© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 130
мај 2010
Kononov против Латвија - 36376/04
Пресуда 17.5.2010 [Голем совет]
Член 7
Член 7-1
Nullum crimen sine lege
Прогласување вина според закон донесен во 1993 година за воени злосторства извршени во Втората светска војна: нема повреда
Факти – Во јули 1998 година апликантот бил обвинет за воени злосторства што произлегле од инцидент кој се случил пред повеќе од педесет години за време на Втората светска војна, кога тој бил член на советска командоска единица на црвените партизани. Обвиненијата биле поднесени во согласност со член 68-3 од Кривичниот законик на Советската социјалистичка република Латвија од 1961 година, одредба која се однесува на воени злосторства, a која била вметната од страна на Врховниот суд на Латвија на 6 април 1993 година, по прогласувањето на независноста на Латвија. Одделот за кривични прашања на Врховниот суд на Латвија утврдил дека дека апликантот е виновен за различни воени злосторства и гo осудил на затворска казна од дваесет месеци со оглед на неговата возраст и немоќност. Според фактите што ги утврдиле латвиските судови, на 27 мај 1944 година тој предводел единица на црвените партизани во казнена експедиција во селото Мазие Бати (кое во тоа време било под германска управа), по извештаите дека некои негови жители им предале на Германците друга група партизани. Единицата влегла во селото облечена во германски униформи и, откако нашла пушки и гранати што биле снабдени од страна на Германците, подметнала пожар во куќи и убила деветмина селани, вклучувајќи и три жени, од кои една била во поодмината бременост. Ниту еден од убиените не бил вооружен ниту се обидел да избега или да се спротивстави. Според апликантот, жртвите на нападот биле соработници на окупаторот, кои три месеци пред тоа предале група партизани во рацете на Германците. Неговата единица добила инструкции од ад-хок партизански трибунал да ги фати оние што се одговорни за да може да бидат изведени пред суд, но тој лично не ја предводел операцијата и не влегол во селото.
Во неговата апликација до Европскиот суд, апликантот се пожалил дека дејствата за кои бил осомничен, во времето кога биле извршени, не претставувале кривично дело, ниту според домашното ниту според меѓународното право. Потоа изјавил дека во 1944 година, како млад војник во борбена ситуација зад непријателските редови, тој не можел да предвиди дека неговите дела ќе претставуваат воени злосторства или дека ќе биде прогонуван. Според неговата изјава, за негова осуда по независноста на Латвија во 1991 година повеќе била причина добивање политичка корист, отколку вистинска желба да се исполнат обврските за гонење на воени злосторства. Во пресудата од 24 јули 2008 година Советот утврди, со четири наспрема три гласови, дека имало повреда на член 7 став 1 од Конвенцијата (видете Информативна белешка бр. 110).
Право – Член 7: Од Судот на е побарано да пресудува за поединечната кривична одговорност на апликантот бидејќи тоа првенствено е прашање за домашните судови. Неговата функција е да испита дали, според правото што било во сила на 27 март 1944 година, постоела доволно јасна правна основа за прогласување на апликантот за виновен, без оглед дали во меѓувреме неговото гонење станало забрането со закон и дали делата за кои на крај бил осуден биле дефинирани со задоволителна пристапност и предвидливост. Со оглед дека фактичките докази се оспорени, Судот ја започна својата анализа врз основа на хипотезата што е поповолна за апликантот, имено дека селаните не биле обични цивили, туку „борци“ или „цивили кои учестувале во непријателства“.
(a) Правен основ за злосторствата во 1944 – Апликантот е осуден според член 68-3 од Кривичниот законик од 1961 година, одредба којашто ја вовел Врховниот суд на 6 април 1993 година. Иако член 68-3 дава примери на дела што се сметаат за воени злосторства, тој за прецизна дефиниција се повикува на „релевантни правни конвенции“. Согласно тоа, осудувањето на апликантот било засновано на меѓународното, а не на домашното право.
Судот ја прегледа позицијата според меѓународното право од 1944 година. Тој забележа дека, по долг период на кодификација кој датира од средината на 19 век, Повелбата на меѓународниот воен трибунал во Нирнберг дава неисцрпна дефиниција за воени злосторства, за кои била задржана поединечна кривична одговорност. Во современата доктрина постои согласност дека според меѓународното право, особено со Хашката конвенција и со Регулативата 1907, веќе се дефинирани воените злосторства и се бара гонење на поединци, така што Повелбата не претставува ex post facto кривично законодавство. Во текот на целиот период на кодификација, домашните криминални и воени судови првенствено претставувале механизам за спроведување на законите и на обичаите на војна, при што исклучок претставува меѓународно гонење. Согласно тоа, меѓународна одговорност на Државата заснована на договори и конвенции не ја спречува обичајната одговорност на Државите за гонење и за казнување на поединци за повреда на законите и на обичаите на војна. Меѓународното и националното право служат како основа за домашни гонења и одговорност. Поточно, кога националното право не дава специфични карактеристики на определено воено злосторство, домашниот суд се потпира на меѓународното право како основа за свое одлучување. Во согласност со тоа, Судот смета дека до мај 1944 година воените злосторства биле дефинирани како дела спротивни на законите и на обичаите на војна, додека меѓународното право ги дефинирало основните начела кои се во основа на таквите злосторства, како и широк дијапазон дела кои претставуваат такви злосторства. На Државите барем им е дозволено (ако не се бара) да преземат чекори за казнување на поединци, вклучувајќи и врз основа на командна одговорност.
Судот продолжи да ги разгледува, од аспект на „двата кардинални принципи“ на хуманитарното право – „заштитата на цивилното население и предмети“ и „обврската за избегнување непотребно страдање на борци“ – без оглед дали постоела доволно јасна и во современо време правна основа за специфични воени злосторства за кои е осуден апликантот. Овие злосторства вклучуваат малтретирање, ранување и убивање на селани, нивно подмолно ранување и убивање, убивање бремена жена со запалување и напади на небранети места.
Во однос на првото од овие кривични дела, особено имајќи го предвид член 23(ц) од Хашките регулативи од 1907 година, убивање и малтретирање селани го повредило основното право дека непријателот надвор од борба (hors de combat) – во овој случај, кој не бил вооружен – е заштитен. Не е потребно такви лица да имаат посебен правен статус или формално да се предале. Како борци, селаните, исто така, би имале право на заштита како воени заробеници под контрола на апликантот и на неговата единица и нивното последователно малтретирање и погубување по прека постапка, би било спротивно на бројните правила и обичаи на војна за заштита на воени заробеници. Во однос на вториот престап, домашните судови основано се повикале на член 23(б) на Хашките регулативи за да утврди одделна пресуда на подмолно ранување и убивање, за незаконско поттикнување (со носење германски униформи) на непријателот да верува дека не е под закана од напад. Исто така, постоела веродостојна законска основа за осуда на апликантот за третото дело (убивање со палење на бремена жена), со оглед на посебната заштита на која имаат право жените за време на војна уште од Либеровиот кодекс од 1863 година. На крај, што се однесува до четвртото дело, член 25 од Хашките регулативи забранува напади против небранети места освен кога тоа „императивно го бараат потребите на војната“. Нема ништо што би сугерирало дека исклучокот би се применувал во случајот на апликантот. Согласно тоа, Судот е е согласен дека секој од овие случаи претставувал воено злосторство. Како лице кое организирало, командувало и предводело партизанска единица која го извршила нападот, апликантот презел командна одговорност за тие напади.
Како заклучок, дури и под претпоставка убиените селани да можеле да се сметаат за „цивили кои учествувале во непријателства“ или за “борци“, постои доволно јасна законска основа, имајќи ја предвид состојбата на меѓународното право од 1944 година, за осуда и за казнување на апликантот за воени злосторства како командант на единица одговорна за нападот врз Мазие Бати. Кога селаните би се сметале за „цивили“, тие би имале право на уште поголема заштита.
(б) Дали точките на обвинението се забранети со закон – За домашно гонење за воени злосторсва извршени во 1944 би било потребно повикување на меѓународното право, не само во однос на дефинирањето на таквите злосторства, туку и во однос на определувањето на некаков евентуален период на ограничување. Согласно тоа, никаков домашен период на ограничување не е прифатлив. Според тоа, суштинското прашање е дали во некој момент пред гонењето на апликантот, такво дејство станало забрането со закон според меѓународното право. Меѓународното право немало одредби за предметот во 1944 година и оттогаш нема утврдено никаков период на ограничување. Следи дека гонењето на апликантот не е забрането со закон.
(c) Предвидливост – Меѓународните закони и обичаи на војна се доволни, сами по себе, за утврдување кривична одговорност во 1944 година, така што фактот дека не биле спомнати во домашното законодавство во тоа време не може да биде одлучувачки. Тие претставуваат детални lex specialis правила утврдувајќи ги параметрите на кривично однесување во период на војна и првенствено се наменети за оружените сили и, особени, за командантите. Со оглед на неговата позиција на команден воен офицер, од апликантот можело основано да се очекува да преземе посебна грижа во проценувањето на ризиците што ги повлекувала операцијата во Мазие Бати. Дури и најповршно размислување би укажало дека со флагрантно незаконско малтретирање и убивање на селани се ризикува тие да претставуваат воени злосторства за кои, како командант, тој би бил поединечно и кривично одговорен. Судот ја одби изјавата на апликантот дека неговото гонење политички било непредвидливо, бидејќи е легитимно и предвидливо за една Држава наследничка да поведе кривична постапка против оние кои извршиле злосторства под поранешниот режим. Судовите - наследници не може да се критикуваат за примена и толкување на законски одредби кои биле во сила во релевантниот период за време на поранешниот режим од аспект, како на начелата со кои се регулира Државата што е предмет на владеењето на правото, така и на суштинските начела врз кои е изграден системот на Конвенцијата, особено кога е во прашање правото на живот. Овие начела се применливи за промена на режим од таква природа каква што се случува во Латвија по независноста.
Согласно тоа, во времето во кое биле извршени, делата на апликантот претставувале кривични дела дефинирани со доволна пристапност и предвидливост во законите и во обичаите на војна.
Заклучок: нема повреда (четиринаесет наспрема три гласови).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy