2015 година).
134. Во случајот на Здружение Екин, кој се однесуваше на административна забрана за дистрибуција и продажба на книга од „странско потекло“, Судот одлучи дека правната рамка треба да обезбеди, меѓу другото, ефективна судска проверка на таквите забрани за да се спречи каква било злоупотреба на моќта (цитиран погоре, став 58). Судот забележа дека управните судови извршиле само делумна ревизија на причините за таквите забрани. Во случајот на здружението апликант, Државниот совет извршил целосна проверка, но ефективноста во пракса била поткопана од прекумерната должина на постапката. Судот смета дека таквата недоволна судска ревизија не обезбедува доволно гаранции против злоупотреба (ibid., став 61).
135. Во случајот Ломбарди Валаури, во кој кандидатурата на апликантот за наставно место на конфесионален универзитет била одбиена поради неговите наводни хетеродоксни ставови, Судот забележа дека во постапката пред Одборот на факултетот на апликантот не му биле обезбедени соодветни процедурални гаранции (цитирано погоре, ставови 46-48). Во постапката за судска ревизија, управните судови го ограничиле своето испитување на оспорената одлука на фактот дека Одборот на факултетот, го забележал постоењето на одбивањето на Конгрегацијата да ја одобри кандидатурата на апликантот. Фактот дека на апликантот не му биле дадени точните причини за тоа одбивање, ја отфрлил секоја можност за спротивставена дебата. Според тоа, Судот утврдил дека судската ревизија не била соодветна (ibid., ставови 51 и 54).
136. Во случајот Џумхуриет Вакфи и dруги, кој се однесуваше на наредба за забрана против национален весник, издаден во текот на граѓанска постапка за заштита на правата на личноста, Судот утврди дека на апликантитее не им биле овозможени доволно заштитни мерки (цитиран погоре, став 75). Ги имаше предвид
(i) исклучително широкиот обем на забраната,
(ii) нејзиното прекумерно траење,
(iii) неуспехот на домашниот суд да даде какво било образложение за привремената забрана и
(iv) неможноста на апликантите да ја оспорат мерката пред да биде изречена (ibid., ставови 62-74).
(γ) За слободата на изразување на пратениците
137. Во својата судска практика, Судот постојано ја нагласува важноста на слободата на изразување за членовите на парламентот, а тоа е политички говор par excellence. Во случајот Кастелс против Шпанија (23-ти април 1992 година, серија А бр. 236), кој се однесуваше на осудата на сенатор за навреда на владата во напис за печатот, Судот одлучи:
„Иако слободата на изразување е важна за секого, тоа е особено важно за избраниот претставник на народот. Тој го претставува своето гласачко тело, привлекува внимание за нивните проблеми и ги брани нивните интереси. Соодветно на тоа, мешањето во слободата на изразување на опозициски пратеник... бара најтесна контрола од страна на Судот“. (Ibid., став 42, и Пиермон против Франција, 27-ми април 1995 година, став 76 in fine, Серија А бр. 314.)
Овие принципи се потврдени во голем број случаи кои се однесуваат на слободата на изразување на членовите на националните или регионалните парламенти (види, меѓу други авторитети, Ерусалим против Австрија, бр. 26958/95, став 36, ECЧП 2001-II; Фере против Белгија, бр. 15615/07, став 65, 16-ти јули 2009 година и Отеги Мондрагон против Шпанија, бр. 2034/07,став 50, ЕСЧП 2011 година), како и во серија случаи што се однесуваат на ограничувања на правото на пристап пред суд, кое произлегува од функционирањето на пратеничкиот имунитет (види A. против Обединетото Кралство, цитиран погоре, став 79; Кордова против Италија (бр. 1), бр. 40877/98, став 59, ECЧП 2003-I; Кордова против Италија (бр. 2), бр. 45649/99, став 60, ЕСЧП 2003-I; Золман против Обединетото Кралство (одлука), бр. 62902/00, ЕСЧП 2003-XII; Де Жорио против Италија, бр. 73936/01, став 52, 3-ти јуни 2004 година; Патроно, Касини и Стефанели против Италија, бр. 10180/04, став 61, 20-ти април 2006 година; и C.G.I.L. и Коферати против Италија, бр. 46967/07, став 71, 24- ти февруари 2009 година).
(δ) За слободата на изразување во Парламентот
138. Нема сомнеж дека говорот во Парламентот ужива повисоко ниво на заштита. Парламентот е посебен форум за дебата во едно демократско општество, што е од фундаментално значење. Зголеменото ниво на заштита за говорот во него, меѓу другото, се покажува со постоењето на пратеничкиот имунитет. Судот призна дека долгогодишната практика на државите генерално да им доделуваат различни степени на имунитет на парламентарците, ги следи легитимните цели за заштита на слободата на говорот во Парламентот и одржување на поделбата на власта меѓу законодавната и судската власт. Различните форми на пратенички имунитет навистина може да послужат за заштита на ефективната политичка демократија, што е еден од темелите на Конвенцијата, особено кога тие ја штитат автономијата на законодавниот дом и парламентарната опозиција (види, меѓу другите власти, Карт, цитиран погоре, став 81, со дополнителни упатувања, и Сингелидис против Грција, бр.24895/07, став 42, 11-ти февруари 2010 година). Гаранциите што ги нудат двата вида пратенички имунитет (неповрзаност и неприкосновеност) служат за обезбедување независност на Парламентот во вршењето на својата задача. Неприкосновеноста помага да се постигне целосна независност на Парламентот со спречување на каква било можност за политички мотивирани кривични постапки (fumus persecutionis) и со тоа заштита на опозицијата од притисок или злоупотреба од страна на мнозинството (види Карт, цитиран погоре, став 90). Заштитата што ѝ се дава на слободата на говорот во Парламентот служи за заштита на интересите на Парламентот, како целина, и не треба да се сфати како заштита што им се дава исклучиво на поединечни пратеници (види А. против Обединетото Кралство, цитирано погоре, став 85).
139. Како што е кажано, иако слободата на парламентарна дебата е од фундаментално значење во едно демократско општество, таа по својата природа не е апсолутна. Држава договорничка може истата да ја подложи на одредени „ограничувања“ или „казни“, но Судот треба да донесе конечна пресуда дали таквите мерки се соодветни со слободата на изразување утврдена во Член 10 (види Кастелс, цитиран погоре, став 46, и Инкал против Турција, 9-ти јуни 1998 година, став 53, Извештаи за пресуди и одлуки 1998-IV). Остварувањето на слободата на изразување во Парламентот носи со себе „обврски и одговорности“, наведени во член 10 став 2, со цел да се обезбеди ефективна работа на Парламентот. Според оваа одредба, парламентите имаат право да реагираат кога нивните членови се впуштаат во неуредно однесување што го нарушува нормалното функционирање на законодавниот дом. Исто како што општо признатото правило за пратенички имунитет нуди засилена, но не и неограничена заштита на говорот во Парламентот, така и некои ограничувања на говорот во Парламентот – мотивирани од потребата да се осигура дека парламентарните работи се одвиваат на уреден начин – исто така, сосема оправдано, треба да се земат предвид. И, сосема е релевантно е да се спомене во врска со тоа дека, Венецијанската комисија забележа дека во повеќето национални парламенти членовите може да бидат подложени на внатрешни дисциплински санкции од страна на Парламентот (види ставови 48-49 погоре).
140. Во овој контекст, Судот смета дека е важно да се направи разлика помеѓу, од една страна, суштината на собранискиот говор и, од друга страна, времето, местото и начинот на кој тој говор се пренесува. Оваа разлика беше наведена во пресудата на Унгарскиот Уставен суд (види став 33 погоре). Судот смета дека државите – или, всушност, самите парламенти – треба, во принцип, независно да го регулираат времето, местото и начинот на говор во Парламентот, и дека, соодветно, во овој поглед, контролата од страна на Судот треба да биде ограничена. Спротивно на тоа, државите имаат многу ограничена слобода во регулирањето на содржината на парламентарниот говор. Меѓутоа, некои регулативи може да се сметаат за неопходни со цел да се спречат форми на изразување, како што се директни или индиректни повици за насилство. Но, при верификацијата на тоа дека слободата на изразување останува обезбедена, контролата на Судот во овој контекст треба да биде построга. Во секој случај, преку општо признатото правило за пратенички имунитет, државите обезбедуваат зголемено ниво на заштита на говорот во Парламентот, со последица дека сепак, се очекува, потребата за интервенција на Судот да биде ретка.
141. Судот повторува дека демократијата претставува основен елемент на „европскиот јавен поредок“ и дека правата гарантирани според Член 3 од Протоколот бр. 1, се од клучно значење за воспоставување и одржување на основите на ефективна и значајна демократија управувана од владеењето на правото (види, меѓу многу други авторитети, Жданока против Латвија [ГС], бр. 58278/00, ставови 98 и 103, ЕСЧП 2006 г. -IV). Така, Конвенцијата воспоставува тесна врска помеѓу ефективната политичка демократија и ефективното работење на Парламентот. Според тоа, не може да има сомнеж дека, ефикасното функционирање на Парламентот е вредност од клучно значење за едно демократско општество и затоа, практикувањето на слободата на говорот во Парламентот, можеби ќе треба во некои прилики да попушти пред легитимните интереси за заштита на уредното водење на парламентарната работа, како и заштитата на правата на другите пратеници. Конечно, уредната дебата во Парламентот им служи и на политичкиот и на законодавниот процес, како и на интересите на сите членови на законодавниот дом, со тоа што им овозможува да учествуваат во парламентарните постапки под еднакви услови заради интересите на општеството во целина. Унгарскиот Уставен суд во овој контекст сметал дека задачата била да се најде вистинската рамнотежа помеѓу правата на поединечните пратеници и гарантирањето на ефективна парламентарна активност (види став 41 погоре). Судот се согласува со тој пристап, додавајќи дека и правата на парламентарното малцинство треба да бидат дел од равенката. Во една поопшта смисла, Судот повторува дека плурализмот и демократијата мора да се засноваат на дијалог и дух на компромис (види Обединета комунистичка партија на Турција и други против Турција, 30-ти јануари 1998 година, став 45, Извештаи 1998-I; Лејла Шахин против Турција [ГС], бр. 44774/98, став 108, EСЧП 2005-XI; и Танасе против Молдавија [ГС], бр. 7/08, став 178, ECЧП 2010).
(ε) Автономија на Парламентот
142. Судот забележува дека правилата во врска со внатрешното работење на Парламентот се пример за добро воспоставен уставен принцип на автономија на Парламентот. Во Државата која одговара, автономијата на парламентот е заштитена со член 5 став 7 од Уставот, кој предвидува, меѓу другото, дека претседателот користи контролирачки и дисциплински овластувања со цел да обезбеди непречено функционирање на Парламентот (види став 24 погоре). Во согласност со овој принцип, широко признат во земјите-членки на Советот на Европа, Парламентот има право, со исклучок на другите овластувања и во границите на уставната рамка, да ги регулира сопствените внатрешни работи, како што е, меѓу другото, својата внатрешна организација, составот на неговите тела и одржување на добар ред за време на дебатите. Автономијата на Парламентот очигледно се протега до моќта на Парламентот да спроведува правила насочени кон обезбедување уредно водење парламентарна работа. Ова понекогаш се нарекува „надлежна автономија на парламентот“. Според Венецијанската комисија, мнозинството парламенти имаат внатрешни деловнички правила кои предвидуваат дисциплински санкции против пратениците (види ставови 48-49 погоре).
143. Во принцип, правилата што се однесуваат на внатрешното функционирање на националните парламенти, како аспект на парламентарната автономија, спаѓаат во маргината на уважување на Државите договорнички. Националните власти, особено парламентите (или сличини тела составени од избрани претставници на народот), се навистина подобро поставени од меѓународниот судија за да ја проценат потребата да се ограничи однесувањето на членот што предизвикува нарушување на уредното водење на парламентарните дебати и што може да да бидат штетни за основниот интерес за обезбедување на ефективно функционирање на Парламентот во една демократија (види Карт, цитиран погоре, став 99, и mutatis mutandis, Кудревичиус и други, цитиран погоре, ставови 97 и 156, со дополнителни референци).
144. Што се однесува пак до опсегот на маргината на уважувањешто треба да ѝ се овозможи на тужената држава, тоа зависи од голем број фактори. Тоа е дефинирано од типот на предметниот израз и, во таа смисла, Судот повторува дека според членот 10 став 2 од Конвенцијата, мал е опсегот за ограничување на политичкиот говор или дебата за прашања од јавен интерес (види, меѓу други авторитети, Шурек против Турција (бр.1) [ГС], бр. 26682/95, став 61, ECЧП 1999-IV; Стол против Швајцарија [ГС] бр.69698/01, став 106, ECЧП 2007-V и Перинчек против Швајцарија [ГС], бр.27510/08, став 197, ЕСЧП 2015 година). Заштитата на слободната дебата во Парламентот несомнено е суштинска за едно демократско општество. Судот погоре забележа дека, од една страна, заштитата дадена на слободата на говор во Парламентот служи за заштита на интересите на Парламентот како целина, но од друга страна, слободата на говор не треба да се користи на начин што го поткопува ефективното функционирање на Парламентот.
145. Судот во врска со ова го забележува ставот на големото мнозинство од Државите договорнички, кои санкционираат говор или однесување што го попречува уредното водење на парламентарните постапки. Според материјалите на споредбено право со кои располага Судот, се чини дека повеќето, ако не и сите земји-членки, имаат воспоставено систем на дисциплинирање на членовите на парламентот кои ги прекршуваат правилата на Парламентот со впуштање во несоодветно говорење или однесување (види став 56 погоре). Слични правила постојат во Парламентарното собрание на Советот на Европа и во Европскиот парламент (види ставови 42-44 и 50-52 погоре соодветно). Од истражувањето на споредбеното право може да се види дека парламентите располагаат со различен обем на дисциплински мерки за да обезбедат уредно водење на парламентарните постапки, вклучувајќи, меѓу другото, повикување на ред или предупредување, како и одредени далекусежни мерки како што се ускратување на правото на говор, исклучување од седница и парични санкции. Од ова може да се заклучи дека, и покрај разликите поврзани со природата и обемот на дисциплинските мерки, земјите-членки генерално ја прифаќаат потребата од регулативи со кои се санкционира навредливиот говор или однесување во парламентите.
146. Имајќи го ова на ум, Судот смета дека највисок јавен интерес е да се обезбеди дека Парламентот, истовремено почитувајќи ги барањата за слободна дебата, ќе функционира ефективно и ќе ја извршува својата мисија во едно демократско општество. Затоа, кога основната цел на релевантните дисциплински правила е исклучиво во насока да се обезбеди ефективност на Парламентот, а со тоа и на демократскиот процес, маргината на уважување што треба да се дозволи во оваа област треба да биде широка. Судот забележува дека веќе призна дека земјите-членки имаат широка маргина на уважување во контекст на регулирање на пратеничкиот имунитет, кој припаѓа во сферата на парламентарното право (види Карт, цитиран погоре, став 82).
147. Меѓутоа, во овој момент Судот би сакал да нагласи дека, од гледна точка на тестот за неопходност според Член 10 став 2 од Конвенцијата, националната дискреција, која е суштинска во поимот парламентарна автономија, при санкционирање на говорот или однесувањето во Парламентот што може да се смета за навредливо, иако многу важна, не е неограничена. Таа треба да е компатибилна со концептите на „ефективна политичка демократија“ и „владеење на правото“ на кои се однесува Преамбулата на Конвенцијата. Судот повторува дека плурализмот, толеранцијата и широкоумноста се белег на „демократско општество“. Иако индивидуалните интереси понекогаш мора да бидат подредени на оние на групата, демократијата едноставно не значи дека ставовите на мнозинството мора секогаш да преовладуваат: мора да се постигне рамнотежа која обезбедува правичен и правилен третман на луѓето од малцинствата и избегнува злоупотреба на доминантна позиција (види, меѓу другите авторитети, Јанг, Џејмс и Вебстер против Обединетото Кралство, 13-ти август 1981 година, став 63, Серија А бр. 44; Горзелик и други против Полска [ГС], бр. 44158/98, став 90, ЕСЧП 2004-I; и Лејла Шахин, цитиран погоре, 8 108). Според тоа, парламентарната автономија не треба да се злоупотребува со цел да се потисне слободата на изразување на пратениците, што е срцето на политичката дебата во демократијата. Не би било во согласнот со целта и предметот на Конвенцијата доколку Државите договорнички, со усвојување на одреден систем на парламентарна автономија, би биле ослободени од нивната одговорност според Конвенцијата во врска со остварувањето на слободата на говорот во Парламентот (види, mutatis mutandis, Кордова (бр. 1), цитирана погоре, став 58). Слично на тоа, правилата за внатрешната работа на Парламентот не треба да служат како основа за тоа мнозинството да ја злоупотребува својата доминантна позиција во однос на опозицијата. Судот придава значење на заштитата на парламентарното малцинство од злоупотреба од страна на мнозинството. Затоа, со особено внимание ќе ја испита секоја мерка што се чини дека функционира исклучиво, или главно, на штета на опозицијата (види, во однос на компатибилноста со член 3 од Протоколот бр. 1 за ограничувањата на изборните права, Танасе, цитиран погоре, став 179). Судот понатаму забележува дека Парламентарното собрание на Советот на Европа ја истакнало потребата од еднаков третман на сите членови на парламентот (види став 47 погоре).
(ii) Примена на овие принципи во конкретниот случај
148. Како што беше повторено погоре (види став 132), придавката „неопходно“ во член 10 став 2 подразбира постоење на итна општествена потреба. Државите договорнички имаат маргина на уважување за да проценат дали постои таква потреба и, во конкретниот случај, Судот утврди дека маргината на уважување е широка (види став 146 погоре). Судот нема потешкотии да прифати дека во конкретниот случај е неопходно да се реагира на однесувањето на апликантите во Парламентот, што требало да го земе предвид Домот во остварувањето на својата автономија. Понатаму, Судот мора да утврди дали спорното мешање било пропорционално со легитимните цели и дали причините, наведени од националните власти за да го оправдаат мешањето, биле релевантни и доволни (види став 132 погоре). Последните барања ќе бидат разгледани од Судот подолу.
149. Во конкретниот случај апликантите, во текот на расправата и гласањето, донеле голем плакат и транспаренти во средината на парламентарната сала и ги таму ги истакнале види, соодветно, ставови 12-13, 15-16 и 20-21 погоре). Една од апликантите, г-ѓа Ленгјел, исто така користела мегафон за да зборува во текот на гласањето (види ставови 20-21 погоре). Се чини дека на апликантите им било упатено предупредување од спикерот (види, соодветно, ставови 13, 16 и 21 погоре). Судот смета дека истакнувањето плакат или транспарент во Парламентот не е конвенционален начин пратениците да ги изразат своите ставови за одредена тема за која се расправа во Домот. Со тоа што ја избрале оваа форма на однесување, апликантите го нарушиле редот во Собранието. Тие можеле слободно да ја пренесат истата порака во нивниот парламентарен говор stricto sensu и доколку го стореле тоа, последиците од нивните постапки можеби ќе биле сосема различни. Употребата на мегафон во Собранието, исто така, очигледно го нарушува редот.
150. Судот забележува дека во трите соодветни предлози за парична казна на апликантите, подоцна усвоени од Парламентот, Спикерот се повикал на однесувањето на апликантите, како што е запишано во записникот, кое се сметало дека е сериозно навредливо за парламентарниот ред (види, соодветно, ставовите 14, 17 и 22-23 погоре). Во случајот на г-ѓа Шел, г-ѓа Ленгјел и г-ѓа Остоликан, Спикерот согледал дека нивното однесување било сериозно навредливо за редот во парламентот поради истакнувањето на нивниот транспарент и употребата на мегафонот (види став 23 погоре). Според фактите на случајот, Судот е уверен дека апликантите не добиле санкции за искажување на нивните ставови за прашања за кои се расправало во Собранието, туку за времето, местото и начинот на кој тоа го сториле. Овој заклучок се потврдува со фактот дека во собраниската постапка немало испитување на фактичката содржина на изразување на апликантите.
151. Понатаму, имајќи ги предвид околностите на овој случај, Судот не наоѓа причина да се сомнева дека оспорените дисциплински санкции, што им биле изречени на апликантите, биле поддржани од причини што биле соодветни за легитимните цели коишто треба да се остварат, имено, спречување на неред и заштита на правата на другите пратеници. Сепак, не гледа потреба да се произнесе дали, имајќи ја предвид широката маргина на уважување на државата, тие причини, како такви, биле исто така доволни за да се покаже дека спорното мешање било „неопходно“. Судот смета дека е посоодветно да се концентрира на прегледување на тоа дали ограничувањето на правото на слобода на изразување на апликантите било придружено со ефективни и соодветни заштитни мерки против злоупотреба. Навистина, како што е наведено погоре (ставови 133 и понатаму), правичноста на постапките и дадените процедурални гаранции се фактори кои можеби треба да се земат предвид при оценувањето на пропорционалноста на мешањето во слободата на изразување. Понатаму, Судот утврди погоре (види став 140) дека контролата на тоа како се регулира времето, местото и начинот на говори во Парламентот треба да биде ограничена.
152. Во врска со ова, треба да се нагласи дека при употребата на овластувањето на Парламентот да санкционира неуредно однесување на пратеник треба да се почитува принципот на пропорционалност, својствен во член 10, вклучително и во неговиот процедурален аспект (види став 133 погоре). Усогласеноста со принципот на пропорционалност наредува, меѓу другото, дека изречената санкција треба да е соодветна на сериозноста на дисциплинската повреда. Во исто време, Судот треба да посвети должно внимание на автономијата на Парламентот, која треба да има голема тежина во балансирањето на интересите што треба да се спроведе според тестот на пропорционалност. Имајќи го предвид ова и широката маргина на уважување што треба да им се даде на државите договорнички во овој контекст (види став 146 погоре), овде треба да се разликуваат две различни ситуации.
153. Првата ситуација би се појавила во – веројатно прилично теоретски – настан кога Парламентот постапува јасно преку своите овластувања, произволно или навистина лошо со наметнување санкција која не е пропишана во Правилата или е очигледно непропорционална со наводната дисциплинска повреда. Во таков контекст, Парламентот очигледно не би можел да се потпре на сопствената автономија во оправдувањето на санкцијата што ја наметнува, и заради тоа ќе биде предмет на целосна проверка од Судот.
154. Втората ситуација - релевантна за овој случај – би се појавила кога санкционираниот пратеник нема на располагање основни процедурални заштитни мерки според парламентарната процедура за да ги оспори дисциплинските мерки што му се изречени (види, mutatis mutandis, Хун против Обединетото Кралство (одл.), бр. 14832/11, 13.11.2014 година). Според член 10 (види став 133 погоре), ова би покренало прашање од гледна точка на процедуралните барања.156. Во врска со ова, Владата направи разлика помеѓу непосредни санкции, како што е одземање на правото на говор и исклучување од седница, кои веднаш го спречуваат пратеникот да го изрази своето мислење, и оние, како што се паричната казна во овој случај, кои биле од ex post facto природа. Оваа разлика постои, на пример, во Деловникот за работа на Европскиот парламент (види став 51 погоре). Судот смета дека процедуралните заштитни мерки, кои се достапни во однос на овие различни видови санкции, може исто така да варираат. Непосредните санкции (за кои не станува збор во конкретниот случај) се наметнуваат во ситуација на сериозно нарушување на парламентарниот ред и во смисла на процедуралните заштитни мерки, пред нивна примена се предвидува предупредување. Сепак, може да се предвиди и дека во екстремни случаи нема да биде потребно предупредување. Во овој контекст, оправдувањето би било дека со јасно навредлив говор или однесување на пратеник, истиот ја поништува заштитата на неговото или нејзиното право на слобода на изразување или може да се смета за злоупотреба на правото.156. Во конкретниот случај станува збор само за ex post facto дисциплински санкции. Судот повторува дека владеењето на правото, еден од основните принципи на едно демократско општество, е содржано во сите членови на Конвенцијата (види Голдер против Обединетото Кралство, 21-ви февруари 1975 година, став 34, Серија А бр.18; Амур против Франција, 25-ти јуни 1996 година, став 50, Извештаи 1996-III; и Јатридис против Грција [ГЦ], бр. 31107/96, став 58, ЕСЧП 1999-II). Владеењето на правото подразбира, меѓу другото, дека мора да постои мерка на правна заштита во домашното право против произволно мешање на властите во правата заштитени со Конвенцијата (види, меѓу другите органи, Клас и други против Германија, 6-ти септември 1978, став 55, Серија А бр.28, и Малоун против Обединетото Кралство, 2 август 1984 година, став 67, Серија А бр.82). Во однос на ex post facto дисциплинските санкции, Судот смета дека процедуралните заштитни мерки што се достапни за таа цел треба да го вклучуваат, како минимум, правото на засегнатиот пратеник да биде сослушан во собраниска процедура пред да биде изречена санкција. Тој забележува дека правото на сослушување всушност сè повеќе ќе се појавува како основно процедурално правило во демократските држави, над и надвор од судските постапки, како што е докажано, меѓу другото, со член 41 став 2 (а) од Повелбата за основните права на Европската Унија (види ставови 54-55 погоре).157. Начинот и формата на примена на правото да бидат сослушани треба да се прилагодат на парламентарниот контекст, имајќи на ум дека, како што е веќе наведено во став 147 погоре, мора да се постигне рамнотежа која обезбедува правичен и правилен третман на парламентарното малцинство и исклучува злоупотреба на доминантна позиција од страна на мнозинството. Во извршувањето на неговите или нејзините функции, Спикерот треба да постапува на начин без лични предрасуди или политичка пристрасност. Дополнително, додека, во светлината на општо признатите принципи на парламентарната автономија и поделбата на власта, пратеник кој е дисциплински санкциониран не може да смета дека има право на правен лек за да ја оспори казната надвор од Парламентот, аргументот за процедурални заштитни мерки во овој контекстот е сепак особено провокативен со оглед на временскиот распон помеѓу односното однесување и вистинското наметнување на санкцијата.158. Понатаму, Судот смета дека во секоја ex post facto одлука, со која се наметнува дисциплинска санкција треба да се наведат основни причини, со што не само што ќе му се овозможи на засегнатиот пратеник да ја разбере оправданоста за мерката, туку и да дозволи некаква форма на јавен надзор над истата.159. Во материјалното време, домашното законодавство не предвидувало никаква можност засегнатите пратеници да бидат вклучени во соодветната постапка, особено преку сослушување. Постапката во случајот на апликантите се состоела само од писмен предлог на спикерот за изрекување парични казни и негово последователно усвојување од страна на пленарната седница без расправа. Така, постапката не им овозможила на апликантите никакви процедурални заштитни мерки. Ниту одлуките од 6-ти и 24-ти мај 2013 година (види ставови 14 и 17 погоре) не содржеле релевантни причини, зошто постапките на апликантите се сметале за сериозно навредливи за парламентарниот ред. Владата тврди дека апликантите можеле да ги оспорат мерките предложени од претседателот на Собранието пред пленарниот парламент, Претставничкиот дом или Комисијата одговорна за толкување на Деловникот на Парламентот. Сепак, Судот смета дека ниту една од овие опции не им била понудена на апликантите какол ефективно средство за оспорување на предлогот на спикерот. Тие биле ограничени на општа можност да дадат изјава во Собранието или да поднесат петиција до одредени парламентарни тела, без никаква гаранција дека нивните аргументите ќе бидат разгледани во соодветната дисциплинска постапка.160. Треба да се забележи дека на 4-ти март 2014 година стапила на сила измената на Законот за парламентот, со која се воведува можност за казнет пратеник да бара правен лек и претставување пред парламентарна комисија, со што се чини дека се воспоставени минималните процедурални заштитни мерки потребни во сегашната ситуација. (види параграфи 28-29 погоре). Сепак, во конкретниот случај, овој амандман не влијае на ситуацијата на апликантите.161. Имајќи го предвид горенаведеното, Судот смета дека во околностите на случајот, спорното мешање во правото на слобода на изразување на апликантите не било пропорционално со легитимните цели кон коишто стремело, бидејќи не било придружено со соодветни процедурални заштитни мерки.162. Во духот на горенаведените размислувања, Судот заклучува дека мешањето во правото на слободата на изразување на апликантите не било „неопходно во едно демократско општество“ и дека, соодветно, на сметка на тоа, постои повреда на член 10 од Конвенцијата. III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 10163. Апликантите се жалеа според член 13 од Конвенцијата, во врска со член 10, дека според домашното право, немале правен лек за да ги оспорат дисциплинските одлуки што им биле наметнати. Членот 13 од Конвенцијата гласи како што следува: „Секој чии права и слободи наведени во [Конвенцијата] се повредени, ќе има ефективен правен лек пред националниот орган, без оглед на тоа што повредата е сторена од лица кои дејствуваат по службена должност“. A. Пресуди на Советот 164. Советот забележа дека парламентарната автономија и суверенитет се важни уставни институции на една демократска држава. Тој не најде за неопходно да определи соодветен форум за обесштетување според Член 13 бидејќи, спротивно на поднесоците на владите и во духот на пресудите на Уставниот суд (види ставови 32-41 погоре), во тоа време не била достапна уставна жалба или можност да понуди ефикасен правен лек. Според тоа, Советот утврди дека имало повреда на Член 13 од Конвенцијата поради недостаток на правен лек според домашното право за жалбите на апликантите според член 10. Б. Поднесоци на странките 1. Апликантите 165. Апликантите изјавија дека нивната жалба според член 10 го исполнува условот за „аргументираност“ и затоа требало да им се обезбеди правен лек во домашното право. Според нивното мислење, уставната жалба не можела да се смета за ефикасен правен лек бидејќи дури и успешната уставна жалба немало да доведе до поништување на нивните парични казни. Ниту еден друг ефикасен правен лек не им бил достапен.166. Собраниската процедура што се следела во случајот на апликантите очигледно го прекршила членот 13 бидејќи не била способна да ја поправи предизвиканата неправда ниту во теорија ниту во пракса. Покрај тоа, дури и тужената држава ја признала повредата на член 13 со промена на релевантните правила на дисциплинската постапка по настаните што довеле до овој случај.167. Апликантите му се обратија на Судот да утврди повреда на член 13. 2. Владата 168. Владата изјави дека во областа на ефективни правни лекови, Судот не поставил посебни барања за земјите-членки во однос на начинот на усогласување со обврските наведени во член 13, и дека во овој поглед државите уживаат процедурална автономија.169. Со оглед на принципот на поделба на власта и автономијата на Парламентот, можностите што му се достапни на Парламентот да обезбеди соодветен правен лек биле крајно ограничени. Практиката на многу европски држави покажа дека во дисциплинските случаи пратениците имаат многу ограничени можности за жалба. Во такви случаи, вообичаено бил достапен правен лек во самиот Парламент. Во согласност со доминантната европска традиција, Унгарскиот парламент, или еден од неговите органи, одлучувал за такви прашања по сопствена дискреција и против таквите одлуки не бил достапен вонпарламентарен правен лек.170. Владата тврдеше дека Советот не ги зел соодветно предвид специфичните околности на случајот. Парламентот, како државен орган со највисок степен на легитимитет, е во посебна ситуација и не може да се третира на ист начин како другите органи. Бидејќи, во предметниот случај, одлуката била донесена од највисоката институција на Парламентот – пленарниот состав – правните лекови само по себе биле ограничени и тоа не е недостаток во прописите или практиката, туку карактеристика што произлегува од работата на Парламентот. В. Третостраните интервенти 1. Чешката влада 171. Чешката влада се повика на неодамнешната одлука на Уставниот суд[18] која појасни дека уставната жалба генерално не е достапна против одлука на Парламентот во дисциплинска постапка против пратеник[19]. Уставниот суд сметаше дека морал да примени судска воздржаност при преиспитувањето на дисциплинските одлуки, имајќи ја предвид, меѓу другото, општата претпоставка за законитост на дејствијата на државните органи. Почитувањето на парламентарната автономија претставува легитимна и пропорционална цел што го оправдува ограничувањето на правото на ефективен правен лек на пратеникот во овој контекст. Меѓутоа, таквата судска воздржаност не е неограничена, а Уставниот суд го задржа правото да интервенира доколку Парламентот постапи со надминување на своите овластувања. Чешката влада изјави дека постапувањето на Уставниот суд со внимателно образложение и пропорционалното спроведување на судска воздржаност од негова, при одбивањето да се преиспита одредена дисциплинска мерка изречена од Парламентот, не треба да се смета за кршење на членот 13. Договорните страни и нивните судови треба да уживаат широка маргина на уважување во овој контекст. 2. Владата на Обединетото Кралство 173. Обединетото Кралство изјави дека доктрината за поделба на власта бара парламентот да може да ги регулира сопствените работи, дозволувајќи слободна дебата под услов да го задржи правото да ги дисциплинира своите членови за недолично однесување. Г. Оценка на Судот 174. Бидејќи Судот утврдил дека има повреда на Член 10 од Конвенцијата, и имајќи ги предвид причините кои стојат во основата на овој наод, Судот заклучува дека не е неопходно, жалбата на апликантите според Членот 13 од Конвенцијата во контекст на Членот 10, да се испита одделно. IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 175. Членот 41 од Конвенцијата предвидува: „Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.” A. Штета 176. Г-дин Kарачоњи бараше 170 евра (EUR), г-дин Шилаги EUR 600, г-дин Дорош EUR 240, г-ѓа Сабо EUR 240, г-ѓа Шел EUR 430, г-ѓа Оштоликан EUR 510 и г-ѓа Ленѓел EUR 430 како надомест за парична отштета. Овие суми одговараат на казните што требало да ги платат како дисциплински санкции.177. Секој апликант, исто така, бараше EUR 20.000 како нематеријална отштета поврзана со повреда на нивните права според членовите 10 и 13 од Конвенцијата.178. Владата ги оспори овие барања.179. Судот повторува дека членот 41 му дава овластување да ѝ овозможи на оштетената страна надомест што го смета за соодветен (види О’Киф против Ирска [ГС], бр. 35810/09, став 199, ЕСЧП 2014 година).180. Што се однесува до барањето за материјална отштета, Судот утврди дека апликантите претрпеле материјална загуба како резултат на казните што им било наредено да ги платат (види ставови 14, 17 и 22 погоре). Имајќи ја предвид поврзаноста помеѓу казните изречени во домашната постапка и повредата на Членот 10 што го утврди Судот, апликантите имаат право да ги повратат целосните суми што ги бара секој од нив, соодветно.181. Што се однесува до барањето за нематеријална штета, Судот, имајќи ги предвид посебните околности на овој случај, смета дека наодот за повреда на член 10 сам по себе е доволна правична отштета за каква било нематеријална штета што ја претрпеле апликантите. Б. Трошоци и издатоци 182. Апликантите побараа заеднички надомест на правните трошоци настанати пред Судот. Тие поднесоа дека истите ќе бидат наплатени само доколку случајот се реши во нивна корист.183. Во однос на постапката пред Советот, апликантите бараа, заеднички, EUR 26.924 за 106 часа правна работа по тарифа од EUR 200 од час) плус 27% данок на додадена вредност (ДДВ), вклучувајќи осум часа консултации со клиентите, десет часа за проучување на досието и домашното право, петнаесет часа анализа на судската практика на Судот, петнаесет часа потрошени за подготовка на апликациите и останатите за изготвување поднесоци.184. Во однос на постапката пред Големиот судски совет, апликантите бараа, заеднички, EUR 33.528 што претставува 132 часа правна работа (со истата саатница) плус ДДВ, вклучително и дваесет часа за проучување на досието и домашната правна позадина, дваесет и дваесет и четири часови за проучување на судската практика на Уставниот суд и на Судот соодветно и на крајот осумдесет и осум часа за изготвување поднесоци. Понатаму, апликантите бараа EUR 1.223 за патни трошоци и трошоци за сместување поврзани со рочиштето, како и дополнителни дваесет и седум часа правна работа (со истата саатница) плус ДДВ за подготовка и учество на рочиштето.185. Вкупно, апликантите бараа EUR 67.310 за 265 часа правна работа и EUR 1.223 за патни трошоци.186. Владата забележа, прво, дека апликантите не направиле никакви правни трошоци. Согласно претходен договор, трошоците за нивното правно застапување ќе се наплаќаат само доколку Судот утврди повреда на Конвенцијата. Договорот за услуги, иако не е забранет со судската практика на Судот, може да доведе до злоупотреба бидејќи странките може да укажат на нереално висока сума за правни трошоци, непочитувајќи ги домашните економски околности. Според нивното мислење, апликантите не поднеле никаков документ до Судот за да докаже дека тие всушност ќе треба да ги платат правните такси во случај на успешен исход на случајот.187. Барањето на апликантите за трошоци и издатоци било прекумерно во споредба со слични надоместоци доделени од Големиот судски совет. Во случајот пред Големиот судски совет, Јaлуд против Холандија (бр. 47708/08, ЕСЧП 2014), адвокатите наплатувале по цена од 110 евра за час, додека во случајот пред Големиот судски совет, Бујид против Белгија (бр. 23380/09, ЕСЧП 2015 година), адвокатите наплатиле 85 и 125 евра на час соодветно. Адвокатот на жалителите наплатувал саатница од 200 евра, што било дванаесет пати повисока од тарифата за правна помош во Унгарија во 2015 година и е непропорционална со просечниот приход во Унгарија. Владата дополнително го оспори бројот на часови правна работа. Вкупниот број на барани часови правна работа (265) одговара на еден и пол месец работа, што не било оправдано со сложеноста на случајот. Владата сметаше дека бројот на часови правна работа на повеќе конкретни задачи е прекумерен. Тие истакнаа, меѓу другото, дека адвокатот на жалителите барал петнаесет часа за да ја проучува судската пракса на Судот во постапката на Советот и дополнителни 24 часа за истата задача во постапката на Големиот судски совет. Слично на тоа, тој барал десет часа работа за проучување на досието и соодветните унгарски закони пред Советот и дополнителни четириесет часа за истата работа пред Големиот совет.188. И како последно, Владата поднесе дека износот од EUR 1.223 за трошоците поврзани со учеството на расправата е само делумно поддржан со фактури.189. Судот ја повторува својата воспоставена судска пракса во смисла дека апликантот има право на надомест на трошоците и трошоците доколку се покажало дека тие биле реално и нужно настанати и дека се со разумна висина (види, на пример, X и други против Австрија [ГС], бр.19010/07, став 163, EСЧП 2013). Во согласност со правилото 60 став 2 од Деловникот на Судот, мора да се поднесат детални докази за сите барања, во спротивно Судот може целосно или делумно да го отфрли барањето (види A, B и C против Ирска [ГС], бр.25579/05, став 281, ЕСЧП 2010).190. Судот забележува дека апликантите не доставиле копија од договорот со нивниот адвокат, што би било пожелно. Како и да е, тие доставиле документи што ги опишуваат работите што ги извршувал адвокатот и износот на потрошеното време плус информации за цена од час. Судот, сепак, утврди дека бараната сума се чини дека е прекумерна, имајќи ги предвид релевантните економски околности и примерите од неговата судска пракса. Слично на тоа, Судот смета дека бројот на часови што се бараат е прекумерен, гледајќи дека за истата правна работа два пати се бара надомест или дека бројот на часови потрошени за одредени работи е претеран.191. Судот, имајќи ги предвид горенаведените размислувања и информациите со кои располага, смета дека е разумно да им додели на жалителите заеднички EUR 12.000 за трошоците и трошоците направени пред Судот, плус за секој данок што ќе треба да им се наплати. В. Затезна камата 192. Судот смета дека е соодветно доколку затезната камата се заснова на стандардната стапка за задолжување на Европската централна банка, зголемена за три процентуални поени. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО, 1. Одлучува за спојување на апликациите;2. Го отфрли прелиминарниот приговор на Владата;3. Утврдува дека има повреда на Член 10 од Конвенцијата;4. Утврдува дека не е неопходно одделно да се испита жалбата според Член 13 од Конвенцијата прочитан во врска со Членот 10;5. Утврдува дека наодот за повреда сам по себе претставува доволна правична отштета за каква било нематеријална штета што ја претрпеле апликантите;6. Утврдува дека Државата која одговара е должна да ги исплати, во рок од три месеци, следните износи, кои треба да се претворат во валутата на тужената држава по стапката што се применува на датумот на порамнување: EUR 170 (сто седумдесет евра) на г. Карачоњи, EUR 600 (шестотини евра) на г-дин Силаги, EUR 240 (двесте и четириесет евра) на г-дин Дорош, EUR 240 (двесте и четириесет евра) на г-ѓа Сабо, EUR 430 (четиристотини и триесет евра) на г -ѓа Шел, EUR 510 (петстотини и десет евра) на г-ѓа Оштоликан и EUR 430 (четиристотини и триесет евра) на г-ѓа Ленѓел, заедно со данокот кој може да се примени на тие суми, како материјална отштета;7. Утврдува дека Државата која одговара е должна да им исплати, во рок од три месеци, EUR 12.000 (дванаесет илјади евра), кои би се размениле во валутата на Државата која одговара според курсот применлив на датумот на исплатата, заеднички на жалителите, заедно со данокот кој може да се примени на сумата, во однос на трошоците и издатоците;8. Утврдува дека од истекувањето на горенаведените три месеци сѐ до моментот на исплата, ќе се пресметува редовна затезна камата на горенаведениот износ, по стапка еднаква на стандардната стапка за задолжување на Европската централна банка, зголемена за три процентуални поени;9. Го отфрла остатокот од барањето на жалителите за правична отштета. Изготвено на англиски и на француски јазик и донесено на јавна расправа во Зградата за човекови права, Стразбур, на 17-ти мај 2016 година.
Јохан Калеверт Луиз Лопез Гуера
Заменик записничар Претседател
[1] Седницата ја води или Претседателот на Собранието (Спикер) или Заменик-претседател (заменик-спикер)
[2] Членови на Комисијата на Претставничкиот дом се претседателот, замениците-претседатели и координаторите на пратеничките групи.
[3] Во однос на членот 50 (1) од Законот за Парламентот, Уставниот суд утврди дека употребата на физичко насилство, заканување со физичко насилство или повикување на други лица да користат физичко насилство не се заштитени под опсегот на слободата на изразување. Ваквите дела ги загрозуваат правата на другите (особено на другите членови на парламентот) и го ограничија остварувањето на нивните основни права, вклучително и правото на слобода на изразување.
[4] Според членот 52 (2) (а), ако за време на состанок на комисија, пратеник користи израз сериозно навредлив за достоинството на Парламентот или за трето лице или група, особено национална, етничка, расна или верска заедница, или навредливиот израз што се користи сериозно го нарушува редоследот на дебата, комисијата може да предложи исклучување на членот за остатокот од состанокот или намалување на неговиот или нејзиниот паричен надомест.
[5] Предметот го разгледувале петнаесет судии. Еден судија изразил согласнот, а шест судии не се согласиле.
[6] Текстот на дел 48(3) од Законот за Парламентот е даден во став 26 погоре.
[7] Усвоена од Венецијанската комисија на нејзината 84-та пленарна сесија (Венеција, 15-16 октомври 2010 година).
[8] Усвоен од Венецијанската комисија на 98-та пленарна сесија (Венеција, 21-22 март 2014 година).
[9] Наредба на Општиот суд од 5-ти септември 2012 година во Најџел Пол Фараж против Европскиот парламент и Јержи Бузек, Т-564/11, ЕУ:Т:2012:403.
[10] Истражувањето не ги опфати Андора, Монако и Сан Марино.
[11] Истражувањето не опфати никакви парични санкции што може да се применат на пратениците поради неприсуство на различните постапки во Парламентот.
[12] Карачоњи и други и Шел и други, двата цитирани погоре. Образложението во двете пресуди е практично идентично и, во резимето што следи, не се прави разлика помеѓу двете пресуди.
[13] Во поднесоците на Владата се споменуваат 31 земја-членка на Советот на Европа.
[14] Владата наведе тринаесет земји-членки на Советот на Европа.
[15] Слични правила биле пропишани и во Деловникот за работа на Сенатот.
[16] Одлука на Уставниот суд на Чешката Република од 13 јануари 2015 година, ПЛ.
[17] Членот 9 од Законот за правата 1689 вели: „Слободата на говорот и дебатите или постапките во Парламентот не треба да се отповикуваат или преиспитуваат на кој било суд или место надвор од Парламентот“.
[18] Одлука на Уставниот суд на Чешката Република од 13-ти јануари 2015 година, ПЛ. САД 17/14.
[19] Во тој случај, пратеник бил обвинет за административен прекршок и се одлучило тој прекршок да се испита во дисциплинска постапка пред Собранието.