© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ЧЕТВРТ ОДДЕЛ
СЛУЧАЈ M.A. против КИПАР
(Жалба бр. 41872/10)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
23 Јули 2013
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно условите утврдени во членот 44 став 2 од Конвенцијата. Таа може да биде предмет на редакциски измени.
Во случајот на M.A (M.A.). против Кипар,
Европскиот Суд за Човекови Права (Четврт Оддел), заседавајќи во Совет составен од:
Инета Зеиемеле (Ineta Ziemele), Претстедател,
Паиви Хирвела (Päivi Hirvelä),
Џорџ Николау (George Nicolaou),
Леди Бианку (Ledi Bianku),
Здравка Калајџиева (Zdravka Kalaydjieva),
Кристоф Војтичек (Krzysztof Wojtyczek),
Фарис Вехабовиќ (Faris Vehabović), судии,
и Фатос Арачи (Fatoş Araci), заменик секретар на оддел,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на 2 јули 2013 година,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот произлегува од жалбата (бр. 41872/10) против Република Кипар, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на сириски државјанин од курдско потекло, г-дин М.А. („Жалителот“), на 14 јуни 2010 година.
1. Жалителот, кому му беше доделена правна помош, беше застапуван од г-ѓа Н. Чараламбиду (N.Charalambidou), адвокат во Никозија. Кипарската влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот агент, г-дин П. Клеридес (P. Clerides), јавен обвинител на Република Кипар.
2. Жалителот тврдеше дека неговото протерњеување во Сирија претставува ризик тој да биде убиен, спротивно на членот 2 од Конвенцијата, или пак да биде подложен на третман спротивен на членот 3. Во овој поглед, тој исто така се жалeше на недостатокот на правен лек кој ги исполнува условите од членот 13 од Конвенцијата. Понатаму, жалителот се жалеше според член 5 ставови 1 (ѓ), 2 и 4 од Конвенцијата заради неговото апсење од страна на кипарските власти. Конечно, тој тврдеше дека неговото протерување би претставувало прекршување на членот 4 од Протоколот бр 4.
3. На 14 јуни 2010 година Претседателот на Првиот оддел одлучи да го примени член 39 од Деловникот на Судот, укажувајќи на тужената Влада дека жалителот не би требало да биде протеран во Сирија. На жалбата и бил даден приоритет на истиот датум (Член 41). На 21 септември 2010 година, Претседателот на Првиот оддел, по испитување на сите информации добиени од страните, одлучи да ја продолжи привремена мерка (видете став 58 подолу).
4. На 19 јануари, 2011 г. , жалбата е доставена до Владата. Исто така, беше одлучено дека во исто време ќе бидат испитани допуштеноста и основаноста на жалбата (Член 29 став 1).
5. Мерката назначена согласно членот 39 беше укината во текот на постапката пред Судот (видете ставови 59-60 подолу).
6. На 25 август 2011 година, Судот го измени составот на своите оддели (Член 25 став 1 од Деловникот на Судот) и оваа жалба беше доделена на новоформираниот Четврти оддел.
7. На 30 ноември 2012 година, претседателката на Одделот одлучи на сопствена иницијатива да му одобри анонимен статус на жалителот (Член 47 став 3 од Деловникот на Судот).
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ (...)
8. Жалителот, кој е од курдско потекло, е роден во 1969 година во северо-западна Сирија и живее во Никозија.
А. Барањето азил на жалителот и релевантните постапки
9. Жалителот ја напуштил Сирија на 21 мај 2005 година и, откако ја пропатувал Турција, а потоа „Турската Република Северен Кипар„ („ТРСК“), влегол во Кипар незаконски.
10. Тој побарал азил на 12 септември 2005 година и имал разговор со Службата за азил на 21 јуни 2006 година.
11. Неговото барање било одбиено од страна на Службата за азил на 21 јули 2006 година со образложение дека жалителот не ги исполнувал условите од Законот за бегалци од 2000-2005[1], имено, тој не покажал основан страв од прогон врз основа на расата, религијата, националноста, припадноста на одредена група или политичко мислење или основан страв да не му биде нанесена сериозна и неоправдана повреда од други причини. Службата за азил забележала дека имало неусогласености во неговото прикажување на фактите кои го поткопаале неговиот кредибилитет. Особено, имало значителни противречности во врска со неговото потекло. Исто така, било забележано дека жалителот не бил во можност да даде задоволителен и прецизен одговор на одредени прашања или да ја даде бараната информации на убедлив начин. Во заклучок, Службата за азил одлучила дека барањето за азил не било основано.
12. На 1 август 2006 жалителот поднел жалба при Контролниот орган за бегалци (во понатамошниот текст „Контролен орган“) против решението на службата за азил. Жалбата била одбиена на 1 февруари 2008 година.
13. Контролниот орган ја потврдил одлуката на Службата за азил. Во својата одлука, тој забележал дека барањето на жалителот не било веродостојно и биле нејасно и непоткрепено. Контролниот орган навел, inter alia, дека иако жалителот изјавил во разговорот со Службата за азил дека бил уапсен и притворен три дена од страна на сириските воено-безбедносни сили, тоа било во 1992 г., тринаесет години пред тој одлучи да ја напушти земјата. Со исклучок на овој инцидент, тој потврдил дека никогаш не биле малтретиран од страна на сириските власти и не бил прогонуван. Освен тоа, иако жалителот тврдел дека изјавил во својот разговор со Службата за азил дека тој бил подложен на електрична шок терапија и на „тркало терапија“, додека бил во притвор во Сирија, од записникот од тој разговор произлегувало дека тој всушност изјавил дека електричните кабли не функционирале и не спомнал дека користеле тркало за да го мачат. Службата за азил оттука не сметала дека е неопходно да го упати на лекарски преглед. Контролниот орган, исто така, забележал дека жалителот тврдел само дека ја напуштил Сирија поради зголемениот притисок врз курдското население во таа земја по настаните во Камишли (Qamishli) во 2004 година и заради неговиот страв дека ќе го уапсат во иднина, како и поради неговите политички активности, како член на партијата Јекити (Yekiti). Неговите наводи, сепак, биле општи и нејасни. Понатаму, неговото писмено барање за азил се засновало на други основи. Особено, во своеото барање жалителот изјавил дека дошол на Кипар во потрага по работа и подобри услови за живот.
14. Конечно, Контролниот орган истакнал дека жалителот бил во можност да добие пасош законски и да ја напушти Сирија. Што се однесува до барањата на жалителот во врска со неговата инволвираност во партијата Јекити во Сирија, тој посочил дека одговорите на жалителот на поставените прашања во врска со партијата биле премногу општи и нејасни.
15. Како заклучок, Контролниот орган сметал дека жалителот не докажал дека тој ризикувал да биде прогонуван и дека доколку се врател во Сирија животот ќе му бил во опасност или пак дека ќе бил затворен.
16. На 1 септември 2008 година, по барањето доставено од страна на Кипарско-курдското друштво за пријателство до Министерот за внатрешни работи на 22 јули 2008 година, предеметот на жалителот бил повторн отворено од страна на Службата за азил со цел да се испитаат новите информации предложени за разгледување од страна на жалителот, главно во врска со неговата активности како шеф на партијата Јекити во Кипар. Жалителот повторно бил повикан на разговор од страна на Службата за азил на 16 февруари 2009 година.
17. Според Владата, на 8 јуни 2010 година, службеник на Службата за азил искажал мислење дека информациите доставени од страна на жалителот не можеле да се сметаат како нов доказ кој би претставувал основ за ново барање. Владата доставила интерна нота за оваа цел.
18. Жалителот бил уапсен на 11 јуни 2010 година и против него биле издадени налог за протерување и притворање во ист ден (видете став 41 подолу).
...
Б. Апсењето и притворањето на жалителот со цел да биде протеран
19. На 17 мај 2010 година партијата Јекити и други Курди од Сирија организирале протест во Никозија, во близина на Канцеларијата на Европската комисија, Министерството за труд и социјално осигурување и Печатницата на владата. Тие протестирале против рестриктивната политика на кипарската Служба за азил за доделување на меѓународна заштита. Околу 150 Курди од Сирија, вклучувајќи го и жалителот, останале во зоната на деноноќен протест, и поставиле околу осумдесет шатори на тротоарот. Според Владата, условите на овие шатори биле нехигиенски и демонстрантите го попречувале патот и движењето на пешаците. Логорот станал опасност за јавното здравје и го попречувал јавниот ред. Демонстрантите ги извршувале своите секојдневни задолженија на тротоарот, вклучувајќи го готвењето и миењето во нехигиенски услови. Одводната канализација се преплавила, предизвикувајќа штета и непријатен мирис. Јавните тоалети биле валкани и корпите за отпадоци на владините згради биле користени и, како резултат на тоа, постојано биле преполни. Покрај тоа, демонстрантите незаконски земале електрична енергија од печатницата. Луѓето кои живееле или работеле во таа област се пожалиле на властите. Владата тврдела дека властите вложиле напори за да ги убедат демонстрантите да ја напуштат зоната, но безуспешно. Како резултат на тоа, властите решиле да преземат акција за да ги отстранат демонстрантите од областа.
20. На 28 мај 2010 г., биле дадени инструкции од страна на министерот за внатрешни работи да се продолжи со протерување на сириско-курдските баратели за азил на вообичаениот начин.
21. На 31 мај 2010 година, министерот побарал од шефот на полицијата, меѓу другите, да преземе акција со цел да се спроведат неговите инструкции. Понатаму, тој ги поддржал предлозите дадени од страна на надлежните органи да се издадат налози за протерување и притворање на сириско-курдските баратели за азил чие барање било одбиено и кои имале пасоши и немале Аџаниб (Ajanib) или Мактумин (Maktoumeen) статус и полицијата да ги извршува наредбите почнувајќи од оние издадени против предводниците на демонстрантите. Полицијата, исто така, била советувана да ги земе предвид дадените напаствија и да користи дискретни методи на апсење.
22. Според Владата, биле испратени писма од страна на Одделот за матични книги и миграции на одреден број сириско-курдски одбиени баратели за азил, информирајќи ги дека треба да преземат мерки за да го напуштат Кипар со оглед на тоа што нивните барања за азил биле одбиени. Владата доставила копии од триесет такви писма. Во тринаесет случаи, писмата датирале од 1 јуни 2010 (во некои од нив, одлуките за азил биле донесени уште во 2007 година) и во еден случај од 9 јуни, 2010 г. (постапката за одлука за азил била завршена на крајот на 2009 година). Две други писма датирале од 16 јуни 2010 г. (постапките за азил биле завршени во почетокот на 2008 година) и од 28 јуни 2010 г. (постапките за азил биле комплетирани во март 2010 година). Понатаму, едно писмо датираше од 5 февруари 2011 година во еден случај кога постапката за азил била завршена на 22 април 2010 година и лицето во прашање доброволно се согласило и се вратило во Сирија на 24 септември 2010 година.
23. Од документите доставени од страна на Владата се чини дека од 31 мај до 7 јуни 2010 година, властите ја држеле областа под надзор и воделе евиденција за дневните активности на демонстрантите и на сите нивни доаѓања и заминувања. Во соодветната евиденција е констатирано дека секогаш, меѓу 1 часот и 30 минути и 5 часот и 30 минути наутро, се било, генерално, тивко, и сите спиеле со исклучок на оние кои чувале стража. Во текот на горенаведениот период била организирана голема операција од страна на Полициска единица за итни интервенции, „ЕИИ“ („ΜΜΑΔ“), и голем број на други органи, вклучувајќи ја и Полициската единица за странци и имиграција, за отстранување на демонстрантите и нивен трансфер во седиштето на ЕИИ со цел утврдување на нивниот статус од случај до случај.
24. Во меѓувреме, меѓу 28 мај 2010 година и 2 јуни 2010 година, по направените соодветни проверки, биле издадени налози за притворање и протерување на четириесет и пет одбиени баратели за азил. Биле испратени писма од страна на Окружниот огранок за странци и имиграција на полицијата од Никозија до директорот на Службата за странци и имиграција и до Министерството за правда и јавен ред, кои содржеле кратки информации за имиграцискиот статус на секое лице. Овие информации го вклучувале датумот на одбивање на барањето за азил или на затворањето на досијето за азил од страна на Службата за азил, датумот на одбивање на жалбата од страна на Контролниот орган, во случаите кога имало поднесено жалба, и датумот на кој некои од овие засегнати лица биле вклучени на „стоп листа“ на властите (регистар на лица чиј влез и излез од Кипар е забранет или предмет на мониторинг). Писмата препорачувале да се издаде налог за протерување и притворање. Владата доставила копии на две такви писма со информации во врска со тринаесет лица.
25. На 2 јуни 2010 г., биле, исто така, подготвени писма на англиски јазик од страна на Одделот за матични книги и миграција за да се информираат засегнатите лица за одлуката тие да бидат приведени и протерани. Владата тврдела дека, во тоа време, властите не знаеле дали тие поединци биле меѓу демонстрантите.
26. Операцијата за отстранување била извршена на 11 јуни 2010 година, меѓу приближно три и четири часот наутро, со учество на околу 250 полициски службеници од Полициската единица за странци и имиграција, од ЕИИ, Окружното полициско одделение на Никозија, Одделението за сообраќај, Противпожарната служба и Канцеларијата за борба против дискриминацијата на Главниот штаб на кипарската полиција. Демонстрантите, вклучувајќи го и жалителот, биле одведени до автобуси, навидум без каква и да е реакција или отпор од нивна страна. Во 3 часот и 22 минути наутро минибусите што ги превезувале машките демонстранти го напуштиле местото. Жените, децата и бебињата следеле во 3 часот и 35 минути наутро. Вкупно 149 лица се наоѓале на местото на протестот и биле префрлени до седиштето на ЕИИ: осумдесет и седум мажи, дваесет и две жени и четириесет деца. По пристигнувањето, била извршена регистрација и статусот на секое лице бил проверен со помош на компјутери кои биле специјално инсталирани денот пред тоа. Владата тврдела дека во текот на овој период демонстрантите не биле врзани со лисици или пак ставени во ќелии туку дека тие биле ставени заедно во соби и им биле дадени храна и пијалок. Се чини од документите поднесени од страна на Владата дека до 6 часот и 40 минути наутро, идентификација на околу половината од групата била завршена и дека целата операција била завршена до 16 часот и 30 минути
27. Било утврдено дека седумдесет и шест од возрасните, заедно со нивните триесет деца, биле во Републиката незаконски. Нивните барања за азил биле или одбиени или нивните досијеа биле затворени заради нивно недоаѓање на закажаниот разговор. На оние кои се жалеле до Контролниот орган, жалбите им биле одбиени. Некои конечни одлуки датирале од 2006 година. Голем број на луѓе, исто така, биле вклучени во „стоп листата“ на властите. Наредбите за протерување веќе биле издадени за дваесет и три од нив (видете став 34 погоре).
...
II. РЕЛЕВАНТНОТО НАЦИОНАЛНО ПРАВО И СУДСКАТА ПРАКСА
...
Д. Релевантните уставни одредби
28. Делот II од Уставот содржи одредби за заштитата на основните човекови права и слободи. Член 11 го заштитува правото на слобода и безбедност. Тој гласи, во делот кој е релевантен:
Член 11
„1. Секој човек има право на слобода и безбедност.
2. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во следните случаи кога и како што е предвидено со закон:
...
(ѓ) лишување од слобода или притвор на лице, со цел да се спречи негово илегално влегување во Републиката или странец против кој се води постапка за негово протерување или екстрадикција.
3. Освен кога и како што е предвидено со закон во случај на флагрантно кривично дело казниво со смрт или затвор, ниту едно лице не треба да бидат уапсено без основан судски налог издаден во согласност со формалностите пропишани со закон.
4. Секое уапсено лице ќе биде известено во времето на неговото апсење, на јазикот што го разбира, за причините за неговото апсење и ќе му биде дозволено да ги користи услугите на адвокат по свој избор.
..
7. Секое лице кое е лишено од слобода со апсење или притворање има право да поведе постапка, со која за законитоста на неговото притворање ќе се одлучи во најкус можен од страна на суд, и ќе биде наредено негово ослободување, доколку притворањето не е законско.
8. Секое лице кое било жртва на апсење или притворање спротивно на одредбите на овој член, има право на надомест на штета “.
Ѓ. Други релевантни домашни закони
1. Законот за полиција
29. Член 24 (2) од Законот за полиција 2004 (Закон бр. 73 (I) / 2004) се однесува на општите овластувања и должности на членовите на полицијата. Тој гласи:
„Должност е на секој припадник на полицијата спремно да ги почитува и извршува сите наредби и налози кои законски му се издадени од страна на надлежен орган, да собира и пренесува информации што влијаат на јавниот ред и безбедноста на Република Кипар, да спречи извршување на незаконски дела и повреди на јавниот ред, да ги открие и да ги изведе престапниците пред лицето на правдата и да ги уапси сите лица што тој е законски овластен да ги уапси, за апсењето на кои постои задоволителен основ.“
30. Членот 29 (1) (в) и (г) од Законот за полиција се однесува на должноста на полицијата за одржување на редот на јавните патишта. Тој гласи:
„(1) Должност е на секој припадник на полицијата:
...
(в) да го одржува редот на јавните патишта, улици, премини, на аеродромите и местата на истоварање и во други јавни места за рекреирање или места до кои јавноста има пристап и
(г) да го регулира движењето и одржувањето на редот во случаи на закрчување на јавните патишта и улици или на други јавни места за рекреирање или места до кои јавноста има пристап.“
2. Законот за јавни патишта и за спречување на загадувањето на јавните патишта и места
31. Членот 3 од Законот за јавни патишта (Поглавие 83 како што е изменето) предвидува, меѓу другото, дека претставува кривично дело казниво со казна затвор да се остави какво и да е ѓубре или која и да е друга материја или нешто на кој и да е јавен пат, или да се дозволи каква и да е нечистотија, отпад, одбивна материја или нешто да тече или да падне на патот или врз него, или намерно го попречи слободното минување на патот (член 3).
32. Членот 3 (1) од Законот за спречување на загадувањето на јавните патишта и места од 1992 година (Закон бр. 19 (I) / 92 како што е изменет) предвидува дека е кривично дело казниво со казна затвор да се стави, фрли, остави или толерира или, пак, дозволи фрлање или оставање на каков и да е отпад, нечистотија итн., на јавен пат или на друго јавно место или да се направи кое и да е од горенаведеното на јавен пат или на друго јавно место.
3.Законот за правата на лицата кои се уапсени и притворени
33. Законот за правата на лицата кои се уапсени и притворени (Закон бр. 163 (I) / 2005) воведе голем број на одредби со кои се уредуваат правата и третманот на притворените лица. Тој го предвидува, меѓу другото, правото на лицето кое е уапсено од страна на полицијата на личен телефонски повик на адвокат по слободен избор веднаш по апсењето (член 3 (1) (а)).
...
ПРАВОТО
...
IV. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 5 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
34.. Жалителот понатаму се жалел дека неговото приведување било незаконско и оттука спротивно на членот 5 став 1 (ѓ) од Конвенцијата, кој, во делот кој е релевантен, гласи:
Секој има право на слобода и сигурност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во законска постапка, во долунаведените случаи:
...
(ѓ) законско лишување од слобода или притвор на лице, со цел да се спречи негово илегално влегување во земјата или против кое се води постапка за негово протерување или екстрадикција.“
1. Поднесоците на страните
1. Жалителот
35. Жалителот навел дека неговото притвораење ... било произволно и спротивно на членот 5 став 1 (ѓ) од Конвенцијата. Пред се, тој бил приведен ... без налог иако не бил приведен за извршување флагрантно кривично дело. Иако властите тврделе дека демонстрантите, вклучувајќи го и жалителот, извршиле голем број на незаконски дела согласно, на пример, Законот за јавни патишта, тие не ги уапсиле на таква основа. Понатаму, властите не ги знаеле во тоа време на имињата и детаљите на демонстрантите и оттука не можеле да знаат дали истите престојувале во Кипар незаконски. Како резултат на тоа, се додека не бил издаден налог за протерување и притворање против него, неговото апсење и притворање не било во согласност со процедуралните барања на домашното право и членот 11 (3) од Уставот (видете став 88 погоре). Подносителот на барањето навел во овој поглед дека во светлината на забелешките на Владата не било воопшто јасно врз основа на што тој, всушност, бил уапсен и притворен во текот на овој период.
...
б) Владата
36. Владата тврдела дека била создадена неприфатлива ситуација од страна на демонстрантите на една од најпрометните улици во Никозија, на која се наоѓале канцеларии и јавни згради. Тоа претставувало ризик за јавното здравје како и за здравјето на самите демонстранти, го попречувало слободниот ток на сообраќајот и на пешаците, го реметело јавниот ред и создало ризик од ширење на болести на луѓето кои работеле и живееле во областа и кои се пожалиле на властите. Демонстрантите одбиле да соработуваат со властите и напорите истите да се убедат да го напуштат местото не вродиле со плод.
37. Постоеле две опции за властите: или да ги уапсат демонстрантите за голем број на флагрантно кривични дела извршени на местото на протест кои биле казниви со затвор, на пример, согласно Законот за јавни патишта (Поглавие 83, како што е изменет) и Законот за спречување на загадувањето на јавните патишта и места закон (Закон 19 (I) / 92, како што е изменет) (видете точка 91-92 погоре), или да преземат мерки за мирно отстранување на демонстрантите. Тие се одлучиле за втората опција со цел да се избегне ризикот од насилна реакција или судири и да се овозможи внимателно разгледување на имиграциониот статус на секој демонстрант. Било невозможно полицијата да направи проверка на самото место. При донесувањето одлука, полицијата, исто така, земала предвид дека имало жени и деца меѓу демонстрантите.
38. Владата истакна дека на 11 јуни 2010 година, полицијата, при отстранување на демонстрантите, вклучувајќи го и жалителот, постапила согласно нејзините должности во рамките на Законот за полиција (Закон бр. 73 (I) / 2004 како што е изменет) со цел, меѓу другото, да се спречи извршувањето на кривични дела и на нарушувањето на јавниот ред, да се одржи редот на јавните патишта, улици, премини и местата до кои јавноста има пристап и да се регулира одржувањето на редот во случај на закрчување на јавните патишта и улици и други места до кои јавноста има пристап (членови 24 (2) и 29 (1) (в) и (г) од Законот, видете ставови 89-90 погоре). Целта на полицијата била да ги отстрани демонстрантите мирно и да ги пренесе до седиштето на ЕИИ со цел да ги испраша за да ги утврди нивните имиња и статус и, особено, да ги идентификува оние чии барања за азил биле одбиени и кои незаконски престојувале во Републиката. Владата сметала дека било сосема легитимно, во текот на операцијата за отстранување на демонстрантите од улица, исто така да се обидат да ги идентификуваат евентуалните Курди од Сирија кои престојувале во Републиката незаконски откако нивните барања за азил биле одбиени.
39. Владата нагласила во овој поглед дека ниту жалителот ниту пак другите демонстранти не биле лишени од слобода кога тие биле отстранети од улицата и однесени во седиштето на ЕИИ заедно со другите демонстранти. Ниту, пак, тие биле лишени од слобода во седиштето за време на испитувањето на нивните документи за целите на утврдување на нивните имиграциски статуси. Властите ги префрлиле демонстрантите, вклучувајќи го и жалителот, во седиштето на ЕИИ со цел да ги идентификува, а не да ги уапси и да ги притвори (повикувајќи се на X. v Germany, бр. 8819/79, Одлука на Комисијата од 19 март 1981, Decisions and Reports (DR). 24, стр. 158). Тие не биле чувани во ќелии, не им биле ставени лисици и им била дадена храна и пијалок. Оние кои биле идентификувани како престојувајќи законски во Републиката си отишле дома. Останатите биле уапсени. Притворот на жалителот започнал откако тој бил обвинет за флагрантното кривично дело на незаконски престој во Републиката и бил уапсени по овој основ.
...
Б. Оценката на Судот
...
1. Трансферот и престојот на барателот во седиштето ПЕИИ на 11 јуни 2010 г.
(а). Допуштеност
40.Судот забележува дека партиите не се согласуваат за тоа дали ситуацијата на жалителот во текот на овој период преставувала или не лишување од слобода. Владата ги оспорува тврдењата на жалителот и, оттаму, применливоста на членот 5 став 1 од Конвенцијата на овој период.
41. Членот 5 став 1, што го прокламира „правото на слобода“, се однесува на физичката слобода на едно лице. Неговата цел е да осигура дека никому не ќе му биде одземен слободата на произволен начин. При одредувањето дали некој бил „лишен од слобода“ во рамките на значењето на членот 5 став 1, појдовната точка мора да биде неговата конкретна ситуација и мора да се води сметка за цела низа на критериуми како што се видот, времетраењето, ефектите и начинот на спроведување на мерката во прашање. Разликата помеѓу лишување од и ограничување на слобода е само разлика на степен на интензитет, а не разлика на природа или суштина (видете, меѓу многу други, Austin and Others v. the United Kingdom [GC], бр. 39692/09, 40713/09 и 41008/09, § 57, 15 март 2012; Stanev , наведен погоре, § 115, 17 јануари 2012; . France [GC], бр. 3394/03, § 73, ECHR 2010; и Guzzardi v. Italy, 6 ноември 1980, §§ 92-93). Јасно е дека прашањето дали имало лишување од слобода се заснова во голема мера на специфичите факти на случајот (видете, на пример, Austin,§ 61, цитиран погоре).
42. При одредувањето дали имало или немало повреда на правата од Конвенцијата честопати е потребно да се погледне подалеку од изгледот на работите и од јазикот кој се користи и да се концентрира на реалноста на ситуацијата (на пример, во врска со членот 5 став 1, видете, Creangă v. Romania [GC], no. 29226/03, § 91, 23 февруари 2012 и Van Droogenbroeck v. Belgium, 24 јуни 1982, § 38, Серија A бр. 50). Карактеризирањето или отсуството на карактеризирање на фактичката состојба од страна на државата не може значајно да влијае на заклучокот на Судот во однос на постоењето на лишување од слобода.
43. Судот забележува дека во случаи што Комисијата ги разгледувала, целта на присуството на поединци во полициски станици, или фактот дека засегнатите страни не побарале да им биде дозволено да си заминат, се сметале за одлучувачки фактори. Оттука, не било утврдено дека, децата, кои поминале два часа во полициска станица со цел да бидат испрашани без да бидат затворени, биле лишени од слобода (видете X. v. Germany, бр. 8819/79, цитиран погоре), ниту пак тоа бил жалител кој бил однесен во полициска станица заради хуманитарни причини, но кој бил слободен да си замине од просториите и не побарал да ги напушти (видете Guenat v. Switzerland (dec.), бр. 24722/94, Одлука на Комисијата од 10 април 1995). Исто така, Комисијата му придава одлучувачко значење на фактот дека еден жалител никогаш не намеравал да ја напушти судницата каде што учествувал на расправа (видете E.G. v. Austria, бр. . 22715/93, Одлука на Комисијата од 15 мај 1996 година).
44. Судската пракса оттогаш еволуирала, со оглед на тоа дека целта на преземените мерки од страна на властите што ги лишиле жалителите од нивната слобода не се чинат веќе одлучувачки за оценката на Судот за тоа дали имало всушност лишување од слобода. До денес, Судот го земал ова во предвид само во подоцнежната фаза на неговата анализа, при разгледувањето на компатибилноста на мерката со членот 5 став 1 од Конвенцијата (видете Creangă, § 93, цитиран погоре; Osypenko v. Ukraine, бр. 4634/04, §§ 51-65, 9 ноември 2010; Salayev v. Azerbaijan, бр. 40900/05, §§ 41-42, 9 ноември 2010; Iliya Stefanov v. Bulgaria, бр. 65755/01, § 71, 22 мај 2008; и Soare and Others v. Romania, бр. 24329/02, § 234, 22 февруари 2011).
45. Понатаму, Судот се повикува на својата воспоставена судска пракса за тоа дека членот 5 став 1, исто така, може да се примени на лишувања од слобода со многу кус рок (видете, меѓу многу други, Brega and Others v. Moldova, no. 61485/08, § 43, 24 јануари 2012; Shimovolos v. Russia, бр. 30194/09, §§ 48-50, 21 јуни 2011; Iskandarov v. Russia, бр. 17185/05, § 140, 23 септември 2010; Rantsev v. Cyprus and Russia, .бр 25965/04, § 317, ECHR 2010 (извадоци); и Foka v. Turkey, бр. 28940/95, § 75, 24 јуни 2008).
46. Осврнувајќи се на фактите на конкретниот случај, Судот забележува дека според достапните информации, операција со големи размери била извршена на 11 јуни 2010 г. во 3 часот наутро, вклучувајќи околу 250 полицајци, со цел да се отстранат демонстрантите од местото на протестите (видете став 36 погоре). Жалителот и уште 148 демонстранти беа натоварени во автобуси и одведени во седиштето ЕИИ каде што останале неколку часа чекајќи да бидат идентификувани и да биде утврден нивните имиграциски статус.
47. Судот напрво забележува во овој поглед дека за разлика од исклучителните околности разгледани од Судот во случајот Остин (цитиран погоре, ставови 66 и 68), не постои доказ во конкретниот случај дека полицијата била соочена, на местото на протестот, со критична или опасна ситуација која предизвикала вистински и непосреден ризик од насилни немири или сериозни повреди на лица или имот.
48.Второ, иако се чини дека немало отпор од страна на демонстрантите, не може да се рече дека тие имале, во дадените околности, вистински избор и дека се качиле во автобусите и останале во полициската станица доброволно. Судот забележува, во овој поглед, дека операцијата била извршена во 3 часот наутро, во време кога поголемиот дел од демонстрантите спиеле (видете став 36 погоре). Имајќи ја во предвид природата, обемот и целта на операцијата, начинот на кој таа била изршена и целокупноста на преземените мерки од страна на властите, би било нереалистичко да се претпостави дека демонстрантите биле слободни да одбијат да се качат во автобусите или да ја напуштат полициската станица. Ниту пак Владата укажала дека тие биле слободни тоа да го сторат. Јасно е дека целта на операцијата била, исто така, да се идентификуваат демонстрантите кои престојувале во земјата незаконски, со цел да бидат протерани. Само оние за кои било утврдено дека законски престојувале во Кипар биле во можност да ја напуштат станицата. Имало несомнено елемент на принуда, кој, според Судот укажува на лишување од слобода во рамките на значењето на членот 5 став 1. Фактот дека никој не бил врзан со лисици, затворен во ќелии или на друг начин физички ограничен за време на периодот за кој станува збор, не претставува одлучувачки фактор во утврдувањето на постоење на лишување од слобода (видете IIV. Bulgaria, бр. 44082/98, § 87, 9 јуни 2005, и Osypenko, цитиран погоре, § 32).
49. Судот, исто така, се повикува, во овој поглед, на упатствата што ги добила полицијата да користи „дискретни методи на апсење“ (видете став 31 погоре).
50. Во овие околности Судот смета дека трансферот и престојот на жалителот во седиштето ЕИИ во текот на овој период соодветствувало де факто на лишување од слобода во рамките на значењето на членот 5 став 1 и дека оваа одредба е применлива на неговиот случај ratione materiae.
51. Судот понатаму забележува дека оваа жалба не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 став 3 (а) од Конвенцијата. Тој понатаму забележува дека таа не е недопуштена по било која друга основа. Поради тоа таа мора да биде прогласена за допуштена.
(б) Основаноста
52. Судот сега мора да утврди дали притвoрањето на жалителот било во согласност со членот 5 став 1. Судот повторува дека со цел да се усогласи со оваа одредба, притворањето во прашање мора, пред сè, да биде „законскo“. Ова мора да вклучува почитување на постапката пропишана со закон. Во овој поглед, Конвенцијата упатува пред се на националниот закон и ја утврдува обврската за усогласување со неговите суштински и процедурални правила (видете Benham v. the United Kingdom, 10 јуни 1996, § 40, Reports 1996‑III). Сепак, „законитоста“ на притворањето според домашното право не е секогаш одлучувачкиот елемент. Судот мора, исто така, да биде убеден дека притворот во текот на периодот кој се разгледува бил компатибилен со целта на членот 5 став 1 од Конвенцијата, која е да се спречи лицата да бидат лишени од слобода на произволен мачин.
53. Судот мора, згора на тоа, да утврди дали домашните закони се во согласност со Конвенцијата, вклучувајќи ги и општите начела што се изразени или подразбирани. Во однос на последнава точка, Судот нагласува дека, кога се работи за лишување од слобода, особено е важно општиот принцип на правна сигурност да биде задоволен. Затоа е клучно условите за лишување од слобода во домашното право да бидат јасно дефинирани и самиот закон да биде јасно предвиден во однос на неговата примена (видата Zervudacki v. France, бр. 73.947 / 01, § 43 иBaranowski v. Poland[2], §§ 50‑52, ...)
54. Во овој случај, Владата тврдел дека жалителот, заедно со другите демонстранти, не бил лишен од слобода во текот на овој период (видете став 180 погоре). Се чини дека поради оваа причина, иако дале објаснување за дејствијата на властите, тие не се повикале на некоја посебна одредба како правна основа за лишувањето од слобода.
55. Токму во однос на ова, Владата навела дека властите се одлучиле за мирно отстранување на демонстрантите и дека полицијата ги вршела своите должности според Законот за полиција со цел, меѓу другото, да се спречи извршувањето на одредени кривични дела и реметењето на јавниот ред, како и да се одржи редот на јавните патишта и места (видете ставови 89-90 погоре). Посебните одредби на кои се повикала Владата се однесуваат на овластувањата и должностите на полициските службеници да ги уапсат луѓето што се законски овластени да ги уапсат и нивна должност е да го зачуваат редот на јавните патишта и да го регулираат движењето, но не било наведено дека кое и да е од овие овластувања било всушност искористено за да се изврши апсењето на жалителот и на други демонстранти.
56. Истовремено, Владата тврдела дека операцијата, исто така, имала за цел да ги идентификува демонстрантите и да го утврди нивниот правен статус. Властите се сомневале дека голем број од демонстрантите биле одбиени баратели за азил и, според тоа, „незаконски имигранти", но сметале дека било невозможно да се спроведе ефикасна истрага на самото место без да се предизвика насилна реакција. Како резултат на тоа, сите демонстранти биле однесени во седиштето ЕИИ со цел тие да се идентификуваат и да се утврди дали биле незаконски имигранти. Владата, сепак, не признала дека имало лишување од слобода по овој основ.
57. Судот е свесен за тешката ситуација во која се нашле кипарските власти во и за тоа дека морало да се донесе оперативна одлука. Ова, сепак, не може да го оправда усвојувањето на мерки кои доведуваат до лишување од слобода без никаква јасна правна основа.
58. Следува дека лишувањето на жалителот од слобода во текот на овој период било спротивно на членот 5 став 1 од Конвенцијата. Оттука, имало повреда на оваа одредба.
...
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО,
1. Ја прогласува жалбата што се однесува на Член 5 став ... 1 ... од Конвенцијата ... за допуштена ...
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 23 јули 2013 година, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Фато Арачи Инета Зиемеле
Заменик секретарПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
[1]
Законот за бегалци (Закон бр. 6 (I) / 2000 како што е изменет до 2005 година); видете став 74 подолу.
[2] Забелешка на уредникот: Baranowski v. Poland, бр. 28358/95, § 68, ECHR 2000‑III
Full & Egal Universal Law Academy