© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 153
јуни 2012
Kurić и други против Словенија - 26828/06
Пресуда 26.6.2012 [Голем совет]
Член 8
Член 8-1
Почитување на семејниот живот
Почитување на приватниот живот
Нерегулирање на жителството на лица кои биле „избришани” од постојаниот регистар на жители по независноста на Словенија: повреда
Член 46
Пилот пресуда
Општи мерки
Тужената држава се задолжува да воспостави аранжман за надомест што ќе обезбеди соодветна надокнада на „избришаните” лица
Факти – Осуммината апликанти претходно биле државјани и на поранешната Југославија и на некоја друга од нејзините конститутивни републики (не Словенија). Тие стекнале постојано жителство во Словенија, но, по нејзината независност, или не побарале словенечко државјанство или нивното барање било одбиено. На 26 февруари 1992, согласно новодонесениот Закон за странци, нивните имиња била избришани од Регистарот на постојани жители и станале странци без дозвола за престој. Околу 25,000 други луѓе биле во истата ситуација. Според апликантите, ниеден од нив не бил воопшто известен за одлуката за нивна дерегистрација и тие дури подоцна откриле дека станале странци, кога се обиделе да ги продолжат своите лични документи. Бришењето на нивните имиња од регистарот имало сериозни и трајно негативни последици: некои од апликантите станале лица без државјанство, додека други биле иселени од нивните станови не можеле да работат или патуваат, го загубиле сиот свој личен имот и живееле со години во засолништа или паркови. Некои други биле лишени од слобода и депортирани од Словенија. Во 1999 Уставниот суд ги прогласил за неуставни некои одредби од Законот за странци, како и автоматското „бришење” од регистарот, откако заклучил дека според нападнатата одредба граѓаните на поранешна Југославија биле во понеповолна правна положба од други странци кои живееле во Словенија од пред независноста, во смисла дека не постоел правен инструмент што ја регулирал транзицијата на нивниот правен статус во статус на странци кои живеат во Словенија. По одлуката на Уставниот суд, усвоен бил нов закон за да ја регулира ситуацијата на „избришаните“. Во одлука од 2003, Уставниот суд прогласил некои одредби од новиот закон за неуставни, особено зашто тие не им доделиле на „избришаните” ретроактивни постојани дозволи за жителство или не ја регулирале ситуацијата на оние кои биле депортирани.
Во пресуда од 13 јули 2010 Совет на Судот едногласно сметал дека дошло до повреда на Член 8 и Член 13 (see Информативна белешка бр. 132).
Право
Член 34 (статус на жртва): Одлуките или мерките што се поволни за апликантите не биле, во принцип, доволни за да ги лишат од статусот на „жртва“. Во случаи што се однесуваат на депортација или екстрадиција на недржавјани, регулирањето на престојот на апликантот или фактот што тој апликант веќе не бил под закана од депортација или екстрадиција е, во принцип „доволен“. Сепак, статусот на „жртва” на апликантот може, исто така, да зависи од нивото на надомест доделено на домашно ниво, кога е тоа соодветно, или барем од можноста да се побара и добие надомест за претрпената штета. Една од карактеристиките на овој случај е широко распространетата загриженост за човековите права создадена со „бришењето“. Понатаму, оваа ситуација траела околу дваесет години. Признавањето на повредите на човековите права и издавањето на постојана дозвола за престој на шестмина од апликантите не претставува „соодветна” и „доволна” корективна мерка за нив, имајќи го предвид долготрајниот период во кој тие искусиле несигурност и правна неизвесност, како и тежината на последиците од „бришењето” врз нив. Покрај ова, ниедно од нивните барања за надомест се’ уште не било успешно. Нивните изгледи да добијат надомест се чинеа, во моментот, премногу неизгледни за да имаат каква и да е релевантност. Соодветно, апликантите на кои им биле доделени трајни дозволи за престој се’ уште можеле да тврдат дека се „жртви” на наводните повреди.
Заклучок: потврден е статусот на жртва (едногласно).
Член 8: „Бришењето” и неговите последици имале, а и натаму имаат негативни последици врз апликантите, што претставува попречување на нивниот приватен живот и семеен живот. „Бришењето” на имињата на апликантите од регистарот, заедно со над 25,000 други жители од поранешна Југославија, резултирало како комбинирана последица на две одредби од законодавството за независност. Двата односни правни инструменти биле достапни за секое заинтересирано лице. Сепак, апликантите не можеле разумно да очекуваат дека нивниот статус на странци ќе го направи нивниот престој на територијата на Словенија незаконски и ќе доведе до такви екстремни мерки како „бришењето“. Понатаму, „бришењето” е извршено автоматски и без претходно известување, а на апликантите не им е дадена можност да го оспорат пред надлежните домашни органи или да дадат објаснение за тоа што не побарале словенечко државјанство. Покрај ова, Уставниот суд сметал дека трансферот на имињата на „избришаните” од Регистарот на постојани жители во Регистарот на странци нема основа во домашното право. На крајот, постоел правен вакуум во важечкото законодавство во тоа време, зашто немало процедура преку која апликантите можеле да поднесат барање за постојана дозвола за престој. Во релевантното законодавство и административната пракса, оттука, недостасувале потребните стандарди на предвидливост и достапност. Мора да се признае дека Законот за правниот статус е донесен за да се регулира ситуацијата на „избришаните“. Сепак, Уставниот суд утврдил дека некои одредби од Законот биле неуставни, а биле потребно повеќе од седум години за таа одлука, којашто наредува донесување општи мерки, да се спроведе. Следи дека, барем до 2010, домашниот правен систем не ги регулирал јасно последиците од „бришењето” и жителскиот статус на оние кои биле подложени на него. Оттука, не само што апликантите не биле во можност да ги предвидат мерките кои ги обжалуваат, туку тие, исто така, не биле во можност да ги предвидат нивните последици врз нивниот приватен, односно семеен живот. Попречувањето за кое станува збор, оттука, не било согласно закон.
Сепак, во конкретните околности на тековниот случај, Судот, исто така, сметал дека е неопходно да се испита дали ова попречување се стремело кон легитимна цел и дали било пропорционално на целта. Целта на законодавството за независност и на мерките преземени во однос на апликантите не може да се одделат од поширокиот контекст на распаѓањето на поранешна Југославија, независноста на Словенија во 1991 и воспоставувањето на делотворна политичка демократија, којашто подразбираше формирање на „корпус на словенечки граѓани“, имајќи ги предвид парламентарните избори. Властите се стремеа да создадат „корпус на словенечки граѓани“, па со тоа да ги заштитат интересите на националната безбедност на земјата, легитимна цел во смисла на Член 8 § 2 од Конвенцијата. Сепак, што се однесува на тоа дали овие мерки биле пропорционални, правниот вакуум во законодавството за независноста ги лишил апликантите од нивниот правен статус, којшто претходно им давал пристап кон широк спектар права. Странец со законит престој во некоја земја може да сака да продолжи да живее во таа земја без нужно да стекне нејзино државјанство. Сепак, словенечкото законодавство не донесе одредби насочени кон тоа да дозволат граѓаните на поранешна Југославија кои имаат државјанство на некоја од другите републики да го регулираат својот жителски статус доколку одберат да не земат словенечко државјанство или не поднеле барање за него. Ваквите одредби не би ги поткопале легитимните цели кон кои се стремело законодавството. Соодветно, обжалените мерки не биле ниту во согласност со закон, ниту неопходни во демократско општество, за да се постигне легитимната цел на заштита на националната безбедност.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 14 во врска со Член 8: Постоела разлика во третманот меѓу две групи – „вистински” странци и граѓани на другите поранешни југословенски републики, освен Словенија – кои биле во слична ситуација во поглед на прашањата поврзани со жителството. Разликата во третманот, врз основа на националноста, наметнала непропорционален и прекумерен товар врз граѓаните на поранешна Југославија.
Заклучок: повреда (едногласно).
Судот, исто така, најде повреда на Член 13 во врска со Член 8 од Конвенцијата.
Член 46: Во отсуство на воспоставена домашна пракса, би било преурането во оваа фаза да се испитува дали реформите и различните чекори што Владата ги има преземено го постигнале резултатот – задоволително да го регулираат жителскиот статус на „избришаните“. Во секој случај, на целата категорија „избришани” се’ уште им е скусен надоместот за кршењето на нивните фундаментални права. Понатаму, проценката на обжалената ситуација се прошири и надвор од индивидуалните интереси на апликантите и побара предметот да се испита и од перспектива на општи мерки што треба да се преземат во интерес на други потенцијално засегнати лица. Овој случај, оттука, е погоден за усвојување на процедурата на пилот-пресуда. Само неколку слични апликации поднесени од „избришани” лица се во моментов примени од Судот, но во контекстот на системски, структурни или слични повреди, веројатно е дека нивниот број значајно ќе порасне. Тужената држава треба, оттука, во рок од една година, да воспостави домашен ад хок аранжман за надомест. Испитувањето на сите слични апликации ќе биде замрзнато во очекување на усвојувањето на таа мерка.
Член 41: EUR 20,000 доделени за непарична штета на секој од шестмината апликанти чиј предмет е огласен за допуштен; прашањето за надомест за паричната штета е одложено.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy