© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 188
Август-септември 2015 година
M. и М. (M. and M.) против Хрватска - 10161/13
Пресуда 3.9.2015 [Оддел I]
8
Член 8-1
Почитување на семејниот живот
Почитување на приватниот живот
Несослушување на дете во рамките на долготрајна постапка за старателство : повреда
Член 3
Ефективна истрага
Неотпочнување веднаш на истрага за наводите за семејно насилство врз малолетно лице: повреда
Факти - Во постапката по Конвенцијата, мајката (втората жалителка) и нејзината ќерка родена во 2001 година (првата жалителка) тврдат дека домашните власти не презеле чекори за да ја заштитат првата жалителка од физичкото и психичкото малтретирање на кои таа тврдела дека била подложена од страна на татко и. Таткото имал старателство над првата жалителка од 2007 година, кога тој и втората жалителка се развеле. Додека била под негово старателство, првата жалителка, наводно, била подложена на чести епизоди на вербални навреди и закани за физичко насилство од страна на таткото. Ова кулминирало со инцидент на 1 февруари 2011 година, кога тој, наводно, ја удрил по лицето и и го стегнал грлото, навредувајќи ја вербално. Следниот ден, жалителките го пријавиле случајот во полиција и информирале за претходните случаи на вербално и физичко злоставување. Била поведена кривична постапка против таткото, но таа се уште била во тек, во прв степен, во времето на разгледување на случајот од страна на Европскиот суд, односно, повеќе од четири и пол години по започнувањето.
Паралелно, втората жалителка поднела приватна тужба против таткото барајќи старателство над првата жалителка. Нејзиното барање за привремено старателство било одбиено во јуни, 2011 година, откако домашниот суд се произнел, потпирајќи се на мислењата на експертите за судска медицина и социјалните работници, дека првата жалителка не ризикувала да биде повторно подложена на малтретирање кај татко и. Главната постапка се уште била во тек на денот на пресудата на Европскиот суд. Првата жалителка, кој изразила силна желба да живее со својата мајка и почнала да има проблеми во однесувањето, вклучувајќи и самоповредување, продолжила да живее со нејзиниот татко против нејзината волја.
Правото
Член 3: Со оглед на младата возраст на жалителката, делата на семејно насилство што таа наводно ги трпела од страна на нејзиниот татко може да се сметаат како понижувачко постапување во рамките на значењето на членот 3. Жалителките го пријавиле случајот од 1 февруари 2011 година до полициските власти следниот ден и наведените повреди на првата жалителка биле потврдени со лекарско уверение. Судот смета дека овој доказ бил доволен за барањето на жалителките пред домашните органи да се смета за прифатливо и, следствено, да ја покрене, за државата, како процедуралната обврска да спроведе истрага за наводите на првата жалителка, така и позитивната обврска да ја штити неа од нови насилни дејства.
(а) Процедурални обврски - Што се однесува на позитивната обврска да се спроведе истрага, домашните власти одлучиле да го гонат само она што се чинело како најсериозното дело од серијата насилни дела насочени против првата жалителка, наместо да покренат обвиение против нејзиниот татко за едно или повеќе кривични дела кои би ги покриле сите наводи на лошо постапување, што ќе им овозможело на властите да се справат со ситуацијата во целост. Покрај тоа, кривичната постапка против таткото траела речиси четири и пол години во времето кога Судот ја донел својата пресуда, со значителни одолговлекувања од страна на домашните органи. Како резултат на тоа, истрагата не ги исполнила барањата за брзина и разумен рок својствени на поимот ефикасност.
Заклучок: Повреда (пет гласови наспроти два).
(б) Обврска за заштита - Жалителките понатаму се жалат дека, по инцидентот од 1 февруари 2011 година, домашните власти го оставиле таткото да биде старател на првата жалителка и со тоа ја прекршиле својата позитивна обврска да го спречат повторувањето на семејното насилство врз неа. Сепак, Судот утврдил дека во текот на периодот во прашање националните властите презеле разумни чекори за да го проценат и одмерат ризикот за можно понатамошно лошо постапување. Особено, состојбата на првата жалителка била внимателно следена од страна на социјалните органи преку мерки за заштита на децата, кои останале на сила во периодот меѓу септември 2011 и март 2014 година. Освен тоа, како препораката од центарот за социјални работи, така и заедничкото мислење на експертите од судска медицина, заклучиле дека првата жалителка не ризикувала да претрпи понатамошни злоставувања кај таткои и. Судската одлука во јуни 2011 година за одбивање на барањето на мајката за привремено старателство над нејзината ќерка се заосновало на препораките на центарот за социјална работа и другите докази, како и на фактот дека кривичната постапка против таткото се уште била во тек. Таа, така, била усвосена откако сите релевантни елементи биле внимателно испитани.
Заклучок: немало повреда (едногласно).
Со оглед на заклучоците во согласност со членот 3 во однос на првата жалителка, Судот понатаму олучил дека немало повреда на членот 8 во однос на втората жалителка и на обврската на државата да ја заштити нејзината ќерка од лошо постапување.
Член 8: Судот смета дека, со оглед на жалбените наводи на жалителките кои се однесувале на неземањето во предвид од страна на домашните власти на желбата на првата жалителка да живее со својата мајка и на несослушувањето на првата жалителка во постапката за доделување на стрателството, се покренуваат прашања во врска со нивното правото на почитување на приватниот и семејниот живот, прашања кои се разликуваат од оние кои се анализираат во контекст на членот 3, а со бараат одделно испитување.
Тоа што постапката за старателство досега траела повеќе од четири години и три месеци само по себе било доволно да се заклучи дека тужената држава не успеала да ги исполни своите позитивни обврски во согласност со членот 8 од Конвенцијата. Покрај тоа, во конкретниот случај се барало дури и поголемо внимание, бидејќи постапката се однесувало на трауматизирано дете кое, заради конфликтните односи на своите родители, претрпело голема морално страдање кое кулминирало со самоповредување.
Сепак, се чини дека домашните судови не ја согледале сериозноста и итноста на ситуацијата и дека долгото траење на постапката само ја влошило состојбата на жалителката. Судот е особено фрапиран од тоа дека, по четири години и три месеци, првата жалителка се уште не била сослушана во постапката и не и било дадена шанса да го искаже својот став во врска со родителот со кога сака да живее. Имајќи го во предвид член 12 од Конвенцијата за правата на детето, во која и да е судска или административна постапка која се однесува на правата на децата во согласност со членот 8 од Европската конвенција, не може да се смета дека дете способно самото да расудува било доволно вклучено во донесувањето одлука доколку немало можност да биде слушнато и, на тој начин, да ги искаже своите ставови. Тешко би можело да се тврди дека, со оглед на возраста и зрелоста на првата жалителка, таа не била способна да расудува и да ги изразува слободно своите ставови.
Во конкретниот случај, експертите за судска медицина најпрво утврдиле дека двајцата родители биле подеднакво (не) способни да се грижат за првата жалителка и, второ, дека таа сакала да живее со својата мајка. Со оглед на тоа дека двајцата родители живееле во истиот град, поништувањето на првичното старателсто немало да ја принуди да го промени училиштето ниту пак да биде искорната од својата вообичаена социјална средина. Според тоа, непочитувањето на желбите на првата жалителка во поглед на тоа со кој родител сакала да живее, во конкретните околности на случајот, го прекршило нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот. Покрај тоа, долготрајноста на постапката за старателство, исто така, ги прекршила правата на втората жалителка според членот 8 .
Заклучок: повреди (едногласно).
Член 41: 19 500 евра за првата жалителка и 2 500 евра за втората жалителка за нематеријална штета.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме од страна на Секретаријатот не обврзува Судот.
Кликнете овде за Информативните белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe ()). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy