© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот, бр. 150
март 2012
Konstantin Markin против Русија - 30078/06
Пресуда 22.3.2012 [Голем совет]
Член 14
Дискриминација
Разлика во третманот меѓу лица од машки и од женски пол вработени во војска во однос на правото на родителско отсуство: повреда
Факти – Во согласност со правото на Русија, татковците и мајките вработени во цивилна служба имаат право на тригодишно родителско отсуство за да се грижат за своите малолетни деца и на месечен надоместок за дел од тој период. Правото недвосмислено е проширено и на жени вработени во војска, но не постои таква одредба во однос на мажите. Апликантот, кој е радио-оператор за разузнавање во оружените сили и е разведен, поднел барање за тригодишно родителско отсуство заради одгледување на трите деца од бракот, но тоа му било одбиено под образложение дека во домашното право нема основ за неговото барање. Подоцна претпоставените му одобриле родителско отсуство од околу две години и финансиска помош со оглед на неговата тешка лична ситуација. Сепак, тој поднел тужба до Уставниот суд, во која навел дека законодавството не е усогласено со гарантирањето на еднакви права што го предвидува Уставот. Одбивајќи ја тужбата, Уставниот суд навел дека забраната вработени во армијата да добијат родителско отсуство се базира на специјалниот правен статус на војската и потребата да се избегне воениот персонал во голем број да биде недостапен за извршување на своите должности. Тој забележал дека лицата вработени во армијата доброволно презеле обврски поврзани со нивниот воен статус и имаат право на предвремено прекинување на службата доколку решат лично да се грижат за своите деца. Правото да земат родителско отсуство им се дава на припадничките на воениот персонал во исклучителни случаи и притоа се зема предвид ограничената застапеност на жените во војската, како и нивната посебна социјална улога поврзана со мајчинството.
Во пресудата од 7 октомври 2010 година (видете Information Note no. 134), Советот со шест наспрема еден глас утврди дека е направена повреда на член 14 во врска со член 8.
Право – Член 14 во врска со член 8: Родителското отстуство и родителските надоместоци спаѓаат во опсегот на член 8, со оглед дека го унапредуваат семејниот живот и нужно влијаат врз начинот на кој тој е организиран. Значи, член 14 од Конвенцијата е применлив (во врска со член 8). Мажите се наоѓаат во аналогна положба со жените во однос на родителското отсуство (спротивно на породилното отсуство) и на надоместоците за родителско отсуство. Согласно тоа, како припадник на воен персонал, апликантот бил во аналогна положба со жените вработени во армијата. Според тоа, Судот мораше да утврди дали разликата во третманот меѓу припадниците и припадничките на воениот персонал во однос на правото на родителско отсуство е објективна и основано оправдана.
Во тој однос, тој забележа дека унапредувњето на половата еднаквост сега претставува главна цел на земјите-членки на Советот на Европа и би требало да се дадат многу важни причини за разликата во третманот врз основа на полот да може да се смета за усогласена со Конвенцијата. Поточно, упатувањата на традициите, општите претпоставки или превладувачките социјални ставови во конкретната земја не се доволни.
Судот не прифаќа дека оправдувањето за разликата во третманот во случајот на апликантот може да биде, како што тврди Владата, посебната социјална улога на жените во одгледувањето на децата. Современите европски општества се приближуваат кон порамноправна поделба меѓу мажите и жените во однос на одговорноста за одгледување на нивните деца и улогата на мажите во грижата за децата е потврдена. Повеќето европски држави, вклучувајќи ја и Русија, сега им дозволуваат на мажите и жените вработени во цивилна служба да земат родителско отсуство, а значителен број земји го прошириле ова право на припадниците на воениот персонал од двата пола. Разликата во третманот на апликантот не може да се смета за позитивна дискриминација во полза на жените бидејќи, очигледно, не е направена со цел да ја поправи неповолната положба на жените во општеството. Наместо тоа, таа има ефект на закоравени полови стереотипи и е неповолна како за кариерата на жените, така и за семејниот живот на мажите. Сè на сè, повикувањето на традиционалната распределба на улогите на половите во општеството не може да го оправда исклучувањето на мажите, вклучувајќи и лица вработени во војска, од правото на родителско отсуство.
Судот не е убеден со аргументите на Владата дека проширувањето на родителското отсуство на лица од машки пол вработени во армијата би имало негативен ефект врз борбената моќ и оперативната ефикасност на оружените сили. Руските власти не спровеле никаква експертска студија или истражување за оценување на бројот на припадниците на воениот персонал кои би биле во можност или би сакале да земат тригодишно родителско отсуство за да проценат како тоа би можело да влијае на оперативната ефикасност. Статистичките податоци кои тие ги поднеле се неубедливи. Самиот факт дека сите припадници на воениот персонал од машки пол се на „возраст кога имаат деца за одгледување“ не е доволен за да се оправда разликата во третманот меѓу мажите и жените вработени во армијата. Сепак, Судот прифаќа дека, со оглед на значењето на армијата во заштитата на националната безбедност, може да бидат оправдани одредени рестрикции на правото на родителско отсуство, под услов тие да не се дискриминаторски. Така, на пример, вработени во армијата, без оглед дали се работи за мажи или за жени, можат да бидат исклучени од правото на родителско отсуство доколку не можат лесно да бидат заменети поради нивната хиерархиска функција, ретките технички квалификациии или вклученоста во активни воени дејства. Меѓутоа, во Русија исклучувањето од правото на родителско отсуство автоматски се применува на сите лица од машки пол вработени во армијата, без оглед на нивната функција во армијата, можноста да се најде замена за нив или нивната индивидуална ситуација. Став на Судот е дека такво општо и автоматско ограничување кое се применува на група луѓе врз основа на нивниот пол е надвор од прифатливата маргина на дискреција во проценката на државата.
Апликантот работел како радио-оператор за разузнавање и според тоа, можел да биде заменет со друг вработен од машки или од женски пол. Значајно е што на исти работни места во оваа единица често се вработени жени, кои за разлика од него, имаат безусловно право на тригодишно родителско отсуство. Според тоа, апликантот бил дискриминиран врз основа на полот, без основано или објективно оправдување. Со оглед на основното значење на забраната на дискриминација врз основа на полот, фактот дека тој потпишал договор со армијата не може да претставува одрекнување од неговото право да не биде дискриминиран.
Заклучок: повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 34: Апликантот се пожалил дека, иако неговата апликација пред Европскиот суд била во постапка, него во неговиот дом без покана го посетил обвинител, кој побарал информации во однос на предметот. Судот забележа дека, во принцип, не е соодветно властите на тужена држава да остваруваат директен контакт со апликант во врска со неговиот или нејзиниот предмет пред Судот. Меѓутоа, во сегашниот случај, нема докази дека посетата на обвинителот на домот на апликантот за да добие ажурирани информации за семејната ситуација, била пресметана со цел апликантот да се поттикне да ја повлече или смени тужбата или дека го имала тој ефект. Согласно тоа, не може да се смета дека властите го попречиле апликантот да го оствари своето право на индивидуална тужба.
Заклучок: нема неусогласеност со член 34 (четиринаесет наспрема три гласа).
Член 41: 3.000 ЕУР во однос на нематеријално обештетување.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy