© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document
ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈОТ НА КУДРЕВИЧИУС И ДРУГИ против ЛИТВАНИЈА
(Жалба бр. 37553/05)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
15 октомври 2015 год.
Оваа пресуда е конечна но може да подложи на уредничка ревизија.
.
Во случајот на Кудревичиус и други против Литванија,
Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет во состав:
Дин Шпилман (Dean Spielmann), претседател,
Хосеп Касадевал (Josep Casadevall),
Елизабет Штајнер (Elisabeth Steiner),
Ангелика Нусбергер (Angelika Nußberger),
Боштјан М. Зупанчич (Boštjan M. Zupančič),
Јоргос Николау (George Nicolaou),
Луиз Лопез Гера (Luis López Guerra),
Мирјана Лазарова Трајковска (Mirjana Lazarova Trajkovska),
Гана Јудкивска (GannaYudkivska),
Винсент А. де Гаетано (Vincent A. de Gaetano),
Андре Потоцки (André Potocki),
Хелена Јадерблом (Helena Jäderblom),
Алеш Пејчал (Aleš Pejchal),
Јоханес Силфис (Johannes Silvis),
Криштоф Војтичек (Krzysztof Wojtyczek),
Егидијус Курис (Egidijus Kūris),
Јон Фридрик Кулбро (Jon Fridrik Kjølbro), судии,
и Сорен Пребенсен (Søren Prebensen), заменик секретар на Големиот судски совет,
Откако го разгледа случајот на затворени седници на 9 април 2015 г. и на 9 септември 2015 г.,
Ја донесе следнава пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 37553/05) против Република Литванија поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од пет литвански државјани г-динот Арунас Кудревичиус, г-динот Брониус Маркаускас, г-динот Артурас Пилота, г-динот Кестутис Милиаскас – г-динот Виргинијус Миколаитис („жалителите“), на 8 октомври 2005 година.
2. Жалителите беа застапувани од г-динот К. Стунгис и г-динот Е. Лосис, двајца адвокати со пракса во Вилнус. Литванската Влада („Владата“) беше застапувана од нивниот агент, г-ѓата К. Бубните.
3. Жалителите тврдеа, конкретно дека тоа што биле осудени за учество во немири биле повредени нивните права на слобода на собирање и изразување и дека законот по кој биле осудени не ги исполнил условите од членот 7 од Конвенцијата.
4. На 21 мај 2008 година Владата беше информирана на жалбата.
5. Жалбата ѝ беше доделена на Втората секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). На 26 ноември 2013 г. Судскиот совет на Втората секција составен од следниве судии: Гвидо Раимонди (Guido Raimondi), Дануте Јочиене (Danutė Jočienė), Драгољуб Поповиќ (Dragoljub Popović), Андраш Шају (András Sajó), Ишил Каракаш (Işıl Karakaş), Пауло Пинто де Албукерки (Paulo Pinto de Albuquerque) и Хелен Келер (Helen Keller), како и Стенли Нојсмит (Stanley Naismith), секретар на Секцијата, едногласно ја прогласиле жалбата за допуштена во однос на жалбите согласно членовите 7 и 11 од Конвенцијата и недопуштена во останатиот дел. Со четири гласа наспроти три Судскиот совет одлучил дека имало повреда на членот 11 од Конвенцијата и дека немало потреба да се разгледа посебно жалбата во однос на членот 7 од Конвенцијата и дека тужената држава требала на секој жалител да му плати по 2.000 евра за нематеријална штета.
6. На 26 февруари 2014 г. Владата побара случајот да биде упатен до Големиот судски совет согласно членот 43 од Конвенцијата и правилото 73 од Деловникот на Судот. На 14 април 2014 г. панел на Големиот судски совет го одобри ова барање.
7. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите од членот 26 §§ 4 и 5 од Конвенцијата и правилото 24 од Деловникот на Судот.
8. И жалителите и Владата поднесоа сопствените дополнителни забелешки на писмено (правилото 59 § 1).
9. Јавен претрес бил закажан за 26 ноември 2014 година. Меѓутоа, со факс од 27 октомври 2014 година застапникот на жалителите, г-динот К. Стунгис, посочил дека тој доволно добро не говорел ниеден од службените јазици на Судот за да може во целост да учествува во претресот, а не можел да најде друг адвокат со релевантни вештини за да му помогне во тоа. Затоа побарал случајот да се сослуша во негово отсуство и да приложи документ кој не бил баран, а се состоел од девет страници, во кој во суштина тој одговорил на аргументите изнесени во забелешките на Владата пред Големиот судски совет. Во писмо од 30 октомври 2014 година Судот ја информирал Владата дека со оглед на позицијата на застапникот на жалителите, размислувал да не се одржи јавен претрес и на странките да им се даде можност да поднесат писмен одговор на секоја од забелешките. Со факс од 3 ноември 2014 година Владата се изјаснила дека тие немале никаков проблем случајот да биде разгледан без јавна расправа и дека во исто време тие би ценеле доколку добија можност да поднесат писмен одговор на забелешките на жалителите.
10. На 4 ноември 2014 година претседателот одлучил да го откаже јавниот претрес и првите разгледувања закажани за 26 ноември 2014 година и да ги повика странките до 17 декември 2014 година да поднесат дополнителни писмени забелешки како одговор на првичните забелешки на секоја од нив. Застапникот на жалителите бил информиран дека, доколку не поднесел никакви забелешки во рамките на пропишаното временско ограничување, документот што бил приложен кон неговиот факс од 27 октомври 2014 година ќе се сметал за негов одговор на аргументите посочени од владата пред Големиот судски совет.
11. Во ноември 2014 година застапникот на жалителите (г-динот К. Стунгис) починал. Жалителите назначиле нов застапник, г-динот Е. Лосис, кој појаснил дека документот што г-динот Стунгис го приложил со факсот од 27 октомври (види параграф 9 горе) треба да се смета за одговор на жалителите на аргументите на Владата. Владата била информирана за тоа. Тие своите забелешки како одговор ги поднеле на 17 декември 2014 година.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
12. Првиот жалител, г-динот Арунас Кудревичиус (во понатамошниот текст „А.К.“), е роден во 1970 година и живее во селото Ваиткунаи, регионот Утенос; вториот жалител, г-динот Брониус Маркаускас (во понатамошниот текст „Б.М.“), е роден во 1960 годна и живее во селото Триушелиаи, регионот Клаипеда, третиот жалител, г-динот Артурас Пилота, (во понатамошниот текст „А.П.“), е роден во 1973 година и живее во селото Ожкасвилиаи, регионот Маријамполе, четвртиот жалител, г-динот Кестутис Милиаскас (во понатамошниот текст „К.М.“), е роден во 1959 година и живее во селото Јунгенаи, регионот Маријамполе; и петтиот жалител, г-динот Виргинијус Миколаитис (во понатамошниот текст „В.М.“), е роден во 1961 годна и живее во селото Варакишке, регионот Вилкавишкис.
А. Демонстрации на земјоделците
13. На 15 април 2003 година група земјоделци одржале демонстрации пред зградата на литванскиот Парламента како протест на состојбата во земјоделството заради падот на големопродажните цени на земјоделските производи и немањето субвенции за нивното производство, и барале државата да преземе активности. На 22 април 2003 година Парламентот усвоил Резолуцијата за зајакнување на конкурентноста во земјоделството, која предвидувала пораст на субвенциите за земјоделскиот сектор. Според жалителите, оваа резолуција не била спроведена од владата.
14. На 16 мај 2003 година Земјоделската комора (Žemės ūkio rūmai), организација формирана за да ги застапува интересите на земјоделците, се состанала за да ги разгледа можните решенија за овие прашања. Доколку не се случеле никакви позитивни измени во законската регулатива, предвидените мерки вклучувале испраќање претставки до управните судови. Во меѓувреме, било решено да се организираат протести на три различни локации веднаш до главните автопати (prie magistralinių kelių), за да се привлече вниманието на проблемите во земјоделскиот сектор.
15. Во мај 2003 година општината Калварија издала дозвола да се одржат мирни собири во градот Калварија „во близина на пазарот“ од 8 до 23 часот на 13-16 мај 2003 година, од 8-15 часот на 17 мај 2003 година и од 8-23 часот на 19-20 мај 2003 година. Организаторите биле предупредени за можна одговорност согласно Законот за управни прекршоци како и Кривичниот законик и неговиот член 283 (види параграф 62 долу). Според Владата, слични дозволи, проследени од истите предупредувања, биле издадени и за 21-23, 24 и 26-30 мај 2003 година.
16. На 8 мај 2003 година општината Пасвалис издала дозвола да се одржат демонстрации „на паркингот на шеесет и третиот километар од автопатот Виа Балтика и веднаш до тој автопат. На земјоделците исто така им било дозволено да изнесат земјоделска механизација десет дена од 15 до 25 мај 2003 година. На 12 мај 2003 година организаторите на собирот биле информирани за можната одговорност согласно Законот за управни прекршоци како и Кривичниот законик и неговиот член 283.
17. На 19 мај 2003 година општината Клаипеда издале дозвола за одржување на собир во „областа на селото Дивупиаи, веднаш до, но не поблиску од дваесет и пет метри од, автопатот Вилнус-Клаипеда“ од 11 до 23 часот на 19-25 мај 2003 година. Во дозволата било наведено дека со неа било дозволено да се организира мирен собир во согласност со одредбите што меѓу другото се дадени во Уставот и во Законот за собирање. Исто така таму било посочено дека организаторите и учесниците требале да се придржуваат на законите и да ги почитуваат сите наредби на властите и полицијата; доколку не постапеле така можеле да бидат сметани за управно или кривично одговорни. Вториот жалител, Б.М., кој бил посочен како еден од организаторите на собирот, ја потпишал потврдата за прием на известувањето за дозволата.
18. Полицијата во Клеипеда добила информации за можната намера на демонстрантите да ги поминат границите утврдени со дозволите. Б.М. затоа бил контактирани по телефон и со него бил одржан состанок за да се избегнат незаконски акти за време на демонстрациите.
19. Демонстрациите започнале на 19 мај 2003 година. Земјоделците се собрале во назначените простори.
20. На 21 мај 2003 година земјоделците ги блокирале и продолжиле да демонстрираат на патиштата веднаш до селото Дирвупиаи, на автопатот Вилнус-Клаипеда, на шеесет и третиот километар од автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига, и на деведесет и четвртиот километар од автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи.
21. Владата нагласи дека полицијата не добила никакво претходно официјално известување за намерата на демонстрантите да ги блокираат трите главни патишта во земјата. Тие на ваков начин го опишале однесувањето на земјоделците и на жалителите за време на демонстрациите:
(а) На 21 мај 2003 година во околу 12 часот на пладне група од приближно 500 луѓе се префрлил на автопатот Вилнус-Клаипеда и останале таму, при тоа сопирајќи го автопатот.
(б) На 21 мај 2003 година во 12 часот на пладне група од околу 250 лица се префрлиле на автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига и останале таму со што го сопреле сообраќајот. Таквото блокирање продолжило до 12 часот на пладне на 23 мај 2003 година. Првиот жалител ги охрабрил демонстрантите да се префрлат од паркингот на автопатот.
(в) На 21 мај 2003 година во 11.50 часот претпладне група од 1.500 лица се префрлила на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи и останале таму, со што го сопреле сообраќајот. Исто така истиот ден меѓу 15.00 и 16.30 часот третиот, четвртиот и петтиот жалител донеле трактори на автопатот и ги оставиле таму. Таквото блокирање продолжило до 16 часот на пладне на 22 мај 2003 година.
22. На 22 мај 2003 година земјоделците ги продолжиле преговорите со владата. Следниот ден, после успешниот исход од преговорите, земјоделците ги прекинале блокадите на патиштата.
Б. Последици од демонстрациите
23. Странките не се согласувале во однос на опсегот на прекинот на сообраќајот предизвикан од демонстрациите на земјоделците.
24. Според жалителите (види параграф 121 долу), знаејќи дека било веројатно дека ќе дојде до блокада полицијата подготвила планови со алтернативни патишта во близината на местата каде што се одржувале демонстрацијата така што блокадите на патиштата немале да го доведат во прекин протокот на стоки. Навистина во деновите во прашање тоа се одвивало „дури и подобро од вообичаено“ Ова можело да се докаже со „податоците од граничните премини во чија близина се случиле блокадите на патиштата“.
25. Во писмо од 24 август 2004 година адресирано до адвокатот на жалителите, државната гранична служба посочила дека неколку колони со камиони (од два до десет километри долги) се формирале од 21 до 23 мај во двата правци во близина на граничниот премин Калварија меѓу Литванија и Полска. Според истото писмо, „немало колони со патнички возила.“ Исто така немало колони на државниот граничен премин Лаздијаи (друг премин на литванско-полската граница).
26. Владата прво забележала дека автопатот Вилнус-Клаипеда бил главниот патен правец што ги поврзувал трите најголеми градови во земјата, додека автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига (уште познат и како Виа Балтика) и автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи биле транзитниот патен правец за влез и излез од земјата. Според Владата сите три патишта биле блокирани на локации веднаш до царинските пунктови во период од приближно 48 часа.
27. Владата тврдеше особено дека заради блокадата на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи, која ги попречила возилата да поминат преку граничниот премин, колони со тешки товарни возила и автомобили се формирале во Литванија и Полска на граничниот премин Калварија. Тешките товарни возила биле присилени да се возат по други патишта за да избегнат гужва на патот. Со оглед дека била нарушена работата на царинската служба во Калварија, територијалната царинска управа на Каунас била обврзана да префрли човечки ресурси како и да се подготви за можна реорганизација на активностите со Државната гранична служба и полската царина. Како последица територијалната царинска управа на Каунас имала дополнителни трошоци; меѓутоа не била пресметана конкретната материјална штета.
28. Според извештај на полицијата на Калварија, патот бил блокиран на 22 мај 2003 година. Камионите кои се враќале во Литванија од Полска биле упатувани од полицијата на паркинг на граничниот премин на Калварија. Во 11.40 часот наутро камионџиите им се приближиле на земјоделците. Тие барале да стават крај на блокадата на патиштата со закана дека ќе употребат физичка сила. Полицијата апелирала меѓу страните во конфликтот да се смират и да ги чекаат резултатите од преговорите меѓу земјоделците и премиерот. Според Владата меѓу фармерите и камионџиите имало неколку расправии, но посериозни конфронтации биле избегнати. Околу 16.15 часот земјоделците добиле телефонски повик за позитивниот исход од преговорите и ги тргнале тракторите од патот. Сообраќајот се нормализирал во двата правци.
29. Владата исто така забележала дека заради блокадата на автопатот Вилнус-Рига на 22 мај 2003 година од 14 до 16 часот, тешките камиони не можеле да ја поминат границата и се направила колона од 1.600 односно 700 метри од двете страни на границата. Автомобилите биле пренасочени по земјен пат.
30. На 1 септември 2003 година полицијата од Пасвалис издала потврди во кои се велело дека од 19-23 мај 2003 година земјоделците одржале демонстрации на паркингот на шеесет и третиот километар од автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига. На 21 мај 2003 година некаде на пладне земјоделците се префрлиле на автопатот и го сопреле сообраќајот. Тие дозволувале да поминат само патнички возила и возила кои носеле опасни супстанци. Возилата што носеле стока и автомобилите биле пропуштани по десет од секоја страна на патот на секој час. За да се подобри состојбата полицијата се обидела да направо бајпас на блокадата преку соседните села. Меѓутоа заради лошата состојба на тие патишта, не сите камиони што носеле стока можеле да возат по нив и тие останале на автоматот додека не си заминале земјоделците. Некои камиони се заглавиле во песок и било неопходно да се донесе посебна механизација за да ги извлече. Полицијата посочила дека земјоделците го отвориле автопатот во 16 часот на 23 мај 2003 година.
31. Како што може да се види од документите што биле поднесени до Судот во мај и септември 2003 година четири логистички компании ја информирале полицијата и Линава, Литванското национално здружение на превозници дека претрпеле материјална штета во износ од 25,245 литвански лати (ЛТЛ - приближно 7.300 евра) како резултат на блокадата на патиштата за време на демонстрациите на земјоделците. Компаниите изјавиле дека ќе покренеле судски постапки во врска со тие побарувања.
32. Владата тврдеше дека без разлика на фактот дека само едно барање за материјална штета било поднесено на крајот (види параграф 40 долу), повеќе од една компанија превозник претрпела материјална штета како резултат на прекинот на сообраќајот. Како што било поднесено од Линава, Вилниаус Добилас претрпеле штета од 6.100 Лати (приближно 1.760 евра); Рокаута имала штета од 4.880 лати (приближно 1.400 евра); и Именсум претрпел штета од 3.600 лати (приближно 1.050 евра). Исто така, во писмо од 26 мај 2003 година компанијата Ридма посочила дека загубата што настанала како резултат на блокираните патишта достигнала 10.655 лати (приближно 3.000 евра).
В. Кривичните постапки против жалителите
1. Претпретресна истрага и судење пред првостепениот Окружен суд на градот Каунус
33. Била иницирана претпретресната постапка против жалителите и низа други лица, под сомнеж дека предизвикале немири. Во јули 2003 година на Б.М., В.М., А.П. и К.М. им било наложено да не ги напуштаат своите места на живеење. Таа мерка била повлечена во октомври 2003 година.
34. На 1 октомври 2003 година полицијата му изрекла парична казна од 40 лати (околу 12 евра) на земјоделецот А.Д. Според жалителите, било утврдено во полициската евиденција во врска со паричната казна од 21 мај 2003 година дека А.Д. ги однел земјоделците да го блокираат автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи во општината Калварија; тој излегол на сред пат буткајќи количка пред себе со што го попречувал сообраќајот. Со таквото дејствие А.Д. го прекршил ставот 81 од Патните сообраќајни прописи (види параграф 67 горе) и со тоа го повредил управното право согласно членот 131 од Законот за управни прекршоци (види параграф 66 долу).
35. Владата забележа дека кривичната постапка против А.Д. била прекината на 1 август 2003 година, бидејќи не организирал ниту предизвикал собир со цел сериозно да се повреди јавниот ред; неговото дејство (тоа што излегол на сред пат буткајќи количка пред него) не се сметало да повреда на членот 283 § 1 од Кривичниот законик (види параграф 62 долу). Владата понатаму забележала дека кривичните постапки биле прекинати по слични основи во однос на три други лица. Во однос на четвртото лице кривичната постапка била прекината благодарение на неговиот имунитет како член на Парламентот.
36. На 4 декември 2003 година обвинение било презентирано пред судовите. Б.М. и А.К. биле обвинети за поттикнување на немири согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик.
37. Обвинителот забележал дека Б.М. учествувал на состанокот на земјоделците на 16 мај 2003 година на кој земјоделците одлучиле да одржат демонстрации во близина на главните автопати на 19 мај и, доколку владата не одговорела на задоволителен начин на нивните барања до 11 часот наутро на 21 мај, да започнат со блокада на тие автопати. На 19 мај Б.М. им кажал на земјоделците да ги блокираат патиштата на 21 мај. Како резултат на тоа во 12.09 часот на тој датум околу 500 земјоделци се префрлиле на автопатот Вилнус-Клаипеда. Земјоделците одбиле да ги почитуваат барањата на полицијата да не стојат на патот. Последователно сообраќајот бил блокиран до 13.00 часот на 23 мај. Сообраќајниот метеж настанал на соседните патишта и патниот превоз во регионот станал невозможен.
38. Што се однесува до А.К. обвинителот тврдел дека тој исто така ги поттикнал земјоделците да го блокираат автопатот. Како резултат на тоа на пладне на 21 мај 2003 година приближно 250 луѓе се префрлиле на автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига, одбивајќи да ги почитуваат полициските наредби да не го блокираат автопатот. Патот останал блокиран до 10.58 часот наутро на 23 мај. Патиштата во негова близина биле затнати. Нормалното функционирање на граничниот премин Салочиаи-Гренцтале било нарушено.
39. В.М., К.М. и А.П. биле обвинети за сериозна повреда на јавниот ред за време на протестите согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик. Обвинителот тврдел дека на 21 мај 2003 година околу 11.50 часот наутро приближно 1.500 луѓе се префрлиле автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи на деведесет и четвртиот километар. Околу 15-16 часот гореспоменатите жалители излегле на автопатот со три трактори и ги оставиле тракторите на коловозот. Трите жалители одбиле да ги следат упатствата на полицијата да не го прекршуваат јавниот ред и да не ги остават тракторите на патот. Тракторите останале не патот до 16.15 часот на 23 мај 2003 година. Како резултат автопатот бил блокиран од осумдесет и четвртиот до деведесет и четвртиот километар. Заради зголемениот сообраќај по соседните патишта после овие случување, дошло до застои и патниот превоз во регионот сопрел. Нормалното функционирање на државните гранични премини Калварија и Маријамполе било нарушено.
40. Во рамките на кривичните постапки, една логистичка компанија поднела граѓанска тужба против А.К. како лице кое ги поттикнало земјоделците да го блокираат автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига и барале обесштетување од 1.100 лати (приближно 290 евра) за загубите кои наводно настанале како резултат на блокадата на тој пат.
41. Се одржале неколку претреси пред Окружниот суд на градот Каунас за време на кој повеќе сведоци сведочеле.
42. На 29 септември 2004 година Окружниот суд на градот Каунас ги прогласил жалителите за виновни за поттикнување на нереди или за учество во нив согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик.
43. При осудувањето на Б.М. Окружниот суд се потпирал на видео снимките на настаните, документарните докази и сведочењата на еден сведок. Судот заклучил дека Б.М. организирал собир со цел сериозно да се наруши јавниот ред, имено со предизвикување на немири. Б.М. бил еден од водачите на состанокот на земјоделците на 16 мај 2003 година на кој земјоделците одлучиле да се обидат да ги остварат своите цели преку организирање на протести веднаш до автопатите. Окружниот суд забележал дека вториот жалител ги координирал активностите на земјоделците и како последица на 21 мај 2003 година приближно 500 луѓе излегле на автопатот Вилнус-Клаипеда и го блокирале. Како резултат, сообраќајот бил блокиран до 23 мај 2003 година. Настанатата сериозна повреда на јавниот ред била намерна и морала да се окарактеризира како немири. Окружниот суд го отфрлил тврдењето на Б.М. дека тој и други земјоделци дејствувале заради потреба, бидејќи блокирањето на патот било нивната последна шанса да го насочат вниманието на нивните проблеми. Земјоделците имале алтернатива, имено, тие можеле да поднесат претставки пред управните судови. Земјоделците самите ја спомнале таа алтернатива за време на состанокот на 16 мај 2003 година (види параграф 14 горе). Окружниот суд понатаму забележал дека едно лице кое создало опасна ситуација со своето однесување можело да се брани со неопходност на истото кога опасната ситуација произлегла ненамерно. Меѓутоа, дејствијата на Б.М. биле намерни и затоа било адекватно да се прогласи за виновен за тоа што го организирал протестот.
44. Окружниот суд одлучил дека било утврдено, главно врз основа на видео снимки и документирани докази дека А.К. исто така организирал собир со цел сериозно да се прекрши јавниот ред. Тој учествувал на состанокот на земјоделците на 16 мај 2003 година и знаел за одлуката да се одржат протести веднаш до патиштата. Кога масата земјоделци го блокирале автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига на 21 мај 2003 година, јавниот ред бил сериозно повреден. Сообраќајот бил сопрен на тој дел од патот, предизвикувајќи проблеми за возачите и превозниците на стоки. Окружниот суд одлучил дека „за време на блокадата на 21 и 22 мај, А.К. ги координирал дејствијата на групата, односно тој дал наредба некои од возилата да бидат пуштени да поминат, ги поттикнал [земјоделците] да останат и да не се тргаат од автопатот, бил во контакт со учесниците на протестите во општината Калварија и регионот на Клаипеда [и] преговарале со властите по мобилен телефон во име на земјоделците“. Окружниот суд нагласил дека земјоделците кои се собрале (приближно 250 лица) „го слушале А.К. и ги следеле неговите наредби“. За Окружниот суд дејствијата на А.К. требале да се карактеризираат како организирање на немири согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик.
45. Врз основа на писмени докази поднесени од Линава, Окружниот суд исто така утврдил дека со организирањето на блокада на автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига, А.К. им предизвикал материјална штета на три превозни компании. Бидејќи еден од превозниците поднеле граѓанска тужба за износ од 1.100 лати (приближно 290 евра – види параграф 40 горе), Окружниот суд сметал дека е оправдано да го одобри барањето.
46. При прогласувањето на В.М., К.М. и А.П. за виновни за предизвикување на сериозна повреда на јавниот ред за време на немири, Окружниот суд врз основа на документирани докази, аудио-визуелен материјал и сведочењето на двајца сведоци утврдил дека на 21 мај 2003 година меѓу 11.50 часот наутро и 16.15 часот тројцата ги донесле тракторите на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи на неговиот деведесет и четврт километар. Тие одбиле да ги почитуваат законските наредби на полицијата да не го повредуваат јавниот ред и да не ги паркираат тракторите на патот (ant važiuojamosios kelio dalies) и ги оставиле тракторите таму до 16.15 часот на 22 мај 2003 година. Како последица, со оглед дека 1.500 лица биле собрани на патот, сообраќајот бил блокиран меѓу осумдесет и четвртиот и деведесет и четвртиот километар на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи, дошло до сообраќајни застои и нормалното функционирање на граничните премини на Калварија и Лаздијаи било нарушено.
47. Секој од петте жалители добиле шеесет дена казна затвор (baudžiamasis areštas). Окружниот суд исто така забележал дека сите жалители имале позитивни карактеристики и затоа немало околности кои ја отежнувале нивната вина. Соодветно на тоа немало причина да се верува дека целта на казната би можела да се постигне без нивно лишување од слобода. Соодветно на тоа Окружниот суд го суспендирал извршувањето на нивните казни на една година. На жалителите им било наредено да не ги напуштаат своите места на живеење повеќе од седум дена без претходна согласност на властите. Оваа мерка требала да трае една година, додека извршувањето на казната била суспендирана.
48. Окружниот суд исто така ги ослободил, заради немање докази други две лица обвинети за организирање на немири.
2. Жалба пред Регионалниот суд на Каунас
49. На 18 октомври 2004 година жалителите поднеле жалба пред Регионалниот суд на Каунас. Тие забележале, меѓу другото, дека друг земјоделец, А.Д. бил казнет согласно управното право за идентична повреда (види параграфи 34-35 горе).
50. Жалителите понатаму тврделе дека во земјите-членки на Европската Унија (во понатамошниот текст, „ЕУ“), блокирањето на патишта било дозволено како форма на демонстрации и дека правото на демонстрации било гарантирано со членовите 10 и 11 од Конвенцијата. Тие упатиле, меѓу другото на членот 2 од Регулативата на Советот на ЕУ (EU Council Regulation (EC) No 2679/98 of 7 December 1998) (види параграф 77 долу) и на извештај од 22 март 2001 година на Европската комисија ((COM (2001) 160) за примената на таа Регулатива, како и на пресудата на Европскиот суд на правдата (во понатамошниот текст „ЕСП“) во случајот на Eugen Schmidberger, Internationale Transporte und Planzüge v. Austria (види параграфи 73-76 долу).
51. На 14 јануари 2005 година Регионалниот суд на Каунас одлучил дека Окружниот суд темелно и непристрасно ги проценил сите околности на случајот. Апелациониот суд забележал дека делото намири ги ставало во опасност јавниот ред, безбедноста на општеството, човековото здравје, достоинство и неповредливост на сопственоста. Објективниот аспект на делото бил организирање на собир на луѓе за заедничка цел – имено, да се повреди јавниот ред - и спроведувањето на нивната одлука, која, во овој случај била да се организираат блокади на патот. За да претставува повреда, делото исто така требало да биде извршено намерно, односно обвинетите лица требале да се свесни за незаконитоста на нивното однесување. Во врска со Б.М. и А.К., Регионалниот суд забележал дека за време на демонстрациите двајцата жалители им кажале на другите дека било одлучено да се блокираат патиштата. Било утврдено дека Б.М. и А.К. знаеле дека блокирањето на патишта било незаконско и дека тие биле предупредени за нивната одговорност како организатори. И покрај тоа, тие продолжиле да ги координираат дејствијата на земјоделците и инсистирале земјоделците да останат на блокадите на патиштата. Како резултат од дејствијата на Б.М. и А.К. на 21 мај 2003 година маса луѓе излегле на автопатите и ги блокирале, со што го сопреле сообраќајот и ги прекршиле уставните права и слободи на другите да се движат без ограничување, предизвикувајќи им штета на превозниците и со тоа сериозно повредувајќи го јавниот ред.
52. Регионалниот суд исто така го споделил заклучокот на Окружниот суд што се однесува до разумноста на осудувањето на В.М., К.М. и А.П. Тој забележал дека со довезувањето на тракторите на автопатот, на тој начин предизвикувајќи сообраќаен застој и нарушувајќи ја работата на државната гранична служба и со одбивањето да ги почитуваат законските барања од полицијата да не ги паркираат своите трактори на патот, тројцата жалителите сериозно го повредиле јавниот ред. Фактот дека откако автопатот бил блокиран полицијата и возачите преговарале со земјоделците како резултат на што некои од возачите биле пропуштени, не ја намалил опасноста од прекршок или неговата незаконитост. Регионалниот суд исто така нагласил дека блокирањето на главниот автопат имало опасни последици и не можело да се смета дека било чист управен прекршок како што е сообраќајниот. Што се однесува до аргументот на жалителите дека нивните дела биле идентични со тој на другиот земјоделец, А.Д., за кој добил чисто управна казна за сообраќаен прекршок (види параграф 49 горе), Регионалниот суд посочил дека тој не бил управен суд и оттука не можел да коментира за управен прекршок.
53. Забележувајќи дека жалителите имале право на слобода на изразување согласно членот 10 од Конвенцијата, Регионалниот суд сепак забележал дека таквото право не било без ограничувања, доколку интересите на јавниот ред и спречувањето на криминал биле во прашање. Аналогните ограничувања на слободата на изразување биле набројани во членот 25 од литванскиот Устав (види параграф 61 долу). Во однос на ова прашање, Регионалниот суд нагласил дека однесувањето на Б.М. и А.К. при водењето на активностите на другите лица инволвирани во протестот не можеле да се сметаат за неказниво изразување на нивното мислење, бидејќи тие го прекршиле јавниот ред, поради што биле кривично одговорни.
54. Регионалниот суд понатаму забележал дека кривичното дело не го изгубило својот елемент на јавна опасност чисто затоа што владата одбила да ги зголеми големо продажните цени или наводно не ги презела потребните активности.
3. Жалба по точки од законот пред Врховниот суд
55. На 2 март 2005 година жалителите се жалеле по точки од законот.
56. На 4 октомври 2005 година Врховниот суд во проширен состав на совет од седум судии (види параграф 70 долу), ја отфрлил жалбата. При давањето на објаснување за суштината на прекршокот учество во нереди, како што било утврдено во членот 283 § 1 од Кривичниот законик (види параграф 62 долу), Врховниот суд упатил на својата класификација како прекршок против јавниот ред, што било објективен аспект на кривичното дело (nusikaltimo objektas). При опишувањето на опсегот на прекршокот, гореспоменатата одредба ги уредувала следниве одлики: организирање на собир со цел да се предизвика јавно насилство, оштетување на имотот или на друг начин повреда на јавниот ред, или извршување на тие дејствија за време на собирот. За Врховниот суд, немирите се карактеризирале со ситуација во која еден собир на луѓе намерно и сериозно го повредува јавниот ред, предизвикувајќи јавно насилство или оштетување на имот. Субјективниот аспект на кривичното дело бил тој на директна намера (kaltė pasireiškia tiesiogine tyčia). Виновното лице морало (i) да биде свесно дека тој или таа вршела дејствие кое било наведено како дело во членот 283 § 1 од Кривичниот законик и (ii) сакало да дејствува на тој начин.
57. Осврнувајќи се на околностите од актуелниот случај Врховниот суд одлучил дека судовите долу биле во право при карактеризирањето на дејствијата на жалителите дека потпаѓале под членот 283 § 1 од Кривичниот законик. Особено, првостепениот суд соодветно ги утврдил сите предуслови за примената на членот 283 § 1, имено дека имало маса луѓе и дека јавниот ред бил прекршен со блокирање на автопатите, сопирање на сообраќајот и нарушување на работата на државната гранична служба. Жалителите биле осудени за своите прекршоци согласно законот кој бил на сила во времето кога тие биле извршени и нивните казни им биле изречени во согласност со одредбите на Кривичниот законик. Следи дека осудувањето на жалителите било во согласност со законот, а не значеле прекршок на членот 7 § 1 од Конвенцијата.
58. Врховниот суд исто така изјавил дека жалителите не биле казнети за изразување на своето мислење или давање идеи, активности кои биле заштитени од страна на гаранциите на членот 10 § 1 од Конвенцијата, туку за дејствија со кои тие сериозно го повредиле јавниот ред.
59. Конечно Врховниот суд го споделил мислењето на Регионалниот суд дека жалителите не можеле да се сметаат дека дејствувале од потреба (види параграф 54 горе). Падот на набавните цени на млекото и другите проблеми со субвенциите за земјоделството се сметале за јасна или актуелна опасност по имотот, бидејќи имотот во прашање не се материјализирал. Државата не ги лишила жалителите од нивниот имот, и нивното незадоволство со земјоделската политика на владата не ги оправдале делата за кои жалителите за кои биле осудени.
60. Со судските одлуки од 17, 18, 20, 21 октомври и 7 ноември 2005 година, Врховниот суд ги ослободил жалителите од нивните условни казни.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
А. Уставот
61. Членот 25 и 36 од Уставот го велат следново:
Член 25
„[Едно физичко лице] има право на сопствени убедувања и на слобода да ги изразат истите.
[Едно физичко лице] не смее да биде попречено да бара, добива и дава информации и идеи.
Слободата на изразување [и] на добивање и давање информации не може да се ограничи на ниеден друг начин освен со закон, доколку ова е неопходно за да се заштити здравјето, честа и достоинството на приватниот живот и моралот на [едно физичко лице], или да се брани уставниот поредок.
Слободата на изразување на убедувања и давање на информации е некомпатибилна со кривичните дејствија – поттикнување на национална, расна, верска или социјална омраза, насилство и дискриминација [или] клевета и дезинформирање. ...”
Член 36
„На граѓаните не може да им се забрани или да бидат попречени да се соберат како невооружени лица на мирни собири. Ова право не може да биде ограничено на друг начин освен со закон и само кога е неопходно за да се заштити безбедноста на државата или општеството, јавниот ред, здравјето или моралот, или правата и слободите на другите.“
Б. Кривичниот законик
62. На 25 октомври 2000 година Кривичниот законик бил објавен во Службениот весник (Valstybės žinios). Тој стапил на сила на 1 мај 2003 година. Членот 283 § 1 ја утврдува кривична одговорност, која е категоризирана како прекршок на јавниот ред и го уредува следново:
Член 283. Учество во немири
„1. Едно лице кое организира или провоцира собирање на лица за да извршат јавни акти на насилство, да оштетат имот или на друг начин сериозно да го повредат јавниот ред, или лице кое за време на немирите ќе изврши акт на насилство, ќе оштети имот или на друг начин сериозно го повреди јавниот ред, подложи на кратка казна на лишување од слобода (baudžiamasis areštas) или казна затвор до пет години.
63. Членот 75 §§ 1 и 2 уредува дека доколку едно лице е казнето со казна затвор за период кој не надминува три години за извршување на едно или неколку помали или помалку сериозни прекршоци со предумисла, судот може да ја суспендира казната на период од една до три години. Казната може да се суспендира кога судот ќе одлучи дека постои доволен основ да се верува дека целта на казната ќе се постигне без казната навистина да се отслужи. Кога се суспендира извршувањето на казната, судот може да нареди осуденото лице да не го напушти своето место на живеење за период кој надминува седум дена без претходна согласност од органот што врши надзор на извршувањето на пресудата.
64. Согласно членот 97 лица осудени за кривично дело, чија пресуда станала правосилна се сметаат за прекршители кои претходно биле осудени. Секое лице кое добило условна казна се смета дека имало претходна осудителна пресуда за периодот додека казната му е суспендирана.
65. Членот 31 го дефинира концептот на неопходност (būtinasis reikalingumas). Во него се вели дека едно лице нема да се смета за кривично одговорно за дело извршено во обид да избегне директна опасност која му се заканува на него или неа, на други лица или на нивните права или државните интереси, каде оваа опасност не можела да се избегне со помош на други средства и каде предизвиканата штета е помала од штетата која има намера да ја избегне. Сепак, едно лице кое креира опасна ситуација со своите дејствија може да се потпира само на одбрана на неопходноста кога опасни состојби се предизвикани ненамерно (dėl neatsargumo).
В. Законот за управни прекршоци и Прописите за патен сообраќај
66. Членот 1241 од Законот за управни прекршоци во релевантното време предвидувал управна одговорност за прекршување на сообраќајните прописи од страна на возачи. Одредбите предвидувале дека повредата на прописите во однос на тоа како и кога еден возач може да запре и да се паркира на автопат предвидувала парична казна од 100 до 150 лати (приближно 30‑45 евра). Членот 131 од Законот предвидувал управна одговорност за непочитување на сообраќајните знаци од страна на пешаците, или за преминување или одење по коловоз. Прекршокот се казнувал со парична казна од 30‑50 лати (приближно 8-15 евра).
67. Прописите за патниот сообраќај предвидувале дека пешаците морале да се движат по тротоар, а ако немало по десната страна од патот еден зад друг (параграф 81 од Прописите).
Г. Законот за собири
68. Што се однесува до релевантниот дел, Законот за собири го предвидува следново:
Член 8. Забранети собири
„Следниве собири ќе бидат забранети кога нивните учесници:
...
(2) возат возила на начин кој претставува закана по безбедноста на патот, ја става во опасност безбедноста и здравјето на учесниците во собирот и други лица, или повреда на јавниот ред и мир;
...”
Член 17. Прекин на собирот на иницијатива на полицијата
„Собирот ќе биде прекинат од страна на полициските службеници чија обврска е да се обезбеди почитување на законот во текот на истиот, доколку, после јавно предупредување, организаторите или учесниците на собирот:
(1) извршат намерно и значително прекршување на процедурата за организирање на собири како што е дадено овој закон ...;
(2) со искористување на можностите што ги нуди собирот, се обидат да извршат или извршат кривични дела против независноста, територијалниот интегритет и уставниот поредок на државата Литванија или други намерни кривични дела против животот на лицето, здравјето, честа и достоинството, или против јавната сигурност, владеење и јавниот ред;
(3) дејствија на поединец или група го нарушуваат или предизвикуваат реална закана да го нарушат сообраќајот или активностите на државните органи, организации и локални власти ...“
69. Согласно членот 1887 од Законот за управни прекршоци,
„Повреда на Законот за собири предвидува глоба од 500 до 2.000 лати или административно лишување од слобода до триесет дена.
Повреда на јавниот ред на други настани од големи размери предвидува глоба од 100 до 500 лати.“
Д. Закон за судови
70. Законот за судови во материјалното време предвидувал дека Врховниот суд утврдил унифицирана судска пракса при толкувањето и примената на законите и други прописи. Врховниот суд исто така ја анализирал праксата на судовите и дал препораки што требале да се следат. Во зависност од сложеноста на случајот, Врховниот суд може да одлучи за случаи во рамки на судски совети од три или седум судии или на пленарна сесија (членови 23, 27 и 36).
III. РЕЛЕВАНТНОТО ПРАВО И ПРАКСА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
А. Судската пракса на Европскиот суд на правдата („ЕСП“)
1. Случајот на Комисијата против Франција
71. ЕСП го разгледа прашањето на попречувањето на слободното движење на стоки во случајот на Комисијата против Франција (C-265/95, пресуда од 9 декември 1997 г.), во врска со сериозни инциденти кои се случиле во јужна Франција. Земјоделски производи од Шпанија и Италија биле уништени од француските земјоделци, и акти на насилство и вандализам биле извршени во релевантните сектори на големопродажба и малопродажба. ЕСП нагласи дека во согласност со Договорот на ЕК, европскиот внатрешен пазар се карактеризира со укинување, меѓу земјите-членки, на пречките на слободното движење на стоки. Членот 30 од Договорот забранувал, меѓу земјите-членки, квантитативни ограничувања на увозот и на сите мерки кои имале еквивалентна последица. Затоа, сите бариери, било да се директни или индиректни, реални или потенцијални, за проток на увоз на трговијата во рамките на Заедницата биле елиминирани. Членот 30 разгледан заедно со членот 5 од Договорот, исто така се применувал кога една земја-членка се воздржувала да ги усвои мерките што се потребни за да се справи со пречките на слободно движење на стоките кои не биле предизвикани од државата.
72. ЕСП прифатил дека државите уживале дискреционо право при утврдување кои мерки биле посоодветни на ова поле. Меѓутоа било јасно дека актите на насилство извршени во Франција против земјоделските производи кои потекнувале од други земји-членки креирале пречки во трговијата во рамките на заедницата со тие производи. Инцидентите во прашање се случувале редовно повеќе од 10 години; во одредени случаи француските власти биле предупредени за демонстрациите на земјоделците, прекинот траел неколку часа и акти на вандализам, извршени од лицата чии лица најчесто биле покриени, биле снимени со телевизиски камери. И покрај ова, само многу мал број на сторители биле идентификувани и обвинети. Ова било доволно за ЕСП да дојде до заклучок дека мерките што биле усвоени од француската Влада биле евидентно несоодветни за да се обезбеди слобода за трговија со земјоделски производи на територија на Заедницата и дека Франција не успеала да ги исполни обврските согласно членот 30, земени во врска со членот 5 од Договорот на ЕК. Ова создало клима на несигурност што имало различен ефект на протокот на трговија како целина и тешката ситуација на француските земјоделци не можела да го оправда неуспехот да го примени Општиот закон правилно, бидејќи не било покажано дека спроведувањето на законот би претставувало опасност по јавниот ред со кој државата не би можела да се справи. Било точно дека заканата со сериозно нарушување на јавниот ред може, во одредени случаи, да оправда интервенција на полицијата; меѓутоа, овој аргумент можел да биде изнесен само во однос на одреден инцидент, и не на општ начин покривајќи ги сите инциденти во прашање.
2. Случајот на Шмидбергер и други против Австрија
73. Во случајот на Eugen Schmidberger, Internationale Transporte and Planzüge v. Austria, (C-112/00, пресуда од 12 јуни 2003), ЕСП усвоил прелиминарна одлука за толкувањето на членовите 30, 34 и 36 (сега членови 34, 35 и 36 од Договорот за функционирањето на Европската унија, „ДФЕУ“), разгледани заедно со членот 5 од Договорот на ЕК (укинат и заменет во суштина со членот 4 § 3 од Договорот од Европската унија, „ДЕУ“) и за условите за одговорноста на земјата-членка за штета предизвикана од поединци со повреда на Општиот закон. Случајот потекнувал од дозволата со која имплицитно ѝ било дозволено од австриските власти на еколошка група да организираат демонстрации на автопатот Бренер, како последица на што дошло до целосно затворање на автопатот за сообраќај речиси 30 часа. Во врска со претходна национална општо применлива забрана за возење за време на одмори, ова довело автопатот Бренер (транзитен правец на Заедницата од суштинска важност) да биде затворен за поголемиот дел од тешкиот сообраќај за превоз на стоки во текот на четири последователни дена, со краток прекин од неколку часа.
74. По упатувањето на принципите дадени во случајот Комисијата против Франција (види параграфи 71-72 горе) за позитивните обврски на земјите-членки во оваа област, ЕСП сметал дека жалбата на тоа дека не била забранета демонстрацијата достигнало ниво на ограничување на слободното движење на стоките. Понатаму разгледал дали тоа што не била изречена казна можело објективно да се оправда. Тој забележал дека конкретните цели на демонстрациите биле сами по себе нематеријални за да се утврди одговорност на земјата-членка согласно Договорот на ЕК, само целта од која се воделе националните власти, имено почитувањето на основните права на слобода на изразување и собирање, биле релевантни. И слободата на движење на стоките, еден од основните принципи на Договорот на ЕК, и правата гарантирани од членовите 10 и 11 од Конвенцијата може да подложат на одредени ограничувања во условите кои имаат предимство поврзано со јавниот интерес. Останало да се потврди дали ограничувањата за слободно движење на стоки толерирано од Австрија било сразмерно на легитимната цел од која се воделе.
75. Во врска со ова ЕСП забележал дека случајот на Шмидбергер се разликувал од случајот Комисијата против Франција во однос на тоа дека: (а) демонстрантите побарале дозвола; (б) пречката на слободното движење на стоките било географски ограничена; (в) целта на демонстрантите не било да се ограничи трговијата со стоки од одреден вид или од одреден извор; (г) низа различни административни мерки и мерки за поддршка (кампања за публицитет, назначување на различни алтернативни патишта, безбедносни аранжмани на местото на демонстрациите) биле преземени од надлежни органи со цел да се лимитира колку што е можно прекинот на патниот сообраќај; и (е) демонстрациите не поттикнале општа клима на несигурност како на пример одвраќање на протокот на трговија во целина во рамките на Заедницата. Во вакви околности, Австрија имала право да смета дека апсолутната забрана на демонстрациите ќе претставувало неприфатливо мешање во слободата на мирно собирање и построгите услови во врска со местото и/или времетраењето на демонстрациите ќе се сфателе како претерани ограничувања. Во врска со ова ЕСП го рекол следново (§§ 90-92 од пресудата):
„90 ... Иако надлежните национални власти мораат да се потрудат да ги ограничат колку што е можно повеќе неизбежните последици по слободното движење од една демонстрација по јавен автопат, тие мора да го балансираат тој интерес со тој на демонстрантите, кои се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста на целите на нивните активности.
91. Активност од тој тип вообичаено вклучува непријатности за тие што не учествуваат, особено што се однесува до слободното движење, но непријатноста во принцип може да се толерира под услов целта што се сака да се постигне е во суштина јавна и законска демонстрација на мислење.
92. Во врска со тоа Република Австрија се изјасни, без да биде оспорена во однос на таа точка, дека во секој случај, сите алтернативни решенија кои можеле да бидат толерирани ќе ризикувале реакции кои би биле тешки за контрола и би биле подложни да предизвикаат многу сериозни прекини во трговијата во Заедницата и јавниот поредок, како што се неовластени демонстрации, судири меѓу поддржувачи и опоненти на групата кои ги организирале демонстрациите или актите на насилство од страна на демонстрантите кои сметале дека остварувањето на нивните основни права било повредено“
76. ЕСП заклучил (види параграф 94 во неговата пресуда) дека „фактот дека властите на земјата-членка не забраниле демонстрации во околности како тие во главниот случај не [било] некомпатибилно со членовите 30 и 34 од Договорот [на ЕК], разгледани заедно со членот 5“.
Б. Регулативата на Советот (ЕС) бр. 2679/98
77. Членот 2 од Регулативата на Советот на ЕУ (ЕС) бр. 2679/98 од 7 декември 1998 година „за функционирањето на внатрешниот пазар во однос на слободното движење на стоките меѓу земјите-членки“ го вели следново:
„Оваа Регулатива не може да се толкува со значење дека влијае на некаков начин на остварувањето на основните права како што се признати во земјите-членки, вклучително и правото или слободата на штрајк. Овие права исто така можат да го вклучат и правото или слободата за преземање на други активности опфатени со конкретните системи на индустриски односи во земјите-членки.“
IV. КОМПАРАТИВНО ПРАВО
78. Судот ги испитал прописите во врска со користењето на возила за попречување на сообраќај во контекст на јавни демонстрации во 35 земјите-членки на Советот на Европа, имено Албанија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Лихтенштајн. Луксембург, поранешната југословенска Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Турција, Украина и Обединетото Кралство.
79. Ова компаративно правно истражување покажува дека иако употребата на возилата во јавните демонстрации генерално не е конкретно регулирано во законите на земјите-членки, прекинот во сообраќајот на јавен автопат со возила или со други средства е кривично казниво во следниве десет земји: Азербејџан, Белгија, Франција, Грција, Ирска, Италија, Португалија, Романија, Турција и Обединетото Кралство. Во случај на осудителна пресуда, виновното лице може да биде казнето со казна затвор со различно времетраење (минимум три месеци во Грција, до една година во Италија, две години во Франција и Романија, три години во Азербејџан и Турција, пет години во Португалија, десет години во Белгија) или со парична казна (Ирска и Обединетото Кралство).
80. Низа земји предвидуваат кривични санкции вклучително и казна затвор во квалификувани ситуации каде опструкциите на сообраќајот вклучуваат тешки последици, како што се штета на имотот или по животот и физичкиот интегритет на лица (на пример, Чешка, Грузија, Унгарија, поранешната југословенска Република Македонија, Молдавија, Русија, Швајцарија и Украина) или ако тоа вклучува одредено однесување вредно за прекор, како што е употреба на закани или насилство (Естонија и Словачка), прекршување на законските услови за собирање (Кипар) или спротивставување на полициски наредби (Австрија). Во Германија, конкретно, постои утврдена судската пракса на судовите кои го применуваат прекршокот на закана со блокирање на улици со возила во контекст на јавни демонстрации.
81. Некривични санкции за попречување на сообраќај со што се прекршени одредбите за безбедност на патиштата во врска со јавни собири се предвидени во законите на Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Естонија, Финска, Летонија, Молдавија, Луксембург, Полска, Русија, Србија, Словачка и Швајцарија, каде таквите повреди претставуваат прекршок или управен прекршок што се казнува со парична казна.
ПРАВОТО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОВИТЕ 10 И 11 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
82. Жалителите се жалеле дека со тоа што биле кривично осудени биле прекршени нивните права на слобода на изразување и слобода на мирни собирање гарантирани со членовите 10 и 11 од Конвенцијата.
Релевантните делови од овие одредби го велат следново:
Член 10
„1. Секој човек има право на слобода на изразувањето Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. ...
2. Остварувањето на овие слободи, коишто вклучуваат обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.“
Член 11
„1. Секој човек има право на слобода на мирно собирање ...
2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства, заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на други. ...”
83. Владата го оспори ова тврдење.
84. Судот прво забележува дека во своите забелешки пред Големиот судски совет жалителите тврделе меѓу другото дека агентот на Владата која го потпишала барањето за упатување не можел да се смета за непристрасна, бидејќи таа била парламентарниот ревизор која во 2004 година разгледувала жалба од земјоделците во врска со некои клучни прашања од земјоделската политика. Меѓутоа тие не се повикале на никаква одредба од Конвенцијата или Деловникот на Судот, ниту пак посочиле на некој конкретен факт или околности на кои можело да се гледа како на проблематични согласно правилата 44А (Обврска за соработка со Судот), 44Б (Непочитување на наредба на Судот), 44В (Неефективно учество) или 44Г (Несоодветни поднесоци од некоја од странките) од споменатиот Деловник или кои на некаков друг начин фрлале сомнеж на водењето на постапките пред Панелот од пет судии кои го разгледале барањето на Владата. Во секој случај согласно членот 43 § 3 доколку, како овде, Панелот „го прифатил барањето, Големиот судски совет ќе одлучи за случајот со пресуда“ (ставен е акцент), со оглед дека не е предвидено дека одлуката на панелот не е конечна и може да подложи на жалба. Затоа Судот не гледа причина да го разгледа ова прашање.
85. Судот понатаму забележува дека во врска со истите факти жалителите се повикале на две посебни одредби од Конвенцијата: членот 10 и членот 11 од Конвенцијата. Според мислењето на Судот во околностите на овој случај членот 10 треба да се смета за lex generalis во однос на членот 11, којшто е lex specialis (види Ezelin v. France, 26 April 1991, § 35, Series A no. 202). Ударниот дел од жалбата на жалителите е дека тие биле осудени за одржување на мирни собири. Затоа Судот утврди дека жалбата на жалителите треба да се испита само во однос на членот 11 (види Schwabe and M.G. v. Germany, nos. 8080/08 and 8577/08, § 101, ECHR 2011-VI (извадоци); види исто така, mutatis mutandis, Galstyan v. Armenia, no. 26986/03, §§ 95-96, 15 November 2007; и Primov and Others v. Russia, no. 17391/06, § 91, 12 June 2014).
86. Во исто време, без разлика на неговата автономна улога и специфичната сфера на примена, членот 11 исто така мора да се разгледа во контекст на членот 10, каде целта на остварувањето на слободата на собирање е да се изразат личните мислења (види цитиран горе, § 37; Freedom and Democracy Party (ÖZDEP) v. Turkey [GC], no. 23885/94, § 37, ECHR 1999-VIII; Fáber v. Hungary, no. 40721/08, § 41, 24 July 2012; и Nemtsov v. Russia, no. 1774/11, § 62, 31 July 2014), како и потребата да се обезбеди форум за јавна дебата и отворено изразување на протест (види Éva Molnár v. Hungary, no. 10346/05, § 42, 7 October 2008).
А. Дали имало попречување на остварувањето на правото на слобода на мирно собирање
1. Изјаснување на странките
(а) Жалителите
87. Жалителите тврделе дека тоа што биле осудени достигнало ниво на попречување на нивното право да организираат и да учествуваат во мирни демонстрации.
(б) Владата
88. Пред Судскиот совет Владата се изјаснила дека немало мешање во правото на жалителите на слобода на мирно изразување. Тие забележале дека на жалителите и другите учесници им било дозволено да организираат мирни собири. Тие ја искористиле таа слобода и никој не бил казнет за тоа. Жалителите не биле осудени за остварување на нивното право на слобода на собир, туку повеќе за сериозна повреда на јавниот ред преку организирање на немири.
89. Меѓутоа во нивните забелешки пред Големиот судски совет, Владата изјавила дека тие не оспориле дека имало мешање во правото на жалителите на слобода на мирно собирање.
2. Пресудата на Судскиот совет
90. Судскиот совет утврдил дека иако им било дозволено да го остварат своето право на мирен собир, жалителите биле осудени за дело во врска со нивните дејствија за време на собирот кој не вклучувал никакво насилство, факт којшто претставувал мешање во нивните права од членот 11 (види параграф 67 од пресудата на Судскиот совет).
3. Проценка на Големиот судски совет
(а) Применливоста на членот 11 од Конвенцијата
91. Судот мора најпрво да утврди дали фактите од актуелниот случај потпаѓаат во опсегот на членот 11 од Конвенцијата. Тој повторува дека правото на слобода на собирање претставува основно право во едно демократско општество и дека правото на слобода на изразување е едно од темелите на едно такво општество. Оттука не треба да се толкува рестриктивно (види Taranenko v. Russia, no. 19554/05, § 65, 15 May 2014). Како такво ова право ги опфаќа како приватните состаноци така и средбите на јавни места, било статички или во форма на процесии: дополнително, може да се оствари од поединечни учесници и од лицата кои го организираат собирот (види Djavit An v. Turkey, no. 20652/92, § 56, ECHR 2003-III; Ziliberberg v. Moldova (dec.), no. 61821/00, 4 May 2004; и Barraco v. France, no. 31684/05, § 41, 5 March 2009).
92. Членот 11 од Конвенцијата само го заштитува правото на „мирно собирање“, поим кој не ја опфаќа демонстрацијата каде организаторите и учесниците имаат насилни намери (види Stankov and the United Macedonian Organization Ilinden v. Bulgaria, nos. 29221/95 and 29225/95, § 77, ECHR 2001-IX). Гаранциите на членот 11 затоа важат за сите собири освен оние каде организаторите и учесниците имаат такви намери, поттикнуваат насилство или на друг начин ги отфрлаат темелите на едно демократско општество (види Sergey Kuznetsov v. Russia, no. 10877/04, § 45, 23 October 2008; Alekseyev v. Russia, nos. 4916/07, 25924/08 and 14599/09, § 80, 21 October 2010; Фабер, цитиран горе, § 37; Gün and Others v. Turkey, no. 8029/07, § 49, 18 June 2013; и Тараненко, цитиран горе, § 66).
93. Во овој случај литванските судови утврдиле дека некои од земјоделците користеле возила, особено трактори, за да ги блокираат автопатите. Ова не е оспорено од жалителите. Меѓутоа возилата во прашање не се користеле за да предизвикаат телесни повреди на полициските службеници или на други припадници на јавноста. Иако земјоделците и камионџиите имале неколку расправии, посериозни судири биле избегнати (види параграф 28 горе). Исто така, ниту жалителите ниту другите земјоделци не биле опоменати од домашните власти за некој конкретен акт на насилство или за некакви насилни намери.
94. Во врска со ова, не е без интерес кога се забележува дека едно лице не престанува да ужива во правото на слобода на мирно собирање како резултат на спорадично насилство или други казниви дела извршени од други во текот на демонстрациите доколку лицето во прашање останува мирно во своите намери или однесување. Можноста лица со насилни намери, кои не се припадници на здруженијата организатори, да им се придружуваат на демонстрациите не може како таква да го одземе таквото право (види Примов и други, цитиран горе, § 155). Дури и ако постои вистински ризик од нереди како резултат на настани кои се надвор од контрола на организаторите, таквата демонстрација не е надвор од опсегот на членот 11 § 1, и секоја рестрикција која е наметната мора да биде во согласност со условите од ставот 2 од таа одредба (види Schwabe and M.G., цитиран горе, § 103, и Тараненко, цитиран горе, § 66).
95. Судот понатаму забележува дека земјоделците имале дозвола да одржат мирни собири и да ја изнесат земјоделската механизација. Овие собири имале политичка цел и имале за цел да ги изразат политичките идеи, и особено да се оспори владината политика и да се добијат субвенции за земјоделскиот сектор.
96. Демонстрациите се одржале во назначените области од 19 до 21 мај 2003 година (параграфи 19-20 горе). На вториот датум, земјоделците се префрлиле на автопатите и паркирале трактори таму, така блокирајќи ги трите главни патишта во земјата и надминувајќи на опсегот на дозволите издадени од литванските власти.
97. Меѓутоа, осудувањето на жалителите не се базирало на никакво инволвирање во или поттикнување на насилство, туку на повреда на јавниот ред што произлегло од блокираните патишта. Судот понатаму забележува дека во актуелниот случај, прекинот на сообраќајот не може да се опише како нуспроизвод на собир одржан на јавно место, туку повеќе како резултат на намерното дејствување на земјоделците, кои сакале да го привлечат вниманието на проблемите во земјоделскиот сектор и да ја притиснат владата да ги прифати нивните барања (види ги исто така аргументите на Судот во параграфите 169-175 долу). Според гледиштето на Судот, иако не е невообичаена појава во контекст на остварувањето на слободата на собирање во современите општества, физичкото однесување чија цел е намерно попречување на сообраќајниот и обичниот тек на животот со цел сериозно да се прекинат активностите на други не е во сржта на таа слобода како што е заштитена со членот 11 од Конвенцијата (види, на пример, Барако, цитиран горе, § 39, каде осудувањето на жалителот за неговото учество во забавувањето на сообраќајот, што се состоел од барикади со возила на неколку ленти од автопатот за да се забави сообраќајот назад, за што било одлучено дека е мешање во неговите права согласно членот 11; види исто Lucas v. the United Kingdom (dec.), no. 39013/02, 18 March 2003, во врска со демонстрациите за време на кои бил затворен јавен пат за да се протестира против задржувањето на нуклеарна подморница, за што се сметало дека потпаѓа под условите од членот 11; Steel and Others v. the United Kingdom, 23 September 1998, § 92, Reports of Judgments and Decisions 1998-VII, каде Судот сметал дека физичкото попречување на активностите – лов и изградба на автопат – со што првиот и вториот жалител не се согласувале претставувале израз на мислење во рамки на значењето на членот 10; и Drieman and Others v. Norway (dec.), no. 33678/96, 4 May 2000, каде Судот делувал под претпоставка дека активистите на Гринпис, кои маневрирале со мали чамци на начин со кој се попречувал ловот на китови, можеле да се повикаат на членовите 10 и 11). Ваквата состојба можела да има импликации по сите проценки на „потребата“ да се спроведе согласно вториот став од членот 11.
98. Сепак Судот не смета дека оспореното однесување на демонстрациите за кои жалителите се сметале дека биле одговорни било од таква природа и степен што требало да се отстрани нивното учество во демонстрациите од опсегот на заштитата на правото на слобода на мирно собирање согласно членот 11 од Конвенцијата. Судот исто така забележува дека Регионалниот суд на Каунас прифатил дека жалителите уживале во правото на слобода на изразување согласно членот 10 од Конвенцијата (види параграф 53 горе) и смета дека не постои никаква индикација дека жалителите ги поткопале темелите на демократското општество.
99. Ова е доволно за Судот да дојде до заклучок дека жалителите имаат право да се повикаат на гаранциите на членот 11, којшто оттука се применувам во актуелниот случај.
(б) Постоење на мешање
100. Второ, Судот ќе утврди дали имало мешање во правото на жалителите на слобода на собирање. Тој повторува дека мешањето не треба да достигне ниво на директна забрана, законска или de facto, туку може да се состои од други мерки преземени од властите. Терминот „ограничувања“ во членот 11 § 2 мора да се толкува како вклучување и на мерки преземени пред или за време на собир и оние како што се казнените мерки преземени потоа (види Езелин, цитиран горе, § 39; Kasparov and Others v. Russia, no. 21613/07, § 84, 3 October 2013; Примов и други, цитиран горе, § 93; и Немцов, цитиран горе, § 73). На пример, претходна забрана може да има ефект на ладење врз лицата кои планираат да учествуваат на протест и со тоа да достигне ниво на мешање, дури и ако протестот последователно се одржи без проблеми од страна на властите. Одбивање да му се дозволи на еден поединец да патува за да присуствува на митинг исто така претставува мешање. Значи мерки преземени од властите за време на протестот, како што е растурање на протестот или апсење на учесниците и казни заради учество во протест (види Каспаров и други, цитиран горе, § 84, со дополнителни упатувања).
101. Судот забележува дека во актуелниот случај на жалителите им било дозволено непречено да ја остварат својата слобода на мирно собирање, но не само на одобрени локации, туку исто така кога демонстрациите се префрлиле на јавни автопати со што го надминале одобрението што им било дадено. Навистина, собирите, дури и кога демонстрантите се решиле на блокади на патиштата, не биле растерани од полицијата. Меѓутоа жалителите последователно биле осудени заради нивната улога во организирањето и поставувањето на блокадите на патиштата во последната фаза од демонстрациите. Како што веќе беше посочено горе, нивното однесување во оваа насока, иако вредно за прекор немало насилен карактер. Судот затоа е подготвен да прифати дека осудувањето на жалителите заради нивното учество во демонстрациите во прашање значело мешање во нивното право на слобода на мирен собир. Во врска со ова вреди да се забележи дека пред Големиот судски совет Владата не оспорила дека имало мешање (види параграф 89 горе).
102. Таквото мешање ќе претставува повреда на членот 11 освен ако тоа е „пропишано со закон“, се води од една или повеќе легитимни цели согласно став 2, и е „неопходно во едно демократско општество“ за постигнување на целта или целите во прашање (види, меѓу многу други извори, Vyerentsov v. Ukraine, no. 20372/11, § 51, 11 April 2013, и Немцов, цитиран горе, § 72).
Б. Дали мешањето било „пропишано со закон“
1. Изјаснување на странките
(а) Жалителите
103. Жалителите тврдеа дека нивното осудување согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик (види параграф 62 горе) не било „пропишано со закон“. Особено, поимот за „сериозна повреда на јавниот ред“, како што е посочено во претходно споменатата одредба, не било јасно дефиниран и оттука не можело легитимно да се смета за одлика со која се карактеризирало кривичното дело во прашање. Б.М. и А.К. инсистирале дека тие не биле осудени и казнети согласно законот, туку повеќе заради изразување на нивните мислења на состанокот на земјоделците и одбраната на тие мислења за време на мирните демонстрации. Другите три жалителите – В.М., К.М. и А.П. – тврделе дека тие биле осудени чисто затоа што ги возеле и паркирале своите трактори на автопат, иако истиот веќе бил блокиран од полицијата и земјоделците. Соодветно на тоа кривичните пресуди биле претерана мерка и нивните дејствија требале да се третираат како управен прекршок, во согласност со членовите 124 или 131 од Законот за управни прекршоци (види параграф 66 горе), како што бил случајот со земјоделецот А.Д. (види параграф 49 горе).
104. Жалителите понатаму забележале дека Владата посочила како преседан „немири“ што се случиле во близина на зградата на Парламентот (види параграф 191 долу). Меѓутоа, во тој случај, наспроти овој случај, демонстрантите примениле насилство, уништиле имот и ѝ се спротивставиле на полицијата, предизвикувајќи им физички и морални повреди. Наспроти тоа, намерата на жалителите не била примена на насилство или предизвикување на штета, туку да се демонстрира за социјалните и финансиските потреби на литванските земјоделци.
(б) Владата
105. Владата се изјасни дека секое можно мешање во правото на жалителите на слобода на мирно собирање било пропишано со закон. Жалителите биле осудени согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик, кој пропишува казна за сериозни повреди на јавниот ред. Упатувајќи на пресудата на Судот во случајот Галстјан (цитиран горе, § 107) и земајќи ја во предвид разновидноста која е инхерентна кај повредата на јавниот ред, Владата сметаше дека домашната законска норма била формулирана со доволна прецизност (види ги исто така аргументите развиени од Владата согласно членот 7 од Конвенцијата – параграфи 188-191 долу).
106. Владата понатаму го оспори како необразложен аргументот на жалителите дека нивните дела требале да бидат класификувани како прекршување на управното право. Управната одговорност за паркирање на земјоделски возила на јавен автопат и нивното оставање на забрането место можела хипотетички да биде наметната на жалителите согласно членот 1241 или членот 131 од Законот за управни прекршоци (види параграф 66 горе). Меѓутоа опсегот на повредата на управното право предвиден во тие одредби не ги вклучувал делата на жалителите во овој случај. Најпрво, жалителите дејствувале како дел од маса луѓе. Второ, тракторите не биле само паркирани и оставени така, туку исто така биле искористени за да се блокира автопатот, со што претставувале закана по правата на другите и за нормалното функционирање на државните институции. Конечно се одело на конкретни резултат – блокада на патишта. Затоа намерата на жалителите била да се изврши сериозна повреда на јавниот ред, а не само чисто да се прекрши пропис за паркирање.
2. Пресудата на Судскиот совет
107. Судскиот совет се водеше од претпоставката дека мешањето било „пропишано со закон“ во рамки на значењето на членот 11 § 2 од Конвенцијата (види параграф 79 од пресудата на Судскиот совет).
3. Проценка на Големиот судски совет
(а) Општи принципи
108. Судот ја потврдува својата судската пракса во смисла дека изразите „пропишано со закон“ и „во согласност со законот“ во членовите 8 и 11 од Конвенцијата не бараат само оспорената мерка да има законска основа во домашното право, туку исто така да се однесува и на квалитетот на законот во прашање, кој треба да е достапен за засегнатото лице и предвидлив во однос на неговото делување (види, меѓу другите извори, Rotaru v. Romania [GC], no. 28341/95, § 52, ECHR 2000-V; VgT Verein gegen Tierfabriken v. Switzerland, no. 24699/94, § 52, ECHR 2001-VI; Gawęda v. Poland, no. 26229/95, § 39, ECHR 2002-II; Maestri v. Italy [GC], no. 39748/98, § 30, ECHR 2004-I; Вјеренцов, цитиран горе, § 52; Gorzelik and Others v. Poland [GC], no. 44158/98, §§ 64-65, ECHR 2004-I; и Sindicatul “Păstorul cel Bun” v. Romania [GC], no. 2330/09, § 153, ECHR 2013 (извадоци)).
109. Особено, една норма не може да се смета за „закон“ освен ако не е формулирана со доволна прецизност за да му овозможи на граѓанинот - ако има потреба со соодветен совет - да ги предвиди, до степен кој е разумен во околностите, последиците кои можат да произлезат од одредено дејствие (види, на пример, Џавит Ан, цитиран горе, § 65). Меѓутоа искуството покажува дека е невозможно да се постигне апсолутна прецизност при формулирањето на законите, особено во области во кои состојбата се менува согласно доминантните ставови во општеството (види, меѓу другите извори, Езелин, цитиран горе, § 45). Особено последиците од дадено дејствие не треба да се предвидливи со апсолутна сигурност: искуството покажува дека ова е недостижно. Потоа, иако сигурноста е крајно посакувана, сепак може да наметне претерана ригидност, а законот мора да може да држи чекор со околностите кои постојано се менуваат. Соодветно на тоа, многу од законите неизбежно содржат поими кои, во поголема или помала мерка се нејасни и чие толкување и примена се прашања на пракса (види, меѓу другите извори, Sunday Times v. the United Kingdom (no. 1), 26 April 1979, § 49, Series A no. 30; Rekvényi v. Hungary [GC], no. 25390/94, § 34, ECHR 1999-III; Зилиберберг, одлука цитирана горе; Галстјан, цитиран горе, § 106; и Примов и други, цитиран горе, § 125).
110. Улогата за решавање со судска одлука која им е доделена на националните судови е токму за да се избегнат такви сомнежи во толкувањето кои можат да останат; овластувањето на Судот да го разгледа придржувањето на домашното право е оттука ограничено, како што е прелиминарно за националните власти, имено судовите, да се толкува и примени домашното право (види Kruslin v. France, 24 April 1990, § 29, Series A, no. 176-A; Kopp v. Switzerland, 25 March 1998, § 59, Reports 1998-II; VgT Verein gegen Tierfabriken, цитиран горе, § 52; Mkrtchyan v. Armenia, no. 6562/03, § 43, 11 January 2007; и Вјеренцов, цитиран горе, § 54). Исто така нивото на прецизност што е потребно во домашното законодавство – кое не може во секој случај да ја предвиди секоја можна ситуација – зависи во значителен степен од содржината на инструментот во прашање, областа која е назначено да ја покрие и бројот и статусот на оние на кои се однесува (види Vogt v. Germany, 26 September 1995, § 48, Series A no. 323, и Rekvényi, цитиран горе, § 34).
(б) Примена на тие принципи во овој случај
111. Во актуелниот случај осудувањето на жалителите имало правна основа во литванското право, имено членот 283 § 1 од Кривичниот законик, кој пропишува казна за дело учество во немири (види параграф 62 горе). Иако Кривичниот законик бил достапен, останува да се потврди дали примената на оваа одредба била предвидлива.
112. Членот 283 § 1 од Кривичниот законик предвидува дека казна затвор од пет години ќе се изрече за „лице кое организира или провоцира собирање на лица за да извршат јавни акти на насилство, да оштетат имот или на друг начин сериозно да го повредат јавниот ред, или лице кое за време на немирите, ќе изврши акт на насилство, ќе оштети имот или на друг начин сериозно ќе го повреди јавниот ред“. Домашните власти не ги осудиле жалителите бидејќи вршеле акти на насилство или оштетување на имот. Меѓутоа тие тврделе дека жалителите „на друг начин сериозно го повредиле јавниот ред“. Особено, врз основа на видео снимки, документирани докази и изјави на сведоци, Окружниот суд одлучил дека А.К. и В.М. намерно организирале протести и ги координирале активностите на земјоделците со цел да се блокираат патиштата (види параграфи 43 и 44 горе) и дека другите жалители В.М., К.М. и А.П. ги возеле и паркирале тракторите на автопатот и одбиле да ги почитуваат законските наредби на полицијата да престанат да го прават тоа (види параграф 46 горе). Овие наоди биле потврдени од Регионалниот суд Каунас, кој посочил дека А.К. и Б.М. биле предупредени за нивната одговорност како организатори и ја сфатиле незаконитоста на нивните дејствија (види параграф 51 горе). Конечно Врховниот суд предвидувал објаснување на суштината на делото казнето согласно членот 283 § 1 од Кривичниот законик, вклучително меѓу другото дека немирите биле ситуација во која собир на луѓе намерно и сериозно го нарушиле јавниот ред и дека блокирањето на патишта, стопирањето на сообраќај и нарушувањето на работата на државната гранична служба биле средство за предизвикување на таква повреда (види параграфи 56 и 57 горе).
113. Судот признава дека со самата своја природа концептот на „повреда на јавниот ред“ користен во членот 283 § 1 од Кривичниот законик до одредена мерка е нејасен. Меѓутоа, како што обичниот живот може да биде нарушен на потенцијално бескраен број начини, ќе биде нереално да се очекува националниот законодавец да наведе исцрпна листа на нелегитимни средства за постигнување на забранетите цели. Затоа Судот смета дека термините со кои е формулиран членот 283 § 1 ги задоволува квалитативните барања што произлегуваат од неговата судската примена.
114. Исто така, Судот смета дека толкувањето на оваа одредба на домашните судови во актуелниот случај не било ни своеволно ниту непредвидливо и дека жалителите можеле да предвидат до степен што е разумен за околностите, дека нивните активности како што се опишани горе, кои вклучуваат долгорочни блокади на патиштата поради што настанало нарушување на вообичаените животни, сообраќајни и економски активности, можело да се смета дека достигнале ниво на „сериозна повреда на јавниот ред“ привлекувајќи примена на членот 283 § 1 од Кривичниот законик.
115. Ова не се менува од фактот дека членот 283 од Кривичниот законик објавен на 25 октомври 2000 година бил применет за првпат во случајот на жалителите. Навистина, Кривичниот законик стапил на сила на 1 мај 2003 година (види параграф 62 горе), однесувањето за кое биле прекорени жалителите настанало на 21-23 мај 2003 година и мора да дојде денот кога некоја норма ќе се примени за првпат (види, mutatis mutandis и во врска со членот 7 од Конвенцијата, Huhtamäki v. Finland, no. 54468/09, § 51, 6 March 2012, со дополнителни упатувања).
116. Во овие околности, требало да им биде јасно на жалителите дека поради непочитувањето на законските наредби на полицијата можеле да бидат сметани за одговорни.
117. Истовремено Судот исто така забележува дека дозволите за одржување на мирни собири содржеле предупредување за можната одговорност на организаторите согласно Законот за управни прекршоци и согласно Кривичниот законик, вклучително членот 283 од Законикот (види параграфи 15-17 горе). Исто така треба да се забележи дека полицијата експлицитно побарала од демонстрантите да престанат да ги блокираат патиштата.
118. Во контекст на горенаведеното, Судот дојде до заклучок дека мешањето на кое се жалеле било „пропишано со закон“ во рамки на значењето на членот 11 § 2 од Конвенцијата.
В. Дали мешањето се водело од легитимна цел и било „неопходно во едно демократско општество“
1. Изјаснување на странките
(а) Жалителите
119. Жалителите тврдеа дека континуираното и намерно одлагање од страна на владата да ги регулира цените на млекото, житото и месото и нејзиното одбивање да ја спроведе Резолуцијата од 22 април 2003 година со која биле доделени средства на земјоделскиот сектор (види параграф 13 горе) ги ставила земјоделците – и особено малите земјоделци – во критична ситуација бидејќи не можеле да си ги покријат трошоците за производство, страдале од загуби и понекогаш биле присилени да си ја продаваат стоката. Тоа што владата не дејствувала, и нејзината унилатерална одлука да ги сопре преговорите со земјоделците значително ги осиромашило руралните области. Според мислењето на жалителите, однесувањето за кое тие биле осудени било лишено, со оглед на ситуацијата, од објективните и субјективните елементи на кривичната одговорност.
120. Жалителите сметале дека нивната одлука да постават блокада на патиштата била нивната последна опција во одбрана на нивните интереси како земјоделци. Ова била форма на демонстрации прифатена во Европа во ситуација во која не постоеле други средства за заштита на правата на демонстрантите. Во такви околности, правото на слобода на мирно собирање требало да надвладее над секакво друго минимално нарушување на слободното движење на стоката што можело да се случи. Во врска со ова жалителите тврделе дека Регулативата на Советот на ЕУ бр. 2679/98 (види параграф 77 горе) го признавала блокирањето на патиштата како форма на штрајк.
121. Во согласност со таа Регулатива, пред да започне блокадата на патиштата на 21 мај 2003 година, литванските власти веќе знаеле за намерата на земјоделците да демонстрираат. Знаејќи дека блокадите на патиштата било веројатно дека ќе се случат, полицијата подготвила акциски планови и алтернативни рути во близина на демонстрациите, со што се намалила секаква можност за прекин на протокот на стоки. Самите земјоделци предвиделе мерки, кои во целост биле спроведени за да се овозможи сообраќајот да се пренасочи по секундарни патишта. Според жалителите, во критичните денови протокот на сообраќај бил „дури и подобар од вообичаено“. Ова било докажано со „податоците од граничните премини каде што се случиле блокадите на патиштата“. Тврдењето на Владата дека можела да биде предизвикана дополнителна штета по јавната безбедност (параграф 189 долу) било чиста шпекулација.
122. Жалителите исто така се изјасниле дека демонстрациите биле мирни и дека никакви инциденти не се случиле: не бил прекршен јавниот ред, ниту пак имало уништување на имот што им припаѓал на други или штети по здравјето на лицето. Напротив, блокадите на патиштата биле симболични и насочени кон привлекување на вниманието на владата. Б.М. и А.К., кои биле почитувани од земјоделците го одржувале редот меѓу демонстрантите. Исто така за време на блокадите на патиштата избрани претставници на земјоделците исто така преговарале со владата за да се постигне компромис за цените на млекото. Земјоделците се однесувале смирено и не преземале никакви дејствија заради кои ќе требале да се ангажираат специјалните полициски единици или војската да интервенираат за да ги стават во ред. Нивната намера не била да се повреди јавниот ред, туку мирно да се демонстрира за социјална правда. Судот одобрил само една граѓанска тужба за штета во износ од 1.100 лати (приближно 290 евра) (види параграф 45 горе). Овој износ бил занемарлив споредено со она што го барале земјоделците.
123. Со блокирањето на патиштата земјоделците делумно ги задоволиле своите барања – подигнување на цената на млекото и исплатите за надоместок. Демонстрациите запреле веднаш штом владата се согласила да даде субвенции.
124. Жалителите тврдеа дека кривичните постапки против нив биле јасно несразмерни и непотребни мерки. Ограничувањата на движењето им било наметнато во 2003 година, кога како осомничени четворица од нив добиле наредба да не ги напуштаат своите места на живеење (види параграф 33 горе). Подоцна тие мерки биле повлечени. Последователно Окружниот суд на градот Каунас на жалителите им изрекол казна со лишување од слобода. Иако извршувањето ка казните било суспендирано, жалителите не можеле да ги напуштат своите места на живеење без дозвола на властите во текот на годината во која условната казна била на сила (види параграф 47 горе).
125. Жалителите понатаму ја оспориле релевантноста на судската пракса цитирана од Владата. Тие забележале дека случајот на Ева Молнар, цитиран горе, се однесувал на демонстрација која не била одобрена, за која полицијата не била информирана и која завршила со повреда и прекин на сообраќајот и јавниот ред. Слично на тоа демонстрацијата не била одобрена ни во случајот на Бароко, цитиран горе, каде блокадите на патот биле ненадејни, неочекувани и каде пред жалителот да биде обвинет од него било побарано неколку пати да го напушти автопатот. Во врска со судската пракса на ЕСП, жалителите објасниле дека во случајот на Шмидбергер против Австрија (цитиран горе) демонстрациите траеле два дена на главниот правец по кој не можеле да се движат превозници со стоки, додека полицијата наводно не презела мерки да обезбеди слободно движење на стоките; во случајот Комисијата против Франција (цитиран горе) демонстрантите се однесувале насилно кон камионџиите кои пренесувале земјоделски производи од странски земји. Од друга страна, во актуелниот случај блокадите на патот резултирале од критичната економска состојба во земјата и тоа што владата не дејствувала.
126. Жалителите конечно сметале дека Владата претерала во описот на последиците од дејствијата на демонстрантите, потпирајќи се на хипотетички шпекулации и не успеале да обезбедат доволно докази за да ги поддржат своите заклучоци. Во реалноста, домашните судови го игнорирале фактот дека одобрението да се одржат собири биле издадени и дека, кога земјоделците спонтано се префрлиле на автопатот, жалителите ги координирале нивните дејствија со полицијата со цел да се одржи и да не се повреди јавниот ред.
(б) Владата
127. Владата се држеше до тоа дека мешањето било во согласност со легитимните цели на „спречување на нереди“ како заштита на правата и слободите на другите“. Исто така, изречените санкции се воделе не само од целта да ги спречат да не го повторат делото, туку исто така генерално да обезбедат почит на законот.
128. Што се однесува до принципот на сразмерност, Владата се изјасни дека во 2003 година состојбата во млечната индустрија во Литванија се влошила, откупните цени на млекото биле намалени и земјоделците станувале сè позагрижени. Тие барале зголемување на откупните цени на млекото и организирале различни активности. После преговорите меѓу земјоделците, преработувачите на млеко и владата, во периодот март-јуни 2003 година владата усвоила низа одлуки со кои биле дадени субвенции за производителите на млечни производи во износ од 52.000.000 лати (што од прилика изнесува 15.067.000 евра). Владата организирала и учествувала во состаноци со претставници на земјоделците и активно барала можни решенија за регулирање на млечниот сектор и пазарот на млеко. И покрај овие напори, жалителите организирале блокади на патиштата со што ги повредиле правата на други членови во општеството.
129. Според мислењето на Владата, осудувањето на жалителите за организирање или учество во немири се засновало на релевантни и доволни причини. Поттикот на жалителите да ги блокираат патиштата и да не ги почитуваат законските наредби на полицијата биле земени во предвид. Жалителите имале целосна и непречена можност неколку дена да ја остваруваат својата слобода за мирно собирање и да го привлечат вниманието на властите и општеството на општите проблеми на земјоделците. Сепак, тие последователно го прекршиле законот со своите дејствија, што претставувало сериозна повреда на јавниот ред, со што им била нанесена штета на други лица, попречувајќи го функционирањето на државните институции и креирало вистинска опасност од поголема штета. Жалителите биле осудени за нивното незаконско однесување, кое предизвикало општ хаос во земјата, а не само чист прекин во сообраќајот. Во врска со ова актуелниот случај се разликува од тој на Езелин (цитиран горе).
130. Во врска со ова, Владата забележа дека блокирањето на трите главни правци кои ги поврзувало земјите на ЕУ со нивните партнери на исток го надминало „неизбежниот прекин на сообраќајот“ (види наспроти тоа и a fortiori, Примов и други, цитиран горе, во врска со блокирањето на главниот пат што поврзувал неколку планински села, и што предизвикало силна реакција кај граѓанското општество и масовните медиуми.
131. Владата тврдеше дека жалителите не биле осудени за учество во протестите, туку за конкретно кривично однесување за време на демонстрациите, кои наметнале поголемо ограничување на јавниот живот отколку остварувањето на слободата на мирно собирање вообичаено би требало да има. Блокадите на патиштата не биле директна и спонтана реакција на ненадеен настан, кој надвладеал над обврската за претходно известување. Последователно, начинот на остварување на нивните права од членот 11 избрани од жалителите покажал сериозен недостаток на почит за другите членови на општеството.
132. Владата посочила дека жалителите ги добиле само најблагите можни санкции – кратко лишување од слобода – предвидено во членот 283 § 1 од Кривичниот законик. Исто така нивното казнување главно било од морална природа, со оглед дека извршувањето на нивните казни било суспендирано на една година (види параграф 47 горе). Затоа не вклучувало никаква забрана, дури ни привремена, врз продолжувањето на професионалните и политичките активности на жалителите. Година дена после осудувањето, жалителите биле ослободени од страна на Врховниот суд после истекувањето на периодот на условните казни (види параграф 60 горе). Со ослободувањето жалителите повеќе не биле сметани за осудени лица. Обврската да не заминуваат, без одобрение, од нивното место на живеење на период подолг од седум дена (види параграф 47 горе) била чиста формалност која не создала некои позначајни непријатности во секојдневниот живот на жалителите.
133. Владата тврдеше дека Судот не треба да се оддалечи од својата одлука во случајот на Барако (цитиран горе) каде не била утврдена повреда и каде операција за забавување на сообраќајот траела само пет часа и само на еден пат. Тие исто така посочиле дека властите не биле во позиција да преземат позитивни мерки со цел да се ограничат рамките на можните ефектите од прекинот во сообраќајот. Фактот дека неколку дена пред демонстрациите, полицијата на регионот Клаипеда случајно дознала за намерите на демонстрантите да ги блокира патиштата не може да се смета за „навремено известување“ кое на властите им дозволило да преземат соодветни мерки. Исто така, полицијата на регионите Маријамполе и Пасвалис и понатаму не биле свесни за таквите намери.
134. Владата понатаму упати на судската пракса од ЕСП, која во случајот на Шмудбергер против Австрија (цитиран горе) ја потврдил обврската на државата да ги држи главните правци отворени за да се обезбеди слободно движење на стоките во рамките на ЕУ. Точно е дека во Шмидбергер ЕСП утврдил дека со тоа што биле дозволени демонстрации, Австрија не ги повредила своите обврски согласно Договорот; меѓутоа Шмидбергер може да се разликува од овој случај заради времето на демонстрациите (празник или викенд, а не нормални работни денови), неговата локација (само еден автопат бил блокиран), постоењето на претходно јавно предупредување (30 дена од напред) со кое биле информирани властите за блокадите на патиштата. Исто така, во случајот Комисијата против Франција (цитиран горе) ЕСП утврдил дека со тоа што не биле спречени физичките лица да преземат активности насочени кон блокада на слободната трговија, тужената држава не ги исполнила своите обврските.
135.Владата исто така забележа дека во времето на демонстрациите, Литванија била кандидат за членство во ЕУ, и имала потпишано Договор за асоцијација со ЕУ, и презела обврска да покаже способност да се придржува на политичко, правно и техничко ниво на стандардите и нормите на ЕУ. Блокирањето на трите главни патни правци од меѓународна важност за земјата можело да достигне ниво на ограничување на слободното движење на стоки и оттука повреда на правото на ЕУ, за што Литванија можела да биде сметана за одговорна.
136. Владата конечно се повикала на насоката 3.5 од Насоките за слобода за мирно собирање (второ издание) подготвени од група експерти за слобода на собирање од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во консултација со Европската комисија за демократија низ правото (Венецијанската комисија) при Советот на Европа, каде се вели: „Јавните собири се одржуваат за да се пренесе порака на одредено лице, група или организација што е цел на истите. Затоа, како општо правило, собирите треба да се олеснат во рамките на видокругот и опсегот на нивната целна публика“. Во актуелниот случај, демонстрантите веќе го привлекле вниманието на релевантните власти, постоел континуиран дијалог меѓу властите и земјоделците, биле донесени одлуки во нивна корист и Министерството за земјоделие постојано ја анализирало состојбата во млечната индустрија. Во овие услови, прибегнувањето на демонстрантите на драстични мерки, како што се незаконски блокади на патиштата, било претерани и едвај да можело да се оправда.
137. Во контекст на горенаведеното, Владата сметаше дека мешањето во правата на жалителите од членот 11 било сразмерно на легитимните цели од кои се воделе и дека домашните власти не го надминале нивното дискреционо право.
2. Пресудата на Судскиот совет
138. Судскиот совет одлучил (види параграфи 79-84 од пресудата на Судскиот совет) дека дури и ако се претпостави дека се воделе од легитимни цели, имено „спречување на немири“ и „заштита на правата и слободите на другите“, мешањето во прашање не било сразмерно на следниве причини:
(а) Земјоделците добиле дозволи да одржат мирни собири во селектираните области, и иако главните прекини во сообраќајот биле предизвикани на три главни патишта, секоја демонстрација на јавно место предизвикувала одредено ниво на прекин на обичниот живот; од властите се очекувало да покажат толеранција во однос на ова.
(б) Само еден превозник ги тужел земјоделците за штета, и на еден пат демонстрантите дозволиле некои од возилата да поминат, вклучително и возила што превезувале стока и автомобили.
(в) За време на демонстрациите течеле преговорите меѓу земјоделците и владата, жалителите покажале флексибилност и подготвеност за соработка со други корисници на патиштата, а елементот на насилство бил „јасно отсутен“.
(г) Литванските судови гледале на случајот во контекст на „немири“ и оттука не можеле соодветно да го разгледаат прашањето на сразмерност.
(д) Друг земјоделец (А.Д.) кој го прекинал сообраќајот за време на истите демонстрации бил обвинет само за управен сообраќаен прекршок и бил казнет со глоба од приближно 12 евра; наспроти ова; „петте жалителите морале да минат низ искушението на кривичните постапки и како резултат на кривичната осудителна пресуда добиле казни со лишување од слобода“. Иако извршувањето на оваа казна било суспендирано, една цела година жалителите не можеле да го напуштат своето место на живеење на подолго од седум дена без претходно одобрение од властите.
139. Во контекст на гореспоменатото, Судскиот совет заклучува дека имало повреда на членот 11 од Конвенцијата.
3. Проценка на Големиот судски совет
(а) Дали мешањето се водело од легитимна цел
140. Судот зазеде став дека осудувањето на жалителите се водело од легитимните цели на „спречување на нереди“ (види mutatis mutandis, Зилиберберг, одлука цитирана горе, Галстјан, цитиран горе, § 110; Skiba v. Poland (dec.), no. 10659/03, 7 July 2009; Rai and Evans v. the United Kingdom (dec.), nos. 26258/07 and 26255/07, 17 November 2009; и Ѓун и други, цитиран горе, § 59) и на „заштита на правата и слободите на другиот“ (конкретно, правото на слободно движење по јавни патишта без ограничувања, види, mutatis mutandis, Oya Ataman v. Turkey, no. 74552/01, § 32, ECHR 2006-XIII; и Барако, цитиран горе, § 40).
141. Останува да се потврди дали мешањето на кое се жалеле било „неопходно во едно демократско општество“ за постигнувањето на тие цели.
(б) Дали Мешањето било „неопходно во едно демократско општество“?
((i) Принципи утврдени со судската пракса на Судот
(α) Општо
142. Правото на слобода на собирање, еден од темелите на демократското општество, е предмет на низа исклучоци кои мора да бидат тесно толкувани, а неопходноста од некакви ограничувања мора да биде убедливо утврдено. При испитувањето дали ограничувањата на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата можат да се сметаат за „неопходни во едно демократско општество“ земјите договорнички уживаат одредено, но не ограничено, дискреционо право (види Бароко, цитиран горе, § 42). Во секој случај, Судот треба да ја даде конечната пресуда за компатибилноста на ограничувањето со Конвенцијата, и ова треба да се направи со проценка на околностите на одреден случај (види Rufi Osmani and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 50841/99, ECHR 2001-X, и Галстјан, цитиран горе, § 114).
143. Кога Судот ја спроведува својата анализа, неговата задача не е да се замени неговото сопствено гледиште со тоа на релевантните национални власти, туку повеќе да се разгледаат во однос на членот 11 одлуките што ги усвоиле. Ова не значи дека мора да се ограничи себе на утврдување дали државата го остварила своето дискреционо право на разумен и внимателен начин и со искрена намера; мора да се погледне мешањето на кое се жалат во контекст на случајот како целина и да увиди, откако ќе утврди дека се воделе од „легитимна цел“, дали истото било реакција на „итна општествена потреба“ и, особено, дали тоа било сразмерно на таа цел и дали причините кои биле изнесени од националните власти како оправдување биле „релевантни и доволни (види Coster v. the United Kingdom [GC], no. 24876/94, § 104, 18 January 2001; Ashughyan v. Armenia, no. 33268/03, § 89, 17 July 2008; S. and Marper v. the United Kingdom [GC], nos. 30562/04 and 30566/04, § 101, ECHR 2008; Барако, цитиран горе, § 42; и Каспаров и други, цитиран горе, § 86). При тоа, Судот мора да се задоволи дека националните власти примениле стандарди кои биле во согласност со принципите отелотворени во членот 11 и исто така, дека тие ги засноваат своите одлуки на прифатлива проценка на релевантните факти (види Раи и Еванс, одлука цитирана горе, и Ѓун и други, цитиран горе, § 75; види исто така United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey, 30 January 1998, § 47, Reports 1998-I, и Gerger v. Turkey [GC], no. 24919/94, § 46, 8 July 1999).
144. Принципот на сразмерност бара да се постигне рамнотежа меѓу барањата на целите наведени во ставот 2 од една страна, и тие за слобода на изразување на мислење преку збор, гест па дури и молк од лица собрани на улици или на други јавни места, од друга страна (види Руфи Османи и други, одлука цитирана горе, Скиба, цитиран горе; Фабер, цитиран горе, § 41; и Тараненко, цитиран горе, § 65).
145. Слободата на собирање како што е втемелена во членот 11 од Конвенцијата заштитува демонстрации кои можат да нервираат или навредат лицата кои се против идеите или тврдењата кои се обидуваат да ги промовираат (види Станков и Обединетата Македонска Организација Илинден, цитиран горе, § 86). Сите мерки на мешање во слободата на собирање и изразување освен во случаи на поттикнување на насилство или отфрлање на демократски принципи – колку и да им се чинат на властите шокантни и неприфатливи некои гледиштата или зборовите што биле употребени – ѝ прават лоша услуга на демократијата и честопати дури ја ставаат и во опасност (види Güneri and Others v. Turkey, nos. 42853/98, 43609/98 and 44291/98, § 76, 12 July 2005; Сергеј Кузнецов, цитиран горе § 45; Алексејев, цитиран горе, § 80; Фабер, цитиран горе, § 37; Ѓун и други, цитиран горе, § 70; и Тараненко, цитиран горе, § 67).
146. Природата и острината на изречените казни исто така се фактори што треба да се земат во предвид при оценувањето на сразмерноста на мешањето во врска со целта од која се води (види Öztürk v. Turkey [GC], no. 22479/93, § 70, ECHR 1999-VI; Руфи Османи и други, одлука цитирана горе; и Ѓун и други, цитиран горе, § 82). Кога изречените казни за демонстрантите се кривични по природа, тие бараат одредено оправдување (види Раи и Еванс, одлука цитираа горе). Мирни демонстрации во принцип не треба да подложат на закана со кривична санкција (види Akgöl and Göl v. Turkey, nos. 28495/06 and 28516/06, § 43, 17 May 2011), и особено лишување од слобода (види Ѓун и други, цитиран горе, § 83). Оттука, Судот мора да ги испита со посебна аналитичност случаите кога казните изречени од националните власти за ненасилно однесување вклучуваат затворска казна (види Тараненко, цитиран горе, § 87).
(β) Услов за претходно добивање дозвола
147. Во принцип, не е спротивно на членот 11 доколку, заради причини поврзани со јавниот ред и националната безбедност, се бара одржувањето на собири да подложи на одобрение (види Оја Атаман, цитиран горе, § 37; Bukta and Others v. Hungary, no. 25691/04, § 35, ECHR 2007-III; Balçık and Others v. Turkey, no. 25/02, § 49, 29 November 2007; Nurettin Aldemir and Others v. Turkey, nos. 32124/02, 32126/02, 32129/02, 32132/02, 32133/02, 32137/02 and 32138/02, § 42, 18 December 2007; Ева Молнар, цитиран горе, § 35; Karatepe and Others v. Turkey, nos. 33112/04, 36110/04, 40190/04, 41469/04 and 41471/04, § 46, 7 April 2009; Скиба, одлука цитирана горе; Çelik v. Turkey (no. 3), no. 36487/07, § 90, 15 November 2012; и Ѓун и други, цитиран горе, §§ 73 и 80). Навистина, Судот претходно го разгледал тоа известување, па дури и процедурите за одобрение, за јавен настан кое вообичаено не посегнува по правото од членот 11 од Конвенцијата сè додека целта на процедурата е да им се дозволи на властите да преземат разумни и соодветни мерки со цел да се гарантира дека собирот, митингот или друга средба ќе се одвиваат без проблеми (види Сергеј Кузнецов, цитиран горе, § 42, и Раи и Еванс, одлука цитирана горе). Организаторите на јавни собири треба да се придржуваат на правилата што важат за тој процес преку придржување на прописите на сила (види Примов и други, цитиран горе, § 117).
148. Претходното известување служи не само за потребите на помирувањето на правото на собир со правата и законските интереси (вклучително и слободата на движење) на други, туку исто така и со целта за спречување на немири или кривични дела. Со цел да се избалансираат овие спротивставени интереси, воведувањето на прелиминарни управни процедури се чини дека е општа пракса во земјите-членки кога се организираат јавни демонстрации (види Ева Молнар, цитиран горе, § 37, и Berladir and Others v. Russia, no. 34202/06, § 42, 10 July 2012). Меѓутоа, прописи од оваа природа не треба да претставуваат скриена пречка за слободата на мирно собирање што е заштитено од Конвенцијата (види Samüt Karabulut v. Turkey, no. 16999/04, § 35, 27 January 2009, и Берладир и други, цитиран горе, § 39).
149. Бидејќи државите имаат право да бараат да се издаде дозвола, тие мора да се во можност да наметнат санкции врз оние што учествуваат во демонстрациите кои не се придржуваат на таквите барања (види Зилиберберг, одлука цитирана горе; Раи и Еванс, одлука цитирана горе; Берладир и други, цитиран горе, § 41; и Примов и други, цитиран горе, § 118). Истовремено, слободата да се учествува на мирни собири е од таква важност што едно лице не може да подложи на санкција – дури и таква од долниот дел од скалата на дисциплинските казни – за учество во демонстрации кои не се забранети, сè додека тоа лице самото не изврши некаков акт вреден за прекор во таква прилика (види Езелин, цитиран горе, § 53; Галстјан, цитиран горе, § 115; и Барако, цитиран горе, § 44). Ова е точно и кога како резултат на демонстрациите се направи штета или се предизвика друг неред (види Тараненко, цитиран горе, § 88).
150. Незаконска ситуација, како што е организирање на демонстрации без претходно одобрение, не значи дека оправдува мешање во правото на лицето на слобода на собирање (види Cisse v. France, no. 51346/99, § 50, ECHR 2002-III; Оја Атаман, цитиран горе, § 39; Барако, цитиран горе, § 45; и Скиба, одлука цитирана горе). Иако правилата по кои се раководат собирите, како што е системот на претходно известување, се суштински за мирното спроведување на јавни демонстрации, бидејќи тие им дозволуваат на властите да го минимизираат прекинот на сообраќајот и да преземат други безбедносни мерки, нивното спроведување не може да стане цел сама за себе (види Примов и други, цитиран горе, § 118). Особено, кога демонстрантите не се впуштаат во акти на насилство важно е за јавните власти да покажат одреден степен на толеранција за мирните собири за слободата на собирање гарантирана со членот 11 од Конвенцијата да не биде лишена од целата суштина (види Оја Атаман, цитиран горе, § 42; Букта и други, цитиран горе, § 37; Нуретин Алдемир и други, цитиран горе, § 46; Ашугјан, цитиран горе, § 90; Ева Молнар, цитиран горе, § 36; Барако, цитиран горе, § 43; Берладир и други, цитиран горе, § 38; Фабер, цитиран горе, § 47; İzci v. Turkey, no. 42606/05, § 89, 23 July 2013; и Каспаров и други, цитиран горе, § 91).
151. Отсуството на претходно одобрение и настанатата „незаконитост“ на дејствието не им дава одврзани раце на властите; тие се и понатаму ограничени од условот за сразмерност на членот 11. Оттука треба да се утврди зошто демонстрациите не биле одобрени, за кој јавен интерес се работело и какви ризици претставувале демонстрациите. Методот што го користела полицијата за обесхрабрување на демонстрантите, држејќи ги на одредено место или разбивајќи ги демонстрациите, исто така се важен фактор при оценувањето на сразмерноста на мешањето (види Примови и други, цитиран горе, § 119). Оттука тоа што полицијата користела лут спреј за да ги растераат одобрените демонстрации се сметало дека е несразмерно, иако Судот признал дека настанот можел да го прекине протокот на сообраќај (види Оја Атаман, цитиран горе, §§ 38-44).
152. Во случајот на Букта и други (цитиран горе, §§ 35 и 36), Судот одлучил дека во посебните околности кога спонтани демонстрации можеле да бидат оправдани на пример како одговор на политички настан, за да се растераат демонстрациите чисто заради отсуство на бараното претходно известување, без никакво незаконско однесување од страна на учесниците, може да достигне ниво на несразмерно ограничување на слободата на мирно собирање.
153. Судот исто така разјаснил дека принципот што е утврден во случајот на Букта и други не може да се прошири до таму за да значи дека отсуството на претходно известување за спонтани демонстрации никогаш не може да биде легитимна основа за разбивање на маса. Правото да се одржат спонтани демонстрации може да надвладее над обврската да се даде претходно известување за јавните собири само под посебни околности, имено доколку директната реакција на актуелен настан е во форма на демонстрации. Особено, таквото отстапување од општото правило може да биде оправдано доколку одложувањето ќе го направело одговорот непотребен (види Ева Молнар, цитиран горе, §§ 37-38, и Скиба, одлука цитирана горе).
154. Понатаму може да се посочи дека дури и законски одобрени демонстрации можат да се растераат на пример кога ќе се претворат во немири (види Примов и други, цитиран горе, § 137).
(γ) Демонстрации и нарушување на обичниот живот
155. Сите демонстрации на јавно место можат да предизвикаат одредено ниво на нарушување на обичниот живот, вклучително и прекин на сообраќајот (види Барако, цитиран горе, § 43; Disk and Kesk v. Turkey, no. 38676/08, § 29, 27 November 2012; и İzci, цитиран горе, § 89). Фактот дека сам по себе не го оправдува мешањето во правото на слобода на собирање (види Берладир и други, цитиран горе, § 38, и Ѓун и други, цитиран горе, § 74), со оглед дека е важно за јавните власти да покажат одреден степен на толеранција (види Ашугјан, цитиран горе, § 90). Соодветниот „степен на толеранција“ не може да се дефинира in abstracto: Судот мора да ги разгледа одредените околности на случајот и особено во мерка на „прекин на обичниот живот“ (види Примов и други, цитиран горе, § 145). Во вакви услови важно е здруженијата и други кои организираат демонстрации како актери во демократскиот процес, да се придржуваат на правилата од кои се води процесот преку придржување на прописите што се на сила (види Оја Атаман, цитиран горе, § 38; Балчак и други, цитиран горе, § 49; Ева Молнар, цитиран горе, § 41; Барако, цитиран горе, § 44; и Скиба, одлука цитирана горе).
156. Доколку организаторите намерно не се придржуваат на овие правила и структурирањето на демонстрациите или на дел од нив е на начин со кој се предизвикува прекин во обичниот живот и други активности до степен кој го надминува тоа што е неизбежно во околностите, претставува однесување кое не може да ужива иста привилегирана заштита согласно Конвенцијата како политички говор или дебата по прашања од јавен интерес или мирно манифестирање на мислења по такви прашања. Напротив, Судот смета дека земјите договорнички уживаат широка маргина на дискреционо право во нивната проценка на потребата при преземањето на мерки за да се ограничи таквото однесување (види параграф 97 горе; види исто така, mutatis mutandis, Дриман и други, одлука цитирана горе).
157. Ограничувања на слободата на мирно собирање на јавни места може да служи како заштита на правата на другите заради спречување на немири и одржување на проток на сообраќај без проблеми (види Ева Молнар, цитиран горе, § 34). Бидејќи преголема маса на луѓе за време на јавен настан може да претставува опасност, не е невообичаено за државните власти во различни земји да наметнат ограничувања во однос на локацијата, датумот, времето, формата или начинот на спроведување на планираниот јавен собир (види Примов и други, цитиран горе, § 130).
(δ) Позитивните обврски на државата согласно членот 11 од Конвенцијата
158. Државите не смеат само да се воздржуваат од примена на неразумни индиректни ограничувања во однос на правото на мирно собирање, туку исто така да го заштитат тоа право. Иако суштинскиот предмет на членот 11 е да го заштити поединецот од своеволно мешање од страна на јавните власти во остварување на правата кои се заштитени (види Associated Society of Locomotive Engineers and Firemen (ASLEF) v. the United Kingdom, no. 11002/05, § 37, 27 February 2007, и Немцов, цитиран горе, § 72), дополнително може да постојат позитивни обврски да се обезбеди делотворно уживање на овие права (види Џавит Ан, цитиран горе, § 57; Оја Атаман, цитиран горе, § 36; и Ѓун и други, цитиран горе, § 72).
159. Властите имаат обврска да преземат соодветни мерки што се однесува до законските демонстрации за да се обезбеди нивно мирно одвивање и безбедност на сите граѓани (види Оја Атаман, цитиран горе, § 35; Makhmoudov v. Russia, no. 35082/04, §§ 63-65, 26 July 2007; Скиба, одлука цитирана горе; и Ѓун и други, цитиран горе, § 69). Меѓутоа тие не можат да го гарантираат ова апсолутно и тие имаат широко дискреционо право во изборот на средствата што треба да се употребат (види Protopapa v. Turkey, no. 16084/90, § 108, 24 February 2009). Во оваа област обврската што потпаѓа под членот 11 од Конвенцијата претставува обврска што се однесува на мерките што треба да се преземат, а не на резултатите што треба да се постигнат (види Plattform “Ärzte für das Leben” v. Austria, 21 June 1988, § 34, Series A no. 139, и Фабер, цитиран горе, § 39).
160. Особено, Судот ја нагласил важноста на преземањето на превентивни безбедносни мерки, како што се на пример, обезбедување на присуство на служби за прва помош на местото на демонстрациите, за да се гарантира мазно спроведување на секаков настан, митинг или друг собир, било да е од политичка, културна или од друга природа (Оја Атаман, цитиран горе, § 39).
(ii) Примена на овие принципи во актуелниот случај
(α) Претходно одобрение за мирен собир
161. Судот забележува дека во актуелниот случај земјоделците биле овластени да демонстрираат на назначените локации. Конкретно во мај 2003 година општината Калварија издала дозвола да се одржат мирни собири во градот Калварија „во близина на пазарот“ од 8 до 23 часот на 13-16 мај 2003 година, од 8-15 часот на 17 мај 2003 година и од 8-23 часот на 19-20 мај 2003 година. Слични дозволи биле издадени за 21-23, 24 и 26-30 мај (види параграф 15 горе). На 8 мај 2003 година општината Пасвалис издала дозвола за демонстрации за период од десет дена од 15 до 25 мај 2003 „на паркингот на шеесет и третиот километар од автопатот Виа Балтика и веднаш до тој автопат (види параграф 16 горе). Конечно, на 19 мај 2003 година, општината Клаипеда издале дозвола за одржување на собир во „областа на селото Дивупиаи, веднаш до, но не поблиску од дваесет и пет метри од автопатот Вилнус-Клаипеда“ од 11 до 23 часот на 19-25 мај 2003 година (види параграф 17 горе).
162. Литванските власти оттука дале експлицитно претходно одобрение за собирите (види, наспроти тоа, следниве пресуди и одлуки цитирани горе: Зилиберберг; Оја Атаман, §§ 38-39; Букта и други, § 34; Ева Молнар, §§ 40-41; Скиба; Раи и Еванс; Ѓун и други, § 77; и Примов и други, §§ 121-128). Демонстрациите на земјоделците не можат оттука да се сметаат за незаконски заради непридржување на релевантните домашни процедури кои претходеле на одржувањето на собирите.
163. Исто така треба да се забележи дека од 19 мај до пладнето на 21 мај 2003 година земјоделците се собрале на назначените локации и можеле да демонстрираат мирно без никакво мешање од страна на властите (види параграф 19 горе).
(β) Однесувањето на жалителите и на други демонстранти од 21 до 23 мај 2003 година и последиците од истото
164. Меѓутоа, некаде околу пладне на 21 мај 2003 година, после застојот во преговорите со владата, земјоделците одлучиле да ги префрлат собирите од назначените локации на соседните патишта, имено на автопатот Вилнус-Клаипеда, автопатот Паневежис-Пасвалис-Рига и автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи (види параграф 20 горе). Како што е посочено од Владата, а не беше оспорено од жалителите, овие биле трите најголеми автопати во земјата. Исто така меѓу 15.00 и 16.30 часот на 21 мај 2003 година третиот, четвртиот и петтиот жалител ги донеле тракторите на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи и ги оставиле таму на асфалтниот коловоз, на тој начин прекинувајќи го протокот на сообраќај (види параграф 21 (в) горе).
165. Според мислењето на Судот, префрлањето на демонстрациите од одобрените локации на автопатите претставувало јасна повреда на условите стипулирани во дозволите. Ова дејствие било преземено без претходно известување на властите и без да бараат од нив да ги изменат условите од дозволите. Жалителите не можеле да занаат за овие барања.
166. Ниту пак се чини - дури и ако ова не е пресуден момент во разгледувањето во видот на состојбата во прашање - дека дејствијата на земјоделците за пречекорување ограничувањата на дозволите за демонстрации биле оправдани од потребата од итен одговор на настан што тогаш се случил (види, особено и mutatis mutandis, судската пракса цитирана во параграфите 152 и 153 горе). Судот забележува дека проблемите во земјоделскиот сектор и падот на големопродажните цени на земјоделските производи биле тековна состојба и незадоволството на земјоделците продолжило со оглед дека владата не успеала, според нив, да ја спроведе одлуката на Парламентот од 22 април 2003 година (види параграф 13 горе). Состојбата во сржта на конфликтот им била добро позната на жалителите и на властите дури и пред издавањето на дозволи за собири. Нема ништо што сугерира дека ненадеен политички настан, кој бара директна реакција, се случил на или околу 21 мај 2003 година.
167. Со оглед на горенаведеното, Судот смета дека неодобрените блокади на патиштата не биле оправдани од „актуелен настан кој барал итен одговор“ (види Ева Молнар, цитиран горе, § 38, и Скиба, одлука цитирана горе; исто така види наспроти тоа и mutatis mutandis, Букта и други, цитиран горе, § 36, каде демонстрациите биле одржани како спонтан протест против учеството на унгарскиот премер на прием организиран од романскиот премиер).
168. Што се однесува до тврдењата на жалителите дека блокадите на патиштата биле последната мерка која ја презеле во ситуација на серија финансиски тешкотии за да се заштитат нивните легитимни интереси (види параграфи 119-120 горе), Судот нема причина да се сомнева во оценката на домашните судови дека земјоделците имале на располагање алтернативни и законски мерки за заштита на нивните интереси, како што била можноста за поднесување на претставки пред управните судови (види параграф 43 горе).
169. Судот понатаму не гледа причини да се сомнева во наодите на домашните судови во насока дека жалителите биле свесни дека префрлањето на демонстрациите од одобрените локации на автопатот и паркирање на тракторите на коловозот на автопатот Каунас-Маријамполе-Сувалкаи ќе предизвикало голем прекин на сообраќајот. Откако го разгледале материјалот што им бил на располагање, домашните судови и полицијата на Калварија и Пасвалис (види параграфи 28 и 30 горе) дошле до заклучок дека блокадите на патиштата креирале значителни проблеми за протокот на превозници и приватни возила, и се создале сообраќајни гужви и долги колони на возила. Ова траело повеќе од 48 часа, бидејќи блокадите на патиштата биле повлечени дури на 23 мај 2003 година. Вообичаено не е во рамките на опсегот на Европскиот суд да ги замени своите проценки на фактите за тие на домашните судови и, како општо правило, овие судови требале да ги проценат доказите пред нив (види, inter alia, Edwards v. the United Kingdom, 16 December 1992, § 34, Series A no. 247-B; Vidal v. Belgium, 22 April 1992, §§ 33-34, Series A no. 235-B; и Klaas v. Germany, 22 September 1993, § 29, Series A no. 269). Никаков материјал не бил изнесен пред овој Суд, кој можел да фрли сомнеж на наодите на националните судови и да даде тежина на тврдењата на жалителите пред Судот, оспорени од Владата, дека на критичните денови протокот на стоките бил дури и подобар од вообичаено“ (види параграфи 24 и 121 горе).
170. Како што веќе беше посочено во параграф 97 горе, нарушувањето на обичниот живот и сообраќај не биле попратна појава на демонстрации одржани на јавно место. Сè додека демонстрациите се одвивале на назначените локации, протокот на сообраќајот не бил нарушен. Одлуката на земјоделците да се префрлат на автопатите и да употребат трактори не можело да не претставува обид за блокирање или намалување на протокот на возила и креирање на хаос за да се привлече вниманието на потребите на земјоделците. Намерното блокирање на патиштата не можело а да не биде насочено кон притискање на владата да ги прифати барањата на земјоделците, како што е прикажано од фактот дека тие биле повлечени веднаш штом демонстрантите биле информирани за успешниот исход од преговорите (види параграфи 22 и 28 горе). По оваа одлика актуелниот случај се разликува од оние во кои Судот забележал дека демонстрациите можеби предизвикале одредено ниво на прекин на обичниот живот, вклучително и на сообраќајот (види судската пракса цитирана во параграф 155 горе).
171. Судот веќе бил повикан да испита ситуација каде демонстрантите се обиделе да го спречат или изменат остварувањето на активност спроведена од други. Во Стил и други (цитиран горе) првиот и вториот жалител спречиле лов и попречиле инженерска работа за изградба на автопат. Во Дриман и други (одлука цитирана горе), активисти на Гринпис маневрирале со мали чамци на начин на кој физичко го попречувале ловењето на китови, присилувајќи ги ловците да прекинат со своето законско експлоатирање на животни ресурси во ексклузивната економска зона на Норвешка. Во овие два случаи, Судот сметал дека изрекувањето на санкции (во Стил и други, четириесет и четири часа лишување од слобода во исчекување на судењето и казна од дваесет и осум дена казна затвор за попречување на ловот односно седумнаесет часа затвор во исчекување на судењето и казнување со седум дена затвор за протест против изградбата на автопат; во Дриман и други, притвор од два дена, парична казна која можела да се замени со затвор во случај да не се плати и конфискување на чамецот) биле реакција која била сразмерна, меѓу другото на легитимната цел на заштитата на правата и слободите на другите. Судот смета дека треба a fortiori да се дојде до истиот заклучок и во овој случај при што активностите на демонстрантите не биле директно насочени кон активност која тие не ја одобрувале, туку кон физичкото блокирање на друга активност (употребата на автопатите од страна на превозниците на стоки и приватни возила) која не била директно поврзана со целта на нивниот протест, имено тоа што владата наводно не презела активности vis-à-vis падот на цените на некои земјоделски производи.
172. Во врска со ова актуелниот случај има повеќе сличности со случаите на Лукас (одлука цитирана горе), каде жалителот блокирал јавен пат за да протестира против зачувувањето на никлеарна подморница, и Бароко (цитиран горе), во врска со учеството на жалителот во еден облик на протест кој резултирал со сериозно забавување на протокот на сообраќајот. Како и во Стил и други и Дриман и други, Судот одлучил дека санкциите изречени против жалителите (четири часа задржување во полициско комбе и парична казна од 150 британски фунти во Лукас; и условна казна од три месеци и парична казна од 1,500 евра во Барако) биле „неопходни во едно демократско општество“ во рамки на значењето на членот 11 § 2 од Конвенцијата. Судот понатаму забележува дека во Бароко прекинот на сообраќајот траел само пет часа (наспроти повеќе од 48 часа во актуелниот случај) и дека само еден автопат (наспроти три) биле погодени.
173. Како што може да се види од горенаведената судската пракса, меѓународното сериозно нарушување, од страна на демонстрантите, на обичниот живот и активностите законски спроведени од други, во позначајна мерка од тие предизвикани од нормално остварување на правото на мирно собирање на јавно место, може да се смета за „дело кое заслужува прекор“ во рамки на значењето на судската пракса на Судот (види параграф 149 горе). Таквото однесување затоа може да оправда изрекување на казни, дури и од кривична природа.
174. Судот затоа смета дека иако жалителите никогаш не извршиле акти на насилство, ниту поттикнале други да се впуштат во такви акти (наспроти Османи и други, одлука цитирана горе; Протопапа, цитиран горе; и Примов и други, цитиран горе), речиси целосното попречување на трите главни автопати со отворено непочитување на наредбите на полицијата и на потребите и правата на корисниците на патиштата претставувало однесување кое, иако помалку сериозно од прибегнувањето на физичко насилство, можело да се опише како „вредно за прекор“.
175. Во овој контекст, Судот не гледа причина за сомнеж дека оспореното ограничување со одлуката на националните власти да го санкционираат однесувањето на жалителите било поддржано со релевантни и доволни причини. Со оглед на дискреционото право дадено на тужената држава во такви околности (види параграф 156 горе; види го исто така, по пат на споредба широкото дискреционо право во кое уживале земјите договорнички во однос на дејствувањето на синдикатот, Националниот синдикат на железничките, поморските и превозните работници против Обединетото Кралство (National Union of Rail, Maritime and Transport Workers v. the United Kingdom, no. 31045/10, §§ 86-87, ECHR 2014), таа јасно имала право да смета дека интересите за заштитата на јавниот ред го надминале тој на жалителите при одлуката за блокирање на патишта како средство на земјоделците да постигнат пробив во нивните преговори со Владата (види, mutatis mutandis, Примов и други, цитиран горе, § 160).
(γ) Однесувањето на властите за време на демонстрациите
176. Што се однесува до однесувањето на властите, Судот забележува дека според барањето на земјоделците, тие издале дозволи за одржување на мирни собири на посебно назначени локации и не се мешале во истите сè додека демонстрантите не се префрлиле на други локации, имено автопатите. Од тој момент натаму, полицијата се ограничила само на наредби до жалителите да ги отстранат блокадите на патиштата и ги предупредиле за нивната можна одговорност (види параграфи 46 и 52 горе). Дури и кога жалителите одбиле да ги почитуваат овие законски наредби, полицијата се одлучила да не ги растури собирите. Земјоделците одлучиле да ги сопрат демонстрациите откако нивните барања биле исполнети од владата (види параграф 22 горе). Исто така кога тензиите меѓу земјоделците и камионџиите пораснале, полицијата апелирала до страните во конфликтот да се смират за да се избегнат сериозни конфронтации (види параграф 28 горе). Конечно властите се обиделе да го пренасочат сообраќајот на секундарните, соседни патишта за да се намали сообраќајниот метеж.
177. Во контекст на гореспоменатото Судот смета дека и покрај сериозните нарушувања предизвикани од однесувањето на жалителите властите покажале висок степен на толеранција (види, mutatis mutandis, Ева Молнар, цитиран горе, § 43; Барако, цитиран горе, § 47; и Скиба, одлука цитирана горе; види исто, наспроти ова, Примов и други, цитиран горе). Исто така, тие се обиделе да ги избалансираат интересите на демонстрантите со оние на корисниците на автопатите, за да се обезбеди мирно спроведување на собир како и безбедност на сите граѓани, на тој начин задоволувајќи секаква позитивна обврска која може да сметале дека ја имаат (види ја судската пракса цитирана во параграфите 158-160 горе).
(δ) Санкции изречени против жалителите
178. Што се однесува до санкциите изречени против жалителите, Судот забележува дека применетата казна била блага и се состоела од шеесет дневно лишување од слобода чие извршување било суспендирано за една година. Жалителите не биле казнети со парични казни и единствената реална последица за нивното осудување била обврската, која траела една година, да добијат одобрение доколку сакале да го напуштат своето место на живеење на повеќе од седум дена (види параграф 47 горе). Слична мерка била применета на четворица од жалителите пред нивното судење од јули до октомври 2003 година (види параграф 33 горе). Таквите непријатности не се чини дека се несразмерни кога ќе се споредат со сериозното нарушување на јавниот ред предизвикано од жалителите (види ги исто така по пат на споредба, санкциите применети во Стил и други, цитиран горе, и Лукас, одлука цитирана горе, кои се сметале за сразмерни од страна на Судот). Исто така, жалителите не тврделе дека тие неуспешно барале да го напуштат своето место на живеење или дека таквите барања би биле систематски отфрлени од страна на домашните судови.
179. Големиот судски совет не е убеден дека кривичното обвинение на жалителите спречило балансирање на спротивставените интереси во прашање (спореди параграф 82 од пресудата на Судскиот совет). Во врска со ова, забележува дека Окружниот суд ги зел во предвид карактеристиките на жалителите и степенот на нивната вина и дошол до заклучокот дека целта на казната можела да се постигне без нивно реално лишување од слобода (види параграф 47 горе). Исто така Регионалниот суд и Врховниот суд го разгледале случајот во контекст, меѓу другото, на правото на слобода на изразување уредено со Уставот и Конвенцијата (види параграфи 53 и 58 горе).
180. Дополнително, Судот смета дека соодветно внимание треба да ѝ се посвети ширината на дискреционото право што го ужива државата во врска со предметот во посебните околности од актуелниот случај. Во врска со ова, вреди да се спомне дека согласно компаративно-правните материјали достапни на Судот (види параграфи 78-81 горе) нема унифициран пристап меѓу земјите-членки што се однесува до правната карактеризација на опструкцијата на сообраќајот на јавен автопат, што се смета за кривично дело во некои држави, а како управно во други. Затоа, широко дискреционо право треба да им се даде на домашните власти во однос на карактеризацијата на однесувањето што им се препишува на жалителите. Оттука, домашните власти не ги надминале границите на своето широко дискреционо право (види параграф 156 горе) со тоа што жалителите биле сметани за кривично одговорни за своето однесување.
181. Големиот судски совет не гледа причини да се оддалечи од проценката на домашните судови дека А.Д., друг земјоделец кој го попречувал сообраќајот бил одговорен само за управен прекршок на повреда на сообраќајните прописи (спореди параграф 83 од пресудата на Судскиот совет). Во секој случај фактот дека други поединци можеле да добијат поблаг третман неопходно не значи дека изречените санкции против жалителите биле несразмерни.
(ε) Заклучок
182. Претходните размислувања како целина го наведуваат Судот на заклучок дека со казната на жалителите за немири, во врска со нивното однесување од 21 до 23 мај 2003 година за време на демонстрациите на земјоделците, литванските власти постигнале правична рамнотежа меѓу легитимните цели за „спречувањето на нереди“ и „заштитата на правата и слободите на другите“ од една страна, и барањата за слобода на собирање од друга. Тие своите одлуки ги засновале на прифатлива проценка на фактите и причините кои биле релевантни и доволни. Оттука тие не го пречекориле своето дискреционо право во однос на предметот во прашање.
183. Бидејќи мешањето на кое се жалат било „неопходно во едно демократско општество“ во рамки на значењето од членот 11 од Конвенцијата, немало повреда на оваа одредба во овој случај.
184. Овој заклучок го ослободува Судот од тоа да се осврне на аргументите изнесени од странките со цел да се утврди дали мерките што биле усвоени од литванските власти можат да бидат оправдани во контекст на судската пракса на ЕСП (види параграф 125 горе за жалителите и параграфите 134-135 горе за Владата). Во врска со ова, Судот се ограничува себе на тоа што ќе забележи дека улогата на ЕСП била да утврди дали земјите-членки на ЕУ се придржувале на нивната обврска да обезбедат слободно движење на стоките, додека задача на Судот во овој случај е да утврди дали имало повреда на правото на жалителите на слобода на собирање.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 7 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
185. Жалителите понатаму тврдеа дека тие биле осудени на начин со кој бил повреден членот 7 од Конвенцијата во кој се вели следново:
„1. Никој нема да се смета за виновен за кривични дела на сметка на некаков чин или пропуст кој не претставува кривично дело согласно националното или меѓународното право во времето кога било сторено. Ниту пак ќе се изрече потешка казна од онаа што можела да се примени во времето кога кривичното дело било извршено.
2. Овој член нема да ја прејудицира пресудата или казната за лице кое е виновно за дело или пропуст, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично дело според општите правни начела признати од цивилизираните народи.“
186. Владата го оспори тој аргумент.
А. Изјаснување на странките
1. Жалителите
187. Пред Судскиот совет жалителите се жалеле дека членот 283 § 1 од Кривичниот законик, согласно кој тие биле осудени, не бил јасно формулиран и не бил соодветно толкуван од домашните судови (види, исто така, аргументите на жалителите во однос на членот 11 од Конвенцијата – параграф 103 горе).
2. Владата
188. Владата забележа дека членот 283 § 1 од Кривичниот законик бил малку достапен за сите граѓани, а стапил на сила на 1 мај 2003 година. Не можело да се смета дека на поимот „сериозна повреда на јавниот ред“ содржан во оваа одредба му недостасувала јасност или прецизност со оглед дека било легитимно за законите да користат општи категории наместо исцрпни листи. Исто така во својата одлука од 4 октомври 2005 година (види параграфи 56-59 горе) Врховниот суд ја опишал суштината на делото учество во немири.
189. Владата сметала дека при осудувањето на жалителите, домашните судови не надминале разумно толкување на дефиницијата на делото. Според Владата, однесувањето на жалителите можело да предизвика сериозна штета и да му наштетат на имотот, здравјето па дури и животот на некого; овие посериозни форми на штета биле избегнати бидејќи полицијата усвоила превентивни мерки и организирала алтернативни патишта за сообраќај.
190. Според мислењето на Владата, одговорноста на жалителите за немирите исто така била предвидлива. Ова исто дело било казниво и согласно „стариот“ Кривичен законик од 1961 година кој бил на сила до 30 април 2003 година. Организаторите на демонстрациите (А.К. и Б.М.) официјално биле информирани, на писмено за формулацијата на членот 283 од Кривичниот законик (види параграфи 15 и 17 горе), и затоа можело да се предвиди можноста да бидат сметани за одговорни и да бидат обвинети доколку придонеле за блокирањето на патиштата. Како лица со посебна одговорност за демонстрациите, тие исто така можеле да побараат совет од правни експерти.
191. Точно е дека случајот на жалителите очигледно бил првиот во кој одредбата за учество во немири била применета. Меѓутоа, отсуството на националната судската пракса заради објективни причини (реткост на делото) не можело автоматски да значи повреда на членот 7 од Конвенцијата. Други лица последователно биле осудени за учество во немири во однос на фактите кои се случиле во 2009 година (види ја одлуката на Врховниот суд од 4 декември 2012 година во кривичниот случај бр. 2K-552/2012).
Б. Пресудата на Судскиот совет
192. Земајќи ги во предвид своите наоди во однос на членот 11 од Конвенцијата, Судскиот совет сметаше дека веќе било разгледано главното правно прашање во случајот и затоа не било неопходно посебно да се испита жалбата согласно членот 7 (види параграф 87 од пресудата на Судскиот совет).
В. Проценка на Големиот судски совет
193. Судот забележува дека било одлучено дека мешањето во слободата на жалителите на мирно собирање било „пропишано со закон“ во рамки на значењето на членот 11 § 2 од Конвенцијата, вклучително дека било предвидливо за жалителите (види параграфи 111-118 горе). Исто така повторува дека кога зборува за „правото“ (“law” ) членот 7 алудира на сосема истиот концепт како тој на кој упатува Конвенцијата на други места кога го користи тој термин, концепт којшто се состои од статутарното право заедно со судската пракса и имплицира квалитативни барања, имено оние за достапноста и предвидливост (види го преформулирањето на релевантните принципи во Ролена против Република Чешка (Rohlena v. the Czech Republic [GC], no. 59552/08, § 50, ECHR 2015)). Судот понатаму забележува дека во своите забелешки пред Големиот судски совет, жалителите не се осврнале конкретно на жалбата што тие ја поднеле пред Судскиот совет во однос на членот 7 од Конвенцијата. Во таа смисла, Судот смета дека не е неопходно да се спроведе посебно испитување дали имало повреда на членот 7 од Конвенцијата.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО,
1. Одлучи дека немало повреда на членот 11 од Конвенцијата;
4. Одлучи дека нема потреба да ја разгледа посебно жалбата во однос на членот 7 од Конвенцијата;
Изготвено на англиски и на француски јазик, и доставено на писмено на 15 октомври 2015 година, согласно правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Сорен ПребенсенДин Шпилман
Заменик секретарПретседател
Во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот за работа на Судот, издвоеното мислење на согласување на судијата Војтчек е приложено кон оваа пресуда.
Д.С.
С.Ц.П.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights ( ) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy