© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ КОНОНОВ против ЛАТВИЈА
(Жалба бр. 36376/04)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
17 мај 2010
Оваа пресуда е конечна но, може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Kononov против Латвија,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем судски совет во состав:
Jean-Paul Costa, Претседател,
Christos Rozakis,
Nicolas Bratza,
Peer Lorenzen,
Françoise Tulkens,
Josep Casadevall,
Ireneu Cabral Barreto,
Dean Spielmann,
Renate Jaeger,
Sverre Erik Jebens,
Dragoljub Popović,
Päivi Hirvelä,
Ledi Bianku,
Zdravka Kalaydjieva,
Mihai Poalelungi,
Nebojša Vučinić, судии,
Alan Vaughan Lowe, ад хок судија,
и Michael O’Boyle, Заменик секретар на Судот,
Откако расправаше на затворени седници на 20 мај 2009 и на 24 февруари 2010,
Ја донесува следната пресуда, која беше усвоена на втората дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со жалба (бр. 36376/04) против Република Латвија поднесена пред Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од државјанин на Руската Федерација, г-н Василиј Кононов („жалителот“), на 27 август 2004.
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-н M. Ioffe, адвокат од Рига. Латвиската Влада („тужената Влада“) беше застапувана од нејзиниот Агент, г-ѓа I. Reine. Владата на Руската Федерација го употреби своето право да интервенира како трета страна вмешувач во согласност со член 36 § 1 oд Конвенцијата и беше застапувана од застапникот на Руската Федерација пред Судот, г-н Г. Матјушкин.
3. Жалителот, тврдеше, особено, дека неговата осуда за воени злосторства како последица на неговото учество во воена операција на 27 мај 1944 го прекршила член 7 од Конвенцијата.
4. Жалбата беше распределена на поранешниот состав на Третиот оддел на Судот (правило 52 § 1 од Правилникот на Судот). На 20 септември 2007, после расправа за допуштеноста и основаноста на случајот (правило 54 § 3), жалбата беше прогласена за делумно допуштена од страна на Судски совет од тој Оддел составен од следните судии: Boštjan M. Zupančič, Претседател, Corneliu Bîrsan, Elisabet Fura-Sandström, Alvina Gyulumyan, Egbert Myjer, David Thór Björgvinsson и Ineta Ziemele како и од Santiago Quesada, Секретар на оддел.
5. На 24 јули 2008 Судскиот совет во составот споменат погоре донесе пресуда во која одлучи, со четири гласа против три, дека имало повреда на член 7 од Конвенцијата и дека треба да се додели правично задоволување на жалителот.
6. Со писмо со дата од 24 октомври 2008 тужената Влада побара доставување на случајот пред Големиот судски совет во согласност со член 43 од Конвенцијата. На 6 јануари 2009 панел на судии на Големиот судски совет го одобри тоа барање (правило 73 од Правилникот на Судот).
7. Составот на Големиот судски совет беше определен според одредбите на член 27 §§ 2 и 3 oд Конвенцијата и правило 24 од Правилникот на Судот. Судијата Ineta Ziemele, судија избрана од Латвија, се иззема од одлучување во Големиот судски совет (правило 28) а тужената Влада го назначи г-н Vaughan Lowe, професор по меѓународно јавно право на Универзитетот Оксфорд, да биде ад хок судија (член 27 § 2 oд Конвенцијата и правило 29 § 1). Судијата Boštjan M. Zupančič, Претседател на поранешниот Трет оддел исто така се иззема и беше заеменет од судијата Nebojša Vučinić, судија заменик.
8. Со допис со дата 6 април 2009 Претседателот на Големиот судски совет и одобри на литванската Влада да доставува писмени поднесоци во предметот (правило 44 § 3(a) од Правилникот на Судот). Владата на Руската Федерација исто така го употреби своето право (правило 44 од Правилникот на Судот) да интервенира пред Големиот судски совет.
9. И жалителот и тужената Влада доставија поднесок за основаноста на жалбата а беа примени и коментари на третитете страни, Влaдите на Руската Федерација и Литванија.
10. Јавна расправа се одржа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 20 мај 2009 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за тужената Влада
г-ѓаI. Reine, Агент,
г-ѓа K. Inkuša,
W. Schabas, Адвокати,
(б) за жалителот
г-нM. Ioffe, Адвокат,
г-ѓа M. Zakarina,
г-н Y. LarineСоветници,
(в) за Владата на Руската Федерација
г-нG. Matyushin,Застапник на Владата,
г-нN. Mikhaylov,
г-нP. Smirnov, Советници.
Судот слушна обраќања од г-н Ioffe, г-ѓа Reine, г-м Schabas и г-н Matyushin.
11. Претседателот на Големиот судски совет на денот на расправата ги приклучи кон предметот дополнителните поднесоци на жалителот, а на кои тужената Влада одговoри покасно, како и Владата на Руската Федерација.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
12. Жалителот е роден во 1923 во регионот Луѕа, Латвија. Тој имал латвиско државјанство до 2000, кога добил руско државјанство со посебен декрет.
A. Настани пред 27 мај 1944
13. Во август 1940 Латвија стана дел од Сојузот на советските социјалистички републики („СССР“) под името „Советска социјалистичка република Латвија“ („ССР Латвија“). На 22 јуни 1941 Германија го нападна СССР. Напредувањето на германските сили ги принуди силите на СССР да го напуштат балтичкиот регион и да се повлечат кон Русија.
14. Жалителот, кој во тоа време живеел во близина на границата, ги следел. До 5 јули 1941, цела Латвија беше преземена од германските сили. После неговото пристигнување во СССР, жалителот бил повикан како војник во Советската армија во 1942. Бил распределен на резервниот полк на латвиската дивизија. Од 1942 до 1943 тој бил на специјална обука за операции на саботажа, во текот на која тој научил како да организира и да води диверзантски напади на непријателска територија. Кога ја завршил обуката, бил унапреден во ранг на водник. Во јуни 1943 тој и околку дваесеттина војници се спуштиле со падобрани на територија на Белорусија, тогаш под германска окупација, во близина на границата со Латвија и затоа и блиску до областа во која тој бил роден. Жалителот станал дел од советска единица на командоси составена од припадници на „Црвените партизани“ (советска единица кој водела герила војна со германските сили). Во март 1944 неговите надредени офицери го поставиле да командува со вод, чии главни цели биле, според жалителот, да се изврши саботажа на воени бази, комуникациски врски и места за снабдување, да пренасочат возови и да шират политичка пропаганда помеѓу локалното население. Тој тврдеше дека предизвикал излетување од шините на 16 воени возови како и експлозии на 42 германски воени цели.
Б. Настаните од 27 мај 1944, како што биле утврдени од домашните судови
15. Во февруари германската армија открила и уништила група на Црвени партизани водена од Мајорот Чугунов кои се криеле во амбарот на Meikuls Krupniks во селото Мазие Бати. Германската воена команда им дала на некои луѓе во Мазие Бати по една пушка и по две гранати. Жалителот и неговата единица се сомневале дека селаните шпиунирале за Германците и дека ги предале луѓето на Чугунов на непријателот. Тие одлучиле да преземат одмазднички акции против селаните.
16. На 27 мај 1944 жалителот и неговата единицица носејќи wehrmacht униформи да избегнат сомневања, влегле во селото Мазие Бати. Жителите се подготвувале да го слават Пентекост. Единицата се поделила на неколку помали групи и секоја од нив нападнала куќа по наредба на жалителот.
17. Неколку партизани насилно влегле во куќата на земјоделец, Modests Krupniks, одзеле оружја и му наредиле да излезе во дворот. Кога ги замолил да не го убиваат пред неговите деца, тие му наредиле да трча кон шумата и почнале да пукаат откако го сторил тоа. Krupniks тешко ранет, бил оставен на крајот на шумата каде починал следното утро.
18. Две други групи на Црвени партизани ги нападнале домовите на двајца други земјоделци, Meikuls Krupniks и Ambrozs Buļs. Meikuls Krupniks бил фатен во неговата бања и брутално претепан. Партизаните го зеле оружјето кое го нашле во домовите на двајцата селани во куќата на Meikuls Krupniks. Tаму тие испукале неколку серии на истрели кон Ambrozs Buļs, Meikuls Krupniks и мајката на Krupniks. Meikuls Krupniks и неговата мајка биле тешко повредени. Потоа партизани истуриле бензин во куќата и сите други објекти на фармата и ги запалиле. Сопругата на Krupniks, која била во деветтиот месец од бременоста, успеала да побегне, но, била фатена од партизаните и турната од прозорец во огнот. Следното утро селаните кои преживеале ги нашле изгорените останки на четирите жртви. Телото на г-ѓа Krupniks било идентификувано преку изгорениот скелет од бебе до неа.
19. Четврта група на партизани насилно влегла во домот на Vladislavs Šķirmants, каде го нашле во кревет со неговиот едногодишен син. Откако пронашле пушка и две гранати сокриени во шкаф, тие му наредиле на Šķirmants да излезе во дворот. Тие тогаш ја заклучиле вратата од надвор за да ја спречат неговата сопруга да го следи, го однесле во оддалечен дел од дворот и го убиле. Петта група го нападнала домот на Juliāns Šķirmants. Откако нашле и му одзеле пушка и две гранати, партизаните го однесле во амбарот, каде го убиле. Шеста група го нападнала домот на Bernards Šķirmants, ја повредиле неговата сопруга и ги запалиле сите објекти на фармата. Сопругата на г-н Šķirmants, изгорела во пожарот заедно со нејзиниот починат сопруг.
20. Иако обвинителството исто така тврдело дека партизаните го ограбиле селото (крадејќи облека и храна), Кривичниот оддел на Врховниот суд („Кривичниот оддел “) и Сенатот на Врховниот суд дошле до посебни заклучоци во однос на одземањето на оружје но, не и во однос на крадењето на било какви други предмети.
В. Верзија на настаните според жалителот
21. Пред Судскиот совет, жалителот ги оспори заклучоците во однос на фактите на домашните судови и тврдеше како што следи.
22. Тој сметал дека сите починати селани биле соработници и предавници кои го предале водот на мајорот Чугунов (вклучувајќи жени и мало дете) на Германците во февруари 1944: три жени (мајката и сопругата на Meikuls Krupniks како и сопругата на Bernards Šķirmants) го убедиле водот на Чугунов дека wehrmacht биле далеку, но, Šķirmants го испратил Krupniks да ги предупреди германските сили. Германските единици пристигнале и пукале во амбарот (во кој се криел водот на Чугунов) со запаливи куршуми, поради кои дошло до пожар. Секој припадник на групата на Чугунов кој се обидел за избега бил убиен. Мајката на Krupniks ги тргнала капутите од телата. Германската воена команда ги наградила засегнатите селани со дрва за огрев, шеќер, алкохол и одреден износ на пари. Meikuls Krupniks и Bernards Šķirmants биле Schutzmänner (помошна германска полиција).
23. Приближно една недела пред настаните од 27 мај 1944, жалителот и сите војници во неговиот одред биле повикани од нивниот командант. Тој ги информирал дека ад хок воен суд донел пресуда против жителите на Mazie Bati вмешани во предавството на одредот на Чугунов и дека нивниот вод бил должен да ја изврши наредбата. Попрецизно, тие требало „да ги доведат шестмината Schutzmänner од Мазие Бати за да бидат изведени пред суд“. Жалителот тврдеше дека тој одбил да ја води операцијата (селаните го познавале уште како дете и затоа се плашел за безбедноста на неговите родители кои живееле во соседното село). Командантот затоа ја доделил мисијата на друг партизан и тој партизан давал наредби во текот на операцијата во Мазие Бати.
24. На 27 мај 1944 жалителот ги следел војниците од неговата единица. Тој не влегол во селото, туку се сокрил позади грмушка од каде можел да ја види куќата на Modests Krupniks. Набрзо, тој слушнал извици и пукање, и видел чад. Петнаесет минути покасно, партизаните се вратиле сами. Еден од нив имал повреда на раката. Друг носел шест пушки, десет гранати и голема количина на патрони, сите одземени од домовите на селаните. Неговата единица покасно му кажала дека тие не можеле да ја спроведат нивната мисија затоа што селаните „избегале пукајќи, а Германците биле пристигнати“. Тој негираше дека неговата единица го ограбила Мазие Бати. Кога се вратиле во базата, партизаните добиле строг укор од страна на командантот затоа што не успеале да ги фатат лицата кои ги барале.
Г. Следни настани
25. Во јули 1944 Црвената армија влегла во Латвија и на 8 мај 1945 територијата на Латвија преминала под контрола на силите на СССР.
26. Жалителот останал во Латвија по завршувањето на војната. Тој бил одликуван со Орден на Ленин, највисокото одликување во СССР. Во ноември 1946 тој станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Во 1957 дипломирал на Академијата на Министерството за внатрешни работи на СССР. Потоа, и сѐ до неговото пензионирање во 1988, тој работел како службеник во различни оддели на советската полиција.
27. На 4 мај 1990 Врховниот суд на ССР Латвија усвоил „Декларација за враќање на независноста на Република Латвија“, во која припојувањето на Латвија кон СССР било прогласено за незаконско, ништовно и биле вратени во правна сила основните одредби на Уставот од 1922. На истиот ден, Врховниот совет усвоил „Декларација за пристапување на Република Латвија кон инструментите за човекови права“. Под „пристапување“ се мислело на свечено, еднострано прифаќање на вредностите содржани во конкретните инструменти: повеќето конвенции кои се споменати во декларација беа покасно потпишани и ратификувани од страна на Латвија во согласност со утврдена постапка.
28. После два неуспешн државни удари, на 21 август 1991 Врховниот совет го донел Уставниот закон за државноста на Република Латвија прогласувајќи целосна независност кој веднаш стапил во сила.
29. На 22 август1996 латвискиот Парламент усвои „Декларација за окупацијата на Латвија“. Во декларацијата се опишува анексирањето на територијата на Латвија од страна на СССР во 1940 како „воена окупација“ и како „незаконско припојување“. Враќањето на територијата од страна на Советскиот Сојуз на крајот на Втората светска војна било опишано како „повторно воспоставување на окупаторски режим“.
Д. Осудата на жалителот
1. Првата прелиминарна истрага и судење
30. Во јули 1998 Центарот за документирање на последиците од тоталитаризмот, со седиште во Латвија, испратил истражен предмет (во врска со настаните од 27 мај 1944) до Канцеларијата на Главниот јавен обвиниел на Латвија. Во Август 1998 жалителот бил обвинет за воени злосторства. Во октомври 1998 тој бил изведен пред Централниот суд од прв степен во Рига и му бил одреден притвор. Во декември 1998 бил подготвен правосилен обвинителен акт и досието било испратено до Регионалниот суд во Рига.
31. Рочиште се одржало пред Регионалниот суд во Рига на 21 јануари 2000. Жалителот се изјаснил дека не бил виновен. Тој ја повторил неговата верзија на настаните од 27 мај 1944, нагласувајќи дека сите жртви на нападот биле вооружени Schutzmänner. Тој негирал било каква негова лична инволвираност во настаните: во однос на различните документи кои го докажувале спротивното (вклучително и написи од печатот), тој објаснил дека тој свесно дозволил историски факти да бидат искривени за негова лична слава и погодности во тоа време.
32. Регионалниот суд заклучил дека во предметот имало доволно докази за неговата вина и дека жалителот ги извршил делата повредувајќи ги правилата содржани во Повелбата на Меѓународниот воен суд (“IMT”) во Нирнберг, Хашката конвенција (IV) од 1907 и Женевската конвенција (IV) од 1949. Судот заклучил дека тој бил виновен за кривични дела спротивни на член 68-3 oд Кривичниот законик од 1961 и му била изречена казна затвор од шест години која веднаш требала да ја извршува. И жалителот и обвинителството изјавиле жалба.
33. Со пресуда од 25 Април 2000 Кривичниот оддел ја укинало гореспоменатата пресуда и го вратило предметот на Канцеларијата на Главниот јавен обвинител со инструкции да преземе дополнителни истражни мерки. Одделот сметал дека имало празнини во образложението на Регионалниот суд и, посебно, дека Регионалниот суд не го разрешил одлучувачките прашања вклучително дали Мазие Бати било „окупирана територија“, дали жалителот и неговите жртви можело да се сметаат за „борци“ и „лица кои не учествуваат во воените дејствија“, соодветно и дали фактот што германската воена администрација ги вооружила селаните би ги направило нив „воени затвореници“ во случај на нивно аспење. Понатаму, обвинителството требало да консултира експерти за историја и меѓународно кривично право. Одделот наредил жалителот да биде веднаш ослободен.
34. Сенатот на Врховниот суд ја одбил жалбата на обвинителството со пресуда од 27 јуни 2000, иако ја укинал обврската да се побара совет од експерти затоа што било само на судовите да одлучат по правните прашања.
2. Втора прелиминарна истрага и судење
35. После нова истрага, на 17 мај 2001 жалителот бил повторно обвинет по член 68-3 oд Кривичниот законик од 1961.
36. Била одржана расправа пред Регионалниот суд во Латгале кој донел пресуда на 3 октомври 2003 со која жалителот се ослободува од обвинението за воени злосторства, но, било одлучено дека е виновен за разбојништво (член 72 од Кривичниот законик) дело за кое можело да се изрече казна затвор од три до петнаесет години.
Анализирајќи ја ситуацијата во која се наоѓала Латвија како последица на настаните во 1940 и германската инвазија, Регионалниот суд заклучил дека не можело да се смета дека жалителот бил „претставник на окупаторските сили“. Напротив, тој се борел за ослободување на земјата против окупаторските сили на нацистичка Германија. Затоа што Латвија била припоена кон СССР, однесувањето на жалителот морало да се разгледа од аспект на советското право. Понатаму, не можело разумно да се предвиди дека тој еден ден ќе биде окарактеризиран како „претставник на советските окупациски сили“. Во однос на операцијата во Мазие Бати, Регионалниот суд прифатил дека селаните соработувале со германската воена администрација и дека ја предале групата партизани на Чугунов на wehrmacht и дека нападот на селото бил извршен врз основа на пресуда на ад хок воен суд воспоставен во дивизијата на партизаните. Регионалниот суд исто така прифатил дека смртта на шестмината од Мазие Бати можела да се смета за неопходна и оправдана со почитување на воен ред. Сепак, заклучил дека тоа оправдување не се однесувало на убиството на три жени или запалувањето на селските згради, за кои дела како офицер кој давал команди, жалителот бил одговорен. Последователно, затоа што дејствувале вон рамките на пресудата на ад хок воениот суд, и жалителот и припадниците на неговата единица извршиле дела на разбојништво за кои имале целосна одговорност но, кои, сепак, биле застарени.
37. Двете странки изјавиле жалба до Кривичниот оддел. Повикувајќи се на, помеѓу останатото, член 7 § 1 oд Конвенцијата, жалителот побарал да биде целосно ослободен од одговорност, тврдејќи дека законот за него бил применет ретроактивно. Обвинителството тврдело дека Регионалниот суд направил неколку поголеми грешки во однос на фактите и правото: тој го занемарил фактот дека припојувањето на Латвија кон СССР било спротивно на латвискиот Устав од 1922 и на меѓународното право и затоа било незаконски и дека Република Латвија де јуре постоела во тоа време. Затоа, постапките на жалителот во 1944 можело и требало да бидат анализирани според латвиското и меѓународното право, а, не според советското право. Понатаму, обвинителството ја критикувало анализата на Регионалниот суд на доказите. Според обвинителството, судот се повикал на повеќе тврдења на жалителот кои не само што не биле поткрепени со докази, туку и спротивни на доказите, особено, тврдењата на жалителот дека селаните од Мазие Бати биле вооружени соработници на германската воена администрација кои им помогнале на wehrmacht да ги убијат партизаните на Чугунов; дека ад хок партизански суд бил воспоставен во рамките на единицата на жалителот; и дека целта на операцијата во Мазие Бати била апсење на селаните а не, егзекуција по куса постапка.
38. Со пресуда од 30 април 2004 Кривичниот оддел ја прифатил жалбата на обвинителството, ја укинал пресудата на Регионалниот суд во Латгале и одлучил дека жалителот бил виновен за кривични дела според член 68-3 од Кривичниот законик од 1961. Откако ги анализирал доказите, Одделот воочил:
“... Tака, В. Кононов и партизаните од специјалната група со која тој командувал украла оружје кое им било дадено на селаните за се да бранат себеси и убил девет цивили од селото, и живи запалил шест од нив – вклучително три жени, од кои една во поодмината бременост. Тие исто така запалиле два амбара.
Напаѓајќи ги тие девет цивили од селото Мазие Бати, кои не учествувале во борбата, крадејќи го нивното оружје и убивајќи ги...извршил тешка повреда на законите и обичаите на војување наведени во:
– точка (б) oд првиот параграф на член 23 од Хашката конвенција од [18] октомври 1907 во однос на законите и обичаите на војување на копно, која е обврзувачка за сите цивилизирани нации и забранува убивање или повредување на припадници на цивилното население; член 25 [од Хашката конвенција (IV) од 1907], кој забранува напади со какви било средства на села, живеалишта или згради кои немаат одбрана; и првиот параграф од член 46 [од Хашката конвенција (IV) од 1907], кој наведува дека семејната чест и права, и животите на лицата и приватната сопственост мора да се почитуваат.
– Член 3 § 1, точка (a), oд Женевската конвенција од 12 август 1949 за заштита на цивилно население во време на војна ...,кој наведува дека лицата кои не учестувуваат активно во борбените дејствија не смеат да бидат подложени на насилство над животот и личноста, посебно секаков вид на убиства, осакатување, сурово постапување или тортура, точка (г) [од истиот параграф] кој предвидува ... дека донесувањето на казни и извршувањето на егзекуции без претходно да биде донесена пресуда на правилно конституиран суд, без обезбедување на сите судски гаранции кои се признати како незаменливи од страна на цивилизираните наорди е забрането; член 32, кој забранува убиство, тортура и секаква друга бруталност протиз заштитените лица; и член 33, кој предвидува дека ниту едно заштитено лице не смее да да биде казнето за кривинчно дело кое тој или таа не го извршило лично и забранува колективни казни, и сите мерки на заплашување, грабеж и репресалии против заштитените лица и нивната сопственост.
– член 51 § 2 oд Дополнителниот Протокол на [претходноспоменатата] Конвенција кој се однесува на заштита на жртвите од вооружен конфликт усвоен на 8 јуни 1977 ...., во која се наведува дека цивилното население како такво, како и секој цивил како поединец, нема да бидат предмет на напад и забаранува акти или закани за насилство чија главна цел е да се шири терор помеѓу цивилното население, § 4, точка (a), [oд истиот член], кој забранува неселективни напади кои не се насочени кон конкретна воена цел, § 6 [oд истиот член], кој забранува напади против цивилното насление или против цивили преку репресалии; член 75 § 2, точка (a) ..., кој забранува насилство врз животот, здравјето, или физичката или менталната благосостојба на лицата, посебно, убиство, секаков вид на тортура, без разлика дали физичка или ментална, и осакатување; и точка (г) [oд истиот параграф], која забранува колективни казни.
Дејствувајќи со особена суровост и бруталност и со тоа што жива запалиле бремена селанка....В. Кононов и неговите партизани отворено ги прекршиле законите и обичаите на војување наведени во првиот параграф на член 16 од Женевската конвенција ... кој предвидува дека бремените жени се предмет на посебна заштита и почитување.
Исто така, со запалувањето на куќите [за живеење] и други објекти кои им припаѓале на селаните... Meikuls Krupniks и Bernards Šķirmants, В. Кононов и партизаните ги прекршиле одредбите на член 53 од таа конвенција, која забранува уништување на недвижности освен кога уништувањето е апсолутно неопходно за воени операции и член 52 од Првиот дополнителен протокол...која предвидува дека сопственоста на цивилите не смее да биде предмет на напад или репресалии. ...
Со оглед на претходнонаведеното, делата извршени од страна на В. Кононов и неговите војници мора да биде окарактеризирани како воени злосторства во смисла на вториот параграф, точка (б) од член 6 на Повелбата на Меѓународниот воен трибунал за Нирнберг, кој предвидува дека убиство или тортура на цивили на окупирана територија, уништувањето на приватна сопственост, безобзирно уништување на села, или пустошење кое не е оправдано со воена потреба претставуваат повреди на законите и обичаите на војување, што значи воени злосторства.
Актите извршени од страна на В. Кононов и неговите партизани мора исто така да бидат окарактеризирани како ‘тешки повреди’ во смисла на член 147 од ... Женевската конвенција...
Последователно..., В. Кононов е виновен за кривичното дело по член 68-3 oд Кривичниот законик...
Материјалите во списите на предметот покажуваат дека после војната, преживеаните членови на семејствата на [луѓето] кои биле убиени биле бескрупулозно прогонувани и подложени на репресалии. После враќањето на независноста на Латвија, сите лица кои биле убиени биле рехабилитирани. Било наведено дека нивната рехабилитација потврдува дека тие не извршиле кривични дела против мирот [или] човештвото, кривични дела ... или учестувувале ... во политичката репресија ... од страна на нацистичкиот режим’...
Мора да се смета дека за В. Кононов се однесува [oдредбата со која се регулира] военото злосторство [за кое станува збор], во согласност со член 43 од Првиот дополнителен протокол на Женевската Конвенција...., кој предвидува дека борците, што значи, тие кои имаат право директно да учестуваат во борбата, се припадниците на оружените сили на страна на конфликтот.
Во текот на Втората светска војна, В. Кононов бил припадник на оружените сили на завојувана страна [имено] на СССР, и имал активна улога во воените операции кои СССР ги организирал.
В. Кононов бил испратен на специјална мисија во Латвија со јасни наредби да се бори на непријателска територија [и] да предизвика експлозии таму.
Водот со кој раководел В.Кононов не може да се смета за група на доброволци затоа што бил организиран и раководен од оружените сили на една од завојуваните страни (СССР); тоа е потврдено со материјалите во предметот. В. Кононов исто така дејствувал и како борец, раководејќи со оружена група која имала право да учествува во воени операции како интегрален дел на оружените сили на завојуваната страна. ...
В. Кононов се борел на латвиска територија окупирана од СССР и ниту фактот што во тоа време имало двојна окупација (другиот окупатор била Германија) ниту фактот што СССР бил дел од коалицијата против Хитлер, влијае врз неговиот статус на воен криминалец...
Кривичниот оддел смета дека сите селани убиени во Мазие Бати мора да се сметаат за цивили во смисла на член 68-3 oд Кривичниот законик ... и одредбите на меѓународното право.
Bрз основа н член 50 од Првиот дополнителен протокол на Женевската Конвенција..., цивил се дефнира како секое лице кое не припаѓа на една од категориите на лица споменати во член 43 од тој Протокол или член 4(A) oд Конвенцијата.
Особините опишани во претходноспоменатите членови, кои се карактеристични за [определени] категории на луѓе и кои ги исклучуваат од дефиницијата на цивили, не важеле за убиените селани.
Фактот што тие имале оружје и муниција не ги правел борци и не сведочи за каква било нивна намера да спроведат каква било воена операција. ...
Веќе е утврдено ... дека групата партизани на Чугунов била уништена од страна на германска воена единица, тоа е исто така потврдено и од записници на Генералштабот ...
Списите на предметот не содржат какви било докази кои покажуваат дека селаните учествувале во таа операција.
Фактот што Meikuls Krupniks ги информирал Германците за присуството на партизани во неговиот амбар не го исклучувал од категоријата на ‘цивили ‘.
Г-н Krupniks живеел на територија окупирана од Германија и нема сомневање дека присуството на партизаните на неговата фарма во време на војна било опасно и за него и за неговото семејство. ...
Фактот што селаните имале оружје во нивните домови и [редовно] чувале стража навечер не значи дека тие учествувале во воени операции, туку сведочи за вистински страв од напад.
Сите, граѓани без разлика дали во време на мир или војна, имаат право да се бранат себеси и нивните семејства ако нивните животи се во опасност.
Доказите од списите на предметот покажуваат дека партизаните, вклучувајќи ја и групата на на Чугунов, користеле насилство врз цивили, и на тој начин довеле до тоа цивилното населени да се плаши за својата сигурност.
Жртвата [K.] сведочеше дека партизаните ограбувале куќи и дека често земале и резерви на храна
Криминалните постапки на партизаните биле воочени во извештаите на командните офицери [С.] и [Ч.], во кои се посочува дека партизаните вршеле грабежи и убивале и извршиле други кривични дела против локалното население. Многу луѓе имале впечаток дека тие не биле вклучени во војна туку во вршење на напади. ...
Произлегува од списите на предметот дека од селаните кои биле убиени во Мазие Бати во 1943 и 1944 [само] Bernards Šķirmants и [неговата сопруга] биле припадници на Латвиската национална гарда (aizsargi). Архивата не содржи какви било информации кои покажуваат дека бил кој друг од жртвите учествувал во активностите на таа или било која друга организација...
Кривичниот оддел смета дека фактот што претходноспоменатите лица учестувувале во активностите на Латвиската национална гарда не овозможува тие да бидат сметани за борци, затоа што не било утврдено...дека учествувале во воени операции организирани од оружените сили на една завојувана страна.
Беше утврдено дека ... немало германски воени формации во селото Мазие Бати и дека селаните не вршеле никаква воена должност, туку, [напротив], биле земјоделци.
Во времето на настаните [за кои станува збор], тие се подготвувале да го прослават Пентекост. Помеѓу починатите немало само мажи (кои биле вооружени) туку исто така и жени, а една од нив бил во поодмината фаза на бременост и затоа имала право на посебна...заштита според Женевската конвенција.
Треттирајќи ги убиените како цивили, Кривичниот оддел нема сомнеж за нивниот статус; сепак, дури и ако се претпостави дека има простор за сомнеж, Првиот Протокол на Женевската Конвенција предвидува дека во случај на сомневање секој треба да се смета за цивил. ...
Со оглед на тоа што Латвија нема пристапено кон Хашката конвенција од 1907, одредбите од тој инструмент не можат да бидат за основа за [наоѓање на] повреда.
Воените злосторства се забранети и сите земји се должни да осудат секој кој е виновен за нивно извршување затоа што таквите кривични дела се интегрален дел на меѓународното право, без оглед на тоа дали страните на конфликтот биле договорни страни на меѓународните договори. ...“
39. Кривичниот оддел исклучил два наводи кои не било докажани во потребната мерка имено, наводните убиства и тортура извршени од самиот жалител. Со оглед на наоѓањето на вина за тешко кривично дело и затоа што тој бил стар, немоќен и безопасен, Кривичниот оддел, му изрекол казна затвор во траење од една година и осум месеци за која се сметало дека веќе ја издржал со оглед на времето кои го поминал во притвор.
40. Со пресуда од 28 септември 2004 Сенатот на Врховниот суд ја одбил жалбата на жалителот:
„... Заклучувајќи дека В. Кононов бил борец кој го извршил кривичното дело за кое станува збор на територијата окупирана од СССР, Кривичниот оддел ја засновал својата пресуда на одлуките на повисоките претставнички тела на Република Латвија, на релевантните меѓународни конвенции и на други докази, земени во целина, кои биле проверени и оценети во согласност со правилата на кривичната постапка.
Во декларацијата на Врховниот совет ... на 4 мај 1990 за враќање на независноста на Република Латвија, беше прогласено дека ултиматумот даден на 16 јуни 1944 на Владата на Република Латвија од страна на поранешниот сталинистички СССР требало да се смета како меѓународно кривично дело, затоа што Латвија била окупирана и како последица нејзината суверена власт била укината. [Сепак] Република Латвија продолжила да постои како субјкет на меѓународното право, како што било признато од повеќе од педесет држави ширум светот...
Откако ја анализра мериторната оцена во пресудата, Сенатот ... смета дека, во делот во кој Кривичниот оддел одлучил дека В. Кононов потпаѓал во опсегот на член 68-3 oд Кривичниот законик, ... неговите дела биле правилно окарактеризирани, затоа што, во неговото својство на војник или борец на латвиска територија окупирана од СССР, тој ги прекршил законите и обичаите на војување, со тоа што планирал и раководел со воена операција насочена кон вршење на репресалии против цивили, имено мирни жители на селото Мазие Бати, девет од кои биле убиени ... [и] чиј имот бил украден [или] изгорен.
Како што второстепениот суд (со право) воочил, ниту фактот што латвиската територија била предмет на две последователни окупации во Втората светска војна од страна на две држави (една од кои била Германија, ‘двојна окупација’ според зборовите на апелациониот суд), ниту фактот што СССР бил дел од коалицијата пртив Хитлер, не го променувале статусот на В. Кононов како лице виновно за воено злосторство.
Што се однесува на наводот ... дека, одлучувајќи дека В. Кононов е виновен за военото злосторство за кое станува збор [апелациониот] суд ги прекршил одредбите на член 6 од Кривичниот законик ... во однос на временското важење на кривичниот закон, Сенатот смета дека мора да се отфрли од следните причини.
Пресудата покажува дека апелациониот суд ги применил конвенциите, имено Женевската конвенција од 12 август 1949 .., и Дополнителниот Протокол од 8 јуни 1977 ..., за воените злосторства за кои В. Кононов бил обвинет, без оглед на тоа кога тие влегле во сила. [Тоа е во согласност со] Конвенцијата на Обединетите нации од 26 ноември 1968 за неприменливоста на одредбите за застареност на воени злосторства и злосторства против човештвото. [Апелациониот суд] навел дека ниту Република Латвија, која била окупирана од СССР, не може да донесе [таква] одлука. Повикувајќи се на принципот на неприменување на одредбите за застареност, апелациониот суд постапил во согласност со обврските кои произлегуваат од меѓународните договори и одлучил дека лицата биле виновни за извршување на кривичните дела за кои станува збор без оглед на датата на која тие биле извршени.
Со оглед на тоа што дека со пресудата прекршувањето на законите и обичаите на војување за кои В. Кононов бил обвинет било оценето како воено злосторство во смисла на вториот параграф на точка (б) од член 6 на Повелбата на Меѓународниот кривичен трибунал во Нирмберг ... и, ... врз основа на претходноспоменатата Конвенција на Обединетите нации од 26 ноември 1968 ..., воени злосторства ... не се предмет на одредбите за застареност, ... Сенатот заклучува дека правило било утврдено дека актите потпаѓале под член 68-3 oд Кривичниот законик...
Неоснован е аргументот ... дека ... Декларацијата на Врховниот совет на 4 мај 1990 за враќање не независноста на Република Латвија и Декларацијата на Парламентот од 22 авхуст 1996 за окупацијата на Латвија биле само политички прокламации кои судот не смеел да ги употреби како основа за неговата пресуда и кои не можеле да бидат правно-обврзувачки.
Сенатот смета дека двете декларации претставуваат државни уставни акти од неспорна законска вредност.
Во неговата пресуда, [донесена после] оцена на доказите разгледани на расправата, [апелациониот суд] одлучил дека, во својство на борец, В. Кононов организирал, командувал и раководел со партизанска воена операција насочена кон вршење на репресалии преку масакрирање на цивилното население во селото Мазие Бати и ограбување и уништување на фармите на селаните. Затоа, апелациониот суд правилно, одлучил дека актите на поединечните членови на неговата група ... не можеле да се сметаат [само] за пречекорување на наредба oд страна на засегнатите.
Во согласност со приниципите на кривичното право во однос на одговорноста за организирани групи, припадниците [на групата] се соучесници во делото, независно од улогата која ја имале во неговото извршување.
Принципот на одговорност на припадниците на организиран група е признат во третиот параграф на член 6 од Повелбата на Меѓународниот воен трибунал во Нирнберг, кој предвидува дека водачите, организаторите, поттикнувачите и соучесниците во извршувањето на заеднички план се одговорни за сите дела на било кое лице во извршувањето на тој план.
Последователно, аргументот дека апелациониот суд употребил тест на ‘oбјективна одговорност ‘ за да најде, во отсуство на какви било докази, дека В. Кононов е виновен за актите извршени од припадниците на групата партизани која ја водел, без да го испита субјектвниот однос кон последиците, е неоснован. ...”
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА
A. Кривичниот законик од 1926
41. Со декрет од 6 ноември 1940, Врховниот совет на ССР Латвија го заменил постоечкиот Кривичен законик на Латвија со Кривичниот законик од 1926 на Советска Русија, кој законик почнал да важи во Латвија („Кривичниот законик од 1926“). Релевантните одредби на тој законик во текот на Втората светска војна гласеле како што следи:
„член 2
„Овој законик ќе се применува на сите граѓани на СССРР [Советска Сојузна Социјалистичка Република Русија] кои ќе извршат општествено опасни акти на територијата на СССРР, или надвор од СССР ако се уапсени на територија на СССРР.
член 3
Одговорноста на граѓаните ид другите Советски Сојузни Социјалистички Републики ќе се утврдува во согласност со законите на СССРР ако тие извршиле кривични дела или на територија на СССРР или надвор од територијата на СССР ако тие биле упасени или предадени пред суд или истражен орган на територијата на СССРР.
Одговорноста на граѓаните на Сојузните Социјалистички Републики за кривични дела извршени на територија на Сојузот ќе се утврдува во согласност со законите кои се применуваат на местото каде делото било извршено.
член 4
Одговорноста на странци за кривични дела извршени на територијата на СССР ќе се утврдува во согласност со законите кои се применуваат на местото каде делото било извршено.
42. Глава IX oд Кривичниот законик од 1926 бил насловена „Воени кривични дела“ и ги вклучувало следните релевантни одредби:
„член 193-1
Воени кривични дела се кривични дела извршени од страна на воени лица на служба во Црвената армија на работници и селани или Црвената морнарица на работници и селани, или од лица кои се распоредени во тимови за одржување или кои повремено се регрутирани во територијални одреди, [кога тие дела] се против воспоставениот ред на воената служба и, како резултат на нивниот карактер и значење, не можат да бидат извршени од граѓани кои не служат во армијата или морнарицата. ...“
„член 193-3
Секој пропуст на војник да изврши легитимна наредба дадена во борба ќе повлече примена на мерки за заштита на општеството во форма на казна затвор од три години.
Кога таквиот пропуст има штетни последици врз борбените операции, ќе се примени крајната мерка за заштита на општеството [што значи смртната казна]. ...“
„член 193-17
Разбојништво, што значи одземање на имотот на цивили во текот на борба преку закани кон нив со оружје или под изговор на одземање за воени цели, и одземање на личните предмети од мртвите или повредените за лична добивка ќе повлече примена на крајната мерка за заштита на општеството, заедно со конфискација на имотот на извршителот.“
„член 193-18
Незаконски акти на насилство од страна на војници во време на војна или во текот на борба ќе повлече примена мерки за заштита на општеството во форма на казна затвор од три години во самица.
Во случај на отежнителни околности, [ќе се примени] крајната мерка за заштита на општеството.“
43. Член 14 (и забелешките кон тој член) oд Кривичниот законик од 1926 го предвидува следното:
„Не може да се поведе кривична постапка кога:
(a) поминале десет години од извршувањето на кривичното дело, за кривични дела за кои може да изрече казна затвор во траење од повеќе од пет години и за тие за кои законот предвидува мимимална казна затвор од една година;
(б) поминале пет години од извршувањето на кривичното дело, за кривични дела за кои може да изрече казна затвор во траење од една до пет години затвор и тие дела за кои законот предвидува минимална казна затвор од шест месеци;
(в) поминале три години од извршувањето на кривичното дело, за сите други кривични дела.
Одредбите за застареност ќе се применуваат кога не биле преземени процедурални или истражни мерки за случајот во текот на целиот период а извршителот, во текот на периодот предвиден со овој член, не извршил било какво друго кривично дело од истата категорија или барем од еднаква тежина.
Забелешка 1 – Во случај на кривични дела против револуцијата, примената на одредбите за застареност во даден случај е дискреционона одлука на судот. Сепак, ако судот одлучи дела тие одредби не можат да се применат, казната егзекуција со пукање мора да биде заменета со декларација дека извршителот е државен непријател, заедно со одземање на неговото или нејзиното државјанство на СССР и доживотна забрана за влез на територијата на СССР, или казна затвор не помала од две години.
Забелешка 2 – Во случајот на лица обвинети за активно залагање против работничката класа и револуционерното движење при извршување на високи државни или тајни должности по царистичкиот режим или во служба на против-револуционернните влади во текот на [руската] Граѓанска војна, и примената на одредбите за застареност и заменувањето на казната егзекуција со убивање е дискрециона одлука на судот.
Забелешка 3 – Одредбите за застареност предвидени во овој член не се применуваат на кривични дела за кои е преземено гонење според овој законик преку административна постапка. Мерки на присила во однос на такви дела може да бидат изречени само во рок од еден месец откако делото било извршено.“
Б. Кривичен законик од 1961
44. На 6 јануари 1961 Врховниот совет на ССР Латвија го заменил Законикот од 1926 со Кривичниот законик од 1961 кој влегол во сила на 1 април 1961. Релевантните одредби гласат:
„член 72 [изменет со Законот од 15 јануари 1998]
Организирањето на вооружени банди чија цел е напаѓање на државни претпријатија, приватни претпријатија, органи, организации или приватни лица или членувањето во такви банди или учеството во напади организирани од нив...ќе биде кривично дело за кое може да се изрече казна затвор во траење од три до петнаесет години.“
„член 226
„Кривичните дела наведени во овој законик ќе се сметаат за воени кривични дела кога се извршени од воен персонал... против воспоставениот ред на воената служба. ...“
„член 256 [укинат со Законот од 10 септември 1991]
„Разбојништво, незаконско уништување на имот, преземање акти на насилство против населението на регион подложен на напад или напаѓањето или незаконското одземање на имот под изговор на воена потреба ќе биде кривично дело за кое може да се изрече казна затвор во траење од три до десет години.“
45. Член 45 oд Кривичниот законик од 1961 предвидувал дека одредбите за застареност не биле применливи по автоматизам за кривични дела за кои е предвидена смртна казна, туку тоа било дискрециона одука на судот.
46. Кривичниот законик од 1961 останал во сила (со неколку измени) откако Латвија повторно станала независна.
47. Со закон донесен на 6 април 1991, Врховниот совет вовел нова Глава 1-а во посебниот дел на Кривичниот законик од 1961, која содржела одредби во однос на геноцид, злосторства против човештвото или мирот, воени злосторства и расна дискриминација.
48. Новиот член 68-3 регулира воени злосторства, и гласи:
„Секое лице за кое е одлучено дека е виновно за воено злосторство дефинирано со релевантни правни конвенции, значи повреди на законите и обичаите на војувањето со убиство, тортура, грабеж врз цивилното население на окупирана територија или од заложници или воени заробеници, депортација на тие лица или нивно подложување на принудна работа, или неоправдано уништување на села и објекти, ќе се казни со доживотна казна затвор или со казна затвор во траење од три до петнаесет години.“
49. Истиот закон го вовел член 6-1 во Кривичниот законик од 1961 дозволувајќи ретроактивна примена на кривичниот закон во однос на злосторства против човештвото и воени злосторства:
„Лица кои се виновни за злосторства против човештвото, геноцид, кривични дела против мирот или воени злосторства може да бидат осудени без оглед на тоа кога тие дела биле извршени.“
50. Член 45-1, внесен со истиот закон во Кривичниот законик од 1961, ги исклучил тие кривични дела од застареност.
„Одредбите за застареност за кривична одговорност нема да се применуваат на лица виновни за злосторства против човештвото, геноцид, кривични дела против мирот и воени злосторства.“
В. Кривичниот законик од 1998
51. Кривичниот законик од 1961 бил заменет со Кривичниот законик од 1998 од 1 април 1999. Суштината на членовите 6-1, 45-1 и 68-3 oд Кривичниот законик од 1961 се повторува во Кривичниот законик од 1998.
III.РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ПРАКСА
52. Правилата на војување не се наоѓале само во договори, „туку и во обичаи и практики на државите кои постепено стекнале универзално признавање, и од општите принципи на правдата применувани од правниците и праткикувани од воените судови“[1].
A.‘Женевско право’ (1864-1949) за постапување со лица и предмети под контрола на непријателот
1. Конвенција за подобрување на условите на ранетите припадници на оружените сили на бојното поле („Женевската конвенција од 1864“)
53. Првата Женевска конвенција (покасно заменета) предвидувала мимимални стандарди за „ранетите или болни борци“ кои „без оглед на која нација припаѓаат“ мора да бидат „прибрани и згрижени“.
2. Конвенција за подобрување на состојбата на ранети и болни припадници на оружените сили на бојното поле
54. Оваа Конвенција давала заштита и статус на воен затвореник на ранетите и болните борци кои се наоѓале во рацете на непријателот.
„Чл. 1. Старешини, војници и други лица кои се официјално приклучени на армијата, кои се болни или ранети, ќе бидат почитувани и ќе им биде дадена грижа, без разлика на државјанство, од завојуваната страна под чија власт се наоѓаат.
Чл. 2. Подложени на грижата која мора да им биде дадена според претходниот член, болните и ранетите припадници на оружените сили кои ќе потпаднат под власта на другата завојувана страна стануваат воени затвореници.“
3. Конвенција за подобрување на состојбата на ранети и болни припадници на оружените сили на бојното поле („Женевска конвенција од 1929“)
55. Конвенцијата (заменета со Конвенцијата (I) од 1949) била одговор на искуството од Првата светска војна. Не содржела општа клаузула за учество:
„чл. 1. Старешини и војници и други лица кои официјално се приклучени на армијата, кои се болни или ранети, ќе бидат почитувани и заштитени во сите околности, со нив ќе се постапува хумано и ќе им биде дадена лекарска грижа, без било каква разлика врз основа на државјанство, од страна на завојуваната страна по чија власт тие се наоѓаат. ...
чл. 2. Освен во однос на третманот кој треба да им биде нив обезбеден врз основа на претходниот член, ранетите и болните припадници на оружените сили кои ќе паднат во рацете на непријателот ќе бидат воени затвореници, ...“
4. Конвенција во однос на постапувањето со воени затвореници („Конвенција за воени затвореници од 1929“)
56. Оваа конвенција предвидувала обемен систем на правила за постапувањето со воени затвореници. Првата светска војна открила недостатоци во релевантните одредби на Хашката конвенција и правила од 1907 (види параграфи 85-91 подолу) кои требало да бидат дополнети со оваа конвенција. Таа признала дека правото на статус на воен заробеник произлегувало од статусот на законски борец според Хашките правила од 1907. Таа вовела заштита за воените затвореници и гарантирала дека со нов ќе се постапува хумано. Жените биле предмет на посебна заштита.
„член 1. Оваа конвенција ќе се применува без да влијае врз одредбите од Делот VII:
(1) На сите лица споменати во членовите 1, 2 и 3 oд правилата приклучени кон Хашката конвенција (IV) oд 18 октомври 1907, во однос на правила и обичаите за војување на копно, кои се заробени од непријателот.
(2) На сите припадници на оружените сили на завојувани страни кои се заробени од непријателот во текот на операции на поморска или воздушна војна, предмет на такви исклучоци (дерогации) кои се неизбежни поради условите на таквото заробување. Сепак, овие исклучоци нема да ги прекршат фундаменталните принципи на оваа конвенција; тие ќе престанат од моментот кога заробените ќе стигнат во логор за воени заробеници.
Чл. 2. Воените заробеници се наоѓаат под власт на непријателска држава, а, не на лицата или формациите кои ги заробиле. Со нив во секое време ќе се постапува хумано и ќе бидат заштитени, посебно против акти на насилство, навреди и љубопитноста на јавноста. Мерки на репресалии против нив се забранети.
Чл. 3. Воените затвореници имаат право на почитување на нивната личност и чест. Со жените ќе се постапува со должно земање во предвид на нивниот пол. Затворениците задржуваат потполна деловна способност.“
„Чл. 46. Воените затвореници нема да бидат подложени од страна на воените власти или судови на државата која ги заробила на други казни освен оние кои се пропишани за слични акти од страна на припадниците на националните оружени сили. ...”
“Чл. 51. Обидот за бегство, дури и ако не е прв прекршок, нема да се смета како отежнителна околност за кривичното дело ако воениот затвореник е изведен пред судовите за кривични дела или прекршоци протиц лица или имот извршени во текот на тој обид.
После обид за или успешно бегство, на соборци на лицето кои побегнало кои му помогнале во бегството ќе им бидат изречени само дисциплински казни.“
5. Нацрт меѓународна конвенција за условите и заштитата на цивили кои се државјани на непријателот кои се наоѓаат на територија која и припаѓа или е окупирана од завојувана страна („Нацрт конвенција од Токио од 1934“)
57. Со оваа конвенција се започнува со подобрување на стандардите за заштита на цивили од непријателска држава кои живеат на окупирана територија или на завојувана територија. Оваа конвенција требало да се дискутира на конференција во 1940, но, започнала Втората светска војна. Овој нацрт текст подоцна имал влијание врз дискусиите за Женевската конвенција (IV) од 1949 и е важен за неговата негативна дефиниција на цивили (во согласност со Оксфордскиот прирачник од 1880) и за разликувањето помеѓу борци и цивили:
„Чл. 1. Цивили на непријателска страна во смисла на оваа Конвенција се лица кои ги исполнуваат следните два услови:
(a) да не припаѓаат на копнените, поморските или воздухопловните оружени сили на завојуваните страни, дефинирани со меѓународното право, и посебно со членовите 1, 2 и 3 oд Правилата приклучени кон Четвртата Хашка конвеција од 18 октомври 1907, во однос на правилата и обичаите на војување на копно;
(б) да се државјани на непријателска држава на територија на завојувана страна, или на територија која е окупирана од таа страна.“
58. Членовите 9 и 10 наложувае заштита на „цивили на непријателска држава“ против насилство и забранувала репресалии против нив.
6. Женевска конвенција за постапување со воени заробеници („Женевска конвенција (III) од 1949“).
59. Конвенцијата предвидува, во делот во кој е релевантен за овој случај:
„Чл 5. Оваа конвенција ќе се применува на лицата споменати ви член 4 од моментот кока ќе потпаднат под власт на непријателот и се до нивното конечно ослободување и репатријација.
Ако постои било какво сомнеж во однос на тоа дали лицата, кои извршиле воено дејствие и кои се во рацете на напријателот, припаѓаат на било која од категориите наброени во член 4, тие лица ќе уживаат заштита според оваа Конвенција сѐ додека нивниот статус не се утврди од страна на надлежен суд.“
7. Женевска конвенција за заштита на цивили во време на војна („Женевска конвенција (IV) од 1949“)
60. Посебна заштита е дадена на бремени жени во член 16:
„Ранетите и болните, како и немоќните лица, и бремените жени, ќе бидат предмет на посебна заштита и почитување. Во онаа мерка во која воените цели дозволуваат, секоја страна на конфликтот ќе помогне во мерките преземени за потрага на убиените и ранетите, да им помогне за бродоломците и други лица кои се изложени на сериозна опасност, и да ги заштити од ограбување и малтретирање.“
61. Член 32 содржи посебни мерки за заштита од злоупотреба на лица кои се под власт на непријателот, а член 33 ја потврдува забраната за колективни казни, грабежи и репресалии против заштитените лица.
62. Член 53 потврдува дека недвижностите и личните предмети нема да се уништуваат освен ако е апсолутно неопходно.
Б.Правилата и обичаите на војување пред Втората светска војна
1. Инструкции за раководењето со армиите на Соединетите Американски Држави („САД“) на бојното поле („Либеров кодекс од 1863“)
63. Либеровиот кодекс се смета за еден од првите обиди да се кодифицираат правилата и обичаите на војување. Иако се применувал само на американските оружени сили, тој претставувал резиме на правилата и обичаите на војување кои важеле во тоа време и влијале врз покасни кодификации.
64. Членовите 15 и 38 го вклучувале правилото дека животот или имотот може да биде одземен или уништен кога тоа било наложено со воена потреба (види исто така член 16 oд истиот кодекс подолу):
„Чл. 15. Воената потреба го прифаќа секое директно уништување на животот или телото на ‘вооружени’ непријатели, и на други лица чие уништување е во случајот ‘неизбежно’ во воениот контекст; дозволува заробување на секој вооружен непријател и секој непријател кој е важен за непријателската влада, или е од посебна опасност за тој кој го заробил; дозволува уништување на имот, или попречување на патишта или сообраќајни канали, патување, или комуникација, и на задржување на средства за егзистенција на непријателот; oдземање на било кои предмети на непријателска земја кои се потребни за одржување и безбедност на армијата, и од такви невистини кои не вклучуваат прекршување на добра вера или изјавена, во однос на договори склучени во текот на војна, или претпоставена дека постои преку модерните правила на војување. Луѓето кои се борат еден против друг во војна не престануваат од таа причина да бидат морални суштества, одговорни еден пред друг и пред Бога.“
„Чл. 38. Приватната сопственост освен со одземање заради кривични дела или прекршоци на сопственикот, може да биде одземена само заради воена потреба, за поддршка или во полза на армијата или на Соединтетите Американски Држави.“
65. Член 16 содржел стандард на однесување во вооружен конфликт и забрана за подмолно однесување:
„Воената неопходност не дозволува суровост – што значи, нанесување на страдање само заради страдање или одмазда, ниту осакатување или повредување во борба, ниту тортура или изнудување на признание. Не дозволува користење на отров на било кој начин, ниту намерно уништување на регион. Дозволува невистини, но, не подмолни акти; и генерално, воена неопходност не вклучува било какво непријателски акт кој без потреба го отежнува враќањето на мирот.“
66. Членовите 19 у 37 содржеле мерки на посебна заштита во контекст на вооружен конфликт:
„Чл. 19. Заповедниците, секогаш кога е можно, го информираат непријателот за нивната намера да бомбардираат некое место, за да може да се евакуираат оттаму лица кои не учествуваат во борба, а особено жените и децата.“
„Чл. 37. Соединетите Американски Држави ја признаваат и заштитуваат, во непријателски држави кои се опупирани од нив, религијата и моралот; чисто приватната сопственост; личностите на жителите, особено на жените и светоста на домашните односи. Прекршоците спротивни на овој член ќе бидат строго казнети.“
67. Член 22 cодржел принцип на разликување помеѓу борци и цивили:
„Сепак, како што напредуваше цивилизацијата во текот на последните векови, така напредуваше и безбедноста, особено при копнена војна, разликувањето помеѓу приватни лица кои и припаѓаат на непријателска земја и самата таа земја, со нејзините борци. Се повеќе е признат принципот дека ќе се поштеди личноста, имотот и честа на невооружените граѓани колку што дозволуваат воените потреби.“
68. Член 44 cодржел избор на кривични дека и строги казни за виновен војник:
„Секое намерно насилство извршено против лица на земја која е нападната, секое уништување на имот за кое нема наредба од надлежен офицер, секое разбојништво, грабеж или крадење, дури и после освојување на некое место со примена на сила, секое силување, повредување, осакатување, или убивање на тие жители, се забранети под закана за смртна казна, или друга строга казна која се чини адекватна за сериозноста на кривичното дело. Војник, офицер или војник без чин, кој извршува такво насилство, кој непочитува надреден кој му наредува да се воздржи од тој акт, може законски да биде убиен на самото место од тој надреден:“
69. Член 47 се повикувал на казнување според домашните кривични закони:
„За дела кои се казниви според сите кривични закони, како што е подметнат пожар, убиство, осакатување, напади, разбојништво, измама, фалсификување, и силување, ако се извршени од американски војник во непријателска земја против нејзините жители, не само што ќе бидат казнети како на домашна територија, туку секогаш кога не се изрекува смртна казна, ќе се преферира построгата казна.“
70. Кодексот ги илустрирал двете главни права на секој „борец“: статус на воен заробеник (член 49) и заштита од кривично гонење за определени акти кои би биле кривични дела за цивил (член 57):
„чл. 49. Воен затвореник е државен непријател кој е вооружен или е дел од непријателска армија преку активно помагање, кој паднал во рацете на тој кој што го заробил, или борејќи се или ранет, на бојното поле или во болница, преку иднивидулано предавање или капитулација.
Сите војници, од било кој род; сите луѓе кои припаѓаат на масовно востание во непријателска земја; сите кои се дел од армијата во функција на нејзина ефикасност и директно ја промовираат целта на војната, освен тие кои се понатаму во текстот предвидени; сите хендикепирани лица или офицери на бојното поле или на друго место, ако се заробени; сите непријатели кои го положиле оружјето и побарале милост, се воени заробеници, и како такви се изложени на непогодностите како и овластени да ги имаат привилегиите на воен заробеник.“
„чл. 57. Кога војник добие оружје од суверена влада и положи заклетва за верност, тој е борец; неговото убивање, ранување, или други воени акти не се поединечни кривични дела или прекршоци. Ниту еден борец нема право да ијави дека непријатели од определена класа, боја на кожа, или состојба, правилно организирани како војници, нема да бидат третирани од негова страна како државни непријатели.“
71. Поимот levée en masse биле регулиран во член 51:
„Ако народот на дел од нападнатата земја која не е сеуште окупирана од страна на непријателот или на целата земја, при приближување на непријателска армија, се кренат на востание, врз основа на соодветно одобрен повик за регрутирање ‘en masse’ да да се одбранат од напаѓачот, тие сега се третираат како јавни непријатели, и, ако бидат заробени, тие се воени заробеници.“
72. Член 59 ја посочувал индивидуалната кривична одговорност за прекршувања на правилата и обичаите на војување:
„Воен заробеник останува одговорен за неговите кривични дела извршени против армијата или народот на државата која го заробила, извршени пред да биде заробен, за кои тој не бил казнет од властите на неговата држава. Сите воени затвореници се подложни на изрекување на мерки на одмазда.“
73. Членовите 63-65 предвидувале дека употребата на непријателски униформи била незаконска како подмолен акт, а лицата кои направиле такви постапки не се повеќе под заштита на правилата и обичаите на војување:
„чл. 63. Четите кои се борат во непријателска униформа, без било каков нивен сопствен план, обележје или воедначен знак на разликување, не може да очекуваат милост.
чл. 64. Ако американски трупи заробат воз во кој има непријателски униформи, а водачот смета дека е пожелно тие да бидат поделени на неговите војници, некое обележје или знак мора да биде применет за да се разликува американскиот војник од непријателот.
чл. 65. Употреба на националното знаме, или друг државен амблем на непријателот, со цел да доведе во заблуда непријателот во борба, е подмолен акт после кој тие го губат секое право на заштита од правилата за војување.“
74. Зедно со член 49, член 71 го опишувал посебниот статус даден на лицата кои покасно според меѓународното право се сметаат за hors de combat [воени лица кои повеќе не се во можност да ги извршуваат своите воени должности]:
„чл. 71. Секој кој намерно нанесува дополнителни повреди на непријател кој веќе е повреден, или убие такво лице, или кој наредува или ги охрабрува војниците да постапат на тој начин, ќе биде казнет со смрт, ако е соодветно осуден, без разлика дали е припадник на армијата на Соединетите Американски Држави, или е непријател кој бил заробен после извршување на такви злодела.“
75. Членовите 76 и 77 создале обврски да се постапува со воените заробеници хумано и пропорционално во случај на обид за бегство.
„чл. 76. Воените заробеници ќе бидат хранети со обична и здрава храна, секогаш кога е возможно, и со нив ќе се постапува хумано.
чл. 77. Воен заробеник кој ќе избега може да биде застрелан или убиен на друг начин во неговото бегство; но, ниту смртна ниту било која друга казна нема да му биде изречена само заради неговиот обид за бегство, што не е кривично дело според правилата на војување. Построги безбедносни мерки ќе се користат после неуспешен обид за бегство.“
76. Член 101 содржел забрана за предавничко ранување (во тоа време сфатено дека значи исто што и подмолно ранување):
„Иако измамата дозволена во војна како праведно и неопходно средство на борба, и во согласност со чесно војување, општите правила на војување дозволуваат дури и смртна казна за недозволени или нелојални обиди да се повреди непријател, затоа што тие се опасни, и тешка е одбраната од нив.“
77. Членовите 88 и 104 cодржеле одредби за казнување на шпиони:
„чл. 88. Шпион е лице кое тајно, со преправање или лажно претставување, бара информации со намера да ги пренесе на непријателот. Шпионот ќе биде казнет со смртна казна со бесење, без разлика дали тој успеал да дојде до информации или во нивното пренесување на непријателот.“
„чл. 104. Шпион кој успеал во својата задача или воен предавник, кој безбедно се вратил во својата армија, а покасно е фатен од непријателот не е предмет на казнување за неговите дела како шпион или воен предавник, но, тој може да биде во построг затвор како опасен поединец.“
2. Декларација за откажување од употреба, во време на војна, на експлозивни проектили со тежина под 400 грама („Декларација од Санкт Петербург од 1868“)
78. Оваа декларација била првата формална спогодба со која се забранува користење на определени оружја во војна. Во преамбулата се повторувале трите принципи на правилата и обичаите на војување; единсвената легитимна цел во текот на војна е да се ослабат воените сили на непријателот; постои граница на средствата кои може да се употребат против непријателски сили; и правилата и обичаите на војување не дозволуваат насилство против тие кои се hors de combat.
3. Нацрт меѓународна декларација за правилата и обичаите на војување („Нацрт Бриселска декларација од 1874)
79. Оваа декларација не била усвоена на Дипломатската конференција во Брисел во 1874, иако била уште една влијателна кодификација. Релевантните членови на Декларацијата гласат:
„Кој треба да биде признат за борец а кој како лице кое не учествува во воените дејствија
чл. 9. Правилата, правата и должностите на војување се применуваат не само за армии, туку исто така и на воени формации и волонтерски одреди кои ги исполнуваат следните услови:
1. Дека тие се под команда на лице кое е одговорно за неговите подредени;
2. Дека тие имаат утврден амблем на препознавање кој може да се забележи од далечина;
3. Дека тие отворено носат оружје; и
4. Дека тие ги спроведуваат нивните операции во согласност со правилата и обичаите на војување. Во земји каде воените формации претставуваат армија, или се дел од неа, тие се вклучени под поимот „армија“. ...
чл. 10. Населението на територија кој не е окупирана, кои при приближување на непријателот, спонтано земат оружје за да се одбранат од напаѓачките чети без да имаат време да се организираат според член 9, ќе се сметаат за борци ако ги почитуваат правилата и обичаите на војување.
чл. 12. Правилата на војување не им признаваат на борците неограничена моќ во примената на средства за повредување на непријателот.
чл. 13. Според овој принцип особено се ‘забранети’: ...
(б) Убиство преку предавање на поединци кои припаѓаат на непријателска нација или армија;
(в) Убиство на непријател кој, положувајќи го оружјето или кој нема повеќе средства за одбрана, се предал; ...
(д) Употребата на оружје, проектили или материјал со цел да се предизвика непотребно страдање како и употреба на проектили кои се забранети со Декларацијата од Санкт Петербург од 1868;
(ѓ) Неправилна употреба на знаме на примирје, национално знаме или воени обележја и униформа на непријателот, како и карактеристичните значки од Женевската конвенција;
(е) Секое уништување или одземање на имот на непријателот, кое не е наложено од воена потреба. ...“
„чл. 20. На шпион кој бил фатен при шпионирање ќе му се суди и ќе се постапува со него во согласност со правилата кои важат во армијата која го заробила.“
„чл. 23. Воените заробеници се законски и разоружени непријатели. Тие се под власт на непријателската влада, но, не под власт на поединците или одредите кои ги заробиле. Со нив мора да се постапува хумано. Секој акт на непокорување оправдува примена на мерка со строгост кој е потребна. Сите нивни лични предмети освен оружјето ќе останат нивна сопственост.“
„чл. 28. За воените заробеници важат законите и прописите кои се во сила во армијата под чија власт се наоѓаат. Може да биде употребено оружје, после предупредување, против воен заробеник кој се обидува да побегне. Ако тој е заробен повторно нему ќе му се изрече дисциплинска казна или ќе биде под построг надзор.
Ако, откако успеал да побегне, тој е повторно заробен, тој не може да биде казнет за неговите претходни акти.“
4. Правила за војување на копно од 1880 („Оксфордски прирачник од 1880“)
80. Оксфордскиот прирачник од 1880, на кој влијаел Нацрт Бриселската декларација од 1874 и кој е подготвен од Институтот за меѓународно право, бил предвиден за да им помогне на владите во формулирање на национално законодавство за правилата и обичаите на војување. Релевантните членови гласат:
„чл. 1. Воената состојба не дозволува акти на насилство, освен помеѓу оружените сили на завојувани држави. Лицата кои не се дел од оружените сили на завојуваната страна треба да се воздржат од такви акти. Ова правило подразбира правење разлка помеѓу лица кон не се дел од „оружените сили“ на една држава и нејзните ‘ressortissants’ [граѓани]. Затоа е потребна дефиниција на поимот „оружени сили“.
чл. 2. Оружените сили на една држава вклучуваат:
1. Армијата на кој тој назив и соодветсвува, како и воени формации;
2. Национални гарди, landsturm, слободни одреди, и други групи кои ги исполнуваат следните три услови:
(a) Тие се под команда на одговорен раководител;
(б) Tие мора да имаат униформа, или утврден карактеристичен амблем кој може да се препознае од далечина, и кои ги носат лицата кои се во состав на таквите одреди;
(в) Тие отворено носат оружје;
3. Екипажот на воени бродови;
4. Жителите на неокупирана територија, кои, при приближување на непријателот, спонтано земат оружје и отворено пружаат отпор на напаѓачките чети, дури и ако немале време да се организираат.
чл 3. Сите оружени сили на завојувана страна се должни да постапуваат во согласност со правилата на војување.
чл. 4. Правилата на војување на им признаваат на борците неограничена слобода во однос на средствата за повредување на непријателот. Тие треба да се воздржуваат од непотребна строгост, како и од подмолни, неправедни и тирански акти.“
„чл. 8. Забрането е: ...
(б) да се прават предавнички обиди врз животот на непријателот, како, на пример, преку платеници или преку борење со цел за да се предадат;
(в) Напад врз непријателот при кој се кријат карактеристичните обележја на оружена сила;
(г) Неправилно да се користи национално знаме, воени обележја или униформа на непријателот, на знаме на примирје и на заштитните знаци пропишани со Женевската конвенција’.
чл. 9. Забрането е: ...
(б) Да се повреди или убие непријател кој се предал или е повреден, и да се изјави однапред дека нема биде дадена милост, дури и на оние кои не ја бараат за себеси. ...
чл. 20. ...
(д) Кој може да биде воен затвореник.
чл. 21. Со лицата кои се дел од оружените сили, ако паднат во рацете на непријателот, ќе се постапува како со воени заробеници, во согласност со членовите 61 et seq. ...”
81. Делот во кој се членовите 23-26 бил насловен „Шпиони“ и го регулирал постапувањето со нив:
„чл. 23. Лицата кои се заробени како шпиони не може да бараат да бидат третирани како воени заробеници. Но:
чл. 24. Лицата кои се припадници на оружени сили на било која завојувана страна, и кои навлегле, без преправање, во непријателската зона, -- ниту се носители на официјални известувања, кои отворено ја извршуваат нивната мисија, ниту воздухопловци (член 21), не може да се сметаат за шпиони..
Со цел да се избегнат обвинувања за шпионажа кои се честа појава во време на војна важно е јасно да се изјави дека:
чл. 25. Ниту едно лице кое е обвинето за шпионажа нема да биде казнето пред да биде донесена пресуда од страна на судски орган.
Понатаму, се наведува дека:
чл. 26. Шпион кој ќе успее да ја напушти територијата окупирана од непријателот нема да сноси одговорност за неговите претходни акти, ако покасно падне во рацете на тој непријател.“
82. Член 32(б) забранувал, помеѓу останатото, уништување на јавна или приватна сопственост, ако тоа уништување „не било наложено од воена потреба“.
83. Во Глава III биле наведени правилата за заточеништво на воените заробеници. Во таа глава се опишувала правната основа за нивното заробување (тоа не било казна или акт на одмазда), предвидувало дека со нив мора хумано да се постапува (член 63) и дека оружје може да биде употребено само ако заробеникот се обидел да побегне (член 68).
84. Глава III oд прирачникот предвидувал казни за прекршувања на правилата на прирачникот и, во случај наводниот прекршител да не може да биде затворен, прирачникот ги наведувал ограничените околности за легитимни репресалии:
„Ако било кое од претходните правила е прекршено, прекршителите ќе бидат казнети, после судска расправа, од завојуваната страна под чија власт се наоѓаат. Затоа:
чл. 84. На лицата кои ги прекршиле правилата на војување ќе им се изречат казни предвидени со кривичен закон.
Овој начин на казнување, сепак, се применува само ако може да се фати прекршителот. Во спротивен случај, не може ништо да се постигне со кривичниот закон, и, ако оштетената страна смета дека прекршувањето е толку сериозно да е потребно непријателот да се повика на почитување на законот, не останува друго средство освен репресалии. Репресалиите се исклучок на општото правило на правичност, дека невино лице не смее да страда за невините. Тие исто така се спротивни со правилото дека секој борец мора да постапува во согласност со правилата на војување, без реципроцитет од страна на непријателот. Оваа нужна строгост, сепак, е изменета во одредена мерка од следните ограничувања:
чл. 85. Во случај кога обжалената повреда е исправена, репресалиите се формално забранети:
чл. 86. Во сериозни случаи во кои репресалиите се чини дека се апсолутно потребни, нивниот карактер и опсег никогаш нема да го надминат степенот на прекршување на правилата на војување извршени од непријателот. Тие може да се применат само со дозвола на главниот командант. Тие секогаш мора да бидат во согласност со правилата на хуманост и морал.
Ако било кое од претходните правила е прекршено, прекршителите треба да се казнат, после судска расправа, од страна на завојуваната страна под чија власт се наоѓаат.
5. Хашка конвенција (IV) за почитување на правилата и обичаите на војување на копно од 1907 и дополнителните правила
85. На меѓународната мировна конференција во Хаг во 1899 дошло до усвојување на четири конвенции вклучувајќи ја Хашката конвенција (II) за правилата и обичаите на војување на копно и дополнителните правила. Овие инструменти биле земени, после Втората меѓународна мировна конференција во Хаг во 1907, со Хашката конвенција (IV) за почитување на правилата и обичаите на војување на копно и дополнителните прописи („Хашката конвенција и прописи од 1907“). Тие биле засновани на Нацрт декларацијата од Брисел до 1874 и Оксфордскиот прирачник од 1880.
86. Преамбулата на Хашката конвенција од 1907 гласи:
„Согледувајќи дека во исто време со барање на средства за одржување на мирот и спречување на оружени конфликти помеѓу нациите, исто така е потребно да се земе во обзир случајот кога дошло до употреба на оружје заради настани кои не можеле да бидат спречени со нивните напори во тој поглед;
Раководени од желбата да се служи, дури и во најекстремниот случај, на интересите на човештвото и на секогаш прогресивните потреби на цивилизацијата;
Сметајќи дека е важно, за таа цел, да се ревидираат општите правила и обичаи на војување, или со цел тие да бидат дефинирани со поглема прецизност или за да тие се стават во такви рамки кои би ја ублажиле нивната строгост колу што е можно повеќе;
Оценувајќи дека е неопходно да се дополни и во определени аспекти да се објасни работата на Првата мировна конференција, која, после Бриселската конференција ид 1874, и инспирирани од идеите кои произлегуваат од мудро и сеопфатно размислување, усвои одредби со цел да се дефинира и регулира војувањето на копно.
Според мислењата на високите страни договорнички, овие одредби, чија формулација е раководена од желбата да се намалат лошите последици на војната, колку што дозволуваат воените услови, имаат за цел да служат како општо правило на однесување за борците во нивните взаемни односи и во нивните односи со жителите.
Сепак, не беше заклучено дека е возможно во овој момент да се предвидат правила кои ќе се однесуваат на сите околности кои се појавуваат во пракса;
Oд друга страна, високите страни договорнички јасно дека не сметаат дека непредвидените случаи треба, во отсуство на писмени обврски, да бидат оставени на арбитрерни воени проценки на воените раководни лица.
Сѐ додека не се изработи пообемен кодекс на правила за војување, високите страни договорнички проценуваат дека мора да се изјави дека, во случаи кои не се предвидени со правилата кои тие ги усвоиле, жителите и борците остануваат под заштитата и владеењето на приницпите на правото на нациите, кои произлегуваат од практиките воспоставени помеѓу цивилизираните народи, од законите на човештвото, и правилата на јавната совесност.
Tие изјавуваат дека во оваа смисла особено членовите 1 и 2 од усвоените правила мора да бидат разбрани.“
87. Осмиот параграф од преамбулата цитирана погоре, е познат како „Де Мартенсова клаузула“. Речиси идентична клаузула веќе била содржана во преамбулата на Хашката конвенција (II) oд 1899 и во суштина била повторена во секоја од Женевските конвенции (I-IV) 1949 како и во Дополнителниот Протокол од 1977 (параграфи 134-142 подолу).
88. Член 2 oд Хашката конвенција од 1907 содржела „si omnes“ клаузула за солидарност дека Хашката конвенција и прописи од 1907 се применувале само помеѓу држави договорнички и само ако сите завојувани страни биле држави договорнички. Сепак Пресудата на IMT од Нирнберг подоцна потврдила дека до 1939 Хашката конвенција и прописи од 1907 се сметале ги декларираат правилата и обичаите на војување (параграфи 118 и 207 подолу).
89. Останатите релевантни одредби на Хашката конвенција од 1907 се:
„чл. 1. Државите договорнички ќе издадат инструкции на нивните копнени оружени сили кои ќе се во согласност со прописите за почитување на правилата и обичаите на војување на копно, кои се анекс на оваа Конвенција. ...
чл. 3. Завојуваната страна која ќе ги прекрши соменатите прописи, ако случајот налага, ќе треба да плати надомест. Таа страна ќе биде одговорна за сите акти извршени од лица кои се дел од нејзините оружени сили.“
90. Членовите 1 и 2 oд Хашките прописи од 1907 гласат:
„Чл. 1. Правилата, правата и обврските во врска со војната се применуваат не само на армии, туку исто така и на воени формации и волонтерски одреди кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се под комадна на лице кое е одговорно за неговите подредени;
2. Да имаат утврден карактеристичен амблем кој може да се препознае од далечина;
3. Отворено да носат оружје; и
4. Да ги спроведуваат нивните операции во согласност со правилата и обичаите на војување. Во земји каде воените формации или волонтерски одреди претставуаат армија, или се дел до неа, тие се вклучени под терминот „армија“.
чл. 2. Жителите на територија која не е окупирана, кои, при приближување на непријателот, спонтано земат оружје за да се спротивстават на напаѓачките чети без да имаат време да се организираат во согласност со член 1, ќе се сметаат за борци ако отворено носат оружје и ако ги почитуваат правилата и обичаите на војување.“
91. Поглавјето II (членови 4-20) oд Хашките прописи од 1907 содржело правила во врска со воените заробеници, обврската да се постапува со воените заробеници хумано (член 4) и ограничување на мерките преземени за непокорување (член 8). Во прописите понатаму се предвидувало:
„чл. 22. Правото борците да користат средства за повредување на непријателот не е неограничено.
чл. 23. Покрај забраните предвидени со посебни конвенции, особено е забрането.
(a) ...
(б) Убивање или подмолно ранување на поединци кои припаѓаат на непријателска држава или армија;
(в) Убивање или ранување на непријател кој, го положил оружјето, или кој повеќе нема средства за одбрана, и се предал;
(г) ...
(д) Употребување на оружје, проектили или материјали предвидени да предизвикаат непотребно страдање;
(ѓ) Неправилно употребување на знаме на примирје, или национално знаме или воени обележја и униформа на непријателот, како и карактерстичните значки од Женевските конвенции;
(е) Уништување или одземање на имот на непријателот, освен ако тоа уништување или одземање е наложено од воена потреба;
(ж) Пред суд да се прогласат за укинати, суспендирани или недопуштени правата и актите на државјани на непријателска држава
(з) ...“
„чл. 29. Едно лице може да се смета за шпион кога, дејствувајќи на недозволен начин или со лажно претставување, добие или се обидува да добие информации во зоната на операции на завојуваната страна, со намера да ги пренесе на непријателот. ...
чл. 30. Шпион кој е фатен при вршење шпионажа нема да биде казнет без претходно судење.
чл. 31. Шпион, кој откако се вратил во армијата на кој и припаѓа, е покасно заробен од непријателот се третира како воен заробеник, и не сноси одоговорност за неговите претходни акти на шпионажа.“
6.Извештај на Комисијата за одговорност на извршителите и извршување на казни („Извештајот на меѓународната комисија од 1919“)
92. Париската мировна конференција и дала задача на Комисијата да подготви извештај, помеѓу останатото, за факти во однос на прекршувања на правилата и обичаите на војување од страна на силите на Германското Царство и сојузниците (вклучувајќи и турски функционери), за степенот на одговорност за таквите прекршувања на припадниците на непријателските сили како и за воспоставувањето и постапката на трибунал кој би бил соодветен за таквите дела. Извештајот бил завршен во 1919 и била изработена листа од приближно 900 наводни воени злосторници и во него биле предложени обвиненија против турски функционери и други лица за „злосторства против законите на човештвото“, повикувајќи се на Де Мартенсовата клаузула на Хашката конвенција од 1907. Исто така била подготвена листа од 32 кривични дела извршени во текот на војната за кои се сметало дека се спротивни на постоечките конвенции и обичаи вклучувајќи: убиства и масакри; мачење на цивили; колективно казнување; намерно уништување на имот; како и малтретирање на ранети и воени заробеници..
93. Во однос на индивидуалната кривична одговорност, Комисијата изјавила:
„Сите лица кои припаѓаат на непријателски земји, каква и да е нивната позиција, без разлика на ранг, вклучуувајќи и шефови на држави, кои се виновни за кривични дела прпотив правилата и обичаите на војување или законите на човештвото, се подложни на кривично гонење.“
7. Версајскиот договор од 1919
94. Версајскиот договор содржел повеќе позитивни одредби со кои се предвидува меѓународно судење и казнување на воени злосторници вклучувајќи го и германскиот император. Одредбите за кривично гонење не биле никогаш применети: екстрадицијата на императорот била одбиена и меѓународното судење било откажано во полза на судење од самата Германија. Член 229 исто така ја задржал можноста да се изведат лица виновни за кривични дела, против државјани на една од државите на сојузниците, пред воен суд на таа држава.
8. Договорот од Севр 1920
95. Договорот од Севр (мировниот договор помеѓу Сојузниците и Турција после Првата светска војна), содржи одредби (членови 226-230) кои се слични со одредбите на Версајскиот договор во однос на изведувањето пред воени трибунали од страна на Сојузниците на турски функциониери обвинети за прекршување на правилата и обичаите на војување. Овој договор не бил никогаш ратификуван и бил заменет со Декларација за амнестија (потпишана на истата дата и Лозанскиот договор од 1923) од страна на Франција, Обединетото Кралство, Грција, Италија, Јапонија, Романија и Турција. Декларацијата предвидувала деа Грција и Турција одобрувале „целосна амнестија ... за сите кривични дела или прекршоци извршени во текот на истиот временски период, а кои очигледно биле поврзани со политичките настани кои се случиле во тој период“ (релевантниот период започнал на 1 август 1914 до 20 ноември 1922).
9. Нацрт конвенција за заштита на цивилното население против нови воени средства („Нацрт Конвенција од Амстердам од 1938“)
96. Оваа конвенција била подготвена од Асоцијацијата за меѓународно право но, никогаш не била усвоена од страна на државите. Нејзината негативна дефиниција на цивилното население била во согласност со дефиницијата во Оксфордскиот прирачник од 1880:
„чл. 1. Цивилното население на една држава нема да биде цел на воено дејствие. Фразата „цивилно население“ во смисла на оваа Конвенција ќе ги вклучува сите кои не се дел од било кој род на војската ниту во тој момент вработени или вклучени во било кој воен орган дефиниран во член 2.“
В.Практики пред Втората светска војна
1. Воени судови на САД 1899-1902, Филипини[2]
97. Во 1901 и 1902 воените судови на САД им суделе на повеќе воени лица на САД обвинети за, помеѓу останатото, за прекршување на правилата за војување во текот на против-револуционерна акција на Филипините и, особено за вонсудски егзекуции. Во малкуте поднесоци на Генералниот адвокат и на органите кои одлучувале содржеле коментари за правилата и обичаите на војување за прашања кои вклучуваат командна одговорност и постапувањето со воени заробеници. Тие коментари били влијателни во однос на покасните кодификации. Судењата претставувале еден од почетните примери за кривично гонење на национално ниво на домашни воени лица обвинети за кривични дела против непријателот спротивни на правилата на војување.
98. Во текот на судењето на Major Waller, органот кој одлучувал забележал:
„правилата на војување не дозволуваат, духот на денешнината не прифаќа дека било кое воено лице може, врз основа на својата волја, да предизвика смрт на беспомошни заробеници кои му се дадени да ги чува. Секој поинаков став е заснован на дивјачки метод и е далеку од разумните барања на цивилизираните нации дека дека војната ќе се води со што е можно помала суровост и неправда.“
99. Во случајот Major Glenn, Адвокатот посочил дека, дури и ако војниците на САД дејствувале во тешка ситуација против изолирани револуционерни банди кои се однесувале како герила со целосно непочитување на правилата на цивилизирана војна, тие не биле ослободени од „нивната обврска да ги почитуваат правилата на војување во напорите кои ги даваат ... да го задушат бунтот и да го вратат јавниот ред.“
100. На судењето на Lieutenant Brown за убиство на воен заробеник, Судијата адвокат воочил дека постоела ‘состојба на јавна војна’ на Филипините и дека вината на обвинетиот затоа требала да биде утврдена не според lex loci туку од гледна точка на меѓународното право кое, во тој случај, значело правилата и обичаите на војување.
2. „Лајпцишките судења“
101. Врз основа на Версајскиот договор, Германија започнала постапки против определени лица пред Врховниот суд во Лајпциг. Сојузниците презентирале 45 случаи (од речиси 900 предмети вклучени во Извештајот на меѓународната комисија од 1919) во однос на постапувањето со воените заробеници и ранетите како и за одлука за торпедирање на британски брод кој служел како болница. Судењата се одржале во 1921. Дванаесет судења се одржале во 1921 и довеле до шест ослободителни пресуди и шест осуди (изречените казни биле симболични). Сојузниците одлучиле да отвораат повеќе случаи пред германските предмети.
102. Осудите воглавно се повикувале на германското воено право но, имало и некои изречни повикувања на меѓународно право особено, во одлуката во Llandovery Castle:
„Стрелањето врз бродовите било кривично дело против правото на нациите. При копнена војна убивањето на невооружени непријатели не е дозволено [Хашки прописи од 1907], пара. 23 (в)), слично и во поморска војна, убивањето на бродоломници, кои се засолнале во бродови за спасување, е забрането. .... Секоја повреда на правото на нациите во војна е, како што Сенатот со право посочи, казниво дело, и генерално, се изрекува казна за тоа дело. Убивањето на непријатели во војна е во согласност со волјата на државата која војува (чии закони во однос на законитоста или незаконитоста на убивањето се одлучувачки), само ако тоа убивање е во согласност со условите и ограничувањата наметнати со правото на нациите. .... Правилото на меѓународното право, кое е во овој случај релевантно, е едноставно и општо познато. Не постои сомневање во однос на прашањето за неговата применливост. Судот во овој случај мора да ја потврди вината на Patzig за убивање спротивно на меѓународното право.“ [3]
3. Кривично гонење на службени лица на Турција
103. Обединетото Кралство направило значителни напори за кривично гонење на турски офицери за малтретирање на воени заробеници и за други кривични дела во текот на Првата светска војна. Обединетото Кралство се залагало за кривичните дела да одлучуваат британските воени судови во окупираните територии затоа што кривичните дела не биле „во сферата на домашното право“ туку биле регулирани со „обичаите на војување и правилата на меѓународното право“[4]. Повеќе судења пред воени судови биле започнати во 1919, но, домашни согледувања во Турција го спречиле нивното продолжување. Исто така биле одржани такви судења во Турција и, обвиненијата биле засновани на турскиот Кривичен законик, определени осуди се засноваче на „човештвото и цивилизацијата“. Како што беше погоре воочено, со Лозанскиот договор е ставен крај на кривичното гонење за тие предмети.
Г. Кривично гонење на воени злосторства во текот на Втората светска војна
1. Декларација за германските воени злосторства потпишана од претставниците на девет окупирани земји („Декларацијата од Сент Џејмс од 1942“)
104. Во ноември 1940 претставници на Владите во егзил на Полска и Чехословачка дале наводи за прекршување на правилата на војување против германската војска. За британскиот Премиер, кривичното гонење за воени злосторства биле дело од војната: тоа било така за сите држави окупирани од Германија и за Кина во однос јапонските окупаторска војска[5]. Во Лондон во 1942 претставници од териториите окупирани од оружени сили на Силите на Оската ја усвоиле Декларацијата од Сент Џејмс за воени злосторства и казнување. Во преамбулата од Декларацијата се повторува дека меѓународното право и, особено Хашката конвенција од 1907, не дозволувало борците во окупираните територии да преземаат акти на насилство против цивили, да воведат лоши закони во сила или да ги соборат националите инситуции. Во текстот на декларацијата понатаму стои:
„1. Се потврдува дека акти на насилство така извршени против цивилно население се спротивни со прифатените ставови во однос на воени дејствија и политички напади на начинот на кој тие се сфатени од цивлилизираните нации; ...
3. Се става помеѓу нивните главни воени цели казнувањето преку систем на правда на тие кои се виновни и одговорни за тие кривични дела, без разлика дали тие ги наредиле, ги извршиле или на било кој начин учествувале во нивното извршување;
4. Определуваат во духот на меѓународната солидарност дека (A) тие кои се виновни и одговорни, без оглед на нивното државјансво, ќе бидат барани, предадени за да им биде судено; (Б) изречените казни ќе бидат извршени.“
105. После оваа Декларација било воспоставена (1943) Комисијата на Организавијата на Обединетите Нации („ООН“) за воени злосторства („UNWCC). Таа требало да прибере докази за воени злосторства кои предмети служеле како налози за кривично гонење од страна на воените органи на обвинетите лица[6]. До крајот на нејзиниот мандат успеала да подоготви 8178 предмети во однос на лица осомничени за воени злосторства. Комисијата ја усвоила во целост листата на кривични дела од Извештајот на Меѓународната комисија од 1919 (види параграф 92 погоре) кои кога било соодветно се прилагодувале на условите од Втората светска војна.
2.Кривично гонење на воени злосторства во СССР
106. Уште во ноември 1941 СССР ги информирал сите земји со кои имал дипломатски односи за воените злосторства извршени од, особено, Нацистичка Германија, на окупираните територии[7]. Со цел да се води евиденција за кривичните дела наводно извршени од германските сили и за да се утврди идентитетот на виновниците и тие да се изведат пред суд, со Декрет со датум 2 ноември 1942 била основана „Вонредна државна комисија за откривање и истражување на кривични дела извршени од германските фашистички окупатори и нивните соучесници, и штетата направена на граѓаните, колективните фарми, социјалните организации, државни претпријатија и институциите на СССР“. Работата на Комисијата била покасно употребена во судењата „Краснодар“ и „Харков“ (подолу).
107. Првите судења на граѓани на СССР (соучесници и активни помагачи на германските сили) се одржале во Краснодар во јули 1943. Лицата биле обвинети и осудени од кривичните судови на СССР за убиство и предавство според советскиот Кривичен законик.[8]
108. Московската Декларација од 1943 на Обединетото Кралство, САД и СССР била една од најзначајните декларации на Втората светска воја во однос на кривичното гонење на воени злосторници. Со неа се потврдила легитимната улога на националните судови во казнувањето на воени злосторници и намерата да се преземе такво кривично гонење после војната. Во делот кој е релевантен за овој случај, таа гласела:
„... претходноспоменатите Сојузнички сили, зборувајќи во интерес на триесет и двете обединети нации, свечено објавуваат и даваат целосно предупредување за нивната декларација:
Во време на давање на примирје на било која влада која би можела да фукнционира во Германија, германските офицери и војници и членови на Нацистичката партија кои се одговорни за и или се согласиле со горните злосторства, масакри и егзекуции ќе се вратат во земјите во кои тие ужасни дела била извршени за да им се суди и да бидат казнети во согласност со законите на тие ослободени земји и слободните влади кои во нив биле составени. [...]
Така, Германците кои учествувале во масовното убивање на полски функционери или егзекутирање на француски, холандски, белгиски или норвешки заложници или селани од Крит, или кои учествувале во убивањето на луѓе во Послка или на териториите на Советскиот Сојуз кои се сега ослободени од непријателот, ќе знаат дека ќе бидат вратени на местото на нивните злодела и ќе им биде судено од народите кои тие ги повредиле.
Нека оние чии раце досега не се натопени со крв на невини внимаваат да не се приклучат кон виновниците, затоа што сосем сигурно трите сојузнички сили ќе ги бараат и до најоддалечните краишта на Земјата и ќе ги донесат пред оние кои ги обвинуваат за злодела за да може да се оствари правдата.
Горната декларација нема да влијае врз случаите на германските злосторници чии кривични дела немаат определена географска положба и кои ќе бидат казнети со заедничка одлука на владата на Сојузниците.“
109. Последната одредба го предвидувала кривичното гонење на германски воени злосторници од страна на СССР и првото судење се одржало во Харков во декември[9]. Президиумот на Врховниот совет издал Декрет во 1943 во кој се предвидувале казните кои ќе се применуваат. Со обвинителниот акт се наведувало дека тие биле одговорни за труење со гас на илјадници жители на Харков и неговиот регион, извршиле брутални злосторства против цивили, палење на села и истребување на жени, стари луѓе и деца како и дека егзекутирале, дека палеле живи и мачеле ранети и воени заробеници. Обвинителните акти се повикувале на правилата за војување поставени во меѓународните конвенции (Хашката конвенција и прописи од 1907 и Женевската конвенција од 1929, воочувајќи дека и двете конвенции биле ратификувани од Германија) и општо прифатените одредби на меѓународното право. Обвинителниот акт не само што се повикувал на одговорност на германската Влада и команда, туку и на индивидуалната одговорност на обвинетите (повикувајќи се на судењата од Лајпциг). Откако ја признале нивната сопствена вина како и таа на нивните надредени, на тројцата обвинети им била изречена смртна казна со бесење. Правичноста на судењата покасно можеби била доведена во прашање, но, за нив се известувало многу. СССР го чекал крајот на војната за да продоложи со такви судења: судења имало во Киев, Минск, Рига, Ленинград, Смоленск, Брианск, Великие Луки и Николаев[10].
110. Штом бугарските територии биле ослободени од германските сили, бугарскиот Народен суд во декември 1944 осудил 11 Бугари за воени злосторства применувајќи ја Московската Декларација од 1943[11].
3. Кривично гонење на воени злосторства од страна на САД
(a) Прирачник на САД за бојното поле: Правила за војување на копно, 1 октомври 1940
111. Овој обемен прирачник бил подоготвен од Министерството за војна на САД во 1940 и им бил даден на воените сили на бојното поле. Содржи и обичајни правила и правила кои произлегуваат од меѓународни договори чија договорна страна биле САД и во него се толкуваат правилата на оружен конфликт кои важеле за воените сили на САД во тоа време. Ги опишува „Основните принципи“ на следниот начин:
„Помеѓу таканаречените непишани правила или закони на војување се три основни принципи на кои се засновани сите други правила или закони на цивилизирано војување, и пишани и непишани, и се дел од општиот водич за однесување кога поконкретно правило не се применува:
(a) Принципот на воена потреба, според кој, под услов на примена на принципите на хуманост и кавалерство, завојуваната страна оправдано може да примени сила од било кој обем и вид за да го принуди непријателот да се покори со што е можно помало трошење на време, живот и пари;
(б) Принципот на хуманост, кој го забранува користењето на насилство од било кој вид или степен кој не е неопходен за целите на војната; и
(в) Принципот на кавалерство кој осудува и забранува употреба на нечесни средства, потреби, или однесување.
112. Параграф 8 од Прирачникот предвидувал:
„Општа поделба на непријателското население – Непријателското население во војна е поделено на две генерални класи, познати како оружени сили и мирољубиво население. И двете класи имаат различни права, должности и слабости, и ниту едно лице не може да припаѓа на двете класи во исто време.“
113. Прирачникот продолжувал:
„Утврдување на статусот на заробените чети – Утврдувањето на статусот на заробени чети треба да е задача на повисоките воени органи или воени судови. Егзекуциии по куса постапка повеќе не се дозволени според правилата на војување. Должност на офицерот е да ги чува лицата кои се заробени и да го остави за прашањето дали се тие закконити, или незаконити војници, дезертери, итн, да одлучи надлежен орган. ...
Непријателски активности извршени од лица кои не се дел оружените сили – На лицата кои земаат оружје и извршат непријателски активности без да ги почитуваат условите пропишани со законите на војување за признавање на борци, кога ќе бидат заробени од оштетената страна, ќе им се изрече казна како на воени злосторници. ...
Право на судење – Никој нема да биде казнет за кривично дело против правилата на војување освен врз основа на казна изречена после судска постапка и осуда од воен суд или комисија – или некој друг трибунал со надлежност предвиден од завојуваната страна.“
(б) ex parte Quirin (1942) 317 U.S. 1
114. Во 1942 осум тајни нацистички саботери отишле во САД, биле фатени и им судела тајна воена комисија за, помеѓу останатото, обвиненија за кривични дела против правилата на војувањето (вклучувајќи носење на цивилна облека за да се движат со измама на непријателска територија за да извршат акти на саботажа, шпионажа „и други непријателски акти“). Нивните адвокати побарале од Врховниот суд тие да бидат изведени пред суд [a writ of habeas corpus], за кој судот го изјавил следното:
„Преку универзални договори и практики, правилата на војување прават разлика помеѓу оружените сили и цивилното население на завојувани нации и исто така помеѓу тие кои се законски и незаконски борци. Законските борци може да бидат фатени и заробени како воени затвореници од страна на оружените сили на противникот. Незаконските борци може исто така да бидат фатени и заробени, но, тие понатаму се подложни на судење и казнување од страна на воени судови за акти ки го прават нивното борење незаконско. Шпион кој тајно и без униформа ги преминува воените граници на завојувана страна во време на војна, настојувајќи да дојде до воени информации и ги пренесе на непријателот, или непријателски борец кој без униформа тајно ги помине границите со цел да војува преку одземање на живот или имот, се познати примери на борци за кои генерално се смета дека немаат право на статус на воени заробеник, туку дека се прекршители на правилата на војување и се подложни на судење и казнување од воени судови.“
Д. Судења пред МВТ после Втората светска војна, за дела извршени во текот на таа војна.
1.Потсдамскиот договор од 1945
115. Потсдамскиот договор се однесува на окупацијата и реконструкцијата на Германија и другите држави после капитулацијата на Германија во мај 1945. Бил изработен и усвоен од СССР, САД и Обединетото Кралство на Потсдамската конференција која се одржала помеѓу 17 јули 9 2 август 1945. Во однос на гонењето на воени злосторници, во Договорот се предвидувало:
„Трите Влади ги земаат во предвид дискусиите кои се одржувале во претходните недели во Лондон помеѓу британските, американските, советските и француските претставници со цел да се дојде до договор за методите на судење на главните воени злосторници чии дела според Московската Декларација во октомври 1943 немале определено географска положба. Трите Влади повторно ја потврдиле нивната намера да ги изведат тие злосторници на брзо и сигурно судско одлучување. Тие се надеваат дека преговорите во Лондон ќе доведат до тоа брзо да се постигне договор за тее цел, и тоа дека судењето на тие главни воени злосторници започне што е можно порано е прашање од огромна важност. Првата листа на обвинети ќе биде објавена пред први септември.“
2. Спогодба за кривично гонење и казнување на најголемите воени злосторници на Европската Оска („Лондонска спогодба од 1945“)
116. После безусловното предавања на Германија, Сојузниците ја потпишале Лондонската спогодба од 1945.:
„Иако Обединтетите Нации од време на време изнесувале декларации за нивната намера воените злосторинци да бидат изведени пред суд;
И иако во Московската декларација од 30 октомври 1943 за германските злосторства во окупирана Европа било изјавено дека тие германски офицери и војници и членови на Нацистичката партија кои биле одговорни или се согласиле на учество во злосторствата и кривичните дела ќе бидат вратени во земјите кади ги извршиле тие ужасни дела за да им биде судено и да бидат казнети во согласност со законите на тие ослободени земји и од слободните Влади во тие земји;
И иако за оваа декларација беше речено дека нема да влијае врз случаи на главните воени злостроници кои немаат конкретна географска положба и на кои ќе бидат казнети со заедничка одлука на владите на сојузниците; ...
член 1: Ќе биде воспоставен после консулатација со Контролниот совет на Германија за Меѓународен воен трибунал за судење на воени злосторници чии дела немаат посбена географска положба без разлика дали се обвинети како поединци или во нивното својство на припадници на организации или групи или и како поединци и како припадници на такви групи или организации.
член 2: основањето, надлежноста и функциите на Меѓународниот воен трибунал ќе бидат тие кои се наведени во Повелбата која е приклучена кон оваа спогодба, која Повелба ќе биде интегрален дел од спогодбата. ...
член 4: Ниту еден дел од оваа спогодба нема да ги доведе во прашање одредбите од Московската декларација во однос на враќањето на воените злосторници во земјите во кои ги извршиле делата. ...
член 6: Ниту еден дел од оваа спогодба ќе ја доведе во прашање надлежноста или овластувањата на било кој национален или окупаторски суд основан или кој ќе биде основан на територијата на сојузниците или Германија за судење на воени злосторници.“
3. Повелбата на МВТ (Нирнберг)
117. Повелбата била анекс на Лондонскиот договор од 1945. Во неа се предвидувало, помеѓу останатото, неконечна листа на прекршувања на правилата и обичаите на војување за кои „Водачи, организатори, поттикнувачи и соучесници“ биле одговорни и со неа се пропишувале казни:
„член 1: Во исполнување на спогодбата потпишана на осмиот ден од август 1945 од страна на Владата на Соединетите Американски Држави, Привремената Влада на Република Франција, Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Советскиот Сојуз на Социјалистички Републики, ќе биде основан Меѓународен воен трибунал (подолу во текстот „Трибуналот“) за правично и навремено судење и казнување на главните воени злосторници на Европската Оска. ...“
„член 6: Tрибуналот основан со спогодбата спомената во член 1 за судење и казнување на главните воени злосторници на европските земји на Оската ќе има овластување да им суди и да ги казни лицата, кои дејствувајќи во интерес на европските земји на Оската, без разлика дали како поединци или припадници на организации, извршиле едно од следните кривични дела.
Следните акти, или било кој од нив, се кривични дела кои се во надлежност на Трибуналот за кои ќе има индивидуална одговорност: ...
(в) Воени злосторства: имено, повреди на правилата или обичаите на војување. Таквите повреди ќе вклучуваат, но, не се ограничени само на, убиство, малтретирање или депортација за принудна работа или за било која друга цел на цивилно население на или во окупирана територија, убиство или малтретирање на воени заробеници или бродоломници, убивање на заложници, уништување на јавна или приватна сопственост, намерно уништување на градови и села, или уништување кое не е оправдано со воена потреба; ...
Водачите, организаторите, поттикнувачите и соучесниците во подготвувањето или спроведувањето на заеднички план или заговор за да се изврши било кое од претходнаведените дела се одговорни за сите акти извршени од било лице во спроведувањето на тој план. ...”
„чл. 8: Фактот дека обвинетиот дејствувал врз основа на наредба на неговата Влада или надреден нема да го ослободи од одговорност, но, може да се смета како олеснителна околност при изрекувањето на казна ако Трибуналот смета дека правдата тоа го наложува. ...”
„чл. 27: Трибуналот ќе има право да му изрече на обвинетиот, при осуда, смртна или друга казна за која ќе биде утврденодека е праведна.
чл. 28: Покрај било која казна која тој ја изрекол, Трибуналот ќе има право да му одземе на осуденото лице имот кој тоа лице го украло и ќе нареди тој да се достави до Контролниот совет на Германија“.
4. Пресуда на МВТ во Нирнберг[12]
118. Пресудата во голем дел се повикала на статусот на обичајно право на Хашката конвенција и прописи од 1907:
„Трибуналот е ... обврзан со дефиницијата која Повелбата ја дава за воени злосторства и злосторства против човештвото. Во однос на воени злосторства, кривичните дела во член 6, параграф (б), oд Повелбата веќе се признати како воени злосторства според меѓународното право. Тие биле регулирани со членовите 46, 50, 52, и 56 oд Хашката конвенција од 1907, и членовите 2, 3, 4, 46 и 51 oд Женевската конвенција од 1929. Исто така востановено е дека повредите на тие одредби претставуваат кривични дела за кои виновниците ќе бидат казнети.
Но, се тврди дека Хашката конвенција не се применува во овој случај, заради клаузулата на ‘генерално учество ‘ во [нејзиниот] член 2. ...
Неколку од завојуваните страни во неодамнешната војна не биле договорни страни на оваа Конвенција.
Според Судот не е потребно да се одлучи по ова прашање. Правилата за војување на копно содржани во Конвенцијата несомнено претставувале напредок во постоечкото меѓународно право во времето кога биле усвоени. Но, конвенцијата изречно нагласува дека таа била обид ‘да се ревидираат општите правила и обичаи на војување’, за кои на тој начин потврдила дека постојат. Но, до 1939 тие правила поставени со конвенцијата биле признати од цивилизираните нации, и тие се сметале дека се деклараторни во однос на правилата и обичаите на војување кои се споменати во член 6 (б) oд Повелбата.“
119. Во делот кој се однесува на „Правото на Повелбата“ и во делот за кривични дела против мирот, со пресудата било воочено:
„Хашката конвенција од 1907 забранувала употреба на определени методи на водење војна. Во нив спаѓало нечовечко постапување на заробеници, употреба на оружје со отров, неправилна употреба на знаме на примирје, и слични прашања. Многу од овие забрани биле спроведувани пред Конвенцијата, но од 1907 сигурно имало кривични дела, казниви како прекршувања на правилата на војување; сепак Хашката конвенција никаде не ги смета тие практики за криминални, ниту во една реченица не е пропишан, ниту споменат суд кој ќе им суди и ќе ги казни извршителите. Сепак, во многу претходни години, воени трибунали суделе и казнувале поединци виновни за повредување на правилата на војување на копно предвидени со оваа Конвенција. ... Толкувајќи ги зборовите на [Бријан-Келоговиот Пакт], мора да се запомни дека меѓународното право не е продукт на меѓународно законодавно тело, и дека такви меѓународни спогодби како [Бријан-Келоговиот Пакт] мора да се занимаваат со општите принципи на правото, а не со административни процедурални прашања. Правилата на војување се наоѓаат не само во договори, туку и во обичаите и општите принципи на правдата применувани од правниците и практикувани од воените судови. Тоа право не е статично, туку преку континуирано прилагодување ги следи потребите на светот кој се менува. Навистина, во многу случаи договорите не одат подалеку од изразување и дефинирање за попрецизна употреба на правните принципи кои веќе постојат.“
5. Повелба на МВТ во Токио од 1946
120. Оваа Повелба била одобрена со унилатерална декларација на Врховниот командант на Сојузничките сили на 19 јануари 1946. Релевантниот дел на член 5 од Повелбата гласи:
„Трибуналот ќе биде овластен да суди и изрекува казни на воени злосторници од Далечниот Исток кои како поединци или припадници на организации се обвинети за кривични дека кои вклучуваат кривични дела против мирот.
Следните акти, или било кој од нив, се кривични дела кои се во надлежност на Трибуналот за кои ќе има индивидуална одговорност:
...
(б) Конвенционални воени злосторства: Имено, повреди на правилата или обичаите на војување;
(в) ... Водачите, организаторите, поттикнувачите и соучесниците кои учествувале во изработка или извршување на заеднички план или заговор за да извршат било кое од претходнонаведените кривични дела се одговорни за сите акти извршени од било кое лице во спроведувањето на тој план.“
6. Пресуда на МВТ од Токио во 1948
121. Во однос на статусот на Хашката конвенција од 1907, во пресудата на Меѓународниот воен трибунал во Токио од 12 ноември 1948 било наведено:
„... Ефикасноста на некои од Конвенциите потпишани во Хаг на 18 октомври 1907 како директни договорни обврски била значително намалена со вклучувањето на ‘клазулата за генерално учество’ во нив, во која се предвидувало дека Конвенцијата ќе биде обврзувачка само ако завојуваните страни биле нејзини договорни страни. Последицата на таа клазула, е, како задолжително право, да им го одземе на некои конвенции обврзувачкото дејство како директни договорни обврски, или од самиот почеток на војната или во текот на војната штом држава која не е договорничка, колку и да е безначајно нејзиното учество, стане завојувана страна. Иако обврската да се почитуваат одредбите на Конвенцијата како правно-обврзувачки договор може да биде без дејство како резултат на ‘клазулата за генерално учество’, или поинаку, конвенцијата останува како добар доказ за обичајното право на нациите, кој треба да се земе во предвид од страна на Трибуналот заедно со сите други достапни докази во утврдувањето на обичајното право кое ќе се примени во некоја дадена ситуација. ...“
7.Принципите од Нирнберг
122. Во средината на 1950 Комисијата за меѓународно право усвоила седум „Нирнбершки принципи“ во кои се резимираат „принципите на меѓународното право признати“ со Повелбата и пресудата на МВТ од Нирнберг:
„Принцип I: Секое лице кои ќе изврши акт кој претставува кривично дело според меѓународното право е одговорно за него и може да му биде изречена казна.
Принцип II: Фактот дека домашното право не предвидува казна за акт кој претставува кривично дело според меѓународното право не го ослободува лицето кое го извршило тој акт од одговорност според меѓународното право. ...
Принцип IV: Фактот дека лицето дејствувало по наредба на неговата Влада или надреден не го ослободува од одговорност според меѓународното право, под услов да имал можност за морална одлука.
Принцип V: Секое лице обвинето за кривично дело според меѓународното право има право на правично судење [во кое ќе се одлучи] за фактите и правото.
Принцип VI: Кривичните дела кои се подолу наведени се казниви како кривични дела според меѓународното право: ...
(б) Воени злосторства: Повреди на правилата и обичаите на војување Таквите повреди ќе вклучуваат, но, не се ограничени само на, убиство, малтретирање или депортација за принудна работа или за било која друга цел на цивилно население на или во окупирана територија, убиство или малтретирање на воени заробеници или бродоломници, убивање на заложници, уништување на јавна или приватна сопственост, намерно уништување на градови и села, или уништување кое не е оправдано со воена потреба; ...
Принцип VII: Соучесништво во извршувањето на кривично дело против мирот, воено злосторство, или кривично дело против човештвото наведени во Приниципот VI е кривично дело според меѓународното право.“
Ѓ.Кривично гонење на воени злосторства пред домашни органи, после Втората светска војна, за акти извршени во текот на таа војна
1.Законот бр. 10 за Контролниот совет – Казнување за воени злосторства, кривични дела против мирот и човештвото („Закон бр.10 за Контролниот совет“) и „Случајот на заложници“
123. Законот за Контролниот совет бр. 10 бил донесен од страна на Сојузничкиот совет кој раководел со Германија за да се воспостави изедначена лравна основа за кривично гонење на воени злосторници во Германија (не тие на кои им се судело во МВТ Нирнберг). Член 1 ги направил Московската декларација од 1943 и Лондонската спогодба од 1945 интегрален дел на законот. Член II (5) предвидувал:
„Во секое судење или кривично гонење за кривично дело кое е споменато во овој текст, обвинетиот ќе има право на одредбите за застареност во однос на временскиот период од 30 јануари 1933 до 1 јули 1945 ...“
124. Овој закон исто така прифатил акти, речиси идентични со член 6 (б) од Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал, како воени злосторства и предвидувал дека секое лице кое ќе изврши воено злосторство без разлика дали било главен извршител, соучесник, дали дало наредба или помогнало или се согласило да учествува во тоа кривично дело или било поврзано со плановите и активностите во однос на извршувањето на кривичното дело или било припадник на било која организација или група поврзана со неговото извршување. Исто така биле прецизирани и казните..
125. Во случајот Hostages (Wilhelm List)[13], обвинетите биле обвинети за воени злосторства против човештвото извршени во текот на Втората светска војна поврзани пред сѐ со воспоставувањето на систем на убиства на одмазда во окупирана територија и егзекуциии по куса постапка на италијански чети откако тие се предале. Во пресудата се воочувало дека со кривичните дела во Повелбата на МВТ во Нирнберг и Закон за Контролниот совет бр. 10 се декларирале постоечките правила и обичаи на војување.
126. Во пресудата било забележано дека List:
„имал дозвола да воспостави мир во земјата со воена сила; имал право да ги казни тие кои ги напаѓале неговите чети или ги саботирале транспортните и комуникациските врски како francs tireurs; ... Tоа значи, се разбира, дека фатени припадниците за тие незаконски групи немале право да бидат третирани како воени заробеници. Не можат да бидат правилно обвинети за ниту едно дело обвинетите за убивањето на тие заробени припадници на силите на отпорот, затоа што тие биле franc-tireurs.“
127. Во однос на воена потреба, во пресудата се воочува:
„Воената потреба дозволува на завојувана страна, под услов да се почитуваат правилата на војување, да примени сила од било кој обем и вид за да го принуди непријателот целосно да се покори со што е можно помало трошење на време, живот и пари. Генерално, дозволува примена на мерки кои се неопходни за да заштити безбедноста на оружените сили и да се осигура успехот на операциите. Дозволува одземање на живот на вооружени непријатели и други лица чие убивање е неизбежно во оружениот конфликт; дозволува заробување на вооружени непријатели и други лица кое се особено опасни; но, не дозволува убивање на невини жители заради одмазда или за задоволување на желба за убивање. Уништувањето на имот за да биде законско мора да биде наложено од воена потреба. Уништувањето како единствена цел е повреда на меѓународното право. Мора да постои некаква разумна врска помеѓу уништувањето на имот и победата врз непријателските сили.“
128. Иако судот морал да признае дека отсуството на формално објавување на војна помеѓу Германија и Италија довело до сериозни сомневања во однос на тоа дали убиените италијански офицери би имале право на статус на воени заробеници, тој го занемарил овој факти и заклучил дека егзекуциии по куса постапка биле „незаконски и потполно неоправдани“.
2. Други домашни судења
129. После Втората светска војна различни домашни судови одлучувале по обвиненија за акти извршени во текот на Втората светска војна. Тука спаѓале кривични гонења пред австралиски, британски, канадски, кинески, француски и норвешни воени и цивилни судови[14]. Сите повреди се однесувале на правилата на обичаите на војување и многу од нив се однесувале на неопходноста на правично судење пред казнувањето на осомничените за воени злосторства. Во определени пресуди било нагласено легитимното повикување на меѓународното право и обичаи на војување и се повикувале на правилата во однос на непотребно унштување на имот на цивили, незаконско носење на униформа на непријателот и индивидуална командна одговорност.
Е. Понатамошни конвенции
1. Конвенција за неприменливост на одредбите за застареност на воени злосторства („Конвенцијата од 1968“)
130. Во ноември 1968 Генерално собрание на ООН ја усвоило оваа Конвенција во одговор на стравовите кои биле изразени дека наводните воени злосторинци (од Втората светска војна) кои не биле сѐуште упасени би можеле да избгенат кривично гонење со протекот на време.
131. Конвенцијата од 1968 влегла во сила на 11 ноември 1970. Била ратификувана од страна на Советскиот Сојуз во 1969 и од страна на Латвија на 14 април 1992. Во делот во кој е релевантна за овој случај, Конвенцијата гласи:
„Преамбула
Воочувајќи дека ниту една од свечените декларации, инструменти или конвенции во врска со кривичното гонење и казнувањето на воени злосторства и злосторства против човештовото не содржи одредби за застарреност,
Земајќи во предвид дека воените злосторства и злосторствата против човештвото се помеѓу најтешките кривични дела во меѓународното право,
Убедени дека ефикасното казнување на воени злосторства и злосторства против човештвото е важен елемент на спречувањето на тие кривични дела, заштитата на човековите права и основни слободи, охрабрувањето на доверба, и унапредување на соработката помеѓу народите и промоција на меѓународниот мир и сигурност,
Воочувајќи дека примената на правилата за застареност од националното право за воени злосторства и злосторства против човештовото е прашање на сериозна загриженост на светското јавно мислење, затоа што тоа го спречува кривичното гонење и казнување на лицата одговорни за тие кривични дела,
Потврдувајќи дека е неопходно и дека дојде моментот да се потврди во меѓународното право, преку оваа Конвенција, принципот дека не постои застареност за воени злосторства и злосторства против човештвото, и да се обезбеди негова универзална примена.“
132. Член 1 од Конвенцијата од 1968 предвидува:
„Не застаруваат следните кривични дела, без оглед на датата на нивно извршување:
(a) Воени злосторства дефинирани во Повелбата на Меѓународниот воен трибунал, Нирнберг, од 8 август 1945 и потврдена со резолуциите 3 (I) oд 13 февруари1946 и 95 (I) oд 11 декември 1946 на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации, особено „тешките повреди“ наброени во Женевската конвенција од 12 август 1949 за зашттита на жртвите од војната. ...“
2.Eвропска конвенција за неприменливост на одредбите за застареност на злосторства против човештвото и воени злосторства („Конвенција од 1974“)
133. Оваа Конвенција се применува на кривични дела извршени пред нејзиното усвојување само ако релевантните кривични дела веќе не биле застарени. Само две држави ја потпишале Конвенцијата од 1974 во нејзината почетна фаза (Франција и Холандија) и влегла во сила во 2003 после третата ратификација (од страна на Белгија). Ниту СССР ниту Латвија ја ратификувале оваа Конвенција.
3. Дополнителниот Протокол на Женевските конвенции од 12 август 1949 („Дополнителниот Протокол од 1977“)
134. Дополнителниот Протокол на Женевските конвенции бил замислен за да ги развие и потврди многуте правила и обичаи на војување со оглед на староста на многу од правилата на кои тие биле засновани (особено, Хашката конвенција од 1907). Многу од неговите одредби се повторување на постоечки правила и обичаи на војување, додека пак останатите се од конститутивна природа.
135. Првите две „Основни правила“ на војување се опишани во член 35:
„1. Во секој оружен конфликт, правото на страните на конфликтот да изберат методи или средства за војување не е неограничено.
2. Забрането е да се користи оружје, проектили и материјали и методи на војување кои предизвикуваат непотребно повредување или страдање. ...“
136. Член 39 предвидува:
„чл 39. Државни обележја
1. Забрането е користење во оружен конфликт на знамиња или воени амблеми, обележја или униформи на неутрална држава или други држави кои се страни на конфликтот.
2. Забрането е користење во оружен конфликт на знамиња или воени амблеми, обележја или униформи на противниците при вршење на напади или со цел да се одбранат, заштитат или попречат воени операции.“
137. Член 41 ја потврдува заштита на борците кои се hors de combat:
„1. Лицето за кое е потврдено или за кое, во околностите, треба се потврди дека е ‘ hors de combat ‘ не може да биде предмет на напад.
2. Едно лице е ‘hors de combat’ ако:
(a) се наоѓа под власт на спротивставената страна;
(б) јасно ја изразува намерата да се предаде; или
(в) тој ја изгубил свеста или на друг начин е хендикепиран заради повреди или болест, и затоа не е во состојба да се брани себеси;
под услов дека во секој од тие случаи тој ќе се воздржи од каков било непријателски акт и не се обидува да побегне.“
138. Членот 48 го потврдува принципот на дистинкција:
„Со цел да се обезбеди почитување и зашттиа на цивилното населени и цивилни објекти, страните на конфликтот во секој момент ќе прават разлика помеѓу цивилното население и борците и помеѓу цивилни објекти и воени цели затоа ќе ги насочуваат нивните операции против воени цели.“
139. Членот 50 прифаќа дека цивилите се дефинирани преку неприпаѓање на оружени сили.
„1. Цивил е секое лице кое не припаѓа на една од категориите на лица споменати во членовите 4A (1), (2), (3) и (6) oд Третата конвенција и во член 43 од овој Протокол[15]. Во случај на сомневање дали некое лице е цивил, тоа лице ќе се смета дека е цивил.
2. Цивилното население се состои од сите лица кои се цивили.
3. Присуството помеѓу цивилното население на лица кои не влегуваат во дефиницијата на цивили не го одзема цивилниот карактер на насенението.“
140. Член 51 се однесувал на заштитата кој им е дадена на цивилите:
„1. Цивилното население и цивилите како поединци ќе уживаат генерална заштита против опасностите кои произлегуваат од воени операции. За да биде ефикасна оваа заштита, следните правила, кои се дополнување на важечките правила на меѓународното право, ќе се почитуваат во сите околности.
2. Цивилното население како такво, како и цивилите како поединци, нема да бидат предмет на напад. Акти или закани за насилство чија главна цел е да се тероризира цивилното население се забранети.
3. Цивилите ќе ја уживаат заштитата која им е дадена во овој дел, освен ако и сѐ додека не учестуваат директно во непријателствата.
141. Членот 52 ја потврдил нормата на обичајното право дека цивилен објект (кој не е воена цел) не смее да биде предмет на напад. Членот 52(3) воочува:
„Во случај на сомневање дали еден објект кој вообичаено е наменет за цивилни цели, како што е верски храм, куќа или друго живеалиште или училиште, се користи за ефикасен придонес кон воена акција, ќе се претпостави дека тој објект не се користи на тој начин.“
142. Член 75 дава заштита на лицата кои се под власт на завојуваната страна кои не ги исполнуваат условите за висока заштита (како што е статус на воен заробеник) според правилата на обичаите на војување.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 7 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
143. Жалителот се жалеше по член 7 од Конвенцијата дека тој бил жртва на ретроактивна примена на кривичниот закон. Тој тврдеше дека актите за кои бил осуден, во моментот на нивното извршување во 1944, не претставувале кривично дело и дека член 7 § 2 не можел да се примени затоа што наводните кривични дела не влегувале во неговиот опсег. Член 7 гласи:
„1. Никој не може да биде осуден за дело сторено со чинење или нечинење кое според внатрешното или меѓународното право, во моментот на извршувањето, не претставувало кривично дело. Исто така, изречената казна не може да биде потешка од онаа што се применувала во моментот на извршувањето на кривичното дело.
2. Овој член не влијае на пресудата или казната за лице кое е виновно за сторување или несторување, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично дело според општите правни начела признати од цивилизираните народи.“
A. Пресудата на Судскиот совет
144. Судскио совет го разгледал жалбениот навод на жалителот по член 7 § 1 oд Конвенцијата. Тој сметал дека член 68-3 oд Кривичниот законик од 1961 бил заснован меѓународното, а не на домашното право и дека релевантните меѓународни инструменти Хашката конвенција и прописи од 1907. Женевската конвенција (IV) од 1949 и Дополнителниот Протокол од 1977 биле усвоени после оспорените акти од мај 1941 и тие не можеле да се применат ретроактивно. Принципите на Хашката конвенција биле широко прифатени, универзални по природа и претставувале фундаментални обичајни правила на jus in bello и веќе во 1944 и се применувале на актите на жалителот.
145. При утврдувањето дали постоела задоволителна правна основа за осудата на жалителот за воени злосторства и дали жалителот разумно можел да предвиди дека постапките на неговата единица на 27 мај 1944 ќе го направат виновен за такви дела, Судскиот совет воочил дека областа на Мазие Бати била предмет на непријателства вклучително и од страна на латвиски помошни сили со германската администрација.
146. Понатаму Судскиот совет го оценил правниот статус на селаните и тој направил разлика помеѓу починатите мажи и жени. Судскиот совет заклучил дека жалителот имал легитимни причини да смета дека селаните од машки пол биле соработници на германските сили и, дури и ако тие не ги исполнувале сите елементи на дефиницијата на борец, jus in bello не ги сметало a contrario автоматски за „цивили“. Врз основа на тој правен статус на селаните и врз основа на тоа што жалителот бил „борец“, Судскиот совет одлучил дека не било докажано дека нападот од 27 мај 1944 бил per se во спротивност со правилата и обичаите на војување кодифицирани со Хашката конвенција, или, последователно, дека имало основа за осудување на жалителот како командир на единицата.
147. Во однос на убиените жени, ако и тие исто така и помагале на германската администрација, би се дошло до истиот заклучок. Во спротивност, ако тие биле убиени како последица на злоупотреба на овластување, тоа не можело да се смета за повреда на jus in bello и секакво кривично гонење за делата против нив според домашното право дефинитвно би било застарено од 1954. Би било спротивно со принципот на предвидливост да се казни жалителот после речиси половина век по завршувањето на временскиот период за застареност.
148. На крај, Судскиот совет сметал дека не било потребно да го разгледа случајот врз основа на член 7 § 2. Дури и ако член 7 § 2 бил применлив, операцијата од 27 мај 1944 не можела да се смета за „криминална според општите принципи на правото признати од цивилизираните народи.“
Б.Опсервации на странките и третите страни пред Главниот судски совет
1.Тужената Влада
149. Тужената Влада не се согласи со образложението и заклучокот на Судскиот совет.
150. Tаа сметаше дека случајот требало да се разгледа според член 7 § 1 oд Конвенцијата, затоа што актите на жалителот биле кривични дела според меѓународното и домашното право во времето на нивно извршување. Улогата на Судот според таа одредба била да утврди дали имало правна одредба во која се дефинираат определени акти како кривично дела формулирана доволно прецизно и која е достапна и, особено дали латвиските судови имале право да се повикуваат на член 68-3 oд Кривичниот законик од 1961 и, при тоа, да се повикаат на релевантни елементи на меѓународното право. Во тој однос, кривичното дело можело да биде дефинирано со пишано и непишано, домашно или меѓународно право и член 7 не забранувал такво постепено разјаснување на правилата за кривична одговорност преку судско толување сѐ додека резултатот од тоа толкување бил во согласност со битието на кривичното дело. Таквиот равој на кривичното право бил уште поважен кога демократска држава раководена од владеењето на правото наследила тоталитарен режим и остварувала обврски да започне кривични постапки против припадници на претходниот режим.
151. Сепак, тужената Влада сметаше дела Судскиот совет ги пречекорил границите на неговата супсидијарна улога променувајќи ја утврдената фактичка состојба од страна на домашните судови и заклучувајќи дека тие постапиле во согласност со член 6. Навистина, при повторно оценување на фактите, Судскиот совет пропуштил определени клучни факти во врска со настаните од 27 мај 1944 кои биле утврдени од Кривичниот оддел, потврдени од Сенатот на Врховниот суд, особено во однос на постоењето на пресуда на било каков Партизански суд за селаните на Мазие Бати. Во секој случај, таква пресуда на Партизански суд би била незаконска затоа што била донесена во отсуство и спротивно на основните принципи на правично судење. Тужената Влада тврдеше дека доставила писма до Судскиот совет во февруари 2008 од Канцеларијата на Главниот јавен обвинител (за постоењето на Партизански суд, улогата на Мазие Бати и селаните во одбраната на Германците и зошто им било доделено оружје на селаните) и ги поднесе истите писма и до Големиот судски совет.
152. Понатаму, и врз основа на детални поднесоци, тужената Влада тврдеше дека Судот треба да ги земе во предвид пошироките историски и политички настани пред и по Втората светска војна и, особено, дека советската окупација на Латвија во 1940 била незаконска и, иако прекината од еднакво незаконската германска окупација од 1941-1944, таа сеуште постоела сѐ додека не била вратена независноста во раните деведесетти. Во текот на советската окупација, Латвија била спречена да ги извршува своите суверени овластувања, вклучително и своите меѓународни обврски. Покрај стравот на локалното население од партизаните, било искривување на настаните, тврдењето на жалителот дека настаните од 27 мај 1944 во Мазие Бати били инцидент од граѓанска војна, а не дел од оружен меѓународен конфликт помеѓу силите на Оската и, помеѓу другите, СССР.
153. Иако Судот имал надлежност да примени релевантни принципи на меѓународното право, тужената Влада не се согласи со начинот на кој Судскиот совет го применил меѓународното право. Тој занемарил или погрешно применил неколку важни извори на меѓународното право и некои принципи кои од нив произлегуваат вклучувајќи ги критериумите за дефинирање на цивили и стандардот за хумано постапување кој треба да им биде обезбеден, принципот дека губењето на статус на цивил не значел и губење на меѓународна хуманитарна заштита, границите на воена неопходност и забраната за подмолни дела. Напротив, тужената Влада тврдеше, повикувајќи се во голем дел на современите конвенции и декларации како и на Повелбата и пресудата на МВТ Нирнберг, дека жалителот очигледно бил виновен за воени злосторства како што биле сфатени во 1944.
154. Иако прифаќајќи дека принципот на дистинкција не бил сосема јасно прашање во 1944, таа тврдеше дела јасно било дека селаните на Мазие Бати биле „цивили“: дури и ако лицата биле вооружени, дури и ако гледале со симпатии кон нацистичка окупација и дури ако тие припаѓале на некоја полициска организација, тие не го изгубиле нивниот статус на цивили. Во секој случај, дури и ако тие го изгубиле тој статус и да требало да се сметаат за „борци“, не било допуштено нивни егзекуциии по куса постапка и убиство на било кое лице hors de combat освен ако се одржало правично судење (а немало доказ дека тоа било случај) во кое било утврдено дека тие навистина биле вмешани во кривично дело. Понатаму, не станувало збор за законски акти на „законски репресалии на завојувана страна“ затоа што, помеѓу останатото, таквите дејствија биле забранети против воени заробеници уште со Женевската конвенција од 1929 и, во однос на цивили, и никогаш не било сугерирано дека и самите селани извршиле воени злосторства.
155. Понатаму, актите на жалителите во 1944 (и после 1944) претставувале кривични дела според домашното право. Одредбите од Кривичниот законик од 1926 (усвоен во 1940 со декрет на Врховниот совет на ССР Латвија, во сила до 1991 и повторно воведен во 1993) ги пропишувале како казниви дела и прецизирале казни за повреди на правилата и обичаите на војување и тие одредби биле доволно јасни и достапни. Периодот на недореченост од септември 1991 до април 1993 не бил од особено значење затоа што Латвија имала меѓународна обврска кривично да гони поединци врз основа на постоечкото меѓународно право.
156. Не било релевантно дали жалителот бил извршител зато пто тој имал командна одговорност.
157. Ниту неговата осуда била застарена со оглед на, помеѓу останатото, член 14 (и официјалните забелешки) од Кривичниот законик од 1926, член 45 од Кривичниот законик од 1961 и член 1 од Конвенцијата од 1968, чие ретроактивно дејство било признато од овој Суд.
158. Со оглед на горенаведеното, очигледно можело објективно да се предвиди во 1944 дека актите на жалителот биле криминални и дека не било потребно да се докаже дека тој бил свесен за секој елемент на прецизната правна квалификација на неговите акти. Неговата верзија на фактите (дека тој настојувал да ги уапси селаните после осуда од страна на Партизански суд) сугерирала признавање тој бил свесен во тоа време дека оспорените постапки (убивање наместо апсење) биле криминални. Неговата осуда исто така можела објективно да се предвиди со оглед на, помеѓу останатото, декларациите на определени држави во текот на Втората свестка воја и меѓународното и домашното кривично гонење во текот на и веднаш после војната, во кои постапки биле во значителна мерка вклучени советските власти.
Фактот што тој бил советски воен херој со години покасно не бил релевантен: клучното прашање било дали можело разумно да се предвиди во 1944 дека актите биле воени злосторства, а не дека неговата поволна политичка ситуација би го исклучила неговото кривично гонење. Не можело да го одбрани ниту тврдењето дека други лица извршиле воени злосторства за да избегне кривична одговорност, освен ако отстапувањето од принципот од други држави било доволно да претставува доказ за промена на меѓународните практики и обичаи.
159. Во спротивно, кривичните дела на жалителот претставувале кривични дела според „општите принципи на правото признати од цивилизираните нации“ во смисла на член 7 § 2 oд Конвенцијата. Ова одредба била исто така предвидена за да се елиминира секое сомневање во однос на валидноста на кривичното гонење после Втората светска воја од меѓународните воени трибунали и, со оглед на тоа што подоцнежната меѓународна и домашна практика ја потврдила универзалната валидност на меѓународните воени трибунали и нивните принципи, таквата улога на член 7 § 2 сега веќе не била во функција. Дали тие „општи принципи“ биле примарен или секундарен извор на меѓународното право, тие произлегле од националните системи за да ги пополнат празнините во позитивното и обичајното меѓународно право. Во отсуство на каков било консензус во однос на прегледот на националните системи кои се должни да воспостават такви принципи, тужената Влада анализирала јурисдикции кои, до 1944, веќе се изјасниле по темата на воени злосторства, како кривичните законици на Латвија и СССР. Воочувајќи дека домашните судови и трибунали се повикале на воспоставените принципи на меѓународното право при одлучување за повреди на правилата и обичаите на војување, тужената Влада тврдеше дека општите принципи на правото ги признавале актите на жалителот како криминални за да сегашните домашн судови може да ги употребат тие принципи.
2.Жалителот
160. Жалителот се согласи со образложението и заклучоците на Судскиот совет, тврдејќи дека тој не бил виновен за кривично дело според домашното право, меѓународното право или според општите принципи на правото признати од цивилизираните нации.
161. Тој го оспори тврдењето дека Судскиот совет ги пречекорил границите на својата надлежност и неправилно одлучил за одредени факти. Напротив, тој тврдеше дека тужената Владата пред Големиот судски совет погрешно ги претставила и погрешно се повикала на фактите утврдени од Судскиот совет.
162. Пред Големиот судски совет тој ја презентираше својата верзија на околностите во врска со убивањето во февруари 1944 на припаднците на групата партизани на мајорот Чугунов. Таа група се сокрила во амбарот на Meikuls Krupniks а починатите селани учествувале во предавањето на групата партизани во рацете на wehrmacht со измама: тие се преправале дека ги чуваат партизаните но, ги информирале wehrmacht кои биле во близина. Следниот ден пристигнале германските војници, и врз основа на детални информации од три жени во селото, ги убиле сите припадници на групата на Чугунов. Некои жени, вклучувајќи ја мајката на Meikuls Krupniks, соблекувале делови од облеката од телата на убиените партизани. Селаните за кои станува збор биле наградени од германската воена администрација со дрво за огрев, шеќер, алкохол и пари. Селанец кој бил заробен од други партизани покасно ги кажал имињата на селаните кои ја предале единицата на мајорот Чугунов.
Тој повтори дека дејствувал врз основа на одлука на ад хок Партизански трибунал чие постоење било докажано. Тој трибунал ивршил истрага, ги идентификувал селаните од Мазие Бати кои ја предале групата на мајорот Чугунови и ги осудил на смрт. Неговата единица добила задача да ги изведе осудените лица пред тој трибунал. Сепак, тој исто така појасни пред Големиот судски совет дека, со оглед на условите за борба кои постоеле во тоа време, неговата единица не би можела да ги зароби селаните и да ги чува како заробеници (тие биле пречка во војувањето и смртоносна опасност за партизаните) ниту пак би било возможно да се доведат селаните пред Партизанскиот трибунал.
163. Жалителот сметаше дека неговите права по член 7 § 1 биле повредени. Гаранциите според таа одредба биле од најголемо значење и тие морале да се толкуваат и применат на начин кој обезбедува ефикасна заштита против арбитрерно кривично гонење и судења. Член 7 § 2 не бил применлив затоа што наводните кривични дела не влегувале во неговиот опсег.
164. Во однос на дефинцијата на воено злосторство, жалителот во суштина се повика на Хашката конвенција и прописи од 1907 како и на Повелбата и пресудата на МВТ Нирнберг и тој исклучил повикување на Женевските конвенции од 1949 и Дополнителниот Протокол затоа што тие биле усвоени после настаните. Со оглед на тоа што воено злосторство било дефинирано како злосторство извршено против цивилно население, од страна на окупатор и на окупирана територија, оспорените акти не можеле да се сметаат за воени злосторства според меѓународното право или општите принципи на правото признати од цивилизираните нации, од следните причини.
165. Најпрво, селаните не биле цивили. Писмата од февруари 2008 од Канцеларијата на Главниот обвинител биле непрецизни, несоодветни и неточни затоа што со нив се сугерирало дека тој, обвинетиот, морал да ја поткрепи со докази неговата одбрана иако обвинителството било должно да ги докаже своите обвинеија. Тој сепак достави нови документи (од четириесетите години на минатиот век и од латвискиот државен архив) пред Големиот судски совет за кои сметал дека докажувале повеќе прашања: план на одбранбените точки на Германците вклучувајчи го и Мазие Бати; дека нацистичката администрација забранувала „цивилите“ да носат оружје и, затоа што тие им дале оружје на селаните од Мазие Бати, јасно било дека селото учествувало во воени операции и било важен центар на германската одбрана; дека починатите селани (особено членовите на семејството на Bernards Šķirmants, Ambrozs Buls и Meikuls Krupniks) во определен момент се приклучиле на aizsargi, и дека aizsargi редовно учествувале во анти-семитски и партизански убиства во Латвија. Тој понатаму тврдеше дека Bernards Šķirmants и Meikuls Krupniks биле Schutzmänner.
Накусо, селаните биле или aizargi или Schutzmänner. Tие затоа биле вооружени од, и биле во активна служба на, германската воена администрација: нивното предавство на групата на мајорот Чугунов не било акт на самоодбрана туку акт на соработка со Германците. Тие не можеле да се сметаат за дел од цивилното население и станале легитимна воена цел. Единицата на жалителот, чии припадници биле борци, имале право да ги казнат.
166. Второ, Латвија законски била една од републиките на СССР од 1940 и било спротивно на историските факти и на здравиот разум да се тврди поинаку. Декларацијата од 4 мај 1990 и неговата осуда биле замислени за да постигнат осуда за анексирањето на Латвија во 1940 како незаконски, а не желба да се исполнат меѓународните обврски за гонење на воени злосторници. На 27 мај 1944 тој бил борец која ја бранел територијата на неговата држава од Германија и од други граѓани на СССР кои активно соработувале со Германија (повикувајќи се на пресудата на Регионалниот суд во Латгале). Со оглед на тоа што СССР не бил окупатор, жалителот не може да биде извршител на воено злосторство. Тој ги сметал за историски неточни ставовите на тужената и литванската Влада кои го изедначуваат законското припојување на Латвија во 1940 со германската окупација во 1941. Единствените две опции кои ги имале Латвијците во 1944 биле да бидат против Германија или против СССР: тој се борел против нацистичките сили со СССР за да ја ослободи Латвија а селаните дејствувале против нив заедно со нацистите.
167. Tрето, немало Глава за воени злосторства во Кривичниот законик од 1926 и повикувањето на тужената Влада на воени кривични дела во Глава IX на тој законик било погрешно затоа што „воените кривични дела“ биле повреди на воспоставениот ред на воената служба и требало да се разликуваат од „воени злосторства“. Тој забележал дека кривичната одговорност била вклучена во Кривичниот законик од 1926 за неизвршување на наредба (член 193-3).
168. Понатаму, едноставно не можело да се предвиди дека тој ќе биде кривично гонет за воени злосторства. Неговото судење било без преседан: тоа било прв пат војник, кој се борел против силите на Оската, да биде предмет на кривично обвинение речиси 50 години покасно. Тој имал само 19 години кога, врз основа на различните меѓународни договори и вооружени конфликти за кои не бил одговорен, тој се борел како член на коалицијата против Хителер. На 27 мај 1944 тој сфатил (повикувајќи се на пресудата на Регионалниот суд во Латгале) дека тој ја бранел Латвија како дел од СССР и тој никако не можел да замисли дека Латвија неколку декади покасно ќе смета дека била незаконски окупирана од СССР и дека неговите постапки ќе се сметаат за криминални. Тој се согласи со заклучокот на Судскиот совет дека не можел да предвиди дека тој ќе биде осуден според домашното право.
169. На крај, тој исто така тврдеше дека Големиот судски совет треба повторно да ги разгледа неговите жалбени наводи според членовите 3, 5, 6, 13, 15 и 18 кои биле прогласени за недопуштени со одлука на Судскиот совет од 20 септември 2007.
3.Влади кои се вмешале како трети страни
(a) Владата на Руската Федерација
170. Оваа Влада се согласи со образложението и заклучокот на Судскиот совет.
171. Tаа тврдеше дека случајот требало да се разгледа според член 7 § 1 и дека не било потребно да го разгледа според член 7 § 2. Едно лице не можело да се смета дека има кривична одговорност според „општите принципи“ споменати во член 7 § 2, освен во сосема исклучителните околности после Втората светска војна. Тие принципи би можеле да имаат определена важност како извор на принципите на меѓународното кривично право, но, нивната релевантност била намалена со напредокот на договорното право. Развојот на меѓународно право кое ја регулира кривичната одговорност на поединци бил релативно нов феномен и дури во деведесетите, со основањето на меѓународните воени трибунали, можело да се каже дека се развил режим на меѓународно кривично право.
172. Жалителот бил осуден спротивно на член 7 § 1 затоа што неговите акти не биле кривично дело според домашното и меѓународното право во 1944. Домашните судови всушност направиле повеќе грешки.
173. Најпрво, тие примениле несоодветни законски норми во случајот. Ниту Кривичниот законик од 1961 ниту новите членови воведени во 1993 биле во сила во 1944 или, со оглед на новиот кривичен законик усвоен во 1998, во 2000 или 2004.
Член 14 oд Кривичниот законик од 1926, усвоен од Латвија откако станала дел од СССР, предвидувал временски период на застареност од десет години за кривично гонење и не содржел одредби во врска со воени злосторства.
174. Второ, ако Хашката конвенција и прописи од 1907 претставувале обичајно меѓународно право во 1944, тие не давале основа за негово кривично гонење. Само во Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал се дефинирала личната одговорност и, дури и тогаш, се однесувала само на воени злосторници на Оската.
Дури и ако Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал била процес на кодификација, жалителот не бил виновен за воени злосторства. Тоа било така затоа што тој бил обврзан со тие инструменти само во однос на меѓународниот оружен конфликт помеѓу Германија и СССР, а не во однос на акти помеѓу сограѓани на истата држава. Латвија била de jure дел од СССР 1944 а селаните (иако de facto под насоки на Германија) биле de jure советски граѓани и на тој начин тој и селаните имале државјанство на СССР. Спротивно на тврдењата на тужената и литванската Влада, Судот не бил надлежен да ја преоцени историјата а особено припојувањето на Латвија кон СССР во 1940. Тие се повикаа на “релевантни правно-обврзувачки инструменти на меѓународното право“ (во кои бил признат суверенитетот на СССР на целата територија) и на средби после Втората светска војна (на кој бил воспоставен пост-воениот поредок преку согласност помеѓу САД и Обединетото Кралство). Земајќи ги во предвид релевантните критериуми на меѓународното право при дефинирањето на „окупација“, СССР не бил окупатор во Латвија во 1944.
Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал не значела дека актите на жалителот биле воени злосторства заради статусот на борец на жалителот и починатите селани, а Владата Руската Федерација го оспорила тврдењето на тужената и литванската Влада во однос на правниот статус на селаните. Со оглед на принципот на дистинкција и критериумите за дефинирање на борец (помеѓу останатото, член 1 од Хашките прописи од 1907), тој биле борец обучен, вооружен и дејствувал во извршување на пресуда на ад хок Партизански трибунал во име на советската воена администрација. Селаните, биле дел од воена формација, вооружени и активно соработувале со германската воена администрација. Како доброволни соработници, селаните активно учестувале во непријателствата и затоа ги исполнувале сите критериуми за да бидат борци (или, во најдобар случај, незаконски соработници со непријателот) и затоа биле легитимни воени цели. На крај, ниту еден од релевантните меѓународните инструменти кои покасно биле усвоени (Женевските конвенции од 1949 или Дополнителниот Протокол од 1977) не можеле да се применат ретроактивно.
175. Трето, општиот принцип на неприменливост на одредбите за застареност за воени злосторства не бил применлив на актите на жалителот од 1944: воените злосторства станале ‘меѓународни кривични дела’ со создавањето на меѓународните воени трибунали после Втората светска војна што значи дека принципот бил применлив само после основањето на меѓународните воени трибунали (освен за воени злосторници на Оската). Конвенцијата од 1968 не можела да се примени затоа што, како што било наведено погоре, жалителот дејствувал против граѓани на СССР и затоа неговите акти не можеле да претставуваат воени злосторства.
176. Заради сите горенаведени причини, жалителот не можел да предвиди дека ќе биде гонет кривично за воени злосторства за неговите дела од 27 мај 1944. Понатаму, како граѓанин на Советскиот Сојуз тој не можел да предвиди дека после 40 години, живеејќи на истатата територија, тој ќе биде жител на друга држава (Латвија) која ќе донесе закон со кој ќе се предвидат како кривични дела актите за кои тој не бил кривично одговорен во 1944.
177. На крај, Владата на Руската Федерација ги оспори, помеѓу останатото, фактичките прашања поставени од латвиската Влада пред Големиот судски совет. Дури и ако Судскиот совет ги пречекорил границите на својата надлежност (во однос на фактите и правното толкување), тоа не менувало ништо. Ако Големиот судски совет се повикал на фактите на домашните судови и ги прочитал, наместо да ги толкува, релевантните меѓународни и домашни норми, исходот би можел да биде ист со одлуката на Судскиот совет. Политичките одлуки и интереси не можеле да ја променат правната квалификација на актите на жалителот.
(б)Литванската Влада
178. Литванската Влада даде мислење во однос на две прашања.
179. Првото прашање се однесуваше на правниот статус на балтичките држави во текот на Втората светска војна и други поврзани прашања од меѓународното право. Спротивно на член 118 од пресудата на Судскиот совет, литванската Влада сметаше дека ова прашање морало да се земе во предвид при анализарањето особено на правниот статус на оружените сили во балтичките држави во тоа време. Навистина, овој Суд веќе потврдил дека сите три балтички држави ја изгубиле нивната независност како резултат на Рибентроп-Молотовиот Пакт (Договор за ненапаѓање од 1930 и неговиот таен Протокол, Договорот за границите и пријателски односи од 1939 и неговиот таен Протокол како и третиот таен нацистичко-советски Протокол од 10 јануари 1941): Пактот бил неспорен историски факт, незаконски договор за агресија против, помеѓу останатите, балтичките држави и довел до нивна незаконска окупација од страна на советските сили. Практично, советската инвазија на балтичките држави во јуни 1940 била акт на агресија во смисла на Лондонската конвенција за дефинирање на агресија од 1933 и Конвенцијата помеѓу Литванија и СССР за дефинирање на агресија од 1933. Недоброволно дадената согласност на балтичките држави соочени со советската агресија не го озаконувала актот на воена агресија.
И самиот СССР порано то гретирал anschluss како меѓународно кривично дело. Понатаму, во 1989 СССР ја признал (Резолуција за политичка и судска оцена на советско-германскиот договор за ненапаѓање од 1939) својата незаконска воена агресија против балтичките држави. Произлегле два заклучока: СССР не стекнал никакви суверени права врз балтичките држави како балтичките држави би биле според меѓународното право легитимен дел од СССР и, дополнително, балтичките држави и натаму постоеле како меѓународни правни лица после агресијата од 1944 од страна на СССР која агресија довела до незаконска окупација на балтичките држави.
Применувајќи ги тие заклучоци врз овој случај, литванската Влада тврдеше дела балтичките држави претрпеле агресија од СССР и Нацистичка Германија: пресудата на МВТ во Нирнберг ја карактеризирала агресијата на начин да ги третира и двата агресори на ист начин. Балтичките народи немале особена причина да се наклонети кон било кој нив и, навистина, имале рационален страв од двата агресори (и во овој поглед, тие се согласуваат со параграф 130 од пресудата на Судскиот совет со оглед на утврдениот историски факт на кривичните дела на СССР во балтичките држави), така што степенот на соработка со еден од агресорите во самоодбрана не требало да се третира на различен начин. Народите на балтичките држави не можело да се смета дека биле советски граѓани, затоа што тие го задржале нивното државјанство на балтичка држава според меѓународното право, туку тие биле жители на окупирана држава кои барале безбедност од двете окупаторски сили.
180. Второто прашање се однесуваше на карактеризацијата, според меѓународното хуминатарно и кривично право, на казнените акти на советските сили против локалното балтичко население и, особено, дали тие жители можеле да се сметаат како „борци“.
Релевантн биле повеќе инструменти, покрај Хашката конвенција и прописи од 1907, особено Женевската конвенција (IV) од 1949 и Дополнителниот Протокол од 1977. Принципот дека постои фундаментална разлика помеѓу оружените сили (борци) и мирољубивото население (цивили) бил суштински принцип на хуманитарното право до 1944 а цивилите уживале заштита од воен напад (цитирајќи ја Де Мартенсовата клаузуча, види параграфи 86-87 погоре). Селаните на ги исполнувале критериумите со кои се дефинираат борците и затоа не биле законита воена цел. Дури и ако имало некој обем на соработка на селаните со германските сили, тие мора сеуште да имаат цивилна заштита освен ако не ги исполнувале критериумите од дефиницијата на борец: спротивниот став би го оставил цивилното население на милост на воените команданти кои би можеле арбитрерно да одлучат дека тие биле борци и затоа и легитимна воена цел. Убивањето на жени, освен ако тие учествувале во непријателствата како борци, не било оправдано во ниту едни околности, затоа што секогаш би било спротивно на најелементарните согледувања и закони на човештвото и барања на јавната совест и Владата особено не се согласи со параграфите 141 и 142 од пресудата на Судскиот совет.
181. Владата затоа тврдеше дека казнените акции на советските сили против локалното население на окупираните балтички држави претставувале воени злосторства спротивни на позитивното и обичајното меѓународно право и општите принципи на правото признати од цивилизираните нации. Кривичното гонење за тие акти не било спротивно на член 7 од Конвенцијата.
В.Оцена на Големиот судски совет
1.Предлогот на жалителот повторно да се разгледаат жалбените наводи кои биле прогласени за недопуштени од страна на Судскиот совет
182. Во неговата одлука од 20 септември 2007, Судскиот совет го прогласи за допуштен жалбениот навод по член 7 од Конвенцијата а за недопуштени жалбените наводи поднесени по членовите 3, 5 (во врска со член 18), 6 § 1, 13 и 15 oд Конвенцијата. Жалителот тврдеше дека Големиот судски совет треба да ги преотвори и оцени тие жалбени наводи кои биле прогласени за недопуштени.
183. Големиот судски совет забележува дека одлуката на Советот со која се прогласуваат горенаведените жалбени наводи за недопуштени е конечна одлука: тој дел од жалбата затоа, не се разгледува од Големиот судски совет (види K. and T. v. Finland, no. 25702/94, § 141, ECHR 2001-VII, и Šilih v. Slovenia, no. 71463/01, §§ 119-121, 9 April 2009).
184. Затоа, Големиот судски совет ќе продолжи со разгледување на тој дел од жалбата кој беше прогласен за допуштен од Судскиот совет имено, жалбениот навод по член 7 од Конвенцијата.
2. Општи принципи на Конвенцијата
185. Гаранцијата изразена во член 7, суштински елемент на владеењето на правото, зазема важно место во системот на заштита на Конвенцијата, што е нагласено со фактот дека не е дозволена дерогација по член 15 во време на војна или друга јавна воена состојба. Тој треба да биде сфатен и применет, на начин кој произлегува од неговата цел и намена, за да обезбеди ефикасни заштитни мерки против арбитрерно кривично гонење, осуда и казнување. Затоа, член 7 не е ограничен само на забранување на ретроактивна примена на кривичниот закон на штета на обвинетиот: тој исто така го содржи, поопшто, и принципт дека само со закон може да се дефинира кривично дело и дека само со заком може да се пропише казна (nullum crimen, nulla poena sine lege) и принципот дека кривичниот закон не смее екстензивно да се толкува на штета на обвинетото лице, на пример преку аналогија. Следува дека едно кривично дело мора јасно да биде дефинирано со законот. Овој услов е исполнет кога поединецот може да знае од формулацијата на релевантната одредба – и, ако е потребно, со помош на нејзинот судско толкување или совет од адвокат – кои акти и несторувања ќе доведат до тоа тој да биде кривично одговорен.
Кога зборува за „закон“, член 7 алудира на истиот концепт на кој Конвенцијата се повикува во други членови кога го користи тој термин, концепт кој вклучува пишано и непишано право и кој подразбира квалитативни услови, особено тие на достапност и предвидливост. Во однос особено на предвидливоста, Судот потсетука дека колку и да е јасно изработена една правна одредба во било кој правен систем вклучувајќи го и кривичното право, постои неизбежен елемент на судско толкување. Секогаш ќе постои потреба за расветлување на неодредени прашања и за прилагодување на околности кои се менуваат. Навистина, во некои држави членки, прогресивниот развој на кривичното право преку создавање на правото од страна на судовите, е длабоко вкоренет и потребен дел од правната традиција. Член 7 од Конвенцијата не може да се сфати дека го забранува постепеното појаснување на правилата за кривична одговорност преку судско толкување од случај до случај, под услов резултатот до кој ќе се дојде да е во согласност со битието на кривичното дело и да може разумно да се предвиди (Streletz, Kessler and Krenz v. Germany [GC], nos. 34044/96, 35532/97 and 44801/98, § 50, ECHR 2001‑II; K.-H.W. v. Germany [GC], no. 37201/97, § 85, ECHR 2001‑II (extracts); Jorgic v. Germany, no. 74613/01, §§ 101-109, 12 July 2007; и Korbely v. Hungary [GC], no. 9174/02, §§ 69-71, 19 September 2008).
186. На крај, двата параграфи на член 7 се меѓусебно поврзани и треба да се толкуваат на усогласен начин (Tess v. Latvia (dec.), no. 34854/02, 12 December 2002). Со оглед на предметот на случајот и повикувањето на правилата и обичаите на војување на начин на кој тие биле применувани пред и во текот на Втората светска војна, Судот смета дека е релевантно да се потсети дека travaux préparatoires за Конвенцијата посочуваат дека целта на вториот параграф на член 7 бил да се прецизира дека член 7 не влијале врз закони кои, во исклучителните околности на крајот на Втората светска војна, биле донесени за да се казнат, помеѓу останатото, воените злосторства така што член 7 на ниту еден начин нема за цел да дава морална или правна оцена на тие закони (X. v. Belgium, no 268/57, Commission decision of 20 July 1957, Yearbook 1, p. 241). Во секој случај, Судот понатаму воочува дека дефиницијата на воени злосторства содржана во член 6 (б) од Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал било заклучено дека ги декларира меѓународните правила и обичаи на војување на начинот на кој биле сфатени во 1939 (види параграф 118 погоре, параграф 207 подолу).
187. Судот прво ќе го разгледа случајот по член 7 § 1 oд Конвенцијата. Тој не треба да одлучи за индивидуалната кривична одговорност на жалителот, што е пред сѐ прашање на оцена на домашните судови. Неговата функција според член 7 § 1 е двојна: прво, да разгледа дали имало доволно јасна правна основа, земајќи го во предвид законот кој важел на 27 мај 1944, за осудата на жалителот за воени злосторства, и, второ, тој мора да разгледа дали тие кривични дела била дефинирани во закон кој бил доволно достапен и предвидилив за да жалителот можел да знае на 27 мај 1944 кои акти и несторувања би довеле до негова кривична одговорност за такви кривични дела и соодветно да го регулира неговото однесување (Streletz, Kessler and Krenz, § 51; K.-H. W. v. Germany, § 46; и Korbely v. Hungary, § 73, сите пресуди се цитирани погоре).
3. Релевантните факти
188. Пред да ги разгледа овие две прашања, Судот ќе одговори на несогласувањето помеѓу странките и третите страни во однос на фактите.
189. Судот потсетува дека, во принцип, тој не треба да ги замени домашните судови. Неговата должност, во согласност со член 19 од Конвенцијата, е да осигура почитвање на обврските преземени од договорните страни на Конвенцијата. Со оглед на супсидијарниот карактер на системот на Конвенцијата не е задача на Судот да одлучува за наводни грешки во однос на фактите направени од домашен суд, освен и само ако тие повредиле права и слободи заштитени со Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Schenk v. Switzerland, judgment of 12 July 1988, Series A no. 140, p. 29, § 45; Streletz, Kessler and Krenz, цитиран погоре, § 49; и Jorgic, цитиран погоре, § 102) и освен ако домашната судска оцена е очигледно арбитрерна.
190. Судскиот совет со конечна одлука одлучи дека судењето на жалителот било во согласност со условите на член 6 § 1 oд Конвенцијата (параграфи 182-184 погоре). Во контекст на жалбениот навод по член 7, и како што посочи Судскиот совет, Големиот судски совет нема причина да го оспори фактичкиот опис на настаните од 27 мај 1944 наведен во домашните одлуки имено, пресудата на Кривичниот оддел од 20 април 2004, потврдена по жалба од Сенатот на Врховниот суд.
191. Фактите утврдени од домашните судови во однос на настаните од 27 мај 1944 се резимирани погоре (параграфи 15-20) и Судот ги издвојува следните клучни елементи. Кога единицата на жалителот влегла во Мазие Бати, селаните не учествувале во непријателства: тие се подготвувале да го прослават празникот Пентекост и сите починати селани биле најдени од партизаните во своите домови (еден во неговата бања а друг во неговиот кревет). Иако во домовите на починатите селани било најдено оружје и муниција обезбедено од германската воена администрација, ниту еден од тие селани не носеле со себе оружје или муниција. Судскиот совет (параграф 127) заклучил дека тој факт бил од мало значење но, од причини наведени подолу, Големиот судски совет смета дека тој факт е важен. Иако жалителот тврдеше пред Големиот судски совет дека никој не бил жив запален, домашните судови утврдиле дека четири лица починали во запалените објекти на фармите, од кои три лица биле од женски пол. На крај, ниту еден од селаните не се обидел да побегне или да даде каков било отпор на партизаните, така што, пред да бидат убиени, сите биле невооружени, не давале отпор и биле под контрола на единицата на жалителот.
192. Домашните судови отфрлиле определени тврдења на жалителот во однос на фактите. Не било утврдено дека починатите селани ја предале единицата на мајорот Чугунов туку дека Meikuls Krupniks ја предал таа единица на германските сили, воочувајќи дека присуството на едницата во неговиот амбар било опасно за неговото семејство. Документите од архивите не покажале дека починатите селани биле Schutzmänner (германски помошна полиција) туку само дека Bernards Šķirmants и неговата сопруга биле aizsargi (Латвиска Национална гарда). Исто така не било утврдено зошто на селаните им било дадено оружје од германската воена администрација (дали како награда за информации во врска со единицата на мајорот Чугунов или затоа што биле Schutzmänner, aizsargi или затоа што имале друг формален статус на помагачи).
193. Странките, како и Владата на Руската Федерација, продолжија да спорат за овие прашања пред Судот, а жалителот поднесе нови материјали од државните архиви на Латвија пред Големиот судски совет. Судот воочува дека спорните факти се однесуваат на степенот на учество на починатите селани во непријателствата (или преку предавство на единицата на мајорот Чугунов или како Schutzmänner, aizsargi или друг формален статус на помагачи) и, последователно, нивниот правен статус и законско право на заштита. Домашните судови одлучиле дека селаните биле „цивили“; анализа подржана од латвиската Влада. Анализирајќи определени заклучоци на домашните судови во однос на фактите, Судскиот совет сметал дека селаните од машки пол биле „соработници“, доаѓајќи до друг заклучок за жените. Жалителот, како и Владата на Руската федерација сметаа дека селаните биле „борци“.
194. Со оглед на спорот опишан погоре, Големиот судски совет, од своја страна, ќе ја започне својата анализа врз основа на претпоставка која е најповолна за жалителот: дека починатите селани спаѓале во категоријата на „цивили кои учествувале во непријателсвата“ (преку пренесување на информации на германската администрација како што се наведува, акт кој би можел да се дефинира како „воено предавство“) или дека тие имале правен статус на борци (врз основа на наводната улога на помагачи).
195. Судот појаснува дека селаните не биле franc tireurs со оглед на карактерот на наводните активности кои довеле до нападот и затоа што тие, во релевантниот период, не учестввуале во какви било непријателства[16]. Поимот levée en masse не може да се примени со оглед на тоа што Мазие Бати веќе било под германска окупација[17].
4. Дали постоела доволно јасна правна основа во 1944 за кривичните дела за кои жалителот бил осуден?
196. Жалителот бил осуден по член 68-3 од Кривичниот законик од 1961, одредба воведена од Врховниот совет на 6 април 1993. Иако воочувајќи определени акти како примери за повреди на правилата и обичаите на војување, тој се повикал на „релевантни правни конвенции“ за прецизна дефиниција на воени злосторства (параграф 48 погоре). Неговата осуда за воени злосторства била, затоа, заснована на меѓународното, а не на домашното право и мора, според Судот, да се испита пред сѐ од тој аспект.
197. Судот потсетува дека е пред сѐ на националните органи, особено судовите, да ги разрешат проблемите на толкување на домашно законодавство така што неговата улога е органичена на утврдување дали последиците од тоа толкување се во согласност со Конвенцијата (види Waite and Kennedy v. Germany [GC], no. 26083/94, § 54, ECHR 1999‑I, и Korbely, цитиран погоре, § 72).
198. Сепак, Големиот судски совет се согласува со Судскиот совет дека овластувањата за оцена на Судот мора да бидат пошироки кога самото право од Конвенцијата, член 7 во овој случај, наложува да има правна основа за осуда и санкција. Член 7 § 1 наложува Судот да оцени дали имало правна основа за осудата на жалителот во тоа време и, особено, мора да заклучи дека резултатот до кој дошле релевантните домашни судови (осуда за воени злосторства врз основа на член 68-3 од поранешниот Кривичен законик бил во согласност со член 7 од Конвенцијата, дури и ако имало разлика помеѓу правниот пристап и образложението на овој Суд и релевантните домашни одлуки. Ако му се даде помал обем на овластување за оцена на овој Суд, член 7 би ја изгубил својата намена. Судот затоа нема да даде мислење во однос на различните пристапи на пониските домашни судови, особено тој на Регионалниот суд во Латгале од октомври 2003 на кој жалителот се повикува во голем обем но, кој бил укинат од Кривичниот оддел. Наместо тоа, Судот мора да утврди дали резултатот до кој дошол Кривичниот оддел, потврден по жалба од Сенатот на Врховниот суд, бил во согласност со член 7 (Streletz, Kessler and Krenz, цитиран погоре, §§ 65-76).
199. Накусо, Судот мора да испита дали имало доволно јасна правна основа за осудата на жалителот, земајќи ја во предвид состојбата на меѓународното право во 1944 (види, Korbely v. Hungary, цитиран погоре § 78).
(a) Важност на правниот статус на жалителот и на селаните
200. Странките, третите страни и Судскиот совет се согласија дека жалителот можел да имат правен статус на „борец“. Со оглед на воената ангажираност на жалителот во СССР и неговото командување со партизанската единица која влегла во Мазие Бати (параграф 14 погоре), тој во принцип бил борец земајќи ги во предвид критериумите за статус на борец според меѓународното право кои биле разјаснети пред Хашките прописи од 1907[18], кои биле консолидирани со тие прописи[19] и кои биле дел од меѓународното прави во 1939[20].
201. Големиот судски совет забележува дека не беше спорно на домашно ниво ниту пред овој Суд дека жалителот и неговата единица носеле германски wehrmacht униформи при нападот врз селаните, на тој начин не исполнувајќи еден од горенаведените критериуми. Тоа би можело да значи дела жалителот го изгубил статусот на борец[21] (на тој начин губејќи го правото на напад[22]) а носењето на непријателска униформа по себе можело да се квалификува како кривично дело[23]. Сепак домашните судови не го осудиле жалителот за посебно воено злосторство врз таа основа. Тој фактор има сепак определено влијание на другите поврзани воени злосторства за кои обвинетиот бил обвинет (особено предавничко убивање и ранување, види параграф 217 подолу). Судот затоа постапи врз основа на тоа дека жалителот и неговата единица биле „борци“. Една од претпоставките во однос на починатите селаните е дека тие не можеле да се сметаат за борци (параграф 194 погоре).
202. Што се однесува на правата кои произлегуваат од статусот на борец, jus in bello го признавало во 1944 правото на статус на воен заробеник ако борците биле фатени, се предале или биле hors de combat, а воените заробеници имале право на хумано постапување со нив[24]. Затоа било незаконски според jus in bello во 1944 да се малтретира или да се егзекутира по куса постапка, воен заробеник[25], користењето на оружје било дозволено ако, на пример, воените заробеници се обиделе да побегнат или да ги нападнати оние кои ги заробиле[26].
203. Што се однесува на заштитата на „цивили кои учествувале во непријателства“, другата претпоставка во однос на починатите селани, Судот воочува дека во 1944 дистинкцијата помеѓу борци и цивили (и помеѓу заштитата поврзана со секој од тие статуси посебно) била камен темелник на правилата и обичаите на војување, а Меѓународниот суд на правдата („ICJ“) ја опишал како еден од двата „кардинални принципи содржани во текстовите кои ја претставуваат содржината на хуманитарното право”[27]. Поранешните договорни одредби и декларации би покажале дека во 1944 „цивилите“ биле дефинирани спротивно на дефиницијата на борци[28]. Исто така било правило на обичајното меѓународно право во 1944 дека цивилите можеле да бидат нападнати сѐ додека тие учествувале во непријателствата [29].
204. На крај, имало сомнежи дека цивилите кои учествувале во непријателствата го повредиле jus in bello (на пример, воено предавство заради пренесување на информации на германската воена администрација, параграф 194 погоре)), потоа дека останале подложни на апсење, правично судење и изрекување казна од страна на воени и или цивилни судови за таквите акти, а нивната егзекувија по куса постапка без судење било спротивно на правилата и обичаите на војување[30].
(б) Дали постоела индивидуална кривична оговорност за воени злосторства во 1944?
205. Дефиницијата на воено злосторство, која преовладувала во 1944, била таа дека тоа е кривично дело против правилата и обичаите на војување („воени злосторства“)[31].
206. Судот ги воочува подолу во текстот главните чекори во кодификацијата на правилата и обичаите на војување и развојот на индивидуалната кривична одговорност сѐ до и вклучително во текот на Втората светска војна.
207. Иако поимот на воено злосторства може да се најде векови поназад, во средината на деветнаесеттиот век дошло до поцврста кодификација на актите кои претставуваат воено злосторство и за кои поединец може да биде кривично одговорен. Либеровиот кодекс од 1864 (параграфи 63-77 погоре) содржел повеќе кривични дела против правилата и обичаите на војување и пропишувал казни, а индивидуалната кривична одговорност била инхерентна во многу од неговите членови[32]. Иако станува збор за американски кодекс, тој бил прва модерна кодификација на правилата и обичаите на војување и бил влијателен во однос на подоцнежните конференции за кодификација, особено на таа во Брисел во 1874 (параграф 79 погоре). Оксфордскиот прирачник од 1880 забранувал повеќе акти како спротивни на правилата и обичаите на војување и изречно предвидувал „дека извршителите били подложни на казни прецизирани во кривичниот закон“. Овие постари кодификации, а особено Нацрт-декларацијатa од Брисел, понатаму биле инспирација за Хашката конвенција и прописи од 1907. Овие понови инструменти биле највлијателни од раните кодификации и со нив во 1907, се декларирале правилата и обичаите на војување: со нив се дефинирале, помеѓу останатото, релевантни клучни поими (борци, levée en masse, hors de combat), во нив се набројувале детални описи на кривични дела против правилата и обичаите на војување и тие предвидувале заштита, преку Де Мартенсовата клаузула, на жителите и борците за случаи кои не биле регулирани со конкретните одредби на Хашката конвенција и прописи од 1907. Во нив одговорноста била на државите, кои морале да издадат усогласени инструкции на нивните оружени сили и ако нивните оружени сили ги повредиле тие правила, тие морале да платат оштета.
Последиците од Првата светска војна по цивилното население довеле до одредбите во Версајскиот договор и Договорот од Севр во однос на одговорноста, судењето и казнувањето на наводните воени злосторници. Работата на Меѓународната комисија од 1919 (после Првата светска војна) и на UNWCC (во текот на Втората светска војна) дале значаен придонес кон принципот на индивидуална кривична одговорност во меѓународното право. „Женевското право“ (особено конвенциите од 1864, 1906 и 1929, види параграфи 53-62 погоре) ги штителе жртвите од војната и предвидувале заштитни мерки за повредените воени лица и лицата кои не учествувале во непријателствата. „Хашкото“ и „Женевското“ право биле меѓусебно поврзани, а второто го надополнувало првото.
Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал предвидувала дефиниција, која не е исрцпна, на воени злосторства за кои останувала индивидуалната кривична одговорност, а според пресудата на Нирнбершкиот Трибунал, хуманитарните правила на Хашката конвенција и прописи од 1907 биле „признати од сите цивилизирани нации и се сметало дека со нив се декларираат правилата и обичаите на војување“ во 1939 и дека повредите на тие одредби претставувале кривични дела за кои можеле да бидат казнети поединци. Постоела согласност во современата доктрина дека меѓународното право веќе ги имало дефинирано воените злосторства и наложувала поединци да бидат кривично гонети[33]. Последователно, Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал не била ex post facto кривично законодавство. Нирнбершките принципи усвоени покасно, засновани на Нирбершката Повелба и пресуда, ја повториле дефиницијата на воени злосторства наведена во Повелбата и дека секој кој ќе изврши кривично дело според меѓународното право бил за него одговорен и подложен на казна[34].
208. Во текот на периодот на кодификација, домашните кривични и воени судови биле примарните механизми за спроведување на правилата и обичаите на војување. Меѓународното кривично гонење преку меѓународните воени трибунали било исклучок, а пресудата на Нирнбершкиот Трибунал изречно ја признала трајната улога на домашните судови. Затоа, меѓународната одговорност на државата заснована на договори и конвенции[35] не ја исклучувала одговорноста на државите од обичајното право кривично да гони и казнува поединци, преку нивните кривични судови или воени трибунали, за повреди на правилата и обичаите на војување. Меѓународното и домашното право (второто вклучува преземање на меѓународни норми) служеле како основа за кривично гонење и одговорност на домашно ниво. Посебно, кога со домашното право не биле предвидени посебните обележја на некое воено злосторство, домашниот суд можел да се повика на меѓународното право во своето образложение, без да ги повреди принципите nullum crimen и nulla poena sine lege[36].
209. Осврнувајќи се на праксата на тие домашни судови, Судот воочува дека, иако многу држави забранувале воени злосторства во нивните домашни правни системи и воени прирачници пред Првата светска воја, многу мал дел од нив кривично ги гонеле сопствените воени злосторници[37], иако воените судови на САД на Филипините бил важен и поучен изклучок[38] како и лајпцишките и турските процеси после Првата светска војна. На крај, во текот на Втората светска војна постоела значајна намера од самиот почеток да се осигура кривичното гонење на воени злосторници[39] и, паралелно со меѓународно кривично гонење, бил задржан принципот на кривично гонење на домашно ниво на воените злосторници[40]. Затоа, како и важните процеси пред меѓународните воени трибунали, имало домашни судења во текот на Втората светска војна (особено во СССР)[41] и непосредно по Втората светска војна,[42] сите се однесувале на воени злосторства извршени во текот на таа војна, некои судења биле значајни заради нивното обемно анализирање на релевантните принципи на правилата и обичаите на војување, особено во однос на потребата за правично судења на борците и цивили осомничени за воени злосторства.
210. Судот ги зеде во обзир деталните и спротивставени поднесоци на странките и третите страни во однос на законитоста на припојувањето на Латвија кон СССР во 1940 и, последователно, за тоа дали актите на 27 мај 1944 имале некаква поврзаност со меѓународен оружен конфликт и затоа би можеле да се сметаа за воени злосторства. Големиот судски совет смета (како и Судскиот совет, во параграф 112 oд неговата пресуда) дека не е негова задача да одлучи за прашањето на законитоста на припојувањето на Латвија кон СССР и, во секој случај во конкретниот предмет, не е потребно тоа да го стори. Иако во 1944 било потребно да има поврзаност со меѓународен оружен конфликт за да дојде до кривично гонење за воени злосторства, тоа не значело дека можеле да бидат обвинети само воеинте лица или државјани на завојувана страна. Релевантната поврзаност била директна врска помеѓу наводното кривично дело и меѓународниот оружен конфликт така што наводното кривично дело морало да биде акт на исполнување на воени цели[43]. Домашните судови заклучиле дека операцијата на 27 мај 1944 била зајакната со оглед на сомневањето дека некои селани соработувале со германската админстрација, така што е очигледно дека настаните имале директна врска со меѓународниот оружен конфликт помеѓу СССР и Германија и дека била навидум извршена за исполнување на советските воени цели.
211. Судот ја разбира индивидуалната кривична одговорност како вид на кривична одговорност за неисполнување на должноста на надредениот да врши контрола а, не индиректна одговорност за актите на другите. Поимот на кривична одговорност за актите на подредените е заснована на две одамна воспосатвени обичајни правила: борецот, прво, мора да е под команда на надреден и, второ, мора да се покорува на правилата и обичаите на војување (параграф 200 погоре)[44]. Индивидуалната кривична одговорност за постапките на подредените била потврдена во определени процеси пред Втората светска војна[45], при кодификацијата на инструментите и државните декларации после таа војна[46] и во (домашните и меѓународните) судења за кривични дела извршени во текот на Втората светска војна[47]. Оттогаш таа е потврден принцип на обичајното меѓународно право[48] и стандардна одредба во основните документи на меѓународните трибунали[49].
212. На крај, кога меѓународното право не предвидувало санкција за воени злосторства доволно јасно, домашниот трибунал можел, одлучувајќи дека обвинетото лице е виновно, да изрече казна врз основа на домашното кривично право[50].
213. Затоа, Судот смета дека во мај 1944 воените злосторства биле дефинирани како акти спротивни на правилата и обичаите на војување и дека меѓународното право ги имало дефинирано основните принципи, како и голем опсег на акти од кои се составени, тие кривични дела. На државите во најмала рака им било дозволено (ако не и наложено) да преземат мерки за да казнат поединци за такви кривични дела, вклучително и врз основа на командна одговорност. Последователно, во текот на и после Втората светска војна, меѓународните и домашните трибунали им суделе на војници за воени злосторства извршени во текот на Втората светска војна.
(в) Конкретни воени злосторства за кои бил осуден жалителот
214. Судот затоа ќе испита дали во тоа време постоела доволна и јасна правна основа за конкретните воени злосторства за кои бил осуден жалителот, и при тоа ќе се раководи од следните општи принципи.
215. Судот потсетува дека декларацијата на ICJ во случајот Corfu Channel[51] каде обврските да се информира за постоењето на минско поле во територијалните води и да се предупредат воени бродови кои се приближувале биле засновани, не на релевантната Хашка конвенција од 1907 (Бр. VIII) која се применувала во време на војна, туку врз „општите и признати принципи“, првиот од кои бил опишан како „елементарни барања на хуманоста“ кои биле уште попрецизни во време на мир отколку во војна. Во неговото подоцнежно советодавно мислење во Nuclear Weapons[52], ICJ се повикал на „два кардинални принципи содржани во текстовите кои ја претставуваат содржината на хуманитарното право“. Првиот, споменат погоре, бил принципот на дистинкција кој имал за цел „заштита на цивилното населени и објекти“ а вториот бил „обврската да се избегне непотребно страдање на борците“[53]. Повикувајќи се изречно на Де Мартенсовата клаузула, ICJ воочил дека Хашките и Женевски конвенции станале „неодминливи принципи на меѓународното обичајно право“ уште во пресудата на Нирнбершкиот Трибунал. Тоа било така затоа што, според ICJ, голем дел од правилата на хуманитарното право применливи во оружени конфликти биле фундаментални за „почитувањето на личноста на човекот“ и „елементарните барања на хуманоста“. Тие принципи, вклучувајќи ја и Де Мартенсовата клаузула, претставувале правни норми врз основа на кои постапките во време на војна требало да се оценуваат од страна на судовите[54].
216. Судот воочува, прво, дека домашните кривични судови се повикале пред сѐ на одредбите на Женевската конвенција (IV) од 1949 (параграфи 60-62 погоре) за да го осудат жалителот за малтретирање, ранување и убиство на селаните. Судот смета, со оглед на особено член 32 (в) од Хашките прописи од 1907, дека, иако починатите селани требало да се сметаат за борци или цивили кои имале учество во непријателствата, jus in bello во 1944 ги сметало околностите на нивното убиство и малтретирање за воено злосторство затоа што со тие акти се повредувало фундаментално правило на правилата и обичаите на војување на заштитување на непријателот кој бил hors de combat. За да биде применета таа заштита лицето морало да биде рането, хендикепирано или од друга причина да не можело да се брани себеси (вклучително и немање на оружје), лицето не морало да има определен правен статус и не било потребно формално предавање[55]. Како борци, селаните исто така би имале право на заштита како воени заробеници кои биле под контрола на жалителот и неговата единица и малтретирањето и егзекуциии по куса постапка кои следеле би биле спротивно на бројни правила и обичаи на војување (запишани во параграф 202 погоре). Затоа, малтретирањето, ранувањето и убиството на селаните претставувале воено злосторство.
217. Второ, Судот смета дека домашните судови со право се повикале на член 23 (б) од Хашките прописи од 1907 во однос на посебната осуда за предавничко ранување и убиство. Концептите на нелојално однесување и подмолност биле тесно поврзани во релевантниот период така што ранување и убиство биле сметани за предавнички ако биле извршени преку противзаконито наведување на непријателот да верува дека нема закана да биде нападнат, на пример, преку неправилна употреба на униформата на непријателот. Како што беше воочено погоре, жалителот и неговата единица навистина носеле германски униформи во текот на операцијата во Мазие Бати. Член 23(б) јасно е дека е применлив ако селаните се сметаат за „борци“ и би можел да се примени и ако тие се сметаат за цивили кои учествувале во непријателства. Во вториот аспект, текстот на член 23 (б) се однесувал на предавничко убиство или ранување на поединци кои биле припадници на непријателска нација или армија, што можело да се толкува да вклучува цивилно население на окупирана територија.
218. Tрето, латвиските судови се повикале на член 16 од Женевската конвенција (IV) од 1949 за да одлучат дека запалувањето на бремена жена претставувало воено злосторства спротивно на посебната заштита која им биле обезбедена на жените. Тоа дека жените, а особено бремените жени, треба да бидат предмет на посебна заштита во текот на војна било дел од правилата и обичаите на војување уште во Либеровиот кодекс од 1863 (членови 19 и 37). Тоа било понатаму разработено преку „Женевското“ право за воени заробеници (се сметало дека жените биле особено ранливи во таа ситуација)[56]. Судот смета дека изразите „посебна заштита“,земени во врска со заштитата предвидена со Де Мартенсовата клаузула (параграфи 86-87 и 215 погоре), се доволни за се заклучи дека имало задоволителна правна основа за да се осуди жалителот за посебно воено злосторство во однос на запалувањето до смрт на г-ѓа Krupniks. Судот смета дека овој став е потврден со бројните конкретни и специјални заштитни одредби во однос на жените вклучени непосредно после Втората светска војна во Женевските конвенции (I), (II) и (IV) од 1949, особено во член 16 на Четвртата Женевска конвенција.
219. Четврто, домашните судови се повикале на член 25 од Хашките прописи од 1907 со кои се забранувале напади против места кои немале одбрана. Оваа одредба била дел од група на слични одредби во меѓународното право (вклучувајќи го член 23 (е) од Хашките прописи од 1907) кои забранувале уништување на приватен имот „кое не е оправдано со воена потреба “[57]. Немало докази пред домашните судови, и не се тврдеше пред Судот, дека палењето на објектите на фарми во Мазие Бати било наложено од таква потреба.
220. Петто, иако имало повикување на повеќе одредби од Хашката конвенција од 1907, Женевската конвенција (IV) 1949 и Дополнителниот Протокол 1977 на домашно ниво во однос на грабеж (крадење на облека и храна), не било докажано дека тоа се случило.
221. На крај, Судот би додал дека, дури и ако се сметало дека селаните извршиле воени злосторства (каков и да бил нивниот правен статус), жалителот и неговата единица би биле овластени според меѓународното обичајно право во 1944 само да ги уапсат селаните, да обезбедат дека тие ќе имаат правично судење и дури тогаш да извршат било каква казна (параграф 204 погоре). Како што забележа тужената држава, во верзијата на настаните на жалителот пред Судскиот совет (параграфи 21-24 погоре) која беше повторена пред Големиот судски совет (параграф 162 погоре), жалителот всушност опишува пто тој требал да направи (да ги упаси селаните за да им биде судено). Во секој случај, дали имало судење пред партизански суд (параграф 132 од пресудата на Судскиот совет), судењето на селаните во отсуство, без нивно знаење или учество, после кое следела нивна егзекуција, не би можело да се смета за правично.
222. Со оглед на тоа што Судот смета дека гореспоменатите постапки на жалителот претставувале воени злосторства во 1944 (Streletz, Kessler and Krenz v. Germany, параграф 76, цитиран погоре), не е потребно да се анализираат преостанатите обвиненија против него.
223. Понатаму, Сенатот на Врховниот суд воочил дека Кривичниот оддел заклучил врз основа на докази дека жалителот ја организирал, командувал и раководел со партизанската еднициа која имала цел, помеѓу останатото, да ги убие селаните и да ги уништи амбарите. Тој суд забележал дека тоа било доволно да доведе до кривична одговорност на жалителот за постапките на единицата, повикувајќи се на член 6 од Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал. Особено, тие утврдени факти докажувале дека тој de jure и de facto ракооводел со единицата. Со оглед на целта на мисијата утврдена на домашно ниво, тој ја имал потребната mens rea. Навистина, поднесокот на самиот жалителот пред Големиот судски совет (дека неговата единица не можела да ги уапси селаните со оглед на, помеѓу останатото, воените должности на единицата и ситуација, параграф 162 погоре) е потполно во согласност со фактите воочени погоре од страна на Кривичниот оддел. Со оглед на командната одговорност на жалителот, не е потребно да се анализира прашањето дали домашните судови можеле правилно да заклучат дека жалителот лично извршил било кој од актите во Мазие Бати на 27 мај 1944 (параграф 141 пд пресудата на Судскиот совет).
224. На крај, Судот би разјаснил две точки.
225. Тужената Влада тврдеше дека постапките на жалителот не можеле да се сметаат за законити репресалии, на кој аргумент ниту жалителот ниту Руската Федерација не одговорија директно. Домашните судови заклучиле дека жалителот раководел со операцијата во Мазие Бати како „репресалија“, но, тие очигледно не прифатиле таква одбрана. Судот не гледа основа да го доведе во прашање отфрлањето на неговата пдбрана од страна на домашните судови (без разлика дали селаните биле сметани за борци или за цивили кои имале учествувано во непријателства)[58].
226. Во однос на параграф 134 oд пресудата на Судскиот совет, Големиот судски совет би се согласил со тужената Влада дека не е одбрана за обвинение за воени злосторства да се тврди дека и други исто така извршиле воени злосторства, освен ако тие туѓи постапки биле од таков карактер, обем и постојаност за да претставуваат доказ за промена во меѓународните обичаи.
227. Како заклучок, дури и ако се претпостави дека починатите селани можеле да се сметаат за „цивили кои учествувале во непријателствата“ или „борци“ (види параграф 194 погоре), постоела доволно јасна правна основа, со оглед на состојбата на меѓународното право во 1944, за осудата на жалителот и казнувањето за воени злосторства како заповедник на едницата која била одговорна за нападот во Мазите Бати на 27 мај1944. Судот би дополнил дека, ако селаните се сметале за „цивили“, дотолку повеќе тие би имале право на дури и поголема заштита.
5.Дали обвиненијата за воени злосторства била застарени?
228. Владата на Руската Федерација тврдеше дека кривичното гонење за кој било акт на товар на жалителот било застарено најкасно во 1954, со оглед на максималниот временски период кој член 14 од Кривичниок законик од 1926 го предвидувал. Латвиската Влада сметаше дека неговото кривично гонење не било застарено, а жалителот се повика на пресудата на Судскиот совет.
229. Жалителот бил осуден врз основа на член 68-3 од Кривичниот законик од 1961, член 6-1 oд тој законик пропишувал дека не застарувале, помеѓу останатото, воени злосторства и двата членови биле внесени во Кривичниот законик во 1993. Сенатот на Врховниот суд исто така ја цитирал Конвенцијата од 1968 (параграфи 130-132 погоре). Затоа, странките во суштина спореа дали кривичното гонење на жалителот (врз основа на тоа дека не застарувале релевантните дела) довело до ex post facto продолжување на временскиот период за застареност кој би бил применлив во 1944 и дали, последователно, кривичното гонење довело до ретроактивна примеа на кривичниот закон (види Coëme and Others v. Belgium, nos. 32492/96, 32547/96, 32548/96, 33209/96 and 33210/96, ECHR 2000‑VII).
230. Судот забележува дека ако жалителот бил обвинет за воени злосторства во Латвија во 1944, Глава IX за воени кривични дела во Кривичниот законик од 1926, по себе, не би се однесувала за воените злосторства кои беа погоре опишани (со што жалителот и Руската Федерација се согласија): домашниот суд затоа ќе мора да се повикан на меѓународното право за да одлучи по обвиненијата за воени злосторства (види параграфи 196 и 208 погоре). Исто така, член 14 од Кривичниот законик од 1926, со одредбите за застареност за кои се применувале само на кривични дела предвидени со Кривичниот законик од 1926, не би можел да се примени за воени злостоства според меѓународното право и немало одредба во законикот според која одредбите за застареност би можеле да се применат на тој начин. Напротив, Судот воочува дека Кривичниот законик од 1926 како систем бил заснован за гонење на „општествено опасни акти“ кои би можеле да му наштетат на воспоставениот социјалистички поредок[59], терминологијата во Службените белешки кон член 14 тоа го илустрираат. Во овие околности, кривично гонење на домашно ниво за воени злосторство во 1944 би наложило повикување на меѓународното право, не само во однос на дефиницијата на тие кривични дела, туку исто така и во однос на било какви одредби за застареност.
231. Сепак, во 1944 меѓународното право не го регулирало ова прашање. Претходни меѓународни декларации[60] за одговорноста за, и обврската за кривично гонење и казнување, воени злосторства не споменувале какви било одредби за застареност[61]. Иако член II(5) од Законот бр.10 за Контролниот совет се занимавал со прашањето во однос на воени злосторства извршени на германска територија пред и во текот на Втората свестка војна, ниту повелбите на Трибуналите во Нирнберг/Токио, ниту Конвенцијата за Геноцид од 1948, Женевските конвенции од 1949 или Нирнбершките принципи не содржеле какви било одредби во однос на застарливоста на воените злосторства (како што е потврдено со преамбулата на Конвенцијата од 1968).
232. Суштинското прашање кое овој Судот треба да го утврди е дали во било кој момент пред кривичното гонење на жалителот, таква постапка била застарена според меѓународното право. Следува од претходниот параграф дека во 1944 немало временски период за застареност во меѓународното право во однос на гонењето на воени злосторства. Ниту пак промените во меѓународното право од 1944 вовеле било какво временски период за застареност на обвиненија за воени злосторства против жалителот.[62].
233. Накусо, Судот заклучува, прво, дека не биле применливи какви било домашни одредби за застареност (параграф 230 погоре) и, второ, дека обвиненијата против жалителот никогап не застареле според меѓународното право (параграф 232). Судот заклучува дека кривично гонење против жалителот не било застарено.
6. Дали жалителот можел да предвиди дека релевантните акти претставувале воени злосторства и дека тој ќе биде кривично гонет?
234. Жалителот понатаму тврдеше дека нотј не можел да предвиди дека оспорените акти претставувале воени злосторства, или дека тој покасно ќе биде гонет кривично за нив.
Најпрво, тој нагласи дека тој во 1944 бил млад војник кој се борел на непријателска територија и не знаел за развојот во меѓународното право опишан погоре, во тие околности тој не можел да предвиди дека актите за кои бил осуден дека би можеле да претставуваат воени злосторства. Второ, тој тврдеше дека не можело политички да се замисли дека тој ќе биде гонет кривично: неговата осуда која следела после независноста на Латвија во 1991 била повеќе политички чин, а не вистинска намера да се исполнат меѓународни обврски за кривично гонење на воени злосторници.
235. Во однос на правата поента, Судот смета дека, кога станува збор за офицер кој давал заповеди и за правилата и обичаите на војување, концептите на достапност и предвидливост мора да бидат разгледани заедно.
Судот потсетува дека опсегот на концептот на предвидливост зависи во значителна мера од содржината на инструментот за кој станува збор, материјата која треба да ја регулира и бројот и статусот на тие на кои тој се однесува. Лицата кои извршуваат професионална активност мора да дејствуваат со повисок степен на внимателност кога ја извршуваат својата работа и може да се очекува од нив да обрнат посебно внимание при оценувањето на ризиците кои таа активност ги подразбира (Pessino v. France, no. 40403/02, § 33, 10 October 2006).
236. Во однос на тоа дали квалификувањето на оспорени акти како воени злосторства, засновано исклучиво на меѓународното право, можело да се смета за доволно достапно и предвидливо за жалителот во 1944, Судот потсетува дека претходно одлучил дека индивидуалната кривична одговорност на обичен војник (или граничар) била дефинирана на доволно достапен и предвидлив начин, помеѓу останатото, обврската да се почитуваат меѓународните инструмени за фундаменталнтите човекови права, кои инструменти, сами по себе, не доведувале до индивидуална кривична одговорност и еден од кои не бил ратификуван од релевантната држава во релевантниот период (K.-H.W. v. Germany, параграфи 92-105, цитиран погоре). Судот сметал дека дури и обичен војник не можел целосно и слепо да се покорува на одредби со кои флагрантно се кршело не само домашното право, туку меѓународно признати човекови права, особено правото на живот, кое е врвна вредност во меѓународната хиерархија на човекови права (K.-H.W. v. Germany, параграф 75).
237. Точно е дека Кривичниот законик од 1926 не се повикувал на меѓународните правила и обичаите на војување (како и во K.-H. W v. Germany) и дека тие меѓународни правила и обичаи на војување не биле формално објавени во СССР или во ССР Латвија (како во Korbely v. Hungary [GC], цитиран погоре, параграфи 74-75). Сепак, тоа не може да биде одлучувачко. Како што е јасно до заклучоците во параграфите 213 и 227 погоре, меѓународните правила и обичаи на војување во 1944 биле доволни, сами по себе, да се утврди индивидуална кривична одговорност.
238. Понатаму, Судот воочува дека во 1944 тие правила претставувале детални lex specialis прописи со кои се утврдувале границите на криминалните постапки во време на војна, пред сѐ се однесува на оружените сили и, особено, на заповедници. Жалителот бил наредник во Советската армија кој бил распореден во резервната бригада на латвиската дивизија: во релевантниот период тој бил припадник на единица на командоси и бил заповедник на единица чии главни активности биле воена саботажа и пропаганда. Со оглед на неговата позиција на воено лице заповедник, Судот смета дека од него можело разумно да се очекува да обрати посебно внимание на оценувањето на ризиците кои проилегувале од операцијата во Мазие Бати. Судот смета дека, со оглед на флагрантно незаконитиот карактер на малтретирањето и убиството на девет селани во утврдените околности на операцијата од 27 мај 1944 (параграфи 15-20 погоре), дури и најповршното проценка на жалителот би покажала дека, во најмала рака, оспорените акти биле спротивни на правилата и обичаите на војување како што биле рабрани во тоа време и, особено дека постоел ризик тие да бидат воени злосторства за кои, како заповедник, тој можел да биде кривично одговорен како поединец,
239. Од овие причини, Судот оценува дека е разумно да заклучи дека жалителот можел да предвиди во 1944 дека неговите акти можеле да бидат квалификувани како воени злосторства.
240. Во однос на неговиот втор аргумент, Судот ги воочува декларациите за независност од 1990 и 1991, непосредното пристапување на Република Латвија кон повеќе инструменти за човекови права (вклучувајќи ја и Конвенцијата од 1968 во 1998) и подоцнежното внесување на член 68-3 во Кривичниот законик од 19261 во 1993.
241. Судот потсетува дека е легитимно и може да се предвиди дека држава наследничка ќе поведе кривична постапка против лица кои извршиле кривични дела според претходниот режим и дека судовите на таа држава не можат да бидат критикувани за применување и толкување на правните одредби во сила во релевантниот период во текот на претходниот режим, туку во светло на принципите кои владеат во држава која го почитува владеењето на правото и со оглед на суштинските принципи на кои е заснован системот на Конвенцијата. Тоа е посебно така кога прашањето за кое станува збор се однесува на правото на живот, кое врховна вредност на Конвенцијата и меѓународната хиерархија на човекови права и кое право државите договрнички имаат примарна обврска да го штитат. Како и обврската на државата за кривично гонење која произлегува од правилата и обичаите на војување, член 2 од Конвенцијата исто така и наложува на државата да преземе соодветни мерки за да ги штити животите на лицата под нејзината јурисдикција и подразбира примарна должност да се обезбеди правото на живот преку воведување ефикасни одредби во кривичниот закон да го обесхрабрат извршувањето на кривични дела со кои се загрозува животот (види Streletz, Kessler and Krenz, §§ 72 and 79-86, и K.-H.W. v. Germany, цитирани погоре, §§ 66 и 82-89). Доволно е во овие услови да се воочи дека принципите кои се цитирани погоре се применливи на промена на режим од типот на промена до која дошло во Латвија после декларациите за незвисност од 1990 и 1991 (види параграфи 27-29 и 210 погоре).
242. Во однос на повикувањето на жалителот на поддршката на советските власти од 1944, Судот смета дека овој аргумент не е релевантен за правното прашање дали можело да се предвиди дека оспорените акти во 1944 би претставувале воени злосторства.
243. Затоа, кривичното гонење на жалителот (и покасно неговата осуда) од страна на Решублика Латвија, засновано на меѓународното право кое важело во времето на извршување на актите и применето од нејзините судови, не може да се смета дека е непредвидливо.
244. Со оглед на сите овие согледувања, Судот заклучува дека, во времето кога биле извршени, актите на жалителот биле кривични дела дефинирана на доволно достапен и предвидлив начин со правилата и обичаите на војување.
Г. Заклучок на Судот
245. Од сите причини наведени погоре, Судот смета осудата на жалителот за воени злосторства не претставувала повреда на член 7 § 1 од Конвенцијата.
246. Затоа не е потребно да ја анализира осудата на жалителот според член 7 § 2 oд Конвенцијата.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Го одбива едногласно предлогот на жалителот да ги разгледа жалбените наводи кои беа прогласени за недопуштени од Судскиот совет;
2. Одлучува со четиринаесет гласови против три дека немало повреда на член 7 од Конвенцијата;
Изработена на англиски и француски јазик, и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 17 мај 2010.
Michael O’BoyleJean-Paul Costa
Заменик секретар на СудотПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот јазик. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
[1] Trial of the Major War Criminals, Нирнберг, 14 ноември 1945 -1 октомври 1946.
[2] G. Mettraux, US Courts-Martial and the Armed Conflict in the Philippines (1899-1902): Their Contribution to the National Case Law on War Crimes, Journal of International Criminal Justice 1 (2003), стр. 135-150, со цитирани судски одлуки.
[3] Пресуда во случајот Lieutenants Dithmar and Boldt, Hospital ship “Llandovery Castle”, 16 јули 1921.
[4] Dadrian, Vahakn N., “Genocide as a Problem of National and International Law: The World War I Armenian Case and Its Contemporary Legal Ramifications”, 14 Yale Journal of International Law, 1989, стр. 221-334.
[5] History of the United Nations War Crimes Commission and the Development of the Laws of War, His Majesty’s Stationery, London 1948, стр. 91.
[6] Bassiouni, Cherif, « L’expérience des premières juridictions pénales internationales », in Ascensio Hervé, Decaux Emmanuel et Pellet Alain, Droit international pénal, Pedone Paris 2000, pp. 635-659, стр. 640 et seq.
[7] Помеѓу останатото, Дипломатските белешки од 7 ноември 1941, 6 јануари 1942 и 27 април 1942.
[8] Ginsburgs George, “The Nuremberg Trial: Background”, in Ginsburgs George & Kudriavtsev V. N., The Nuremberg Trial and International Law, Martinus Nijhoff Publishers, Dordrecht 1990, стр. 9-37., at p. 20 et seq.
[9] Види Kladov, I.F., “The People's Verdict: A Full Report of the Proceedings at the Krasnodar and Kharkov German Atrocity Trials”, London, New York [etc.] Hutchinson & Co., Ltd. (1944), стр. 113 et seq.
[10] Ginsburgs G. (1990), op. cit., стр. 28 et seq.
[11] Ginsburgs G., “Moscow and International Legal Cooperation in the Pursuit of War Criminals”, 21 Review of Central and East European Law (1995), No. 1, пара. 1-40, стр. 10.
[12] Trial of the Major War Criminals, Нирнберг, пресуда донесена на 30 сештември и 1 октомври 1946.
[13] The United States of America vs. Wilhelm List, et al., UNWCC Law Reports of Trials of War Criminals (“LRTWC”), Volume VIII, 1949 (“the Hostages case”).
[14] Trial of Shigeru Ohashi and Ors, австралиски Воен суд 1946, LRTWC, Volume V; Trial of Yamamoto Chusaburo, британски Воен суд, 1946 LRTWC, Volume III; Trial of Eikichi Kato, австралиски воен суд 1946, LRTWC, Volume I; Trial of Eitaro Shinohara and Ors, австралиски воен суд 1946, LRTWC, Volume V; Re Yamashita 327 U.S. 1 (1946); Trial of Karl-Hans Hermann Klinge, Врховен суд на Норвешка 1946, LRTWC, Volume III; Trial of Franz Holstein and Ors, француски Воен трибунал 1947, LRTWC, Volume VIII; Trial of Otto Skorzeny and Others, американски Воен трибунал 1947, LRTWC, Volume IX; The Dostler Case, Воена комисија на САД 1945, LRTWC Volume I; The Almelo Trial, британски Воен суд 1945, LRTWC Volume I; The Dreierwalde case, британски Воен суд 1946, LRTWC Volume I; The Abbaye Ardenne case, канадски Воен суд 1945, LRTWC Volume IV; Trial of Bauer, Schrameck and Falten, француски Воен трибунал 1945, LRTWC Volume VIII; Trial of Takashi Sakai, кинески Воен трибунал 1946, LRTWC, Volume III; Trial of Hans Szabados, француски Постојан воен трибунал 1946, LRTWC Volume IX; Trial of Franz Schonfeld et al., британски Воен суд 1946, LRTWC Volume XI (датите се дати на судењето или на пресуда).
[15] Овие одредби се однесуваат на правото на статус на воен заробеник и ги дефинираат оружените сили.
[16] Види го случајот Hostages, цитиран во параграфите 125-128 погоре.
[17] Либеровиот кодекс од 1863 (член 51); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член 10); Оксфордскиот прирачник од 1880 (член 2.4); и Хашките прописи од 1907 (член 2).
[18] Либеровиот кодекс од 1863 (членови 49, 57 и 63-65); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член 9), Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 2).
[19] Член 1 oд Хашките прописи од 1907 (параграф 89 погоре).
[20] Било одлучено дека Хашките прописи од 1907 ги декларире правилата и обичаите на војување барем во 1939 со пресуда на Нирнбершкиот Трибунал (параграфи 88, 118 и 207).
[21] Либеровиот кодекс од 1863 (член 65).
[22] Либеровиот кодекс од 1863 (член 57).
[23] Помеѓу останатото, Либеровиот кодекс од 1863 (членови 16, 63, 65 и 101); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член13(б) и (ѓ)); Оксфордскиот прирачник од 1880 (член 8(б) и (г)); и Хашките прописи од 1907 (член 23(б) и (ѓ)). Види исто така Trial Otto Skorzeny and Others, цитиран во параграф 129 погоре, кој суд се соглсил со и ја цитирал Oppenheim & Lauterpacht (1944) стр. 335.
[24] Види „Женевско право“ (параграфи 53-62 погоре); Либеровиот кодекс од 1863 (членови 49, 76 и 77); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (членови 23 и 28); Оксфордскиот прирачник од 1880 (член 21 и Поглавје III); Хашките прописи од 1907 (Поглавје II и, особено, член4); Извештајот на меѓународната комисија од 1939; Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал (член 6(б)); и Законот бр. 10 за Контролниот совет (член 2).
[25] The Hostages case, Re Yamashita и Trial of Takashi Sakai, сите цитирани во параграфи 125-129 погоре.
[26] Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член 28); Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 68); и Хашките прописи од 1907 (член 8).
[27] Legality of the Threat or Use of Nuclear Weapons, Советодавно мислење од 8 јули 1996, ICJ, §§ 74-87.
[28] Либеровиот кодекс од 1863 (член 22); Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 1); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член 9); и Нацрт конвенциите од Токио и Амстердам од 1934 и 1938 (член 1 од двете конвенции). Види исто така Прирачникот на САД за бојното поле: правила за војување на копно, § 8, 1 October 1940; ex parte Quirin 317 U.S. 1(1942).
[29] Ex Parte Milligan 71 U.S. 2(1866); Oppenheim & Lauterpacht (1944) стр. 277 (“… во осумнаесеттиот век стана општо признато обичајно правило на правото на нациите дека цивили на непријателот не треба бидат убивани или напаѓани. Се додека тие не учествуваат во борбите, тие не може да бидат директно нападнати и убиени или ранети“)
[30] Во однос на правото на судење пред казнувањето за воени злосторства, види Hostages Case. Во однос на правото да се суди на воени заробеници за воени злосторства, види Женевска конвенција од 1929 (член 46). Во однос на правото да им се суди на осомничените за шпионажа види ја Нацрт-декларацијата од 1874 (член 20); Оксфордскиот пррачник од 1880 (членови 23-26); Хашките прописи од 1907 (членови 29-31), и Прирачникот на САД за бојното поле: Правила за војување на копно, 1940, стр. 60. Во однос на правото на судење на обинетите за воено предавство, види Прирачникот на САД за бојното поле: Правила за војување на копно, 1940, стр. 59. Во однос на современата практика, види Ex parte Quirin; судењата Krasnodar како и Trials of Shigeru Ohashi and Others, Yamamoto Chusaburo, Eikichi Kato и Eitaro Shinohara and Others, (цитирани во параграфи 106-110, 114 и 129 погоре).
[31] Види, особено, насловот на Хашката конвенција од 1907: член 6(б) oд Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал; член 5(б) од Повелбата на Трибуналот во Токио и пресудите на тие меѓународни воени трибунали. Види исто така Oppenheim & Lauterpacht (1944), стр. 451; и Lachs (1945), War Crimes – An Attempt to Define the Issues, Stevens & Sons London, стр. 100 et seq.
[32] Особено во членовите 47, 59 и 71.
[33] Lauterpacht (1944), “The Law of Nations and the Punishment of War Crimes”, 21 BYIL, стр. 58-95 at p. 65 et seq. и Kelsen (1945), “The rule against Ex Post Facto Laws and the Prosecution of the Axis War Criminals”, 2 The Judge Advocate Journal, pp. 8-12, стр. 10.
[34] Види член 2(б) oд Законот бр. 10 за Контролниот совет, и the Hostages Case, цитиран во параграфи 125-128 погоре.
[35] Види, на пример, член 3 од Хашката конвенција од 1907.
[36] Версајскиот договор (член 229); Московската декларација од 1943 и судењата Kharkov; Лондонската спогодба од 1945 (член 6); и Нирнбершките принципи (Бр. II). Воените судови на САД на Филипините, особено, Trial of Lieutenant Brown; Llandovery Castle case и Trial of Karl Hans Herman Klinge, сите цитирани во параграфи 97-100, 102 и 129 погоре; Lauterpacht (1944), стр. 65; Kelsen (1945) стр. 10-11; Lachs (1945) стр. 8,стp. 22, стр. 60 et seq.; и G. Manner, The Legal Nature and Punishment of Criminal Acts of Violence contrary to the Laws of War, AJIL, vol. 37, no. 3 (Jul., 1943), pp. 407-435.
[37] Meron, T. (2006), Reflections on the Prosecution of War Crimes by International Tribunals, AJIL, vol.100, p. 558.
[38] G. Mettraux, US Courts-Martial and the Armed Conflict in the Philippines (1899-1902): Their Contribution to the National Case Law on War Crimes, Journal of International Criminal Justice (2003), 1, pp. 135-150.
[39] Декларацијата од Сент Џејмс од 1942 (особено, член 3); Дипломатските белешки на СССР 1941-1942 и Декретот на СССР од 2 ноември 1942;Московската декларација, 1943; и Потсдамскиот договор.
[40] UNWCC основана во 1943; Лондонската спогодба од 1945 (член 6), пресудата на Нирнбершкиот трибунал и Нирнбершките принципи (Принцип II).
[41] Параграфи 106-110 погоре („Кривично гонење на воени злосторства од страна на СССР“ вклучувајќи ги судењата од Краснодар и Харков) и параграф 114 погоре (ex parte Quirin).
[42] Параграф 123-129 погоре.
[43] Lachs (1945), p. 100 et seq.; случајот Hostages, цитиран во параграфи 125-128 погоре.
[44] Re Yamashita and Trial of Takashi Sakai, цитиран во параграф 129 погоре.
[45] German War Trials: Judgment in the Case of Emil Müller, AJIL, vol. 16 (1922) No. 4, pp. 684-696.
[46] Декларација од Сент Џејмс од 1942 (член3); Московска декларација од 1943; Потсдамскиот договор; Лондонската спогодба од 1945 (преамбула); Повелбата на Нирнбершкиот Трибунал (члрн 6); и Повелбата на Трибунал во Токио (член 5(в)).
[47] Trial of Takashi Sakai case, цитиран во параграф 129 погоре; Законот бр.10 за контролниот совњт (член 2(2)) применет во Hostages case; и Re Yamashita, цитиран погоре.
[48] Prosecutor v. Delalic et al, IT-96-21-A, пресуда од 20 февруари 2001, § 195, Жалбен совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија („ICTY“); D. Sarooshi (2001), Command Responsibility and the Blaskic Case, International and Comparative Law Quarterly vol. 50, No. 2 p. 460; Prosecutor v. Blaskic, IT-95-14-T, пресуда од 3 март 2000, § 290, Судски совет на ICTY
[49] Член 7(3) од Статутот на ICTY;член 6 од Меѓународниот трибунал за Руанда; член 25 oд Римскиот Статут на Меѓународниот кривичен суд t; и член 6 од Статутот на Специјалниот суд за Сиера Леоне.
[50] Либеровиот кодекс од 1863 (член 47); Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 84); Lauterpacht (1944), p. 62; и Lachs (1945), p. 63 et seq.
[51] “Corfu Channel case”, пресуда од 9 April 1949 I.C.J. Reports 1949, p. 4, at p. 22. Види исто така Прирачникот на САД за бојното поле: (опис на „Основните принципи“).
[52] Legality of the Threat or Use of Nuclear Weapons, цитиран погоре, §§ 74-87.
[53] Legality of the Threat or Use of Nuclear Weapons, цитиран погоре, §§ 74-87. Попрецизно види Либеровиот кодекс од 1863 (членови 15 и 16); Декларацијата од Санкт Петерсбург од 1868 (преамбула); Оксфордскиот пррачник од 1880 (Предговор и член4);; Хашката конвенција од 1907 (преамбула).
[54] Legality of the Threat or Use of Nuclear Weapons, at § 87; Prosecutor v. Kupreskic and Others, IT-95-16-T, пресуда од 14 јануари 2000, §§ 521-536, Судски совет на ICTY; и Legal Consequences of the Construction of a Wall in the Occupied Palestinian Territory, Советодавно мислење, 7 Jјули 2004, ICJ Reports 2004, at § 157.
[55] Види помеѓу останатото Либеровиот кодекс од 1863 (член 71); Декларацијата од Санкт Петербург од 1868; Нацрт Бриселската декларација (членови13(в) и 23); Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 9(б)); Хашките прописи од 1907 (член 23(в)). Види исто така Trial of Major Waller, цитиран во параграф 98погоре, и член 41 од Дополнителниот Протокол од 1977.
[56] Види, посебно, член 3 од Женевската конвенција од 1929.
[57] Либеровиот кодекс од 1863 (членови 15, 16 и 38); Нацрт Бриселската декларација од 1874 (член 13(е)); Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 32(б)); Хашките прописи од 1907 (член 23(е)); Извештајот на меѓународната комисија од 1919; член 6(б) oд Повелбата на Нирнбершкиот; и Законот бр.10 за Контролниот совет (член 2). Види исто така Trial of Hans Szabados, цитирано погоре; Oppenheim & Lauterpacht (1944) at p. 321.
[58] Оксфордскиот пррачник од 1880 (член 84); Нацрт-конвенцијата од Токио од 1934 (членови 9 и 10); Прирачникот на САД за бојното поле: Правила за војување на копно, 1940; The Hostages case и Trial of Eikichi Kato, цитирани во параграфи 125-129 погоре, како и ICTY, Kupreškić and Others, цитиран погоре . Види исто така Oppenheim & Lauterpacht (1944), pp. 446-450.
[59] The USSR Fundamental Principles of Criminal Law and Procedure, 1924; и Ancel M., « Les Codes pénaux européens », Tome IV, Paris, CFDC, 1971
[60] Вклучувајќи ја Декларацијата од Сент Џејмс од 1942; Московската декларација од 1943: и Повелбите на меѓународните воени трибунали во Нирнберг и Токио.
[61] Преамбула на Конвенцијата од 1968
[62] Комисија за човекови права на ООН (1966) Question of the non-applicability of Statutory Limitation to War Crimes and Crimes against Humanity: Study submitted by the Secretary General UN Doc. E/CN.4/906, at p. 104; the 1968 Convention; Robert H. Miller “The Convention on the Non-Applicability of Statutory Limitations to War Crimes and Crimes Against Humanity”, AJIL, vol. 65, No. 3 (Jul., 1971), pp. 476-501, со понатамошни референици; Конвенцијата од 1974; Статутот на Меѓународниот кривичен суд; и Kok R. (2001) “Statutory Limitations in International Criminal Law”, TMC Asser Press The Hague, pp. 346-382
Full & Egal Universal Law Academy