ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (Апликација бр. 38067/15) ПРЕСУДА Чл. 34 • Активна легитимација на невладина организација да поднесе апликација за пациент со ментално заболување Чл. 3 • Нечовечко постапување • Понижувачко постапување • Несоодветна грижа и третман на ментално болно осумгодишно дете кое над една година и девет месеци било сместено во установа несоодветна за неговата здравствена состојба • Детето честопати било врзувано за неговиот кревет за да не може да бега • Отсуство на ефективна истрага СТРАЗБУР 23 јануари 2020 година Оваа пресуда ќе стане конечна под условите утврдени во член 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени. 2 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Во случајот Л.Р. против Северна Македонија, Европскиот суд за човекови права (Прв оддел), во совет составен од судиите: Ksenija Turković, Претседател, Krzysztof Wojtyczek, Armen Harutyunyan, Pere Pastor Vilanova, Pauliine Koskelo, Jovan Ilievski, Raffaele Sabato, и Abel Campos Секретар на Одделот, на нејавна седница одржана на 3 декември 2019 година, ја донесе следната пресуда, усвоена на истиот датум: ПОСТАПКА 1. Случајот е инициран со апликација (бр. 38067/15) против Република Северна Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје („ХКЧП“) во име на Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија, Л.Р. („апликант“), на 27 јули 2015 година. Претседателот на Одделот се согласи со барањето на ХКЧП да не се открива името на апликантот (правило 47 § 4 од Деловникот на Судот). 2. ХКЧП го овласти г. С. Дукоски, адвокат што работи во Скопје, да го застапува апликантот во негово име. Владата на Северна Македонија („Владата“) ја претставуваше нејзиниот агент г. К. Богданов, кого го наследи актуелниот агент г-а Д. Џонова. 3. Апликантот особено тврдеше дека грижата и третманот што ги добивал додека бил во државна установа ги повредиле неговите права од членот 3 и дека последователниот одговор на државата не бил компатибилен со процедуралните обврски кои произлегуваат од одредбите на споменатиот член. 4. На 22 август 2016 година апликацијата беше доставена на одговор до Владата. Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 3 ФАКТИ I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ А. Позадина на случајот 5. Апликантот е роден на 21 ноември 2004 година како дете од родители кои страдале од ментална попреченост. Бил напуштен по раѓањето и по барање на баба му бил сместен во Домот за доенчиња и деца без родители во Б. на возраст од три месеци. Центарот за социјална работа во Б. бил назначен за негов старател. Симптоми на заостанување во развојот биле откриени кога тој имал една година. Според дијагнозата дадена кога имал две години, тој заостанувал во физичкиот развој и имал пречки во говорот. На 14 април 2008 година, тим лекари од болницата во Б., дијагностицирале дека апликантот уште од раѓање страда од умерена ментална попреченост, најтешка форма на физичка попреченост (церебрална парализа) и говорна попреченост (алалија). 6. На 8 ноември 2008 година, старателот на апликантот го сместил во Институтот за рехабилитација во Б., јавна установа за лица со пречки во слухот и говорот. За време на престојот во институтот, било дијагностицирано дека апликантот страда од ментална, физичка и говорна попреченост. Тој бил отпуштен во јуни 2012 година врз основа на наодите на медицинскиот персонал во институтот кој заклучил дека неговиот понатамошен престој и третман таму, не би бил оправдан. Б. Сместување и третман на апликантот во Заводот за заштита и рехабилитација Б.Б.С. 7. На 21 јуни 2012 година, старателот на апликантот стапил во контакт со Заводот за заштита и рехабилитација Б.Б.С. („ЗЗРББС“), јавна установа од отворен тип за лица со телесен инвалидитет без ментална попреченост, со барање да го прифати апликантот. Надлежното министерство го одобрило таквото барање. Во одговорот од ЗЗРББС кој старателот на апликантот го примил на 29 јуни 2012 година, меѓу другото, било наведено: „Стручниот совет...едногласно одлучи дека [апликантот] не може да биде сместен во нашата институција, од следниве причини: Врз основа на [медицинската документација], утврдено е дека не можеме да го едуцираме и рехабилитираме [апликантот], бидејќи тој не е во состојба да зборува; ниту може да комуницираме со него или да ги разбереме неговите потреби, затоа што немаме квалификуван персонал за да го разбереме и да работиме со него. 4 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Нашата примарна активност е сместување [и] обезбедување грижа...за лица со тешки телесни пречки [кои] се ментално способни...” 8. На истиот датум (29 јуни 2012 година), старателот на апликантот одлучил дека тој треба да биде сместен во ЗЗРББС. Не била поднесена жалба против таа одлука, и покрај јасната поука содржана во решението за можноста од поднесување на жалба. Ваквата жалба, според член 181 (3) од Законот за социјалната заштита, не би можела да го одложи извршувањето. Старателот исто така побарал рекатегоризација на здравствената состојба на апликантот. Сепак, апликантот не бил однесен во болницата во Б. на преглед. 9. Со писмо од 12 јули 2012 година, ЗЗРББС го известил старателот на апликантот дека нема квалификуван персонал да се грижи за апликантот. Понатаму било наведено: „Сите членови на персоналот го држат [апликантот] цело време за рака со цел да го спречат да побегне. Нашата институција е установа од отворен тип и во согласност со внатрешните правила, не можеме ниту да го заклучиме во просторија, ниту пак можеме да примениме друга мерка на ограничување. Ако не го држиме за рака, тој бега ... Тој би можел да се стави себеси во опасност, бидејќи зад влезната врата се наоѓа автопат... Ние го свртуваме Вашето внимание кон ова со добра верба, со цел да се најде решение за [апликантот] и да се избегнат нештата за кои сите ќе бидеме одговорни“. 10. Во писмената евиденција на ЗЗРББС за апликантот било констатирано дека неговиот понатамошен престој таму ќе ја влоши неговата состојба. Повторно било наведено дека персоналот не можел да комуницира со него затоа што тој бил глувонем. Апликантот, исто така, почнал да се самоповредува (се гризел себеси). Кога и да било можно, тој бегал од установата. Затоа било препорачано тој да биде префрлен во посоодветна установа. Во врска со ова, биле одржани состаноци со старателот на апликантот и други надлежни органи. ЗЗРББС исто така, прашањето во однос на несоодветното сместување на апликантот го покренал пред надлежното министерство и инспекторат. Во писмо од мај 2013 година, ЗЗРББС го известил надлежниот инспекторат дека меѓу другото, „Л.Р. бил категоризиран со најтешка форма на телесна попреченост, и дека тој е всушност момче на училишна возраст кое е глувонемо“. 11. На 6 ноември 2013 година, Народниот правобранител го посетил ЗЗРББС, каде апликантот бил пронајден со ногата врзан за неговиот кревет. Во посебен извештај за ЗЗРББС од 16 ноември 2013 година, Народниот правобранител навел: „2. Нехумано или понижувачко постапување со пациентите во ЗЗРББС Глувонемо дете е пронајдено во ЗЗРББС, врзано [за кревет] заради безбедносни причини; тој не може да комуницира со членовите на персоналот и персоналот не знае знаковен јазик [така да не може] да му се обезбеди соодветна грижа... Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 5 Сметајќи дека е нехумано да се сместуваат лица со посебни потреби во институции кои не се соодветни за нив и немаат соодветни заштитни мерки [за да спречат] овие лица и другите пациенти [да бидат] изложени на ризик, …треба да се утврди дали на оваа група на луѓе со посебни потреби им биле повредени правата. УТВРДЕНИ ФАКТИ ...Негативни настани Лица со посебни потреби, за кои нема соодветни заштитни мерки [во установата], се сместени во ЗЗРББС. Установата не може да им обезбеди соодветна грижа на овие лица, ниту има квалификуван персонал да се грижи за нив. Народниот правобранител смета дека несоодветното сместување [на овие лица] претставува, само по себе, нехуман третман.“ 12. Како одговор на барањето за информации од Народниот правобранител, ЗЗРББС известил дека сместувањето на апликантот таму било спротивно на сите негови внатрешни правила, факт што го предочиле на надлежните министерства и центри за социјална работа. 13. По барање на старателот на апликантот на 4 март 2014 година, болницата во Б. го прегледала апликантот и дошла до истите наоди како и оние што биле дадени во претходниот извештај, имено дека тој страдал од умерена ментална попреченост, најтешка форма на физичка попреченост (церебрална парализа) и говорна попреченост (алалија) (види параграф 5 погоре). 14. На 15 април 2014 година старателот го сместил апликантот во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во С., каде што е во моментот. 15. На прес-конференцијата на 25 јуни 2014 година, Народниот правобранител го презентирал својот годишен извештај и открил дека апликантот бил сместен во ЗЗРББС и бил врзан за неговиот кревет. После таа конференција, на 30 јуни 2014 година ХКЧП го посетил апликантот во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во С. В. Кривична пријава од страна на ХКЧП во име на апликантот 16. На 17 јули 2014 година, ХКЧП поднел кривична пријава, обвинувајќи ја директорката на ЗЗРББС и други (неидентификувани) вработени за „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“ и „малтретирање во вршење на [нивната] служба”, казниви по членовите 142 и 143 од Кривичниот законик (види параграф 34 и 35 подолу). Било наведено дека апликантот не само што бил врзан со ногата за креветот со јаже опишано како доволно долго за да му овозможи да „стигне до ходникот“, туку и дека не му била обезбедена соодветна грижа и третман, што резултирало со целосно запоставување. Покрај тоа, ЗЗРББС немал квалификуван персонал да му понуди на апликантот третман што одговара за неговите потреби, 6 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА што резултирало со влошување на неговата здравствена состојба. ХКЧП поднесе неколку новинарски написи и копија од годишниот извештај на Народниот правобранител како доказ. 17. Јавното обвинителство во С. прибавило големо количество документиран материјал од ЗЗРББС, Народниот правобранител и други надлежни органи. Исто така, ги сослушало директорката на ЗЗРББС (Ј.Г.Д.) и четворица вработени во ЗЗРББС (В.М., З.К., Н.Г. и С.И.). 18. Ј.Г.Д. изјавила, inter alia: „...ЗЗРББС е институција од отворен тип ... сите пациенти во институцијата се лесни за комуникација ... јас веднаш ѝ реков [на директорката на Центарот за социјални работи во Б.] дека нашата институција нема квалификуван персонал за згрижување [на апликантот] и дека не можевме да го сместиме ... [не само што апликантот] е глувонем поради што е невозможно да се воспостави комуникација со него, тој исто така е хиперактивен и ја искористуваше секоја можност за да ја напушти институцијата ... тој се обиде да скокне од прозорецот на својата соба ... За да се осигураме за неговата безбедност, ги отстранивме рачките од прозорецот. Исто така, бев известена од вработените дека тој побегнал од установата, па го баравме во [блиското] село. Постојано ги известував надлежните институции за проблемите што ги имавме со [апликантот] и за фактот дека нашата институција е несоодветна и немаше квалификуван персонал да се грижи за деца како него. Сите мои обиди беа залудни ... ... [во врска со посетата на Народниот правобранител] го известив Народниот правобранител дека [апликантот] создаваше проблеми заради неговото ментално здравје и хиперактивност. Заради неговата безбедност, имено за да се спречи да се повреди или да си наштети себеси кога вработените беа ангажирани [со други пациенти], истите беа приморани да го врзуваат за креветот на некое време со медицински завој. По завршувањето на [другите] должности, [апликантот] беше одврзуван и ја добиваше потребната грижа, како и другите лица ... “ 19. Релевантни делови од изјавите на вработените во ЗЗРББС гласат како што следи: „[апликантот] немаше видливa физичкa попреченост; напротив, тој беше многу активно дете ... Поради неговиот темперамент, избегнувавме да го оставаме сам без никаков надзор ... затоа што кога и да беше сам, [тој] ќе избегаше ... не мислам дека беше агресивен, но тој требаше да биде под постојан надзор на вработените во [ЗЗРББС]. Од тие причини, ноќе го врзувавме лесно за креветот со памучен завој. Тоа го правевме строго од безбедносни причини, да го спречиме да избега ... Јас го врзував [апликантот] за креветот ноќе, но не го правев тоа за да го третирам несоодветно, [го правев тоа] за да го заштитам од можноста да си наштети себеси со напуштање на институцијата, каде би бил изложен на опасност ... “ (Изјава на В.М.) „... [апликантот] беше… хиперактивно дете… ноќе го врзувавме за креветот на кој спиеше, само од безбедносни причини… ако не го осигуравме, постоеше ризик дека ќе избега и ќе излезе од установата на улица, каде имаше луѓе, животни и сообраќај што можеше да го доведе во опасност. Тоа беше особено неопходно по 20 часот, за време на ноќната смена, кога имаше само двајца Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 7 членови на персоналот за шеесет до седумдесет пациенти ... Знам дека во текот на денот, обично за време на попладневната пауза, не само јас, туку и другите членови од персоналот го врзуваа [апликантот] за неговиот кревет од безбедносни причини ... Сите вработени [во ЗЗРББС] знаеја, вклучувајќи ја и директорката, но мислам дека тоа беше единствениот начин да се обезбеди безбедноста на [апликантот]. Нашата институција е институција од отворен тип: вратите се отворени; прозорците немаат шипки. Со оглед на недостигот на персонал, ... единствениот начин да се спречи [апликантот] да се повреди или да се изложи на ризик додека бевме окупирани со други работи беше да се врзе за време на одредени делови од денот ... “ (Изјава на З.К.) „... и покрај фактот дека, според медицинските извештаи, [апликантот] се сметаше дека страда од најтешка форма на телесна попреченост, [немаше] видлива физичка попреченост кога беше примен во установата. [Апликантот] одеше без никакви проблеми; тој трчаше, па можам да кажам дека беше хиперактивен и постојано се движеше ... Сметам дека ЗЗРББС не е [соодветно] место за сместување на дете со ваков инвалидитет, затоа што нашата институција нема [соодветно] квалификуван персонал ... “ (Изјава на Н.Г.) 20. На 24 ноември 2014 година, Основното јавното обвинителство во С., согласно член 288 од Законот за кривична постапка (види параграф 33 подолу), го известило ХКЧП дека со решение од истиот датум ја отфрлило кривичната пријава против обвинетите, имено директорката од ЗЗРББС и петмина негуватели од ЗЗРББС (В.М., З.К., В.Б, П.М. и К.Д., сите идентификувани со нивното полно име). Според одлуката, нивните постапки не содржеле никакви елементи на наводните кривични дела или какво било друго кривично дело за кое се гони по службена должност. Јавниот обвинител утврдил дека: ЗЗРББС бил одговорен за лица со физичка попреченост, но во пракса биле сместени и лица со ментална попреченост; дека побарал трансфер на апликантот во соодветна институција, бидејќи персоналот не бил соодветно обучен за да му ја обезбеди потребната грижа; дека апликантот, без оглед на неговата медицинска дијагноза, немал никаква физичка попреченост, туку наместо тоа бил многу активно дете кое барало постојана грижа од персоналот; дека апликантот ја добивал дневната грижа која му била потребна, но резултатите од работата со него биле ограничени, заради неговата говорна попреченост; дека имало инциденти кога апликантот го напуштал ЗЗРББС; и дека повремено апликантот бил врзуван за креветот со јаже. Обвинителот сметал дека целта на таа мерка не била со намера нечовечки да се постапува со апликантот или тој да се деградира, туку да се спречи да бега од ЗЗРББС и себеси да се доведе во опасност или да се повреди. Во тие околности, јавниот обвинител заклучил дека чинот на врзување на апликантот за неговиот кревет не може да се смета за акт на незаконска употреба на сила или закана наменета за изнудување признание или предизвикување страдања. Јавниот обвинител заклучил дека осомничените немале намера да го изложат апликантот на нечовечко или понижувачко постапување, што било 8 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА субјективен елемент на пријавените кривични дела. Апликантот бил врзан за неговиот кревет за да се спречи да се самоповреди. Понатаму, Л.Р. не можело да се смета дека спаѓа во која било категорија на жртви наведени во член 142 од Кривичниот законик (види параграф 34 подолу). Копија од решението (со правна поука) билa доставенa до Центарот за социјални работи во Б., старателот на апликантот. Старателот не поднел жалба против решението. 21. На 30 декември 2014 година, според Законот за јавното обвинителство (член 26 (2)), ХКЧП побарал од Вишиот јавен обвинител тој да го преземе гонењето. Во тоа барање, ХКЧП повторил дека несоодветното сместување и третман на апликантот во ЗЗРББС претставувало нечовечко и понижувачко постапување спротивно на домашното и меѓународното право. Понатаму, тој додал дека старателот на апликантот, иако бил свесен за неговата состојба, пропуштил да преземе соодветни мерки. Наодите на Oсновното јавно обвинителство дека апликантот бил врзуван за креветот од „безбедносни причини“ биле „неприфатливи и апсурдни“. Според ХКЧП, тоа претставувало непрофесионално и нестручно работење од страна на јавниот обвинител во С. 22. Со писмо од 27 јануари 2015 година (примено од ХКЧП на 2 февруари 2015 година), Вишиот јавен обвинител го известил ХКЧП дека ги проверил списите од предметот и констатирал дека Основниот јавен обвинител презел повеќе истражни мерки и прибавил обемен доказен материјал. Вишиот јавен обвинител се осврнал на извештајот на Народниот правобранител, според кој „[апликантот] бил врзуван од безбедносни причини“ (види параграф 11 погоре). Тој ги потврдил фактичката состојба и образложението утврдени од страна на Основниот јавен обвинител. Исто така, ги потврдил наодите дека апликантот бил врзуван за неговиот кревет од безбедносни причини и дека осомничените немале намера да го деградираат апликантот. 23. Од истите причини наведени погоре (види параграф 21 погоре), ХКЧП побарал Државниот јавен обвинител да го преземе гонењето. Со писмо од 1 јуни 2015 година (примено од ХКЧП на 13 јули 2015 година), Државниот јавен обвинител ги потврдил наодите на пониските јавни обвинители. Д. Други релевантни информации 1. Медицински извештај за здравствената состојба на апликантот по неговото отпуштање од ЗЗРББС 24. На 10 јули 2014 година психијатриската болница во С. подготвила медицински извештај за апликантот, во кој се наведени следните релевантни делови: Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 9 „ ... [апликантот] има ниско ниво на функционалност; [тој] има потешкотии во комуницирањето ... [неговото] движење е стабилно, со синхронизирани движења; тој го одржува балансот соодветно ... Поради [неговите] неразвиени комуникациски вештини, ... не може да се воспостави двострана комуникација... Моето мислење е дека [апликантот] страда од аутизам ... проследен со ментална попреченост и говорна попреченост. Поради недоволна стимулација и ран третман, детето има многу ниско ниво на развој и тој е практично неспособен за да се грижи за себе.“ 2. Постапки пред Основниот јавен обвинител од Б. 25. На 27 февруари 2015 година Основниот јавен обвинител од С. го известил Основниот јавен обвинител од Б. во врска со кривичната пријава на ХКЧП, наведувајќи: „... беше утврдено дека пријавениот настан [апликантот бил врзан за неговиот кревет] бил како резултат на несоодветно сместување [на апликантот] во ЗЗРББС ... и покрај тоа што [апликантот] немал физичка попреченост, во медицинскиот извештај од 14 април 2008 тој бил класифициран како лице со повеќе пречки ... [вклучувајќи ја] најтешката форма на физичка попреченост ... Тој бил класифициран на сличен начин ... во 2014 година... Со оглед на фактот дека медицинските извештаи во врска со [апликантот] во 2008 и 2014 година, [подготвени] од Болницата во Б., ... не ја прикажувала неговата вистинска здравствена состојба ... ние го насочуваме Вашето внимание кон оваа информација, како надлежен обвинител, [за да Вие] преземете мерки во врска со секое кривично дело во рамките на Вашата надлежност... ” 26. Набргу потоа Основното јавно обвинителство од Б. побарало и обезбедило копија од медицинската документација во врска со апликантот од болницата во Б. Тоа исто така обезбедило релевантен материјал од старателот на апликантот и надлежниот испекторат, кој не нашол неправилности во работењето на болницата во Б. Не беа доставени информации во однос на исходот од постапката пред Основното јавно обвинителство во Б. 3. Дисциплинска постапка 27. Со решението од 22 август 2014 година, директорката на ЗЗРББС не нашла основ за изрекување на мерка опомена (мерка што ѝ била предложена од Дисциплинската комисија на Заводот) на В.Н., П.Р.В., С.И и Е.Ј. - вработени во ЗЗРББС кои наводно пропуштиле да се усогласат со правилата за чување на медицинската евиденција (неизготвување на потребната стручна документација). Ништо не укажува дека ХКЧП бил информиран за поведувањето и исходот на оваа постапка. 10 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 4. Други дејствија преземени од страна на ХКЧП во врска со апликантот 28. Во втората половина на 2014 година, ХКЧП ги известил Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, надлежниот инспекторат, болницата во Б. и Народниот правобранител, за наводно погрешно поставената дијагноза на апликантот и неговото последователно занемарување. Исто така, побарал информации за тоа дали биле преземени некакви мерки против персоналот во ЗЗРББС и болницата во Б. Инспекторатот одговорил дека во болницата во Б. не биле откриени било какви неправилности. ХКЧП исто така го споменал случајот на апликантот во неговите годишни извештаи за 2014 и 2015 година. II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО A. Закон за кривичната постапка од 2010 година 29. Членот 57 од Законот за кривичната постапка ги утврдува правата на оштетениот во кривичната постапка вклучувајќи го, inter alia, правото на законски застапник (полномошник). 30. Членот 59 (1) му дава право на законскиот застапник да поднесува предлог за кривично гонење или приватна тужба во името на малолетни лица кои се лишени од деловна способност. 31. Согласно член 66 (1) од законот, ако оштетениот е малолетник или лице наполно лишено од деловна способност, неговиот/нејзиниот законски застапник е овластен да ги дава сите изјави и да ги презема сите дејствија за кои според закон е овластен оштетениот. Приватниот тужител и оштетениот, како и нивните законски застапници, своите права во постапката можат да ги вршат и преку полномошник (член 67). 32. Согласно членот 273 (3), секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност. 33. До оштетениот се доставува копија од одлуката со која јавниот обвинител ја отфрлил неговата кривична пријава (со правна поука). Лицето кое го пријавило кривичното дело се информира само за причините за отфрлањето (член 288). Б. Кривичен законик 34. Според член 142 од Кривичниот законик, казниво е секое мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување. Тој предвидува дека, лице кое во вршење на службата ќе употреби сила, Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 11 закана или друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сторило или за што е обвинет тој или друго лице, или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво страдање поради било каков облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години. 35. Членот 143 од Кривичниот законик предвидува дека, тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години. III. РЕЛЕВАНТНИ МЕЃУНАРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ A. Обединети Нации 1. Начела на ОН за заштита на лицата со ментални заболувања и подобрување на заштитата на менталното здравје (A/RES/46/119, 17 декември 1991) 36. Релевантните одредби од Начелата на Обединетите нации за заштита на лицата со ментални заболувања и подобрување на заштитата на менталното здравје, гласат: Начело 1 Основни слободи и основни права „ ... 2. Со сите лица со ментално заболување, или лица кои се третираат како такви, ќе се постапува со човечност и почит за неразделивото човечко достоинство.” Начело 9 Лекување „1. Секој пациент ќе има право да се лекува во најнерестриктивна средина и со најмалку рестриктивно или интрузивно лекување кое е соодветно на здравствените потреби на пациентот и потребата да се заштити физичката безбедност на другите. ... 3. Здравствената заштита на менталното здравје секогаш ќе се обезбедува согласно на применливите стандарди за етика на практичарите за ментално здравје, вклучително и меѓународно прифатените стандарди како што се Начелата за медицинска етика релевантни за улогата на здравствениот 12 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА персонал, особено лекарите, во заштитата на затворениците и притворениците од тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, кои се усвоени од Генералното собрание на Обединетите нации. Познавањата и вештините за ментално здравје никогаш не треба да се злоупотребуваат. ...” Начело 11 Согласност за лекување “... 11. Физичко ограничување или недоброволна изолација на пациентот нема да се применува освен во согласност со официјално одобрените процедури на установата за ментално здравје и само тогаш кога тоа претставува единствен расположлив начин за да се спречи непосредна и неизбежна повреда на пациентот или на другите. Тоа нема да се пролонгира по истекот на периодот кој е нужно неопходен за таа цел. Сите случаи на физичко ограничување или недоброволна изолација, причините за тоа и нивните особености и степенот до кој се применуваат ќе се евидентираат во медицинското досие за пациентот. Пациент кој е затворен или изолиран ќе се држи во хумани услови и ќе биде под грижа и внимателен и редовен надзор од страна на квалификуван кадар. Личниот застапник, доколку го има и доколку е релевантно брзо, ќе биде информиран за било какво физичко затворање/ограниќување или недоброволна изолираност на пациентот. ...” Начело 12 Известување за правата “1. Пациент во установа за ментално здравје ќе биде информиран колку што е поскоро по приемот, на начин и со јазик кој е разбирлив за пациентот, за сите негови/нејзини права согласно на овие начела и според домашното законодавство, и во тие информации треба да е вклучено и објаснување за тие права и како да се остваруваат истите. 2. Доколку и доколу пациентот не е во можност да ги разбере таквите информации, правата на пациентот ќе му бидат соопштени на неговиот/нејзиниот личен застапник, доколку има и доколку тоа е соодветно, и на лицето или лицата кои најдобро можат да ги застапуваат интересите на пациентот и се волни да го прават тоа. 3. Пациентот кој го има неопходниот капацитет има право да назначи лице кое треба да биде информирано во негово/нејзино име, како и лице кое ќе ги претставува неговите/нејзините интереси пред одговорните лица во таа установа.” 2. Конвенција за правата на лица со попреченост, A/RES/61/106, 24 Јануари 2007 37. Релевантниот дел од Конвенцијата за правата на лица со попреченост на Обединетите нации предвидува: Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 13 Член 15 Слобода од тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна “1.Ниедно лице нема да биде изложено на тортура или суров, нечовечки и понижувачки третман или казна. Особено, ниедно лице нема да биде предмет на медицински или научни екпериментирања, без негова или нејзина слободна волја. 2.Државите потписнички ќе преземат ефективни законски, административни, судски или други мерки за да се пречи лицата со попреченост, на еднаква основа со другите, да бидат изложени на тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна.” 3. Специјален известувач за тортура и сурово, нечовечко или деградирачко постапување или казнување, А/HRC/22/53, од 1 Февруари 2013 38. Во својот извештај за проблемите со злоупотребите во сферата на здравствената заштита, специјалниот известувач за тортура и друг суров, нехуман или деградирачки третман или казна, Хуан Е. Мендез, го изјавил следново: 2. Апсолутна забрана за ограничувања и изолација „63. Специјалниот известувач и претходно утврдил дека не може да постои терапевтска оправданост за употребата на самица и продолженото задржување на лицата со попреченост во психијатриските установи; и продолжената самица и задржувањето може да претставуваат тортура и несоодветно постапување (А/63/175, пара. 55-56). Специјалниот известувач се осврна на прашањето на самица и изјави дека оваа мерка, независно од нејзиното времетраење, применета на лица со ментална попреченост е сурово, нечовечно или понижувачко постапување (A/66/268, пара. 67-68, 78). Покрај тоа, секое ограничување/затворање на лицата со ментална попреченост дури и за краток временски период може да претставува тортура и несоодветно постапување. Од суштинско значење е да се примени апсолутна забрана на сите присилни и неконсензуални мерки, вклучувајќи ги ограничувањето и држањето во самица на лицата со психичка или интелектуална попреченост, во сите места на лишување од слобода, вклучително и во институциите за психијатриска и социјална заштита. Опкружувањето со кое се карактеризира немоќта на пациентот и лошиот третман на лица со попреченост, кога се користи изолацијата и ограничувањето, може да доведе до други форми на принудно лекување, како што се присилни лекови и процедури за електро-шок. 3. Домашното законодавство дозволува присилни интервенции „64. Специјалниот известувач продолжил да прима извештаи за систематска употреба на присилни интервенции ширум светот. И Специјалниот известувач и телата на Обединетите нации констатираат дека принудното лекување и другите психијатриски интервенции во здравствените установи се форми на тортура и малтретирање. Присилните интервенции, честопати погрешно оправдувани со теории за немање капацитет и терапевтска неопходност кои не се во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, се легитимираат согласно националните закони и можат да уживаат широка јавна поддршка како да се во наводниот „најдобар интерес“ на засегнатото лице. Како и да е, до степенот со 14 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА кој тие нанесуваат силна болка и страдања, ја повредуваат апсолутната забрана на тортура и сурово, нечовечко и понижувачко постапување (A/63/175, параг. 38, 40, 41). Загриженоста за автономија и достоинство на лицата со инвалидитет го наведува Специјалниот известувач да повика на ревизија на домашното законодавство кое дозволува присилни интервенции.“ 5. Лица со попречености “80. Лицата со попреченост се особено засегнати од присилните медицински интервенции и продолжуваат да бидат изложени на несоодветни медицински практики (A/63/175, para. 40). ... ” V. Заклучоци и препораки Б. Препораки “ 85. Специјалниот известувач ги повикува сите држави на:.. (ц) Спроведување навремени, непристрасни и темелни истраги за сите наводи за тортура и несоодветно постапување во здравствените установи; кога доказите го оправдуваат тоа, гонењето и преземање мерки против сторителите; обезбедување на жртвите ефективен правен лек и надомест на штета, вклучително и мерки за обештетување, и гаранции за неповторување, како и враќање, компензација и рехабилитација; ... ” 4. Лица со психички попречености “89. Специјалниот известувач ги повика државите да: (a) Ја разгледаат рамката за борба против тортура во однос на лицата со попречености во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попречености како авторитативно насочување во врска со нивните права во контекст на здравствената заштита; (б) Наметнaт апсолутна забрана на сите присилни и неконсензуални медицински интервенции против лица со попречености, вклучувајќи ја неконсензуалната администрација на психохирургија, електрошок и халуциногени дроги како неуролептици, употреба на физички ограничувања и самица, било за долгорочна или за краткорочна примена. Обврската да се стави крај на присилните психијатриски интервенции засновани исклучиво врз основа на попреченоста, треба веднаш да се примени и ограничените финансиски ресурси не можат да го оправдаат одложувањето на нејзината примена; ...” Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 15 Б. Совет на Европа 1. Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човекот во однос на примената на биологијата и медицината: Конвенција за човекови права и биомедицина од 4 април 1997 (CETS 164, Oviedo Convention) 39. Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човекот во однос на примената на биологијата и медицината: Конвенција за човекови права и биомедицина, во нејзините релевантни делови предвидува: Член 6 – Заштита на лицата кои не се во состојба да дадат согласност ”1. Под услови утврдени во членовите 17 и 20, интервенција врз лице кое не е во состојба да даде согласност може да се изврши, единствено заради негова директна полза. ... 3. Доколку, според законот, возрасно лице не е во состојба да даде согласност за интервенција поради ментална неспособност, болест или слични причини, интервенцијата може да се изврши единствено врз основа на одобрување од неговиот старател или орган или лице кое е предвидено со закон. Засегнатото лице учествува во постапката на одобрување до нивото на своите способности. 4. Старателот, лицето или органот кои се наведени во ставовите 2 и 3, ги добиваат, под истите услови, информациите наведени во член 5. 5. Одобрувањето од ставовите 2 и 3 може да се повлече во секое време, заради зачувување на интересите на засегнатото лице.” Член 7- Заштита на лицата кои имаат ментална болест ”Согласно условите за заштита предвидени со закон, вклучително и постапките за надзор, контрола и жалба, лице со сериозна ментална болест може да се подложи, без негова согласнот, на интервенција која има за цел лекување на неговата ментална болест единствено ако без таквиот третман е веројатно дека ќе настане сериозно оштетување на неговото здравје.” 2. Препорака Reс (2004)10 на Комитетот на министри до државите - членки во врска со заштитата на човековите права и достоинството на лицата со ментални нарушувања од 22 септември 2004 40. Релевантните делови од Препораката гласат: Поглавје V – Посебни ситуации Член 27 – Ограничување и изолација ”1. Изолација или ограничување треба да се користи само во соодветни здравствени установи, како и во согласност со принципот на најмало 16 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ограничување, да се спречи непосредна штета по засегнатото лице или останатите, и соодветно во однос на ризиците. 2. Вакви мерки треба да бидат употебени само под медицински надзозр, и треба да бидат соодветно документирани. 3. Покрај тоа: i. лицето кое е изолирано или ограничено треба да биде под редовен надзор; ii. причините за, и времетраењето на, ваквите мерки треба да бидат наведени во медицинската документација и извештај за лицето.” 3. Извештај до Владата на „Поранешна Југословенска Република Македонија“ за време на посетата во „Поранешна Југословенска Република Македонија“, подготвен од Европскиот комитет за тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT) од 7 до 17 октомври 2014, CPT/Inf (2016) 8, Strasbourg, 17 март 2016 41. Релевантните делови од горенаведениот Извештај гласат: Установи на социјална заштита ”... претставниците на центрите на социјална работа сеуште редовно не ги посетуваат лицата под нивната заштита нити постапуваат ефективно во нивен интерес. Мора да се преземат чекови за справување со овие прашања...” ПРАВО I. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА КОНВЕНЦИЈАТА 42. Апликантот се жалеше дека уште во 2008 година му била дадена погрешна дијагноза, што резултирало со негово сместување во несоодветна установа (ЗЗРББС) каде не добивал соодветна грижа и третман, а тоа кулминирало со неговото врзување за креветот. Несоодветната грижа и третман довеле до негово занемарување и повреда на неговите права гарантирани во член 3 од Конвенцијата. Понатаму, истрагата за наводите дека апликантот бил предмет на нечовечко и понижувачко постапување била неефикасна. На крај, во светло на наводите за повреда на членот 3, апликантот исто така немал ефикасен правен лек согласно членот 13 од Конвенцијата. Членовите 3 и 13 гласат како што следи: Член 3 “Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.” Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 17 Член 13 “Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.” A. Допуштеност 1. Компатибилност ratione personae (a) Поднесоци на странките (i) Владата 43. Владата приговараше дека ХКЧП немал locus standi за поднесување на оваа апликација во име на апликантот. Во врска со тоа, Владата тврдеше дека, ХКЧП немал контакт со апликантот пред Народниот правобранител да го објави извештајот од 2003 година, и последователно не се ангажирал со цел подобрување на состојбата на апликантот. Поради тоа, ХКЧП немал доволен непосреден контакт со апликантот, ниту имал доволен личен интерес да ја поднесе оваа апликација. Понатаму, родителите на апликантот биле живи; апликантот исто така имал и други роднини кои покрај неговиот законски старател и народниот правобранител можеле во негово име да преземат активности пред домашните органи. Од ништо не произлегува дека ХКЧП се обидел да воспостави контакт со било кој од нив и да обезбеди полномошно за застапување на апликантот пред домашните органи и Судот. Понатаму, ХКЧП не бил ниту странка, ниту пак застапник на апликантот во било која постапка што се одвивала пред домашните органи. Истото важело и за постапките пред обвинителството, каде на ХКЧП не му биле дадени никакви процедурални права, вклучително ниту право на жалба. Поради тоа, случајот бил недопуштен како некомпатибилен ratione personae со одредбите од член 34 на Конвенцијата. (ii) Апликантот 44. Апликантот тврдеше дека бил напуштен по раѓањето и дека не постоел доказ за тоа дека неговите родители или било која друга негова роднина некогаш го посетила во установата каде бил згрижен. Не можело да се очекува дека неговиот старател во негово име ќе ја поведе постапката, бидејќи кривичната пријава од ХКЧП била поднесена и против директорката на Центарот за социјални работи во Б., како oдговорно лице и таа таа пропуштила да поднесе жалба против одлуката на Основниот јавен обвинител. Работата на центрите за социјална работа бил системски проблем, факт што Комитетот за борба против тортура го констатирал во неговиот извештај за државата 18 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА од 2016 година (параграф 36 погоре). Народниот правобранител, иако имал надлежност, пропуштил да покрене постапка пред јавното обвинителство. 45. Апликантот навел дека ХКЧП, имајќи ги предвид постапките пред домашните органи кои ги презел во име на Л.Р., ја имал потребната легитимација да го застапува Л.Р. пред Судот, што било доказ дека тој се сметал за негов de factо застапник. Понатаму, ХКЧП бил граѓанска организација – „јавен чувар“ со долгогодишно искуство во обезбедување на социјална заштита на луѓето кои спаѓаат во категоријата на луѓе изложени на ризик (вклучувајќи ги и лицата од ризична категорија по однос на нивното здравје). Во светло на ова, ХКЧП обезбедувал бесплатна правна помош на ранливи групи и ги следел условите во кои работеле установите кои се во надлежност на државата, вклучувајќи ги и установите наменети за лица со инвалидитет, во врска со што објавувал извештаи. Ирелевантен бил фактот што ХКЧП не го контактирал Л.Р. пред да биде објавен извештајот на Народниот правобранител. Неговите (три) последователни посети и дејствијата кои ги презел со цел информирање на јавноста за состојбата на луѓето со инвалидитет кои се сместени во државни установи (таков извештај последен пат бил објавен во 2012 година) како и за случајот на апликантот (параграф 28 погоре), биле фактори во полза на тоа дека ХКЧП ја имал потребната легитимација да го застапува Л.Р. (б) Оценка на судот 46. Судот констатира дека ХКЧП ја поднел апликацијата во име на Л.Р. без да добие негово полномошно или писмено овластување од неговиот старател или било кое компетентно лице. Во светло на ова, а во смисла на член 34 од Конвенцијата, Судот повторува дека од суштинско значење е застапниците да покажат дека примиле конкретни и јасни насоки од наводната жртва во чие име тие тврдат дека постапуваат во постапките пред Судот (види Post v. the Netherlands, бр. 21727/08 (одлука.), 20 јануари 2009). 47. Во случајот Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania ([GC], бр. 47848/08, §§ 104-111, ECHR 2014), Големиот судски совет ги идентификуваше следните „исклучителни околности“ според кои на организација може да ѝ биде призната активна легитимација како de facto застапник на непосредната жртва на наводната повреда: ранливоста на жртвата; природата на наводите изнесени пред Судот; дали непосредната жртва има блиски роднини или старател кој би можел да поднесе апликација до Судот; дали имало контакт помеѓу непосредната жртва и застапникот; дали застапникот бил вклучен во било која релевантна домашна постапка во која му била призната легитимација. Судот смета дека овие елементи се Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 19 одлучувачки за тоа дали на ХКЧП може да му се признае locus standi за да може да дејствува како de facto застапник на апликантот во овој случај. 48. Не е спорно дека Л.Р. бил директна жртва на околностите кои се истакнати пред Судот, во смисла на член 34 од Конвенцијата. Со оглед на неговиот инвалидитет утврден од домашните органи (види ги параграфите 5, 11 и 20 погоре), а кој Владата не го оспори, тој треба да се смета за многу ранлива личност, која очигледно не е способна да изрази било каква желба или став во врска со неговите сопствени потреби или интереси, а уште помалку желба или став за тоа дали да искористи определен правен лек. Понатаму, наводите изнесени пред Судот покренуваат сериозни прашања од аспект на членот 3 од Конвенцијата. 49. Странките се согласуваат дека Л.Р. бил напуштен од раѓање и бил згрижен од државните институции уште од 3 месечна возраст. Ништо не укажува на тоа дека неговите родители, кои исто така страдале од ментална попреченост, или било кој друг негов роднина, го контактирал или го посетил или покажал било каков интерес за неговата ситуација во текот на целиот негов престој во јавните институции. Нема изгледи дека, откако Народниот правобранител ја известил јавноста за неговата состојба, некој од неговите роднини се заинтересирал за контакт со него (види Comité Helsinki Bulgare c. Bulgarie, бр. 35653/12 и 66172/12, § 54, 28 јуни 2016). 50. Судот забележува дека, за разлика од случајот Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu (цитиран погоре, § 111), Л.Р. имал законски старател (Центарот за социјални работи во Б.) назначен од државата да се грижи за неговите интереси. Во нормална ситуација би се очекувало старателот да го даде потребното полномошно на ХКЧП за да може да го застапува Л.Р. пред Судот. Меѓутоа, Судот дава посебно значење на фактот дека неговиот старател бил обвинет, како пред домашните органи, така и пред Судот, за неуспехот да ги заштити интересите на апликантот, што било негова одговорност. Според тоа, не може да се очекува дека лицето за кое постоело сомневање дека било дел од наводното целокупно занемарување на Л.Р. со кршење на неговите права согласно член 3 од Конвенцијата, би истакнало наводи по овие основи пред Судот. Во оваа смисла, Судот забележува дека Центарот за социјални работи во Б. не ја оспорил одлуката на Основниот јавен обвинител со која кривичната пријава поднесена од ХКЧП била отфрлена, без оглед на фактот што истата содржела јасни насоки (правна поука) за можност за поднесување правен лек (види ги параграфите 20 и 33 погоре). Понатаму, Судот не бил информиран дека надлежните во државата назначиле друг старател во замена на Центарот за социјални работи во Б., откако за горенаведените наводи биле известени властите. 20 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 51. Од друга страна пак, Судот забележа дека кратко откако Народниот правобранител ја известил јавноста за конкретниот случај, ХКЧП го посетил Л.Р. во Институтот за рехабилитација во С. и контактирал различни надлежни институции за неговата ситуација, со цел да се разјаснат релевантните околности и да се лоцира одговорност. Исто така, ХКЧП без одложување поднел кривична пријава до надлежниот јавен обвинител продолжувајќи ја постапката сé до Државниот јавен обвинител (види Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu, цитирано погоре, § 111, и Association for the Defence of Human Rights in Romania – Helsinki Committee on behalf of Ionel Garcea v. Romania, no. 2959/11, § 43, 24 March 2015; види, спротивно, Comité Helsinki Bulgare, цитирано погоре, §§ 56 и 57). За забележување е дека сите овие чекори преземени од ХКЧП пред домашните органи биле фокусирани на Л.Р. и наводната негрижа од страна на државните органи (види, спротивно, Comité Helsinki Bulgare, цитиран погоре, каде здружението - апликант пред домашните власти се жалело за општите проблеми поврзани со условите во државните институции наменети за деца со некаков вид попреченост и иницирало постапки во врска со директните жртви значително подоцна по добиените сознанија за критичните настани). 52. Што се однесува до постапките пред Јавното обвинителство, во тие постапки ХКЧП немало улога на странка или правен застапник на апликантот. Како резултат на тоа, не уживал никакви процедурални права, вклучително ниту правото да се жали против одлуките на Основниот јавен обвинител (ibid., § 58, види параграфи 30 и 31 погоре). Сепак, Судот забележува дека кривичната пријава поднесена од ХКЧП ја иницирала истрагата која ја покренал јавниот обвинител. Со оглед на тоа дека одлуката на обвинителството не била доставена до ХКЧП, ХКЧП добил детално објаснување од јавниот обвинител во врска со преземенитe истражни мерки и утврдените сознанија. Последователно, ХКЧП веднаш побарал Вишото и Државното јавно обвинителство да го преземат гонењето, што со оглед на фактот дека старателот на апликантот не поднел жалба, тоа било единствениот достапен правен лек за ХКЧП да ја продолжи постапката пред повисоките инстанци на обвинителство. Благодарение на ХКЧП, постапката продолжила на начин што Вишиот јавен обвинител ги разгледал фактичките и правни наоди утврдени од страна на Основниот јавен обвинител. 53. Спротивно на горенаведеното, Судот смета дека, земајќи ги предвид исклучителните околности на овој случај и сериозната природа на наводите, на ХКЧП треба да му се признае легитимацијата да настапува како застапник на апликантот. Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 21 54. Според тоа, Судот го одбива приговорот на Владата во врска со недостигот на locus standi на ХКЧП, во светло на неговиот став дека тој е de facto застапник на апликантот. 2. Неискористување на домашните правни лекови (a) Поднесоци на странките 55. Владата приговараше дека ХКЧП не ги искористил сите домашни правни лекови, имено пропуштил да поднесе кривични пријави против медицинскиот персонал во болницата во Б. кои наводно дале погрешна дијагноза за Л.Р. и против директорката на Центарот за социјални работи во Б., старател на апликантот. Владата, во документот од 31 мај 2017 година кој содржи дополнителни опсервации и коментари во врска со барањето за правичен надомест на Л.Р., за прв пат приговори за тоа дека ХКЧП не го искористил правото да поведе граѓанска постапка за надомест на штета, која би била посоодветна да се поведе, имајќи ги предвид наодите од страна на обвинителството за отсуството на намера од страна на обвинетите. 56. Апликантот тврдеше дека тој ги искористил сите ефективни правни лекови. ХКЧП ги алармирал државните институции за состојбата на Л.Р. и им предложил тие да покренат дисциплински постапки против одговорните лица во ЗЗРББС и болницата во Б. Кривичната пријава поднесена од ХКЧП содржела наводи и за неактивноста од страна на старателот на Л.Р. и за погрешно дадената дијагноза од страна на докторите во болницата во Б. Што се однесува до последните наводи, постапката пред Јавното обвинителство во Б. сé уште траела. (б) Оценка на судот 57. Релевантните принципи на Конвенцијата се сумирани во одлуката на Судот за случајот Vučković and Others (види Vučković and Others v. Serbia (прелиминаре приговор) [GC], nos. 17153/11 and 29 others, §§ 69-77, 25 март 2014). 58. Осврнувајќи се на конкретниот случај, Судот забележува дека кратко по дознавањето за Л.Р., ХКЧП ги информирал надлежните државни институции за неговата состојба и побарал да се преземат соодветни мерки (види параграф 28 погоре). Целта на таа кореспонденција била да се преземат активности и мерки со можност да ги разјаснат релевантните околности и да се лоцира одговорност. Тие поднесоци поттикнале надлежниот инспекторат да покрене постапка за надзор над работата на болницата во Б. и ЗЗРББС (види ги параграфите 27 и 28 погоре). 59. Во исто време, ХКЧП поднел кривична пријава во Јавното обвинителство во С., обвинувајќи ја директорката и неколку вработени 22 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во ЗЗРББС дека го подложиле Л.Р. на нечовечко и понижувачко постапување. Како што беше наведено погоре, поднесувањето на кривичната пријава од страна на ХКЧП, ја иницирало истрагата спроведена од јавниот обвинител (види параграф 47 погоре) во која неколку лица биле идентификувани како потенцијални осомничени, вклучувајќи ја и директорката на Центарот за социјални работи во Б. (старателот на апликантот, види параграф 20 погоре) и покрај фактот што таа не била спомената во кривичната пријава од ХКЧП. Слично на тоа, иако ХКЧП немал наводи против медицинскиот персонал од болницата во Б., мора да се забележи дека истрагата спроведена врз основа на кривичната пријава поднесена од ХКЧП резултирала со тоа јавниот обвинител од С. да го извести јавниот обвинител од Б., кој имал месна надлежност, да истражи дали било сторено некое кривично дело во врска со наводите за погрешно дадена дијагноза за здравствената состојба на Л.Р., од страна на болницата во Б. Јавниот обвинител во Б. ја зел предвид информацијата и презел определени истражни чекори, но очигледно не резултирала со било какви наоди. Во вакви околности, Судот е задоволен што ХКЧП доволно го предочил пред релевантните надлежни органи несоодветното постапување со апликантот. 60. Што се однесува до приговорот на Владата дека ХКЧП пропуштил да го искористи граѓанскиот правен лек за надомест на штета, Судот наоѓа дека поради причините наведени во случајот Khlaifia and Others v. Italy ([GC], no. 16483/12, § 52, 15 декември 2016), кои се применливи и на предметниот случај, на Владата не ѝ е дозволено да се повикува на наводи кои не биле покренати во нејзиниот иницијален приговор за неискористување на домашните правни лекови. Ова е така, со оглед на постоењето на две независни правни авении за надомест на штета (граѓанска и кривична) и имајќи го предвид фактот дека Владата не даде никакво објаснување за тоа зошто благовремено не ја истакнала можноста за поднесување на граѓанска тужба за надомест на штета. 61. Со оглед на горенаведеното, Судот смета дека ХКЧП сторил сé што може разумно да се очекува од него за целите на искористување на сите домашни правни лекови во име на Л.Р. Како резултат на тоа, приговорот на Владата за неискористување на правните лекови, треба да биде отфрлен. 3. Применливост на правилото од шест месеци (a) Поднесоци на странките 62. Владата тврдеше дека барањето на ХКЧП до Вишиот јавен обвинител да го преземе гонењето не било ефективен правен лек, бидејќи одлуката за преземање или непреземање на гонењето било Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 23 дискреционо право на самите обвинители. Според тоа, ХКЧП не требало да го чека исходот на тие барања, туку требало да ја поднесе апликацијата во рок од шест месеци од донесувањето на одлуката од страна на Јавното обвинителство во С., или по истекот на рокот од осум дена за жалба против таа одлука, која можел да ја поднесе старателот на апликантот. 63. Апликантот тврдеше дека Основниот јавен обвинител никогаш не го информирал дека одлуката била доставена до неговиот старател (или пак за точниот датум кога таа била доставена). Во секој случај, тој ја поднел апликацијата во рок од шест месеци од приемот на наодите на Вишиот јавен обвинител во однос на неговото поднесено барање за надзор на работата на Основниот јавен обвинител. (б) Оценка на Судот 64. Судот повторува дека при оценувањето на тоа дали апликантот ги исполнува условите предвидени во член 35 § 1 од Конвенцијата, важно е да се има предвид дека условите содржани во тој член во врска со исцрпувањето на домашните правни лекови и рокот од шест месеци, се меѓусебно тесно поврзани. Поради тоа, како правило, шестмесечниот период започнува од датумот на конечната одлука во постапката за искористување на домашните правни лекови. Искористените правни лекови кои не ги задоволуваат барањата од член 35 § 1 нема да бидат земени предвид од Судот за целта на утврдување на датумот на „конечната одлука“ или за пресметување на почетната точка при примената на правилото за поднесување на апликацијата во рок од шест месеци. Следува дека, ако апликантот искористил правен лек кој бил осуден на неуспех од самиот почеток, одлуката по основ на тој правен лек не може да биде земена предвид при пресметување на шестмесечниот период (види Jeronovičs v. Latvia [GC], no. 44898/10, § 75, ECHR 2016, и El-Masri v. the former Yugoslav Republic of Macedonia [GC], no. 39630/09, § 136, ECHR 2012). 65. Судот ги повторува горенаведените наоди во однос на специфичниот статус на ХКЧП во постапките пред обвинителството и последователниот резултат во однос на неговите процесни права, имено, неможноста да поднесе жалба против одлуката на основниот јавен обвинител, што е редовен правен лек кој треба да се искористи во ваква ситуација. Покрај тоа, како што беше наведено од апликантот, а Владата не поднесе приговор на тоа, тој ниту бил информиран за доставувањето на одлуката до старателот, ниту пак за точниот датум кога истата била уредно достаена. Покрај тоа, старателот на апликантот пропуштил да поднесе жалба против одлуката, без оглед на јасните инструкции од основниот јавен обвинител. 66. Соодветно, и како што е погоре наведено (види параграф 47 погоре), барањето повисоките јавни обвинители да го преземат 24 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА гонењето по отфрлањето на кривичната пријава од страна на основниот јавен обвинител, бил единствениот начин на кој ХКЧП можел да ја продолжи постапката. Ваквото барање било предвидено во Законот за јавното обвинителство; тоа било непосредно достапно на ХКЧП (што се потврдува со фактот дека, по основ на тоа барање, Вишиот јавен обвинител го испитал предметот и извршил контрола на фактичките и правните наоди на основното јавно обвинителство). На крај, Владата не изнесе аргументи дека таквите барања од самиот почеток биле без било какви шанси за успех. 67. Во специфичните околности на предметот, Судот смета дека не било неразумно што ХКЧП се обратило до повисоките јавни обвинители. Според тоа, периодот во кој тие обвинители постапувале по тоа барање треба да се земе предвид при пресметката на рокот од шест месеци. Со оглед на датумот кога одлуката била доставена до ХКЧП, барем датумот кога известувањето од Вишиот јавен обвинител било доставено (види параграф 22 погоре), Судот утврди дека оваа апликација била поднесена во рокот од шест месеци. Поради тоа, овој приговор од Владата мора да биде отфрлен. 4. Заклучок 68. Судот забележува дека Владата не истакна други приговори во врска со допуштеноста на апликацијата. Судот смета дека, во смисла на членот 35 § 3 (а) од Конвенцијата, апликацијата не е очигледно неоснована, ниту беа утврдени други основи за нејзино прогласување за недопуштена. Поради тоа, таа треба да се прогласи за допуштена. Б. Основаност 1. Жалбени наводи во врска со членот 3 (a) Сместување и третман на апликантот во ЗЗРББС (i) Поднесоци на странките 69. Апликантот ги повтори неговите жалбени наводи дека несоодветното сместување во ЗЗРББС, каде бил врзуван, ги повредилo неговите права од член 3 од Конвенцијата. Вработените во ЗЗРББС го врзувале во траење од подолг временски период, и покрај тоа што биле свесни за неговата ранливост. Отсуството на било каква намера да го повредат, не може да ја ослободи државата од нејзината одговорност согласно Конвенцијата. 70. Владата призна дека апликантот периодично бил врзуван за креветот за време на неговиот престој во ЗЗРББС. Сепак, како што било утврдено од страна на обвинителството, засегнатите лица изјавиле дека немале намера да го повредат апликантот. Напротив, Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 25 како што било забележано од Народниот правобранител, мерката имала за цел да го заштити неговиот живот и здравје, со оглед на неговата состојба. Тоа го исклучило постоењето на било каква негрижа од нивна страна. Додека бил во ЗЗРББС, апликантот не бил лишен од потребниот медицински третман или било каква друга терапија или грижа. Поради неговата ментална попреченост, тој не бил во можност да научи знаковен јазик. Покрај тоа, постојано биле преземани мерки за преиспитување на неговата попреченост и сместување во посоодветна установа. На крај, во документите на Народниот правобранител ништо не сугерирало на тоа дека апликантот страдал од некаква последица поради тоа што бил врзуван, а уште помалку биле констатирани било какви видливи последици. (ii) Оценка на Судот (α) Општи принципи 71. Судот смета дека принципите согласно член 3 од Конвенцијата сумирани во неговите пресуди за случаите V.C. (V.C. v. Italy, no. 54227/14, §§ 89-95, 1 февруари 2018, што се однесува на позитивната обврска на државата да презема мерки за да обезбеди поединците за кои таа е надлежна и одговорна, да не подлежат на нечовечко постапување), како и Blokhin (Blokhin v. Russia [GC], no. 47152/06, §§ 135-40, 23 март 2016) и Stanev (види, Stanev v. Bulgaria [GC], no. 36760/06, §§ 201-04, ECHR 2012), се применливи и во конкретниот случај. Последните два случаи се релевантни без оглед на тоа што апликантите, за разлика од Л.Р. во овој случај, биле лишени од слобода (врз основа на судски одлуки) во привремен центар за лишување од слобода и центар за социјална заштита, соодветно. Судот забележува дека уште од почетокот, Центарот за социјални работи во Б., установа под надлежност на државата, бил назначен за единствен законски старател на Л.Р. Старателот носел одлуки и го организирал неговото сместување во неколку државни институции за социјална заштита, имено Домот во Б., Институтот за рехабилитација во Б., ЗЗРББС и конечно Институтот за рехабилитација во С. каде сé уште престојува (види ги параграфите 5, 8 и 14 погоре). Покрај тоа, во текот на неговиот живот, медицинските дијагнози и грижата за апликантот биле обезбедувани од страна на институции од областа на јавното здравство и социјална заштита. Според тоа, Л.Р. целиот негов живот бил под грижа на државните институции. (β) Примена во актуелниот случај 72. Судот забележува дека уште од неговата тримесечна возраст, медицинската состојба на апликантот, како и неговиот ментален и 26 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА физички развој, биле следени од центрите за јавно здравје и социјална заштита. Кога имал една година му биле откриени одредени здравствени проблеми. Во април 2008 година, на возраст од три и пол години, од страна на болницата во Б. Било дијагностицирано дека страда од умерен ментален инвалидитет, најтешка форма на физичка попреченост (церебрална парализа) и говорна попреченост (алалија) (види параграф 5 погоре). Наодите во врска со неговата ментална, физичка и говорна попреченост биле последователно потврдени (види параграф 6 погоре). 73. Со оглед на таквата дијагноза, на 29 јуни 2012 година апликантот бил сместен во ЗЗРББС, установа за социјална грижа од отворен тип за лица со физичка попреченост. Навремените забелешки од страна на ЗЗРББС во однос на тоа дека не може да смести лица со ментална попреченост (Л.Р. бил дијагностициран со таков вид на попреченост) и дека неговите вработени не се квалификувани да комуницираат со него и да му обезбедат соодветна грижа и третман, не биле земени предвид (види параграф 7 погоре). 74. Од дента кога Л.Р. бил примен во ЗЗРББС, и за време на неговиот престој таму, установата постојано ја изразувала својата загриженост до релевантните органи (на пр. до старателот на апликантот, надлежното министерство и инспекторатот), укажувајќи дека таа не може да обезбеди грижа за него, како и дека не била во можност да обезбеди третман соодветен на неговата здравствена состојба. Овие грижи биле бројни и разновидни: институцијата немала доволен број на кадар и не можела да обезбеди постојан надзор за него, што се чини бил неопходен; персоналот не бил квалификуван да комуницира со него; немало воспоставено безбедносни мерки за да го спречат апликантот да избега од просториите на институцијата (види ги параграфите 9, 10 и 18 погоре). 75. На 6 ноември 2013 година, Народниот правобранител го посетил ЗЗРББС и го нашол апликантот врзан за неговиот кревет. Мора да се забележи дека неговата посета била реализирана скоро година и пол по сместувањето на апликантот во ЗЗРББС. Во интерен извештај од 16 ноември 2016 година, Народниот правобранител ги изнел неговите наоди за несоодветниот третман од страна на ЗЗРББС, што по себе резултирало со нечовечко постапување кон апликантот. Тој исто така забележал дека Л.Р. бил врзуван за неговиот кревет од „безбедносни причини“ (види параграф 11 погоре). 76. На 15 април 2014 година, по година и девет месеци поминати во ЗЗРББС, апликантот бил преместен во Институтот за рехабилитација во С. Пред неговото преместување, на 4 март 2014 година тој бил повторно прегледан во болницата во Б., која ги потврдила претходните наоди, имено дека тој страдал од умерена ментална попреченост, најтешка форма на физичка попреченост и говорна попреченост (види Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 27 ги параграфите 5 и 13 погоре). Не може да се заклучи дали болницата во Б. се консултирала со персоналот во ЗЗРББС во врска со здравствената состојба на Л.Р. Во врска со ова, Судот забележува дека, според вработените, Л.Р. немал „видливи физички попречености“, „се движел без проблеми“, „трчал“, и бил „хиперактивен“ (види ги параграфите 18 и 19 погоре). Овие искази се чини дека одговараат на медицинскиот извештај на психијатриската болница во С. од 10 јули 2014 година, во кој не било наведено дека Л.Р. имал физичка попреченост. Треба да се забележи дека извештајот бил подготвен само 4 месеци по извештајот од Болницата во Б. (види ги параграфите 13 и 24 погоре). 77. Во понатамошната постапка иницирана од ХКЧП, обвинителството потврдило дека во ЗЗРББС немало квалификуван персонал за да обезбеди соодветна грижа која била потребна за апликантот и поради тие причини тоа барало негово преместување во друга установа. Потпирајќи се на изјавите на членовите на персоналот во ЗЗРББС и извештајот на Народниот правобранител, јавниот обвинител исто така утврдил дека апликантот повремено бил врзуван за неговиот кревет (види ги параграфите 20 и 22 погоре). Јавниот обвинител утврдил дека „пријавениот настан [апликантот бил врзуван за неговиот кревет] бил резултат на несоодветното сместување [на апликантот] во ЗЗРББС“ (види параграф 25 погоре). Фактот дека Л.Р. повремено бил врзуван за неговиот кревет беше потврден и од страна на Владата (види параграф 65 погоре). 78. Иако домашните органи не биле доволно прецизни во однос на тоа колку често Л.Р. бил врзуван, Судот се осврнува на изјавите на членовите на персоналот кои на дневна основа биле одговорни за него. Во врска со ова, Судот забележува дека двајца вработени изјавиле дека го врзувале Л.Р. навечер, „особено после 20 часот.“ З.К. понатаму изјавил дека Л.Р. бил врзуван „обично за време на пладневната пауза“ и за време на „определени делови од денот“ кога вработените биле зафатени со другите пациенти (види параграф 19 погоре). Тоа било потврдено и од директорката на ЗЗРББС (види параграф 18 погоре). Иако не може да се заклучи колку пати дневно бил врзуван, не е неразумно, во светло на проблемот со недоволниот број на персонал, да се претпостави дека тоа била вообичаена пракса. Соодветно на тоа, се чини дека за време на неговото сместување во ЗЗРББС (кое траело повеќе од една година и девет месеци), Л.Р. бил врзуван со ногата за неговиот кревет, со „јаже“ или „памучни завои“ наводно „доволно долги за да може да стигне до ходникот“ (види параграф 16 погоре), како ноќе, така и дење. 79. Имајќи ги предвид горенаведените сознанија, Судот ги прифаќа наодите на обвинителството дека неговото сместување во ЗЗРББС било несоодветно и додава дека, како резултат на тоа, тој не ја добил 28 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА потребната грижа. Се чини дека погрешната дијагноза претходела на таквото сместување, имајќи го предвид фактот дека наодите за тоа дека Л.Р. имал најтешка форма на физичка попреченост (церебрална парализа) биле контрадикторни на непосредните искуства и директните информации на членовите на персоналот во ЗЗРББС, базирани на нивните лични искуства и последователните медицински докази. ЗЗРББС во ниеден случај не бил институција за лица со ментални попречености како што е апликантот. Дотолку повеќе, вработените не биле квалификувани за да комуницираат со апликантот, кој бил глувонем. ЗЗРББС не бил соодветен за хиперактивноста на апликантот, што барало тој да биде под постојан надзор, кој персоналот не можел да го обезбеди. Ваквиот третман резултирал со влошување на општата состојба на апликантот. Во врска со тоа, треба да се забележи дека по приемот на апликантот во ЗЗРББС, апликантот почнал да се повредува себеси, очигледно за прв пат (види параграф 10 погоре). Дотолку повеќе, како што било забележано во медицинскиот извештај подготвен набрзо по неговиот отпуст од ЗЗРББС, тој покажал „ниско ниво на функционалност [и] потешкотии во комуницирањето ... [и имал] неразвиени комуникациски вештини ...“. Понатаму, во извештајот исто така било наведено дека „поради недоволната стимулација и ран третман, [апликантот] имал многу ниско ниво на развој“ (види параграф 24 погоре). Судот го наоѓа како особено значаен фактот дека, старателот на апликантот и другите надлежни органи уште од самиот почеток биле свесни дека ЗЗРББС не можел да ја обезбеди потребната грижа на апликантот (дури и пред неговото сместување таму), но и покрај тоа не презеле мерки како одговор на тие сериозни предупредувања и го продолжиле неговиот престој таму значителен временски период. Судот забележува дека Владата не даде објаснување зошто надлежните органи пропуштиле да реагираат на брз, конкретен и соодветен начин (види Nencheva and Others v. Bulgaria, no. 48609/06, § 124, 18 јуни 2013). 80. Врзувањето на Л.Р. за неговиот кревет ноќе и често во текот на денот додека престојувал во ЗЗРББС, го влошило и онака неговиот несоодветниот третман. Судот го наоѓа за особено загрижувачки фактот дека ваквата „мерка“, која сама по себе е некомпатибилна со човековото достоинство, се применувала врз осумгодишното дете околу една година и девет месеци. Судот во повеќе наврати ја истакна посебната ранливост на малолетните во контекст на членот 3 од Конвенцијата, со оглед на тоа дека третманот во смисла на овој член може да има поголемо влијание – особено во психолошка смисла – врз малолетните лица, отколку врз возрасните (види Bouyid v. Belgium [GC], no. 23380/09, § 109, ECHR 2015B). Апликантот бил уште поранлив поради неговата попреченост, што значи дека тој воопшто не Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 29 можел да се пожали за тоа како влијаел ваквиот третман врз него (види Keenan v. the United Kingdom, no. 27229/95, § 111, ECHR 2001‑III). 81. Што се однесува до тврдењата на домашните власти дека не постоела намера од страна на персоналот да го повредат апликантот, Судот забележува дека отсуството на намера некој да биде омаловажен или деградиран, не може одлучувачки да исклучи утврдување на повреда на оваа одредба (види Nicolae Virgiliu Tănase v. Romania [GC], no. 41720/13, § 117, 25 June 2019 and Bouyid цитирано погоре, § 86). Судот понатаму забележува дека, како што утврдило обвинителството, што е потоа потврдено и од Владата, апликантот бил врзуван за неговиот кревет поради „безбедносни причини“, имено за да се спречи да избега и со тоа да се најде во опасна ситуација. Иако ризикот од лицето да избега или да си предизвика повреда или штета е фактор што треба да се земе предвид (види Julin v. Estonia, nos. 16563/08 and 3 others, § 120, 29 May 2012), Судот не е убеден дека врзувањето на апликантот со ногата за неговиот кревет со цел да се спречи негово бегање од просториите на ЗЗРББС, со што би се ставил себеси во опасност, била најмалку инвазивната мерка на располагање во контекст на неговата безбедност. Нема индиции дека било какви други опции (освен отстранување на рачките од прозорците во собата на апликантот, види параграф 18 погоре) биле разгледани или применети пред или за време на применување на таа „мерка“. Судот не може да не забележи дека таа „мерка“ не била неопходна поради било каква причина поврзана со здравствената состојба на апликантот, но, како што било утврдено од страна на обвинителството (види ги параграфите 25 и 72 погоре), нејзината примена била последица на тоа што неговото сместување во ЗЗРББС било несоодветно. Поврзано со тоа, понатамошни препораки се дадени во релевантните меѓународни документи (види ги параграфите 36-40 погоре). 82. Во вакви околности, Судот смета дека согласно член 3 од Конвенцијата, органите кои имале обврска да го зачуваат дигнитетот и благосостојбата на апликантот, се одговорни за неговото несоодветно сместување во ЗЗРББС, за недостатокот на потребната грижа и нечовечкото и понижувачко постапување кои тој ги доживеал таму (види Blokhin, цитиран поборе, § 146). Околностите за кои ХКЧП се жалеше во име на апликантот беа резултат на различни чекори кои ги презеле јавните установи и институциите преку нивните службени лица. 83. Затоа Судот заклучи дека има повреда на правата на апликантот согласно членот 3 од Конвенцијата. 30 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (б) Процедурални обврски согласно член 3 од Конвенцијата (i) Поднесоци на странките 84. Апликантот наведе дека истрагата водена од јавниот обвинител не била ефективна во рамките на значењето на член 3 од Конвенцијата. Особено, јавниот обвинител ги сослушал само вработените во ЗЗРББС чии изјави ги сметал за целосно веродостојни и му служеле како основа за неговите наоди. Обвинителот не испитал други сведоци, ниту старателот на апликантот (директорката на Центарот за социјални работи во Б.) против која исто така била поднесена кривичната пријава; не била спроведена истрага за тоа дали може да се утврди некаква одговорност на други службени лица или за да се разјаснат причините поради кои на апликантот му била утврдена погрешна дијагноза. Фактот што на јавниот обвинител од Б. му бил потребен толку долг временски период за да собере доказен материјал, уште повеќе допринело за целокупната неефикасност на истрагата. 85. Владата тврдеше дека истрагата по наводите од ХКЧП ги исполнила потребните услови за ефективна истрага; била брза, соодветна, темелна и обезбедила соодветно вклучување на јавноста (преку ХКЧП). Во врска со тоа, јавниот обвинител испитал неколку лица и обезбедил материјални докази од ЗЗРББС, Центарот за социјални работи во Б. и Народниот правобранител. Понатаму, конечната одлука во истрагата содржела доволно причини за одбивање на кривичната пријава. На крај, јавниот обвинител од С. му дал насоки на јавниот обвинител од Б. како месно надлежен, за да ја испита разликата меѓу реалната или очигледната здравствена состојба на апликантот и здравствената состојба која ја утврдиле во медицинските извештаи од 2008 и 2014 година од страна на Болницата во Б. (ii) Оценка на Судот 86. Општите принципи релевантни за овие жалбени наводи се сумирани во М. S. (M.S. v. Croatia (no. 2), no. 75450/12, §§ 74 and 75, 19 February 2015). 87. Осврнувајќи се на конкретниот случај, Судот забележува дека ХКЧП се жалел пред истражните органи дека сместувањето на апликантот во ЗЗРББС било несоодветно и дека тој бил врзуван за неговиот кревет со јаже. Судот смета дека таквите наводи кои во тоа време биле изнесени од страна на ХКЧП, биле веродостојни/кредибилни. Оттаму, согласно член 3 од Конвенцијата, надлежните органи требало да спроведат ефективна истрага. 88. Кривичната пријава била поднесена против директорката и вработените во ЗЗРББС кои во тоа време биле неидентификувани. Истрагата по таа кривична пријава траела помалку од една година и била спроведена од страна на обвинителството во три различни Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 31 нивоа. Соодветно на тоа, истрагата била спроведена согласно потребната брзина. 89. Обвинителството ја отфрлило кривичната пријава откако биле испитани голем дел од материјалните и усмените докази од осомничените, поточно директорката на ЗЗРББС и четири вработени (од кои двајца биле класифицирани за осомничени) кои биле директно инволвирани во испитуваните настани и чии идентитети во меѓувреме обвинителот ги утврдил. Истрагата спроведена од основниот јавен обвинител се проширила вклучувајќи го и старателот на апликантот (директорката на Центарот за социјални работи во Б.) и покрај фактот што таа не била наведена во кривичната пријава на ХКЧП. Иако јавниот обвинител не ја испитал неа, Судот не смета дека неуспехот да се стори тоа во конкретниот случај влијаел на утврдување на релевантните факти. Во поднесоците до Вишиот јавен обвинител и Државниот јавен обвинител, ХКЧП не се жалел дека Основниот јавен обвинител се потпрел само на наводите на обвинетите, ниту тврдел дека било неопходно да се испитаат други сведоци или да се преземат други процедурални чекори. Судот наоѓа дека ваквите аргументи (види параграф 79 погоре) се од општа природа. Соодветно на тоа, може да се каже дека во светло на горенаведеното, истрагата била темелна. 90. Врз основа на прифатените докази, јавниот обвинител од С. ги утврдил релевантните факти кои според мислењето на Судот, не биле значајно различни од описот на настаните даден од страна на ХКЧП, имено дека сместувањето на апликантот во ЗЗРББС било несоодветно и дека апликантот повремено бил врзуван за неговиот кревет (види параграф 20 и 25 погоре). Покрај тоа, јавниот обвинител од С. го известил jавниот обвинител од Б. како месно надлежен, за несовпаѓањето меѓу медицинскиот извештај подготвен од Болницата во Б. и „реалната здравствена состојба“ на апликантот, за да може да се спроведе истрага за тоа дали било сторено кривично дело во тој поглед. Според мислењето на Судот, истражните мерки спроведени од јавниот обвинител од С. во поглед на старателот на апликантот и Болницата во Б. треба да се гледаат во светло на обврската на државата, според член 3 од Конвенцијата, да спроведе ефективна истрага по службена должност. Сепак, Судот не може да не забележи дека, и покрај фактот што поминал значаен временски период откако наводите биле поднесени до него, подоцнежната истрага спроведена од јавниот обвинител во Б. не дала резултати (види параграф 26 погоре). 91. Понатаму, Судот забележува дека истрагата спроведена од обвинителството во суштина била насочена против обвинетите од страна на ХКЧП и во однос на „мерките“ на ограничување применувани врз апликантот, кои како што е утврдено погоре, ги повредиле неговите права од членот 3. Тоа ја отфлило кривичната пријава на ХКЧП, наоѓајќи дека нема основи за тоа дека е сторено 32 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА кривично дело кое се гони по службена должност. Главната причина за тој наод била тоа што тие заклучиле дека немало умисла, намера од страна на осомничените да го изложат апликантот на нечовечко или понижувачко постапување, што во смисла на домашното право, како што е применето во случајот на апликантот било задолжителен елемент на пријавените кривични дела според членовите 142 и 143 од Кривичниот законик (види ги параграфите 20, 34 и 35 погоре). Во врска со ова, Судот потсетува дека не е негова задача да го замени одлучувањето на домашните ограни. Примарна задача на домашните органи, особено на судовите, е да ги решаваат проблемите во врска со толкувањето на домашното законодавство (види Nencheva and Others, § 134, цитирани погоре, § 134). Понатаму, фактот дека лицата кои биле осомничени за несоодветно постапување не биле обвинети (и казнети) само по себе не е доволен за да утврди повреда на членот 3 од Конвенцијата, бидејќи процедуралната обврска во смисла на член 3 не е обврска во однос на крајниот резултат, туку во однос на мерките (види Đekić and Others v. Serbia, no. 32277/07, § 37, 29 April 2014). 92. Сепак, Судот повторува дека проблемот на предметните постапки не е во индивидуалната кривична одговорност, туку во меѓународноправната одговорност на државата. Затоа, тој мора да се концентрира на целта на обврската за спроведување на ефикасна истрага, која треба да обезбеди ефекасно спроведување на домашните закони кои го заштитуваат правото да не се биде несоодветно третиран и, во оние случаи, во кои се вклучени јавни службеници или органи, да обезбеди нивна одговорност (види Nikolova and Velichkova v. Bulgaria, no. 7888/03, § 63, 20 декември 2007, и Bureš v. the Czech Republic, no. 37679/08, § 131, 18 октомври 2012). Во спротивно, должноста на државата да спроведе ефикасна истрага би изгубила многу од нејзиното значење и правата загарантирани со членот 3 од Конвенцијата би биле неефикасни во пракса (види Enukidze and Girgvliani v. Georgia, no. 25091/07, § 268, 26 April 2011). 93. Судот забележува дека кривичната истрага идентификувала други релевантни прашања кои влијаат на состојбата на апликантот. Поточно, обвинителството утврдило дека сместувањето на апликантот во ЗЗРББС било несоодветно; дека ЗЗРББС ги известил надлежните органи за неможноста да се грижат за апликантот; и дека, наводно, имало недостатоци во однос на медицинската дијагноза на апликантот од страна на Болницата во Б. Додека овие заклучоци биле донесени во контекст на обвиненијата поднесени против вработените во ЗЗРББС, Судот не беше известен дали тие довеле до некаков ефикасен да се провери дали системските пропусти биле резултат на дејствија на претставници на властите или било кој друг јавен службеник, за кои тие би можеле да се сметаат за одговорни. Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 33 94. Според гледиштето на Судот, и покрај тоа што надлежните органи, како што тврделе, не биле соочени со наводи дека персоналот намерно постапувал несоодветно со апликантот, сепак нивниот целокупен одговор при истрагата по наводите дека биле сторени сериозни повреди на човековите права како во конкретниот случај, не може да се смета за соодветен. Отсуството на соодветна реакција, како и отсуството на надомест на штета, во однос на спорните настани, не може да се смета за компатибилно со процедуралната обврска на државата од членот 3 од Конвенцијата. 95. Поради тоа, и имајќи ги предвид посебните околности на конкретниот случај, постои повреда на членот 3 од Конвенцијата, во неговиот процедурален аспект. 2. Жалбени наводи во однос на член 13 96. Апликантот изјави дека неговиот старател бил одговорен за занемарувањето што го претрпел во врска со неговото сместување и третманот во ЗЗРББС. Покрај тоа, старателот не покренал постапка за настаните што довеле до таква ситуација. Само ХКЧП повел постапка со цел лоцирање на одговорноста. Понатаму, ги повторил своите аргументи (види параграф 79 погоре) дека кривичната истрага за овој случај била неефикасна. Дополнително, доставил статистички информации засновани на неговите истражувања, според кои обвинителството спровело истрага за само седум од триесет и два случаи за мачење и нечовечко и понижувачко постапување помеѓу 2009 и 2015 година. Слично на тоа, од 138 пријавени кривични дела за малтретирање, истраги биле спроведени само во триесет случаи. Во истиот период, од дваесет и два случаи за наводна тортура/мачење, во осум случаи на обвинетите им била изречена условна казна затвор (немало ефективна казна затвор). Од педесет и шест случаи за наводно малтретирање, изречени биле условни казни затвор во шеснаесет случаи, а во еден случај била изречена ефективна казна затвор. 97. Владата тврдеше дека апликантот имал ефикасен правен лек во однос на неговите жалбени наводи во однос на член 3 од Конвенцијата. Алтернативно, доколку Судот консатира повреда на процедуралната обврска од таа одредба, не би било потребно овие жалбени наводи да ги разгледува посебно. 98. Имајќи ги предвид основите врз кои Судот констатираше повреда на процедуралниот аспект на членот 3, истиот одлучи дека ваквиот жалбен навод е допуштен и дека не покренува посебно прашање во контекст на членот 13 од Конвенцијата (види Andonovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, no. 24312/10, § 107, 23 July 2015). 34 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 99. Член 41 од Конвенцијата предвидува: “Доколку Судот утврди дека имало повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна дозволува да се изврши само делумно обештетување, Судот, доколку е потребно, ќе ѝ овозможи правично обештетување на страната чии права се повредени “. A. Надомест на штета 100. Апликантот побара 50.000 евра во однос на нематеријална штета да се платат на банкарска сметка која тужената држава би ја отворила во име на апликантот. 101. Владата го оспори барањето на апликантот како неосновано. Таа, исто така беше против отворањето банкарска сметка во име на апликантот, осврнувајќи се на практични причини (без да даде дополнителни детали). Покрај тоа, таа наведе дека не било прецизирано кој би бил овластен да располага со тие средства и за кои цели. Соодветно на тоа, доколку Судот утврди повреда на Конвенцијата, пресудата на Судот во овој поглед сама по себе би требало да претставува доволен правичен надомест за било каква нематеријална штета претрпена од апликантот. 102. Судот смета дека апликантот сигурно претрпел страдање како резултат на неговото несоодветно сместување во ЗЗРББС во периодот од јуни 2012 до април 2014 година, за кое време честопати му била врзувана ногата за креветот. Ова страдање несомнено предизвикало во него чувства на беспомошност и вознемиреност. Одлучувајќи на правична основа и имајќи ја предвид тежината на повредата, заедно со времетраењето и нејзините ефекти со оглед на посебната ранливост на апликантот, Судот смета дека е соодветно да му досуди на апликантот 18.000 евра во однос на нематеријална штета, плус секој данок што може да се наплати. Треба да се направат соодветни аранжмани, така што оваа сума ќе може да се користи од страна на овластен старател кој ќе постапува во најдобар интерес за апликантот. Б. Трошоци 103. Апликантот исто така побара 3.350 евра за трошоците направени во постапката пред Судот. Оваа сума вклучува правни трошоци за 100 часовна правна работа, трошоци поврзани со печатење Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 35 и копирање на 2.000 страни и поштенски трошоци. Освен деталната листа, апликантот не достави никакви прилози. Било која досудена сума по овој основ беше побарано да се исплати директно на ХКЧП. 104. Владата го оспори ова барање како неосновано и прекумерно и тврдеше дека трошоците всушност не биле направени. 105. Според судската пракса на Судот, апликантот има право на надомест на трошоците само доколку се докаже дека тие се всушност неопходно направени и се во разумен износ (види Editions Plon v. France, no. 58148/00, § 64, ECHR 2004‑IV). Во конкретниот случај, имајќи ги предвид документите што ги поседува и горенаведените критериуми, Судот смета дека е разумно да се досуди износ од 1.650 евра за постапките пред Судот, плус секој данок што може да се наплати од апликантот. Оваа сума треба да се плати на банкарската сметка на ХКЧП. C. Затезна камата 106. Судот смета за соодветно, затезната каматна стапка да се заснова на најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени. ЗАРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО, 1. Ја прогласи, апликацијата за допуштена; 2. Одлучи, едногласно, дека има повреда на членот 3 од Конвенцијата заради несоодветното сместување на апликантот во ЗЗРББС, отсуството на обезбедување потребна грижа и нечовечкиот и понижувачки третман што тој го претрпел таму; 3. Одлучи, со шест гласа спрема еден, дека има повреда на членот 3 од Конвенцијата заради неуспехот на тужената држава да ја исполни својата процедурална обврска согласно овој член; 4. Одлучи, едногласно, дека нема потреба да се испита жалбениот навод во однос на член 13 од Конвенцијата; 5. Одлучи, едногласно, (a) дека државата треба да му ги плати на апликантот, во рок од три месеци од датумот кога пресудата ќе стане правосилна согласно член 44 § 2 од Конвенцијата, следните износи што треба 36 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА да се конвертираат во националната валута на државата по стапката што важи на денот на исплатата: (i) 18.000 евра (осумнаесет илјади евра), плус било кој данок кој може да биде наплатен, на име нематеријална штета; (ii) 1.650 евра (илјада шестотини и педесет евра), плус било кој данок кој може да се наплати на апликантот, во однос на трошоците што треба да се платат на жиро сметка на ХКЧП; (б) дека по истекот на горенаведените три месеци од исплатата ќе се плати единствена камата на горенаведените износи по стапка еднаква на најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската централна банка во текот на стандардниот период плус три процентни поени; 6. Го одби, едногласно, остатокот од барањата на апликантот за правичен надомест. Изготвено на англиски јазик и објавено во писмена форма на 23 јануари 2020 година, согласно Правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот. Abel Campos Ksenija Turković Секретар Претседател Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 37 Согласно член 45 § 2 од Конвенцијата и правило 74 § 2 од Деловникот на Судот, посебното мислење на судијата Wojtyczek е приложено кон оваа пресуда. K.T.U. A.C. 38 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДЕЛУМНО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИЈАТА WOJTYCZEK 1. Со целосна почит кон моите колеги, не можам да се согласам со нивниот заклучок дека тужената држава во случајот го повредила таканаречениот процедурален аспект од членот 3. Освен тоа, случајот покренува сериозни проблеми од аспект на процедуралната правда. I. Опсег на процедуралните обврски што произлегуваат од член 3 2. Мнозинството во параграфот 86 тврди дека општите принципи релевантни за жалбените наводи во ова поглавје се сумирани во предметот M.S. v Croatia (no. 2), no. 75450/12, §§ 74 and 75, 19 февруари 2015. Последнонаведената пресуда ги има утврдено следниве принципи: „74. Во светло на наводите за несоодветно постапување кое произлегло од употребата на физичко ограничување на апликантот кој неволно бил задржан во психијатриска болница, Судот смета дека членот 3 од Конвенцијата бара од државите да уредат ефективни казненоправни одредби за да се обесхрабрат извршувачите на кривични дела против личниот интегритет, при што ќе бидат поддржани со механизми за спроведување на законските одредби за спречување, сузбивање и казнување на прекршување на таквите одредби. Домашниот правен систем, а особено кривичното право применливо во околностите на случајот, мора да обезбеди практична и ефективна заштита на правата загарантирани со член 3. Намерното несоодветно постапување врз лица кои се под контрола на државни службеници, не може да се ремедира исклучиво преку доделување на надомест на жртвата (види Bureš v. the Czech Republic, no. 37679/08, § 81, 18 октомври 2012). 75. Кога поединецот покренува кредибилно тврдење за несоодвтено постапување според член 3 од Конвенцијата, поимот ефикасен правен лек повлекува темелна и ефикасна истрага од страна на државата, способна да доведе до идентификација и казнување на одговорните (видете Selmouni v. France [GC], no. 25803/94, § 79, ECHR 1999-V). Истото важи и за наводите за несоодветно постапување во светло на психијатриско интервенирање каде врз апликантот е применето физичко ограничување (види Filip v. Romania (dec.), no. 41124/02, 8 December 2005, and Bureš, цитиран погоре, §§ 81 and 121, курзивот е додаден) “. 3. Мнозинството правилно заклучи дека кривичната истрага против директорката на ЗЗРББС и нејзините вработени била брза (види параграф 88 од пресудата) и темелна (параграф 89 in fine). Тоа исто така, забележа (во параграф 90) дека, истрагата во врска со старателот и болницата во Б. не дала резултати, но истовремено утврди - правилно - (во параграф 91) дека „фактот што осомничените за несоодвтетното постапување не биле обвинети (и казнети) не е доволен сам по себе за да се утврди повреда на член 3 од Конвенцијата, бидејќи процедуралната обврска од член 3 не е обврска Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 39 за крајниот резултат, туку за мерките кои државните органи ги примениле...“. Според моето мислење, фактот што истрагата во однос на старателот и болницата во Б. сè уште не резултирала со одлука да се прекине постапката или да се покрене обвинение, не е доволен за да се утврди повреда на член 3 во конкретниот случај. Се чини дека ова е гледиште на мнозинството, со оглед на тоа што тие се потпираат на две други основи - земени кумулативно - со цел да се утврди повреда на член 3 под неговиот процедурален аспект: (i) тесниот опсег на лицата кои биле под истрага и (ii) отсуство на „соодветна реакција“. 4. Што се однесува до првиот од двата основи за утврдување повреда на процедуралните обврски предвидени во член 3, мнозинството го наведе следното: „обвинителството утврди дека сместувањето на апликантот во ЗЗРББС било несоодветно; дека ЗЗРББС ги известил надлежните органи за неможноста да се грижат за апликантот; и дека, наводно, имало недостатоци во однос на медицинската дијагноза за апликантот направена од болницата во Б. Додека овие заклучоци беа донесени во светло на обвиненијата поднесени против вработените во ЗЗРББС, Судот не беше известен дали тие довеле до некаков ефективен обид да се провери дали системските пропусти биле резултат на дејствија од страна на претставниците на властите или кој било друг јавен службеник, за што тие би можеле да бидат одговорни (курзивот е додаден)“. Овој аргумент подразбира дека, за да се исполнат процедуралните обврски според член 3, обвинителството требало да провери дали недостатоците на системот биле резултат на дејствија од страна на претставниците на власта или кој било друг јавен службеник, за што би можеле да бидат одговорни. Очигледно е дека ако одговорот беше потврден, овие лица би требало да бидат обвинети. Овој дел од образложението се заснова врз основната имплицирана претпоставка дека државите имаат обврска да донесуваат и извршуваат законски одредби кои ги инкриминираат постапките и пропустите направени од страна на јавните службеници со што се предизвикуваат такви системски пропусти. Пристапот усвоен од мнозинството проблематичен од неколку причини. е 5. Најпрвин, во кривичен систем кој е заснован на презумпција на невиност, одлуката да не се води истрага или да се покрене обвинение не е онаа за која е потребно оправдување, туку одлуката да се води истрага или да се покрене обвинение. Обврската за испитување на дејствијата или пропустите на одредено лице произлегува само ако постојат веродостојни информации што сугерираат дека некое лице можеби сторило кривично дело. Со цел да се сугерира дека обвинителството требало да провери „дали системските пропусти произлегле од постапките на претставниците на властите или кој 40 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА било друг јавен службеник, за што може да бидат одговорни“, потребно е многу подетално да се објасни кои специфични фактички елементи го направиле неопходно ваквото тврдење и поточно да се идентификува групата засегнати лица. 6. Второ, судската пракса на Судот идентификува три типа на пропусти кои можат да доведат до повреда на член 2 или 3: институционална, индивидуална или мешовита (види Аrmani Da Silva v. the United Kingdom [GC], no. 5878/08, § 284, 30 март 2016). Институционалните пропусти се „повеќе пропусти на целокупниот систем отколку индивидуална грешка што подразбира кривична или дисциплинска одговорност“. Во конкретниот случај, Судот идентификуваше „системски пропуст“, кој одговара на институционалните пропусти наведени во претходната судска пракса и која досега не повлекла кривична или дисциплинска одговорност. Сепак, за мнозинството, обвинителството требало да провери „дали системските пропусти биле резултат на постапките на претставниците на властите или кој било друг јавен службеник, за што тие би можеле да бидат одговорни“. Со други зборови, системските пропусти можат да бидат резултат на индивидуални грешки за кои надлежните треба да бидат кривично одговорни. Содржината и обемот на имплицитно признатата обврска за инкриминирање на постапките и грешките на јавните службеници кои предизвикуваат системски пропусти, останува неодредена. Како и да е, per curiam мислењето во овој случај означува важна промена во воспоставениот пристап. Во овој контекст забележувам дека, во парламентарниот систем, крајната одговорност за системските пропусти лежи во Владата, со премиер и министер што е одговорен за одредена област. Оттука, образложението може да биде сфатено како сугестија да се донесе законодавство кое ќе инкриминира пропуст сторен од страна на членовите на Владата кога ќе пропуштат да преземат активности со цел да ги спречат или корегираат системските пропусти. 7. Трето, кривичното право секогаш треба да остане ultima ratio Rei Publicae. Проширувањето на обемот на кривичното законодавство бара силна оправданост и се чини дека не е најефективниот начин за превенирање системски пропусти во областа на заштита на човековите права. Општо гледано, развивањето на култура на казнување не се чини дека е ефективна мерка за подобрување на квалитетот на правниот систем. 8. Што се однесува до вториот основ за утврдување повреда на член 3 во однос на неговиот процедурален аспект, мнозинството го потврди следново: „ Според гледиштето на Судот, и покрај тоа што надлежните органи, како што тврделе, не биле соочени со наводи дека персоналот намерно постапувал несоодветно со апликантот, Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 41 сепак нивниот целокупен одговор при истрагата по наводите дека биле сторени сериозни повреди на човековите права како во конкретниот случај, не може да се смета за соодветен. Отсуството на соодветна реакција, како и отсуството на надомест на штета, во однос на спорните настани, не може да се смета за компатибилно со процедуралната обврска на државата од членот 3 од Конвенцијата(курзивот е додаден).“. Овој пасус имплицитно ја утврдува општата обврска во ситуации кога има пoвреда на членот 3, а тоа е целосно соодветен одговор или соодветна реакција. Користениот јазик („соодветен одговор“, „соодветна реакција“) јасно го надминува опсегот на кривичното право. Јасно е дека, во отсуство на обвинение, соодветниот одговор потребен според Конвенцијата би опфаќал некривични мерки. Затоа, пресудата утврдува нова обврска која не произлегува од постојната судска пракса. Содржината на обврската е нејасна и му дозволува на Судот многу широко судско дискреционо право. 9. Не е јасно како мнозинството се потпрело на двете основи за да утврди повреда на процедуралниот аспект на член 3, и како тие се поврзани една со друга. Тука, мора да се забележи дека тие може да се чинат контрадикторни до одреден степен, бидејќи едната бара поширока кривична реакција, додека другата сугерира дека некривичните мерки сепак може да се сметаат за генерално соодветни. Во секој случај, недостатокот на прецизност во образложението на Судот е секогаш штетен за целта на меѓународното владеење на правото. Толкувањето на членот 3 усвоено од мнозинството не е оправдано според важечките правила за толкување на договор, кодифицирани во Виенската конвенција за договорното право. Покрај тоа, постои ризик дека високо прецизниот стандард на „темелна и ефикасна истрага што може да доведе до идентификација и казнување на одговорните“, сега ќе биде разводнет во нејасен тест за „соодветност на реакцијата“. 10. Доколку Судот утврди постоење на системски или структурни пропусти, може да препорача или нареди одредени индивидуални или општи мерки да бидат преземени од домашните власти (досега адресирано како посебно прашање, обично под насловот „член 41“ за индивидуални мерки или „член 46“ за општи мерки). Во конкретниот случај, и покрај тоа што утврди постоење на системски пропуст, мнозинството одлучи да не предложи индивидуални или општи мерки. Наместо тоа, мнозинството претпочиташе да се ограничи на утврдување на повреда на процедуралниот аспект на членот 3, повикувајќи се на отсуство на мерки што би претставувале соодветна реакција во овој случај. Ова го поместува прашањето на преземање соодветни мерки, од доменот на соодветно обештетување во доменот на суштината на процедуралниот аспект на членот 3. Не сум сигурен 42 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА дека овој пристап ќе обезбеди поефикасна заштита на правата од Конвенцијата. II. Правичност на постапките во конкретниот случај 11. Во овој контекст, актуелниот случај покренува сериозно прашање на процедурална правичност. Според утврдената судска пракса на Судот (како што е сумирано во пресудата за случајот Alexe v. Romania, no. 66522/09, § 37, 3 мај 2016), “[l]e principe du contradictoire commande que les tribunaux ne se fondent pas dans leurs décisions sur des éléments de fait ou de droit qui n’ont pas été discutés durant la procédure et qui donnent au litige une tournure que même une partie diligente n’aurait pas été en mesure d’anticiper.”1 Во конкретниот случај, Судот, inter alia, во фазата на комуникација со страните, го постави следното прашање во врска со процедуралниот аспект на членот 3: „4. Имајќи го предвид процедуралниот аспект на членот 3 од Конвенцијата, дали истрагата извршена од страна на домашните власти во конкретниот случај ги исполни барањата на оваа одредба (види Labita v. Italy [GC], no. 26772/95, § 131, ECHR 2000-IV))? Владата е поканета да достави информации и релевантни документи за исходот од дисциплинската постапка, наводно, покрената против релевантниот персонал во ЦСР и ЗЗРББС“. Затоа на странките од страна на Судот им беше јасно посочено да се изјаснат за случајот врз основа на обврската за спроведување на ефикасна истрага, која е сумирана во случајот Labita v. Italy на следниот начин: “131. Судот заклучува дека, онаму каде лицето ќе покрене основано тврдење дека со него се постапувало спротивно на членот 3 од страна на полициски или други слични државни агенти, оваа одредба, читана заедно со општата должност на државата според членот 1 од Конвенцијата да „обезбеди на секој во нејзина надлежност права и слободи определени во ....Конвенцијата” имплицитно предвидува дека треба да има ефикасна истрага по службена должност. Исто како и за истрагата според членот 2, таквата истрага би требало да може да доведе до идентификација и казнување на одговорните (види, во врска со членот 2 од Конвенцијата, McCann and Others v. the United Kingdom пресуда од 27 септември 1995, Series A no. 324, p. 49, § 161; Kaya v. Turkey пресуда од 19 февруари 1998, Извештаи 1998-I, p. 324, § 86; и Yaşa v. Turkey пресуда од 2 септември 1998, Извештаи 1998-VI, p. 2438, § 98). Во спротивно, општата правна забрана за мачење и нечовечко и понижувачко постапување и казнување, и покрај нејзината фундаментална важност (види параграф 119 погоре), би била неефикасна во праксата и би довела до можност во определени случаи државните агенти/службеници да ги злоупотребуваат правата на оние кои се под 1 „Принципот на контрадикторност бара судовите да не ја базираат својата одлука на фактички и правни прашања кои не биле претресени во текот на постапката што ќе направи спорот да се развие на начин што дури и страната која постапувала со должно внимание не би можела да го предвиди (види Čepek v. the Czech Republic, no. 9815/10, § 48, 5 септември 2013).„ (неофицијален превод) Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 43 нивна контрола, без да бидат казнети (види ја пресудата Assenov and Others, цитирана погоре, стр. 3290, §102 ”).“ (курзивот е додаден) Забележувам дека овие принципи се совпаѓаат со принципите сумирани во M.S. v Croatia (no. 2), (no. 75450/12, §§ 74 and 75, 19 February 2015) и се повикани како начела што треба да се применат во конкретниот случај. Затоа, страните можеле легитимно да очекуваат дека Судот ќе донесе одлука за случајот врз основа на овие принципи и соодветно би ги подготвиле своите произнесувања. Сепак, како што е објаснето погоре, во последователниот дел од образложението мнозинството одлучи да примени понаков стандард. Овој различен стандард бара Судот да испита различни прашања и страните да обезбедат докази и да изнесат аргументи што ги надминуваат принципите изнесени во случаите на Labita v. Italy или M.S. v. Croatia (no. 2). Доколку странките знаеле дека ќе се примени овој различен стандард, тие веројатно ќе се произнесеа поинаку во случајот; особено, Владата ќе можеше да го адресира прашањето дали различните мерки преземени од националните власти како реакција на фактите на случајот биле генерално соодветни. Стандардите на правично судење кои Судот им ги наметнува на домашните судови, во случајот, не беа почитувани од самиот Суд. III. Застапување на малолетни лица пред Европскиот суд за човекови права 12. Тековниот случај исто така покренува друго процесно прашање. Апликантот е малолетник, и неговата апликација беше поднесена од невладина организација која што потоа го застапуваше апликантот во постапката пред Судот. Застапување на малолетни лица кои не се под старателство на нивните родители е важна работа што треба да биде регулирана со Деловникот на Судот. Сегашниот случај открива, уште еднаш, празнина во овој инструмент (споредете ја пресудата во случајот A and B v. Croatia, (no. 7144/15, 20 June 2019), и моето издвоено мислење е приложено кон неа). Во ситуација кога родителите не можат да го застапуваат своето дете, од клучно значење е да му се обезбеди на детето соодветно застапување во постапките пред Европскиот суд за човекови права. Лицето кое го застапува детето треба да ги идентификува и брани неговите најдобри интереси и внимателно да ја подготви стратегија за застапување соодветно. Се согласувам со ставот дека на трети лица, во исклучителни околности, може да им биде дозволено да покренат постапка пред Судот во име на лица кои не се во можност сами да иницираат постапка. Сепак, откако ќе започне постапката, застапувањето на 44 Л.Р. против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА малолетно лице од невладина организација во следните фази може да биде проблематично. Прво, случајот ги открива потенцијалните ризици од доделување на родителските права на институција (имено Центарот за социјална работа во Б.) наместо на одредено физичко лице. Се чини дека е пожелно старателството над малолетно лице да се остварува од физичко лице кое е лично одговорно за неговите постапки и пропусти. Второ, невладините организации имаат свои ставови, цели и интереси, кои не се нужно идентични со најдобрите интереси на малолетникот што го застапуваат. Тие се вклучени во бројни случаи и честопати се ангажирани во лобирање за промоција на нивните ставови, како и за интересите што решиле да ги бранат. Иако, тоа не се случај во конкретниот предмет, постои ризик случајот на малолетникот да биде инструментализиран заради остварување на општите цели на организацијата, на пример, за целите на стратешко застапување, што по својата природа е насочено кон општи прашања. Од овие причини, ако некоја невладина организација поднела апликација во име на малолетник, кој не е под старателство на неговите родители, а лицето определено од домашните институции за остварување на родителските права се наоѓа во ситуација на конфликт на интереси, се претпочита да се назначи физичко лице како curator ad litem да го застапува детето во текот на постапката пред Судот. Деловникот на Судот треба да се измени за да се пополни празнината и пожелно е да се предвиди назначување на curator ad litem во ситуации како што е конкретната. IV. Заклучок 13. Да резимираме: постапката предизвикува загриженост од гледна точка на процедуралната правичност; општите принципи практично применети во конкретниот случај се различни од општите принципи наведени како правна основа за пресудата; Судот одлучи да иновира и да утврди нејасна обврска, претставена како дел од процедуралните обврски на државата согласно член 3 од Конвенцијата. Се сомневам дали, според пристапот на мнозинството, меѓународното владеење на правото и човековите права конечно ќе бидат подобро заштитени.
Full & Egal Universal Law Academy