Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 186
Јуни 2015 година
Ламбер и други (Lambert et autres) против Франција [ГС] - 46043/14
Пресуда 5.6.2015 [ГС]
Член 2
Позитивни обврски
Прекин на вештачката исхрана и хидратација кои одржуваат во живот лице во состојба на целосна зависност: нема повреда
Член 34
Locus standi
Немањето право на блиските на лице кое е во состојба на целосна зависност да поднесат жалбени наводи во негово име
Факти – Жалителите се наизменично родителите, полу-брат и сестра на Винсен Ламбер. Последниов, жртва на сообраќајна несреќа во 2008 година, доживеал тешка повреда на мозокот која го направила тетраплегичар и целосно зависен. Тој добива вештачка хидратација и исхрана со помош на гастрична сонда. Во септември 2013 година, докторот задолжен за Винсен Ламбер ја отпочнал консултативната постапка предвидена со законот нaречен Леонети (Leonetti) за правата на пациентите и крајот на животот. Тој се консултирал со шест лекари, од кои едниот бил назначен од страна на жалителите, ја свикал речиси целокупната негувателска екипа и организирал две средби со семејството вклучувајќи ја сопругата, родителите и осумте браќа и сестри на Винсен Ламбер. По овие состаноци, сопругата на Винсен Ламбер и шест од неговите браќа и сестри се изјасниле во полза на прекин на терапијата, како и петорица од шесте консултирани лекари, додека жалителите се изјасниле против. Лекарот, исто така, разговарал со Франсоа Ламбер, внукот на Винсен Ламбер. На 11 јануари 2014 година, лекарот задолжен за Винсен Ламбер одлучил да го прекине хранењето и хидратирањето на пациентот.
Повикан да одлучува во својство на судија за итни жалби, Државниот совет истакнал дека контролната евалуација на пациентот била направена пред две и пол години и оценил дека е неопходно да располага со најсеопфатните информации за здравствената состојба на Винсен Ламбер. Оттука, тој наредил да се направи медицинска експертиза што била доверена на тројца признати специјалисти од областа на неврологијата. Освен тоа, со оглед на големината и тежината на прашањата покренати од случајот, тој побарал од Националната академија за медицина, на Националниот консултативен комитет за етика, на Националниот совет на лекарскиот сојуз и на г-дин. Жан Леонети да му достават во својство на amicus curiae општи коментари кои ќе му овозможат подобро разбирање, особено за поимите на неразумна упорност и вештачко одржување во живот. Експертите го прегледале Винсен Ламбер девет пати, спровеле серија на испитувања, се запознале со целосната медицинска евиденција, ги консултирале сите елементи од спорното досие корисни за експертизата и се состанале со сите засегнати страни. На 24 јуни 2014 година, Државниот совет ја прогласил за законска одлуката донесена на 11 Јануари 2014 г. од страна на докторот задолжен за Винсен Ламбер да ја прекине неговата вештачка исхрана и хидратација.
Повикан да одлучува по барање според членот 39 од деловникот, Судот одлучил да го суспендира извршувањето на пресудата на Државниот совет за времетраењето на постапката пред него. На 4 ноември 2014 година, совет на Судот одлучил да се откаже од својата надлежност во корист на Големиот судски совет.
Жалителите сметаат особено дека престанокот на вештачката исхрана и хидратација на Винсен Ламбер е спротивна на обврските кои произлегуваат од членот 2.
Правото – a) Допуштеност
i. За правото да постапува во име и за сметка на Винсен Ламбер
α) Што се однесува до жалителите – Два главни критериуми произлегуваат од испитувањето на судската пракса: постоењето ризик правата на директната жртва да бидат лишени од ефективна заштита и непостоењето на конфликт на интереси меѓу жртвата и жалителот. Судот најпрво не гледа ризик правата на Винсен Ламбер да бидат лишени од ефективна заштита. Така, жалителите, во нивното својство на блиски на Винсен Ламбер, можат пред него да се повикаат во сопствено име на правото на живот заштитено со членот 2. што се однесува до вториот критериум, забележано е дека еден од клучните аспекти на интерната процедура се состоел токму во тоа да се утврдат желбите на Винсен Ламбер. Во овие услови, не е утврдено дека постои конвергенција на интереси помеѓу она што го изразуваат жалителите и она што ќе го посакувал Винсен Ламбер. Оттука, жалителите немаат право да ги поднесат во име и за сметка на Винсен Ламбер жалбените наводи според членот 2.
β) Што се однесува до Рашел Ламбер (сопруга на Винсен Ламбер) – Ниту една одредба од Конвенцијата не овластува трета страна да застапува друго лице пред него. Понатаму, согласно членот 44 § 3 а) од деловникот на Судот, трета страна вмешувач е секое засегнато лице „освен жалителот“. Во овие околности, барањето на Рашел Ламбер мора да биде одбиено.
ii. За својството на жртва на жалителите – Блиските роднини на лице за кое се наведува дека неговата смрт ја вклучува одговорноста на државата можат да тврдат дека се жртви на повреда на членот 2 од Конвенцијата. Иако до денес Винсен Ламбер е жив, сигурно е дека доколку вештачката хидратација и исхрана бидат прекинати, тој ќе почине за многу кратко време. Затоа, дури и ако се работи за потенцијална или идна повреда, жалителите, во нивното својство на блиски на Винсен Ламбер, можат да се повикаат на членот 2.
b) Основаност – Член 2 : како жалителите така и владата прават разлика меѓу намерно предизвиканата смрт и тераписката апстиненција и го нагласуваат значењето на оваа разлика. Во контекст на француското законодавство, кое забранува намерно предизвикување смрт и кое овозможува да се прекинат или да не се отпочнат третмани кои одржуваат вештачки во живот само под прецизно утврдени услови, Судот смета дека овој случај не ги вклучува негативните обврски на државата според членот 2 и ги разгледува жалбените наводи на жалителите само во областа на позитивните обврски на државата.
За таа цел, следните елементи се земени во предвид: постоењето во домашното право и практика на правна рамка во согласност со барањата од членот 2, земањето во предвид на претходно изразените желби на жалителот и на неговите роднини, како и мислењето на други членови на медицинскиот персонал и можноста за правен лек во случај на постоење на каков и да е сомнеж за тоа која е најдобрата одлука во интерес на пациентот. Исто така, ќе бидат земени во предвид критериумите наведени во „Водичот за процесот на одлучување во врска со медицинските третмани на крајот на животот" на Советот на Европа.
Не постои консензус меѓу земјите-членки на Советот на Европа за да се дозволи прекин на третман кој вештачки одржува во живот, дури и ако се чини дека мнозинството држави го дозволуваат тоа. Иако модалитетите кои го врамуваат прекинот на третманот се менуваат од една држава во друга, сепак не постои консензус за клучната улога на волјата на пациентот во донесувањето на одлука, без разлика на начинот на нејзиното изразување (...) Оттука, треба да се даде простор за слободна проценка на државите, не само во однос на можноста да се дозволи или не прекинот на третман кој вештачки одржува во живот и на модалитетите на имплементација на истата, туку, исто така, и во однос на начинот да се најде рамнотежа меѓу заштитата на правото на живот на пациентот и на правото на почитување на неговиот приватен живот и лична автономија.
i. Законодавната рамка – Одредбите од законот Леонети, онака како што се толкувани од страна на Државниот совет, претставуваат доволно јасна законска рамка за целите на членот 2 од Конвенцијата, за да ја врамат на прецизен начин одлуката на лекарот во ситуација каква што е таа во конкретниот случај така што оваа рамка го дефинира поимот на „тремани кои можат да бидат прекинати или ограничени“ и оној на „неразумна упорност“ и ги наведува критериумите кои треба да се земат во предвид при процесот на донесување одлуки. Според тоа, државата воспоставила регулаторна рамка за да ја обезбеди заштитата на животите на пациентите.
ii. Процесот на одлучување – Иако постапката во француското право се нарекува „колективна“ и вклучува неколку фази на консултација (на негувателската екипа, на најмалку уште еден лекар, на лицето од доверба, на семејството или на блиските), одлуката му припаѓа само на лекарот задолжен за пациентот. Желбите на пациентот треба да бидат земени во предвид. Самата одлука мора да биде поткрепена и се става во досието на пациентот.
Колективната постапка во конкретниот случај траела од септември 2013 до јануари 2014 година и, во сите фази, нејзиното спроведување ги надминало дури барањата на законот. Одлуката на лекарот, долга тринаесет страници е детално образложена. Државниот совет заклучил дека во неа немало никаква нерегуларност.
Во сегашната состојба, францускиот закон предвидува консултација со семејството (а не негово учество во донесувањето одлуки), но не организира посредување во случај на несогласување меѓу членовите на семејството. Тој не го одредува ниту редоследот по кој треба да се земат во предвид мислењата на членовите на семејството, спротивно на она што е предвидено во некои други држави. Во отсуство на консензус за ова прашање, организацијата на процесот на донесување одлуки, вклучувајќи го назначувањето на лицето кое ја донесува конечната одлука да се запре третманот и модалитетите на донесување на одлуки, спаѓаат во рамките на просторот за слободна проценка на државата. Постапката била водена во случајов на долг и прецизен начин, надминувајќи ги дури барањата предвидени во законот, и, и покрај тоа што жалителите не се согласуваат со нејзиниот заклучок, оваа постапка ги испочитувала условите од членот 2 од Конвенцијата.
iii. Правните лекови – Државниот совет го разгледал случајот во својот пленарен состав), што е многу необично за постапка врз основ на итна жалба. Бараната експертиза била спроведена многу темелно. Во својата одлука од 24 јуни 2014 година, Државниот совет најпрво ја испитал компатибилноста на релевантните одредби од Законикот за јавно здравје со членовите 2, 8, 6 и 7 од Конвенцијата и потоа конформноста на одлуката на лекарот задолжен за Винсен Ламбер со одредбите од Законикот. Неговата контрола се однесувала на регуларноста на колективната постапка и на почитувањето на суштинските барања предвидени со законот, за кои оценил, особено во контекст на заклучоците на експертскиот извештај, дека тие биле задоволени. Тој особено истакнал дека од заклучоците на експертите произлегувало дека клиничката состојба на Винсен Ламбер кореспондирала на хронични вегетативна состојба, дека тој се здобил со тешки и широко распространети оштетувања, чија сериозност, како и времето од пет и пол години кое поминало од несреќата укажувале на тоа дека тие биле неповратни, со „лоша клиничка прогноза“ Советот на државата оценил дека овие наоди ги потврдувале оние на надлежниот лекар. Освен тоа, откако го истакнал „посебното значење“ што лекарот треба да го даде на желбите на пациентот, тој се обидел да утврди кои биле желбите на Винсен Ламбер. Со оглед на тоа што последниов немал однапред изготвени упатства ниту назначил лице од доверба, Државниот совет водел сметка за сведочењето на неговата сопруга, Рашел Ламбер. Тој истакнал дека таа и нејзиниот сопруг, обајцата болничари со конкретно искуство со пациенти на реанимација или со полихендикепирани пациенти, често ги споменувале своите професионални искуства и дека, во овие прилики, Винсен Ламбер во неколку наврати ја изразил желбата да не биде вештачки одржуван во живот во состојба на голема зависност. Советот на државата сметал дека овие изјави - чија содржина била потврдена од страна на еден брат на Винсен Ламбер - биле со датум и прецизно пренесени од Рашел Ламбер. Тој, исто така, го земал во предвид тоа дека неколку други браќа и сестри посочиле дека овие изјави биле во согласност со личноста, историјата и ставовите на нивниот брат и забележал дека жалителите не тврделе дека тој го зборувал спротивното. Државниот совет, конечно, истакнал дека консултирањето на семејството предвидено со закон било исполнето.
Дури и неспособен да ја изрази својата волја, пациентот е оној чија согласност мора да остане во центарот на процесот на донесување одлуки, и кој е негов субјект и клучен актер. „Водичот за процесот на одлучување во ситуации на крајот на животот“ на Советот на Европа препорачува тој да да биде интегриран во процесот на донесување одлуки преку желбите кои евентуално претходно ги изразил, за кои желби водичот предвидува дека може да биле доверени усно на член на семејството или на близок. Исто така, во одреден број на земји, во отсуство на однапред изготвени упатства или на „животен тестамент“, претпоставената волја на пациентот треба да се утврди според различни модалитети (изјави на правниот застапник, на семејството, други елементи кои сведочат за личноста на пациентот. убедувањата на пациентот итн).
Под овие услови, Државниот совет имал право да смета дека поднесените сведошта биле доволно прецизни за да се утврди какви биле желбите на Винсен Ламбер во однос на прекинот или на продолжувањето на неговиот третман.
iv. Конечни согледувања – Судот оценил дека законодавната рамка предвидена со националниот закон, онака како што е толкувана од страна на Државниот совет, е во согласност со барањата од овој член, како и процесот на донесување одлуки, спроведен во овој случај на прецизен начин. Исто така, што се однесува на правните лекови на располагање на жалителите, Судот заклучил дека конкретниот случај бил предмет на темелна ревизија во која сите гледишта можеле да бидат изразени и сите аспекти биле внимателно одмерени, земајќи ги во предвид, како деталната медицинска експертиза, така и општите согледувања од највисоките медицински и етички тела.
Според тоа, домашните органи ги испочитувале своите позитивни обврски согласно членот 2 од Конвенцијата, со оглед на просторот за слободна проценка со кој располагале во овој случај.
Заклучок : немало повреда (дванаесет гласови против пет).
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
Кликнете тука за да пристапите до Информативни белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2015.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe ()). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy