© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 125
Декември 2009
Kart против Турција - 8917/05
Пресуда 3.12.2009 [Голем совет]
Член 6
Кривична постапка
Член 6-1
Пристап до суд
Кривично обвинение
Неможноста на пратеник да му се одземе имунитетот за да може да се брани во кривична постапка: Член 6 § 1 е применлив; нема повреда
Факти – Во извршување на активностите како адвокат, против апликантот биле покренати две кривични постапки. Последователно, во 2002 година, тој бил избран за пратеник во Големото национално собрание на Турција, каде тој уживал пратенички имунитет. Од заедничката комисија во Националното собрание било побарано на апликантот да му се одземе пратеничкиот имунитет, но таа одлучува да ја прекине кривичната постапка против него до завршување на неговиот пратеничкиот мандат, а одлуката за одземање е проследена до пленарниот состав на Националното собрание. Апликантот поднел приговор на ваквата одлука, со образложение дека тој имал право на праведно судење, но без успех. Тој бил избран во втор мандат во Парламентот во 2007 година, а предметот во врска со неговото барање дека се откажува од пратеничкиот имунитет останал да чека одлука во парламентарното телото.
Со пресуда од 8 јули 2008 (види Информативна белешка бр. 110), советот на Судот утврдил повреда на Член 6 § 1 од Конвенцијата.
Закон – Член 6 § 1: a) Применливост – Одредено лице е засегнато кога против него не е одлучено за кривичните обвиненија за подолг временски период. Не постои сомневање дека во конкретниот случај е засегнато правото на апликантот неговиот предмет да биде разрешен во разумен рок. Оттаму, Судот заклучил дека Член 6 § 1 е применлив.
b) Усогласеност – Тргнувајќи од потребата да се зачува целта на институтот парламентарна неповредливост, предмет на испитување во конкретниот случај треба да биде каков е ефектот на начинот на кој се остварува таа неповредливост врз правата на апликантот: колку помалку мерката и’ служи на целта за заштита на интегритетот на Парламентот, толку поубедливо треба да биде оправдувањето на таа мерка. Одлуките за одземање на пратенички имунитет несомнено спаѓаат под маргината на оценување на државите. Со цел да се обезбеди почитување на владеењето на правото, првиот чекор е да се испита институционалната конфигурација на системот на парламентарна неповредливост согласно турскиот закон и условите на неговата примена. Точно е дека неповредливоста која ја уживаат турските пратеници е поширока во многу аспекти во споредба со онаа која ја уживаат пратениците во одделни земји членки. Меѓутоа, опфатот на дадената заштита не може сам по себе да се смета за прекумерен. Таа заштита е релативно прашање; таа е ограничена за времетраење на мандатот на пратениците, и подлежи на исклучоци, односно имунитетот може да биде одземен. Тој се однесува исклучиво на кривичните предмети. Тој не се однесува на одредени случаи на flagrante delicto или за одделни кривични дела против државниот режим. Понатаму, иако опфатот на парламентарната неповредливост во Турција е многу пошироко поставен, се чини дека тој не е различен во споредба со решенијата кои постојат во другите европски парламентарни системи. Во конкретниот случај, јасно е дека неговиот ефект бил да се спречи да се води целосна кривична постапка против апликантот. Меѓутоа, интересот на апликантот за ова прашање треба да се измери наспроти неговото право на пристап до суд, а не наспроти правото да му се одземе имунитетот во случај кога тој ќе побара. Таквите одлуки се донесуваат според внатрешни постапки на Парламентот и оттаму потпаѓаат под исклучива надлежност на овој орган. Улогата на Судот се состоеше да се испита дали парламентарната постапка која била спроведена е компатибилна со правата гарантирани со Конвенцијата. Парламентарната постапка за испитување на барањата за одземање на пратенички имунитет во Турција е уредена со Уставот и Деловникот за работа на Националното собрание, каде се уредува и самата постапка. Се чини дека таа постапка подлежи на одредени формалности со кои се обезбедуваат правото на одбрана во секоја фаза од процесот на одлучување и правото на жалба против одлуките што ги донесуваат релевантните тела на Парламентот. Навистина, апликантот имал можност да ги оствари гарантираните права преку поднесување на приговор на одлуките да се прекине кривичната постапка против него. Понатаму, машинеријата за активирање и примена на парламентарна одговорност преку одлука за одземање или неодземање на имунитетот, е еден од начините на кој Парламент ја остварува својата автономија. Ваквите одлуки, по својата природа, се политички одлуки, а не судски одлуки, така што не би можело да се очекува тие да ги исполнуваат критериумите што се бараат од судските одлуки кога станува збор за нивното образложение. Уште повеќе, постоел константен тренд во практиката на засегнатите парламентарни тела уште од изборите на 22-от парламентарен состав да не се одзема пратеничкиот имунитет. Постапката што е спроведена немала никаков дискриминаторски и произволен карактер. Исто така, иако испитувањето на барањето од страна на надлежните парламентарни комисии било временски ограничено со претходно утврдени рокови, тоа не било случај кога предметот ќе се префрлел на разгледување на пленарна седница. Во конкретниот случајот, Судот не можел да го игнорира фактот што против апликантот биле покренати кривични обвиненија кои се надвиснувале над него повеќе од шест години, и дека ситуацијата можела да остане непроменета додека не му престане мандатот на пратеник. Оттаму, не одрекува дека несигурноста својствена за кривичната постапка била посебно нагласена во конкретниот случај во однос на оспорената парламентарна постапка, бидејќи доцнењето во оваа постапка предизвикало исто такво оддолжување и во кривината постапка. Меѓутоа, додека одлучувачкиот совет сметал дека со таквото оддолжување апликантот бил доведен во неправедна положба, Големиот совет на Судот не бил во можност да ја игнорира посебната природа на статусот на апликантот и специфичноста на оспорената постапка: врската помеѓу пратеничкиот имунитет и неговиот статус е суштинското прашање во конкретниот предмет. Имено, кривичната постапка во однос на која се жали апликантот е покрената пред тој да биде избран за пратеник во Парламентот. Како правник, тој не можел да не биде свесен за последиците од неговиот избор за пратеник врз покренатата кривична постапка, имено дека тој нема да биде во можност да се откаже од имунитетот или дека имунитетот нема да му се одземе само на негово барање. Имајќи ја предвид необичната природа на апликацијата, во која имунитетот не се смета за предност поврзана со пратеничкиот мандат, туку за недостаток на носителот, Судот оценил дека степенот на неправда што го претрпел апликанотот, исто така е фактор кој треба да се земе во предвид при определување на ефектот на оддолжувањето, својствено за пратеничкиот статус, врз правото на апликантот неговиот случај да го разгледа и да го решава суд. Кога се оценува неправдата која ја претрпел апликантот битно е да се има во предвид дека оспореното оддолжување се однесува на времето кое би било потребно за да се заврши парламентaрната постапка по барањето за одземање на пратеничкиот имунитет, а не на времето кое било потребно за да се заврши кривичната постапка. Во конкретниот случај, не постои причина да не се верува дека апликантот би имал правично судење откако тој повеќе нема да биде пратеник во Парламентот. Се чини дека парламентарната постапка немала обратен ефект врз таквата можност, доколку таква постоела, а посебно бидејќи таа не влијаела врз презумцијата на невиност на која имаат право сите обвинети лица. Не треба да се превиди и фактот што одлуките што ги донесуваат парламентарните тела во оваа смисла, немаат казнена или репресивна природа, туку тие во принцип се насочени– општо земено, кога барањето за одземање на имунитет се одбива – кон заштита на пратениците, а не кон повредување на нивните права. Во конкретниот случај, не само што опструкцијата на правдата имала времен карактер поради парламентарната неповредливост, туку во принцип Парламентот воопшто не интервенирал во текот на правораздавањето. Во конкретниот случај, кога се испитувало барањето на апликантот да му се одземе пратеничкиот имунитет, се чини дека Парламентот го зел во предвид само прашањето дали неповредливоста, како времена пречка за судското постапување, треба да се одземе веднаш или подобро би било да се чека до завршувањето на пратеничкиот мандат на апликантот. Така, ефектот бил да се суспендира текот на судската постапка, без да се влијае или да се земе учество во таа постапка. Во поглед на наводите на апликантот дека постапката против него му го нарушила угледот, тоа произлегува од самата природа на овој вид на неправда која се манифестира веднаш штом се покренува формално обвинение. Во дадениот случај, меѓутоа, не постоело сомневање дека честа и угледот на апликантот биле заштитени со начелото на презумпција на невиност.
Имајќи го предвид горенаведеното, Судот смета дека иако застојот својствен за парламентaрната постапка го засегал правото на апликантот за неговиот случај да решава суд, самото оддолжување на таа постапка не значи дека во конкретниот случај, на апликантот му е загрозено тоа право. Иако, прекинот на текот на застареноста меѓу другото бил временски ограничен и уреден со посебни правила, оспорениот имунитет претставувал само времено процедурално ограничување за текот на кривичната постапка, и тоа во никој случај не го лишило апликантот од можноста неговиот случај да биде мериторно решен. Што се однесува до барањата кои произлегуваат од владеењето на правото, видот на имунитет поврзан со статусот на апликантот како пратеник е валиден само поради легитимноста на целта за која постои, имено да се сочува интегритетот на Парламентот и да се заштити опозицијата. Судот смета дека неможноста на апликантот во овој случај да се откаже од имунитетот, потпаѓа под определена легитимна цел. Во таа смисла, личното откажување на апликантот не може да биде замена за одлуката на Националното собрание. Конечно, бидејќи правото да се добие пресуда во однос на кривичните обвиненија против одредено лице не е апсолутно, особено кога не постојат суштински штетни ефекти врз страните, неодземањето на парламентaрниот имунитет на апликантот не го загрозило неговото право на пристап до суд, во мера која е непропорционална на легитимната цел што се сака да се постигне.
Заклучок: нема повреда (тринаесет гласа наспрема четири).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy