© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За повеќе информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ПЕТТИ ОДДЕЛ
СЛУЧАЈ КОВАЧ против УКРАИНА
(Жалба бр. 39424/02)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
7 февруари 2008
КОНЕЧНА
07/05/2008
Оваа пресуда ќе стане конечна под условите наведени во член 44 § 2 oд Конвнцијата. Пресудата може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Ковач против Украина,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Судски совет во состав:
Peer Lorenzen, Претседател,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Margarita Tsatsa-Nikolovska,
Javier Borrego Borrego,
Renate Jaeger,
Mark Villiger, судии,
и Claudia Westerdiek, Секретар на оддел,
Откако расправаше на затворена седница на 15 јануари 2008,
Ја донeсува следната пресуда, која што беше усвоена на таа дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со жалба (бр. 39424/02) против Украина поднесена пред Судот врз основа на член 34 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на украински државјанин, г-н Микола Миколајович Ковач („жалителот“), на 17 октомври 2002.
2. Жалителот го застапуваше г-ѓа Н. Петрова, адвокат од Киев. Украинската Влада („Владата“) ја застапуваше нејзиниот Агент, г-н Јуриј Зајцев.
3. На 14 февруари 2006 Судот одлучи да ја комуницира жалбата до Владата. Според одредбите на член 29 § 3 oд Конвенцијата, Судот одлучи да ја разгледа основаноста на жалбата истоворемено со нејзината допуштеност.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
1. Настани кои довеле до жалбените наводи на жалителот
4. Жалителот бил кандидат на парламентарните избори од 31 март 2002 во едномандатната изборна единица бр. 72 во регионот Закарпатскиот регион (Одномандатний виборчий округ № 72).
5. Помеѓу регистрираните кандидати за таа единица бил г-н Г., кој во тоа време, бил на функцијата Раководител на Береговската државна администрација во Закарпатскиот регион (Берегівська державна адміністрація Закарпатської області).
6. На 13 и 28 март 2002 локалните весници на унгарски јазик Bereginfo и Karpati Igaz Szo го објавиле следниот повик до гласачите:
„Ние сме цврсто уверени дека секој кој ќе му ја даде својата поддршка [на г-н Г.] во недела може тоа да го направи со чиста совест, давајќи ја својата верба и доверба кон него за да се осигура најдобрата можна иднина за нашата земја. Тој е единствениот кандидат кој ги почитува сите наши интереси и може да ги застапува и штити тие интереси на највисоко ниво. Тој е човек од акција кој никогаш нема да ја злоупотреби вашата доверба во него и кој ќе даде сѐ од себе за да ја задржи целосната поддршка од гласачите во иднина.“
7. После повикот имало голем број на потписи, вклучително и потписите на г-ѓа Д, секретар на Изборната комисија во изборната единица бр.72, и г-н О., претседател на истата комисија.
8. На 31 март 2002 се одржале парламентарните избори. Во текот на изборите, набљудувач кој дејствувал во име на г-н Г. во избирачкото место бр. 14 во изборната единица бр.72 подготвил извештај (акт) во кој кажал дека сведочел како непознато лице ставило неколку (таа мислела биле седум) избирачки ливчиња во избирачката кутија. Извештајот бил потпишан од двајца гласачи. Набљудувачите испратени од г-н Г. во избирачките места бр. 45 и 58 составиле слични извештаи за прекршувања на изборниот закон, наведувајќи дека тие виделе како незаконски се ставаат пет и десет гласачки ливчиња соодветно во избирачките кутии.
9. Според првите извештаи добиени преку компјутерски систем, жалителот добил 33,567 гласови во споредба со 33,524 за неговиот главен опонент, г-н Г. Во избирачкото место бр.14 жалителот освоил 537 а г-н Г 291 од вкупниот број на 1570 дадени гласови. Во избирачкото место бр.45 оф 1244 гласачи, 711 гласале за жалителот а 372 за неговиот опонент. Во местото бр. 58 биле изјавени 830 гласа, од кои 475 биле за жалителот, а 219 за г-н Г. Во гласачкото место бр. 67, од 1,480 гласачи 765 ги дале својот глас за жалителот, а 387 за неговиот опонент. Вкупно, во избирачките места споменати погоре жалителот освоил 2,488 гласа наспроти 1269 за г-н Г.
10. Со одлука бр. 36 од 2 април 2002 Изборната комисија од избирачката единица бр.72, врз основа на извештаите на набљудувачите споменати погоре, ги прогласиле резултатите во избирачките места бр. 14, 45 и 58 за невалидни поради сериозни прекршувања на изборниот закон. Исто така било утврдено дека ноќта на 1 април 2002, после затворањето на гласањето, членови на Изборната комисија оо избирачкото место бр. 67, дошле и незаконски ги отвореле запечаните гласачки кутии и одзеле оригинали за избирачките записници и неколку невалидни избирачки ливчиња. Следниот ден претседателот на Изборната комисија од тоа место ги донел записниците и гласачите ливчиња во Изборната комисија на изборната единица бр.72. Не било дадени причините за овие постапки. Затоа, резултатите од изборите во избирачкото место бр. 67 биле исто така прогласени за нерегуларни. На истата дата жалителот изјавил жалба до Централната изборната комисија (Центральна виборча комісія, „ЦИК“).
11. Со одлука бр. 37, Изборната комисија на изборната единица бр.72 ги објавила конечните резултати од гласањето, според кои жалителот освоил 31,079 додека пак г-н Г освоил 32,255. Овој резултат одговарал на резултатот наведен во првиот записник за гласањето, споменат погоре, после одземање на гласовите во избирачките места бр.14, 45, 58 и 67. Г-н Г., затоа бил избран за пратеник во Парламентот за таа изборна единица.
2. Постапка за поништување на гласањето во четири избирачки места
12. На 3 април 2002 претседателите и членовите на изборните комисии во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67 испратиле изјави до претседателот на ЦИК во кои се кажувало дека ниту еден од официјалните набљудувачи пријавиле какво било прекршување на изборниот закон во текот на гласањето или пребројувањето, и дека документите поднесени од набљудувачите во кои се жалат на неправилности биле составени после броењето, „а резултатите од пребројувањето не му одговорале на еден од кандидатите.“.
13. Со одлука бр. 750 oд 5 април 2002 ЦИК; после жалбата на жалителот од 2 април 2002, ја укинала одлуката бр.36 и и наложила на Изборната комисија на изборната единица бр.72 да донесе образложена одлука за резултатите од гласањето во четирите избирачки места за кои станува збор. Повикувајќи се на првиот параграф од член 70 на Законот за парламентарни избори, ЦИК забележала дека оспорената одлука не била соодветно образложена и дека немало цврсти докази за наводните неправилности или за наводот дека бројот на гласачки ливчиња додадени незаконски надминале десет проценти од вкупниот број изјавени гласови во секое избирачко место.
14. На седница одржана на 6 април 2002 Изборната комисија на изборната единица бр.72, со мнозинство од девет гласа против два и тројца воздржани, гу усвоиле одлуките бр.40 и 41, со кои гласањето во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67 било прогласено за нерегуларно од истите причини како и претходно. Во овие одлуки Комисијата воочила дека дванаесеттио параграф од член 72 на Законот за парламентарни избори дозволувал гласањето да се прогласи за нерегуларно врз основа на „други околности кои оневозможуваат да се утврдат резултатите од изразувањето на волјата на електоратот“, покрај основите наброени во член 70 од тој Закон. Комисијата исто така воочила дека, затоа што член 72 не ги дефинирал тие „други околности“ прашањето спаѓало во нејзина исклучива надлежност. На крај, Изборната комисија на изборната единица бр.72 заклучила дека неправилностите кои ги утврдила како и тие забележани од набљудувачите требало да се сметаа за „други околности“кои оневозможиле да се утврди волјата на електоратот.
15. На 9 април 2002 жалителот изјавил жалба против одлуките бр. 40 и 41 од 6 април 2002. Тој тврдела дека Изборната комисија на изборната единица бр.72 не постапиле според инструкциите на ЦИК во нејзината одлука од 5 април 2002 во однос на потребата да даде доволно причини.
16. Со одлука бр. 858 од 12 април 2002 Централната изборна комисија ја отфрлила жалбата на жалителот од 9 април 2002 затоа што според член 72 од Законот за парламентарни избори, утврдувањето на постоење на „други околности“ кои доведуваат гласањето да се прогласи за нерегуларно било задачата на изборната комисија во избората единица.
17. Жалителот се жалел против оваа одлука до Врховниот суд, кој, во пресуда од 24 април 2002, ги поврдил заклучоците на ЦИК, вклучително и тој кој се однесува на исклучивата надлежност на изборните комисии во изборните единици да ги утврдат „другите околности“ предвидени со член 72 од Законот за парламентарни избори од 2001.
3. Посатпка во однос на останатите наводни прекршувања на изборниот закон
18. На 3 април 2002 г-н В., набљудувач на жалителот, во присуство на набљудувачите на другите кандидати и претседателот и двајца членови на Изборната комисија на изборната единица бр.72, составиле извештај во кој навеле повреди на изборниот закон. Според авторите, условите во канцеларијата на изборната комисија лоцирана во подрумот на зградата на државната администрација во Берегово не биле соодветни за да осигураат дека избирачки ливчиња се сигурни и неоштетени, особено, тие тврделе дека вратите и фиоките во кои се чувале документите не биле заклучени, и дека една од вратите не можела да се заклучи.
19. На 5 април 2002 жалителот изјавил жалба до ЦИК против одлуката бр. 37 од 2 април 2002 во која г-н Г. бил прогласен за победник на изборите во избирачката единица бр.72.
20. На 7 април 2002, после одлуката бр. 750 на ЦИК (види параграф 13 погоре), биле повторно преброени гласовите во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67. После пребројувањето, Изборната комисија на изборната единица бр.72 објавила детален записник од гласањето во кој биле наведени резултатите од гласањето во избирачката единица, кои биле исти како резултатите наведени во нејзината одлука бр. 37.
21. Истиот тој ден член на изборната комисија за таа избирачка единица, заедно со двајца набљудувачи на двајца од кандидатите кои не биле избрани, се обратиле до ЦИК, наведувајќи дека пакети со избирачки ливчиња не биле запечатени од Изборната комисија во избирачкото место бр.67, дека некои од избирачките ливчиња биле оштетени и дека, со оглед на тие фактори, не можело да се исклучи дека трети лица имале пристап до гласачките ливчиња пред повторното пребројување.
22. На 14 април 2002 Изборната комисија на изборната единица бр.72 (види параграф 72 подолу) го соствила корегираниот записник од гласањето (види параграф 27 подолу) во кој биле наведени резултатите од гласањето.
23. На истата дата заменик-претседателот и тројца членови на од Изборната комисија во избирачкото место бр. 67 напишале меморандум, до ЦИК, во кој тие изјавиле дека спротивно на законот, заменик-претседателот и секретарот на изборната комисија во избирачката единица, придружувани со четворица фукционери од општинскиот совет и државната администрација дејствувајќи како набљудувачи на г-н Г., дошле во нивните домови барајќи да го потпишак корегираниот записник од гласањето. Потписниците на тој документ изразиле сомнежи во однос на точноста на бројките во записникот од 14 април 2002.
24. На 15 април 2002 корегираните записници од гласањето биле испратени до ЦИК.
25. На 16 април 2002 жалителот поднел жалба до ЦИК барајќи записникот од 14 април 2002 да биде прогласен за неважечки. Повикувајќи се на повикот до гласачите објавен на 13 и 28 март 2002 во весниците Bereginfo и Karpati Igaz Szo, тој го критикувал фактот што претседателот и секретарот на комисијата се вклучиле во изборната кампања на неговиот противник. Тој исто така воочил дека условите во кои материјалите од гласањето биле чувани и новиот записник за гласањето предизвикувале сомнежи во однос на точноста на резултатите на добиените гласови после пребројувањето од 7 април 2002.
26. Во допис од 18 април 2002 Изборната комисија на изборната единица бр.72 ја известила ЦИК дека, во согласност со инструкциите на Регионалниот полициски сектор во Закарпатскиот регион (ГУ МВС України в Закарпатський області), канцеларијата на комисијата биле соодветно заштитена и дека не било откриено дека имало незаконско влегување.
27. Со одлука од 18 април 2002 ЦИК ги разгледала и отфрлила жалбите на жалителот од 5 и 16 април 2002. Таа воочила дека записникот за гласањето подготвен после пребројувањето од 7 април 2002 не содржел некои податоци, имено бројот на неважечки ливчиња, и дека корегираниот записник од 14 април 2002 ја исправил таа грешка. ЦИК исто така воочила дека одлукаѕа бр. 37 од 2 април 2002 била законска и валидна со оглед на тоа дека, според корегираниот записник за гласањето, г-н Г. освоил најголем број на гласови. Понатаму, не биле најдени никакви индикации дека начинот на кој повторното пребројувае на гласовите било спроведено влијале врз резултатите од гласањето. ЦИК се повикала во тој поглед на дописот од 18 април 2002 од Изборната комисија на изборната единица бр.72 во однос на безбедноста на нејзината канцеларија. На крај ЦИК заклучила дека жалителот не посочил ниту една основа предвидена со Законот за парламентарни избори за отпуштање на претседателот и секгретарот на Изборната комисија на изборната единица бр.72.
28. Жалителот ја оспорил оваа одлука пред Врховниот суд, кој, во пресуда донесена на 22 април 2002, ја отфрил жалбата. Тој одлучил дека одлуката од 18 април 2002 била донесена во рамките на надлежноста на ЦИК и на начин пропипан со важечкото домашно право.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
A. Устав на Украина
29. Релевантниот член од Уставот предвидува:
„член76
„..Граѓанин на Украин кој има наполнето дваесет и една година на денот на изборите, има право на глас и, ако тој граѓанин живеел на територијата на Украина во претходните пет години, исполнува услови за да биде избран за член на Парламентот...“
Б. Законот за парламентарни избори од 18 октомври 2001 (во сила во релевантиот период)
30. Во релевантниот период украинскиот изборен систем бил регулира со првиот дел од овој Закон. Тој бил заснован на мешовит пропорционален систем, во кој 225 од 450 членови Verkhovna Rada (украинскиот монокамерален парламент) се избирале од избирачки единици за еден мандат со обично мнозинство [“first past the post”] (види Sukhovetskyy v. Ukraine, no. 13716/02, ECHR 2006‑...) а останатите 225 места биле за кандидати од листи на политички партии (види Melnychenko v. Ukraine, no. 17707/02, ECHR 2004‑X).
31. Според член 18 од Законот, системот на изборни комисии се состоел од ЦИК; комисии на избирачките единици и избирачките места. Секоја избирачка единица се состоела од повеќе избирачки места.
32. Член 29 од Законот предвидувал дека кандидатие за избори инале право да се жалат на одлуки, дејствија и несторувања на изборните комисии до повисоките изборни комисии или судовите. Повисоките изборни комисии, после таква жалба, одлука на суд или самостојно, можеле да укинат одлука на пониска комисија и или да донесат нова одлука или да ја обврзат засегнатата комисија да го преиспита случајот. Одлуките, дејствијата и несторувањата на ЦИК можеле да се оспорат пред Врховниот суд.
33. Член 70 од Законот ја утврдувал процедурата за прогласување на гласањето во едно избирачко место за неважечко од страна на изборната комисија за тоа место.
Параграф 1 од тој член стипулирал:
„Изборната комисија на гласачко место може да го прогласи гласањето во тоа место за неважечко во случај на прекршување на овој Закон кои оневозможува да се утврдат резултатите од изразувањето на волјата на електоратот. Изборната комисија на гласачко место може да го прогласи гласањето за неважечко во следните околности:
1. ако било утврдено фактичко незаконито гласање (ставање на гласачко ливче во гласачка кутија од страна на друго лице, а не од лицето на кое тоа ливче му било дадено; гласање од лица без право на глас; гласање од лица кои не се на избирачките списоци на релеватното избирачко место или лица кои погрешно биле ставени на тие списоци, повеќекратно гласање од еден ист гласач) ако бројот на неважечки гласови надминува 10% од вкупно изјавените гласови.
2. ако гласачката кутија била оштетена или уништена така што е невозможно да се утврди содржината на дадените гласачки ливчиња, и ако бројот на оштетени гласачки ливчиња надминува 10% од вкупно изјавените гласови.
3. ако бројот на дадени гласачи ливчиња го надминува бројот на избирачи кои гласале за 10% или повеке.“
34. Член 72 од Законот ја регулирал процедурата за испитување од страна на изборните комисии на избирачки записници направени од комисиите во избирачките места.
Параграф 12 од тој член предвидувал:
„Ако изборната комисија во избирачка единица утврди постоење на околностите наброени во параграф 1 од член 70 или други околности кои оневозможуваат да се утврдат волјата на гласачите, таа може да го пргласи гласањето во конретното избирачко место за неважечко.“
35. Законот за парламентарни избори од 2004 (со измените од 7 јули 2005), превидува пропорционално претставување на изборите. Член 90 од Законот од 2004 сеуште дава овластувања на комисиите на избирачките места да го прогласат гласањето за неважечко ако бројот на нерегуларни гласови надминува 10% од вкупниот број на изјавени гласови. Член 92 предвидува дека, после повторно пребројување, комисиите на избирачките единици се овластени да го поништат гласањето во избирачко место ако се утврдени околностите наведени во член 90, или ако биле преземени намерни акти кои неправилно се мешале во работата членовите на изборните комисии или набљудувачите на кандидатите.
ПРАВО
I. ОПСЕГ НА СЛУЧАЈОТ
36. Судот забележува дека после комуницирањето на жалбата до тужената Влада и во одговор на приговорите на Владата во однос на допуштеноста и основаноста на жалбата, жалителот достави дополнителни жалбени наводи, наведувајќи дека во текот на изборната кампања жалителот и неговите подржувачи биле постојано угнетувани од властите. Жалителот исто така се жалеше дека неговиот главен опонент г-н Г ја искористил неговата функција на Раководител на Береговската државна администрација за да влијае врз кампањата и исходот на изборите.
37. Владата не коментираше.
38. Според Судот, новите наводи се поврзани во генерална смисла со овој случај, но, не претставуваат елаборирање на првичната жалба на жалителот пред Судот, која се однесува само на наводна неправичност на судската постапка во избирачката единица бр.72 ов текот на парламентарните избори во 2002. Судот затоа смета дека не е соодветно овие прашања да ги разгледа посебно во контекст на оваа жалба (види, inter alia, Piryanik v. Ukraine, no. 75788/01, § 20, 19 April 2005, and Lyashko v. Ukraine, no. 21040/02, § 29, 10 August 2006).
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 3 ОД ПРОТОКОЛ БР. 1
39. Жалителот се жалеше дека условите во кои биле спроведени изборите во избирачката единица бр.72 не обезбедиле слободно изразување на мислењето на народот при изборот на законодавно тело. Посебно, тој се жалеше за поништувањето на дадените гласови во избирачките места 14, 45, 58 и 67, и дека повторно пребројување било
наводно нефер. Тој исто така се жалеше дека претседателот и секретарот на изборната комисија ги повикале гласачите во локални весници, на тој начин покажувајќи дека се пристрасни. Тој се повика на член 3 од Протокол бр. 1 кој гласи:
„Високите страни договорнички се обврзуваат во разумни интервали да организираат слободни избори со тајно гласање, под услови што му овозможуваат на народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавното тело.“
A. Допуштеност
40. Владата тврдеше дека жалителот генерално не ги искористил домашните правни лекови како се бара од член 35 § 1 oд Конвенцијата. Иако Конвенцијата и нејзините протоколи биле дел од правото на Украина, жалителот никогап не се истакнал ниту пред ЦИК ниту пред Врховниот суд било какви наводи на повреда на одредбите од Конвенцијата.
41. Жалителот не се согласи со тоа.
42. Правилото на искоритување на домашни правни лекови вообичаено наложува дека жалбените наводи кои покасно се планира да се истакнат на меѓународно ниво требало да бидат прво истакнати пред домашните судови, барем во суштина и во согласност со формалните критериуми и рокови предвидени во домашното право (види Azinas v. Cyprus [GC], no. 56679/00, § 38, ECHR 2004‑III). Не е спорно дека жалителот ги истакнал неговите наводи за поништувањето на дадените гласови во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67 и за наводното нефер пребројување на 7 април 2002 пред ЦИК и, покасно пред Врховниот суд. Овие прашања затоа биле во целост истакнати пред домашните органи. Владата не сугерираше дека било какви домашни правила наложувале повикување на Конвенцијата, ниту пак тврдеше дека дополнително повикување на 3 од Протокол бр. 1 од Конвенцијата би влијале врз разгледувањето на неговиот случај од страна на ЦИК или Врховниот суд. Судот затоа одлучува дека жалителот адкеватно ги истакнал овие наводи пред домашните органи и го отфрла приговорот.
43. Судот одлучува дека овие жабени наводи не се очигледно неосновани во смисла на член 35 § 3 oд Конвенцијата. Исто така воочува дека тие не се недопуштени по било кој друг основ. Затоа тие мора да се прогласат за допуштени.
44. Што се однесува на жалбениот навод на жалителот за објавувањето на повик во локалните весници потпишан од претседателот и секретарот на Изборната комисија на изборната единица бр.72, Владата тврдеше дека жалителот не ги искористил домашните правни лекови затоа што не го истакнал овој навод пред ЦИК или Врховниот суд. Жалителот изјави дека ова прашање биле споменато во неговата жалба до ЦИК од 16 април 2002. Ако жалбата се однесувала само на тоа прашање, Судот се сомнева дали жалба до ЦИК без покасно да се изјави жалба до Врховниот суд може да се смета за доволно за искористување на домашните правни лекови. Сепак, според фактите на овој случај, во кои наводот за пристрасност од страна на претседателот и секретарот на изборната комисија е тесно поврзан со други аспекти на жалбениот навод на жалителот за неговот право на слободни избори, Судот смета дека е соодветно одлучувањето по приговорот на Владата да се спои со мериторното одлучување за жалбата, Жалбениот навод не е недопуштен по било кој друг основ, и затоа мора да биде прогласен за допуштен.
Б. Основаност
1. Аргументи на странките
45. Жалителот тврдеше дека тој освоил повеќе гласови од противничкиот кандидат, но, дека не добил место во парламетот како последица на нефер пребројување, засновано на неограничена дискреција од страна на изборната комисија во избирачката единица.
46. Владата тврдеше дека немало сериозни прекршувања на изборниот закон во текот на изборите во избирачката единица бр.72 и дека неправилностите до кои дошло биле соодветно и навремено пријавени и исправени од страна на ЦИК.
47. Владата тврдеше дека разликата помеѓу двајцата главни кандидати, жалителот и г-н Г., била тесна и дека само мал број на гласови одлучиле. Таа тврдеше дека фактот што таканаречените „напразно дадени гласови“ е феномен кој не постои само во Украина и важи и за други изборни системи, влијаел врз исходот на изборите на избирачката единица бр. 72 не можел да се припише на пропуст од државата да „овозможи народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавното тело“. Владата потоа изјави дека Изборната комисија на изборната единица бр.72 донесла разумен закучок дека повредите на изборниот закон до кои дошло во текот на гласањето на четирите гласачи места за кои станува збор претставувале пречка во утврдувањето на волјата на гласачите. Овој заклучок бил преиспитан од ЦИК и Врховниот суд и било најдено дека тој бил законит и разумен.
2. Оцена на Судот
48. Член 3 од Протокол бр. 1 се чини на прв поглед дека се разликува од другите права гарантирани во Конвенцијата и нејзините протоколи, затоа што е формулиран како обврска на високата договорна страна да одржи избори кои овозможуваат народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавното тело, а не како конкретно право или слобода, Сепак, со оглед на подготвителната работа за член 3 од протоколот толкувањето на одредбата во контекст на Конвенцијата како целина, Судот има утврдено дека тој гарантира индивидуални права, вклучувајќи го правото на глас и правото да се биде кандидат на избори (види Mathieu-Mohin and Clerfayt v. Belgium, judgment of 2 March 1987, Series A no. 113, pp. 22-23, §§ 46-51; Hirst v. the United Kingdom (No. 2) [GC], no. 74025/01, § 56-57, ECHR 2005-IX; и понов случај, Ždanoka v. Latvia [GC], no. 58278/00, § 102, 16 March 2006). Понатаму, Судот смета дека овој член гарантира право на поединецот да се кандидира на избори, и, штом е избран, да стане член на парламентот (види Lykourezos v. Greece, no. 33554/03, § 50, ECHR 2006‑...).
49. Правата гарантирани со член 3 од Протокол бр. 1 се клучни за формирање и одржување на основите на ефикасна и вистинска демократија раководена од владеење на правото. Сепак, тие права не се апсолутни. Има простор за „имплицитни ограничувања“, и на државите договорнички мора да им биде дадено широко поле на слободна оцена во оваа сфера. Во оваа сфера, државите договорнички уживаат широко поле на слободна оцена под услов тие да овозможат еднакво постапување за сите граѓани. Сепак, не произлегува дека сите гласови нужно мора да имаат еднаква тежина во однос на исходот од изборите или дека сите кандидати мора да имаат еднакви шанси за победа. Така, ниту еден систем не може да ги елиминира „напразно дадените гласови“ [“wasted votes”] (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 54).
50. Сепак, Судот е тој што треба да утврди во крајна мерка дали условите од член 3 од Протокол бр. 1 биле исполнети: тој мора да биде убеден дека условите не ги ограничиле правата за кои станува збор до тој обем да ја оштетат нивната суштина и да им ја одземат нивната ефикасност; дека се наметнати за остварување на легитимна цел, и дека употребените средства не се несразмерни (види Labita v. Italy [GC] no. 26772/95, § 201, ECHR 2000-IV). Секое отстапување од принципот на општо право на глас ризикува да ја поткопа демократската валидност на законодавното тело кое е на тој начин избрано и на законите кои тоа дело ги донесува. Исклучувањето на групи или категории од општото население мора затоа да биде во согласност со целите на кои почива член 3 од Протокол бр. 1 (види Sukhovetskyy v. Ukraine, no. 13716/02, § 52, ECHR 2006-...).
51. Жалбените наводи на жалителот во овој случај беа фокусирани на начинот на кој било извршено пребројувањето во избирачкат единица каде тој бил пријавен како кандидат. Посебно, тој изјави дека одлуките со кои се прогласува гласањето во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67 за неважечки биле неправични и неосновани.
52. Владата повикувајќи се на неможноста да се избегнат „напразно дадени гласови“, изјави дека оспорените одлуки на Изборната комисија на изборната единица бр.72 биле со цел да се отстрани негативното влијание на повредите на изборниот закон врз слободното изразување на гласачите. Судот има сомнежи во однос на тоа дали праксата за поништување на сите гласови на избирачко место во која имеало неправилности, без оглед на обемот на неправилностите и без оглед на влијанието врз исходот од изборите во избирачката единица, може воопшто да се смета дека следи легитимна цел во смисла на член 3 од Протокол бр. 1. Сепак, Судот не треба да даде конечен став по ова прашање со оглед на неговите наоди подолу во пресудата.
53. Целта и намената на Конвенцијата, која е инструмент за заштита на човековите права, наложуваат нејзините одредби да се толкуваат и применуваат на начин тие одредби да бидат не теоретски и илузорни, туку практични и ефикасни (види, на пример, United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey, judgment of 30 January 1998, Reports 1998-I, pp. 18-19, § 33, и Chassagnou and Others v. France [GC], nos. 25088/94, 28331/95 and 28443/95, § 100, ECHR 1999‑III).
54. Во случајот Podkolzina v Latvia, Судот повтори дека правото да се биде кандидат на избори, кое е гарантирано со член 3 од Протокол бр. 1 и е инхерентно во концептот на навистина демократски режим, би било само илузорно ако тоа право може да биде одземено во било кој момент. Затоа, иако е точно дека теоретски државите имаат широко поле на слободна оцена при утврдувањето на услови кои треба да се исполнат за да се биде кандидат, принципот дека правата мора да се ефикасни наложува, заклучокот дека еден или друг кандидат не исполнува услови, да биде во согласност со повеќе критериуми предвидени да спречат арбитрерни одлуки. Посебно, таквиот заклучок мора да биде донесен од страна на орган кој може да понуди барем минимални гаранции за неговата непристрасност. Исто така, дискрецијата која ја ужива тоа тело не смее да биде преширока, таа мора да биде ограничена, со доволна прецизност, со одредбите на домашното право. На крај, процедурата за прогласување дека кандидатот не исполнува услови мора да биде таква да му овозможи правична и објективна одлука и да исклучи било каква злоупотреба од страна на релевантното тело (види (Podkolzina v. Latvia, no. 46726/99, § 35, ECHR 2002‑II).
55. Овој случај не се однесува на условите кои мора да се исполнат за да може да се биде кандидат како такви, туку на начинот на кој исходот од изборите биле преиспитан од страна на одговорните домашни органи. Слободната оцена на државата останува широка во оваа сфера исто така, но, не може да исклучи оцена од Судот дали дадена одлука била арбитрерна.
56. Како пример, во два претходни случаи, I.Z. v. Greece (see I.Z. v. Greece, no. 18997/91, Commission decision of 28 February 1994, Decisions and Reports (DR)) и Babenko v. Ukraine (see Babenko v. Ukraine (dec.), no. 43476/98, 4 May 1999), органите на Конвенцијата разгедале жалбени наводи на кандидати кои не биле избрани во однос на неправичноста на изборните процедури. Тие жалби биле отфрлени затоа што, во отсуство на вистинско негативно влијание врз исходот на конкретните избори, обжалената ситуација не претставувала мешање во слободното изразување на народот. Сепак, овој пристап не може да се примени во овој случај, како што беше прифатено и од Владата во нејзините опсервации, поништувањето на гласањето во конкретните четири гласачки места директно довело до прогласувањето на г-н Г., а не на жалителот, за победник на изборите.
57. Законот за парламентарни избори од 2001 предвидува дека гласањето во избирачки места можело да се прогласи за неважечко врз основа на причините предвидени во член 70 или, врз основа на „други околности“ кои оневозможуваат да се утврдат резултатите од изразувањето на волјата на гласачите, предвидени во член 72 (види параграфи 33 и 34 погоре).
58. Член 70 од тој Закон конкретно се однесувал на ситуација на повеќекратно гласање од исто лице, предвидувајќи дека гласањето во избирачкото место може да се прогласи за неважечко ако бројот на неважечки гласачки ливчиња го достигнал прагот од 10% од вкупниот број на изјавени гласови. Што се однесува на член 72, треба да се воочи дека немало домашна одредба или домашна пракса која може да објасни што може да се смета за „други околности“. Конкретно, не било јасно дали „други околности“ морале да бидат околности кои не се предвидени со член 70, или дали тие отворале можност изборнките комисии, и по жалба, судовите, да го заобиколат текстот на член 70 преку толкување на „други околности“ дека вклучуваат прашања кои се регулирани со таа одредба. Понатаму, иако член 70 набројувал настани во текот на изборите кои можеле да доведат до поништување на гласањето, член 70 ја регулирал процедурата за испитување на записниците од гласањето, а не директно на такви настани.
59. Недиволната јасност на член 72 од Законот за парламентарни избори од 2001 и можните ризици за уживањето на изборните права ихерентни во неговото толкување од страна на домашните органу барале особена внимателност од нивна страна. Изборната комисија во избирачката единица, сепак, во своите одлуки бр.40 и 41, едноставно се повикала на свои претходни одлуки и тврдела дека неправилностите кои биле утврдени и запишани од набљудувачите претставувале „други околности“кои оневозможувале да се утврдат резултатите од изразувањето на волјата на електоратот. Претходната одлука бр.36 на која комисијата се повикала наведувала дека ставањето на неколку неважечки гласачки ливчиња, што било посведочено од набљудувачите на г-н Г. во избирачките места бр. 14, 45, 58 и 67 и фактот дека членови на изборната комисија на гласачкото место бр.67 ги отвориле запечатените гласачки места и ги зеле записниците од гласањето како и неколку неважечки ливчиња (види парагарф 10 погоре), биле доволни за да се прогласат сите дадени гласови во тие места за неважечки.
60. Ниту во една од тие одлуки, како ни во одлуките донесени покасно од Централната изборна комисија или Врховниот суд немало дискусија за конфликтот помеѓу член 70 и член 72 од Законот за парламентарни избори од 2001, ниту пак имало анализа на кредибилитето на повеќе актери во изборите. Понатаму, ниту една од одлуките не содржела било какво објаснување зошто (посебно од аспект на член 70) наводните повреди влијаеле врз исходот од гласањето во гласачките места бр. 14, 45, 58 и 67 до таа мерка да било невозможно да се утврди волјата на гласачите.
61. Со оглед на горните согледувања, Судот заклучува дека одлуката да се поништи гласањето во четири избирирачки места мора да се смета за арбитрерна, и несразмерна на било која легитимна цел на која се повикува Владата. Следува дека во овој случај имало повреда на член 3 од Протокол бр. 1.
62. Со оглед на тоа, Судот смета дека не е потребно да одлучи по жалбените наводи на жалителот дека членови на Изборната комисија на изборната единица бр.72 биле пристрасни затоа што објавиле повик до гласачите, дека пребројувањето од 7 април 2002 биле неправилно поради повредите на домашниот изборен закон и дека безбедноста на гласачките кутии била компромитирана. Исто така не е неоходно да се испита приговорот на Владата за неискористување на домашните правни лекови во однос на наводите за пристрасност на дел од членовите на таа изборна комисија.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
63. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.“
A. Материјална штета
64. Жалителот тврдеше дека неговото барање за надомест на материјална штета се однесувало на изгубени плати кои би ги добил како член на Verkhovna Rada. Тој побара 144,000 американскидолари (USD) (107,250 евра (EUR)) како надомест, што било засновано на приближната плата на пратеник, и кои тој би ги добил ако бил избран.
65. Владата забележа дека немало причинска врска помеѓу барањата на жалителот за надомест и утврдената повреда.
66. Како што беше воочено во параграф 55 погоре, поништувањето на гласањето во четири избирачки места директно довело до прогласувањето на г-н Г., а не на жалителот, за член на Парламентот. Точно е дека, ако бил избран, тој би примал плата како член на Парламентот. Сепак, тоа не е доволно за му се додели бараниот износ, затоа што тој износ треба да се определи во однос на други приходи кои тој можеби би ги добил или кои би морал да ги направи ако бил избран, како во случајот Lykourezos v. Greece (цитиран погорњ, § 64, во кој жалителот бил спречен да го врши понатаму својот мандат). Жалителот даде детали во врска со платата која тој би ја примал како пратеник, но, не презиција кој би бил нето износот на неговите трошоци. Затоа Судот ги одбива неговите барања по овој основ.
Б. Нематеријална штета
67. Жалителот побара USD 56,000 (EUR 41,715) за надомест за болката и вознемиреноста која наводно ја претрпел како резултат на повредата на неговите изборни права.
68. Владата сметаше дека износот кој го бара жалителот е неоснован и претеран.
69. Судот потврдува дека жалителот претрпил нематеријална шетат како последица на најдените повреди. Затоа, одлучувајќи на правична основа и со оглед на сите околности на случајот, му доделува EUR 8,000 по овој основ.
В. Трошоци на постапката
70. Жалителот не поднесе барање по овој основ во предвидениот рок, Судот затоа не доделува надомест во тој поглед.
Г. Затезна камата
71. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресмета согласно најниската каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Го спојува со одлучувањето за основаноста на жалбата тврдењето на Владата во однос на искористување на домашни правни лекови во однос на жалбениот навод на жалителот за пристрасност на дел од членовите на изборната комисија, и одлучува дека не е потребно да го разгледа тој навод;
2.Го прогласува за допуштен останатиот дел од жалбата;
3. Одлучува дека имало повреда на член 3 од Протокол бр. 1;
4. Одлучува дека тужената држава треба да му плати на жалителот во рок од три месеци од денот кога пресудата ќе стане конечна според член 44 § 2 oд Конвенцијата, EUR 8,000 (осум илјади евра) во однос на нематеријална штета, кои треба да се конвертираат во домашната валута на тужената држава по курс кој важи на денот на исплата, плус секој данок кој може да биде пресметан на тој износ;
(б) дека по истекот на гореспоменатиот рок од три месеци до исплата, ќе се исплати камата на гореспоменатиот износ еднаква на најниската каматна стапка на Европската централна банка, за односниот период плус три процентни поени;
5. Го одбива останатиот дел од барањето на жалителката за правичен надоместок.
Изработена на аглиски јазик и доставена писмено на 7 февруари 2008, според правило 77 §§ 2 и 3 од Правилата на Судот.
Claudia WesterdiekPeer Lorenzen
СекретарПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy