© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 165
Јули 2013 г.
Мактауф и Дамјановиќ против Босна и Херцеговина [ГСС] - 2312/08 и 34179/08
Пресуда 18.7.2013 [ГСС]
Член 7
Член 7-1
Построга казна
Ретроспективна примена на кривичниот закон кој наметнува построги казни за воени злосторства отколку законот кој бил на сила кога биле извршени делата: повреда.
Факти – Обајцата жалители биле осудени од страна на Судот во Босна и Херцеговина („Државниот суд“) за воени злосторства извршени против цивилното население за време на војната во 1992-1995. Судските совети за воени злосторства биле формирани во рамките на Државниот суд на почетокот на 2005 г. како дел од завршната стратегија на Меѓународниот суд за воени злосторства за поранешна Југославија. Државниот суд којшто се состоел од меѓународни и национални судии можел да одлучи да ги преземе случаите на воени злосторства заради нивната чувствителност и сложеност и можел да ги префрли помалку чувствителните и сложени случаи на надлежните судови на двата ентитети на Босна и Херцеговина (судовите на ентитетите“).
Првиот жалител (г-динот Мактауф) бил осуден од Државниот суд во јули 2005 г. за помагање во земање на двајца цивили како заложници што претставувало воено злосторство и добил казна затвор од пет години согласно Кривичниот закон на Босна и Херцеговина („Кривичниот закон од 2003“). Во април 2006 г. апелациониот судски совет на судот ја потврдил осудителната пресуда и казна после нова судската расправа со учество на двајца меѓународни судии. Вториот жалител (г-дин Дамјановиќ), кој имал важна улога во тепањето на заробените Бошњаци во Сараево во 1992 г., бил осуден во јуни 2007 г. за мачење како воено злосторство и казнет со казна затвор од единаесет години согласно Кривичниот закон од 2003 г.
Во своите жалби до Европскиот суд двајцата мажи меѓу другото се жалеле дека Државниот суд ретроактивно го применил за нив построгиот кривичен закон, Кривичниот закон од 2003 г. наместо тој што се применувал кога делата биле извршени, имено Кривичниот закон од 1976 на Социјалистичка Федеративна Република Југославија („Кривичниот закон од 1976“) и последователно добиле построги казни.
Право – Член 7: Судот повторил дека не е негова задача да расправа in abstracto дали ретроактивната примена на Кривичниот закон од 2003 г. во случаите на воени злосторства е per se некомпатибилно со членот 7. Прашањето мора да се процени за секој случај поединечно, земајќи ги во предвид конкретните околности на секој случај и во тој контекст дали домашните судови го примениле законот чии одредби најмногу му оделе во прилог на засегнатиот обвинет.
Дефиницијата за воени злосторства била иста и во двата Кривични закони од 1976 и 2003 година, а жалителите не оспориле дека нивните дела претставувале кривични дела дефинирани со доволна достапност и предвидливост во времето кога биле извршени. Оттука она што било во прашање не била законитоста на осудителните пресуди туку различната рамка за казнување што се применувала за воените злосторства согласно двата закони.
Државниот суд го казнил првиот жалител со казна затвор од пет години; најниската можна казна за помагање на воени злосторства согласно Законот од 2003 г., додека согласно Законот од 1976 г. неговата казна можела да биде намалена на една година. Исто така вториот жалител бил казнет на казна затвор од единаесет години, нешто над минимумот од десет години кој важел за неговиот случај согласно Законот од 2003 г. Меѓутоа, согласно Законот од 1976 ќе било можно да се изрече казна од само пет години.
Со оглед дека жалителите добиле казна од долниот дел од скалата на казни, од особена релевантност бил фактот дека Законот од 1976 г. бил поблаг во однос на минималната казна. Во овој контекст фактот дека Законот од 2003 г. можел да биде поблаг во однос на максималната казна бил нематеријален со оглед дека е јасно дека кривичните дела за кои жалителите биле осудени не припаѓале на категоријата за која се применувала максималната казна. Исто така, иако Судот прифатил дека казните на жалителите биле во рамките на опсегот и на Кривичниот закон од 1976 г. и Кривичниот закон од 2003 г., сепак не може да се каже со некаква сигурност дека некој од жалителите можел да добие пониска казна доколку се применел Законот од 1976 г., па клучната поента е дека жалителите можеле да добијат пониска казна доколку бил применет. Соодветно на тоа со оглед дека постоела вистинска можност дека ретроактивната примена на Законот од 2003 г. била на штета на жалителите во однос на одредувањето на казни, не можело да се каже дека ним им била обезбедена ефективна заштита од изрекување на построги казни.
Судот исто така не бил во можност да се согласи со аргументот на Владата дека доколку делото било кривично согласно „општите начела на законот признати од цивилизираните народи“ (членот 7 § 2 од Конвенцијата) во времето кога било извршено, тогаш правилото на ретроактивност на кривичните дела и казните не се применувало. Аргументот не бил доследен со намерата на креаторите на Конвенцијата дека членот 7 § 1 содржел општо правило за неретроактивност и дека членот 7 § 2 бил само контекстуално појаснување, вклучено за да нема сомнеж во валидноста на обвиненијата за злосторства извршени за време на војната, после Втората светска војна. Оттука било јасно дека креаторите на Конвенцијата немале намера да дозволат никаков општ исклучок на правилото на неретроактивност.
Што се однесува до аргументот на Владата дека обврската согласно меѓународното хуманитарно право за адекватно казнување на воените злосторства барала правилото на неретроактивност да се занемари во случаите на жалителите, Судот забележа дека правилото исто така се јавило и во Женевските конвенции и нивните дополнителни протоколи. Исто така, со оглед дека казните на жалителите биле во рамките на опсегот на двата Кривични закони од 1976 и 2003 година, аргументот на Владата дека жалителите не можеле да бидат адекватно казнети согласно претходниот Законик било јасно неоснован.
Соодветно на тоа имало повреда на членот 7 во конкретните околности на случаите на жалителите. Меѓутоа, Судот нагласи дека овој заклучок не значел дека морало да се изрекуваат пониски казни, туку едноставно дека одредбите за изрекување на казни од Законот од 1976 не требале да бидат применети.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 6 § 1: Првиот жалител исто така се жалел дека Државниот суд не бил независен согласно членот 6 § 1, имено бидејќи двајца од неговите членови биле назначени од Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина за период од две години кој можел да биде обновен. Европскиот суд не утврдил никакви причини за сомнеж дека меѓународните судии на Државниот суд не биле независни од политичките органи на Босна и Херцеговина, од странките во случајот и од институцијата на Високиот претставник. Нивното назначување било конкретно мотивирано од желбата за зајакнување на независноста на судските совети за воени злосторства на Државниот суд и за да се обнови довербата на јавноста во судскиот систем. Фактот дека судиите во прашање биле предложени од редовите на професионални судии во нивните ценети земји претставувало дополнителна гаранција против притисокот од надвор. Иако нивниот мандат на функцијата бил релативно кус, тоа е разбирливо со оглед на привремената природа на меѓународното присуство во Државниот суд и механиката на меѓународните назначувања.
Заклучок: недопуштена (евидентно неоснована).
Член 14 и/или член 1 од Протоколот бр. 12: Што се однесува до жалбата на жалителите дека нивното судење пред Државниот суд наместо во судовите на ентитетите било дисктиминирачко, Судот забележал дека со оглед на големиот број на случаи на воени злосторства во поствоена Босна и Херцеговина, било неизбежно товарот да биде споделен меѓу Државниот суд и судовите на ентитетите доколку тужената држава можела да ги почитува обврските согласно Конвенцијата за изнесување пред лицето на правдата на оние што биле одговорни за сериозни повреди на меѓународното хуманитарно право на време. Иако Судот бил свесен дека судовите на ентитетите наметнувале општо поблаги казни отколку Државниот суд во тоа време, разликата во постапувањето не била објаснета во смисла на личните карактеристики и затоа не достигнала ниво на дискриминирачко постапување. Дали случајот ќе бил сослушан од Државниот суд или од суд на ентитетите било прашање што се решавало за секој случај поединечно од страна на самиот Државен суд со упатување на целта и разумните критериуми.
Заклучок: недопуштена (евидентно неоснована).
Член 41: Одлуката за повреда сама по себе претставувала доволен правичен надоместок за секаква нематеријалната штета што ја претрпеле жалителите. Побарувањето на првиот жалител за парично обесштетување било отфрлено.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy