© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈОТ НА МАРГУШ против ХРВАТСКА
(Жалба бр. 4455/10)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
27 мај 2014 г.
Оваа пресуда е конечна но може да подложи на уредничка ревизија.
Во случајот на Маргуш против Хрватска,
Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет составен од:
Диан Шпилман (Dean Spielmann), претседател,
Хосеп Касадевал (Josep Casadevall),
Гвидо Раимонди (Guido Raimondi),
Инета Зиемеле (Ineta Ziemele), ad hoc судија,
Марк Вилигер (Mark Villiger),
Изабел Беро-Лефевр (Isabelle Berro-Lefèvre),
Корнелиу Бирсан (Corneliu Bîrsan),
Јан Шикута (Ján Šikuta)
Ан Пауер-Форде (Ann Power-Forde),
Ишил Каракаш (Işıl Karakaş),
Небојша Вучиниќ (Nebojša Vučinić),
Кристина Пардалос (Kristina Pardalos),
Ангелика Нусбергер (Angelika Nußberger),
Хелена Јадерблом (Helena Jäderblom),
Криштоф Војтичек (Krzysztof Wojtyczek),
Фарис Вахабиќ (Faris Vehabović),
Дмитри Дедов (Dmitry Dedov), судии,
и Лоренс Иерли (Lawrence Early), правен советник,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на 26 јуни и 23 октомври 2013 г. и на 19 март 2014 г.,
Ја донесе следнава пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 4455/10) против Република Хрватска поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од страна на г-динот Фред Маргуш („жалителот“), на 31 декември 2009 година.
2. Жалителот, на кој му била одобрена правна помош, беше преставуван од г-динот П. Саболиќ, адвокат со пракса во Осјек. Хрватската Влада („Владата“) беше претставувана од нејзиниот агент, г-ата Ш. Стажник.
3. Жалителот тврдеше, конкретно, дека му било повредено неговото право на правично судење со тоа што истиот судија претседавал со двете групи на кривични постапки против него и бил отстранет од судницата на заклучната расправа во втората група на постапки. Тој исто така се жалеше дека му било повредено неговото право да не му се суди двапати.
4. Жалбата ѝ беше доделена на Првата секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). На 5 септември 2011 г. потпретседателот на Секцијата одлучи да ја извести Владата за жалбата.
5. На 13 ноември 2012 г. Судскиот совет составен од А. Ковлер (A. Kovler), претседател, Н. Вујиќ (N. Vajić), П. Лоренцен (P. Lorenzen), Е. Штајнер (E. Steiner), К. Хаџијев (K. Hajiyev), Л-А. Сицилианос (L-A. Sicilianos), Е. Мосе (E. Møse) како и С. Нилсон (S. Nielsen), секретар на Секцијата, ја усвои својата пресуда. Тие едногласно ја прогласија жалбата согласно членот 6 од Конвенцијата во врска со непристрасноста на судијата М.К. и отстранувањето на жалителот од судницата како и жалбата согласно членот 4 од Протоколот бр. 7, за допуштена и одлучија едногласно дека немало повреда на ниедна од овие одредби.
6. На 27 декември 2012 г. жалителот побара случајот да биде упатен до Големиот судски совет согласно членот 43 од Конвенцијата, а панелот на Големиот судски совет го прифати барањето на 18 март 2013 г.
7. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите од член 26 §§ 4 и 5 од Конвенцијата и правилото 24 од Деловникот на Судот.
8. И жалителот и Владата поднесоа дополнителни забелешки на писмено (правило 59 § 1) во однос на основаноста.
9. Исто така беа примени коментари од трета странка, од група на академски експерти од Мидлсекс Универзитетот во Лондон, на кои претседателот на Големиот судски совет им дозволи да интервенираат во писмената постапка (член 36 § 2 од Конвенцијата и правилото 44 § 2).
10. Расправата беше јавна и се одржа во Зградата на човековите права во Стразбур на 26 јуни 2013 година (правило 59 § 3).
Пред Судот се појавија:
(a) за Владата
Г-аШ. Штажник (Š. Stažnik),агент,
Г-аЈ. Долмагиќ (J. Dolmagić),
Г-аН. Катиќ (N. Katić),советници;
(б) за жалителот
Г-динП. Саболиќ (P. Sabolić),правен застапник.
Судот ги сослуша обраќањата од г-динот Саболиќ и г-ата Стажник како и нивните одговори на прашањата поставени од судиите Калајџиева, Вучиниќ и Турковиќ.
11. По расправата беше одлучено дека Ксенија Турковиќ, судијата избрана од Хрватска, нема да може да учествува во случајот (правилото 28). Владата соодветно на тоа ја назначи Инета Зиемеле, судија избрана од Летонија, да го заземе нејзиното место (член 26 § 4 од Конвенцијата и правилото 29 § 1). Како последица од ова првата замена, судијата Ан Пауер-Форде стана полн член на Големиот судски совет. Судијата Здравка Калајџиева се повлече од случајот и беше заменета од втората замена, судијата Јан Шикута. Судијата Андре Потоцки се повлече од случајот и беше заменет од третата замена, судијата Ангелика Нусбергер (правило 28)
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
12. Жалителот е роден во 1961 г. и во моментов служи затворска казна во државниот затвор Лепоглава.
А. Првата група на кривични постапки против жалителот (бр. К-4/97)
13. На 19 декември 1991 г. Секторот за внатрешни работи на Осијек поднел кривична пријава против жалителот и други пет лица до Окружниот суд во Осијек, тврдејќи дека жалителот, припадник на Хрватската армија, убил неколку цивили.
14. На 20 април 1993 г. Воениот обвинител за Осијек поднел обвинение против жалителот до Окружниот суд во Осијек за убиство, нанесување на тешки телесни повреди, закана по живот и имот и кражба. Релевантниот дел од обвинението гласело:
„првообвинетиот, Фред Маргуш
1. на 20 ноември 1991 г. во околу 7 часот наутро во Чепин ... пукал четирипати во С.Б. со автоматска пушка ... како последица на што С.Б. починал;
...
2. во истото време и на истото место како што е наведено под (1) ... пукал четирипати во В.Б. со автоматска пушка ... како последица на што В.Б. починал;
...
3. на 10 декември 1991 г. го однел Н.В. во шумата ‘Врбник’ меѓу Чепин и Ивановац ... и пукал двапати во него со автоматска пушка ... како последица на што Н.В. починал;
...
4. на истото место и во истото време како што е наведено под (3) пукал во Не.В. со автоматска пушка ... како последица на што таа починала;
...
6. на 28 август 1991 г. во околу 3 часот наутро фрлил експлозивна направа во деловни простории во Чепински Мартиновец ... предизвикувајќи материјална штета;
...
7. на 18 ноември 1991 г. во 00.35 часот во Чепин поставил експлозивна направа во куќа ... предизвикувајќи материјална штета ...;
...
8. на 1 август 1991 г. во 15.30 часот во Чепин ... пукал во Р.С. нанесувајќи му полесни телесна повреда и потоа ... го клоцал В.Ж. ... нанесувајќи му тешки телесни повреди ... а исто така го клоцал и Р.Ц. ... нанесувајќи му полесни телесни повреди ...;
...
9. меѓу 26 септември и 5 октомври 1991 г. во Чепин ... украл неколку пушки и куршуми ...;
...”
Понатаму бил обвинет за присвојување неколку трактори и други машини кои им припаѓале на други лица.
15. На 25 јануари 1996 г. заменикот воен обвинител за Осијек ги повлекол обвиненијата по основите под точките 3, 4, 6, 7 и 9 од обвинението како и обвиненијата за присвојување на стоки што им припаѓале на други. Бил додаден нов основ, по кој жалителот бил обвинет дека на 20 ноември 1991 г. во околу 7 часот наутро во Чепин пукал во дете, Сл. Б. со што му нанел тешки телесни повреди. Со ова претходната точка 8 од обвинението станала точка 4.
16. На 24 септември 1996 г. бил усвоен Законот за општа амнестија. Тој уредувал дека општата амнестија требала да се применува за сите кривични дела сторени во контекст на војната во Хрватска меѓу 17 август 1990 г. и 23 август 1996 г.. со исклучок на оние дела кои достигнувале ниво на тешки повреди на хуманитарното право или на воени злосторства, вклучително и дела на геноцид (види став 27 долу).
17. На 24 јуни 1997 г. Окружниот суд во Осијек, кој заседавал во рамките на судски совет со кој претседавал судијата М.К., ја прекинал постапката согласно Законот за општа амнестија. Релевантниот дел од оваа одлука вели:
„Окружниот суд во Осијек ... на 24 јуни 1997 г. го одлучи следново: кривичните постапки против обвинетиот Фред Маргуш по три основи за убиство ... нанесување на тешки телесни повреди ... и закана по животот и имотот ... поведени со обвинението поднесено од Окружната канцеларија на Државното обвинителство во Осијек ... на 10 февруари 1997 г. ќе бидат затворени согласно член 1(1) и (3) и член 2(2) од Законот за општа амнестија.
...
Образложение
Обвинението на Военото државно обвинителство од Осијек бр. Кт-1/93 од 20 април 1993 г. го обвинило Фред Маргуш за три дела на тешко убиство согласно членот 35 § 1 од Кривичниот законик; едно дело на тешко убиство согласно членот 35 § 2(2) од Кривичниот законик; две кривични дела на загрозување на животот и имотот ... согласно членот 153 § 1 од Кривичниот законик; едно кривично дело на нанесување тешки телесни повреди согласно членот 41 § 1 од Кривичниот законик; едно кривично дело на кражба на оружје или друга борбена опрема согласно членот 223 §§ 1 и 2 од Кривичниот законик; и едно кривично дело на тешка кражба согласно членот 131 § 2 од Кривичниот законик ...
Горенаведеното обвинение беше значително изменето на расправата одржана на 25 јануари 1996 г. пред Осијечкиот воен суд, кога заменикот воен обвинител ги повлекол некои од обвиненијата и ги изменил фактичките и правните описи и правната класификација на некои од обвиненијата.
Оттука, обвинетиот Фред Маргуш бил обвинет за две обвиненија за убиство согласно членот 34 § 1 од Кривичниот законик, едно кривично дело на нанесување на тешки телесни повреди согласно 41 § 1 од Кривичниот законик и едно кривично дело на загрозување на животот и имотот согласно членот 146 § 1 од Кривичниот законик.
По укинувањето на воените судови, случајот беше префрлен во Осијечкото окружно државно обвинителство, кое го презеде гонењето по некои од основите и побара постапките да продолжат пред Осијечкиот окружен суд. Тој го испратил случајот до судскиот совет составен од тројца судии во контекст на примената на Законот за општа амнестија.
Откако го разгледал случајот овој судски совет заклучил дека условите согласно членот 1(1) и (3) и членот 2(2) од Законот за општа амнестија биле исполнети и дека обвинетиот не бил исклучен од амнестијата
Гореспоменатиот Закон уредува општа амнестија во однос на кривични дела сторени за време на агресијата, вооружената побуна или вооружениот конфликти ... во Република Хрватска. Општата амнестија се однесува на кривични дела извршени меѓу 17 август 1990 и 23 август 1996.
Општата амнестија ги исклучува само сторителите на најтешки повреди на хуманитарното право што достигаат ниво на воени злосторства и одредени кривични дела наведени во член 3 од Законот за општа амнестија. Тој ги исклучува сторителите на други кривични дела согласно Кривичниот законик ... кои не биле извршени за време на агресијата, вооружената побуна или вооружените конфликти и кои не се поврзани со агресијата, вооружената побуна или вооружените конфликти во Хрватска.
Обвинетиот, Фред Маргуш, е обвинет за три кривични дела извршени во Чепин на 20 ноември 1991 г. и едно кривично дело извршено во Чепин на 1 август 1991 г.
Првите три од овие дела се однесуваат на најтешкиот период и времето на најсериозните напади врз Осијек и Источна Хрватска, веднаш по падот на Вуковар и времето на најтешките битки за Ласлово. За време на тие битки, обвинетиот се докажал како борец, демонстрирајќи извонредна храброст и бил предложен да биде унапреден во чин на поручник од страна на командирот на Третиот баталјон од 106-тата бригада на Хрватската армија, кој му бил надреден во тоа време.
Во клучниот период во однос на првите три кривични дела обвинетиот делувал во својство на припадник на Хрватската армија; во тој многу тежок период, делувајќи како командант на единица, тој се обидел да спречи населеното место да падне во рацете на непријателот, кога постоела директна опасност тоа да се случи. Четвртото кривично дело било извршено на 1 август 1991 г. кога обвинетиот делувал во својство активиран припадник на Резервниот состав на Чепин и бил облечен во воена камуфлажана униформа и носел воено оружје.
...
Делата извршени од обвинетиот, земајќи ги во предвид времето и местото на настаните во прашање биле тесно поврзани со агресијата, вооружената побуна или вооружените конфликти во Хрватска, и биле извршени во времето опфатено со Законот за општа амнестија.
...
Во овој контекст овој суд одлучи дека сите законски услови за примена на Законот за општа амнестија се исполнети...“
18. На неодреден датум државниот обвинител поднел барање за заштита на законитоста (zahtjev za zaštitu zakonitosti) до Врховниот суд со барање да утврди дека членот 3(2) од Законот за општа амнестија бил повреден.
19. На 19 септември 2007 г. Врховниот суд, кога одлучувал по горепосоченото барање, утврдил дека со горенаведената пресуда на Осијечкиот окружен суд од 24 јуни 1997 г. бил повреден членот 3(2) од Законот за општа амнестија. Релевантните делови од пресудата на Врховниот суд велат:
“...
Членот 1(1) од Законот за општа амнестија предвидува општа амнестија од кривично гонење и судење за сторителите на кривични дела извршени поврзано со агресијата, вооружениот бунт или вооружените конфликти ... во Хрватска. Согласно став 3 од истиот член амнестијата се однесува на кривични дела извршени меѓу 17 август 1990 и 23 август 1996 година. ...
За точно толкување на овие одредби – покрај општиот услов дека кривичното дело во прашање морало да биде извршено во периодот меѓу 17 август 1990 г. и 23 август 1996 г. (кој бил исполнет во овој случај) - мора да постои и директна и значителна поврзаност меѓу кривичното дело и агресијата, вооружениот бунт или вооружените конфликти. Ова толкување е во согласност со општиот принцип дека секој што извршил кривично дело мора да одговара за истото. Оттука, гореспоменатите одредби мора да се толкуваат на разумен начин, со неопходната внимателност, за амнестијата да не стане сама по себе контрадикторна и да ја стави под знак прашање целта за која Законот во прашање стапи на сила. Оттука, изразот ‘поврзано со агресијата, вооружениот бунт или вооружените конфликти’ што се користи во Законот за општа амнестија, кој не ја дефинира прецизно природата на таа поврзаност, мора да се толкува за да значи дека поврзаноста мора да биде директна и битна.
...
Дел од фактичкиот опис на кривичните дела за кои обвинетиот Фред Маргуш е обвинет ... што сугерира одредена поврзаност со агресијата против Република Хрватска или вооружениот бунт и вооружените конфликти во Хрватска, поврзано со пристигнувањето на жртвите на овие дела – С.Б., В.Б. и малолетникот Сл.Б – во Чупина, заедно со своите соседи, откако сите заедно избегале од селото Ивановац заради нападот на т.н. ‘Ј[угословенска] Н[арордна] А[рмија]’. Треба да се нагласи дека не е спорен фактот дека Фред Маргуш бил припадник на Хрватската армија. Меѓутоа, овие околности не се такви за да достигнат директна поврзаност со агресијата, вооружениот бунт или вооружените конфликти во Хрватска што се бара со да се примени Законот за општа амнестија.
Фактичкиот опис на кривичните дела согласно точка 4 од обвинението вели дека обвинетиот ги извршил овие дела како член на Резервните сили во Чепин, откако му завршила неговата служба. Оваа карактеристика сама по себе не претставува врска меѓу кривичните дела и војната бидејќи доколку таков бил случајот амнестијата ќе ги опфаќала сите кривични дела извршени меѓу 27 август 1990 г. и 23 август 1996 г. од страна на припадниците на Хрватската армија или непријателските единици (со исклучок на оние конкретно наведени во членот 3(1) од Законот за општа амнестија); ова секако не била намерата на законодавецот.
Конечно, воената служба на обвинетиот, детално опишана во оспорената пресуда, не може да биде критериум за примена на Законот за општа амнестија...
Фактичкиот опис на кривичните дела во обвинението ... не покажува дека делата во прашање биле извршени за време на агресијата, вооружениот бунт или вооружените конфликти во Хрватска, или дека тие биле извршени поврзано со нив.
...”
Б. Втората група на кривични постапки против жалителот (бр. К-33/06)
20. На 26 април 2006 г. Осијечкото државно обвинителство поднесло обвинение против жалителот обвинувајќи го за воени злосторства против цивилното население. Постапките биле спроведени од судски совет составен од три судии на Осијечкиот окружен суд, вклучително и судијата М.К. Во текот на целата постапка жалителот бил претставуван од адвокат.
21. Последната расправа се одржала на 19 март 2007 г. во присуство, меѓу другото, и на жалителот и неговиот адвокат. Жалителот бил отстранет од судницата за време на завршните говори на странките. Адвокатот на жалителот останал во судницата и го изнел својот завршен говор. Релевантниот дел од писмениот запис од таа расправа го вели следново:
„Претседателот на судскиот совет забележува дека обвинетиот Маргуш го прекина заменикот државен обвинител за Осијечкиот округ („заменикот државен обвинител“) во неговиот завршен говор за што беше опоменат од советот да се смири; вториот пат кога го прекина заменикот државен обвинител тој беше усно предупреден.
Откако претседателот на советот го опомена обвинетиот Маргуш усно тој продолжи да коментира на завршните аргументи на заменикот државен обвинител. Советот затоа одлучи, а претседателот на советот нареди обвинетиот Маргуш да биде отстранет од судницата до изрекувањето на пресудата.
...”
22. Жалителот беше последователно отстранет од судницата и заменикот државен обвинител, адвокатите на жртвите, адвокатите на одбраната и еден од обвинетите ги дадоа своите завршни говори.
23. Изрекувањето на пресудата беше планирана за 21 март 2007 г. и расправата беше завршена. Жалителот беше присутен на изрекувањето на пресудата. Тој беше прогласен за виновен и осуден на петнаесет години затвор. Релевантниот дел од пресудата го вели следново:
“...
Обвинетиот Фред Маргуш ...
и
обвинетиот Т.Д. ...
се виновни [за тоа дека]
во периодот меѓу 20 и 25 ноември 1991 г. во Чепин и неговата околина, спротивно на членот 3 § 1 од Женевската конвенција за заштита на цивилите за време на војна од 12 август 1949 г. и членот 4§§ 1 и 2(а) и членот 13 од Дополнителниот протокол на Женевските конвенции од 12 август 1949 г. за заштита на жртвите од немеѓународни вооружени конфликти (Протокол II) од 8 јуни 1977 г. при одбраната на територијата од вооружените напади од локалното побунето српско население и т.н. Југословенска Народна Армија при нивните заеднички напади врз уставниот правен поредок и територијалниот интегритет на Република Хрватска, Фред Маргуш, во своето својство на команант на Единицата 2 од Третиот корпус на 130-тата Бригада на Хрватската армија и обвинетиот Т.Д. како член на истата единица под команда на Фред Маргуш [делувале на следниов начин] со намера да убиваат српски цивили;
обвинетиот Фред Маргуш
(а) на 20 ноември 1991 во 8 часот наутро во Чепин, препознаените В.Б. и С.Б. кои стоеле ... пред Пожарната станица во Ивановац и бегале од своето село заради нападите на Југословенската Народна Армија, ... пукал во нив со автоматска пушка ... како резултат на што С.Б се здобил со прострелна рана во главата ... и во вратот поради што С.Б. починал на лице место, додека В.Б бил повреден и паднал на земја. Обвинетиот потоа заминал со возилото, но наскоро потоа се вратил и кога видел дека В.Б. бил сè уште жив и заедно со својот деветгодишен син Сл.Б и ... сопругата М.Б., повторно пукал со автоматската пушка кон нив и притоа двапати го погодил В.Б. во главата ... двапати во раката ... како резултат на што В.Б наскоро починал, а Сл.Б бил погоден во ногата ... што резултирало со тешка телена повреда;
(б) во периодот меѓу 22 и 24 ноември 1991 г. во Чепин, на уапсените Н.В. и Не.В., под закана со огнено оружје, им го одзел голфот ... ги однел во подрумот на една куќа ... каде што ги врзал со јажиња за столчињата и ги држел заклучени без храна и вода и заедно со припадниците на својата Единица ... ги тепал и навредувал, ги распрашувале за нивните наводни непријателски активности и поседување на радиостаница. При тоа не им дозволувал на другите припадници на единицата да им помогнат ... после што ги однел надвор од Чепин, во шума ... каде во нив било пукано со неколку куршуми од огнено оружје ... како резултат на што Н.В. ... и Не.В. починале;
(в) на 23 ноември 1991 г. во околу 13.30 часот на автобуската станица во Чепин, ги уапсил С.Г. и Д.Г. и нивниот роднина Љ.Г. и ги однел во некоја куќа ... им ги врзал рацете зад грб и заедно со починатиот Т.Б. ги испрашувал за нивното наводно непријателско делување, а вечерта, додека сè уште биле врзани ги однел надвор во Чепин ... каде пукал во нив ... и како последица од тоа тие починале;
обвинетиот Фред Маргуш и Т.Д. [делувајќи] заедно
(г) на 25 ноември 1991 г. во околу 13.30 во Чепин го виделе С.П. кој го возел својот голф ... го сопрел на барање на Фред Маргуш ... и ги одвезол во едно поле ... каде ... Фред Маргуш му наредил на Т.Д. да пука во С.П., [наредба] што Т.Д. ја послушал и пукал еднаш во С.П. ... по што Фред Маргуш пукал неколкупати во него со автоматска пушка ... и како последица на тоа С.П. ... починал, а Фред Маргуш му го зел возилото.
...”
24. Пресудата против жалителот била потврдена од Врховниот суд на 19 септември 2007 г., а неговата казна била зголемена на 15 години казна затвор. Релевантниот дел од пресудата на Врховниот суд го вели следново:
„Согласно членот 36 § 1(5) од Законот за кривична постапка (ЗКП), еден судија е ослободен да ја врши судската функција ако тој или таа учествувал/а во истиот случај при усвојувањето на пресудата во понискиот суд или ако учествувал/а во усвојувањето на оспорената пресуда.
Точно е дека судијата М.К. учествувал во постапките во кои оспорената пресуда била усвоена. Тој бил претседател на судскиот совет во Осијечкиот окружен суд кој ја усвоил пресудата ... на 24 јуни 1997 г. со која постапките против обвинетиот Фред Маргуш биле укинати согласно членот 1(1) и (3) и членот 2(2) од Законот за општа амнестија...
Иако обете групи на постапки биле применети против истиот обвинет, не се работело за истиот случај. Судијата во прашање учествувал во двата различни случаи пред Осијечкиот окружен суд против истиот обвинет. Во случајот во кој актуелната жалба е поднесена судијата М.К. не учествувал во усвојувањето на некоја од одлуките на понизок суд или во одлука која е предмет на жалба или на вонреден правен лек.
...
Обвинетиот неточно тврдеше дека основниот суд делувал спротивно на членот 346 § 4 и членот 347 §§ 1 и 4 од ЗКП со тоа што ја одржал завршната расправа во негово отсуство и во отсуство на неговиот адвокат бидејќи го отстранил од судницата кога странките ги изнесувале своите завршни говори. Оттука, тој тврдеше дека тој бил спречен да ги изнесе своите завршни аргументи. Исто така, не бил информиран за одржаната расправа во негово отсуство, а одлуката да биде отстранет од судницата не била усвоена од судечкиот судски совет.
Спротивно на наводите на обвинетиот, записникот од расправата одржана на 19 март 2007 г. покажува дека обвинетиот Фред Маргуш го прекинувал [Осијечкиот] окружен заменик државен обвинител во неговиот завршен говор и двапати бил предупреден од претседателот на судскиот совет. Бидејќи продолжил со истото однесување, судечкиот судски совет одлучил да го отстрани од судницата ...
Таквото дејствие на судечкиот судски совет е во согласност со членот 300 § 2 од ЗКП. Обвинетиот Фред Маргуш започнал да го попречува редот во судницата за време на завршниот збор на [Осијечкиот] окружен заменик државен обвинител и бил упорен во тоа после што бил отстранет од судницата со одлука на судечкиот судски совет. Во судницата се вратил за прогласувањето на пресудата на 21 март 2007 г.
Бидејќи судот во целост се придржувал на членот 300 § 2 од ЗКП, жалбата на обвинетиот била неоснована. Во случајот во прашање немало повреда на правата на одбрана и отстранувањето на обвинетиот од судницата за време на завршните зборови на странките не влијаело врз пресудата.
...
Обвинетиот Фред Маргуш понатаму тврди ... дека оспорената пресуда го прекршила начелото ‘ne bis in idem’ ... бидејќи постапките веќе биле прекинати за некои од обвиненијата со што била испровоцирана оспорената пресуда...
...
Точно е дека кривичните постапки биле спроведени пред Осијечкиот окружен суд согласно бројот К-4/97 против обвинетиот Фред Маргуш во однос, меѓу другото, на четири кривични дела ... за убиство ... извршени врз С.Б., В.Б., Н.В. и Не.В., како и кривично дело на ... закана по животот и имотот ... Овие постапки биле прекинати со конечната пресуда на Осијечкиот окружен суд бр. Kv 99/97 (K-4/97) од 24 јуни 1997 г. врз основа на Законот за општа амнестија ...
И покрај фактот дека последиците од кривичните дела, кои биле предмет на постапки спроведени пред Осијечкиот окружен суд под број К 4/97, имено смртта на С.Б., В.Б., Н.В. и Не.В. и тешките телесни на Сл.Б., исто така се дел од фактичката позадина [на разгледаните кривични дела] во постапките во кои оспорената пресуда била усвоена, делата [кои биле предмет на двете групи на судски постапки во прашање] не се истите.
Споредбата меѓу фактичката позадина [на разгледаните кривични дела] во двете постапки покажува дека тие не се идентични. Фактичката позадина [за делата за кои се работи] во оспорената пресуда содржи дополнителен кривичен елемент, значително поширок во опсег од оној што креира основа за постапките спроведени пред Осијечкиот окружен суд под број К 4/97. [Во актуелниов случај] обвинетиот Фред Маргуш е обвинет за повреда на правилата од Женевската конвенција од 12 август 1949 г. за заштита на цивили за време на војна и Дополнителниот протокол на Женевските конвенции од 12 август 1949 г. за заштита на жртвите на немеѓународни вооружени конфликти (Протокол II) од 8 јуни 1977 во периодот меѓу 20 и 25 ноември 1991 г., додека ја бранел таа територија од вооружените напади на локалното побунето српско население и т.н. Југословенска Народна Армија при нивните заеднички напади врз уставниот правен поредок и територијалниот интегритет на Република Хрватска, и за повреда на правилата на меѓународното право заради тоа што убил и мачел цивили, постапувал нечовечно со нив, незаконски ги уапсил, наредил убиство на цивил и крадел имот од цивилното население. Горенаведените дела претставуваат кривично дело против вредностите заштитени со меѓународното право, имено воени злосторства против цивилното население согласно членот 120 § 1 од Кривичниот законик.
Со оглед дека фактичката позадина на кривичното дело во прашање и неговата правна класификација се разликуваат од оние што биле предмет на претходна постапка, со оглед дека опсегот на обвиненијата против обвинетиот Фред Маргуш е значително поширок и различен од претходниот случај (досие за случајот бр. К-4/97), прашањето не е res judicata ...”
25. Последователната уставна жалба од страна на жалителот била отфрлена од Уставниот суд на 30 септември 2009 г. Уставниот суд го прифатил мислењето на Врховниот суд.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА
A. Релевантното право
26. Релевантниот дел од Хрватскиот устав (Ustav Republike Hrvatske, Службен весник бр. 41/2001 и 55/2001) го вели следново:
Член 31
“...
(1). Никој не може да биде изведен пред суд или казнет повторно во кривична постапка за дело за кое веќе бил ослободен или осуден со конечна одлука согласно законот.
Само законот, во согласност со Уставот или меѓународен договор, пропишува ситуации во кои постапките можат да бидат повторно отворени согласно став (2) од овој член и основите за повторно отворање.“
27. Релевантните одредби од Законот за кривична постапка (Zakon o kaznenom postupku – Службен весник бр. 110/1997, 27/1998, 58/1999, 112/1999, 58/2002, 62/2003, 178/2004 и 115/2006) исто така уредуваат:
Член 300
„(1) Кога обвинетиот ... ќе го повреди редот на расправата или не се придржува на наредбите на судијата претседавач, судијата ќе го предупреди обвинетиот ... Судскиот совет може да нареди обвинетиот да биде отстранет од судницата ...
(2) Судскиот совет може да нареди обвинетиот да биде отстранет од судницата на ограничено време. Ако обвинетиот повторно го ремети редот [тој може да биде отстранет од судницата] до крајот на изнесувањето на докази. Пред да се заврши со изнесувањето на докази судијата ќе го повика обвинетиот и ќе го информира за одвивањето на судењето. Доколку обвинетиот и понатаму го ремети редот и го навредува достоинството на судот, судскиот совет може да нареди тој да биде отстранет од судницата. Во тој случај судењето ќе биде завршено во отсуство на обвинетиот и судијата претседавач или друг член на судскиот совет ќе го/ја информира за пресудата што била усвоена во присуство на дактилограф.
...”
Член 350 (поранешен член 336)
„(1) Пресудата може да се однесува само на обвинетиот и делата кои се предмет на обвинението, како што првично било поднесено или согласно промените за време на расправата.
(2) Судот не е обврзан од правната класификација на делото дадена од обвинителот.“[1]
Видови на пресуди
Член 352
„(1) Пресудата ќе ги отфрли обвиненијата, ќе го ослободи обвинетиот или ќе го прогласи за виновен.
...”
Член 354
Пресуда со која се ослободува обвинетиот се усвојува кога:
(1) делото за кое обвинетиот е обвинет не е кривично дело согласно законот;
(2) постојат околности кои ја исклучуваат можноста дека обвинетиот е виновен;
(3) не било докажано дека обвинетиот го сторил кривичното дело за кое бил обвинет.“
Член 355
(1) Пресуда со која обвинетиот се прогласува за виновен ќе ги содржи следниве детали:
1. делото за кое обвинетиот е прогласен за виновен, изнесувајќи ги фактите и околностите кои ги сочинуваат составните делови на даденото кривично дело како и оние од кои зависи примената на одредени одредби од Кривичниот законик;
2. законскиот назив и опис на кривичното дело и одредбите од Кривичниот законик кои биле применети;
3. казната што треба да се примени или дали, согласно одредбите од Кривичниот законик, одредена казна не треба да се примени или казната затвор да биде заменета со општополезна работа;
4. секоја одлука за условна казна,
5. секоја одлука за безбедносни мерки и заплена на материјална добивка;
7. одлука за трошоците и други граѓански побарувања и дали правосилната пресуда да се објави во медиумите.
...”
Член 367
„(1) Ќе се утврди дека постои тешка повреда на кривичната постапка кога
...
3. се одржала расправа во отсуство на лице чие присуство е задолжително согласно законот ...
...”
Повторување на постапката
Член 401
„Кривични постапки што се затворени со правосилна пресуда или правосилна судска одлука може да бидат повторени на барање на овластено лице само во околности или под услови утврдени во овој Законик.“
Член 406
„(1) Кривични постапки што се затворени со правосилна пресуда со која се отфрлаат обвиненијата можат во вонредни ситуации да бидат повторени на штета на обвинетиот:
...
5. кога ќе се утврди дека амнестијата, помилувањето, застарувањето на случајот или други околности кои исклучуваат кривично гонење не можат да се применат за кривичното дело на кое се упатува во пресудата со која се отфрлаат обвиненијата.
...”
Член 408
„(1) Надлежен суд кој треба да одлучи по барањето за повторување на постапката е оној што пресудил за случајот првостепено ...
(2) Барањето за повторување треба да содржи законска основа за повторување на судење и докази што ќе го поткрепат барањето ...
...”
Барање за заштита на законитоста
Член 418
„(1) Државниот обвинител може да поднесе барање за заштита на законитоста против конечната судска одлука и судските постапки како што се одлуки во кои законот бил повреден.
(2) Државниот обвинител треба да поднесе барање за заштита на законитоста против судска одлука усвоена во постапки во кои биле повредени основните човекови права и слободи гарантирани со Устав, закон или меѓународен закон.
...”
Член 419
„(1) Врховниот суд на Република Хрватска ќе одлучува по барањата за заштита на законитоста.
...”
Член 420
„(1) Кога ќе се одлучува по барање за заштита на законитоста [Врховниот] суд ќе ги оценува само повредите на законот на кои се потпирал државниот обвинител.
...”
Член 422
„(2) Кога ќе се поднесе барање за заштита на законитост на штета на обвинетиот, а [Врховниот] суд ќе утврди дека истото било добро засновано, тој чисто ќе утврди дека имало повреда на законот без да ја менува конечната одлука.“
28. Согласно околностите на Кривичниот закон (Kazeni zakon, Службен весник бр. 53/1991, 39/1992 и 91/1992) што ја исклучуваат вината на поединецот се непресметливост (neubrojivost), правна и фактичка грешка.
29. Релевантниот дел од Законот за општа амнестија од 24 септември 1996 г. (Службен весник бр. 80/1996, Zakon o općem oprostu) го вели следново:
Член 1
„Овој закон дава општа амнестија од кривично гонење и судење на сторителите на кривични дела извршени за време на агресијата, вооруженото востание или вооружените конфликти поврзани со агресијата, вооруженото востание или вооружените конфликти во Република Хрватска.
Нема да се примени амнестија за извршување на правосилни пресуди во врска со сторителите на кривични дела согласно став 1 од овој член.
Амнестирањето од кривично гонење и судење ќе се примени за дела извршени во периодот меѓу 17 август 1990 г. и 23 август 1996 г.“
Член 2
„Нема да се покрене кривично гонење или судска постапка против сторители на кривични дела согласно членот 1 од овој Закон.
Кога кривичното гонење веќе е започнато истото ќе биде прекинато, а кога судската постапка веќе е започната судот ќе донесе одлука за прекин на постапката по сопствено барање.
Кога едно лице што е амнестирано согласно став 1 од овој член е лишено од слобода, истото ќе биде ослободено.“
Член 3
„Амнестија согласно член 1 од овој Закон нема да се даде на сторителите на најтешки повреди на хуманитарното право кои имаат карактер на воени злосторства, имено кривични дела на геноцид, согласно членот 119 од Основниот кривичен законик на Република Хрватска (Службен весник бр. 31/1993, консолидиран текст, бр. 35/1993, 108/1995, 16/1996 и 28/1996); воени злосторства против цивилното население согласно член 120; воени злосторства против ранети и болни согласно член 121; воени злосторства против воени затвореници согласно член 122; организирани групи [со цел да извршат] или помогнат геноцид и воени злосторства согласно член 123; незаконско убиство и ранување на непријателот согласно член 124; незаконско одземање на предмети во посед на умрени или ранети на бојното поле согласно член 125; користење на нелегални борбени средства согласно член 126; прекршоци против преговарачи согласно член 127; сурово постапување со ранети, болни и воени затвореници согласно член 128; неоправдано одложување на репатриација на воени затвореници согласно член 129; уништување на културно и историско наследство согласно член 130; поттикнување на воена агресија согласно член 131; злоупотреба на меѓународни симболи согласно член 132; расна и друга дискриминација согласно член 133; воспоставување на ропство и префрлање на робови согласно член 134; меѓународен тероризам согласно член 135; загрозување на лица што се наоѓаат под меѓународна заштита согласно членот 136; земање заложници согласно член 137; и кривично дело тероризам согласно одредбите на меѓународното право.
Амнестија нема да се одобри за сторителите на други кривични дела согласно Основниот кривичен законик на Република Хрватска (Службен весник бр. 31/1993, консолидиран текст, бр. 35/1993, 108/1995, 16/1996 и 28/1996) и Кривичниот законик на Република Хрватска (Службен весник бр. 32/1993, консолидиран текст, бр. 38/1993, 28/1996 и 30/1996) кои не биле извршени за време на агресијата, вооруженото востание или вооружените конфликти и не се поврзани со агресијата, вооруженото востание или вооружените конфликти во Република Хрватска .
...”
Член 4
„Државниот обвинител не може да поднесе жалба против судска одлука согласно членот 2 од овој Закон кога судот дал амнестија во корист на сторител на кривично дело опфатено со овој Закон по основ на правната класификација дадена за делото од страна на државниот обвинител.“
Б. Релевантна пракса
1. Праксата на Уставниот суд
30. Во својата одлука бр. U-III/543/1999 од 26 ноември 2008 г. Уставниот суд во однос на релевантниот дел го одлучил следново:
„6. Прашањето пред Уставниот суд е дали имало второ судење во врска со настан кој претставува прекршок за кој Законот за општа амнестија се применува и оттука дали постапките се однесувале на ‘истото дело’ во однос на кое, согласно членот 31 § 2 од Уставот, не е можно да се применат нови, посебни и неповрзани постапки. Таквите постапки би значеле повреда на [начелото на] правна сигурност и ќе дозволи изрекување на повеќекратни санкции за сосема исто однесување кое може да подложи на само една кривична санкција. При одговарањето на ова прашање, Уставниот суд треба да разгледа две прашања: (а) сличноста меѓу описите на настаните кои ги прават делата за кои жалителот бил обвинет во првите и вторите постапки со цел да се потврди дали одлуката за примена на амнестијата и конечното осудување во последователните постапки се однесуваат на истиот предмет, односно, истото ‘кривично количество’, без разлика дали тие се однесуваат на истите историски настани; и после тоа ... (б) дали случајот во прашање се однесува на ситуација во која не било можно да се поднесат нови обвиненија во врска со фактите за кои веќе е судено во првите одлуки на судовите (примена на амнестијата), но во кои согласно членот 31 § 3 од Уставот, било можно да се бара повторување на постапките како што е предвидено во релевантниот закон. Членот 406 § 1(5) од Законот за кривична постапка дозволува повторување на постапките кои биле укинати со конечната пресуда со која се отфрлаат обвиненијата, каде е ‘утврдено дека амнестијата, помилувањето, застареноста на делото или други околности кои го исклучуваат кривичното гонење не се применуваат за кривичните дела на кои се упатува во пресудата за отфрлање на обвиненијата’.
6.1. Уставниот суд може да ја истражи сличноста меѓу описите на настаните кои ги сочинуваат прекршоците само со упатување на нормативни стандарди. При тоа обврзан е, исто како и пониските судови, од уставните елементи на делата, без разлика на нивната правна класификација. Описите на настаните кои ја формираат основата за обвиненијата во пресудата на Бјеловарскиот воен суд (бр. K-85/95-24) и Врховниот суд (бр. I-Kž-257/96), и оспорените пресуди на Сисачкиот окружен суд (бр. K-108/97) и на Врховниот суд (бр. I Kž-211/1998-3), несомнено сугерираат дека тие се однесуваат на истите настани, на кои им биле дадени чисто различни правни класификации. Сите релевантни факти биле воспоставени од Бјеловарскиот воен суд (кој конечно ги прекинал постапките) и ниедни други факти не биле утврдени во последователните постапки пред Сисачкиот окружен суд. Единствената разлика во описот на обвиненијата била во времето на извршувањето на делата, што не сугерира дека настаните биле различни туку само дека судовите не можеле да го утврдат точното време на делата. Што се однесува до идентичната природа на настаните исто така е релевантно да се забележи дека Врховниот суд нагласил во оспорената пресуда дека настаните биле истите, така што нема сомнеж за овој аспект.
6.2. Во оспорената пресуда Врховниот суд одлучил дека однесувањето во прашање конституирало не само дело на вооружен бунт согласно членот 235 § 1 од Кривичниот законик на Република Хрватска, во однос на што била усвоена пресудата со која се отфрлаат обвиненијата, туку исто така и делото на воени злосторства против цивилното население согласно членот 120 §§ 1 и 2 од Основниот кривичен законик на Република Хрватска, дело за кое [жалителот] бил обвинет подоцна. Од ова образложение на Врховниот суд следи дека истото однесување содржело елементи на две дела и дека ситуацијата претставувала едно дејство кое сочинувало различни прекршоци.
6.3. Уставниот суд одлучи дека во оспорената пресуда Врховниот суд направил грешка во наодот дека на истиот сторителот, по усвојувањето на конечна пресуда во однос на поединечен акт кој претставувал прекршок, можело да му се суди повторно во нова постапка за истото дело што претставува друг вид на прекршок. Согласно членот 336 § 2 од Законот за кривична постапка судот не е обврзан од класификацијата на делото на обвинителот. Бјеловарскиот воен суд, доколку сметал дека фактите кои биле во основата на обвинението претставувале воени злосторства против цивилното население согласно членот 120 § 1 од Основниот кривичен законик на Република Хрватска, и затоа требал да утврди дека немал надлежност да одлучува за случајот (бидејќи не бил надлежен да суди за воени злосторства), и дека требал да го упати случајот на надлежен суд, кој можел да го осуди [жалителот] за дело на воени злосторства против цивилното население во однос на што не важела никаква амнестија. Бидејќи Бјеловарскиот воен суд не постапил така, следи дека како резултат на конечната природа на пресудата, одлуката за отфрлање на обвиненијата станале res judicata. Последователната осудителна пресуда во овој случај е повреда на правилото ne bis in idem без разлика на фактот дека оперативниот дел на првата пресуда не се однесувала на ‘основаноста’, понекогаш сфатена едноставно како решение за прашањето дали обвинетиот сторил прекршок или не. Формалната дистинкција меѓу ослободувањето и пресудата за отфрлање на обвиненијата не може да биде единствениот критериум за решавање на прашањето дали нови и неповрзани кривични постапки можат да бидат покренати во однос на истото ‘кривично количество’: иако е содржано во пресудата за отфрлање на обвиненијата, одлуката за примена на амнестијата во правна смисла, ги креира истите правни последици како ослободување и во обете пресуди едно фактичко прашање останува недокажано.
6.4. Затоа Уставниот суд не може да го прифати образложението од пресудата на Врховниот суд бр. I Kž-211/1998-3 од 1 април 1999 г. според кое пресудата или одлуката за прекинување на постапките за прекршокот на вооружен бунт во врска со истиот настан не ја исклучува можноста на последователно гонење и осудување за дело на воени злосторства против цивилното население врз основа на тоа дека ова дело претставува закана не само за вредностите на Република Хрватска туку исто така и за човештвото во општото и меѓународното право. Во секој случај, Врховниот суд подоцна го сменил тој став во случајот бр. I Kž-8/00-3 од 18 септември 2002 г., утврдувајќи дека пресудата за отфрлање на обвиненијата ‘без никаков сомнеж се однесува на истиот настан, во смисла на време, место и начин на извршување; настанот едноставно добил друга класификација во оспорената пресуда од онаа во одлуката на Загрепскиот воен суд’. Тој исто така рекол: ‘Кога, како во случајов пред нас, кривичните постапки биле прекинати во однос на дело согласно членот 244 § 2 од Кривичниот законик на Република Хрватска, и кога дејствијата ... се идентични на оние за кои [обвинетиот]бил прогласен за виновен во оспорената пресуда ... согласно начелото ne bis in idem предвидено во членот 32 § 2 од Уставот, не можат да се спроведат нови кривични постапки бидејќи веќе била донесена судска одлука во однос на тоа прашање.’
...”
31. Одлуката на Уставниот суд бр. U-III-791/1997 од 14 март 2001 г. упатува на ситуација во која кривичните постапки против обвинетиот биле укинати согласно Законот за општа амнестија. Неговите релевантни делови го велат следново:
„16. Одредбата од Уставот која ја отфрла можноста на еден обвинет да му се суди повторно за дело за кое веќе бил ‘ослободен со правосилна одлука или осуден во согласност со законот’ упатува исклучиво на ситуација во која една пресуда била усвоена во кривична постапка која го ослободува обвинетиот или го прогласува за виновен по обвиненијата изнесени против него во обвинението.
...
19. ... пресуда која не го ослободува обвинетиот правосилно туку ги прекинува кривичните постапки не може да креира основа за примена на уставните одредби во врска со забраната да биде повторно суден или казнет ...“
2. Праксата на Врховниот суд
32. Релевантниот дел од пресудата бр. I Kž-533/00-3 од 11 декември 2001 г. го вели следново:
„Согласно членот 336 § 2 од Законот за кривична постапка судот не е обврзан од правната класификација за делото на обвинителот, и затоа е овластен да одлучи за различно кривично дело со оглед дека делото е поблаго [за обвинетиот] ...“
33. Релевантниот дел од пресудата бр. I Kž 257/02-5 од 12 октомври 2005 г. го вели следново:
„Со оглед дека согласно членот 336 § 2 од Законот за кривична постапка судот не обврзан од правната класификација на обвинителот за делото, и со оглед на тоа дека можната казна за кривичното дело на обвинението за злоупотреба на овластувањата за финансиски прашања согласно членот 292 § 2 е поблага отколку можната казна за кривично дело согласно членот 337 § 4 од Кривичниот законик, првостепениот суд бил овластен да ги класификува делата во прашање како кривично дело согласно членот 292 § 2 од Кривичниот законик ...“
34. Релевантниот дел од пресудата бр. I Kž 657/10-3 од 27 октомври 2010 г. го вели следново:
„Иако првостепениот суд правилно се изјаснил дека судот не е обврзан од правната класификација на обвинителот за делото, условите на обвинението сепак биле надминати бидејќи првостепениот суд го ставил обвинетиот во понеповолна ситуација со тоа што го осудил за две кривични дела наместо за едно ...“
III. МАТЕРИЈАЛИ ОД РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО
А. Виенската конвенција за договорното право од 1969
35. Релевантниот дел од Виенската конвенција за договорното право од 23 мај 1969 г. („Виенската конвенција“) уредува:
Член 3. Толкување на договори
Член 31
Општи правила за толкување
„1. Договорот мора добронамерно да се толкува според вообичаената смисла што мора да им се даде на изразите во договорот во нивниот контекст и во светлината на неговиот предмет и неговата цел.
2. Заради толкување на договорот, контекстот, освен текстот, уводот и вклучените предлози, опфаќа:
(а) секоја споредба во врска со договорот што постои помеѓу членките при склучувањето на договорот;
(б) секој инструмент што ќе го состават една или повеќе членки при склучувањето на договорот, а што ќе го прифатат другите членки како инструмент што се однесува на договорот.
3. Како и за контекстот, ќе се води сметка:
(а) за секоја подоцнежна спогодба помеѓу членките во поглед на толкувањето на договорот или на примената на неговите одредби;
(б) за секоја подоцнежна практика во врска со примената на договорот со кој е постигната спогодба помеѓу членките во поглед на толкувањето на договорот.
(в) за секое релевантно правило на меѓународното право кое се применува во односите меѓу членките.
4. Изразот се зема во посебна смисла ако се утврди дека таква била намерата на страните договорнички.
Член 32
Дополнителни средства за толкување
Може да се повика на дополнителните средства на толкување, посебно на подготвителните работи, како и на околностите под кои е склучен договорот за да се потврди смислата која произлегува од примената на член 31 и да се одреди смислата кога толкувањето дадено според член 31 е:
(а) двосмислено или нејасно; или
(б) доведува до резултат што очигледно е апсурден или неразумен.“
Член 33
Толкување на договори заверени на два или повеќе јазици
„1. Ако еден договор е заверен на два или на повеќе јазици, неговиот текст е веродостоен на тие јазици, освен ако со договорот не е одредено или членките не се договорат во случај на несогласување да важи еден одреден текст.
2. Преводот на договорот на некој друг јазик освен на јазикот на кој е заверен текстот, се смета како веродостоен текст само ако го предвидува тоа договорот или ако членките се договориле за тоа.
3. Изразите во договорот се смета дека имаат иста смисла во разни веродостојни текстови.
4. Освен во случајот кога одреден текст има првенство врз основа на точка 1, ако споредувањето на веродостојните текстови покаже разлика која со примената на членовите 31 и 32 не е можно да се отстрани, се усвојува смислата која, водејќи сметка за предметот и за целта на договорот, најдобро ги усогласува текстовите.
Б. Женевските конвенции од 1949 г. за заштита на жртвите на вооружени конфликти и нивните дополнителни протоколи
36. Релевантниот дел од општиот член 3 од Женевските конвенции од 1949 г. вели:
Член 3
„Во случај на вооружен конфликт кој нема меѓународен карактер, а се случил на територијата на една од високите договорни страни, секоја страна во конфликтот ќе биде обврзана да ги примени, како минимум, следниве одредби:
(1) Лицата кои играат активна улога во непријателствата, вклучително и припадници на вооружените сили кои го положиле своето оружје и оние што повеќе не се борат заради тоа што се болни, ранети, лишени од слобода или некоја друга причина, во сите околности со нив ќе се постапува на хуман начин, без да се прави никаква разлика заснована на раса, боја, религија или вера, пол, раѓање или богатство, или некој друг сличен критериум.
За оваа цел следниве дела се и ќе останат забранети во секое време и место што се однесува до гореспоменатите лица.
(a) насилство по животот и личноста, и особено убиства од секаков вид, осакатување, сурово постапување и мачење;
(б) земање на заложници;
(в) повреда на личното достоинство, особено понижувачко и деградирачко постапување;
(г) изрекување на казни и спроведување на егзекуции без претходно изрекување на пресуда од страна на редовно конституиран суд, обезбедувајќи ги сите судски гаранции кои се признати како незаменливи за цивилизираните народи.
...”
37. Релевантните делови од Конвенцијата (I) за подобрување на условите на ранетите и болните во вооружените сили на терен (Женева, 12 август 1949 г. – во понатамошниот текст “Првата женевска конвенција“) вели:
Глава IX. Сузбивање на злоупотреби и прекршувања
Член 49
„Високите договорни страни преземаат активности за спроведување на законите што се неопходни за обезбедување на делотворни казнени санкции за лица кои извршуваат или наредуваат извршување на секакви тешки повреди на актуелната Конвенција дефинирани во следниов член.
Секоја високо договорна страна има обврска да ги претресе лицата кои наводно извршиле или наредиле извршување на такви тешки повреди, и таквите лица ќе ги изнесе, без разлика на нивната националност, пред сопствените судови. Исто така доколку претпочита, а е во согласност со одредбите на своето законодавство, ќе ги предаде таквите лица да им се суди во друга засегната висока договорна страна, под услов таа висока договорна страна да има изградено prima facie случај.
...”
Член 50
„Тешките повреди на кои упатува претходниот член се оние кои ги вклучуваат следниве дела доколку истите се извршени против лица или имот заштитен од Конвенцијата: убиство со умисла, мачење или нечовечно постапување, вклучително и биолошки експерименти, намерно предизвикување на големо страдање или сериозни повреди по телото или здравјето, и опсежно уништување и присвојување на имот, што не е оправдано со воена потреба и се врши незаконски и немилосрдно.“
38. Членовите 50 и 51 од Конвенцијата (II) за подобрување на условите за ранетите, болните и бродоломците, припадници на вооружени сили на море (Женева, 12 август 1949 г. – во понатамошниот текст „Втората женевска конвенција“) го содржи истиот текст како и членовите 49 и 50 од Првата женевска конвенција.
39. Членовите 129 и 130 од Конвенцијата (III) која се однесува на постапувањето со воените затвореници (Женева, 12 август 1949 г. – во понатамошниот текст „Третата женевска конвенција“) го содржи истиот текст како и членовите 49 и 50 од Првата женевска конвенција.
40. Членовите 146 и 147 од Конвенцијата (IV) која се однесува на заштитата на цивилното население за време на војна (Женева, 12 август 1949 г. – во понатамошниот текст „Четвртата женевска конвенција“) го содржи истиот текст како и членовите 49 и 50 од Првата женевска конвенција
41. Релевантниот дел од Дополнителниот протокол (II) од Женевските конвенции, во врска со Заштитата на жртвите на немеѓународни вооружени конфликти (Женева, 8 јуни 1977) вели:
Член 4
„1. Сите лица кои не учествуваат директно или коишто престанале да учествуваат во непријателствата, без разлика дали нивната слобода била ограничена, имаат право на почитување на нивната личност, чест и убедувања и религиозни практики. Во секој случај со нив ќе се постапува на човечен начин, без никаква непријателска дистинкција. Забрането е да се нареди да нема преживеани.
2. Без предрасуди во однос на општоста на претходно кажаното, следниве дела против лицата споменати во став I се и ќе останат забранети во секое време и на секое место, без разлика:
(а) насилство против животот, здравјето и физичката или менталната состојба на лицата, особено убиство како и сурово постапување како што е мачење, осакатување или секаква форма на телесно казнување; ...“
Член 6
“...
5. На крајот од непријателствата, властите ќе се потрудат да дадат најширока можна амнестија за лицата што учествувале во вооружениот судир, или оние што биле лишени од слобода заради причини поврзани со вооружениот конфликт, било да се притворени или затворени.“
Член 13
„1. Цивилното население и поединечните цивили ќе уживаат општа заштита од опасностите што произлегуваат од воените операции. За оваа заштита да биде делотворна, следниве правила треба да се почитуваат во сите околности.
2. Цивилното население како такво, како и поединечните цивили, нема да се предмет на напад. Дела или закани со насилство чија примарна цел е ширење на страв меѓу цивилното население е забрането.
3. Цивилите ќе ја уживаат заштитата уредена со овој дел, освен ако и за време додека директно учествуваат во насилствата.“
В. Конвенција за спречување и казнување на злосторството геноцид[2]
42. Релевантните делови од Конвенцијата го велат следново:
Член 1
„Договорните страни потврдуваат дека геноцидот, било да е извршен за време на мир или за време на војна, претставува воено злосторство согласно меѓународното право за што тие преземаат обврска да го спречат и казнат.“
Член 4
„Лицата кои вршат геноцид или некое од другите дела наведени во членот 3 ќе бидат казнети, било да се уставно одговорни владетели, јавни службеници или приватни поединци.“
Член 5
„Договорните страни преземаат обврска да го усвојат, во согласност со своите устави, потребното законодавство за одредбите од оваа Конвенција да стапат на сила, и поконкретно да се обезбедат делотворни казни за лицата виновни за геноцид или некое од другите дела наведени во член 3.“
Г. Конвенција за незастарување на воените злосторства и злосторствата против човештвото[3]
43. Релевантниот дел од Конвенцијата го вели следново:
Член 1
„Застареност на делото нема да се применува за следниве дела, без разлика на датумот кога биле извршени:
(а) Воени злосторства согласно дефиницијата во Повелбата на Меѓународниот воен суд, во Нирнберг, од 8 август 1945 г. и потврдените резолуции 3 (1) од 13 февруари 1946 г. и 96 (I) од 11 декември 1946 г. од Генералното собрание на Обединетите нации, особено ‘тешките повреди’ наведени во Женевските конвенции од 12 август 1949 г. за заштита на жртвите од војна;
(б) Злосторства против човештвото, било да биле извршени за време на војна или за време на мир со оглед дека се дефинирани во Повелбата на Меѓународниот воен суд, во Нирнберг, од 8 август 1945 г. и потврдени со резолуциите 3 (I) од 13 февруари 1946 г и 95 (I) од 11 декември 1946 г. на Генералното собрание на Обединетите нации, протерување со воен напад или окупација и нечовечно постапување како резултат на политика на апартхејд, и злосторство на геноцид согласно дефиницијата од Конвенцијата за спречување и казнување на злосторство на геноцид од 1946 г., дури и ако таквите дела не претставуваат повреда на домашното право на земјата во која тоа било извршено.“
Член 2
„Доколку некое од споменатите злосторства во член I е извршено, одредбите на оваа Конвенција ќе се применат на претставниците на државните власти и приватните лица кои како главни или соучесници, учествуваат или кои директно поттикнуваат други да извршат некое од тие злосторства, или кои се во завера да ги извршат без разлика на степенот на извршување, и за претставници на државен орган кој го толерира таквото постапување.“
Член 3
„Државите потписнички на актуелната Конвенција преземаат обврска да ги усвојат сите неопходни домашни мерки, законски или други, со гледиште за овозможување на екстрадицијата, во согласност со меѓународното право, на лицата на кои се упатува во член II од оваа Конвенција.“
Член 4
Државите потписнички на оваа Конвенција преземаат обврска да усвојат, во согласност со своите уставни процеси, законски или други мерки потребни за да нема примена на застареност на делото за гонење и казнување на злосторствата на кои се упатува во членовите 1 и 2 од оваа Конвенција, а онаму каде што истите постојат таквите можности ќе бидат укинати.“)
Д. Статутот на Меѓународниот кривичен суд
44. Член 20 од Статутот вели:
Ne bis in idem
„1. Освен ако не е поинаку решено со овој Статут на ниедно лице не може да му се суди пред Суд за дела кои претставуваат кривични дела, а за кои лицето веќе било осудено или ослободено од Судот.
2. На ниедно лице не може да му биде судено од друг суд за дело на кое се упатува во член 5, а за кои лицето веќе било осудено или ослободено од Судот.
3. На лице кое е судено пред друг суд за дела, кои се пропишани во членовите 6, 7 или 8 нема да му се суди од страна на Судот во однос на истото дело освен ако постапките во другиот суд:
(а) имале за цел да го заштитат засегнатото лице од кривична одговорност за кривични дела под јурисдикција на Судот; или
(б) не биле спроведени на независен или непристрасен начин во согласност со нормите на процесот признаен од меѓународното право и ако не биле спроведени на начин што, во дадените услови, бил недоследен на намерата да се изнесе засегнатото лице пред лицето на правдата.“
Ѓ. Обичајните правила на меѓународното хуманитарно право
45. Со мандат од државите собрани на 26-тата Меѓународна конференција на црвениот крст и црвената месечина, Меѓународниот комитет на црвениот крст (МКЦК) во 2005 претстави Студија за обичајното меѓународно хуманитарно право (J.-M. Henckaerts and L. Doswald-Beck (eds.), Customary International Humanitarian Law, 2 Volumes, Cambridge University Press & ICRC, 2005). Студијата содржи листа на обичајните правила на меѓународното хуманитарно право Правилото 159, кое упатува на немеѓународни вооружени конфликти вели:
„На крајот на непријателствата властите мора да вложат напори да им дадат најширока можна амнестија на лицата кои учествувале во немеѓународен вооружен конфликт, или оние што се лишени од својата слобода од причини поврзани со вооружен конфликт, со исклучок на лица осомничени, обвинети или осудени за воени злосторства.“
Е. Советот за безбедност на Обединетите нации
Резолуција за состојбата во Хрватска, 1120 (1997), 14 јули 1997
46. Релевантниот дел од Резолуцијата вели:
„Советот за безбедност:
...
7. Апелира до Владата на Република Хрватска да ги елиминира нејасните делови од имплементацијата на Законот за амнестија, и да го спроведат на правичен и објективен начин во согласност со меѓународните стандарди, особено преку затворање на сите истраги на кривични дела опфатени од амнестијата и да се спроведе итно и сеопфатно ревидирање со учество на Обединетите нации и локалните Срби на сите обвиненија против поединци за сериозни повреди на меѓународното хуманитарно право кои не се опфатени од амнестијата со цел да се стави крај на постапките против сите поединци против кои нема доволно докази;
...”
Ж. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
47. Член 7 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
„Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.“ Конкретно, никој нема да биде подложен без сопствена слободна согласност на медицински или научни експерименти.“
I. Комитетот за човекови права на Обединетите нации
1. Општ коментар 20, член 7 (Четириесет и четврта сесија, 1992)
48. Комитетот на Обединетите нации за човекови права во 1994 г. забележал во својот Општ коментар бр. 20 за член 7 од Меѓународниот пакт дека некои држави дале амнестија во однос на делата на мачење. Понатаму вели дека „амнестиите се генерално некомпатибилни со обврската на државата да ги истражи таквите дела; да гарантира ослободување од такви дела во рамките на својата јурисдикција; и да обезбеди тие да не се појават во иднина. Државите не можат да ги лишат поединците од правото на делотворен правен лек, вклучително обесштетување и колку што е можно поцелосна рехабилитација“.
2. Заклучни забелешки, Либан, 1 април 1997 г.
49. Став 12 го вели следново:
„12. Комитетот со загриженост даде забелешки за амнестијата дадена на цивилниот и воениот персонал за повреди на човекови права кои може ги извршиле врз цивили за време на граѓанската војна Таквата широка амнестија може да спречи соодветна истрага и казна за извршителите на повреди на човековите права во минатото, може да ги поткопа напорите за да се утврди почитувањето на човековите права, и претставува пречка во напорите преземени за консолидирање на демократијата.“
3. Заклучни забелешки, Хрватска, 30 април 2001 г.
50. Став 11 го вели следново:
„Комитетот е загрижен за импликациите на Законот за амнестија. Иако тој закон конкретно вели дека амнестијата не се применува за воени злосторства, терминот ‘воени злосторства’ не е дефиниран и постои опасност дека законот ќе биде применет за да не се казнат лицата обвинети за сериозни повреди на човековите права. Комитетот жали дека не добил информации за случаи во кои Законот за амнестија бил толкуван и применет од судовите.
Државата потписничка треба да обезбеди во пракса Законот за амнестија да не се примени или користи за да се овозможи лица обвинети за сериозни повреди на човековите права да не бидат казнети.“
4. Општ коментар бр. 31[80], Природата на општата правна обврска наметната на земјите потписнички на Пактот, 26 мај 2004 г.
„18. Кога истрагата на која се упатува во став 15 ќе открие повреди на одредени права од Пактот, државите потписнички мора да обезбедат оние што се одговорни да бидат изнесени пред лицето на правдата. Ако не се спроведе истрага, ако сторителите на такви повреди не се изнесат пред лицето на правдата, ова како такво и само по себе може да резултира со уште една повреда на Пактот. Овие обврски забележливо произлегуваат во однос на повредите признати како злосторства било врз основа на домашното или меѓународното право, како што се мачење и слично сурово, нечовечно и понижувачко постапување (член 7), групно и своеволно убивање (член 6) и присилно исчезнување (членови 7 и 9 и, честопати, 6). Навистина проблемот со неказнувањето на таквите повреди, прашање што постојано го загрижува Комитетот, може да биде важен елемент што придонесува за повторување на повредите. Кога се извршени како дел од широко распростран или систематски напад врз цивилното население, тие повреди на Пактот се злосторства против човештвото (види Статутот од Рим на Меѓународниот кривичен суд, член 7).
Соодветно на тоа, кога државни службеници или државни претставници извршиле повреди на правата од Пактот на кои се упатува во овој став, засегнатите држави потписнички не може да ги ослободат од лична одговорност сторителите, како што беше случајот со некои од амнестиите (види Општ коментар 20 (44)) и претходни законски имунитети и обесштетување. Исто така, никаков службен статус не оправдува лица кои може да бидат обвинети за одговорност за таквите повреди да искористат имунитет од законска одговорност.
...”
Ѕ. Конвенција за заштита од мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казна[4]
51. Релевантните делови од оваа Конвенција уредуваат:
Член 4
„1. Секоја држава членка настојува според своето кривично право сите акти на тортура да се сметаат за кривични дела. Ист е случајот и со обидите за вршење тортура или некој друг акт што ќе го изврши некое лице, а кој претставува соучесништво или учествување во акт на тортура.
2. Секоја држава членка определува за овие кривични дела соодветни казни со кои е земена предвид нивната тежина.
Член 7
„1. Државата членка на територијата под чија јурисдикција е откриен наводниот извршител на кривичното дело споменато во член 4, ако не изврши предавање на тој извршител, во случаите споменати во член 5 го поднесува предметот до надлежните органи за да спроведат кривична постапка.
...”
Член 12
„Секоја држава членка се грижи надлежните органи неодложно да извршат непристрасна истрага секогаш кога постојат оправдани причини за сомнение дека акт на тортура е извршен на некоја територија под нејзина јурисдикција.“
Член 13
Секоја држава членка на секое лице кое тврди дека било подложено на тортура на некоја територија под нејзина јурисдикција му обезбедува право да се жали до надлежните органи на споменатата држава кои неодложно и непристрасно ќе го испитаат случајот. Ќе се преземат мерки заради обезбедување заштита на лицето кое се жалело и лицето како сведок од секое лошо постапување или какво и да било заплашување поради поднесена жалба или каква и да било дадена изјава.“
Член 14
„1. Секоја држава членка, во својот правен систем, ѝ гарантира на жртвата на некој акт на тортура право на добивање на надомест и праведна и соодветна отштета, вклучувајќи ги средствата потребни за нејзина целосна рехабилитација. Во случај на смрт на жртва на акт на тортура, носителите на правата на таа жртва полагаат право на отштета.
2. Овој член не исклучува никакво право на отштета што би го имала жртвата или кое и да било друго лице во согласност со националното законодавство.“
И. Комисија на Обединетите нации за човекови права
52. Релевантните делови од резолуциите за неказнување велат:
1. Резолуција 2002/79, 25 април 2002, и Резолуција 2003/72, 25 април 2003
„Комисијата за човекови права:
...
2. Исто така ја нагласува важноста од преземање на неопходните и можни чекори за сторителите, како и нивните соучесници, да ја сносат одговорноста за повредата на меѓународните човекови права и хуманитарното право, признава дека амнестија не треба да им се даде на оние што сториле повреди на меѓународното хуманитарно право и човековите права кои претставуваат сериозни кривични дела и ги поттикнува државите да преземат дејствија во согласност со своите обврски согласно меѓународното право;
...”
2. Резолуција 2004/72, 21април 2004
„Комисијата за човекови права:
...
3. Исто така признава дека амнестија не треба да им се даде на оние коишто извршиле повреди на човековите права и меѓународното хуманитарно право кои претставуваат кривични дела, ги повикува државите да преземат дејствија во согласност со своите обврски согласно меѓународното право и го поздравува повлекувањето, откажувањето или понишувањето на амнестиите и други имунитети.
...”
3. Резолуција 2005/81, 21април 2005
„Комисијата за човекови права:
...
3. Исто така признава дека амнестија не треба да им се даде на оние коишто извршиле повреди на човековите права и меѓународното хуманитарно право, а кои претставуваат кривични дела, ги повикува државите да преземат дејствија во согласност со своите обврски согласно меѓународното право и го поздравува повлекувањето, откажувањето или понишувањето на амнестиите и други имунитети, и го прифаќа заклучокот на генералниот секретар дека мировните договори поддржани од Обединетите нации не можат никогаш да ветат амнестии за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства или огромни повреди на човековите права.
...”
Ј. Европскиот парламент
Резолуција A3-0056/93, 12 март 1993
53. Релевантниот текст на Резолуцијата за човековите права во светот и политиката за човековите права на Заедницата за годините 1991/1992 вели:
„Европскиот парламент
...
7. Верува дека проблемот со неказнувањето ... може да добие облик на амнестија, имунитет, вонредна јурсидикција и ја ограничува демократијата со ефективно опростување на повредите на човековите права и им нанесува болка на жртвите;
8. Потврдува дека не треба да постои никаква можност за неказнување за оние што се одговорни за воени злосторства во поранешна Југославија ...“
К. Специјалниот известувач на Обединетите нации за тортура
Петти извештај, UN Doc. E/CN.4/1998/38, 24 декември 1997
54. Во 1998 г. во заклучоците и препораките во својот петти извештај по прашањето на човековите права на сите лица подложени на некаква форма на лишување од слобода или затвор, особено, мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казна, специјалниот известувач на Комисијата на ООН за човекови права изјави во однос на нацрт статутот за Меѓународниот кривичен суд:
„228. Во врска со ова специјалниот известувач е свесен за сугестиите според кои амнестиите доделени на национално ниво можат да се воведат како брана за предложената јурисдикција на судот. Тој го смета дека секој таков потег за разорувачки не само за проектот во прашање, туку и за меѓународната законитост генерално. Ова во голема мерка ќе ја поткопа целта на предложениот суд со тоа што на државите ќе им се дозволи законски да ги направат недостапни своите државјани за јурисдикцијата на судот. Ова ќе ја намали меѓународната законитост, бидејќи е аксиомично во тоа дека државите не можат да се повикаат на своето право за да ги избегнат своите обврски согласно меѓународното право. Со оглед дека меѓународното право бара од државите да ги казнат оние видови кривични дела што се наведени во нацрт статутот од судот општо гледано, особено мачењето, и да ги изнесат сторителите пред лицето на правдата, амнестиите во прашање се ipso facto, повреди на обврските на засегнатите страни да ги изнесат сторителите пред лицето на правдата. ...”
Л. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY)
55. Релевантниот дел од случајот Фурунџија (пресуда од 10 декември 1998) вели:
„155. Фактот дека мачењето е забрането со безусловна норма на меѓународното право има други последици на меѓудржавните и поединечните нивоа. На меѓудржавно ниво, ова служи за меѓународно делегитимирање на секаков законски, управен или судски акт кој одобрува мачење. Би било бесмислено да се тврди, дека од една страна на сметка на jus cogens вредноста на забраната на мачење, договорите или обичајните правила кои предвидуваат мачење би биле никаква и неважечки ab initio, и потоа да бидеме невнимателни на пример кога една држава ќе усвои национални мерки со кои се одобрува или опростува мачење или се ослободуваат од одговорноста сторителите преку закон за амнестија. Доколку дојде до таква ситуација, националните мерки, со кои се повредува општото начело и некоја релевантна одредба од договор, ќе се предизвикаат горе споменатите правни последици, а дополнително не би се усогласело меѓународно законско признание. Потенцијалните жртви би можеле да покренат постапки доколку имале locus standi пред надлежно меѓународно или национално судско тело со гледиште да побара од него да ги смета националните мерки за меѓународно незаконски; или жртвата може да покрене граѓанска постапка за обесштетување пред странски суд, од кој притоа ќе се бара меѓу другото да ја отфрли законската вредност на националниот закон. Она што е уште поважно е дека сепак сторителите на дела на мачење кои ќе ги искористат овие национални мерки можат да се сметаат за кривично одговорни за мачење, било во некоја странска држава или во нивната сопствена од страна на следниот режим. Накратко, и покрај можното национално одобрување од законодавните или судски тела да се повреди начелото со кое се забранува мачење, поединците и понатаму се обврзани да се придржуваат на тоа начело. Како што Меѓународниот воен суд во Нирмберг се изјасни: „лицата имаат меѓународни обврски кои ги надминуваат националните обврски за послушност наметнати од поединечните држави.“
Љ. Американската конвенција за човекови права[5]
56. Релевантниот дел од Конвенцијата го вели следново:
Член 1. Обврска за почитување на правата
„1. Државите потписнички на Конвенцијата преземаат обврска да ги почитуваат правата и слободите што се овде признати и да обезбедат сите лица кои подложат на нивните јурисдикции слободно и целосно да ги уживаат сопствените права и слободи, без никаква дискриминација од причини на раса, боја, пол, јазик, религија, политика или друго мислење, национално или социјално потекло, економски статус, раѓање или некакви други социјални услови.
2. За потребите на оваа Конвенција под ‘лице’ се подразбира секое човечко суштество.“
М. Меѓуамериканската комисија за човекови права
1. Случај 10.287 (Салвадор), Извештај од 24 септември 1992 г.
57. Во 1992 г. во извештај за случај поврзан со Лас Охас масакрите во Салвадор во 1983 г. во кои биле убиени 74 луѓе од припадници на салвадорските вооружени сили со учество на припадници на Граѓанската одбрана, од што произлегла жалба пред Меѓуамериканската комисија за човекови права, која одлучи следново:
„... жалбата по [Законот за амнестија за постигнување на национално помирување во Салвадор од 1987 г.] претставува јасна повреда на обврската на салвадорската Влада да ги истражи и казни повредите на правата на жртвите од Лас Охас, и да им се даде обесштетување за штетите кои произлегле од повредите.
...
Актуелниот закон за амнестија, како што се применува во овие случаи, со поништувањето на можноста за судска помош во случаите на убиство, нечовечно постапување и отсуство на судски гаранции, ја отфрла фундаменталната природа на најосновните човекови права. Ова можеби ги елиминира единствените најделотворни средства за остварување на таквите права, судење и казнување на прекршителите.“
2. Извештај за состојбата со човековите права во Салвадор, Doc. OEA/Ser.L/II.85 Doc. 28 rev. (1 јуни 1994)
58. Во 1994 г. во извештај за состојбата со човековите права во Салвадор, Меѓуамериканската комисија за човекови права се произнесе во врска Законот за општа амнестија заради консолидирање на мирот на Салвадор, со следново:
„... без разлика од потребата што можеби ја наметнуваат мировните преговори и без разлика на чисто политичките размислувања, опсежниот Закон за општа амнестија [заради консолидирање на мирот] усвоен од Законодавното собрание на Салвадор претставува повреда на меѓународните обврски што ги презеле со ратификувањето на Американската конвенција за човекови права бидејќи овозможува ‘реципрочна амнестија’ без најпрво да се признае одговорноста ...; бидејќи се однесува на злосторства против човештвото, и бидејќи тој ја елиминира секоја можност за добивање на адекватно парично обесштетување, пред сè за жртвите.“
3. Случај 10.480 (Салвадор), Извештај од 27 јануари 1999
59. Во 1999 г. во извештај за случај во врска со Законот за општа амнестија заради консолидирање на мирот во Салвадор, Меѓуамериканската комисија за човекови права изјави:
„113. Комисијата сака да нагласи дека [овој закон] се применувал за сериозни повреди на човековите права во Салвадор во периодот од 1 јануари 1980 г. и 1 јануари 1992 г., вклучително и оние што се испитани и утврдени од Комисијата за вистина. Особено, неговото делување беше проширено, меѓу другото и на дела како што се групни егзекуции, мачење и присилно исчезнување на лица. За некои од овие дела се смета дека се толку тешки што оправдуваат усвојување на посебни конвенции за дадената сфера и вклучување на посебни мерки за спечување на неказнување на истите, вклучително и универзална јурисдикција и неприменување на институтот на застарување на делото...
...
115. Комисијата исто така забележува дека членот 2 од [овој закон] наводно се применувал за сите повреди на општиот член 3[од Женевските конвенции од 1949] и [од Дополнителниот протокол II од 1977] извршени од претставници на Државата за време на вооружениот конфликт што се случил во Салвадор. ...
...
123. ...со усвојувањето и спроведувањето на Законот за општа амнестија, салвадорската држава го повредила правото на судски гаранции вградени во членот 8(1) од [Американската конвенција за човекови права од 1969], на штета на преживеаните жртви на тортура и на роднините на..., кои биле спречени да добијат отштета во граѓанските судови, а сето ова поврзано со членот (1) од Конвенцијата.
...
129. ...со прогласувањето и спроведувањето на Законот за амнестија, Салвадор го повреди правото на судска заштита вградено во членот 25 од [Американската конвенција за човекови права од 1969] на штета на преживеаните жртви ...“
Во своите заклучоци Меѓуамериканската комисија за човекови права вели дека Салвадор „исто така го повредил, во однос на истите лица, општиот член 3 од Четирите Женевски конвенции од 1949 г. и членот 4 од [Дополнителниот протокол II од 1977]“. Исто така, заради заштита на правата на жртвите, се препорачува дека Салвадор треба „доколку е потребно ... да го поништи законот ex-tunc“.
Н. Меѓу-американскиот суд за човекови права
60. Во оваа пресуда во случајот на Бариос Алтос (пресуда од 14 март 2001 г., Основаност) која го вклучува прашањето за законитоста на законите за амнестија на Перу, Меѓуамериканскиот суд за човекови права вели:
„41. Овој Суд смета дека сите одредби за амнестија, одредби за пропишување и воспоставување на мерки дизајнирани да ја елиминираат одговорноста се недопуштени, бидејќи нивната цел е да се спречи истрагата и казнувањето на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права како што се мачење, вонсудско, групно или своеволно погубување и присилно исчезнување, а кои се забранети затоа што ги повредуваат неделивите права признати со меѓународното право за човекови права.
42. Судот во согласност со аргументите изнесени од Комисијата, а кои не беа оспорени од Државата, смета дека законите за амнестија усвоени од Перу ги спречило најблиските на жртвите и преживеаните жртви во овој случај да бидат ислушани од судија ...; тие го повредиле правото на судска заштита ...; тие ја спречиле истрагата, фаќањето, прогонот и осудување на оние што се одговорни за настаните што се случиле во Бариос Алтос, оттука непочитувањето на членот 1(1) од [Американската конвенција за човекови права од 1969], и тие го попречиле разјаснувањето на фактите во овој случај. Конечно, усвојувањето на закони за само-амнестија коишто се некомпатибилни со [Американската конвенција за човекови права од 1969] значи дека Перу не се придржувала на обврската да усвои интерен закон којшто е отелотворен во членот 2 од [Американската конвенција за човекови права од 1969].
43. Судот смета дека треба да се нагласи дека во контекст на општите обврски утврдени со членовите 1(1) и 2 од [Американската конвенција за човекови права од 1969] државите потписнички се обврзани да ги преземат сите мерки за да се обезбеди никој да не биде лишен од судска заштита и од уживање на правото на едноставна и делотворна примена, во смисла на членовите 8 и 25 од [Американската конвенција за човекови права од 1969]. Последователно, државите потписнички на [Американската конвенција за човекови права од 1969] кои усвојуваат закони што се спротивни на ова, како што се закони за само-амнестија ги прекршуваат членовите 8 и 25 поврзани со членовите 1(1) и 2 од [Американската конвенција за човекови права од 1969]. Законите за само-амнестија водат кон тоа жртвите да бидат оставени без одбрана и зацврстување на неказнувањето; оттука тие се евидентно некомпатибилни со целите и духот на Конвенцијата. Овој вид на закон предвидува идентификување на лицата кои што се одговорни за повредите на човековите права, бидејќи тоа ја попречува истрагата и пристапот до правда и ги спречува жртвите и нивните најблиски да ја дознаат вистината и да добијат соодветно обесштетување.
44. Како резултат на евидентната некомпатибилност на законите за само-амнестија и Американската конвенција за човекови права, на споменатите закони им недостасува правен ефект и не можат да продолжат да ја попречуваат истрагата по основите на кои се заснова овој случај или идентификација и казнувањето на оние што се одговорни, ниту пак тие можат да имаат исто или слично влијание во однос на други случаи кои што се случиле во Перу, каде правата утврдени со [Американската конвенција за човекови права од 1969] биле прекршени.“
Во своето мислење на согласување, судијата Антонио А. Канчадо Триндаде, додал:
„13. Меѓународната обврска на државата за повредите на меѓународно признаените човекови права – вклучително и повредите коишто се имаат случено по пат на усвојување и примена на законите за само-амнестија – и поединечната казнена одговорност на сторителите на сериозни повреди на човековите права и Меѓународното хуманитарно право, се двете лица на истата паричка во борбата против ѕверства, неказнување и неправда. Беше потребно да се чека да поминат многу години за да се дојде до овој заклучок, на што, доколку е можно денес, му дојде времето, - дали ќе може да инсистирам на една поента која ми е многу важна – за будење на универзалната судска совест, како материјален извор par excellence на самото меѓународно право.“
61. Во случајот на Алмонасид-Арејено и други против Чиле, пресудата од 26 септември 2006 г. (прелиминарни приговори, основаност, обесштетување и трошоци) Меѓу-американскиот суд за човекови права забележал:
„154. Што се однесува до начелото ne bis in idem, иако истото е признато како човеково право во членот 8(4) од Американската конвенција истото не е апсолутно право и затоа не се применува кога: i) интервенцијата на судот пред кој бил изнесен случајот и за кој одлучил да го отфрли и да го ослободи лицето одговорно за повреда на човековите права или меѓународното право, имала за цел да го заштити обвинетиот од кривична одговорност; ii) постапката не била спроведена на независен и непристрасен начин во согласност со потребните процедурални гаранции, или iii) немало вистинска намера да ги изнесе одговорните пред лицето на правдата. Пресуда дадена во претходно изнесените околности создава ‘очигледен’ или ‘лажен’ случај res judicata. Од друга страна Судот верува дека доколку се појават нови факти или докази кои ќе овозможат да се утврди идентитетот на оние што се одговорни за повредите на човековите права или за злосторства против човештвото, можат повторно да се отворат истраги дури и ако случајот бил затворен со ослободување во правосудна пресуда, бидејќи диктатот на правдата, правата на жртвите и духот и формулацијата на Американската конвенција надвладуваат над заштитата на ne bis in idem начелото.
155. Во овој случај, исполнети се два од претходно наведените услови. Најпрво, случајот бил сослушан од судови кои не ги поддржале гаранциите на јурисдикцијата, независноста и непристрасноста. Второ, примената на Законскиот декрет бр. 2.191 всушност ги попречил оние што биле наводно одговорни да се појават во суд и поддржувал неказнување за кривични дела извршени против г-динот Алмосид-Арејано. Оттука, државата не може да се потпира на начелото ne bis in idem за да избегне придржување на налогот на Судот (supra став 147)“
62. Истиот пристап бил следен и во случајот на Ла Кантута против Перу, пресуда од 29 ноември 2006 г. (основаност, обесштетување и трошоци), чиј релевантен дел го вели следново:
“151. Во врска со ова Комисијата и претставниците потврдија дека државата се потпирала на концептот на повторно судење за исто дело за да избегне казнување на некои од наводните иницијатори на тие дела: меѓутоа повторно судење за исто дело не важи овде затоа што тие биле судени од суд што немал надлежност, не бил независен или непристрасен и не успеал да ги исполни условите за надлежна јурисдикција. Дополнително, Државата тврдеше дека ‘инволвирањето на други луѓе кои може да се кривично одговорни е предмет на сите нови заклучоци до кое е дојдено од страна на Врховното обвинителството (Ministerio Público) и судството во истрагата на настаните и исполнувањето на казни’ и дека ‘одлуката на воениот суд за отфрлање на случајот нема никаква правна вредност за прелиминарната истрага на Врховното обвинителство. Односно одбраната дека се работи за повторно судење за исто дело не може да се примени.’
152. Овој Суд претходно се изјаснил во Случајот на Бариос Алтос дека
Овој Суд смета дека сите одредби за амнестија, одредби за пропишување и воспоставување на мерки дизајнирани да ја елиминираат одговорноста се недопуштени, бидејќи нивната цел е да се спречи истрагата и казнувањето на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права како што се мачење, вонсудско, групно или своеволно погубување и присилно исчезнување, а кои се забранети затоа што ги повредуваат неделивите права признати со меѓународното право за човекови права.
153. Конкретно, во врска со концептот за повторно судење за исто дело, Судот неодамна одлучи дека начелото non bis in idem не се применува кога постапката во која случајот бил отфрлен или сторителот на повредата на човекови права бил ослободен, заради повреда на меѓународното право, има ефект на ослободување на обвинетиот од кривична одговорност, или кога постапката не била спроведена независно или непристрасно согласно законски утврдениот процес. Пресудата изречена во околностите опишани горе дава само ‘фиктивни’ или ‘лажни’ основи за повторно судење за исто дело.
154. Оттука, во својата жалба против наводните иницијатори на кривични дела (supra, став. 80.82), кои биле ослободени од воените судови, Ад хох обвинителството (Procuraduría Ad Hoc) сметало дека е недопуштено да се разгледува одлуката за отфрлање на случајот издадена од воените судии во текот на постапка чија цел била да им се овозможи неказнување како законска пречка за обвиненијата или како конечна пресуда, со оглед дека судиите немале никаква јурисдикција и не биле непристрасни, и оттука пресудата може да не дава основи дека се работи за повторно судење за исто дело.“
63. Во случајот на Анзуалдо Кастро против Перу, пресуда од 22 септември 2009 г. (прелиминарен приговор, основаност, обесштетување и трошоци), Меѓуамериканскиот суд за човекови права повторил дека:
„182. ...Државата мора да ги отстрани сите пречки, како фактички така и законски, кои ја попречуваат делотворната истрага на факти и развивањето на соодветни правни постапки, како и примена на достапните средства за да се забрзаат таквите истраги и постапки, со цел да се обезбеди да нема повторување на факти како овие. Особено што ова е случај на присилно исчезнување кое настанало во контекст на систематска пракса или шема на исчезнувања извршени од државни претставници, со тоа државата не може да тврди или да примени закон или домашна законска одредба, сега или во иднина, со цел да не се придржува кон одлука на Судот за спроведување истрага и ако е можно кривично казнување на одговорните за фактите. Од овие причини и како што било наложено од овој Трибунал бидејќи усвојувањето на Пресудата во случајот на Бариос Алтос против Перу, Државата повеќе не може да ги применува законите за амнестија, кои немаат правни последици, сега или во иднина (supra став. 163), или се потпираат на концепти како што е застарување на кривичните дејства, начелото res judicata и заштитата од повторно судење за исто дело или да примени други мерки дизајнирани да ја елиминираат одговорноста со цел да ја избегнат својата обврска за истрага и казнување на одговорните.
64. Во случајот на Гелман против Уругвај (пресуда од 24 февруари 2011, основаност и обесштетување), Меѓуамериканскиот суд го анализираше на долго ставот на меѓународното право во врска со доделените амнестии за посериозни повреди на основните човекови права. Што се однесува до релевантноста истата вели:
"184. Обврската за истражување на повредите на човекови права потпаѓа под позитивните мерки што државите ги усвојуваат за да се обезбедат правата признати со Конвенцијата и повеќе претставува обврска за средства отколку на резултати, која мора да биде преземена од државата како законска обврска и не само како чиста формалност предодредена да биде неделотворна и која зависи од процедуралната иницијатива на жртвите или на нивните најблиски, или со обезбедување на докази од приватни странки.
...
189. Споменатата меѓународна обврска за гонење и доколку кривичната обврска е утврдена, го опфаќа казнувањето на сторителите на повреди на човекови права со обврската во врска со правата вградени во член 1(1) од Американската конвенција и предвидува право на државите членки да го организираат целиот владин апарат и генерално сите структури преку што се изразува примената на јавната власт, на начин дека се способни за законско гарантирање на слободно и целосно уживање на човековите права.
190. Како дел од оваа обврска, Државата мора да ги спречи, истражи и казни сите повреди на правата признати во Конвенцијата и да бара, дополнително, воспоставување, доколку е можно, на повреденото право, кога тоа е неопходно, за да се поправи штетата предизвикана од повредата на човековите права.
191. Доколку државниот апарат функционира на начин кој обезбедува работите да останат во состојба на неказнување и не ги обновува, во рамките на можностите, правата на жртвата, тоа може да е потврда дека државата не се придржува на обврската да го гарантира слободното и целосно уживање на тоа лице во нив во рамките на нејзината јуриздикција.
...
195. Амнестиите или слични форми претставуваат една од пречките од некои држави во истрагата, и онаму каде што е применливо, казнување на оние одговорни за сериозни повреди на човековите права. Судот, Меѓуамериканската комисија за човекови права, органите на Обединетите нации, и други универзални и регионални органи за заштита на човековите права одлучуваат за некомпатибилноста на законите за амнестија поврзани со сериозните повреди на човекови права со меѓународното право и меѓународните обврски на државите.
196. Како што беше одлучено претходно, овој Суд одлучуваше за некомпатибилноста на амнестиите со Американската конвенција во случаи на сериозни повреди на човековите права поврзани со Перу (Barrios Altos и La Cantuta), Чиле (Almonacid Arellano et al.) и Бразил (Gomes Lund et al.).
197. Во Меѓуамериканскиот систем на човекови права, во кој Уругвај е дел со суверена одлука, пресудите за некомпатибилност на законите за амнестија со обврските на државите што произлегуваат од Конвенцијата кога истите се однесуваат на сериозни повреди на човековите права се бројни. Дополнително на одлуките на овој Суд, Меѓуамериканската комисија заклучи дека во актуелниот случај и во други случаи кои се однесуваат на Аргентина, Чиле, Салвадор, Хаити, Перу и Уругвај има контрадикција со меѓународното право. Меѓуамериканската комисија потсетува дека:
Има одлучено во повеќе прилики во клучни случаи во кои имала можност да го изрази своето гледиште и да ја кристализира својата доктрина во однос на примената на законите за амнестија, утврдувајќи дека споменатите закони повредуваат различни одредби и на Американската декларација и на Конвенцијата и дека овие одлуки кои се поклопуваат со стандардите на другите меѓународни тела за човековите права во врска со амнестиите се изјаснија на униформен начин дека и законите за амнестија како и другите компаративни законски мерки ги попречуваат или затвораат истрагата или судската разрешница на случаите на државните претставници кои може да се одговорни за сериозни повреди на Американската декларација и Конвенција, повреда на повеќе одредби на споменатите инструменти.
198. На Универзалниот форум, во својот извештај до Советот за безбедност, насловен како Владеење на правото и транзициска правда во општествата што страдаат или страдале од конфликти, генералниот секретар на Обединетите нации забележал:
‘[...] мировните договори одобрени од Обединетите нации не можат да ветат амнестија за кривични дела на геноцид, војна или дела против човештвото или сериозни повреди на човековите права [...].’
199. Во иста смисла, Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права заклучи дека амнестиите и други аналогни мерки придонесуваат за неказнување и претставуваат пречка за правото на вистина со тоа што ја блокираат истрагата за фактите во однос на основаноста и дека оттука тие не се компатибилни со обврските на државите кои произлегуваат од различни извори на меѓународното право. Исто така, во однос на погрешната дилема меѓу мир и помирување, од една страна, и правдата, од друга страна, се вели дека:
‘амнестиите коишто ги ослободуваат од кривични санкции оние што се одговорни за ужасни злосторства во надеж дека ќе обезбедат мир честопати не успевале да ја постигнат својата цел и само ги охрабрувале своите корисници да вршат дополнителни кривични дела. Спротивно на тоа, мировни договори биле постигнувани и без одредби за амнестија и некои ситуации каде амнестијата се сметала за неопходен услов за мир и каде многумина се плашеле дека обвиненијата би го продолжиле конфликтот.’
200. Во врска со гореспоменатото, специјалниот известувач за Обединетите нации во однос на прашањето за неказнување изјави дека:
‘сторителите на повреди не можат да имаат корист од амнестијата додека жртвите не можат да се здобијат со правда по пат на делотворен правен лек. Ова ќе значи недостаток на правен лек во однос на дејствијата на жртвите поврзани со правото на обесштетување.’
201. Генералното собрание на Обединетите нации утврди во членот 18 од Декларацијата за заштита на сите лица од присилно исчезнување дека ‘за лицата кои сториле или се смета дека сториле [присилно исчезнување] нема да може да се примени специјален закон за амнестија или слични мерки коишто можат да резултираат со нивно ослободување од кривични постапки или санкција.’
202. Светската конференција за човекови права која што се одржа во Виена во 1993 г., во својата Декларација и Програма на активности, нагласи дека Државите ‘треба да ги дерогираат законските акти коишто овозможуваат неказнување на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права, [...] казнување на повреди,’нагласувајќи дека во тие случаи Државите се обврзани најпрво да ги спречат, а откако се случиле, да ги гонат сторителите на делата.
203. Работната група за присилни или недоброволни исчезнувања на Обединетите нации во повеќе случаи има работено на прашањето на амнестии во случаите на присилно исчезнување. Во своите Општи коментари во однос на членот 18 од Декларацијата за заштита на сите лица од присилно исчезнување, забележува дека таа смета дека законите за амнестија се спротивни на одредбите од Декларацијата, дури и кога било одобрено на референдум или од друг сличен вид на консултативен процес, ако директно или индиректно заради својата примена или спроведување, ја укине обврската на Државата да ги истражи, изнесе пред суд и казни оние што се одговорни за исчезнувањата, доколку ги крие имињата на оние кои ги извршиле споменатите дела или ако бидат ослободени.
204. Дополнително, истата Работна група ја изнесе и својата загриженост дека во постконфликтни ситуации се прогласуваат закони за амнестија или други мерки кај кои неказнувањето се јавува како последица и ги потсети државите дека:
во борбата против исчезнувањата делотворните превентивни мерки се од клучна важност. Меѓу нив, таа ги нагласува [...] изнесувањето пред суд на сите лица обвинети за присилно исчезнување, нивно судење пред надлежен граѓански судови, и тие да немаат корист од никаков посебен закон за амнестија или други слични мерки за кои постои веројатност дека ќе обезбедат ослободување од кривични постапки или санкции, и од обезбедување на обесштетување и соодветен надоместок за жртвите и нивните семејства.
205. Исто така во универзалниот форум, телата за заштита на човековите права утврдени со договори ги споменуваат истите стандарди во врска со забраната на амнестиите кои спречуваат истрага и казнување на оние коишто извршиле сериозни кривични дела против човековите права. Комитетот за човекови права, во својот Општ коментар 31 вели дека државите треба да се погрижат оние што се виновни за повреди признати како кривични дела во меѓународното право или во националното законодавство, меѓу другото – мачење и други дела на сурово, нечовечно или понижувачко постапување, групно лишување на животи, или своеволно лишување од слобода и присилно исчезнување – треба да се појават пред правосудниот систем и да не се обидуваат да ги ослободат сторителите од нивната законска одговорност, како што се има случено со некои закони за амнестија.
206. Комитетот за човекови права одлучуваше во однос на постапките по поединечни жалби и во извештаите на земјите, забележувајќи во случајот на Хуго Родригез против Уругвај, дека не може да го прифати ставот на државата дека не е обврзана да ги истражи повредите на човековите права извршени за време на претходниот режим заради законот за амнестија, и потврди дека законите за амнестија во однос на сериозни повреди не се компатибилни со претходно споменатиот Меѓународен пакт на граѓански и политички права, повторувајќи дека тие придонесуваат кон создавањето на атмосфера на неказнување која може да го поткопа демократскиот поредок и да доведе до други сериозни повреди на човековите права.
...
209. Исто така во универзалниот форум, во друга гранка на меѓународното право- односно меѓународното кривично право, амнестиите или сличните норми се сметаат за недопуштени. Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во случај поврзан со мачење, сметаше дека нема смисла од една страна да постои застарување на делото за сериозни повреди на човековите права, а од друга страна да се одобрат државни мерки кои одобруваат или опростуваат или закони за амнестија кои ги опфаќаат сторителите. Слично на тоа, специјалниот суд за Сиера Леоне сметаше дека законите за амнестија за споменатата држава не можеле да се применуваат за сериозни меѓународни кривични дела. 254 Оваа универзална тенденција се консолидира преку инкорпорирањето на споменатиот стандард во развивањето на статути на специјални судови креирани неодамна во рамките на Обединетите нации. Во оваа смисла и Договорот на Обединетите нации со Република Либан и Кралството Камбоџа, како и статутите со кои се креираа Специјалниот суд за Либан, Специјалниот суд за Сиера Леоне и Вонредниот совет на судовите на Камбоџа, ги вклучуваат во своите текстови клаузулите кои посочуваат дека амнестиите коишто се разгледуваат нема да претставуваат пречка за процесирање на оние што се одговорни за кривични дела што се во рамките на опсегот на јурисдикцијата на споменатите судови.
210. Исто така, во толкувањето на член 6-5 од Дополнителниот протокол II на Женевската конвенција за меѓународното хуманитарно право, МКЦК изјави дека амнестиите не можат да ги штитат сторителите на воени злосторства:
кога го усвои ставот 5 од членот 6 на Дополнителниот протокол II, СССР изјави, во образложението на своето мислење, дека ова не може да се толкува на начин на кој ќе им овозможи на сторителите на воени злосторства, или други лица виновни за дела против човештвото да избегнат строга казна. МКЦК се согласува со ваквото толкување. Амнестијата исто така би била недоследна со правилото со кое се бара од државите да ги истражат и гонат оние што се осомничени дека извршиле воени злосторства во вооружени конфликти кои немаат меѓународен карактер (...).
211. Оваа норма на Меѓународното хуманитарно право и толкувањето на членот 6-5 од Протоколот е усвоена од Меѓуамериканската комисија за човекови права и Комитетот за човекови права на Обединетите нации.
212. Незаконитоста на амнестиите поврзана со сериозни повреди на човековите права виз-а-ви меѓународното право се афирмира и од судовите и органите на сите регионални системи за заштита на човековите права.
213. Во европскиот систем, Европскиот суд за човекови права сметаше дека е од голема важност, кај она што претставува делотворен правен лек, кривичните постапки за кривични дела како што е мачењето, а кои опфаќаат сериозни повреди на човековите права, да не бидат попречени од институтот на застарување или да се дозволат амнестии или помилувања во овој контекст. Во други случаи, нагласува дека кога еден претставник на Државата е обвинет за кривични дела во врска со членот 3 од Европската конвенција (право на живот), кривичните постапки и пресуди не треба да бидат попречени, а амнестирањето не е дозволено.
214. Африканската комисија за човекови права и правата на народите сметаше дека законите за амнестија не можат да ја штитат Државата која ги усвоила од тоа да се придржува кон своите меѓународни обврски, и забележа, дополнително, дека при забраната на гонењето на сторителите на сериозни повреди на човековите права преку доделување на амнестија, државите не само што промовираат неказнување, но исто така да ја попречуваат можноста за споменатите повреди да бидат истражени, а жртвите на споменатите кривични дела да добијат делотворен правен лек со цел да добијат обесштетување.
...
Ѓ. Законите за амнестија и јуриспруденцијата на овој Суд.
225. Овој Суд утврди дека ‘одредбите за амнестија, одредбите за застарување на делата, и воспоставувањето на исклучоци од одговорноста чија цел е да се спречи истрага и казнување на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права како што се мачење, групни, вонсудски или своеволни егзекуции и присилно исчезнување не се допуштени, и сите се забранети заради тоа што ги прекршуваат правата признати со Меѓународното право за човекови права.’
226. Во оваа смисла законите за амнестија во случаи на сериозни повреди на човековите права се изречно некомпатибилни со вториве и со духот на Пактот од Сан Хозе, со оглед дека ги повредуваат одредбите од членовите 1(1) и 2, односно со оглед дека ја попречуваат истрагата и казнувањето на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права и последователно попречуваат пристап за жртвите и нивните семејства до вистината за тоа што се случило и до соодветно обесштетување со што се попречува целосно, навремено и делотворно владеење на правдата во релевантните случаи. Од своја страна ваквото нешто оди во прилог на неказнување и своеволност и исто така сериозно го погаѓа владеењето на правото, причина за која, во контекст на меѓународното право имаа изјавено дека немаат правен ефект.
227. Особено, законите за амнестија влијаат на меѓународната обврска на државата во однос на истрагата и казнувањето на сериозни повреди на човековите права бидејќи тие спречуваат блиските роднини да бидат сослушани од судија согласно она што е наведено во членот 8(1) од Американската конвенција, со што се повредува правото на судска заштита која е вградена во член 25 од Конвенцијата токму заради неспроведувањето на истрага, судско гонење и казнување за фактите, со што нема придржување на членот 1(1) од Конвенцијата.
228. Согласно општите обврски отелотворени во член 1(1) и 2 од Американската конвенција, државите потписнички се обврзани да преземат најразлични видови на мерки за да не се случи некој да биде лишен од судска заштита и уживање на нивното право на едноставен и делотворен правен лек, во смисла на членовите 8 и 25 од Конвенцијата и откако Американската конвенција ќе биде ратификувана таа кореспондира за државата да ги преземе сите мерки на повикување на правните одредби коишто можат да се контрадикторни на споменатиот договор како што е утврдено во член 2 во таа смисла, како оние што ја спречуваат истрагата на сериозни повреди на човековите права со оглед дека тоа води кон неможност на жртвите да се одбранат и продолжување со неказнувањето и ги спречува најблиските да ја дознаат вистината во однос на фактите.
229. Некомпатибилноста со Конвенцијата го вклучува амнестирањето на сериозни повреди на човековите права и тоа не е ограничено само на оние што се именувани, ‘само-амнестирањата’, а Судот, повеќе од процесот на усвојување и органот што го усвоил Законот за амнестија, упатува на своето ratio legis: да ги остави неказнети сериозните повреди извршени во меѓународното право. Некомпатибилноста на законите за амнестија со Американската конвенција во случаи на сериозни повреди на човековите права не произлегува од формално прашање, како што е неговото потекло, туку повеќе од материјален аспект во однос на правата отелотворени во членовите 8 и 25, во врска со членовите 1(1) и 2 од Конвенцијата.
Е. Истражување на фактите и уругвајскиот Закон за истекување.
...
240. ... при примената на одредбите од Законот за истекување (кој, заради сите интензивни цели претставува закон за амнестија) и со тоа ја попречува истрагата на фактите и идентификацијата, изнесувањето пред суд и можното казнување на можните сторители на континуирани и постојани повреди како оние предизвикани од присилно исчезнување, државата не успева да се придржува на својата обврска за да го прилагоди својот домашен закон што е отелотворен во членот 2 од Конвенцијата.“
65. Во случајот на Комез Лунд и др. („Герилата на Арагуаја) против Бразил (Gomes Lund et al (“Guerrilha do Araguaia”) v. Brazil) (пресуда од 24 ноември 2010, прелиминарни приговори, основаност, обесштетување и трошоци) Меѓу-американскиот суд повторно силно се спротивстави на давањето на амнестии за тешки повреди на основните човекови права. Откако се потпре на истиот стандард на меѓународното право како во горе цитираниот случај на Гелман, одлучи, што се однесува до релевантниот дел, дека:
„171. Како што може да се види од содржината на претходните ставови, сите меѓународни органи за заштита на човековите права и неколку виши судови од регионот кои имале можност да одлучуваат во однос на опсегот на законите за амнестија во врска со повредите на човековите права и нивната компатибилност со меѓународните обврски на државите што ги издаваат, забележале дека тие закони за амнестија влијаеле врз меѓународната обврска на државата да ги истражи и казни споменатите повреди.
172. Овој Суд претходно одлучувал по ова прашање и не нашол правна основа да се оддалечи од својата постоечка јуриспруденција која, исто така коинцидира со она што е едногласно утврдено во меѓународното право и преседанот на органите на универзалните и регионалните системи на заштита на човековите права. Во оваа смисла, во врска со актуелниов случај, Судот потврдува дека ‘одредбите за амнестија, одредбите за застарување на делата, и воспоставувањето на исклучоци од одговорноста чија цел е да се спречи истрага и казнување на оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права како што се мачење, групни, вонсудски или своеволни егзекуции и присилно исчезнување не се допуштени, и сите се забранети заради тоа што ги прекршуваат правата признати со Меѓународното право за човекови права.’
...
175. Во врска со она што се тврди од страните во врска со тоа дали случајот се занимава со амнестијата, само-амнестија или ‘политички договор’, Судот забележува како што се гледа од критериумите изнесени од актуелниот случај (supra став. 171), дека некомпатибилноста со Конвенцијата ги вклучува сериозните повреди на човекови права и не е ограничена на оние кои се именувани, ‘само-амнестиите’. Исто така како што беше претходно изнесено, Судот, повеќе отколку процесот на усвојување и органот што го усвоил Законот за амнестија, упатува на својот ratio legis: да се остават неказнети сериозни повреди на меѓународното право извршени од воен режим. Некомпатибилноста на законите за амнестија со Американската конвенција во случаи на сериозни повреди на човековите права не произлегува од формално прашање, како што е неговото потекло, туку повеќе од материјален аспект со оглед дека ги прекршуваат правата отелотворени во членовите 8 и 25, во врска со членовите 1(1) и 2 од Конвенцијата.
176. Овој Суд во својата јуриспруденција има воспоставено дека е свесен дека домашните власти подложат на владеење на правото, и како такви, се обврзани да ги применат одредбите на сила во правната регулатива. Меѓутоа, кога една држава е земја потписничка на договор како што е Американската конвенција, сите нејзини органи, вклучително и нејзините судии исто така подложат на неа, каде тие се обврзани да обезбедат последиците од ефектите од одредбите на Конвенцијата да не се намалени од примената на норми што се спротивни на намената и крајната цел и дека од самиот почеток им недостасува правно дејство. Судската власт во оваа смисла е меѓународно обврзана да применува ‘контрола на конвенционалноста’ по службена должност меѓу домашните норми и на Американската конвенција, очигледно во рамката на својата ценета јурисдикција и соодветните процедурални правила. Во оваа задача Судската власт мора да го земе во предвид не само договорот туку и толкувањето што го има дадено Меѓуамериканскиот суд, како конечен толкувач на Американската конвенција.“
66. Неодамна, во случајот на Масакрите во Ел Мозоте и во соседните места против Салвадор (The Massacres of El Mozote and Nearby Places v. El Salvador), пресудата од 25 октомври 2012 г., Меѓуамериканскиот суд во релевантниот дел на актуелниот случај, одлучи на следниов начин (без фуснотите):
„283. Во случаите на Гомез Лунд против Бразил (Gomes Lund v. Brazil) и Гелман против Уругвај (Gelman v. Uruguay), за кои одлучуваше овој Суд во рамите на сферата на судска надлежност, Судот веќе опиша на долго и широко како овој суд, Меѓуамериканската комисија за човекови права, органите на Обединетите нации, други регионални организации за заштита на човековите права, и други судови на меѓународното кривично право одлучиле во однос на некомпатибилноста на законите за амнестија во однос на тешките повреди на меѓународното право и меѓународните обврски на државите. Ова е така затоа што амнестиите или сличните механизми се една од пречките цитирани од државите за да не се придржуваат на својата обврска да ги истражат, изведат пред суд и казнат, на соодветен начин оние што се одговорни за сериозни повреди на човековите права. Исто така неколку држави членки на Организацијата на американски држави, преку своите највисоки судови на правдата, ги инкорпорираа споменатите стандарди посочувајќи ги своите меѓународни обврски со најдобра намера. Последователно за потребите на овој случај Судот ја повторува недопуштеноста на ‘одредбите за амнестија, одредбите за пропишување, и утврдувањето на исклучоци од одговорноста кои бараат да се сопре истрага и казнување на оние што се одговорни за тешки повреди на човековите права како што се мачење, групна, вонсудска или своеволна егзекуција или присилено исчезнување, од кои сите се забранети бидејќи тие ги повредуваат неделивите права признати од меѓународното право за човекови права.’
284. Меѓутоа, спротивно на случаите претходно разгледани од овој Суд, овој случај се занимава со општата амнестија која е поврзана со дела извршени во контекст на внатрешен вооружен конфликт. Оттука, Судот смета дека е релевантно, кога се анализира компатибилноста на Законот за општа амнестија за консолидирање на мирот со меѓународните обврски што произлегуваат од Американската конвенција и нејзината примена во случајот на Масакрот во Ел Мозоте и во соседните места, истото да се направи и во контекст на одредбите од Дополнителниот протокол II кон Женевските конвенции од 1949 г., како и посебните услови со кои било одлучено да се стави крај на непријателствата, со кои се стави крај на конфликтот во Салвадор, и особено од Глава I (‘Вооружените сили’), член 5 (‘Крај на неказанувањето’), од Мировниот договор од 16 јануари 1992 г.
285. Според меѓународното хуманитарно право што се применува во овие ситуации, спроведувањето на законите за амнестија на крајот од непријателствата во вооружени судири кои немаат меѓународен карактер понекогаш е оправдано за да се поплочи патот кон мирот. Всушност, членот 6(5) од Дополнителниот протокол II на Женевските конвенции од 1949 г. го утврдува следново:
На крајот од непријателствата, властите ќе се потрудат да дадат најширока можна амнестија на лицата што учествувале во вооружениот судир, или оние што биле лишени од слобода заради причини поврзани со вооружениот конфликт било да се притворени или затворени.
286. Меѓутоа, оваа норма не е апсолутна, бидејќи согласно меѓународното хуманитарно право, државите имаат обврска да истражат и гонат воени злосторства. Последователно, ‘лицата осомничени или обвинети дека извршиле воени злосторства или кои биле осудени за ова не може да бидат опфатени со амнестија. Последователно, може да се разбере дека членот 6(5) од Дополнителниот протокол II упатува на широки амнестии поврзани со оние што учествувале во вооружен немеѓународен конфликт или коишто биле лишени од слобода од причини поврзани со вооружениот конфликт под услов ова да не вклучува факти, како што се оние во актуелниот случај што можат да се категоризираат како воени злосторства па дури и злосторства против човештвото.“
Њ. Вонредни судски совети на судовите на Камбоџа
67. Вонредни судски совети на судовите на Камбоџа во одлуката по жалбата на Иенг Сари против конечната одлука (случај бр. 002/19 09-2007-ECCC/OCIJ (PTC75) од 11 април 2011), разгледувајќи ги последиците од амнестијата во однос на судското гонење изјавија:
„199. Кривичните дела од Конечната одлука, имено геноцид, злосторства против човештвото, тешки повреди на Женевските конвенции и убиство, мачење и верски прогон како национални кривични дела не се криминализирани согласно Законот од 1994 г. и затоа и понатаму истите се гонат по постоечкото право, било да е домашно или меѓународно, дури и ако се извршени од наводни припадници на Демократската кампучеанска група.
...
201. Толкувањето на Указот предложен од адвокатите за Иенг Сари, со кој ќе му се даде амнестија на Иенг Сари за сите злосторства извршени за време на ерата на Црвените Кмери, вклучително и сите дела за кои е обвинет во Правосилната одлука, не само значи оддалечување од текстот на Указот прочитан во контекст на Законот од 1994 г., туку не е конзистентен и со меѓународните обврски на Камбоџа. Што се однесува на геноцидот, мачењето и тешките повреди на Женевските конвенции, давањето амнестија без никакво судење и казнување ќе значи повреда на обврските од договорот на Камбоџа да им суди и да се казнат извршителите на таквите злосторства како што е утврдено во Конвенцијата за геноцид, Конвенцијата против мачење и Женевските конвенции. Камбоџа која го има ратификувано Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR) исто така имаше и понатаму има обврска да се погрижи жртвите на злосторства против човештвото, кои по дефиниција значат сериозни повреди на човековите права, да добијат делотворен правен лек. Оваа обврска генерално ќе бара од државата да ги гони и казни авторите на повредите. Давањето на амнестија, што значи укинување и заборавање на злосторствата против човештвото, ќе значи дека Камбоџа не се придржувала кон обврската согласно Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR) за гонење и казнување на авторите на сериозни повреди на човековите права или на друг начин да им обезбеди правен лек на жртвите. Со оглед дека нема индикации дека Кралот (и другите инволвирани страни) немале намера да не ги почитуваат меѓународните обврски на Камбоџа кога го усвојувале Указот, сметаме дека толкувањето на овој документ предложен од адвокатите нема основаност.“
О. Специјален суд за Сиера Леоне
68. На 13 март 2004 г. Апелациониот совет на Специјалниот суд за Сиера Леоне во случаите бр. SCSL-2004-15-AR72(E) и SCSL-2004-16-AR72(E), ја усвои својата одлука во однос на оспорувањето на јурисдикцијата: Договорот за амнестија од Ломе, во која го забележа следново:
„82. Тврдењата на Обвинителството дека постои ‘кристализирана меѓународна норма дека владата не може да даде амнестија за сериозни повреди од кривични дела согласно меѓународното право’ е во голема мерка поддржано со материјалите изнесени пред овој суд. Мислењето на обата amici curiae што се кристализирало можеби не е во целост точно, но тоа не е причина за овој суд при оформувањето на своето мислење да ја игнорира силината на нивните аргументи и тежината на материјалите што ги изнесоа пред Судот. Се прифаќа дека таквата норма се развива согласно меѓународното право. Адвокатот на Калон се изјасни дека во моментов сè уште не постои универзално прифаќање на амнестиите согласно меѓународното право, но како што на широко укажа професорот Орентличер, постојат неколку договори кои бараат гонење на таквите кривични дела. Тука спаѓаат Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 г., Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување и четирите Женевски конвенции. Исто така постојат низа резолуции на Генералното собрание на ООН и Советот за безбедност со кои се повторува обврската на државата за гонење и изнесување пред суд. Обесштетувањето во своите писмени поднесоци има додадено материјали кои вклучуваат и релевантни заклучоци на Комитетот против тортура, наодите на Комисијата за човекови права и релевантните пресуди на Меѓуамериканскиот суд.
...
84. Дури и ако постои мислење дека Сиера Леоне можеби не го повредила обичајното право при давањето амнестија, овој суд има право да го примени своето дискреционо овластување, и да даде малку или никакво значење на давањето на таква амнестија која е спротивна на правците во кои се развива меѓународното обичајно право и која е спротивна на обврските од одредени договори и конвенции чија цел е да се заштити човештвото.
ПРАВОТО
...
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 4 ОД ПРОТОКОЛОТ БР. 7 НА КОНВЕНЦИЈАТА
92. Жалителот се жалеше дека кривичните дела кои биле предмет на постапките кои завршиле во 1997 г. и оние за кои бил прогласен за виновен во 2007 г. биле истите. Тој се повика на членот 4 од Протоколот бр. 7 на Конвенцијата којшто го уредува следново:
„1. Никој не може да биде изведен пред суд или повторно осуден во кривична постапка од суд на истата држава за дело за кое веќе бил правосилно ослободен или осуден во согласност со законот и кривичната постапка на таа држава.
2. Одредбите од претходниот став не го спречуваат повторното отворање на процесот во согласност со законот и кривичната постапка на државата за која станува збор, доколку постојат нови или дополнително откриени факти, или доколку е утврдено дека е направен битен пропуст во претходната постапка, кој можел да влијае врз донесената пресуда.
3. Не е дозволено какво и да е отстапување од одредбите од овој член според член 15 од Конвенцијата.“
А. Компатибилност ratione temporis
1. Заклучоци на Судскиот совет
93. Во својата пресуда од 13 ноември 2012 Судскиот совет одлучи дека жалбата согласно членот 4 од Протоколот бр. 7 од Конвенцијата бил компатибилен ratione temporis со Конвенцијата. Таа вели:
„58. Судот забележува дека првата група на кривични постапки против жалителот навистина завршиле пред Конвенцијата да стапи на сила во Хрватска. Меѓутоа втората група на кривични постапки во која жалителот бил прогласен за виновен за воени злосторства против цивилното население биле спроведени и завршени после 5 ноември 1997 г., кога Хрватска ја ратификувала Конвенцијата. Правото на некој да не му се суди или казни двапати не може да се исклучи во однос на постапките спроведени пред ратификацијата кога засегнатото лице било осудено за истите дела по ратификацијата на Конвенцијата. Самиот факт дека првата група на постапки била завршена пред тој датум не може оттука да го спречи Судот да има привремена јурисдикција во актуелниов случај.“
2. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
94. Владата се изјасни дека пресудата со која на жалителот му била дадена амнестија била усвоена на 24 јуни 1997 г. а му била врачена на 2 јули 1997 г., додека Конвенцијата стапила на сила во однос на Хрватска на 5 ноември 1997 г. Оттука одлуката во прашање е надвор од привремената јурисдикција на Судот.
95. Жалителот не кажа ништо во однос на ова.
3. Проценка на Големиот судски совет
96. Одлуката со која на жалителот бил амнестиран била усвоена на 24 јуни 1997 г., додека Конвенцијата стапила на сила во однос на Хрватска на 5 ноември 1997 г, а Протоколот бр. 7 на 1 февруари 1998 г. Оттука, прашањето за надлежноста на Судот ratione temporis мора да биде разгледано.
97. Големиот судски совет го потврдува наодот на Судскиот совет во однос на компатибилноста ratione temporis на жалбата на жалителот со Конвенцијата согласно членот 4 од Протоколот бр. 7. Понатаму упатува на образложението на Комисијата во случајот Градингер против Австрија (Gradinger v. Austria ) (19 мај 1994 г., мислење на Комисијата, §§ 67-69, Series A, no.328-C):
„67. Комисијата потсетува дека во согласност со општо признатите правила на меѓународното право, Конвенцијата и неговите Протоколи се обврзувачки за земјите потписнички само во однос на фактите што се јавуваат по стапувањето на сила на Конвенцијата или Протоколот во однос на таа членка.
68. Како резултат на природата на правото прогласено во членот 4 од Протоколот бр. 7 дека мора да имало две групи на постапки: првата група во која засегнатото лице ‘правосилно било ослободено или осудено’ и оттука следната група во која лицето ‘подложи на повторно судење или осудување’ во рамките на истата јурисдикција.
69. Комисијата понатаму потсетува дека во утврдувањето на правичноста на постапките има право да ги разгледа настаните пред стапувањето на сила на Конвенцијата во однос на државата каде наодите за овие претходни настани се инкорпорирани во пресуда која е дадена после стапувањето на сила (cf. No. 9453/81, Dec. 13.12.82, D.R. 31 p. 204, 209). Суштинскиот елемент во членот 4 од Протоколот бр. 7 е можноста да му се суди или да биде казнет ‘повторно’. Првата група на постапки чисто дава позадина во рамките на која втората група е утврдена. Во актуелниот случај Комисијата одлучува дека под услов конечната одлука во втората група на постапки да потпаѓа по стапувањето на сила на Протоколот бр. 7, може да има жалба ratione temporis. Со оглед дека Протоколот бр. 7 стапил на сила на 1 ноември 1988 г., а на 30 јуни 1989 г. Австрија даде изјава согласно член 7 став 2 од Протоколот со која не се исклучува ретроактивното делување (cf. No. 9587/81, Dec. 13.12.82, D.R. 29 p. 228, 238), а конечната одлука на Управниот суд е со датум од 29 март 1989 г., Комисијата одлучи дека нема ratione temporis препрека да се испита овој аспект на случајот.
98. Соодветно на тоа Големиот судски совет не гледа причина да се оддалечува од заклучокот на Судскиот совет дека барањето на Владата за недопуштеност по основ на недостаток на јурисдикција ratione temporis мора да се отфрли.
Б. Применливост на членот 4 од Протоколот бр. 7
1. Заклучоци на Судскиот совет
99. Судскиот совет најпрво заклучи дека прекршоците за кои му се судело на жалителот во првата и втората група на постапки биле истите. Со ова се оставило отворено прашањето дали на одлуката со која на жалителот му била дадена амнестија може да се гледа како на конечно осудување или ослободување за потребите на член 4 од Протоколот бр. 7 и да се оди понатаму со испитување на жалбата по основаноста согласно исклучоците содржани во став 2 од Член 4 од Протоколот бр. 7. Судскиот совет се согласи со заклучоците на Врховниот суд во однос на тоа дека Законот за општа амнестија бил погрешно применет во случајот на жалителот и одлучил дека давањето на амнестија за дела кои достигнувале ниво на воени злосторства извршени од страна на жалителот претставувало “суштинска грешка“ на тие постапки со кои се овозможило на жалителот повторно да му се суди.
2. Изјаснување на странките пред Големиот судски совет
(а) Жалителот
100. Жалителот тврдеше дека делата во двете групи на кривични постапки против него биле фактички истите и дека класификацијата на делата како воени злосторство во втората група на постапки не може да го смени фактот дека обвиненијата биле суштински идентични.
101. Тој понатаму оспоруваше дека пресудата со која му била дадена амнестија на обвинетиот била правосилна одлука која не дозволувала повторно судење.
(б) Владата
102. Во своите писмени забелешки Владата тврдеше дека во првата група на постапки Осијечкиот окружен суд го применил Законот за општа амнестија без да ги утврди фактите за случајот и без да одлучи за вината на жалителот. Оттука пресудата што била усвоена никогаш не одговорила на прашањето дали жалителот ги извршил делата за кои бил обвинет, ниту ги проверил обвиненијата од обвинението. Оттука пресудата немала квалитет на res judicata (види параграф 33 од забелешките на Владата). Меѓутоа тие продолжуваат и велат дека со тоа биле исполнети сите услови за res judicata и можело да се смета за конечно ослободување или осудување во рамките на значењето на членот 4 од Протоколот бр. 7 (види ги забелешките на Владата, параграф 37).
103. Владата понатаму оспори, потпирајќи се исклучиво на наодите на судскиот совет дека не може да се даде никаква амнестија за воени злосторства и дека давањето на амнестија достигнало ниво на суштинска грешка во постапките.
104. Откако првата група на постапки била прекината се јавиле нови факти, имено дека жртвите биле уапсени и мачени пред да бидат убиени. Овие нови елементи биле доволни за делата во прашање да бидат класификувани како воени злосторства против цивилното население, а не како „обични“ убиства.
105. Законот за општа амнестија бил усвоен за да се одговори на меѓународните обврски што ги презела Хрватска, а кои произлегле од Договорот за нормализација на односите меѓу Република Хрватска и Република Југославија, и неговата примарна цел била да се промовира помирување во хрватското општество во време на војна. Тој експлицитно ја исклучил примената на овој закон за воени злосторства.
106. Во случајот на жалителот Законот за општа амнестија бил применет спротивно на неговата намена како и спротивно на меѓународните обврски на Хрватска, вклучително и оние согласно членовите 2 и 3 од Конвенцијата.
107. Што се однесува до процедурите на националните власти што следеле, Владата тврдеше дека постапките против жалителот биле правични, без да даде некакви аргументи за тоа дали постапките биле во согласност со одредбите од Законот за кривична постапка.
(в) Интервенција на трети странки
108. Група на академски експерти споменаа дека ниеден мултилатерален договор изречно не забранува давање на амнестии за меѓународни кривични дела. Толкувањето од страна на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) на членот 6 § 5 од вториот дополнителен протокол кон Женевските конвенции сугерира дека државите може да не им дадат амнестија на лицата осомничени, обвинети или казнети за воени злосторства. Меѓутоа анализата на travaux préparatoires на тој член покажа дека единствените држави кои упатиле на прашањето на сторителите на меѓународни кривични дела, поранешната СССР и некои од нејзините сателитски држави, го поврзале тоа прашање со странски платеници. Беше чудно тоа дека МКЦК го толкуваше членот 6 § 5 само дека ги исклучува од својот опсег оние што извршиле воени злосторства, а не и сторителите на меѓународни кривични дела, со оглед дека изјавите на кои се потпирала поранешната СССР конкретно го уредувале гонењето на сторителите на злосторства против човештвото и злосторства против мирот. Беше тешко да се видат кои се аргументите што би го оправдале исклучувањето на оние што извршиле воени злосторства, но не и сторителите на геноцид и злосторства против човештвото од потенцијалниот опсег на примена на амнестијата. Исто така, МКЦК упати на примери на конфликти со меѓународен карактер како оние во Јужна Африка, Авганистан, Судан и Таџикистан. Меѓутоа, амнестиите поврзани со тие конфликти, сите вклучувале најмалку едно кривично дело со меѓународен карактер.
109. Оние што интервенирале упатиле на тешкотиите во преговарањето околу клаузулите на договорот што се занимава со амнестијата (тие упатиле на конференцијата во Рим од 1998 г. за воспоставување на Меѓународен кривичен суд („МКС“); преговорите за Меѓународната конвенција за присилно исчезнување; и Декларацијата од 2012 г. од Состанокот на високо ниво на Генералното собрание за владеењето на правото на национално и меѓународно ниво). Разидувањата го потврдија недостатокот на консензус меѓу државите во однос на тоа прашање.
110. Оние што интервенираа се потпираа на низа правни доктрини за амнестиите[6] кои тврдеа дека од Втората светска војна државите во сè поголем број се потпирале на закони за амнестија. Иако бројот на нови закони за амнестија кои ги исклучуваа меѓународните кривични дела пораснал, исто така пораснал и бројот на амнестии кои вклучуваат такви дела. Амнестиите најчесто користеле форма на транзициска правда. Примената на амнестиите во рамките на мировните договори меѓу 1980 и 2006 г. останала релативно стабилна.
111. Дури иако неколку меѓународни и регионални судови го усвоиле гледиштето дека амнестиите дадени за меѓународни кривични дела биле забранети со меѓународното право, нивната надлежност била ослабена со неконзистентност во оние судски прогласувања за опсегот на забраната и кривичните дела што ги опфаќа. На пример, додека Меѓуамериканскиот суд за човекови права го усвоил ставот во случајот на Бариос Алтос од 2001 г. дека сите одредби од амнестијата биле недопуштени бидејќи тие имале за цел да ја попречат истрагата и казнувањето на оние што биле одговорни за повредите на човековите права, претседателот на тој суд и четворица други судии, во случајот на Масакрот во Ел Мозоте против Салвадор, го изнијансираа ставот преку прифаќање на тоа дека дури и онаму каде што се работело за големи повреди на човековите права, барањето за судско гонење не било апсолутно и морало да се балансира со барањата за мир и помирување во поствоени ситуации.
112. Исто така, низа национални врховни судови ги потврдија законите за амнестија на своите земји бидејќи таквите закони придонесле за постигнување на мир, демократија и помирување. Оние што интервенираа ги наведоа следниве примери: одлуката на шпанскиот Врховен суд во судската постапка на судијата Гарзон во февруари 2012; пресудата на угандискиот Уставен суд со која се потврдила уставноста на Законот за амнестија од 2000 г.; пресудата на бразилскиот Врховен суд од април 2010 г. кој одбила да го укине Законот за амнестија од 1979 г.; и одлуката на Уставниот суд на Јужна Африка во случајот на АЗПО потврдувајќи ја уставноста на Законот за унапредување на националното единство и помирување од 1995 г. кој предвидувал широка примена на амнестијата.
113. Оние што интервенираа прифатија дека давањето на амнестија може во одредени случаи да води кон неказнување на оние одговорни за повреда на основните човекови права и оттука поткопување на обидите за заштита на таквите права. Меѓутоа, силни политички причини го поддржувале признавањето на можноста за давање на амнестии каде тие претставувале единствениот излез од насилни диктатури и бескрајни конфликти. Оние што интервенираа се залагаа против целосна забрана на амнестиите и за поизнијансиран пристап при осврнувањето на прашањето за давање на амнестии.
3. Проценка на Големиот судски совет
(а) Дали делата за кои жалителот бил изнесен пред суд биле истите
114. Во случајот на Золоткин, Судот го застапувал гледиштето дека Протоколот бр. 4 морал да се сфати како забрана на гонење или судење по второ „дело“ доколку тоа произлегува од идентични факти кои биле суштински исти (види Sergey Zolotukhin v. Russia [GC], no. 14939/03, § 82, ECHR 2009).
115. Во актуелниов случај жалителот бил обвинет во обете групи на постапки за следново:
- убиство на С.Б. и В.Б. и сериозно ранување на Сл.Б. на 20 ноември 1991 г.;
- убиство на Н.В. и Не.В. на 10 декември 1991 г.
116. Оттука што се однесува до обете групи на постапки што се однесуваат на горенаведените обвиненија, жалителот бил обвинет двапати за истите дела.
(б) Природата на одлуките усвоени во првата група на постапки
117. Постојат две јасни ситуации во врска со обвиненијата подигнати против жалителот во првата група на постапки кои исто така биле избрани против него во втората група на постапки.
118. Најпрво, на 25 јануари 1996 г. обвинителот го повлекол обвинението во врска со наводното убиство на Н.В. и Не.В на 10 декември 1991 г. (види ги параграфите 120 и 121 долу).
119. Второ, постапките во однос на наводното убиство на С.Б. и В.Б. и сериозното ранување на Сл.Б. на 20 ноември 1991 г. биле укинати со одлуката усвоена од Осијечкиот окружен суд на 24 јуни 1997 г. врз основа на Законот за општа амнестија (види параграфи 122 et seq. долу).
(i) Повлекувањето на обвинението од страна на обвинителот
120. Судот веќе одлучи дека прекинувањето на кривичните постапки од страна на јавен обвинител не достигнува ниту ниво на осудителна пресуда ниту ослободување и од тие причини во оваа ситуација не може да се примени членот 4 од Протоколот бр. 7 (види Smirnova and Smirnova v. Russia (dec.), nos. 46133/99 and 48183/99, 3 October 2002, и Harutyunyan v. Armenia (dec.), no. 34334/04, 7 December 2006).
121. Оттука прекинувањето на постапките од страна на обвинителот поврзано со убивањето на Н.В. и Не.В. не потпаѓа под членот 4 од Протоколот бр. 7 од Конвенцијата. Следи дека овој дел од жалбата е некомпатибилна ratione materiae.
(ii) Прекинување на постапките во однос на Законот за општа амнестија
122. Што се однесува до преостанатите обвиненија (убиството на В.Б. и С.Б. и сериозното ранување на Сл.Б.), првата група на кривични постапки против жалителот била укината по основ на Законот за општа амнестија.
123. Судот ќе започне со својата проценка во однос на пресудата од 24 јуни 1997 г. со тоа што ќе утврди дали членот 4 од Протоколот бр. 7 воопшто може да се примени во конкретните околности на актуелниот случај, каде жалителот добил безусловна амнестија во однос на делата што достигнале ниво на тешки повреди на основните човекови права.
(α) Ставот во однос на Конвенцијата
124. Судот забележува дека тврдењата во кривичните постапки против жалителот го вклучувале убивање и сериозна повреда на цивили и оттука се вклучува нивното право на живот заштитено согласно членот 2 од Конвенцијата и, евентуално, нивните права согласно членот 3 од Конвенцијата. Во врска со ова Судот повторува дека членовите 2 и 3 се сметаат за најсуштинските одредби на Конвенцијата. Тие ги носат некои од основните вредности на демократските општества кои го сочинуваат Советот на Европа (види, меѓу многуте други извори, Andronicou and Constantinou v. Cyprus, 9 October 1997, § 171, Reports 1997-VI, and Solomou and Others v. Turkey, no. 36832/97, § 63, 24 June 2008).
125. Обврската да се заштити правото на живот согласно членот 2 од Конвенцијата и да обезбеди заштита против малтретирањето согласно членот 3 од Конвенцијата, разгледана заедно со општата обврска на Државата согласно членот 1 од Конвенцијата „да му се обезбедат на секој во рамките на нејзината јурисдикција правата и слободите дефинирани во Конвенцијата“, исто така бара преќутно дека треба да постои некаква форма на делотворна истрага кога лицата биле убиени како резултат на примена на сила (види, mutatis mutandis, McCann and Others v. the United Kingdom, 27 September 1995, § 161, Series A no. 324, и Kaya v. Turkey, 19 February 1998, § 86, Reports 1998-I) или малтретирање (види, на пример, El Masri v. “the former Yugoslav Republic of Macedonia” [GC], no. 39630/09, § 182, ECHR 2012). Суштинската цел на таквата истрага е да се обезбеди делотворно спроведување на домашните закони кои го штитат правото на живот и да се обезбеди отчетност кај сторителите.
126. Судот веќе одлучи дека кога еден државен претставник е обвинет за дела кои вклучуваат мачење или малтретирање од огромна важност е кривичните постапки и изрекување на казни да не се ограничени со време и дека давањето амнестија или помилување не треба да се дозволени (види Abdülsamet Yaman v. Turkey, no. 32446/96, § 55, 2 November 2004; Okkalı v. Turkey, no 52067/99, § 76, 17 October 2006; и Yeşil and Sevim v. Turkey, no. 34738/04, § 38, 5 June 2007). Особено смета дека националните власти не треба да даваат впечаток дека се волни да дозволат таквото однесување да помине неказнето (види Egmez v. Cyprus, no. 30873/96, § 71, ECHR 2000-XII, и Turan Cakir v. Belgium, no. 44256/06, § 69, 10 March 2009). Во својата одлука во случајот на Улд Да против Франција (Ould Dah v. France) ((dec.), no. 13113/03, ECHR 2009) Судот одлучил, исто така упатувајќи на Комитетот на Обединетите нации за човекови права и Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија дека амнестијата е генерално некомпатибилна со обврската што ја имаат државите да ги истражуваат делата како што се мачење и дека обврската за судско гонење на сторителите на кривични дела според тоа не треба да се поткопува со тоа што ќе се дозволи неказнување за сторителот во форма на закон за амнестија што може да се смета за спротивно на меѓународното право.
127. Обврската на државите да ги гонат судски делата на мачење и намерни убиства со тоа е добро утврдена во судската пракса на Судот. Судската пракса на Судот потврдува дека давањето на амнестија за убиство или малтретирање на цивили ќе биде спротивно на обврската на државата согласно членовите 2 и 3 од Конвенцијата бидејќи со тоа ќе се попречи истрагата на такви дела и тоа неопходно ќе доведе до неказнување за таквата одговорност. Таквиот резултат ќе ја намали целта на заштитата гарантирана со членовите 2 и 3 од Конвенцијата и ќе ги направи илузорни гаранциите за почитување на правото на поединецот на живот и правото да не биде малтретиран. Целта и намената на Конвенцијата како инструмент за заштита на поединечните човечки суштества бара нејзините одредби да бидат толкувани и применети за нејзините заштити да бидат практични и делотворни (види McCann and Others, цитиран горе, § 146).
128. Иако актуелниов случај не се однесува на наводните повреди на членовите 2 и 3 од Конвенцијата туку на членот 4 од Протоколот бр. 7, Судот повторува дека Конвенцијата и нејзините протоколи мора да бидат прочитани во целина и толкувани на начин со кој ќе се промовира внатрешна конзистентност и хармонија меѓу различните одредби (види Stec and Others v. the United Kingdom (dec.) [GC], nos. 65731/01 and 65900/01, § 48, ECHR 2005-X, и Austin and Others v. the United Kingdom [GC], nos. 39692/09, 40713/09 and 41008/09, § 54, ECHR 2012). Оттука, гаранциите согласно членот 4 од Протоколот бр. 7 и обврските на државите согласно членовите 2 и 3 од Конвенцијата треба да се сметаат за дел од една целина.
(ß) Ставот согласно меѓународното право
129. Судот треба да ги земе во предвид и промените во меѓународното право во оваа област. Конвенцијата и нејзините протоколи не може да бидат толкувани во вакуум туку мора да се толкуваат усогласено со општите начела на меѓународното право чиј дел се. Мора да се споменат, како што е посочено во членот 31§ 3 (в) од Виенската конвенција од 1969 г. за договорното право, „сите релевантни правила на меѓународното право што може да се применат во односите меѓу странките“, и особено правилата во врска со меѓународната заштита на човековите права (види, Al-Adsani v. the United Kingdom [GC], no. 35763/97, § 55, ECHR 2001-XI; Demir and Baykara v. Turkey [GC], no. 34503/97, § 67, ECHR 2008; Saadi v. the United Kingdom [GC], no. 13229/03, § 62, ECHR 2008; Rantsev v. Cyprus and Russia, no. 25965/04, §§ 273-74, ECHR 2010 (извадоци); и Nada v. Switzerland [GC], no. 10593/08, § 169, ECHR 2012).
130. Судот укажува на забелешките на Судскиот совет за тоа дека „давањето на амнестија за ‘меѓународни кривични дела’ – кои вклучуваат и злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид – сè повеќе се сметаат за забранети со закон“ и дека „ваквото разбирање произлегува од обичајните правила на меѓународното хуманитарно право, договорите за човекови права, како и одлуките на меѓународните и регионалните судови и развивањето на државната пракса, со оглед дека има растечка тенденција кај меѓународните, регионалните и националните судови да ги отфрлат општите амнестии усвоени од Владите.“
131. Треба да се забележи дека ниеден меѓународен договор експлицитно не забранува давање на амнестија во однос на повредите на основните човекови права. Додека членот 6 § 5 од вториот Дополнителен протокол на Женевските конвенции, во врска со заштитата на жртвите од конфликти кои не се меѓународни, уредува дека „на крајот од непријателствата, органите на власт ќе се потрудат да дадат колку што е можно поширока амнестија на лицата што учествувале во вооружениот конфликт, или оние кои биле лишени од слободата од причини поврзани со вооружениот конфликт...“, толкувањето на Меѓуамериканскиот суд за човекови права на таа одредба ја исклучува неговата примена за сторители на воени злосторства и злосторства против човештвото (види горе, параграф 66, пресуда во случајот на The Massacres of El Mozote and Nearby Places v. El Salvador, § 286). Основата за таквиот заклучок, според Меѓуамериканскиот суд за човекови права се наоѓа во обврските на државите согласно меѓународното право да ги истражуваат и гонат воените злосторства. Меѓуамериканскиот суд за човекови права одлучи дека од тие причини „лицата осомничени или обвинети дека извршиле воени злосторства не можат да бидат опфатени со амнестија.“ Истата обврска за истрага и судско гонење постои и што се однесува до тешките прекршувања на основните човекови права и со тоа амнестиите предвидени согласно членот 6 § 5 од вториот Дополнителен протокол кон Женевските конвенции подеднакво не се применливи за такви дела.
132. Можноста за Државата да даде амнестија за тешки прекршувања на човековите права може да се заобиколи со договори на кои државата е потписничка. Постојат неколку меѓународни конвенции кои предвидуваат обврска за судско гонење на кривичните дела што се таму дефинирани (види Женевските конвенции од 1949 г. за заштита на жртвите од вооружени конфликти и нивните дополнителни протоколи, особено општиот член 3 од Женевските конвенции, членовите 49 и 50 од Конвенцијата (I) за подобрување на условите за ранетите и болните од вооружените сили на терен, членовите 50 и 51 од Конвенцијата (II) за подобрување на условите за ранетите, болните и бродоломците, припадници на вооружените сили на море, членовите 129 и 130 од Конвенцијата (III) во врска со постапувањето со воени заробеници, и членовите 146 и 147 од Конвенцијата (IV) во врска со заштитата на цивилите за време на војна; исто така види го Дополнителниот протокол (II) на Женевските конвенции од 1977 г. во врска со заштитата на жртвите од вооружени конфликти кои немаат меѓународен карактер, членовите 4 и 13; Конвенцијата за спречување и казнување на кривично дело геноцид, член V; и Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување).
133. Конвенцијата за неприменливоста на застарување за воени злосторства и злосторства против човештвото пропишува законски ограничувања во однос на злосторства против човештвото и воени злосторства.
134. Различни меѓународни тела имаат издадено резолуции, препораки и коментари во врска со неказнувањето и давањето амнестија за тешките повреди на човековите права, генерално согласувајќи се дека амнестија не треба да се примени за оние што извршиле такви повреди на човековите права и меѓународното хуманитарно право (види параграфи 45, 47-49, 51-53 и 56-58 горе).
Во своите пресуди неколку меѓународни судови одлучија дека амнестиите се недопуштени кога тие се наменети да ја спречат истрагата и казнувањето на оние одговорни за тешки повреди на човековите права или дела кои претставуваат кривични дела согласно меѓународното право (види параграфи 54 и 59-68 горе).
136. Иако формулацијата на членот 4 од Протоколот бр. 7 ја ограничува својата примена на национално ниво, треба да се забележи дека опсегот на некои меѓународни инструменти оди до повторно судење во друга држава или пред меѓународен суд. На пример, Статутот на Меѓународниот кривичен суд содржи експлицитен исклучок на начелото ne bis in idem бидејќи дозволува да му се суди на лицето кога истото веќе било ослободено во однос на кривичното дело за геноцид, злосторствата против човештвото или воените злосторства доколку целта на постапките пред другиот суд била да се заштити засегнатото лице од кривична одговорност за дела во рамките на јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (член 20).
137. Судот го забележува аргументот на оние што интервенираа дека нема никаков договор меѓу земјите на меѓународно ниво кога се работи за забрана да се дадат амнестии без исклучок за тешки повреди на основните човекови права, вклучително и оние опфатени со членовите 2 и 3 од Конвенциите. Беше изразено гледиште дека давањето на амнестии како алатка за ставање крај на долготрајни конфликти може да доведе до позитивни резултати (види ги изјаснувањата на оние што интервенираа во параграфите 108-113 горе).
138. Судот исто така упатува на јуриспруденцијата на Меѓуамериканскиот суд за човекови права, имено гореспоменатите случаи на Баропс Алтос против Перу, Гомез Лунд и други против Бразил, Гелман против Уругвај и Масакрот во Ел Мозоте и во соседните места против Салвадор, каде Судот зазел силен став и, потпирајќи се на своите претходни наоди како и оние на Меѓуамериканската комисија за човекови права, органите на Обединетите нации и други универзални и регионални органи за заштита на човековите права откри дека никакви амнестии не биле прифатливи во врска со тешките повреди на основните човекови права со оглед дека секоја таква амнестија сериозно би ја поткопала обврската на државите да ги истражат и казнат сторителите на такви дела (види ги горе наведените пресуди на Меѓуамериканскиот суд за човекови права во случаите на Гелман против Уругвај, § 195, и Гомез Лунд и други против Бразил, § 171). Тој нагласи дека таквите амнестии ги повредуваат неотповикливите права признати од меѓународното право за човекови права (види Гомез и други, § 172).
(γ) Заклучок на Судот
139. Во актуелниот случај жалителот бил амнестиран за дела кои достигнале ниво на тешки повреди на човековите права како што се убиства со умисла на цивили и нанесување на тешки телесни повреди на деца, и образложенијата на Националниот суд за заслугите на жалителот како воен офицер. Растечката тенденција во меѓународното право е да се гледа на таквите амнестии како на неприфатливи бидејќи истите се некомпатибилни со едногласно признатата обврска на државите да им судат и да ги казнат тешките повреди на основните човекови права. Дури и да требаше да биде прифатено дека амнестиите се можни кога постојат одредени околности, како што е процесот на помирување и/или форма на обесштетување на жртвите, амнестијата што му се дава на жалителот во овој случај и понатаму не би била прифатлива бидејќи нема ништо што може да укаже дека воопшто постоеле некои од тие околности.
140. Судот смета дека со поднесувањето на ново обвинение против жалителот и неговото осудување за воени злосторства против цивилното население, хрватските власти делувале во согласност со условите од членовите 2 и 3 од Конвенцијата и на начин доследен на условите и препораките на гореспоменатите меѓународни механизми и инструменти.
141. Во овој контекст, Судот заклучува дека членот 4 од Протоколот бр. 7 на Конвенцијата не може да се примени во околностите на актуелниот случај.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Ја прогласува за недопуштена, едногласно, жалбата согласно членот 4 од Протоколот бр. 7 на Конвенцијата во врска со правото на жалителот да не му се суди или да биде казнет за обвиненијата за убиство на Н.В. и Не.В. кои биле прекинати од страна на обвинителот на 25 јануари 1996 г.
2. Одлучи едногласно дека немало повреда на членот 6 од Конвенцијата;
3. Одлучи, со шеснаесет гласови наспроти еден дека членот 4 од Протоколот 7 на Конвенцијата не важи во однос на обвиненијата поврзани со убиството на С.Б. и В.Б. и тешкото ранување на Сл.Б.
Изготвена на англиски и француски јазик, и усвоена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 27 мај 2014 г. во согласност со правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Лоренс ИерлиДин Шпилман
Правен советникПретседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, кон оваа пресуда се приложени следниве издвоени мислења:
(а) заедничко мислење на согласување на судиите Шпилман, Пауер-Форде и Нусбергер.
(б) заедничко мислење на согласување на судиите Зимеле, Беро-Лефевр и Каракаш;
(в) заедничко мислење на согласување на судиите Шикута, Војтичек и Вехабовиќ;
(г) мислење на согласување на судијата Вучиниќ;
(д) мислење на делумно несогласување на судијата Дедов.
Д.С.
Т.Л.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2014.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
[1] Види ја праксата на Врховниот суд во однос на оваа одредба во параграфите 32-34 долу.
[2] Усвоена со Резолуцијата 260 (III) А на Генералното собрание на Обединетите нации на 9 декември 1948 г.
[3] Усвоена на 26 ноември 1968; стапила на сила на 11 ноември 1970 г.; Хрватска ја ратификувала на 12 октомври 1992 г.
[4]Усвоена и отворена за потпишување, ратификување и пристапување со Резолуцијата 39/46 на Генералното собрание од 10 декември 1984 г.; стапила на сила на 26 јуни 1987 г.
[5]Усвоена на Меѓуамериканската специјализирана конференција за човекови права, Сан Хозе, Коста Рика, 22 ноември 1969 г.
[6] Оние што интервенираа се потпираа на следниве извори: Louise Mallinder, Amnesty, Human Rights and Political Transitions, Bridging the Peace and Justice Divide (Hart Publishing 2008); Louise Mallinder, “Amnesties’ Challenge to the Global Accountability Norm? Interpreting Regional and International Trends in Amnesty Enactment”, in Francesca Lessa and Leigh A. Payne, Amnesty in the Age of Human Rights Accountability (CUP 2012); Tricia D. Olsen, Leigh A. Payne and Andrew G. Reiter, Transitional Justice in Balance, Comparing Processes, Weighing Efficacy (United States Institute of Peace Press 2010); Leslie Vinjamuri and Aaron P. Boesnecker, Accountability and Peace Agreements, Mapping trends from 1998 to 2006 (September 2007), Center for Humanitarian Dialogue, 9.
Full & Egal Universal Law Academy