© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 147
декември 2011
Laduna против Словачка - 31827/02
Пресуда 13.12.2011 [Секција III]
Член 14
Дискриминација
Неоправдана разлика во третманот на притвореници во споредба со осудени затвореници во однос на правото на посета и пристапот до телевизија: повреда
Факти – Апликантот бил задржан во притвор во очекување на судењето, и тоа од 1 септември 2001 година до 9 февруари 2006 година, кога почнал со отслужување деветгодишна затворска казна. Во својата апликација до Европскиот суд, тој се пожалил дека во односното време притворениците немале исти права на посета како осудениците и дека, за разлика од осудените затвореници, тие немале пристап до телевизија.
Право – Член 14 во врска со член 8: Затворските ограничувања за посети од семејството и за гледање телевизија спаѓаат во опсегот на приватниот и семејниот живот од член 8. Според тоа, применлив е член 14. Задржувањето во притвор спаѓа под поимот „друг статус“ во смисла на таа одредба, со оглед дека, дури и ако може да се наметне принудно и, главно, за привремен период, тоа претставува посебна правна состојба, која е нераскинливо поврзана со личните околности и постоењето на поединецот. Исто така, како притвореник, апликантот бил во релевантно слична состојба со споредбената група осудени затвореници бидејќи неговите жалби се однесувале на правото на посета и на пристап до телевизија во затворот, што се битни прашања за сите затвореници.
Во односното време, на притворениците им било дозволено да примаат посети во минимално траење од триесет минути месечно, споредено со два часа кои им биле дозволени на осудените затвореници. Исто така, во поголемиот дел од релевантниот период, зачестеноста на посетите и видот контакти што им биле дозволени на осудените затвореници зависеле од нивото на безбедност на затворот во кој тие ја отслужувале казната, додека сите притвореници биле подложени на ист режим, без оглед на причините за нивното задржување во притвор и на безбедносните аспекти.
Судот не е задоволен и смета дека не постои објективно и основано оправдување за овие разлики во третманот. Одредбите од Законот за притвор од 1993 година, со кои се бара какви било ограничувања на правата на притворениците да бидат оправдани со целта на задржувањето во притвор и со потребата да се обезбеди ред, со безбедноста на другите и заштитата на имот, не го оправдуваат ограничувањето на правата на притворениците во поголем степен од ограничувањата на правата на осудените затвореници и ваквото уредување е критикувано од страна на Европската комисија за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување (CPT) во нејзините извештаи од посетите на Словачка во 1995, 2000 и 2005 година. Освен тоа, иако одредени ограничувања на правата на посета на затворениците во некои случаи можат да се оправдаат со безбедносни причини или со заштита на легитимните интереси на истрагата, овие цели може да се постигнат и на други начини кои не влијаат на сите притворени лица без оглед дали тие, всушност, биле потребни. На пример, можат да се применат различни категории притвор или да се наметнат одредени рестрикции, доколку тоа е потребно во индивидуални случаи. Меѓународните инструменти, како што се Меѓународната спогодба за граѓански и политички права и Европските затворски правила од 1987 година* ја нагласуваат потребата за почитување на статусот на притворено лице како лице за кое постои презумпција на невиност, додека Европските затворски правила од 2006 година, кои беа усвоени непосредно пред да заврши притворот на апликантот, предвидуваат неосудените затвореници во притвор да примаат посети и да им биде овозможено да комуницираат со семејството и со други лица на ист начин како и осудените затвореници, освен ако нема посебна причина за спротивното. Со оглед на ваквите размислувања, ограничувањата на посетите применети врз апликантот биле несразмерни.
Во однос на немањето пристап до телевизија, Владата не успеа да изнесе ниту едно објективно оправдување за третирањето на притворените затвореници различно од осудените затвореници, за кои телевизијата се смета за дел од културните и образовните активности.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 1 од Протоколот бр. 1: Условувањето на правото на апликантот да купува дополнителна храна и други производи во затворската продавница со давање барем ист износ пари за надоместување на неговите евидентирани долгови претставува попречување на неговото право на мирно уживање во она што го поседува. Тоа попречување има правна основа и обезбедување надоместок за долгот несомнено е во општ интерес. Во однос на сразмерноста, попречувањето го ограничило, но не го лишило апликантот од правото да користи пари од неговата затворска сметка за купување храна и други производи во затворската продавница. Освен тоа, барањето за надоместување на неговите долгови не се однесувало на лекови, неопходни хигиенски производи, материјали за кореспонденција или на даноци и давачки. Согласно тоа, имајќи ја предвид широката маргина на дискреција што им се овозможува на земјите – потписнички на Конвенцијата, во сферата на поврат на долговите, попречувањето не било несразмерно со целта кон која се тежнеело.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 13: Судот забележува дека ги прогласил за прифатливи и ги испитал жалбите на апликантот според материјалните одредби на Конвенцијата само до степен до кој наводната повреда произлегува од наводните недостатоци во релевантното право. Член 13 не смее да се толкува како барање правен лек против државата на која и припаѓа домашното право.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 41: 9.000 ЕУР во однос на нематеријално обештетување.
*Препорака бр. R (87) 3 на Министерскиот комитет на Советот на Европа за Европските затворски правила усвоена на 12 февруари 1987 година, заменета со Препораката Rec(2006)2 на Министерскиот комитет на Советот на Европа за Европските затворски правила усвоена на 11 јануари 2006 година.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy